Ирска Archives - Република https://republika.mk/tema/irska/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 13:09:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ирска Archives - Република https://republika.mk/tema/irska/ 32 32 Во Ирска запленет кокаин вреден 10,5 милиони евра, припаѓал на албанска криминална банда https://republika.mk/vesti/svet/vo-irska-zaplenet-kokain-vreden-10-5-milioni-evra-pripagal-na-albanska-kriminalna-banda/ Wed, 14 Aug 2024 13:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=806525

Инспектори од ирското Националното биро за дрога, секторот за борба против трговија со наркотици и царинските власти, во пристаниште во Даблин заплениле кокаин вреден 10,5 милиони евра, прошверцувана од албанска криминална банда.

Кокаинот припаѓа на албанска криминална банда која продолжува тесно да соработува со ирските банди. Имаа олеснувачи во Мексико кои можеа да ја договорат пратката до Ирска. Истрагата од пошироки размери продолжува, соопшти ирската полиција.

Дрогата била транспортирана од Колумбија преку Мексико до Ирска, а крајна дестинација на кокаинот бил европскиот и ирскиот наркопазар.

Пратката била откриена во тесна соработка со меѓународни партнери во транснационалната операција за трговија со дрога. Истражителите веруваат дека бандата тесно соработува со мексиканските наркокартели. Но, нивната дистрибутивна мрежа сега е демонтирана откако дрогата беше запленета во пристаништето Даблин, наведуваат албанските медиуми.

Пред два дена во италијанското пристаниште Ливорно уапсени беа тројца Албанци и запленети 148 килограми кокаин, прошверцуван од Еквадор, скриен во пратка со банани наменета за Швајцарија.

The post Во Ирска запленет кокаин вреден 10,5 милиони евра, припаѓал на албанска криминална банда appeared first on Република.

]]>

Инспектори од ирското Националното биро за дрога, секторот за борба против трговија со наркотици и царинските власти, во пристаниште во Даблин заплениле кокаин вреден 10,5 милиони евра, прошверцувана од албанска криминална банда. Кокаинот припаѓа на албанска криминална банда која продолжува тесно да соработува со ирските банди. Имаа олеснувачи во Мексико кои можеа да ја договорат пратката до Ирска. Истрагата од пошироки размери продолжува, соопшти ирската полиција. Дрогата била транспортирана од Колумбија преку Мексико до Ирска, а крајна дестинација на кокаинот бил европскиот и ирскиот наркопазар. Пратката била откриена во тесна соработка со меѓународни партнери во транснационалната операција за трговија со дрога. Истражителите веруваат дека бандата тесно соработува со мексиканските наркокартели. Но, нивната дистрибутивна мрежа сега е демонтирана откако дрогата беше запленета во пристаништето Даблин, наведуваат албанските медиуми. Пред два дена во италијанското пристаниште Ливорно уапсени беа тројца Албанци и запленети 148 килограми кокаин, прошверцуван од Еквадор, скриен во пратка со банани наменета за Швајцарија.

The post Во Ирска запленет кокаин вреден 10,5 милиони евра, припаѓал на албанска криминална банда appeared first on Република.

]]>
И Ирска денеска ја призна Палестина, по Шпанија и Норвешка https://republika.mk/vesti/svet/i-irska-deneska-ja-prizna-palestina-po-shpanija-i-norveshka/ Tue, 28 May 2024 12:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=782441

Ирска денеска официјално ја призна државата Палестина, откако одлуката беше усвоена од парламентот на оваа островска земја.

Владата ја признава Палестина како суверена и независна држава и се согласи да воспостави целосни дипломатски односи меѓу Даблин и Рамала. Ирскиот амбасадор во државата Палестина ќе биде назначен заедно со останатите вработени во ирската амбасада во Рамала, соопшти ирската Влада, пренесе Ал Џезира.

Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно денеска објави дека Шпанија ја признала палестинската држава која ги вклучува Појасот Газа и Западниот Брег, обединети под палестинската национална управа, со главен град источен Ерусалим.

Санчез во телевизиско обраќање рече дека Шпанија нема да признае никакви промени на палестинските граници по 1967 година, освен ако сите страни не постигнат договор за тоа.

Заедно со Ирска и Шпанија, Палестина денеска ја призна и Норвешка.

Норвешка е еден од најверните бранители на палестинската држава повеќе од 30 години, рече норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде по стапувањето на сила на признавањето на државата

The post И Ирска денеска ја призна Палестина, по Шпанија и Норвешка appeared first on Република.

