Јарослав Лудва Archives - Република https://republika.mk/tema/jaroslav-ludva/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 14:51:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јарослав Лудва Archives - Република https://republika.mk/tema/jaroslav-ludva/ 32 32 Средба Гаши – Лудва: За Чешка од посебно значење е интегрирањето на земјите од Западен Балкан https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-gashi-ludva-za-cheshka-od-posebno-znachene-e-integriraneto-na-zemjite-od-zapaden-balkan/ Tue, 02 Jul 2024 14:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=792827

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши денеска се сретна со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, со кого размениле мислења околу процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија и можностите за продлабочување на традиционално добрата соработка на билатерален план.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши изразил задоволство од постојаната поддршка и пријателство меѓу двете земји, истакнувајќи дека Чешката Република е меѓу државите кои ја стимулираат ЕУ да ја држи постојано отворена вратата за проширувањето и за интегрирање на земјите од Западен Балкан.

Соговорниците разговарале за можностите за надминување на предизвиците со кои се соочува нашата земја на стартот на преговорите за полноправно членство во Унијата, при што амбасадорот Лудва истакнал дека за Чешка е од посебно значење интегрирањето на земјите од овој регион.

Гаши и Лудва се согласиле дека односите меѓу Македонија и Чешка се многу добри, за што се показател и многу средби на билатерално ниво во изминатиот период, што треба да биде пракса и во иднина.

Во тој контекст, претседателот Гаши истакнал дека Чешла е мошне активна во делот на економската соработка со нашата земја. Тој го информирал амбасадорот дека во Собранието е во тек формирање на делегациите и на парламентарните групи за соработка, посочувајќи дека преку ПГ за соработка со чешкиот Парламент може да се отвори посеопфтна дебата за продлабочување на билатералната соработка на повеќе полиња, како и за зајакнување на капацитетите за земјава за привлекување повеќе странски инвестиции.

The post Средба Гаши – Лудва: За Чешка од посебно значење е интегрирањето на земјите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши денеска се сретна со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, со кого размениле мислења околу процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија и можностите за продлабочување на традиционално добрата соработка на билатерален план. Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши изразил задоволство од постојаната поддршка и пријателство меѓу двете земји, истакнувајќи дека Чешката Република е меѓу државите кои ја стимулираат ЕУ да ја држи постојано отворена вратата за проширувањето и за интегрирање на земјите од Западен Балкан. Соговорниците разговарале за можностите за надминување на предизвиците со кои се соочува нашата земја на стартот на преговорите за полноправно членство во Унијата, при што амбасадорот Лудва истакнал дека за Чешка е од посебно значење интегрирањето на земјите од овој регион. Гаши и Лудва се согласиле дека односите меѓу Македонија и Чешка се многу добри, за што се показател и многу средби на билатерално ниво во изминатиот период, што треба да биде пракса и во иднина. Во тој контекст, претседателот Гаши истакнал дека Чешла е мошне активна во делот на економската соработка со нашата земја. Тој го информирал амбасадорот дека во Собранието е во тек формирање на делегациите и на парламентарните групи за соработка, посочувајќи дека преку ПГ за соработка со чешкиот Парламент може да се отвори посеопфтна дебата за продлабочување на билатералната соработка на повеќе полиња, како и за зајакнување на капацитетите за земјава за привлекување повеќе странски инвестиции.

The post Средба Гаши – Лудва: За Чешка од посебно значење е интегрирањето на земјите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Мицкоски се сретна со чешкиот амбасадор https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-se-sretna-so-cheshkiot-ambasador/ Thu, 01 Dec 2022 16:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=580580

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со амбасадорот на Чешката Република во Македонија, Јарослав Лудва.

На средбата соговорниците разговарале за актуелната политичка, економска состојба, како и евроинтегративниот процес на земјава.

Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потенцирал дека власта многу тешко се справува со економската и енергетската криза, а сето тоа лошо влијае на животниот стандард на граѓаните.

Воедно, Мицкоски истакнал дека покрај економската и политичка криза, владата ја турка државата и во нова политичка криза, нагласувајќи дека единствен излез од ваквата катастрофална состојба се одржување на предвремени парламентарни избори од кои бега Ковачевски и СДСМ, поради слабиот рејтинг, неработењето и немањето капацитет да обезбедат иднина за граѓаните.

