Иван Стоиљковиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/ivan-stoiljkovikj/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 14:41:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иван Стоиљковиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/ivan-stoiljkovikj/ 32 32 Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со амбасадорот на ОБСЕ Килиан Вал https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-vitsepremierot-i-minister-stoilkovik-so-ambasadorot-na-obse-kilian-val/ Mon, 14 Oct 2024 14:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=826707

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска остварил работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал.

Затекнатата состојба во Министерството за односи меѓу заедниците, клучните прашања, приоритети, како и идни планови и евентуалната соработка со ОБСЕ, со акцент на помалите етнички заедници во земјава, биле темите на кои разговарале на денешната средба Стоилковиќ и Вал.

Како што информираат од Кабинетот на министерот за односи меѓу заедниците, Стоилковиќ ја истакнал важноста од комуникацијата со меѓународните заедници од причина што, како што рече, за помалите етнички заедници не постојат подобри адреси.

Стоилковиќ го запознал амбасадорот Вал со што се соочувал во изминатите 100 дена од формирањето на новата Влада и стапувањето на функцијата, но посочил и што е направено во овие 100 дена.

Од злоупотреби на функцијата до злоупотреби во функционирањето за што постојат докази, но она на што сум горд е дека кога ќе се воспостави ред сѐ се може, нагласил Стоилковиќ и истакнал дека е задоволен што веќе е поднесена иницијативата за промена на законот за јазиците на помалите етнички заедници, како и дека е направен стратешки план со кој во следната година ќе им се посвети внимание на помалите етнички заедници.

Нашата соработка со Министерството за односи меѓу заедниците во минатото беше ограничена, но сега сум фокусиран на иднината и мислам дека постојат реални можности за нејзино продлабочување. Треба да ги засукаме ракавите и да се фокусираме на работата со сите етнички заедници, порачал амбасадорот Вал и уште еднаш нагласи дека кон ОБСЕ треба да се гледа како на партнер.

Како што посочуваат од Министерството за односи меѓу заедниците, заклучокот на двајцата соговорници кои меѓу другото зборувале и за политичките и економските прилики во земјава и важноста на брзите пруги кои, како што истакнале, се своевиден мировен проект, беше и дека промената на перцепцијата и заштитата на етничките заедници кои, за жал, се чувствуваат заборавени и можеби не ја чувствуваат државата како своја треба да е заеднички приоритет на Министерството за односи меѓу заедниците и ОБСЕ. Амбасадорот Вал нагласил дека нашата земја секогаш може да смета на помош и поддршка од ОБСЕ.

На крајот од средбата, како што се наведува во соопштението, Стоилковиќ ја истакнал важноста на состанокот по кој се испраќа важна порака до помалите етнички заедници, кои треба да го добијат местото што го заслужуваат и во земјата во која живеат да се чувствуваат како рамноправни граѓани.

The post Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со амбасадорот на ОБСЕ Килиан Вал appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска остварил работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал. Затекнатата состојба во Министерството за односи меѓу заедниците, клучните прашања, приоритети, како и идни планови и евентуалната соработка со ОБСЕ, со акцент на помалите етнички заедници во земјава, биле темите на кои разговарале на денешната средба Стоилковиќ и Вал. Како што информираат од Кабинетот на министерот за односи меѓу заедниците, Стоилковиќ ја истакнал важноста од комуникацијата со меѓународните заедници од причина што, како што рече, за помалите етнички заедници не постојат подобри адреси. Стоилковиќ го запознал амбасадорот Вал со што се соочувал во изминатите 100 дена од формирањето на новата Влада и стапувањето на функцијата, но посочил и што е направено во овие 100 дена. Од злоупотреби на функцијата до злоупотреби во функционирањето за што постојат докази, но она на што сум горд е дека кога ќе се воспостави ред сѐ се може, нагласил Стоилковиќ и истакнал дека е задоволен што веќе е поднесена иницијативата за промена на законот за јазиците на помалите етнички заедници, како и дека е направен стратешки план со кој во следната година ќе им се посвети внимание на помалите етнички заедници.
Нашата соработка со Министерството за односи меѓу заедниците во минатото беше ограничена, но сега сум фокусиран на иднината и мислам дека постојат реални можности за нејзино продлабочување. Треба да ги засукаме ракавите и да се фокусираме на работата со сите етнички заедници, порачал амбасадорот Вал и уште еднаш нагласи дека кон ОБСЕ треба да се гледа како на партнер.
Како што посочуваат од Министерството за односи меѓу заедниците, заклучокот на двајцата соговорници кои меѓу другото зборувале и за политичките и економските прилики во земјава и важноста на брзите пруги кои, како што истакнале, се своевиден мировен проект, беше и дека промената на перцепцијата и заштитата на етничките заедници кои, за жал, се чувствуваат заборавени и можеби не ја чувствуваат државата како своја треба да е заеднички приоритет на Министерството за односи меѓу заедниците и ОБСЕ. Амбасадорот Вал нагласил дека нашата земја секогаш може да смета на помош и поддршка од ОБСЕ. На крајот од средбата, како што се наведува во соопштението, Стоилковиќ ја истакнал важноста на состанокот по кој се испраќа важна порака до помалите етнички заедници, кои треба да го добијат местото што го заслужуваат и во земјата во која живеат да се чувствуваат како рамноправни граѓани.

The post Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со амбасадорот на ОБСЕ Килиан Вал appeared first on Република.

