Јан Липавски Archives - Република https://republika.mk/tema/jan-lipavski/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Oct 2023 07:56:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јан Липавски Archives - Република https://republika.mk/tema/jan-lipavski/ 32 32 „Израел е еден од нас“: Шефот на чешката дипломатија го посети Израел https://republika.mk/vesti/svet/izrael-e-eden-od-nas-shefot-na-cheshkata-diplomatija-go-poseti-izrael/ Wed, 11 Oct 2023 07:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=690064

Чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски, објави дека го посетил Израел, велејќи дека тој е првиот странски политичар што го направил тоа од почетокот на нападите на Хамас.

Сакав оваа посета да потврди дека Чешка целосно го поддржува Израел. Израел е еден од нас, нападите и киднапирањата од радикални Палестинци се напад врз сите нас“, се вели во писмената изјава на министерот Липавски.

Чешкиот министер беше во регионот за да присуствува на состанокот меѓу Европската Унија и Советот за соработка во Заливот во Оман.

The post „Израел е еден од нас“: Шефот на чешката дипломатија го посети Израел appeared first on Република.

]]>

ЕУ тројка: Ќе направиме се што можеме да спречиме нови билатерални барања за Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/eu-trojka-ke-napravime-se-shto-mozheme-da-sprechime-novi-bilateralni-barana-za-makedonija/ Thu, 13 Jul 2023 18:10:56 +0000 https://republika.mk/?p=661051

Европската тројка што денес престојуваше во Македонија – министрите на Австрија, Чешка и Словачка, Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, по средбата со ВМРО-ДПМНЕ и со претставниците на власта одржа уште една прес конференција на која порачаа дека задачата е пред нас, дека знаеме што очекува Европската унија, дека нов договор нема да има и дека се дојдени тука јасно да кажат што можат а што не можат да направат за нашата држава.

Тие исто така порачаа дека целта не им е да донесат или да наметнуваат решенија, дека одлуката треба да биде наша, а не на Брисел или некој друг, но дека пратениците мудро треба да размислат, да се стават над партиските политики и да донесат одлука што е во интерес на државата и на граѓаните.

-Ние сме посветени, ние се грижиме и сме ангажирани бидејќи Македонија е важна за нас. Земјата покажа голем капацитет за трансформација, големо чувство за одговорност и работеше многу напорно да опстои на патот за ЕУ изминатите 18 години. Сигналот е јасен. Сфаќам дека земјата не напредува брзо како што сакате и дека тоа создава фрустрации, па прашањето сега е како да се справите со нив. Сите со коишто разговаравме покажаа политичка одговорност и рекоа дека сакаат да се одржи евроинтеграцијата. Не дојдовме тука да се мешаме во внатрешните работи ниту пак да морализираме бидејќи решението треба да дојде од Скопје и од македонскиот народ и тоа мора да биде ваше решение. Патот вреди и едвај чекаме да ги видиме вашиот јазик, историја и култура како дел од ЕУ. Сите сме свесни што е пред нас и нема начин како да се избегнат уставните амандмани. Ова е нешто на што треба да се работи и постои свест дека работата треба да се заврши“, рече Шаленберг, најавувајќи дека пораките што ги добиле во Скопје ќе му ги пренесат на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

-Убеден сум дека усвојувањето на овие дополнувања на Уставот ќе отворат пат за членство на Македонија во ЕУ.Колку побрзо се усвојат толку побрзо ќе станете дел од неа.На овој пат ние ќе направиме се што можеме да спречиме дополнителни барања во однос на билатералните прашања. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да ја надминат партиската политика и да размислат за евроинтеграциската иднина на државата и за придобивките за граѓаните.Се надевам дека во Собранието мудро ќе размислат и наесен ќе се сретнеме на втората меѓувладина конференција, рече чешкиот министер.

Словачкиот министер нагласи дека не треба да се пропушти овој моментум бидејќи нема алтернатива која може да обезбеди прогрес во оваа исклучителна фаза од евроинтеграцијата, а обидот да се добијат политички поени на оваа тема – е екстремно контрапродуктивен.

-Ако се закажат предвремени избори тоа би било многу контрапродуктивно, рече тој, нагласувајќи дека место тоа политичките лидери треба да изградат национален консензус за ова прашање.

Шаленберг не сакаше притоа да изнесува детали околу средбата со ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека не сакаат да бидат дел од дебатата туку од решението и дека не дошле тука со очекување дека за осум часа ќе се реши проблемот.

Запрашан дали верува дека нема да има нови бугарски блокади за Македонија, нешто во што не верува јавноста кај нас, Липавски рече дека е очигледно дека овој процес бара едногласност во одлучувањето и дека никој не може да го исклучи влијанието на домашната политика во некои земји членки врз него, но дека сега постои многу наклонета атмосфера во ЕУ за проширувањето што не постоеше пред две години и ова е единствен момент за што нема гаранција дека ќе се повтори, па затоа е подобро да го искористиме.

