Експлозија одекнала во главниот град на Авганистан, во близина на руската амбасада, која се наоѓа на патот Дар-ул-Аман во седмиот округ на Кабул, објавија руски медиуми. Се стравува дека во инцидентот може да има и жртви.

Сè уште нема официјални информации за експлозијата.

Некои од локалните весници сугерираат дека експлозијата се случила во близина на портите на амбасадата, каде што луѓето чекале во редици за да аплицираат за виза.

Авганистан е под контрола на талибанците од септември минатата година. Сепак, терористичката група Исламска држава продолжува да врши напади врз цивили и полицајци низ целата земја.

Терористичките напади остануваат постојана закана и за жителите на Кабул. Само минатиот месец, голема експлозија потресе џамија во северниот дел на градот, при што загинаа најмалку 21, а беа повредени 33 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.