]]>
Стоиљковиќ ги покажа српските локомотиви: Пристигнаа во Македонија, веднаш ќе се користат https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-gi-pokazha-srpskite-lokomotivi-pristignaa-vo-makedonija-vednash-ke-se-koristat/ Thu, 26 Sep 2024 08:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=819730

Четирите најавени локомотиви од “Србија Карго” пристигнаа во Македонија и веднаш ќе бидат ставени на располагање и во функција на “Македонски железници”, објави Иван Стоилковиќ, заменик премиерот од Демократската партија на Србите во Македонија.

Да потсетам, станува збор за четири локомотиви за товарен сообраќај што ќе бидат од суштествено значење за непречено фунционирање на товарниот сообраќај низ Македонија, преку Србија, до земјите од Европската Унија. Договорената соработка е од големо значење не само за двете железнички компании туку и за севкупната регионална соработка по коридорот 10 која не само што ќе го зголеми капацитетот на транзитниот сообраќај, туку и приходите, во пресрет на се поголемата побарувачка на теретниот транспорт.

Пофалба за директорот на МЖ транспорт Дејан Кошутиќ за брзото спроведување на постапката и на надлежниот министер Александар Николоски кој со своето несебично залагање и труд обезбеди внатрешна логистика на процесот, мое беше само да обезбедам комуникација помеѓу компаниите и политичка поддршка од српската Влада локомотивите што побрзо да стигнат и да се стават во функција. Тимската работа секогаш носи добри резултати. Благодарност до српската Влада за покажаното разбирање и брзата реакција во решавањето на проблемот со кој се соочувавме. За ликвидноста на Македонски Железници и сочуваните работни места со реализација на овој проект во некој друга прилика, напиша тој.

The post Стоиљковиќ ги покажа српските локомотиви: Пристигнаа во Македонија, веднаш ќе се користат appeared first on Република.

]]>

Четирите најавени локомотиви од “Србија Карго” пристигнаа во Македонија и веднаш ќе бидат ставени на располагање и во функција на “Македонски железници”, објави Иван Стоилковиќ, заменик премиерот од Демократската партија на Србите во Македонија. Да потсетам, станува збор за четири локомотиви за товарен сообраќај што ќе бидат од суштествено значење за непречено фунционирање на товарниот сообраќај низ Македонија, преку Србија, до земјите од Европската Унија. Договорената соработка е од големо значење не само за двете железнички компании туку и за севкупната регионална соработка по коридорот 10 која не само што ќе го зголеми капацитетот на транзитниот сообраќај, туку и приходите, во пресрет на се поголемата побарувачка на теретниот транспорт. Пофалба за директорот на МЖ транспорт Дејан Кошутиќ за брзото спроведување на постапката и на надлежниот министер Александар Николоски кој со своето несебично залагање и труд обезбеди внатрешна логистика на процесот, мое беше само да обезбедам комуникација помеѓу компаниите и политичка поддршка од српската Влада локомотивите што побрзо да стигнат и да се стават во функција. Тимската работа секогаш носи добри резултати. Благодарност до српската Влада за покажаното разбирање и брзата реакција во решавањето на проблемот со кој се соочувавме. За ликвидноста на Македонски Железници и сочуваните работни места со реализација на овој проект во некој друга прилика, напиша тој.

The post Стоиљковиќ ги покажа српските локомотиви: Пристигнаа во Македонија, веднаш ќе се користат appeared first on Република.

]]>
Стоиљковиќ: Утврдени се неправилности со снимање на вработени во Министерството за политички систем https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-utvrdeni-se-nepravilnosti-so-snimane-na-vraboteni-vo-ministerstvoto-za-politichki-sistem/ Thu, 25 Jul 2024 17:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=800295

Во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците незаконски се снимале вработените, објави Канал 5. Новиот министер Иван Стоиљковиќ за телевизијата потврди дека биле направени проверки и биле утврдени „некакви неправилности“. Тој посочи дека е ангажирана фирма која се грижи за системот која забележала неправилности кои веќе се предадени на истражните органи.

Телевизијата пренесува дека до неа но и на социјалните мрежи се појавуваат анонимни писма со обвинувања дека поранешниот прв вицепремиер и министер Артан Груби наводно незаконски ги снимал и следел своите вработени преку надзорни камери и дека тоа го правел и преку далечинско управување. Дополнително пишува и дека снимките од хард-дисковите се избришани пред Груби да ја напушти позицијата, воедно и дека за видео надзорот била задолжена надворешна компанија, која сега е фантомска.

Новиот министер Иван Стоиљковиќ потврди дека по направените проверки биле утврдени „некакви неправилности“ и посочи дека ангажирана фирма која се грижи за системот забележала неправилности кои веќе се предадени на истражните органи.

„Па надворешен упад во системот на камери во министерството за односи помеѓу заедниците, така што некој констатно од различните ип-адреси во системот и набљудувал што се случува внатре во министерството, ги набљудувал вработените и така натаму, тоа фирмата која е задолжена за таа работа, која го опслужува системот го установила и го дала во својот извештај, со докази нормално и ние тие докази сме ги проследиле до управата“, изјави Стоиљковиќ.

Тој не ја исклучува можноста и самиот Груби како министер да го правел тоа.

„Со оглед на тоа каква состојба начекавме во министерството, сѐ е можно“, вели Стоиљковиќ

Телевизијата стапила во писмен контакт и со поранешниот министер Артан Груби, кој обвинувањата ги нарекол апсолутна невистина и додал дека институцијата си имала видео-надзор како што било монтирано при изградбата на објектот, од компанијата уште пред да стапи тој на функција, а камери имало само во ходниците, влезовите и на законски дозволени места, што биле инсталирани уште во времето на претходната владата на ВМРО-ДПМНЕ, а камерите биле под надлежност на обезбедувањето определено од МВР во нивна канцеларија без тој да има било каков пристап во било кое време и под било какви околности.

