искасан Archives - Република https://republika.mk/tema/iskasan/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Jan 2023 18:45:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png искасан Archives - Република https://republika.mk/tema/iskasan/ 32 32 Претходно нападнале и девојче: Уапсена жената што ги ранела кучињата што до смрт го искасаа новинарот Радосављевиќ https://republika.mk/vesti/balkan/prethodno-napadnale-i-devojche-uapsena-zhenata-shto-gi-ranela-kuchinata-shto-do-smrt-go-iskasaa-novinarot-radosavlevik/ Sat, 07 Jan 2023 09:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=594167

Српската полиција ја уапсила Виолета Миросавиќ, жената која била ангажирана да ги храни и чува кучињата кои до смрт го искасаа новинарот Владан Радосављевиќ, а тешко ја повредиле неговата сопруга, објави „Блиц“. Полицијата се сомнева дека таа дошла кај нив да ги нахрани, а потоа ги оставила во необезбеден бокс.

Виолета од селото Друлпа кај Велике Иванче на своите социјални мрежи редовно објавувала повици за пронаоѓање на кучиња кои исчезнале во околината каде што живеела и апелирала до нејзините сограѓани да помогнат. Сега ѝ се закануваат осум години затвор поради несовесно предизвикување јавна опасност. Таа ќе биде во притвор во следните 48 часа.

Како што објавува порталот „Блиц“, против неа веќе се води постапка во Основното јавно обвинителство Младеновац поради сомнение дека сторила кривично дело предизвикување општа опасност, затоа што истите кучиња кои го нападнаа новинарот на 1 ноември нападнале девојче и му нанеле полесни повреди.

Бев таму да ги нахранам кучињата. Тие беа мирни. Никогаш досега никого не нападнале, рекла Виолета М.

На Виолета М. пред неколку месеци ѝ платила Миланка С., сопственичката на кучињата која живее во Франција, да ги храни. Како што вели таа, пред трагедијата дошла во викендицата, ги хранела кучињата, а не мисли дека кучињата го нападнале Владан затоа што биле гладни.

Радосављевиќ , еден од основачите на продукциската група „Мрежа“, по нападот искрварил до смрт и починал на лице место. Кучињата тешко ја повредиле и неговата сопруга. Тие биле нападнати во близина на нивната викенд куќа на Космај… Како што беше соопштено од Ветерина Белград, кучињата имале сопственик и биле јасно облежани со ланчиња на кои биле испишани телефонските броеви на нивните сопственици.

Се работи за еден стафорд, мешавина од стафорд и питбул, а третото е мешавина и релативно крупно. Сите три кучиња во таа смисла очигледно како да биле научени да напаѓаат луѓе, рекоа оттаму.

The post Претходно нападнале и девојче: Уапсена жената што ги ранела кучињата што до смрт го искасаа новинарот Радосављевиќ appeared first on Република.

]]>

Српската полиција ја уапсила Виолета Миросавиќ, жената која била ангажирана да ги храни и чува кучињата кои до смрт го искасаа новинарот Владан Радосављевиќ, а тешко ја повредиле неговата сопруга, објави „Блиц“. Полицијата се сомнева дека таа дошла кај нив да ги нахрани, а потоа ги оставила во необезбеден бокс. Виолета од селото Друлпа кај Велике Иванче на своите социјални мрежи редовно објавувала повици за пронаоѓање на кучиња кои исчезнале во околината каде што живеела и апелирала до нејзините сограѓани да помогнат. Сега ѝ се закануваат осум години затвор поради несовесно предизвикување јавна опасност. Таа ќе биде во притвор во следните 48 часа. Како што објавува порталот „Блиц“, против неа веќе се води постапка во Основното јавно обвинителство Младеновац поради сомнение дека сторила кривично дело предизвикување општа опасност, затоа што истите кучиња кои го нападнаа новинарот на 1 ноември нападнале девојче и му нанеле полесни повреди.
Бев таму да ги нахранам кучињата. Тие беа мирни. Никогаш досега никого не нападнале, рекла Виолета М.
На Виолета М. пред неколку месеци ѝ платила Миланка С., сопственичката на кучињата која живее во Франција, да ги храни. Како што вели таа, пред трагедијата дошла во викендицата, ги хранела кучињата, а не мисли дека кучињата го нападнале Владан затоа што биле гладни. Радосављевиќ , еден од основачите на продукциската група „Мрежа“, по нападот искрварил до смрт и починал на лице место. Кучињата тешко ја повредиле и неговата сопруга. Тие биле нападнати во близина на нивната викенд куќа на Космај… Како што беше соопштено од Ветерина Белград, кучињата имале сопственик и биле јасно облежани со ланчиња на кои биле испишани телефонските броеви на нивните сопственици.
Се работи за еден стафорд, мешавина од стафорд и питбул, а третото е мешавина и релативно крупно. Сите три кучиња во таа смисла очигледно како да биле научени да напаѓаат луѓе, рекоа оттаму.

