јенс столтенберг Archives - Република https://republika.mk/tema/jens-stoltenberg/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 09:16:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јенс столтенберг Archives - Република https://republika.mk/tema/jens-stoltenberg/ 32 32 Руте: НАТО ќе продолжи да ги брани нашите луѓе, земји и иднина https://republika.mk/vesti/svet/rute-nato-ke-prodolzhi-da-gi-brani-nashite-luge-zemji-i-idnina/ Tue, 01 Oct 2024 09:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=821267

Мораме да обезбедиме Украина да опстои како суверена демократска држава, да ги зголемиме издвојувањата за одбранбените трошоци и да зајакнеме нашата колективна одбрана, порача новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на церемонијата на примопредавање на должноста со досегашниот прв човек на Алијансата, Јенс Столтенберг во седиштето на Пактот во Брисел.

Но, една работа нема да се промени, а тоа е основната мисија на НАТО – да обезбедиме одбрана на нашите луѓе, на нашите земји и на нашата иднина, потенцира Руте.

Тој нагласи дека благодарение на Столтенберг, НАТО денес е посилен и пообединет од кога било досега.

За мене претставува голема чест да го нагледам на местото генерален секретар, додаде Руте.

Столтенберг, од своја страна, посакувајќи му добредојде на Руте, истакна дека во текот на својот 14-годишен мандат како холандски премиер тој покажал дека знае како да прави компромиси и да постигнува договори, што му дава одлични препораки за местото генерален секретар на НАТО.

Со него на чело, НАТО е во добри раце, додаде Столтенберг.

Досегашниот генерален секретар се осврна и на неговите постигнувања на чело на НАТО во изминатите 10 години, потенцирајќи го зајакнувањето на одбраната на Алијансата, пред се на нејзиното Источно крило, зголемувањето на бројот на сојузници кои одвојуваат најмалку два отсто од својот БДП за потребите на одбраната - од три во 2014 на 23 во 2024 година, приемот на четири нови членки - Македонија, Црна Гора, Финска и Шведска, како и засилената поддршката за Украина.

Значи НАТО се промени и Руте како премиер беше дел од тие промени, додаде Столтенберг.

Запрашан за случувањата во Либан, Столтенберг одговори дека НАТО ќе продолжи да ги поддржува напорите на своите членки и партнери за деескалација на состојбата, прекин на непријателства и изнаоѓање политичко решение, како во Либан, така и во Газа.

Во однос на очекувањата од претседателските избори во САД во ноември, Руте одговори дека не е загрижен околу изборниот исход, нагласувајќи дека добро ги познава и двајцата кандидати и има искуство во соработка со нив.

-Соработував со Доналд Трамп четири години. Тој не притискаше да трошиме повеќе (за одбраната) и успеа во тоа, бидејќи ние сега издвојуваме многу повеќе во споредба со 2017 година. Тој не притискаше (да внимаваме) на Кина и мислам дека беше во право, рече Руте,

Во однос на Камала Харис, Руте оцени дека таа вршела одлична работа како потпретседателка на САД и дека е многу почитувана.

Така што, можам да соработувам и со двајцата, заклучи Руте

The post Руте: НАТО ќе продолжи да ги брани нашите луѓе, земји и иднина appeared first on Република.

]]>

Мораме да обезбедиме Украина да опстои како суверена демократска држава, да ги зголемиме издвојувањата за одбранбените трошоци и да зајакнеме нашата колективна одбрана, порача новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на церемонијата на примопредавање на должноста со досегашниот прв човек на Алијансата, Јенс Столтенберг во седиштето на Пактот во Брисел. Но, една работа нема да се промени, а тоа е основната мисија на НАТО – да обезбедиме одбрана на нашите луѓе, на нашите земји и на нашата иднина, потенцира Руте. Тој нагласи дека благодарение на Столтенберг, НАТО денес е посилен и пообединет од кога било досега. За мене претставува голема чест да го нагледам на местото генерален секретар, додаде Руте. Столтенберг, од своја страна, посакувајќи му добредојде на Руте, истакна дека во текот на својот 14-годишен мандат како холандски премиер тој покажал дека знае како да прави компромиси и да постигнува договори, што му дава одлични препораки за местото генерален секретар на НАТО. Со него на чело, НАТО е во добри раце, додаде Столтенберг. Досегашниот генерален секретар се осврна и на неговите постигнувања на чело на НАТО во изминатите 10 години, потенцирајќи го зајакнувањето на одбраната на Алијансата, пред се на нејзиното Источно крило, зголемувањето на бројот на сојузници кои одвојуваат најмалку два отсто од својот БДП за потребите на одбраната - од три во 2014 на 23 во 2024 година, приемот на четири нови членки - Македонија, Црна Гора, Финска и Шведска, како и засилената поддршката за Украина. Значи НАТО се промени и Руте како премиер беше дел од тие промени, додаде Столтенберг. Запрашан за случувањата во Либан, Столтенберг одговори дека НАТО ќе продолжи да ги поддржува напорите на своите членки и партнери за деескалација на состојбата, прекин на непријателства и изнаоѓање политичко решение, како во Либан, така и во Газа. Во однос на очекувањата од претседателските избори во САД во ноември, Руте одговори дека не е загрижен околу изборниот исход, нагласувајќи дека добро ги познава и двајцата кандидати и има искуство во соработка со нив. -Соработував со Доналд Трамп четири години. Тој не притискаше да трошиме повеќе (за одбраната) и успеа во тоа, бидејќи ние сега издвојуваме многу повеќе во споредба со 2017 година. Тој не притискаше (да внимаваме) на Кина и мислам дека беше во право, рече Руте, Во однос на Камала Харис, Руте оцени дека таа вршела одлична работа како потпретседателка на САД и дека е многу почитувана. Така што, можам да соработувам и со двајцата, заклучи Руте

The post Руте: НАТО ќе продолжи да ги брани нашите луѓе, земји и иднина appeared first on Република.

]]>
Марк Руте официјално ја презема должноста генерален секретар на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/mark-rute-ofitsijalno-ja-prezema-dolzhnosta-generalen-sekretar-na-nato/ Tue, 01 Oct 2024 05:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=821191

На свечена церемонија во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се одржи примопредавање на должноста генерален секретар на Алијансата меѓу досегашниот вршител на ова функција Јенс Столтенберг и неговиот наследник Март Руте.

Со одржувањето на церемонијата, поранешниот холандски премиер Руте и официјално ќе ја преземе должноста генерален секретар на НАТО со мандат од пет години.

Церемонијата ќе започне со полагање венци Столтенберг и Руте на споменикот во кругот на седиштето на НАТО, по што ќе се одржи официјалното примопредавање на должноста и нивно обраќање до персоналот на Алијансата.

Руте официјално беше избран за нов генерален секретар на НАТО од страна на Северноатлантскиот совет на 26 јуни годинава, откако претходно доби поддршка од повеќето членки на Алијансата, вклучувајќи ги и САД, Германија, Франција и Велика Британија.

Инаку покрај Руте, во трка за наследник на Столтенберг беше и романскиот претседател Клаус Јоханис, но тој ја повлече својата кандидатура уште пред заседанието на Северноатлантскиот совет.

