историска комисија Archives - Република https://republika.mk/tema/istoriska-komisija/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 17:50:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png историска комисија Archives - Република https://republika.mk/tema/istoriska-komisija/ 32 32 Прва средба на новиот состав на македонската комисија со бугарската https://republika.mk/vesti/makedonija/prva-sredba-na-noviot-sostav-na-makedonskata-komisija-so-bugarskata/ Thu, 24 Oct 2024 17:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=830674

Заврши средбата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Денешната средба во Скопје е прва на новиот состав на македонскиот тим со нивните колеги од бугарска страна. Копретседавачат на бугарскиот тим Ангел Димитров по средбата, рече дека таа „повеќе била за запознавање“ и „од технички аспект“.

Повеќе детали за тоа што било разговарано на првиот дел од средбата нема, а разговорите, како што е најавено продолжуваат од утре.

- Разговаравме за некои технички, општи, односно протоколарни прашања. Се запознавме, но вака тешко се доаѓа до решение, но тоа не значи дека денеска изгубивме време, изјави Ангелов. Прашан, кои се првите заклучоци за новите членови на Комисијата, тој рече дека „се уште немаме конечно мислење, нека поминат неколку средби, па ќе имаме став“.

Последната средба на Мешовитата комисија за историски прашања беше одржана на 30 и 31 мај во Софија, а состанокот планиран во Скопје на 18 и 19 септември годинава беше одложен на барање на македонската страна.

Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав што Владата го назначи минатиот месец, синоќа во интервју за ТВ Сител изјави дека не може предвреме да каже за очекувањата од средбата, но, рече, оптимист е доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата.

-За моите очекувања не можам ништо да кажам сега, пред време, бидејќи треба да се запознаеме, треба да ја запознаеме методологијата на работа, концептот на работа, принципите на делување... Доколку се држиме до современите принципи на работа, европските практики на работа на ваков тип комисии, можам да кажам дека сум оптимист, не дека нешто ќе се постигне, сега ќе видиме, но доколку ги постигнеме тие начела на работа, мислам дека ќе можеме слободно да ги изразуваме своите ставови и, впрочем, тоа е и целта и моето разбирање  на комисијата – да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, истакна Панов.

Посочи дека претходно многупати кажал дека не се согласува со концептот на работа на претходната Комисија, и нагласи дека ќе работат „растоварени од какви било политички влијанија“ затоа што, рече, комисијата треба да работи во таква атмосфера за да дискутира.

Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември. Нов претседател на македонскиот тим во заедничката комисија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски. Претседателот Ванчо Ѓорѓиев порано беше член на Комисијата, но ја напушти во 2021 година. Одлуката да се повлече од Комисијата, како што изјави тогаш, е бидејќи се соочил со политички притисоци во нејзината работа.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија

The post Прва средба на новиот состав на македонската комисија со бугарската appeared first on Република.

]]>

Заврши средбата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Денешната средба во Скопје е прва на новиот состав на македонскиот тим со нивните колеги од бугарска страна. Копретседавачат на бугарскиот тим Ангел Димитров по средбата, рече дека таа „повеќе била за запознавање“ и „од технички аспект“. Повеќе детали за тоа што било разговарано на првиот дел од средбата нема, а разговорите, како што е најавено продолжуваат од утре.
- Разговаравме за некои технички, општи, односно протоколарни прашања. Се запознавме, но вака тешко се доаѓа до решение, но тоа не значи дека денеска изгубивме време, изјави Ангелов. Прашан, кои се првите заклучоци за новите членови на Комисијата, тој рече дека „се уште немаме конечно мислење, нека поминат неколку средби, па ќе имаме став“.
Последната средба на Мешовитата комисија за историски прашања беше одржана на 30 и 31 мај во Софија, а состанокот планиран во Скопје на 18 и 19 септември годинава беше одложен на барање на македонската страна. Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав што Владата го назначи минатиот месец, синоќа во интервју за ТВ Сител изјави дека не може предвреме да каже за очекувањата од средбата, но, рече, оптимист е доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата.
-За моите очекувања не можам ништо да кажам сега, пред време, бидејќи треба да се запознаеме, треба да ја запознаеме методологијата на работа, концептот на работа, принципите на делување... Доколку се држиме до современите принципи на работа, европските практики на работа на ваков тип комисии, можам да кажам дека сум оптимист, не дека нешто ќе се постигне, сега ќе видиме, но доколку ги постигнеме тие начела на работа, мислам дека ќе можеме слободно да ги изразуваме своите ставови и, впрочем, тоа е и целта и моето разбирање  на комисијата – да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, истакна Панов.
Посочи дека претходно многупати кажал дека не се согласува со концептот на работа на претходната Комисија, и нагласи дека ќе работат „растоварени од какви било политички влијанија“ затоа што, рече, комисијата треба да работи во таква атмосфера за да дискутира. Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември. Нов претседател на македонскиот тим во заедничката комисија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски. Претседателот Ванчо Ѓорѓиев порано беше член на Комисијата, но ја напушти во 2021 година. Одлуката да се повлече од Комисијата, како што изјави тогаш, е бидејќи се соочил со политички притисоци во нејзината работа. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година. Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија

The post Прва средба на новиот состав на македонската комисија со бугарската appeared first on Република.

]]>
Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/prva-sredba-na-noviot-tim-makedonski-istorichari-vo-zaednichkata-komisija-so-timot-od-bugarija/ Thu, 24 Oct 2024 06:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=830363

Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија денеска, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна.

Последната средба на мешовитата комисија за историски прашања беше одржана на 30 и 31 мај во Софија, а состанокот планиран во Скопје на 18 и 19 септември годинава беше одложен на барање на македонската страна.

Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав што Владата го назначи минатиот месец, синоќа во интервју за ТВ Сител изјави дека не може предвреме да каже за очекувањата од средбата, но, рече, оптимист е доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата.

За моите очекувања не можам ништо да кажам сега, пред време, бидејќи треба да се запознаеме, треба да ја запознаеме методологијата на работа, концептот на работа, принципите на делување... Доколку се држиме до современите принципи на работа, европските практики на работа на ваков тип комисии, можам да кажам дека сум оптимист, не дека нешто ќе се постигне, сега ќе видиме, но доколку ги постигнеме тие начела на работа, мислам дека ќе можеме слободно да ги изразуваме своите ставови и, впрочем, тоа е и целта и моето разбирање на комисијата – да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, истакна Панов.

Посочи дека претходно многупати кажал дека не се согласува со концептот на работа на претходната Комисија, и нагласи дека ќе работат „растоварени од какви било политички влијанија“ затоа што, рече, комисијата треба да работи во таква атмосфера за да дискутира.

Генерално, комисијата треба да работи во некаква атмосфера во која ќе дискутираме за одредени историографски проблеми коишто, да кажам, се можеби продукт на 19 век... Ќе видиме како понатаму ќе се делува. Она што е охрабрувачки е фактот дека како тим на историчари сме оставени слободно да ги изразуваме своите ставови и своите научни гледишта. Впрочем, со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имавме протоколарна средба на која беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување, додаде Панов, историчар од Институтот за национална историја.

Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември. Нов претседател на македонскиот тим во заедничката комисија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

The post Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија денеска, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна. Последната средба на мешовитата комисија за историски прашања беше одржана на 30 и 31 мај во Софија, а состанокот планиран во Скопје на 18 и 19 септември годинава беше одложен на барање на македонската страна. Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав што Владата го назначи минатиот месец, синоќа во интервју за ТВ Сител изјави дека не може предвреме да каже за очекувањата од средбата, но, рече, оптимист е доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата.
За моите очекувања не можам ништо да кажам сега, пред време, бидејќи треба да се запознаеме, треба да ја запознаеме методологијата на работа, концептот на работа, принципите на делување... Доколку се држиме до современите принципи на работа, европските практики на работа на ваков тип комисии, можам да кажам дека сум оптимист, не дека нешто ќе се постигне, сега ќе видиме, но доколку ги постигнеме тие начела на работа, мислам дека ќе можеме слободно да ги изразуваме своите ставови и, впрочем, тоа е и целта и моето разбирање на комисијата – да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, истакна Панов.
Посочи дека претходно многупати кажал дека не се согласува со концептот на работа на претходната Комисија, и нагласи дека ќе работат „растоварени од какви било политички влијанија“ затоа што, рече, комисијата треба да работи во таква атмосфера за да дискутира.
Генерално, комисијата треба да работи во некаква атмосфера во која ќе дискутираме за одредени историографски проблеми коишто, да кажам, се можеби продукт на 19 век... Ќе видиме како понатаму ќе се делува. Она што е охрабрувачки е фактот дека како тим на историчари сме оставени слободно да ги изразуваме своите ставови и своите научни гледишта. Впрочем, со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имавме протоколарна средба на која беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување, додаде Панов, историчар од Институтот за национална историја.
Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември. Нов претседател на македонскиот тим во заедничката комисија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година. Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

The post Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски најави дека ќе се проверуваат хонорарите на досегашните членови на историската комисија со Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-najavi-deka-ke-se-proveruvaat-honorarite-na-dosegashnite-chlenovi-na-istoriskata-komisija-so-bugarija/ Thu, 12 Sep 2024 10:41:23 +0000 https://republika.mk/?p=815677

Нека се вклучат експерти, ние сме за да се вклучат за да се најде решение. Мислам дека не треба да се коментираат повеќе и да им се посветува внимание на политичките флоскули од страна на поранешните членови на Историската комисија. Потрошени се стотици илјади народни пари и евра за нешто кое што резултираше со капитулација прифаќајќи го тоа што го прифатија Ковачевски и Османи. Мислам дека отсуството на доверба на оваа влада која што доби легитимитет од граѓаните да ги исправа погрешно водените процеси во минатото кон овие членови на старата комисија, е прашање на политичка одлука, тоа не е прашање на нешто друго дали ОБСЕ ќе се вклучел или не знам кој ќе се вклучи, изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја реакцијата на поранешните членови на Историската комисија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-gi-osuduvam-politichkoto-meshane-i-diskreditatsijata-na-istoriskata-komisija/

Мицкоски денеска изјави дека ќе се спроведе истрага колкави хонорари се исплаќале и како се трошеле парите во Комисијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-zakonot-za-branitelite-ne-e-podnesen-zaradi-pratenitsite-na-sdsm/

The post Мицкоски најави дека ќе се проверуваат хонорарите на досегашните членови на историската комисија со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Нека се вклучат експерти, ние сме за да се вклучат за да се најде решение. Мислам дека не треба да се коментираат повеќе и да им се посветува внимание на политичките флоскули од страна на поранешните членови на Историската комисија. Потрошени се стотици илјади народни пари и евра за нешто кое што резултираше со капитулација прифаќајќи го тоа што го прифатија Ковачевски и Османи. Мислам дека отсуството на доверба на оваа влада која што доби легитимитет од граѓаните да ги исправа погрешно водените процеси во минатото кон овие членови на старата комисија, е прашање на политичка одлука, тоа не е прашање на нешто друго дали ОБСЕ ќе се вклучел или не знам кој ќе се вклучи, изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја реакцијата на поранешните членови на Историската комисија. https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-gi-osuduvam-politichkoto-meshane-i-diskreditatsijata-na-istoriskata-komisija/ Мицкоски денеска изјави дека ќе се спроведе истрага колкави хонорари се исплаќале и како се трошеле парите во Комисијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-zakonot-za-branitelite-ne-e-podnesen-zaradi-pratenitsite-na-sdsm/
 
The post Мицкоски најави дека ќе се проверуваат хонорарите на досегашните членови на историската комисија со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Ѓоргиев: Премиерот Мицкоски ги навреди членовите на комисијата https://republika.mk/vesti/makedonija/gorgiev-premierot-mitskoski-gi-navredi-chlenovite-na-komisijata/ Wed, 04 Sep 2024 16:10:23 +0000 https://republika.mk/?p=813177

Мицкоски деновиве му прати порака на копретседавачот на Комисија Драги Ѓоргиев како и на членовите дека недоволно ги штителе и се залагале за македонските национални интереси, но и дека коленичел пред министерски и премиерски кабинети. Ѓоргиев во интервју за Сител изјави дека од септември тој и неколку други членови не сакаат да бидат веќе дел од Комисијата, незадоволен од односот на власта.

