измир Archives - Република https://republika.mk/tema/izmir/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 13:58:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png измир Archives - Република https://republika.mk/tema/izmir/ 32 32 Македонска свадба во Измир https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonska-svadba-vo-izmir/ Fri, 13 Sep 2024 17:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=816096

Македонска свадба во Измир, Турција

The post Македонска свадба во Измир appeared first on Република.

]]>

Македонска свадба во Измир, Турција

The post Македонска свадба во Измир appeared first on Република.

]]>
Скопје и Измир се збратимија https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-i-izmir-se-zbratimija/ Thu, 23 Mar 2023 16:19:40 +0000 https://republika.mk/?p=622925

Градоначалниците на Скопје и на Измир, Данела Арсовска и Мустафа Тунч Сојер, потпиша Протокол за збратимување меѓу двата града.

Со градоначалникот на Измир, со кој потпишавме Протокол за збратимување, истакнавме подготвеност за зајакнување на меѓусебните пријателски релации и соработка на конкретни проекти од заемен интерес, во областа на туризмот, економијата, културата, образованието и животната средина. Со овој протокол, Град Скопје и Град Измир, пристапуваат кон конкретна соработка преку реализација на проекти од заемен интерес и утврдување на соодветна динамика за нивна имплементација, се вели во соопштението од Град Скопје.

На средбата одржана на покана на градоначалникот на Измир, присуствувале пратеници, советници, градоначалници од 30 општини под градот Измир, како и голем број на здруженија, организации од деловната заедница и асоцијации на македонски иселеници во Измир.

Овој протокол е од исклучителна важност за Град Скопје од аспект на меѓународно поврзување со град со кој заемните интереси и цели ќе се преточат во проекти во сите области од интерес, како и размена на искуства кои се во надлежност на локалната самоуправа, се наведува во соопштението од Град Скопје.

The post Скопје и Измир се збратимија appeared first on Република.

Силен земјотрес го погоди Измир https://republika.mk/vesti/balkan/silen-zemjotres-go-pogodi-izmir/ Fri, 04 Nov 2022 06:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=569372

Две лица се здобија со повреди при земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди денеска западната турска провинција Измир и предизвика паника меѓу населението, соопштија официјални лица.

Градоначалникот на Измир информираше дека нема регистрирано поголема материјална штета, освен урнатото минаре на една џамија.

Турската служба за управување со вонредни состојби соопшти дека земјотресот со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во областа Буча во Измир, се случил во 3:29 часот изутринава по локално време.

Најмалку две лица се повредени, откако скокнале од високи места, додека во паника се обидувале да ги напуштат нивните домови, објави министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу на Твитер.

Пред неколку дена Измир ја одбележа годишнината од земјотресот со интензитет 6,6 степени според Рихтеровата скала, кога загинаа 117 луѓе на 30 октомври 2020 година

The post Силен земјотрес го погоди Измир appeared first on Република.

]]>

Две лица се здобија со повреди при земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди денеска западната турска провинција Измир и предизвика паника меѓу населението, соопштија официјални лица. Градоначалникот на Измир информираше дека нема регистрирано поголема материјална штета, освен урнатото минаре на една џамија. Турската служба за управување со вонредни состојби соопшти дека земјотресот со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во областа Буча во Измир, се случил во 3:29 часот изутринава по локално време. Најмалку две лица се повредени, откако скокнале од високи места, додека во паника се обидувале да ги напуштат нивните домови, објави министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу на Твитер. Пред неколку дена Измир ја одбележа годишнината од земјотресот со интензитет 6,6 степени според Рихтеровата скала, кога загинаа 117 луѓе на 30 октомври 2020 година

The post Силен земјотрес го погоди Измир appeared first on Република.

]]>
Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир од утре https://republika.mk/vesti/ekonomija/nova-sezonska-aviolinija-skopje-izmir-od-utre/ Wed, 01 Jun 2022 12:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=509747

Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир почнува од утре. Пегасус ерлајнс (Pegasus Airlines) и Санекспрес (Sunexpress), ќе летаат на оваа авио-рута, во текот на целата летна сезона, од почетокот на јуни до крајот на октомври.

