интервју Archives - Република https://republika.mk/tema/intervju/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 19:06:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png интервју Archives - Република https://republika.mk/tema/intervju/ 32 32 Евроскептицизмот ѝ е непријател на нашата агенда https://republika.mk/vesti/makedonija/evroskeptitsizmot-e-neprijatel-na-nashata-agenda/ Sat, 02 Nov 2024 09:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=833119

Борбата против корупцијата мора да биде безмислосна ако сакаме напредок. Од оваа борба зависи напредокот на нашата држава на секое поле. Корупцијата е длабоко навлезена во секоја пора од општеството и, за жал, стана нормално да се зборува дека за да се заврши некоја работа, ти требаат врски или мито, смета заменик-министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков. Но, како што вели, кога се работи посветено и одговорно, резултатите мора да дојдат. Нагласува дека уште отсега имаат конкретен план што треба точно да се сработи, со цел да се обезбедат суштински подобрувања во борбата против корупцијата и владеењето на правото. Со Трајков разговаравме непосредно по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Колку Македонија реално е подговена за почеток на преговорите со ЕУ споредено со земјите од регионот кога тие ги почнуваа преговорите?

Трајков: Сметам дека Македонија е повеќе од подготвена за почеток на преговорите, особено ако се спореди со ситуациите на земјите од регионот кога тие ги почнуваа своите пристапни преговори. Македонија има постигнато значителен напредок во клучни реформски области, а доказ за тоа се извештаите кои Македонија ги добива и во кои јасно се потврдува дека земјата е подготвена да ги отвори пристапните преговори, но единствена пречка беа билатералните спорови, прво со Грција, а сега со Бугарија. Продолжувањето на овој реформски пат и градењето стабилни односи со соседите ќе бидат клучни да се осигура поддршка за пристапување.

Во која област би имале најголем проблем, дале е тоа судството, корупцијата, владеењето на правото?

Трајков: За сите три области имаме загрижувачки забелешки од ЕК. Затоа се неопходни длабоки реформи во правниот систем. На врвот на интересот на граѓаните и на Владата, но и на европската агенда и Европската Унија, е токму тоа. Наидуваме на страшни и поразителни случувања. Јас немам ингеренции во тој дел, но како дел од европската агенда и поглавјата поврзани со правото и правната држава, чувствувам обврска да се задржам на ова. Оваа тема не смее да има партиски или етнички предзнак. Законот треба да важи за сите. Народот е изневеруван по овие прашања многу пати досега и нема простор за нови разочарувања. Владеењето на правото, судството и корупцијата се нашата најголема болка. Борбата против корупцијата мора да биде безмислосна ако сакаме напредок. Од оваа борба зависи напредокот на нашата држава на секое поле. Корупцијата е длабоко навлезена во секоја пора од општеството и, за жал, стана нормално да се зборува дека за да се заврши некоја работа, ти требаат врски или мито. Еве на пример, овие денови излезе анкета од Стопанските комори, во која бизнисмени сведочат дека за време на минатата власт на приватни компании им биле барани oд 1.000 до 10.000 евра за одредени дозволи, инспекциски надзори, царински, а кај јавните набавки 6 до 10 проценти од вредноста на тендерот. Дури 78 отсто од коруптивните барања доаѓале од централната власт. Сето ова само ја намалува довербата на граѓаните во институциите. Затоа, важно е и да има судски епилог за сите случаи поврзани со корупцијата.

Дали извештајот на ЕК објективно ја покажува состојбата во Македонија?

Трајков: Сметам дека Извештајот е објективен и реален. Ние ваков извештај очекувавме, иако морам да подвлечам дека овој извештај во голема мера е „наследен“ од минатата власт. Оваа Влада трае нешто повеќе од сто дена, кус период што било да се смени или да се поправи. Со Извештајот добиваме насоки за области во кои сме направиле напредок и за оние каде што е потребна поголема посветеност. Оваа објективност е вредна за нас, бидејќи ни дава поттик да ги подобриме состојбите и да продолжиме со реформите.

Има ли расположение во ЕУ да се прифати предлогот на Мицкоски за уставни измени со одложено дејство?

Трајков: Премиерот и Владата имаат јасни ставови за начинот на кој може да се бара излез од статус квото оптоварено со историски теми. Тоа е двонасочна улица. Исто како и довербата. Мојот личен став е дека мора да се почне да се работи на создавање доверба и уривање на табуата. Треба да се искористи економијата, трговската размена, културата, образованието, заеднички меѓугранични проекти кои и, всушност, самата Европска Унија ги потпомага. Да се покаже дека за двете земји поважна е соработката отколку фокусирање на меѓусебните разлики. Факт е дека за овие прашања има разлики, а наша обврска е да работиме и да ги решаваме. Таквите непропорционални пристапи, како овој кон нас, се проблем и за Унијата колку и таа да има и внатрешни предизвици. Мора да сме свесни дека евроскептицизмот е непријател на нашата агенда и ние мора да покажеме пред граѓаните исправноста на одлуките кои ги носиме. Европската Унија кај нас се идентификува со квалитетен живот, висок стандард и цивилизациски вредности кон кои се стремиме. Мора заеднички да се приближиме и со внатрешни реформи да работиме на сите грешки кои се направени во минатото, да ги направиме институциите функционални, ефикасни и да ја донесеме Европа тука. Предлогот на премиерот Мицкоски не е отфрлен, на дипломатски план е многу направено иако се поминати само 100 дена откога сме ја превзеле власта. Тоа е прекратко време да се зборува за каква било оценка.

Една од забелешките во извештајот на ЕК е дека Македонија нема напредок во борбата против корупцијата. Честопати слушаме борба против корупција, правна држава владеење на правато, но некако тоа тешко се спроведува. Може ли да очекуваме подобар извештај следната година, кога се работи за оваа тема?

Трајков: Кога се работи посветено и одговорно резултатите мора да дојдат. Затоа уште отсега имаме конкретен план што точно треба да се сработи, со цел да се обезбедат суштински подобрувања во борбата против корупцијата и владеењето на правото. ЕК посочува дека треба да се донесе нов закон за парнична постапка и да се започне со нова стратегија во реформите на судството и целосно функционален АКМИС систем. Бидете уверени дека тоа ќе го постигнеме. Сите овие мерки се насочени кон подобрување на правната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Пред некој месец беше презентирана реформска агенда 2024-2027, која е нотирана во извештајот за напредокот како одлично изработен документ и најдобар од земјите на Западен Балкан.

Трајков: Реформската агенда е само потврда за она што го говорам дека ние сме подготвени за почеток на преговорите, а сега тоа го констатираше и ЕК во Извештајот. Со успешна имплементација на агендата, на Македонија ѝ е одобрена финансиска поддршка во износ од 750 милиони евра до 2027 година, што претставува сериозна поддршка за континуираните реформи. Овие средства ќе бидат клучни за зајакнување на правната држава, борбата против корупцијата, реформите во јавната администрација и други приоритетни области.

Каков е статус на искористување на ИПА средства? Што е со обврската за враќање на неискористени средства од ИПА 2? Колку знаеме да ги искористиме тие средства и да понудиме добри проекти?

Трајков: Искористувањето на ИПА (Инструмент за претпристапна помош) средствата е важен индикатор за способноста на Македонија да ги апсорбира и искористи достапните европски фондови. Некои фондови од ИПА 2 кои не биле искористени треба да се вратат, што истакнува колку е важно навремено планирање. Најголемите предизвици со искористувањето на ИПА средствата се јавуваат поради административни бариери, недостаток на подготвени проекти, но и ограничената техничка подготвеност во некои сектори. За да ги искористиме овие фондови поефикасно, потребно е посилно вклучување на сите релевантни институции во подготовка на проекти, како и зголемена обука и поддршка за тимовите задолжени за нивно спроведување. Во моментов, акцентот е ставен на зголемување на искористеноста на ИПА 3 (2021–2027), со фокус на нови и одржливи проекти кои ќе бидат прифатливи за ЕУ и директно ќе ги поддржат реформските приоритети. За тоа е потребна подобра координација, но и зголемени напори за подготвување на проекти што ќе ја зголемат економската и социјалната отпорност на земјата.

Какви се вашите сознанија за злоупотреба на ИПА фондовите? Ова е тема за која честопати се говори во јавноста.

Трајков: Презафатени се ревизорите периодов, но планираме темелна ревизија. Од тоа што го гледаме ситуацијата не е сјајна. Напротив. Далеку од европско е однесувањето на оние кои од уста не ги вадеа европските вредности. Би рекла, дури дека со нивното однесување и постојаната злоупотреба на европските теми и криење зад празни флоскули како европски фронтови и коалиции, само штета прават на кредибилитетот на европскиот процес и на европските вредности. Директна штета дури и на угледот на ЕУ. Затоа не сакам сè уште да зборувам само за впечатоци, ревизијата ќе си го каже своето. Наша задача е да се извадиме од калта во која нè закотвија, да ги направиме институциите отчетни, професионални и ефикасни и да ја придвижиме земјата на патот кон ЕУ. Тоа е она што се очекува од нас.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања ги продолжи разговорите за теми поврзани со историјата, една од можеби најболните точки во преговорите. Дали има надеж за одблокирање на процесот со Бугарија?

Трајков: Целта на комисијата е да наоѓа решенија кои се добиени по пат на компромис и во согласност со фактите, а не да си игра играчки со македонската историја и идентитетот по пат на политички притисок и со тоа дополнително да ги усложнува проблемите. Тоа треба да е суштински независно тело и да работи одговорно затоа што заради непропорционални и ексклузивни услови за Македонија, како налогот за дискусии за историјата, се влијае и врз еворпскиот пат на државата. Комисијата мора да дејствува со дигнитет и одговорност кон иднината на државата а водејќи сметка за националните интереси. Тоа не е воопшто едноставна работа имајќи ја предвид сензитивноста на јавностите и во двете земји по однос на овие прашања. Историјата за Бугарија стана политичка тема, а со таа тема ефектите кон нас се такви што водат кон спречување на еден политички процес кој е од исклучителна важност за државата и врвен стратешки приоритет на Владата.

Што се случува со регионалната иницијатива за Отворен Балкан и слични проекти. Дали ќе ги поддржи новата влада овие иницијативи?

Трајков: Очигледно е дека има застој во регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, но ние немаме намера да се откажеме од секаков вид соработка меѓу земјите од регионот. Сметам дека „Отворен Балкан“ има повеќе придобивки, како што е слободен проток на луѓе и стока на границите, развивање на бизнисот, работните дозволи како и туризмот.

Освен коментарите за употребата на уставното име, на социјалните мрежи има и лични навреди па и закани до Вас. Како ги коментирате таквите напади и дали ќе преземете чекори за утврдување на одговорност поради навреди/напад кон вашата личност како политичар, дипломат, па и жена?

Трајков: Најголемиот дел од тие недолични коментари се ботови кои доаѓаат од ист центар, но и да не се дел од нив, не би се задржувала на нив воопшто ниту имаат значење во мојот живот и делување. Таа токсичност и лоша енергија нè влече во иста кал во која предолго стагнираме како држава. Мора да се издигнеме над сето тоа, над тие навреди и хајки, лични напади и напади на нечие семејство. Само ако се издигнеме над тоа, ќе ги гледаме јасно вистинските проблеми и предизвици во државата и ќе може да бидеме продуктивни. Јас гледам напред и сакам да ѝ помогнам на државата колку што можам во нејзината евроинтеграција затоа што сум убедена дека тоа е вистинскиот пат за подобар живот на нашите сограѓани, европските вредности се тие кон кои треба да се стремиме, а меѓу нив е и вредноста на слободата на изразување макар тоа било и нечија навреда. Јас сум го одбрала овој пат и ќе работам посветено за сите, вклучително и за тие што ме навредуваат.

За крај, дали Македонија ќе успее?

Трајков: Како што кажав, ние сме многу мал период на власт. Наследивме опустошена држава и држава со буџет „на колена.“ Прерано е да се зборува за било каква оценка но она што е повеќе од јасно е одлучноста, одговорноста и определбата и бескомпромисноста во намерите на Владата да промени нешто да биде подобро и мора да биде подобро. Потребно ни е заедништво, соживот и заеднички напредок. Јас искрено сум убедена во ова што го зборувам. Имам добар дел од својот живот поминато надвор од државата и знам дека можеме да успееме. Македонија може и мора да успее.

Разговараше: Игор Чавески
фото: Александар Ивановски

The post Евроскептицизмот ѝ е непријател на нашата агенда appeared first on Република.

