К-15 Archives - Република https://republika.mk/tema/k-15/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 07:32:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png К-15 Archives - Република https://republika.mk/tema/k-15/ 32 32 Над 84 илјади административци и наставници ќе добијат по 11 илјади денари К-15 https://republika.mk/vesti/makedonija/nad-84-iljadi-administrativtsi-i-nastavnitsi-ke-dobijat-po-11-iljadi-denari-k-15/ Tue, 10 Sep 2024 07:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=814793

Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К-15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата, соопштуваат од владината прес-служба.

Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К-15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.

Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Со овој пакет К-15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата. На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права, порачуваат оттаму.

The post Над 84 илјади административци и наставници ќе добијат по 11 илјади денари К-15 appeared first on Република.

]]>

Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К-15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата, соопштуваат од владината прес-служба. Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К-15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.
Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Со овој пакет К-15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата. На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права, порачуваат оттаму.

The post Над 84 илјади административци и наставници ќе добијат по 11 илјади денари К-15 appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Администрацијата и наставниците ќе добијат К-15 во ноември и декември https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-administratsijata-i-nastavnitsite-ke-dobijat-k-15-vo-noemvri-i-dekemvri/ Mon, 02 Sep 2024 09:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=812195

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека сите вработени чиј работодавач е Владата, регрес за годишен одмор, односно К-15 ќе добијат кон крајот на ноември или почетоко на декември.

Во ребалансот на буџетот иако тоа во основниот буџет не беше предвидено, во ребалансот на буџетот се предвидени околу милијарда денари за исплата на К-15 која што е законска обврска на сите работодавачи и оваа законска обврска Владата како работодавач најголем има намера да ја заврши некаде кон крајот на ноември, почетокот на декември затоа што, знаете, согласно Законот е потребно минимум шест месеци стаж да имате за да го исполните правото да бидете примател на К-15, така што ќе овозможиме на поголем број наши сограѓани коишто во меѓувреме ќе се стекнат со работно место да може да добијат К-15, така што околу милијарда денари коишто не беа предвидени во основниот буџет со ребалансот се предвидени некаде 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15 крајот на ноември, почетокот на декември месец, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Администрацијата и наставниците ќе добијат К-15 во ноември и декември appeared first on Република.

К-15 за сите вработени во ЈП Градски Паркинг-Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/k-15-za-site-vraboteni-vo-jp-gradski-parking-skopje/ Thu, 21 Dec 2023 17:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=725383

Управниот одбор на ЈП Градски Паркинг - Скопје поддржан од Надзорниот одбор донесе одлука за исплата на К-15 за сите вработени.
Вработените по втор пат по 14 години ќе добијат право на годишен одмор, односно на нивните сметки ќе бидат уплатени 10.000 денари.

The post К-15 за сите вработени во ЈП Градски Паркинг-Скопје appeared first on Република.

]]>

Управниот одбор на ЈП Градски Паркинг - Скопје поддржан од Надзорниот одбор донесе одлука за исплата на К-15 за сите вработени. Вработените по втор пат по 14 години ќе добијат право на годишен одмор, односно на нивните сметки ќе бидат уплатени 10.000 денари.

The post К-15 за сите вработени во ЈП Градски Паркинг-Скопје appeared first on Република.

]]>
Проверете ги сметките: Легнува К-15 кај вработените, минималниот износ е 14.700 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/proverete-gi-smetkite-legnuva-k-15-kaj-vrabotenite-minimalniot-iznos-e-14-700-denari/ Thu, 14 Dec 2023 10:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=722844

Крајот на годината е законскиот рок кога фирмите и работодавачите имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15.

Според Законот, право на регрес има секој вработен со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот, без разлика разлика на тоа дали е на определено или неопределено време.

Минималниот износ за К-15 изнесува околу 14.700 денари (40 отсто од просечната плата во последното тромесечје) додека максималниот износ е 100 отсто од просечната плата, односно нешто над 36.850 денари.

Годинава, за првпат К-15 од 10.000 денари добиваат и 138.000 вработени во јавниот сектор, a некои сектори како полицијата, здравството, образованието, јавните претпријатија веќе исплатија К-15 за своите вработени.

Од следната година висината на К-15 во јавниот сектор ќе биде 30 отсто од просечната плата, односно околу 13.000 денари.

The post Проверете ги сметките: Легнува К-15 кај вработените, минималниот износ е 14.700 денари appeared first on Република.