Како предизвици со кои ќе се соочи Руте во неговиот мандат се посочуваат можното враќање на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, очекуваното постепено насочување на Вашингтон кон Азија независно кој ќе победи на претседателските избори во ноември, војната во Украина и евентуалното нејзино зачленување во НАТО, руската закана во следниот период, зајакнувањето на противвоздушната одбрана на Алијансата, зголемување на инвестициите во одбраната од страна на земјите членки и справувањето со растечкото глобално влијание на Кина.

Во пресрет на напуштањето на функцијата, Столтенберг во колумна за „НАТО Ривју“ се осврна на резултатите од неговото 10-годишно раководење со Алијансата и на предизвиците со кои се соочи Пактот во период, како руската агресија врз Украина, зголемувањето на глобалната конкуренција, тероризмот, кибер нападите и климатските промени, кои, според него, го променија безбедносен пејзаж и начинот на функционирање на НАТО.

Како најзначајни промени во тој правец Столтенберг ги посочи зајакнувањето на одбранбената способност на НАТО, зголемувањето на производството на воената индустрија, растот на средствата што членките ги одвојуваат за одбраната, проширувањето на Алијансата со четири нови земји – Црна Гора, Македонија, Финска и Шведска, продлабочување на партнерствата со ЕУ и државите од Индо-пацифичкиот регион и од јужно соседство и зацврстување на капацитетите за справување со новите предизвици.

Според Столтенберг, петте научени лекции за време на неговиот мандат, кои се клучни за континуиран успех на НАТО, се дека безбедноста не е бесплатна, дека слободата е повредна од слободната трговија, дека одржувањето на моќна воена сила е предуслов за дијалог, дека воената моќ има свои граници и дека сојузништвото меѓу Европа и Северна Америка е суштинско за мирот и безбедност и за сегашните и за идните генерации.

The post Марк Руте официјално ја презема должноста генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

На свечена церемонија во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се одржи примопредавање на должноста генерален секретар на Алијансата меѓу досегашниот вршител на ова функција Јенс Столтенберг и неговиот наследник Март Руте. Со одржувањето на церемонијата, поранешниот холандски премиер Руте и официјално ќе ја преземе должноста генерален секретар на НАТО со мандат од пет години. Церемонијата ќе започне со полагање венци Столтенберг и Руте на споменикот во кругот на седиштето на НАТО, по што ќе се одржи официјалното примопредавање на должноста и нивно обраќање до персоналот на Алијансата. Руте официјално беше избран за нов генерален секретар на НАТО од страна на Северноатлантскиот совет на 26 јуни годинава, откако претходно доби поддршка од повеќето членки на Алијансата, вклучувајќи ги и САД, Германија, Франција и Велика Британија. Инаку покрај Руте, во трка за наследник на Столтенберг беше и романскиот претседател Клаус Јоханис, но тој ја повлече својата кандидатура уште пред заседанието на Северноатлантскиот совет. Како предизвици со кои ќе се соочи Руте во неговиот мандат се посочуваат можното враќање на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, очекуваното постепено насочување на Вашингтон кон Азија независно кој ќе победи на претседателските избори во ноември, војната во Украина и евентуалното нејзино зачленување во НАТО, руската закана во следниот период, зајакнувањето на противвоздушната одбрана на Алијансата, зголемување на инвестициите во одбраната од страна на земјите членки и справувањето со растечкото глобално влијание на Кина. Во пресрет на напуштањето на функцијата, Столтенберг во колумна за „НАТО Ривју“ се осврна на резултатите од неговото 10-годишно раководење со Алијансата и на предизвиците со кои се соочи Пактот во период, како руската агресија врз Украина, зголемувањето на глобалната конкуренција, тероризмот, кибер нападите и климатските промени, кои, според него, го променија безбедносен пејзаж и начинот на функционирање на НАТО. Како најзначајни промени во тој правец Столтенберг ги посочи зајакнувањето на одбранбената способност на НАТО, зголемувањето на производството на воената индустрија, растот на средствата што членките ги одвојуваат за одбраната, проширувањето на Алијансата со четири нови земји – Црна Гора, Македонија, Финска и Шведска, продлабочување на партнерствата со ЕУ и државите од Индо-пацифичкиот регион и од јужно соседство и зацврстување на капацитетите за справување со новите предизвици. Според Столтенберг, петте научени лекции за време на неговиот мандат, кои се клучни за континуиран успех на НАТО, се дека безбедноста не е бесплатна, дека слободата е повредна од слободната трговија, дека одржувањето на моќна воена сила е предуслов за дијалог, дека воената моќ има свои граници и дека сојузништвото меѓу Европа и Северна Америка е суштинско за мирот и безбедност и за сегашните и за идните генерации.

The post Марк Руте официјално ја презема должноста генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
Столтенберг во посета на САД https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-vo-poseta-na-sad/ Mon, 23 Sep 2024 09:00:14 +0000 https://republika.mk/?p=818910

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од денеска до петок ќе престојува во САД, при што ќе учествува на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации.

Како што соопшти денеска НАТО, предвидено е за време на престојот во Њујорк, Столтенберг да се сретне со повеќе светски лидери и високи претставници.

Покрај ова, тој денеска ќе учествува на Годишниот самит на невладината организација Конкордија за 2024 година, а утре ќе присуствува на трансатлантската вечера, што ја организира американскиот државен секретар на Ентони Блинкен за министри од Европа и Северна Америка.

В среда Столтенберг ќе присуствува на одбележувањето на 20-годишнината од Истанбулската иницијатива за соработка на НАТО за соработка со арапските земји од Персискиот Залив, чиј домаќин е Кувај, а в четврток ќе учествува на дебата во тинк-тенк организацијата Совет за надворешни односи.

The post Столтенберг во посета на САД appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од денеска до петок ќе престојува во САД, при што ќе учествува на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации. Како што соопшти денеска НАТО, предвидено е за време на престојот во Њујорк, Столтенберг да се сретне со повеќе светски лидери и високи претставници. Покрај ова, тој денеска ќе учествува на Годишниот самит на невладината организација Конкордија за 2024 година, а утре ќе присуствува на трансатлантската вечера, што ја организира американскиот државен секретар на Ентони Блинкен за министри од Европа и Северна Америка. В среда Столтенберг ќе присуствува на одбележувањето на 20-годишнината од Истанбулската иницијатива за соработка на НАТО за соработка со арапските земји од Персискиот Залив, чиј домаќин е Кувај, а в четврток ќе учествува на дебата во тинк-тенк организацијата Совет за надворешни односи.

The post Столтенберг во посета на САД appeared first on Република.

]]>
Во последниот говор како Генсек на НАТО Столтенберг ги предупредува Европејците и Американците на опасноста од изолационизам https://republika.mk/vesti/svet/vo-posledniot-govor-kako-gensek-na-nato-stoltenberg-gi-predupreduva-evropejtsite-i-amerikantsite-na-opasnosta-od-izolatsionizam/ Thu, 19 Sep 2024 12:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=817812

Генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, ги предупреди Европејците и Американците на искушението на „изолационизмот“ во неговиот проштален говор што ќе го одржи денеска, пред неговото заминување од чело на Алијансата во октомври.

