На свеченото отворање на осмото издание на Балкан панорама филм фестивал во Измир, Турција на македонскиот актер Мето Јовановски му беше доделена наградата Златен чадор за извонредни достигнувања во филмската уметност за својот актерски опус. Наградата на нашиот истакнат филмски и театарски уметник му  ја додели Ахмет Мисбах Демирџан, заменик министер за култура на Република Турција. Мето Јовановски кој воедно е и почесен гостин на фестивалот и член на жирито за избор на најдобар филм во интернационалната програма, по воведната заблагодарување кон Сали Салини директор на фестивалот, до присутните и организаторите како и кон колегите актери, филмаџии, филмски соработници „кои својата љубов и креативност ја вградиле во тој магичен филмски свет“ истакна:

Филмот како медиум, односно магични подвижни слики, ги надминуваат сите граници, бариери и се достоен репрезент, духовна вредност на културните различности и духовен спој, мост во заедништво, пријателство и љубов меѓу народите.

Чест и привилегија е да се биде во создавањето на една филмска сторија покрај бројни филмски великани, кои умеаат: животот, историското минато, бројните настани и случувања да ги преточат во мисловен, возвишен и магичен креативен филмски свет, во филмска сторија како општочовечка вредност.

За жал, нештата не секогаш се такви какви што ги посакуваме. Денес сите ние сме исправени пред нови предизвици и сведоци на бројни настани и промени, со желба за едно подобро утро во кое централна тема ќе бидат универзалните вредности како патоказ и ориентир за сите нас.“

 

Во чест на Мето Јовановски на фестивалот ќе се прикаже ТЕТОВИРАЊЕ на режисерот Столе Попов.

Балкан панорама филм фестивал се одржува во Измир од 21 до 27 мај и е поддржан од турското Министерство за култура и туризам како и од локалната самоуправа на Измир и се одржува во измирската општина Буча. Во ова издание ќе бидат прикажани повеќе од 150 филмови во повеќе од 250 проекции на шест локации во Измир, а селектираните филмови доаѓаат од деветте балкански земји. Унгарија е земјата во фокус на овогодинешното издание на фестивалот на кој присуствуваат бројни филмски уметници од балканскиот регион. Во официјалната селекцијата за главната награда на фестивалот се натпреварува и македонскиот филм ХОМО на Игор Иванов Изи, а како дел од разни селекции вклучени се и следните македонски филмови: ИСЧЕЗНАТИОТ на Арбен Тачи, ПРОБЛЕМОТ НА ТИНА на Радован Петровиќ, ВРБА на Милчо Манчевски, ДЕДО И ВНУК на Илија Пиперковски, МАНАКИ ВО СЛИКИ на Роберт Јанкуловски, ВРАЌАЊЕ на Кастриот Абдули, СВЕДОК на Митко Панов, со што слободно можеме да кажеме дека и македонската кинематографија е дел од фокусот на овој фестивал.

Нека овој филмски фестивал и понатаму биде духовен светилник, убавина што го краси Измир, нека и понатаму зрачи со силата на убавото и духовноста, а за радост на сите нас. Ја користам оваа прилика да ја искажам мојата благодарност кон директорот на фестивалот Сали Салини што сум почестен со ова убаво признание и мојот престој во прекрасниот Измир“, ова го изјави доајенот на македонскиот филм актерот Мето Јовановски, на синоќешното свечено отварање на 8-от по ред Интернационален филмски фестивал „Балканска панорама“ во Измир, Турција, каде му беше доделено признанието.

Признанието на Јовановски му го врачи заменик министерот за култура и туризам Ахмет Мисбах Демикран, кој истакна дека Македонија и Турција отсекогаш имале одлична поврзаност и соработка, а ова признание доделено на Јовановски е уште еден доказ за тоа.

Македонскиот актер во својот говор ги поздрави своите колеги.

Сакам да ги поздравам моите драги и почитувани колеги, актери, филмаџии, филмски соработници кои својата љубов и креативност ја вградиле во тој магичен свет, во тие подвижни магични слики како дел од колективната меморија во балканскиот и европскиот духовен простор како траен белег на филмското творештво и придонес во филмското наследство. Филмот како медиум ги надминува сите граници, бариери и е достоен репрезент, духовна вредност, на културните различности и духовен спој, мост во заедништво, пријателство и љубов меѓу народите.

Истакна дека е привилегија да се биде дел од создавањето на филмската уметност.

Да се биде дел од создавањето на една филмска сторија при бројни филмски великани кои умеат животот,историското минато, бројните настани и случувања да ги преточат во мисловен возвишен и магичен креативен филмски свет, во филмска сторија како општочовечка вредност, е привилегија.

Денес сите сме исправени пред нови предизвици и сведоци сме на бројни настани и промени со желба за едно подобро утро во кое централна тема ќе бидат универзалните вредности како патоказ и ориентир за сите нас.

Ние постоиме за публиката. Во ова време на различни пандемии и болести, ви посакувам пред се добро здравје со желба да го следиме патот на убавото и креативното“ и додаде: „ Филмот ја возвишува човековата душа“.

Дел од македонската делегација на свеченото отварање на фестивалот беа и Директорот на кинотеката на Македонија Владимир Ангелов и професорот и актер Атила Клинче.

Мето Јовановски е исто така и член на интернационалното жири за доделување на наградите во категоријата најдобар игран филм.

На фестивалот оваа година аплицираа филмови од 16 балкански земји. Станува збор за вкупно 614 апликации, 115 странски долгометражни филмови, 349 странски кратки филмови, 21 домашни долгометражни и 129 домашни кратки филмови.

Наградата „Жолт чадор“ која е симбол на овој фестивал ќе биде доделена во 11 категории, а победниците ќе бидат прогласени на 27 ми мај.

Филмскиот фестивал „Балканска панорама“ се одржува со поддршка на Министерството на култура и туризам на Турција, општина Измир и општина Буча, а основач и директор на истиот е Сали Салини. „Балканска панорама“ е мост на соработка на поле на филмската уметност помеѓу Турција и Балканот и ова година се одржува од 21 до 27 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.