исчезнати туристи Archives - Република https://republika.mk/tema/ischeznati-turisti/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Jul 2022 06:23:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исчезнати туристи Archives - Република https://republika.mk/tema/ischeznati-turisti/ 32 32 Продолжува потрагата по Мартин во Грција, семејството и другарите молат за помош https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzuva-potragata-po-martin-vo-grcija-semejstvoto-i-drugarite-molat-za-pomosh/ Thu, 14 Jul 2022 06:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=528424

Според информациите на грчките надлежни служби, потрагата по нашиот исчезнат државјанин во Грција продолжува и утре, шести ден.

https://republika.mk/vesti/makedonija/donirajte-ivan-apelira-da-mu-pomogneme-na-semejstvoto-na-martin/

Како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население.

– Нашите претставништва остануваат во постојан контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатото момче, и секоја нова информација навремено ќе биде пренесена, информираа од Министерството за надворешни работи.

The post Продолжува потрагата по Мартин во Грција, семејството и другарите молат за помош appeared first on Република.

]]>

Според информациите на грчките надлежни служби, потрагата по нашиот исчезнат државјанин во Грција продолжува и утре, шести ден. https://republika.mk/vesti/makedonija/donirajte-ivan-apelira-da-mu-pomogneme-na-semejstvoto-na-martin/ Како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население. – Нашите претставништва остануваат во постојан контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатото момче, и секоја нова информација навремено ќе биде пренесена, информираа од Министерството за надворешни работи.

The post Продолжува потрагата по Мартин во Грција, семејството и другарите молат за помош appeared first on Република.

]]>
Потрагата по Мартин на Халкидики продолжува со дронови и куче трагач https://republika.mk/vesti/balkan/potragata-po-martin-na-halkidiki-prodolzuva-so-dronovi-i-kuche-tragach/ Wed, 13 Jul 2022 07:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=527850

Денеска на Халкидики во напорите за лоцирање на 31-годишниот Мартин влегуваат воздушен дрон и куче трагач, објавија грчките медиуми. На петтиот ден од потрагата по Јовановски остануваат вклучени властите и волонтери.

Според информациите на Voria.gr, два воздушни дрона на ОФКАТХ како и куче спасител со дресерката Марија Арманиду денеска ќе се обидат да го лоцираат 31-годишниот Мартин кој отишол на Халкидики со група од десетина луѓе на одмор и за да го прослави роденденот на 30-годишниот Иван, кој пак бил првиот кој нурнал за да го спаси кога тој очајно барал помош заедно со нивниот друг пријател, 25-годишниот Васил, кога морските струи ги однеле.

Денеска ќе продолжат да дејствуваат и пешадиските единици на спасувачите.

Дрон ќе ја пребарува областа кон Аја Параскеви бидејќи е непристапна и не може да се стигне со подводниот дрон.

Капетанијата на пристаништата ги продолжува увидите за лоцирање на 31-годишникот со брод, иако помина третиот 24-часовен рок што го предвидува грчкиот закон. Но по комуникацијата на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи со грчкиот колега Никос Дендиас, потрагата ќе продолжи и по законскиот рок од 72 часа.

Во исто време, неговиот брат Мартин со објава на социјалните мрежи ја пренесува страшната мака што ја доживува тој, нивната мајка и другите членови од семејството на 31-годишниот.

Меѓу другото, тој се заблагодари на македонскиот конзулат во Солун за координирање на истрагите како и на спасувачите на ОФКАТХ за континуираната помош во потрагата на отворено море за лоцирање на неговиот 31-годишен брат.

Упатувам голема благодарност до ОФКАТ екипата на спасувачи од Грција и до Генералниот конзулат во Солун, кои изминатите три дена се заедно со нашето семејство во потратата по нашиот Мартин. Мојата мајка и нашето семејство и пријатели сè уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме нашата влада и нашето Министерство за надворешни работи да се најде начин да продолжи потрагата, бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска, на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно ги молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можела Владата да организира некаква акција. Не смееме да дозволиме да се откажеме додека не се пронајде Мартин, вели тој и апелира овој негов апел да се споделува.

Кога мајката на Мартин дознала за исчезнувањето на нејзиниот син била во САД за да го посети другиот син, каде тој работи како готвач, но пресиноќа пристигнала во Солун, а вчера се упати во Неа Скиони за да биде поблиску до службите кои трагаат по нејзиниот сакан Мартин.

Потрагата на доброволците за лоцирање на 31-годишниот Мартин во поширокото море во Посиди продолжуви и вчера, но без резултат. Крајбрежната стража засега ја прекина потрагата поради временските неприлики.

The post Потрагата по Мартин на Халкидики продолжува со дронови и куче трагач appeared first on Република.