По десет години на чело на оваа организација, поранешниот норвешки премиер ја напушта оваа важна функција, а на негово место доаѓа поранешниот холандски премиер Марк Руте.

На двете страни на Атлантикот се кренаа гласови кои повикуваат Америка и Европа да одат по својот пат... изолационизмот нема да гарантира безбедност за никого, се наведува во говорот на Столтенберг, чии делови претходно објавува прес службата на НАТО.

Концентрирањето на краткорочните национални интереси за сметка на долгорочната соработка нема да биде во наша корист, предупредува Столтенберг.

Претседателскиот кандидат на американските републиканци, Доналд Трамп, постојано ги критикуваше европските сојузници дека се „лоши плаќачи“, па дури и се закани дека доколку не придонесат доволно во финансирањето на Алијансата, ќе бидат оставени да се грижат сами за себе доколку и тие бидат нападнати од Русија.

Важноста на Атлантската алијанса е доведена во прашање. Таа се нарекуваше поделена, застарена, „во мозочна смрт“. Но, реалноста е дека НАТО е посилен и поважен од кога било, рече Столтенберг во својот последен говор како генерален секретар на организацијата

The post Во последниот говор како Генсек на НАТО Столтенберг ги предупредува Европејците и Американците на опасноста од изолационизам appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, ги предупреди Европејците и Американците на искушението на „изолационизмот“ во неговиот проштален говор што ќе го одржи денеска, пред неговото заминување од чело на Алијансата во октомври. По десет години на чело на оваа организација, поранешниот норвешки премиер ја напушта оваа важна функција, а на негово место доаѓа поранешниот холандски премиер Марк Руте. На двете страни на Атлантикот се кренаа гласови кои повикуваат Америка и Европа да одат по својот пат... изолационизмот нема да гарантира безбедност за никого, се наведува во говорот на Столтенберг, чии делови претходно објавува прес службата на НАТО. Концентрирањето на краткорочните национални интереси за сметка на долгорочната соработка нема да биде во наша корист, предупредува Столтенберг. Претседателскиот кандидат на американските републиканци, Доналд Трамп, постојано ги критикуваше европските сојузници дека се „лоши плаќачи“, па дури и се закани дека доколку не придонесат доволно во финансирањето на Алијансата, ќе бидат оставени да се грижат сами за себе доколку и тие бидат нападнати од Русија. Важноста на Атлантската алијанса е доведена во прашање. Таа се нарекуваше поделена, застарена, „во мозочна смрт“. Но, реалноста е дека НАТО е посилен и поважен од кога било, рече Столтенберг во својот последен говор како генерален секретар на организацијата

The post Во последниот говор како Генсек на НАТО Столтенберг ги предупредува Европејците и Американците на опасноста од изолационизам appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: НАТО можеше да стори повеќе за да ја спречи војната во Украина https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-nato-mozheshe-da-stori-poveke-za-da-ja-sprechi-vojnata-vo-ukraina/ Sat, 14 Sep 2024 12:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=816318

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за Франфуртер алгемајне цајтунг изјави дека Алијансата можела да направи многу повеќе за да ја вооружи Украина и да ја спречи руската инвазија во 2022 година.

На прашањето кој му бил најтежок ден во неговиот десетгодишен мандат како шеф на НАТО, Столтенберг одговори дека тоа бил 24 февруари 2022 година, денот кога Русија ја нападна Украина. Тој нагласи дека конфликтот на Москва со Киев не започнал во 2022 година, туку во 2014 година со анексијата на Крим.

Ако Украина беше воено посилна, Русија можеби би била попретпазлива пред нападот, иако не можеме со сигурност да кажеме дали тоа ќе било доволно. Во 2015 година, при мојата прва посета на Украина, ја посетив обуката на војници од страна на САД, Канада и Британија, но НАТО не беше вклучен. Нашата обука и опрема беа ограничени. Можевме да направиме многу повеќе, изјави Столтенберг.

Како најзначаен ден во неговата кариера го нагласи пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО.

Според него, НАТО не бил подготвен да обезбеди оружје што Киев го побарал пред руската инвазија поради стравот дека тензиите со Русија ќе ескалираат.

Денес и даваме оружје на Украина за време на војна, но тогаш можевме да ја вооружиме за да спречиме војна, истакна Столтенберг.

The post Столтенберг: НАТО можеше да стори повеќе за да ја спречи војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за Франфуртер алгемајне цајтунг изјави дека Алијансата можела да направи многу повеќе за да ја вооружи Украина и да ја спречи руската инвазија во 2022 година. На прашањето кој му бил најтежок ден во неговиот десетгодишен мандат како шеф на НАТО, Столтенберг одговори дека тоа бил 24 февруари 2022 година, денот кога Русија ја нападна Украина. Тој нагласи дека конфликтот на Москва со Киев не започнал во 2022 година, туку во 2014 година со анексијата на Крим. Ако Украина беше воено посилна, Русија можеби би била попретпазлива пред нападот, иако не можеме со сигурност да кажеме дали тоа ќе било доволно. Во 2015 година, при мојата прва посета на Украина, ја посетив обуката на војници од страна на САД, Канада и Британија, но НАТО не беше вклучен. Нашата обука и опрема беа ограничени. Можевме да направиме многу повеќе, изјави Столтенберг. Како најзначаен ден во неговата кариера го нагласи пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО. Според него, НАТО не бил подготвен да обезбеди оружје што Киев го побарал пред руската инвазија поради стравот дека тензиите со Русија ќе ескалираат. Денес и даваме оружје на Украина за време на војна, но тогаш можевме да ја вооружиме за да спречиме војна, истакна Столтенберг.

The post Столтенберг: НАТО можеше да стори повеќе за да ја спречи војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Столтенберг ја одобрува украинската офанзива во Русија https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-ja-odobruva-ukrainskata-ofanziva-vo-rusija/ Sat, 31 Aug 2024 07:13:50 +0000 https://republika.mk/?p=811718

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека ја одобрува офанзивата на Украина во регионот Курск во Русија, наведувајќи го правото на Киев да се брани.

- Руските војници, тенкови и воени бази се легитимни цели според меѓународното право, вели Столтенберг за германскиот весник „Ди Велт“.

Правото на самоодбрана на Украина, која беше нападната од Русија пред повеќе од 900 дена, „не застанува на границата“, смета генералниот секретар на НАТО.

Според него, украинската контраофанзива не била планирана со НАТО и Алијансата нема никаква улога.

- Сепак, НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина со снабдување со оружје и опрема од витално значење за да се спречи руската инвазија, додаде Столтенберг.

The post Столтенберг ја одобрува украинската офанзива во Русија appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека ја одобрува офанзивата на Украина во регионот Курск во Русија, наведувајќи го правото на Киев да се брани. - Руските војници, тенкови и воени бази се легитимни цели според меѓународното право, вели Столтенберг за германскиот весник „Ди Велт“.
Правото на самоодбрана на Украина, која беше нападната од Русија пред повеќе од 900 дена, „не застанува на границата“, смета генералниот секретар на НАТО.
Според него, украинската контраофанзива не била планирана со НАТО и Алијансата нема никаква улога. - Сепак, НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина со снабдување со оружје и опрема од витално значење за да се спречи руската инвазија, додаде Столтенберг.

