јоханес хан Archives - Република https://republika.mk/tema/johanes-han/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 08:23:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јоханес хан Archives - Република https://republika.mk/tema/johanes-han/ 32 32 Хан, кој бараше Уставот да го смениме на балкански начин е загрижен за Договорот од Преспа https://republika.mk/vesti/makedonija/han-koj-barashe-ustavot-da-go-smenime-na-balkanski-nachin-e-zagrizhen-za-dogovorot-od-prespa/ Wed, 12 Jun 2024 08:14:39 +0000 https://republika.mk/?p=786828

Поранешниот еврокомесар за соседска политика и проширување и сегашен еврокомесар за буџет и администрација во ЕУ, Јоханес Хан побарал од Македонија и Грција да го почитуваат и спроведуваат Преспанскиот договор.

Тој ги повикал сите инволвирани страни, вклучително и новата македонска влада, да го почитуваат Договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат и на соседните земји.

Запрашан за ова на средбата што ја имал со медиумите во Брисел, Хан одговорил:

„Што се однесува до случајот со Македонија, ме загрижува. Можеме само да ги повикаме сите страни, вклучително и новата влада на Македонија, да се држат до договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји. Верувам дека оваа обврска особено на соседните земји, може да им помогне со доследни напори и е нешто што ќе го поддржи целиот регион. Навистина верувам дека ако направиме одржлив чекор напред, во случајот со Македонија, тоа ќе има влијание врз целиот регион, на пример и во разговорите меѓу Србија и Косово, кои треба повторно да се активираат со новата Комисија“, кажал еврокомесарот, пренесува грчки „Skai“.

The post Хан, кој бараше Уставот да го смениме на балкански начин е загрижен за Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>

Поранешниот еврокомесар за соседска политика и проширување и сегашен еврокомесар за буџет и администрација во ЕУ, Јоханес Хан побарал од Македонија и Грција да го почитуваат и спроведуваат Преспанскиот договор. Тој ги повикал сите инволвирани страни, вклучително и новата македонска влада, да го почитуваат Договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат и на соседните земји.
 
Запрашан за ова на средбата што ја имал со медиумите во Брисел, Хан одговорил:
„Што се однесува до случајот со Македонија, ме загрижува. Можеме само да ги повикаме сите страни, вклучително и новата влада на Македонија, да се држат до договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји. Верувам дека оваа обврска особено на соседните земји, може да им помогне со доследни напори и е нешто што ќе го поддржи целиот регион. Навистина верувам дека ако направиме одржлив чекор напред, во случајот со Македонија, тоа ќе има влијание врз целиот регион, на пример и во разговорите меѓу Србија и Косово, кои треба повторно да се активираат со новата Комисија“, кажал еврокомесарот, пренесува грчки „Skai“.

The post Хан, кој бараше Уставот да го смениме на балкански начин е загрижен за Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>
Хан ни ја отвораше вратата кон ЕУ ако го смениме името, Фон дер Лајен прозорецот ако ги внесеме Бугарите во Устав https://republika.mk/vesti/makedonija/han-ni-ja-otvorashe-vratata-kon-eu-ako-go-smenime-imeto-fon-der-lajen-prozoretsot-ako-gi-vneseme-bugarite-vo-ustav/ Wed, 01 Nov 2023 06:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=696688

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен дојде и си замина од Скопје. Следна станица беше Приштина, па Сараево , Белград и од Србија ќе си го фати патот за Брисел.

Секаде носеше различни пораки па така кај нас ни порача дека мора да го смениме Уставот, на властите во Приштина дека мора да ја формираат Заедницата на српските општини, а на Србија дека мора да го признае Косово.Многу желби малку суштина.

Секако нас најмногу не интересира што ни порача за да ги почнеме преговорите со ЕУ. Главна пречка за тоа се уставните измени за кои власта се согласи без да се консултира со опозицијата кај која е клучот.

Прозорецот на можности веќе е отворен. Процесот не е строг, се заснова на заслуги. Колку е побрз процесот на реформи, толку побргу ќе дојде можноста за пристапување“, порача Фон дер Лајен.

Оваа изјава на Фон дер Лајен потсетува на изјавата на поранешниот комесар за проширување Јоханес Хан. Тој пред промената на името ни порача дека вратата кон ЕУ за нас е отворена.

По прозорецот и вратата, следниот состав на Европската комисија веројатно ќе ни ја отвори и дневната соба.