Мицкоски го информирал Лудва дека ВМРО-ДПМНЕ смета оти европските интеграции треба да бидат според Копенхашките критериуми, а не според условување за историјата од страна на соседна Бугарија.

Мицкоски му се заблагодарил на Лудва за досегашната соработка со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.

The post Мицкоски се сретна со чешкиот амбасадор appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со амбасадорот на Чешката Република во Македонија, Јарослав Лудва. На средбата соговорниците разговарале за актуелната политичка, економска состојба, како и евроинтегративниот процес на земјава. Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потенцирал дека власта многу тешко се справува со економската и енергетската криза, а сето тоа лошо влијае на животниот стандард на граѓаните. Воедно, Мицкоски истакнал дека покрај економската и политичка криза, владата ја турка државата и во нова политичка криза, нагласувајќи дека единствен излез од ваквата катастрофална состојба се одржување на предвремени парламентарни избори од кои бега Ковачевски и СДСМ, поради слабиот рејтинг, неработењето и немањето капацитет да обезбедат иднина за граѓаните. Мицкоски го информирал Лудва дека ВМРО-ДПМНЕ смета оти европските интеграции треба да бидат според Копенхашките критериуми, а не според условување за историјата од страна на соседна Бугарија. Мицкоски му се заблагодарил на Лудва за досегашната соработка со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.

The post Мицкоски се сретна со чешкиот амбасадор appeared first on Република.

]]>
Лудва: Реформите се темелот, ако не ги спроведете не можете да одите напред на патот кон ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/ludva-reformite-se-temelot-ako-ne-gi-sprovedete-ne-mozete-da-odite-napred-na-patot-kon-eu/ Fri, 14 Oct 2022 14:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=561226

Чешка отсекогаш била силен поддржувач на Македонија на нејзиниот европски пат и среќни сме што за време на нашето претседателство земјата ги почна преговорите со ЕУ, што е долг и тежок процес. Реформите се во основата на овој процес и ако не ги спроведете не можете да одите напред на патот кон ЕУ, кажа чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, на брифинг со новинарите.

Тој нагласи дека земјава има суштинска потреба да продолжи со реформите. Вели дека тука има два важни елемента, еден од нив се реформите, а другиот е конструктивен политички дијалог и тоа е она што е суштинско и сите треба да бидат свесни за важноста на европскиот пат тоа е долг пат и сите треба да соработуваат меѓусебе.

Во однос на тоа колку е оптимистична агендата на власта во 2030 година  Македонија да стане членка на ЕУ, вели дека никој не може ништо да гарантира, но се е возможно.

Според него, има повеќе опции на масата, а осум години се разумна временска рамка, бидејќи некои земји преговарале подолго, а некои пократко.

Тој рече и дека некогаш се менува и политичката ситуација, но во случајот со  Македонија, оценува Лудва, важно е земјава да продолжи со реформите.

Реформите се темелот, ако не ги направите, не можете да одите напред, дециден е чешкиот амбасадор.

Лудва оцени дека  Македонија досега добро напредува со реформите, но мора да го одржи тој чекор. -Како што ќе напредувате на патот кон ЕУ, така е потешко да имате натамошни блокади кон тој пат. Затоа е потребно подобрување на добрососедските односи, кои започнуваат од долу нагоре, од соработката меѓу невладиниот сектор, оцени тој.

Лудва најави дека како Амбасада ќе организираат неколку конференции за  Македонија и добрососедските односи, особено за подобрување на дијалогот со Бугарија, заедно со чешката Амбасада во Софија.

Ќе имаме неколку конференции, една во Скопје, една во Софија, и една во пограничните градови Петрич и Струмица, фокусирани врз подобрување на дијалогот, подобри соседски односи, размена на искуства со Бугарија која веќе го помина патот за во ЕУ, предностите на заедничкиот пазар меѓу двете соседни земји, особено во полето на трговијата и инвестициите. Првата конференција ќе се одржи в понеделник во Софија, втората во Скопје на 20-ти октомври, а преостанатите две во Петрич на 31 октомври и во Струмица на 1 ноември, информира Лудва.

Тој од овие конференции очекува подобро меѓусебно разбирање, добри соседски односи и особено размена на искуства во повеќе области, фокусот ќе биде на меѓусебна соработка меѓу невладините организации.