„Мислам дека премиерот ги навреди членовите на Комисијата. Членовите на Комисијата 6-7 години работат во таа Комисија, тоа се академски граѓани кои успеаја да изградат еден свој интегритет во македонското општество без разлика на сите оние манипулации и шпекулации неаргументирани за нивната работа“, вели Драги Ѓорѓиев.

https://republika.mk/vesti/makedonija/istoriskata-komisija-so-bugarija-ke-se-menuva-leta-i-pretsedatelot-georgiev/

Ѓоргиев рече и дека односот во Комисијата е блокиран кај и ликот и делото на Гоце Делчев бидејќи бугарската страна одбива да прифати во текстот за евентуално заедничко чествување да стои дека Делчев е национален херој на македонскиот народ.

The post Ѓоргиев: Премиерот Мицкоски ги навреди членовите на комисијата appeared first on Република.

]]>

Мицкоски деновиве му прати порака на копретседавачот на Комисија Драги Ѓоргиев како и на членовите дека недоволно ги штителе и се залагале за македонските национални интереси, но и дека коленичел пред министерски и премиерски кабинети. Ѓоргиев во интервју за Сител изјави дека од септември тој и неколку други членови не сакаат да бидат веќе дел од Комисијата, незадоволен од односот на власта.
„Мислам дека премиерот ги навреди членовите на Комисијата. Членовите на Комисијата 6-7 години работат во таа Комисија, тоа се академски граѓани кои успеаја да изградат еден свој интегритет во македонското општество без разлика на сите оние манипулации и шпекулации неаргументирани за нивната работа“, вели Драги Ѓорѓиев.
https://republika.mk/vesti/makedonija/istoriskata-komisija-so-bugarija-ke-se-menuva-leta-i-pretsedatelot-georgiev/ Ѓоргиев рече и дека односот во Комисијата е блокиран кај и ликот и делото на Гоце Делчев бидејќи бугарската страна одбива да прифати во текстот за евентуално заедничко чествување да стои дека Делчев е национален херој на македонскиот народ.

The post Ѓоргиев: Премиерот Мицкоски ги навреди членовите на комисијата appeared first on Република.

]]>
Мицкоски најави дека наскоро ќе се знаат новите членови на мешовитата историска комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-najavi-deka-naskoro-ke-se-znaat-novite-chlenovi-na-meshovitata-istoriska-komisija/ Wed, 04 Sep 2024 09:51:20 +0000 https://republika.mk/?p=813019

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека на следната владина седница или на таа по неа ќе се знаат новите членови на македонскиот тим од мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

Деновиве очекувам да се видам со министерот за надворешни работи и надворешна трговија. Тој е сега надвор од државата, мислам дека вчера беше во Блед, денеска во Белград, а потоа оди на друго место. Кога ќе се видам, ќе ги прецизираме. Има некои идеи, има некои размисли. Мислам дека на следната или по таа владина седница ќе помине новиот состав на комисијата која што преговара за историските прашања со нашиот источен сосед, па и со нашиот јужен, изјави Мицкоски по почетокот на изградба на фабрика за литиумски батерии во ТИРЗ Скопје.

The post Мицкоски најави дека наскоро ќе се знаат новите членови на мешовитата историска комисија appeared first on Република.

Георгиев: Да се смени методологијата на работа на заедничата комисија со Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/georgiev-da-se-smeni-metodologijata-na-rabota-na-zaednichata-komisija-so-bugarija/ Tue, 03 Sep 2024 19:32:47 +0000 https://republika.mk/?p=812890

Најодговорно тврдам дека никогаш од ниту една страна не дојде никаков притисок да се носи некаква одлука за сензитивни прашања. Во ниту еден случај освен притисокот од јавноста што беше константен и негативен за работата на Комисијата, вели Драги Георгиев, претседател на Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија.

Според него, без промена на методологијата за работа на Комисијата, ќе нема резултати.

Со ова искуство што го имаме сега од шест години не би се нафатил да работам во таква комисија со таква методологија. Мора да размислат и македонската и бугарската страна доколку продолжи работата да се смени самата методологија бидејќи ваквиот начин на работа нема да даде резултати, рече Георгиев во дневникот на Сител телевизија.

Објаснувајќи ја неговата реакција на оценките што ги изнесе за работата на Комисијата премиерот Христијан Мицкоски, Георгиев рече дека „премиерот ги навредил членовите на Комисијата, кои работеле шест-седум години и кои се академски граѓани кои успеале да изградат свој интегритет во македонското општество без разлика на сите неаргументирани шпекулации за нивната работа“.

И кога ќе дојде изјава дека не сме ги бранеле националните интереси, а притоа многу малку се познава работата на комисијата, крајно е некоректно и неправдено кон членовите на таа комисија. Тие одржаа 31 средба со бугарските колеги, постојат записници. И кога некој кој не ја познава работата на Комисијата ќе даде таква паушална изјава дека не сме ги бранеле интересите, тогаш тоа е навреда за тие членови на Комисијата и е во крана линија продолжување на хајката што се води против членовите на Комисијата дека тие ги издале интересите на македонскиот народ, рече Георгиев.

Како што соопшти премиерот Мицкоски, на владина седница не било разговарано за кадровските решенија во Историската комисија со Бугарија и за тоа ќе се разговара на некоја од следните седници.

На владина седница не беше на дневен ред Комисијата. Претпоставувам на некоја од наредните седници ќе се најде истата со новиот предложен состав, рече Мицкоски.

Во изјава на 26. минатиот месец, премиерот најави кадровски промени во Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Според премиерот, актуелниот состав на Комисијата од македонска страна не ги оправдала очекувањата и не ги штитела националните интереси.

Г. Георгиев сум го коментирал многу пати во минатото и жалам што тој самиот себе се компромитираше, немаше потреба никој да го компромитира изминативе години коленичејќи пред министерски и премиерски кабинети наместо да си ја гледа работата. Но, тоа е негов избор, рече Мицкоски.

The post Георгиев: Да се смени методологијата на работа на заедничата комисија со Бугарија appeared first on Република.

Историската комисија со Бугарија ќе се менува, „лета“ и претседателот Георгиев https://republika.mk/vesti/makedonija/istoriskata-komisija-so-bugarija-ke-se-menuva-leta-i-pretsedatelot-georgiev/ Tue, 03 Sep 2024 13:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=812733

На денешната владина седница не е разговарано за кадровските решенија во Историската комисија со Бугарија. За тоа, како што најави премиерот Христијан Мицкоски, ќе се разговара на некоја од следните седници.

- Денеска на владина седница не беше на дневен ред Комисијата. Претпоставувам на некоја од наредните седници ќе се најде истата со новиот предложен состав, рече Мицкоски.

Мицкоски во изјава дадена на 26 август најави кадровски промени во Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Според премиерот, актуелниот состав на Комисијата од македонска страна не ги оправдала очекувањата и не ги штитела националните интереси.

Во однос на изјавите на претседателот на Комисијата Драги Георгиев, премиерот рече дека Георгиев самиот себеси се компромитирал.

- Г. Георгиев сум го коментирал многу пати во минатото и жалам што тој самиот себе се компромитираше, немаше потреба никој да го компромитира изминативе години коленичејќи пред министерски и премиерски кабинети наместо да си ја гледа работата. Но, тоа е негов избор, рече Мицкоски.

The post Историската комисија со Бугарија ќе се менува, „лета“ и претседателот Георгиев appeared first on Република.

]]>

На денешната владина седница не е разговарано за кадровските решенија во Историската комисија со Бугарија. За тоа, како што најави премиерот Христијан Мицкоски, ќе се разговара на некоја од следните седници. - Денеска на владина седница не беше на дневен ред Комисијата. Претпоставувам на некоја од наредните седници ќе се најде истата со новиот предложен состав, рече Мицкоски. Мицкоски во изјава дадена на 26 август најави кадровски промени во Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Според премиерот, актуелниот состав на Комисијата од македонска страна не ги оправдала очекувањата и не ги штитела националните интереси. Во однос на изјавите на претседателот на Комисијата Драги Георгиев, премиерот рече дека Георгиев самиот себеси се компромитирал.
- Г. Георгиев сум го коментирал многу пати во минатото и жалам што тој самиот себе се компромитираше, немаше потреба никој да го компромитира изминативе години коленичејќи пред министерски и премиерски кабинети наместо да си ја гледа работата. Но, тоа е негов избор, рече Мицкоски.
 
The post Историската комисија со Бугарија ќе се менува, „лета“ и претседателот Георгиев appeared first on Република.

]]>
Нема напредок во историската комисија: На дневен ред се учебниците за VII одделение во македонскиот и за VI-то одделение во бугарскиот образовен систем https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-napredok-vo-istoriskata-komisija-na-dneven-red-se-uchebnitsite-za-vii-oddelenie-vo-makedonskiot-i-za-vi-to-oddelenie-vo-bugarskiot-obrazoven-sistem/ Thu, 07 Mar 2024 16:19:31 +0000 https://republika.mk/?p=752352

Нема никаков напредок во разговорите на македонско – бугарската историска комисија, иако состаноците се одржуваат редовно, изјави во Штип Драги Ѓорѓиев, копретстедател на заедничката комисија за историски и образовни прашања на двете држави. Последен пат се сретнале во февруари, а следниот состанок е закажан за во април, но не можеше да прецизира кога ќе има на повидок некакво решение.

- Комисијата ќе работи се додека има простор за разговор, а треба да се водат разговори, дијалогот треба да продолжи, а резултатите кога ќе дојдат, тое е неизвесно, изјави Драги Ѓорѓиев, копретседател на комисијата за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија

На дневен ред се учебниците за VII одделение во македонскиот и за VI-то одделение во бугарскиот образовен систем, каде според наставната програма се изучува историјата на средниот век.

- Во тек е дискусија за нив веќе подолго време, така што нема никакви препораки кои се дадени до Владите во двете земји за учебниците, додаде Ѓорѓиев

Животот и делото на Гоце Делчев се изучува во VIII одделение и за него допрва ќе треба да се разговара. Во однос на тоа, дали ќе има промени на членовите на Комисијата, Ѓорѓиев истакна дека тоа не зависи од нив, туку од политичките гарнитури.

The post Нема напредок во историската комисија: На дневен ред се учебниците за VII одделение во македонскиот и за VI-то одделение во бугарскиот образовен систем appeared first on Република.