The post Хан ни ја отвораше вратата кон ЕУ ако го смениме името, Фон дер Лајен прозорецот ако ги внесеме Бугарите во Устав appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен дојде и си замина од Скопје. Следна станица беше Приштина, па Сараево , Белград и од Србија ќе си го фати патот за Брисел. Секаде носеше различни пораки па така кај нас ни порача дека мора да го смениме Уставот, на властите во Приштина дека мора да ја формираат Заедницата на српските општини, а на Србија дека мора да го признае Косово.Многу желби малку суштина. Секако нас најмногу не интересира што ни порача за да ги почнеме преговорите со ЕУ. Главна пречка за тоа се уставните измени за кои власта се согласи без да се консултира со опозицијата кај која е клучот.
Прозорецот на можности веќе е отворен. Процесот не е строг, се заснова на заслуги. Колку е побрз процесот на реформи, толку побргу ќе дојде можноста за пристапување“, порача Фон дер Лајен.
Оваа изјава на Фон дер Лајен потсетува на изјавата на поранешниот комесар за проширување Јоханес Хан. Тој пред промената на името ни порача дека вратата кон ЕУ за нас е отворена. По прозорецот и вратата, следниот состав на Европската комисија веројатно ќе ни ја отвори и дневната соба.      

The post Хан ни ја отвораше вратата кон ЕУ ако го смениме името, Фон дер Лајен прозорецот ако ги внесеме Бугарите во Устав appeared first on Република.

]]>
Хан: Oстварливо е Македонија да ѝ се приклучи на ЕУ во следните неколку години, но да се даде точен датум е несериозно https://republika.mk/vesti/makedonija/han-ostvarlivo-e-makedonija-da-se-prikluchi-na-eu-vo-slednite-nekolku-godini-no-da-se-dade-tochen-datum-e-neseriozno/ Fri, 15 Sep 2023 18:37:00 +0000 https://republika.mk/?p=682267

Еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан смета дека е реално остварливо  Македонија да ѝ се приклучи на Европската Унија во следните неколку години, но дека е несериозно да се даде точен датум. Во интервју за ТВ Телма, тој вели дека прашањето „кога“ е чувствителна форма, затоа што тоа секако зависи од напредокот кој државите го остваруваат.

Тоа што е јасно, тоа што сѐ уште е валидно, и ќе биде и во иднина, е дека целиот процес е заснован на заслуги. Тоа значи дека ако државата исполнува, треба да ги добие и заслугите за тоа. Затоа не чекаме сите да бидат подготвени за пристапување, туку ако некоја држава порано биде подготвена, тогаш така треба да биде. Во случајот со Македонија, таков е впечатокот кој го добив и по денешните дискусии, исто така и сите информации кои ги слушнав и прочитав,  Македонија постигнала прилично голем напредок на нејзиниот пат кон ЕУ. Затоа, мислам дека треба да бидеме оптимисти, мислам дека е реално остварливо  Македонија да ѝ се приклучи на Унијата во следните неколку години. Но, да се даде точен датум е несериозно - изјави Хан.

Прашан кој повеќе потфрли во девизата „ако вие испорачате и ние ќе испорачаме“, Хан во интервјуто одговори дека „никој не е совршен“ и дека „ги критикува и земјите членки“.

Мислам, никој не е совршен, јас исто така ги критикувам и нашите членки, бидејќи навистина имаше ситуации кога Македонија го заврши својот дел, и тоа не беше адекватно почестено. Но, ќе повторам, тоа е начин кој сѐ уште не е комплетен, и мислам дека не треба да ги набројуваме индивидуалните неуспеси, или како и да е, мислам дека секогаш треба да гледаме напред. Ако го погледнеме севкупниот развој изминативе неколку години, има јасен напредок, јасна насока, јасна поддршка, исто така има и силна поддршка и во земјата, и ние треба тоа да го надградиме - посочи Хан.

За тоа, со кои аргументи сега би ги убедиле граѓаните за повторна отстапка за уставните измени, Хан рече дека генералните околности се значително променети, и дека постои моментум и подготвеност, посочувајќи дека сега има голема посветеност од претседателката на ЕК и силна поддршка од претседателот на Европскиот совет за проширувањето.

The post Хан: Oстварливо е Македонија да ѝ се приклучи на ЕУ во следните неколку години, но да се даде точен датум е несериозно appeared first on Република.

Ахмети пред Хан говорел за Европски фронт https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-pred-han-govorel-za-evropski-front/ Fri, 15 Sep 2023 18:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=682265

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретна со европскиот комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан.

Соговорниците, како што соопштија од ДУИ, разговараа за скрининг процесот, евроинтеграциите, реформите во администрацијата, уставните измени, состојбите во регионот како и дијалогот меѓу Косово и Србија.

Ахмети зборуваше за Европскиот фронт како итна потреба за надминување на пречките во интеграцискиот пат и спроведувањето на уставните измени, додавајќи дека политичките партии треба да ги надминат личните интереси и да се фокусираат на иднината на државата и животот на граѓаните, информираа од партијата.