На прашањето како го оценува сегашното ниво на односите меѓу Скопје и Софија, Лудва рече дека ништо на светот не е совршено, но секогаш се може да биде подобро и оти гледа простор за соработка, која што, вели, ќе се обидеме да ја подобриме уште повеќе.

The post Лудва: Реформите се темелот, ако не ги спроведете не можете да одите напред на патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

Чешка отсекогаш била силен поддржувач на Македонија на нејзиниот европски пат и среќни сме што за време на нашето претседателство земјата ги почна преговорите со ЕУ, што е долг и тежок процес. Реформите се во основата на овој процес и ако не ги спроведете не можете да одите напред на патот кон ЕУ, кажа чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, на брифинг со новинарите. Тој нагласи дека земјава има суштинска потреба да продолжи со реформите. Вели дека тука има два важни елемента, еден од нив се реформите, а другиот е конструктивен политички дијалог и тоа е она што е суштинско и сите треба да бидат свесни за важноста на европскиот пат тоа е долг пат и сите треба да соработуваат меѓусебе. Во однос на тоа колку е оптимистична агендата на власта во 2030 година  Македонија да стане членка на ЕУ, вели дека никој не може ништо да гарантира, но се е возможно. Според него, има повеќе опции на масата, а осум години се разумна временска рамка, бидејќи некои земји преговарале подолго, а некои пократко. Тој рече и дека некогаш се менува и политичката ситуација, но во случајот со  Македонија, оценува Лудва, важно е земјава да продолжи со реформите. Реформите се темелот, ако не ги направите, не можете да одите напред, дециден е чешкиот амбасадор. Лудва оцени дека  Македонија досега добро напредува со реформите, но мора да го одржи тој чекор. -Како што ќе напредувате на патот кон ЕУ, така е потешко да имате натамошни блокади кон тој пат. Затоа е потребно подобрување на добрососедските односи, кои започнуваат од долу нагоре, од соработката меѓу невладиниот сектор, оцени тој. Лудва најави дека како Амбасада ќе организираат неколку конференции за  Македонија и добрососедските односи, особено за подобрување на дијалогот со Бугарија, заедно со чешката Амбасада во Софија. Ќе имаме неколку конференции, една во Скопје, една во Софија, и една во пограничните градови Петрич и Струмица, фокусирани врз подобрување на дијалогот, подобри соседски односи, размена на искуства со Бугарија која веќе го помина патот за во ЕУ, предностите на заедничкиот пазар меѓу двете соседни земји, особено во полето на трговијата и инвестициите. Првата конференција ќе се одржи в понеделник во Софија, втората во Скопје на 20-ти октомври, а преостанатите две во Петрич на 31 октомври и во Струмица на 1 ноември, информира Лудва. Тој од овие конференции очекува подобро меѓусебно разбирање, добри соседски односи и особено размена на искуства во повеќе области, фокусот ќе биде на меѓусебна соработка меѓу невладините организации. На прашањето како го оценува сегашното ниво на односите меѓу Скопје и Софија, Лудва рече дека ништо на светот не е совршено, но секогаш се може да биде подобро и оти гледа простор за соработка, која што, вели, ќе се обидеме да ја подобриме уште повеќе.

The post Лудва: Реформите се темелот, ако не ги спроведете не можете да одите напред на патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>
Лудва: Започнавме со финализиран француски предлог и на нас е да ја завршиме домашната работа https://republika.mk/vesti/makedonija/ludva-zapochnavme-so-finaliziran-francuski-predlog-i-na-nas-e-da-ja-zavrshime-domashnata-rabota/ Mon, 05 Sep 2022 15:03:09 +0000 https://republika.mk/?p=547708

Приоритетите на триото Франција, Чешка и Шведска беа поставени на генералниот совет во декември 2021 година, тогаш имавме поинакво сценарио. Немаше енергетска криза и ова поставување беше пред руската агресија во Украина и тогаш бевме фокусирани на заштита на граѓаните, на нивните слободи и права, развојот на европскиот модел, развој на зелена економија, социјален раст и унапредување на европските вредности. Наеднаш сè се смени, мораше да ги измениме и прошириме нашите приоритети. Инвазијата во Украина од февруари 2022 година донесе неопходност да се прегледаат ваквите приоритети, порача чешкиот амбасадор во Македонија Јарослав Лудва на денешната собраниска комисија на која беше презентирана Програмата и приоритетите на чешкото претседателство со Советот на Европската Унија.