]]>

Борбата против корупцијата мора да биде безмислосна ако сакаме напредок. Од оваа борба зависи напредокот на нашата држава на секое поле. Корупцијата е длабоко навлезена во секоја пора од општеството и, за жал, стана нормално да се зборува дека за да се заврши некоја работа, ти требаат врски или мито, смета заменик-министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков. Но, како што вели, кога се работи посветено и одговорно, резултатите мора да дојдат. Нагласува дека уште отсега имаат конкретен план што треба точно да се сработи, со цел да се обезбедат суштински подобрувања во борбата против корупцијата и владеењето на правото. Со Трајков разговаравме непосредно по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Колку Македонија реално е подговена за почеток на преговорите со ЕУ споредено со земјите од регионот кога тие ги почнуваа преговорите? Трајков: Сметам дека Македонија е повеќе од подготвена за почеток на преговорите, особено ако се спореди со ситуациите на земјите од регионот кога тие ги почнуваа своите пристапни преговори. Македонија има постигнато значителен напредок во клучни реформски области, а доказ за тоа се извештаите кои Македонија ги добива и во кои јасно се потврдува дека земјата е подготвена да ги отвори пристапните преговори, но единствена пречка беа билатералните спорови, прво со Грција, а сега со Бугарија. Продолжувањето на овој реформски пат и градењето стабилни односи со соседите ќе бидат клучни да се осигура поддршка за пристапување. Во која област би имале најголем проблем, дале е тоа судството, корупцијата, владеењето на правото? Трајков: За сите три области имаме загрижувачки забелешки од ЕК. Затоа се неопходни длабоки реформи во правниот систем. На врвот на интересот на граѓаните и на Владата, но и на европската агенда и Европската Унија, е токму тоа. Наидуваме на страшни и поразителни случувања. Јас немам ингеренции во тој дел, но како дел од европската агенда и поглавјата поврзани со правото и правната држава, чувствувам обврска да се задржам на ова. Оваа тема не смее да има партиски или етнички предзнак. Законот треба да важи за сите. Народот е изневеруван по овие прашања многу пати досега и нема простор за нови разочарувања. Владеењето на правото, судството и корупцијата се нашата најголема болка. Борбата против корупцијата мора да биде безмислосна ако сакаме напредок. Од оваа борба зависи напредокот на нашата држава на секое поле. Корупцијата е длабоко навлезена во секоја пора од општеството и, за жал, стана нормално да се зборува дека за да се заврши некоја работа, ти требаат врски или мито. Еве на пример, овие денови излезе анкета од Стопанските комори, во која бизнисмени сведочат дека за време на минатата власт на приватни компании им биле барани oд 1.000 до 10.000 евра за одредени дозволи, инспекциски надзори, царински, а кај јавните набавки 6 до 10 проценти од вредноста на тендерот. Дури 78 отсто од коруптивните барања доаѓале од централната власт. Сето ова само ја намалува довербата на граѓаните во институциите. Затоа, важно е и да има судски епилог за сите случаи поврзани со корупцијата. Дали извештајот на ЕК објективно ја покажува состојбата во Македонија? Трајков: Сметам дека Извештајот е објективен и реален. Ние ваков извештај очекувавме, иако морам да подвлечам дека овој извештај во голема мера е „наследен“ од минатата власт. Оваа Влада трае нешто повеќе од сто дена, кус период што било да се смени или да се поправи. Со Извештајот добиваме насоки за области во кои сме направиле напредок и за оние каде што е потребна поголема посветеност. Оваа објективност е вредна за нас, бидејќи ни дава поттик да ги подобриме состојбите и да продолжиме со реформите. Има ли расположение во ЕУ да се прифати предлогот на Мицкоски за уставни измени со одложено дејство? Трајков: Премиерот и Владата имаат јасни ставови за начинот на кој може да се бара излез од статус квото оптоварено со историски теми. Тоа е двонасочна улица. Исто како и довербата. Мојот личен став е дека мора да се почне да се работи на создавање доверба и уривање на табуата. Треба да се искористи економијата, трговската размена, културата, образованието, заеднички меѓугранични проекти кои и, всушност, самата Европска Унија ги потпомага. Да се покаже дека за двете земји поважна е соработката отколку фокусирање на меѓусебните разлики. Факт е дека за овие прашања има разлики, а наша обврска е да работиме и да ги решаваме. Таквите непропорционални пристапи, како овој кон нас, се проблем и за Унијата колку и таа да има и внатрешни предизвици. Мора да сме свесни дека евроскептицизмот е непријател на нашата агенда и ние мора да покажеме пред граѓаните исправноста на одлуките кои ги носиме. Европската Унија кај нас се идентификува со квалитетен живот, висок стандард и цивилизациски вредности кон кои се стремиме. Мора заеднички да се приближиме и со внатрешни реформи да работиме на сите грешки кои се направени во минатото, да ги направиме институциите функционални, ефикасни и да ја донесеме Европа тука. Предлогот на премиерот Мицкоски не е отфрлен, на дипломатски план е многу направено иако се поминати само 100 дена откога сме ја превзеле власта. Тоа е прекратко време да се зборува за каква било оценка. Една од забелешките во извештајот на ЕК е дека Македонија нема напредок во борбата против корупцијата. Честопати слушаме борба против корупција, правна држава владеење на правато, но некако тоа тешко се спроведува. Може ли да очекуваме подобар извештај следната година, кога се работи за оваа тема? Трајков: Кога се работи посветено и одговорно резултатите мора да дојдат. Затоа уште отсега имаме конкретен план што точно треба да се сработи, со цел да се обезбедат суштински подобрувања во борбата против корупцијата и владеењето на правото. ЕК посочува дека треба да се донесе нов закон за парнична постапка и да се започне со нова стратегија во реформите на судството и целосно функционален АКМИС систем. Бидете уверени дека тоа ќе го постигнеме. Сите овие мерки се насочени кон подобрување на правната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Пред некој месец беше презентирана реформска агенда 2024-2027, која е нотирана во извештајот за напредокот како одлично изработен документ и најдобар од земјите на Западен Балкан. Трајков: Реформската агенда е само потврда за она што го говорам дека ние сме подготвени за почеток на преговорите, а сега тоа го констатираше и ЕК во Извештајот. Со успешна имплементација на агендата, на Македонија ѝ е одобрена финансиска поддршка во износ од 750 милиони евра до 2027 година, што претставува сериозна поддршка за континуираните реформи. Овие средства ќе бидат клучни за зајакнување на правната држава, борбата против корупцијата, реформите во јавната администрација и други приоритетни области. Каков е статус на искористување на ИПА средства? Што е со обврската за враќање на неискористени средства од ИПА 2? Колку знаеме да ги искористиме тие средства и да понудиме добри проекти? Трајков: Искористувањето на ИПА (Инструмент за претпристапна помош) средствата е важен индикатор за способноста на Македонија да ги апсорбира и искористи достапните европски фондови. Некои фондови од ИПА 2 кои не биле искористени треба да се вратат, што истакнува колку е важно навремено планирање. Најголемите предизвици со искористувањето на ИПА средствата се јавуваат поради административни бариери, недостаток на подготвени проекти, но и ограничената техничка подготвеност во некои сектори. За да ги искористиме овие фондови поефикасно, потребно е посилно вклучување на сите релевантни институции во подготовка на проекти, како и зголемена обука и поддршка за тимовите задолжени за нивно спроведување. Во моментов, акцентот е ставен на зголемување на искористеноста на ИПА 3 (2021–2027), со фокус на нови и одржливи проекти кои ќе бидат прифатливи за ЕУ и директно ќе ги поддржат реформските приоритети. За тоа е потребна подобра координација, но и зголемени напори за подготвување на проекти што ќе ја зголемат економската и социјалната отпорност на земјата. Какви се вашите сознанија за злоупотреба на ИПА фондовите? Ова е тема за која честопати се говори во јавноста. Трајков: Презафатени се ревизорите периодов, но планираме темелна ревизија. Од тоа што го гледаме ситуацијата не е сјајна. Напротив. Далеку од европско е однесувањето на оние кои од уста не ги вадеа европските вредности. Би рекла, дури дека со нивното однесување и постојаната злоупотреба на европските теми и криење зад празни флоскули како европски фронтови и коалиции, само штета прават на кредибилитетот на европскиот процес и на европските вредности. Директна штета дури и на угледот на ЕУ. Затоа не сакам сè уште да зборувам само за впечатоци, ревизијата ќе си го каже своето. Наша задача е да се извадиме од калта во која нè закотвија, да ги направиме институциите отчетни, професионални и ефикасни и да ја придвижиме земјата на патот кон ЕУ. Тоа е она што се очекува од нас. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања ги продолжи разговорите за теми поврзани со историјата, една од можеби најболните точки во преговорите. Дали има надеж за одблокирање на процесот со Бугарија? Трајков: Целта на комисијата е да наоѓа решенија кои се добиени по пат на компромис и во согласност со фактите, а не да си игра играчки со македонската историја и идентитетот по пат на политички притисок и со тоа дополнително да ги усложнува проблемите. Тоа треба да е суштински независно тело и да работи одговорно затоа што заради непропорционални и ексклузивни услови за Македонија, како налогот за дискусии за историјата, се влијае и врз еворпскиот пат на државата. Комисијата мора да дејствува со дигнитет и одговорност кон иднината на државата а водејќи сметка за националните интереси. Тоа не е воопшто едноставна работа имајќи ја предвид сензитивноста на јавностите и во двете земји по однос на овие прашања. Историјата за Бугарија стана политичка тема, а со таа тема ефектите кон нас се такви што водат кон спречување на еден политички процес кој е од исклучителна важност за државата и врвен стратешки приоритет на Владата. Што се случува со регионалната иницијатива за Отворен Балкан и слични проекти. Дали ќе ги поддржи новата влада овие иницијативи? Трајков: Очигледно е дека има застој во регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, но ние немаме намера да се откажеме од секаков вид соработка меѓу земјите од регионот. Сметам дека „Отворен Балкан“ има повеќе придобивки, како што е слободен проток на луѓе и стока на границите, развивање на бизнисот, работните дозволи како и туризмот. Освен коментарите за употребата на уставното име, на социјалните мрежи има и лични навреди па и закани до Вас. Како ги коментирате таквите напади и дали ќе преземете чекори за утврдување на одговорност поради навреди/напад кон вашата личност како политичар, дипломат, па и жена? Трајков: Најголемиот дел од тие недолични коментари се ботови кои доаѓаат од ист центар, но и да не се дел од нив, не би се задржувала на нив воопшто ниту имаат значење во мојот живот и делување. Таа токсичност и лоша енергија нè влече во иста кал во која предолго стагнираме како држава. Мора да се издигнеме над сето тоа, над тие навреди и хајки, лични напади и напади на нечие семејство. Само ако се издигнеме над тоа, ќе ги гледаме јасно вистинските проблеми и предизвици во државата и ќе може да бидеме продуктивни. Јас гледам напред и сакам да ѝ помогнам на државата колку што можам во нејзината евроинтеграција затоа што сум убедена дека тоа е вистинскиот пат за подобар живот на нашите сограѓани, европските вредности се тие кон кои треба да се стремиме, а меѓу нив е и вредноста на слободата на изразување макар тоа било и нечија навреда. Јас сум го одбрала овој пат и ќе работам посветено за сите, вклучително и за тие што ме навредуваат. За крај, дали Македонија ќе успее? Трајков: Како што кажав, ние сме многу мал период на власт. Наследивме опустошена држава и држава со буџет „на колена.“ Прерано е да се зборува за било каква оценка но она што е повеќе од јасно е одлучноста, одговорноста и определбата и бескомпромисноста во намерите на Владата да промени нешто да биде подобро и мора да биде подобро. Потребно ни е заедништво, соживот и заеднички напредок. Јас искрено сум убедена во ова што го зборувам. Имам добар дел од својот живот поминато надвор од државата и знам дека можеме да успееме. Македонија може и мора да успее.
Разговараше: Игор Чавески фото: Александар Ивановски

The post Евроскептицизмот ѝ е непријател на нашата агенда appeared first on Република.

]]>
Мислам дека е дојдено време да се испраќаат пораки токму преку ангажирана поезија https://republika.mk/vesti/kultura/mislam-deka-e-dojdeno-vreme-da-se-isprakaat-poraki-tokmu-preku-angazhirana-poezija/ Wed, 30 Oct 2024 10:07:45 +0000 https://republika.mk/?p=832329

Познатиот македонски поет Славе Ѓорго Димоски е годинешен добитник на државната награда „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста. Ова престижно признание се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Македонија.

Роден е на 18 март 1959 година во Велестово. Завршил Филолошки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач е и претседател на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, бил претседател на Управниот одбор на Национална установа „Струшки вечери на поезијата“. Член е на ДПМ, на македонскиот ПЕН центар и на академијата „Анте Поповски“. Автор е на деветнаесет стихозбирки, на шест книги за деца, на книги есеи и активно препејува. Негови поединечни песни и поески циклуси преведени се на над триесетина јазици, а 19 одделни книги му се преведени на англиски, руски, српски, турски, шведски, хрватски, полски, азерски, бугарски и др. Наградуван е со повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои „Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов“, „Антево перо“, „Григор Прличев“ за најдобра поема, „Гранпри Исток-запад“ (Романија), „Сергеј Есенин“ (Русија) и др. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година.

Годинава сте добитник на Државната награда „23 Октомври“ во областа на културата и уметноста. Станува збор за високо државно признание и едно од многуте во низата на Вашата долгогодишна кариера. Што значат за Вас наградите? Дали Ви претставуваат потврда за сработеното или можеби обврска?

Државната награда „23 Октомври“ за мене има двојно значење, прво дека од највисок врв е верификуван мојот четири и пол деценискиот труд врз полето на литературата, поточно поезијата и второ, во нејзиното име е врежан светлиот датум на формирањето на Внатрешната македонската револуционерна организација кој ќе биде темелот на денешната современа македонска држава. А со тоа што сум ги добил најрелевантните награди за поезија кај нас и неколку надвор од Македонија е укажана доверба кон мојата поезија од оние што ја вреднувале, а тие се колеги од мојата фела. Многу од порано сум рекол, а до тоа држам и денес, дека искрениот поет треба да е малку воздржан од нивниот „сјај“ бидејќи не содава заради нив, туку затоа што пишувањето, посебно поезија, е поривот што ја предизвикува негова насушна потреба за да пишува. Тоа е задачата или обврска на поетот, а наградувањето е вреднување на создаденото. Сакам само да додадам дека книжевната критика е неопходна да ја следи поезијата, бидејќи ѝ треба промислено длабење во нејзините слоеви за да се посочи на нејзиниот сјај проблеснат од јазикот на поетот. Но, за жал тоа го нема или е редок случај, дневните весници, кои се и премалку за нашата средина, не посветуваат посебно внимание на книжевната критика, како некогаш, а книжевните списанија излегуваат многу ретко и проблемот со нивната дистрибуција го оневозможува љубопитството на читателот.

Во два мандати бевте Претседател на УО на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Тоа е најстариот поетски фестивал во светот и самиот сте поет, па сметате ли дека поезијата може да направи промени? И што треба да се преземе, или промени во СВП?

Околу Струшките вечери на поезијата повеќе пати сум се искажувал, и во однос на неговото значење во светски рамки, и во однос на начинот како постепено да се менува и да ги следи глобалните промени на секој план со цел да се вклопи и втопи во предизвиците што ги носи новото време кога бев претседател на Управниот одбор. За мене фестивалот отсекогаш претставувал духовен и душевен восклик и свеченост на цивилизацискиот интелект. Тој е еден од најпрепознатливите македонски брендови во светот, а кај нас, во Македонија ги носи сите јазици од светот. Мислам и во тоа е неговата потреба од постоење и неговата актуелност. Секој е свесен дека поезијата не може да направи некакви промени на големо, на денешен јазик кажано глобално, ниво, но може ( а и тоа го прави) да отвори некои скриени простори во душата на човекот кои, самотно, длабоко внатрешно, ќе му се спротивстават на овој светски дехуманизам.
СВП сега се пред нов предизвик кој ќе зависи од новото раководство, но голем е мојот оптимизам во зачувување и осовременување на нивниот високо ниво.

Основач сте и долгогодишен претседател на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, во чии рамки се одржуваат поетски портрети, концерти, изложби, поетски читања на гости од земјава и од странство. Дали институционалната поддршка која ја добиваат ваквите манифестации е доволна и доколку не, имате ли некое решение, предлог за начин на кој би се финансирале проектите од културата во земјава?

Идната година фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ ќе го има своето триесет и седмо издание, полека ја затвора четвртата деценија од постоењето и за тоа време стана своевиден феномен кој собира различни уметници од целиот свет. Препознатлив е, атрактивен е, оригинален во својата концепција, за што мислам дека и тоа го одржа толку долго време. Колку што расте фестивалот толку повеќе расте и потребата од поддршка за непречено реализирање на програмите опфатени во неговите рамки. Имаме институционална поддршка, но не ги задоволува основните потреби од едноставна причина што висината на средствата се на ниво од пред неколку години и не може да се следи инфлацијата. Постојано тоа го укажуваме на Министерството за култура и туризам, но до сега не сум сигурен дали тие наши укажувања биле разгледувани и анализирани програмските содржини со цел да бидат правилно вреднувани. Имаме надеж дека за идното издание поддршката ќе ги задоволи потребите на фестивалот.
Наш предлог е манифестации кои во континуитет се одржуваат повеќе децении и со широка афирмација да имаат поинаков третман од оние кои, какви што имавме примери во изминативе години, да се регистрираат колку да ги земат средствата од Министерството и да згаснат, или здруженија на граѓани кои постојат неколку години, добиваа високи средства, а не реализираа ни една програма.

Летово беше промовирана Вашата најнова стихозбирка, под наслов „Грозје од кукавица“. Книгата е всушност завршен дел од трилогијата со неоангажирана поезија, заедно со „Извештаи на рисот“ (2016) и „Јазик и леб“ (2019) каде се пародираат општочовечки и национални теми, како страв, сомнеж, свеста за изгубена надеж, химната, најпознатата реченица на Делчев, владеењето на логиката на интересот, а не логиката на моралните вредности...Па оттука, дали преку овој однос меѓу политиканството и поезијата треба да сфатиме дека само поезијата може да ја спаси чистата човечка свест?

Што може да стори една песна?
Самото време, без некоја однапред смислена концепција наметна да ја создадам оваа трилогија. На некој начин сакав да кажам дека пишувањето поезија денес е еден вид субверзија – чин кој им се спротивставува на постулатите на денешниот свет на популизам. Можеби треба да се избегне класичното сфаќање за ангажирана поезија, но мислам дека е дојдено време да се испраќаат пораки токму преку ангажирана поезија, бидејќи во неа доминира рецепцијата на секојдневието, на политиканството, но и на спознавањето на стварноста, провокативноста, возбудата и вознемиреноста. Стиховите можат (а и треба) да се сфатат и како психолошка реакција на она што се случува околу нас и во нас и на општествено, и на национално рамниште, тие треба да посведочат за човековата оскудна моќ, за трогателната вистина, за прашањето каде и во каков свет живееме. Другите одговори се наоѓаат во вашето прашање.

Во Вашето обраќање по повод доделената награда „23 Октомври“ рековте Вашето занимање е ракување со зборовите и дека ако поетот замолчи ќе замолчи и душата на јазикот. А душата на нацијата е и јазикот...

Државната награда „23 Октомври“ е една од најзначајните во Република Македонија бидејќи, преку основањето на Македонската револуционерна организација на овој ден во 1893 година во Солун, па преку Илинденското востание 1903 година и најважниот документ „Крушевскиот манифест“ кој подоцна се преточи во асномските определби за слободна Македонија и 8 Септември конечно Република Македонија да биде слободна самостојна држава е континуитет кој на највисоко ниво ги изразува слободарските идеи и идеали на македонскиот народ.