]]>

Нема никаков напредок во разговорите на македонско – бугарската историска комисија, иако состаноците се одржуваат редовно, изјави во Штип Драги Ѓорѓиев, копретстедател на заедничката комисија за историски и образовни прашања на двете држави. Последен пат се сретнале во февруари, а следниот состанок е закажан за во април, но не можеше да прецизира кога ќе има на повидок некакво решение. - Комисијата ќе работи се додека има простор за разговор, а треба да се водат разговори, дијалогот треба да продолжи, а резултатите кога ќе дојдат, тое е неизвесно, изјави Драги Ѓорѓиев, копретседател на комисијата за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија На дневен ред се учебниците за VII одделение во македонскиот и за VI-то одделение во бугарскиот образовен систем, каде според наставната програма се изучува историјата на средниот век. - Во тек е дискусија за нив веќе подолго време, така што нема никакви препораки кои се дадени до Владите во двете земји за учебниците, додаде Ѓорѓиев Животот и делото на Гоце Делчев се изучува во VIII одделение и за него допрва ќе треба да се разговара. Во однос на тоа, дали ќе има промени на членовите на Комисијата, Ѓорѓиев истакна дека тоа не зависи од нив, туку од политичките гарнитури.

The post Нема напредок во историската комисија: На дневен ред се учебниците за VII одделение во македонскиот и за VI-то одделение во бугарскиот образовен систем appeared first on Република.

]]>
Прашањата за учебниците по историја во Македонија и Бугарија, тема на состанокот на мешовитата комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/prashanata-za-uchebnitsite-po-istorija-vo-makedonija-i-bugarija-tema-na-sostanokot-na-meshovitata-komisija/ Fri, 17 Feb 2023 18:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=610342

Прашањата за учебниците по историја во  Македонија и Бугарија врз основа на меѓусебно разменетите забелешки биле тема на дискусија на 23-та средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржа вчера и денеска во Софија.

Како што информира денеска МНР, членовите на Комисијата размениле идеи и аргументи како да се подобрат учебниците по историја и размениле неколку предлог-препораки кои остануваат основа за понатамошни разговори.

Следната редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања ќе се одржи на 30 и 31 март 2023 година.

Последниот состанок на комисијата беше на 17 и 18 ноември, исто така во Софија. Главна тема беше улогата и местото на Охридската архиепископија и начинот на кој таа е претставена во учебниците за VII одделение во Република Македонија.

Копретседателот од македонскиот дел на комисијата Драги Ѓоргиев, тогаш изјави дека на средбата имало позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа договор не бил постигнат поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото.

Ѓоргиев, минатата недела оцени дека последните случувања во македонско-бугарските односи влијаат и на нејзината работа. Вели дека се забележува тенденција односите меѓу Скопје и Софија на одредени периоди циклично да бидат нападнати со цел да се наруши некој краток континуитет од мирен период.

Не може да останеме ние имуни на тоа што се случува во општеството и сите тие политички потреси, тензии, недоразбирања, дневнополитички препукувања, кои се случуваат циклично во македонско-бугарските односи, и тие несомнено влијаат и на работата на комисијата. Речиси редовно во сите тие препукувања и политички изјави кои се даваат се спомнува и комисијата, историјата, се споменуваат темите на кои работи самата Комисија и сето тоа влијае врз атмосферата во самата комисија - изјави Ѓоргиев.

Според него, како да има тенденција да се нарушува континуитетот на мирните периоди во македонско-бугарските односи. За тоа дали може да се дојде до решение за Гоце Делчев и за другите спорни прашања, тој смета дека во актуелните услови на заладени односи, со многу висока тензија, многу тешко е комисијата да работи спокојно и мирно.

Идејата на заедничко чествување на која било личност не само на Гоце Делчев се базира на тоа уште повеќе да ги смири и релаксира односите меѓу двете држави, да придонесе кон подобро сфаќање на двата народи и на двете општества. И таа е основната идеја не само на нашата комисија, туку и на сите комисии кои работат на ваков начин, односно покрај учебниците имаат како своја агенда и заедничко чествување одредени личности, околу кои постојат различни видувања, меѓутоа тие се споделени историски личности. Во овој момент ситуацијата мислам дека не е таква, која ќе овозможи какво било решение на комисијата, кое ќе придонесе уште повеќе да се смират односите и да тргнат во вистински правец. Така што мора политичката ситуација, политичките односи меѓу двете држави да бидат на едно високо ниво со цел и Комисијата да постигне одреден напредок, пред сè во однос на тие чувствителни теми како што е Гоце Делчев - вели Ѓоргиев.

Сепак, Ѓоргиев посочува и на она што досега го договориле македонските и бугарските историчари, а тоа е препорака за заедничко чествување меѓу двете држави за Кирил и Методиј, Климент Охридски, Наум Охридски и за цар Самоил. Во однос на препораките за учебниците, усвоени се препораки за петти клас во бугарскиот образовен систем и за шестто одделение во македонскиот образовен систем.

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република  Македонија и Република Бугарија, потпишан на 1 август 2017 година.

The post Прашањата за учебниците по историја во Македонија и Бугарија, тема на состанокот на мешовитата комисија appeared first on Република.

]]>

Прашањата за учебниците по историја во  Македонија и Бугарија врз основа на меѓусебно разменетите забелешки биле тема на дискусија на 23-та средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржа вчера и денеска во Софија. Како што информира денеска МНР, членовите на Комисијата размениле идеи и аргументи како да се подобрат учебниците по историја и размениле неколку предлог-препораки кои остануваат основа за понатамошни разговори. Следната редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања ќе се одржи на 30 и 31 март 2023 година. Последниот состанок на комисијата беше на 17 и 18 ноември, исто така во Софија. Главна тема беше улогата и местото на Охридската архиепископија и начинот на кој таа е претставена во учебниците за VII одделение во Република Македонија. Копретседателот од македонскиот дел на комисијата Драги Ѓоргиев, тогаш изјави дека на средбата имало позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа договор не бил постигнат поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото. Ѓоргиев, минатата недела оцени дека последните случувања во македонско-бугарските односи влијаат и на нејзината работа. Вели дека се забележува тенденција односите меѓу Скопје и Софија на одредени периоди циклично да бидат нападнати со цел да се наруши некој краток континуитет од мирен период.
Не може да останеме ние имуни на тоа што се случува во општеството и сите тие политички потреси, тензии, недоразбирања, дневнополитички препукувања, кои се случуваат циклично во македонско-бугарските односи, и тие несомнено влијаат и на работата на комисијата. Речиси редовно во сите тие препукувања и политички изјави кои се даваат се спомнува и комисијата, историјата, се споменуваат темите на кои работи самата Комисија и сето тоа влијае врз атмосферата во самата комисија - изјави Ѓоргиев.
Според него, како да има тенденција да се нарушува континуитетот на мирните периоди во македонско-бугарските односи. За тоа дали може да се дојде до решение за Гоце Делчев и за другите спорни прашања, тој смета дека во актуелните услови на заладени односи, со многу висока тензија, многу тешко е комисијата да работи спокојно и мирно.
Идејата на заедничко чествување на која било личност не само на Гоце Делчев се базира на тоа уште повеќе да ги смири и релаксира односите меѓу двете држави, да придонесе кон подобро сфаќање на двата народи и на двете општества. И таа е основната идеја не само на нашата комисија, туку и на сите комисии кои работат на ваков начин, односно покрај учебниците имаат како своја агенда и заедничко чествување одредени личности, околу кои постојат различни видувања, меѓутоа тие се споделени историски личности. Во овој момент ситуацијата мислам дека не е таква, која ќе овозможи какво било решение на комисијата, кое ќе придонесе уште повеќе да се смират односите и да тргнат во вистински правец. Така што мора политичката ситуација, политичките односи меѓу двете држави да бидат на едно високо ниво со цел и Комисијата да постигне одреден напредок, пред сè во однос на тие чувствителни теми како што е Гоце Делчев - вели Ѓоргиев.
Сепак, Ѓоргиев посочува и на она што досега го договориле македонските и бугарските историчари, а тоа е препорака за заедничко чествување меѓу двете држави за Кирил и Методиј, Климент Охридски, Наум Охридски и за цар Самоил. Во однос на препораките за учебниците, усвоени се препораки за петти клас во бугарскиот образовен систем и за шестто одделение во македонскиот образовен систем. Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република  Македонија и Република Бугарија, потпишан на 1 август 2017 година.

The post Прашањата за учебниците по историја во Македонија и Бугарија, тема на состанокот на мешовитата комисија appeared first on Република.

]]>
Македонските и бугарските историчари не се усогласиле за Охридската архиепископија https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-i-bugarskite-istorichari-ne-se-usoglasile-za-ohridskata-arhiepiskopija/ Fri, 25 Nov 2022 17:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=578348

Имавме навистина напорна и тешка средба. Два дена дискутиравме само за учебниците по историја и имаше позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа не дојде до договор. Бевме блиску, можно е да се постигне договор, ние сме оптимисти и ќе продолжиме со таа надеж и следната година да дискутираме на тие теми - изјави копретседателот Драги Ѓоргиев, по завршувањето на дводневниот состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу  Македонија и Бугарија.

Дебатата во овие два дена според Ѓоргиев била за Охридската архиепископија, и една од забелешките од колегите од Бугарија е дека, тие сакаат да се промени начинот на кој таа е претставувана во нашите учебници.

The post Македонските и бугарските историчари не се усогласиле за Охридската архиепископија appeared first on Република.

Тема за учебниците по историја, дискусија за црковни институции и Гоце Делчев да се чествува заеднички – заврши дводневната средба на Историската комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/tema-za-uchebnicite-po-istorija-diskusija-za-crkovni-institucii-i-goce-delchev-da-se-chestvuva-zaednichki-zavrshi-dvodnevnata-sredba-na-istoriskata-komisija/ Thu, 15 Sep 2022 15:50:20 +0000 https://republika.mk/?p=551125

Учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, беа тема на дводнавната средба Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија што заврши денеска во Скопје, соопшти македонскиот тим во Комисијата.

-Во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура. Со оглед на долготрајноста на дискусијата по оваа тема членовите на Комисијата не отворија други теми. Дискусијата по оваа и другите теми за учебниците по историја ќе продолжи на следната средба, која би требало да се одржи кон крајот на октомври оваа година, се наведува во соопштението.

Оваа дводневна средба во Скопје помина без прес-конференција или изјави за медимите на членовите на двата тима во заедничката комисија.

На оваа рунда разговори во македонскиот тим се приклучи Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја, кој доаѓа на местото на Ванчо Ѓоргиев, кој лани ја напушти Комисијата.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања на претходната средба на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Копретседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓоргиев по објавата на препораките, тогаш на прес-конференција говорејќи во однос на учебниците, појасни дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии, омраза итн. Ѓоргиев оцени дека периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата и нагласи дека по секоја цена нема да се носат решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија.

The post Тема за учебниците по историја, дискусија за црковни институции и Гоце Делчев да се чествува заеднички – заврши дводневната средба на Историската комисија appeared first on Република.

]]>

Учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, беа тема на дводнавната средба Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија што заврши денеска во Скопје, соопшти македонскиот тим во Комисијата. -Во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура. Со оглед на долготрајноста на дискусијата по оваа тема членовите на Комисијата не отворија други теми. Дискусијата по оваа и другите теми за учебниците по историја ќе продолжи на следната средба, која би требало да се одржи кон крајот на октомври оваа година, се наведува во соопштението. Оваа дводневна средба во Скопје помина без прес-конференција или изјави за медимите на членовите на двата тима во заедничката комисија. На оваа рунда разговори во македонскиот тим се приклучи Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја, кој доаѓа на местото на Ванчо Ѓоргиев, кој лани ја напушти Комисијата. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања на претходната средба на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Копретседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓоргиев по објавата на препораките, тогаш на прес-конференција говорејќи во однос на учебниците, појасни дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии, омраза итн. Ѓоргиев оцени дека периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата и нагласи дека по секоја цена нема да се носат решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија.

