јаболка Archives - Република https://republika.mk/tema/jabolka/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 16:59:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јаболка Archives - Република https://republika.mk/tema/jabolka/ 32 32 Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnata-otkupna-tsena-za-ajdaret-ke-iznesuva-18-denari/ Sat, 21 Sep 2024 17:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=818565

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски по средбата со откупувачите на јаболка во Ресен информира дека договорот за пласманот и минималните цени за откупот на јаболки од оваа реколта е минималната цена да биде 18 денари за ајдарет, пренесува „Слободен печат“.

Цените откупувачите ги соопштија и тие веќе од понеделник треба да бидат истакнати на секое откупно место. И она што јас можам да го ветам кон земјоделците е дека процесот ќе го следиме преку Земјоделскиот инспекторат, да помине се согласно законите и процедурите и она што сме го договориле, рече министерот.

Трипуновски додаде дека ќе се следи состојбата и секоја тенденција за зголемување нормално согласно потребите на пазарот нормално ќе има и корекција на самата цена.

„Овојпат за првпат како Министерство покажавме како на заедничка маса помеѓу откупувачите и земјоделците можеме да извлечеме некои цени кои што се надевам дека ќе бидат прифатливи од двете страни”, појасни тој.

Тој посочи дека во наредниот период Министерството останува отворено за да се разговара за сите програми и сите поддршки кои што треба да ги дава истото Министерство, нормално и измена на законите и процедурите кои што ќе значат дефинирање на одредени слабости кои што низ годините се случувале во текот на откупот.

По изјавата на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, изјава даде и еден од откупувачите на јаболка при што нагласи дека на денешната средба се дојде до едно решение да оваа сезона се започне со минимална цена со што јаболкото од прва класа Ајдарет да биде до 18 денари со тенденција на пораст. Сортите да бидат со минимални цени од 20 до 22 денари. Но, сепак се ќе зависи од сортата на јаболка.

Доколку имаме добри земјоделци, ќе имаме и добри фирми понатака”, заклучи еден од откупувачите.

„Откупната цена на индустриското јаболко ќе започнува со цена од 8 денари со тенденција од побарувачката и таа цена да расте кон повисока цена”, појасни откупувачот.

The post Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски по средбата со откупувачите на јаболка во Ресен информира дека договорот за пласманот и минималните цени за откупот на јаболки од оваа реколта е минималната цена да биде 18 денари за ајдарет, пренесува „Слободен печат“. Цените откупувачите ги соопштија и тие веќе од понеделник треба да бидат истакнати на секое откупно место. И она што јас можам да го ветам кон земјоделците е дека процесот ќе го следиме преку Земјоделскиот инспекторат, да помине се согласно законите и процедурите и она што сме го договориле, рече министерот. Трипуновски додаде дека ќе се следи состојбата и секоја тенденција за зголемување нормално согласно потребите на пазарот нормално ќе има и корекција на самата цена.
„Овојпат за првпат како Министерство покажавме како на заедничка маса помеѓу откупувачите и земјоделците можеме да извлечеме некои цени кои што се надевам дека ќе бидат прифатливи од двете страни”, појасни тој.
Тој посочи дека во наредниот период Министерството останува отворено за да се разговара за сите програми и сите поддршки кои што треба да ги дава истото Министерство, нормално и измена на законите и процедурите кои што ќе значат дефинирање на одредени слабости кои што низ годините се случувале во текот на откупот. По изјавата на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, изјава даде и еден од откупувачите на јаболка при што нагласи дека на денешната средба се дојде до едно решение да оваа сезона се започне со минимална цена со што јаболкото од прва класа Ајдарет да биде до 18 денари со тенденција на пораст. Сортите да бидат со минимални цени од 20 до 22 денари. Но, сепак се ќе зависи од сортата на јаболка.
Доколку имаме добри земјоделци, ќе имаме и добри фирми понатака”, заклучи еден од откупувачите.
„Откупната цена на индустриското јаболко ќе започнува со цена од 8 денари со тенденција од побарувачката и таа цена да расте кон повисока цена”, појасни откупувачот.

The post Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Се намалува бројот на земјоделци и производството на јаболка во ресенскиот регион https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-se-namaluva-brojot-na-zemjodeltsi-i-proizvodstvoto-na-jabolka-vo-resenskiot-region/ Tue, 20 Feb 2024 20:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=746293

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во работна посета на Ресен оствари состанок со задругите и земјоделците од ресенскиот регион каде што е разговарано за актуелните состојби во овоштарството.