]]>

Денеска на Халкидики во напорите за лоцирање на 31-годишниот Мартин влегуваат воздушен дрон и куче трагач, објавија грчките медиуми. На петтиот ден од потрагата по Јовановски остануваат вклучени властите и волонтери. Според информациите на Voria.gr, два воздушни дрона на ОФКАТХ како и куче спасител со дресерката Марија Арманиду денеска ќе се обидат да го лоцираат 31-годишниот Мартин кој отишол на Халкидики со група од десетина луѓе на одмор и за да го прослави роденденот на 30-годишниот Иван, кој пак бил првиот кој нурнал за да го спаси кога тој очајно барал помош заедно со нивниот друг пријател, 25-годишниот Васил, кога морските струи ги однеле. Денеска ќе продолжат да дејствуваат и пешадиските единици на спасувачите. Дрон ќе ја пребарува областа кон Аја Параскеви бидејќи е непристапна и не може да се стигне со подводниот дрон. Капетанијата на пристаништата ги продолжува увидите за лоцирање на 31-годишникот со брод, иако помина третиот 24-часовен рок што го предвидува грчкиот закон. Но по комуникацијата на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи со грчкиот колега Никос Дендиас, потрагата ќе продолжи и по законскиот рок од 72 часа. Во исто време, неговиот брат Мартин со објава на социјалните мрежи ја пренесува страшната мака што ја доживува тој, нивната мајка и другите членови од семејството на 31-годишниот. Меѓу другото, тој се заблагодари на македонскиот конзулат во Солун за координирање на истрагите како и на спасувачите на ОФКАТХ за континуираната помош во потрагата на отворено море за лоцирање на неговиот 31-годишен брат.
Упатувам голема благодарност до ОФКАТ екипата на спасувачи од Грција и до Генералниот конзулат во Солун, кои изминатите три дена се заедно со нашето семејство во потратата по нашиот Мартин. Мојата мајка и нашето семејство и пријатели сè уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме нашата влада и нашето Министерство за надворешни работи да се најде начин да продолжи потрагата, бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска, на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно ги молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можела Владата да организира некаква акција. Не смееме да дозволиме да се откажеме додека не се пронајде Мартин, вели тој и апелира овој негов апел да се споделува.
Кога мајката на Мартин дознала за исчезнувањето на нејзиниот син била во САД за да го посети другиот син, каде тој работи како готвач, но пресиноќа пристигнала во Солун, а вчера се упати во Неа Скиони за да биде поблиску до службите кои трагаат по нејзиниот сакан Мартин. Потрагата на доброволците за лоцирање на 31-годишниот Мартин во поширокото море во Посиди продолжуви и вчера, но без резултат. Крајбрежната стража засега ја прекина потрагата поради временските неприлики.

The post Потрагата по Мартин на Халкидики продолжува со дронови и куче трагач appeared first on Република.

]]>
Братот на Мартин со апел до македонските власти – помогнете потрагата да продолжи и да не заврши денес https://republika.mk/vesti/makedonija/bratot-na-martin-so-apel-do-makedonskite-vlasti-pomognete-potragata-da-prodolzi-i-da-ne-zavrshi-denes/ Tue, 12 Jul 2022 13:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=527586

Горан Јовановски, братот на Мартин, третиот од исчезнатите Македонци на Халкидики, по кого денеска четврт декн трага грчката крајбежна служба и надлежните органи, денеска се обрати со апел до македонските власти за поголема помош.

Тој и неговата мајка од САД вчера пристигнаа во Грција и велат не губат надеж дека Мартин ќе биде пронајден.

https://republika.mk/vesti/balkan/imame-verba-veli-majkata-na-ischeznatiot-martin-za-grchki-mediumi/

Упатувам голема благодарност до ОФКАТ екипата на спасувачи од Грција и до Генералниот конзулат во Солун, кои изминатите три дена се заедно со нашето семејство во потратата по нашиот Мартин. Мојата мајка и нашето семејство и пријатели сè уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме нашата влада и нашето Министерство за надворешни работи да се најде начин да продолжи потрагата, бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска, на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно ги молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можела Владата да организира некаква акција. Не смееме да дозволиме да се откажеме додека не се пронајде Мартин, вели тој и апелира овој негов апел да се споделува.

Повеќе тука

The post Братот на Мартин со апел до македонските власти – помогнете потрагата да продолжи и да не заврши денес appeared first on Република.

]]>

Горан Јовановски, братот на Мартин, третиот од исчезнатите Македонци на Халкидики, по кого денеска четврт декн трага грчката крајбежна служба и надлежните органи, денеска се обрати со апел до македонските власти за поголема помош. Тој и неговата мајка од САД вчера пристигнаа во Грција и велат не губат надеж дека Мартин ќе биде пронајден. https://republika.mk/vesti/balkan/imame-verba-veli-majkata-na-ischeznatiot-martin-za-grchki-mediumi/ Упатувам голема благодарност до ОФКАТ екипата на спасувачи од Грција и до Генералниот конзулат во Солун, кои изминатите три дена се заедно со нашето семејство во потратата по нашиот Мартин. Мојата мајка и нашето семејство и пријатели сè уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме нашата влада и нашето Министерство за надворешни работи да се најде начин да продолжи потрагата, бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска, на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно ги молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можела Владата да организира некаква акција. Не смееме да дозволиме да се откажеме додека не се пронајде Мартин, вели тој и апелира овој негов апел да се споделува. Повеќе тука  

The post Братот на Мартин со апел до македонските власти – помогнете потрагата да продолжи и да не заврши денес appeared first on Република.