The post Тема за учебниците по историја, дискусија за црковни институции и Гоце Делчев да се чествува заеднички – заврши дводневната средба на Историската комисија appeared first on Република.

]]>
И денес ќе се состане Историската комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/i-denes-kje-se-sostane-istoriskata-komisija/ Thu, 15 Sep 2022 06:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=550889

Во Скопје, во Министерството за надворешни работи денеска втор ден ќе заседава Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

Бугарските историчари вчера по пристигнувањето во македонското МНР не сакаа да дадат изјава и да откријат детали за што ќе се разговара на средбата.

На вчерашната средба, во македонскиот тим се приклучи Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја, кој доаѓа на местото на Ванчо Ѓоргиев, кој лани ја напушти Комисијата.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Копретседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓоргиев по објавата на препораките, на прес-конференција говорејќи во однос на учебниците, појасни дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии, омраза итн. Ѓоргиев оцени дека периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата и нагласи дека по секоја цена нема да се носат решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија. 

The post И денес ќе се состане Историската комисија appeared first on Република.

]]>

Во Скопје, во Министерството за надворешни работи денеска втор ден ќе заседава Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Бугарските историчари вчера по пристигнувањето во македонското МНР не сакаа да дадат изјава и да откријат детали за што ќе се разговара на средбата. На вчерашната средба, во македонскиот тим се приклучи Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја, кој доаѓа на местото на Ванчо Ѓоргиев, кој лани ја напушти Комисијата. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Копретседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓоргиев по објавата на препораките, на прес-конференција говорејќи во однос на учебниците, појасни дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии, омраза итн. Ѓоргиев оцени дека периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата и нагласи дека по секоја цена нема да се носат решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија. 

The post И денес ќе се состане Историската комисија appeared first on Република.

]]>
Историската комисија да се распушти: Tаа носи одлуки и потпишува документи под политички притисок https://republika.mk/vesti/makedonija/istoriskata-komisija-da-se-raspushti-taa-nosi-odluki-i-potpishuva-dokumenti-pod-politichki-pritisok/ Fri, 09 Sep 2022 13:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=549149

Евидентно e дека врз мешовитата историска комисија меѓу Македонија и Бугарија се врши притисок и таа носи одлуки и потпишува документи кои се резултата на политички притисок и за тоа немаме никаква дилема, изјави денеска претседателот Христијан Мицкоски.

Мицкоски посочи дека колку побрзо комисијата се распушти толку подобро ќе биде за нив, така барем ќе успеат да си го сочуваат, барем, она мало стручно и професионално достоинство кое што го имаат. „Се гледа, евидентен е притисокот врз историската комисија. Се гледа евидентно дека таа носи одлуки и потпишува документи кои што се, практично, резултат на политички притисок.

И тука немаме никаква дилема и мислам дека колку побргу се распушти, толку подобро ќе биде за нив за да зачуваат, барем малку, стручно и професионално достоинство кое што го имаат. Во спротивно, навистина, и тоа малку што го имаат ќе го загубат“, рече Мицкоски. Додаде дека е информиран за брифинг кој што членовите на комисијата го имаа со новинарите и општествено активни членови каде што, според негови информации за кои не сака јавно да ги соопштува, со оглед на фактот дека брифингот бил од затворен тип, се работело за лицемерно правдање пред луѓето зошто морале тоа да го направат. „Информиран сум дека имале некаков брифинг таму на кој што поканиле новинари и општествено активни чинители, информиран сум од тој брифинг, отприлика, што е зборувано не би сакал сега, бидејќи бил затворен брифинг, јавно да соопштувам, но можам да заклучам врз основа на таа информација јас што ја имам е дека е лицемерно и правдање пред луѓето зошто морале тоа да го направат. Но, евидентен е политичкиот притисок и мојот апел до нив е, колку што можат побргу да си поднесат оставка и ја напуштат, толку подобро ќе биде за нив“, истакна Мицкоски.

The post Историската комисија да се распушти: Tаа носи одлуки и потпишува документи под политички притисок appeared first on Република.

]]>

Евидентно e дека врз мешовитата историска комисија меѓу Македонија и Бугарија се врши притисок и таа носи одлуки и потпишува документи кои се резултата на политички притисок и за тоа немаме никаква дилема, изјави денеска претседателот Христијан Мицкоски. Мицкоски посочи дека колку побрзо комисијата се распушти толку подобро ќе биде за нив, така барем ќе успеат да си го сочуваат, барем, она мало стручно и професионално достоинство кое што го имаат. „Се гледа, евидентен е притисокот врз историската комисија. Се гледа евидентно дека таа носи одлуки и потпишува документи кои што се, практично, резултат на политички притисок.
И тука немаме никаква дилема и мислам дека колку побргу се распушти, толку подобро ќе биде за нив за да зачуваат, барем малку, стручно и професионално достоинство кое што го имаат. Во спротивно, навистина, и тоа малку што го имаат ќе го загубат“, рече Мицкоски. Додаде дека е информиран за брифинг кој што членовите на комисијата го имаа со новинарите и општествено активни членови каде што, според негови информации за кои не сака јавно да ги соопштува, со оглед на фактот дека брифингот бил од затворен тип, се работело за лицемерно правдање пред луѓето зошто морале тоа да го направат. „Информиран сум дека имале некаков брифинг таму на кој што поканиле новинари и општествено активни чинители, информиран сум од тој брифинг, отприлика, што е зборувано не би сакал сега, бидејќи бил затворен брифинг, јавно да соопштувам, но можам да заклучам врз основа на таа информација јас што ја имам е дека е лицемерно и правдање пред луѓето зошто морале тоа да го направат. Но, евидентен е политичкиот притисок и мојот апел до нив е, колку што можат побргу да си поднесат оставка и ја напуштат, толку подобро ќе биде за нив“, истакна Мицкоски.

The post Историската комисија да се распушти: Tаа носи одлуки и потпишува документи под политички притисок appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: За 80 илјади евра хонорар по член историската комисија прифаќа тоа што Владата на СДСМ го сака https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-80-iljadi-evra-honorar-po-chlen-istoriskata-komisija-prifakja-toa-shto-vladata-na-sdsm-go-saka/ Thu, 25 Aug 2022 21:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=544196

Ние зборуваме за политички процес, за процес каде нашиот билатерален проблем со Бугарија во следна фаза ако помине таа промена во Уставот, станува наш проблем со цела Европска Унија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при гостување во Тема на денот во централниот Дневник на Телевизија Сител.

Повторно ќе ви кажам, ние нема да зборуваме за 21. век за подобро образование, здравство и сето она останато што веќе го набројав. Туку повторно ние сега ќе зборуваме за времето на пошто гледам овие скапо платени членови на таа комисија со по неколку десетици илјади евра хонорари кои ги земале некои и стотици илјади евра изминатиот период си потпишаа за средниот век за Самоиловата држава, за Кирил и Методиј, Климент и Наум - кажа Мицкоски.

Тој посочи дека за 80 илјади евра хонорар по член историската комисија го прифаќа тоа што Владата на СДСМ го сака.

Во јавноста излегоа, нели претседателот имаше околу 80,000 евра хонорар, ако не се лажам. Барем така циркулираше по медиумите а тоа тој не го демантираше тоа. Јас колку што успеав да видам вкупно сите членови имаат поделено некаде околу 200,000 евра, а претседателот Драги Ѓорѓиев новиот академик 80,000 евра - истакна Мицкоски.

Тој потенцираше дека сега следна фаза се преродбениците.

Сега е Шапкарев, Мисирков, Миладиновци, Пејчиновиќ итн. Потоа ќе дојдат Илинденците и тоа се практично теми кои ние предупредувавме дека ќе бидат теми кои ќе бидат дел од тој процес - изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: За 80 илјади евра хонорар по член историската комисија прифаќа тоа што Владата на СДСМ го сака appeared first on Република.

Се зголемува бројката на потписници против препораките на историската комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/se-zgolemuva-brojkata-na-potpisnici-protiv-preporakite-na-istoriskata-komisija/ Tue, 23 Aug 2022 09:53:09 +0000 https://republika.mk/?p=543204

Се проширува листата на професори, академици, интелектуалци кои се против препораките на историската комисија за неколку личности од македонската историја за кои постои стравување дека Бугарија ќе ги присвои.

На веќе постоечките се приклучија и неколкумина нови.

Потписници:

[caption id="attachment_24576" align="alignnone" width="563"] фото: Жарко Чулиќ[/caption]

акад. Катица Ќулавкова
акад. Љупчо Коцарев
акад. Ѓорги Поп Атанасов
акад. Зузана Тополињска
акад. Витомир Митевски
акад. Марјан Марковиќ
акад. Митко Маџунков
акад. Леонид Грчев
Проф. д-р Веселинка Лаброска, дописен член на МАНУ
Проф. д-р Лилјана Макаријоска, дописен член на МАНУ
Проф. д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ
Проф. д-р Зоран Хаџи-Велков, дописен член на МАНУ
Проф. емеритус Горан Калоѓера, надворешен член на МАНУ
Проф. д-р Ганка Цветанова, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни
истражувања, УКИМ, Скопје
Проф. д-р Александар Атанасовски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ
Проф. д-р Војислав Саракински, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ
Проф. д-р Коста Аџиевски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ
Проф. д-р Михајло Миновски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ
Проф. д-р Стефан Пановски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ
Проф. д-р Виолета Ачкоска, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ
Проф. д-р Драги Митревски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ
Проф. д-р Никола Минов, вонреден професор, Филозофски факултет
Проф. д-р Билјана Ванковска, Филозофски факултет – УКИМ, Скопје
Проф. д-р Елизабета Демитрова, Институт за историја на уметност, Филозофски факултет
Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, Правен Факултет "Јустинијан Први", УКИМ
Проф д--р Наде Проева, редовен професор во пензија, Филозофски факултет, УКИМ
Проф. д-р Марјан Јованов, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ
Проф. д-р Виктор Лилчиќ, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ
Проф. д-р Бошко Ангеловски, Институт за старословенска култура, Прилеп
Проф. д-р Ели Луческа, Инститyт за старословенска култура, Прилеп
Проф. д-р Ели Милошевска, Институт за старословенска култура, Прилеп
Проф. д-р Митко Б. Панов, Институт за национална историја, Скопје
Проф. д-р Маја Ангеловска – Панова, Институт за национална историја
Проф д-р Габриела Топузовска, Институт за национална историја
Проф. д-р Лидија Ѓурковска, Институт за национална историја
Проф. д-р Силвана Сидоровска – Чуповска, Институт за национална историја
Проф. д-р Катерина Тодороска, Институт за национална историја
Проф. д-р Вера Гошева, Институт за национална историја
Проф. д-р Теон Џинго, Институт за национална историја
Проф. д-р Драгица Поповска, Институт за национална историја
Проф. д-р Горѓи Чакарјаневски, Институт за национална историја
Проф. д-р Марјан Димитриевски, Институт за национална историја
Проф. д-р Ѓорги Малковски, Институт за национална историја
Проф. д-р Новица Велјановски, Институт за национална историја
Проф. д-р Александар Манојловски, Институт за национална историја
Проф. д-р Лилјана Гушевска, Институт за национална историја
Проф. д-р Нада Јурукова, Институт за национална историја, Скопје
Проф. д-р Наташа Котлар – Трајкова, Институт за национална историја
Д-р Симона Груевска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Д-р Александра Ѓуркова, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте
Мисирков“- Скопје, УКИМ