]]>

Ирска денеска официјално ја призна државата Палестина, откако одлуката беше усвоена од парламентот на оваа островска земја. Владата ја признава Палестина како суверена и независна држава и се согласи да воспостави целосни дипломатски односи меѓу Даблин и Рамала. Ирскиот амбасадор во државата Палестина ќе биде назначен заедно со останатите вработени во ирската амбасада во Рамала, соопшти ирската Влада, пренесе Ал Џезира. Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно денеска објави дека Шпанија ја признала палестинската држава која ги вклучува Појасот Газа и Западниот Брег, обединети под палестинската национална управа, со главен град источен Ерусалим. Санчез во телевизиско обраќање рече дека Шпанија нема да признае никакви промени на палестинските граници по 1967 година, освен ако сите страни не постигнат договор за тоа. Заедно со Ирска и Шпанија, Палестина денеска ја призна и Норвешка. Норвешка е еден од најверните бранители на палестинската држава повеќе од 30 години, рече норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде по стапувањето на сила на признавањето на државата

The post И Ирска денеска ја призна Палестина, по Шпанија и Норвешка appeared first on Република.

]]>
Северна Ирска на референдум ќе одлучува за обединување со Република Ирска https://republika.mk/vesti/severna-irska-na-referendum-ke-odluchuva-za-obedinuvane-so-republika-irska/ Sun, 04 Feb 2024 17:09:33 +0000 https://republika.mk/?p=740265

Новата премиерка на Северна Ирска, Мишел О’Нил денеска изјави дека е за референдум за обединување со Република Ирска во следните десет години.

Во своето прво интервју откако во саботата беше избрана да ја води владата на таа британска провинција, таа рече дека нејзиниот избор за премиер ја покажува промената што се случува на островот, објави Скај њуз.

На прашањето дали „очекува референдум за обединување на Северна Исрка со Република Ирска во следните 10 години, Мишел О'Нил, која е потпретседателка на Шин Фејн, одговори потврдно.

- Да, верувам дека сме во деценија на можности. Толку многу работи се менуваат. Претходно, беше незамисливо премиерот на Северна Ирска да биде националистички републиканец, вели О'Нил.

Мишел О'Нил (47) стана премиер по две години политичка парализа во Северна Ирска. Таа е првиот републикански премиер од Шин Фејн, поранешното политичко крило на Ирската републиканска армија (ИРА).

Според неа, Шин Фејн може да ја дели власта со владејачката Демократска унионистичка партија (ДУП), иако унионистите се залагаат да ја задржат Северна Ирска во рамките на Велика Британија.

- Можеме да ја споделиме моќта и да ја направиме Северна Ирска стабилна, можеме да работиме заедно во поглед на јавните услуги, а исто така да ги следиме легитимните аспирации, рече О'Нил.

Британската влада, пак, веќе се изјасни дека „не гледа реална перспектива“ за таков референдум и верува дека иднината на Северна Ирска е „загарантирана во следните децении“ во рамките на Обединетото Кралство.

The post Северна Ирска на референдум ќе одлучува за обединување со Република Ирска appeared first on Република.

]]>

Новата премиерка на Северна Ирска, Мишел О’Нил денеска изјави дека е за референдум за обединување со Република Ирска во следните десет години. Во своето прво интервју откако во саботата беше избрана да ја води владата на таа британска провинција, таа рече дека нејзиниот избор за премиер ја покажува промената што се случува на островот, објави Скај њуз. На прашањето дали „очекува референдум за обединување на Северна Исрка со Република Ирска во следните 10 години, Мишел О'Нил, која е потпретседателка на Шин Фејн, одговори потврдно.
- Да, верувам дека сме во деценија на можности. Толку многу работи се менуваат. Претходно, беше незамисливо премиерот на Северна Ирска да биде националистички републиканец, вели О'Нил.
Мишел О'Нил (47) стана премиер по две години политичка парализа во Северна Ирска. Таа е првиот републикански премиер од Шин Фејн, поранешното политичко крило на Ирската републиканска армија (ИРА). Според неа, Шин Фејн може да ја дели власта со владејачката Демократска унионистичка партија (ДУП), иако унионистите се залагаат да ја задржат Северна Ирска во рамките на Велика Британија.
- Можеме да ја споделиме моќта и да ја направиме Северна Ирска стабилна, можеме да работиме заедно во поглед на јавните услуги, а исто така да ги следиме легитимните аспирации, рече О'Нил.
Британската влада, пак, веќе се изјасни дека „не гледа реална перспектива“ за таков референдум и верува дека иднината на Северна Ирска е „загарантирана во следните децении“ во рамките на Обединетото Кралство.

The post Северна Ирска на референдум ќе одлучува за обединување со Република Ирска appeared first on Република.

]]>
Големо невреме ја парализираше Ирска, граѓани останаа без струја, откажани стотина летови https://republika.mk/vesti/svet/golemo-nevreme-ja-paralizirashe-irska-gragani-ostanaa-bez-struja-otkazhani-stotina-letovi/ Mon, 22 Jan 2024 07:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=735267

Најмалку 170.000 домаќинства и бизниси синоќаа останаа без струја како последица на силното невреме што ја погоди Ирска. Црвен метео аларм е издаден за округот Донегал, јавува „Ајриш тајмс“

На социјалините мрежи се споделуваат снимки од последиците од бурата Иша. Високите бранови на брегот сведочат за разорната моќ на ветровите. Соборени се многу дрвја и далноводи, поради што пожарникарите имаат полни раце работа. Силниот ветер корне дрвја во делови од Кери. Некои патишта беа блокирани поради паднати дрвја.

