јагоди Archives - Република https://republika.mk/tema/jagodi/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jul 2023 08:31:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јагоди Archives - Република https://republika.mk/tema/jagodi/ 32 32 Ракија од јагоди во Србија чини 50 евра https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/rakija-od-jagodi-vo-srbija-chini-50-evra/ Mon, 03 Jul 2023 19:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=657782

Домаќинот Драган од Србија прави необична ракија од јагоди. Бидејќи ракија од јагоди ретко се прави, но и исклучителен квалитет, овој загоричанец вели дека цената на овој пијалок мора да биде висока. Токму затоа не се очекува да има многу заинтересирани купувачи.

За еден казан потребни се 120 килограми јагоди плус ензими, квасец за овошни ракии и храна за квасец. Кога тоа ќе го претвориме во пари, доаѓаме до цифра од околу 400 евра за котел, во просек добивав околу осум литри ракија од 18% по казан. Пресметката е едноставна, ме чини 50 евра за литар“, нагласува Драган.

Тој додава дека ракијата можел да ја испече и на друг начин, со додавање на околу 20 килограми шеќер по казан, со што би се зголемил волуменот на добиената ракија, но ќе се намали квалитетот.

The post Ракија од јагоди во Србија чини 50 евра appeared first on Република.

]]>

Белите ледени коцки се совршен десерт за пролетните денови https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/belite-ledeni-kotski-se-sovrshen-desert-za-proletnite-denovi/ Tue, 23 May 2023 09:30:29 +0000 https://republika.mk/?p=643877

Ова е еден подзаборавен рецепт за колач од неколку состојки кој е повкусен и од сладолед. Белите ледени коцки се совршен десерт за пролетните и летните денови кога сакате да се освежите со нешто лесно. Колачот е кремаст и многу освежителен. Најубав е кога се подготвува со свежо овошје, посебно со црвени, големи и слатки јагоди. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТ: 7 белки, 7 лажици шеќер, 7 лажици брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво, 200 мл топло слатко млеко. ЗА ФИЛ: 7 жолчки, 7 лажици шеќер, 10 лажици брашно, 3 кесички ванилин шеќер, 600 мл млеко, 250 г путер или маргарин, 800 г јагоди. Декорирајте со 300 мл слатка павлака или 200-300 г шлаг во кесичка изматен со млеко. Преку колачот наредете парчиња свежи јагоди.

ПОСТАПКА: Започнете со подготовка на филот, така што ќе има доволно време да се олади, додека го подготвувате бисквитот. Издвојте ги жолчките од белките (јајцата треба да бидат на собна температура, како и останатите состојки кои се чуваат во фрижидер – млеко, слатка павлака…)

Белките тргнете ги настрана и зачувајте ги за бисквитот. Жолчките промешајте ги со жица или маталка, па додајте 7 лажици шеќер. Измешајте енергично додека шеќерот да се растопи во жолчките, па додајте 10 лажици брашно. Брашното додавајте го постепено додека непрекинато матите со маталката.

Додајте 3 кесички ванилин шеќер и повторно измешајте. Во смесата од жолчки сипете приближно 200 мл млеко (1 чаша) од вкупната количина од 600 мл. Промешајте за смесата малку да се разреди, а останатата количина сипете ја во поголемо тенџере. Кога млекото ќе зоврие, сипете ја смесата од жолчки и со постојано мешање гответе додека сѐ да се згусне како пудинг.

Измешајте го кремот така што ќе се разбијат сите грутчиња. Гответе на умерена температура за да не ви загори. Потоа, тргнете го кремот од рингла, покријте со стреч-фолија за да не фати коричка и оставете да се олади. Во меѓувреме подгответе го бисквитот.

ЗА БИСКВИТОТ: Изматете ги со миксер белките додека да станат цврсти како снег. Додајте 7 лажици шеќер и повторно изматете додека да се растопи. Потоа, просејте го брашното и прашокот за печиво и лесно соединете со шпатула за смесата да не спласне. Излејте ја смесата во подмачкан и набрашнет плех (35х25 см) и израмнете.

Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути. Во меѓувреме загрејте 1 чаша млеко за да го прелиете врз бисквитот. Млекото може да биде засладено со 2-3 лажици шеќер, но и не мора. По печењето, внимателно излејте го млекото врз бисквитот и почекајте неколку минути додека целосно да се впие.

Вратете се на подготовка на кремот. Изматете го пенасто маргаринот или путерот, па нежно соединувајте го со кремот од жолчки. Соединете во едноличен крем во кој треба да додадете ситно сечкани јагоди. Измешајте, па кога бисквитот ќе го впие млекото, премачкајте го кремот преку него.