Денес имаме една катастрофална ситуација со делот на производството на овошни култури од овој регион, а тоа го говорат и сите статистички податоци кои што се официјални од министерството, државниот завод за статистика и од платежната агенција. Она што сакам да го потенцирам како споредба на 2018 година со 2022 година секоја година имаме намалување на површините под јаболков насад за некаде од околу 350 хектари на годишно ниво што е едно сериозно намалување, а оваа бројка го потврдува и фактот со производството на јаболко од овој регион. Ако во 2017-2018 година сме имале производство на над 230 илјади тони јаболка, 2022 година производството било околу 90 илјади тони јаболка кое најголем дел беше откупено како индустриско јаболко што нанесе сериозна штета врз земјоделците од овој регион“, изјави Трипуновски.

Тој потсети дека не се исплатени обесштетувањата за 2018 и 2021 година иако целосната документација е испратена до министерството, до комисијата за надомест на штети, истите се одбиени од страна на министерството со објаснување дека не се запазени предвидените рокови иако истите се запазени и документацијата е навремено доставена.

Овој регион кој што е познат по производството на квалитетно македонско јаболко од година во година се намалува заради тоа што власта и министерството немаат слух за проблемите и сите оние мерки и програми кои што ги креира или се со тотално промашување, или се со задоцнување, или немаат никаков реален ефект. Ја користам оваа прилика да испратам една порака до сите земјоделци од регионов дека доаѓаат подобри времиња, сериозни луѓе на сериозни позиции, со конкретни мерки и проекти и сите оние отворени ситуации и проблеми ќе ги враќаме во нормала, односно да ја враќаме надежта на земјоделците кон една идна Влада која што ќе има сериозен однос спрема нив затоа што Македонија била и треба да остане земјоделска држава“, заврши Трипуновски.

The post Трипуновски: Се намалува бројот на земјоделци и производството на јаболка во ресенскиот регион appeared first on Република.

Србија во 2022 година од Македонија увезла јаболка во вредност од 3,1 милиони евра https://republika.mk/vesti/balkan/del-od-partizanska-utre-ke-bide-bez-voda/ Mon, 30 Oct 2023 15:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=683182

Според податоците и анализите на Здружението за растително производство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Србија (ПКС), во текот на 2022 година од Македонија увезени се најмногу јаболки, потоа домати, кромид, зелка, свежи пиперки и лубеници.

Според податоците и анализите на Здружението во 2022 година во Србија се увезени 305.990,5 тони овошје, односно за 9,1 отсто помалку во однос на претходната година. Вредноста на увезеното овошје и зеленчук изнесува 295,7 милиони евра.

Во 2022 година во Србија се увезени 26.126 тони јаболка, со увозна вредност од 3,7 милиони евра.

Јаболка најмногу се увезени од Македонија, во износ од 23.837,8 тони и во вредност од 3,1 милиони евра.

Во текот на 2022 година се увезени 169.752,1 тони зеленчук во вредност од 155,1 милиони евра. Доматите имале најголема вредност на увозот во 2022 година во износ од околу 21 милион евра или 14 отсто од вкупната вредност на увозот.

Доматите најмногу се увезувале од Македонија и Албанија, кромидот од Холандија и Македонија, компирот најмногу од Холандија и Франција, гравот од Киргистан, додека лукот од Кина.

Од Македонија се увезувала и зелка и свежи пиперки, од Албанија краставици, додека замрзнат грашок, замрзнат спанаќ и друг замрзнат мешан зеленчук увезен е во помали количини.

Лубениците најмногу се увезувале од Грција, а значително помалку и од Македонија и од Албанија, наведуваат од Здружението за растително производство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Србија.