Јас доаѓам од сферата на литературата и моето занимање е ракување со зборовите. Токму Македонската револуционерна организација ја собра тогашната македонска интелигенција, токму во неа се поставени и темелите на идниот стандардизиран македонски јазик, токму од нејзините пазуви се изнедри книгата „За македонцките работи“ во која Крсте Петков Мисирков го постави фундаментот на идниот современ македонски јазик.

Реков дека доаѓам од сферата на литературата, поконкретно од сферата на поезијата. Поетскиот јазик не е конкурентен на денешниот потрошувачки свет бидејќи тој доаѓа од сакралните проблесоци на исконско постоење на јазикот и цврсто се држи за стожерот на опстојувањето. Јазичната политика е во темелот на националната политика. Најзначајниот елемент на културната политика е дека македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата. Јазикот и писмото се еден од идентитетските столбови на сите нас. Ако поетот замолчи ќе замолчи и душата на јазикот. А душата на нацијата е и јазикот.

Ја примам оваа награда во името на оваа вечна земја. На мојата вечна земја. Вечноста и Бог се едно исто. Нашата Република е мала, но огнена. Таква била Крушевската Република, таква била Асномската Република, таква е и оваа Република денес. Но толку ни ги стеснале границите што нема простор за друго име освен за Република Македонија.

Да живее Република Македонија!

The post Мислам дека е дојдено време да се испраќаат пораки токму преку ангажирана поезија appeared first on Република.

]]>

Познатиот македонски поет Славе Ѓорго Димоски е годинешен добитник на државната награда „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста. Ова престижно признание се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Македонија. Роден е на 18 март 1959 година во Велестово. Завршил Филолошки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач е и претседател на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, бил претседател на Управниот одбор на Национална установа „Струшки вечери на поезијата“. Член е на ДПМ, на македонскиот ПЕН центар и на академијата „Анте Поповски“. Автор е на деветнаесет стихозбирки, на шест книги за деца, на книги есеи и активно препејува. Негови поединечни песни и поески циклуси преведени се на над триесетина јазици, а 19 одделни книги му се преведени на англиски, руски, српски, турски, шведски, хрватски, полски, азерски, бугарски и др. Наградуван е со повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои „Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов“, „Антево перо“, „Григор Прличев“ за најдобра поема, „Гранпри Исток-запад“ (Романија), „Сергеј Есенин“ (Русија) и др. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година. Годинава сте добитник на Државната награда „23 Октомври“ во областа на културата и уметноста. Станува збор за високо државно признание и едно од многуте во низата на Вашата долгогодишна кариера. Што значат за Вас наградите? Дали Ви претставуваат потврда за сработеното или можеби обврска?
Државната награда „23 Октомври“ за мене има двојно значење, прво дека од највисок врв е верификуван мојот четири и пол деценискиот труд врз полето на литературата, поточно поезијата и второ, во нејзиното име е врежан светлиот датум на формирањето на Внатрешната македонската револуционерна организација кој ќе биде темелот на денешната современа македонска држава. А со тоа што сум ги добил најрелевантните награди за поезија кај нас и неколку надвор од Македонија е укажана доверба кон мојата поезија од оние што ја вреднувале, а тие се колеги од мојата фела. Многу од порано сум рекол, а до тоа држам и денес, дека искрениот поет треба да е малку воздржан од нивниот „сјај“ бидејќи не содава заради нив, туку затоа што пишувањето, посебно поезија, е поривот што ја предизвикува негова насушна потреба за да пишува. Тоа е задачата или обврска на поетот, а наградувањето е вреднување на создаденото. Сакам само да додадам дека книжевната критика е неопходна да ја следи поезијата, бидејќи ѝ треба промислено длабење во нејзините слоеви за да се посочи на нејзиниот сјај проблеснат од јазикот на поетот. Но, за жал тоа го нема или е редок случај, дневните весници, кои се и премалку за нашата средина, не посветуваат посебно внимание на книжевната критика, како некогаш, а книжевните списанија излегуваат многу ретко и проблемот со нивната дистрибуција го оневозможува љубопитството на читателот.
Во два мандати бевте Претседател на УО на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Тоа е најстариот поетски фестивал во светот и самиот сте поет, па сметате ли дека поезијата може да направи промени? И што треба да се преземе, или промени во СВП?
Околу Струшките вечери на поезијата повеќе пати сум се искажувал, и во однос на неговото значење во светски рамки, и во однос на начинот како постепено да се менува и да ги следи глобалните промени на секој план со цел да се вклопи и втопи во предизвиците што ги носи новото време кога бев претседател на Управниот одбор. За мене фестивалот отсекогаш претставувал духовен и душевен восклик и свеченост на цивилизацискиот интелект. Тој е еден од најпрепознатливите македонски брендови во светот, а кај нас, во Македонија ги носи сите јазици од светот. Мислам и во тоа е неговата потреба од постоење и неговата актуелност. Секој е свесен дека поезијата не може да направи некакви промени на големо, на денешен јазик кажано глобално, ниво, но може ( а и тоа го прави) да отвори некои скриени простори во душата на човекот кои, самотно, длабоко внатрешно, ќе му се спротивстават на овој светски дехуманизам. СВП сега се пред нов предизвик кој ќе зависи од новото раководство, но голем е мојот оптимизам во зачувување и осовременување на нивниот високо ниво.
Основач сте и долгогодишен претседател на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, во чии рамки се одржуваат поетски портрети, концерти, изложби, поетски читања на гости од земјава и од странство. Дали институционалната поддршка која ја добиваат ваквите манифестации е доволна и доколку не, имате ли некое решение, предлог за начин на кој би се финансирале проектите од културата во земјава?
Идната година фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ ќе го има своето триесет и седмо издание, полека ја затвора четвртата деценија од постоењето и за тоа време стана своевиден феномен кој собира различни уметници од целиот свет. Препознатлив е, атрактивен е, оригинален во својата концепција, за што мислам дека и тоа го одржа толку долго време. Колку што расте фестивалот толку повеќе расте и потребата од поддршка за непречено реализирање на програмите опфатени во неговите рамки. Имаме институционална поддршка, но не ги задоволува основните потреби од едноставна причина што висината на средствата се на ниво од пред неколку години и не може да се следи инфлацијата. Постојано тоа го укажуваме на Министерството за култура и туризам, но до сега не сум сигурен дали тие наши укажувања биле разгледувани и анализирани програмските содржини со цел да бидат правилно вреднувани. Имаме надеж дека за идното издание поддршката ќе ги задоволи потребите на фестивалот. Наш предлог е манифестации кои во континуитет се одржуваат повеќе децении и со широка афирмација да имаат поинаков третман од оние кои, какви што имавме примери во изминативе години, да се регистрираат колку да ги земат средствата од Министерството и да згаснат, или здруженија на граѓани кои постојат неколку години, добиваа високи средства, а не реализираа ни една програма.
Летово беше промовирана Вашата најнова стихозбирка, под наслов „Грозје од кукавица“. Книгата е всушност завршен дел од трилогијата со неоангажирана поезија, заедно со „Извештаи на рисот“ (2016) и „Јазик и леб“ (2019) каде се пародираат општочовечки и национални теми, како страв, сомнеж, свеста за изгубена надеж, химната, најпознатата реченица на Делчев, владеењето на логиката на интересот, а не логиката на моралните вредности...Па оттука, дали преку овој однос меѓу политиканството и поезијата треба да сфатиме дека само поезијата може да ја спаси чистата човечка свест?
Што може да стори една песна? Самото време, без некоја однапред смислена концепција наметна да ја создадам оваа трилогија. На некој начин сакав да кажам дека пишувањето поезија денес е еден вид субверзија – чин кој им се спротивставува на постулатите на денешниот свет на популизам. Можеби треба да се избегне класичното сфаќање за ангажирана поезија, но мислам дека е дојдено време да се испраќаат пораки токму преку ангажирана поезија, бидејќи во неа доминира рецепцијата на секојдневието, на политиканството, но и на спознавањето на стварноста, провокативноста, возбудата и вознемиреноста. Стиховите можат (а и треба) да се сфатат и како психолошка реакција на она што се случува околу нас и во нас и на општествено, и на национално рамниште, тие треба да посведочат за човековата оскудна моќ, за трогателната вистина, за прашањето каде и во каков свет живееме. Другите одговори се наоѓаат во вашето прашање.
Во Вашето обраќање по повод доделената награда „23 Октомври“ рековте Вашето занимање е ракување со зборовите и дека ако поетот замолчи ќе замолчи и душата на јазикот. А душата на нацијата е и јазикот...
Државната награда „23 Октомври“ е една од најзначајните во Република Македонија бидејќи, преку основањето на Македонската револуционерна организација на овој ден во 1893 година во Солун, па преку Илинденското востание 1903 година и најважниот документ „Крушевскиот манифест“ кој подоцна се преточи во асномските определби за слободна Македонија и 8 Септември конечно Република Македонија да биде слободна самостојна држава е континуитет кој на највисоко ниво ги изразува слободарските идеи и идеали на македонскиот народ. Јас доаѓам од сферата на литературата и моето занимање е ракување со зборовите. Токму Македонската револуционерна организација ја собра тогашната македонска интелигенција, токму во неа се поставени и темелите на идниот стандардизиран македонски јазик, токму од нејзините пазуви се изнедри книгата „За македонцките работи“ во која Крсте Петков Мисирков го постави фундаментот на идниот современ македонски јазик. Реков дека доаѓам од сферата на литературата, поконкретно од сферата на поезијата. Поетскиот јазик не е конкурентен на денешниот потрошувачки свет бидејќи тој доаѓа од сакралните проблесоци на исконско постоење на јазикот и цврсто се држи за стожерот на опстојувањето. Јазичната политика е во темелот на националната политика. Најзначајниот елемент на културната политика е дека македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата. Јазикот и писмото се еден од идентитетските столбови на сите нас. Ако поетот замолчи ќе замолчи и душата на јазикот. А душата на нацијата е и јазикот. Ја примам оваа награда во името на оваа вечна земја. На мојата вечна земја. Вечноста и Бог се едно исто. Нашата Република е мала, но огнена. Таква била Крушевската Република, таква била Асномската Република, таква е и оваа Република денес. Но толку ни ги стеснале границите што нема простор за друго име освен за Република Македонија. Да живее Република Македонија!    

The post Мислам дека е дојдено време да се испраќаат пораки токму преку ангажирана поезија appeared first on Република.

]]>
„Балерини“ предизвика жестоки реакции бидејќи ги открива контроверзите на образованието на класичната балетска уметност https://republika.mk/vesti/kultura/balerini-predizvika-zhestoki-reaktsii-bidejki-gi-otkriva-kontroverzite-na-obrazovanieto-na-klasichnata-baletska-umetnost/ Wed, 02 Oct 2024 10:52:59 +0000 https://republika.mk/?p=821736

Мирженка Чехова (1982) е една од најинтересните претставнички на современиот експериментален балетски и физички театар во Чешка, режисерка и изведувачка на перформанси, кореографка, универзитетска професорка и писателкa. Како мултидисциплинарен артист има зборувано на ТЕД-конференцијата во Прага и била програмски директор на Чешкиот центар во Њујорк. Има коосновано две театарски компании: „Спитфајр компани“ и „ТантеЛаб“ каде работи со независни, мултидисцилпинарни артисти. Нејзиниот творечки опус опфаќа и две книжевни остварувања: „Мис АмериКа“ (2018) и „Балерини“ (2020). Завршила балетски конзерваториум во Прага, отсек класичен балет, а следела и студии по алтернативен театар и невербален театар, здобивајќи се со две магистерски титули. Во 2012 година одбранила докторат од областа на режија на физичкиот и мимичкиот театар. Како добитник на Фулбрајтова стипендија извесен период престојувала во Вашингтон, САД, каде била и предавач. Има основано нов смер во физичкиот театар, комбинирајќи го физичкиот со театарскиот танц. Авторка е и учесничка на повеќе од дваесет сценски проекти во Чешка и во САД, кои експериментираат со различни изразни средства и за таа дејност е добитничка на низа награди и признанија. Во моментов живее на релација Прага-Њујорк. Во моментов поготвува театарски проекти за детска палијативна нега и пишува нова книга за човековото тело. Обете книжевни дела што ги објавила послужиле како предлошки за танцово-сценски перформанси. Театарскиот перформанс „Госпоѓа АмериКа“ подоцна бил номиниран за наградата „Талија“, која се доделува на најдобри театарски актери во Чешка. Во 2022 се случила и премиерата на драматизацијата на романот „Балерини“ во вид на мултимедијален сценски проект, кој комбинира анимација, филм, музика во живо и балет. Проектот сѐ уште е на репертоарот на театарот „Палата Акропол“ во Прага. За оваа книга Чехова била номинирана за Наградата за литература на Европската Унија и за наградата „Театарски весник“.

Кога си дете, некои работи што ти се случуваат не ги разбираш како екстремни – само го прифаќаш текот на нештата. Екстремноста станува ’екстремна‘ многу подоцна, кога можеби си возрасен и имаш увид на ситуацијата од дистанција, „Балерини“, превод од чешки: Соња Стојменска-Елзесер „Антолог“, Скопје, 2023

Роман за контроверзите на образованието и практиката на класичната балетска уметност. Базирана врз личното искуство на авторката, приказната се развива околу школувањето на млада девојка на балетски конзерваториум во Прага во 1990-те години. Осамостојувањето на рана возраст, предизвиците на големиот град, жртвите за посакуваниот идеал, постојаниот физички и ментален напор, строгата и непотполна едукација, секојдневните прегладнувања, дрогите и алкохолот... Се покажува дека возвишената балетска игра има потресна позадина. Појавата на оваа книга предизвикала сериозни дебати во балетскиот свет во Чешка и побудила контрадикторни реакции кај читателската публика: некои ја осудуваат за оцрнување на класичниот балет, а други ја доживуваат како поттик за сериозно преосмислување на практикувањето на оваа уметност.

Во текот на престојот во Скопје со чешката авторка разговаравме за нејзините искуства, инспирациите, но и идеите...

Во Скопје доаѓате на Фестивалот „Букстар“. Дали е ова Ваша прва посета на Скопје? Утринава имавте можност и да видите повеќе интересни локации на градот. Какви се впечатоците?

Сум била во Скопје пред 10 години кога настапував на „Танц фест“, но многу кусо престојував и немав можност да видам ништо од градот. Кога ќе дојдете во некои места се ви изгледа премногу сјајно, далечно и различно од вас и се чувствувате како странец, но овде се чуствувам како да сум прегрната. Ме прегрна не само градот, туку и луѓето и почувствував топло добредојде кое ја извади од мене сета нервоза и трема што ги чувствував пред да допатувам на Фестивалот. Од првиот миг се чувствував како меѓу пријатели кои долго ги познавам.
По прошетката низ градот можам да кажам дека не се разликува многу од мојот град во Чешката Република, припаѓаме на Источна Европа, но за некои е Централна Европа. Тоа зависи од опсервацијата на местото. Но, сепак има некои работи кои мислам дека во мојата земја веќе ги загубивме. Се чини дека гентрификацијата не е толку силна овде, како што е во Чешка, овде постои духот на надежите и очекувањата од новото што треба да дојде, а сеуште не е дојдено-и тоа според мене е добро. Има некоја енергија на чекање. Од друга страна има егзотика во смисла на мешање на различни култури и влијанија, религии на многу мали места и некако јас сето тоа го разбирам како еден вид мозаик. Град-мозаик. Мислам дека ова е најточен израз бидејќи мозаикот претставува една слика, и доколку едно парче отпадне, сликата не е целосна. Ми се допаѓа тоа и мислам дека во Скопје сликата е комплетна.
Пробав и македонска храна. Шопска салата имаме и кај нас во Чешка и мислам дека и во кујната имаме некаква заедничка медитеранска нишка, која според мене е најдобра. Само го видов тавче гравче во автентичен земјен сад, изгледаше многу вкусно, но не успеав да пробам. Плус, многу ми се допаѓа името на храната зошто има одредена поезија во тоа. Тавче-гравче- има ритам во името

Организаторот на фестивалот „Букстар„, издавачката куќа „Антолог“ ја објави Вашата книга „Балерини“. Се чини возвишената балетска игра има потресна позадина...Кажете ни нешто повеќе за овој роман?