Тие разговарале и за дијалогот меѓу Косово и Србија, апелирајќи земјите да се држат до договорот постигнат во Охрид до финализирање на целосниот договор со взаемно признавање.

The post Ахмети пред Хан говорел за Европски фронт appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретна со европскиот комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан. Соговорниците, како што соопштија од ДУИ, разговараа за скрининг процесот, евроинтеграциите, реформите во администрацијата, уставните измени, состојбите во регионот како и дијалогот меѓу Косово и Србија. Ахмети зборуваше за Европскиот фронт како итна потреба за надминување на пречките во интеграцискиот пат и спроведувањето на уставните измени, додавајќи дека политичките партии треба да ги надминат личните интереси и да се фокусираат на иднината на државата и животот на граѓаните, информираа од партијата. Тие разговарале и за дијалогот меѓу Косово и Србија, апелирајќи земјите да се држат до договорот постигнат во Охрид до финализирање на целосниот договор со взаемно признавање.

The post Ахмети пред Хан говорел за Европски фронт appeared first on Република.

]]>
Се јави и Хан: Јас сум уверен дека на крај Македонија ќе стане можеби 28-та членка на ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/se-javi-i-han-jas-sum-uveren-deka-na-kraj-makedonija-ke-stane-mozhebi-28-ta-chlenka-na-eu/ Fri, 15 Sep 2023 11:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=682156

Македонија денес е на одличен пат кон ЕУ. Но, би сакал да пренесам порака до сите политички сили во земјата - соработувајте. Ова е тимска задача, треба да играте како национален фудбалски тим, а не како шампионат на поединци. Треба заедно да работите, инаку нема да бидете успешни, порача денеска еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.

Во воведното обраќање на Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ), Хан изрази уверување дека Македонија ќе стане можеби 28-та членка на ЕУ. Тој повтори дека евроинтеграцијата и натаму останува процес базиран на заслуги.

Хан рече и дека не треба да се носат избрзани законски решенија, како и дека владеењето на правото мора да се почитува.

-Можам само да потврдам дека овој процес останува процес базиран на заслуги. Не е дека чекаме најслабите или најуназадените кандидати да го фатат чекорот со останатите. Не. Ако сте ги оствариле нештата кои треба да ги остварите, заслугата ќе ви биде дадена. Јас ќе останам ваш постојан бранител и промотор, ќе правам се што е потребно во иднина. Важно е главните политички сили да работат заедно на конечната цел на Македонија. Ова е нешто што морате да го ставите настрана - партиските, политичките интереси. Ова можете да го разговарате за многу различни прашања, но ова е национално прашање, ова е главното прашање во кое мора да ги вложите сите ваши заложби, сите сили во Собранието за да ги постигнете вашите цели. Ако тоа го постигнете, можете навреме да го постигнете тоа што е потребно, потенцира Хан.

Од членството во ЕУ, дополни, придобивки ќе имаат сите, и економски и општествени.

-Треба да сфатиме сите дека мора да им служиме на граѓаните, тие имаат право на тоа. Мислам дека на крај ќе бидеме успешни, можеби побрзо отколку што очекуваат многу луѓе. Ајде да го зграпчиме моментот и да работиме заедно. Јас сум уверен дека на крај, Македонија ќе стане можеби 28-та членка на ЕУ. Знам дека добри ви оди, дека добро се одвива скринигнот, но би сакал да пренесам порака до сите политички сили во земјата - соработувајте, ова е тимска задача, треба да играте како национален фудбалски тим, а не како шампионат на поединци. Заедно да работите е потребно, инаку нема да бидете успешни, подвлече еврокомесарот.

Според него, обединувањето на Европа ќе се комплетира само кога сите земји од европскиот континент ќе станат членки на ЕУ.

-Вие сте дел од континентот, сте и теба да станете полноправен член на европското семејство. Токму тоа се обидуваме да го постигнеме што е можно побрзо. Нешто мора да се стори за ова да се постигне. Сакам да ве уверам дека во ЕУ сега имаме нова динамика која беше поттиканта од агресивната руска војна во Украина. Мора да се обидиниме како семејство, а вие сте дел од тоа семејство. Мора јасно да посочиме дека без силна Европа ситуацијата во светот ќе биде сосема поинаква, а вие сте и во иднина ќе бидете уште поголемо средство кое ќе помогне и сте важен дел од европското семејство. Затоа, ќе сториме се што можеме да го забрзаме процесот, но двајца се потребни за да се одигра одредена игра, за да стигнеме таму каде што сакаме, рече Хан.

И ЕУ треба, додаде, да си ја заврши домашната задача во своите земји кои уште не се таму каде што сакаат да бидат.