Авиокомпаниите вчера откажаа 148 летови до и од аеродромот во Даблин поради невремето, соопшти аеродромскиот оператор.

Бурата Иша, исто така, принуди приземјување на 24 авиони вчера до 17 часот, додека 27 авиони беа пренасочени кон други аеродроми, соопшти аеродромот во Даблин на платформата X.

Во меѓувреме, аеродромот Шипхол во Амстердам откажа 130 летови закажани за денеска како мерка на претпазливост поради силните ветрови што се очекуваат кога бурата Иша ќе стигне до Холандија.

The post Големо невреме ја парализираше Ирска, граѓани останаа без струја, откажани стотина летови appeared first on Република.

]]>

Најмалку 170.000 домаќинства и бизниси синоќаа останаа без струја како последица на силното невреме што ја погоди Ирска. Црвен метео аларм е издаден за округот Донегал, јавува „Ајриш тајмс“ На социјалините мрежи се споделуваат снимки од последиците од бурата Иша. Високите бранови на брегот сведочат за разорната моќ на ветровите. Соборени се многу дрвја и далноводи, поради што пожарникарите имаат полни раце работа. Силниот ветер корне дрвја во делови од Кери. Некои патишта беа блокирани поради паднати дрвја. Авиокомпаниите вчера откажаа 148 летови до и од аеродромот во Даблин поради невремето, соопшти аеродромскиот оператор. Бурата Иша, исто така, принуди приземјување на 24 авиони вчера до 17 часот, додека 27 авиони беа пренасочени кон други аеродроми, соопшти аеродромот во Даблин на платформата X. Во меѓувреме, аеродромот Шипхол во Амстердам откажа 130 летови закажани за денеска како мерка на претпазливост поради силните ветрови што се очекуваат кога бурата Иша ќе стигне до Холандија.

The post Големо невреме ја парализираше Ирска, граѓани останаа без струја, откажани стотина летови appeared first on Република.

]]>
Ирска ќе ја намали поддршката за прием на Украинците https://republika.mk/vesti/svet/irska-ke-ja-namali-poddrshkata-za-priem-na-ukraintsite/ Tue, 12 Dec 2023 21:22:37 +0000 https://republika.mk/?p=722364

Ирската Влада денеска соопшти дека ќе ја намали поддршката за Украинците кои бегаат од војната, во согласност со другите европски земји.

Земјата од пет милиони жители прими 101.200 луѓе од Украина, од кои 74.500 се на товар на државата.

Според ирската Влада, повеќе од 16.000 се вработени.

Според измените најавени денеска, а кои ќе стапат во сила на почетокот на следната година, новодојдените од Украина ќе имаат право на сместување во период ограничен на 90 дена и во тој период ќе имаат право на неделен надомест од 38,80 евра по возрасен (во споредба со 220 € претходно) и 29,80 евра по дете.

Мерките ќе ја доведат Ирска „во согласност со другите земји од ЕУ“ во контекст на огромниот притисок за обезбедување станови.

– Овие промени се потребни за да се осигура дека Ирска може да продолжи да ги исполнува своите обврски за давање помош на корисниците на привремена заштита во согласност со расположливото сместување и во очекување дека Ирска ќе продолжи да прима околу 500 луѓе секоја недела, соопшти Владата.


(МИА)

The post Ирска ќе ја намали поддршката за прием на Украинците appeared first on Република.

]]>

Ирската Влада денеска соопшти дека ќе ја намали поддршката за Украинците кои бегаат од војната, во согласност со другите европски земји. Земјата од пет милиони жители прими 101.200 луѓе од Украина, од кои 74.500 се на товар на државата. Според ирската Влада, повеќе од 16.000 се вработени. Според измените најавени денеска, а кои ќе стапат во сила на почетокот на следната година, новодојдените од Украина ќе имаат право на сместување во период ограничен на 90 дена и во тој период ќе имаат право на неделен надомест од 38,80 евра по возрасен (во споредба со 220 € претходно) и 29,80 евра по дете. Мерките ќе ја доведат Ирска „во согласност со другите земји од ЕУ“ во контекст на огромниот притисок за обезбедување станови. – Овие промени се потребни за да се осигура дека Ирска може да продолжи да ги исполнува своите обврски за давање помош на корисниците на привремена заштита во согласност со расположливото сместување и во очекување дека Ирска ќе продолжи да прима околу 500 луѓе секоја недела, соопшти Владата.
(МИА)

The post Ирска ќе ја намали поддршката за прием на Украинците appeared first on Република.

]]>
Запленети над 2.000 килограми кокаин вреден 157 милиони евра во Ирска https://republika.mk/vesti/svet/zapleneti-nad-2-000-kilogrami-kokain-vreden-157-milioni-evra-vo-irska/ Wed, 27 Sep 2023 15:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=685730

Вкупно 2.253 килограми сомнителен кокаин со улична вредност од 157 милиони евра (166 милиони долари) се запленети од панамски товарен брод со потекло од Јужна Америка во близина на југоисточниот брег на Ирска, откако елитната ирска армиска единица спроведе голема операција.