The post Стоиљковиќ: Утврдени се неправилности со снимање на вработени во Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>

Во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците незаконски се снимале вработените, објави Канал 5. Новиот министер Иван Стоиљковиќ за телевизијата потврди дека биле направени проверки и биле утврдени „некакви неправилности“. Тој посочи дека е ангажирана фирма која се грижи за системот која забележала неправилности кои веќе се предадени на истражните органи. Телевизијата пренесува дека до неа но и на социјалните мрежи се појавуваат анонимни писма со обвинувања дека поранешниот прв вицепремиер и министер Артан Груби наводно незаконски ги снимал и следел своите вработени преку надзорни камери и дека тоа го правел и преку далечинско управување. Дополнително пишува и дека снимките од хард-дисковите се избришани пред Груби да ја напушти позицијата, воедно и дека за видео надзорот била задолжена надворешна компанија, која сега е фантомска. Новиот министер Иван Стоиљковиќ потврди дека по направените проверки биле утврдени „некакви неправилности“ и посочи дека ангажирана фирма која се грижи за системот забележала неправилности кои веќе се предадени на истражните органи.
„Па надворешен упад во системот на камери во министерството за односи помеѓу заедниците, така што некој констатно од различните ип-адреси во системот и набљудувал што се случува внатре во министерството, ги набљудувал вработените и така натаму, тоа фирмата која е задолжена за таа работа, која го опслужува системот го установила и го дала во својот извештај, со докази нормално и ние тие докази сме ги проследиле до управата“, изјави Стоиљковиќ.
Тој не ја исклучува можноста и самиот Груби како министер да го правел тоа.
„Со оглед на тоа каква состојба начекавме во министерството, сѐ е можно“, вели Стоиљковиќ
Телевизијата стапила во писмен контакт и со поранешниот министер Артан Груби, кој обвинувањата ги нарекол апсолутна невистина и додал дека институцијата си имала видео-надзор како што било монтирано при изградбата на објектот, од компанијата уште пред да стапи тој на функција, а камери имало само во ходниците, влезовите и на законски дозволени места, што биле инсталирани уште во времето на претходната владата на ВМРО-ДПМНЕ, а камерите биле под надлежност на обезбедувањето определено од МВР во нивна канцеларија без тој да има било каков пристап во било кое време и под било какви околности.

The post Стоиљковиќ: Утврдени се неправилности со снимање на вработени во Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>
Наспроти критиките за неговиот избор, Мицкоски верува во чесноста, искреноста и промакедонските позиции на Стоиљковиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/nasproti-kritikite-za-negoviot-izbor-mitskoski-veruva-vo-chesnosta-iskrenosta-i-promakedonskite-pozitsii-na-stoilkovik/ Tue, 18 Jun 2024 13:18:11 +0000 https://republika.mk/?p=788786

Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции и секој кој ќе излезе надвор од оваа патека, без разлика на „про“ какви било позиции, повеќе нема да биде дел од оваа Влада, изјави Мицкоски прашан за коментар за реакции во јавноста по неговиот предлог Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите да биде вицепремиер задолжен за односи со заедниците.

Мицкоски рече дека не би се согласил со тие ставови во врска со Стоиљковиќ и дека тој самиот ќе даде мислење ако го прашаат, но нагласи дека од секој член од владата очекува да има промакедонски, татковински позиции.

Наша заедничка татковина е Македонија и очекувам сите заедно, 24-цата, но и сите оние стотици кои по вертикала ќе бидат избрани и именувани, да имаат исклучиво само промакедонски позиции и да се борат за нивната татковина Македонија. Промакедонска позиција подразбира и стратешкото ориентирање на Македонија, а тоа подразбира силен партнер во НАТО Алијансата и земја која еден ден од денеска ќе биде членка на Европската Унија - рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по поднесувањето на предлогот за состав на владата.

На прашање што доколку Стоиљковиќ биде ставен на црна листа на САД поради неговите средби во Москва, Мицкоски одговори дека „тој е човек кој е дел од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

Мој соработник и јас верувам во неговата чесност, искреност и промакедонски, протатковински позиции - додаде Мицкоски.

The post Наспроти критиките за неговиот избор, Мицкоски верува во чесноста, искреноста и промакедонските позиции на Стоиљковиќ appeared first on Република.

]]>

Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции и секој кој ќе излезе надвор од оваа патека, без разлика на „про“ какви било позиции, повеќе нема да биде дел од оваа Влада, изјави Мицкоски прашан за коментар за реакции во јавноста по неговиот предлог Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите да биде вицепремиер задолжен за односи со заедниците. Мицкоски рече дека не би се согласил со тие ставови во врска со Стоиљковиќ и дека тој самиот ќе даде мислење ако го прашаат, но нагласи дека од секој член од владата очекува да има промакедонски, татковински позиции.
Наша заедничка татковина е Македонија и очекувам сите заедно, 24-цата, но и сите оние стотици кои по вертикала ќе бидат избрани и именувани, да имаат исклучиво само промакедонски позиции и да се борат за нивната татковина Македонија. Промакедонска позиција подразбира и стратешкото ориентирање на Македонија, а тоа подразбира силен партнер во НАТО Алијансата и земја која еден ден од денеска ќе биде членка на Европската Унија - рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по поднесувањето на предлогот за состав на владата.
На прашање што доколку Стоиљковиќ биде ставен на црна листа на САД поради неговите средби во Москва, Мицкоски одговори дека „тој е човек кој е дел од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.
Мој соработник и јас верувам во неговата чесност, искреност и промакедонски, протатковински позиции - додаде Мицкоски.