-Но, важно е да се разбере дека ЕУ е придржување до заедничките вредности, интереси, перспективи и разбирање за тоа како ги гледаме поединците. Затоа, владеењето на правото не е наша опсесија, туку предуслов. Аспектите поврзани со владеењето на правото треба да се спроведат. Потребно е да се подобри ситуацијата во однос на правосудниот систем, во однос на различните закони и кодекси. Важно е се тоа да се изврши врз основа на широки дискусии каде сите ќе имаат прилика да учествуваат. Нема причина да се брза со донесување одлуки или да се забрузваат процедурите, важно е да се вклучат сите делови од општеството. Демократијата не е лесна, некогаш претставува товар, секако е фино побрзо да се донесуваат одлуки, но најважно е сите да бидат согласни со тоа. Ако слушнам дека повеќе од 75 отсто од луѓето тука се за Европа, тоа е значајно за сите вас за да имате политичка одговорност, за да се искористи оваа силна поддршка како вистинска сила за спроведување одредени мерки согласно нашите европски намери, истакна Хан.

Тој рече и дека нема да зборува за бројки зашто сосема го поддржува она што претходно го кажаа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими околу економските бенефити од членството на земјата во ЕУ. Хан во овој контекст уште еднаш потсети дека ЕУ не е банкомат, туку нешто повеќе од тоа, алудирајќи на заедничките вредности.

-Околу 70 - 75 отсто од инвестициите се од Европа, извоз, увоз. Затоа е важно да се комплетираат сите заложби. И во минатото дадовме многу предлози како Стратегијата за Западен Балкан во 2018 година, идеи за натамошен развој. За време на мојот мандат како комесар за проширување се чувствував осамено, без поголема поддршка за проширувањето. Затоа морам да кажам „благодарам Владимир Путин“, оваа ситуација е промента зашто се промени геополитичката ситуација. Сега јасно се наоѓаме во натпрееварот меѓу два типа на општествени концепти, едниот е капитализам и диктаторство, а другиот социјална економија и демократија. Европа не е само за економија и бројки, туку и за вредности. Европа почна како економска заедница, но со право се претвори во ЕУ - тоа е политички проект базиран на заеднички вредности, цели и разбирање за тоа како треба да се гледа човекот како поединец - да има можност да гласа, да избере. Мислам дека е важно ова да се сфати, ЕУ не е банкомат, туку нешто повеќе од тоа, тоа се заедничките вредности, порача Хан.