Бев многу возбудена од топлиот прием на книгата од читателите. Морам да истакнам дека поголемиот број се жени, особено имаше голем одглас кај помладите жени, но имаше и мажи, мои колеги, етаблирани писатели кои позитивно реагираа на темата од позиција на татковци. Книгата се вика „Балерини“ и претставува автобиографска приказна. Јас бев балерина, изучував класичен балет од десетгодишна возраст до деветнаесет години на Конзерваториумот, мошне високо рангирана училишна установа во центарот на Прага. Многу мал број ученици бевме селектирани од голем број пријавени, и бевме изучувани да станеме балерини кои ќе настапуваат на големите сцени на големите театри. Ова беше првичната идеја со која влегов во училиштето, но година по година ја откривав и темната страна на ова авторитарна едукација која всушност ги формира женските тела во тие перфектни продукти без идентитет, без индивидуалитет, без глас. Целиот процес како женското тело е формирано, како гласот е замолкнат е всушност она за што пишувам во книгата. Главната протагонистка е бунтовник и презема револуционерни чекори, таа се бори против оваа идеја да биде перфектен продукт, се откажува од својот идеал да биде број еден примабалерина, да стои на најпознатите сцени со сноп светлина врз неа и сфаќа дека сиот тој жанр на класичен балет е една голема лага.
Реализацијата на книгата беше можне тешка не само за мене туку и за другите мажи и жени кои минале низ истиот процес, не само додека учев, туку и додека ја објавував книгата. Добивава стотици повици од луѓе кои минале низ истото образование и ми се заблагодаруваа за тоа што јас го кажав гласно. Идеалниот лебед е нем лебед . Белиот лебед е исто така наречен нем лебед. Таа не зборува гласно, таа само страда без збор. На почетокот мислев дека ова ќе допре само до оние кои имале слични искуства, ни се изненадив кога увидов дека искуството е всушност глобално и говори генерално за женското тело. Како е третирано во јавниот живот, во семејните кругови...Оваа книга, би рекла, ги охрабрува младите жени да не се плашат од своите мисли и идеи. Не треба да бидеме само декор, може од неа да научат како да станат лидери, како да бидат препознаени, како да ги изразат своите идеи.

Режисерка, изведувачка, кореографка, професорка, писателка...Каде се пронаоѓате најмногу?

Најпрво би рекла јас сум автор кој користи различни начини на искажување. Некогаш тоа е телото, некогаш е сцената за некој друг, но понекогаш е хартијата, односно кумпјутерот. Сакам да бидам сама, тоа е место каде што најмногу можам да бидам слободна, нема туѓи очи, како што е тоа случај кога сте на сцена, и се чувствувам целосно слободно. Се чувтвувам ослободена од сите очекувања, архетипи, улоги...Кога пишувам се чувствувам како да сум во некој сопствен меур во кој можам да бидам што сакам и да не бидам осудувана поради.

Работите ли на нешто ново во моментов?

Работам на нова книга. Повторно пишувам за женското тело. Таа е сексуална работничка, но од аспект каде сексот е моќ. Би рекла дека е трилер и говори за одмазда, мошне феминистичка книга. На сексуалната работничка не се гледа како на жртва, туку како на самоуверена жена која го користи сопственото тело за сопствени цели. Тоа е одмазда за нешто што се случило во минатото, приказна за пријателството меѓу две жени, но и критика за патријархалното општество.

Сметате ли дека со вашите романи, делувањето и воопшто зборувањето гласно за одредени теми може да се поместат работите во општеството?

Мислам дека ја сменив играта во Чешка бидејќи изнесов одредени наративи во оваа артистичка дисциплина кои претходно биле забранети и сега чувствувам дека нештата се менуваат. Не се осмелувам да речам дека се менуваат поради мене, но се менуваат бидејќи постојат и други влијанија и последици, но исто така мислам дела мојот глас е мошне силен во јавниот простор меѓу уметниците. Гледам дека младите жени не се плашат повеќе да говорат за сопствените искуства. Силно верувам дека бев иницијатор на таа промена и дека придонесов барем како една капка во тоа движење за женскиот глас да добие сила.

Кога ја читав книгата имав впечаток дека дејствието се одвива како на филмска лента. Дали размислувате да биде филмуван романот „Балерини“?

Сте го прочитале мошне добро. Уште откако ја објавив книгата имам таква идеја и имав многу понуди. Во фаза сме пред потпишување договор со Чешката телевизија која ќе снима серија. Мислам дека така може да се развијат и останатите ликови. Се чека да обезбедат голем буџет, бидејќи треба да се снимаат шест епизоди за националната телевизија.

The post „Балерини“ предизвика жестоки реакции бидејќи ги открива контроверзите на образованието на класичната балетска уметност appeared first on Република.

]]>

Мирженка Чехова (1982) е една од најинтересните претставнички на современиот експериментален балетски и физички театар во Чешка, режисерка и изведувачка на перформанси, кореографка, универзитетска професорка и писателкa. Како мултидисциплинарен артист има зборувано на ТЕД-конференцијата во Прага и била програмски директор на Чешкиот центар во Њујорк. Има коосновано две театарски компании: „Спитфајр компани“ и „ТантеЛаб“ каде работи со независни, мултидисцилпинарни артисти. Нејзиниот творечки опус опфаќа и две книжевни остварувања: „Мис АмериКа“ (2018) и „Балерини“ (2020). Завршила балетски конзерваториум во Прага, отсек класичен балет, а следела и студии по алтернативен театар и невербален театар, здобивајќи се со две магистерски титули. Во 2012 година одбранила докторат од областа на режија на физичкиот и мимичкиот театар. Како добитник на Фулбрајтова стипендија извесен период престојувала во Вашингтон, САД, каде била и предавач. Има основано нов смер во физичкиот театар, комбинирајќи го физичкиот со театарскиот танц. Авторка е и учесничка на повеќе од дваесет сценски проекти во Чешка и во САД, кои експериментираат со различни изразни средства и за таа дејност е добитничка на низа награди и признанија. Во моментов живее на релација Прага-Њујорк. Во моментов поготвува театарски проекти за детска палијативна нега и пишува нова книга за човековото тело. Обете книжевни дела што ги објавила послужиле како предлошки за танцово-сценски перформанси. Театарскиот перформанс „Госпоѓа АмериКа“ подоцна бил номиниран за наградата „Талија“, која се доделува на најдобри театарски актери во Чешка. Во 2022 се случила и премиерата на драматизацијата на романот „Балерини“ во вид на мултимедијален сценски проект, кој комбинира анимација, филм, музика во живо и балет. Проектот сѐ уште е на репертоарот на театарот „Палата Акропол“ во Прага. За оваа книга Чехова била номинирана за Наградата за литература на Европската Унија и за наградата „Театарски весник“.
Кога си дете, некои работи што ти се случуваат не ги разбираш како екстремни – само го прифаќаш текот на нештата. Екстремноста станува ’екстремна‘ многу подоцна, кога можеби си возрасен и имаш увид на ситуацијата од дистанција, „Балерини“, превод од чешки: Соња Стојменска-Елзесер „Антолог“, Скопје, 2023 Роман за контроверзите на образованието и практиката на класичната балетска уметност. Базирана врз личното искуство на авторката, приказната се развива околу школувањето на млада девојка на балетски конзерваториум во Прага во 1990-те години. Осамостојувањето на рана возраст, предизвиците на големиот град, жртвите за посакуваниот идеал, постојаниот физички и ментален напор, строгата и непотполна едукација, секојдневните прегладнувања, дрогите и алкохолот... Се покажува дека возвишената балетска игра има потресна позадина. Појавата на оваа книга предизвикала сериозни дебати во балетскиот свет во Чешка и побудила контрадикторни реакции кај читателската публика: некои ја осудуваат за оцрнување на класичниот балет, а други ја доживуваат како поттик за сериозно преосмислување на практикувањето на оваа уметност.
Во текот на престојот во Скопје со чешката авторка разговаравме за нејзините искуства, инспирациите, но и идеите... Во Скопје доаѓате на Фестивалот „Букстар“. Дали е ова Ваша прва посета на Скопје? Утринава имавте можност и да видите повеќе интересни локации на градот. Какви се впечатоците?
Сум била во Скопје пред 10 години кога настапував на „Танц фест“, но многу кусо престојував и немав можност да видам ништо од градот. Кога ќе дојдете во некои места се ви изгледа премногу сјајно, далечно и различно од вас и се чувствувате како странец, но овде се чуствувам како да сум прегрната. Ме прегрна не само градот, туку и луѓето и почувствував топло добредојде кое ја извади од мене сета нервоза и трема што ги чувствував пред да допатувам на Фестивалот. Од првиот миг се чувствував како меѓу пријатели кои долго ги познавам. По прошетката низ градот можам да кажам дека не се разликува многу од мојот град во Чешката Република, припаѓаме на Источна Европа, но за некои е Централна Европа. Тоа зависи од опсервацијата на местото. Но, сепак има некои работи кои мислам дека во мојата земја веќе ги загубивме. Се чини дека гентрификацијата не е толку силна овде, како што е во Чешка, овде постои духот на надежите и очекувањата од новото што треба да дојде, а сеуште не е дојдено-и тоа според мене е добро. Има некоја енергија на чекање. Од друга страна има егзотика во смисла на мешање на различни култури и влијанија, религии на многу мали места и некако јас сето тоа го разбирам како еден вид мозаик. Град-мозаик. Мислам дека ова е најточен израз бидејќи мозаикот претставува една слика, и доколку едно парче отпадне, сликата не е целосна. Ми се допаѓа тоа и мислам дека во Скопје сликата е комплетна. Пробав и македонска храна. Шопска салата имаме и кај нас во Чешка и мислам дека и во кујната имаме некаква заедничка медитеранска нишка, која според мене е најдобра. Само го видов тавче гравче во автентичен земјен сад, изгледаше многу вкусно, но не успеав да пробам. Плус, многу ми се допаѓа името на храната зошто има одредена поезија во тоа. Тавче-гравче- има ритам во името
Организаторот на фестивалот „Букстар„, издавачката куќа „Антолог“ ја објави Вашата книга „Балерини“. Се чини возвишената балетска игра има потресна позадина...Кажете ни нешто повеќе за овој роман?
Бев многу возбудена од топлиот прием на книгата од читателите. Морам да истакнам дека поголемиот број се жени, особено имаше голем одглас кај помладите жени, но имаше и мажи, мои колеги, етаблирани писатели кои позитивно реагираа на темата од позиција на татковци. Книгата се вика „Балерини“ и претставува автобиографска приказна. Јас бев балерина, изучував класичен балет од десетгодишна возраст до деветнаесет години на Конзерваториумот, мошне високо рангирана училишна установа во центарот на Прага. Многу мал број ученици бевме селектирани од голем број пријавени, и бевме изучувани да станеме балерини кои ќе настапуваат на големите сцени на големите театри. Ова беше првичната идеја со која влегов во училиштето, но година по година ја откривав и темната страна на ова авторитарна едукација која всушност ги формира женските тела во тие перфектни продукти без идентитет, без индивидуалитет, без глас. Целиот процес како женското тело е формирано, како гласот е замолкнат е всушност она за што пишувам во книгата. Главната протагонистка е бунтовник и презема револуционерни чекори, таа се бори против оваа идеја да биде перфектен продукт, се откажува од својот идеал да биде број еден примабалерина, да стои на најпознатите сцени со сноп светлина врз неа и сфаќа дека сиот тој жанр на класичен балет е една голема лага. Реализацијата на книгата беше можне тешка не само за мене туку и за другите мажи и жени кои минале низ истиот процес, не само додека учев, туку и додека ја објавував книгата. Добивава стотици повици од луѓе кои минале низ истото образование и ми се заблагодаруваа за тоа што јас го кажав гласно. Идеалниот лебед е нем лебед . Белиот лебед е исто така наречен нем лебед. Таа не зборува гласно, таа само страда без збор. На почетокот мислев дека ова ќе допре само до оние кои имале слични искуства, ни се изненадив кога увидов дека искуството е всушност глобално и говори генерално за женското тело. Како е третирано во јавниот живот, во семејните кругови...Оваа книга, би рекла, ги охрабрува младите жени да не се плашат од своите мисли и идеи. Не треба да бидеме само декор, може од неа да научат како да станат лидери, како да бидат препознаени, како да ги изразат своите идеи.
Режисерка, изведувачка, кореографка, професорка, писателка...Каде се пронаоѓате најмногу?
Најпрво би рекла јас сум автор кој користи различни начини на искажување. Некогаш тоа е телото, некогаш е сцената за некој друг, но понекогаш е хартијата, односно кумпјутерот. Сакам да бидам сама, тоа е место каде што најмногу можам да бидам слободна, нема туѓи очи, како што е тоа случај кога сте на сцена, и се чувствувам целосно слободно. Се чувтвувам ослободена од сите очекувања, архетипи, улоги...Кога пишувам се чувствувам како да сум во некој сопствен меур во кој можам да бидам што сакам и да не бидам осудувана поради.
Работите ли на нешто ново во моментов?
Работам на нова книга. Повторно пишувам за женското тело. Таа е сексуална работничка, но од аспект каде сексот е моќ. Би рекла дека е трилер и говори за одмазда, мошне феминистичка книга. На сексуалната работничка не се гледа како на жртва, туку како на самоуверена жена која го користи сопственото тело за сопствени цели. Тоа е одмазда за нешто што се случило во минатото, приказна за пријателството меѓу две жени, но и критика за патријархалното општество.
Сметате ли дека со вашите романи, делувањето и воопшто зборувањето гласно за одредени теми може да се поместат работите во општеството?
Мислам дека ја сменив играта во Чешка бидејќи изнесов одредени наративи во оваа артистичка дисциплина кои претходно биле забранети и сега чувствувам дека нештата се менуваат. Не се осмелувам да речам дека се менуваат поради мене, но се менуваат бидејќи постојат и други влијанија и последици, но исто така мислам дела мојот глас е мошне силен во јавниот простор меѓу уметниците. Гледам дека младите жени не се плашат повеќе да говорат за сопствените искуства. Силно верувам дека бев иницијатор на таа промена и дека придонесов барем како една капка во тоа движење за женскиот глас да добие сила.
Кога ја читав книгата имав впечаток дека дејствието се одвива како на филмска лента. Дали размислувате да биде филмуван романот „Балерини“?
Сте го прочитале мошне добро. Уште откако ја објавив книгата имам таква идеја и имав многу понуди. Во фаза сме пред потпишување договор со Чешката телевизија која ќе снима серија. Мислам дека така може да се развијат и останатите ликови. Се чека да обезбедат голем буџет, бидејќи треба да се снимаат шест епизоди за националната телевизија.

The post „Балерини“ предизвика жестоки реакции бидејќи ги открива контроверзите на образованието на класичната балетска уметност appeared first on Република.

]]>
Поделбата на литературата на машка и на женска ја омаловажува до ниво што автоматски ѝ ја одзема нејзината длабочина https://republika.mk/vesti/kultura/podelbata-na-literaturata-na-mashka-i-na-zhenska-ja-omalovazhuva-do-nivo-shto-avtomatski-ja-odzema-nejzinata-dlabochina/ Sun, 15 Sep 2024 13:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=816514

Во последно време сè повеќе размислувам дека единствените машки писатели што ми се допаѓаат се феминистки во нивното пишување и размислување. И тоа е толку секси и толку добро што надежта за 'храбриот нов свет' во мене повторно се раѓа, вели во интервју за „Република“ бугарската писателка Рене Карабаш, која е гостинкка на 12. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ кој почнува вечерва во 20 часот во Даут Пашин амам во Скопје.

На македонската читателска публика Карабаш ѝ е позната преку делото „Остајница“, за кое таа доби престижни награди, а во разговор за „Република“ вели дека корицата на романот преведен на македонски јазик ѝ е една од најомилените.

Рене Карабаш (Ирена Иванова, 1989) е наградувана писателка, актерка, сценаристка и поетеса. За нејзината главна улога во филмот „Безбожник“, таа освои голем број награди за најдобра актерка на европските фестивали: „Сребрен леопард“ во Локарно, „Алуминиумски коњ“ во Стокхолм, „Срцето на Сараево“ итн. Дебитантскиот роман на Рене „Онаа што останува“ ја доби престижната книжевна награда „Елиас Канети“ и била номинирана за наградата Роман на годината и Националната книжевна награда „Перото“.