Говорејќи на брифинг за медиумите во Даблин денеска, висок член на ирската полициска служба рече дека ова е најголемата заплена на дрога во историјата на државата.

Инспекторите веруваат дека не целата дрога била наменета за Ирска

The post Запленети над 2.000 килограми кокаин вреден 157 милиони евра во Ирска appeared first on Република.

]]>

Вкупно 2.253 килограми сомнителен кокаин со улична вредност од 157 милиони евра (166 милиони долари) се запленети од панамски товарен брод со потекло од Јужна Америка во близина на југоисточниот брег на Ирска, откако елитната ирска армиска единица спроведе голема операција. Говорејќи на брифинг за медиумите во Даблин денеска, висок член на ирската полициска служба рече дека ова е најголемата заплена на дрога во историјата на државата. Инспекторите веруваат дека не целата дрога била наменета за Ирска

The post Запленети над 2.000 килограми кокаин вреден 157 милиони евра во Ирска appeared first on Република.

]]>
Поради банкарска грешка, во Ирска се случи „напад“ на банкомати, луѓето вадеа пари што ги немаат на сметка! https://republika.mk/vesti/svet/poradi-bankarska-greshka-vo-irska-se-sluchi-napad-na-bankomati-lugeto-vadea-pari-shto-gi-nemaat-na-smetka/ Wed, 16 Aug 2023 12:50:22 +0000 https://republika.mk/?p=672775

Банката на Ирска се соочи со криза откако вчера вечерта илјадници нејзини клиенти се собраа на банкоматите обидувајќи се да го искористат големиот компјутерски дефект.

Дејли Мејл објави дека банката ги известила клиентите во раните попладневни часови дека има проблем со нејзината онлајн апликација за лично банкарство и веб-страницата, откако претходно била преплавена со поплаки од клиенти.

До вечерта, клиентите на банките открија дека можат да подигнат готовина од банкомати иако имаат малку пари на нивните сметки. На властите им беше наложено да ги исчистат редиците надвор од банкоматите додека луѓето стоеја обидувајќи се да ја искористат грешката.

Синоќа илјадници луѓе се наредија пред банкоматите за да подигнат пари што ги немаат на сметките.

Во некои случаи, грешка во онлајн апликацијата им дозволуваше на луѓето без пари на нивната сметка да префрлат до 1.000 евра на сметка на Revolut.

Тие потоа можеа да ја подигнат готовина од нивната сметка на Revolut преку кој било банкомат.
Како што вестите и видеата брзо се раширија на социјалните мрежи, избезуменото повлекување готовина продолжи во Даблин, Лимерик и Наван се додека полицајците не ги запреа, и покрај предупредувањата дека не постои бесплатна готовина и дека сите пари ќе мора да се вратат.

The post Поради банкарска грешка, во Ирска се случи „напад“ на банкомати, луѓето вадеа пари што ги немаат на сметка! appeared first on Република.

]]>

Банката на Ирска се соочи со криза откако вчера вечерта илјадници нејзини клиенти се собраа на банкоматите обидувајќи се да го искористат големиот компјутерски дефект. Дејли Мејл објави дека банката ги известила клиентите во раните попладневни часови дека има проблем со нејзината онлајн апликација за лично банкарство и веб-страницата, откако претходно била преплавена со поплаки од клиенти. До вечерта, клиентите на банките открија дека можат да подигнат готовина од банкомати иако имаат малку пари на нивните сметки. На властите им беше наложено да ги исчистат редиците надвор од банкоматите додека луѓето стоеја обидувајќи се да ја искористат грешката. Синоќа илјадници луѓе се наредија пред банкоматите за да подигнат пари што ги немаат на сметките. Во некои случаи, грешка во онлајн апликацијата им дозволуваше на луѓето без пари на нивната сметка да префрлат до 1.000 евра на сметка на Revolut. Тие потоа можеа да ја подигнат готовина од нивната сметка на Revolut преку кој било банкомат. Како што вестите и видеата брзо се раширија на социјалните мрежи, избезуменото повлекување готовина продолжи во Даблин, Лимерик и Наван се додека полицајците не ги запреа, и покрај предупредувањата дека не постои бесплатна готовина и дека сите пари ќе мора да се вратат.

The post Поради банкарска грешка, во Ирска се случи „напад“ на банкомати, луѓето вадеа пари што ги немаат на сметка! appeared first on Република.

]]>
Ирски град се обединува во обидот да забрани паметни телефони за деца https://republika.mk/vesti/svet/irski-grad-se-obedinuva-vo-obidot-da-zabrani-pametni-telefoni-za-detsa/ Sun, 04 Jun 2023 14:42:45 +0000 https://republika.mk/?p=647678

Родителите во ирскиот град Грејстоунс се здружија за да им кажат на своите деца дека не можат да имаат паметен телефон до средно училиште. Здруженијата на родители низ осумте основни училишта во областа усвоија слоган без паметни телефони за да претставуваат обединет фронт против детското лобирање.