The post Се јави и Хан: Јас сум уверен дека на крај Македонија ќе стане можеби 28-та членка на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Македонија денес е на одличен пат кон ЕУ. Но, би сакал да пренесам порака до сите политички сили во земјата - соработувајте. Ова е тимска задача, треба да играте како национален фудбалски тим, а не како шампионат на поединци. Треба заедно да работите, инаку нема да бидете успешни, порача денеска еврокомесарот за буџет Јоханес Хан. Во воведното обраќање на Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ), Хан изрази уверување дека Македонија ќе стане можеби 28-та членка на ЕУ. Тој повтори дека евроинтеграцијата и натаму останува процес базиран на заслуги. Хан рече и дека не треба да се носат избрзани законски решенија, како и дека владеењето на правото мора да се почитува. -Можам само да потврдам дека овој процес останува процес базиран на заслуги. Не е дека чекаме најслабите или најуназадените кандидати да го фатат чекорот со останатите. Не. Ако сте ги оствариле нештата кои треба да ги остварите, заслугата ќе ви биде дадена. Јас ќе останам ваш постојан бранител и промотор, ќе правам се што е потребно во иднина. Важно е главните политички сили да работат заедно на конечната цел на Македонија. Ова е нешто што морате да го ставите настрана - партиските, политичките интереси. Ова можете да го разговарате за многу различни прашања, но ова е национално прашање, ова е главното прашање во кое мора да ги вложите сите ваши заложби, сите сили во Собранието за да ги постигнете вашите цели. Ако тоа го постигнете, можете навреме да го постигнете тоа што е потребно, потенцира Хан. Од членството во ЕУ, дополни, придобивки ќе имаат сите, и економски и општествени.
-Треба да сфатиме сите дека мора да им служиме на граѓаните, тие имаат право на тоа. Мислам дека на крај ќе бидеме успешни, можеби побрзо отколку што очекуваат многу луѓе. Ајде да го зграпчиме моментот и да работиме заедно. Јас сум уверен дека на крај, Македонија ќе стане можеби 28-та членка на ЕУ. Знам дека добри ви оди, дека добро се одвива скринигнот, но би сакал да пренесам порака до сите политички сили во земјата - соработувајте, ова е тимска задача, треба да играте како национален фудбалски тим, а не како шампионат на поединци. Заедно да работите е потребно, инаку нема да бидете успешни, подвлече еврокомесарот.
Според него, обединувањето на Европа ќе се комплетира само кога сите земји од европскиот континент ќе станат членки на ЕУ. -Вие сте дел од континентот, сте и теба да станете полноправен член на европското семејство. Токму тоа се обидуваме да го постигнеме што е можно побрзо. Нешто мора да се стори за ова да се постигне. Сакам да ве уверам дека во ЕУ сега имаме нова динамика која беше поттиканта од агресивната руска војна во Украина. Мора да се обидиниме како семејство, а вие сте дел од тоа семејство. Мора јасно да посочиме дека без силна Европа ситуацијата во светот ќе биде сосема поинаква, а вие сте и во иднина ќе бидете уште поголемо средство кое ќе помогне и сте важен дел од европското семејство. Затоа, ќе сториме се што можеме да го забрзаме процесот, но двајца се потребни за да се одигра одредена игра, за да стигнеме таму каде што сакаме, рече Хан. И ЕУ треба, додаде, да си ја заврши домашната задача во своите земји кои уште не се таму каде што сакаат да бидат.
-Но, важно е да се разбере дека ЕУ е придржување до заедничките вредности, интереси, перспективи и разбирање за тоа како ги гледаме поединците. Затоа, владеењето на правото не е наша опсесија, туку предуслов. Аспектите поврзани со владеењето на правото треба да се спроведат. Потребно е да се подобри ситуацијата во однос на правосудниот систем, во однос на различните закони и кодекси. Важно е се тоа да се изврши врз основа на широки дискусии каде сите ќе имаат прилика да учествуваат. Нема причина да се брза со донесување одлуки или да се забрузваат процедурите, важно е да се вклучат сите делови од општеството. Демократијата не е лесна, некогаш претставува товар, секако е фино побрзо да се донесуваат одлуки, но најважно е сите да бидат согласни со тоа. Ако слушнам дека повеќе од 75 отсто од луѓето тука се за Европа, тоа е значајно за сите вас за да имате политичка одговорност, за да се искористи оваа силна поддршка како вистинска сила за спроведување одредени мерки согласно нашите европски намери, истакна Хан.
Тој рече и дека нема да зборува за бројки зашто сосема го поддржува она што претходно го кажаа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими околу економските бенефити од членството на земјата во ЕУ. Хан во овој контекст уште еднаш потсети дека ЕУ не е банкомат, туку нешто повеќе од тоа, алудирајќи на заедничките вредности.
-Околу 70 - 75 отсто од инвестициите се од Европа, извоз, увоз. Затоа е важно да се комплетираат сите заложби. И во минатото дадовме многу предлози како Стратегијата за Западен Балкан во 2018 година, идеи за натамошен развој. За време на мојот мандат како комесар за проширување се чувствував осамено, без поголема поддршка за проширувањето. Затоа морам да кажам „благодарам Владимир Путин“, оваа ситуација е промента зашто се промени геополитичката ситуација. Сега јасно се наоѓаме во натпрееварот меѓу два типа на општествени концепти, едниот е капитализам и диктаторство, а другиот социјална економија и демократија. Европа не е само за економија и бројки, туку и за вредности. Европа почна како економска заедница, но со право се претвори во ЕУ - тоа е политички проект базиран на заеднички вредности, цели и разбирање за тоа како треба да се гледа човекот како поединец - да има можност да гласа, да избере. Мислам дека е важно ова да се сфати, ЕУ не е банкомат, туку нешто повеќе од тоа, тоа се заедничките вредности, порача Хан.

The post Се јави и Хан: Јас сум уверен дека на крај Македонија ќе стане можеби 28-та членка на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Хан оди во пензија https://republika.mk/vesti/svet/han-odi-vo-penzija/ Thu, 18 May 2023 14:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=642334

Европскиот комесар за буџет и поранешен комесар за проширување Јоханес Хан најави дека нема да бара четврти мандат во комисијата и дека ќе се пензионира на крајот на сегашниот мандат следната година.

„На крајот на октомври следната година, односно на крајот на овој мандат ќе завршам. Дотогаш, секако, ќе продолжам да работам со полн ентузијазам, а има многу работа во мојот оддел. Но, три успешни мандати се доволни“, изјави Хан за австрискиот весник „Салцбургер нахрихтен“.

Претходно весникот „Стандарт“ објави дека Хан, кој е еврокомесар со најдолг мандат, „внатрешно“ веќе ја доставил одлуката за повлекување.

The post Хан оди во пензија appeared first on Република.

Бесими ќе се сретне со Хан https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-kje-se-sretne-so-han/ Wed, 26 Oct 2022 06:03:17 +0000 https://republika.mk/?p=565644

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска е во работна посeта на Брисел, каде ќе оставари средби сo еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.

