ЈОВАН ВУКОТИЌ Archives - Република https://republika.mk/tema/jovan-vukotikj/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Sep 2022 11:23:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЈОВАН ВУКОТИЌ Archives - Република https://republika.mk/tema/jovan-vukotikj/ 32 32 Водачот на „Шкаљарците“ го следеле преку бремената сопруга: „Македонецот“ Вукотиќ во Истанбул престојувал со свој пасош на друго име https://republika.mk/vesti/balkan/vodachot-na-shkaljarcite-go-sledele-preku-bremenata-sopruga-vukotikj-koj-dobi-makedonski-patni-dokumenti-vo-istanbul-prestojuval-so-svoj-pasosh-na-drugo-ime/ Sat, 10 Sep 2022 11:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=549394

Убијците на Јован Вукотиќ (42), водачот на Шкаљраскиот клан, кој беше брутално убиен во Истанбул, наводно со месеци се обидувале да го најдат, откако во август минатата година ја напуштил Црна Гора и потоа му се губи секаква трага.

Според неофицијални информации, убијците успеале да дојдат до водачот на „Шкаљарците“ откако ја лоцирале неговата сопруга! Инспекторите се сомневаат дека зад бруталната ликвидација стои спротивставениот Кавачки клан, со кој Вукотиќ и неговата организација се во конфликт од 2014 година.

Безбедна куќа

Вукотиќ беше крајно претпазлив бидејќи знаеше дека со години е мета и дека ривалскиот Кавачки клан се обидува да му влезе во трага. Извесен период се шпекулира дека тој и неговото семејство нашле „сигурна куќа“ во Истанбул. Сепак, како што се сомнева, суровите убијци успеале да ја лоцираат неговата сопруга и така да дојдат до него - открива извор на српски „Курир“.

Како потсетување, Вукотиќ беше убиен во автомобилот во кој бил со бремената сопруга Маша М. и нивната ќерка.

https://republika.mk/vesti/balkan/narkobosot-vukotikj-koj-od-mvr-na-spasovski-dobi-makedonski-pasosh-e-ubien-vo-istanbul/

Изворот на „Курир“ открива дека, судејќи по изјавите на сведоците и трагите пронајдени на местото на убиството, Јован Вукотиќ забележал дека е во животна опасност.

Одредени докази од местото на злосторството укажуваат дека тој се обидел да го откачи појасот, но не успеал, бидејќи убијците биле побрзи. Тоа укажува дека веројатно ги забележал кога со голема брзина се приближувале кон автомобилот. Можно е да имал намера да се наведне и на тој начин да се заштити - изворот на „Курир“ открива нови детали од истрагата за ликвидацијата.

Двајца напаѓачи

Тој наведува и дека сведоците опишале дека неговата сопруга врескала и викала помош, а преплашеното дете плачело во автомобилот.

Се сомнева дека имало двајца напаѓачи на мотоцикл. Според неофицијални информации, убијците со мотор се приближиле до автомобилот, сопатникот испукал неколку истрели, а потоа стиснале гас и побегнале.

Во убиството сигурно имало повеќе луѓе, сигурно е дека го следеле Вукотиќ барем неколку дена и го чекале вистинскиот момент. Не е исклучена можноста некој да им дал сигнал на убијците кога да одат - додава соговорникот на „Курир“.

Според неофицијални информации, Вукотиќ со себе имал пасош на друго име, кој најверојатно го користел за да ја затскрие трагата. Да потсетиме, за време на судскиот процес за употреба на фалсификуван македонски пасош, Вукотиќ пред судот во Белград призна дека користел патна исправа со негова слика, но со друго име, за да ги преминува границите, како и за „корумпираните полицајци да не ги информираат убијците каде се наоѓа“.

https://republika.mk/vesti/balkan/koj-beshe-jovica-vukotikj-odnosno-georgi-andonov-ja-imashe-najzgodnata-manekenka-na-soprugata-i-podmetnaa-cijanid-za-da-go-otrue/

Засега не е познато како убијците ја лоцирале Маша М., со која Вукотиќ е во вонбрачна врска од 2018 година. Таа ќе биде сослушана во турската полиција бидејќи е очевидец на злосторството што се случи – додава изворот на „Курир“.

