Извршен одбор Archives - Република https://republika.mk/tema/izvrshen-odbor/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Feb 2023 16:17:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Извршен одбор Archives - Република https://republika.mk/tema/izvrshen-odbor/ 32 32 СДСМ за утре закажа седници на Централниот и Извршниот одбор https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-za-utre-zakazha-sednitsi-na-tsentralniot-i-izvrshniot-odbor/ Wed, 08 Feb 2023 16:17:00 +0000 https://republika.mk/?p=606608

Извршниот одбор и Централниот одбор на СДСМ утре ќе одржат седници, потврдија за МИА од партијата. Се очекува претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски да го презентира исходот од разговорите со Алијанса за Албанците за евентуално приклучување кон владејачката коалиција, како и понудата до актуелниот коалициски партнер Алтернатива со чиј лидер Африм Гаши денеска одржа средба.

Од Алтернатива не откриваат детали за исходот од разговорите помеѓу Ковачевски и Гаши и најавуваат дека одлука за натамошното делување нивните партиски органи ќе носат откако, како што велат, ќе се формализира новата коалиција.

Од АА претходно за МИА информираа дека е постигнат договор за нивен влез во владината коалиција, согласно кој партијата во идната Влада ќе има три члена и тоа министри за правда и за здравство, додека за третото место во игра се позицијата вицепремиер задолжен за економски прашања или прв човек на Министерството за информатичко општество и администрација.

Од СДСМ, пак, посочија дека разговорите околу новото парламентарно мнозинство се во тек и не е ништо конечно, но штом има нешто во интерес на јавноста ќе информираат официјално.

Според изворите во Алијансата за Албанците, партијата ќе добие и заменици министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и за одбрана, како и двајца државни секретари, од кои едниот е во Министерството за труд и социјална политика, додека вториот ќе биде дополнително утврден. Меѓу директорските места што ќе ги добие Алијансата за Албанците се во „Пошта на Република Македонија“, МЕПСО, Државниот просветен инспекторат и Агенцијата за управување со одземен имот, како и заменици-директори во Царинската управа, Управата за јавни приходи (УЈП) и ЕСМ.

Освен со Алтернатива, пред објавување на конечниот договор околу проширувањето на владиното мнозинство, како што информираа партиски извори, Ковачевски ќе одржи средба и со останатите коалициски партнери на која ќе ги информира што е договорено за влез на АА во Владата.

Според најавите, по средбата со актуелните коалициски партнери премиерот Ковачевски треба да има средба и со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, со цел конечно да се прецизираат ресорите со кои ќе раководи партијата како нов владин партнер.

 

The post СДСМ за утре закажа седници на Централниот и Извршниот одбор appeared first on Република.

]]>

Извршниот одбор и Централниот одбор на СДСМ утре ќе одржат седници, потврдија за МИА од партијата. Се очекува претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски да го презентира исходот од разговорите со Алијанса за Албанците за евентуално приклучување кон владејачката коалиција, како и понудата до актуелниот коалициски партнер Алтернатива со чиј лидер Африм Гаши денеска одржа средба. Од Алтернатива не откриваат детали за исходот од разговорите помеѓу Ковачевски и Гаши и најавуваат дека одлука за натамошното делување нивните партиски органи ќе носат откако, како што велат, ќе се формализира новата коалиција. Од АА претходно за МИА информираа дека е постигнат договор за нивен влез во владината коалиција, согласно кој партијата во идната Влада ќе има три члена и тоа министри за правда и за здравство, додека за третото место во игра се позицијата вицепремиер задолжен за економски прашања или прв човек на Министерството за информатичко општество и администрација. Од СДСМ, пак, посочија дека разговорите околу новото парламентарно мнозинство се во тек и не е ништо конечно, но штом има нешто во интерес на јавноста ќе информираат официјално. Според изворите во Алијансата за Албанците, партијата ќе добие и заменици министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и за одбрана, како и двајца државни секретари, од кои едниот е во Министерството за труд и социјална политика, додека вториот ќе биде дополнително утврден. Меѓу директорските места што ќе ги добие Алијансата за Албанците се во „Пошта на Република Македонија“, МЕПСО, Државниот просветен инспекторат и Агенцијата за управување со одземен имот, како и заменици-директори во Царинската управа, Управата за јавни приходи (УЈП) и ЕСМ. Освен со Алтернатива, пред објавување на конечниот договор околу проширувањето на владиното мнозинство, како што информираа партиски извори, Ковачевски ќе одржи средба и со останатите коалициски партнери на која ќе ги информира што е договорено за влез на АА во Владата. Според најавите, по средбата со актуелните коалициски партнери премиерот Ковачевски треба да има средба и со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, со цел конечно да се прецизираат ресорите со кои ќе раководи партијата како нов владин партнер.  

The post СДСМ за утре закажа седници на Централниот и Извршниот одбор appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Со европскиот предлог имаме затворање на сите идентитетски прашања https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-so-evropskiot-predlog-imame-zatvoranje-na-site-identitetski-prashanja/ Mon, 04 Jul 2022 21:17:29 +0000 https://republika.mk/?p=523917

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ на која единствена точна на дневен ред била последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ. Врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, Извршниот одбор на СДСМ донел повеќе заклучоци во однос на последниот европски предлог на француското претседателство.

-Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани.

Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања.

Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена.

Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка.

Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции.

Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси.

По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието.

СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба.

Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки, стои во партиското соопштение на СДСМ.

The post СДСМ: Со европскиот предлог имаме затворање на сите идентитетски прашања appeared first on Република.

]]>

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ на која единствена точна на дневен ред била последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ. Врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, Извршниот одбор на СДСМ донел повеќе заклучоци во однос на последниот европски предлог на француското претседателство. -Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки, стои во партиското соопштение на СДСМ.

The post СДСМ: Со европскиот предлог имаме затворање на сите идентитетски прашања appeared first on Република.

]]>