Д-р Елка Јачева-Улчар, научен советник, Институтот за македонски јазик „Крсте
Мисирков“, Скопје, УКИМ
Проф. д-р Јасна Котеска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент
Охридски“, Скопје
Проф. д-р Дарија Андовска, декан на Факултетот за музичка уметност – Скопје, УКИМ
Д-р Велика Стојкова Серафимовска, виш научен соработник, ЈНУ Институт за фолклор
„Марко Цепенков“, УКИМ
Проф. д-р Иванка Василевска, Правен Факултет „Јустинијан Први“, Скопје, УКИМ
Проф. д-р Стојко Стојков, УГД, Штип
Проф. д-р Тодор Чепреганов, УГД, Штип
Д-р Катица Топлиска-Евроска, виш научен соработник, Институт за македонски јазик
„Крсте Мисирков“, Скопје, УКИМ
Д-р Олгица Додевска-Михајловска, научен советник, Институт за македонски јазик ,,Крсте
Мисирков"
Д-р Гоце Цветановски, научен советник/редовен професор, Институт за македонски јазик
„Крсте Мисирков“
Проф. д-р Сузана Миовска – Спасева, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ
Д-р Катица Трајкова, научен советник, Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков",
Д-р Снежана Петрова-Џамбазова, виш научен соработник, Институт за македонски јазик
"Крсте Мисирков"
Д-р Наталија Андријевска, научен советник, ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте
Мисирков“ – Скопје, УКИМ
Проф. д-р Весна Миовска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте
Мисирков“
Проф. д-р Љубица Станковска, Институт за македонски јазик
Проф. д-р Елеонора Серафимовска, научен советник, Институт за социолошки и политичко
правни истражувања – Скопје, УКИМ
Проф. д-р Маријана Марковиќ, научен советник, Институт за социолошки и политичко
правни истражувања – Скопје, УКИМ
Проф. д-р Марија Топузовска Латковиќ, научен советник, Институт за социолошки и
политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ
Проф. д-р Наташа Аврамовска, раководител на Институтот за македонска литература,
УКИМ
Проф. д-р Маја Јакимовска - Тошиќ, Институт за македонска литература, УКИМ
Проф. д-р Илија Велев, Институт за македонска литература, УКИМ
Проф. д-р Валентина Христовска-Миронска, Институт за македонска литература
Проф. д-р Славчо Ковиловски, научен советник, Институт за македонска литература
Д-р Билјана Рајчинова Николова, соработник истражувач, Институт за македонска
литература
м-р Ема Лакинска, соработник истражувач, Институт за македонска литература
м-р Жарко Иванов, соработник истражувач, Институт за македонска литература
м-р Славица Петровска Ѓорѓевска, соработник истражувач, Институт за македонска
литература
Д-р Иван Иванов, Меѓународен балкански универзитет, Скопје
Проф. д-р. Антоанела Петковска, Филозофски факултет - Скопје, УКИМ
Проф. д-р Ило Трајковски, Филозофски факултет - Скопје, УКИМ
Проф. д-р Константин Миноски, Филозофски факултет - Скопје, УКИМ
Проф. д-р Солза Грчева, редовен професор во пензија, УГД – Штип
Проф. д-р  Мимоза Серафимова, УГД, Штип
Проф Ѓорѓи Серафимов, УГД, Штип
Д-р Бранислав Светозаревиќ, Архив на Р. Македонија
М-р Александар Јорданоски, лингвист и специјалист за културно наследство
Проф. д-р Мишо Нетков, ЕСРА, Скопје
Проф. д-р Слоботка Алексовска, ПМФ, УКИМ

Проф. д-р Верица Јосимовска, УГД Штип
Проф. д-р Михајло Марковиќ, Универзитет во Тетово
Проф. д-р Благица Петковска, Педагошки факултет, УКЛО
Проф. д-р Игор Улчар, Факултет за ветеринарна медицина – УКИМ
Проф. д-р Богдан Богданов, ПМФ – Скопје, УКИМ
Проф. д-р Јане Богданов, ПМФ – Скопје, УКИМ
Проф. д-р Гордана Богоева-Гацева, Технолошко-металуршки факултет, УКИМ
Доц. д-р Соња Николова, историчар
Д-р Мирјана Нинчовска, Музеј на Македонија
Д-р Јасмина Дамјановска, Архив на Македонија
Проф. д-р Марина Цветковска, Универзитет на Отава, Канада
Д-р Ведрана Цветковска, МекГил Универзитет
Проф. д-р Игор Јанев, научен советник, Институт за политички науки Белград
Проф. д-р Гоце Андревски, Квинс Универзитет, Канада
Проф. д-р Марјан Попов, Технолошки Универзитет - Делфт, Холандија
Д-р Александар Шулевски, научен соработник, Лајден Универзитет, Холандија
Проф. д-р Каланоски Димитрија, Универзитет на Манчестер, Велика Британија
Проф. д-р Тихомир Стојановски, Факултет за драмски уметности
Проф. д-р Валентина Божиновска, Факултет за драмски уметности
Д-р Ник Анастасовски, историчар, македонска заедница од Мелбурн
Д-р Ивица Баковиќ, доцент, Филозофски факултет, Загреб, Хрватска
Д-р Марјан Патлиџанковски
Д-р Зоран Богоевски, историчар
Д-р Ицо Најдовски, историчар
М-р Марјан Гијовски, Архив на Р. Македонија
М-р Цуте Крајчевски, Архив на Р. Македонија
М-р Филип Марковски, историчар
М-р Игорче Дунимаглоски, историчар
Јулија Митревска, историчар
Слободан Ников, историчар
Кирил Јордановски, историчар
Филип Аџиевски, историчар
Васко Гичевски, историчар

Нови потписници:

Проф. д-р Зоран Хаџи-Велков, дописен член на МАНУ
Проф. д-р Тања Каракамишева, Правен Факултет „Јустинијана Прима“, УКИМ
Академик Сибила Петлевски, редовен професор, ХАЗУ, Загреб
Проф. д-р Сњежана Бановиќ, универзитетски професор, Загреб
Д-р Гоце Панговски, независен истражувач, Вашингтон Стејт Универзитет, САД
Проф. д-р Надежда Апостолова, Медицински факултет, Универзитет на Валенсија,
Шпанија
Д-р Горан Тренчовски, Велика Британија
Д-р Софија Тренчовски, Велика Британија
Проф. д-р Ристо Солунчев, Институтот по философија, Филозофски факултет, Скопје
Д-р Игор Радев, самостоен истражувач, лингвист, теоретичар, синолог
Проф. д-р Сузана Миовска-Спасева, Институт за педагогија, Филозофски факултет, УКИМ,
Проф. д-р Ангелина Бановиќ, Филолошки факултет „Блаже Конески“
Д-р Бошко Караџов, професор по филозофија и научен истражувач
Проф. д-р Снежана Филипова, Институт за историја на уметноста со археологија, ФЗФ
Доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, УИНТ "Св. Апостол Павле", Охрид
Проф. д-р Александар Прокопиев, научен советник во пензија, Институт за македонска
литература, Скопје

Проф. д-р Кирил Пенушлиски, Факултет за театарски уметности, Универзитет Еуропа
Прима,
Проф. д-р Томислав Таневски, редовен професор, Факултет за театарски уметности,
проректор за настава, Универзитет Еуропа Прима, Скопје
Ред. проф. Роберт Вељановски, Факултет за театарски уметности, Универзитет Еуропа
Прима,
Проф. д-р Мимоза Рајл, Факултет за театарски уметности, Универзитет Еуропа Прима,
Скопје
М-р Миле Петковски, Магистер по Култулорошки студии, редовен професор во пензија,
Претседател на сенатот на Интернационалниоѕ универзитет Еуропа Прима, Скопје
Доц. д-р. Јани Бојаџи, Факултет за театарски уметности, Универзитет Еуропа Прима -
Скопје
М-р Јордан Плевнеш, екс амбасадор на Р. Македонија и ректор на ЕСРА
Проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска, Катедра за македонски јазик и книжевност,
УГД
Проф. д-р Ранко Младеноски (редовен професор), Катедра за македонски јазик и
книжевност, Филолошки факултет, УГД, Штип
Проф. д-р Ана Витанова-Рингачева, Катедра за македонски јазик и книжевност,
Филолошки факултет, УГД, Штип
Проф. д-р Татјана Атанасова - Пачемска, редовен професор, УГД, Штип
Проф. д-р Јованка Денкова, Катедра за македонски јазик и книжевност, УГД, Штип
Доц. д-р Марија Гркова-Беадер, Филолошки факултет, УГД, Штип
Доц. д-р Христина Серафимовска, Факултет за туризам и бизнис логистика, УГД, Штип
Д-р Јасминка Ристовска Пиличкова, професор/научен советник, Институт за Фолклор
"Марко Цепенкoв", Скопје
Д-р Лидија Стојановиќ Лафазановска, професор /научен советник, Институт за
фолклор  "Марко Цепенкoв", Скопје
Д-р Кристина Димовска, доцент/ научен соработник, Институт за Фолклор "Марко
Цепенкoв"
Д-р Емилија Апостолова Чаловска, научен соработник, ЈНУ Институт за фолклор "Марко
Цепенков", Скопје
Д-р Александра Кузман, доцент / научен соработник, Институт за фолклор "Марко
Цепенкoв"
Проф. д-р Весна Јаневска, редовен професор, Медицински факултет, Универзитет „Св.
Кирил и Методиј“
Проф. д-р Ристо Малчески, редовен професор во пензија
Проф. д-р Самоил Малчески, вонреден професор, Меѓународен Славјански Универзитет
Проф. д-р Зоран Мисајлески, Градежен факултет
Проф.  д-р Томе Димовски, вонреден професор, Универзитет Св. Климент Охридски,
Битола
Проф. д-р Марина Спасовска, вонреден професор, Универзитет во Тетово
Проф. д-р Марина Даниловска, вонреден професор, Универзитет во Тетово
Проф. д-р Михајло Поповски, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ
Проф. д-р Благица Сековска, Факултет за ветеринарна медицина- Скопје, УКИМ
Проф. д-р Виолета Мирчевска, Институт за Земјотресно Инженерство-ИЗИИС, УКИМ
Проф. д-р Јована Стефановска, Факултет за ветеринарна медицина - Скопје, УКИМ
Доц. д-р Викторија Трајков, Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје
Доц. д-р Ана Чучкова, Факултет по психологија, Славјански Универзитет, Св. Николе

The post Се зголемува бројката на потписници против препораките на историската комисија appeared first on Република.

