ИПАРД Archives - Република https://republika.mk/tema/ipard/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Aug 2024 16:22:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ИПАРД Archives - Република https://republika.mk/tema/ipard/ 32 32 Не е довлно разрешувањето на ревизорката, министрите да сносат одговорност, порача Алијанса за Албанците https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-dovlno-razreshuvaneto-na-revizorkata-ministrite-da-snosat-odgovornost-poracha-alijansa-za-albantsite/ Sat, 10 Aug 2024 16:22:02 +0000 https://republika.mk/?p=805263

Уште пред да поминат 100 дена, моноетничката и нелегитимна Влада го доби најтешкиот удар што го има Европската Унија, и тоа по вина на албанските партии кои во исто време ги демантират своите проевропски заложби, велат од Алијансата за Албанците по назначувањето на Афрона Вервизоли како ревизорка на ИПА фондовите без да поседува лиценца.

„Назначувањето на непрофесионален, несоодветен кадар, без потребните подготовки и без потребните сертификати, задолжена за ревизија за ИПА фондовите, ризикува земјата да загуби еден од најважните инструменти за спроведување и развој на реформите и европските стандарди“, се вели во соопштението на Алијансата.

Опозициската партија е децидна дека аматеризмот на партиите кои ги загубија изборите, немањето основни познавања во владеењето и особено во евроинтеграцискиот процес, ги прави овие партии најголем ризик за европската иднина на земјата.

Според партијата не е довлно само разрешувањето на, како што велат, глабната ревизорка, туку за ова некој треба да сноси и одговорност, односно министрите Орхан Муртезани и Арбен Фетаи, едниот одговорен за евроинтеграции, а другиот за добро владеење.

„Ваквите авантури, нивната желба за партизација и заробување на значајни институции од страна на партиски милитанти, непочитување на стандардите и законите, сериозно го нарушуваат имиџот на државата и евроинтегративниот процес, кој и така е нарушен и загрозен со други постапки на Владата кои се случија од првиот ден од нивното доаѓање. Повеќе од месец и половина од изборот на Владата, оваа коалиција и нанесе голема штета на државата за што ќе треба време да се санират. Ги повикуваме партиите што ги загубија изборите да си заминат пред да се направи повеќе штета и пред да биде доцна за се“, се вели во соопштението.

Десет дена откако ја назначи Вервизоли за главен ревизор за ИПА фондовите, Владата најави дека утре ќе ја разреши од оваа функција. Таа нема ревизорско искуство, ниту соодветен ревизорски сертификат. Коалицијата „Вреди“ чијшто кадар е Вервизоли соопшти дека привремено ќе понуди нејзина замена, додека таа го добие соодветниот сертификат.

Според праавилата на ЕУ, покрај законскиот услов да поседува уверение за стекнато звање од областа на ревизијата, ревизорот треба да поседува соодветна стручност, знаење и искуство во областа на ревизијата за да ги извршува бараните задачи. Од она што досега е познато Вервизоли нема искуство во ревизија и работела во банка.

The post Не е довлно разрешувањето на ревизорката, министрите да сносат одговорност, порача Алијанса за Албанците appeared first on Република.

