Исмет Гури Archives - Република https://republika.mk/tema/ismet-guri/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 09:41:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Исмет Гури Archives - Република https://republika.mk/tema/ismet-guri/ 32 32 Исмет Гури се предаде на полицијата https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ismet-guri-se-predade-na-politsijata/ Fri, 30 Aug 2024 08:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=811457

Истакнатиот активист на ДУИ, Исмет Гури, по кого беше распишана меѓународна потерница, во текот на денот самиот се пријавил на полиција и веќе е во затвор, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Гури, заедно со Ејупи Алими, беше опфатен во предметот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година. Обвинението беше отворено во 2017 година од поранешното СЈО.

Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи, најпрво доби затворски притвор кој подоцна му беше заменет со куќен, поради здравствени проблеми. Против него беше распишана меѓународна потерница, бидејќи избега од куќен притвор на почетокот на оваа година, откако не бил пронајден на адресата на која требал да ја издржува мерката.

The post Исмет Гури се предаде на полицијата appeared first on Република.

]]>

Истакнатиот активист на ДУИ, Исмет Гури, по кого беше распишана меѓународна потерница, во текот на денот самиот се пријавил на полиција и веќе е во затвор, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Гури, заедно со Ејупи Алими, беше опфатен во предметот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година. Обвинението беше отворено во 2017 година од поранешното СЈО. Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи, најпрво доби затворски притвор кој подоцна му беше заменет со куќен, поради здравствени проблеми. Против него беше распишана меѓународна потерница, бидејќи избега од куќен притвор на почетокот на оваа година, откако не бил пронајден на адресата на која требал да ја издржува мерката.

The post Исмет Гури се предаде на полицијата appeared first on Република.

]]>
Поранешниот заменик директор на УЈП сам се пријавил во полиција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshniot-zamenik-direktor-na-ujp-sam-se-prijavil-vo-politsija/ Thu, 29 Aug 2024 17:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=811316

Исмет Гури, поранешниот заменик директор на УЈП, и истакнат активист на ДУИ за кого беше распишана меѓународна потерница, денеска сам се пријавил во полиција и веќе е во затвор, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Гури, заедно со Ејупи Алими, беше опфатен во предметот „Титаник 3“ за уништување на изборен материјал на лојалните избори во 2013 година. Обвинението беше отворено во 2017 година од поранешното СЈО.

Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи најпрво доби затворски притвор кој подоцна му беше заменет со куќен, поради здравствени проблеми. Против него беше распишана меѓународна потерница, бидејќи избега од куќен притвор на почетокот на оваа година, откако не бил пронајден на адресата на која требал да ја издржува мерката.

The post Поранешниот заменик директор на УЈП сам се пријавил во полиција appeared first on Република.

]]>

Исмет Гури, поранешниот заменик директор на УЈП, и истакнат активист на ДУИ за кого беше распишана меѓународна потерница, денеска сам се пријавил во полиција и веќе е во затвор, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Гури, заедно со Ејупи Алими, беше опфатен во предметот „Титаник 3“ за уништување на изборен материјал на лојалните избори во 2013 година. Обвинението беше отворено во 2017 година од поранешното СЈО. Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи најпрво доби затворски притвор кој подоцна му беше заменет со куќен, поради здравствени проблеми. Против него беше распишана меѓународна потерница, бидејќи избега од куќен притвор на почетокот на оваа година, откако не бил пронајден на адресата на која требал да ја издржува мерката.

The post Поранешниот заменик директор на УЈП сам се пријавил во полиција appeared first on Република.

]]>
Дали Советот на јавни обвинители ќе го унапреди обвинителот Пеливанов како награда за сите скандали и малверзации?! https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-sovetot-na-javni-obviniteli-ke-go-unapredi-obvinitelot-pelivanov-kako-nagrada-za-site-skandali-i-malverzatsii/ Mon, 12 Feb 2024 19:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=743364

Советот на Јавни обвинители за утре закажа седница за избор на јавни и виши обвинители. Извори на „Република“ од  Обвинителството тврдат дека утре ќе се расправа за унапредување на обвинителот Трајче Пеливанов за кого има соменжи за незаконско постапување. Според нашиот извор тој треба да биде избран за виш јавен обвинител, а местото кое го има сега во Обвинителството за организиран криминал и корупција да биде ставено во мирување.