Во декември 2023 година, францускиот превод на романот од страна на Мари-Вринат Никлов беше награден со Француската ПЕН награда. Англиски извадок од насловот беше награден со наградата за превод на Gulf Coast Journal за 2023 година. „Таа што останува“ веќе е објавен на арапски, француски, полски, босански и македонски јазик, а правата се продаваат во Бразил, САД, Италија, Србија и Грција. Во тек е киноадаптација на романот. Филмот ќе се снима во 2025 година во копродукција со Албанија, Германија, Италија и Романија.

Рене е сценарист на драмската серија „Ние, брановите“, што в година ќе се прикажува на Бугарската национална телевизија. Таа е основач на „The Rabbit Hole“ – академија за креативно пишување, која ги прибира како предавачи некои од најистакнатите писатели во Бугарија.

Ирена Иванова, родена 1989 година, сега Рене Карабаш, е поетеса, наградувана писателка, позната актерка, драматруг, која пишува сценарио за нова тв-серија. Со која Рене ви е најпријатно да се дружите?

КАРАБАШ: Сакам да комуницирам со која било Рене од наведените. Но, ми се чини, најмногу сакам да комуницирам со таа Рене која стои зад секоја од нив. Таа е раката што се лизга во овие различни ракавици и создава преку нив. Оваа Рене ми е омилена и најважна.

Каков е вашиот став за тоа дали литературата може да се дели на машка и женска? Односно дали сметате дека постои таканаречено женско писмо? Треба и уметноста да има такви поделби?

КАРАБАШ: За мене уметноста не треба да се дели на машка и женска. Мора да биде андрогена, како самиот Бог, кој во себе носи машка и женска енергија. Секој писател мора да ги совлада овие две креативни енергии во себе и да знае како да ги користи. Поделбата на литературата, уметноста, на машка и на женска ја омаловажува до ниво што автоматски ѝ ја одзема нејзината длабочина: 'Ова е напишано од жена, ова е напишано од маж'. И? Според мене, најважно е дали текстот има  божествена енергија во себе и дали го допира читателот. Ова е единствениот критеритум според кој мора да дефинираме едно дело.

Зошто Рене Карабаш? Како го одбравте ова име? Има ли некаква приказна?

КАРАБАШ: Карабаш е презимето на мајка ми. Таа ми раскажуваше многу за мојот прадедо Карабаша, кој стопанисувал со стотици декари шума и вршел многу важна работа. Кога мајка ми се омажи за татко ми, го зеде неговото презиме и нејзиното семејство беше заборавено. И, како на шега, решив да го земам ова презиме како писателски псевдоним, а и како симбол на оние предци кои живееле пред мене и кои верувам дека ќе ми помогнат. А Рене се појави кога се вратив од Франција, каде што студирав. Моите пријатели почнаа да ме викаат Рене и така се роди Рене Карабаш.

ПРО-За Балкан кој се одржува по 12. пат во Скопје се етаблираше како еден од најзначајните Фестивали во регионот кој го следи пулсот на времето во кое живееме. Гостите внимателно одбрани, секој мајстор во пишувањето. Што очекувате од ова издание на Про-За Балкан?

КАРАБАШ: Многу слушав за овој Фестивал и знам дека секоја година собира големи писатели, издавачи и агенти од целиот свет и регионот. За мене е вистинска чест што сум дел од фестивалската програма. Очекувам да запознаам интересни писатели, издавачи. Некои ги знам од други фестивали на кои сум била, некои не ги познавам, но најважно е што ќе бидам дел од нешто што нè зближува како луѓе, а не нè разделува.

Вашето најпознато дело „Остајница“ за кое добивте многубројни престижни награди е преведено на македонски јазик. Како ви оди соработката со македонските издавачи? Може ли да очекуваме нов превод на некое од вашите дела?

КАРАБАШ: Исклучително сум среќа што Михајло Свидерски е мојот македонски издавач и преведувач на мојот роман. Освен што е добар издавач и преведувач, Михајло е и многу добар писател, што е голем плус, особено за преведување на книга како мојата, напишана како една долга поема. Овде првпат споделувам дека корицата на македонското издание на мојот роман, е една од моите омилени корици некогаш објавени. Може да кажам и најомилена. Се надевам дека „Остајница“ ќе допре до срцата на македонските читатели и наскоро и други мои дела ќе бидат објавени на македонски јазик.

Про-За Балкан ги слави различностите на писателите во регионот и идејата е дека различносите треба и не привлекуваат, а не не одалечуваат. Што мислите Вие?

КАРАБАШ: Апсолутно се согласувам. Има доволно итни прашања и конфликти кои можат постојано да нè отуѓуваат и разделуваат. А моќта на литературата е токму во ова - да гради мостови меѓу луѓето, а не да ги уништува. Добро е да се организираат вакви настани и фестивали кои прикажуваат различни уметници по пол, раса, националност, сексуалност итн бидејќи различноста го прави светот поубав и побогат. И кога сите овие 'различни' луѓе ќе се соберат на едно место, разбираме колку сме сите исти. На крајот на краиштата, сите сме направени од ѕвездена прашина. И ќе бидеме прашина еден ден.

Треба ли писателките да ја скратат косата, да дадат заклетва и да облечат машка облека за да се чуе нивниот глас во светот на книжевноста?

КАРАБАШ: Не. Тие треба да пишуваат со својата женска ранливост за оние кои тоа го прават, а со тоа сакаат да станат еднакви со мажите. Покрај тоа што се збунети писателки, тие треба да бидат и активни граѓанки кои слободно зборуваат и пишуваат за родовата нееднаквост. Жените имаат многу работа со правата кои толку долго им биле ускратувани. Затоа треба да разговараме. И феминистките не треба да се гледаат како бесни жени со хормонални проблеми подготвени да го убијат секој маж што ќе им се најде на патот. Напротив. Целта на феминизмот е да го врати местото на жената, а тоа не е ни над ни под мажите. Во последно време сè повеќе размислувам дека единствените машки писатели што ми се допаѓаат се феминистки во нивното пишување и размислување. И тоа е толку секси и толку добро што надежта за 'храбриот нов свет' во мене повторно се раѓа.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Поделбата на литературата на машка и на женска ја омаловажува до ниво што автоматски ѝ ја одзема нејзината длабочина appeared first on Република.

]]>

Во последно време сè повеќе размислувам дека единствените машки писатели што ми се допаѓаат се феминистки во нивното пишување и размислување. И тоа е толку секси и толку добро што надежта за 'храбриот нов свет' во мене повторно се раѓа, вели во интервју за „Република“ бугарската писателка Рене Карабаш, која е гостинкка на 12. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ кој почнува вечерва во 20 часот во Даут Пашин амам во Скопје. На македонската читателска публика Карабаш ѝ е позната преку делото „Остајница“, за кое таа доби престижни награди, а во разговор за „Република“ вели дека корицата на романот преведен на македонски јазик ѝ е една од најомилените. Рене Карабаш (Ирена Иванова, 1989) е наградувана писателка, актерка, сценаристка и поетеса. За нејзината главна улога во филмот „Безбожник“, таа освои голем број награди за најдобра актерка на европските фестивали: „Сребрен леопард“ во Локарно, „Алуминиумски коњ“ во Стокхолм, „Срцето на Сараево“ итн. Дебитантскиот роман на Рене „Онаа што останува“ ја доби престижната книжевна награда „Елиас Канети“ и била номинирана за наградата Роман на годината и Националната книжевна награда „Перото“. Во декември 2023 година, францускиот превод на романот од страна на Мари-Вринат Никлов беше награден со Француската ПЕН награда. Англиски извадок од насловот беше награден со наградата за превод на Gulf Coast Journal за 2023 година. „Таа што останува“ веќе е објавен на арапски, француски, полски, босански и македонски јазик, а правата се продаваат во Бразил, САД, Италија, Србија и Грција. Во тек е киноадаптација на романот. Филмот ќе се снима во 2025 година во копродукција со Албанија, Германија, Италија и Романија. Рене е сценарист на драмската серија „Ние, брановите“, што в година ќе се прикажува на Бугарската национална телевизија. Таа е основач на „The Rabbit Hole“ – академија за креативно пишување, која ги прибира како предавачи некои од најистакнатите писатели во Бугарија. Ирена Иванова, родена 1989 година, сега Рене Карабаш, е поетеса, наградувана писателка, позната актерка, драматруг, која пишува сценарио за нова тв-серија. Со која Рене ви е најпријатно да се дружите? КАРАБАШ: Сакам да комуницирам со која било Рене од наведените. Но, ми се чини, најмногу сакам да комуницирам со таа Рене која стои зад секоја од нив. Таа е раката што се лизга во овие различни ракавици и создава преку нив. Оваа Рене ми е омилена и најважна. Каков е вашиот став за тоа дали литературата може да се дели на машка и женска? Односно дали сметате дека постои таканаречено женско писмо? Треба и уметноста да има такви поделби? КАРАБАШ: За мене уметноста не треба да се дели на машка и женска. Мора да биде андрогена, како самиот Бог, кој во себе носи машка и женска енергија. Секој писател мора да ги совлада овие две креативни енергии во себе и да знае како да ги користи. Поделбата на литературата, уметноста, на машка и на женска ја омаловажува до ниво што автоматски ѝ ја одзема нејзината длабочина: 'Ова е напишано од жена, ова е напишано од маж'. И? Според мене, најважно е дали текстот има  божествена енергија во себе и дали го допира читателот. Ова е единствениот критеритум според кој мора да дефинираме едно дело. Зошто Рене Карабаш? Како го одбравте ова име? Има ли некаква приказна? КАРАБАШ: Карабаш е презимето на мајка ми. Таа ми раскажуваше многу за мојот прадедо Карабаша, кој стопанисувал со стотици декари шума и вршел многу важна работа. Кога мајка ми се омажи за татко ми, го зеде неговото презиме и нејзиното семејство беше заборавено. И, како на шега, решив да го земам ова презиме како писателски псевдоним, а и како симбол на оние предци кои живееле пред мене и кои верувам дека ќе ми помогнат. А Рене се појави кога се вратив од Франција, каде што студирав. Моите пријатели почнаа да ме викаат Рене и така се роди Рене Карабаш. ПРО-За Балкан кој се одржува по 12. пат во Скопје се етаблираше како еден од најзначајните Фестивали во регионот кој го следи пулсот на времето во кое живееме. Гостите внимателно одбрани, секој мајстор во пишувањето. Што очекувате од ова издание на Про-За Балкан? КАРАБАШ: Многу слушав за овој Фестивал и знам дека секоја година собира големи писатели, издавачи и агенти од целиот свет и регионот. За мене е вистинска чест што сум дел од фестивалската програма. Очекувам да запознаам интересни писатели, издавачи. Некои ги знам од други фестивали на кои сум била, некои не ги познавам, но најважно е што ќе бидам дел од нешто што нè зближува како луѓе, а не нè разделува. Вашето најпознато дело „Остајница“ за кое добивте многубројни престижни награди е преведено на македонски јазик. Како ви оди соработката со македонските издавачи? Може ли да очекуваме нов превод на некое од вашите дела? КАРАБАШ: Исклучително сум среќа што Михајло Свидерски е мојот македонски издавач и преведувач на мојот роман. Освен што е добар издавач и преведувач, Михајло е и многу добар писател, што е голем плус, особено за преведување на книга како мојата, напишана како една долга поема. Овде првпат споделувам дека корицата на македонското издание на мојот роман, е една од моите омилени корици некогаш објавени. Може да кажам и најомилена. Се надевам дека „Остајница“ ќе допре до срцата на македонските читатели и наскоро и други мои дела ќе бидат објавени на македонски јазик. Про-За Балкан ги слави различностите на писателите во регионот и идејата е дека различносите треба и не привлекуваат, а не не одалечуваат. Што мислите Вие? КАРАБАШ: Апсолутно се согласувам. Има доволно итни прашања и конфликти кои можат постојано да нè отуѓуваат и разделуваат. А моќта на литературата е токму во ова - да гради мостови меѓу луѓето, а не да ги уништува. Добро е да се организираат вакви настани и фестивали кои прикажуваат различни уметници по пол, раса, националност, сексуалност итн бидејќи различноста го прави светот поубав и побогат. И кога сите овие 'различни' луѓе ќе се соберат на едно место, разбираме колку сме сите исти. На крајот на краиштата, сите сме направени од ѕвездена прашина. И ќе бидеме прашина еден ден. Треба ли писателките да ја скратат косата, да дадат заклетва и да облечат машка облека за да се чуе нивниот глас во светот на книжевноста? КАРАБАШ: Не. Тие треба да пишуваат со својата женска ранливост за оние кои тоа го прават, а со тоа сакаат да станат еднакви со мажите. Покрај тоа што се збунети писателки, тие треба да бидат и активни граѓанки кои слободно зборуваат и пишуваат за родовата нееднаквост. Жените имаат многу работа со правата кои толку долго им биле ускратувани. Затоа треба да разговараме. И феминистките не треба да се гледаат како бесни жени со хормонални проблеми подготвени да го убијат секој маж што ќе им се најде на патот. Напротив. Целта на феминизмот е да го врати местото на жената, а тоа не е ни над ни под мажите. Во последно време сè повеќе размислувам дека единствените машки писатели што ми се допаѓаат се феминистки во нивното пишување и размислување. И тоа е толку секси и толку добро што надежта за 'храбриот нов свет' во мене повторно се раѓа. Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Поделбата на литературата на машка и на женска ја омаловажува до ниво што автоматски ѝ ја одзема нејзината длабочина appeared first on Република.

]]>
Никица Мојсоска Блажевски: GoDigital е сериозен чекор кон дигиталната економија https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikitsa-mojsoska-blazhevski-godigital-e-seriozen-chekor-kon-digitalnata-ekonomija/ Sat, 14 Sep 2024 08:17:27 +0000 https://republika.mk/?p=816129

Според некои проценки, 40% од успешните компании кои работат денес ќе престанат да постојат во следната деценија доколку не најдат начин да ги трансформираат своите операции и да се прилагодат на новите технологии. Успехот намалите и средни претпријатија (МСП) во Македонија, како и нанивните колеги од целиот регион, зависи од нивната способност да се прилагодат на новите технологии и да користат дигитални алатки за подобрување на продуктивноста и конкурентноста.

Согледувајќи ја оваа клучна потреба, организацијата GoDigital, која беше создадена како проектна фондацијата Macedonia2025, се зафати да го трансформира дигиталниот пејзаж за малите и средни претпријатија во Македонија. Повеќе за ова ни кажа Никица Мојсоска-Блажевски, извршен директор на Macedonia2025.

Визијата зад GoDigital

Главната цел на GoDigital е да ја води и поддржи дигиталната трансформација на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија. Оваа програма не е само иницијатива - тоа е стратешки потег насочен кон интегрирање на бизнисите во глобалната економија преку опремување со потребните алатки и знаење за да успеат во ерата на индустријата 4.0.

Како дел од една поширока визија, GoDigital има за цел да го забрза економскиот раст, да го подобри деловното опкружување и да ги поттикне иновациите во домашните компании. Оваа визија е во согласност со сеопфатните цели на Macedonia2025, која се залага за брз економски развој и создавање подобри деловни можности во регионот, вели Никица Мојсоска-Блажевски.

Организацијата Macedonija2025 и компанијата Visa, заедно со другите партнери, КИБС АД и ИМЕ (проект на швајцарската влада во Cеверна Македонија), го започнаа GoDigital, кој вклучува финансиска поддршка преку грантови од 6.000 до 10.000 евра и експертска поддршка преку менторство и креирање на стратегија за дигитална трансформација од меѓународно сертифицирани консултанти. Бизнисите веќе аплицираат во голем број, но повикот сè уште е отворен на следниот линк.

Кој треба да аплицира за GoDigital?