The post Србија во 2022 година од Македонија увезла јаболка во вредност од 3,1 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Според податоците и анализите на Здружението за растително производство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Србија (ПКС), во текот на 2022 година од Македонија увезени се најмногу јаболки, потоа домати, кромид, зелка, свежи пиперки и лубеници. Според податоците и анализите на Здружението во 2022 година во Србија се увезени 305.990,5 тони овошје, односно за 9,1 отсто помалку во однос на претходната година. Вредноста на увезеното овошје и зеленчук изнесува 295,7 милиони евра. Во 2022 година во Србија се увезени 26.126 тони јаболка, со увозна вредност од 3,7 милиони евра. Јаболка најмногу се увезени од Македонија, во износ од 23.837,8 тони и во вредност од 3,1 милиони евра. Во текот на 2022 година се увезени 169.752,1 тони зеленчук во вредност од 155,1 милиони евра. Доматите имале најголема вредност на увозот во 2022 година во износ од околу 21 милион евра или 14 отсто од вкупната вредност на увозот. Доматите најмногу се увезувале од Македонија и Албанија, кромидот од Холандија и Македонија, компирот најмногу од Холандија и Франција, гравот од Киргистан, додека лукот од Кина. Од Македонија се увезувала и зелка и свежи пиперки, од Албанија краставици, додека замрзнат грашок, замрзнат спанаќ и друг замрзнат мешан зеленчук увезен е во помали количини. Лубениците најмногу се увезувале од Грција, а значително помалку и од Македонија и од Албанија, наведуваат од Здружението за растително производство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Србија.

The post Србија во 2022 година од Македонија увезла јаболка во вредност од 3,1 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Дали сте подуени? Виновникот може да биде ова овошје https://republika.mk/zivot/zdravje/dali-ste-podueni-vinovnikot-mozhe-da-bide-ova-ovoshje/ Sat, 02 Sep 2023 13:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=678143

Консумирање на одредени овошја понекогаш се поврзува со надуеност. Диететичарите тврдат дека постојат три вида на овошје чијшто внес треба да биде ограничен доколку страдате од овој проблем.

Јаболка
Иако можеби се најпопуларното овошје, јаболката се богати со влакна, што може да предизвика надуеност кај оние со чувствителен дигестивен систем. Исто така, јаболката содржат пектин, кој е тешко сварлив за некои луѓе и може да предизвика гасови и надуеност.

Лубеница
Лубеницата е омилено летно уживање со причина. Полна е со витамини и минерали, но и вода, што понекогаш може да доведе до привремена надуеност.

Манго
Мангото има многу хранливи материи, но и влакна и фруктоза, што може да биде причина за надуеност кај луѓето со чувствителен стомак. Природните шеќери и влакна во мангото може да ферментираат во дигестивниот систем, што доведува до гасови и надуеност.

The post Дали сте подуени? Виновникот може да биде ова овошје appeared first on Република.

]]>

Консумирање на одредени овошја понекогаш се поврзува со надуеност. Диететичарите тврдат дека постојат три вида на овошје чијшто внес треба да биде ограничен доколку страдате од овој проблем. Јаболка Иако можеби се најпопуларното овошје, јаболката се богати со влакна, што може да предизвика надуеност кај оние со чувствителен дигестивен систем. Исто така, јаболката содржат пектин, кој е тешко сварлив за некои луѓе и може да предизвика гасови и надуеност. Лубеница Лубеницата е омилено летно уживање со причина. Полна е со витамини и минерали, но и вода, што понекогаш може да доведе до привремена надуеност. Манго Мангото има многу хранливи материи, но и влакна и фруктоза, што може да биде причина за надуеност кај луѓето со чувствителен стомак. Природните шеќери и влакна во мангото може да ферментираат во дигестивниот систем, што доведува до гасови и надуеност.

The post Дали сте подуени? Виновникот може да биде ова овошје appeared first on Република.

]]>
Нутриционистите тврдат: Ова е најздравиот доручек на светот https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/nutritsionistite-tvrdat-ova-e-najzdraviot-doruchek-na-svetot/ Tue, 20 Jun 2023 13:08:07 +0000 https://republika.mk/?p=653413

Нутриционистите препорачуваат да го почнете денот со чаша млака вода со лимон, но што е најдобро да јадете потоа? Експертите за исхрана тврдат дека го пронашле најздравиот појадок на светот.

Иако има многу здрави опции за појадок, од смути до сендвичи со интегрален леб, најдобар избор се житарките со парчиња свежо и суво овошје. Еве еден предлог за ваков оброк:

Состојки

2 супени лажици пченични никулци

4 супени лажици овесна каша

1/4 од јаболко

3 суви кајсии

150 грама јогурт со малку маснотии

Зошто е ова најздравиот појадок?