]]>

Уште пред да поминат 100 дена, моноетничката и нелегитимна Влада го доби најтешкиот удар што го има Европската Унија, и тоа по вина на албанските партии кои во исто време ги демантират своите проевропски заложби, велат од Алијансата за Албанците по назначувањето на Афрона Вервизоли како ревизорка на ИПА фондовите без да поседува лиценца.
„Назначувањето на непрофесионален, несоодветен кадар, без потребните подготовки и без потребните сертификати, задолжена за ревизија за ИПА фондовите, ризикува земјата да загуби еден од најважните инструменти за спроведување и развој на реформите и европските стандарди“, се вели во соопштението на Алијансата.
Опозициската партија е децидна дека аматеризмот на партиите кои ги загубија изборите, немањето основни познавања во владеењето и особено во евроинтеграцискиот процес, ги прави овие партии најголем ризик за европската иднина на земјата. Според партијата не е довлно само разрешувањето на, како што велат, глабната ревизорка, туку за ова некој треба да сноси и одговорност, односно министрите Орхан Муртезани и Арбен Фетаи, едниот одговорен за евроинтеграции, а другиот за добро владеење.
„Ваквите авантури, нивната желба за партизација и заробување на значајни институции од страна на партиски милитанти, непочитување на стандардите и законите, сериозно го нарушуваат имиџот на државата и евроинтегративниот процес, кој и така е нарушен и загрозен со други постапки на Владата кои се случија од првиот ден од нивното доаѓање. Повеќе од месец и половина од изборот на Владата, оваа коалиција и нанесе голема штета на државата за што ќе треба време да се санират. Ги повикуваме партиите што ги загубија изборите да си заминат пред да се направи повеќе штета и пред да биде доцна за се“, се вели во соопштението.
Десет дена откако ја назначи Вервизоли за главен ревизор за ИПА фондовите, Владата најави дека утре ќе ја разреши од оваа функција. Таа нема ревизорско искуство, ниту соодветен ревизорски сертификат. Коалицијата „Вреди“ чијшто кадар е Вервизоли соопшти дека привремено ќе понуди нејзина замена, додека таа го добие соодветниот сертификат. Според праавилата на ЕУ, покрај законскиот услов да поседува уверение за стекнато звање од областа на ревизијата, ревизорот треба да поседува соодветна стручност, знаење и искуство во областа на ревизијата за да ги извршува бараните задачи. Од она што досега е познато Вервизоли нема искуство во ревизија и работела во банка.

The post Не е довлно разрешувањето на ревизорката, министрите да сносат одговорност, порача Алијанса за Албанците appeared first on Република.

]]>
Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 https://republika.mk/vesti/ekonomija/prodolzhen-rokot-za-podnesuvane-na-barana-po-programata-za-finansiska-poddrshka-vo-zemjodelstvoto-za-2024/ Mon, 01 Jul 2024 12:41:25 +0000 https://republika.mk/?p=792436

Рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година е продолжен до 31 јули, ги известуваат земјоделските стопанства од кабинетот на директорот на Агенцијата за финансиска поддшка во земјоделството и руралeн развој.

Во овој период се поднесуваат барања за:

- растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,
- сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда и гоеници во кланица,
- органско земјоделско производство.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат
во подрачните единици на МЗШВ.

Линкот за пристапување до апликацијата е: www.ipardpa.gov.mk  - Директни плаќања е-субвенции.

Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи
како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

The post Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 appeared first on Република.

]]>

Рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година е продолжен до 31 јули, ги известуваат земјоделските стопанства од кабинетот на директорот на Агенцијата за финансиска поддшка во земјоделството и руралeн развој. Во овој период се поднесуваат барања за: - растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал, - сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда и гоеници во кланица, - органско земјоделско производство. Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ. Линкот за пристапување до апликацијата е: www.ipardpa.gov.mk  - Директни плаќања е-субвенции. Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

The post Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 appeared first on Република.

]]>
ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра https://republika.mk/vesti/balkan/eu-otkri-izmama-so-ipard-fondovite-vo-albanija-ke-blokira-112-milioni-evra/ Sat, 22 Jun 2024 08:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=789679

Средства во износ од 33 милиони евра обезбедени од Европската унија како помош за албанското земјоделство биле злоупотребени.

Бројката ја откри Канцеларијата за борба против измами на Европската унија, ОЛАФ, која исто така препорача блокирање на следниот пакет од 112 милиони евра додека не се преземат мерки за гарантирање на заштитата на финансиските интереси на ЕУ, објави Ора њуз.

Според истиот извор, во годишниот извештај, ОЛАФ ги открива и трите главни прекршувања направени со ИПАРД фондовите, што доведе до тоа Европската унија во јули да ја прекине оваа поддршка.

- Од апликантите се барало да платат значителен дел од нивниот грант на локална консултантска компанија, се доделувале договори без конкуренција или преку наместен конкурс (со поднесување лажни понуди), како и надуени цени и прекршување на договорните правила, се вели во извештајот на ОЛАФ.