Исто сценарио

Соговорникот на „Курир“ потсетува дека во јануари 2020 година убијците успеале на ист начин во Атина да го лоцираат најблискиот соработник и кум на Вукотиќ, Игор Дедовиќ. За потсетување, Дедовиќ беше убиен заедно со членот на кланот „Шкаљарците“, Стеван Стаматовиќ, во ресторан во главниот град на Грција, пред очите на многу гости, но и на нивните сопруги и деца.

И тогаш истражителите се сомневаа дека „Шкаљарците“ се лоцирани преку нивните сопруги, кои дошле во Грција да поминат семејни одмори. Вечерата на која биле убиени требало да биде проштална, бидејќи следниот ден сопругите требало да се вратат дома. Очигледно, тие биле толку внимателни што сопругите и децата се возеле до ресторанот одделно, со такси. Сепак, убијците веќе го знаеле секој нивен потег. Влегоа во ресторанот, се раширија околу масата и пукаа во „Шкаљарците“, а потоа излегоа надвор и тргнаа со автомобилот што ги чекаше - се присетува соговорникот на „Курир“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ubienite-shkaljarci-vo-atina-stignale-so-makedonski-pasoshi-albanec-pak-si-kupil-pasosh-so-zensko-ime/

The post Водачот на „Шкаљарците“ го следеле преку бремената сопруга: „Македонецот“ Вукотиќ во Истанбул престојувал со свој пасош на друго име appeared first on Република.

]]>

Убијците на Јован Вукотиќ (42), водачот на Шкаљраскиот клан, кој беше брутално убиен во Истанбул, наводно со месеци се обидувале да го најдат, откако во август минатата година ја напуштил Црна Гора и потоа му се губи секаква трага. Според неофицијални информации, убијците успеале да дојдат до водачот на „Шкаљарците“ откако ја лоцирале неговата сопруга! Инспекторите се сомневаат дека зад бруталната ликвидација стои спротивставениот Кавачки клан, со кој Вукотиќ и неговата организација се во конфликт од 2014 година.

Безбедна куќа

Вукотиќ беше крајно претпазлив бидејќи знаеше дека со години е мета и дека ривалскиот Кавачки клан се обидува да му влезе во трага. Извесен период се шпекулира дека тој и неговото семејство нашле „сигурна куќа“ во Истанбул. Сепак, како што се сомнева, суровите убијци успеале да ја лоцираат неговата сопруга и така да дојдат до него - открива извор на српски „Курир“.
Како потсетување, Вукотиќ беше убиен во автомобилот во кој бил со бремената сопруга Маша М. и нивната ќерка. https://republika.mk/vesti/balkan/narkobosot-vukotikj-koj-od-mvr-na-spasovski-dobi-makedonski-pasosh-e-ubien-vo-istanbul/ Изворот на „Курир“ открива дека, судејќи по изјавите на сведоците и трагите пронајдени на местото на убиството, Јован Вукотиќ забележал дека е во животна опасност.
Одредени докази од местото на злосторството укажуваат дека тој се обидел да го откачи појасот, но не успеал, бидејќи убијците биле побрзи. Тоа укажува дека веројатно ги забележал кога со голема брзина се приближувале кон автомобилот. Можно е да имал намера да се наведне и на тој начин да се заштити - изворот на „Курир“ открива нови детали од истрагата за ликвидацијата.