The post Наспроти критиките за неговиот избор, Мицкоски верува во чесноста, искреноста и промакедонските позиции на Стоиљковиќ appeared first on Република.

]]>
Стоиљковиќ: Вучиќ им покажа на македонските власти како се преговара и како се бори за сопствената држава https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-vuchik-im-pokazha-na-makedonskite-vlasti-kako-se-pregovara-i-kako-se-bori-za-sopstvenata-drzhava/ Sun, 26 Mar 2023 07:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=623714

За среќа на Србија и српскиот народ, а за несреќа на загрижените во Македонија на преговорите во Охрид не се реализира тоа дека Србија ќе го признае Косово и се сруши тезата дали преговорачката рамка со францускиоот предлог дали може да се менува односно де покажа дека може, ги коментира пратеникот Иван Стоиљковиќ разговорите меѓу Белград и Приштина.

Според него, нервозата во Приштина договолно говори дека Србија го добила тоа што то посакувала а тоа е дека нема признавање на Косово и оти формирањето на Заедница на српски општини сега е реалност.

Стоиљковиќ во интервјуто за „Република“ посочува дека Вучиќ им покажал на македонските власти како се бори и преговара за својата земја.

Овдешната власт смета дека ако Србија се согласи да го признае Косово дека и ние мораме да прифатиме се што ни се бара.Тие не оставаат простор дека некој може да се залага и бори за сопствениот народ.Вучиќ е лош пример за власта во Македонија бидејќи покажа дека со борбеност може да се издејстуваат одредени промени во интерес на сопствениот народ. Тоа што нашата власт беспреговорно прифаќа сè и велат „дај бе да потпишеме само да ја завршиме работата“ е неодговорно однесување-вели Стоиљковииќ за „Република“.

Тоа што за меѓународната заедница договорот од Охрид е правно обврзувачки иако иако нема потпис за Стоиљковиќ е доказ дека секој си ги толкува работите онака како што му одговара.

Она што е очигледно е дека Косово е протекторат под меѓународната заедница но е извор н на можна нестабилност и тие сакаат да си ги завршат своите работи, неводејќи дека и Србија има свој интерес таму.Србија не дозволи да биде повторно понижена.Ова е процес кој може долго да трае бидејќи проблемот е вековен.

Стоиљковиќ не ја исклучува можноста Хрватска да и го прави на Србија она што Бугарија и го прави во текот на преговорите за ЕУ.

Проблемите на Балканот се отворени и Македонија и Србија ја плаќаат цената на историското доцнење а тоа знае да биде многу скапо.Тоа доцнење е дел наша вина а дел на меѓународната заедница која одеше преку мртви тела за да ги реализира сопствените интереси неводејќи сметка дека овде живеат луѓе кои исто така имаат не само свои интереси туку и живот кој сакаат да си го уредат на најдобар можен начин.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=1AkeRwwz2xQ

The post Стоиљковиќ: Вучиќ им покажа на македонските власти како се преговара и како се бори за сопствената држава appeared first on Република.

]]>

За среќа на Србија и српскиот народ, а за несреќа на загрижените во Македонија на преговорите во Охрид не се реализира тоа дека Србија ќе го признае Косово и се сруши тезата дали преговорачката рамка со францускиоот предлог дали може да се менува односно де покажа дека може, ги коментира пратеникот Иван Стоиљковиќ разговорите меѓу Белград и Приштина. Според него, нервозата во Приштина договолно говори дека Србија го добила тоа што то посакувала а тоа е дека нема признавање на Косово и оти формирањето на Заедница на српски општини сега е реалност. Стоиљковиќ во интервјуто за „Република“ посочува дека Вучиќ им покажал на македонските власти како се бори и преговара за својата земја.
Овдешната власт смета дека ако Србија се согласи да го признае Косово дека и ние мораме да прифатиме се што ни се бара.Тие не оставаат простор дека некој може да се залага и бори за сопствениот народ.Вучиќ е лош пример за власта во Македонија бидејќи покажа дека со борбеност може да се издејстуваат одредени промени во интерес на сопствениот народ. Тоа што нашата власт беспреговорно прифаќа сè и велат „дај бе да потпишеме само да ја завршиме работата“ е неодговорно однесување-вели Стоиљковииќ за „Република“.
Тоа што за меѓународната заедница договорот од Охрид е правно обврзувачки иако иако нема потпис за Стоиљковиќ е доказ дека секој си ги толкува работите онака како што му одговара.
Она што е очигледно е дека Косово е протекторат под меѓународната заедница но е извор н на можна нестабилност и тие сакаат да си ги завршат своите работи, неводејќи дека и Србија има свој интерес таму.Србија не дозволи да биде повторно понижена.Ова е процес кој може долго да трае бидејќи проблемот е вековен.
Стоиљковиќ не ја исклучува можноста Хрватска да и го прави на Србија она што Бугарија и го прави во текот на преговорите за ЕУ.
Проблемите на Балканот се отворени и Македонија и Србија ја плаќаат цената на историското доцнење а тоа знае да биде многу скапо.Тоа доцнење е дел наша вина а дел на меѓународната заедница која одеше преку мртви тела за да ги реализира сопствените интереси неводејќи сметка дека овде живеат луѓе кои исто така имаат не само свои интереси туку и живот кој сакаат да си го уредат на најдобар можен начин.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=1AkeRwwz2xQ

The post Стоиљковиќ: Вучиќ им покажа на македонските власти како се преговара и како се бори за сопствената држава appeared first on Република.