GoDigital е наменет за компании кои се подготвени да го подигнат нивото на нивната дигитална трансформација и да ги подобрат своите деловни процеси преку усвојување на нови технологии. Првично, фокусот ќе биде ставен на успешни постоечки компании со над 10 вработени, позитивни финансиски резултати и подготвеност за прифаќање на дигиталните алатки. Предност ќе имаат производствените компании кои вообичаено создаваат поголема додадена вредност, како и компаниите со потенцијал за извоз, вели Никица и додава дека во мала економија како што е македонската, извозот е клучен за зголемување на производството и раст на компаниите. Затоа GoDigital става голем акцент на поддршката на компаниите со извозни амбиции, бидејќи тоа е единствениот начин да се забрза економскиот раст на национално ниво.

Улогата на консултантите во иницирање дигитална трансформација

GoDigital избра консултанти врз основа на нивното искуство и експертиза за подобрување на деловниот успех, како и нивното знаење во областа на дигиталната трансформација. Нивната улога е да ги водат бизнисите низ процесот на дигитализација, нудејќи приспособени решенија и обука за тоа како да користат нови технологии за подобрување на деловните перформанси.

Покрај техничките аспекти, консултантите играат клучна улога во менувањето на начинот на размислување на менаџментот и вработените. Тие ги прошируваат хоризонтите на компанијата, покажувајќи им ги сите можности што ги нуди дигитализацијата и мотивирајќи ги да ја гледаат дигиталната трансформација како континуиран процес, а не како еднократна интервенција, објаснува Никица Мојсоска-Блажевски.

Важноста на поддршката на компанијата зауспехот на иницијативата

Успехот на GoDigital зависи од активното учество и посветеност на компаниите, особено нивниот менаџмент. Само со нивна посветеност и вложување може да се постигнат посакуваните резултати. Клучот е компаниите да ја преземат сопственоста на процесот на дигитална трансформација, наместо да бидат пасивни учесници во промените што ги спроведуваат надворешни консултанти.

Директорот на GoDigital забележува дека менаџерските тимови мора да ги прифатат промените, да веруваат во нив и да разберат дека континуираното прилагодување на деловните операции е неопходно за долгорочен успех. Комбинацијата од менторство, совети и финансиска поддршка обезбедена од GoDigital нуди сеопфатен пристап кон дигиталната трансформација со долгорочни придобивки за учесниците во програмата.

За пошироката економија, дигитализацијата на бизнисите може да доведе до зголемена конкурентност, повисоки стапки на вработеност и бран на иновации. На крајот на краиштата, ова придонесува за подобрување на животниот стандард на општеството како целина.

МСП претставуваат 90% од сите бизниси на пазарот, обезбедуваат над 70% од работните места и придонесуваат со 50% во глобалниот БДП. Тие се срцето и столбот на економијата во повеќето општества, објаснува Ана Драшковиќ, потпретседател и генерален директор на Visa за регионот на Југоисточна Европа и додава дека ги поканува сите да аплицираат бидејќи оваа иницијатива има за цел да обезбеди значителен поттик за малите и средни бизниси преку олеснување на нивната транзиција кон дигитални платформи и преку подобрување на нивните економски и организациски перформанси.

https://republika.mk/docs/Visa-GODIGITAL-V2.20.mp4

Состојба на дигитална трансформација и следните чекори

Дигиталната трансформација во Македонија е сè уште во рана фаза, со значителен простор за подобрување. Една од клучните улоги на GoDigital е да создаде свест за потребата од дигитална трансформација и да помогне во развојот на еко-систем кој се надеваме дека ќе функционира независно од субвенционираната поддршка во иднина.

Сепак, дигитализацијата на претпријатијата не е доволна за да се создаде дигитално општество. Владата треба да усвои и дигитални практики, нудејќи дигитални услуги и за бизнисите и за граѓаните. Покрај тоа, граѓаните мора самите да стекнат нови вештини. Иднината на македонската економија зависи од холистички пристап кој вклучува подобрување на дигиталната инфраструктура, дигитализација на владините услуги и едукација на работната сила.

Никица заклучува дека само со прифаќање на овие промени, Македонија може да се позиционира како лидер во дигиталната трансформација на Балканот, обезбедувајќи нејзините мали и средни претпријатија да бидат конкурентни не само на локалниот, туку и на глобалниот пазар.

Комерцијална објава

The post Никица Мојсоска Блажевски: GoDigital е сериозен чекор кон дигиталната економија appeared first on Република.

]]>

Според некои проценки, 40% од успешните компании кои работат денес ќе престанат да постојат во следната деценија доколку не најдат начин да ги трансформираат своите операции и да се прилагодат на новите технологии. Успехот намалите и средни претпријатија (МСП) во Македонија, како и нанивните колеги од целиот регион, зависи од нивната способност да се прилагодат на новите технологии и да користат дигитални алатки за подобрување на продуктивноста и конкурентноста. Согледувајќи ја оваа клучна потреба, организацијата GoDigital, која беше создадена како проектна фондацијата Macedonia2025, се зафати да го трансформира дигиталниот пејзаж за малите и средни претпријатија во Македонија. Повеќе за ова ни кажа Никица Мојсоска-Блажевски, извршен директор на Macedonia2025. Визијата зад GoDigital Главната цел на GoDigital е да ја води и поддржи дигиталната трансформација на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија. Оваа програма не е само иницијатива - тоа е стратешки потег насочен кон интегрирање на бизнисите во глобалната економија преку опремување со потребните алатки и знаење за да успеат во ерата на индустријата 4.0.
Како дел од една поширока визија, GoDigital има за цел да го забрза економскиот раст, да го подобри деловното опкружување и да ги поттикне иновациите во домашните компании. Оваа визија е во согласност со сеопфатните цели на Macedonia2025, која се залага за брз економски развој и создавање подобри деловни можности во регионот, вели Никица Мојсоска-Блажевски.
Организацијата Macedonija2025 и компанијата Visa, заедно со другите партнери, КИБС АД и ИМЕ (проект на швајцарската влада во Cеверна Македонија), го започнаа GoDigital, кој вклучува финансиска поддршка преку грантови од 6.000 до 10.000 евра и експертска поддршка преку менторство и креирање на стратегија за дигитална трансформација од меѓународно сертифицирани консултанти. Бизнисите веќе аплицираат во голем број, но повикот сè уште е отворен на следниот линк. Кој треба да аплицира за GoDigital? GoDigital е наменет за компании кои се подготвени да го подигнат нивото на нивната дигитална трансформација и да ги подобрат своите деловни процеси преку усвојување на нови технологии. Првично, фокусот ќе биде ставен на успешни постоечки компании со над 10 вработени, позитивни финансиски резултати и подготвеност за прифаќање на дигиталните алатки. Предност ќе имаат производствените компании кои вообичаено создаваат поголема додадена вредност, како и компаниите со потенцијал за извоз, вели Никица и додава дека во мала економија како што е македонската, извозот е клучен за зголемување на производството и раст на компаниите. Затоа GoDigital става голем акцент на поддршката на компаниите со извозни амбиции, бидејќи тоа е единствениот начин да се забрза економскиот раст на национално ниво. Улогата на консултантите во иницирање дигитална трансформација GoDigital избра консултанти врз основа на нивното искуство и експертиза за подобрување на деловниот успех, како и нивното знаење во областа на дигиталната трансформација. Нивната улога е да ги водат бизнисите низ процесот на дигитализација, нудејќи приспособени решенија и обука за тоа како да користат нови технологии за подобрување на деловните перформанси.
Покрај техничките аспекти, консултантите играат клучна улога во менувањето на начинот на размислување на менаџментот и вработените. Тие ги прошируваат хоризонтите на компанијата, покажувајќи им ги сите можности што ги нуди дигитализацијата и мотивирајќи ги да ја гледаат дигиталната трансформација како континуиран процес, а не како еднократна интервенција, објаснува Никица Мојсоска-Блажевски.
Важноста на поддршката на компанијата зауспехот на иницијативата Успехот на GoDigital зависи од активното учество и посветеност на компаниите, особено нивниот менаџмент. Само со нивна посветеност и вложување може да се постигнат посакуваните резултати. Клучот е компаниите да ја преземат сопственоста на процесот на дигитална трансформација, наместо да бидат пасивни учесници во промените што ги спроведуваат надворешни консултанти. Директорот на GoDigital забележува дека менаџерските тимови мора да ги прифатат промените, да веруваат во нив и да разберат дека континуираното прилагодување на деловните операции е неопходно за долгорочен успех. Комбинацијата од менторство, совети и финансиска поддршка обезбедена од GoDigital нуди сеопфатен пристап кон дигиталната трансформација со долгорочни придобивки за учесниците во програмата. За пошироката економија, дигитализацијата на бизнисите може да доведе до зголемена конкурентност, повисоки стапки на вработеност и бран на иновации. На крајот на краиштата, ова придонесува за подобрување на животниот стандард на општеството како целина.
МСП претставуваат 90% од сите бизниси на пазарот, обезбедуваат над 70% од работните места и придонесуваат со 50% во глобалниот БДП. Тие се срцето и столбот на економијата во повеќето општества, објаснува Ана Драшковиќ, потпретседател и генерален директор на Visa за регионот на Југоисточна Европа и додава дека ги поканува сите да аплицираат бидејќи оваа иницијатива има за цел да обезбеди значителен поттик за малите и средни бизниси преку олеснување на нивната транзиција кон дигитални платформи и преку подобрување на нивните економски и организациски перформанси.
https://republika.mk/docs/Visa-GODIGITAL-V2.20.mp4 Состојба на дигитална трансформација и следните чекори Дигиталната трансформација во Македонија е сè уште во рана фаза, со значителен простор за подобрување. Една од клучните улоги на GoDigital е да создаде свест за потребата од дигитална трансформација и да помогне во развојот на еко-систем кој се надеваме дека ќе функционира независно од субвенционираната поддршка во иднина. Сепак, дигитализацијата на претпријатијата не е доволна за да се создаде дигитално општество. Владата треба да усвои и дигитални практики, нудејќи дигитални услуги и за бизнисите и за граѓаните. Покрај тоа, граѓаните мора самите да стекнат нови вештини. Иднината на македонската економија зависи од холистички пристап кој вклучува подобрување на дигиталната инфраструктура, дигитализација на владините услуги и едукација на работната сила. Никица заклучува дека само со прифаќање на овие промени, Македонија може да се позиционира како лидер во дигиталната трансформација на Балканот, обезбедувајќи нејзините мали и средни претпријатија да бидат конкурентни не само на локалниот, туку и на глобалниот пазар.
Комерцијална објава

The post Никица Мојсоска Блажевски: GoDigital е сериозен чекор кон дигиталната економија appeared first on Република.

]]>
Моја мисија е Македонската филхармонија конечно да почне да плови во мирни и креативни води https://republika.mk/vesti/kultura/moja-misija-e-makedonskata-filharmonija-konechno-da-pochne-da-plovi-vo-mirni-i-kreativni-vodi/ Wed, 04 Sep 2024 12:11:00 +0000 https://republika.mk/?p=813079

Александар Котевски од неодамна е назначен за в.д директор на Македонската филхармонија.
Во неговата биографија стои дека е вработен во Филхармонија како прв виолончелист во оркестарот во 2015 година, а во периодот од 2011 до 2014 работел како Уметнички директор на Македонската Опера. Со ансамблот на Операта во 2013 година ја организира и реализира турнеjата во Индонезија каде настапиле во светски познатата сала “Aula Simphony” и во салата на храмот “Tzu Chi” каде што концертот се пренесуваше на директен телевизиски пренос пред 50 милиони гледачи. На тој донаторски концерт се собраа над 350.000 евра за настраданите во цунамито во Филипините.
Котевски бил редовен член на оркестарот на Музичка младина на Македонија, Македонска Филхармонија и нејзиниот камерен оркестар, Меѓународниот оркестар во Сараево, Дубровничкиот Симфониски оркестар. Како член на повеќе оркестри и состави настапувал во: Хрватска, Германија, Австрија, Италија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Индонезија, Шпанија, Америка, Кина, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Казакстан итн.
Во пресрет на новата концертна сезона и одбележувањето на значајниот јубилеј-80 години постоење на Македонската филхармонија разговаравме со Котевски за предвидените настани, свечености, гостувања...како и за предизвиците кои им претстојат во периодот што следува.

Новата концертна сезона на Македонската филхармонија почнува на 10 октомври. Вие сте на чело на најстарата културна институција во земјава која годинава одбележува значаен јубилеј- 80 години постоење. Со што ќе ја најавите сезоната?

Во годината во која нашата институција ќе прослави 80-годишен јубилеј од формирањето како музички колектив, најстар во земјата, оркестарот на Македонската филхармонија ќе се претстави со разновидна и внимателно одбрана програма. Новата концертна сезона 2024-2025 е насловена „Одисеја“, а симболиката на насловот се надоврзува на осумдесетте години активно музицирање на оркестарот и преку поднасловот – патување исполнето со музички авантури и предизвици. И насловите на концертите во новата сезона се извлечени од наслови на претходни сезони за да се сублимира осумдеценискиот континуитет на Македонската филхармонија. Осум децении нашиот оркестар го презентира симфониското музицирање на највисоко ниво, преку изведба на капитални музички дела кои претставуваат алфа и омега во класичната литература. И оваа сезона која има посебно значење на нас, на публиката ќе и понудиме врвни концертни доживувања.
Концертната сезона „Одисеја“ започнува на 10 октомври со концертот насловен „Го славиме Јубилејот” на кој како солист ќе настапи нашата светски позната сопранистка Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф – диригентот Јерухам Шаровски од Израел. Премиерно ќе се изведе и дело од македонски автор кое ќе биде избрано на конкурсот за нарачка на композиции кој го објави нашата институција во мај оваа година. На програмата е и премиерна изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар од Ерих Корнголд и Симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски.

Како е предвидено да се одбележи јубилејот? Најавени се концертите „Го славиме јубилејот“, „Озвучени емоции“, „Пијанизам хеоризам“, „Моцартовите перипетии“, „Наостри ги сетилата“... Што донесуваат овие настани?

Изборот на програмски решенија како и диригенти и солисти до декември 2024 година се одбрани од претходните раководни лица на институцијата и во интерес на времето и трудот кои се вложени, целосно се прифатени и потврдени. На сцената ќе продефилираат уникатни индивидуалци како што се: пијанистите Лука Дебарг и Петер Лаул, извонредниот виолинист Сергеј Малов кој воедно ќе се претстави како солист и диригент на концертот на 7 ноември; Роберт Бонфиљо - усна хармоника (САД), виолончелистката Моника Лесковар од Хрватска, виолинистката Алена Баева од Казахстан/Луксембург. На пултот пред нашиот оркестар за првпат ќе застане маестра Бар Авни од Израел, инаку лауреатка на престижниот натпревар „Маестра“ во Париз и асистентка на славната диригентка Барабара Ханиган, како и маестро Конрад Ван Алфен од Холандија, нашиот диригент Борјан Цанев, маестро Лубнан Баалбаки од Либан и Емил Табаков од Бугарија. И во вториот дел од сезоната, од јануари до јуни 2025-та ќе настапат исклучителни солисти и диригенти, како виолинистот Марк Бучков од Белгија, врвната Селина От (труба) од Австрија, еден од најдобрите пијанисти на денешнината – Дмитри Маслеев од Русија и др. На Велигденскиот концерт, насловен „Per aspera ad astra“ за првпат во Македонија ќе прозвучи Големата миса во це-мол од Моцарт. Целосната програма на концертната сезона „Одисеја“ до јуни 2025 година наскоро ќе ја објавиме и во каталог и на нашата веб страница за публиката да може подобро да се запознае со настаните кои не очекуваат во јубилејната сезона.

Дали концертот „80 години- љубов“ ќе биде кулминација на настаните од годината во која славите? Што донесува овој настан?

Апсолутно дека концертот на 28 ноември, насловен „80 години- Љубов“ ќе биде кулминација на концертите до крајот на 2024 година. На овој настан ќе го прославиме нашето осумдесетгодишно постоење и делување како една од најстарите културни установи и најстар симфониски оркестар во државата.
Имено, на 24 ноември 1944 година во домот на маестро Тодор Скаловски на улица „Крушовска бр.27“ е одржан првиот состанок на група музичари, чија цел била да се формира првиот македонски Државен симфониски оркестар. Од тогаш, се до денес со овој оркестар настапиле плејада македонски диригенти, солисти, симфониски музичари, гости солисти и диригенти од странство. Несомнено, Македонска филхармонија претставува главно културно јадро и мотив за македонските композитори да ја ослободат својата креативност и талент и да ги преточат во нотен текст, преку дела кои токму нашиот оркестар ќе ги изведе премиерно. Оваа сезона ќе изведеме повеќе дела од домашни автори, дел од нив премиерно, преку конкурсот кој го распиша нашата инстититуција, но и дела од Зографски, Николовски, Тошевски, композитори кои со своето творештво оставиле траен белег во историјата на современата македонска музика.
Во таа насока, на роденденскиот концерт на 28 ноември, премиерно ќе биде изведено дело од македонски композитор, а како солист ќе настапи нашиот добро познат пијанист Симон Трпчески под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски.