Многу е полесно да се каже не. Колку подолго можеме да ја зачуваме нивната невиност, толку подобро“, вели Лора Борн, која има дете во основно училиште.

Училиштата и родителите во Каунти Виклоу ја презедоа иницијативата минатиот месец поради загриженоста дека паметните телефони поттикнуваат анксиозност и ги изложуваат децата на материјал за возрасни. Тоа е редок пример цел град да презема заеднички активности за тоа прашање.

Доброволниот пакт е да се задржат паметните телефони на децата – дома, во училиште, насекаде – додека не влезат во средно училиште. Се надеваат дека ако се примени на сите деца во областа, ќе се намали притисокот од врсниците и ќе ја намали секоја огорченост.

Детството станува се пократко и пократко. Деветгодишните деца почнаа да бараат паметни телефони“, вели Рејчел Харпер, директорка на училиштето Сент Патрик, која ја предводи иницијативата.

Претходно училиштата ги забрануваа или ограничуваа уредите на нивна основа, но сепак го видоа ефектот на социјалните мрежи врз децата кои имаат телефони, но и како тоа ја поттикна љубопитноста на другите ученици.

Политиката ширум градот ја намалува можноста детето да има врсник со паметен телефон и родителите можат да го претстават слоганот како училишно правило. Тие го сакаат тоа – сега можат да ги обвинат училиштата, вели Харпер.

Иницијативата привлече интерес од здруженијата на родители во Ирска и во странство и го поттикна ирскиот министер за здравство, Стивен Донели, кој живее во близина на Грејстоунс, да ја препорача како политика на национално ниво.

Ирска може да биде и мора да биде светски лидер во обезбедувањето дека децата и младите нема да бидат цел и да не бидат повредени од нивните интеракции со дигиталниот свет. Мораме да им олесниме на родителите да ја ограничат содржината на која се изложени нивните деца“, напиша тој во „Ајриш тајмсs“ оваа недела.

Харпер вели дека пактот Грејстоунс произлегол од децата кои покажуваат нивоа на анксиозност само делумно што се припишуваат на адаптацијата од ерата на Ковид.

Училиштата дистрибуираа прашалници меѓу родителите, што доведе до состанок на засегнатите страни во заедницата и иницијатива наречена „потребно е село“. Не сите родители ќе им одбијат паметен телефон на нивните деца од основно училиште. Тоа е доброволно, но доволно се пријавиле за да создадат чувство на критична маса. Се надевам дека по линијата ќе стане нова норма, вели Харпер.

Ники Бари, која има 11-годишно дете во основно училиште, вели дека ударот бил моментален.

Овој слоган прави голема разлика во мојот живот. Ако знам дека 90% од класот се согласуваат, тоа ми ја олеснува работата да кажам не“, вели таа.

Бари сака договорот да се прошири на раните години од средното училиште со оглед на ефектот на паметниот телефон врз нејзиното 13-годишно дете.

Тоа беше пропаст на мојот живот, ја изгубив ќерка ми. Кога е вклучена технологијата, тие седат таму како роботи зафатени во овој свет на ТикТок или што и да е, вели Бери.

Десетгодишната Џејн Капатина, ученичка на Свети Патрик, прифатила да нема паметен телефон најмалку уште две години.

Би сакала едно, би сакал да им праќам пораки на моите пријатели. Но, не сакам да станам зависна од тоа“, вели таа.

Нејзината осумгодишна сестра Рејчел го одобрува пактот.

Фер е ако никој не може да го има“, вели таа.

The post Ирски град се обединува во обидот да забрани паметни телефони за деца appeared first on Република.