]]>

Се проширува листата на професори, академици, интелектуалци кои се против препораките на историската комисија за неколку личности од македонската историја за кои постои стравување дека Бугарија ќе ги присвои. На веќе постоечките се приклучија и неколкумина нови. Потписници: [caption id="attachment_24576" align="alignnone" width="563"] фото: Жарко Чулиќ[/caption] акад. Катица Ќулавкова акад. Љупчо Коцарев акад. Ѓорги Поп Атанасов акад. Зузана Тополињска акад. Витомир Митевски акад. Марјан Марковиќ акад. Митко Маџунков акад. Леонид Грчев Проф. д-р Веселинка Лаброска, дописен член на МАНУ Проф. д-р Лилјана Макаријоска, дописен член на МАНУ Проф. д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ Проф. д-р Зоран Хаџи-Велков, дописен член на МАНУ Проф. емеритус Горан Калоѓера, надворешен член на МАНУ Проф. д-р Ганка Цветанова, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања, УКИМ, Скопје Проф. д-р Александар Атанасовски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ Проф. д-р Војислав Саракински, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ Проф. д-р Коста Аџиевски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ Проф. д-р Михајло Миновски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ Проф. д-р Стефан Пановски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ Проф. д-р Виолета Ачкоска, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ Проф. д-р Драги Митревски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ Проф. д-р Никола Минов, вонреден професор, Филозофски факултет Проф. д-р Билјана Ванковска, Филозофски факултет – УКИМ, Скопје Проф. д-р Елизабета Демитрова, Институт за историја на уметност, Филозофски факултет Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, Правен Факултет "Јустинијан Први", УКИМ Проф д--р Наде Проева, редовен професор во пензија, Филозофски факултет, УКИМ Проф. д-р Марјан Јованов, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ Проф. д-р Виктор Лилчиќ, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ Проф. д-р Бошко Ангеловски, Институт за старословенска култура, Прилеп Проф. д-р Ели Луческа, Инститyт за старословенска култура, Прилеп Проф. д-р Ели Милошевска, Институт за старословенска култура, Прилеп Проф. д-р Митко Б. Панов, Институт за национална историја, Скопје Проф. д-р Маја Ангеловска – Панова, Институт за национална историја Проф д-р Габриела Топузовска, Институт за национална историја Проф. д-р Лидија Ѓурковска, Институт за национална историја Проф. д-р Силвана Сидоровска – Чуповска, Институт за национална историја Проф. д-р Катерина Тодороска, Институт за национална историја Проф. д-р Вера Гошева, Институт за национална историја Проф. д-р Теон Џинго, Институт за национална историја Проф. д-р Драгица Поповска, Институт за национална историја Проф. д-р Горѓи Чакарјаневски, Институт за национална историја Проф. д-р Марјан Димитриевски, Институт за национална историја Проф. д-р Ѓорги Малковски, Институт за национална историја Проф. д-р Новица Велјановски, Институт за национална историја Проф. д-р Александар Манојловски, Институт за национална историја Проф. д-р Лилјана Гушевска, Институт за национална историја Проф. д-р Нада Јурукова, Институт за национална историја, Скопје Проф. д-р Наташа Котлар – Трајкова, Институт за национална историја Д-р Симона Груевска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Д-р Александра Ѓуркова, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“- Скопје, УКИМ Д-р Елка Јачева-Улчар, научен советник, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, УКИМ Проф. д-р Јасна Котеска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Скопје Проф. д-р Дарија Андовска, декан на Факултетот за музичка уметност – Скопје, УКИМ Д-р Велика Стојкова Серафимовска, виш научен соработник, ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“, УКИМ Проф. д-р Иванка Василевска, Правен Факултет „Јустинијан Први“, Скопје, УКИМ Проф. д-р Стојко Стојков, УГД, Штип Проф. д-р Тодор Чепреганов, УГД, Штип Д-р Катица Топлиска-Евроска, виш научен соработник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, УКИМ Д-р Олгица Додевска-Михајловска, научен советник, Институт за македонски јазик ,,Крсте Мисирков" Д-р Гоце Цветановски, научен советник/редовен професор, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Проф. д-р Сузана Миовска – Спасева, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ Д-р Катица Трајкова, научен советник, Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков", Д-р Снежана Петрова-Џамбазова, виш научен соработник, Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков" Д-р Наталија Андријевска, научен советник, ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, УКИМ Проф. д-р Весна Миовска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Проф. д-р Љубица Станковска, Институт за македонски јазик Проф. д-р Елеонора Серафимовска, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ Проф. д-р Маријана Марковиќ, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ Проф. д-р Марија Топузовска Латковиќ, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ Проф. д-р Наташа Аврамовска, раководител на Институтот за македонска литература, УКИМ Проф. д-р Маја Јакимовска - Тошиќ, Институт за македонска литература, УКИМ Проф. д-р Илија Велев, Институт за македонска литература, УКИМ Проф. д-р Валентина Христовска-Миронска, Институт за македонска литература Проф. д-р Славчо Ковиловски, научен советник, Институт за македонска литература Д-р Билјана Рајчинова Николова, соработник истражувач, Институт за македонска литература м-р Ема Лакинска, соработник истражувач, Институт за македонска литература м-р Жарко Иванов, соработник истражувач, Институт за македонска литература м-р Славица Петровска Ѓорѓевска, соработник истражувач, Институт за македонска литература Д-р Иван Иванов, Меѓународен балкански универзитет, Скопје Проф. д-р. Антоанела Петковска, Филозофски факултет - Скопје, УКИМ Проф. д-р Ило Трајковски, Филозофски факултет - Скопје, УКИМ Проф. д-р Константин Миноски, Филозофски факултет - Скопје, УКИМ Проф. д-р Солза Грчева, редовен професор во пензија, УГД – Штип Проф. д-р  Мимоза Серафимова, УГД, Штип Проф Ѓорѓи Серафимов, УГД, Штип Д-р Бранислав Светозаревиќ, Архив на Р. Македонија М-р Александар Јорданоски, лингвист и специјалист за културно наследство Проф. д-р Мишо Нетков, ЕСРА, Скопје Проф. д-р Слоботка Алексовска, ПМФ, УКИМ Проф. д-р Верица Јосимовска, УГД Штип Проф. д-р Михајло Марковиќ, Универзитет во Тетово Проф. д-р Благица Петковска, Педагошки факултет, УКЛО Проф. д-р Игор Улчар, Факултет за ветеринарна медицина – УКИМ Проф. д-р Богдан Богданов, ПМФ – Скопје, УКИМ Проф. д-р Јане Богданов, ПМФ – Скопје, УКИМ Проф. д-р Гордана Богоева-Гацева, Технолошко-металуршки факултет, УКИМ Доц. д-р Соња Николова, историчар Д-р Мирјана Нинчовска, Музеј на Македонија Д-р Јасмина Дамјановска, Архив на Македонија Проф. д-р Марина Цветковска, Универзитет на Отава, Канада Д-р Ведрана Цветковска, МекГил Универзитет Проф. д-р Игор Јанев, научен советник, Институт за политички науки Белград Проф. д-р Гоце Андревски, Квинс Универзитет, Канада Проф. д-р Марјан Попов, Технолошки Универзитет - Делфт, Холандија Д-р Александар Шулевски, научен соработник, Лајден Универзитет, Холандија Проф. д-р Каланоски Димитрија, Универзитет на Манчестер, Велика Британија Проф. д-р Тихомир Стојановски, Факултет за драмски уметности Проф. д-р Валентина Божиновска, Факултет за драмски уметности Д-р Ник Анастасовски, историчар, македонска заедница од Мелбурн Д-р Ивица Баковиќ, доцент, Филозофски факултет, Загреб, Хрватска Д-р Марјан Патлиџанковски Д-р Зоран Богоевски, историчар Д-р Ицо Најдовски, историчар М-р Марјан Гијовски, Архив на Р. Македонија М-р Цуте Крајчевски, Архив на Р. Македонија М-р Филип Марковски, историчар М-р Игорче Дунимаглоски, историчар Јулија Митревска, историчар Слободан Ников, историчар Кирил Јордановски, историчар Филип Аџиевски, историчар Васко Гичевски, историчар Нови потписници: Проф. д-р Зоран Хаџи-Велков, дописен член на МАНУ Проф. д-р Тања Каракамишева, Правен Факултет „Јустинијана Прима“, УКИМ Академик Сибила Петлевски, редовен професор, ХАЗУ, Загреб Проф. д-р Сњежана Бановиќ, универзитетски професор, Загреб Д-р Гоце Панговски, независен истражувач, Вашингтон Стејт Универзитет, САД Проф. д-р Надежда Апостолова, Медицински факултет, Универзитет на Валенсија, Шпанија Д-р Горан Тренчовски, Велика Британија Д-р Софија Тренчовски, Велика Британија Проф. д-р Ристо Солунчев, Институтот по философија, Филозофски факултет, Скопје Д-р Игор Радев, самостоен истражувач, лингвист, теоретичар, синолог Проф. д-р Сузана Миовска-Спасева, Институт за педагогија, Филозофски факултет, УКИМ, Проф. д-р Ангелина Бановиќ, Филолошки факултет „Блаже Конески“ Д-р Бошко Караџов, професор по филозофија и научен истражувач Проф. д-р Снежана Филипова, Институт за историја на уметноста со археологија, ФЗФ Доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, УИНТ "Св. Апостол Павле", Охрид Проф. д-р Александар Прокопиев, научен советник во пензија, Институт за македонска литература, Скопје Проф. д-р Кирил Пенушлиски, Факултет за театарски уметности, Универзитет Еуропа Прима, Проф. д-р Томислав Таневски, редовен професор, Факултет за театарски уметности, проректор за настава, Универзитет Еуропа Прима, Скопје Ред. проф. Роберт Вељановски, Факултет за театарски уметности, Универзитет Еуропа Прима, Проф. д-р Мимоза Рајл, Факултет за театарски уметности, Универзитет Еуропа Прима, Скопје М-р Миле Петковски, Магистер по Култулорошки студии, редовен професор во пензија, Претседател на сенатот на Интернационалниоѕ универзитет Еуропа Прима, Скопје Доц. д-р. Јани Бојаџи, Факултет за театарски уметности, Универзитет Еуропа Прима - Скопје М-р Јордан Плевнеш, екс амбасадор на Р. Македонија и ректор на ЕСРА Проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска, Катедра за македонски јазик и книжевност, УГД Проф. д-р Ранко Младеноски (редовен професор), Катедра за македонски јазик и книжевност, Филолошки факултет, УГД, Штип Проф. д-р Ана Витанова-Рингачева, Катедра за македонски јазик и книжевност, Филолошки факултет, УГД, Штип Проф. д-р Татјана Атанасова - Пачемска, редовен професор, УГД, Штип Проф. д-р Јованка Денкова, Катедра за македонски јазик и книжевност, УГД, Штип Доц. д-р Марија Гркова-Беадер, Филолошки факултет, УГД, Штип Доц. д-р Христина Серафимовска, Факултет за туризам и бизнис логистика, УГД, Штип Д-р Јасминка Ристовска Пиличкова, професор/научен советник, Институт за Фолклор "Марко Цепенкoв", Скопје Д-р Лидија Стојановиќ Лафазановска, професор /научен советник, Институт за фолклор  "Марко Цепенкoв", Скопје Д-р Кристина Димовска, доцент/ научен соработник, Институт за Фолклор "Марко Цепенкoв" Д-р Емилија Апостолова Чаловска, научен соработник, ЈНУ Институт за фолклор "Марко Цепенков", Скопје Д-р Александра Кузман, доцент / научен соработник, Институт за фолклор "Марко Цепенкoв" Проф. д-р Весна Јаневска, редовен професор, Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Проф. д-р Ристо Малчески, редовен професор во пензија Проф. д-р Самоил Малчески, вонреден професор, Меѓународен Славјански Универзитет Проф. д-р Зоран Мисајлески, Градежен факултет Проф.  д-р Томе Димовски, вонреден професор, Универзитет Св. Климент Охридски, Битола Проф. д-р Марина Спасовска, вонреден професор, Универзитет во Тетово Проф. д-р Марина Даниловска, вонреден професор, Универзитет во Тетово Проф. д-р Михајло Поповски, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ Проф. д-р Благица Сековска, Факултет за ветеринарна медицина- Скопје, УКИМ Проф. д-р Виолета Мирчевска, Институт за Земјотресно Инженерство-ИЗИИС, УКИМ Проф. д-р Јована Стефановска, Факултет за ветеринарна медицина - Скопје, УКИМ Доц. д-р Викторија Трајков, Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје Доц. д-р Ана Чучкова, Факултет по психологија, Славјански Универзитет, Св. Николе      

The post Се зголемува бројката на потписници против препораките на историската комисија appeared first on Република.

