избори Грција Archives - Република https://republika.mk/tema/izbori-grtsija/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Jun 2023 20:25:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png избори Грција Archives - Република https://republika.mk/tema/izbori-grtsija/ 32 32 Нова демократија самата ќе формира влада https://republika.mk/vesti/balkan/nova-demokratija-samata-ke-formira-vlada/ Sun, 25 Jun 2023 20:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=655052

Во Парламент со осум партии, 13 отсто од гласовите и 35 пратенички места отидоа кај радикално десничарски партии, а место во Парламентот обезбеди и досега непознатата Спартанци, поддржана од осуден поранешен член на Златна зора, покажуваат резултатите од парламентарните избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Со пребројани 91 отсто од гласовите Нова демократија добива 40,52 отсто од гласовите, 22,68 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА.

Партијата победник доби 158 пратенички места со што Кирјакос Мицотакис ќе може да формира еднопартиска Влада.

Во однос на распоредот на силите во грчкиот Парламент, СИРИЗА е втора со 17,84 проценти и 47 пратенички места, ПАСОК е на третата позиција со 11,95 отсто и 32 пратенички места, Комунистичка партија добива 7,62 отсто и 20 пратеници.

Потоа следат десничарските партии: Спартанци со 4,70 отсто и 13 пратенички места, Грчко решение 4,48 отсто и 12 пратенички места и Победа со 3,72 проценти и десет пратеници.

На последното место е Курс на слободата на поранешната претседателка на Парламентот од редовите на СИРИЗА Зои Константопулу со 3,16 отсто и осум пратенички места.

Од десничарските партии, Грчко решение беше дел и од претходниот пратенички состав, додека пак солунската Победа и радикалната десница Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис прв пат ќе влезат во Парламентот.

Излезноста е официјални информации е 52,41 отсто.

На претходните избори на 21 мај годинава, Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, СИРИЗА беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во Парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез.

The post Нова демократија самата ќе формира влада appeared first on Република.

]]>

Во Парламент со осум партии, 13 отсто од гласовите и 35 пратенички места отидоа кај радикално десничарски партии, а место во Парламентот обезбеди и досега непознатата Спартанци, поддржана од осуден поранешен член на Златна зора, покажуваат резултатите од парламентарните избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Со пребројани 91 отсто од гласовите Нова демократија добива 40,52 отсто од гласовите, 22,68 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА. Партијата победник доби 158 пратенички места со што Кирјакос Мицотакис ќе може да формира еднопартиска Влада. Во однос на распоредот на силите во грчкиот Парламент, СИРИЗА е втора со 17,84 проценти и 47 пратенички места, ПАСОК е на третата позиција со 11,95 отсто и 32 пратенички места, Комунистичка партија добива 7,62 отсто и 20 пратеници. Потоа следат десничарските партии: Спартанци со 4,70 отсто и 13 пратенички места, Грчко решение 4,48 отсто и 12 пратенички места и Победа со 3,72 проценти и десет пратеници. На последното место е Курс на слободата на поранешната претседателка на Парламентот од редовите на СИРИЗА Зои Константопулу со 3,16 отсто и осум пратенички места. Од десничарските партии, Грчко решение беше дел и од претходниот пратенички состав, додека пак солунската Победа и радикалната десница Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис прв пат ќе влезат во Парламентот. Излезноста е официјални информации е 52,41 отсто. На претходните избори на 21 мај годинава, Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, СИРИЗА беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во Парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез.

The post Нова демократија самата ќе формира влада appeared first on Република.

]]>
„Нова демократија“ на Мицотакис повторно победи во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/nova-demokratija-na-mitsotakis-povtorno-pobedi-vo-grtsija/ Sun, 25 Jun 2023 18:51:23 +0000 https://republika.mk/?p=655029

Доскорешната владејачката конзервативна партија „Нова демократија“ повторно победи на денешните предвремени избори во Грција, покажува првата излезна анкета што ја објави атинската РТВ СКАИ.

Првиот примерок од излезните анкети покажува дека партијата на Киријакос Мицотакис денеска добила меѓу 40 и 44 отсто од гласовите, што ќе и овозможи самостојно да владее.

Водечката опозициска партија, левичарската популистичка СИРИЗА, доби 16,5 спрема 19,1 отсто од гласовите.