Пченични никулци и овесна каша го снабдуваат организмот со влакна и позитивно влијаат на варењето. Овесната каша е супер-храна бидејќи е извор на сложени јаглехидрати, а е одличен избор за оние кои ја следат линијата бидејќи имаат 347 калории во 100 гр. Покрај тоа, тие содржат витамини, пред се Е и Б, и минералите селен, цинк, калциум и магнезиум. Пченични никулци се познати како чувар на нашето срце, ги намалуваат мастите во крвта и добро влијаат на нашиот вид. Тие се исто така извор на витамините Е, Б и Ц.

Ако изедеме јаболко веќе наутро, ќе го снабдиме организмот со витамини, па затоа витаминот Ц од ова чудесно овошје помага при настинки и вирусни инфекции, а влакната спречуваат запек и ја ублажуваат дијареата. Јаболкото треба само добро да се измие, но не и да се излупи, бидејќи неговата кора е исклучително богата со тритерпеноид, кој го спречува размножувањето на местата на ракот, а тоа особено се однесува на ракот на црниот дроб, дојката и дебелото црево.

Сувите кајсии се прекрасен извор на железо и витамини Б и Ц, додека во сувите кајсии има дури 12 пати повеќе витамин А отколку во свежото овошје. И конечно, јогуртот со малку маснотии ќе го комплетира вашиот оброк со протеини, калциум и калиум.

The post Нутриционистите тврдат: Ова е најздравиот доручек на светот appeared first on Република.

]]>

Нутриционистите препорачуваат да го почнете денот со чаша млака вода со лимон, но што е најдобро да јадете потоа? Експертите за исхрана тврдат дека го пронашле најздравиот појадок на светот. Иако има многу здрави опции за појадок, од смути до сендвичи со интегрален леб, најдобар избор се житарките со парчиња свежо и суво овошје. Еве еден предлог за ваков оброк:

Состојки

2 супени лажици пченични никулци 4 супени лажици овесна каша 1/4 од јаболко 3 суви кајсии 150 грама јогурт со малку маснотии

Зошто е ова најздравиот појадок?

Пченични никулци и овесна каша го снабдуваат организмот со влакна и позитивно влијаат на варењето. Овесната каша е супер-храна бидејќи е извор на сложени јаглехидрати, а е одличен избор за оние кои ја следат линијата бидејќи имаат 347 калории во 100 гр. Покрај тоа, тие содржат витамини, пред се Е и Б, и минералите селен, цинк, калциум и магнезиум. Пченични никулци се познати како чувар на нашето срце, ги намалуваат мастите во крвта и добро влијаат на нашиот вид. Тие се исто така извор на витамините Е, Б и Ц. Ако изедеме јаболко веќе наутро, ќе го снабдиме организмот со витамини, па затоа витаминот Ц од ова чудесно овошје помага при настинки и вирусни инфекции, а влакната спречуваат запек и ја ублажуваат дијареата. Јаболкото треба само добро да се измие, но не и да се излупи, бидејќи неговата кора е исклучително богата со тритерпеноид, кој го спречува размножувањето на местата на ракот, а тоа особено се однесува на ракот на црниот дроб, дојката и дебелото црево. Сувите кајсии се прекрасен извор на железо и витамини Б и Ц, додека во сувите кајсии има дури 12 пати повеќе витамин А отколку во свежото овошје. И конечно, јогуртот со малку маснотии ќе го комплетира вашиот оброк со протеини, калциум и калиум.

The post Нутриционистите тврдат: Ова е најздравиот доручек на светот appeared first on Република.

]]>
Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskite-jabolka-najpogodeni-od-ruskite-sanktsii-neizvesen-izvozot-i-na-praskata-i-tsreshata/ Fri, 10 Feb 2023 14:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=607460

Јаболката, праските и црешите се најпогодени од забраната за увоз на македонското овошје што ја воведе Русија. Забраната стапи во сила кон крајот на минатата година, а надлежните интензивно работат на нејзино укинување и се надеваат дека тоа ќе се случи до пролет. Во меѓувреме, велат, многу е тешко да се најдат алтернативни пазари за овие три култури.

Според Трајан Димковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), на рускиот пазар годишно извезуваме околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко што е 50 проценти од вкупниот извоз, праска пласираме 60 отсто од вкупниот извоз, додека производството на цреша во целост оди за Русија.

