Иванов Archives - Република https://republika.mk/tema/ivanov/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 11:16:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иванов Archives - Република https://republika.mk/tema/ivanov/ 32 32 Театарската претстава „Иванов“ вечерва во МНТ https://republika.mk/vesti/kultura/teatarskata-pretstava-ivanov-vecherva-vo-mnt/ Fri, 31 May 2024 11:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=783514

Вечерва во Македонскиот Народен Театар во Скопје ќе биде изведена претставата „Иванов“ од А. П. Чехов, а во режија на Зоја Бузалковска.

Превод од руски јазик: ДРАГИЦА НАЈЧЕСКА
Адаптација и режија: ЗОЈА БУЗАЛКОВСКА
Извршен продуцент: ВИКТОР РУБЕН
Сценографи: ИЛИНА АНГЕЛОВСКА, ТОДОР ДАЈЕВСКИ, ЗОЈА БУЗАЛКОВСКА
Костимограф: РОЗА ТРАЈЧЕСКА-РИСТОВСКА
Композитор: ДАВИД АНГЕЛЕВСКИ
Инструктор за техника на качување и движење на карпа и обезбедување со јаже: АЛЕКСАНДАР ЗАРАПЧИЕВ
Асистенти инструктори за техника на качување и движење на карпа и обезбедување со јаже: ЕЛЕНА ДИНОВСКА-ЗАРАПЧИЕВ, АНГЕЛ КУРТЕЛОВ И РАДЕ НАБАКОВ
Кондициски вежби и сценски движења: НИНА ДЕАН
Видеодизајнер: МИЛАН БЛАЖЕВСКИ

 

Играат:
ИВАНОВ, Николај Алексеевич, постојан член на органот за селански прашања: БЛАГОЈ ВЕСЕЛИНОВ
АНА ПЕТРОВНА, негова жена, родена како Сара Абрамсон: ДРАГАНА КОСТАДИНОВСКА
ШАБЕЉСКИ, Матвеј Семјонович, гроф, негов вујко по мајка: ОЛИВЕР МИТКОВСКИ
ЛЕБЕДЕВ, Павел Кирилич, претседател на земската управа: ЃОРЃИ ЈОЛЕВСКИ
ЗИНАИДА САВИШНА, негова жена: ЗВЕЗДАНА АНГЕЛОВСКА
САША, ќерка на Лебедеви, 20 години: ДАРЈА РИЗОВА
ЉВОВ, Евгениј Константинович, млад земски лекар: ГРИГОР ЈОВАНОВСКИ
БАБАКИНА, Марфа Јегоровна, млада вдовица, земјосопственичка, ќерка на богат трговец: НИНА ДЕАН
КОСИХ, Дмитриј Никитич, финансиски чиновник: АЛЕКСАНДАР ЃОРЃИЕСКИ
БОРКИН, Михаил Михајлович, далечен роднина на Иванов, управител на неговиот имот: АЛЕКСАНДАР МИХАЈЛОВСКИ/МАРТИН ЃОРГОСКИ/ИСИДОР ЈОВАНОСКИ
АВДОТЈА НАЗАРОВНА, старица со неопределена професија: НИКОЛИНА КУЈАЧА
ДУДКИН, син на богат фабрикант: ИВИЦА ДИМИТРИЈЕВИЌ
ЈЕГОРУШКA, паразит кај Лебедеви: МАРТИН ЃОРГОСКИ/СИНАН РАКИПОВСКИ
ПЈОТР, лакеј на Иванов: МАРТИН ЃОРГОСКИ/СИНАН РАКИПОВСКИ
ГАВРИЛО, лакеј на Лебедеви: СИНАН РАКИПОВСКИ/ЕНИС БИЛАЛОВИЌ

Инспициент: НИКОЛА КИМОВСКИ
Суфлер: МИРОСЛАВ АТАНАСОВСКИ

 

Антон Павлович Чехов (1860-1904) се смета за еден од најголемите руски, но и светски драматичари. Започнува како автор на хуморески, продолжува со кратки раскази и новели, а останува запомнет како раскажувач, романописец и драмски писател, претставник на правецот натурализам. Мајстор е на малите забелешки од кои почнуваат и потоа опстојуваат големите нешта, мајстор е на кратката форма, како и мајстор на приказни и драми. Неговите дела „Иванов“ (1887), „Вујко Вања“ (1889), „Три сестри“ (1901) и „Вишновата градина“ (1904) денес се сметаат за бисери на руската литература и за непроценливо богатство на светската книжевност. Тоа се дела кои како претстави се поставуваат скоро во сите светски театри од почетокот до денес.

Драмата „Иванов“ е негово прво поставено дело во театар и ја доставува како драма во четири чина, која ја напишал за десет дена. Премиерно е изведена на 19 ноември 1887 година, во театарот на Фјодор Корш во Москва, тогаш мошне популарен кај тамошната публика. На денот на премиерата реакциите на публиката се различни: од громогласно аплаудирање, до свиркање, скокање од места и тропање со нозете до тепачка во галеријата. Но, во целост претставата имала успех, дури била и забележена. Сепак, поставката го потиштува самиот Чехов. Во писмото до неговиот брат, тој вели: „не ги препознавам своите први забелешки како мои“ и дека актерите „не ги знаат своите делови и зборуваат глупости“. Иритиран од ова, Чехов прави измени на драмата со што конечната верзија е различна од онаа првата. Изменетата верзија на драмата е прифатена во Санкт Петербург, каде што се изведува во 1889 година. Ревидираната верзија е успешна и нуди предзнак на стилот и темите на неговите следни ремек-дела.

 

Во Македонија Чехов за првпат е поставен во 1950 година, во Театарот на народностите – Турскиот театар, каде што таа година се поставени драмите „Мечка“ и „Просидба“. Оттогаш, низ годините, на различни сцени се поставени сите негови драми. Во НУ Македонски народен театар досега се изведени: „Галеб“ во 1960 година, во 1990 година и во 2018 година, во режија на Димитар Ќостаров, па Бранко Ставрев и последната на Нина Николиќ; „Три сестри“ во 1970 година, во режија на Илија Милчин; „Вишновата градина“ во 1997 и 2010 година, во режија на Трајче Ѓорѓиев, односно Љубиша Георгиевски; „Малиот човек“ во 2004 година, во режија на Нино Леви, и „Вујко Вања“ во 2015 година, во режија на Зоја Бузалковска.

Денешната поставка на драмата „Иванов“ е втора поставка на истоимената драма во Македонскиот народен театар. Првата премиерно е прикажана на 25 октомври 1984 година, во режија на Бранко Ставрев, со сценографија и костимографија на Владимир Георгиевски и избор на музика на Љупчо Константинов. Главната улога ја толкува Ристо Шишков, а во останатите улоги се: Јоана Поповска како Ана Петровна, Кирил Ќортошев како Матвеј Семјонович Шабељски, Душко Костовски како Павел Кирилович Лебедев, Љупка Џундева како Занаида Савишна, Славица Ковачевиќ-Јовановска и Емилија Андреева како Саша, Томе Витанов како Евгениј Константинович Љвов, Катерина Крстева како Марфа Егоровна Бабакина, Чедо Христов како Дмитриј Никитич Косих, Кирил Ристоски како Михаил Михаилович Боркин, Цветанка Јакимовска како Авдотја Назаровна, Александар Шехтански како Егорушка, Игор Џамбазов како Дудикин и Раде Мадиќ како Гаврил.

Билетите по цена од 500 денари се пуштени во продажба онлајн преку www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.