Прашањето е со што Пеливанов залужи унапредување и дали е разгледана писмената информација од вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство а кое се однесува на соработката и комуникацијата со избеганиот заменик директор на УЈП Исмет Гури.

Според информациите кои ги имаме, од Вишото јавно обвинителство уште на 7 декември, е пратено известување со содржината на СМС комуникацијата меѓу Пеливанов и поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, обвинетиот Исмет Гури. Зошто Советот јавни обвинители не постапувал по известувањето а згора на тоа и го наградува обвинителот?! Која е заслугата за унапредувањето на Пеливанов и кој стои зад него?! Дали поранешен министер го штити и го наградува за „сработеното“.

Медиумите веќе објавија дека  Исмет Гури и Пеливанов разменувале пораки и си договарале средби, додека Пеливанов беше дел од СЈО а поради ова мубеше покрената и дисциплинска постапка, која беше доставена до Советот на јавни обвинители.

Пеливанов ја заменуваше и поранешната обвинителка за Организиран криминал Вилма Русковска додека таа беше под суспензија.Медиумите тогаш пишуваа и дека Пеливанов додека траел претресот во Финансиската полиција пиел кафе со тогашниот директор Арафат Муареми.

https://republika.mk/vesti/makedonija/chovekot-koj-kje-ja-menuva-ruskovska-dodeka-se-odvival-pretresot-vo-finansova-sedel-vo-kafeana-so-arafat-muaremi/

Со Пеливанов се поврзува и друг случај со исчезнување на доверливи документи и докази.

Како што објави „Сведок.мк“,од јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исчезнале докази за криминал што го гони ова обвинителство, а биле доставени лично во Скопје од претставници на Европска полициска организација. Случајно или не доказите исчезнале во периодот кога со обвинителството раководеше обвинителот Трајче Пеливанов.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prviot-predizvik-za-abazi-vo-vremeto-na-pelivanov-po-suspenzijata-na-ruskoska-ischeznale-dokazi-dostaveni-od-evropska-institucija-za-kriminal/

The post Дали Советот на јавни обвинители ќе го унапреди обвинителот Пеливанов како награда за сите скандали и малверзации?! appeared first on Република.

]]>

Советот на Јавни обвинители за утре закажа седница за избор на јавни и виши обвинители. Извори на „Република“ од  Обвинителството тврдат дека утре ќе се расправа за унапредување на обвинителот Трајче Пеливанов за кого има соменжи за незаконско постапување. Според нашиот извор тој треба да биде избран за виш јавен обвинител, а местото кое го има сега во Обвинителството за организиран криминал и корупција да биде ставено во мирување. Прашањето е со што Пеливанов залужи унапредување и дали е разгледана писмената информација од вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство а кое се однесува на соработката и комуникацијата со избеганиот заменик директор на УЈП Исмет Гури. Според информациите кои ги имаме, од Вишото јавно обвинителство уште на 7 декември, е пратено известување со содржината на СМС комуникацијата меѓу Пеливанов и поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, обвинетиот Исмет Гури. Зошто Советот јавни обвинители не постапувал по известувањето а згора на тоа и го наградува обвинителот?! Која е заслугата за унапредувањето на Пеливанов и кој стои зад него?! Дали поранешен министер го штити и го наградува за „сработеното“. Медиумите веќе објавија дека  Исмет Гури и Пеливанов разменувале пораки и си договарале средби, додека Пеливанов беше дел од СЈО а поради ова мубеше покрената и дисциплинска постапка, која беше доставена до Советот на јавни обвинители. Пеливанов ја заменуваше и поранешната обвинителка за Организиран криминал Вилма Русковска додека таа беше под суспензија.Медиумите тогаш пишуваа и дека Пеливанов додека траел претресот во Финансиската полиција пиел кафе со тогашниот директор Арафат Муареми. https://republika.mk/vesti/makedonija/chovekot-koj-kje-ja-menuva-ruskovska-dodeka-se-odvival-pretresot-vo-finansova-sedel-vo-kafeana-so-arafat-muaremi/ Со Пеливанов се поврзува и друг случај со исчезнување на доверливи документи и докази. Како што објави „Сведок.мк“,од јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исчезнале докази за криминал што го гони ова обвинителство, а биле доставени лично во Скопје од претставници на Европска полициска организација. Случајно или не доказите исчезнале во периодот кога со обвинителството раководеше обвинителот Трајче Пеливанов. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prviot-predizvik-za-abazi-vo-vremeto-na-pelivanov-po-suspenzijata-na-ruskoska-ischeznale-dokazi-dostaveni-od-evropska-institucija-za-kriminal/

The post Дали Советот на јавни обвинители ќе го унапреди обвинителот Пеливанов како награда за сите скандали и малверзации?! appeared first on Република.

