ирански дронови Archives - Република https://republika.mk/tema/iranski-dronovi/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Oct 2022 07:16:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ирански дронови Archives - Република https://republika.mk/tema/iranski-dronovi/ 32 32 Блинкен: Руската употреба на иранските дронови е „застрашувачка“ https://republika.mk/vesti/svet/blinken-ruskata-upotreba-na-iranskite-dronovi-e-zastrashuvachka/ Fri, 28 Oct 2022 07:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=566614

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја опиша употребата на иранските беспилотни летала-камаикази од страна на руските сили во Украина како „застрашувачка“ и додаде дека САД и нивните сојузници сакаат да ja спречат испораката на таквото оружје.

Употребата на овие беспилотни летала за убивање на украинските цивили и уништување на инфраструктурата од која зависат е застрашувачка. САД, Канада и нивните сојузници заеднички работат за да го осудат, одвратат и спречат Иран да го испорача тоа оружје, изјави американскиот државен секретар за време на посетата на Отава.

Киев и неговите западни сојузници во последните неколку недели постојано ја обвинуваат Москва дека користи ирански беспилотни летала во нападите врз Украина.

Украина потврди дека околу 400 ирански беспилотни летала веќе се употребени, а Москва порачала околу 2.000.

Техеран ги отфрли обвинувањата.

Кога би ни било познато дека Русија употребува ирански беспилотни летала против Украина, сигурно немаше да бидеме рамнодушни кон тоа прашање, изјави неделава шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир Абдолахиан.

САД, Обединетото Кралство и ЕУ веќе воведоа санкции кон Иран поради проблемот со беспилотните летала.

Израелскиот претседател Исак Херцог во вторникот се согласи да сподели информации со САД кои покажуваат, според израелското разузнавање, дека иранските беспилотни летала се користат во војната во Украина.

The post Блинкен: Руската употреба на иранските дронови е „застрашувачка“ appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја опиша употребата на иранските беспилотни летала-камаикази од страна на руските сили во Украина како „застрашувачка“ и додаде дека САД и нивните сојузници сакаат да ja спречат испораката на таквото оружје.
Употребата на овие беспилотни летала за убивање на украинските цивили и уништување на инфраструктурата од која зависат е застрашувачка. САД, Канада и нивните сојузници заеднички работат за да го осудат, одвратат и спречат Иран да го испорача тоа оружје, изјави американскиот државен секретар за време на посетата на Отава.
Киев и неговите западни сојузници во последните неколку недели постојано ја обвинуваат Москва дека користи ирански беспилотни летала во нападите врз Украина. Украина потврди дека околу 400 ирански беспилотни летала веќе се употребени, а Москва порачала околу 2.000. Техеран ги отфрли обвинувањата.
Кога би ни било познато дека Русија употребува ирански беспилотни летала против Украина, сигурно немаше да бидеме рамнодушни кон тоа прашање, изјави неделава шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир Абдолахиан.
САД, Обединетото Кралство и ЕУ веќе воведоа санкции кон Иран поради проблемот со беспилотните летала. Израелскиот претседател Исак Херцог во вторникот се согласи да сподели информации со САД кои покажуваат, според израелското разузнавање, дека иранските беспилотни летала се користат во војната во Украина.

The post Блинкен: Руската употреба на иранските дронови е „застрашувачка“ appeared first on Република.

]]>
Украина: Русија напаѓа со дронови „Шахид“ од белоруска територија https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-rusija-napagja-so-dronovi-shahid-od-beloruska-teritorija/ Tue, 25 Oct 2022 09:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=565340

Шефот на службата за односи со јавноста на украинското Воено воздухопловство, Јуриј Игнат, изјави дека руските вооружени сили лансирале беспилотни летала „Шахид“ од територијата на Белорусија.

Игнат за „Украинска правда“ изјави дека е најавена воздушна опасност за Киев и целиот регион.

Според него, руските сили лансирале 10 дронови.

The post Украина: Русија напаѓа со дронови „Шахид“ од белоруска територија appeared first on Република.

]]>

Шефот на службата за односи со јавноста на украинското Воено воздухопловство, Јуриј Игнат, изјави дека руските вооружени сили лансирале беспилотни летала „Шахид“ од територијата на Белорусија. Игнат за „Украинска правда“ изјави дека е најавена воздушна опасност за Киев и целиот регион. Според него, руските сили лансирале 10 дронови.

The post Украина: Русија напаѓа со дронови „Шахид“ од белоруска територија appeared first on Република.

]]>