The post Претходно нападнале и девојче: Уапсена жената што ги ранела кучињата што до смрт го искасаа новинарот Радосављевиќ appeared first on Република.

]]>
Спасен велешанец кој бил донесен во болница во кома, целиот искасан од оси https://republika.mk/vesti/crna-hronika/spasen-veleshanec-koj-bil-donesen-vo-bolnica-vo-koma-celiot-iskasan-od-osi/ Tue, 12 Jul 2022 14:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=527599

Маж на околу 60 години од велешката населба Речани, целиот искасан од оси и во состојба на кома, денеска со Брза помош бил однесен итно во велешката болница.

Д-р Милка Панова од Брза помош во Велес, за МИА изјави дека повикот го добиле во 11.05 часот и кога стигнале, лицето било во кома и без знаци на живот, со повеќе убоди од оси на рацете, лицето и по целото тело.

Веднаш го реанимиравме и му дадовме соодветна терапија, бидејќи беше очигледно дека лицето е алергично на оси и во состојба на кома, итно со нашето возило на Брза помош го однесовме во велешката болница, информира д-р Панова.

Д-р Eлена Левкова-Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, за МИА изјави дека мажот бил донесен во тешка состојба, но по укажаната медицинска помош и по неколкучасовно посматрање се освестил и во добра здравствена состојба од велешката болница бил пуштен на домашно лекување.

Д-р Панова од Брзата помош вели дека каснувањата од оси, пчели, стршлени и други инсекти е често во летните месеци. Дел од каснатите сами се јавуваат во Брза помош, а има и во тешка состојба за кои случајот го пријавуваат нивни роднини и пријатели и случајни минувачи.

Препорачливо е граѓаните да внимаваат каде и како се движат, а посебно оние кои се алергични на оси, пчели и други инсекти, да ја носат со себе потребната терапија за да го заштитат својот живот. Некои од алергичните кои не се заштитени, за жал, завршуваат и фатално, предупредува д-р Панова.

Таа информира дека годинава немало пријави за каснување од змија како во изминатите лета кога најчесто биле каснати луѓе кои работат во полињата и на отворено.

 

The post Спасен велешанец кој бил донесен во болница во кома, целиот искасан од оси appeared first on Република.

]]>

Маж на околу 60 години од велешката населба Речани, целиот искасан од оси и во состојба на кома, денеска со Брза помош бил однесен итно во велешката болница. Д-р Милка Панова од Брза помош во Велес, за МИА изјави дека повикот го добиле во 11.05 часот и кога стигнале, лицето било во кома и без знаци на живот, со повеќе убоди од оси на рацете, лицето и по целото тело.
Веднаш го реанимиравме и му дадовме соодветна терапија, бидејќи беше очигледно дека лицето е алергично на оси и во состојба на кома, итно со нашето возило на Брза помош го однесовме во велешката болница, информира д-р Панова.
Д-р Eлена Левкова-Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, за МИА изјави дека мажот бил донесен во тешка состојба, но по укажаната медицинска помош и по неколкучасовно посматрање се освестил и во добра здравствена состојба од велешката болница бил пуштен на домашно лекување. Д-р Панова од Брзата помош вели дека каснувањата од оси, пчели, стршлени и други инсекти е често во летните месеци. Дел од каснатите сами се јавуваат во Брза помош, а има и во тешка состојба за кои случајот го пријавуваат нивни роднини и пријатели и случајни минувачи.
Препорачливо е граѓаните да внимаваат каде и како се движат, а посебно оние кои се алергични на оси, пчели и други инсекти, да ја носат со себе потребната терапија за да го заштитат својот живот. Некои од алергичните кои не се заштитени, за жал, завршуваат и фатално, предупредува д-р Панова.
Таа информира дека годинава немало пријави за каснување од змија како во изминатите лета кога најчесто биле каснати луѓе кои работат во полињата и на отворено.  

The post Спасен велешанец кој бил донесен во болница во кома, целиот искасан од оси appeared first on Република.

]]>