]]>
Поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури побегна од домашен притвор, распишана е потерница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshniot-funktsioner-na-dui-ismet-guri-pobegna-od-domashen-pritvor-raspishana-e-poternitsa/ Sat, 06 Jan 2024 10:34:13 +0000 https://republika.mk/?p=730332

Поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури побегнал од домашен притвор, а полицијата за неговото пронаоѓање има распишано потерница.

Имено Гури бил ослободен од Судот и неговата затворска казна му ја заменил со домашен притвор од причина што тој морал да прима терапија поради здравствените проблеми кои ги имал.

Гури е поранешен заменик-директор на Управата за јавни приходи (УЈП). Тој заврши во затвор поради вмешаност за даночни измами во кои беа опфатени 15 лица меѓу кои бизнисмени и инспектори од УЈП, а се товарат за повеќе кривични дела како злосторничко здружување, даночна измама и перење пари. Се сомничи дека со неговите дела успеал да проневери околу 850 илјади евра.

Освен Гури, во јули минатата година затворска казна доби и неговиот сопартиец Ејуп Алими кој беше осуден на 3 години и шест месеци во случајот “Титаник 3“ поради уништување на изборен материјал.

The post Поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури побегна од домашен притвор, распишана е потерница appeared first on Република.

]]>

Поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури побегнал од домашен притвор, а полицијата за неговото пронаоѓање има распишано потерница. Имено Гури бил ослободен од Судот и неговата затворска казна му ја заменил со домашен притвор од причина што тој морал да прима терапија поради здравствените проблеми кои ги имал. Гури е поранешен заменик-директор на Управата за јавни приходи (УЈП). Тој заврши во затвор поради вмешаност за даночни измами во кои беа опфатени 15 лица меѓу кои бизнисмени и инспектори од УЈП, а се товарат за повеќе кривични дела како злосторничко здружување, даночна измама и перење пари. Се сомничи дека со неговите дела успеал да проневери околу 850 илјади евра. Освен Гури, во јули минатата година затворска казна доби и неговиот сопартиец Ејуп Алими кој беше осуден на 3 години и шест месеци во случајот “Титаник 3“ поради уништување на изборен материјал.

The post Поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури побегна од домашен притвор, распишана е потерница appeared first on Република.

]]>
Откако поради лекување беше пуштен во домашен притвор поранешниот заменик директор на УЈП, Гури, го нема https://republika.mk/vesti/makedonija/otkako-poradi-lekuvane-beshe-pushten-vo-domashen-pritvor-poraneshniot-zamenik-direktor-na-ujp-guri-go-nema/ Sat, 06 Jan 2024 08:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=730257

Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, кој беше пуштен во домашен притвор, не е достапен за органите на прогонот, објави Телма.

Судот го ослободи од издржување на затворската казната и времено му ја замени со домашен притвор поради редовна терапија и лечење на болестите кои ги има.

Гури издржува затворска казна за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и кражба на 840 илјади евра од дирекцијата каде што работел.

The post Откако поради лекување беше пуштен во домашен притвор поранешниот заменик директор на УЈП, Гури, го нема appeared first on Република.

]]>

Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, кој беше пуштен во домашен притвор, не е достапен за органите на прогонот, објави Телма. Судот го ослободи од издржување на затворската казната и времено му ја замени со домашен притвор поради редовна терапија и лечење на болестите кои ги има. Гури издржува затворска казна за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и кражба на 840 илјади евра од дирекцијата каде што работел.

The post Откако поради лекување беше пуштен во домашен притвор поранешниот заменик директор на УЈП, Гури, го нема appeared first on Република.

]]>
Ексфункционерот од ДУИ, Гури, наместо во ќелија, се шета по клиники: Постојано е болен откако му одредија притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eksfunktsionerot-od-dui-guri-namesto-vo-kelija-se-sheta-po-kliniki-postojano-e-bolen-otkako-mu-odredija-pritvor/ Sat, 14 Oct 2023 08:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=691096

Наместо во затворот во Шутка, ексфункционерот на ДУИ, Исмет Гури, притворот го издржува од клиника на клиника, дознава „Скопје1“. Секаде сместен со медицинска документација. Гледано во денови, тој подолго време е на лекување отколку што бил во притворското одделение на затворот. Директорот на казнено-поправната установа „Скопје“ во Шутка, Филип Андов, за „Скопје1“ посочува дека судот носи одлука како ќе биде третиран Гури. Тој е во ефективен притвор поради можноста да избега и да влијае на сведоци, а е осомничен за даночна измама.