Двајца напаѓачи

Тој наведува и дека сведоците опишале дека неговата сопруга врескала и викала помош, а преплашеното дете плачело во автомобилот. Се сомнева дека имало двајца напаѓачи на мотоцикл. Според неофицијални информации, убијците со мотор се приближиле до автомобилот, сопатникот испукал неколку истрели, а потоа стиснале гас и побегнале.
Во убиството сигурно имало повеќе луѓе, сигурно е дека го следеле Вукотиќ барем неколку дена и го чекале вистинскиот момент. Не е исклучена можноста некој да им дал сигнал на убијците кога да одат - додава соговорникот на „Курир“.
Според неофицијални информации, Вукотиќ со себе имал пасош на друго име, кој најверојатно го користел за да ја затскрие трагата. Да потсетиме, за време на судскиот процес за употреба на фалсификуван македонски пасош, Вукотиќ пред судот во Белград призна дека користел патна исправа со негова слика, но со друго име, за да ги преминува границите, како и за „корумпираните полицајци да не ги информираат убијците каде се наоѓа“. https://republika.mk/vesti/balkan/koj-beshe-jovica-vukotikj-odnosno-georgi-andonov-ja-imashe-najzgodnata-manekenka-na-soprugata-i-podmetnaa-cijanid-za-da-go-otrue/
Засега не е познато како убијците ја лоцирале Маша М., со која Вукотиќ е во вонбрачна врска од 2018 година. Таа ќе биде сослушана во турската полиција бидејќи е очевидец на злосторството што се случи – додава изворот на „Курир“.

Исто сценарио

Соговорникот на „Курир“ потсетува дека во јануари 2020 година убијците успеале на ист начин во Атина да го лоцираат најблискиот соработник и кум на Вукотиќ, Игор Дедовиќ. За потсетување, Дедовиќ беше убиен заедно со членот на кланот „Шкаљарците“, Стеван Стаматовиќ, во ресторан во главниот град на Грција, пред очите на многу гости, но и на нивните сопруги и деца.
И тогаш истражителите се сомневаа дека „Шкаљарците“ се лоцирани преку нивните сопруги, кои дошле во Грција да поминат семејни одмори. Вечерата на која биле убиени требало да биде проштална, бидејќи следниот ден сопругите требало да се вратат дома. Очигледно, тие биле толку внимателни што сопругите и децата се возеле до ресторанот одделно, со такси. Сепак, убијците веќе го знаеле секој нивен потег. Влегоа во ресторанот, се раширија околу масата и пукаа во „Шкаљарците“, а потоа излегоа надвор и тргнаа со автомобилот што ги чекаше - се присетува соговорникот на „Курир“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ubienite-shkaljarci-vo-atina-stignale-so-makedonski-pasoshi-albanec-pak-si-kupil-pasosh-so-zensko-ime/

The post Водачот на „Шкаљарците“ го следеле преку бремената сопруга: „Македонецот“ Вукотиќ во Истанбул престојувал со свој пасош на друго име appeared first on Република.

]]>
Наркобосот Вукотиќ, кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош, е убиен во Истанбул https://republika.mk/vesti/balkan/narkobosot-vukotikj-koj-od-mvr-na-spasovski-dobi-makedonski-pasosh-e-ubien-vo-istanbul/ Thu, 08 Sep 2022 19:38:06 +0000 https://republika.mk/?p=548827

Наркобосот Вукотиќ, кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош во Драчево (на име Георги Андонов), е убиен во Истанбул.

Веста за убиството на водачот на шкаљарскиот клан, Јован Вукотиќ  во Истанбул ја објави „Vijesti"  и додава дека Вукотиќ бил во бегство, а црногорските правосудни органи распишале потерница пред една година.

Вукотиќ во Турција беше уапсен во септември 2018 година кога и беше испорачан на Србија, каде доби казна од 15 месеци затвор поради користење на фалсификуван македонски пасош со негова слика.

https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-mafija-mvr-im-gi-pozajmilo-identitetite-na-georgi-andonov-i-dzadin-amedovski-na-mafijashite-jovan-vukotikj-i-sedat-peker/

The post Наркобосот Вукотиќ, кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош, е убиен во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Наркобосот Вукотиќ, кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош во Драчево (на име Георги Андонов), е убиен во Истанбул.
Веста за убиството на водачот на шкаљарскиот клан, Јован Вукотиќ  во Истанбул ја објави „Vijesti"  и додава дека Вукотиќ бил во бегство, а црногорските правосудни органи распишале потерница пред една година. Вукотиќ во Турција беше уапсен во септември 2018 година кога и беше испорачан на Србија, каде доби казна од 15 месеци затвор поради користење на фалсификуван македонски пасош со негова слика. https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-mafija-mvr-im-gi-pozajmilo-identitetite-na-georgi-andonov-i-dzadin-amedovski-na-mafijashite-jovan-vukotikj-i-sedat-peker/