[caption id="attachment_813086" align="alignnone" width="566"] фото: Архива на Филхармонија[/caption]

Како уметнички директор на Македонската опера во 2013 година ја организиравте турнеjата во Индонезија каде македонските уметници настапија во светски познатата сала “Aula Simphony” и во салата на храмот„Tzu Chi”, а концертот преку директен телевизиски пренос го видоа 50 милиони гледачи. Дали има најава за гостувања и на Македонската филхармонија?

Веднаш по моето назначување за в.д. директор на Филхармонија, ги контактирав моите драги колеги од Дубровничкиот симфониски оркестар на чело со директорот г-динот Слободан Бегич. Контактите и одличната долгогодишна соработка со нив започнаа уште од 2003 година, во периодот кога бев член на нивниот оркестар како прв виолончелист. Исто така, минатата година во истиот простор остваривме врвно концертно доживување на кој се претстави нашата позната македонска пијанистка Марија Ѓошевска. На наше взаемно задоволство, повторно договориме гостување на 26 септември на кое Македонската Филхармонија во скратен состав ќе настапи на сцената на „Кнежев двор“ во Дубровник. Како солистка ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман под диригентската палка на нашиот маестро Борјан Цанев. Секако, во иднина ќе следуваат и други гостувања на нашиот оркестар за кои навремено ќе бидете информирани.

По заокружувањето на годината, која по многу настани во Македонската филхармонија ќе остане забележана во културната јавност, се подготвува ли програмата за 2025-та? Имате ли веќе некакви првични контури затоа како ќе изгледа следната сезона?

Нашите сезони, како и на сите останати симфониски оркестри во светот се пренесуваат од една во друга година. И сезоната 2024-2025 започнува во октомври, а ќе финишира во јуни. Предлог програмата до крајот на 2025 година веќе беше поднесена во Министерство за култура и туризам од претходната в.д директорка, почитуваната Ангелина Миташева - Димовска. Таа заедно со нашиот шеф диригент Маестро Јерухам Шаровски и уметничкиот совет ја осмислија, разработија и одредија еден програмски правец во кој ќе се движиме. Секако дека таа верзија ќе има неколку промени и доработки во текот на наредниот период. Можам само да најавам дека славејќи го нашиот 80 годишен јубилеј до крајот на 2025 година, меѓу гости солисти и диригенти од странство, повеќе акцент ќе се стави на македонските диригенти и изведувачи.

На местото директор на Македонската филхармонија доаѓате од редот на музичарите – бевте вработен како прв виолончелист и одвнатре ја знаете структурата и состојбите во институцијата. Какви се Вашите планови за во иднина? Каде ја гледате Македонската филхармонија во следниве години?

Моите почетоци како хонорарен соработник - виолончелист во Македонска филхармонија се уште од далечната 1999 година, со прекини за време на работењето во Дубровничкиот симфониски оркестар 2003-2007 како прв виолончелист, па потоа како прв виолончелист 2007-2011 во Македонска Опера и Балет, Уметнички директор на Опера 2011-2014 и конечно враќајки се 2015 година како прв виолончелист во нашиот оркестар. Добро ги познавам моите колеги и сведок сум на сите случувања во изминатиот период. Мојата мисија и визија за нашата институција, се насочени кон најважното нешто според мене, а тоа е таа конечно да почне да плови во мирни и креативни води. Да ја креира и презентира на највисоко ниво нашата главна дејност изведување на симфониска музика со можност минимум еднаш во годината да се изведува и големо вокално-инструментално дело. Да ја анимираме и ја привлечеме нашата најмлада публика преку редовни изведби на детски концерти. Преку интересни програмски концепти да ја брануваме и публиката на отворено на нашите концерти во парк, но главниот фокус е уште повеќе да прераснеме во културен центар во регионот преку изведба на квалитетно одбрана програма од старите мајстори: Бах, Хајдн, Моцарт, Бетовен па се до нашите современици и привлекување на светски познати солисти се со цел програмски и квалитативен развој на нашиот оркестар. Секако, акцент ќе дадеме и на збогатување на нашите камерни концерти, рециталите во малата сала, а исто така и меѓународно претставување на нашиот оркестар.

The post Моја мисија е Македонската филхармонија конечно да почне да плови во мирни и креативни води appeared first on Република.

]]>

Александар Котевски од неодамна е назначен за в.д директор на Македонската филхармонија. Во неговата биографија стои дека е вработен во Филхармонија како прв виолончелист во оркестарот во 2015 година, а во периодот од 2011 до 2014 работел како Уметнички директор на Македонската Опера. Со ансамблот на Операта во 2013 година ја организира и реализира турнеjата во Индонезија каде настапиле во светски познатата сала “Aula Simphony” и во салата на храмот “Tzu Chi” каде што концертот се пренесуваше на директен телевизиски пренос пред 50 милиони гледачи. На тој донаторски концерт се собраа над 350.000 евра за настраданите во цунамито во Филипините. Котевски бил редовен член на оркестарот на Музичка младина на Македонија, Македонска Филхармонија и нејзиниот камерен оркестар, Меѓународниот оркестар во Сараево, Дубровничкиот Симфониски оркестар. Како член на повеќе оркестри и состави настапувал во: Хрватска, Германија, Австрија, Италија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Индонезија, Шпанија, Америка, Кина, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Казакстан итн. Во пресрет на новата концертна сезона и одбележувањето на значајниот јубилеј-80 години постоење на Македонската филхармонија разговаравме со Котевски за предвидените настани, свечености, гостувања...како и за предизвиците кои им претстојат во периодот што следува. Новата концертна сезона на Македонската филхармонија почнува на 10 октомври. Вие сте на чело на најстарата културна институција во земјава која годинава одбележува значаен јубилеј- 80 години постоење. Со што ќе ја најавите сезоната?
Во годината во која нашата институција ќе прослави 80-годишен јубилеј од формирањето како музички колектив, најстар во земјата, оркестарот на Македонската филхармонија ќе се претстави со разновидна и внимателно одбрана програма. Новата концертна сезона 2024-2025 е насловена „Одисеја“, а симболиката на насловот се надоврзува на осумдесетте години активно музицирање на оркестарот и преку поднасловот – патување исполнето со музички авантури и предизвици. И насловите на концертите во новата сезона се извлечени од наслови на претходни сезони за да се сублимира осумдеценискиот континуитет на Македонската филхармонија. Осум децении нашиот оркестар го презентира симфониското музицирање на највисоко ниво, преку изведба на капитални музички дела кои претставуваат алфа и омега во класичната литература. И оваа сезона која има посебно значење на нас, на публиката ќе и понудиме врвни концертни доживувања. Концертната сезона „Одисеја“ започнува на 10 октомври со концертот насловен „Го славиме Јубилејот” на кој како солист ќе настапи нашата светски позната сопранистка Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф – диригентот Јерухам Шаровски од Израел. Премиерно ќе се изведе и дело од македонски автор кое ќе биде избрано на конкурсот за нарачка на композиции кој го објави нашата институција во мај оваа година. На програмата е и премиерна изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар од Ерих Корнголд и Симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски.
Како е предвидено да се одбележи јубилејот? Најавени се концертите „Го славиме јубилејот“, „Озвучени емоции“, „Пијанизам хеоризам“, „Моцартовите перипетии“, „Наостри ги сетилата“... Што донесуваат овие настани?
Изборот на програмски решенија како и диригенти и солисти до декември 2024 година се одбрани од претходните раководни лица на институцијата и во интерес на времето и трудот кои се вложени, целосно се прифатени и потврдени. На сцената ќе продефилираат уникатни индивидуалци како што се: пијанистите Лука Дебарг и Петер Лаул, извонредниот виолинист Сергеј Малов кој воедно ќе се претстави како солист и диригент на концертот на 7 ноември; Роберт Бонфиљо - усна хармоника (САД), виолончелистката Моника Лесковар од Хрватска, виолинистката Алена Баева од Казахстан/Луксембург. На пултот пред нашиот оркестар за првпат ќе застане маестра Бар Авни од Израел, инаку лауреатка на престижниот натпревар „Маестра“ во Париз и асистентка на славната диригентка Барабара Ханиган, како и маестро Конрад Ван Алфен од Холандија, нашиот диригент Борјан Цанев, маестро Лубнан Баалбаки од Либан и Емил Табаков од Бугарија. И во вториот дел од сезоната, од јануари до јуни 2025-та ќе настапат исклучителни солисти и диригенти, како виолинистот Марк Бучков од Белгија, врвната Селина От (труба) од Австрија, еден од најдобрите пијанисти на денешнината – Дмитри Маслеев од Русија и др. На Велигденскиот концерт, насловен „Per aspera ad astra“ за првпат во Македонија ќе прозвучи Големата миса во це-мол од Моцарт. Целосната програма на концертната сезона „Одисеја“ до јуни 2025 година наскоро ќе ја објавиме и во каталог и на нашата веб страница за публиката да може подобро да се запознае со настаните кои не очекуваат во јубилејната сезона.
Дали концертот „80 години- љубов“ ќе биде кулминација на настаните од годината во која славите? Што донесува овој настан?
Апсолутно дека концертот на 28 ноември, насловен „80 години- Љубов“ ќе биде кулминација на концертите до крајот на 2024 година. На овој настан ќе го прославиме нашето осумдесетгодишно постоење и делување како една од најстарите културни установи и најстар симфониски оркестар во државата. Имено, на 24 ноември 1944 година во домот на маестро Тодор Скаловски на улица „Крушовска бр.27“ е одржан првиот состанок на група музичари, чија цел била да се формира првиот македонски Државен симфониски оркестар. Од тогаш, се до денес со овој оркестар настапиле плејада македонски диригенти, солисти, симфониски музичари, гости солисти и диригенти од странство. Несомнено, Македонска филхармонија претставува главно културно јадро и мотив за македонските композитори да ја ослободат својата креативност и талент и да ги преточат во нотен текст, преку дела кои токму нашиот оркестар ќе ги изведе премиерно. Оваа сезона ќе изведеме повеќе дела од домашни автори, дел од нив премиерно, преку конкурсот кој го распиша нашата инстититуција, но и дела од Зографски, Николовски, Тошевски, композитори кои со своето творештво оставиле траен белег во историјата на современата македонска музика. Во таа насока, на роденденскиот концерт на 28 ноември, премиерно ќе биде изведено дело од македонски композитор, а како солист ќе настапи нашиот добро познат пијанист Симон Трпчески под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски.
[caption id="attachment_813086" align="alignnone" width="566"] фото: Архива на Филхармонија[/caption] Како уметнички директор на Македонската опера во 2013 година ја организиравте турнеjата во Индонезија каде македонските уметници настапија во светски познатата сала “Aula Simphony” и во салата на храмот„Tzu Chi”, а концертот преку директен телевизиски пренос го видоа 50 милиони гледачи. Дали има најава за гостувања и на Македонската филхармонија?
Веднаш по моето назначување за в.д. директор на Филхармонија, ги контактирав моите драги колеги од Дубровничкиот симфониски оркестар на чело со директорот г-динот Слободан Бегич. Контактите и одличната долгогодишна соработка со нив започнаа уште од 2003 година, во периодот кога бев член на нивниот оркестар како прв виолончелист. Исто така, минатата година во истиот простор остваривме врвно концертно доживување на кој се претстави нашата позната македонска пијанистка Марија Ѓошевска. На наше взаемно задоволство, повторно договориме гостување на 26 септември на кое Македонската Филхармонија во скратен состав ќе настапи на сцената на „Кнежев двор“ во Дубровник. Како солистка ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман под диригентската палка на нашиот маестро Борјан Цанев. Секако, во иднина ќе следуваат и други гостувања на нашиот оркестар за кои навремено ќе бидете информирани.
По заокружувањето на годината, која по многу настани во Македонската филхармонија ќе остане забележана во културната јавност, се подготвува ли програмата за 2025-та? Имате ли веќе некакви првични контури затоа како ќе изгледа следната сезона?
Нашите сезони, како и на сите останати симфониски оркестри во светот се пренесуваат од една во друга година. И сезоната 2024-2025 започнува во октомври, а ќе финишира во јуни. Предлог програмата до крајот на 2025 година веќе беше поднесена во Министерство за култура и туризам од претходната в.д директорка, почитуваната Ангелина Миташева - Димовска. Таа заедно со нашиот шеф диригент Маестро Јерухам Шаровски и уметничкиот совет ја осмислија, разработија и одредија еден програмски правец во кој ќе се движиме. Секако дека таа верзија ќе има неколку промени и доработки во текот на наредниот период. Можам само да најавам дека славејќи го нашиот 80 годишен јубилеј до крајот на 2025 година, меѓу гости солисти и диригенти од странство, повеќе акцент ќе се стави на македонските диригенти и изведувачи.
На местото директор на Македонската филхармонија доаѓате од редот на музичарите – бевте вработен како прв виолончелист и одвнатре ја знаете структурата и состојбите во институцијата. Какви се Вашите планови за во иднина? Каде ја гледате Македонската филхармонија во следниве години?
Моите почетоци како хонорарен соработник - виолончелист во Македонска филхармонија се уште од далечната 1999 година, со прекини за време на работењето во Дубровничкиот симфониски оркестар 2003-2007 како прв виолончелист, па потоа како прв виолончелист 2007-2011 во Македонска Опера и Балет, Уметнички директор на Опера 2011-2014 и конечно враќајки се 2015 година како прв виолончелист во нашиот оркестар. Добро ги познавам моите колеги и сведок сум на сите случувања во изминатиот период. Мојата мисија и визија за нашата институција, се насочени кон најважното нешто според мене, а тоа е таа конечно да почне да плови во мирни и креативни води. Да ја креира и презентира на највисоко ниво нашата главна дејност изведување на симфониска музика со можност минимум еднаш во годината да се изведува и големо вокално-инструментално дело. Да ја анимираме и ја привлечеме нашата најмлада публика преку редовни изведби на детски концерти. Преку интересни програмски концепти да ја брануваме и публиката на отворено на нашите концерти во парк, но главниот фокус е уште повеќе да прераснеме во културен центар во регионот преку изведба на квалитетно одбрана програма од старите мајстори: Бах, Хајдн, Моцарт, Бетовен па се до нашите современици и привлекување на светски познати солисти се со цел програмски и квалитативен развој на нашиот оркестар. Секако, акцент ќе дадеме и на збогатување на нашите камерни концерти, рециталите во малата сала, а исто така и меѓународно претставување на нашиот оркестар.

The post Моја мисија е Македонската филхармонија конечно да почне да плови во мирни и креативни води appeared first on Република.

]]>
Петрова: Предизвиците на УЈП се борба со затајувачите на данок и силен човечки капацитет https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-predizvitsite-na-ujp-se-borba-so-zatajuvachite-na-danok-i-silen-chovechki-kapatsitet/ Tue, 30 Jul 2024 08:00:42 +0000 https://republika.mk/?p=801431

Борбата против затајувачите на данок ќе биде бескомпромисна. Праксата на објавување на листата на должници ќе продолжи, но ќе ја надополниме со објавување на лица со даночен рејтинг, односно позитивните примери, најавува директорката на УЈП Елена Петрова. Таа во интевјуто за „Република“ говори што затекнала во Управата за јавни приходи и во кој правец треба да се развива во иднина.

Повратот на „Мој ДДВ“ е нешто што најмногу ги интересира граѓаните. Дали има некои измени во спроведувањето на оваа мерка, во поглед на начинот на реализација, сумата на поврат?

Најнапред би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот.