Следуваат: ПАСОК-КИНАЛ (10-13 отсто од гласовите), КПГ (7,2-9,2 отсто од гласовите), „Спартанци“ (меѓу четири и шест отсто), „Грчко решение“ (2,3 до четири отсто), НИКИ (ПОБЕДИ, 2,3 до четири проценти), Плевси Елефтериас (Патот на слободата, два до четири проценти) и МеРА 25 (два до четири проценти од гласовите).

Партиите кои ќе освојат најмалку три отсто од гласовите ќе влезат во Парламентот на Грција, а распоредот на пратеничките мандати се одредува со сложена пресметка.

Стопроцентни резултати од излезната анкета се очекуваат вечерва по 19 часот, а првиот официјален резултат ќе биде објавен половина час подоцна.

Грција денеска гласаше на вторите парламентарни избори во последните пет недели.

На изборите на 21 мај, „Нова демократија“ на Мицотакис освои најмногу гласови, но не доволно за формирање независна влада. Мицотакис без противење од другите партии одлучи да не формира коалициска влада, туку денеска да оди на нови избори кои се организираа според изменетиот изборен закон, а победничката партија ќе добие бонус од 25 до 50 пратенички места во зависност на резултатите.

The post „Нова демократија“ на Мицотакис повторно победи во Грција appeared first on Република.

]]>

Доскорешната владејачката конзервативна партија „Нова демократија“ повторно победи на денешните предвремени избори во Грција, покажува првата излезна анкета што ја објави атинската РТВ СКАИ. Првиот примерок од излезните анкети покажува дека партијата на Киријакос Мицотакис денеска добила меѓу 40 и 44 отсто од гласовите, што ќе и овозможи самостојно да владее. Водечката опозициска партија, левичарската популистичка СИРИЗА, доби 16,5 спрема 19,1 отсто од гласовите. Следуваат: ПАСОК-КИНАЛ (10-13 отсто од гласовите), КПГ (7,2-9,2 отсто од гласовите), „Спартанци“ (меѓу четири и шест отсто), „Грчко решение“ (2,3 до четири отсто), НИКИ (ПОБЕДИ, 2,3 до четири проценти), Плевси Елефтериас (Патот на слободата, два до четири проценти) и МеРА 25 (два до четири проценти од гласовите). Партиите кои ќе освојат најмалку три отсто од гласовите ќе влезат во Парламентот на Грција, а распоредот на пратеничките мандати се одредува со сложена пресметка. Стопроцентни резултати од излезната анкета се очекуваат вечерва по 19 часот, а првиот официјален резултат ќе биде објавен половина час подоцна. Грција денеска гласаше на вторите парламентарни избори во последните пет недели. На изборите на 21 мај, „Нова демократија“ на Мицотакис освои најмногу гласови, но не доволно за формирање независна влада. Мицотакис без противење од другите партии одлучи да не формира коалициска влада, туку денеска да оди на нови избори кои се организираа според изменетиот изборен закон, а победничката партија ќе добие бонус од 25 до 50 пратенички места во зависност на резултатите.

The post „Нова демократија“ на Мицотакис повторно победи во Грција appeared first on Република.

]]>
Распуштен грчкиот Парламент и официјално распишани новите избори во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/raspushten-grchkiot-parlament-i-ofitsijalno-raspishani-novite-izbori-vo-grtsija/ Mon, 29 May 2023 15:20:56 +0000 https://republika.mk/?p=645820

Грчкиот Парламент помалку од 24 часа откако беше отворен, попладнево се распушти согласно издадениот претседателски декрет потпишан од претседателката Катерина Сакеларопулу и премиерот Јоанис Сармас, со што и официјално се распишани изборите во Грција на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателскиот декрет беше закачен на влезната врата на Парламентот, а предвидува новиот парламентарен состав што ќе произлезе од изборите, првата седница да ја одржи на 3 јули, односно осум дена по изборите.

Пратениците кои минатата седмица ја добија довербата од граѓаните имаа мандат пократок од 24 часа, што е втор пат во поновата грчка историја, Парламентот да се отвори на само еден ден.