]]>

Крајот на годината е законскиот рок кога фирмите и работодавачите имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15. Според Законот, право на регрес има секој вработен со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот, без разлика разлика на тоа дали е на определено или неопределено време. Минималниот износ за К-15 изнесува околу 14.700 денари (40 отсто од просечната плата во последното тромесечје) додека максималниот износ е 100 отсто од просечната плата, односно нешто над 36.850 денари. Годинава, за првпат К-15 од 10.000 денари добиваат и 138.000 вработени во јавниот сектор, a некои сектори како полицијата, здравството, образованието, јавните претпријатија веќе исплатија К-15 за своите вработени. Од следната година висината на К-15 во јавниот сектор ќе биде 30 отсто од просечната плата, односно околу 13.000 денари.

The post Проверете ги сметките: Легнува К-15 кај вработените, минималниот износ е 14.700 денари appeared first on Република.

]]>
Вработените во МВР денеска добиваат регрес за годишен одмор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vrabotenite-vo-mvr-deneska-dobivaat-regres-za-godishen-odmor/ Mon, 11 Dec 2023 08:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=721655

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утрово информираше дека вработените во полицијата денеска ќе го добијат надоместокот за годишен одмор за 2023 година.

Како што објави Спасовски, регресот изнесува 10.000 денари за вработени во МВР, односно бруто износ од 125.498.745 денари.

Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службениците и вработените во МВР – со зголемување на платите за 35% откако сум на чело на МВР и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните, додаде првиот полицаец во државата.

The post Вработените во МВР денеска добиваат регрес за годишен одмор appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утрово информираше дека вработените во полицијата денеска ќе го добијат надоместокот за годишен одмор за 2023 година. Како што објави Спасовски, регресот изнесува 10.000 денари за вработени во МВР, односно бруто износ од 125.498.745 денари. Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службениците и вработените во МВР – со зголемување на платите за 35% откако сум на чело на МВР и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните, додаде првиот полицаец во државата.

The post Вработените во МВР денеска добиваат регрес за годишен одмор appeared first on Република.

]]>
МОН oбезбедил средства за К-15 за вработените во училиштата и вели дека треба да биде исплатен https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-obezbedil-sredstva-za-k-15-za-vrabotenite-vo-uchilishtata-i-veli-deka-treba-da-bide-isplaten/ Fri, 01 Dec 2023 17:50:56 +0000 https://republika.mk/?p=718446

Од министерството за образование (МОН) соопштија дека регресот за годишен одмор за 2023 година треба да им биде исплатен на сите вработени во основните и средните училишта. Средствата за оваа намена се обезбедени од страна на државата, преку блок дотациите кои на месечна основан им се исплаќаат на општините.

МОН апелира до сите локални самоуправи да ги почитуваат правните прописи и да ја реализираат исплатата на регресот за годишен одмор за 2023 година, согласно член 21 од Општиот колективен договор за јавниот сектор (Сл. весник бр.154 од 20.07.2023 година) во кој е утврдено дека работникот има право на надоместок за регрес за годишен одмор во еднократен износ кај еден работодавач, во текот на годината, без оглед во колку училишта има засновано работен однос.

Допис со конкретни насоки за постапување по однос на ова прашање е веќе доставен до сите општини и секое непостапување, сноси соочување со правни последици, се вели во соопштението од МОН.

The post МОН oбезбедил средства за К-15 за вработените во училиштата и вели дека треба да биде исплатен appeared first on Република.

]]>

Од министерството за образование (МОН) соопштија дека регресот за годишен одмор за 2023 година треба да им биде исплатен на сите вработени во основните и средните училишта. Средствата за оваа намена се обезбедени од страна на државата, преку блок дотациите кои на месечна основан им се исплаќаат на општините.
МОН апелира до сите локални самоуправи да ги почитуваат правните прописи и да ја реализираат исплатата на регресот за годишен одмор за 2023 година, согласно член 21 од Општиот колективен договор за јавниот сектор (Сл. весник бр.154 од 20.07.2023 година) во кој е утврдено дека работникот има право на надоместок за регрес за годишен одмор во еднократен износ кај еден работодавач, во текот на годината, без оглед во колку училишта има засновано работен однос.   Допис со конкретни насоки за постапување по однос на ова прашање е веќе доставен до сите општини и секое непостапување, сноси соочување со правни последици, се вели во соопштението од МОН.