 

The post Театарската претстава „Иванов“ вечерва во МНТ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Македонскиот Народен Театар во Скопје ќе биде изведена претставата „Иванов“ од А. П. Чехов, а во режија на Зоја Бузалковска. Превод од руски јазик: ДРАГИЦА НАЈЧЕСКА Адаптација и режија: ЗОЈА БУЗАЛКОВСКА Извршен продуцент: ВИКТОР РУБЕН Сценографи: ИЛИНА АНГЕЛОВСКА, ТОДОР ДАЈЕВСКИ, ЗОЈА БУЗАЛКОВСКА Костимограф: РОЗА ТРАЈЧЕСКА-РИСТОВСКА Композитор: ДАВИД АНГЕЛЕВСКИ Инструктор за техника на качување и движење на карпа и обезбедување со јаже: АЛЕКСАНДАР ЗАРАПЧИЕВ Асистенти инструктори за техника на качување и движење на карпа и обезбедување со јаже: ЕЛЕНА ДИНОВСКА-ЗАРАПЧИЕВ, АНГЕЛ КУРТЕЛОВ И РАДЕ НАБАКОВ Кондициски вежби и сценски движења: НИНА ДЕАН Видеодизајнер: МИЛАН БЛАЖЕВСКИ   Играат: ИВАНОВ, Николај Алексеевич, постојан член на органот за селански прашања: БЛАГОЈ ВЕСЕЛИНОВ АНА ПЕТРОВНА, негова жена, родена како Сара Абрамсон: ДРАГАНА КОСТАДИНОВСКА ШАБЕЉСКИ, Матвеј Семјонович, гроф, негов вујко по мајка: ОЛИВЕР МИТКОВСКИ ЛЕБЕДЕВ, Павел Кирилич, претседател на земската управа: ЃОРЃИ ЈОЛЕВСКИ ЗИНАИДА САВИШНА, негова жена: ЗВЕЗДАНА АНГЕЛОВСКА САША, ќерка на Лебедеви, 20 години: ДАРЈА РИЗОВА ЉВОВ, Евгениј Константинович, млад земски лекар: ГРИГОР ЈОВАНОВСКИ БАБАКИНА, Марфа Јегоровна, млада вдовица, земјосопственичка, ќерка на богат трговец: НИНА ДЕАН КОСИХ, Дмитриј Никитич, финансиски чиновник: АЛЕКСАНДАР ЃОРЃИЕСКИ БОРКИН, Михаил Михајлович, далечен роднина на Иванов, управител на неговиот имот: АЛЕКСАНДАР МИХАЈЛОВСКИ/МАРТИН ЃОРГОСКИ/ИСИДОР ЈОВАНОСКИ АВДОТЈА НАЗАРОВНА, старица со неопределена професија: НИКОЛИНА КУЈАЧА ДУДКИН, син на богат фабрикант: ИВИЦА ДИМИТРИЈЕВИЌ ЈЕГОРУШКA, паразит кај Лебедеви: МАРТИН ЃОРГОСКИ/СИНАН РАКИПОВСКИ ПЈОТР, лакеј на Иванов: МАРТИН ЃОРГОСКИ/СИНАН РАКИПОВСКИ ГАВРИЛО, лакеј на Лебедеви: СИНАН РАКИПОВСКИ/ЕНИС БИЛАЛОВИЌ Инспициент: НИКОЛА КИМОВСКИ Суфлер: МИРОСЛАВ АТАНАСОВСКИ   Антон Павлович Чехов (1860-1904) се смета за еден од најголемите руски, но и светски драматичари. Започнува како автор на хуморески, продолжува со кратки раскази и новели, а останува запомнет како раскажувач, романописец и драмски писател, претставник на правецот натурализам. Мајстор е на малите забелешки од кои почнуваат и потоа опстојуваат големите нешта, мајстор е на кратката форма, како и мајстор на приказни и драми. Неговите дела „Иванов“ (1887), „Вујко Вања“ (1889), „Три сестри“ (1901) и „Вишновата градина“ (1904) денес се сметаат за бисери на руската литература и за непроценливо богатство на светската книжевност. Тоа се дела кои како претстави се поставуваат скоро во сите светски театри од почетокот до денес. Драмата „Иванов“ е негово прво поставено дело во театар и ја доставува како драма во четири чина, која ја напишал за десет дена. Премиерно е изведена на 19 ноември 1887 година, во театарот на Фјодор Корш во Москва, тогаш мошне популарен кај тамошната публика. На денот на премиерата реакциите на публиката се различни: од громогласно аплаудирање, до свиркање, скокање од места и тропање со нозете до тепачка во галеријата. Но, во целост претставата имала успех, дури била и забележена. Сепак, поставката го потиштува самиот Чехов. Во писмото до неговиот брат, тој вели: „не ги препознавам своите први забелешки како мои“ и дека актерите „не ги знаат своите делови и зборуваат глупости“. Иритиран од ова, Чехов прави измени на драмата со што конечната верзија е различна од онаа првата. Изменетата верзија на драмата е прифатена во Санкт Петербург, каде што се изведува во 1889 година. Ревидираната верзија е успешна и нуди предзнак на стилот и темите на неговите следни ремек-дела.   Во Македонија Чехов за првпат е поставен во 1950 година, во Театарот на народностите – Турскиот театар, каде што таа година се поставени драмите „Мечка“ и „Просидба“. Оттогаш, низ годините, на различни сцени се поставени сите негови драми. Во НУ Македонски народен театар досега се изведени: „Галеб“ во 1960 година, во 1990 година и во 2018 година, во режија на Димитар Ќостаров, па Бранко Ставрев и последната на Нина Николиќ; „Три сестри“ во 1970 година, во режија на Илија Милчин; „Вишновата градина“ во 1997 и 2010 година, во режија на Трајче Ѓорѓиев, односно Љубиша Георгиевски; „Малиот човек“ во 2004 година, во режија на Нино Леви, и „Вујко Вања“ во 2015 година, во режија на Зоја Бузалковска. Денешната поставка на драмата „Иванов“ е втора поставка на истоимената драма во Македонскиот народен театар. Првата премиерно е прикажана на 25 октомври 1984 година, во режија на Бранко Ставрев, со сценографија и костимографија на Владимир Георгиевски и избор на музика на Љупчо Константинов. Главната улога ја толкува Ристо Шишков, а во останатите улоги се: Јоана Поповска како Ана Петровна, Кирил Ќортошев како Матвеј Семјонович Шабељски, Душко Костовски како Павел Кирилович Лебедев, Љупка Џундева како Занаида Савишна, Славица Ковачевиќ-Јовановска и Емилија Андреева како Саша, Томе Витанов како Евгениј Константинович Љвов, Катерина Крстева како Марфа Егоровна Бабакина, Чедо Христов како Дмитриј Никитич Косих, Кирил Ристоски како Михаил Михаилович Боркин, Цветанка Јакимовска како Авдотја Назаровна, Александар Шехтански како Егорушка, Игор Џамбазов како Дудикин и Раде Мадиќ како Гаврил. Билетите по цена од 500 денари се пуштени во продажба онлајн преку www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.  

The post Театарската претстава „Иванов“ вечерва во МНТ appeared first on Република.