Вчера во 18 часот новите 300 пратеници положија свечена заклетва, денеска беа избрани претседателот на Парламентот, замениците и секретарите, а во 16 часот попладнево, Парламентот се распушти.

Претходно, пратеникот од Нова демократија Константинос Тасулас со 270 гласа „за“ и 26 воздржани, одново доби доверба од пратениците и беше реизбран за претседател на грчкиот Парламентот

Новиот парламентарен го сочинуваа пратеници од пет партии кои на изборите го преминаа прагот од три отсто за влез во Парламентот.

Нова демократија доби 146 пратеници, СИРИЗА 71, ПАСОК- Движење на промена 41, Комунистичката партија 26, а Грчко решение 16 пратеници.

Со објавувањето на претседателскиот декрет и распуштањето на Парламентот, Грција влегува во нов, втор предизборен период откако по изборите на 21 мај, ниту една од партиите не го обезбеди потребното мнозинство за формирање Влада.

The post Распуштен грчкиот Парламент и официјално распишани новите избори во Грција appeared first on Република.

]]>

Грчкиот Парламент помалку од 24 часа откако беше отворен, попладнево се распушти согласно издадениот претседателски декрет потпишан од претседателката Катерина Сакеларопулу и премиерот Јоанис Сармас, со што и официјално се распишани изборите во Грција на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателскиот декрет беше закачен на влезната врата на Парламентот, а предвидува новиот парламентарен состав што ќе произлезе од изборите, првата седница да ја одржи на 3 јули, односно осум дена по изборите. Пратениците кои минатата седмица ја добија довербата од граѓаните имаа мандат пократок од 24 часа, што е втор пат во поновата грчка историја, Парламентот да се отвори на само еден ден. Вчера во 18 часот новите 300 пратеници положија свечена заклетва, денеска беа избрани претседателот на Парламентот, замениците и секретарите, а во 16 часот попладнево, Парламентот се распушти. Претходно, пратеникот од Нова демократија Константинос Тасулас со 270 гласа „за“ и 26 воздржани, одново доби доверба од пратениците и беше реизбран за претседател на грчкиот Парламентот Новиот парламентарен го сочинуваа пратеници од пет партии кои на изборите го преминаа прагот од три отсто за влез во Парламентот. Нова демократија доби 146 пратеници, СИРИЗА 71, ПАСОК- Движење на промена 41, Комунистичката партија 26, а Грчко решение 16 пратеници. Со објавувањето на претседателскиот декрет и распуштањето на Парламентот, Грција влегува во нов, втор предизборен период откако по изборите на 21 мај, ниту една од партиите не го обезбеди потребното мнозинство за формирање Влада.

The post Распуштен грчкиот Парламент и официјално распишани новите избори во Грција appeared first on Република.

]]>
Си го бара единствениот гласач за да го почасти: Со сопругата Светлана бевме на Миконос и не ни гласавме https://republika.mk/vesti/balkan/si-go-bara-edinstveniot-glasach-za-da-go-pochasti-so-soprugata-svetlana-bevme-na-mikonos-i-ne-ni-glasavme/ Mon, 22 May 2023 17:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=643708

Партијата Грци еколози - Димостенис Вергис на вчерашните парламентарни избори во Грција освои само еден глас, а ниту претседателот, ниту неговата сопруга не гласале, па затоа го бараат единствен гласач на партијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Меѓу 36 партии што учествуваа на изборите во Грција, на последното место со само еден глас се најде Грци еколози на Димостенис Вергис, а лично тој за „Прото тема“ вели дека со сопругата биле на викенд на Миконос и воопшто не гласале, па затоа, го бара неговиот еден и единствен гласач.

Се има случено да учествувам на национални избори и да не добијам глас, сега барем добив еден. Дури го барам да го најдам човекот што ме избра за да му се заблагодарам и да го почестам. Ова беше големо изненадување за мене. Ќе се распрашам и ќе се обидам да го најдам тој што гласаше за мене. Морам да го најдам гласачкото ливче, го сакам за сувенир, вели 82-годишниот Вергис за „Прото тема“.

На минатите парламентарни избори во 2019 година, партијата Грци еколози - Димостенис Вергис, која го носи и името на основачот и претседателот, не освои ниту еден глас.