Задоволни сме што се отвора оваа сезонска авиолинија, меѓу Скопје и Измир, како еден од главните туристички центри на Турција, до кој досега немаше директна авиоврска. Измир е атрактивна дестиција за македонските граѓани, како од аспект на туристички патувања, така и од бизнис-аспект, со оглед на тоа што е третиот најголем град во Турција каде е сместено најважното извозно пристаниште и каде што се одржуваат бројни саеми. Сигурни сме дека оваа линија ќе придонесе и за зголемување на бројот на туристи, како и за зајакнување на економската соработка меѓу двете држави. Со ваквиот потенцијал, се надеваме дека во иднина може да стане и редовна авиолинија во текот на целата година, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што соопштија од ТАВ Македонија, авиопревозникот Пегасус почнува да лета на релација Скопје-Измир од утре, втори јуни, и ќе лета до 27-ми октомври, секој четврток, со време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 14 часот и 20 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир, во 15 часот и 20 минути; како и секоја недела, со време на слетување во Скопје во 9 часот 55 минути и време на полетување за Измир во 10 часот и 45 минути.

Авиопревозникот Санекспрес, пак, ќе стартува со летови на истата авиолинија на 12-ти јуни и ќе лета до 2-ри октомври секоја недела, со време на слетување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 1 часот и 35 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир во 2 часот и 25 минути.

Од ТАВ Македонија очекуваат зголемен авиосообраќај во престојната летна сезона и на двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје, од каде што во моментов се лета до 43 дестинации и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, од каде што моментално има летови до 13 дестинации.

The post Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир од утре appeared first on Република.

]]>

Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир почнува од утре. Пегасус ерлајнс (Pegasus Airlines) и Санекспрес (Sunexpress), ќе летаат на оваа авио-рута, во текот на целата летна сезона, од почетокот на јуни до крајот на октомври.
Задоволни сме што се отвора оваа сезонска авиолинија, меѓу Скопје и Измир, како еден од главните туристички центри на Турција, до кој досега немаше директна авиоврска. Измир е атрактивна дестиција за македонските граѓани, како од аспект на туристички патувања, така и од бизнис-аспект, со оглед на тоа што е третиот најголем град во Турција каде е сместено најважното извозно пристаниште и каде што се одржуваат бројни саеми. Сигурни сме дека оваа линија ќе придонесе и за зголемување на бројот на туристи, како и за зајакнување на економската соработка меѓу двете држави. Со ваквиот потенцијал, се надеваме дека во иднина може да стане и редовна авиолинија во текот на целата година, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.
Како што соопштија од ТАВ Македонија, авиопревозникот Пегасус почнува да лета на релација Скопје-Измир од утре, втори јуни, и ќе лета до 27-ми октомври, секој четврток, со време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 14 часот и 20 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир, во 15 часот и 20 минути; како и секоја недела, со време на слетување во Скопје во 9 часот 55 минути и време на полетување за Измир во 10 часот и 45 минути. Авиопревозникот Санекспрес, пак, ќе стартува со летови на истата авиолинија на 12-ти јуни и ќе лета до 2-ри октомври секоја недела, со време на слетување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 1 часот и 35 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир во 2 часот и 25 минути. Од ТАВ Македонија очекуваат зголемен авиосообраќај во престојната летна сезона и на двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје, од каде што во моментов се лета до 43 дестинации и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, од каде што моментално има летови до 13 дестинации.

The post Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир од утре appeared first on Република.

]]>
Македонскиот краткометражен филм „Проблемот на Тина” – најдобар на фестивалот во Измир https://republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-kratkometrazen-film-problemot-na-tina-najdobar-na-festivalot-vo-izmir/ Mon, 30 May 2022 07:19:21 +0000 https://republika.mk/?p=508538

„Проблемот на Тина” во режија на Радован Петровиќ во продукција на „Партизанс“ и „Кино Око“ ја освои наградата Yellow Umbrella за најдобар краток филм во интернационалната селекција на Balkan Panorama Film Festival што се одржува во Измир, Турција. Филмот победи во интернационалната конкуренција од 350 пријавени филмови од поширокиот регион на Балканот.

Сценариото е на Румена Бужаровска, напишано според нејзиниот истоимен расказ. Главните улоги ги толкуваат Душица Настова, Жаклина Стефковска-Дрнасин, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицковска-Трајковиќ. Директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска, шминка Ирена Сенокозлиоска, монтажери Радован Петровиќ и Вардан Тозија, а дизајн на звук Ристо Алчинов. Продуцент на филмот е Роберт Насков. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македнија.

The post Македонскиот краткометражен филм „Проблемот на Тина” – најдобар на фестивалот во Измир appeared first on Република.