]]>
Продолжува потрагата по Мартин https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzuva-potragata-po-martin/ Tue, 12 Jul 2022 07:29:49 +0000 https://republika.mk/?p=527352

Утрово неколку бродови и групи доброволци во поповолни временски услови продолжи потрагата по Мартин кој во саботата исчезна во водите на Егејско Море кај Халкидики.

Во текот на денот повторно ќе биде активиран и хеликоптер најавуваат грчките власти.

Неговото семејство е веќе во Грција. Денеска ќе бидат во Скиони за да ја следат потрагата по Мартин. Тој е третиот од групата Македонци кои во саботата исчезнаа во морето откако влегле да се капат, а ги однеле силните струи.

Веќе во саботата беше пронајден Васил, а во неделата попладне на копно беше пренесен и Иван откако беше лоциран од товарен брод некаде околу пладне.

The post Продолжува потрагата по Мартин appeared first on Република.

]]>

Утрово неколку бродови и групи доброволци во поповолни временски услови продолжи потрагата по Мартин кој во саботата исчезна во водите на Егејско Море кај Халкидики. Во текот на денот повторно ќе биде активиран и хеликоптер најавуваат грчките власти. Неговото семејство е веќе во Грција. Денеска ќе бидат во Скиони за да ја следат потрагата по Мартин. Тој е третиот од групата Македонци кои во саботата исчезнаа во морето откако влегле да се капат, а ги однеле силните струи. Веќе во саботата беше пронајден Васил, а во неделата попладне на копно беше пренесен и Иван откако беше лоциран од товарен брод некаде околу пладне.

The post Продолжува потрагата по Мартин appeared first on Република.

]]>
Уникатна, но опасна: Плажата на која исчезнаа трите момчиња секоја година го менува својот лик https://republika.mk/zivot/patuvanja/unikatna-no-opasna-plazata-na-koja-ischeznaa-trite-momchinja-sekoja-godina-go-menuva-svojot-lik/ Mon, 11 Jul 2022 09:22:20 +0000 https://republika.mk/?p=526900

Спасувачката акција во полн капацитет по исчезнатиот македонски државјанин во местото Посиди, Грција, продолжува и денеска. Плажата на која одбрале да се забавуваат тројцата скопјани, мештаните ја избегнуваат поради силните струи. Се работи за прекрасно место кое привлекува туристи поради својот рајски изглед - но крие голема опасност.

На страницата на „Грчки кутак“ споделено е зошто треба да бидете особено внимателни во овој агол на Халкидики.

Посиди (или Амоглоса - песочен јазик во превод) е точката што го поврзува Солунскиот залив со Егејското Море. Обликот на оваа плажа се менува поради плимата и осеката... Кога дува северен ветер, врвот (или Мити-нос, како што го нарекуваат Грците) се свртува кон Солунскиот залив, а кога дува јужен ветер се врти кон спротивната страна, кон местото Посиди. Во околината има силни струи, при сите временски услови. Постарите секогаш ни велеа дека никогаш не треба да пливаме на самиот врв на плажата Посиди бидејќи струите влечат како правосмукалка. Во последните години се случува токму спротивното. Многу туристи се капат без да обрнат внимание на струите. Секоја година некој настрадува токму тука, објавија тие.

Инаку, 'ртот Посиди се наоѓа веднаш до местото Посиди (Касандра), 7 км од Скала Фурка и 9 км од Мола Калива. Плажата се наоѓа на крајниот западен 'рт Касандра. Поради плимата и осеката формата на оваа плажа се менува и секогаш е различна. Некогаш крајниот десен дел „тоне“ во морето и не се гледа, а понекогаш „излегува на површина“, но во поинаква форма од порано, пишува грчка инфо.

На истата локација се наведува дека силни морски струи и големи бранови може да се очекуваат на следните плажи: Рајска плажа на Тасос, Сарти на Ситонија, плажа Порто Кацики на Лефкада и плажа Миртос на Кефалонија. Внимавајте и на плажата Милош во Лефкада.

The post Уникатна, но опасна: Плажата на која исчезнаа трите момчиња секоја година го менува својот лик appeared first on Република.

]]>

Спасувачката акција во полн капацитет по исчезнатиот македонски државјанин во местото Посиди, Грција, продолжува и денеска. Плажата на која одбрале да се забавуваат тројцата скопјани, мештаните ја избегнуваат поради силните струи. Се работи за прекрасно место кое привлекува туристи поради својот рајски изглед - но крие голема опасност. На страницата на „Грчки кутак“ споделено е зошто треба да бидете особено внимателни во овој агол на Халкидики.
Посиди (или Амоглоса - песочен јазик во превод) е точката што го поврзува Солунскиот залив со Егејското Море. Обликот на оваа плажа се менува поради плимата и осеката... Кога дува северен ветер, врвот (или Мити-нос, како што го нарекуваат Грците) се свртува кон Солунскиот залив, а кога дува јужен ветер се врти кон спротивната страна, кон местото Посиди. Во околината има силни струи, при сите временски услови. Постарите секогаш ни велеа дека никогаш не треба да пливаме на самиот врв на плажата Посиди бидејќи струите влечат како правосмукалка. Во последните години се случува токму спротивното. Многу туристи се капат без да обрнат внимание на струите. Секоја година некој настрадува токму тука, објавија тие.
Инаку, 'ртот Посиди се наоѓа веднаш до местото Посиди (Касандра), 7 км од Скала Фурка и 9 км од Мола Калива. Плажата се наоѓа на крајниот западен 'рт Касандра. Поради плимата и осеката формата на оваа плажа се менува и секогаш е различна. Некогаш крајниот десен дел „тоне“ во морето и не се гледа, а понекогаш „излегува на површина“, но во поинаква форма од порано, пишува грчка инфо. На истата локација се наведува дека силни морски струи и големи бранови може да се очекуваат на следните плажи: Рајска плажа на Тасос, Сарти на Ситонија, плажа Порто Кацики на Лефкада и плажа Миртос на Кефалонија. Внимавајте и на плажата Милош во Лефкада.

