изгореници Archives - Република https://republika.mk/tema/izgorenici/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jul 2024 15:44:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изгореници Archives - Република https://republika.mk/tema/izgorenici/ 32 32 Почина 24-годишното момче кое беше киднапирано и принудено да се самозапали https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-24-godishnoto-momche-koe-beshe-kidnapirano-i-prinudeno-da-se-samozapali/ Mon, 08 Jul 2024 15:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=794652

Почина 24-годишното момче кое во четвртокот било киднапиран во скопската населба Ченто и принудено да се самозапали.

Денеска, во текот на денот извршена е обдукција која ќе треба да даде појасна слика на истражителите. Телото е предадено на семејството за да може да го погреба.

Инаку, 24-годишниот Биљал бил најден од страна на полициски службеник на Меѓународниот аеродром откако претходно, пожарникарите забележале пожар во индустриската зона во близина, а Биљал влегол на скопскиот аеродром со повреди од изгорениците.

На службеникот му кажал дека бил насилно пренесен со возило од населбата Ченто до Ќојлија.

Според пријавата, како што објави тогаш МВР, неколку лица со закана го натерале да се запали самиот и избегале. Тој успеал самиот да го изгасне огнот од кој бил зафатен.

Засега нема информации од извршената обдукција, но неговите познаници тврдат дека тој бил тепан и држен во кафез.

МВР се уште работи на случајот, но оттаму не одговарија на прашањата дали потврдиле дека навистина е извршено киднапирање, дали навистина Биљал е принуден да се самозапали и дали веќе имаат осомничени за случајот.

 

The post Почина 24-годишното момче кое беше киднапирано и принудено да се самозапали appeared first on Република.

]]>

Почина 24-годишното момче кое во четвртокот било киднапиран во скопската населба Ченто и принудено да се самозапали. Денеска, во текот на денот извршена е обдукција која ќе треба да даде појасна слика на истражителите. Телото е предадено на семејството за да може да го погреба. Инаку, 24-годишниот Биљал бил најден од страна на полициски службеник на Меѓународниот аеродром откако претходно, пожарникарите забележале пожар во индустриската зона во близина, а Биљал влегол на скопскиот аеродром со повреди од изгорениците. На службеникот му кажал дека бил насилно пренесен со возило од населбата Ченто до Ќојлија. Според пријавата, како што објави тогаш МВР, неколку лица со закана го натерале да се запали самиот и избегале. Тој успеал самиот да го изгасне огнот од кој бил зафатен. Засега нема информации од извршената обдукција, но неговите познаници тврдат дека тој бил тепан и држен во кафез. МВР се уште работи на случајот, но оттаму не одговарија на прашањата дали потврдиле дека навистина е извршено киднапирање, дали навистина Биљал е принуден да се самозапали и дали веќе имаат осомничени за случајот.  

The post Почина 24-годишното момче кое беше киднапирано и принудено да се самозапали appeared first on Република.

]]>
Пожарникарите во Берово спасиле едно лице од пожар, со изгореници е пренесен во болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharnikarite-vo-berovo-spasile-edno-litse-od-pozhar-so-izgorenitsi-e-prenesen-vo-bolnitsa/ Tue, 23 Jan 2024 08:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=735755

Пожарникарите од Берово, синоќа во период од 22:55 до 00:30 часот со две возила и четири пожарникари интервенирале на запалена куќа во градот. Во пожарот, едно лице се здобило со повреди - изгореници и истото е пренесено во Здравен дом Берово, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Да се слушаат препораките на пожарникарите, да не се палат отпадоци на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух. Истовремено, апелираме за внимателност при прошетките во природа на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при вакви зимски услови, со снег и мраз, е лизгаво, особено на осоите, се додава во соопштението.

За 24 часа имало вкупно 1 763 повици на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,22 отсто, а 59,78 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 62,59 отсто, кон Итната медицинска помош 32,01 процент, кон пожарникарите 2,52 отсто, а кон АМСМ 0,36 проценти од реалните повици.

The post Пожарникарите во Берово спасиле едно лице од пожар, со изгореници е пренесен во болница appeared first on Република.