]]>
Ова издание ќе може да им послужи на некои други режисери, актери, драматурзи, театролози во нивното промислување на некои идни „Иванови“, кажа режисерката Зоја Бузалковска на промоцијата на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии од Чехов“ https://republika.mk/vesti/kultura/ova-izdanie-ke-mozhe-da-im-posluzhi-na-nekoi-drugi-rezhiseri-akteri-dramaturzi-teatrolozi-vo-nivnoto-promisluvane-na-nekoi-idni-ivanovi-kazha-rezhiserkata-zoja-buzalkovska-na-promotsijata-na-knigata-i/ Wed, 03 Apr 2024 08:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=761506

Ние со нашата претстава се обидовме да направиме комбинација од комедијата „Иванов“ и драмата „Иванов“, но она што е драгоцено, според мене, е тоа дека ова издание ќе може да им послужи на некои други режисери, актери, драматурзи, театролози во нивното промислување на некои идни „Иванови“, кажа синоќа режисерката Зоја Бузалковска, на промоцијата на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии од Чехов“.

Режисерката и професорка на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) Бузалковска е главна уредничка на книгата, а преводот е на Драгица Најчевска. Уредник на книгата е Ивана Јарчевска, дизајнот на корицата е на Зоран Кардула, фотографиите се на Кире Галевски, графичкото уредување е на Давор Драмиќанин, а издавач е Македонскиот народен театар (МНТ).

Драмата „Иванов“ е првото поставено дело на Антон Павлович Чехов (1860-1904) во театар и ја доставил како драма во четири чина, која ја напишал за десет дена. Премиерно е изведена на 19 ноември 1887 година, во театарот на Фјодор Корш во Москва. Заради реакциите на публиката, Чехов направил и втора верзија на текстот различна од онаа првата. Изменетата верзија на драмата е прифатена во Санкт Петербург, каде што се изведува во 1889 година.

[caption id="attachment_761570" align="alignnone" width="958"] Григор Јовановски и Благој Веселинов во „Иванов“ фото: Кире Галевски[/caption]

Лани, во мај, во МНТ Бузалковска ја постави драмата „Иванов“. Тоа беше втора поставка на истоимената драма во националниот театар. Првата беше во 1984 година, во режија на Бранко Ставрев, со Ристо Шишков во улогата на Николај Алексеевич Иванов. Во втората поставка  на Бузалковска главниот лик го толкува Благој Веселинов.

Имам посебно голема трема вечерва бидејќи десно од мене седи мојата мајка и првпат досега заедно учествуваме на ваков настан. Оваа книга ја планираме заедно, речиси 15 години, но јас си ветив дека тоа ќе го направам тогаш кога ќе има претстава, кога ќе има причина зошто „Иванов“ повторно да биде преведен и дека тогаш ќе може да ја приклучиме кон тоа издание првата верзија. Јас многу сакам да чепкам по библиотеки кога одам на гости. Така, во 2008 години, на една од пробите во Москва, во една домашна библитека го најдов Чехов и „Иванов“. Се изненадив кога во содржината видов „Иванов комедија“ и „Иванов драма“. Се разбира, знам дека постои првоизведена верзија на драмата од 1887, меѓутоа на нашите простори практично јас не знам дека се појавила печатена верзија на комедијата „Иванов“. За мене тоа беше огромна радост. Ние ја знаеме драмата „Иванов“ од 1889 и одеднаш гледаме еден монолог во четвртиот чин во којшто Иванов раскажува по онаа драматична кавга со својата сопруга Ана Петровна. Посебно возбудливо за мене беше што во првата верзија Иванов не се самоубива, туку практично умира од срцев удар, кажа синоќа на промоцијата на книгата Бузалковска.

Според неа, во книгата особено драгоцен дел се забелешките кон двете изданија.

Има писма на Чехов, преписки до брат му, до театарџиите и може да го видиме целиот процес на реобмислување на сижето, рече Бузалковска.

Според Драгица Најчевска, која има огромно искуство преведувајќи раскази и романи од руски на македонскии јазик, преведувањето драма бара специфичен приод.

Преведувањето на „Иванов“ комедијата и „Иванов“ драмата не беше едноставна работа. Од големо значење беше соработкката со Зоја, која како режисерка и професорка постојано се среќава со преводи во својата работа. Важно беше преводот да биде подостапен за изговарање на сцената од страна на актерите, а да не се изгуби ни најмалку суштината што тие ја содржат, значењето на тоа што го соопштуваат. Во преводот мораше да се изнајде најсоодветната, да се биде сигурен дека тој збор најлесно ќе го прифатат и актерите. Реткост е преводите на драмски текстови за претстава од страна на самите тетари да се објават подоцна во книга, кажа Најчевска.

[caption id="attachment_761574" align="alignnone" width="2000"] Сцена од „Иванов„ фото: Кире Галевски[/caption]

Писателот Гоце Смилевски беше еден од промоторите на изданието.

Со овие две верзии на „Иванов“ ние сме во голема предност пред светот, барем кога станува збор за ова дело. Ако ги погледнете сите автори од Западот кои се осврнуваат на „Иванов“ од Чехов, ќе видите дека голем дел од нив немаат познавање на рускиот јазик, тие имаат пристап исклучиво до драмата, а не до комедијата, кажа Смилевски.

На промоцијата говорше и актрот Ѓорѓи Јолевски кој го толкува ликот на Павел Кирилич Лебедев во „Иванов“.

„Иванов“ на Бузалковска е исклучително возбудлива претстава, многу современа и имагинативна. Нејзината заложба Чехов да биде поставен во МНТ е токму издавањето на оваа книга, кажа Јолевски.

„Иванов“ е првата поставена претстава на Чехов. Праизведбата била во 1887 година во театарот „Корша“, по која авторот направил корекции на текстот и неколку верзии, од кои најголемата промена била во доменот на жанрот – од комедија во драма – за изведбата во Александрискиот театар. Нејзиниот успех се должел на тоа што се однесувала на актуелните проблеми на руските интелектуалци во осумдесеттите години на 19 век. Според театролозите, во руската театарска и литаратурна критика не постои лик што предизвикал толкав број расправи, спорови и интерпретации како Чеховиот Иванов.

The post Ова издание ќе може да им послужи на некои други режисери, актери, драматурзи, театролози во нивното промислување на некои идни „Иванови“, кажа режисерката Зоја Бузалковска на промоцијата на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии од Чехов“ appeared first on Република.