Земјава годишно на рускиот пазар извезува околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко прва класа или 50 проценти од вкупниот извоз што е многу значајно. Се надеваме дека забраната ќе биде тргната. Следна е праската од чиј вкупен извоз 60 отсто оди исто така на рускиот пазар, а најлошата варијанта важи за црешата, која стопроцентно се извезува во Русија, буквално целото производство од 1 000 – 1 500 тони. Алтернативни пазари тешко може да се најдат за сите овие три култури, изјави Димковски.

Тој денеска, на брифинг со новинарите, потенцира дека иако е „мртов период“, забраната за извоз сепак, најмногу ја погаѓа јаболката.

До пролет се надеваме дека може да се средат работите. За нас ќе биде многу лошо ако праската остане под забрана за извоз. За праската е многу тешко да најдеме алтернативен пазар, конкуренцијата од страна на Грција е огромна зашто имаат посебни сорти. Од околу 8 000 – 12 000 тони домашно производство на праска, 5 000 – 6 000 тони одат на рускиот пазар. Ако се среди ситуацијата до мај, нема да има проблеми со пласманот. Во врска со јаболкото, оние земјоделци кои ја сфатија пораката пред многу години дека „ајдаред“ тешко ќе се пробие на нови европски пазари, го сменија сортиментот и сега имаат извоз не само на европски, туку и на други пазари. „Ајдаред“ не поминува, може да помине само во арапските земји, на Истокот, на рускиот пазар,..., а овој тип јаболка зафаќа до 80 проценти од нашиот сортимент и најверојатно ќе оди за преработка. Само така ќе се извезе, но по многу пониска цена. Моментно, пет денари за килограм е индустриското јаболко, а осум до десет е конзумното, објасни Димковски.

Во моментов, додаде, земјоделците молат да ги дадат јаболката во индустријата.

Минатите години ги завршувавме со 50 отсто предаден род во преработувачките капацитети што е недозволиво и економски неоправдано. Годинава ќе видиме како ќе биде. Индустрија има во секое производство, но до 20 отсто. Всушност, затоа е и мерката за поддршка на добар дел од јаболката со по три денари за килограм, што ја опфаќа целата реколта, од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 кога се предаваат количините на домашните откупувачи, додаде Димковски.

За праската имаше слична забрана од руска страна и пред три години.

Се надевам дека како тогаш, и годинава ќе се тргне забраната пред бербата. Работиме на тоа заедно со Македонско-руската комора, подвлече Димковски.

Во Русија извезуваме и зелка, но во незначителни количини, околу осум отсто од производството, додека во Украина два процента.

The post Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата appeared first on Република.

]]>

Јаболката, праските и црешите се најпогодени од забраната за увоз на македонското овошје што ја воведе Русија. Забраната стапи во сила кон крајот на минатата година, а надлежните интензивно работат на нејзино укинување и се надеваат дека тоа ќе се случи до пролет. Во меѓувреме, велат, многу е тешко да се најдат алтернативни пазари за овие три култури. Според Трајан Димковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), на рускиот пазар годишно извезуваме околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко што е 50 проценти од вкупниот извоз, праска пласираме 60 отсто од вкупниот извоз, додека производството на цреша во целост оди за Русија.
Земјава годишно на рускиот пазар извезува околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко прва класа или 50 проценти од вкупниот извоз што е многу значајно. Се надеваме дека забраната ќе биде тргната. Следна е праската од чиј вкупен извоз 60 отсто оди исто така на рускиот пазар, а најлошата варијанта важи за црешата, која стопроцентно се извезува во Русија, буквално целото производство од 1 000 – 1 500 тони. Алтернативни пазари тешко може да се најдат за сите овие три култури, изјави Димковски.
Тој денеска, на брифинг со новинарите, потенцира дека иако е „мртов период“, забраната за извоз сепак, најмногу ја погаѓа јаболката.
До пролет се надеваме дека може да се средат работите. За нас ќе биде многу лошо ако праската остане под забрана за извоз. За праската е многу тешко да најдеме алтернативен пазар, конкуренцијата од страна на Грција е огромна зашто имаат посебни сорти. Од околу 8 000 – 12 000 тони домашно производство на праска, 5 000 – 6 000 тони одат на рускиот пазар. Ако се среди ситуацијата до мај, нема да има проблеми со пласманот. Во врска со јаболкото, оние земјоделци кои ја сфатија пораката пред многу години дека „ајдаред“ тешко ќе се пробие на нови европски пазари, го сменија сортиментот и сега имаат извоз не само на европски, туку и на други пазари. „Ајдаред“ не поминува, може да помине само во арапските земји, на Истокот, на рускиот пазар,..., а овој тип јаболка зафаќа до 80 проценти од нашиот сортимент и најверојатно ќе оди за преработка. Само така ќе се извезе, но по многу пониска цена. Моментно, пет денари за килограм е индустриското јаболко, а осум до десет е конзумното, објасни Димковски.
Во моментов, додаде, земјоделците молат да ги дадат јаболката во индустријата.
Минатите години ги завршувавме со 50 отсто предаден род во преработувачките капацитети што е недозволиво и економски неоправдано. Годинава ќе видиме како ќе биде. Индустрија има во секое производство, но до 20 отсто. Всушност, затоа е и мерката за поддршка на добар дел од јаболката со по три денари за килограм, што ја опфаќа целата реколта, од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 кога се предаваат количините на домашните откупувачи, додаде Димковски.
За праската имаше слична забрана од руска страна и пред три години.
Се надевам дека како тогаш, и годинава ќе се тргне забраната пред бербата. Работиме на тоа заедно со Македонско-руската комора, подвлече Димковски.
Во Русија извезуваме и зелка, но во незначителни количини, околу осум отсто од производството, додека во Украина два процента.