The post Столтенберг ја одобрува украинската офанзива во Русија appeared first on Република.

]]>
Столтенберг не исклучува дека Русија може да победи во војната со Украина https://republika.mk/vesti/svet/stoltenber-ne-iskluchuva-deka-rusija-mozhe-da-pobedi-vo-vojnata-so-ukraina/ Mon, 08 Jul 2024 06:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=794364

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека војната во Украина покажува колку тесно соработуваат Русија, Кина, Северна Кореја и Иран.

Тој нагласи дека Кина значително ја помага руската агресија во Украина. - Сите тие сакаат НАТО и САД да доживеат неуспех во Украина. Ако Путин победи во Украина, тоа не само што ќе го охрабри претседателот Путин, туку и претседателот Си (Џинпинг). Како што рече јапонскиот премиер: Она што се случува во Украина денес може да се случи утре во Азија, потенцираше Столтенберг.

Тој посочи дека присуството на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја на Самитот на НАТО, кој се одржува од 9 до 11 јули во Вашингтон, покажува дека светот станува сѐ покомплексен, пренесува Политико.

Ние носиме важни одлуки за зголемување на поддршката за Украина, а НАТО ќе го преземе обезбедувањето и координацијата на безбедносната помош за Украина, посочи Столтенберг. Тој истакна дека не е вознемирен од неодамнешната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Москва, каде што се сретна со Путин како дел од „мировната мисија“. - За мене е важно сите сојузници да се согласат дека мораме да направиме повеќе за Украина,“ рече Столтенберг, нагласувајќи дека Алијансата нема да поддржи мир што ќе дозволи продолжување на окупацијата на украинската територија од страна на руските сили.

Претстојниот ќе биде последен Самит под водство на Столтенберг, кој наесен ќе биде наследен од поранешниот холандски премиер Марк Руте.

The post Столтенберг не исклучува дека Русија може да победи во војната со Украина appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека војната во Украина покажува колку тесно соработуваат Русија, Кина, Северна Кореја и Иран. Тој нагласи дека Кина значително ја помага руската агресија во Украина. - Сите тие сакаат НАТО и САД да доживеат неуспех во Украина. Ако Путин победи во Украина, тоа не само што ќе го охрабри претседателот Путин, туку и претседателот Си (Џинпинг). Како што рече јапонскиот премиер: Она што се случува во Украина денес може да се случи утре во Азија, потенцираше Столтенберг. Тој посочи дека присуството на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја на Самитот на НАТО, кој се одржува од 9 до 11 јули во Вашингтон, покажува дека светот станува сѐ покомплексен, пренесува Политико.
Ние носиме важни одлуки за зголемување на поддршката за Украина, а НАТО ќе го преземе обезбедувањето и координацијата на безбедносната помош за Украина, посочи Столтенберг. Тој истакна дека не е вознемирен од неодамнешната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Москва, каде што се сретна со Путин како дел од „мировната мисија“. - За мене е важно сите сојузници да се согласат дека мораме да направиме повеќе за Украина,“ рече Столтенберг, нагласувајќи дека Алијансата нема да поддржи мир што ќе дозволи продолжување на окупацијата на украинската територија од страна на руските сили.
Претстојниот ќе биде последен Самит под водство на Столтенберг, кој наесен ќе биде наследен од поранешниот холандски премиер Марк Руте.

The post Столтенберг не исклучува дека Русија може да победи во војната со Украина appeared first on Република.

]]>
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-se-nadeva-deka-ukraina-mozhe-da-se-prikluchi-na-alijansata-vo-slednite-10-godini/ Fri, 05 Jul 2024 09:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=793725

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази надеж дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следната деценија.

Силно се надевам дека Украина ќе биде сојузник, рече тој во интервју за ДПА, одговарајќи на прашање за можно проширување на НАТО во следните 10 години.

Генералниот секретар во заминување зборуваше пред самитот на лидерите на НАТО во Вашингтон, каде што алијансата ја прославува својата 75-годишнина и треба да објави нова поддршка за Украина.

Столтенберг ги повика сојузниците од НАТО да и достават на Украина повеќе воена помош за да се победи руската инвазија. „Колку е посилна нашата поддршка, толку побрзо оваа војна може да заврши“, рече тој.

Тоа е парадоксот. Колку повеќе се обврзуваме на долги патеки, толку побрзо војната може да заврши. Затоа што сега (рускиот претседател Владимир) Путин верува дека е доволно само да чека, додаде тој.

Коментарите за проширување на Столтенберг пред самитот во Вашингтон се во согласност со ставовите на сојузниците кои сметаат на брз напредок за да ја примат Украина, што всушност беше начелно договорено уште во 2008 година.

Меѓутоа, ова прашање е контроверзно во НАТО. Не постои распоред за да се дозволи Украина да се приклучи и нема официјална покана.

Алијансата бара консензус за да ја покани Украина да се приклучи, а Германија и САД јасно ставија до знаење дека се против тоа додека земјата е нападната од Русија.

Во декларацијата од самитот на лидерите на НАТО минатата година во Вилнус само се вели дека покана ќе биде испратена кога сојузниците „ќе се согласат и ќе се исполнат условите“.

Во Декларацијата на НАТО се истакнаа демократските реформи и реформите во безбедносниот сектор на Украина како примери за тие услови.

The post Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази надеж дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следната деценија. Силно се надевам дека Украина ќе биде сојузник, рече тој во интервју за ДПА, одговарајќи на прашање за можно проширување на НАТО во следните 10 години. Генералниот секретар во заминување зборуваше пред самитот на лидерите на НАТО во Вашингтон, каде што алијансата ја прославува својата 75-годишнина и треба да објави нова поддршка за Украина. Столтенберг ги повика сојузниците од НАТО да и достават на Украина повеќе воена помош за да се победи руската инвазија. „Колку е посилна нашата поддршка, толку побрзо оваа војна може да заврши“, рече тој. Тоа е парадоксот. Колку повеќе се обврзуваме на долги патеки, толку побрзо војната може да заврши. Затоа што сега (рускиот претседател Владимир) Путин верува дека е доволно само да чека, додаде тој. Коментарите за проширување на Столтенберг пред самитот во Вашингтон се во согласност со ставовите на сојузниците кои сметаат на брз напредок за да ја примат Украина, што всушност беше начелно договорено уште во 2008 година. Меѓутоа, ова прашање е контроверзно во НАТО. Не постои распоред за да се дозволи Украина да се приклучи и нема официјална покана. Алијансата бара консензус за да ја покани Украина да се приклучи, а Германија и САД јасно ставија до знаење дека се против тоа додека земјата е нападната од Русија. Во декларацијата од самитот на лидерите на НАТО минатата година во Вилнус само се вели дека покана ќе биде испратена кога сојузниците „ќе се согласат и ќе се исполнат условите“. Во Декларацијата на НАТО се истакнаа демократските реформи и реформите во безбедносниот сектор на Украина како примери за тие услови.