]]>

Ние со нашата претстава се обидовме да направиме комбинација од комедијата „Иванов“ и драмата „Иванов“, но она што е драгоцено, според мене, е тоа дека ова издание ќе може да им послужи на некои други режисери, актери, драматурзи, театролози во нивното промислување на некои идни „Иванови“, кажа синоќа режисерката Зоја Бузалковска, на промоцијата на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии од Чехов“. Режисерката и професорка на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) Бузалковска е главна уредничка на книгата, а преводот е на Драгица Најчевска. Уредник на книгата е Ивана Јарчевска, дизајнот на корицата е на Зоран Кардула, фотографиите се на Кире Галевски, графичкото уредување е на Давор Драмиќанин, а издавач е Македонскиот народен театар (МНТ). Драмата „Иванов“ е првото поставено дело на Антон Павлович Чехов (1860-1904) во театар и ја доставил како драма во четири чина, која ја напишал за десет дена. Премиерно е изведена на 19 ноември 1887 година, во театарот на Фјодор Корш во Москва. Заради реакциите на публиката, Чехов направил и втора верзија на текстот различна од онаа првата. Изменетата верзија на драмата е прифатена во Санкт Петербург, каде што се изведува во 1889 година. [caption id="attachment_761570" align="alignnone" width="958"] Григор Јовановски и Благој Веселинов во „Иванов“ фото: Кире Галевски[/caption] Лани, во мај, во МНТ Бузалковска ја постави драмата „Иванов“. Тоа беше втора поставка на истоимената драма во националниот театар. Првата беше во 1984 година, во режија на Бранко Ставрев, со Ристо Шишков во улогата на Николај Алексеевич Иванов. Во втората поставка  на Бузалковска главниот лик го толкува Благој Веселинов.
Имам посебно голема трема вечерва бидејќи десно од мене седи мојата мајка и првпат досега заедно учествуваме на ваков настан. Оваа книга ја планираме заедно, речиси 15 години, но јас си ветив дека тоа ќе го направам тогаш кога ќе има претстава, кога ќе има причина зошто „Иванов“ повторно да биде преведен и дека тогаш ќе може да ја приклучиме кон тоа издание првата верзија. Јас многу сакам да чепкам по библиотеки кога одам на гости. Така, во 2008 години, на една од пробите во Москва, во една домашна библитека го најдов Чехов и „Иванов“. Се изненадив кога во содржината видов „Иванов комедија“ и „Иванов драма“. Се разбира, знам дека постои првоизведена верзија на драмата од 1887, меѓутоа на нашите простори практично јас не знам дека се појавила печатена верзија на комедијата „Иванов“. За мене тоа беше огромна радост. Ние ја знаеме драмата „Иванов“ од 1889 и одеднаш гледаме еден монолог во четвртиот чин во којшто Иванов раскажува по онаа драматична кавга со својата сопруга Ана Петровна. Посебно возбудливо за мене беше што во првата верзија Иванов не се самоубива, туку практично умира од срцев удар, кажа синоќа на промоцијата на книгата Бузалковска.
Според неа, во книгата особено драгоцен дел се забелешките кон двете изданија.
Има писма на Чехов, преписки до брат му, до театарџиите и може да го видиме целиот процес на реобмислување на сижето, рече Бузалковска.
Според Драгица Најчевска, која има огромно искуство преведувајќи раскази и романи од руски на македонскии јазик, преведувањето драма бара специфичен приод.
Преведувањето на „Иванов“ комедијата и „Иванов“ драмата не беше едноставна работа. Од големо значење беше соработкката со Зоја, која како режисерка и професорка постојано се среќава со преводи во својата работа. Важно беше преводот да биде подостапен за изговарање на сцената од страна на актерите, а да не се изгуби ни најмалку суштината што тие ја содржат, значењето на тоа што го соопштуваат. Во преводот мораше да се изнајде најсоодветната, да се биде сигурен дека тој збор најлесно ќе го прифатат и актерите. Реткост е преводите на драмски текстови за претстава од страна на самите тетари да се објават подоцна во книга, кажа Најчевска.
[caption id="attachment_761574" align="alignnone" width="2000"] Сцена од „Иванов„ фото: Кире Галевски[/caption] Писателот Гоце Смилевски беше еден од промоторите на изданието.
Со овие две верзии на „Иванов“ ние сме во голема предност пред светот, барем кога станува збор за ова дело. Ако ги погледнете сите автори од Западот кои се осврнуваат на „Иванов“ од Чехов, ќе видите дека голем дел од нив немаат познавање на рускиот јазик, тие имаат пристап исклучиво до драмата, а не до комедијата, кажа Смилевски.
На промоцијата говорше и актрот Ѓорѓи Јолевски кој го толкува ликот на Павел Кирилич Лебедев во „Иванов“.
„Иванов“ на Бузалковска е исклучително возбудлива претстава, многу современа и имагинативна. Нејзината заложба Чехов да биде поставен во МНТ е токму издавањето на оваа книга, кажа Јолевски.
„Иванов“ е првата поставена претстава на Чехов. Праизведбата била во 1887 година во театарот „Корша“, по која авторот направил корекции на текстот и неколку верзии, од кои најголемата промена била во доменот на жанрот – од комедија во драма – за изведбата во Александрискиот театар. Нејзиниот успех се должел на тоа што се однесувала на актуелните проблеми на руските интелектуалци во осумдесеттите години на 19 век. Според театролозите, во руската театарска и литаратурна критика не постои лик што предизвикал толкав број расправи, спорови и интерпретации како Чеховиот Иванов.

The post Ова издание ќе може да им послужи на некои други режисери, актери, драматурзи, театролози во нивното промислување на некои идни „Иванови“, кажа режисерката Зоја Бузалковска на промоцијата на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии од Чехов“ appeared first on Република.

]]>
МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии, А.Чехов“ https://republika.mk/vesti/kultura/mnt-ke-ja-promovira-knigata-ivanov-1887-1889-dve-verzii-a-chehov/ Tue, 02 Apr 2024 12:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=761269

Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов.

Покрај главниот уредник – Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа – преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски – актер и Гоце Смилевски – писател, а издавач е Македонски народен театар.

Со ова драгоцено издание на „Иванов”, комедијата од 1887 година, и „Иванов“, драмата од 1889 година, во одличниот, лесно читлив, но и изговорлив превод на Драгица Најческа, многу нови, идни постановки и драматуршко-режисерски читања на оваа пиеса стануваат возможни и веројатни. Изданието, бездруго, ќе иницира и понатамошни анализи на драматуршката постапка во правењето суштински промени на еден, кон крајот на XIX век навидум кревок, a денес толку поставуван, игран, посакуван, секогаш одново актуелен, многуслоен драмски материјал.

По промоцијата ќе следи потпишување на книгата, како и изведба на претставата „Иванов“ во режија на Бузалковска.

Билетите за изведбата на претставата се пуштени во продажба.

 

The post МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии, А.Чехов“ appeared first on Република.

]]>

Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов. Покрај главниот уредник – Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа – преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски – актер и Гоце Смилевски – писател, а издавач е Македонски народен театар. Со ова драгоцено издание на „Иванов”, комедијата од 1887 година, и „Иванов“, драмата од 1889 година, во одличниот, лесно читлив, но и изговорлив превод на Драгица Најческа, многу нови, идни постановки и драматуршко-режисерски читања на оваа пиеса стануваат возможни и веројатни. Изданието, бездруго, ќе иницира и понатамошни анализи на драматуршката постапка во правењето суштински промени на еден, кон крајот на XIX век навидум кревок, a денес толку поставуван, игран, посакуван, секогаш одново актуелен, многуслоен драмски материјал. По промоцијата ќе следи потпишување на книгата, како и изведба на претставата „Иванов“ во режија на Бузалковска. Билетите за изведбата на претставата се пуштени во продажба.  

The post МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии, А.Чехов“ appeared first on Република.

]]>
МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“ од Антон П. Чехов https://republika.mk/vesti/kultura/mnt-ke-ja-promovira-knigata-ivanov-1887-1889-dve-verzii-od-anton-p-chehov/ Wed, 20 Mar 2024 11:20:06 +0000 https://republika.mk/?p=756678

Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов.

Покрај главниот уредник - Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа - преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски - актер и Гоце Смилевски - писател, а издавач е Македонски народен театар.

Со ова драгоцено издание на „Иванов", комедијата од 1887 година, и „Иванов“, драмата од 1889 година, во одличниот, лесно читлив, но и изговорлив превод на Драгица Најческа, многу нови, идни постановки и драматуршко-режисерски читања на оваа пиеса стануваат возможни и веројатни. Изданието, бездруго, ќе иницира и понатамошни анализи на драматуршката постапка во правењето суштински промени на еден, кон крајот на XIX век навидум кревок, a денес толку поставуван, игран, посакуван, секогаш одново актуелен, многуслоен драмски материјал, вели издавачот.

По промоцијата ќе следи потпишување на книгата, како и изведба на претставата „Иванов“ во режија на Бузалковска.

The post МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“ од Антон П. Чехов appeared first on Република.