„Скопје1“ дојде до точни податоци поврзани со лекувањето на Гури. Не се знае само, дали здравствените проблеми се нови или дијагнозите ги влече од минатото. Сепак, од 19 јули до сега има поминато 51 ден притвор во три скопски клиники. Според нашите информации, тој прво бил на Клиниката за пулмологија каде останал шест дена, по што е вратен во затворот во Шутка. Потоа, од притворското одделение го носат на Клиниката за ендрокринологија каде хоспитализацијата му трае 24 дена. Од таму, тој не се враќа во ќелија, туку судот одобрува лекување на Клиниката за неврологија.

Последните информации со кои располага „Скопје1“, тој и натаму се лекува на Неврологија. На оваа Клиника поминува и најдог период од 27 дена. За неговата здравствена состојба не се открива, а престојот му се продолжува од судот по дадените мислења од докторите.

Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, за „Скопје1“ вели дека тие постапуваат по напатствија од судот. Прашан дали има услови за Гури да издржува притвор во затворот, тој одговори потврдно.

За конкретното лице за кое прашувате, можам само да кажам дека станува збор за притвореник на кого му е изречена мерка на претпазливост. Судот одлучува дали тој има потреба од лекување и каде ќе се лекува. Ние како казнено-поправна установа сме должни да постапиме по напатствијата. Како и за останатите притвореници, така и за ова, во притворското одделение се обезбедени сите услови за издржување на мерката, вели Филип Андов, директор на КПУ „Скопје“.

Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е вплетен во организирана шема за правење даночна измама, објави Обвинителството. Тој е третоосомничен за сторено злосторничко здружување, перење пари, даночна измама, од вкупно 15 лица, кои биле под истрага. Ќе одговараат за злосторничко здружување, како и перење пари. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури и другите обвинети, меѓу кои е неговиот син, парите ги добивале преку генерирање фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде што бил вработен функционерот на ДУИ. Во тоа време Гури е раководно лице во УЈП. Освен основачи на фирми, има и вработени во УЈП и Министерството за финансии. Целата шема била фиктивно да враќаат ДДВ.

Извор: Скопје1

The post Ексфункционерот од ДУИ, Гури, наместо во ќелија, се шета по клиники: Постојано е болен откако му одредија притвор appeared first on Република.

]]>

Наместо во затворот во Шутка, ексфункционерот на ДУИ, Исмет Гури, притворот го издржува од клиника на клиника, дознава „Скопје1“. Секаде сместен со медицинска документација. Гледано во денови, тој подолго време е на лекување отколку што бил во притворското одделение на затворот. Директорот на казнено-поправната установа „Скопје“ во Шутка, Филип Андов, за „Скопје1“ посочува дека судот носи одлука како ќе биде третиран Гури. Тој е во ефективен притвор поради можноста да избега и да влијае на сведоци, а е осомничен за даночна измама. „Скопје1“ дојде до точни податоци поврзани со лекувањето на Гури. Не се знае само, дали здравствените проблеми се нови или дијагнозите ги влече од минатото. Сепак, од 19 јули до сега има поминато 51 ден притвор во три скопски клиники. Според нашите информации, тој прво бил на Клиниката за пулмологија каде останал шест дена, по што е вратен во затворот во Шутка. Потоа, од притворското одделение го носат на Клиниката за ендрокринологија каде хоспитализацијата му трае 24 дена. Од таму, тој не се враќа во ќелија, туку судот одобрува лекување на Клиниката за неврологија. Последните информации со кои располага „Скопје1“, тој и натаму се лекува на Неврологија. На оваа Клиника поминува и најдог период од 27 дена. За неговата здравствена состојба не се открива, а престојот му се продолжува од судот по дадените мислења од докторите. Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, за „Скопје1“ вели дека тие постапуваат по напатствија од судот. Прашан дали има услови за Гури да издржува притвор во затворот, тој одговори потврдно. За конкретното лице за кое прашувате, можам само да кажам дека станува збор за притвореник на кого му е изречена мерка на претпазливост. Судот одлучува дали тој има потреба од лекување и каде ќе се лекува. Ние како казнено-поправна установа сме должни да постапиме по напатствијата. Како и за останатите притвореници, така и за ова, во притворското одделение се обезбедени сите услови за издржување на мерката, вели Филип Андов, директор на КПУ „Скопје“. Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е вплетен во организирана шема за правење даночна измама, објави Обвинителството. Тој е третоосомничен за сторено злосторничко здружување, перење пари, даночна измама, од вкупно 15 лица, кои биле под истрага. Ќе одговараат за злосторничко здружување, како и перење пари. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури и другите обвинети, меѓу кои е неговиот син, парите ги добивале преку генерирање фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде што бил вработен функционерот на ДУИ. Во тоа време Гури е раководно лице во УЈП. Освен основачи на фирми, има и вработени во УЈП и Министерството за финансии. Целата шема била фиктивно да враќаат ДДВ. Извор: Скопје1