]]>

Пожарникарите од Берово, синоќа во период од 22:55 до 00:30 часот со две возила и четири пожарникари интервенирале на запалена куќа во градот. Во пожарот, едно лице се здобило со повреди - изгореници и истото е пренесено во Здравен дом Берово, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Да се слушаат препораките на пожарникарите, да не се палат отпадоци на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух. Истовремено, апелираме за внимателност при прошетките во природа на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при вакви зимски услови, со снег и мраз, е лизгаво, особено на осоите, се додава во соопштението.
За 24 часа имало вкупно 1 763 повици на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,22 отсто, а 59,78 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 62,59 отсто, кон Итната медицинска помош 32,01 процент, кон пожарникарите 2,52 отсто, а кон АМСМ 0,36 проценти од реалните повици.

The post Пожарникарите во Берово спасиле едно лице од пожар, со изгореници е пренесен во болница appeared first on Република.

]]>
Бебе почина од изгореници при капење https://republika.mk/vesti/balkan/bebe-pochina-od-izgorenitsi-pri-kapene/ Mon, 24 Jul 2023 15:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=664842

Едногодишно девојче од Ваљево, Србија, починало од изгореници од топла вода додека се капело.

Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но нивните напори не дале резултат. Инаку, 25-годишната мајка вчера во Ургентниот центар во Ваљево ја донела својата едногодишна ќерка без свест.

25-годишната жена и нејзиниот сопруг имаат четири малолетни деца, а се претпоставува дека повреденото девојче се здобила со изгореници кога нејзиниот тригодишен брат истурил топла вода во кадата, пишува Телеграф. Мајката во тоа време не била во бањата. Српските медиуми јавуваат дека сѐ се случило синоќа околу 21:30 часот.

The post Бебе почина од изгореници при капење appeared first on Република.

]]>

Едногодишно девојче од Ваљево, Србија, починало од изгореници од топла вода додека се капело.

Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но нивните напори не дале резултат. Инаку, 25-годишната мајка вчера во Ургентниот центар во Ваљево ја донела својата едногодишна ќерка без свест. 25-годишната жена и нејзиниот сопруг имаат четири малолетни деца, а се претпоставува дека повреденото девојче се здобила со изгореници кога нејзиниот тригодишен брат истурил топла вода во кадата, пишува Телеграф. Мајката во тоа време не била во бањата. Српските медиуми јавуваат дека сѐ се случило синоќа околу 21:30 часот.

The post Бебе почина од изгореници при капење appeared first on Република.

]]>
Состојки што ги имате по дома, а може да помогнат против изгореници https://republika.mk/zivot/zdravje/sostojki-shto-gi-imate-po-doma-a-mozhe-da-pomognat-protiv-izgorenitsi/ Sun, 09 Jul 2023 16:31:36 +0000 https://republika.mk/?p=659431

Изгорениците од сончевите зраци се чести во летниот период, без оглед колку и какви мерки преземаме.

Доколку се случи тоа, има неколку природни методи, кои можат да ни помогнат. Еден од нив е премачкување со неколку лажици готварска сода и млака вода, сразмерно, во период од 15 до 20 минути. Потоа, изгореното место да не се брише со крпа.

Овесните снегулки се друг начин. Една чаша овес се става во млака вода и така добиената смеса се истура на кожата за таа да омекне. Густата течност од растението алое, исто така, ги намалува црвенилото и болката од изгореницата.

Пресечете неои од подебелите листови на растението и течноста се нанесува пет до шест пати дневно и тоа се повторува во тек на неколку дена.

The post Состојки што ги имате по дома, а може да помогнат против изгореници appeared first on Република.

]]>

Изгорениците од сончевите зраци се чести во летниот период, без оглед колку и какви мерки преземаме. Доколку се случи тоа, има неколку природни методи, кои можат да ни помогнат. Еден од нив е премачкување со неколку лажици готварска сода и млака вода, сразмерно, во период од 15 до 20 минути. Потоа, изгореното место да не се брише со крпа. Овесните снегулки се друг начин. Една чаша овес се става во млака вода и така добиената смеса се истура на кожата за таа да омекне. Густата течност од растението алое, исто така, ги намалува црвенилото и болката од изгореницата. Пресечете неои од подебелите листови на растението и течноста се нанесува пет до шест пати дневно и тоа се повторува во тек на неколку дена.