The post Си го бара единствениот гласач за да го почасти: Со сопругата Светлана бевме на Миконос и не ни гласавме appeared first on Република.

]]>

Партијата Грци еколози - Димостенис Вергис на вчерашните парламентарни избори во Грција освои само еден глас, а ниту претседателот, ниту неговата сопруга не гласале, па затоа го бараат единствен гласач на партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Меѓу 36 партии што учествуваа на изборите во Грција, на последното место со само еден глас се најде Грци еколози на Димостенис Вергис, а лично тој за „Прото тема“ вели дека со сопругата биле на викенд на Миконос и воопшто не гласале, па затоа, го бара неговиот еден и единствен гласач.
Се има случено да учествувам на национални избори и да не добијам глас, сега барем добив еден. Дури го барам да го најдам човекот што ме избра за да му се заблагодарам и да го почестам. Ова беше големо изненадување за мене. Ќе се распрашам и ќе се обидам да го најдам тој што гласаше за мене. Морам да го најдам гласачкото ливче, го сакам за сувенир, вели 82-годишниот Вергис за „Прото тема“.
На минатите парламентарни избори во 2019 година, партијата Грци еколози - Димостенис Вергис, која го носи и името на основачот и претседателот, не освои ниту еден глас.

The post Си го бара единствениот гласач за да го почасти: Со сопругата Светлана бевме на Миконос и не ни гласавме appeared first on Република.

]]>
Парламентарни избори во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/parlamentarni-izbori-vo-grtsija/ Sun, 21 May 2023 07:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=643146

Нешто помалку од десет милиони граѓани, поконкретно 9.810.040 Грци, од кои 438.595 се нови гласачи на возраст од 17 до 21 година денеска гласаат на парламентарните избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Гласачките места беа отворени во седум часот утрово, гласањето ќе трае до 19 часот по локално време, а на изборите учествуваат 27 партии, осум коалиции и еден самостоен кандидат.

Традиционално веднаш по затворањето на гласачките места, медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат, односно т.н exit polls, кои доста често го најавуваат победникот.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое е и надлежно за пребројувањето на гласовите, се очекува да бидат соопштени околу 21 часот по локално време.

За парламентарните избори, Грција е поделена во 59 изборни единици, во кои што се одбираат 285 од 300те пратеници колку што брои грчкиот Парламент. Останатите 15 се на листа која важи за целата земја.

На овие избори има три новини: гласат Грците кои живеат во странство, право на глас имаат сите кои наполниле 17 години, а не 18 како што беше до сега и ќе се спроведе пропорционален изборен модел.

Новиот систем што ќе важи само за овие избори не предвидува бонус од 50 пратеници за партијата победник, како што беше случај досега и токму затоа, се поверојатно е сценариото дека земјата ќе оди на втори избори, на почетокот на јули, а за да се избегнат потребно ќе биде или првата партија да победи со висок процент или да се формира коалиција.

Изборниот законик во Грција, во изминатите години беше два пати променет, во 2016 година за време на Владата на СИРИЗА кога се изгласа пропорционалниот систем и се укина бонусот од 50 пратеници и во 2020 година за време на Владата на Нова демократија, кога одново се врати бонусот системот за првата партија, што ќе се примени на следните избори по денешните.

Според пропорционалниот модел, за да може победникот на изборите в недела да формира еднопартиска Влада, потребно ќе биде да обезбеди најмалку 151 пратеник кои ќе бидат од гласовите на граѓаните, односно ќе треба да добие голем број гласови околу 45 отсто.

Грчкиот Устав предвидува веднаш по изборите претседателот на државата да ѝ го додели мандатот за формирање Влада на партијата победник. Доколку првата партија не успее да формира Влада, мандатот му го враќа на претседателот, кој го доделува на втората партија, а доколку и таа не успее, го добива и трето рангираната партија. Секоја од партиите на располагање има 72 часа да спроведе консултации со можни коалициони партнери.

Доколку во законски предвидениот рок од најмногу девет дена, земјата не добие Влада, тогаш претседателот свикува лидерска средба за евентуална широка коалиција, а во случај и овој обид да биде неуспешен, тогаш земјата ќе оди на втори избори.

Ваков беше случајот во 2012 година, кога во период од месец и половина се одржаа два пати избори, а Нова демократија, ПАСОК и Демократска левица формираа коалициона Влада, но по вторите избори.