The post Ексфункционерот од ДУИ, Гури, наместо во ќелија, се шета по клиники: Постојано е болен откако му одредија притвор appeared first on Република.

]]>
Триесет дена притвор за функционерот на ДУИ, Исмет Гури https://republika.mk/vesti/makedonija/trieset-dena-pritvor-za-funktsionerot-na-dui-ismet-guri/ Wed, 19 Jul 2023 17:35:09 +0000 https://republika.mk/?p=663265

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје одреди 30 дена притвор за поранешниот заменик директор во Дирекцијата на Управата за јавни приходи и функционер на ДУИ, Исмет Гури, и уште две други лица од истрагата што се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари. Притвор по пронаоѓање е определен и за уште едно лице.

Притворот е определен по барање на Јавното обвинителство дека постојат околности што го оправдуваат стравот од опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата.

Според Јавното обвинителство, со намера за себе да стекнат противправна имотна корист, осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.

The post Триесет дена притвор за функционерот на ДУИ, Исмет Гури appeared first on Република.

]]>

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје одреди 30 дена притвор за поранешниот заменик директор во Дирекцијата на Управата за јавни приходи и функционер на ДУИ, Исмет Гури, и уште две други лица од истрагата што се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари. Притвор по пронаоѓање е определен и за уште едно лице. Притворот е определен по барање на Јавното обвинителство дека постојат околности што го оправдуваат стравот од опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата. Според Јавното обвинителство, со намера за себе да стекнат противправна имотна корист, осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.

The post Триесет дена притвор за функционерот на ДУИ, Исмет Гури appeared first on Република.

]]>
Исмет Гури донесен во Основен кривичен суд Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/ismet-guri-donesen-vo-osnoven-krivichen-sud-skopje/ Wed, 19 Jul 2023 15:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=663220

Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е донесен во Основниот кривичен суд Скопје, потврдуваат од Судот за МИА.

Поранешниот заменик директор во дирекцијата на Управата за јавни приходи во Скопје е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за која соопштија утрово од Обвинителството.

Од Обвинителството велат дека со намера за себе да стекнат противправна имотна корист, осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот од опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, од Обвинителството на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе му предложат определување на мерката притвор за тројца осомничени, а за другите ќе предложат други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката.

The post Исмет Гури донесен во Основен кривичен суд Скопје appeared first on Република.

]]>

Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е донесен во Основниот кривичен суд Скопје, потврдуваат од Судот за МИА. Поранешниот заменик директор во дирекцијата на Управата за јавни приходи во Скопје е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за која соопштија утрово од Обвинителството. Од Обвинителството велат дека со намера за себе да стекнат противправна имотна корист, осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра. Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот од опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, од Обвинителството на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе му предложат определување на мерката притвор за тројца осомничени, а за другите ќе предложат други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката.

The post Исмет Гури донесен во Основен кривичен суд Скопје appeared first on Република.

]]>
Детали за денешната полициска акција: Како со лажни фактури и поврат се краделе и переле државни пари https://republika.mk/vesti/makedonija/detali-za-deneshnata-politsiska-aktsija-kako-so-lazhni-fakturi-i-povrat-se-kradele-i-perele-drzhavni-pari/ Wed, 19 Jul 2023 11:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=663117

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15 физички лица и три правни лица, и тоа против 11 физички лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по чл. 394, од кои против девет за сторено кривично дело „даночна измама“ по чл. 279-А ст. 2, додека едно лице освен за овие две дела, заедно со уште четири физички и три правни лица се сомничат дека сториле кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/makedonija/utrovo-se-uapseni-nekolku-chlenovi-na-dui/

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд - Скопје ќе предложи определување на мерката притвор за тројца осомничени, додека за останатите ќе предложи други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката.