The post Состојки што ги имате по дома, а може да помогнат против изгореници appeared first on Република.

]]>
Приготвувањето зимница завршило трагично: Жена паднала во врело тенџере и починала од изгореници https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prigotvuvanjeto-zimnica-zavrshilo-tragichno-zena-padnala-vo-vrelo-tendzere-i-pochinala-od-izgorenici/ Wed, 28 Sep 2022 15:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=555288

Скопјанка на возраст од околу 50 години паднала во тенџере во кое се приготвувала врела зимница, а подоцна од последиците на несреќата починала.

Според информациите до кои дошла редакцијата на Скопје Инфо, жената пред неколку дена со сериозни изгореници по телото била хоспитализирана во скопската градска болница „Св. Наум Охридски“.

За жал, по неколку дена, подлегнала на повредите. Според лекарските извори, на кои се повикува порталот, причина за несреќата најверојатно била претходното козумирање алкохол.

The post Приготвувањето зимница завршило трагично: Жена паднала во врело тенџере и починала од изгореници appeared first on Република.

]]>

Скопјанка на возраст од околу 50 години паднала во тенџере во кое се приготвувала врела зимница, а подоцна од последиците на несреќата починала. Според информациите до кои дошла редакцијата на Скопје Инфо, жената пред неколку дена со сериозни изгореници по телото била хоспитализирана во скопската градска болница „Св. Наум Охридски“. За жал, по неколку дена, подлегнала на повредите. Според лекарските извори, на кои се повикува порталот, причина за несреќата најверојатно била претходното козумирање алкохол.

The post Приготвувањето зимница завршило трагично: Жена паднала во врело тенџере и починала од изгореници appeared first on Република.

]]>
Седум начини да ги ублажите изгорениците од сонце и да го задржите убавиот тен без флеки и лупење https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/sedum-nachini-da-gi-ublazite-izgorenicite-od-sonce-i-da-go-zadrzite-ubaviot-ten-bez-fleki-i-lupenje/ Sat, 16 Jul 2022 09:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=529698

Летното уживање на плажа деновиве може да предизвика проблеми доколку не се внимава на сонцето и на заштитата на кожата од сончевите зраци.

Доколку вашата кожа изгори на сонцето, без разлика дали изгореницата е блага или веќе се создаваат плускавци, постојат решенија кои ќе ви овозможат да го направите процесот што е можно побезболен и лесен, без лузни и промени во пигментацијата.

Пред сè, важно е да се запамети дека изгорениците се знаци на оштетување од сонце, а долгорочното изложување го зголемува ризикот од рак на кожата, па затоа е многу важно кремот со заштитен фактор да биде задолжителен.

Исто како и другите видови на изгореници, изгорениците од сонце се класифицираат според сериозноста како прв, втор или трет степен - и знаејќи кој тип го имате ќе ги води вашите следни чекори кога станува збор за нега.

1 степен: кожата е црвена и болна

2 степен: освен црвенило се појавуваат и плускавци

3 степен: најтежок тип и се советува веднаш да се побара лекарска помош. Покрај црвенило и плускавци кои покриваат повеќе од 20 проценти од кожата, симптомите може да вклучуваат силна главоболка, морници, висока температура и екстремна дехидрација.

1. Изладете ја кожата

Првата работа што треба да ја направите, дури и ако сè уште сте на плажа, е да се држите подалеку од сонце за да избегнете влошување на изгорениците. Најдете сенка, покријте ја кожата и направете се што можете за да се заштитите од штетното УВ изложување. Изгорената кожа е чувствителна и изложена на ризик од дополнително оштетување.

Потоа обидете се да го изладите, а за тоа можете да користите алое вера или кисело млеко. Исто така, туширањето со ладна вода може да помогне во ублажување на црвенилото и воспалението.