Имаме два сета на приоритети, првите се општи, а вторите се надворешни во кои надлежно е Министерството за надворешни работи. Имаме четири надворешни приоритети, а во два од нив е споменат и Западен Балкан. Започнавме со финализиран француски предлог и на нас е да ја завршиме домашната работа, истакна Лудва.

Презентирајќи ги приоритетите на чешкото претседателство пред пратениците во Собранието, тој посочи дека Чешка се осврнува на итните безбедносни прашања и неодложни безбедносни прашања. Се осврна и на надворешните работи, како што се проширувањето на односите, унапредување на унифицирана и ефикасна Европска Унија во нејзините односи во корелација со високи претставници за надворешна и безбедносна политика, како генерален и општ приоритет и мислам дека е на листата на секое претседателство.

Јакнење на партнерството и односите со други држави, главно Западен Балкан, Украина и источното партнерство. Уште еден приоритет високо на листата, а тоа е проширување на ЕУ, преку доделување и постигнување на содржаен напредок во преговорите и поддршка на процесот на проширување со државите од Западен Балкан и конечно давање кандидатски статус на Украина, додаде тој.

На собраниската комисија за европски прашања присуствуваше и заменикот на премиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ кој во своето обраќање истакна дека француското и чешкото претседателство се историски важни.

Чешката Република е значаен поддржувач на евроинтеграциите на Република Македонија што токму во овој период го почнуваме скринингот и ги почнуваме преговорите. Континуираната билатерална поддршка, како и онаа во рамки на институциите на ЕУ се од особено значење за нас и токму и во таа насока и на 8 септември ќе имам прилика да ја посетам Чешка и во Прага, заедно со чешкиот министер за надворешни работи, Бег заедно да го прославиме Денот на независноста на нашата земја, вели Маричиќ.

Фокусот на Македонија, според него ќе биде на енергетска ефикасност, искористување на обновливите извори на енергија и исполнување на климатските цели на ЕУ.

Како клучен момент, Маричиќ го посочи скринингот на законодавството што, како што вели, ќе овозможи конечно дискусија суштински елементи врзани за преговорите со ЕУ, надвор од билатералните прашања.

Собранието, пред сè Комисијата за европски прашања и Националниот совет за европска интеграција ќе имаат клучна улога затоа што очекуваме активно вклучување и поддршка и од пратениците, но и од опозицијата за тоа што со децении е стратешка цел на државата, додаде Маричиќ и апелираше до опозицијата да ја искористат шансата и подадената рака и да го активираат Националниот совет за евроинтеграции.

Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање истакна дека кога се разговара за стратешки и важни одлуки, потребно е да биде вклучена и опозицијата.

На овој начин гледаме дека власта презема и ветува обврски што не можат да бидат исполнети бидејќи истите не се во согласност со волјата на народот и не се во согласност со тоа што ќе го кажат претставниците на граѓаните тука во Собранието. Важно е да имаме дебата тука во Собранието бидејќи имаме многу проблеми затоашто немаме заемна почит, додаде Лефков.

Евроамбасадорот Гир истакна дека државата веќе ги има исполнето условите за отворање на преговорите, така што следниот чекор што треба да се направи е да напредува кон отворање на пристапните преговори. Притоа, посочи дека сега е моментот државата да испорача реформи, со цел земјата да чекори успешно кон зачленување во ЕУ.

Во расправата по темата учествуваа пратениците Славица Тасевска, Халил Снопче, Фадиљ Зендели и Соња Мираковска и Гордана Силјановска-Давкова.

Во нивните дискусии беа изречени предлози и забелешки за унапредување на процесот на зачленување на земјата во насока на постигнување на инклузивност на процесот со заемно учество на позицијата и опозицијата како неопходност во овој процес. Посебно беше истакната потребата за активно вклучување на Парламентот во процесот, преку Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции со кој раководи опозицијата.

На Комисијата за европски прашања присуствуваа и претставниците и членовите на Националниот совет за евроинтеграции и членовите на Комисијата за надворешна политика и Мешовитиот парламентарен комитет РСМ-ЕУ, како и на дипломатскиот кор и медиумите.