]]>

„Проблемот на Тина” во режија на Радован Петровиќ во продукција на „Партизанс“ и „Кино Око“ ја освои наградата Yellow Umbrella за најдобар краток филм во интернационалната селекција на Balkan Panorama Film Festival што се одржува во Измир, Турција. Филмот победи во интернационалната конкуренција од 350 пријавени филмови од поширокиот регион на Балканот. Сценариото е на Румена Бужаровска, напишано според нејзиниот истоимен расказ. Главните улоги ги толкуваат Душица Настова, Жаклина Стефковска-Дрнасин, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицковска-Трајковиќ. Директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска, шминка Ирена Сенокозлиоска, монтажери Радован Петровиќ и Вардан Тозија, а дизајн на звук Ристо Алчинов. Продуцент на филмот е Роберт Насков. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македнија.  

The post Македонскиот краткометражен филм „Проблемот на Тина” – најдобар на фестивалот во Измир appeared first on Република.

]]>
Награда за животно дело за актерот Мето Јовановски на Балкан панорама филм фестивал во Измир https://republika.mk/vesti/kultura/nagrada-za-zivotno-delo-za-akterot-meto-jovanovski-na-balkan-panorama-film-festival-vo-izmir/ Sun, 22 May 2022 15:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=505517

На свеченото отворање на осмото издание на Балкан панорама филм фестивал во Измир, Турција на македонскиот актер Мето Јовановски му беше доделена наградата Златен чадор за извонредни достигнувања во филмската уметност за својот актерски опус. Наградата на нашиот истакнат филмски и театарски уметник му  ја додели Ахмет Мисбах Демирџан, заменик министер за култура на Република Турција. Мето Јовановски кој воедно е и почесен гостин на фестивалот и член на жирито за избор на најдобар филм во интернационалната програма, по воведната заблагодарување кон Сали Салини директор на фестивалот, до присутните и организаторите како и кон колегите актери, филмаџии, филмски соработници „кои својата љубов и креативност ја вградиле во тој магичен филмски свет“ истакна:

Филмот како медиум, односно магични подвижни слики, ги надминуваат сите граници, бариери и се достоен репрезент, духовна вредност на културните различности и духовен спој, мост во заедништво, пријателство и љубов меѓу народите.

Чест и привилегија е да се биде во создавањето на една филмска сторија покрај бројни филмски великани, кои умеаат: животот, историското минато, бројните настани и случувања да ги преточат во мисловен, возвишен и магичен креативен филмски свет, во филмска сторија како општочовечка вредност.

За жал, нештата не секогаш се такви какви што ги посакуваме. Денес сите ние сме исправени пред нови предизвици и сведоци на бројни настани и промени, со желба за едно подобро утро во кое централна тема ќе бидат универзалните вредности како патоказ и ориентир за сите нас.“

Во чест на Мето Јовановски на фестивалот ќе се прикаже ТЕТОВИРАЊЕ на режисерот Столе Попов.

Балкан панорама филм фестивал се одржува во Измир од 21 до 27 мај и е поддржан од турското Министерство за култура и туризам како и од локалната самоуправа на Измир и се одржува во измирската општина Буча. Во ова издание ќе бидат прикажани повеќе од 150 филмови во повеќе од 250 проекции на шест локации во Измир, а селектираните филмови доаѓаат од деветте балкански земји. Унгарија е земјата во фокус на овогодинешното издание на фестивалот на кој присуствуваат бројни филмски уметници од балканскиот регион. Во официјалната селекцијата за главната награда на фестивалот се натпреварува и македонскиот филм ХОМО на Игор Иванов Изи, а како дел од разни селекции вклучени се и следните македонски филмови: ИСЧЕЗНАТИОТ на Арбен Тачи, ПРОБЛЕМОТ НА ТИНА на Радован Петровиќ, ВРБА на Милчо Манчевски, ДЕДО И ВНУК на Илија Пиперковски, МАНАКИ ВО СЛИКИ на Роберт Јанкуловски, ВРАЌАЊЕ на Кастриот Абдули, СВЕДОК на Митко Панов, со што слободно можеме да кажеме дека и македонската кинематографија е дел од фокусот на овој фестивал.

Нека овој филмски фестивал и понатаму биде духовен светилник, убавина што го краси Измир, нека и понатаму зрачи со силата на убавото и духовноста, а за радост на сите нас. Ја користам оваа прилика да ја искажам мојата благодарност кон директорот на фестивалот Сали Салини што сум почестен со ова убаво признание и мојот престој во прекрасниот Измир“, ова го изјави доајенот на македонскиот филм актерот Мето Јовановски, на синоќешното свечено отварање на 8-от по ред Интернационален филмски фестивал „Балканска панорама“ во Измир, Турција, каде му беше доделено признанието.