Посетата, како што информира Министерството за финансии, е во пресрет на активностите на Министерството за финансии за подготвување на најзначајните документи – Буџетот за 2023 година, Програмата за економски реформи, во која се утврдуваат реформите што се преземаат во наредниот период, а кои заеднички се утврдени со ЕК, како и подготовка на акцискиот план за имплементација на препораките од Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија за 2022 година.

Министерот Бесими на средбите, како што се наведува, ќе информира и за можноста за користење поволни средства од Меѓународниот монетарен фонд преку ПЛЛ програмата, а ќе биде покрената и иницијатива за буџетска поддршка за справување со предизвиците од енергетската и ценовна криза од ЕК преку МФИ.

– Посетата на министерот Бесими на Брисел е значајна и од аспект на започнатиот билатерален скрининг процес, по усвојување на Преговарачката рамка за РС Македонија и одржување на прватa Меѓувладина конференција, во процесот на пристапување кон ЕУ. Актуелната енергетска и ценовна криза, која има големо влијание врз економијата во земјата, мерките што ги презема Владата за справуање со кризата, но и реформите што земјата ги спроведува на патот кон целосна евроинтеграција и повисок економски раст, ќе бидат исто така дел од темите на кои ќе се разговара на средбите, се вели во соопштението.

Од Министерството за финансии нагласуваат дека поддршката од Европската комисија во спроведување на реформите е значајна, а ваквите средби се позитивен придонес кон нивна имплементација. Покрај реформите, на средбите ќе биде отворено и прашањето за помош од ЕУ за справување со последиците од енергетската и ценовната криза.

The post Бесими ќе се сретне со Хан appeared first on Република.

]]>

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска е во работна посeта на Брисел, каде ќе оставари средби сo еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. Посетата, како што информира Министерството за финансии, е во пресрет на активностите на Министерството за финансии за подготвување на најзначајните документи – Буџетот за 2023 година, Програмата за економски реформи, во која се утврдуваат реформите што се преземаат во наредниот период, а кои заеднички се утврдени со ЕК, како и подготовка на акцискиот план за имплементација на препораките од Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија за 2022 година. Министерот Бесими на средбите, како што се наведува, ќе информира и за можноста за користење поволни средства од Меѓународниот монетарен фонд преку ПЛЛ програмата, а ќе биде покрената и иницијатива за буџетска поддршка за справување со предизвиците од енергетската и ценовна криза од ЕК преку МФИ.
– Посетата на министерот Бесими на Брисел е значајна и од аспект на започнатиот билатерален скрининг процес, по усвојување на Преговарачката рамка за РС Македонија и одржување на прватa Меѓувладина конференција, во процесот на пристапување кон ЕУ. Актуелната енергетска и ценовна криза, која има големо влијание врз економијата во земјата, мерките што ги презема Владата за справуање со кризата, но и реформите што земјата ги спроведува на патот кон целосна евроинтеграција и повисок економски раст, ќе бидат исто така дел од темите на кои ќе се разговара на средбите, се вели во соопштението.
Од Министерството за финансии нагласуваат дека поддршката од Европската комисија во спроведување на реформите е значајна, а ваквите средби се позитивен придонес кон нивна имплементација. Покрај реформите, на средбите ќе биде отворено и прашањето за помош од ЕУ за справување со последиците од енергетската и ценовната криза.

The post Бесими ќе се сретне со Хан appeared first on Република.

]]>
Teмното минато на сопругата на Хан: Сузан била лидер на пронацистичка партија на Хајдер https://republika.mk/vesti/svet/temnoto-minato-na-soprugata-na-han-suzan-bila-lider-na-pronacistichka-partija/ Mon, 08 Aug 2022 08:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=537840

Поранешниот комесар за проширување Јоханес Хан викендов правеше свадба во родната Австрија. Новата госпоѓа Хан е Сузане Риес која исто како него е политичарка. Кога ќе се погледне нејзината биографија се доаѓа до интересни информации. Таа во моментов раководи позната градежна фирма „Вистенрот“, а е поранешен вицеканцелар на Австрија.

Но, еден податок е особено значаен. Сузане била лидер на Партијата на слободата на Австрија (ФПО). Оваа партија долги години беше раководена од Герг Хајдер, нацистички политичар кој загина под сомнителни околности во сообраќајна несреќа во 2008 година.

The post Teмното минато на сопругата на Хан: Сузан била лидер на пронацистичка партија на Хајдер appeared first on Република.

]]>

Поранешниот комесар за проширување Јоханес Хан викендов правеше свадба во родната Австрија. Новата госпоѓа Хан е Сузане Риес која исто како него е политичарка. Кога ќе се погледне нејзината биографија се доаѓа до интересни информации. Таа во моментов раководи позната градежна фирма „Вистенрот“, а е поранешен вицеканцелар на Австрија. Но, еден податок е особено значаен. Сузане била лидер на Партијата на слободата на Австрија (ФПО). Оваа партија долги години беше раководена од Герг Хајдер, нацистички политичар кој загина под сомнителни околности во сообраќајна несреќа во 2008 година.