Доколку оваа година има реприза на 2012 година, односно земјата оди на втори избори, кои веројатно би биле на 2 јули, тогаш ќе се спроведе законот од 2020 година и ќе се примени мешаниот систем со засилена пропорционална застапеност, што значи и враќање на бонус пратеници за првата партија.

Но, овој пат, бонусот нема да биде фиксен од 50 пратеници, туку бројот ќе биде во зависност од освоените гласови и ќе се движи меѓу 20 и 50 дополнителни пратенички места.

Без оглед на тоа дали ќе има Влада или не новоформираниот парламентарен состав што ќе произлезе од изборите, првата седница ќе треба да ја одржи на 1 јуни.

Доколку биде формирана Влада ќе се гласа доверба, во спротивно Парламентот ќе се распушти.

Учествуваат 36 партии, 16 повеќе од минатите избори

Вкупно 36 партии учествуваат во изборите, а за обезбедување место во грчкиот Парламент потребни се минимум три отсто од гласовите.

На минатите парламентарни избори на 7 јули 2019 година учество зедоа 20 партии, а шест од нив обезбедија место во Парламентот.

Нова демократија победи со 39,85 отсто од гласовите и со 158 пратеници, од кои 50 беа од бонусот предвиден со тогашниот изборен законик и формираше еднопартиска Влада.

СИРИЗА беше втора со 31,53 проценти, Движење на промена освои 8, 10 отсто, а во Парламентот место обезбедија шест партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез.

Излезноста пред четири година беше 57,78 проценти.

Вчера гласаа Грците кои живеат во странство 

Изборите во Грција започнаа вчера со гласањето на Грците кои живеат во странство, а оваа година за првпат имаат можност да гласаат без да биде потребно да се вратат дома.

Беа пријавени се 22.855 лица, отворени 99 гласачки места во 85 градови во 35 земји.

Според грчките медиуми, ковертите со гласачките ливчиња, авионски ќе бидат испратени во Грција, а ќе се отворат и гласовите ќе се пребројат в недела, откако ќе заврши гласањето и ќе се затворат гласачките места во земјата.

Aкредитирани 340 грчки и странски претставници на медиумите 

Околу 340 новинари, фоторепортери, телевизиски екипи, но и странски дописници, меѓу кои и од Македонија се акредитирани за следење на парламентарните избори во Грција од специјалниот прес центар, кој традиционално, како и за секој изборен процес е во салата за конференции „Запио“ во центарот на Атина.

Од Генералниот секретаријат за медиуми соопштија дека биле доставени околу 340 барања за акредитација на новинари, дописници, фоторепортери и телевизиски екипи, а од нив, околу 150 се од странски медиуми од 20 земји: Кипар, Германија, Франција, Шпанија, Италија, Обединетото Кралство, Белгија, Словенија, Норвешка, Бугарија, Албанија, Македонија, САД, Јапонија, Кина, Турција, Јужна Африка, Египет, Катар и Ирак.

Фото: МИА

The post Парламентарни избори во Грција appeared first on Република.