The post Наркобосот Вукотиќ, кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош, е убиен во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Ја пресретнале жена му додека му одела во посета: Луѓе на Веља Невоља сакале во затвор да го отрујат „Шкаљарецот“ Вукотиќ https://republika.mk/vesti/balkan/ja-presretnale-zena-mu-dodeka-mu-odela-vo-poseta-lugje-na-velja-nevolja-sakale-vo-zatvor-da-go-otrujat-shkaljarecot-vukotikj/ Mon, 14 Mar 2022 14:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=472746

Четворица соработници на Вељко Беливук, се осомничени дека на 6 декември 2019 година се обиделе да го отрујат со цијанид припадникот на Шкаљарскиот клан, Јован Вукотиќ, кој во тоа време бил во екстрадициски притвор во Централниот затвор (Окружниот затвор) во Белград.

Случајот го пријавила вонбрачната сопруга на Вукотиќ, М.М., која во полиција изјавила дека на пат кон затворот, каде што се упатила во посета на Јовица, била запрена од возило од кое излегле четворица мажи со полициски капи и елеци, коишто и ги пребарале кутиите за ручек.

Истрагата утврдила дека лажните полицјци се обиделе да истурат цијанид во храната, но не успеале.

Обвинителството во меѓувреме поднесе обвинителен акт против четворицата уапсени, но само затоа што поседувале гасни пиштоли, но поради недостиг на докази се откажале од обвинението за обид за убиство на Вукотиќ.

The post Ја пресретнале жена му додека му одела во посета: Луѓе на Веља Невоља сакале во затвор да го отрујат „Шкаљарецот“ Вукотиќ appeared first on Република.

]]>

Четворица соработници на Вељко Беливук, се осомничени дека на 6 декември 2019 година се обиделе да го отрујат со цијанид припадникот на Шкаљарскиот клан, Јован Вукотиќ, кој во тоа време бил во екстрадициски притвор во Централниот затвор (Окружниот затвор) во Белград. Случајот го пријавила вонбрачната сопруга на Вукотиќ, М.М., која во полиција изјавила дека на пат кон затворот, каде што се упатила во посета на Јовица, била запрена од возило од кое излегле четворица мажи со полициски капи и елеци, коишто и ги пребарале кутиите за ручек. Истрагата утврдила дека лажните полицјци се обиделе да истурат цијанид во храната, но не успеале. Обвинителството во меѓувреме поднесе обвинителен акт против четворицата уапсени, но само затоа што поседувале гасни пиштоли, но поради недостиг на докази се откажале од обвинението за обид за убиство на Вукотиќ.

The post Ја пресретнале жена му додека му одела во посета: Луѓе на Веља Невоља сакале во затвор да го отрујат „Шкаљарецот“ Вукотиќ appeared first on Република.

]]>
Не е само Звицер: Maкедонски пасоши добија и Седат Пекер, водачот на „Шкаљарците“ Вукотиќ и на италијанската „Ндрангета“ https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-samo-zvicer-makedonski-pasoshi-dobija-i-sedat-peker-vodachot-na-shkaljarcite-vukotikj-i-na-italijanskata-ndrangeta/ Sun, 23 Jan 2022 12:03:57 +0000 https://republika.mk/?p=448330

Откако српските власти објави дека водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер подготвувал атентат врз претседателот Александар Вучиќ, македонското МВР побрза да објави дека пасошите на овие криминалци се поништени. МВР не демантира дека им издале пасоши туку дека патните исправи веќе се поништени и тие не можат веќе да ги користат за патување.

„Република“ направи пресек кој се од светските и балканските криминалци станаа „Македонци“

Најголемо внимание предизвика Седат Пекер од Турција. Тој самиот објави дека се се сретнал со Заев во неговиот дом и оти македонската лична карта ја добил откако се сликал во полициската станица во Драчево. Тој го доби името Џадин Адемовски.