Инаку, тројца од пријавените, меѓу кои и раководно лице од УЈП, информираа од МВР, во септември 2020 година организирале злосторничко здружување кон кое подоцна се приклучиле уште осум лица, меѓу кои и двајца вработени во УЈП. Останатите управители или сопственици на правни лица, во текот на 2020 и 2021 година на организиран начин преку осум правни лица од Скопје издавале фиктивни фактури и генерирале фиктивни барања кон УЈП за поврат на данок, со што ги сториле споменатите кривични дела и се стекнале со противправна имотна корист на штета на буџетски средства. Прво и второпријавениот, иако не се сопственици, управители и овластени лица на сметките на правните субјекти, појаснуваат од МВР, тие реално управувале, координирале и давале инструции за постапување, а за активностите го известувале третопријавеното раководно лице од УЈП.

Оваа организирана криминална група правните субјекти ги користела за издавање на лажни фактури едни кон други, без да постојат реални деловни активности, и врз основа на овие фактури до УЈП биле доставувани ДДВ - даночни пријави, со цел неосновано побарување на поврат на данок т.е. врз основа на овие фактури била прокнижувана аконтација која понатаму се користела за пребивање на даночни долгови, кои трети лица, исто така правни субјекти, ги имале како обврска кон УЈП. Овие правни лица биле користени како даночни гаранти така што со даночни должници биле склучувани договори согласно кои осумте правни лица биле даночните гаранти и за тоа ги користеле нереалните даночни аконтации кои ги имале кон УЈП. Организаторите за целата оваа осмислена шема за возврат добивале стока, движен и недвижен имот како луксузни возила, станови и сл., кои подоцна ги препродавале на трети лица со што противправно се стекнувале со материјална корист, соопштија од МВР.

Додаваат дека оваа криминална група преку четири правни лица од Скопје, во периодот од 2020 до 2021 година, со склучување на договори за даночни гаранти, неосновано, на штета на буџетските средства пребиле данок во вкупен износ од 51.626.637 ден. (или 837.458 евра), при што дел од нелегално стекнатите парични средства преку повеќе трансакции биле искористени за купување на недвижен имот во вкупна вредност од околу 150.000 евра на име на еден од пријавените, син на третопријавениот, а дел биле пуштени во легалните финансиски текови преку повеќе готовински уплати и трансакции по основ на наводни позајмици.

Дел од нелегално стекнатата имотна корист, третопријавениот ја легализирал преку пријавените овластени лица на банкарските сметки на правните субјекти и пријавените правни лица, преку повеќе меѓусебни трансакции.

Третопријавениот на овој начин легализирал и износ од 15.259.870 ден. (или 248.128 евра), при што уплати на сметка на едно од пријавените правни лица по основ на „дневен пазар“ во повеќе трансакции по основ на „позајмица“ биле трансферирани на сметката на другото пријавено правно лице. Овие средства понатаму, од страна на правното лице биле користени за откуп на девизи, плаќање на фактури кон домашни и странски правни лица за увоз или набавка на стока, а дел од средствата, односно 110.000 ден. (или 1.789 еур) биле префрлени на сметка на синот на третопријавениот, се наведува во соопштението.

Со сите овие инкриминирачки дејанија, оваа криминална група на организиран начин ги сторила кривичните дела опфатени во кривичната пријава, со што членовите на оваа група за себе прибавиле противправна имотна корист, а на буџетските средства била нанесена штета во вкупен износ од 51.626.637 ден. (или 837.458 евра).

Инаку, утрово се спроведени претреси на седум локации, при што од слобода се лишени три лица кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка. При претресите се запленети мобилни телефони и документација, а при претресите на две локации беа пронајдени и запленети вкупно 35 куршуми, од кои осум куршуми со калибар 6,5 мм, 10 куршуми со калибар 7,65 и 17 куршуми со калибар 9 мм, при што дополнително се приведени две лица, за кои по документирање на случаите ќе следува соодветна пријава.