]]>

Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов. Покрај главниот уредник - Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа - преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски - актер и Гоце Смилевски - писател, а издавач е Македонски народен театар.
Со ова драгоцено издание на „Иванов", комедијата од 1887 година, и „Иванов“, драмата од 1889 година, во одличниот, лесно читлив, но и изговорлив превод на Драгица Најческа, многу нови, идни постановки и драматуршко-режисерски читања на оваа пиеса стануваат возможни и веројатни. Изданието, бездруго, ќе иницира и понатамошни анализи на драматуршката постапка во правењето суштински промени на еден, кон крајот на XIX век навидум кревок, a денес толку поставуван, игран, посакуван, секогаш одново актуелен, многуслоен драмски материјал, вели издавачот.
По промоцијата ќе следи потпишување на книгата, како и изведба на претставата „Иванов“ во режија на Бузалковска.

The post МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“ од Антон П. Чехов appeared first on Република.

]]>
Интелектуалната сила на Македонија намерно е повлечена на страна и нападната од булументата која царува во моментов https://republika.mk/vesti/kultura/intelektualnata-sila-na-makedonija-namerno-e-povlechena-na-strana-i-napadnata-od-bulumentata-koja-tsaruva-vo-momentov/ Fri, 26 May 2023 10:34:04 +0000 https://republika.mk/?p=644765

Сè повеќе и повеќе интелектуалната сила на Македонија е повлечена намерно од една страна, а од друга страна е нападната од таа булумента на агресивност и дивјаштво којашто царува во моментов во Македонија, вели актерот Ѓорѓи Јолевски (59), кој го толкува ликот на Павел Кирилич Лебедев во драмата „Иванов“ на Антон П. Чехов чија премиера е закажана за вечерва, на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ). Режијата и адаптацијата на „Иванов“ е на Зоја Бузалковска, а преводот од руски јазик е на Драгица Најческа.

„Иванов“ е првата поставена претстава на Чехов. Праизведбата била во 1887 година во театарот „Корша“, по која авторот направил корекции на текстот и неколку верзии, од кои најголемата промена била во доменот на жанрот – од комедија во драма – за изведбата во Александрискиот театар. Нејзиниот успех се должел на тоа што се однесувала на актуелните проблеми на руските интелектуалци во осумдесеттите години на 19 век. Според театролозите, во руската театарска и литаратурна критика не постои лик што предизвикал толкав број расправи, спорови и интерпретации како Чеховиот Иванов.

[caption id="attachment_644863" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Oва е мое прво влегување во убавината на Чехов, прекрасен автор во кој сум вљубен до уши. Фото: Александар Ивановски[/caption]

Нашиот „Иванов“ зборува за судбината на интелектуалецот во ова време-невреме. За немоќта да се справи со простотилакот на општеството, со вулгаризацијата на сите заложби за враќање на вистинските вредности. Тоа е претстава за човек подјаден од едно општество на меди- окритети, самозадоволни, самобендисани, просечни и потпросечни, богати, влијателни личности, чија единствена опсесија во животот се евтината забава, трачот, високата мода, форсирање на ес- традата и непрепознавање на квалитетот, но кои го диктираат општиот однос, точка на гледање „читање“ на „вредносните“ системи. Општество каде што просторот за оној кој има капацитет и потенцијал е максимално стеснет, до степен на задушување. Претставата зборува и за лихвар- ството и материјалното ропство, за маргините и за мејнстримот, за општеството без идеали и за бесперспективноста на човековите напори да создава и да менува, вели режисерката Бузалковска во драматуршко-режисерката белешка.

Јолевски, во интервју за „Република“ говори за местото на интелектуалецот во Македонија, што е она што го натерало така да се однесува, за проблемите со кои се соочува. Говори за Лебедев, ликот кој го толкува во „Иванов“ и карпата, која актерот се обидува да го претвори во своја планета или во свој космос.

[caption id="attachment_644869" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Се поставува таа дилема на интелектуалецот дали ова повлекување е добро, бидејќи сепак, ние сме социјални битија. Фото: Александар Ивановски[/caption]

Каде е местото на македонскиот интелектуалец денес? 

ЈОЛЕВСКИ: Интелектуалецот во Македонија е исфрлен од центрифугата на политиката, бизнисот и мафијата, ставен е во ситуација доколку го кажува тоа што го мисли, да биде атакуван од една страна, а од друга страна ниту еден чесен и умен човек не сака да биде нападнат без причина и вознемирен, ниту тој или таа, ниту пак неговото семејство. Сè повеќе и повеќе интелектуалната сила на Македонија е повлечена намерно од една страна, а од друга страна е нападната од таа булумента на агресивност и дивјаштво којашто царува во моментов во Македонија. Се поставува таа дилема или моралното прашање на интелектуалецот дали ова ретерирање, повлекување е добро, бидејќи сепак, ние сме социјални битија и живееме во одредена заедница и дали заедницата губи со тоа што тој не го дава својот глас или своите размисли каде и кон што се движи Македонија или пак едноставно самото повлекување е исто еден морален чин и е голем нем крик во ова ужасно време во кое живееме и тој крик се разбира, постојано се слуша.

Театарската критика и научната фела го карактеризира „Иванов“ како рускиот Хамлет и тоа е така. Јас имам можност првпат во својата кариера да играм во драма на Чехов, ова е мое прво влегување во убавината на овој прекрасен автор во кој сум вљубен до уши. Има неколку автори кои ми предизвикуваат таков вид на ‘чувстување’, се разбира таков е Шекспир, Бекет, Јонеско, Хајнер Милер, и еве сега, Чехов. Сè сум прочитал, но никогаш, како актер, не сум влегол во неговите дела и навистина сум вљубен во неговата луцидност, широчина, добрина, во неговото знаење, интелектуална моќ, во можноста да ги комбинира и да се повикува на авторите пред него, како што се Шекспир и Гогољ. Во монолозите на Иванов и на Лебедев ги препознаваме големите ликови од делата на големите автори, но Чехов така вешто и толку убаво ги вклопува во неговата идеја и во неговото смирение коешто произведува и вдахнува само и единствено љубов.

Чехов го пишувал Иванов во име на генерацијата која прерано се уморила, ги загубила идеалите и останала без животна енергија.

ЈОЛЕВСКИ: Ликот кој јас го играм, Лебедев, е управител на земската управа. Сопруг на Зинаида Савишна, татко на Саша Лебедева. Интелектуалец, кој завршил на Московскиот универзитет, човек кој ги има сите капацитети да биде столб, стожер на нешто што е ново, просперитетно, напредно, да се слуша неговиот глас во општеството. Но, тој се повлекува, ретерира. Се повлекува во рамките на своето семејство и би рекол него 'го изела' средината. Тој преживува како човек, единствената надеж за неговото опстојување е љубовта кон неговата ќерка и неговото семејство да биде згрижено. Но, сите негови интелектуални капацитети паѓаат во вода,, тој е практично како човек без иднина, без идеја како да го продолжи животот како дел од општетвото. И тој, би рекол, исто како и интелектуалната сила во Македонија, се повлекува некаде по ќошевите каде што роворат стаорци и воопшто не ја крева главата. Останува со свиткана глава, живее само за да преживее, но не и да дише со полни гради и да живее живот на човек со големо Ч.

Како е можно актуелните проблеми на руските интелектуалци за кои пишува Чехов во 80-те години на 19 век да важат и за денес?