Според соопштението на ОЛАФ, по серија истражни чекори, вклучително и дигитални форензички претреси на документи поврзани со корисниците на ИПАРД 2, АРДА и други економски оператори, ОЛАФ открил многу сериозни неправилности за време на фазата на доделување грантови и спроведувањето на многу проекти.

Канцеларијата за борба против измами на Европската унија исто така информира дека копија од наодите е испратена до албанските власти поради „можни криминални активности“ откриени во текот на истрагата.

Покрај блокирањето на фондот од 112 милиони евра за ИПАРД 3, ОЛАФ и препорача на Европската комисија да ги прогласи повиците еден и два од програмата ИПАРД 2 за неважечки. Вкупните средства од овие повици достигнуваат 33 милиони евра.

The post ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Средства во износ од 33 милиони евра обезбедени од Европската унија како помош за албанското земјоделство биле злоупотребени.
Бројката ја откри Канцеларијата за борба против измами на Европската унија, ОЛАФ, која исто така препорача блокирање на следниот пакет од 112 милиони евра додека не се преземат мерки за гарантирање на заштитата на финансиските интереси на ЕУ, објави Ора њуз.
Според истиот извор, во годишниот извештај, ОЛАФ ги открива и трите главни прекршувања направени со ИПАРД фондовите, што доведе до тоа Европската унија во јули да ја прекине оваа поддршка. - Од апликантите се барало да платат значителен дел од нивниот грант на локална консултантска компанија, се доделувале договори без конкуренција или преку наместен конкурс (со поднесување лажни понуди), како и надуени цени и прекршување на договорните правила, се вели во извештајот на ОЛАФ. Според соопштението на ОЛАФ, по серија истражни чекори, вклучително и дигитални форензички претреси на документи поврзани со корисниците на ИПАРД 2, АРДА и други економски оператори, ОЛАФ открил многу сериозни неправилности за време на фазата на доделување грантови и спроведувањето на многу проекти. Канцеларијата за борба против измами на Европската унија исто така информира дека копија од наодите е испратена до албанските власти поради „можни криминални активности“ откриени во текот на истрагата. Покрај блокирањето на фондот од 112 милиони евра за ИПАРД 3, ОЛАФ и препорача на Европската комисија да ги прогласи повиците еден и два од програмата ИПАРД 2 за неважечки. Вкупните средства од овие повици достигнуваат 33 милиони евра.

The post ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра appeared first on Република.

]]>
ЕК откри злоупотреби во Албанија од 33,5 милиони евра од ИПАРД програмите https://republika.mk/vesti/balkan/ek-otkri-zloupotrebi-vo-albanija-od-33-5-milioni-evra-od-ipard-programite/ Sun, 26 Nov 2023 17:09:24 +0000 https://republika.mk/?p=716428

Експертите на Европската комисија откриле злоупотреба на 33,5 милиони евра, средства добиени од ИПАРД програмите, што е 71 отсто од злоупотребите на целиот Балкан.

-Констатираните неправилности со средствата на Европската унија (ЕУ) за земјоделството во Албанија, доделени преку ИПАРД програмите, изнесуваат 33,5 милиони евра, што е за 2,5 пати поголема од сумата од 13 милиони евра во 6 други земји во Балканот како Турција, Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Романија, јави Телеграфи.

Според истиот извор податоците се наведени во работен документ на Европската комисија (ЕК), во кој се дава статистичка процена на пријавени неправилности за 2022 година, кои не претставуваат измама.

Вкупниот износ на неправилности констатирани во 7 балкански земји е околу 47 милиони евра, од кои 71 отсто и припаѓаат на Албанија и 13 милиони евра или 29 отсто во 6 други земји.

Во Албанија, се откриени 54 нерегуларни случаи во вредност од 33,5 милиони евра, од кои 98 отсто само во 2022 година.

-Поради неправилности и измамнички шеми, ЕУ ги блокираше средствата од ИПАРД за Албанија, со што му зададе тежок удар на секторот, кој, меѓу другото, трпи и од недостиг од домашно финансирање, констатира Телеграфи.