The post МОН oбезбедил средства за К-15 за вработените во училиштата и вели дека треба да биде исплатен appeared first on Република.

]]>
Казните се ригорозни: Пријавете ако работодавецот бара да му го вратите К15 https://republika.mk/vesti/ekonomija/kaznite-se-rigorozni-prijavete-ako-rabotodavecot-bara-da-mu-go-vratite-k15/ Mon, 19 Dec 2022 18:22:57 +0000 https://republika.mk/?p=587780

До крајот на месецот работодавачите имаат рок да го исплатат регресот за годишен одмор или познат како К-15. Обврската за исплата на К-15 е до крајот на календарската година. Ова право го има секој работник кој е во една фирма повеќе од шест месеци. Според правилата, треба да се исплати најмалку 40 отсто од просечната плата во моментот, која сега изнесува 31 831 денар, што значи дека К-15 годинава изнесува најмалку 12 740 денари.

Казните за работодавците се и до 4.000 евра.

За работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е затворска казна до една година.

The post Казните се ригорозни: Пријавете ако работодавецот бара да му го вратите К15 appeared first on Република.

]]>

До крајот на месецот работодавачите имаат рок да го исплатат регресот за годишен одмор или познат како К-15. Обврската за исплата на К-15 е до крајот на календарската година. Ова право го има секој работник кој е во една фирма повеќе од шест месеци. Според правилата, треба да се исплати најмалку 40 отсто од просечната плата во моментот, која сега изнесува 31 831 денар, што значи дека К-15 годинава изнесува најмалку 12 740 денари. Казните за работодавците се и до 4.000 евра. За работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е затворска казна до една година.

The post Казните се ригорозни: Пријавете ако работодавецот бара да му го вратите К15 appeared first on Република.

]]>
Нека си ги проверуваат сметките: На административците треба да им легне К 15 за две години https://republika.mk/vesti/ekonomija/neka-si-gi-proveruvaat-smetkite-na-administrativcite-treba-da-im-legne-k-15-za-dve-godini/ Sat, 10 Dec 2022 11:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=583963

Владата вчера на седница донесе заклучок со кој е предвидена исплата на регресот за годишен одмор (К-15) за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9 000 денари.

Оваа одлука, доаѓа имајќи ја предвид обврската за исплата на К-15 за 2022 година до крајот на месецов, но и со цел намалување на товарот врз Буџетот за судски и адвокатски трошоци кои произлегуваат од правосилните судски пресуди, но и најавените понатамошни судски постапки за остварување на правото за неисплатен регрес за годишен одмор за 2020 година.

На предлог на Министерството за финансии, Владата донесе заклучок со којшто буџетските корисници и единките корисници опфатени со Гранскиот колективен договор ќе бидат задолжени потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9 000 денари, да ги обезбедат во рамките на одобрениот Буџет за 2022 година, со внатрешна прераспределба помеѓу расходни ставки.

The post Нека си ги проверуваат сметките: На административците треба да им легне К 15 за две години appeared first on Република.

]]>

Владата вчера на седница донесе заклучок со кој е предвидена исплата на регресот за годишен одмор (К-15) за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9 000 денари. Оваа одлука, доаѓа имајќи ја предвид обврската за исплата на К-15 за 2022 година до крајот на месецов, но и со цел намалување на товарот врз Буџетот за судски и адвокатски трошоци кои произлегуваат од правосилните судски пресуди, но и најавените понатамошни судски постапки за остварување на правото за неисплатен регрес за годишен одмор за 2020 година. На предлог на Министерството за финансии, Владата донесе заклучок со којшто буџетските корисници и единките корисници опфатени со Гранскиот колективен договор ќе бидат задолжени потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9 000 денари, да ги обезбедат во рамките на одобрениот Буџет за 2022 година, со внатрешна прераспределба помеѓу расходни ставки.

The post Нека си ги проверуваат сметките: На административците треба да им легне К 15 за две години appeared first on Република.