]]>
Стоиљковиќ: Aлбанските партии ќе се наредат како попчиња пред вратата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бараат да бидат дел од новата влада https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-albanskite-partii-ke-se-naredat-kako-popchina-pred-vratata-na-vmro-dpmne-i-ke-baraat-da-bidat-del-od-novata-vlada/ Fri, 24 Mar 2023 08:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=622967

Албанските лидери со нивите изјави за „главни градови“ и „заедници на албански општини“ нема да прават ништо бидејќи некој поголем од нив во регионални рамки не дозволува дестабилизација на регионот. Ова е само подготовка за она што следи а тоа се изборите, коментира пратеникот Иван Стоиљковиќ.

Тој вели дека не треба да се прави паралела со Заедницата на српски општини бидејќи тоа е меѓународен договор со посредство на ЕУ.

Ова е само за внатрешна политичка употреба, да го застрашат македонскиот народ и граѓаните да седат мирни за тие да си ја бркаат нивната агенда. Ниту едната ниту другата приказна не поминува. Заедницата на српски општини е формализирана со преговорите во Охрид и е обрврска на косовските институции - објаснува Стоиљковиќ во интервјуто за „Република“.

Тој вели дека парламентарната демократија не памети ваков случај како што се односите меѓу ДУИ и СДСМ.

Ние сме атипична демократија по она што произлезе од Охридскиот договор и таа атипичност поприма нови форми како Пржински договор, Мајски договор, промени на Уставот, формирање на јазична федерација и работите полека, но сигурно се туркаат на шините на политичка федерализација.

Стоиљковиќ е убеден дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има колициски партнер меѓу партии на Албанците.

Кога граѓаните ќе ја верификуваат нашата победа на следните избори, останува работа на реализација на формирање на стабилно мнозинство. Тоа треба да се случи и ќе се случи. Владеењето на малцинството брз мнозинството не може да опстои како политички процес, затоа што може да предизвика сериозни последици. Ќе се наредат како попчиња пред вратата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бараат да бидат дел од новата влада.

Пратеникот на Демократската партија на Србите смета дека е невозможна варијанта ниту една партија на Албанците да не сака да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ по изборите и со тоа да биде доведено во прашање формирањето на идната влада.

Албанските полтички фактори се попрично зависни во своето однесување од САД и тоа е решлив проблем. Ако македонските граѓани решат да остане оваа гарнитура, самите ќе бидат виновни за тоа што ќе им се случува во политичкиот живот. Ако ова што се случува го третираат како терор на малцинството врз мнозинството и несоодветно однесување на ДУИ врз државата и народот, тогаш ок и не е ништо спорно. Граѓаните ќе мора да го дадатт последниот збор - објаснува Стоиљковиќ.

Стоиљковиќ детално објаснува и за обидот Законот за амнестија за настаните од 27 април да се стави на дневен ред и за спинот кој го направи власта дека пратеници од коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ не присуствувале на гласањето.

Власта не дозволи да се стави на дневен ред и оти расправата ќе траеше неколку дена и ќе се изнесеа сите аргументи за ревизија на судските процеси, а власта ќе беше во непријатна ситуација затоа што расположението на граѓаните е дека тие процеси се неадекватно водени. Некои пратеници беа на службен пат или имаа други обврски или пак беа болни. Спинот не го изведоа политичарите од власта, туку нивните портали.

Пратеникот објаснува оти е јасно дека уставни измени нема да има и оти на следната влада останува да ја поправи штетата што ја направија СДСМ и ДУИ.

Настаните во Охрид покажаа дека таа преговарачка рамка не е света крава и дека може да има измени. И во нашиот случај суштината е иста. Ако успееме да спасиме 10-15 проценти од работите кои овие ги замачкаа, на коњ сме и како држава и како ѓраѓани. Затоа борбата не треба да престане, напротив треба да продолжи за да се издејстуваат какви било промени - убеден е Стиљковиќ.

Тој ставањето на Бугарите во Уставот го опишува како „вишна врз шлагот на тортата, а под шлагот е ставена мина и ние треба полесно да ја проголтаме“.

Овде не станува збор за ставање на Бугарите во Уставот туку за документите кои станаа дел на преговарачката рамка. Ако ги избришеме сите делови на преговарачката рамка утре може да ги ставиме Бугарите во Уставот, нема никаков проблем.

Тој објаснува и зошто Македонците ги сметаа Србите за најблизок народ и оти тоа е заслуга на претседателот Вучиќ.

Има голема промена во српската политика и во политиката на претседателот, која значи поголема отвореност кон регионот и затворање на спорните прашања со Македонија вроди со плод. Помеѓу двете држави нема ниту едно отворено прашање. Да се кадидидира Вучиќ кај нас, сигурно ќе победи - се шегува Стоиљковиќ.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=rM4CBMxXUgE

The post Стоиљковиќ: Aлбанските партии ќе се наредат како попчиња пред вратата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бараат да бидат дел од новата влада appeared first on Република.