2. Хидратацијата е клучна!

Кога вашата кожа ќе се олади, нанесете лесен, хидратантен крем. Алоето, како и купките или облогите со овесно млеко се многу смирувачки. Посебен плус е ако претходно ги чувате во фрижидер за ефект на ладење.

3. Пијте многу вода

Кога ќе се појават изгореници, пиењето вода е исто толку важно како и нанесувањето навлажнувачки креми, особено ако веќе се создаваат плускавци бидејќи црпат вода од кожата.

4. Доколку е потребно, користете лекови

Секој лек кој има антиинфламаторно дејство може да помогне да се намалат симптомите. Секако, доколку не сте сигурни, консултирајте се со фармацевт или лекар.

5. Мора дополнително да ја заштитите и покриете оштетената кожа

Покривањето на црвената и иритирана кожа ќе го забрза нејзиното заздравување, па затоа е клучно да се заштити од сонцето и топол воздух, што значи лесни ткаенини над неа, по можност од природни материјали како памук.

6. Правилно третирајте ги плускавците

Изгорениците од втор степен доведуваат до појава на плускавци, а кога ќе се формираат на кожата, треба да ги оставите сами да пукнат за да се исцеди лимфата и течноста. Кожата под плускавците е многу нежна, бидејќи нервите се изложени на воздухот.

Носете тенка облека над иритираните делови и не отстранувајте ја „кожата“ бидејќи тоа може да ја оштети здравата кожа и да создаде лузни.

7. Либерално нанесувајте крема за сончање

Последното и најважно е да не штедите на кремата за сончање. Додека кожата заздравува, може да биде исклучително чувствителна на сонце, затоа внимавајте на изложеноста на УВ зраците и често нанесувајте крема за сончање.

Ова е од суштинско значење дури и откако вашата кожа заздрави: секое изгореници ги зголемува шансите за рак на кожата и предвремено стареење, затоа почнете да нанесувате крема за сончање што е можно поскоро и почнете да преземате други чекори за да ја заштитите вашата кожа од сонце.

The post Седум начини да ги ублажите изгорениците од сонце и да го задржите убавиот тен без флеки и лупење appeared first on Република.

]]>

Летното уживање на плажа деновиве може да предизвика проблеми доколку не се внимава на сонцето и на заштитата на кожата од сончевите зраци. Доколку вашата кожа изгори на сонцето, без разлика дали изгореницата е блага или веќе се создаваат плускавци, постојат решенија кои ќе ви овозможат да го направите процесот што е можно побезболен и лесен, без лузни и промени во пигментацијата. Пред сè, важно е да се запамети дека изгорениците се знаци на оштетување од сонце, а долгорочното изложување го зголемува ризикот од рак на кожата, па затоа е многу важно кремот со заштитен фактор да биде задолжителен. Исто како и другите видови на изгореници, изгорениците од сонце се класифицираат според сериозноста како прв, втор или трет степен - и знаејќи кој тип го имате ќе ги води вашите следни чекори кога станува збор за нега. 1 степен: кожата е црвена и болна 2 степен: освен црвенило се појавуваат и плускавци 3 степен: најтежок тип и се советува веднаш да се побара лекарска помош. Покрај црвенило и плускавци кои покриваат повеќе од 20 проценти од кожата, симптомите може да вклучуваат силна главоболка, морници, висока температура и екстремна дехидрација.

1. Изладете ја кожата

Првата работа што треба да ја направите, дури и ако сè уште сте на плажа, е да се држите подалеку од сонце за да избегнете влошување на изгорениците. Најдете сенка, покријте ја кожата и направете се што можете за да се заштитите од штетното УВ изложување. Изгорената кожа е чувствителна и изложена на ризик од дополнително оштетување. Потоа обидете се да го изладите, а за тоа можете да користите алое вера или кисело млеко. Исто така, туширањето со ладна вода може да помогне во ублажување на црвенилото и воспалението.

2. Хидратацијата е клучна!