The post ЕК откри злоупотреби во Албанија од 33,5 милиони евра од ИПАРД програмите appeared first on Република.

]]>

Експертите на Европската комисија откриле злоупотреба на 33,5 милиони евра, средства добиени од ИПАРД програмите, што е 71 отсто од злоупотребите на целиот Балкан.
-Констатираните неправилности со средствата на Европската унија (ЕУ) за земјоделството во Албанија, доделени преку ИПАРД програмите, изнесуваат 33,5 милиони евра, што е за 2,5 пати поголема од сумата од 13 милиони евра во 6 други земји во Балканот како Турција, Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Романија, јави Телеграфи.
Според истиот извор податоците се наведени во работен документ на Европската комисија (ЕК), во кој се дава статистичка процена на пријавени неправилности за 2022 година, кои не претставуваат измама. Вкупниот износ на неправилности констатирани во 7 балкански земји е околу 47 милиони евра, од кои 71 отсто и припаѓаат на Албанија и 13 милиони евра или 29 отсто во 6 други земји. Во Албанија, се откриени 54 нерегуларни случаи во вредност од 33,5 милиони евра, од кои 98 отсто само во 2022 година.
-Поради неправилности и измамнички шеми, ЕУ ги блокираше средствата од ИПАРД за Албанија, со што му зададе тежок удар на секторот, кој, меѓу другото, трпи и од недостиг од домашно финансирање, констатира Телеграфи.

The post ЕК откри злоупотреби во Албанија од 33,5 милиони евра од ИПАРД програмите appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Со ИПАРД програмата македонските компании стануваат поконкурентни на пазарот на ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-so-ipard-programata-makedonskite-kompanii-stanuvaat-pokonkurentni-na-pazarot-na-eu/ Wed, 18 Oct 2023 15:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=692568

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, денеска ја посетија компанијата „Вивакс“.

Во своето обраќање вицепремиерот Маричиќ рече дека успешноста на компанијата „Вивакс“ е пример за важноста и придобивките од спроведувањето на ИПАРД програмата на терен.

Резултатите се видливи дека со поддршка на оваа европска програма, преку инвестиции во опрема, машини и уреди за преработка, преработувачкиот сектор добива можност да започне или да го подобри постоечкиот бизнис, како што тоа го направи компанијата Вивакс, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ укажа дека и во моментот додека преговараме со Европската Унија, придобивките се веќе видливи и дека очекува новата ИПАРД 3 програма која е со повисока поддршка од ИПАРД 2, да има 100% искористена, за како што рече „да го задржиме приматот лидери во регионот во реализација на оваа европска програма“.

После обиколката на лаборатории и погоните за производство, опремени со поддршка на ИПАРД програмата, со вкупна вредност од над 1,74 милиони евра, вицепремиерот Маричиќ додаде ИПАРД е успешна европска приказна за македонските земјоделци и стопанственици и дека тоа покажува подготвеност од наша страна да продолжиме понатаму во усогласувањето за членство во ЕУ.

Конкретно со ИПАРД програмата македонските земјоделци, стопанство и институции имаат голема поддршка од европските партнери. И тоа треба да го искористиме и да инвестираме повеќе, да станеме дополнително независни и самоодржливи во поглед на храна, енергија и економски развој, посочи Маричиќ.

Во таа насока потенцираше дека досегашната финансиска помош со членството во ЕУ ќе биде уште поголема, поради пристапот до поголеми суми од структурните фондови, но најважно од сè како што кажа Маричиќ е што македонските земјоделци и производители со влезот во ЕУ ќе добијат предвидливост и сигурност на земјоделската политика.

Маричиќ порача дека сме сè поблиску до она што претставува европско производство со кое се усогласуваме во рамки на Заедничката земјоделска политика и руралниот развој на ЕУ и повика во таа насока да продолжи Македонија, за како што кажа, „да овозможиме на бизнис секторот, на земјоделците, да имаат повеќе можности и привилегии на европскиот пазар без царини и бариери“.