]]>

Албанските лидери со нивите изјави за „главни градови“ и „заедници на албански општини“ нема да прават ништо бидејќи некој поголем од нив во регионални рамки не дозволува дестабилизација на регионот. Ова е само подготовка за она што следи а тоа се изборите, коментира пратеникот Иван Стоиљковиќ. Тој вели дека не треба да се прави паралела со Заедницата на српски општини бидејќи тоа е меѓународен договор со посредство на ЕУ.
Ова е само за внатрешна политичка употреба, да го застрашат македонскиот народ и граѓаните да седат мирни за тие да си ја бркаат нивната агенда. Ниту едната ниту другата приказна не поминува. Заедницата на српски општини е формализирана со преговорите во Охрид и е обрврска на косовските институции - објаснува Стоиљковиќ во интервјуто за „Република“.
Тој вели дека парламентарната демократија не памети ваков случај како што се односите меѓу ДУИ и СДСМ.
Ние сме атипична демократија по она што произлезе од Охридскиот договор и таа атипичност поприма нови форми како Пржински договор, Мајски договор, промени на Уставот, формирање на јазична федерација и работите полека, но сигурно се туркаат на шините на политичка федерализација.
Стоиљковиќ е убеден дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има колициски партнер меѓу партии на Албанците.
Кога граѓаните ќе ја верификуваат нашата победа на следните избори, останува работа на реализација на формирање на стабилно мнозинство. Тоа треба да се случи и ќе се случи. Владеењето на малцинството брз мнозинството не може да опстои како политички процес, затоа што може да предизвика сериозни последици. Ќе се наредат како попчиња пред вратата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бараат да бидат дел од новата влада.
Пратеникот на Демократската партија на Србите смета дека е невозможна варијанта ниту една партија на Албанците да не сака да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ по изборите и со тоа да биде доведено во прашање формирањето на идната влада.
Албанските полтички фактори се попрично зависни во своето однесување од САД и тоа е решлив проблем. Ако македонските граѓани решат да остане оваа гарнитура, самите ќе бидат виновни за тоа што ќе им се случува во политичкиот живот. Ако ова што се случува го третираат како терор на малцинството врз мнозинството и несоодветно однесување на ДУИ врз државата и народот, тогаш ок и не е ништо спорно. Граѓаните ќе мора да го дадатт последниот збор - објаснува Стоиљковиќ.
Стоиљковиќ детално објаснува и за обидот Законот за амнестија за настаните од 27 април да се стави на дневен ред и за спинот кој го направи власта дека пратеници од коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ не присуствувале на гласањето.
Власта не дозволи да се стави на дневен ред и оти расправата ќе траеше неколку дена и ќе се изнесеа сите аргументи за ревизија на судските процеси, а власта ќе беше во непријатна ситуација затоа што расположението на граѓаните е дека тие процеси се неадекватно водени. Некои пратеници беа на службен пат или имаа други обврски или пак беа болни. Спинот не го изведоа политичарите од власта, туку нивните портали.
Пратеникот објаснува оти е јасно дека уставни измени нема да има и оти на следната влада останува да ја поправи штетата што ја направија СДСМ и ДУИ.
Настаните во Охрид покажаа дека таа преговарачка рамка не е света крава и дека може да има измени. И во нашиот случај суштината е иста. Ако успееме да спасиме 10-15 проценти од работите кои овие ги замачкаа, на коњ сме и како држава и како ѓраѓани. Затоа борбата не треба да престане, напротив треба да продолжи за да се издејстуваат какви било промени - убеден е Стиљковиќ.
Тој ставањето на Бугарите во Уставот го опишува како „вишна врз шлагот на тортата, а под шлагот е ставена мина и ние треба полесно да ја проголтаме“.
Овде не станува збор за ставање на Бугарите во Уставот туку за документите кои станаа дел на преговарачката рамка. Ако ги избришеме сите делови на преговарачката рамка утре може да ги ставиме Бугарите во Уставот, нема никаков проблем.
Тој објаснува и зошто Македонците ги сметаа Србите за најблизок народ и оти тоа е заслуга на претседателот Вучиќ.
Има голема промена во српската политика и во политиката на претседателот, која значи поголема отвореност кон регионот и затворање на спорните прашања со Македонија вроди со плод. Помеѓу двете држави нема ниту едно отворено прашање. Да се кадидидира Вучиќ кај нас, сигурно ќе победи - се шегува Стоиљковиќ.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=rM4CBMxXUgE

The post Стоиљковиќ: Aлбанските партии ќе се наредат како попчиња пред вратата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бараат да бидат дел од новата влада appeared first on Република.

]]>
Стоилковиќ: Шест месеци го кријат „детето“ Каевски, главен албански лобист за УЧК и отфрлање на извештајот за Жолтата куќа https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-shest-mesetsi-go-krijat-deteto-kaevski-glaven-albanski-lobist-za-uchk-i-otfrlane-na-izveshtajot-za-zholtata-kuka/ Wed, 18 Jan 2023 21:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=598527

Главен лобист за собирање потписи за отфрлање на извештајот на Дик Марти за Жолтата куќа во Косово и Метохија е Дарко Каевски, изјави вечерва за ТВ Алфа пратеникот Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија. Каевски е шеф на Делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Летоска, Тирана усвои Декларација со која се отфрлаат обвинувањата за трговија со човечки органи за време на војната на Косово, односно сакаат да се укине Извештајот на Дик Марти усвоен од Парламентарното собрание на Советот на Европа, заради кој сите команданти на УЧК се испратени во Хаг. Знаете кој е главен лобиста од Македонија, кој собира потписи, кој лобира да се соберат потписи за  отфрлање на извештајот на Дик Марти за Жолтата куќа? Дарко Каевски е главниот лобиста за собирањето на тие потписи. Шест месеци го кријат детето кое е албански лобиста и кој собира потписи да ги извади командантите на УЧК кои се во Хаг. Најмалку шест месеци сите нивни медиуми го кријат, изјави лидерот на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ во интервју за емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

Во декември 2022 година, постојаната мисија на Албанија до сите земји-членки на Советот на Европа и набљудувачи ја достави Резолуцијата за неоснованоста на тврдењата за нелегална трговија со човечки органи во Косово и Албанија. Во Резолуцијата се вели дека изјавите од извештајот на Дик Марти и по 10 години истрага не се докажани, не се основани на факти.

Во извештајот од 2010 година, составен од тогашниот швајцарски сенатор Дик Марти и одобрен од Парламентарното собрание на Советот на Европа, се тврди дека водачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) биле вмешани во трговија со органи во периодот 1998-99 година.

Во Специјалниот суд во Хаг во тек се неколку судски процеси против некои поранешни лидери на ОВК. Меѓу нив се Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Во обвинението против нив се споменуваат воени злосторства и злосторства против човештвото, но не и „трговија со човечки органи“. Али Ахмети од Македонија беше повикан како сведок. И Артан Груби е поврзан со Жолтата куќа, но тој тврди дека бил само преведувач.

The post Стоилковиќ: Шест месеци го кријат „детето“ Каевски, главен албански лобист за УЧК и отфрлање на извештајот за Жолтата куќа appeared first on Република.

]]>

Главен лобист за собирање потписи за отфрлање на извештајот на Дик Марти за Жолтата куќа во Косово и Метохија е Дарко Каевски, изјави вечерва за ТВ Алфа пратеникот Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија. Каевски е шеф на Делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Летоска, Тирана усвои Декларација со која се отфрлаат обвинувањата за трговија со човечки органи за време на војната на Косово, односно сакаат да се укине Извештајот на Дик Марти усвоен од Парламентарното собрание на Советот на Европа, заради кој сите команданти на УЧК се испратени во Хаг. Знаете кој е главен лобиста од Македонија, кој собира потписи, кој лобира да се соберат потписи за  отфрлање на извештајот на Дик Марти за Жолтата куќа? Дарко Каевски е главниот лобиста за собирањето на тие потписи. Шест месеци го кријат детето кое е албански лобиста и кој собира потписи да ги извади командантите на УЧК кои се во Хаг. Најмалку шест месеци сите нивни медиуми го кријат, изјави лидерот на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ во интервју за емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.
Во декември 2022 година, постојаната мисија на Албанија до сите земји-членки на Советот на Европа и набљудувачи ја достави Резолуцијата за неоснованоста на тврдењата за нелегална трговија со човечки органи во Косово и Албанија. Во Резолуцијата се вели дека изјавите од извештајот на Дик Марти и по 10 години истрага не се докажани, не се основани на факти. Во извештајот од 2010 година, составен од тогашниот швајцарски сенатор Дик Марти и одобрен од Парламентарното собрание на Советот на Европа, се тврди дека водачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) биле вмешани во трговија со органи во периодот 1998-99 година. Во Специјалниот суд во Хаг во тек се неколку судски процеси против некои поранешни лидери на ОВК. Меѓу нив се Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Во обвинението против нив се споменуваат воени злосторства и злосторства против човештвото, но не и „трговија со човечки органи“. Али Ахмети од Македонија беше повикан како сведок. И Артан Груби е поврзан со Жолтата куќа, но тој тврди дека бил само преведувач.

The post Стоилковиќ: Шест месеци го кријат „детето“ Каевски, главен албански лобист за УЧК и отфрлање на извештајот за Жолтата куќа appeared first on Република.

]]>
Стоилковиќ: Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, ќе организираме вистинско пребројување на српскиот народ! https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovikj-ne-gi-prifakjame-laznite-rezultati-od-popisot-kje-organizirame-vistinsko-prebrojuvanje-na-srpskiot-narod/ Fri, 01 Apr 2022 09:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=481843

Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, немаме доверба во официјалните органи на актуелната власт и немаме намера да дадеме легитимитет на перфидното поништување на нашиот народ. Се надеваме дека со официјална поддршка на нашата татковина, во втората половина од годинава ќе спроведеме попис, електронски и теренски, на кој ќе може да се изјаснат сите оние кои се сметаат за припадници на српскиот народ, најавуваат од Демократската партија на Србите во Македонија и Српската заедница во Македонија.

„Попишувањето ќе биде доброволно, а попишаните лица ќе добијат службено уверение кое ќе можат да го користат при остварување на правото на образование, стекнување имот, добивање државјанство, како и за други привилегии во нашата татковина, Република Србија. Исто така, лицата чии презимиња се на „иќ“, а ја немаат оваа потврда, нема да бидат третирани како валидни претставници на српскиот народ во македонската администрација, туку како кукавички јајца спуштени во нашето гнездо.

Ова важи и за политичките и за невладините организации со префиксот „српски“, а всушност основани за потребите на одредена политичка партија како привремено покритие за немањето на српски партнер во нивната коалиција, кои со своето неработење, односно со поддршката на криминалните пописните активности од позиција на власт ги десеткуваа Србите и се директни виновници за оваа ситуација. За се ќе бидете навремено информирани“, напиша пратеникот Иван Столковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија на својот фејсбук-профил.

The post Стоилковиќ: Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, ќе организираме вистинско пребројување на српскиот народ! appeared first on Република.

]]>

Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, немаме доверба во официјалните органи на актуелната власт и немаме намера да дадеме легитимитет на перфидното поништување на нашиот народ. Се надеваме дека со официјална поддршка на нашата татковина, во втората половина од годинава ќе спроведеме попис, електронски и теренски, на кој ќе може да се изјаснат сите оние кои се сметаат за припадници на српскиот народ, најавуваат од Демократската партија на Србите во Македонија и Српската заедница во Македонија. „Попишувањето ќе биде доброволно, а попишаните лица ќе добијат службено уверение кое ќе можат да го користат при остварување на правото на образование, стекнување имот, добивање државјанство, како и за други привилегии во нашата татковина, Република Србија. Исто така, лицата чии презимиња се на „иќ“, а ја немаат оваа потврда, нема да бидат третирани како валидни претставници на српскиот народ во македонската администрација, туку како кукавички јајца спуштени во нашето гнездо. Ова важи и за политичките и за невладините организации со префиксот „српски“, а всушност основани за потребите на одредена политичка партија како привремено покритие за немањето на српски партнер во нивната коалиција, кои со своето неработење, односно со поддршката на криминалните пописните активности од позиција на власт ги десеткуваа Србите и се директни виновници за оваа ситуација. За се ќе бидете навремено информирани“, напиша пратеникот Иван Столковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија на својот фејсбук-профил.

The post Стоилковиќ: Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, ќе организираме вистинско пребројување на српскиот народ! appeared first on Република.

]]>
Иван Стоилковиќ одликуван со крстот на Ѓорѓи Стратимировиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/ivan-stoilkovikj-odlikuvan-so-krstot-na-gjorgji-stratimirovikj/ Mon, 21 Feb 2022 17:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=461621

Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија е одликуван со крстот на Ѓорѓи Стратимировиќ.

Орденот, одликувањето, беше востановено минатата година по повод пренесувањето на посмртните останки на Ѓорѓи Стратимировиќ во Србија после 113 години.

Одликувањето дојде како резултат на тоа што со големо внимание ги следев знаците што ги оставија нашите предци, знаци кои му помогнаа на нашиот народ лично и колективно да го зачува споменот на предците и понизно да зачекори во иднината, осврнувајќи се на нивните херојски дела. луѓето како целина. Исклучително сум благодарен што по повод 200-годишнината од раѓањето на водачот Ѓорѓи Стартимировиќ, Центарот за развој на Шајкашка со благослов на Неговото Високопреосвештенство епископ Сремски Васил и со согласност на семејството Стратимировиќ од Кулпин ми ја додели наградата Големиот крст на Водачот Ѓорѓи Стратимировиќ, рече Стоилковиќ.

Иако меѓу носителите на Крстот се највисоките државни или црковни претставници, не може да се измери чии заслуги се поголеми или помали: секој во својата област работи и ќе прави што е, да ги користи зборовите на принцот Милош, во корист. на народот, објаснува Иван Стратимировиќ, потомок на благородниците Стратимировиќи од Кулпин.

Како што додаде Стоилковиќ, Александар Вучиќ, Александар Вулин, Иринеј Буловиќ, д-р Дарко Танасковиќ и други најзаслужни личности од свештенството го добија ова високо одликување како симбол и доказ за почит и благодарност за досегашната работа и посветеноста на напредокот и просперитет на Србија и на сите Срби Српската православна црква, српската војска, како и културниот, академскиот, политичкиот и јавниот живот на Србија, наведувајќи дека се нашол во високото општество. Додавајќи дека се надева дека е достоен за одликувањето и посочениот дел.

The post Иван Стоилковиќ одликуван со крстот на Ѓорѓи Стратимировиќ appeared first on Република.

]]>

Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија е одликуван со крстот на Ѓорѓи Стратимировиќ. Орденот, одликувањето, беше востановено минатата година по повод пренесувањето на посмртните останки на Ѓорѓи Стратимировиќ во Србија после 113 години.
Одликувањето дојде како резултат на тоа што со големо внимание ги следев знаците што ги оставија нашите предци, знаци кои му помогнаа на нашиот народ лично и колективно да го зачува споменот на предците и понизно да зачекори во иднината, осврнувајќи се на нивните херојски дела. луѓето како целина. Исклучително сум благодарен што по повод 200-годишнината од раѓањето на водачот Ѓорѓи Стартимировиќ, Центарот за развој на Шајкашка со благослов на Неговото Високопреосвештенство епископ Сремски Васил и со согласност на семејството Стратимировиќ од Кулпин ми ја додели наградата Големиот крст на Водачот Ѓорѓи Стратимировиќ, рече Стоилковиќ.
Иако меѓу носителите на Крстот се највисоките државни или црковни претставници, не може да се измери чии заслуги се поголеми или помали: секој во својата област работи и ќе прави што е, да ги користи зборовите на принцот Милош, во корист. на народот, објаснува Иван Стратимировиќ, потомок на благородниците Стратимировиќи од Кулпин. Како што додаде Стоилковиќ, Александар Вучиќ, Александар Вулин, Иринеј Буловиќ, д-р Дарко Танасковиќ и други најзаслужни личности од свештенството го добија ова високо одликување како симбол и доказ за почит и благодарност за досегашната работа и посветеноста на напредокот и просперитет на Србија и на сите Срби Српската православна црква, српската војска, како и културниот, академскиот, политичкиот и јавниот живот на Србија, наведувајќи дека се нашол во високото општество. Додавајќи дека се надева дека е достоен за одликувањето и посочениот дел.

The post Иван Стоилковиќ одликуван со крстот на Ѓорѓи Стратимировиќ appeared first on Република.

]]>