]]>

Родителите во ирскиот град Грејстоунс се здружија за да им кажат на своите деца дека не можат да имаат паметен телефон до средно училиште. Здруженијата на родители низ осумте основни училишта во областа усвоија слоган без паметни телефони за да претставуваат обединет фронт против детското лобирање.
Многу е полесно да се каже не. Колку подолго можеме да ја зачуваме нивната невиност, толку подобро“, вели Лора Борн, која има дете во основно училиште.
Училиштата и родителите во Каунти Виклоу ја презедоа иницијативата минатиот месец поради загриженоста дека паметните телефони поттикнуваат анксиозност и ги изложуваат децата на материјал за возрасни. Тоа е редок пример цел град да презема заеднички активности за тоа прашање. Доброволниот пакт е да се задржат паметните телефони на децата – дома, во училиште, насекаде – додека не влезат во средно училиште. Се надеваат дека ако се примени на сите деца во областа, ќе се намали притисокот од врсниците и ќе ја намали секоја огорченост.
Детството станува се пократко и пократко. Деветгодишните деца почнаа да бараат паметни телефони“, вели Рејчел Харпер, директорка на училиштето Сент Патрик, која ја предводи иницијативата.
Претходно училиштата ги забрануваа или ограничуваа уредите на нивна основа, но сепак го видоа ефектот на социјалните мрежи врз децата кои имаат телефони, но и како тоа ја поттикна љубопитноста на другите ученици.
Политиката ширум градот ја намалува можноста детето да има врсник со паметен телефон и родителите можат да го претстават слоганот како училишно правило. Тие го сакаат тоа – сега можат да ги обвинат училиштата, вели Харпер.
Иницијативата привлече интерес од здруженијата на родители во Ирска и во странство и го поттикна ирскиот министер за здравство, Стивен Донели, кој живее во близина на Грејстоунс, да ја препорача како политика на национално ниво.
Ирска може да биде и мора да биде светски лидер во обезбедувањето дека децата и младите нема да бидат цел и да не бидат повредени од нивните интеракции со дигиталниот свет. Мораме да им олесниме на родителите да ја ограничат содржината на која се изложени нивните деца“, напиша тој во „Ајриш тајмсs“ оваа недела.
Харпер вели дека пактот Грејстоунс произлегол од децата кои покажуваат нивоа на анксиозност само делумно што се припишуваат на адаптацијата од ерата на Ковид.
Училиштата дистрибуираа прашалници меѓу родителите, што доведе до состанок на засегнатите страни во заедницата и иницијатива наречена „потребно е село“. Не сите родители ќе им одбијат паметен телефон на нивните деца од основно училиште. Тоа е доброволно, но доволно се пријавиле за да создадат чувство на критична маса. Се надевам дека по линијата ќе стане нова норма, вели Харпер.
Ники Бари, која има 11-годишно дете во основно училиште, вели дека ударот бил моментален.
Овој слоган прави голема разлика во мојот живот. Ако знам дека 90% од класот се согласуваат, тоа ми ја олеснува работата да кажам не“, вели таа.
Бари сака договорот да се прошири на раните години од средното училиште со оглед на ефектот на паметниот телефон врз нејзиното 13-годишно дете.
Тоа беше пропаст на мојот живот, ја изгубив ќерка ми. Кога е вклучена технологијата, тие седат таму како роботи зафатени во овој свет на ТикТок или што и да е, вели Бери.
Десетгодишната Џејн Капатина, ученичка на Свети Патрик, прифатила да нема паметен телефон најмалку уште две години.
Би сакала едно, би сакал да им праќам пораки на моите пријатели. Но, не сакам да станам зависна од тоа“, вели таа.
Нејзината осумгодишна сестра Рејчел го одобрува пактот.
Фер е ако никој не може да го има“, вели таа.

The post Ирски град се обединува во обидот да забрани паметни телефони за деца appeared first on Република.

]]>
Ирскиот премиер поднесе оставка https://republika.mk/vesti/svet/irskiot-premier-podnese-ostavka/ Sat, 17 Dec 2022 16:30:05 +0000 https://republika.mk/?p=586932

Ирскиот премиер Мајкл Мартин утрово поднесе оставка, а на негово место ќе дојде Лео Варадкар. Варадкар ќе биде потврден за премиер по втор пат во кариерата на специјалната седница на ирскиот парламент подоцна во текот на денот.

Лидерот на либералната партија Фајн Гаел ќе го замени демохристијанинот Мартин, лидер на партијата „Фијана Фаил“, според коалицискиот договор од 2020 година. Мартин ја поднесе својата оставка до ирскиот претседател Мајкл Д. Хигинс во неговата резиденција во Даблин.

Фијана Фаил и Фајн Гаел се договорија по изборите во 2020 година да ја споделат власта со Партијата на зелените. Фијана Фаил освои 38 места, поединечно најмногу од која било партија.

Шин Фејн, социјалистичката републиканска партија, која освои 37 пратенички места и најмногу гласови за предност, ги обвинува двете главни ривалски партии за заговор против неа за да ја соборат од власт и континуирано ја критикува владата како главна опозициска партија.

The post Ирскиот премиер поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Ирскиот премиер Мајкл Мартин утрово поднесе оставка, а на негово место ќе дојде Лео Варадкар. Варадкар ќе биде потврден за премиер по втор пат во кариерата на специјалната седница на ирскиот парламент подоцна во текот на денот. Лидерот на либералната партија Фајн Гаел ќе го замени демохристијанинот Мартин, лидер на партијата „Фијана Фаил“, според коалицискиот договор од 2020 година. Мартин ја поднесе својата оставка до ирскиот претседател Мајкл Д. Хигинс во неговата резиденција во Даблин. Фијана Фаил и Фајн Гаел се договорија по изборите во 2020 година да ја споделат власта со Партијата на зелените. Фијана Фаил освои 38 места, поединечно најмногу од која било партија. Шин Фејн, социјалистичката републиканска партија, која освои 37 пратенички места и најмногу гласови за предност, ги обвинува двете главни ривалски партии за заговор против неа за да ја соборат од власт и континуирано ја критикува владата како главна опозициска партија.