The post Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години appeared first on Република.

]]>
Столтенберг се надева дека сите членки на НАТО ќе ги исполнат своите обврски https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-se-nadeva-deka-site-chlenki-na-nato-ke-gi-ispolnat-svoite-obvrski/ Mon, 17 Jun 2024 18:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=788518

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази очекување дека земјите-членки на Алијансата годинава ќе ги исполнат сите планирани воени трошоци за потребите на западната воена алијанса.

Бројката, која Столтенберг ја соопшти за време на разговорот во Конгресниот центар Вудро-Вилсон во Вашингтон, е речиси четири пати поголема споредено со издвојувањата во 2021 година.

Членките на НАТО минатата година се согласија да издвојат најмалку два отсто од својот бруто-домашен производ за потребите на заедничкиот одбранбен систем

The post Столтенберг се надева дека сите членки на НАТО ќе ги исполнат своите обврски appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази очекување дека земјите-членки на Алијансата годинава ќе ги исполнат сите планирани воени трошоци за потребите на западната воена алијанса. Бројката, која Столтенберг ја соопшти за време на разговорот во Конгресниот центар Вудро-Вилсон во Вашингтон, е речиси четири пати поголема споредено со издвојувањата во 2021 година. Членките на НАТО минатата година се согласија да издвојат најмалку два отсто од својот бруто-домашен производ за потребите на заедничкиот одбранбен систем

The post Столтенберг се надева дека сите членки на НАТО ќе ги исполнат своите обврски appeared first on Република.

]]>
Столтенберг се консултирал и со Македонија за вадење на нуклеарното оружје од складиштата https://republika.mk/vesti/svet/stoltenber-se-konsultiral-i-so-makedonija-za-vadene-na-nuklearnoto-oruzhje-od-skladishtata/ Mon, 17 Jun 2024 06:53:59 +0000 https://republika.mk/?p=788276

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за вадење на нуклеарното оружје од складиштето, негово распоредување и ставање во состојба на готовност.

-НАТО разговара за распоредување на повеќе нуклеарно оружје соочени со зголемената закана од Русија и Кина, изјави Столтенберг за британски Телеграф.

Според него, Алијансата мора да го покаже својот нуклеарен арсенал за да испрати директна порака до своите противници.

-Нема да навлегувам во оперативните детали за тоа колку нуклеарни боеви глави треба да бидат оперативни, но мора да се консултираме за овие прашања. Токму тоа го правиме, рече Столтенберг.

Тој посочи дека транспарентноста за нуклеарното оружје треба да биде еден од основите на нуклеарната стратегија на НАТО во подготовката на Алијансата за, како што рече, поопасен свет.

-Транспарентноста помага да се пренесе директна порака дека ние, се разбира, сме нуклеарна алијанса. Целта на НАТО е, се разбира, свет без нуклеарно оружје, но се додека има нуклеарно оружје, ние ќе останеме нуклеарна алијанса, рече Столтенберг.

Според него, Кина особено инвестира во модерно оружје, вклучувајќи го и нејзиниот нуклеарен арсенал, кој, според него, до 2030 година ќе порасне на 1.000 боеви глави.

-А тоа значи дека во не толку далечна иднина НАТО би можел да се соочи со нешто со кое никогаш досега не се соочил, а тоа се два потенцијални противници со нуклеарно оружје, Кина и Русија, рече Столтенберг

The post Столтенберг се консултирал и со Македонија за вадење на нуклеарното оружје од складиштата appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за вадење на нуклеарното оружје од складиштето, негово распоредување и ставање во состојба на готовност.
-НАТО разговара за распоредување на повеќе нуклеарно оружје соочени со зголемената закана од Русија и Кина, изјави Столтенберг за британски Телеграф.
Според него, Алијансата мора да го покаже својот нуклеарен арсенал за да испрати директна порака до своите противници.
-Нема да навлегувам во оперативните детали за тоа колку нуклеарни боеви глави треба да бидат оперативни, но мора да се консултираме за овие прашања. Токму тоа го правиме, рече Столтенберг.
Тој посочи дека транспарентноста за нуклеарното оружје треба да биде еден од основите на нуклеарната стратегија на НАТО во подготовката на Алијансата за, како што рече, поопасен свет.
-Транспарентноста помага да се пренесе директна порака дека ние, се разбира, сме нуклеарна алијанса. Целта на НАТО е, се разбира, свет без нуклеарно оружје, но се додека има нуклеарно оружје, ние ќе останеме нуклеарна алијанса, рече Столтенберг.
Според него, Кина особено инвестира во модерно оружје, вклучувајќи го и нејзиниот нуклеарен арсенал, кој, според него, до 2030 година ќе порасне на 1.000 боеви глави. -А тоа значи дека во не толку далечна иднина НАТО би можел да се соочи со нешто со кое никогаш досега не се соочил, а тоа се два потенцијални противници со нуклеарно оружје, Кина и Русија, рече Столтенберг

The post Столтенберг се консултирал и со Македонија за вадење на нуклеарното оружје од складиштата appeared first on Република.

]]>
Столтенберг на самит во Рига: НАТО има сила, ресурси, способност и политичка волја да ја заштити секоја земја-членка https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-na-samit-vo-riga-nato-ima-sila-resursi-sposobnost-i-politichka-volja-da-ja-zashtiti-sekoja-zemja-chlenka/ Tue, 11 Jun 2024 15:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=786631

НАТО има сила, ресурси, можности и политичка волја да ја заштити секоја своја земја-членка, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во летонската престолнина Рига, каде што учествуваше на самитот на форматот Б9.

Во овој регионален форум за консултации и дијалог за безбедносни прашања, познат и како Букурештка четворка, учествуваат Естонија, Летонија, Литванија, Бугарија, Романија, Словачка, Унгарија, Чешка и Полска.

Целта што ја следиме е најмалку две третини од земјите-членки на нашата Алијанса да потрошат најмалку два отсто од својот бруто домашен производ за одбрана, истакна Столтенберг за време на неговиот воведен говор заедно со домаќинот на настанот - летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс.

Тој изјави дека „порано или подоцна, Украина ќе влезе во НАТО“, по што го одликува Столтенберг со највисоката државна награда на Летонија - Орденот на трите ѕвезди.

Словачка и Унгарија не се претставени од нивните претседатели во Рига, а на средбата се присутни амбасадорите на двете земји.

The post Столтенберг на самит во Рига: НАТО има сила, ресурси, способност и политичка волја да ја заштити секоја земја-членка appeared first on Република.

]]>

НАТО има сила, ресурси, можности и политичка волја да ја заштити секоја своја земја-членка, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во летонската престолнина Рига, каде што учествуваше на самитот на форматот Б9.
Во овој регионален форум за консултации и дијалог за безбедносни прашања, познат и како Букурештка четворка, учествуваат Естонија, Летонија, Литванија, Бугарија, Романија, Словачка, Унгарија, Чешка и Полска.
Целта што ја следиме е најмалку две третини од земјите-членки на нашата Алијанса да потрошат најмалку два отсто од својот бруто домашен производ за одбрана, истакна Столтенберг за време на неговиот воведен говор заедно со домаќинот на настанот - летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс.
Тој изјави дека „порано или подоцна, Украина ќе влезе во НАТО“, по што го одликува Столтенберг со највисоката државна награда на Летонија - Орденот на трите ѕвезди. Словачка и Унгарија не се претставени од нивните претседатели во Рига, а на средбата се присутни амбасадорите на двете земји.