]]>
Владата им нареди на буџетарите да исплатат К-15 од свои средства https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-im-naredi-na-budzetarite-da-isplatat-k-15-od-svoi-sredstva/ Fri, 09 Dec 2022 17:33:34 +0000 https://republika.mk/?p=583822

На денешната седница, Владата донела заклучок со којшто се задолжуваат буџетските корисници да ги обезбедат потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор да ги обезбедат во рамки на одобрениот сопствен Буџет за 2022 година со внатрешна прераспределба меѓу расходните ставки.
– Имајќи ја предвид обврската за исплата на регрес за годишен одмор за 2022 година до крајот на тековната година (К-15), како и правосилните судски пресуди и најавените понатамошни судски постапки за остварување на правото за неисплатен регрес за годишен одмор за 2020 година, а со цел намалување на товарот врз Буџетот по основ на судски и адвокатски трошоци, на предлог на Министерството за финансии, Владата донесе заклучок со којшто буџетските корисници и единките корисници опфатени со Гранскиот колективен договор ќе бидат задолжени потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9.000 денари, да ги обезбедат во рамките на одобрениот Буџет за 2022 година, со внатрешна прераспределба помеѓу расходни ставки, се неведува во соопштението од Владата.
За буџетските корисници коишто немаат реални можности да ги обезбедат потребните средства за исплата на регрес со внатрешна прераспределба во рамките на сопствениот Буџет за 2022 година, предвидено е да се обезбедат средствата со Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите

The post Владата им нареди на буџетарите да исплатат К-15 од свои средства appeared first on Република.

К-15 мора да биде исплатен, кризата не смее да биде изговор https://republika.mk/vesti/ekonomija/k-15-mora-da-bide-isplaten-krizata-ne-smee-da-bide-izgovor/ Sat, 29 Oct 2022 17:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=567236

Ниту еден работодавач не најавил дека годинава и покрај економско енергетската нема да исплати регрес за годишен одмор, а таква е состојбата и во дел од јавниот сектор, велат за „Слободен печат“ од Сојузот на синдикати на Македонија.

Во моментот и на околу 1.000 од вкупно 27.000 вработени во јавниот сектор, им легнаа парите за К-15 за 2020 година, се разбира, откако ги добија пресудите по тужбите што ги поднесоа.

Неисплата не е во опција, а нема ни оправдување за непочитување на Колективниот договор – децидни се од ССМ.

До крајниот рок за исплата на популарниот К-15 (31 декември), во приватниот сектор, има нешто повеќе од два месеца, а според пресметката од ССМ, тој треба да изнесува 12.748 денари.

Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, за „Слободен печат“ вели дека судовите постапуваат по тужбите што ги поднесоа нивните членови, а од почетокот на годинава паднале и првите пресуди во нивна корист.

Судовите исплатија регрес, како и дел од Јавното обвинителство, а онаму каде што нема разбирање да се избегнат судските трошоци и да се исплаќа доброволно, тераме со тужбите – додава Деаноски.

The post К-15 мора да биде исплатен, кризата не смее да биде изговор appeared first on Република.

]]>

Ниту еден работодавач не најавил дека годинава и покрај економско енергетската нема да исплати регрес за годишен одмор, а таква е состојбата и во дел од јавниот сектор, велат за „Слободен печат“ од Сојузот на синдикати на Македонија. Во моментот и на околу 1.000 од вкупно 27.000 вработени во јавниот сектор, им легнаа парите за К-15 за 2020 година, се разбира, откако ги добија пресудите по тужбите што ги поднесоа.
Неисплата не е во опција, а нема ни оправдување за непочитување на Колективниот договор – децидни се од ССМ.
До крајниот рок за исплата на популарниот К-15 (31 декември), во приватниот сектор, има нешто повеќе од два месеца, а според пресметката од ССМ, тој треба да изнесува 12.748 денари. Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, за „Слободен печат“ вели дека судовите постапуваат по тужбите што ги поднесоа нивните членови, а од почетокот на годинава паднале и првите пресуди во нивна корист.
Судовите исплатија регрес, како и дел од Јавното обвинителство, а онаму каде што нема разбирање да се избегнат судските трошоци и да се исплаќа доброволно, тераме со тужбите – додава Деаноски.

The post К-15 мора да биде исплатен, кризата не смее да биде изговор appeared first on Република.

]]>
К-15 мора да се исплати, кризата не смее да влијае https://republika.mk/vesti/ekonomija/k-15-mora-da-se-isplati-krizata-ne-smee-da-vlijae/ Sat, 29 Oct 2022 15:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=567170

Ниту еден работодавач не најавил дека годинава и покрај економско енергетската нема да исплати регрес за годишен одмор, а таква е состојбата и во дел од јавниот сектор, велат за „Слободен печат“ од Сојузот на синдикати на Македонија. Во моментот и на околу 1.000 од вкупно 27.000 вработени во јавниот сектор, им легнаа парите за К-15 за 2020 година, се разбира, откако ги добија пресудите по тужбите што ги поднесоа.