The post Уникатна, но опасна: Плажата на која исчезнаа трите момчиња секоја година го менува својот лик appeared first on Република.

]]>
Искусен пливач во одлична кондиција: Издишана топка од Лидл само му помогнала на Иван да остане присебен https://republika.mk/vesti/balkan/iskusen-plivach-vo-odlichna-kondicija-izdishana-topka-od-lidl-samo-mu-pomognala-na-ivan-da-ostane-priseben/ Sun, 10 Jul 2022 20:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=526765

Топката што случајно ја нашол во морето на Халкидики го одржала во живот цели 20 часа. Новите слики ги доловуваат кошмарните моменти доживеани од тројцата Македонци, во време кога потрагата по третото 28-годишно лице се уште трае.

Животот на 30-годишниот Иван му го спасил чудо или подобро кажано топката која ја нашол во морето додека се борел за својот живот на Халкидики. Топка на надувување која ја држел сите тие кошмарни часови за да се одмори и да добие сила.

– Топката која ќе ја памети вечно, по она што го помина. Младиот човек е во болница, како и неговиот 25-годишен пријател, кој прв беше спасен. Двајцата размислуваат за 28-годишниот кој останува исчезнат на Халкидики. Третиот од групата, кој според информациите без да знае да плива се нурнал на опасно место, по роденденската забава, пишуваат медиумите.

Напладне се случи второто чудо. 30-годишниот Иван беше лоциран и спасен. Како што кажа, сиве овие часови ја држеше топката што ја гледате на следните фотографии и добиваше сила. Тој пиел вода од морето, но неговата здравствена состојба не предизвикува загриженост. Останува во болница на Халкидики и се обидува да се смири. Прашува за 28-годишникот кој е исчезнат, но засега нема добри вести. Со секој изминат час надежта сè повеќе се намалува.

„30-годишниот Иван пристигна во болницата видно дехидриран, но неговата многу добра физичка кондиција и фактот дека беше искусен пливач му го спасија животот. Секако, голема улога имаше и топката што ја најде, која го одржуваше на површина. И тој одлично се снајде со ситуацијата, односно воопшто не се замори и не дозволи морските струи да го „поведат“ со себе, беше прилично мирен“, вели градоначалничката на Касандра на Халкидики, Анастасија Чалкија.

The post Искусен пливач во одлична кондиција: Издишана топка од Лидл само му помогнала на Иван да остане присебен appeared first on Република.

]]>

Топката што случајно ја нашол во морето на Халкидики го одржала во живот цели 20 часа. Новите слики ги доловуваат кошмарните моменти доживеани од тројцата Македонци, во време кога потрагата по третото 28-годишно лице се уште трае. Животот на 30-годишниот Иван му го спасил чудо или подобро кажано топката која ја нашол во морето додека се борел за својот живот на Халкидики. Топка на надувување која ја држел сите тие кошмарни часови за да се одмори и да добие сила.
– Топката која ќе ја памети вечно, по она што го помина. Младиот човек е во болница, како и неговиот 25-годишен пријател, кој прв беше спасен. Двајцата размислуваат за 28-годишниот кој останува исчезнат на Халкидики. Третиот од групата, кој според информациите без да знае да плива се нурнал на опасно место, по роденденската забава, пишуваат медиумите.
Напладне се случи второто чудо. 30-годишниот Иван беше лоциран и спасен. Како што кажа, сиве овие часови ја држеше топката што ја гледате на следните фотографии и добиваше сила. Тој пиел вода од морето, но неговата здравствена состојба не предизвикува загриженост. Останува во болница на Халкидики и се обидува да се смири. Прашува за 28-годишникот кој е исчезнат, но засега нема добри вести. Со секој изминат час надежта сè повеќе се намалува.
„30-годишниот Иван пристигна во болницата видно дехидриран, но неговата многу добра физичка кондиција и фактот дека беше искусен пливач му го спасија животот. Секако, голема улога имаше и топката што ја најде, која го одржуваше на површина. И тој одлично се снајде со ситуацијата, односно воопшто не се замори и не дозволи морските струи да го „поведат“ со себе, беше прилично мирен“, вели градоначалничката на Касандра на Халкидики, Анастасија Чалкија.

The post Искусен пливач во одлична кондиција: Издишана топка од Лидл само му помогнала на Иван да остане присебен appeared first on Република.