The post Столтенберг на самит во Рига: НАТО има сила, ресурси, способност и политичка волја да ја заштити секоја земја-членка appeared first on Република.

]]>
Столтенберг го повтори повикот до членките на НАТО да и дозволат на Украина да гаѓа внатре во Русија https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-go-povtori-povikot-do-chlenkite-na-nato-da-i-dozvolat-na-ukraina-da-gaga-vnatre-vo-rusija/ Thu, 30 May 2024 16:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=783288

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека „дојде време“ членките на Алијансата да преиспитаат одредени ограничувања во однос на употребата на оружјето доставено до Украина, додека сојузниците остануваат поделени кога се работи за употребата од нивното оружје на цели во Русија.

Столтенберг го изјави ова за време на неформалниот состанок на шефовите на дипломатииите на земјите членки на НАТО во Прага, пред самитот на Алијансата во јули во Вашингтон.

Првиот човек на НАТО, во заминување, минатата недела во интервју за „Економист“ ги повика сојузниците да ја повлечат забраната Украина да го користи оружјето на Алијансата при напади врз воени цели на територијата на Руската Федерација.

„Економист“ наведе дека јасната, иако неименувана цел , на Столтенберг беше „политиката на американскиот претседател Џо Бајден“, со која тој ги одредува целите што Украина може да ги нападне со американско оружје.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неколку пати апелираше до западните сојузници да дозволат да се користи донираното оружје на цели во Русија, особено по напредувањето на руските трупи во регионот Харков.

Британските медиуми пренесуваат дека членките се поделени, а меѓу некои сојузници постои страв дека таквото одобрение може да го вовлече НАТО во директен конфликт со Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно предупреди дека малите европски земји ќе претрпат „сериозни последици“ доколку оружјето на НАТО погоди цели во Руската Федерација.

The post Столтенберг го повтори повикот до членките на НАТО да и дозволат на Украина да гаѓа внатре во Русија appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека „дојде време“ членките на Алијансата да преиспитаат одредени ограничувања во однос на употребата на оружјето доставено до Украина, додека сојузниците остануваат поделени кога се работи за употребата од нивното оружје на цели во Русија. Столтенберг го изјави ова за време на неформалниот состанок на шефовите на дипломатииите на земјите членки на НАТО во Прага, пред самитот на Алијансата во јули во Вашингтон. Првиот човек на НАТО, во заминување, минатата недела во интервју за „Економист“ ги повика сојузниците да ја повлечат забраната Украина да го користи оружјето на Алијансата при напади врз воени цели на територијата на Руската Федерација. „Економист“ наведе дека јасната, иако неименувана цел , на Столтенберг беше „политиката на американскиот претседател Џо Бајден“, со која тој ги одредува целите што Украина може да ги нападне со американско оружје. Украинскиот претседател Володимир Зеленски неколку пати апелираше до западните сојузници да дозволат да се користи донираното оружје на цели во Русија, особено по напредувањето на руските трупи во регионот Харков. Британските медиуми пренесуваат дека членките се поделени, а меѓу некои сојузници постои страв дека таквото одобрение може да го вовлече НАТО во директен конфликт со Русија. Рускиот претседател Владимир Путин претходно предупреди дека малите европски земји ќе претрпат „сериозни последици“ доколку оружјето на НАТО погоди цели во Руската Федерација.

The post Столтенберг го повтори повикот до членките на НАТО да и дозволат на Украина да гаѓа внатре во Русија appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Киев има „врзани раце“ бидејќи не смее да ја нападне Русија со оружје од западните сојузници https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-kiev-ima-vrzani-ratse-bidejki-ne-smee-da-ja-napadne-rusija-so-oruzhje-od-zapadnite-sojuznitsi/ Mon, 27 May 2024 11:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=782080

„Рацете на Украина се врзани“ поради ограничувањата за користење на оружјето што го добива од нејзините западни сојузници за напад на руска територија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Неколку земји ја ограничија употребата на оружје доставено до Украина само на нејзина територија, вклучително и Крим и Донбас, но им забранија да напаѓаат руска територија.

Затоа на Украинците им се врзани рацете и тоа многу ја отежнува одбраната, изјави Столтенберг на почетокот на состанокот на НАТО во Софија.

Мислам дека е време да се преиспитаат некои од тие ограничувања, рече Столтенберг бидејќи, како што истакна, Киев „има право да се брани“ и „има право да напаѓа легитимни воени цели надвор од Украина“.

САД, главниот снабдувач на воена помош за Украина, и Германија и некои други европски земји, не се за тоа да се дава оружје без никакви ограничувања. Меѓутоа, американскиот државен секретар Ентони Блинкен неодамна во Киев изјави дека Украина треба самата да одлучи како ќе го користи оружјето.

Не охрабрувавме напади надвор од Украина, но на крајот на денот останува на Украина да донесе одлуки за тоа како да се води оваа војна, рече Блинкен.

The post Столтенберг: Киев има „врзани раце“ бидејќи не смее да ја нападне Русија со оружје од западните сојузници appeared first on Република.

]]>

„Рацете на Украина се врзани“ поради ограничувањата за користење на оружјето што го добива од нејзините западни сојузници за напад на руска територија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Неколку земји ја ограничија употребата на оружје доставено до Украина само на нејзина територија, вклучително и Крим и Донбас, но им забранија да напаѓаат руска територија. Затоа на Украинците им се врзани рацете и тоа многу ја отежнува одбраната, изјави Столтенберг на почетокот на состанокот на НАТО во Софија. Мислам дека е време да се преиспитаат некои од тие ограничувања, рече Столтенберг бидејќи, како што истакна, Киев „има право да се брани“ и „има право да напаѓа легитимни воени цели надвор од Украина“. САД, главниот снабдувач на воена помош за Украина, и Германија и некои други европски земји, не се за тоа да се дава оружје без никакви ограничувања. Меѓутоа, американскиот државен секретар Ентони Блинкен неодамна во Киев изјави дека Украина треба самата да одлучи како ќе го користи оружјето. Не охрабрувавме напади надвор од Украина, но на крајот на денот останува на Украина да донесе одлуки за тоа како да се води оваа војна, рече Блинкен.

The post Столтенберг: Киев има „врзани раце“ бидејќи не смее да ја нападне Русија со оружје од западните сојузници appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: НАТО нема да испрати војници во Украина за да не стане дел од конфликтот https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-nato-nema-da-isprati-vojnitsi-vo-ukraina-za-da-ne-stane-del-od-konfliktot/ Sat, 25 May 2024 16:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=781681

Северноатлантската алијанса ќе ја зголеми поддршката за Украина, но нема да испрати војници во земјата за да не стане „дел од конфликтот“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Иако ја зголемуваме поддршката за Украина за да се одбрани, не планираме да испратиме војници на НАТО во Украина, ниту да ја прошириме воздушната одбрана на НАТО во Украина. НАТО нема да стане дел од конфликтот“, рече Столтенберг во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.