ЈОЛЕВСКИ: Јас мислам дека ништо не е променето во последните неколку илјади години. Човекот не ја учи лекцијата од минатото. Едноставно, човекот веројатно е самозадоволно суштество полно со суета коешто не сака да ја научи лекцијата од минатото. Минатото и историјата мора да бидат учители и тие лекции што ги дава литературата, историјата, уметноста создавана со векови наназад, треба да бидат поттик за да се дојде до свежина на човековиот дух. Авторите се повторуваат и сите човечки постапки и идиотштини се повторуваат и очигледно човекот не сака да ја научи лекцијата. Токму заради тоа овие автори како Чехов се многу важни. Затоа што авторите купуваат или земаат или се повикуваа на авторите пред нив за повторно и повторно да го опомент човекот дека линијата на движење по којашто оди човештвото не е таква каква што треба да биде.

[caption id="attachment_644871" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Човекот веројатно е самозадоволно суштество полно со суета коешто не сака да ја научи лекцијата од минатото. Фото: Александар Ивановски[/caption]

Дали тогаш ќе дојде генерација којашто ќе даде вистински интелектуален отпор?

ЈОЛЕВСКИ: Не знам, надежта секогаш останува. Тоа е особина на човекот, да се живее во надеж бидејќи доколку не постои надеж, тогаш може само да се умре. Или да се чека бавна смрт. Многу е важно човекот да ја има надежта дека ќе дојде нова генерација која што ќе направи пресврт и револција во уметноста, политиката, општествените движења, дека ќе дојде генерација која што ќе може со крената глава и гордо да каже 'еве, ние го направивме чекорот во име на генерациите коишто се повлекувале или пак во име на генерациите коишто го дале животот за општеството, државата или за човековата слобода'.

Дали е тоа оптимизам? Значи секогаш може подобро?

ЈОЛЕВСКИ: Се разбира. Јас делувам во полето на уметноста, ако не постои принцип, желба за промена, тогаш не треба да се работи оваа работа. Реално ги гледам работите, такви какви што се. Но, во мојот храм, во театарот, каде што создавам, се чувстувам слободен, можам да креирам, во сојуз со големите автори и режисери кои имаат големи концепти, за големи промени. Уживам во тоа да го побарам тој момент, тој миг на слобода. Се разбира, тоа е во креација и во моментот кога сум на сцената. Да го немам тоа чувство дека може да се случи убавина, да се случи промена, тогаш не би ја работел оваа работа. И, се разбира, тогаш не би имал што да дадам на гледачот којшто доаѓа во темата сала да погледне едно парче уметност.

Целото дејствие на „Иванов“ се одвива на вештачка карпа. Што претставува карпата? Како се снајдовте? Колку беше тешко или лесно да се совлда искачувањето по карпата?

[caption id="attachment_644868" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Сите ние живееме во некоја своја ореова лушпа и таа треба да биде нашето кралство. Таа карпа за мене е моето кралство. Фото: Александар Ивановски[/caption]

ЈОЛЕВСКИ: Имав можност, како студент на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) на прва година, да ја гледам последната изведба на последната претстава на Ристо Шишков кој ја толкуваше улога на Иванов. Тоа беше во 1984 година. Ја гледав на малата сцена на сегашната Национална опера и балет, тогашен објект на Македонскиот народен театар. Како студент на ФДУ бев вџашен, вчудоневиден од ширината и моќноста на мојот колега, Ристо Шишков, кој всушност ја играше својата последна улога. После таа извдеба, тој веќе не играше и после неколку месеци почина. Претставата беше во режија на Бранко Ставрев, со феноменална актерка екипа.

Оваа претстава е нешто сосема различно, за мене многу убаво. Имав можност да работам во еден многу чуден и многу специфичен концепт на режисерката Зоја Бузалковска, со една екипа којашто со голема радост и жар се обиде да го реализира тој силен и стамен концепт. Пројдовме еден многу возбудлив процес. Водевме големи и долги разговори на читачките проби коишто беа во репетициона сала на МНТ каде што зборуваме и за другите дела на Чехов. Се обидувавме да правиме различни паралели помеѓу другите ликови од делата на Чехов и од други дела за да може да дојдеме до суштината на ликовите коишто ги толкуваме. Имавме и друг начин на подготовка, физички, бидејќи целата претстава се одигрува на една карпа. Имавме вежби со инструктори, одевме на Матка, се качувавме по карпите, одевме на вежби во сали каде што има вештачки карпи, имавме секојдневни тренинзи, за да може да го издржиме напорот на нашето постоење на карпата. Поминавме еден целокупен, но напорен, возбудлив и убав процес со сите колеги коишто се од различни генерации. Едно убаво споделување на чувстувањето на Чехов преку темата 'Иванов'.

Целото дејстивие се случува на карпата. Карпата е и домот на Лебедеви, кабинетот на Иванов, градината кај Лебедеви, сè се случува на таа карпа. Што е карпата и кое е нејзиното значење? Секој од нас има различен поглед на тоа. Јас, како Ѓорѓи Јолевски таа карпа ја чувствувам како мојата ореова лушпа и како актер се обидов преку ликот на Лебедев таа карпа да ја претворам во негова ореова лушпа. Како што би рекол Хамлет, во некоја парафразирана форма, сите ние живееме во некоја своја ореова лушпа и таа треба да биде нашето кралство. Таа карпа за мене е моето кралство. На актерот Ѓорги Јолевски и на Лебедов којшто се обидува тоа парче карпа да го претвори во свој дом, во свој свет, во своја планета или во свој космос.

Во нашиот „Иванов“ ние се занимаваме со тоа каде е местото на граѓанинот во Македонија, каде е местото на уметникот во системот во којшто живееме, каде е нашата мала и убава земја на мапата на светот, дали постоиме односно дали не постоиме, што уште ние треба да направиме за да може да се чувстуваме како луѓе и да може да се чувствуваме слободни.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Александар Ивановски

The post Интелектуалната сила на Македонија намерно е повлечена на страна и нападната од булументата која царува во моментов appeared first on Република.