]]>
Потрагата по третото момче ќе трае додека не се пронајде, велат од македонскиот конзулат во Солун https://republika.mk/vesti/balkan/potragata-po-tretoto-momche-kje-trae-dodeka-ne-se-pronajde-velat-od-makedonskiot-konzulat-vo-solun/ Sun, 10 Jul 2022 17:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=526630

Претставник на македонски конзулат во Солун за „Сител“ вели дека двете спасени момчиња се во добра здравствена состојба и дека потрагата по третото момче е во тек и ќе трае се дури не се пронајде.

Двете момчиња се во добра здравствена состојба. Потрагата по третото момче е се уште во тек и нема да биде откажана додека не се пронајде, вели тој.

Од Македонскиот конзулат во Солун за телевизијата велат дека се во постојана комуникаци со блиските на трите момчиња.

Во контaкт сум со сите и имаме најава дека родителите на третото момче ќе пристигнат утре. Значи во постојана комуникација сум со сите коишто се поврзани со трите момчиња, односно сите роднини и пријатели, додава претставникот на македонскиот конзулат во Солун.

The post Потрагата по третото момче ќе трае додека не се пронајде, велат од македонскиот конзулат во Солун appeared first on Република.

„Moрето беше мирно, сè се смени во две минути“, раскажува Васил првото спасено момче https://republika.mk/vesti/balkan/moreto-beshe-mirno-se-se-smeni-vo-dve-minuti-raskazuva-vasil-prvoto-spaseno-momche/ Sun, 10 Jul 2022 16:31:11 +0000 https://republika.mk/?p=526597

Дваесетипетгодишниот Васил Брезовски, првиот од тројцата Македoнци кои беа однесени во морето во Посиди на Халкидики, во интервју за грчките медиуми ги опишува драматичните моменти дo неговото спасување.

Отидовме да пливаме со моите пријатели, на место кое тогаш беше мирно, немаше проблем, ниту високи бранови, ниту многу ветер. Но, за две минути, без да сфатиме, сè се смени. Го загубивме вниманието на неколку минути, додека бевме во плиткото. Но, тоа беше доволно за времето да се промени и водата да не вовлече длабоко во морето, опишува тој за iefimerida.gr.

Раскажува дека се обидувал да остане смирен и над површината на водата.

До мене беше мојот друг пријател, третиот воопшто не го видов. Одеднаш и него го изгубив за неколку секунди, вели тој.

За негова среќа, сурфер му пришол на местото каде што бил. Тој не можел да му помогне, но му рекол да почека, да остане смирен и дека помош ќе дојде наскоро. Навистина, сурферот ја известил крајбрежната стража и им ја кажал точната локација на Васил. Останал со него се додека не стасале спасувачите и Васил не бил на безбедно.

Васил моментално останува во болницата Полигирос. Само што дознал дека е пронајден неговиот втор пријател и е безбеден, вели се надевам и посакувам да се најде и другиот.

Спасените сакале да пренесат и порака за своите спасувачи, преку iefimerida.gr.

Сакам јавно да им се заблагодарам на моите спасувачи од крајбрежната стража. Тие беа многу професионални. Им го должам мојот живот и наскоро ќе се обидам да ги видам лично, да им се заблагодарам, порачува Васил.

The post „Moрето беше мирно, сè се смени во две минути“, раскажува Васил првото спасено момче appeared first on Република.

]]>

Дваесетипетгодишниот Васил Брезовски, првиот од тројцата Македoнци кои беа однесени во морето во Посиди на Халкидики, во интервју за грчките медиуми ги опишува драматичните моменти дo неговото спасување.
Отидовме да пливаме со моите пријатели, на место кое тогаш беше мирно, немаше проблем, ниту високи бранови, ниту многу ветер. Но, за две минути, без да сфатиме, сè се смени. Го загубивме вниманието на неколку минути, додека бевме во плиткото. Но, тоа беше доволно за времето да се промени и водата да не вовлече длабоко во морето, опишува тој за iefimerida.gr.
Раскажува дека се обидувал да остане смирен и над површината на водата.
До мене беше мојот друг пријател, третиот воопшто не го видов. Одеднаш и него го изгубив за неколку секунди, вели тој.
За негова среќа, сурфер му пришол на местото каде што бил. Тој не можел да му помогне, но му рекол да почека, да остане смирен и дека помош ќе дојде наскоро. Навистина, сурферот ја известил крајбрежната стража и им ја кажал точната локација на Васил. Останал со него се додека не стасале спасувачите и Васил не бил на безбедно. Васил моментално останува во болницата Полигирос. Само што дознал дека е пронајден неговиот втор пријател и е безбеден, вели се надевам и посакувам да се најде и другиот. Спасените сакале да пренесат и порака за своите спасувачи, преку iefimerida.gr.
Сакам јавно да им се заблагодарам на моите спасувачи од крајбрежната стража. Тие беа многу професионални. Им го должам мојот живот и наскоро ќе се обидам да ги видам лично, да им се заблагодарам, порачува Васил.

The post „Moрето беше мирно, сè се смени во две минути“, раскажува Васил првото спасено момче appeared first on Република.