The post Teмното минато на сопругата на Хан: Сузан била лидер на пронацистичка партија на Хајдер appeared first on Република.

]]>
Се ожени Јоханес Хан, ова е невестата https://republika.mk/vesti/svet/se-ozeni-johanes-han-ova-e-nevestata/ Sun, 07 Aug 2022 11:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=537660

Австрискиот еврокомесар за буџет Јоханес Хан и поранешната вицеканцеларка Сузане Риес во петокот разменија завети.

„Вчера се венчавме со семејството и пријателите во Гут Ајдербихл и со нетрпение ја очекуваме заедничката иднина“, објави новопечениот пар.

Свадбата на Хан била истакнати гости а меѓу нив бил и поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц

Невестата на своето презиме го додаде и она на сопргугот и сега е Риес-Хан. Тие се запознале преку заеднички пријатели и се во врска од 2015 година. Сузане има 61 година а Јоханес 64.

The post Се ожени Јоханес Хан, ова е невестата appeared first on Република.

]]>

Австрискиот еврокомесар за буџет Јоханес Хан и поранешната вицеканцеларка Сузане Риес во петокот разменија завети.
„Вчера се венчавме со семејството и пријателите во Гут Ајдербихл и со нетрпение ја очекуваме заедничката иднина“, објави новопечениот пар.
Свадбата на Хан била истакнати гости а меѓу нив бил и поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц Невестата на своето презиме го додаде и она на сопргугот и сега е Риес-Хан. Тие се запознале преку заеднички пријатели и се во врска од 2015 година. Сузане има 61 година а Јоханес 64.

The post Се ожени Јоханес Хан, ова е невестата appeared first on Република.

]]>
Досега барем ни ветуваа датум: Преговорите со ЕУ се претворија во волја https://republika.mk/vesti/makedonija/dosega-barem-ni-vetuvaa-datum-pregovorite-so-eu-se-pretvorija-vo-volja/ Tue, 15 Mar 2022 16:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=473351

Високиот претставник за надворешна политика Жозеф Борел ги разби надежите дека Македонија може да почне преговори со ЕУ без да ги прифати бугарските барања. Тој без никави ракавици ни порача дека патот до преговори води преку Софија како до пред неколку години што во водеше преку Атина.

Иако Борел добро знае дека Македонија и Бугарија не се еднакви во преговорите и оти Софија ја поддршката од Брисел тој повика на договор со Бугарија иако добро ги знае позициите на бугарските власти.

Договор со Бугарија е речиси невозможен освен ако не се прифатат нивните барања дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и оти Македонците до 1944 година биле Буари. Се разбира и за нив најважното прашање дека Гоце Делчев е Бугарин.

На сево ова Борел имаше кус одоговор.

Не можам да ви ветам датум но можам да ви ветам волја.

ЕУ датумот се претвори во волја.

Ова е чекор назад во евроинтеграцијата на Македонија од 2005 досега. Минатите претставници барем нив ветуваа датум за преговори, се разбира штом го го решиме спорот со Грција.

Со таква порака доаѓаа во Скопје и претходничката на Борел, Федерика Могерини и добро познатиот Јоханес Хан.

Датум за почеток на преговорите за земјава уште летово, а отворање на преговарачките поглавја до крајот на годинава-говореше Хан во 2019 година.

И претходниците на Хан не беа ништо подобри но барем го споменуваа клучниот збор „датум“.

Еврокомесарот за проширување Оли Рен во декември 2007, на прашањето кога Македонија ќе добие датум запреговори раскажуваше вицови за композиторот Јан Сибелиус. Кога во шест часот сабајле жената го прашала кога ќе си дојде дома, Сибелиус ѝ одговорил: „Драга моја, јас не сум претскажувач, јас сум композитор“.

Подзаборавениот комесар за проширување Штефан Филе пак измисли некаков Пристапен дијалог на високо ниво кој требаше да помогне што поподготвени да го дочекаме датумот.

По сево ова, ЕУ не треба да се чуди што кај македонските граѓани се намалува ентузијазмот за членство. Македонија е се подалеку од ЕУ ,освен можеби за оптимистот Бујар Османи. Тој лабаво си промовира ново лого каде вели дека „Сега бил редот на ЕУ и оти и сонцето е звезда“.

Сонцето можеби е звезда но она македонското тешко дека во догледно време ќе се завиори во Брисел,министре Османи.