-Ќе се обидам да направам се за да се спречат барања на билатерална основа, но не постои начин како да се обезбеди гаранција дека ќе биде така, порача тој најискрено, на што Шаленберг додаде дека во преговарачката рамка што е усвоена сепак не се вклучени како услови билатералните прашања и дека договорот што беше постигнат за нашите преговори го прифатиле сите земји членки на Унијата вклучувајќи ја и Бугарија.

-Прашањата од историјата треба да останат билатерални прашаа, рече тој, посочувајќи дека и тие се преставници на три земји кои делат иста историја, а решението го нашле во заедничката европска иднина.

Од ВМРО-ДПМНЕ по средбата со тројцата министри од ЕУ соопштија дека намерата на власта била без вклучување на опозицијата во ниеден дел од преговорите да протурка низ Собранието уставни промени под ултиматум од бугарска страна. Тие повториле дека уставни измени под диктат нема да бидат поддржани и дека државата итно треба да се фокусира на завршување на вистински реформи на системот кои ќе значат вистинска европеизација.

Чешкиот шеф на дипломатијата, пак, посочи дека се свесни за чувствителноста на ова прашање, дека во разговорите ги слушнале коментарите и загриженостите, но останал убеден дека никогаш нема да има поповолна ситуација за евроинтеграцијата на Македонија од оваа сега.

The post ЕУ тројка: Ќе направиме се што можеме да спречиме нови билатерални барања за Македонија appeared first on Република.

]]>

Европската тројка што денес престојуваше во Македонија – министрите на Австрија, Чешка и Словачка, Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, по средбата со ВМРО-ДПМНЕ и со претставниците на власта одржа уште една прес конференција на која порачаа дека задачата е пред нас, дека знаеме што очекува Европската унија, дека нов договор нема да има и дека се дојдени тука јасно да кажат што можат а што не можат да направат за нашата држава. Тие исто така порачаа дека целта не им е да донесат или да наметнуваат решенија, дека одлуката треба да биде наша, а не на Брисел или некој друг, но дека пратениците мудро треба да размислат, да се стават над партиските политики и да донесат одлука што е во интерес на државата и на граѓаните.
-Ние сме посветени, ние се грижиме и сме ангажирани бидејќи Македонија е важна за нас. Земјата покажа голем капацитет за трансформација, големо чувство за одговорност и работеше многу напорно да опстои на патот за ЕУ изминатите 18 години. Сигналот е јасен. Сфаќам дека земјата не напредува брзо како што сакате и дека тоа создава фрустрации, па прашањето сега е како да се справите со нив. Сите со коишто разговаравме покажаа политичка одговорност и рекоа дека сакаат да се одржи евроинтеграцијата. Не дојдовме тука да се мешаме во внатрешните работи ниту пак да морализираме бидејќи решението треба да дојде од Скопје и од македонскиот народ и тоа мора да биде ваше решение. Патот вреди и едвај чекаме да ги видиме вашиот јазик, историја и култура како дел од ЕУ. Сите сме свесни што е пред нас и нема начин како да се избегнат уставните амандмани. Ова е нешто на што треба да се работи и постои свест дека работата треба да се заврши“, рече Шаленберг, најавувајќи дека пораките што ги добиле во Скопје ќе му ги пренесат на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.
-Убеден сум дека усвојувањето на овие дополнувања на Уставот ќе отворат пат за членство на Македонија во ЕУ.Колку побрзо се усвојат толку побрзо ќе станете дел од неа.На овој пат ние ќе направиме се што можеме да спречиме дополнителни барања во однос на билатералните прашања. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да ја надминат партиската политика и да размислат за евроинтеграциската иднина на државата и за придобивките за граѓаните.Се надевам дека во Собранието мудро ќе размислат и наесен ќе се сретнеме на втората меѓувладина конференција, рече чешкиот министер. Словачкиот министер нагласи дека не треба да се пропушти овој моментум бидејќи нема алтернатива која може да обезбеди прогрес во оваа исклучителна фаза од евроинтеграцијата, а обидот да се добијат политички поени на оваа тема – е екстремно контрапродуктивен.
-Ако се закажат предвремени избори тоа би било многу контрапродуктивно, рече тој, нагласувајќи дека место тоа политичките лидери треба да изградат национален консензус за ова прашање.
Шаленберг не сакаше притоа да изнесува детали околу средбата со ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека не сакаат да бидат дел од дебатата туку од решението и дека не дошле тука со очекување дека за осум часа ќе се реши проблемот. Запрашан дали верува дека нема да има нови бугарски блокади за Македонија, нешто во што не верува јавноста кај нас, Липавски рече дека е очигледно дека овој процес бара едногласност во одлучувањето и дека никој не може да го исклучи влијанието на домашната политика во некои земји членки врз него, но дека сега постои многу наклонета атмосфера во ЕУ за проширувањето што не постоеше пред две години и ова е единствен момент за што нема гаранција дека ќе се повтори, па затоа е подобро да го искористиме.
-Ќе се обидам да направам се за да се спречат барања на билатерална основа, но не постои начин како да се обезбеди гаранција дека ќе биде така, порача тој најискрено, на што Шаленберг додаде дека во преговарачката рамка што е усвоена сепак не се вклучени како услови билатералните прашања и дека договорот што беше постигнат за нашите преговори го прифатиле сите земји членки на Унијата вклучувајќи ја и Бугарија.
-Прашањата од историјата треба да останат билатерални прашаа, рече тој, посочувајќи дека и тие се преставници на три земји кои делат иста историја, а решението го нашле во заедничката европска иднина. Од ВМРО-ДПМНЕ по средбата со тројцата министри од ЕУ соопштија дека намерата на власта била без вклучување на опозицијата во ниеден дел од преговорите да протурка низ Собранието уставни промени под ултиматум од бугарска страна. Тие повториле дека уставни измени под диктат нема да бидат поддржани и дека државата итно треба да се фокусира на завршување на вистински реформи на системот кои ќе значат вистинска европеизација. Чешкиот шеф на дипломатијата, пак, посочи дека се свесни за чувствителноста на ова прашање, дека во разговорите ги слушнале коментарите и загриженостите, но останал убеден дека никогаш нема да има поповолна ситуација за евроинтеграцијата на Македонија од оваа сега.