]]>

Нешто помалку од десет милиони граѓани, поконкретно 9.810.040 Грци, од кои 438.595 се нови гласачи на возраст од 17 до 21 година денеска гласаат на парламентарните избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Гласачките места беа отворени во седум часот утрово, гласањето ќе трае до 19 часот по локално време, а на изборите учествуваат 27 партии, осум коалиции и еден самостоен кандидат. Традиционално веднаш по затворањето на гласачките места, медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат, односно т.н exit polls, кои доста често го најавуваат победникот. Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое е и надлежно за пребројувањето на гласовите, се очекува да бидат соопштени околу 21 часот по локално време. За парламентарните избори, Грција е поделена во 59 изборни единици, во кои што се одбираат 285 од 300те пратеници колку што брои грчкиот Парламент. Останатите 15 се на листа која важи за целата земја. На овие избори има три новини: гласат Грците кои живеат во странство, право на глас имаат сите кои наполниле 17 години, а не 18 како што беше до сега и ќе се спроведе пропорционален изборен модел. Новиот систем што ќе важи само за овие избори не предвидува бонус од 50 пратеници за партијата победник, како што беше случај досега и токму затоа, се поверојатно е сценариото дека земјата ќе оди на втори избори, на почетокот на јули, а за да се избегнат потребно ќе биде или првата партија да победи со висок процент или да се формира коалиција. Изборниот законик во Грција, во изминатите години беше два пати променет, во 2016 година за време на Владата на СИРИЗА кога се изгласа пропорционалниот систем и се укина бонусот од 50 пратеници и во 2020 година за време на Владата на Нова демократија, кога одново се врати бонусот системот за првата партија, што ќе се примени на следните избори по денешните. Според пропорционалниот модел, за да може победникот на изборите в недела да формира еднопартиска Влада, потребно ќе биде да обезбеди најмалку 151 пратеник кои ќе бидат од гласовите на граѓаните, односно ќе треба да добие голем број гласови околу 45 отсто. Грчкиот Устав предвидува веднаш по изборите претседателот на државата да ѝ го додели мандатот за формирање Влада на партијата победник. Доколку првата партија не успее да формира Влада, мандатот му го враќа на претседателот, кој го доделува на втората партија, а доколку и таа не успее, го добива и трето рангираната партија. Секоја од партиите на располагање има 72 часа да спроведе консултации со можни коалициони партнери. Доколку во законски предвидениот рок од најмногу девет дена, земјата не добие Влада, тогаш претседателот свикува лидерска средба за евентуална широка коалиција, а во случај и овој обид да биде неуспешен, тогаш земјата ќе оди на втори избори. Ваков беше случајот во 2012 година, кога во период од месец и половина се одржаа два пати избори, а Нова демократија, ПАСОК и Демократска левица формираа коалициона Влада, но по вторите избори. Доколку оваа година има реприза на 2012 година, односно земјата оди на втори избори, кои веројатно би биле на 2 јули, тогаш ќе се спроведе законот од 2020 година и ќе се примени мешаниот систем со засилена пропорционална застапеност, што значи и враќање на бонус пратеници за првата партија. Но, овој пат, бонусот нема да биде фиксен од 50 пратеници, туку бројот ќе биде во зависност од освоените гласови и ќе се движи меѓу 20 и 50 дополнителни пратенички места. Без оглед на тоа дали ќе има Влада или не новоформираниот парламентарен состав што ќе произлезе од изборите, првата седница ќе треба да ја одржи на 1 јуни. Доколку биде формирана Влада ќе се гласа доверба, во спротивно Парламентот ќе се распушти. Учествуваат 36 партии, 16 повеќе од минатите избори Вкупно 36 партии учествуваат во изборите, а за обезбедување место во грчкиот Парламент потребни се минимум три отсто од гласовите. На минатите парламентарни избори на 7 јули 2019 година учество зедоа 20 партии, а шест од нив обезбедија место во Парламентот. Нова демократија победи со 39,85 отсто од гласовите и со 158 пратеници, од кои 50 беа од бонусот предвиден со тогашниот изборен законик и формираше еднопартиска Влада. СИРИЗА беше втора со 31,53 проценти, Движење на промена освои 8, 10 отсто, а во Парламентот место обезбедија шест партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез. Излезноста пред четири година беше 57,78 проценти. Вчера гласаа Грците кои живеат во странство  Изборите во Грција започнаа вчера со гласањето на Грците кои живеат во странство, а оваа година за првпат имаат можност да гласаат без да биде потребно да се вратат дома. Беа пријавени се 22.855 лица, отворени 99 гласачки места во 85 градови во 35 земји. Според грчките медиуми, ковертите со гласачките ливчиња, авионски ќе бидат испратени во Грција, а ќе се отворат и гласовите ќе се пребројат в недела, откако ќе заврши гласањето и ќе се затворат гласачките места во земјата. Aкредитирани 340 грчки и странски претставници на медиумите  Околу 340 новинари, фоторепортери, телевизиски екипи, но и странски дописници, меѓу кои и од Македонија се акредитирани за следење на парламентарните избори во Грција од специјалниот прес центар, кој традиционално, како и за секој изборен процес е во салата за конференции „Запио“ во центарот на Атина. Од Генералниот секретаријат за медиуми соопштија дека биле доставени околу 340 барања за акредитација на новинари, дописници, фоторепортери и телевизиски екипи, а од нив, околу 150 се од странски медиуми од 20 земји: Кипар, Германија, Франција, Шпанија, Италија, Обединетото Кралство, Белгија, Словенија, Норвешка, Бугарија, Албанија, Македонија, САД, Јапонија, Кина, Турција, Јужна Африка, Египет, Катар и Ирак. Фото: МИА

The post Парламентарни избори во Грција appeared first on Република.