Според него, теоретски би било можно да се соборат руски ракети од териториите на Полска или Романија со помош на „Патриот“.

The post Столтенберг: НАТО нема да испрати војници во Украина за да не стане дел од конфликтот appeared first on Република.

]]>

Северноатлантската алијанса ќе ја зголеми поддршката за Украина, но нема да испрати војници во земјата за да не стане „дел од конфликтот“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Иако ја зголемуваме поддршката за Украина за да се одбрани, не планираме да испратиме војници на НАТО во Украина, ниту да ја прошириме воздушната одбрана на НАТО во Украина. НАТО нема да стане дел од конфликтот“, рече Столтенберг во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.
Според него, теоретски би било можно да се соборат руски ракети од териториите на Полска или Романија со помош на „Патриот“.

The post Столтенберг: НАТО нема да испрати војници во Украина за да не стане дел од конфликтот appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-ukraina-i-natamu-mozhe-da-ja-dobie-vojnata-protiv-rusija/ Fri, 26 Apr 2024 08:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=771262

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

На состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ вчера во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објавија украинските медиуми.

Во последните месеци членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија, рече Столтенберг.

Месечното одложување на американската помош доведе до влошување на ситуацијата на украинскиот фронт, а градовите низ земјата се изложени на руски беспилотни летала и ракетни напади поради недостаток на воздушна одбрана, пишуваат украинските медиуми.

Американскиот Конгрес оваа недела усвои закон со кој се одобрува пакет помош за Украина, а европските земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Данска и Холандија, исто така неодамна ветија дека ќе испратат воена помош за Украина.

The post Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата. На состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ вчера во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објавија украинските медиуми. Во последните месеци членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија, рече Столтенберг. Месечното одложување на американската помош доведе до влошување на ситуацијата на украинскиот фронт, а градовите низ земјата се изложени на руски беспилотни летала и ракетни напади поради недостаток на воздушна одбрана, пишуваат украинските медиуми. Американскиот Конгрес оваа недела усвои закон со кој се одобрува пакет помош за Украина, а европските земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Данска и Холандија, исто така неодамна ветија дека ќе испратат воена помош за Украина.

The post Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-nato-raboti-na-isprakane-poveke-sistemi-za-protivvozdushna-odbrana-vo-ukraina/ Thu, 18 Apr 2024 17:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=767681

НАТО работи на можноста за испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите ‘Патриот’. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие ќе пренасочат некои од нивните системи во Украина, изјави Столтенберг на италијанскиот остров Капри, каде што учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г-7.

„Водиме дијалог со некои конкретни земји“, додаде тој, нагласувајќи дека прашањето за системите „Патриот“ е клучно бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем што може да го обезбеди Алијансата.

„Одложувањето на испораката на противвоздушна одбрана значи дека повеќе руски ракети ќе ги погодат нивните цели во Украина. Доцнењето на испораката на муниција значи дека Русија ќе може да турка повеќе сили на линијата на фронтот“, додаде тој.

Генералниот секретар на НАТО рече дека е „охрабрен од посветеноста и одлучноста на сојузниците од НАТО да ја поддржат Украина“.

Според него, постојат охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес може наскоро да деблокира пакет од помошта за Украина во вредност од 60,84 милијарди долари.

The post Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина appeared first on Република.

]]>

НАТО работи на можноста за испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите ‘Патриот’. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие ќе пренасочат некои од нивните системи во Украина, изјави Столтенберг на италијанскиот остров Капри, каде што учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г-7.
„Водиме дијалог со некои конкретни земји“, додаде тој, нагласувајќи дека прашањето за системите „Патриот“ е клучно бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем што може да го обезбеди Алијансата.
„Одложувањето на испораката на противвоздушна одбрана значи дека повеќе руски ракети ќе ги погодат нивните цели во Украина. Доцнењето на испораката на муниција значи дека Русија ќе може да турка повеќе сили на линијата на фронтот“, додаде тој.
Генералниот секретар на НАТО рече дека е „охрабрен од посветеноста и одлучноста на сојузниците од НАТО да ја поддржат Украина“. Според него, постојат охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес може наскоро да деблокира пакет од помошта за Украина во вредност од 60,84 милијарди долари.

The post Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Прашањето не е дали, туку кога Украина ќе стане членка на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-prashaneto-ne-e-dali-tuku-koga-ukraina-ke-stane-chlenka-na-nato/ Wed, 03 Apr 2024 15:29:03 +0000 https://republika.mk/?p=761772

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека не е прашање дали, туку кога Украина ќе стане членка на Алијансата.

„Москва мора да разбере дека нема да ги постигне своите цели на бојното поле“, рече Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и најави дека на состанокот ќе се разговара за тоа како НАТО може да преземе поголема одговорност за координирање на испораката на оружје и обуката во Украина.

„Го трансформираме сеопфатниот пакет помош на НАТО во повеќегодишна програма за помош“, рече Столтенберг и додаде дека на 4 април, на 75-годишнината од НАТО, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Украина.

Столтенберг ги поздрави членките на алијансата кои доставуваат помош за Украина, но исто така предупреди дека на Европа и се заканува војна „во размери што мислевме дека останале во историјата“ и дека Украина има итни потреби чие одложување создава „последици на бојното поле токму како говориме”.

Состанокот на министрите ќе го подготви теренот за постигнување консензус за овие проблеми на самитот во Вашингтон во јули, рече Столтенберг и посочи дека оваа година рекорден број земји-членки ќе ја достигнат распределбата на алијансата од два отсто од БДП.

The post Столтенберг: Прашањето не е дали, туку кога Украина ќе стане членка на НАТО appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека не е прашање дали, туку кога Украина ќе стане членка на Алијансата.
„Москва мора да разбере дека нема да ги постигне своите цели на бојното поле“, рече Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и најави дека на состанокот ќе се разговара за тоа како НАТО може да преземе поголема одговорност за координирање на испораката на оружје и обуката во Украина.
„Го трансформираме сеопфатниот пакет помош на НАТО во повеќегодишна програма за помош“, рече Столтенберг и додаде дека на 4 април, на 75-годишнината од НАТО, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Украина. Столтенберг ги поздрави членките на алијансата кои доставуваат помош за Украина, но исто така предупреди дека на Европа и се заканува војна „во размери што мислевме дека останале во историјата“ и дека Украина има итни потреби чие одложување создава „последици на бојното поле токму како говориме”. Состанокот на министрите ќе го подготви теренот за постигнување консензус за овие проблеми на самитот во Вашингтон во јули, рече Столтенберг и посочи дека оваа година рекорден број земји-членки ќе ја достигнат распределбата на алијансата од два отсто од БДП.