The post Ирскиот премиер поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Ирски навивачи еуфорично се радуваа на смртта на кралицата Елизабета https://republika.mk/sport/fudbal/irski-navivachi-euforichno-se-raduvaa-na-smrtta-na-kralicata-elizabeta/ Fri, 09 Sep 2022 11:52:03 +0000 https://republika.mk/?p=549072

Додека смртта на британската кралица Елизабета втора предизвика реакции и изјави на тага, имаше и такви што јавно се израдуваа на нејзиното починување.

Станува збор за навивачите на ирскиот фудбалски клуб Шамрок, кои на мечот од Конференциската лига против Ѓургарден ја славеа и правеа пародија од нејзината смрт.

Лизи е во ковчег, Лизи во ковчег - ечеше навивачката песна на стадионот.

https://twitter.com/NorthWestNHPUK/status/1567995334504189953?cxt=HHwWgsC8qd_c0cIrAAAA

Средбата во Даблин, инаку, заврши без голови.

 

The post Ирски навивачи еуфорично се радуваа на смртта на кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>

Додека смртта на британската кралица Елизабета втора предизвика реакции и изјави на тага, имаше и такви што јавно се израдуваа на нејзиното починување. Станува збор за навивачите на ирскиот фудбалски клуб Шамрок, кои на мечот од Конференциската лига против Ѓургарден ја славеа и правеа пародија од нејзината смрт.
Лизи е во ковчег, Лизи во ковчег - ечеше навивачката песна на стадионот.
https://twitter.com/NorthWestNHPUK/status/1567995334504189953?cxt=HHwWgsC8qd_c0cIrAAAA Средбата во Даблин, инаку, заврши без голови.  

The post Ирски навивачи еуфорично се радуваа на смртта на кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>
Шок во Ирска, на изборите победи Шин Фејн https://republika.mk/vesti/svet/shok-vo-irska-na-izborite-pobedi-shin-fejn/ Fri, 06 May 2022 20:16:24 +0000 https://republika.mk/?p=498783

Се чини дека Шин Фејн е на пат да стане најголемата партија во собранието на Северна Ирска, што претставува симболичен пробив за ирскиот национализам, според нецелосните изборни резултати во петокот.

Проекциите го ставаат Шин Фејн пред Демократската унионистичка партија (ДУП). Доколку се потврдат во конечните резултати, тоа ќе ѝ овозможи на партијата да испише историја и да предизвика шок за унионистите со номинирање на лидерката на партијата, Мишел О’Нил, за прв министер.

Другиот очигледен голем победник од изборите во четвртокот беше центристичката Алијанса, која оствари придобивки низ Северна Ирска, ставајќи ја на третото место и консолидирајќи го влијанието на гласачите кои ги избегнуваат националистичките и унионистичките етикети.

Во симболична смисла, Шин Фејн како најголема партија во Северна Ирска – ентитет создаден врз основа на унионистичко мнозинство – ќе биде сеизмички“, рече Џон Тонге, професор по политика на Универзитетот во Ливерпул и авторитет во регионот. „Партијата која не сака Северна Ирска да постои и дури одбива да го користи терминот Северна Ирска ќе стане нејзина најголема партија. Тоа нема да предизвика тргање на границата, но е чекор напред на долгиот пат до ирското единство“.

Пропорционална застапеност во 18 петчлени изборни единици беше искористена за избор на 90 членови на собранието. Излезноста беше 63,6%, слично на последните парламентарни избори во 2017 година. Се чинеше дека Шин Феин ги освои или ги надмина 27-те места што ги освои тогаш, престигнувајќи ја ДУП, кој се чинеше дека е на пат ќе загуби неколку од своите 28 места, рече Николас Вајт, експерт за изборите во Северна Ирска.

Се чини дека Алијансата ќе ги удвои претходните осум места. Трансферите ќе ги одредат последните места, а броењето веројатно ќе продолжи до сабота.

The post Шок во Ирска, на изборите победи Шин Фејн appeared first on Република.

]]>

Се чини дека Шин Фејн е на пат да стане најголемата партија во собранието на Северна Ирска, што претставува симболичен пробив за ирскиот национализам, според нецелосните изборни резултати во петокот.
Проекциите го ставаат Шин Фејн пред Демократската унионистичка партија (ДУП). Доколку се потврдат во конечните резултати, тоа ќе ѝ овозможи на партијата да испише историја и да предизвика шок за унионистите со номинирање на лидерката на партијата, Мишел О’Нил, за прв министер. Другиот очигледен голем победник од изборите во четвртокот беше центристичката Алијанса, која оствари придобивки низ Северна Ирска, ставајќи ја на третото место и консолидирајќи го влијанието на гласачите кои ги избегнуваат националистичките и унионистичките етикети.
Во симболична смисла, Шин Фејн како најголема партија во Северна Ирска – ентитет создаден врз основа на унионистичко мнозинство – ќе биде сеизмички“, рече Џон Тонге, професор по политика на Универзитетот во Ливерпул и авторитет во регионот. „Партијата која не сака Северна Ирска да постои и дури одбива да го користи терминот Северна Ирска ќе стане нејзина најголема партија. Тоа нема да предизвика тргање на границата, но е чекор напред на долгиот пат до ирското единство“.
Пропорционална застапеност во 18 петчлени изборни единици беше искористена за избор на 90 членови на собранието. Излезноста беше 63,6%, слично на последните парламентарни избори во 2017 година. Се чинеше дека Шин Феин ги освои или ги надмина 27-те места што ги освои тогаш, престигнувајќи ја ДУП, кој се чинеше дека е на пат ќе загуби неколку од своите 28 места, рече Николас Вајт, експерт за изборите во Северна Ирска. Се чини дека Алијансата ќе ги удвои претходните осум места. Трансферите ќе ги одредат последните места, а броењето веројатно ќе продолжи до сабота.