И тоа е нашата цел и визија која ја оствариме за нашите граѓани и македонската економија. Повеќе неповратни европски средства, за повеќе инвестиции и модернизација на македонското земјоделство и производство. И е лесно остварлива ако заеднички работиме да имаме што повеќе вакви успешни бизниси дома, истакна на крајот вицепремиерот за европски прашања Маричиќ.

The post Маричиќ: Со ИПАРД програмата македонските компании стануваат поконкурентни на пазарот на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, денеска ја посетија компанијата „Вивакс“. Во своето обраќање вицепремиерот Маричиќ рече дека успешноста на компанијата „Вивакс“ е пример за важноста и придобивките од спроведувањето на ИПАРД програмата на терен.
Резултатите се видливи дека со поддршка на оваа европска програма, преку инвестиции во опрема, машини и уреди за преработка, преработувачкиот сектор добива можност да започне или да го подобри постоечкиот бизнис, како што тоа го направи компанијата Вивакс, изјави Маричиќ.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ укажа дека и во моментот додека преговараме со Европската Унија, придобивките се веќе видливи и дека очекува новата ИПАРД 3 програма која е со повисока поддршка од ИПАРД 2, да има 100% искористена, за како што рече „да го задржиме приматот лидери во регионот во реализација на оваа европска програма“. После обиколката на лаборатории и погоните за производство, опремени со поддршка на ИПАРД програмата, со вкупна вредност од над 1,74 милиони евра, вицепремиерот Маричиќ додаде ИПАРД е успешна европска приказна за македонските земјоделци и стопанственици и дека тоа покажува подготвеност од наша страна да продолжиме понатаму во усогласувањето за членство во ЕУ.
Конкретно со ИПАРД програмата македонските земјоделци, стопанство и институции имаат голема поддршка од европските партнери. И тоа треба да го искористиме и да инвестираме повеќе, да станеме дополнително независни и самоодржливи во поглед на храна, енергија и економски развој, посочи Маричиќ.
Во таа насока потенцираше дека досегашната финансиска помош со членството во ЕУ ќе биде уште поголема, поради пристапот до поголеми суми од структурните фондови, но најважно од сè како што кажа Маричиќ е што македонските земјоделци и производители со влезот во ЕУ ќе добијат предвидливост и сигурност на земјоделската политика. Маричиќ порача дека сме сè поблиску до она што претставува европско производство со кое се усогласуваме во рамки на Заедничката земјоделска политика и руралниот развој на ЕУ и повика во таа насока да продолжи Македонија, за како што кажа, „да овозможиме на бизнис секторот, на земјоделците, да имаат повеќе можности и привилегии на европскиот пазар без царини и бариери“.
И тоа е нашата цел и визија која ја оствариме за нашите граѓани и македонската економија. Повеќе неповратни европски средства, за повеќе инвестиции и модернизација на македонското земјоделство и производство. И е лесно остварлива ако заеднички работиме да имаме што повеќе вакви успешни бизниси дома, истакна на крајот вицепремиерот за европски прашања Маричиќ.

The post Маричиќ: Со ИПАРД програмата македонските компании стануваат поконкурентни на пазарот на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Николовски: Од ИПАРД 2 нема да вратиме ниту едно евро, имаме повеќе договори од Србија, Албанија и Црна Гора заедно https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-od-ipard-2-nema-da-vratime-nitu-edno-evro-imame-poveke-dogovori-od-srbija-albanija-i-tsrna-gora-zaedno/ Thu, 03 Aug 2023 11:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=668254

Вкупно 8,8 милиони евра ќе изнесува финансиската поддршка на последниот ИПАРД 2 повик што ќе биде објавен утре. Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година, а инвестициите што ќе бидат одобрени, мора да се реализираат до 31 мај. Барањето за исплата треба да се достави до 30 јуни, а потоа Платежната агенција во рок од шест месеци (до крајот на годината) има обврска да ги исплати средствата.

Како што рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на средба со новинарите, целта е максимално искористување на ИПАРД 2, „до последно евро“.

Засега се склучени 2 369 договори, што е повеќе од вкупниот број на договори во Србија, Албанија и Црна Гора заедно.