Признанието на Јовановски му го врачи заменик министерот за култура и туризам Ахмет Мисбах Демикран, кој истакна дека Македонија и Турција отсекогаш имале одлична поврзаност и соработка, а ова признание доделено на Јовановски е уште еден доказ за тоа.

Македонскиот актер во својот говор ги поздрави своите колеги.

Сакам да ги поздравам моите драги и почитувани колеги, актери, филмаџии, филмски соработници кои својата љубов и креативност ја вградиле во тој магичен свет, во тие подвижни магични слики како дел од колективната меморија во балканскиот и европскиот духовен простор како траен белег на филмското творештво и придонес во филмското наследство. Филмот како медиум ги надминува сите граници, бариери и е достоен репрезент, духовна вредност, на културните различности и духовен спој, мост во заедништво, пријателство и љубов меѓу народите.

Истакна дека е привилегија да се биде дел од создавањето на филмската уметност.

Да се биде дел од создавањето на една филмска сторија при бројни филмски великани кои умеат животот,историското минато, бројните настани и случувања да ги преточат во мисловен возвишен и магичен креативен филмски свет, во филмска сторија како општочовечка вредност, е привилегија.

Денес сите сме исправени пред нови предизвици и сведоци сме на бројни настани и промени со желба за едно подобро утро во кое централна тема ќе бидат универзалните вредности како патоказ и ориентир за сите нас.

Ние постоиме за публиката. Во ова време на различни пандемии и болести, ви посакувам пред се добро здравје со желба да го следиме патот на убавото и креативното“ и додаде: „ Филмот ја возвишува човековата душа“.

Дел од македонската делегација на свеченото отварање на фестивалот беа и Директорот на кинотеката на Македонија Владимир Ангелов и професорот и актер Атила Клинче.

Мето Јовановски е исто така и член на интернационалното жири за доделување на наградите во категоријата најдобар игран филм.

На фестивалот оваа година аплицираа филмови од 16 балкански земји. Станува збор за вкупно 614 апликации, 115 странски долгометражни филмови, 349 странски кратки филмови, 21 домашни долгометражни и 129 домашни кратки филмови.

Наградата „Жолт чадор“ која е симбол на овој фестивал ќе биде доделена во 11 категории, а победниците ќе бидат прогласени на 27 ми мај.

Филмскиот фестивал „Балканска панорама“ се одржува со поддршка на Министерството на култура и туризам на Турција, општина Измир и општина Буча, а основач и директор на истиот е Сали Салини. „Балканска панорама“ е мост на соработка на поле на филмската уметност помеѓу Турција и Балканот и ова година се одржува од 21 до 27 мај.

The post Награда за животно дело за актерот Мето Јовановски на Балкан панорама филм фестивал во Измир appeared first on Република.