The post Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата appeared first on Република.

]]>
Русија воведува забрана за увоз на македонски јаболка https://republika.mk/vesti/ekonomija/rusija-voveduva-zabrana-za-uvoz-na-makedonski-jabolka/ Thu, 01 Dec 2022 07:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=580203

Од денеска се воведуваат привремени ограничувања за испорака на сите растителни производи од Македонија во Русија во врска со откривањето на кафеава мермерна бубачка во јаболката од земјава. Ова се наведува во соопштението на надлежната институција „Росселхознадзор“.

Од 1 декември 2022 година, Роселхознадзор забранува увоз во Русија на растителни производи од Република Македонија и производи со потекло од оваа земја, но увезени под фитосанитарни сертификати од други држави. Мерките се преземени поради идентификација на исклучително опасен, за Русија и земјите членки на Евроазиската економска унија инскет – кафеава мермерна бубачка (Halyomorpha halys) во јаболка увезени од Македонија, се вели во извештајот.

Од агенцијата наведуваат дека кафеавата мермерна бубачка е опасен штетник кој им се заканува на различни видови земјоделски производи, што може да доведе до намалување на приносите до 80 отсто од вредните култури, вклучително и житарките и овошјето.

Штетата за руското земјоделство во зоната на потенцијална штетност на кафеавата мермерна бубачка може да биде и до 2 милијарди рубљи годишно, додаваат од „Росселхознадзор“.

The post Русија воведува забрана за увоз на македонски јаболка appeared first on Република.

Намирници кои ќе ви помогнат да заспиете како бебе https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/namirnici-koi-kje-vi-pomognat-da-zaspiete-kako-bebe/ Sat, 30 Jul 2022 08:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=534979

Два до три часа пред спиење, многумина препорачуваат да не внесувате ништо од храна. Меѓутоа, доколку сте гладни и не сакате да заспиете со празен стомак, овие намирници можете да консумирате без грижа на совест.

За вечера е најпаметно да изберете нискокалорична храна и тоа минимум час време пред спиење, а посебно треба да дадете предност и да одберете храна која ја содржи аминокиселината триптофан. Таквите намирници не се лепат за стомакот, а можат и да ви помогнат полесно да заспиете. И овде треба да внимавате на количината која ја внесувате.

Кефир

Овој производ содржи калциум кој подобро се апсорбира во текот на вечерните часови, како и корисните бактерии кои се добри за варење. Нема многу калории, а потребно е да го одберете оној кој содржи 1-1.5 % млечни масти.

Мисиркино месо

Уште една добра опција за вечера. И оваа намирница содржи малку калории и протеини кои даваат чувство на ситост, а важни се и за добар метаболизам. Трудете се да не претерувате со количината и да не внесувате повеќе од 80 грама.

Бадеми

Овие јаткасти плодови содржат магнезиум кој делува смирувачки на нервниот систем. Но, бадемите содржат доста калории, но ни со нив не треба да се претерува.

Јаболка

Пред спиење печените јаболки се подобра опција од свежите. Нискокалорични се и даваат чувство на ситост.