ЗА ДЕКОРАЦИЈА: Изматете го шлагот или слатката павлака, премачкајте преку кремот. Ставете го во фрижидер да се олади на неколку часа, па послужете со сечење на коцки и декорирајте со цели јагоди или пресечени на пола. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=5_rbKMnWOnA

The post Белите ледени коцки се совршен десерт за пролетните денови appeared first on Република.

]]>

Ова е еден подзаборавен рецепт за колач од неколку состојки кој е повкусен и од сладолед. Белите ледени коцки се совршен десерт за пролетните и летните денови кога сакате да се освежите со нешто лесно. Колачот е кремаст и многу освежителен. Најубав е кога се подготвува со свежо овошје, посебно со црвени, големи и слатки јагоди. Еве што ви е потребно: ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТ: 7 белки, 7 лажици шеќер, 7 лажици брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво, 200 мл топло слатко млеко. ЗА ФИЛ: 7 жолчки, 7 лажици шеќер, 10 лажици брашно, 3 кесички ванилин шеќер, 600 мл млеко, 250 г путер или маргарин, 800 г јагоди. Декорирајте со 300 мл слатка павлака или 200-300 г шлаг во кесичка изматен со млеко. Преку колачот наредете парчиња свежи јагоди. ПОСТАПКА: Започнете со подготовка на филот, така што ќе има доволно време да се олади, додека го подготвувате бисквитот. Издвојте ги жолчките од белките (јајцата треба да бидат на собна температура, како и останатите состојки кои се чуваат во фрижидер – млеко, слатка павлака…) Белките тргнете ги настрана и зачувајте ги за бисквитот. Жолчките промешајте ги со жица или маталка, па додајте 7 лажици шеќер. Измешајте енергично додека шеќерот да се растопи во жолчките, па додајте 10 лажици брашно. Брашното додавајте го постепено додека непрекинато матите со маталката. Додајте 3 кесички ванилин шеќер и повторно измешајте. Во смесата од жолчки сипете приближно 200 мл млеко (1 чаша) од вкупната количина од 600 мл. Промешајте за смесата малку да се разреди, а останатата количина сипете ја во поголемо тенџере. Кога млекото ќе зоврие, сипете ја смесата од жолчки и со постојано мешање гответе додека сѐ да се згусне како пудинг. Измешајте го кремот така што ќе се разбијат сите грутчиња. Гответе на умерена температура за да не ви загори. Потоа, тргнете го кремот од рингла, покријте со стреч-фолија за да не фати коричка и оставете да се олади. Во меѓувреме подгответе го бисквитот. ЗА БИСКВИТОТ: Изматете ги со миксер белките додека да станат цврсти како снег. Додајте 7 лажици шеќер и повторно изматете додека да се растопи. Потоа, просејте го брашното и прашокот за печиво и лесно соединете со шпатула за смесата да не спласне. Излејте ја смесата во подмачкан и набрашнет плех (35х25 см) и израмнете. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути. Во меѓувреме загрејте 1 чаша млеко за да го прелиете врз бисквитот. Млекото може да биде засладено со 2-3 лажици шеќер, но и не мора. По печењето, внимателно излејте го млекото врз бисквитот и почекајте неколку минути додека целосно да се впие. Вратете се на подготовка на кремот. Изматете го пенасто маргаринот или путерот, па нежно соединувајте го со кремот од жолчки. Соединете во едноличен крем во кој треба да додадете ситно сечкани јагоди. Измешајте, па кога бисквитот ќе го впие млекото, премачкајте го кремот преку него. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: Изматете го шлагот или слатката павлака, премачкајте преку кремот. Ставете го во фрижидер да се олади на неколку часа, па послужете со сечење на коцки и декорирајте со цели јагоди или пресечени на пола. Деталите погледнете ги ОВДЕ. https://www.youtube.com/watch?v=5_rbKMnWOnA

The post Белите ледени коцки се совршен десерт за пролетните денови appeared first on Република.

]]>
Руските сили заплениле јагоди од Хрватска https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-zaplenile-jagodi-od-hrvatska/ Sun, 04 Dec 2022 07:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=581531

По една од многубројните битки на фронтот во Украина, руските сили заземале позиција на украинската војска, при што заплениле дел од намирниците што Украинците ги добиле од своите западни партнери.

Според снимка објавена на руските канали на социјалните мрежи, меѓу запленетаа стока имало и конзервирани јагоди од Хрватска.

Како резултат на храбрата акција, неколку милитанти никогаш нема да можат да ги вкусат прекрасните хрватски јагоди, кои ги добија од Загреб, од Хрватска, спонзор на украинскиот тероризам, пишува во описот на објавеното видео.

The post Руските сили заплениле јагоди од Хрватска appeared first on Република.