The post Лудва: Започнавме со финализиран француски предлог и на нас е да ја завршиме домашната работа appeared first on Република.

]]>

Приоритетите на триото Франција, Чешка и Шведска беа поставени на генералниот совет во декември 2021 година, тогаш имавме поинакво сценарио. Немаше енергетска криза и ова поставување беше пред руската агресија во Украина и тогаш бевме фокусирани на заштита на граѓаните, на нивните слободи и права, развојот на европскиот модел, развој на зелена економија, социјален раст и унапредување на европските вредности. Наеднаш сè се смени, мораше да ги измениме и прошириме нашите приоритети. Инвазијата во Украина од февруари 2022 година донесе неопходност да се прегледаат ваквите приоритети, порача чешкиот амбасадор во Македонија Јарослав Лудва на денешната собраниска комисија на која беше презентирана Програмата и приоритетите на чешкото претседателство со Советот на Европската Унија.
Имаме два сета на приоритети, првите се општи, а вторите се надворешни во кои надлежно е Министерството за надворешни работи. Имаме четири надворешни приоритети, а во два од нив е споменат и Западен Балкан. Започнавме со финализиран француски предлог и на нас е да ја завршиме домашната работа, истакна Лудва.
Презентирајќи ги приоритетите на чешкото претседателство пред пратениците во Собранието, тој посочи дека Чешка се осврнува на итните безбедносни прашања и неодложни безбедносни прашања. Се осврна и на надворешните работи, како што се проширувањето на односите, унапредување на унифицирана и ефикасна Европска Унија во нејзините односи во корелација со високи претставници за надворешна и безбедносна политика, како генерален и општ приоритет и мислам дека е на листата на секое претседателство.
Јакнење на партнерството и односите со други држави, главно Западен Балкан, Украина и источното партнерство. Уште еден приоритет високо на листата, а тоа е проширување на ЕУ, преку доделување и постигнување на содржаен напредок во преговорите и поддршка на процесот на проширување со државите од Западен Балкан и конечно давање кандидатски статус на Украина, додаде тој.
На собраниската комисија за европски прашања присуствуваше и заменикот на премиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ кој во своето обраќање истакна дека француското и чешкото претседателство се историски важни.
Чешката Република е значаен поддржувач на евроинтеграциите на Република Македонија што токму во овој период го почнуваме скринингот и ги почнуваме преговорите. Континуираната билатерална поддршка, како и онаа во рамки на институциите на ЕУ се од особено значење за нас и токму и во таа насока и на 8 септември ќе имам прилика да ја посетам Чешка и во Прага, заедно со чешкиот министер за надворешни работи, Бег заедно да го прославиме Денот на независноста на нашата земја, вели Маричиќ.
Фокусот на Македонија, според него ќе биде на енергетска ефикасност, искористување на обновливите извори на енергија и исполнување на климатските цели на ЕУ. Како клучен момент, Маричиќ го посочи скринингот на законодавството што, како што вели, ќе овозможи конечно дискусија суштински елементи врзани за преговорите со ЕУ, надвор од билатералните прашања.
Собранието, пред сè Комисијата за европски прашања и Националниот совет за европска интеграција ќе имаат клучна улога затоа што очекуваме активно вклучување и поддршка и од пратениците, но и од опозицијата за тоа што со децении е стратешка цел на државата, додаде Маричиќ и апелираше до опозицијата да ја искористат шансата и подадената рака и да го активираат Националниот совет за евроинтеграции.
Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање истакна дека кога се разговара за стратешки и важни одлуки, потребно е да биде вклучена и опозицијата.
На овој начин гледаме дека власта презема и ветува обврски што не можат да бидат исполнети бидејќи истите не се во согласност со волјата на народот и не се во согласност со тоа што ќе го кажат претставниците на граѓаните тука во Собранието. Важно е да имаме дебата тука во Собранието бидејќи имаме многу проблеми затоашто немаме заемна почит, додаде Лефков.
Евроамбасадорот Гир истакна дека државата веќе ги има исполнето условите за отворање на преговорите, така што следниот чекор што треба да се направи е да напредува кон отворање на пристапните преговори. Притоа, посочи дека сега е моментот државата да испорача реформи, со цел земјата да чекори успешно кон зачленување во ЕУ. Во расправата по темата учествуваа пратениците Славица Тасевска, Халил Снопче, Фадиљ Зендели и Соња Мираковска и Гордана Силјановска-Давкова. Во нивните дискусии беа изречени предлози и забелешки за унапредување на процесот на зачленување на земјата во насока на постигнување на инклузивност на процесот со заемно учество на позицијата и опозицијата како неопходност во овој процес. Посебно беше истакната потребата за активно вклучување на Парламентот во процесот, преку Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции со кој раководи опозицијата. На Комисијата за европски прашања присуствуваа и претставниците и членовите на Националниот совет за евроинтеграции и членовите на Комисијата за надворешна политика и Мешовитиот парламентарен комитет РСМ-ЕУ, како и на дипломатскиот кор и медиумите.