The post Досега барем ни ветуваа датум: Преговорите со ЕУ се претворија во волја appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник за надворешна политика Жозеф Борел ги разби надежите дека Македонија може да почне преговори со ЕУ без да ги прифати бугарските барања. Тој без никави ракавици ни порача дека патот до преговори води преку Софија како до пред неколку години што во водеше преку Атина. Иако Борел добро знае дека Македонија и Бугарија не се еднакви во преговорите и оти Софија ја поддршката од Брисел тој повика на договор со Бугарија иако добро ги знае позициите на бугарските власти. Договор со Бугарија е речиси невозможен освен ако не се прифатат нивните барања дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и оти Македонците до 1944 година биле Буари. Се разбира и за нив најважното прашање дека Гоце Делчев е Бугарин. На сево ова Борел имаше кус одоговор.
Не можам да ви ветам датум но можам да ви ветам волја.

ЕУ датумот се претвори во волја.

Ова е чекор назад во евроинтеграцијата на Македонија од 2005 досега. Минатите претставници барем нив ветуваа датум за преговори, се разбира штом го го решиме спорот со Грција. Со таква порака доаѓаа во Скопје и претходничката на Борел, Федерика Могерини и добро познатиот Јоханес Хан. Датум за почеток на преговорите за земјава уште летово, а отворање на преговарачките поглавја до крајот на годинава-говореше Хан во 2019 година. И претходниците на Хан не беа ништо подобри но барем го споменуваа клучниот збор „датум“. Еврокомесарот за проширување Оли Рен во декември 2007, на прашањето кога Македонија ќе добие датум запреговори раскажуваше вицови за композиторот Јан Сибелиус. Кога во шест часот сабајле жената го прашала кога ќе си дојде дома, Сибелиус ѝ одговорил: „Драга моја, јас не сум претскажувач, јас сум композитор“. Подзаборавениот комесар за проширување Штефан Филе пак измисли некаков Пристапен дијалог на високо ниво кој требаше да помогне што поподготвени да го дочекаме датумот. По сево ова, ЕУ не треба да се чуди што кај македонските граѓани се намалува ентузијазмот за членство. Македонија е се подалеку од ЕУ ,освен можеби за оптимистот Бујар Османи. Тој лабаво си промовира ново лого каде вели дека „Сега бил редот на ЕУ и оти и сонцето е звезда“. Сонцето можеби е звезда но она македонското тешко дека во догледно време ќе се завиори во Брисел,министре Османи.

The post Досега барем ни ветуваа датум: Преговорите со ЕУ се претворија во волја appeared first on Република.

]]>
Бесими-Хан: Поддршката од ЕУ значајна за одржлив економски раст https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-han-poddrshkata-od-eu-znachajna-za-odrzliv-ekonomski-rast/ Tue, 22 Feb 2022 13:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=461965

Зелената транзиција, енергетската ефикасност, зајакнувањето на човечкиот капитал како главни приоритети во следната тригодишна Програма на економски реформи, како и инвестициите поддржани со Интервентниот инвестициски план и можноста за нивно финансирање со поддршка од ЕУ, беа темите за коишто во Брисел разговараа министерот за финансии Фатмир Бесими и еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан.

Како што соопштија од министерството за финансии, Бесими потенцирал дека Програмата на економски реформи е испратена до Европската Комисија и оти приоритетите и мерките вклучени во неа се во линија со приоритетите и препораките на ЕК за земјата.

Поддршката што ја добиваме од ЕУ ќе ни помогне во побрзо опоравување од пандемијата која остави ефекти од невидени размени во економиите во светот. Притоа, инвестициските грантови, ќе помогнат во реализација на Интервентниот инвестициски план - истакнал министерот Бесими.

Тој посочил дека за да се искористат бенефитите од инвестициите поддржани со Интервентниот инвестициски план (ИИП) и за да може да се испорача одржлив економски раст, потребно е да се имплементираат реформите коишто заеднички се договорени во рамки на економскиот и финансискиот дијалог со ЕУ во рамки на Програмата на економски реформи.

Уште повеќе, Програмата на економски реформи треба да биде насока за одлуките за инвестиции опфатени со ИИП, како и за внимателно планирање и приоритизација на ресурсите - нагласил Бесими.

The post Бесими-Хан: Поддршката од ЕУ значајна за одржлив економски раст appeared first on Република.

]]>

Зелената транзиција, енергетската ефикасност, зајакнувањето на човечкиот капитал како главни приоритети во следната тригодишна Програма на економски реформи, како и инвестициите поддржани со Интервентниот инвестициски план и можноста за нивно финансирање со поддршка од ЕУ, беа темите за коишто во Брисел разговараа министерот за финансии Фатмир Бесими и еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан. Како што соопштија од министерството за финансии, Бесими потенцирал дека Програмата на економски реформи е испратена до Европската Комисија и оти приоритетите и мерките вклучени во неа се во линија со приоритетите и препораките на ЕК за земјата.