Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) порачуваат дека работниците очекуваат позитивен одговор на предлогот на Синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати согласно Колективен договор и Закон и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор (К-15), како од пратениците така и на утрешната средба во Владата.

Од ССМ бараат веднаш да се прифатат нивните барања.

Во оваа ковид, економска и енергетска криза потребно е зголемување на платите, а тоа го покажува и анализата на еминентните професори која покажува дека зголемувањето на минималната плата нема негативен ефект врз фирмите и не влијае врз намалувањето на нивната профитабилност. Напротив, со растот на платите на вработените, кај нив се зголемува мотивацијата, а со тоа и продуктивноста со што не се забележуваат промени во профитабилноста на фирмите или дека за да се зголеми продуктивноста треба да се зголеми минималната плата, а со тоа ќе се зголеми и додадената вредност на фирмите, односно БДП – велат од ССМ.

Оттаму потенцираат дека согласно аргументите, анализите и фактите, бараат во понеделник да се прифатат барањата на работниците кои се егзистенцијални и неопходни за да се преживее оваа криза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.