The post Лудва: Започнавме со финализиран француски предлог и на нас е да ја завршиме домашната работа appeared first on Република.

]]>
Лудва: Подготвени сме за мазно спроведување на францускиот предлог штом го одобри Скопје https://republika.mk/vesti/svet/ludva-podgotveni-sme-za-mazno-sproveduvanje-na-francuskiot-predlog-shtom-go-odobri-skopje/ Sun, 10 Jul 2022 08:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=526444

Амбасадорот на Чешка во земјава, Јарослав Лудва вели дека неговата држава, како актуелен претседавач со Советот на ЕУ, е подготвена да придонесе за мазно спроведување на францускиот предлог веднаш штом биде одобрен од Македонија.

Чешка отсекогаш била силен поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Како претседателство со Советот на ЕУ, подготвени сме да направиме се што можеме за да придонесеме за мазно спроведување на Преговарачката рамка предложена од претходното француско претседателство и да организираме меѓувладина конференција веднаш откако таа ќе биде одобрена од Република Македонија, вели чешкиот амбасадор на прашањето на „360 степени“ за официјалниот став на неговата влада.

Коментарот на амбасадорот Лудва доаѓа по изјавата на чешката ЕУ-аналитичка, Јана Јузова, дека, според она што го слушнала од чешкото МНР, „тие се многу вознемирени со Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји членки, туку само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина“.

Претходно, синоќа самата Јузова се дообјасни по ова прашање со објава на Твитер.

Сакам да разјаснам дека моите коментари беа темелни на моето долгорочно истражување и мислење како аналитичар на политики кој го следи проширувањето на ЕУ и чешката надворешна политика и тие коментари во никој случај не ја претставуваат официјалната политика на Чешка - напиша Јузова на Твитер.

Чешка на 1 јули го презеде ротирачкото шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ. Од 1 јануари 2023 година претседавач е Шведска.

The post Лудва: Подготвени сме за мазно спроведување на францускиот предлог штом го одобри Скопје appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Чешка во земјава, Јарослав Лудва вели дека неговата држава, како актуелен претседавач со Советот на ЕУ, е подготвена да придонесе за мазно спроведување на францускиот предлог веднаш штом биде одобрен од Македонија. Чешка отсекогаш била силен поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Како претседателство со Советот на ЕУ, подготвени сме да направиме се што можеме за да придонесеме за мазно спроведување на Преговарачката рамка предложена од претходното француско претседателство и да организираме меѓувладина конференција веднаш откако таа ќе биде одобрена од Република Македонија, вели чешкиот амбасадор на прашањето на „360 степени“ за официјалниот став на неговата влада. Коментарот на амбасадорот Лудва доаѓа по изјавата на чешката ЕУ-аналитичка, Јана Јузова, дека, според она што го слушнала од чешкото МНР, „тие се многу вознемирени со Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји членки, туку само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина“. Претходно, синоќа самата Јузова се дообјасни по ова прашање со објава на Твитер. Сакам да разјаснам дека моите коментари беа темелни на моето долгорочно истражување и мислење како аналитичар на политики кој го следи проширувањето на ЕУ и чешката надворешна политика и тие коментари во никој случај не ја претставуваат официјалната политика на Чешка - напиша Јузова на Твитер. Чешка на 1 јули го презеде ротирачкото шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ. Од 1 јануари 2023 година претседавач е Шведска.

The post Лудва: Подготвени сме за мазно спроведување на францускиот предлог штом го одобри Скопје appeared first on Република.

]]>