]]>

Сè повеќе и повеќе интелектуалната сила на Македонија е повлечена намерно од една страна, а од друга страна е нападната од таа булумента на агресивност и дивјаштво којашто царува во моментов во Македонија, вели актерот Ѓорѓи Јолевски (59), кој го толкува ликот на Павел Кирилич Лебедев во драмата „Иванов“ на Антон П. Чехов чија премиера е закажана за вечерва, на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ). Режијата и адаптацијата на „Иванов“ е на Зоја Бузалковска, а преводот од руски јазик е на Драгица Најческа. „Иванов“ е првата поставена претстава на Чехов. Праизведбата била во 1887 година во театарот „Корша“, по која авторот направил корекции на текстот и неколку верзии, од кои најголемата промена била во доменот на жанрот – од комедија во драма – за изведбата во Александрискиот театар. Нејзиниот успех се должел на тоа што се однесувала на актуелните проблеми на руските интелектуалци во осумдесеттите години на 19 век. Според театролозите, во руската театарска и литаратурна критика не постои лик што предизвикал толкав број расправи, спорови и интерпретации како Чеховиот Иванов. [caption id="attachment_644863" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Oва е мое прво влегување во убавината на Чехов, прекрасен автор во кој сум вљубен до уши. Фото: Александар Ивановски[/caption]
Нашиот „Иванов“ зборува за судбината на интелектуалецот во ова време-невреме. За немоќта да се справи со простотилакот на општеството, со вулгаризацијата на сите заложби за враќање на вистинските вредности. Тоа е претстава за човек подјаден од едно општество на меди- окритети, самозадоволни, самобендисани, просечни и потпросечни, богати, влијателни личности, чија единствена опсесија во животот се евтината забава, трачот, високата мода, форсирање на ес- традата и непрепознавање на квалитетот, но кои го диктираат општиот однос, точка на гледање „читање“ на „вредносните“ системи. Општество каде што просторот за оној кој има капацитет и потенцијал е максимално стеснет, до степен на задушување. Претставата зборува и за лихвар- ството и материјалното ропство, за маргините и за мејнстримот, за општеството без идеали и за бесперспективноста на човековите напори да создава и да менува, вели режисерката Бузалковска во драматуршко-режисерката белешка.
Јолевски, во интервју за „Република“ говори за местото на интелектуалецот во Македонија, што е она што го натерало така да се однесува, за проблемите со кои се соочува. Говори за Лебедев, ликот кој го толкува во „Иванов“ и карпата, која актерот се обидува да го претвори во своја планета или во свој космос. [caption id="attachment_644869" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Се поставува таа дилема на интелектуалецот дали ова повлекување е добро, бидејќи сепак, ние сме социјални битија. Фото: Александар Ивановски[/caption] Каде е местото на македонскиот интелектуалец денес?  ЈОЛЕВСКИ: Интелектуалецот во Македонија е исфрлен од центрифугата на политиката, бизнисот и мафијата, ставен е во ситуација доколку го кажува тоа што го мисли, да биде атакуван од една страна, а од друга страна ниту еден чесен и умен човек не сака да биде нападнат без причина и вознемирен, ниту тој или таа, ниту пак неговото семејство. Сè повеќе и повеќе интелектуалната сила на Македонија е повлечена намерно од една страна, а од друга страна е нападната од таа булумента на агресивност и дивјаштво којашто царува во моментов во Македонија. Се поставува таа дилема или моралното прашање на интелектуалецот дали ова ретерирање, повлекување е добро, бидејќи сепак, ние сме социјални битија и живееме во одредена заедница и дали заедницата губи со тоа што тој не го дава својот глас или своите размисли каде и кон што се движи Македонија или пак едноставно самото повлекување е исто еден морален чин и е голем нем крик во ова ужасно време во кое живееме и тој крик се разбира, постојано се слуша. Театарската критика и научната фела го карактеризира „Иванов“ како рускиот Хамлет и тоа е така. Јас имам можност првпат во својата кариера да играм во драма на Чехов, ова е мое прво влегување во убавината на овој прекрасен автор во кој сум вљубен до уши. Има неколку автори кои ми предизвикуваат таков вид на ‘чувстување’, се разбира таков е Шекспир, Бекет, Јонеско, Хајнер Милер, и еве сега, Чехов. Сè сум прочитал, но никогаш, како актер, не сум влегол во неговите дела и навистина сум вљубен во неговата луцидност, широчина, добрина, во неговото знаење, интелектуална моќ, во можноста да ги комбинира и да се повикува на авторите пред него, како што се Шекспир и Гогољ. Во монолозите на Иванов и на Лебедев ги препознаваме големите ликови од делата на големите автори, но Чехов така вешто и толку убаво ги вклопува во неговата идеја и во неговото смирение коешто произведува и вдахнува само и единствено љубов. Чехов го пишувал Иванов во име на генерацијата која прерано се уморила, ги загубила идеалите и останала без животна енергија. ЈОЛЕВСКИ: Ликот кој јас го играм, Лебедев, е управител на земската управа. Сопруг на Зинаида Савишна, татко на Саша Лебедева. Интелектуалец, кој завршил на Московскиот универзитет, човек кој ги има сите капацитети да биде столб, стожер на нешто што е ново, просперитетно, напредно, да се слуша неговиот глас во општеството. Но, тој се повлекува, ретерира. Се повлекува во рамките на своето семејство и би рекол него 'го изела' средината. Тој преживува како човек, единствената надеж за неговото опстојување е љубовта кон неговата ќерка и неговото семејство да биде згрижено. Но, сите негови интелектуални капацитети паѓаат во вода,, тој е практично како човек без иднина, без идеја како да го продолжи животот како дел од општетвото. И тој, би рекол, исто како и интелектуалната сила во Македонија, се повлекува некаде по ќошевите каде што роворат стаорци и воопшто не ја крева главата. Останува со свиткана глава, живее само за да преживее, но не и да дише со полни гради и да живее живот на човек со големо Ч. Како е можно актуелните проблеми на руските интелектуалци за кои пишува Чехов во 80-те години на 19 век да важат и за денес? ЈОЛЕВСКИ: Јас мислам дека ништо не е променето во последните неколку илјади години. Човекот не ја учи лекцијата од минатото. Едноставно, човекот веројатно е самозадоволно суштество полно со суета коешто не сака да ја научи лекцијата од минатото. Минатото и историјата мора да бидат учители и тие лекции што ги дава литературата, историјата, уметноста создавана со векови наназад, треба да бидат поттик за да се дојде до свежина на човековиот дух. Авторите се повторуваат и сите човечки постапки и идиотштини се повторуваат и очигледно човекот не сака да ја научи лекцијата. Токму заради тоа овие автори како Чехов се многу важни. Затоа што авторите купуваат или земаат или се повикуваа на авторите пред нив за повторно и повторно да го опомент човекот дека линијата на движење по којашто оди човештвото не е таква каква што треба да биде. [caption id="attachment_644871" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Човекот веројатно е самозадоволно суштество полно со суета коешто не сака да ја научи лекцијата од минатото. Фото: Александар Ивановски[/caption] Дали тогаш ќе дојде генерација којашто ќе даде вистински интелектуален отпор? ЈОЛЕВСКИ: Не знам, надежта секогаш останува. Тоа е особина на човекот, да се живее во надеж бидејќи доколку не постои надеж, тогаш може само да се умре. Или да се чека бавна смрт. Многу е важно човекот да ја има надежта дека ќе дојде нова генерација која што ќе направи пресврт и револција во уметноста, политиката, општествените движења, дека ќе дојде генерација која што ќе може со крената глава и гордо да каже 'еве, ние го направивме чекорот во име на генерациите коишто се повлекувале или пак во име на генерациите коишто го дале животот за општеството, државата или за човековата слобода'. Дали е тоа оптимизам? Значи секогаш може подобро? ЈОЛЕВСКИ: Се разбира. Јас делувам во полето на уметноста, ако не постои принцип, желба за промена, тогаш не треба да се работи оваа работа. Реално ги гледам работите, такви какви што се. Но, во мојот храм, во театарот, каде што создавам, се чувстувам слободен, можам да креирам, во сојуз со големите автори и режисери кои имаат големи концепти, за големи промени. Уживам во тоа да го побарам тој момент, тој миг на слобода. Се разбира, тоа е во креација и во моментот кога сум на сцената. Да го немам тоа чувство дека може да се случи убавина, да се случи промена, тогаш не би ја работел оваа работа. И, се разбира, тогаш не би имал што да дадам на гледачот којшто доаѓа во темата сала да погледне едно парче уметност. Целото дејствие на „Иванов“ се одвива на вештачка карпа. Што претставува карпата? Како се снајдовте? Колку беше тешко или лесно да се совлда искачувањето по карпата? [caption id="attachment_644868" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Сите ние живееме во некоја своја ореова лушпа и таа треба да биде нашето кралство. Таа карпа за мене е моето кралство. Фото: Александар Ивановски[/caption] ЈОЛЕВСКИ: Имав можност, како студент на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) на прва година, да ја гледам последната изведба на последната претстава на Ристо Шишков кој ја толкуваше улога на Иванов. Тоа беше во 1984 година. Ја гледав на малата сцена на сегашната Национална опера и балет, тогашен објект на Македонскиот народен театар. Како студент на ФДУ бев вџашен, вчудоневиден од ширината и моќноста на мојот колега, Ристо Шишков, кој всушност ја играше својата последна улога. После таа извдеба, тој веќе не играше и после неколку месеци почина. Претставата беше во режија на Бранко Ставрев, со феноменална актерка екипа. Оваа претстава е нешто сосема различно, за мене многу убаво. Имав можност да работам во еден многу чуден и многу специфичен концепт на режисерката Зоја Бузалковска, со една екипа којашто со голема радост и жар се обиде да го реализира тој силен и стамен концепт. Пројдовме еден многу возбудлив процес. Водевме големи и долги разговори на читачките проби коишто беа во репетициона сала на МНТ каде што зборуваме и за другите дела на Чехов. Се обидувавме да правиме различни паралели помеѓу другите ликови од делата на Чехов и од други дела за да може да дојдеме до суштината на ликовите коишто ги толкуваме. Имавме и друг начин на подготовка, физички, бидејќи целата претстава се одигрува на една карпа. Имавме вежби со инструктори, одевме на Матка, се качувавме по карпите, одевме на вежби во сали каде што има вештачки карпи, имавме секојдневни тренинзи, за да може да го издржиме напорот на нашето постоење на карпата. Поминавме еден целокупен, но напорен, возбудлив и убав процес со сите колеги коишто се од различни генерации. Едно убаво споделување на чувстувањето на Чехов преку темата 'Иванов'. Целото дејстивие се случува на карпата. Карпата е и домот на Лебедеви, кабинетот на Иванов, градината кај Лебедеви, сè се случува на таа карпа. Што е карпата и кое е нејзиното значење? Секој од нас има различен поглед на тоа. Јас, како Ѓорѓи Јолевски таа карпа ја чувствувам како мојата ореова лушпа и како актер се обидов преку ликот на Лебедев таа карпа да ја претворам во негова ореова лушпа. Како што би рекол Хамлет, во некоја парафразирана форма, сите ние живееме во некоја своја ореова лушпа и таа треба да биде нашето кралство. Таа карпа за мене е моето кралство. На актерот Ѓорги Јолевски и на Лебедов којшто се обидува тоа парче карпа да го претвори во свој дом, во свој свет, во своја планета или во свој космос. Во нашиот „Иванов“ ние се занимаваме со тоа каде е местото на граѓанинот во Македонија, каде е местото на уметникот во системот во којшто живееме, каде е нашата мала и убава земја на мапата на светот, дали постоиме односно дали не постоиме, што уште ние треба да направиме за да може да се чувстуваме како луѓе и да може да се чувствуваме слободни. Разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Александар Ивановски