]]>
Градоначалничката на Касандра пресреќна за спасениот Иван: Сите се надеваме дека ќе го најдеме и третото момче https://republika.mk/vesti/balkan/gradonachalnichkata-na-kasandra-presrekjna-za-spaseniot-ivan-site-se-nadevame-deka-kje-go-najdeme-i-tretoto-momche/ Sun, 10 Jul 2022 14:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=526557

Топка, не многу голема, веројатно од оние за одбојка или ракомет на плажа, залутана во длабочината на морето, малку издишана, но според градоначалничката на општина Касандра Анастасиа Халкиа, доволна да спаси човечки живот, животот на 30-годишниот Иван, кој по 19 часа сега е веќе на копно и во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Градоначалничката, која уште од првиот момент вчера, одблиску ја следи спасувачката акција за пронаоѓањето на македонските туристи кои исчезнаа во немирното море на првиот крак на Халкидики, во разговор со дописничката на МИА од Атина, открива детали, како 30-годишниот успеал да преживее.

https://republika.mk/vesti/balkan/ivan-uspeal-da-prezivee-19-chasa-vo-moreto-drzejkji-se-za-zalutana-topka/

Искрено сум многу среќна откако дознав дека е жив по 19 часа борба во морето. Една топка се најде пред него и оваа топка беше неговиот спас, вели градоначалничката која не може да ја скрие радоста што момчето беше пронајдено живо, особено по толку часови во морето.

Вели дека станува збор за силно, паметно, спортски градено момче, разговарала со него и е во добра здравствена состојба, „секако дехидриран е и уморен, што е нормално“.

Објаснува дека првично бил пренесен во здравствениот дом во Касандра, а оттаму префрлен во болница во Солун, за да му се направат сите испитувања и „за да бидеме 100 отсто сигурни дека е се во ред“.

Мислам дека имаше или има роденден. Господ му подари голем подарок, му даде живот. Му посакувам да е жив и здрав, а следната моја желба е да се најде и третото момче. Сите помагаме во потрагата, сите волонтери од општина Касандра се таму, рибарите, се разбира, военото воздухопловство, крајбрежната служба, сите спасувачки тимови, објаснува Халкиа за МИА.

https://youtu.be/CWmSLcb9ecY

Додава дека со спасувањето на Иван ѝ се вратила надежта дека може и третото момче да биде пронајдено живо.

Акција и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на последниот од тројцата исчезнат, односно 28-годишен македонски државјанин.

Вчера попладне тројцата државјани на Македонија влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот.

Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата.

Еден од тројцата пријатели, 25-годишниот вчера беше спасен по поминати околу два часа во вода, додека пак денеска, беше пронајден и 30-годишниот.

Со насмевка на лицето, смирен, опуштен и во добро расположение, спасениот денеска стапна на копно, а на пристаништето беше пречекан со аплауз од присутните, но и од голем број новинарски екипи кои од вчера детално го следат случајот со исчезнатите македонски туристи.

На еден од чамците на спасувачките екипи, додека траеше потрагата беа и братот и таткото на спасениот, кои од Македонија пристигнале на Халкидики.

The post Градоначалничката на Касандра пресреќна за спасениот Иван: Сите се надеваме дека ќе го најдеме и третото момче appeared first on Република.

]]>

Топка, не многу голема, веројатно од оние за одбојка или ракомет на плажа, залутана во длабочината на морето, малку издишана, но според градоначалничката на општина Касандра Анастасиа Халкиа, доволна да спаси човечки живот, животот на 30-годишниот Иван, кој по 19 часа сега е веќе на копно и во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалничката, која уште од првиот момент вчера, одблиску ја следи спасувачката акција за пронаоѓањето на македонските туристи кои исчезнаа во немирното море на првиот крак на Халкидики, во разговор со дописничката на МИА од Атина, открива детали, како 30-годишниот успеал да преживее. https://republika.mk/vesti/balkan/ivan-uspeal-da-prezivee-19-chasa-vo-moreto-drzejkji-se-za-zalutana-topka/

Искрено сум многу среќна откако дознав дека е жив по 19 часа борба во морето. Една топка се најде пред него и оваа топка беше неговиот спас, вели градоначалничката која не може да ја скрие радоста што момчето беше пронајдено живо, особено по толку часови во морето.

Вели дека станува збор за силно, паметно, спортски градено момче, разговарала со него и е во добра здравствена состојба, „секако дехидриран е и уморен, што е нормално“. Објаснува дека првично бил пренесен во здравствениот дом во Касандра, а оттаму префрлен во болница во Солун, за да му се направат сите испитувања и „за да бидеме 100 отсто сигурни дека е се во ред“.
Мислам дека имаше или има роденден. Господ му подари голем подарок, му даде живот. Му посакувам да е жив и здрав, а следната моја желба е да се најде и третото момче. Сите помагаме во потрагата, сите волонтери од општина Касандра се таму, рибарите, се разбира, военото воздухопловство, крајбрежната служба, сите спасувачки тимови, објаснува Халкиа за МИА.
https://youtu.be/CWmSLcb9ecY Додава дека со спасувањето на Иван ѝ се вратила надежта дека може и третото момче да биде пронајдено живо. Акција и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на последниот од тројцата исчезнат, односно 28-годишен македонски државјанин. Вчера попладне тројцата државјани на Македонија влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот. Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата. Еден од тројцата пријатели, 25-годишниот вчера беше спасен по поминати околу два часа во вода, додека пак денеска, беше пронајден и 30-годишниот. Со насмевка на лицето, смирен, опуштен и во добро расположение, спасениот денеска стапна на копно, а на пристаништето беше пречекан со аплауз од присутните, но и од голем број новинарски екипи кои од вчера детално го следат случајот со исчезнатите македонски туристи. На еден од чамците на спасувачките екипи, додека траеше потрагата беа и братот и таткото на спасениот, кои од Македонија пристигнале на Халкидики.