The post ЕУ тројка: Ќе направиме се што можеме да спречиме нови билатерални барања за Македонија appeared first on Република.

]]>
Средба Ахмети – Липавски: Уставни измени како итна потреба https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-ahmeti-lipavski-ustavni-izmeni-kako-itna-potreba/ Wed, 08 Feb 2023 07:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=606245

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Чешка Јан Липавски.

Претседателот Ахмети му се заблагодари на министерот Липавски за неговата посветеност и придонесот на Чешката Република во процесот на отворање на преговорите меѓу Република Македонија и Европската Унија, додека билатералните односи меѓу двете земји се опишани како пријателски, а соработката меѓу двете земји треба да продолжи со цел унапредување на заедничката агенда.

На средбата претседателот, Ахмети и министерот Липавски, разговарале и за политичката состојба во земјата и регионот, скрининг процесот, патот кон интеграцијата во ЕУ, енергетската криза, реформите и борбата против криминалот и корупцијата.

Двајцата соговорници истакнаа дека од особено значење е процесот на уставните измени да заврши што е можно поскоро за да се елиминираат предизвиканите доцнења за земјата и нејзините граѓани, додека Липевски додаде дека забрзувањето на евроинтеграциите е во заедничка корист како за Република Македонија така и за ЕУ, потврдувајќи ја чешката позиција дека Западен Балкан е важен и неделив дел од европското семејство.

Претседателот Ахмети рече дека овој процес треба да се изведе со помош на Брисел и Вашингтон, како што се спровеле и сите други прашања.

Ахмети нагласи дека земјата од овој процес ќе излезе како победник како што излезе победник со членството во НАТО, без никакви лоши последици за државата.

The post Средба Ахмети – Липавски: Уставни измени како итна потреба appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Чешка Јан Липавски. Претседателот Ахмети му се заблагодари на министерот Липавски за неговата посветеност и придонесот на Чешката Република во процесот на отворање на преговорите меѓу Република Македонија и Европската Унија, додека билатералните односи меѓу двете земји се опишани како пријателски, а соработката меѓу двете земји треба да продолжи со цел унапредување на заедничката агенда. На средбата претседателот, Ахмети и министерот Липавски, разговарале и за политичката состојба во земјата и регионот, скрининг процесот, патот кон интеграцијата во ЕУ, енергетската криза, реформите и борбата против криминалот и корупцијата. Двајцата соговорници истакнаа дека од особено значење е процесот на уставните измени да заврши што е можно поскоро за да се елиминираат предизвиканите доцнења за земјата и нејзините граѓани, додека Липевски додаде дека забрзувањето на евроинтеграциите е во заедничка корист како за Република Македонија така и за ЕУ, потврдувајќи ја чешката позиција дека Западен Балкан е важен и неделив дел од европското семејство. Претседателот Ахмети рече дека овој процес треба да се изведе со помош на Брисел и Вашингтон, како што се спровеле и сите други прашања. Ахмети нагласи дека земјата од овој процес ќе излезе како победник како што излезе победник со членството во НАТО, без никакви лоши последици за државата.

The post Средба Ахмети – Липавски: Уставни измени како итна потреба appeared first on Република.

]]>
Не тргнувајте со автомобил: Денеска Скопје пак блокирано, еве зошто https://republika.mk/vesti/skopje/ne-trgnuvajte-so-avtomobil-deneska-skopje-pak-blokirano-eve-zoshto/ Tue, 07 Feb 2023 09:50:56 +0000 https://republika.mk/?p=605863

Поради официјална посета на чешка делегација, предводена од министерот за надворешни работи, Јан Липавски денеска во Скопје ќе биде под посебен сообраќаен режим.

Липавски во 11 часот е на средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери а потоа и со претседател отна Комисијата за надворешни работи и Ондржеј Бенишик, претседател на Комисијата за европски работи со Антонијо Милошоски, претседател на Комисијата за надворешни работи и Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски работи

The post Не тргнувајте со автомобил: Денеска Скопје пак блокирано, еве зошто appeared first on Република.