]]>
Ќулавкова за учебниците: Селективно прикажувањето на историската стварност, за да се создаде искривена слика на современата (стварност) https://republika.mk/vesti/makedonija/kjulavkova-za-uchebnicite-selektivno-prikazuvanjeto-na-istoriskata-stvarnost-za-da-se-sozdade-iskrivena-slika-na-sovremenata-stvarnost/ Fri, 19 Aug 2022 12:12:36 +0000 https://republika.mk/?p=542018

Академик Катица Ќулавкова, објавува реакција за препораките на Историската Комисија за промените што треба да се направат во учебниците за шесто одделение.

Реакцијата на академик Ќулафкова го пренесуваме во целост.

„Македонците се емпатичен народ, секогаш работеле за доброто на другите народи, нема веќе никакво сомнение (!)

Ќе ви наведам еден пример земен од најновите Препораки на Комисијата за историски теми, а во врска со учебниците за шесто одделение, каде што се кажува нешто навистина битно за евроинтеграциските процеси на Македонија (!). Сега нема да иронизирам, ќе цитирам:

„1. Поголема застапеност на проблематика поврзана со античка Тракија и Тракијците ќе придонесе за подобро запознавање на културно-историското наследство во регионот.

2. Сугестиите за континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава содржат историски анахронизам.

3. Сугестиите за институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна Република Македонија се неосновани.

4. Историските карти на античката македонска држава ќе бидат попрецизни доколку соодветствуваат на конкретен временски период.“

Коментар: Прво, Комисијата препорачува дека е неопходно да се „запознае подобро културно-историското наследство во регионот“ поврзано со античката Тракија и Тракијците (територијата на Бугарија), ама затоа - второ - препорачува експлицитно да се изостави било каква назнака за поврзаноста на современа Македонија со античка Македонија и античките Македонци, оти тоа бил, според нив, „анахронизам“; трето, Комисијата тврди дека нема никаква поврзаност меѓу мисијата на апостол Павле на територијата на Македонија и средновековните црковни структури на територијата на денешната македонска држава, па имплицитно не смее да има наставни содржини кои би создавале такви претстави кај младите, и - четврто - според Комисијата, треба да се бираат многу внимателно мапите на античка Македонија, за не дај Боже да се добие впечаток кај учениците дека постои било каква поврзаност на територијата на античка Македонија со територијата на современата македонска држава.

Испаѓа, според кредибилната Комисија дека за образованието на Македонците, античка Тракија е многу поважна од самата Македонија!

Ете во тој стил се македонско - бугарските образовни препораки, да го наречеме 'позитивно дискриминаторски' стил!

Не може за едната територија и држава да инсистирате дека постои историска поврзаност (континуитет) со антиката, а за другата обратно, да барате да се избрише секоја трага од антиката (а траги имало и ќе има уште многу).

Направено е селективно прикажувањето на историската стварност, за да се создаде искривена слика на современата (стварност).

Зар е можно до тој степен Македонците да ги имаат изгубено своите идеали? Без идеали нема чувство на национална припадност и тогаш навистина сѐ е можно!“

The post Ќулавкова за учебниците: Селективно прикажувањето на историската стварност, за да се создаде искривена слика на современата (стварност) appeared first on Република.

]]>

Академик Катица Ќулавкова, објавува реакција за препораките на Историската Комисија за промените што треба да се направат во учебниците за шесто одделение. Реакцијата на академик Ќулафкова го пренесуваме во целост. „Македонците се емпатичен народ, секогаш работеле за доброто на другите народи, нема веќе никакво сомнение (!) Ќе ви наведам еден пример земен од најновите Препораки на Комисијата за историски теми, а во врска со учебниците за шесто одделение, каде што се кажува нешто навистина битно за евроинтеграциските процеси на Македонија (!). Сега нема да иронизирам, ќе цитирам: „1. Поголема застапеност на проблематика поврзана со античка Тракија и Тракијците ќе придонесе за подобро запознавање на културно-историското наследство во регионот. 2. Сугестиите за континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава содржат историски анахронизам. 3. Сугестиите за институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна Република Македонија се неосновани. 4. Историските карти на античката македонска држава ќе бидат попрецизни доколку соодветствуваат на конкретен временски период.“ Коментар: Прво, Комисијата препорачува дека е неопходно да се „запознае подобро културно-историското наследство во регионот“ поврзано со античката Тракија и Тракијците (територијата на Бугарија), ама затоа - второ - препорачува експлицитно да се изостави било каква назнака за поврзаноста на современа Македонија со античка Македонија и античките Македонци, оти тоа бил, според нив, „анахронизам“; трето, Комисијата тврди дека нема никаква поврзаност меѓу мисијата на апостол Павле на територијата на Македонија и средновековните црковни структури на територијата на денешната македонска држава, па имплицитно не смее да има наставни содржини кои би создавале такви претстави кај младите, и - четврто - според Комисијата, треба да се бираат многу внимателно мапите на античка Македонија, за не дај Боже да се добие впечаток кај учениците дека постои било каква поврзаност на територијата на античка Македонија со територијата на современата македонска држава. Испаѓа, според кредибилната Комисија дека за образованието на Македонците, античка Тракија е многу поважна од самата Македонија! Ете во тој стил се македонско - бугарските образовни препораки, да го наречеме 'позитивно дискриминаторски' стил! Не може за едната територија и држава да инсистирате дека постои историска поврзаност (континуитет) со антиката, а за другата обратно, да барате да се избрише секоја трага од антиката (а траги имало и ќе има уште многу). Направено е селективно прикажувањето на историската стварност, за да се создаде искривена слика на современата (стварност). Зар е можно до тој степен Македонците да ги имаат изгубено своите идеали? Без идеали нема чувство на национална припадност и тогаш навистина сѐ е можно!“

The post Ќулавкова за учебниците: Селективно прикажувањето на историската стварност, за да се создаде искривена слика на современата (стварност) appeared first on Република.

]]>
Промовираат метод на пристрасно толкување на историските факти: Македонските научници ги отфрлаат препораките на историската комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/promoviraat-metod-na-pristrasno-tolkuvanje-na-istoriskite-fakti-makedonskite-nauchnici-gi-otfrlaat-preporakite-na-istoriskata-komisija/ Fri, 19 Aug 2022 09:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=541913

Имајќи ги предвид етичките кодекси на академската заедница, современите научни методи и парадигми, автономноста на научно-истражувачката дејност, како и интегритетот на македонските општествени, хуманистички и историските науки, припадниците на академската и научно-истражувачката заедница од Република Македонија, со индигнација ги отфрлааат „Препораките на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“ и истите ги сметаме за псевдонаучни, поради следниве причини, се наведува во нивната реакција.

[caption id="attachment_267274" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

  • „Препораките...“ го игнорираат фактот дека ‘историското право’ не е призната категорија во меѓународното право, па следствено - за историските прашања не се валидни политичките спорови и договори.

  • „Препораките...“ ја интерпретираат, па и ја ревидираат македонската и регионалната балканска историја на начин кој има политички претекст, поради што отстапуваат од принципот на научност и етичност.

  • Политичкото инсистирање да се усвојат билатерални препораки за историја која има мултилатерален и унилатерален карактер, па не може да се официјализира како „заедничка“ бугарско - македонска историја, претставува повреда на референтната парадигма на хуманистичките науки.

  • Под привид на реципроцитет, „Препораките...“ промовираат метод на арбитрарно и пристрасно толкување на историските факти, личности, настани и процеси кои се значајни за повеќе народи, култури, држави и епохи.

  • Во овие „Препораки...“, македонската, јужнословенската, општословенската и балканската историја се толкуваат на бугароцентричен начин, со што отстапуваат од востановените научни сознанија во македонистиката, славистиката и балканистиката.

  • „Препораките...“ го дискриминираат усвоениот и научно заснован наратив за културната, националната и политичката историја на Македонија, застапуван од македонски и други научници со меѓународна репутација.

  • Иако историјата на Македонија и на Македонците е повеќедимензионална и опфаќа повеќе историски епохи и цивилизациски констелации (античка, средновековна, нововековна, современа), во „Препораките...“ се маргинализираат цели епохи од национална, регионална и меѓународна важност.

  • Во контекст на македонската историја, Македонија може и треба да се проучува, културолошки, тематски и методолошки, на повеќе начини: како територија (геополитички), како држава, како нација која има свој сопствен развоен културен и политички континуум - од етнос до македонска политичка нација и признат меѓународно правен субјект.

  • Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување.

[caption id="attachment_24576" align="alignnone" width="563"] фото: Жарко Чулиќ[/caption]

Поради сето ова, ги сметаме за ништовни и нерелевантни за нашата понатамошна научно истражувачка дејност т.н. „Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија..-се наведува во писмената реакција потпишана од стотиа научници.

The post Промовираат метод на пристрасно толкување на историските факти: Македонските научници ги отфрлаат препораките на историската комисија appeared first on Република.

]]>

Имајќи ги предвид етичките кодекси на академската заедница, современите научни методи и парадигми, автономноста на научно-истражувачката дејност, како и интегритетот на македонските општествени, хуманистички и историските науки, припадниците на академската и научно-истражувачката заедница од Република Македонија, со индигнација ги отфрлааат „Препораките на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“ и истите ги сметаме за псевдонаучни, поради следниве причини, се наведува во нивната реакција. [caption id="attachment_267274" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]
  • „Препораките...“ го игнорираат фактот дека ‘историското право’ не е призната категорија во меѓународното право, па следствено - за историските прашања не се валидни политичките спорови и договори.
  • „Препораките...“ ја интерпретираат, па и ја ревидираат македонската и регионалната балканска историја на начин кој има политички претекст, поради што отстапуваат од принципот на научност и етичност.
  • Политичкото инсистирање да се усвојат билатерални препораки за историја која има мултилатерален и унилатерален карактер, па не може да се официјализира како „заедничка“ бугарско - македонска историја, претставува повреда на референтната парадигма на хуманистичките науки.
  • Под привид на реципроцитет, „Препораките...“ промовираат метод на арбитрарно и пристрасно толкување на историските факти, личности, настани и процеси кои се значајни за повеќе народи, култури, држави и епохи.
  • Во овие „Препораки...“, македонската, јужнословенската, општословенската и балканската историја се толкуваат на бугароцентричен начин, со што отстапуваат од востановените научни сознанија во македонистиката, славистиката и балканистиката.
  • „Препораките...“ го дискриминираат усвоениот и научно заснован наратив за културната, националната и политичката историја на Македонија, застапуван од македонски и други научници со меѓународна репутација.
  • Иако историјата на Македонија и на Македонците е повеќедимензионална и опфаќа повеќе историски епохи и цивилизациски констелации (античка, средновековна, нововековна, современа), во „Препораките...“ се маргинализираат цели епохи од национална, регионална и меѓународна важност.
  • Во контекст на македонската историја, Македонија може и треба да се проучува, културолошки, тематски и методолошки, на повеќе начини: како територија (геополитички), како држава, како нација која има свој сопствен развоен културен и политички континуум - од етнос до македонска политичка нација и признат меѓународно правен субјект.
  • Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување.
[caption id="attachment_24576" align="alignnone" width="563"] фото: Жарко Чулиќ[/caption]
  Поради сето ова, ги сметаме за ништовни и нерелевантни за нашата понатамошна научно истражувачка дејност т.н. „Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија..-се наведува во писмената реакција потпишана од стотиа научници.