The post Столтенберг: Прашањето не е дали, туку кога Украина ќе стане членка на НАТО appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: На 8 Март им оддаваме почит на сите жени кои го обликуваа и зајакнаа НАТО https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-na-8-mart-im-oddavame-pochit-na-site-zheni-koi-go-oblikuvaa-i-zajaknaa-nato/ Fri, 08 Mar 2024 14:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=752736

Премногу често и на многу места, жените се соочуваат со нееднаквост и неправда и тие се главни жртви на вооружените конфликти, затоа денеска им оддавам посебна почит на храбрите жени на Украина, кои продолжуваат да се борат за своите семејства, нивната слобода и својата иднина, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.

На Меѓународниот ден на жената, им оддавам почит на големиот број жени кои го обликуваа и зајакнаа НАТО од основањето на нашата Алијанса пред 75 години. Нивната издржливост, пожртвуваност и посветеност беа најважни за нашиот успех. Поминавме долг пат во интегрирањето на родовите перспективи во нашите политики и операции, но нашата работа е далеку од завршена, наведе Столтенберг во пораката.

Според него, одбележувајќи го Меѓународниот ден на жената, НАТО повторно се обврзува на агендата за жените, мирот и безбедноста.

Мора да продолжиме да ја зајакнеме улогата на жените во безбедноста и одбраната, да обезбедиме еднакви можности за лидерство и да поттикнеме поправеден и инклузивен Сојуз. Искористувајќи го целосниот потенцијал на сите наши луѓе, ќе продолжиме да го правиме НАТО посилен, додаде Столтенберг во пораката.

По повод 8 Март, повици за поголема застапеност на жените во вооружените сили и на раководни позиции и за промоција на родовата еднаквост во политиките и мисиите на Алијансата, упатија и претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер и специјалната претставничка на Пактот за жени, мир и безбедност, Ајрин Фелин.

The post Столтенберг: На 8 Март им оддаваме почит на сите жени кои го обликуваа и зајакнаа НАТО appeared first on Република.

]]>

Премногу често и на многу места, жените се соочуваат со нееднаквост и неправда и тие се главни жртви на вооружените конфликти, затоа денеска им оддавам посебна почит на храбрите жени на Украина, кои продолжуваат да се борат за своите семејства, нивната слобода и својата иднина, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. На Меѓународниот ден на жената, им оддавам почит на големиот број жени кои го обликуваа и зајакнаа НАТО од основањето на нашата Алијанса пред 75 години. Нивната издржливост, пожртвуваност и посветеност беа најважни за нашиот успех. Поминавме долг пат во интегрирањето на родовите перспективи во нашите политики и операции, но нашата работа е далеку од завршена, наведе Столтенберг во пораката. Според него, одбележувајќи го Меѓународниот ден на жената, НАТО повторно се обврзува на агендата за жените, мирот и безбедноста. Мора да продолжиме да ја зајакнеме улогата на жените во безбедноста и одбраната, да обезбедиме еднакви можности за лидерство и да поттикнеме поправеден и инклузивен Сојуз. Искористувајќи го целосниот потенцијал на сите наши луѓе, ќе продолжиме да го правиме НАТО посилен, додаде Столтенберг во пораката. По повод 8 Март, повици за поголема застапеност на жените во вооружените сили и на раководни позиции и за промоција на родовата еднаквост во политиките и мисиите на Алијансата, упатија и претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер и специјалната претставничка на Пактот за жени, мир и безбедност, Ајрин Фелин.

The post Столтенберг: На 8 Март им оддаваме почит на сите жени кои го обликуваа и зајакнаа НАТО appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Наместо да и ја затвори вратата на НАТО, Путин ја приближи Украина до Алијансата https://republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-namesto-da-i-ja-zatvori-vratata-na-nato-putin-ja-priblizhi-ukraina-do-alijansata/ Sat, 24 Feb 2024 09:41:42 +0000 https://republika.mk/?p=747733

Денеска кога одбележуваме две години откако руските тенкови навлегоа на украинска територија и започна најголемата војна во Европа по Втората светска војна, ситуацијата на бојното поле останува исклучително сериозна, а целта на претседателот на Русија, Владимир Путин да доминира во Украина не е променета и нема индиции дека се подготвува за мир, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина.

– Украина повторно и повторно покажува извонредна способност и жестока решителност. Украина не пропадна за неколку недели, како што многумина стравуваа дека ќе се случи.

Повторно зазеде половина од територијата што ја освои Русија.

Ја потисна Русија од големи делови на Црното Море и им нанесе големи загуби на руските сили, наведе во изјавата Столтенберг, оддавајќи им почит на, како што рече, „сите оние храбри Украинци кои загинаа или беа ранети во одбрана на својата татковина“.

The post Столтенберг: Наместо да и ја затвори вратата на НАТО, Путин ја приближи Украина до Алијансата appeared first on Република.

]]>

Денеска кога одбележуваме две години откако руските тенкови навлегоа на украинска територија и започна најголемата војна во Европа по Втората светска војна, ситуацијата на бојното поле останува исклучително сериозна, а целта на претседателот на Русија, Владимир Путин да доминира во Украина не е променета и нема индиции дека се подготвува за мир, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина.
– Украина повторно и повторно покажува извонредна способност и жестока решителност. Украина не пропадна за неколку недели, како што многумина стравуваа дека ќе се случи.
Повторно зазеде половина од територијата што ја освои Русија. Ја потисна Русија од големи делови на Црното Море и им нанесе големи загуби на руските сили, наведе во изјавата Столтенберг, оддавајќи им почит на, како што рече, „сите оние храбри Украинци кои загинаа или беа ранети во одбрана на својата татковина“.

The post Столтенберг: Наместо да и ја затвори вратата на НАТО, Путин ја приближи Украина до Алијансата appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен, Столтенберг, браќата Кличко: Високи политичари и бизнисмени во Минхен пиеја „против Путин“ https://republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-stoltenberg-brakata-klichko-visoki-politichari-i-biznismeni-vo-minhen-pieja-protiv-putin/ Sun, 18 Feb 2024 19:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=745451

Високи политичари и бизнисмени во Минхен пиеја „против Путин“ на забава наречена „Ноќ на слободата“.

Како што пренесува „Билд“, гостите неформално разговарале за поддршката на Украина и заедничката безбедносна политика. Неофицијалното мото на вечерта било „Прост геген Путин!“ („Ајде да пиеме против Путин!“).

Меѓу присутните на забавата биле и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, чешкиот претседател Петр Павел, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, неговиот брат Владимир и други.

The post Фон дер Лајен, Столтенберг, браќата Кличко: Високи политичари и бизнисмени во Минхен пиеја „против Путин“ appeared first on Република.

]]>

Високи политичари и бизнисмени во Минхен пиеја „против Путин“ на забава наречена „Ноќ на слободата“. Како што пренесува „Билд“, гостите неформално разговарале за поддршката на Украина и заедничката безбедносна политика. Неофицијалното мото на вечерта било „Прост геген Путин!“ („Ајде да пиеме против Путин!“). Меѓу присутните на забавата биле и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, чешкиот претседател Петр Павел, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, неговиот брат Владимир и други.

The post Фон дер Лајен, Столтенберг, браќата Кличко: Високи политичари и бизнисмени во Минхен пиеја „против Путин“ appeared first on Република.

]]>