Овој последен повик го објавуваме со цел овие 8,8 милиони евра, како последни пари од ИПАРД 2, да бидат инвестирани дома со што, во буквална смисла, ниту еден денар нема да вратиме назад, за разлика од ИПАРД 1 кога 60 милиони евра беа вратени кон ЕУ. На овој начин, вкупната реализираност на ИПАРД Програмата би достигнала 100 проценти, што би било уште еден успех за државата. Успехот е за восхит, не само зашто сите пари ги искористуваме, насочувајќи ги во инвестиции на домашни компании, туку направивме и рекорд во регионот. Со последниот повик бројката на договори би се зголемила и рекордот би се потврдил - истакна Николовски.

ИПАРД 2 повикот ќе се однесува на мерката 3 - „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рубни производи. Новите инвестиции би биле за млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, вклучувајќи јајца и живина, овошје и зеленчук, житарки, мелнички и растителни производи, масла и животински масти,..., а финансиската поддршка е 75 отсто од ИПАРД и 25 проценти од државниот буџет. Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна помош (грант) во иснос од 50 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Во јавниот повик не се прифатливи инвестиции во градежни работи. Повикот е исклучиво наменет за набавка на опрема за преработки. Во однос на инвестициите поврзани со производство на енергија од обновливи извори, единствено прифатливи се инвестиции за набавка и инсталирање опрема за производство на енергија за сопствени потреби.

Сите македонски компании од агросекторот треба да се потрудат да подготват добри, издржани апликации. Во оваа насока, министерството ќе организира неколку состаноци овој месец со сите потенцијални апликанти - најави Николовски.

The post Николовски: Од ИПАРД 2 нема да вратиме ниту едно евро, имаме повеќе договори од Србија, Албанија и Црна Гора заедно appeared first on Република.

]]>

Вкупно 8,8 милиони евра ќе изнесува финансиската поддршка на последниот ИПАРД 2 повик што ќе биде објавен утре. Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година, а инвестициите што ќе бидат одобрени, мора да се реализираат до 31 мај. Барањето за исплата треба да се достави до 30 јуни, а потоа Платежната агенција во рок од шест месеци (до крајот на годината) има обврска да ги исплати средствата. Како што рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на средба со новинарите, целта е максимално искористување на ИПАРД 2, „до последно евро“. Засега се склучени 2 369 договори, што е повеќе од вкупниот број на договори во Србија, Албанија и Црна Гора заедно.
Овој последен повик го објавуваме со цел овие 8,8 милиони евра, како последни пари од ИПАРД 2, да бидат инвестирани дома со што, во буквална смисла, ниту еден денар нема да вратиме назад, за разлика од ИПАРД 1 кога 60 милиони евра беа вратени кон ЕУ. На овој начин, вкупната реализираност на ИПАРД Програмата би достигнала 100 проценти, што би било уште еден успех за државата. Успехот е за восхит, не само зашто сите пари ги искористуваме, насочувајќи ги во инвестиции на домашни компании, туку направивме и рекорд во регионот. Со последниот повик бројката на договори би се зголемила и рекордот би се потврдил - истакна Николовски.
ИПАРД 2 повикот ќе се однесува на мерката 3 - „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рубни производи. Новите инвестиции би биле за млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, вклучувајќи јајца и живина, овошје и зеленчук, житарки, мелнички и растителни производи, масла и животински масти,..., а финансиската поддршка е 75 отсто од ИПАРД и 25 проценти од државниот буџет. Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна помош (грант) во иснос од 50 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите. Во јавниот повик не се прифатливи инвестиции во градежни работи. Повикот е исклучиво наменет за набавка на опрема за преработки. Во однос на инвестициите поврзани со производство на енергија од обновливи извори, единствено прифатливи се инвестиции за набавка и инсталирање опрема за производство на енергија за сопствени потреби.
Сите македонски компании од агросекторот треба да се потрудат да подготват добри, издржани апликации. Во оваа насока, министерството ќе организира неколку состаноци овој месец со сите потенцијални апликанти - најави Николовски.