]]>
Ципрас: Грција има бугарски плати, а британски цени https://republika.mk/vesti/balkan/tsipras-grtsija-ima-bugarski-plati-a-britanski-tseni/ Sat, 20 May 2023 20:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=643091

Граѓаните на Грција утре излегуваат на најнеизвесните парламентарни избори последнава деценија, покажуваат анкетите на јавното мислење. Фаворит е Нова демократија со актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, втора е Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас, а трет е ПАСОК – Движење за промена, објавува ТВ 24.

Според аналитичарите, предноста на Нова демократија нема да биде доволна за убедлива победа на парламентарните избори, а мали се изгледите некоја од партиите да обезбеди апсолутно мнозинство во парламентот од 300 места, па нема да биде изненадување да дојде до нови избори во јули. Предизборната кампања ја продлабочи поделбата во грчкото општество.

Доминираа скандали, навреди и клевети. Убеденост дека Нова демократија ќе биде победник на парламентарните избори, изразија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, но и поддржувачите на владејачката партија за време на синоќешниот централен предизборен митинг одржан во Атина.

„Четири големи цели ги поставуваме за следните четири години: подобри плати за сите, достоинствено здравство, нов национален здравствен систем, ефикасна држава, и секако, горда и силна татковина.“ – изјави Кирјакос Мицотакис – Нова демократија.

Лидерот на Сириза, Ципрас, пак, вети дека ќе се бори против инфлацијата, а за тоа ги обвини домашните „картели“. Тој најави дека ќе ја зголеми јавната потрошувачка и ќе ги зголеми платите на државните службеници и здравствените работници. Ципрас најави дека ќе ја врати и довербата во земјата по скандалот околу прислушувањето и најтешката железничка несреќа во Грција во февруари.

„Грција има бугарски плати и британски цени. Демократијата возвраќа за да го собори гнилиот режим што владее со нас.“ – изјави Алексис Ципрас – СИРИЗА.

The post Ципрас: Грција има бугарски плати, а британски цени appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Грција утре излегуваат на најнеизвесните парламентарни избори последнава деценија, покажуваат анкетите на јавното мислење. Фаворит е Нова демократија со актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, втора е Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас, а трет е ПАСОК – Движење за промена, објавува ТВ 24. Според аналитичарите, предноста на Нова демократија нема да биде доволна за убедлива победа на парламентарните избори, а мали се изгледите некоја од партиите да обезбеди апсолутно мнозинство во парламентот од 300 места, па нема да биде изненадување да дојде до нови избори во јули. Предизборната кампања ја продлабочи поделбата во грчкото општество. Доминираа скандали, навреди и клевети. Убеденост дека Нова демократија ќе биде победник на парламентарните избори, изразија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, но и поддржувачите на владејачката партија за време на синоќешниот централен предизборен митинг одржан во Атина. „Четири големи цели ги поставуваме за следните четири години: подобри плати за сите, достоинствено здравство, нов национален здравствен систем, ефикасна држава, и секако, горда и силна татковина.“ – изјави Кирјакос Мицотакис – Нова демократија. Лидерот на Сириза, Ципрас, пак, вети дека ќе се бори против инфлацијата, а за тоа ги обвини домашните „картели“. Тој најави дека ќе ја зголеми јавната потрошувачка и ќе ги зголеми платите на државните службеници и здравствените работници. Ципрас најави дека ќе ја врати и довербата во земјата по скандалот околу прислушувањето и најтешката железничка несреќа во Грција во февруари. „Грција има бугарски плати и британски цени. Демократијата возвраќа за да го собори гнилиот режим што владее со нас.“ – изјави Алексис Ципрас – СИРИЗА.

The post Ципрас: Грција има бугарски плати, а британски цени appeared first on Република.

]]>