]]>

По една од многубројните битки на фронтот во Украина, руските сили заземале позиција на украинската војска, при што заплениле дел од намирниците што Украинците ги добиле од своите западни партнери. Според снимка објавена на руските канали на социјалните мрежи, меѓу запленетаа стока имало и конзервирани јагоди од Хрватска.
Како резултат на храбрата акција, неколку милитанти никогаш нема да можат да ги вкусат прекрасните хрватски јагоди, кои ги добија од Загреб, од Хрватска, спонзор на украинскиот тероризам, пишува во описот на објавеното видео.

The post Руските сили заплениле јагоди од Хрватска appeared first on Република.

]]>
Како да препознаете дали јагодите се затруени со хемикалии https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/kako-da-prepoznaete-dali-jagodite-se-zatrueni-so-hemikalii/ Mon, 09 May 2022 12:22:26 +0000 https://republika.mk/?p=499928

Голем број луѓе со нетрпение ја очекуваат пролетта и богатиот избор на овошје и зеленчук во маркетите и продавниците за храна, но овие намирници често претставуваат опасност по здравјето, затоа што повеќето од нив содржат нитрати и пестициди.

Зошто овие соединенија се опасни по здравјето?

Главната состојка на нитратот е азот, кој е неопходен за раст на растенијата. Луѓето не треба да ги земаат во прекумерни количини бидејќи, иако се практично малку токсични, плунката под влијание на ензимите се претвора во нитрити. Оние, пак, со други соединенија присутни во желудникот (како што се амини) се претвораат во многу штетни нитрозамини.

Количината на нитрати содржана во храната, меѓу другото, зависи и од обработката на земјиштето, односно од употребата на вештачки ѓубрива, пестициди, инсектициди итн. Пестицидите најчесто влијаат на несаканите промени во клетките на телото, додека нитритите доведуваат до намалување на снабдувањето со кислород. Нитритите се вклучени во оксидацијата на хемоглобинот во телото, што исто така влијае на анемијата.

Раните јагоди е подобро да се јадат во ограничени количини, бидејќи можат да содржат големо количество нитрати, предупредуваат експертите. Овошјето кое сега се нуди низ Македонија се одгледува во оранжерии, а оваа средина донекаде го нарушува квалитетот на плодот.

Сега имаме јагоди кои се одгледуваат главно на заштитено земјиште, надвор од оптимални услови, каде што веројатно има помалку светлина и топлина, а се користи и поголема количина на азотни ѓубрива. Тоа може да придонесе за акумулација на нитрати - предупредува рускиот агроном Владимир Викулов.

Тој предупредува дека кога купувате јагоди треба да внимавате на нивниот мирис и боја.

Индиректен знак за присуство на нитрати може да биде недоволно карактеристична, бледа боја, неприродно големи плодови, недоволно изразен вкус - објаснува агрономот, кој додава дека шумските јагоди, пак, се здрави.

Труењето со јагоди е реткост бидејќи луѓето обично не ги консумираат во големи количини.

Доколку не јадете повеќе од 100-150 грама истовремено, тогаш можете да го елиминирате ризикот од негативните ефекти на нитратите врз организмот. Ретко се случува некој да се отруе од јагоди затоа што не ги јадеме „во килограми“, но сепак постои одредена опасност. Се разбира, ве советувам да не претерувате - вели агрономот.

При изборот, обрнете внимание на свежината. Ако листовите поцрнат, а плодот омекне и ја промени бојата, тогаш многу брзо ќе се расипе.

The post Како да препознаете дали јагодите се затруени со хемикалии appeared first on Република.

]]>

Голем број луѓе со нетрпение ја очекуваат пролетта и богатиот избор на овошје и зеленчук во маркетите и продавниците за храна, но овие намирници често претставуваат опасност по здравјето, затоа што повеќето од нив содржат нитрати и пестициди. Зошто овие соединенија се опасни по здравјето? Главната состојка на нитратот е азот, кој е неопходен за раст на растенијата. Луѓето не треба да ги земаат во прекумерни количини бидејќи, иако се практично малку токсични, плунката под влијание на ензимите се претвора во нитрити. Оние, пак, со други соединенија присутни во желудникот (како што се амини) се претвораат во многу штетни нитрозамини. Количината на нитрати содржана во храната, меѓу другото, зависи и од обработката на земјиштето, односно од употребата на вештачки ѓубрива, пестициди, инсектициди итн. Пестицидите најчесто влијаат на несаканите промени во клетките на телото, додека нитритите доведуваат до намалување на снабдувањето со кислород. Нитритите се вклучени во оксидацијата на хемоглобинот во телото, што исто така влијае на анемијата. Раните јагоди е подобро да се јадат во ограничени количини, бидејќи можат да содржат големо количество нитрати, предупредуваат експертите. Овошјето кое сега се нуди низ Македонија се одгледува во оранжерии, а оваа средина донекаде го нарушува квалитетот на плодот.