The post Николовски: Од ИПАРД 2 нема да вратиме ниту едно евро, имаме повеќе договори од Србија, Албанија и Црна Гора заедно appeared first on Република.

]]>
Македонија лидер во регионот со 97% искористеност на средствата од ИПАРД програмата https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-lider-vo-regionot-so-97-iskoristenost-na-sredstvata-od-ipard-programata/ Thu, 26 May 2022 05:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=506963

Во рамки на работната посета во Брисел, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со директорот на Платежната агенција Никица Бачовски остварија средба со еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски и директорот на Директоратот за земјоделство и рурален развој Волфганг Буртшер во Европската комисија.

На состанокот се дискутираше за теми кои произлегуваат од тековните глобални политички, безбедносни и економски предизвици, со кои денес се соочува земјоделскиот сектор, а пред сѐ земјоделецот како најзасегнат субјект во геополитичките случувања. На работниот состанок беа презентирани иновативни решенија и политички мерки, кои имаат за цел да обезбедат одржливост и продуктивност на земјоделскиот сектор, поради стратешката улога во развојот на државите.

Од страна на еврокомесарот Војчеховски беше поздравена проактивноста на македонската Влада и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во поглед на донесувањето на закони важни за земјоделството и нивното усогласување со европските регулативи, дури и во време кога како држава се соочуваме со неконструктивна блокада на Собранието од страна на опозицијата. Законот за рурлен развој, Законот за советодавен систем во земјоделството, Законот за директни плаќања се движечка сила на развојот на земјоделството, а дополнително изработката на Закон за организирање на пазарот на земјоделски производи, Закон за квалитет на земјоделски производи, Закон за вино и Законот за органско земјоделско производство ќе нѐ доближат чекор поблиску до европските начини за организирање на земјоделскиот сектор, кои суштински бележат успеси и развој на оваа важна компонента.

Интервентниот план за земјоделството, кој го донесовме, а преку кој во време на криза обезбедуваме дополнителни средства за земјоделците со средства обезбедени од буџет на Владата, беше препознаен и оценет како позитивен пример, од страна на еврокомесарот Војчеховски, како единствен и уникатен начин на помош кој како концепт во моментов не е воведен кај земјите членки на унијата. Воведените програми за субвенционирање на ѓубрива кои во овие услови на криза ги туркаат лимитите на рационален трошок беа оценети како иновативна политичка мерка која, пред се, обезбедува одржливост и генерира продуктивност.

Развојната компонента која се содржи во програмите за поддршка на мали земјоделци, поддршка за развој на малите винарии како и производители на традиционални производи исто така наиде на поздравување поради фактот што ваков тип на политики се својствени за нашата држава, а истите отсуствуваат кај земјите од регионот и пошироко. На овој начин Република Македонија, инвестира во малите земјоделци, а паралелно преку програмите на ИПАРД ја развива и преработувачко - конзервната индустрија при што се обезбедува заокружување на синџирот на производство и продажба на земјоделски производи и храна.

Република Македонија е земја лидер во регионот по однос на искористувањето на средства преку ИПАРД програмата. Забележана е до сега историска искористеност од над 97% од расположливите средства, а нашиот позитивен пример започнува да се следи и од земји во регионот. Успешната реализација на ИПАРД програмата уште еднаш докажува дека сме целосно посветени на процесот на интеграција за членство во Европската Унија.

Министерот Николовски изрази голема благодарност за одличната соработка помеѓу тимовите од нашата земја и Европската комисија кои работат на олеснување и забрзување на целиот процес. Оваа соработка е многу важна за да обезбедиме благосостојба и просперитет на граѓаните на Република Македонија преку понатамошен развој на земјоделството и производство на здрава храна.

The post Македонија лидер во регионот со 97% искористеност на средствата од ИПАРД програмата appeared first on Република.

ЕК: Македонија да го прошири опсегот на ИПАРД 3 со барање нови мерки https://republika.mk/vesti/makedonija/ek-makedonija-da-go-proshiri-opsegot-na-ipard-3-so-baranje-novi-merki/ Thu, 19 May 2022 12:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=504379

Македонија дополнително да ги зајакне своите капацитети во ИПАРД структурите и да го прошири опсегот на ИПАРД 3 Програмата со барање нови мерки, препорачува Европската комисија (ЕК).