The post Промовираат метод на пристрасно толкување на историските факти: Македонските научници ги отфрлаат препораките на историската комисија appeared first on Република.

]]>
За три години си инкасирале 240.000 евра, Ѓоргиев на врвот: Кој колку си заработил од историската комисија со Бугарија? https://republika.mk/vesti/makedonija/za-tri-godini-si-inkasirale-240-000-evra-gjorgiev-na-vrvot-koj-kolku-si-zarabotil-od-istoriskata-komisija-so-bugarija/ Wed, 17 Aug 2022 13:27:02 +0000 https://republika.mk/?p=541437

Шесте македонски историчари од историската комисија инкасирале околуи 240.000 евра од Министерството за надворешни работи во текот на минативе три години. Најмногу од инкасирал претседателот Драги Ѓоргиев, кој на име хонорар за својата активност добил некаде околу 80 илјади евра, објави Алфа.

Околу 35 до 40 илјади евра добиле Љубица Спасковска, Петар Тодоров и Љупчо Ристески, меѓу и 20 и 25 илјади евра добиле Александар Литовски и Дарко Стојанов

Толку пари добиле луѓето кои ни скроија договор со Бугарија за античкиот период и средниот век. Од шест македонски историчари, само на еден експертиза на работење му антиката и средновековието. А тоа се темите за кои досега е постигнат договор меѓу Македонија и Бугарија. Дарко Стојанов е тој единствениот. Од другите никому првична дејност не му е она за што се договориле со бугарските колеги.

Петар Тодоров го работи османско турскиот период, Александар Литовски се занимава со навата и најнова историја меѓу 1941 и 91-ва година. Љупчо Ристески пак е антрополог, професор на Институтот за етнологија и антропологија на УКИМ. Антиката и средниот век не се експертиза ниту на првиот човек на комисијата, академик Драги Ѓоргиев. Османлискито период е неговата главна дејност.

По враќањето во Скопје магистрирал во 1995 година на катедрата по исто­рија на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема „Скопје од турското освојување до крајот на XVII век“. Истата година бил избран за асистент во Одделението за османо-турски период во Институтот за национална историја, се вели во биографијата на Драги Ѓоргиев.

Член на комисијата е и Љубица Спасковска, која е доцент на универзитетот во Ексетер, Велика Британија. Според нејзината биографија на сајтот на овој универзитет, ниту таа не се занимава со она со што сега се договорија историчарите.

Моите истражувачки интереси се во историјата на Југоисточна Европа, политичката и социо-културната историја на интернационализмот, вклучувајќи го развојот, неврзаноста, деколонизацијата и историите на генерациите, притоа обезбедувајќи нови важни перспективи за (повторно) создавање на антиимперијална Европа и пристапи кон европско-глобалните јужни односи, се вели во биографијата на Спасковска.

Голем број историчари реагираа дека со Бугарија договор ни постигнале личности кои што овие периоди не им се експертиза, што е дополнителна дамка на она кое што се сработува.

Ова целосен бугарски текст кој што комисијата го пренесува кај нас и сака да го инсталира кај нас во учебниците. Не држи ниту историска вистина, ниту историски аргументи. Се што е кажано е кажано лаички. Нормално, тие се турколози двајцата таму историчари и овој што се откажа беше од турскиот период. Другиот кој тие го избркаа беше од втората светска војна, изјави историчарот Александар Алексовски.

Бранејќи ја својата работа, од историската комисија пак порачаа дека не менувале историски факти, туку промовирале образование кое нема да биде основа за манипулација на младите.

Бранејќи ја својата работа, од историската комисија пак порачаа дека не менувале историски факти, туку промовирале образование кое нема да биде основа за манипулација на младите.

The post За три години си инкасирале 240.000 евра, Ѓоргиев на врвот: Кој колку си заработил од историската комисија со Бугарија? appeared first on Република.

]]>

Шесте македонски историчари од историската комисија инкасирале околуи 240.000 евра од Министерството за надворешни работи во текот на минативе три години. Најмногу од инкасирал претседателот Драги Ѓоргиев, кој на име хонорар за својата активност добил некаде околу 80 илјади евра, објави Алфа. Околу 35 до 40 илјади евра добиле Љубица Спасковска, Петар Тодоров и Љупчо Ристески, меѓу и 20 и 25 илјади евра добиле Александар Литовски и Дарко Стојанов Толку пари добиле луѓето кои ни скроија договор со Бугарија за античкиот период и средниот век. Од шест македонски историчари, само на еден експертиза на работење му антиката и средновековието. А тоа се темите за кои досега е постигнат договор меѓу Македонија и Бугарија. Дарко Стојанов е тој единствениот. Од другите никому првична дејност не му е она за што се договориле со бугарските колеги. Петар Тодоров го работи османско турскиот период, Александар Литовски се занимава со навата и најнова историја меѓу 1941 и 91-ва година. Љупчо Ристески пак е антрополог, професор на Институтот за етнологија и антропологија на УКИМ. Антиката и средниот век не се експертиза ниту на првиот човек на комисијата, академик Драги Ѓоргиев. Османлискито период е неговата главна дејност. По враќањето во Скопје магистрирал во 1995 година на катедрата по исто­рија на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема „Скопје од турското освојување до крајот на XVII век“. Истата година бил избран за асистент во Одделението за османо-турски период во Институтот за национална историја, се вели во биографијата на Драги Ѓоргиев. Член на комисијата е и Љубица Спасковска, која е доцент на универзитетот во Ексетер, Велика Британија. Според нејзината биографија на сајтот на овој универзитет, ниту таа не се занимава со она со што сега се договорија историчарите. Моите истражувачки интереси се во историјата на Југоисточна Европа, политичката и социо-културната историја на интернационализмот, вклучувајќи го развојот, неврзаноста, деколонизацијата и историите на генерациите, притоа обезбедувајќи нови важни перспективи за (повторно) создавање на антиимперијална Европа и пристапи кон европско-глобалните јужни односи, се вели во биографијата на Спасковска. Голем број историчари реагираа дека со Бугарија договор ни постигнале личности кои што овие периоди не им се експертиза, што е дополнителна дамка на она кое што се сработува. Ова целосен бугарски текст кој што комисијата го пренесува кај нас и сака да го инсталира кај нас во учебниците. Не држи ниту историска вистина, ниту историски аргументи. Се што е кажано е кажано лаички. Нормално, тие се турколози двајцата таму историчари и овој што се откажа беше од турскиот период. Другиот кој тие го избркаа беше од втората светска војна, изјави историчарот Александар Алексовски. Бранејќи ја својата работа, од историската комисија пак порачаа дека не менувале историски факти, туку промовирале образование кое нема да биде основа за манипулација на младите. Бранејќи ја својата работа, од историската комисија пак порачаа дека не менувале историски факти, туку промовирале образование кое нема да биде основа за манипулација на младите.

The post За три години си инкасирале 240.000 евра, Ѓоргиев на врвот: Кој колку си заработил од историската комисија со Бугарија? appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Обврска на Скопје и Софија е договореното на Историската комисија да го спроведат во рок од две години на принцип на реципроцитет https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-obvrska-na-skopje-i-sofija-e-dogovorenoto-na-istoriskata-komisija-da-go-sprovedat-vo-rok-od-dve-godini-na-princip-na-reciprocitet/ Wed, 17 Aug 2022 10:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=541334

Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, владите на  Македонија и Бугарија имаат обврска во рок од две години откако ќе бидат постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат, и тоа обострано врз принципот на реципроцитет, изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во врска со препораките на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, усогласени од македонска и од бугарска страна.

Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, Владите имаат обврска во рок од две години откако се постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат. Секако тоа оди во фази и низ филтрите на институциите. Она што е задача на Комисијата е да утврди точки и наратив текстови за заедничко чествување и за евентуална корекција во учебниците. Притоа да не заборавиме, тој текст којшто е договорен и Бугарија и  Македонија подеднакво имаат обврска да го имплементираат во својот систем и тоа функционира на принцип на реципроцитет, односно важечка е само доколку заедно ги имплементираме во двата системи - рече Маричиќ во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.

Во однос на содржината на договореното, рече дека тоа останува на историчарите, но напона дека е вредно да се спомене дека во Комисијата членуваат седум врвни историчари, коишто ние како држава сме ги поставиле, вклучувајќи ги и оние коишто, вели, во меѓувреме заминаа од таа Историска комисија, а кои се согласиле околу текстот за цар Самоил.

Ние целосно ја поддржуваме работата на Комисијата, и се што можеме како институција ќе помогнеме. Секако ќе бидеме внимателни да го заштитиме нашиот интерес, бидејќи им веруваме на луѓето коишто работат таму, а сите чекори во врска со имплементација на договореното ќе бидат координирани со нашите филтри на институциите и со комисиите за учебници, со сите оние други инстанци во Министерството за образование и наука и Владата и нема да направиме ниту еден чекор еднострано, значи се она што ние ќе го направиме би очекувале да го направи и Софија - рече Маричиќ.

The post Маричиќ: Обврска на Скопје и Софија е договореното на Историската комисија да го спроведат во рок од две години на принцип на реципроцитет appeared first on Република.

МНР изразува целосната поддршка на автономната, стручна и совесна работа на Историската комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-izrazuva-celosnata-poddrshka-na-avtonomnata-struchna-i-sovesna-rabota-na-istoriskata-komisija/ Tue, 16 Aug 2022 17:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=541049

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во целост ја поддржува работата на Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и ја поздравува вечерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу двете земји во 2019 година.

Според МНР, презентирајќи ги резултатите од нивната работа, од самите членови на Комисијата и нејзиниот претседател беа констатирани неколку принципи кои се важни и од политички аспект.

Прво, дека работата на Комисијата, содржината на која што таа работа, е целосно автономна, суштински експертска и професионална, заштитена од било какви политички влијанија. Овој предуслов е содржан и во принципите на Протоколот потпишан меѓу двете министерства за надворешни работи, и преставува еден од клучните принципи кој обезбедува стручност и автентична експертиза во работата на Комисијата. Второ, претставените резултати од работата на Комисијата го задржуваат принципот на реципроцитет за двете земји, што претставува еден од суштинските елементи за градење на меѓусебната доверба и меѓусебна почит, принцип кој исто така е нотиран во содржината на Протоколот потпишан меѓу двете земји. Трето, со објавените резултати Комисијата покажа дека со храбар но стручен и искрен пристап, историчарите можат да се изнајдат пристојни и автентични решенија, базирани на историските вистини кои почиваат на факти, а кои нудат можност за заедничко чествување на одредени историски настани, надминување на разликите, и создавање основа за изградба на стабилна заедничка иднина меѓу двете земји, наведува Министерството.

Во соопштението се посочува дека Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и натаму ќе ја има целосната поддршка од Министерството за надворешни работи, особено во насока на поддршка за автономијата во нивната работа.

Во таа насока сакаме и да ја охрабриме Комисијата да продолжи и понатаму со својата работа, ослободени од политичките притисоци кои се создаваат во јавноста, потпирајќи се на својата стручност, совесност и експертиза, се додава во соопштението на МНР. сп/

The post МНР изразува целосната поддршка на автономната, стручна и совесна работа на Историската комисија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во целост ја поддржува работата на Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и ја поздравува вечерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу двете земји во 2019 година. Според МНР, презентирајќи ги резултатите од нивната работа, од самите членови на Комисијата и нејзиниот претседател беа констатирани неколку принципи кои се важни и од политички аспект.