Од Јавно обвинителство информираат дека по повеќемесечна предистражна постапка координирана од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска од страна на МВР е реализирана акција и по поднесената кривична пријава, предметниот обвинител донел Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица.

Врз основа на спроведените предистражни дејствија постои основано сомнение дека осомничените сториле кривични дела и тоа: 11 лица сториле кривично дело Злосторничко здружување од чл.394, од нив деветмина се осомничени дека сториле и кривично дело Даночна измама од чл.279-а, додека третоосомничениот освен за овие две кривични дела, заедно со останатите четворица осомничени и осомничените правни лица се товарат дека сториле кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик, додаваат од Јавно обвинителство.

Појаснуваат дека во текот на октомври 2020 година, во угостителски објект во Скопје, тројца од осомничените, запознавајќи се преку заеднички пријател, формирале злосторничко здружување заради вршење на кривичното дело даночна измама.

Притоа ги поделиле своите улоги, па така, првоосомничениот го користел својот должничко доверителски однос со едно правно лице, а второосомничениот бил задолжен да наоѓа фиктивни правни лица и да формира нови правни лица преку кои ќе генерираат фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи. За таа цел на располагање имале осум правни лица со кои реално, но не и формално управувале. Како раководно лице во УЈП, третоосомничениот иако немал надлежност, од вработените во УЈП, електронски добивал известувања и постојано бил во тек со фиктивниот поврат на незаконски средства врз основа на одобрени барања за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок и тоа исклучиво за фиктивните даночни гаранти, соопштија од ЈО.

Подоцна како членови на злосторничкото здружување се приклучиле уште осуммина осомничени при што двајца од нив имале задача да учествуваат во подготовка на потребната документација за формирање и промени во правните лица и подготвување на потребната документација за даночните пријави, како и за склучување на Договори за пребивање на данок со фиктивните гаранти. Шестоосомничената пак, како сметководител на дел од правните лица со кои располагале организаторите на здружувањето, била задолжена да ја подготвува фиктивната документација на правните лица до УЈП за даночната пријава ДДВ 04, а заради добивање на нелегален поврат на парични средства од данок на додадена вредност од УЈП. Двајца осомничени – вработени во УЈП, имале задолжение да ги одобруваат барањата за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок на правните лица, а тројца осомничени – управители на дел од правните лица, имале задача како даночни гаранти на даночни должници да склучуваат договори преку кои за возврат добивале стока – гориво, движен имот – луксузни возила или недвижен имот – станови, кои подоцна ги препродавале на трети лица, со што противправно се стекнувале со парични средства во готовина, па врз основа на таквите фиктивни договори издавале невистинити фактури, со пресметан ДДВ, едни кон други, а потоа доставувале барања за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок до Управата за јавни приходи.

Во временскиот период од 01.01.2021 година до 12.10.2021 година, во Скопје, третоосомничениот и останатите четири осомничени лица, како и осомничените правни лица, со намера да го прикријат потеклото на паричните средства, пуштиле во оптек пари во вкупен износ од 24.484.870,00 денари, за кои знаеле дека потекнуваат од кривично дело – Даночна измама. Така, откако третоосомничениот ќе ги добиел парите од кривичното дело, дел ги пуштал во промет во име и корист за неговиот син, кој исто така е осомничен во овој предмет. Притоа во име и корист за неговиот син бил купен недвижен имот – деловен простор со површина од 102 м2 во вкупна вредност од околу 150.000 евра и на име позајмица од осомничените правни лица во повеќе наврати, за оваа цел, му биле префрлани парични средства. Нелегални пари во износ од 15.259.870,00 денари, третоосомничениот со цел да ги легализира ги дал во готово на осомничено овластено лице кое пак во повеќе наврати, како дневен промет ги внело на сметките на своето правно лице, а потоа повторно во повеќе наврати – трансакции, на име на позајмица биле префрлени од неговото осомничено правно лице на осомниченото правно лице сопственост на синот на третоосомничениот, се појаснува во соопштението од Јавно обвинителство.

The post Детали за денешната полициска акција: Како со лажни фактури и поврат се краделе и переле државни пари appeared first on Република.