На состанокот со македонските власти, Комисијата го нагласи доброто ниво на подготовка особено во безбедноста на храната и ветеринарната политика и ја охрабри земјава да продолжи да го усогласува националното законодавство со правната рамка на ЕУ.

Како што информира Делегацијата на ЕУ во Скопје, Комисијата го забележа напредокот и во областа на фитосанитарната политика, нагласувајќи ја потребата од спроведување одржлива употреба на пестициди.

Во областа на рибарството, Комисијата ја охрабри Македонија да продолжи со напорите за усогласување на националното законодавство со правната рамка на ЕУ. Посебен акцент е ставен на аквакултурата како извор на економски раст и отворање нови работни места. Комисијата, исто така, ја пренесе потребата Македонија да го зајакне административниот капацитет на надлежните органи во секторот рибарство.

Со состанокот што се одржа завчера копретседаваа Живко Брајковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и заменик-шефот на Единицата за Албанија и Македонија на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување во Европската комисија, Алберто Камарата.

ЕК ги охрабри македонските власти да продолжат со усогласувањето на законодавството, внимателно следејќи ги случувањата во ЕУ за Заедничката земјоделска политика и другите политички иницијативи како „Од фарма до вилушка“ и стратегии за биодиверзитет, и да обезбедат градење капацитети за ефикасно спроведување на законската регулатива.

На состанокот стана збор и за развојот на билатералната трговија на основните земјоделски производи, преработените земјоделски производи и производите од риба, главните карактеристики на новата Заедничка земјоделска политика 2023-2027 година и други неодамнешни политички случувања во областите на земјоделството и руралниот развој, безбедноста на храната, ветеринарните и фитосанитарни аспекти и рибарството.

The post ЕК: Македонија да го прошири опсегот на ИПАРД 3 со барање нови мерки appeared first on Република.

]]>

Македонија дополнително да ги зајакне своите капацитети во ИПАРД структурите и да го прошири опсегот на ИПАРД 3 Програмата со барање нови мерки, препорачува Европската комисија (ЕК). На состанокот со македонските власти, Комисијата го нагласи доброто ниво на подготовка особено во безбедноста на храната и ветеринарната политика и ја охрабри земјава да продолжи да го усогласува националното законодавство со правната рамка на ЕУ. Како што информира Делегацијата на ЕУ во Скопје, Комисијата го забележа напредокот и во областа на фитосанитарната политика, нагласувајќи ја потребата од спроведување одржлива употреба на пестициди. Во областа на рибарството, Комисијата ја охрабри Македонија да продолжи со напорите за усогласување на националното законодавство со правната рамка на ЕУ. Посебен акцент е ставен на аквакултурата како извор на економски раст и отворање нови работни места. Комисијата, исто така, ја пренесе потребата Македонија да го зајакне административниот капацитет на надлежните органи во секторот рибарство. Со состанокот што се одржа завчера копретседаваа Живко Брајковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и заменик-шефот на Единицата за Албанија и Македонија на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување во Европската комисија, Алберто Камарата. ЕК ги охрабри македонските власти да продолжат со усогласувањето на законодавството, внимателно следејќи ги случувањата во ЕУ за Заедничката земјоделска политика и другите политички иницијативи како „Од фарма до вилушка“ и стратегии за биодиверзитет, и да обезбедат градење капацитети за ефикасно спроведување на законската регулатива. На состанокот стана збор и за развојот на билатералната трговија на основните земјоделски производи, преработените земјоделски производи и производите од риба, главните карактеристики на новата Заедничка земјоделска политика 2023-2027 година и други неодамнешни политички случувања во областите на земјоделството и руралниот развој, безбедноста на храната, ветеринарните и фитосанитарни аспекти и рибарството.

The post ЕК: Македонија да го прошири опсегот на ИПАРД 3 со барање нови мерки appeared first on Република.

]]>