Цреши

Сјаен извор на претходно споменатиот триптофан, помага полесно да заспиете. Меѓутоа, ова овошје содржи многу шеќери и не треба да се изедат повеќе од неколку плодови.

The post Намирници кои ќе ви помогнат да заспиете како бебе appeared first on Република.

]]>

Два до три часа пред спиење, многумина препорачуваат да не внесувате ништо од храна. Меѓутоа, доколку сте гладни и не сакате да заспиете со празен стомак, овие намирници можете да консумирате без грижа на совест. За вечера е најпаметно да изберете нискокалорична храна и тоа минимум час време пред спиење, а посебно треба да дадете предност и да одберете храна која ја содржи аминокиселината триптофан. Таквите намирници не се лепат за стомакот, а можат и да ви помогнат полесно да заспиете. И овде треба да внимавате на количината која ја внесувате. Кефир Овој производ содржи калциум кој подобро се апсорбира во текот на вечерните часови, како и корисните бактерии кои се добри за варење. Нема многу калории, а потребно е да го одберете оној кој содржи 1-1.5 % млечни масти. Мисиркино месо Уште една добра опција за вечера. И оваа намирница содржи малку калории и протеини кои даваат чувство на ситост, а важни се и за добар метаболизам. Трудете се да не претерувате со количината и да не внесувате повеќе од 80 грама. Бадеми Овие јаткасти плодови содржат магнезиум кој делува смирувачки на нервниот систем. Но, бадемите содржат доста калории, но ни со нив не треба да се претерува. Јаболка Пред спиење печените јаболки се подобра опција од свежите. Нискокалорични се и даваат чувство на ситост. Цреши Сјаен извор на претходно споменатиот триптофан, помага полесно да заспиете. Меѓутоа, ова овошје содржи многу шеќери и не треба да се изедат повеќе од неколку плодови.

The post Намирници кои ќе ви помогнат да заспиете како бебе appeared first on Република.

]]>
Државата не остави на цедило, јаболката ги продаваме за два денари, реагираат преспанските овоштари https://republika.mk/vesti/ekonomija/drzavata-ne-ostavi-na-cedilo-jabolkata-gi-prodavame-za-dva-denari-reagiraat-prespanskite-ovoshtari/ Sat, 02 Apr 2022 17:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=482427

„Државата не остави на цедило. Навреме не ни обезбеди алтернативни пазари, па сега јаболкото ни се откупува за денар-два. Тоа е исто како да сме го фрлиле, бидејќи производната цена ни е минимум 15 денари“. Вака реагираат и преспанските јаболкопроизводители, кои како и другите македонски земјоделци веќе сериозно размислуваат или да го намалат, или целосно да се откажат од производството, објави Алфа ТВ.

„Не е само Русија земја каде што може да се даде јаболкото. Низ целиот афрички континент сигурно дека немаат јаболка, а имаат пример нафта. Значи, можеа да направат компензирање или друго, ама никој од власта не мисли за народот, за земјоделците, во тоа е работат. Оваа година има многу луѓе што ги оставија овошните насади. Ако вака остане состојбата како што е, значи никој нема да го работи јаболкото. Околу четвртина од овошките повеќе не се работат, не се кројат. Со Русите ни беше најдобро, зашто ни го откупуваа во време на бербата“, објаснува Горан Дивјакоски, јаболкопроизводител од сeло Јанкоец, ресенско.

Преспанските јаболкопроизводители се жалаат дека загубите им се огромни, дури и до 70 проценти. „Министерсвото и државата никако да се разбудат и да разберат дека во Македонија има вистински земјоделци кои освен што живеат од земјоделие, тие ја хранат и нацијата“, ни рече Вулнет Сабриу, кој има 9.000 садници со 15 врсти јаболка.

„Состојбата со јаболкото во Македонија е во банкрот. Тотален банкрот. Шест години по ред, од 2016-та наваму, секоја година јаболката имаат лоша цена. Денар, пет денари, седум денари, десет денари. Не е ова една година. И ние самите не знаеме како понатаму“, ни изјави Вулнет Сабриу од село Горна Бела Црква, ресенско.

Инаку, во моментов, како што нерофицијално дознаваме, во Преспа на големо се откупувало јаболко за извоз во Србија по цена од само денар и пол до два за килограм.

The post Државата не остави на цедило, јаболката ги продаваме за два денари, реагираат преспанските овоштари appeared first on Република.