Пекер во Македонија воопшто не се криеше и се шеташе на Матка, низ Кејот а се фотографираше со членови и активисти на СДСМ а за него беа и обезбедени и автомобили со флешери за побрзо да се пробива низ гужвата.

Во Црна Гора владеат два клана Кавачки и Шкаљарски.Заев и МВР не ги делеле и на двајцата нивни водачи им доделиле македонски пасош.

Јовица Вукотиќ од Шкаљарците самиот во судот во Белград призна дека има македонски пасош на име Георги Андонов и за него платил помеѓу 15 и 25.000 евра. Со него беше и уапсен во Анкара Турција.

При апсењето тој тврдеше дека пасошот е најрегуларен и тоа е точно.Тоа се нормални пасоши на луѓе кои навистина постојат но никогаш не аплицирале за пасош и на кои само е вметната фотографија од криминалците.

 

Како егзекутор на Кавачкиот клан е познат Стефан Ѓукиќ кој исто така доби македонски пасош и стана Каче Герги.

Македонски патни исправи добиле и Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ од Шкаљарскиот клан кои во 2020 година беа изрешетани во ресторан во Атина.Тие во 2018 година станаа Горан Тасевски и Емил Филипов но нашите патни исправи не ги спасија од одмаздата на Кавачкиот клан.

Македонец по заслуга на Заев и Спасовски стана и водачот на италијанската мафија НдрангетаВалид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година.

И како за финале пред неколку месеци беше откриено и дека Луис Волина, косовски нарко бос беше фатен во Шпанија со македонски пасош и осуден на пет години затвор.

The post Не е само Звицер: Maкедонски пасоши добија и Седат Пекер, водачот на „Шкаљарците“ Вукотиќ и на италијанската „Ндрангета“ appeared first on Република.

]]>

Откако српските власти објави дека водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер подготвувал атентат врз претседателот Александар Вучиќ, македонското МВР побрза да објави дека пасошите на овие криминалци се поништени. МВР не демантира дека им издале пасоши туку дека патните исправи веќе се поништени и тие не можат веќе да ги користат за патување. „Република“ направи пресек кој се од светските и балканските криминалци станаа „Македонци“ Најголемо внимание предизвика Седат Пекер од Турција. Тој самиот објави дека се се сретнал со Заев во неговиот дом и оти македонската лична карта ја добил откако се сликал во полициската станица во Драчево. Тој го доби името Џадин Адемовски. Пекер во Македонија воопшто не се криеше и се шеташе на Матка, низ Кејот а се фотографираше со членови и активисти на СДСМ а за него беа и обезбедени и автомобили со флешери за побрзо да се пробива низ гужвата. Во Црна Гора владеат два клана Кавачки и Шкаљарски.Заев и МВР не ги делеле и на двајцата нивни водачи им доделиле македонски пасош. Јовица Вукотиќ од Шкаљарците самиот во судот во Белград призна дека има македонски пасош на име Георги Андонов и за него платил помеѓу 15 и 25.000 евра. Со него беше и уапсен во Анкара Турција. При апсењето тој тврдеше дека пасошот е најрегуларен и тоа е точно.Тоа се нормални пасоши на луѓе кои навистина постојат но никогаш не аплицирале за пасош и на кои само е вметната фотографија од криминалците.   Како егзекутор на Кавачкиот клан е познат Стефан Ѓукиќ кој исто така доби македонски пасош и стана Каче Герги. Македонски патни исправи добиле и Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ од Шкаљарскиот клан кои во 2020 година беа изрешетани во ресторан во Атина.Тие во 2018 година станаа Горан Тасевски и Емил Филипов но нашите патни исправи не ги спасија од одмаздата на Кавачкиот клан. Македонец по заслуга на Заев и Спасовски стана и водачот на италијанската мафија НдрангетаВалид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година. И како за финале пред неколку месеци беше откриено и дека Луис Волина, косовски нарко бос беше фатен во Шпанија со македонски пасош и осуден на пет години затвор.

The post Не е само Звицер: Maкедонски пасоши добија и Седат Пекер, водачот на „Шкаљарците“ Вукотиќ и на италијанската „Ндрангета“ appeared first on Република.

]]>