The post Градоначалничката на Касандра пресреќна за спасениот Иван: Сите се надеваме дека ќе го најдеме и третото момче appeared first on Република.

]]>
Иван успеал да преживее 19 часа во морето држејќи се за залутана топка https://republika.mk/vesti/makedonija/ivan-uspeal-da-prezivee-19-chasa-vo-moreto-drzejkji-se-za-zalutana-topka/ Sun, 10 Jul 2022 14:25:06 +0000 https://republika.mk/?p=526553

Македонецот Иван, кој вчера ја организирал забавата за својот 30-ти роденден, што се претвори во голгота за него и двајцата другари, успеал да преживее повеќе од 18 часа во водите на Егејското Море, држејќи се за топка која ја донел ветерот, ѝ кажал тој на градоначалничката на Касандра на Халкидики.

Како што пишува грчкиот весник „Прототема“, Иван бил пронајден жив и здрав околу 12.30 часот, и покрај тоа што безмалку 19 часа се борел со брановите. Во неколкуте зборови што им ги кажа на новинарите, тој рече дека тоа што бил спасен е најголемиот подарок за неговиот роденден. Татко му и брат му, кои со часови беа на еден од бродовите, се втурнаа во неговите прегратки, видно олеснети што голготата е завршена, а Иван е жив и здрав, пишува весникот.

https://youtu.be/M_NlI7Qxh1c

Како што кажал на градоначалничката на Касандра, Анастасија Халкија, која од првиот момент бeше на местото на настанот и го придружувaше до Здравствениот дом, тој успеал да преживее бидејќи пронашол топка која ветерот ја донел во морето, ја фатил и се држел за неа додека бродот не го забележал.

Многу сме среќни поради среќниот крај. Момчето е во добра здравствена состојба, прилично дехидрирано, но е добро“. Пред малку ми кажа дека успеал да преживее благодарение на топката што ја нашол во морето. Успеал да ја држи топката цели 19 часа. Тој е многу силно дете и е во добра форма, паметен и одлично се справуваше со себе, изјави таа за „Прототема“.

Младиот човек е многу среќен што успеал повторно да стапне на копно и се чини дека е во добра здравствена состојба и покрај неговата долга авантура. Тој, според „Прототема“, побарал од градоначалникот на Касандра да направат заедничка фотографија.

Во исто време, продолжува потрагата по третото момче од Македонија кое од вчера попладне се води како исчезнато во морската област Посеиди. Од рано утрово, во потрагата се вклучени хеликоптер на грчката армија, два чамци на крајбрежната стража и пет приватни брода.

https://republika.mk/vesti/balkan/topkata-shto-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan-pred-desetina-dena-ja-izgubile-dve-deca-kaj-lemnos/

Сѐ започнало кога тројцата Македонци за време на роденденска забава на плажа, вчера доцна попладне решиле да се нурнат во морето. Но, силниот ветер и морските струи набргу ги повлекле кон отвореното море и тие се изгубиле од видикот. Дел од капачите на плажата сфатиле што се случило, но сѐ се одвивало во неколку секунди и немале време да реагираат. Веднаш ги известиле надлежните и започнала потрага по трите момчиња, пишува „Прототема“.

Под координација на Единствениот координативен центар за пребарување и спасување, на местото на настанот пристигнале брод на крајбрежната стража, патролно возило, хеликоптер на воздухопловните сили, два приватни чамци и доброволци на грчкиот спасувачки тим и започнале со потрага по лицата.

Претходно, вчера 25-годишникот беше пронајден жив со помош на сурфер, кој нурнал во водата и го држел момчето додека не пристигнал бродот на крајбрежната стража. Според информациите, тој е во добра здравствена состојба.

https://republika.mk/vesti/balkan/ova-e-momcheto-od-makedonija-koe-e-spaseno-vo-posleden-moment-na-halkidiki/

The post Иван успеал да преживее 19 часа во морето држејќи се за залутана топка appeared first on Република.