-Неисплата не е во опција, а нема ни оправдување за непочитување на Колективниот договор – децидни се од ССМ.

До крајниот рок за исплата на популарниот К-15 (31 декември), во приватниот сектор, има нешто повеќе од два месеца, а според пресметката од ССМ, тој треба да изнесува 12.748 денари.

Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, за „Слободен печат“ вели дека судовите постапуваат по тужбите што ги поднесоа нивните членови, а од почетокот на годинава паднале и првите пресуди во нивна корист.

-Судовите исплатија регрес, како и дел од Јавното обвинителство, а онаму каде што нема разбирање да се избегнат судските трошоци и да се исплаќа доброволно, тераме со тужбите – додава Деаноски.

The post К-15 мора да се исплати, кризата не смее да влијае appeared first on Република.

]]>

Ниту еден работодавач не најавил дека годинава и покрај економско енергетската нема да исплати регрес за годишен одмор, а таква е состојбата и во дел од јавниот сектор, велат за „Слободен печат“ од Сојузот на синдикати на Македонија. Во моментот и на околу 1.000 од вкупно 27.000 вработени во јавниот сектор, им легнаа парите за К-15 за 2020 година, се разбира, откако ги добија пресудите по тужбите што ги поднесоа.
-Неисплата не е во опција, а нема ни оправдување за непочитување на Колективниот договор – децидни се од ССМ.
До крајниот рок за исплата на популарниот К-15 (31 декември), во приватниот сектор, има нешто повеќе од два месеца, а според пресметката од ССМ, тој треба да изнесува 12.748 денари. Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, за „Слободен печат“ вели дека судовите постапуваат по тужбите што ги поднесоа нивните членови, а од почетокот на годинава паднале и првите пресуди во нивна корист. -Судовите исплатија регрес, како и дел од Јавното обвинителство, а онаму каде што нема разбирање да се избегнат судските трошоци и да се исплаќа доброволно, тераме со тужбите – додава Деаноски.

The post К-15 мора да се исплати, кризата не смее да влијае appeared first on Република.

]]>
Работодавaчите треба да почнат со исплата на регресот за годишен одмор од 11.477 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/rabotodavachite-treba-da-pochnat-so-isplata-na-regresot-za-godishen-odmor-od-11-477-denari/ Tue, 05 Jul 2022 11:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=524221

The post Работодавaчите треба да почнат со исплата на регресот за годишен одмор од 11.477 денари appeared first on Република.

]]>

The post Работодавaчите треба да почнат со исплата на регресот за годишен одмор од 11.477 денари appeared first on Република.

]]>
ССМ бара итно зголемување на минималната плата и исплата на К-15 за јавниот сектор https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-bara-itno-zgolemuvanje-na-minimalnata-plata-i-isplata-na-k-15-za-javniot-sektor/ Sun, 30 Jan 2022 12:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=451533

Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) порачуваат дека работниците очекуваат позитивен одговор на предлогот на Синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати согласно Колективен договор и Закон и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор (К-15), како од пратениците така и на утрешната средба во Владата.

Од ССМ бараат веднаш да се прифатат нивните барања.

Во оваа ковид, економска и енергетска криза потребно е зголемување на платите, а тоа го покажува и анализата на еминентните професори која покажува дека зголемувањето на минималната плата нема негативен ефект врз фирмите и не влијае врз намалувањето на нивната профитабилност. Напротив, со растот на платите на вработените, кај нив се зголемува мотивацијата, а со тоа и продуктивноста со што не се забележуваат промени во профитабилноста на фирмите или дека за да се зголеми продуктивноста треба да се зголеми минималната плата, а со тоа ќе се зголеми и додадената вредност на фирмите, односно БДП - велат од ССМ.

Оттаму потенцираат дека согласно аргументите, анализите и фактите, бараат во понеделник да се прифатат барањата на работниците кои се егзистенцијални и неопходни за да се преживее оваа криза.