The post Интелектуалната сила на Македонија намерно е повлечена на страна и нападната од булументата која царува во моментов appeared first on Република.

]]>
„Демократска Бугарија“ ќе го поддржи францускиот предлог: За Иванов тој е многу добар https://republika.mk/vesti/balkan/demokratska-bugarija-kje-go-poddrzi-francuskiot-predlog-za-ivanov-toj-e-mnogu-dobar/ Sun, 19 Jun 2022 09:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=517178

Лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, кој е еден од коалициските партнери на бугарскиот премиер Кирил Петков, смета дека францускиот предлог за решение на спорот помеѓу Софија и Скопје и преговарачката рамка, е исклучително добар за неговата земја.

Во утринската емисија „Разбуди се“ на Нова ТВ тој најави дека пратениците од неговата партија ќе го поддржат предлогот доколку дојде до расправа и гласање на пленарна седница во бугарското Собрание.

„Покрај владината криза, онаа со владејачкото мнозинство, Бугарија е и пред многу важна одлука поврзана со Република Македонија. Ова не е важно само за Македонија, туку и за нас, но ќе пропаднеме, ќе долее бензин на огнот“ вели Иванов коментирајќи за сценариото доколку Бугарија не го прифати предлого

Втор предлог, вели тој, не се знае кога ќе има, и предупредува дека Бугарија е спремна да го фрли во ѓубре францускиот поради тоа што се наоѓа во домашна политичка криза.

„Конечно го добивме резултатот од посредничкиот напор што го правеше Франција. Многу внимателно го прочитав предлогот. Разговарав и со многу авторитетни дипломати од различни политички сили. Општо мислење е дека ова е многу добар предлог за Бугарија. Сакам сите да ме слушнат – ова е исклучително добар предлог за Бугарија, кој ние сме подготвени да го фрлиме во ѓубре бидејќи во моментов сме во домашен скандал“ вели Иванов.

Според лидерот на Демократска Бугарија, би било национално предавство доколку неговата земја не го прифати предлогот на француското претседателство.

За Слави Трифонов од Има таков народ (ИТН) чие напуштање на владејачката коалиција ја втурна Бугарија во политичка криза, Христо Иванов вели дека се обидува да ја користи темата за Македонија за да си обезбеди алиби за некои негови внатрешно-политички дејствувања и порачува дека тоа е неодговорно.

Лидерот на ИТН, пак, вчера го критикуваше францускиот предлог со забелешки дека во него се споменува „малцинство“, а тој смета дека во Македонија нема бугарско малцинство туку има Бугари. Исто така, имаше и забелешки зошто во предлогот се користи македонски јазик бидејќи, според него, таков не постои.

 

The post „Демократска Бугарија“ ќе го поддржи францускиот предлог: За Иванов тој е многу добар appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, кој е еден од коалициските партнери на бугарскиот премиер Кирил Петков, смета дека францускиот предлог за решение на спорот помеѓу Софија и Скопје и преговарачката рамка, е исклучително добар за неговата земја. Во утринската емисија „Разбуди се“ на Нова ТВ тој најави дека пратениците од неговата партија ќе го поддржат предлогот доколку дојде до расправа и гласање на пленарна седница во бугарското Собрание. „Покрај владината криза, онаа со владејачкото мнозинство, Бугарија е и пред многу важна одлука поврзана со Република Македонија. Ова не е важно само за Македонија, туку и за нас, но ќе пропаднеме, ќе долее бензин на огнот“ вели Иванов коментирајќи за сценариото доколку Бугарија не го прифати предлого Втор предлог, вели тој, не се знае кога ќе има, и предупредува дека Бугарија е спремна да го фрли во ѓубре францускиот поради тоа што се наоѓа во домашна политичка криза. „Конечно го добивме резултатот од посредничкиот напор што го правеше Франција. Многу внимателно го прочитав предлогот. Разговарав и со многу авторитетни дипломати од различни политички сили. Општо мислење е дека ова е многу добар предлог за Бугарија. Сакам сите да ме слушнат – ова е исклучително добар предлог за Бугарија, кој ние сме подготвени да го фрлиме во ѓубре бидејќи во моментов сме во домашен скандал“ вели Иванов. Според лидерот на Демократска Бугарија, би било национално предавство доколку неговата земја не го прифати предлогот на француското претседателство. За Слави Трифонов од Има таков народ (ИТН) чие напуштање на владејачката коалиција ја втурна Бугарија во политичка криза, Христо Иванов вели дека се обидува да ја користи темата за Македонија за да си обезбеди алиби за некои негови внатрешно-политички дејствувања и порачува дека тоа е неодговорно. Лидерот на ИТН, пак, вчера го критикуваше францускиот предлог со забелешки дека во него се споменува „малцинство“, а тој смета дека во Македонија нема бугарско малцинство туку има Бугари. Исто така, имаше и забелешки зошто во предлогот се користи македонски јазик бидејќи, според него, таков не постои.  

The post „Демократска Бугарија“ ќе го поддржи францускиот предлог: За Иванов тој е многу добар appeared first on Република.

]]>