]]>

Македонецот Иван, кој вчера ја организирал забавата за својот 30-ти роденден, што се претвори во голгота за него и двајцата другари, успеал да преживее повеќе од 18 часа во водите на Егејското Море, држејќи се за топка која ја донел ветерот, ѝ кажал тој на градоначалничката на Касандра на Халкидики. Како што пишува грчкиот весник „Прототема“, Иван бил пронајден жив и здрав околу 12.30 часот, и покрај тоа што безмалку 19 часа се борел со брановите. Во неколкуте зборови што им ги кажа на новинарите, тој рече дека тоа што бил спасен е најголемиот подарок за неговиот роденден. Татко му и брат му, кои со часови беа на еден од бродовите, се втурнаа во неговите прегратки, видно олеснети што голготата е завршена, а Иван е жив и здрав, пишува весникот. https://youtu.be/M_NlI7Qxh1c Како што кажал на градоначалничката на Касандра, Анастасија Халкија, која од првиот момент бeше на местото на настанот и го придружувaше до Здравствениот дом, тој успеал да преживее бидејќи пронашол топка која ветерот ја донел во морето, ја фатил и се држел за неа додека бродот не го забележал.
Многу сме среќни поради среќниот крај. Момчето е во добра здравствена состојба, прилично дехидрирано, но е добро“. Пред малку ми кажа дека успеал да преживее благодарение на топката што ја нашол во морето. Успеал да ја држи топката цели 19 часа. Тој е многу силно дете и е во добра форма, паметен и одлично се справуваше со себе, изјави таа за „Прототема“.
Младиот човек е многу среќен што успеал повторно да стапне на копно и се чини дека е во добра здравствена состојба и покрај неговата долга авантура. Тој, според „Прототема“, побарал од градоначалникот на Касандра да направат заедничка фотографија. Во исто време, продолжува потрагата по третото момче од Македонија кое од вчера попладне се води како исчезнато во морската област Посеиди. Од рано утрово, во потрагата се вклучени хеликоптер на грчката армија, два чамци на крајбрежната стража и пет приватни брода. https://republika.mk/vesti/balkan/topkata-shto-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan-pred-desetina-dena-ja-izgubile-dve-deca-kaj-lemnos/ Сѐ започнало кога тројцата Македонци за време на роденденска забава на плажа, вчера доцна попладне решиле да се нурнат во морето. Но, силниот ветер и морските струи набргу ги повлекле кон отвореното море и тие се изгубиле од видикот. Дел од капачите на плажата сфатиле што се случило, но сѐ се одвивало во неколку секунди и немале време да реагираат. Веднаш ги известиле надлежните и започнала потрага по трите момчиња, пишува „Прототема“. Под координација на Единствениот координативен центар за пребарување и спасување, на местото на настанот пристигнале брод на крајбрежната стража, патролно возило, хеликоптер на воздухопловните сили, два приватни чамци и доброволци на грчкиот спасувачки тим и започнале со потрага по лицата. Претходно, вчера 25-годишникот беше пронајден жив со помош на сурфер, кој нурнал во водата и го држел момчето додека не пристигнал бродот на крајбрежната стража. Според информациите, тој е во добра здравствена состојба. https://republika.mk/vesti/balkan/ova-e-momcheto-od-makedonija-koe-e-spaseno-vo-posleden-moment-na-halkidiki/

The post Иван успеал да преживее 19 часа во морето држејќи се за залутана топка appeared first on Република.

]]>
Потврдено: Исчезнатите во Посеида се од Македонија, по двајца се уште се трага https://republika.mk/vesti/balkan/potvrdeno-ischeznatite-vo-poseida-se-od-makedonija-po-dvajca-se-ushte-se-traga/ Sat, 09 Jul 2022 20:24:52 +0000 https://republika.mk/?p=526415

Сите тројца исчезнати кај Посеида се од Македонија, на возраст од 25, 28 и 30 години објави грчката телевизија „Скај“.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=24&v=QmzbY1FoGqo&feature=emb_title

„Еден од нив беше пронајден и донесен со брод. Тој е во добра здравствена состојба. Ги бараме другите две лица. Тие пливаа а потоа се изгубија. Тука брановите се непредвидливи, има доста струи и веројатно ќе треба време да ги најдеме. Се надеваме дека струјата не ги повлекла многу далеку“, рече Темелис Иерисиотис, претседател на крајбрежната стража.

Неофицијално, славеле роденден на плажа, по што одеднаш биле однесени од струите на морето. За нивното лоцирање се користат 3 брода на крајбрежната стража и разни бродови кои пловат во таа област, а исто така во потрагата се користат и хеликоптери.

https://www.youtube.com/watch?v=4XQAsMxmWo4&t=1s

The post Потврдено: Исчезнатите во Посеида се од Македонија, по двајца се уште се трага appeared first on Република.

]]>

Сите тројца исчезнати кај Посеида се од Македонија, на возраст од 25, 28 и 30 години објави грчката телевизија „Скај“. https://www.youtube.com/watch?time_continue=24&v=QmzbY1FoGqo&feature=emb_title
„Еден од нив беше пронајден и донесен со брод. Тој е во добра здравствена состојба. Ги бараме другите две лица. Тие пливаа а потоа се изгубија. Тука брановите се непредвидливи, има доста струи и веројатно ќе треба време да ги најдеме. Се надеваме дека струјата не ги повлекла многу далеку“, рече Темелис Иерисиотис, претседател на крајбрежната стража.
Неофицијално, славеле роденден на плажа, по што одеднаш биле однесени од струите на морето. За нивното лоцирање се користат 3 брода на крајбрежната стража и разни бродови кои пловат во таа област, а исто така во потрагата се користат и хеликоптери. https://www.youtube.com/watch?v=4XQAsMxmWo4&t=1s

The post Потврдено: Исчезнатите во Посеида се од Македонија, по двајца се уште се трага appeared first on Република.

]]>