The post ССМ бара итно зголемување на минималната плата и исплата на К-15 за јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) порачуваат дека работниците очекуваат позитивен одговор на предлогот на Синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати согласно Колективен договор и Закон и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор (К-15), како од пратениците така и на утрешната средба во Владата. Од ССМ бараат веднаш да се прифатат нивните барања.
Во оваа ковид, економска и енергетска криза потребно е зголемување на платите, а тоа го покажува и анализата на еминентните професори која покажува дека зголемувањето на минималната плата нема негативен ефект врз фирмите и не влијае врз намалувањето на нивната профитабилност. Напротив, со растот на платите на вработените, кај нив се зголемува мотивацијата, а со тоа и продуктивноста со што не се забележуваат промени во профитабилноста на фирмите или дека за да се зголеми продуктивноста треба да се зголеми минималната плата, а со тоа ќе се зголеми и додадената вредност на фирмите, односно БДП - велат од ССМ.
Оттаму потенцираат дека согласно аргументите, анализите и фактите, бараат во понеделник да се прифатат барањата на работниците кои се егзистенцијални и неопходни за да се преживее оваа криза.

The post ССМ бара итно зголемување на минималната плата и исплата на К-15 за јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
Текстилците се жалат: Газдите не исплаќаат К-15 https://republika.mk/vesti/ekonomija/tekstilcite-se-zalat-gazdite-ne-isplakjaat-k-15/ Fri, 21 Jan 2022 10:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=447575

Работници од 62 фирми низ земјава пријавиле до НВО „Гласен текстилец“ дека не им е исплатено или добиле минимален износ од 100 или 500 денари регрес за годишен одмор, познат како К-15. Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“ вели дека пријави имаат од Штип, Скопје, Куманово, но и од останатите градови низ земјава. Според нивните податоци, 46 македонски компании воопшто не исплатиле регрес за годишен одмор до законски предвидениот рок. До „Гласен текстилец“ пристигнале и пријави за уште 16 фирми кои само делумно исплатиле К-15.

Повторно имаме по 500 денари, по 100 денари исплата. Од тие вкупно 62 фирми кои што се пријавени, 46 не исплатиле воопшто. Државен трудов инспекторат ќе отиде, ќе им каже дека треба да исплатат К-15, меѓутоа, колективниот договор дозволува исплата на тие срамни суми од 500, од 100 денари да поминат, па дури и таму каде што има синдикално организирање - рече Ампева.

Таа смета дека постојните законски решенија им дозволуваат на фирмите, кои ќе прикажат дека работеле со загуба, да исплаќаат минимални износи. Според неа, решението за да се надминат ваквите манипулации е во новиот Закон за работни односи.

Да се донесе новиот Закон за работни односи и внатре да стои децидно дека К-15 им следува и во јавен и во приватен сектор, да биде определен минималниот износ, за да не се наоѓаме во вакви ситуации - вели Ампева.

Најголем број од пријавените фирми се од текстилната и кожарската индустрија, но има и приватни здравствени установи, карго услуги, автошколи, фирми кои се занимаваат со угостителски дејности, продавници и казина.

Посочи дека фирмите кои константно го кршат Законот за исплата на минималната плата наместо прекршочни треба да добиваат кривични пријави. Ампева вели дека сегашните глоби во Законот за прекршоци се прениски и тоа за фирмите што со исплатата на плата доцнат со месеци.

НВО „Гласен текстилец“ испратиле барање до Инспекторат за труд за една компанија, што според нив треба да биде пример за останатите дека треба да се почитува Законот.

Се надевам дека Државниот трудов инспекторат ќе покренат кривична постапка и за вакви фирми коишто постојано го прават тоа. Мислам дека кривичните пријави ќе имаат некој импакт поголем, бидејќи не секој сака да биде под финансиска истрага, под истрага на Управа за јавни приходи или, пак, од Јавното обвинителство, па нека решат останатите дали ќе сакаат да го следат тој пример - додаде Ампева.

Според неа, очекувано беше Законот за недела неработен ден да биде оспорен пред Уставниот суд. Очекува работничките права да се подобрат со новиот Закон за работни односи на кој се чека веќе три години.

The post Текстилците се жалат: Газдите не исплаќаат К-15 appeared first on Република.