]]>

На свеченото отворање на осмото издание на Балкан панорама филм фестивал во Измир, Турција на македонскиот актер Мето Јовановски му беше доделена наградата Златен чадор за извонредни достигнувања во филмската уметност за својот актерски опус. Наградата на нашиот истакнат филмски и театарски уметник му  ја додели Ахмет Мисбах Демирџан, заменик министер за култура на Република Турција. Мето Јовановски кој воедно е и почесен гостин на фестивалот и член на жирито за избор на најдобар филм во интернационалната програма, по воведната заблагодарување кон Сали Салини директор на фестивалот, до присутните и организаторите како и кон колегите актери, филмаџии, филмски соработници „кои својата љубов и креативност ја вградиле во тој магичен филмски свет“ истакна:
Филмот како медиум, односно магични подвижни слики, ги надминуваат сите граници, бариери и се достоен репрезент, духовна вредност на културните различности и духовен спој, мост во заедништво, пријателство и љубов меѓу народите. Чест и привилегија е да се биде во создавањето на една филмска сторија покрај бројни филмски великани, кои умеаат: животот, историското минато, бројните настани и случувања да ги преточат во мисловен, возвишен и магичен креативен филмски свет, во филмска сторија како општочовечка вредност. За жал, нештата не секогаш се такви какви што ги посакуваме. Денес сите ние сме исправени пред нови предизвици и сведоци на бројни настани и промени, со желба за едно подобро утро во кое централна тема ќе бидат универзалните вредности како патоказ и ориентир за сите нас.“  
Во чест на Мето Јовановски на фестивалот ќе се прикаже ТЕТОВИРАЊЕ на режисерот Столе Попов. Балкан панорама филм фестивал се одржува во Измир од 21 до 27 мај и е поддржан од турското Министерство за култура и туризам како и од локалната самоуправа на Измир и се одржува во измирската општина Буча. Во ова издание ќе бидат прикажани повеќе од 150 филмови во повеќе од 250 проекции на шест локации во Измир, а селектираните филмови доаѓаат од деветте балкански земји. Унгарија е земјата во фокус на овогодинешното издание на фестивалот на кој присуствуваат бројни филмски уметници од балканскиот регион. Во официјалната селекцијата за главната награда на фестивалот се натпреварува и македонскиот филм ХОМО на Игор Иванов Изи, а како дел од разни селекции вклучени се и следните македонски филмови: ИСЧЕЗНАТИОТ на Арбен Тачи, ПРОБЛЕМОТ НА ТИНА на Радован Петровиќ, ВРБА на Милчо Манчевски, ДЕДО И ВНУК на Илија Пиперковски, МАНАКИ ВО СЛИКИ на Роберт Јанкуловски, ВРАЌАЊЕ на Кастриот Абдули, СВЕДОК на Митко Панов, со што слободно можеме да кажеме дека и македонската кинематографија е дел од фокусот на овој фестивал.
Нека овој филмски фестивал и понатаму биде духовен светилник, убавина што го краси Измир, нека и понатаму зрачи со силата на убавото и духовноста, а за радост на сите нас. Ја користам оваа прилика да ја искажам мојата благодарност кон директорот на фестивалот Сали Салини што сум почестен со ова убаво признание и мојот престој во прекрасниот Измир“, ова го изјави доајенот на македонскиот филм актерот Мето Јовановски, на синоќешното свечено отварање на 8-от по ред Интернационален филмски фестивал „Балканска панорама“ во Измир, Турција, каде му беше доделено признанието.
Признанието на Јовановски му го врачи заменик министерот за култура и туризам Ахмет Мисбах Демикран, кој истакна дека Македонија и Турција отсекогаш имале одлична поврзаност и соработка, а ова признание доделено на Јовановски е уште еден доказ за тоа. Македонскиот актер во својот говор ги поздрави своите колеги.
Сакам да ги поздравам моите драги и почитувани колеги, актери, филмаџии, филмски соработници кои својата љубов и креативност ја вградиле во тој магичен свет, во тие подвижни магични слики како дел од колективната меморија во балканскиот и европскиот духовен простор како траен белег на филмското творештво и придонес во филмското наследство. Филмот како медиум ги надминува сите граници, бариери и е достоен репрезент, духовна вредност, на културните различности и духовен спој, мост во заедништво, пријателство и љубов меѓу народите.
Истакна дека е привилегија да се биде дел од создавањето на филмската уметност.
Да се биде дел од создавањето на една филмска сторија при бројни филмски великани кои умеат животот,историското минато, бројните настани и случувања да ги преточат во мисловен возвишен и магичен креативен филмски свет, во филмска сторија како општочовечка вредност, е привилегија. Денес сите сме исправени пред нови предизвици и сведоци сме на бројни настани и промени со желба за едно подобро утро во кое централна тема ќе бидат универзалните вредности како патоказ и ориентир за сите нас. Ние постоиме за публиката. Во ова време на различни пандемии и болести, ви посакувам пред се добро здравје со желба да го следиме патот на убавото и креативното“ и додаде: „ Филмот ја возвишува човековата душа“.
Дел од македонската делегација на свеченото отварање на фестивалот беа и Директорот на кинотеката на Македонија Владимир Ангелов и професорот и актер Атила Клинче. Мето Јовановски е исто така и член на интернационалното жири за доделување на наградите во категоријата најдобар игран филм. На фестивалот оваа година аплицираа филмови од 16 балкански земји. Станува збор за вкупно 614 апликации, 115 странски долгометражни филмови, 349 странски кратки филмови, 21 домашни долгометражни и 129 домашни кратки филмови. Наградата „Жолт чадор“ која е симбол на овој фестивал ќе биде доделена во 11 категории, а победниците ќе бидат прогласени на 27 ми мај. Филмскиот фестивал „Балканска панорама“ се одржува со поддршка на Министерството на култура и туризам на Турција, општина Измир и општина Буча, а основач и директор на истиот е Сали Салини. „Балканска панорама“ е мост на соработка на поле на филмската уметност помеѓу Турција и Балканот и ова година се одржува од 21 до 27 мај.

The post Награда за животно дело за актерот Мето Јовановски на Балкан панорама филм фестивал во Измир appeared first on Република.

]]>