Кога вашата кожа ќе се олади, нанесете лесен, хидратантен крем. Алоето, како и купките или облогите со овесно млеко се многу смирувачки. Посебен плус е ако претходно ги чувате во фрижидер за ефект на ладење.

3. Пијте многу вода

Кога ќе се појават изгореници, пиењето вода е исто толку важно како и нанесувањето навлажнувачки креми, особено ако веќе се создаваат плускавци бидејќи црпат вода од кожата.

4. Доколку е потребно, користете лекови

Секој лек кој има антиинфламаторно дејство може да помогне да се намалат симптомите. Секако, доколку не сте сигурни, консултирајте се со фармацевт или лекар.

5. Мора дополнително да ја заштитите и покриете оштетената кожа

Покривањето на црвената и иритирана кожа ќе го забрза нејзиното заздравување, па затоа е клучно да се заштити од сонцето и топол воздух, што значи лесни ткаенини над неа, по можност од природни материјали како памук.

6. Правилно третирајте ги плускавците

Изгорениците од втор степен доведуваат до појава на плускавци, а кога ќе се формираат на кожата, треба да ги оставите сами да пукнат за да се исцеди лимфата и течноста. Кожата под плускавците е многу нежна, бидејќи нервите се изложени на воздухот. Носете тенка облека над иритираните делови и не отстранувајте ја „кожата“ бидејќи тоа може да ја оштети здравата кожа и да создаде лузни.

7. Либерално нанесувајте крема за сончање

Последното и најважно е да не штедите на кремата за сончање. Додека кожата заздравува, може да биде исклучително чувствителна на сонце, затоа внимавајте на изложеноста на УВ зраците и често нанесувајте крема за сончање. Ова е од суштинско значење дури и откако вашата кожа заздрави: секое изгореници ги зголемува шансите за рак на кожата и предвремено стареење, затоа почнете да нанесувате крема за сончање што е можно поскоро и почнете да преземате други чекори за да ја заштитите вашата кожа од сонце.

The post Седум начини да ги ублажите изгорениците од сонце и да го задржите убавиот тен без флеки и лупење appeared first on Република.

]]>
Тригодишно дете се попарило со врела вода, мајката го лечела со маст и не го однела на доктор https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/trigodishno-dete-se-poparilo-so-vrela-voda-majkata-go-lechela-so-mast-i-ne-go-odnela-na-doktor/ Sat, 29 Jan 2022 17:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=451293

Тригодишно дете починало во Ниш откако се здобило со изгореници опасни по живот, а потоа било лечено во домашни услови. Основното јавно обвинителство Ниш утрово и одреди притвор на неговата мајка С.Т.(32) од тој град.

Имено, додека со бабата ги хранела своите три малолетни деца во дневната соба, четвртото дете кое има само три години отишло во тоалет, испуштило топла вода и се здобило со изгореници по телото.

После тоа, таа наводно не го однела на лекар, туку купила маст против изгореници во аптека и му ја нанела. Во таа прилика забележала дека кожата му паѓа од изгорените места, пишува Информер.

Детето престанало да дише околу 4 часот наутро, по што била повикана брза помош која констатирала смрт.

Наредена е обдукција.

The post Тригодишно дете се попарило со врела вода, мајката го лечела со маст и не го однела на доктор appeared first on Република.

]]>

Тригодишно дете починало во Ниш откако се здобило со изгореници опасни по живот, а потоа било лечено во домашни услови. Основното јавно обвинителство Ниш утрово и одреди притвор на неговата мајка С.Т.(32) од тој град. Имено, додека со бабата ги хранела своите три малолетни деца во дневната соба, четвртото дете кое има само три години отишло во тоалет, испуштило топла вода и се здобило со изгореници по телото. После тоа, таа наводно не го однела на лекар, туку купила маст против изгореници во аптека и му ја нанела. Во таа прилика забележала дека кожата му паѓа од изгорените места, пишува Информер. Детето престанало да дише околу 4 часот наутро, по што била повикана брза помош која констатирала смрт. Наредена е обдукција.

The post Тригодишно дете се попарило со врела вода, мајката го лечела со маст и не го однела на доктор appeared first on Република.

]]>