]]>

Работници од 62 фирми низ земјава пријавиле до НВО „Гласен текстилец“ дека не им е исплатено или добиле минимален износ од 100 или 500 денари регрес за годишен одмор, познат како К-15. Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“ вели дека пријави имаат од Штип, Скопје, Куманово, но и од останатите градови низ земјава. Според нивните податоци, 46 македонски компании воопшто не исплатиле регрес за годишен одмор до законски предвидениот рок. До „Гласен текстилец“ пристигнале и пријави за уште 16 фирми кои само делумно исплатиле К-15.
Повторно имаме по 500 денари, по 100 денари исплата. Од тие вкупно 62 фирми кои што се пријавени, 46 не исплатиле воопшто. Државен трудов инспекторат ќе отиде, ќе им каже дека треба да исплатат К-15, меѓутоа, колективниот договор дозволува исплата на тие срамни суми од 500, од 100 денари да поминат, па дури и таму каде што има синдикално организирање - рече Ампева.
Таа смета дека постојните законски решенија им дозволуваат на фирмите, кои ќе прикажат дека работеле со загуба, да исплаќаат минимални износи. Според неа, решението за да се надминат ваквите манипулации е во новиот Закон за работни односи.
Да се донесе новиот Закон за работни односи и внатре да стои децидно дека К-15 им следува и во јавен и во приватен сектор, да биде определен минималниот износ, за да не се наоѓаме во вакви ситуации - вели Ампева.
Најголем број од пријавените фирми се од текстилната и кожарската индустрија, но има и приватни здравствени установи, карго услуги, автошколи, фирми кои се занимаваат со угостителски дејности, продавници и казина. Посочи дека фирмите кои константно го кршат Законот за исплата на минималната плата наместо прекршочни треба да добиваат кривични пријави. Ампева вели дека сегашните глоби во Законот за прекршоци се прениски и тоа за фирмите што со исплатата на плата доцнат со месеци. НВО „Гласен текстилец“ испратиле барање до Инспекторат за труд за една компанија, што според нив треба да биде пример за останатите дека треба да се почитува Законот.
Се надевам дека Државниот трудов инспекторат ќе покренат кривична постапка и за вакви фирми коишто постојано го прават тоа. Мислам дека кривичните пријави ќе имаат некој импакт поголем, бидејќи не секој сака да биде под финансиска истрага, под истрага на Управа за јавни приходи или, пак, од Јавното обвинителство, па нека решат останатите дали ќе сакаат да го следат тој пример - додаде Ампева.
Според неа, очекувано беше Законот за недела неработен ден да биде оспорен пред Уставниот суд. Очекува работничките права да се подобрат со новиот Закон за работни односи на кој се чека веќе три години.

The post Текстилците се жалат: Газдите не исплаќаат К-15 appeared first on Република.

]]>
„Гласен Текстилец“ ги повика работниците да пријавуваат ако не им е исплатено К-15 https://republika.mk/vesti/ekonomija/glasen-tekstilec-gi-povika-rabotnicite-da-prijavuvaat-ako-ne-im-e-isplateno-k-15/ Sun, 02 Jan 2022 12:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=439571

Рокот за исплата на регрес за годишен одмор или познато како К-15 помина. Во денешното соопштение од НВО „Гласен Текатилец“ се вели дека правото на регрес за годишен одмор К-15 претставува законска обврска на работодавачот. Рокот за исплата на регресот е до 31 декември.

Ве повикуваме до 15 јануари 2022 година, да пријавите доколку не ви е исплатен регрес од годишен одмор или ви е исплатен само дел од предвидениот надоместок за уредно да можеме да реагираме и пријавиме до Државниот трудов инспекторат, се со цел работодавачот да биде задолжен за негова исплата и соодветно санкциониран, велат од „Гласен Текстилец“.

Тие ги информираат работниците дека доколку во фирми каде има исплата на регрес од годишен одмор во помал износ, а имало потпишано спогодба со претставник од работниците, ќе побараат да се испита законитоста за назначување на тој претставник со целата потребна документација.

Пријавувањето е анонимно и ве охрабруваме да пријавувате прекршување на работнички права, бидејќи заштита доаѓа најпрвин од самите вас како работници, се вели во соопштението од „Гласен Текстилец“.

Ги повикуваат ССМ и Организација на работодавачи да го ревидираат Колективниот договор за стопанството, се со цел да не се дозволува простор за манипулација и исплата на регрес за годишен одмор во помал износ од предвидениот законски износ.

Ние како Здружение ќе продолжиме да правиме притисок правото на регрес за годишен одмор во влезе во самиот Закон за работни односи и да важи подеднакво за сите работници/чки од јавен и приватен сектор, за да не се случуваат вакви манипулации кои синдикатот ги дозволи во ОКД за приватен сектор, додаваат од „Гласен Текстилец“.

The post „Гласен Текстилец“ ги повика работниците да пријавуваат ако не им е исплатено К-15 appeared first on Република.