]]>

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15 физички лица и три правни лица, и тоа против 11 физички лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по чл. 394, од кои против девет за сторено кривично дело „даночна измама“ по чл. 279-А ст. 2, додека едно лице освен за овие две дела, заедно со уште четири физички и три правни лица се сомничат дека сториле кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/makedonija/utrovo-se-uapseni-nekolku-chlenovi-na-dui/ Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд - Скопје ќе предложи определување на мерката притвор за тројца осомничени, додека за останатите ќе предложи други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката. Инаку, тројца од пријавените, меѓу кои и раководно лице од УЈП, информираа од МВР, во септември 2020 година организирале злосторничко здружување кон кое подоцна се приклучиле уште осум лица, меѓу кои и двајца вработени во УЈП. Останатите управители или сопственици на правни лица, во текот на 2020 и 2021 година на организиран начин преку осум правни лица од Скопје издавале фиктивни фактури и генерирале фиктивни барања кон УЈП за поврат на данок, со што ги сториле споменатите кривични дела и се стекнале со противправна имотна корист на штета на буџетски средства. Прво и второпријавениот, иако не се сопственици, управители и овластени лица на сметките на правните субјекти, појаснуваат од МВР, тие реално управувале, координирале и давале инструции за постапување, а за активностите го известувале третопријавеното раководно лице од УЈП.
Оваа организирана криминална група правните субјекти ги користела за издавање на лажни фактури едни кон други, без да постојат реални деловни активности, и врз основа на овие фактури до УЈП биле доставувани ДДВ - даночни пријави, со цел неосновано побарување на поврат на данок т.е. врз основа на овие фактури била прокнижувана аконтација која понатаму се користела за пребивање на даночни долгови, кои трети лица, исто така правни субјекти, ги имале како обврска кон УЈП. Овие правни лица биле користени како даночни гаранти така што со даночни должници биле склучувани договори согласно кои осумте правни лица биле даночните гаранти и за тоа ги користеле нереалните даночни аконтации кои ги имале кон УЈП. Организаторите за целата оваа осмислена шема за возврат добивале стока, движен и недвижен имот како луксузни возила, станови и сл., кои подоцна ги препродавале на трети лица со што противправно се стекнувале со материјална корист, соопштија од МВР.
Додаваат дека оваа криминална група преку четири правни лица од Скопје, во периодот од 2020 до 2021 година, со склучување на договори за даночни гаранти, неосновано, на штета на буџетските средства пребиле данок во вкупен износ од 51.626.637 ден. (или 837.458 евра), при што дел од нелегално стекнатите парични средства преку повеќе трансакции биле искористени за купување на недвижен имот во вкупна вредност од околу 150.000 евра на име на еден од пријавените, син на третопријавениот, а дел биле пуштени во легалните финансиски текови преку повеќе готовински уплати и трансакции по основ на наводни позајмици. Дел од нелегално стекнатата имотна корист, третопријавениот ја легализирал преку пријавените овластени лица на банкарските сметки на правните субјекти и пријавените правни лица, преку повеќе меѓусебни трансакции.
Третопријавениот на овој начин легализирал и износ од 15.259.870 ден. (или 248.128 евра), при што уплати на сметка на едно од пријавените правни лица по основ на „дневен пазар“ во повеќе трансакции по основ на „позајмица“ биле трансферирани на сметката на другото пријавено правно лице. Овие средства понатаму, од страна на правното лице биле користени за откуп на девизи, плаќање на фактури кон домашни и странски правни лица за увоз или набавка на стока, а дел од средствата, односно 110.000 ден. (или 1.789 еур) биле префрлени на сметка на синот на третопријавениот, се наведува во соопштението.
Со сите овие инкриминирачки дејанија, оваа криминална група на организиран начин ги сторила кривичните дела опфатени во кривичната пријава, со што членовите на оваа група за себе прибавиле противправна имотна корист, а на буџетските средства била нанесена штета во вкупен износ од 51.626.637 ден. (или 837.458 евра). Инаку, утрово се спроведени претреси на седум локации, при што од слобода се лишени три лица кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка. При претресите се запленети мобилни телефони и документација, а при претресите на две локации беа пронајдени и запленети вкупно 35 куршуми, од кои осум куршуми со калибар 6,5 мм, 10 куршуми со калибар 7,65 и 17 куршуми со калибар 9 мм, при што дополнително се приведени две лица, за кои по документирање на случаите ќе следува соодветна пријава. Од Јавно обвинителство информираат дека по повеќемесечна предистражна постапка координирана од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска од страна на МВР е реализирана акција и по поднесената кривична пријава, предметниот обвинител донел Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица.