Иван Џепаровски Archives - Република https://republika.mk/tema/ivan-dzeparovski/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Apr 2024 07:56:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иван Џепаровски Archives - Република https://republika.mk/tema/ivan-dzeparovski/ 32 32 „Посвети и пофалби“, нова стихозбирка од Иван Џепароски https://republika.mk/vesti/kultura/posveti-i-pofalbi-nova-stihozbirka-od-ivan-dheparoski/ Tue, 23 Apr 2024 07:56:19 +0000 https://republika.mk/?p=769539

„Посвети и пофалби“ е насловот на новата поетска книга на Иван Џепароски, издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје. Стихозбирката е објавена во познатата едиција „Синтези“, со поговор на Кристина Николовска, под наслов „Со стих кон стихот“, информираат од „Дијалог“.

Генералната оценка во толкувачкиот прилог е дека „Посвети и пофалби“ од Иван Џепароски е проект со впечатливи творечки и креативни достоинства, „поетско дело кое на стабилен и моќен начин покренува важни теми од нашата култура“, велат од „Дијалог“.

Во оваа смисла Николовска подвлекува: „Тоа е прекрасен поетов глас, искрен и интимен однос кон поезијата, кон филозофијата во поезијата, арс-поетиката и поетската херменефтика. Со ова дело македонската литература, добива извонредно остварување кое преку стих покренува, третира и толкува серија важни прашања од нашиот културен, научен и творечки амбиент.“

Иван Џепароски (1958) е поет, филозоф, естетичар, критичар, преведувач и антологичар. Автор е на четириесетина дела од областа на поезијата, на естетиката и културната теорија, како и составувач на поетски антологии и на книжевно-теориски и естетички избори.

За своето творештво добитник е на наградите „Млад борец“, „Димитар Митрев“, „Парадигма“, „Браќа Миладиновци“, „Книжевен жезол“ и „Константин Филозоф“. Добитник е и на наградата „Григор Прличев“, највисоко признание за поетски превод.

The post „Посвети и пофалби“, нова стихозбирка од Иван Џепароски appeared first on Република.

]]>

„Посвети и пофалби“ е насловот на новата поетска книга на Иван Џепароски, издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје. Стихозбирката е објавена во познатата едиција „Синтези“, со поговор на Кристина Николовска, под наслов „Со стих кон стихот“, информираат од „Дијалог“.
Генералната оценка во толкувачкиот прилог е дека „Посвети и пофалби“ од Иван Џепароски е проект со впечатливи творечки и креативни достоинства, „поетско дело кое на стабилен и моќен начин покренува важни теми од нашата култура“, велат од „Дијалог“.
Во оваа смисла Николовска подвлекува: „Тоа е прекрасен поетов глас, искрен и интимен однос кон поезијата, кон филозофијата во поезијата, арс-поетиката и поетската херменефтика. Со ова дело македонската литература, добива извонредно остварување кое преку стих покренува, третира и толкува серија важни прашања од нашиот културен, научен и творечки амбиент.“ Иван Џепароски (1958) е поет, филозоф, естетичар, критичар, преведувач и антологичар. Автор е на четириесетина дела од областа на поезијата, на естетиката и културната теорија, како и составувач на поетски антологии и на книжевно-теориски и естетички избори. За своето творештво добитник е на наградите „Млад борец“, „Димитар Митрев“, „Парадигма“, „Браќа Миладиновци“, „Книжевен жезол“ и „Константин Филозоф“. Добитник е и на наградата „Григор Прличев“, највисоко признание за поетски превод.

The post „Посвети и пофалби“, нова стихозбирка од Иван Џепароски appeared first on Република.

]]>
Поетска антологија посветена на флората https://republika.mk/vesti/kultura/poetska-antologija-posvetena-na-florata/ Sat, 26 Aug 2023 10:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=675970

Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и филозоф Иван Џепароски, беше промовирана синоќа во рамки на 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“.

Антологијата содржи 167 песни и околу 3 500 стихови. За сите застапени автори, едновремено е подготвена и биобиблиографска белешка како составен дел на книгата. Во оваа антологија со свои песни се застапени македонски поети од кои најстариот (Славко Јаневски, 1920-2000) е роден пред повеќе од сто години, а најмладата (Ива Дамјановски, 1996) пред 27 години.

Темелните идеи што ја оформија идејата за составување на антологијата „Меѓу дрвјата: поезијата и флората“, беа и се фокусирани кон промоција на идејата за една книжевна културна екологија и на една книжевна екологија, како клучни категории во рамките на една можна екопоезија и на нововостановените критичко-теориски пристапи именувани како екокритика, зелени (културни) студии, енвиронментална книжевна критика и екопоетика . Посебно внимание на овој план привлекува и пристапот што од неодамна го доби и своето име – ботаничка критика - истакна приредувачот Иван Џепаровски.

Антологијата „Меѓу дрвјата“ е насловена според песна од Блаже Конески.

The post Поетска антологија посветена на флората appeared first on Република.

]]>

Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и филозоф Иван Џепароски, беше промовирана синоќа во рамки на 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“. Антологијата содржи 167 песни и околу 3 500 стихови. За сите застапени автори, едновремено е подготвена и биобиблиографска белешка како составен дел на книгата. Во оваа антологија со свои песни се застапени македонски поети од кои најстариот (Славко Јаневски, 1920-2000) е роден пред повеќе од сто години, а најмладата (Ива Дамјановски, 1996) пред 27 години.
Темелните идеи што ја оформија идејата за составување на антологијата „Меѓу дрвјата: поезијата и флората“, беа и се фокусирани кон промоција на идејата за една книжевна културна екологија и на една книжевна екологија, како клучни категории во рамките на една можна екопоезија и на нововостановените критичко-теориски пристапи именувани како екокритика, зелени (културни) студии, енвиронментална книжевна критика и екопоетика . Посебно внимание на овој план привлекува и пристапот што од неодамна го доби и своето име – ботаничка критика - истакна приредувачот Иван Џепаровски.
Антологијата „Меѓу дрвјата“ е насловена според песна од Блаже Конески.

The post Поетска антологија посветена на флората appeared first on Република.

]]>
Во КИЦ промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“ од Иван Џепароски https://republika.mk/vesti/kultura/vo-kic-promocija-na-knigata-pandemija-i-posthumanizam-od-ivan-dzeparoski/ Wed, 28 Sep 2022 07:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=555063

Во Културно-информативниот центар во Скопје денеска ќе се одржи промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“ од Иван Џепароски, издадена од Книгоиздателство Ми-Ан.

Како што соопштија од КИЦ, оваа книга претставува едно од првите вакви дела кај нас во кое се анализираат прашањата поврзани со промените што се случуваат во нашата современост, и на глобален и на локален план.

Пристапот кон овие актуелни прашања е од гледна точка на релациите меѓу пандемијата на ковид-19, од една страна, и на постхуманизмот и трансхуманизмот, од друга страна.

Книгата ќе ја промовираат Наташа Аврамовска и Мишел Павловски и ќе биде музички збогатена со настап на Билјана Петровска – пијано.

Иван (Ивица) Џепароски е филозоф, естетичар, критичар, антологичар и поет. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и магистрирал и докторирал. Автор е на над триесет книги. Неговата книга „Македонскиот есеј“ е преведена на англиски, француски, германски, руски, шпански и на кинески јазик (2011–2016), додека книгата „Уметничкото дело“ (2018) – на албански јазик.

 

The post Во КИЦ промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“ од Иван Џепароски appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар во Скопје денеска ќе се одржи промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“ од Иван Џепароски, издадена од Книгоиздателство Ми-Ан. Како што соопштија од КИЦ, оваа книга претставува едно од првите вакви дела кај нас во кое се анализираат прашањата поврзани со промените што се случуваат во нашата современост, и на глобален и на локален план. Пристапот кон овие актуелни прашања е од гледна точка на релациите меѓу пандемијата на ковид-19, од една страна, и на постхуманизмот и трансхуманизмот, од друга страна. Книгата ќе ја промовираат Наташа Аврамовска и Мишел Павловски и ќе биде музички збогатена со настап на Билјана Петровска – пијано. Иван (Ивица) Џепароски е филозоф, естетичар, критичар, антологичар и поет. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и магистрирал и докторирал. Автор е на над триесет книги. Неговата книга „Македонскиот есеј“ е преведена на англиски, француски, германски, руски, шпански и на кинески јазик (2011–2016), додека книгата „Уметничкото дело“ (2018) – на албански јазик.  

The post Во КИЦ промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“ од Иван Џепароски appeared first on Република.

]]>