The post Шок во Ирска, на изборите победи Шин Фејн appeared first on Република.

]]>
Со камион се заби во руската амбасада во Даблин додека присутните сканадираа со одобрување https://republika.mk/vesti/svet/so-kamion-se-zabi-vo-ruskata-ambasada-vo-dablin-dodeka-prisutnite-skanadiraa-so-odobruvanje/ Tue, 08 Mar 2022 16:16:57 +0000 https://republika.mk/?p=469745

Човек со камион се забил во руската амбасада во главниот град на Ирска, Даблин, за време на протестите против руската воена акција во Украина.

Камионот ја разбил оградата на амбасадата, по што бил поздравен со извици на одобрување од собраните демонстранти.

Сакам амбасадорот и неговите колеги да заминат од нашата земја, да ја напуштат оваа слободна земја. Време е да им се спротивставиме. Јас го направив својот дел. Сега е време остатотокот на Ирска да го направи својот - изјави човекот, кој се идентификувал како работник од градот Лајтрим, на 150 километри од Даблин.

Полицајците што биле во близина го уапсиле, а тој не пружал отпор.

За жал, морам да ве уапсам поради опасно возење - му рекла една од полицајките.

https://twitter.com/INVESTMENTSHULK/status/1500867015547965441?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1500867015547965441%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3886659%2Fkamionom-udario-na-rusku-ambasadu-u-dablinu-dok-je-irac-provaljivao-prisutni-gradjani-aplaudirali-video

Од руската амбасада остро го осудија инцидентот.

Полицајците не направија ништо додекасе случуваше нападот. Амбасадата најостро го осудува ова кривично дело на лудост насочена против мирна дипломатска мисија. Амбасадата во овј чин гледа како јасно и недвосмислено кршење на членот 22 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

 

Амбасадата е контакт со ирското министерство за надворешни работи и бара од ирските власти да преземат строги мерки за да ја осигураат безбедноста на вработените во амбасадата и членовите на нивните семејства. Инцидентот е причина за голема загриженост. Сметаме дека ниту еден разумен човек не би можел да поддржи таков лудачки и варварски чин - изјави портпаролката на руската амбасада.

The post Со камион се заби во руската амбасада во Даблин додека присутните сканадираа со одобрување appeared first on Република.

]]>

Човек со камион се забил во руската амбасада во главниот град на Ирска, Даблин, за време на протестите против руската воена акција во Украина. Камионот ја разбил оградата на амбасадата, по што бил поздравен со извици на одобрување од собраните демонстранти.
Сакам амбасадорот и неговите колеги да заминат од нашата земја, да ја напуштат оваа слободна земја. Време е да им се спротивставиме. Јас го направив својот дел. Сега е време остатотокот на Ирска да го направи својот - изјави човекот, кој се идентификувал како работник од градот Лајтрим, на 150 километри од Даблин.
Полицајците што биле во близина го уапсиле, а тој не пружал отпор.
За жал, морам да ве уапсам поради опасно возење - му рекла една од полицајките.
https://twitter.com/INVESTMENTSHULK/status/1500867015547965441?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1500867015547965441%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3886659%2Fkamionom-udario-na-rusku-ambasadu-u-dablinu-dok-je-irac-provaljivao-prisutni-gradjani-aplaudirali-video Од руската амбасада остро го осудија инцидентот.
Полицајците не направија ништо додекасе случуваше нападот. Амбасадата најостро го осудува ова кривично дело на лудост насочена против мирна дипломатска мисија. Амбасадата во овј чин гледа како јасно и недвосмислено кршење на членот 22 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.   Амбасадата е контакт со ирското министерство за надворешни работи и бара од ирските власти да преземат строги мерки за да ја осигураат безбедноста на вработените во амбасадата и членовите на нивните семејства. Инцидентот е причина за голема загриженост. Сметаме дека ниту еден разумен човек не би можел да поддржи таков лудачки и варварски чин - изјави портпаролката на руската амбасада.

The post Со камион се заби во руската амбасада во Даблин додека присутните сканадираа со одобрување appeared first on Република.

]]>