За прашањето дали ќе има измени во спроведувањето на оваа мерка до сега слушнавме појаснувања и од Премиерот и од Министерката за финансии, и тоа дека оваа мерка ќе остане и ќе се надгради со други исплати кон таргет групи на граѓани. Toa прашање не може да се адресира на УЈП, затоа што исплатата на буџетски средства на граѓаните врз основа на скенирање на фискални сметки преку систем Мој ДДВ по својата суштина е економско-социјална мерка. Што се однесува до даночниот аспект, даночниот карактер на оваа мерка е индиректен, преку очекувано влијание врз мотивацијата и свеста на граѓаните да бараат фискални сметки кога набавуваат разни добра и услуги и да вршат„притисок” врз продавачите да го регистрираат готовинскиот промет со што ја регистрираат и обврската за плаќање на ДДВ во државниот трезор.

Во однос на влијанието на оваа мерка од даночен аспект, дали е постигнато зголемено пријавување на готовинскиот промет, јавноста е доволно свесна дека нема дисциплина воиздавањето на фискални сметки. Очигледно е, ноторен факт е дека многу регистрирани трговци иугостители не издаваат фискални сметки, како и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејност. Има и појави на издавање на сметки кои не се фискални и сл. Ова потврдува дека мерката Мој ДДВ од даночен аспект е далеку од најавата дека секој граѓанин ќе биде даночен инспектор и дека оваа мерка ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, а непријавувањето на готовинскиот промет е една, но по обем најголема појавна форма на сивата економија.

Викенд без ДДВ е нешто што СДСМ го спроведе само еден викенд, но наиде на добар одзив кај граѓаните. Дали постои можност повторно да се реализира ваква акција?

Ова е во иста линија со претходното прашање. И мерката „Викенд без ДДВ” се реализираше преку скенирање на фискални сметки. Овие мерки се економско-социјални мерки.УЈП како даночен орган нема надлежност да креира политика за спроведување на вакви мерки.УЈП го хостира апликативниот софтвер за Мој ДДВ и дава услуги на граѓаните поврзани сокористењето на софтверот. Преку овој софтвер во УЈП се собираат податоците за скенираните фискални сметки и УЈП го менаџира процесот за исплата врз основа на собраните податоци.Ако или кога Владата преку надлежните министерства ќе донесе нови мерки кои ќе може да сеспроведуваат преку овој систем, УЈП ќе треба да прави соодветни прилагодувања и надградби на софтверот.При тоа мора да напоменам дека овој софтвер како технологија е напредно решение, смарт апликација. Во УЈП веќе разговараме за можноста за користење на овој софтвер за даночни цели, нови услуги на даночните обврзници.

Веднаш по стапувањето на функција, најавивте засилена борба со затајувачите на данок. Од сегашна ваша процена дали затајувањето на даноци е многу поголемо од она што претходната власт го претставуваше?

Токму така, највив бескомпромисна борба со појавите кои претставуваат неплаќање на данок, даночни затајувања и криминалните даночни измами.Во однос на процена колкаво е затајувањето, колкав е гапот, колку данок не е наплатен, првичните податоци со кои располагам говорат дека треба да затвориме повеќе „дупки” кои овозможуваат даночните приходи да не влезат во државниот трезор.

За собирање на даночните приходите во трезорот, во системот на самооданочување прв чекор е секој даночен обврзник да се регистрира, да го пресмета точно својот данок, да поднесе даночна пријава во законски рок и да го плати пресметаниот данок во законскиот рок. Да одиме по овој законски и логичен редослед. Надлежните служби во УЈП ми обезбедија податоци кои покажуваат дека над 2,500 даночни обврзници немаат поднесени даночни пријави за ДДВ за првите петмесеци од годината. Имаме над 800 даночни обврзници со неподнесени даночни биланси за 2023 година. За секој месец од почетокот на годината има над 5,000 работодавачи кои не поднеле месечна пресметка за интегрирана наплата. Тоа значи дека во тие случаи данокот (ДДВ, данок на добивка, данок на личен доход за плата) и придонесите не се пресметани, не се пријавени и не се платени.Друга индикација дека има данок или приходи што се губат и не влегуваат во државниот трезор ни покажува и самата структура на прометите што се прикажани во ДДВ пријавите. Ако ги сумираме податоците од сите ДДВ пријави и ги гледаме како една збирна пријава на ниво на цела држава, повеќе години наназад во таа вкупна пријава речиси секој месец имаме вишок

ДДВ за враќање/поврат, наместо ДДВ долг за плаќање. Тоа се нарекува негативен даночен ефект. Да го појасниме ова поедноставно. Во ДДВ пријавите во првиот дел се искажува реализираниот промет и ДДВ што се должи за тој промет, а во вториот дел се искажува влезниот промет, набавките за кои е платенДДВ.

Разликата меѓу ДДВ што се должи и платениот ДДВ за влезниот промет на крајот на месецот или кварталот е или разлика за доплата / долг, или повеќе платен ДДВ за поврат. Значи, повеќе години наназад, во сите региони и на ниво на цела држава, збирната даночна пријава покажува дека завршуваме со вишок ДДВ за поврат. Вишок ДДВ за поврат вообичаено имаат компаниите коиизвезуваат, компаниите кои се во инвестиции и сл. Но ако е ваква вкупната состојба на ниво на држава, тоа изгледа како нашата економија, нашето стопанство да не создава додадена вредност заоданочување.

Тоа е една сериозна индикација на која треба да се посвети значајно внимание, индикација и прашање дали прометите и данокот во ДДВ пријавите се пријавени точно и целосно, или имаме помалку пресметан, непријавен и неплатен ДДВ и помалку собраниданочни приходи во државниот трезор. Оваа информација особено треба да се земе во контекст на случувањата во блиското минато кога имаше злоупотреби и измами со ДДВ повратот иоштетување на буџетот.

Едноставно вкрстување на податоци во даночните биланси покажа дека има една група даночни обврзници кои во минатите години искористиле даночни олеснувања повеќе отколку што е можеле и со тоа платиле помалку данок на добивка.

Шеми за неплаќање на даночните обврски се прават и со злоупотреби во регулативата и процесите за регистрирање и дерегистрирање на компании и сл.

Очигледно е дека постојат „дупки” каде што се губат даночните приходи заради различни состојби кои претставуваат даночно избегнување и затајување преку непријавување или прикривање на приходи и промет, погрешно и извртено толкување и примена на регулативата,користење на празнини во регулативата и сл. И да се вратам на почеток, затоа најавив силна борба против сите вакви форми на даночно избегнување и даночни измами. УЈП мора да обезбеди рамноправни услови во кои чесните даночни обврзници нема да го носат товарот на полнење на државниот трезор за сметка на другите кои не го плаќаат својот данок. Оваа борба ќе вклучи различни мерки за зајакнување на програмата за даночната контрола, наплатата на заостанатите долгови исанкциите, сѐ до одговорност и казни за секој поединец што презема дејства со кои ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.

Какви други реформи се планираат во УЈП?

Мојата визија и план за УЈП се однесува за реформа во четири столбови или области: даночни приходи, даночни обврзници, даночни службеници и дигитализација. Сега е период кога треба да сеработи на Стратешки план за следниот тригодишен период 2025 – 2028 и таму ќе дадеме јасен приказ на визијата, реформскиот патоказ и проекти.

Може да издвојам неколку проекти кои веќе ги имаме најавено. Веќе формиравме проектен тим и почнавме работа за електронско издавање на уверенија. Со овој проект ќе обезбедиме процесот да обезбеди заштеда на време и трошоци кај даночните обврзници и во УЈП, исти стандарди во постапката во сите регионални дирекции и даночни одделенија, како и бесконтактна услуга. Ќе одиме чекор по чекор, односно едно по едно уверение.

Следно, формиравме проектен тим за унапредување на внатрешните процеси за ДДВ повратот. Ова ќе вклучи и автоматизација на чекори во работниот процес и зајакнување на внатрешнитеконтроли при регистрацијата за ДДВ и одобрување на ДДВ повратот, со цел за поголема заштита на даночните приходи од можни злоупотреби и поголема сигурност на даночните обврзници кои точно пријавуваат и побаруваат средства од вишокот влезен ДДВ.

Веќе го најавивме и проектот е-фактура. Ова ќе биде нова дигитална услуга која ќе го олесни деловното работење на компаниите, а од аспект на даночниот процес овој систем ќе обезбеди податоците за оданочивите промети да доаѓаат до УЈП во реално време и да имаме точно пресметани даночни обврски.

Дигитализацијата како глобална норма и стандард за модерна даночна администрација е предуслов за успешно работење. Колку УЈП е подготвено да се приклучи на овие современи барања и текови?

Дигитализацијата е голем реформски процес кој бара лидерство, голема посветеност, назначени ресурси и раздвојување на оваа реформа од приоритетите од тековното даночно работење. Воизминатите години УЈП потроши доста време, но не направи вистински исчекор да започне дигитализација согласно современите барања и можности. УЈП имаше и доста консултантска помош од меѓународните организации со цел да ја придвижи оваа реформа, дури и целосно подготвена документација – деловни спецификации, па сепак процесот остана да тапка во место.

Но, дигитализацијата во УЈП едноставно мора да почне да се случува, нема простор да се одложува, затоа што и самите даночни обврзници, и други страни со кои УЈП мора да биде поврзана, воведуваат нови дигитални технологии во своето работење. Никој нема да ја чека УЈП. Тука е и притисокот за искористување на финансиски средства од заем од Светска банка со кој се финансираат некои компоненти на новиот интегриран ИТ систем на УЈП.

Во УЈП постои Работно тело за имплементација на нов интегриран ИТ систем, кое е поврзано со исто такво Работно тело и Проектна канцеларија во Министерството за финансии. По моето назначување работиме на дневна основа со ова тело за да го „откочиме” процесот и активностите поврзани со реформата за дигитализација да започат да се одвиваат со дневно темпо и рутина.

Се најавува и дека се бара начин како да се оданочи производството во домашни услови, односно оние што произведуваат торти и колачи, изработувачите на накит, како и за лицата што поставуваат кафемати?

За овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н паушално оданочување на дејности од времен карактер.Но,очигледно затаиле некои механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници.Прво ќе се оди кон информирање на даночните обврзници и нивните обврски.Паушалот ќе биде различен, ќе се прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на часови, односно сразмерно на приходите што може да се остварат од вршењето на дејноста-објаснува Петрова за „Република“.

Во таа наскока е и онлајн шопинот и оданочување на сите што продаваат производи преку Фејсбук и Инстаграм.

Сега сивата економија од пазарите и улиците се префрли на интернет и оваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска.Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП-открива Петрова за „Република“.

Дали УЈП има можности да имплементира многу посигурни системи за известување за даночните обврски и е-услуги?

Кога зборуваме за посигурни системи за известување и е-услуги мислиме на нови дигитални солуции, како на пример систем за е-фактура, е-плаќање, е-издавање на документи, кои ќе овозможат поврзаност и комуницирање на УЈП со „природните” системи на даночните обврзници и преземање на трансакции, односно, процесите на оданочување и известување до УЈП ќе се преместат во системите на даночните обврзници како вграден дел од нивното бизнис работење.Пресметувањето на даночните обврски на некој начин ќе биде интегрирано во самото деловно работење, во системите на даночните обврзници кои ќе бидат поврзани со УЈП.

Ваквите нови дигитални солуции ќе ги вклучуваат во себе правилата за пресметување на данокот и тоа ќе биде гаранција дека данокот ќе биде пресметан точно, во точен износ, а известувањето до УЈП ќе се случи во реално време, тогаш кога настанува оданочивиот промет, или приход.Вакви нови редизајнирани процеси за пресметување на даночните обврски и пријавување или известување до УЈП треба да бидат придобивка од дигитализацијата на УЈП.

Дали ќе продолжите со праксата за објавување на листите на должници и дали според вас тие листи се зголемуваат или намалуваат, односно дали јавното објавување на даночните должници има некој ефект врз намалување на нивниот број?

Оваа пракса ќе продолжи, но и ќе ја надополниме со објавување на даночен рејтинг, со што ќе ги промовираме и позитивните обрасци (примери) за усогласено даночно однесување.За ефектот од објавата врз намалување на бројот на должници, ако мислите на тоа дали некој должник го „расчистува” долгот по основ на даноци под притисок на јавната објава, сметам дека кај нас сеуште нема таков даночен морал. Бидејќи работев во функцијата наплата на долгови, можам да кажам дека има должници кои навистина навлегле во некои деловни потешкотии и изнаоѓаат модуси за плаќање на даночниот долг за да можат нормално да ја вршат својата стопанска дејност, но има и такви кои попрво се насочени кон тоа деловниот потфат да го продолжат под нова фирма, да ги пренесат своите средства на други лица и сл., отколку да најдат начин за плаќање на заостанатиот даночен долг. Генерално, ефектот од јавната објава доаѓа повеќе како реакција од чесните даночни обврзници кои редовно ги плаќаат своите даночни долгови и, во тој контекс, УЈП мора да покаже дека своите законски овластувања за наплата на заостанатите долгови ги применува неселективно, ажурно и ефективно.

Што се однесува до тенденцијата, нагорна или надолна, на бројот на должници, генерално низ годините на листата има намален број на должници. Во текот на една година, односно од месец во месец бројката на должници и износот на долгот зависат од тоа за кој месец станува збор. Имаме месеци кога доспеваат обврски на тримесечни ДДВ обврзници, потоа имаме месец кога доспеваат обврските по годишните даночни биланси, па во тие месеци вообичаено има некое зголемување на бројот на должници и износот на долгот.

Можам да наведам и дека оваа листа треба да помине низ едно големо чистење за да ги прикажува оние долгови кои се реално наплативи. На листата сега се објавени починати физички лица, неактивни фирми и сл.

Пред неколку дена имавте средба со сметководителите. Што слушнавте од нив, се научија ли граѓаните и фирмите навремено и точно да плаќаат данок?

За да се научат граѓаните и фирмите, односно даночните обврзници, навремено и точно да плаќаат данок, важна улога имаат повеќе фактори.Еден фактор е даночните обврзници да имаа лесно достапни информации за своите обврски и начинот на исполнување на тие обврски. Тука не мислам само на едноставни информации од типот на рокови, обрасци, начин на уплата и сл., туку и на информации кои ќе обезбедат поголемасигурност на даночните обврзници како треба да се постапува од даночен аспект за одредена деловна трансакција. Комуникацијата меѓу даночните обврзници и УЈП е клучна, за да се намали јазот во нивното знаење и да се обезбеди влијание кое ќе води кон даночна усогласеност (точно пресметување и плаќање на даночната обврска). Од овој аспект, сметководителите се значајна таргет група за УЈП, бидејќи тие имаат советодавна и посредничка улога меѓу УЈП и даночните обврзници. УЈП треба да соработува со сметководителите за да добие уверување дека даночните обврзници добиваат кредибилни совети и услуги од сметководителите.

Освен овие информации со кои се гради свеста на данчните обврзници за нивните даночни обврски, има и други фактори кои влијаат на тоа даночните обврзници да научат да ги плаќаат навремено даноците. Таа друга група фактори се нарекува даночен морал. Даночниот морал претставува збир на прифатени норми, вредности и вреднувања кои го создаваат моделот на однесување на даночниот обврзник.

Даночниот морал се гради генерално на темел на она што претставува опкружување, разни социо-економски и институционални фактори: степенот на даночно оптоварување, корисноста на јавните расходи, согледувањето на придобивките од плаќањето даноци, перцепцијата за однесувањето на другите обврзници – дали ги плаќаат или ги избегнуваат даночнитеобврски, нивото на сивата економија, перцепција за ризикот за откривање на незаконско однесување, постоењето или недостатокот на санкции за затајувачите, нивото на корупцијата и др. Во врска со сите овие фактори сите сме свесни дека се потребни трансформативни промени во нашетоопштество кои, меѓудругото ќе водат и кон повисок даночен морал.

Што се случува со аферата која го откри ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци а во кој наводно беше вмешаната и поранешната директорка Лукаревска за поврат на 22 милиони евра поврат на ДДВ?

Ги очекувам информациите за сите постапки иницирани од УЈП пред истражните органи и надлежните јавни обвинителства.УЈП има обврска до надлежното јавно обвинителство да поднесе кривична пријава во случаи во кои, врз основа на информации до кои ќе дојде, ќе има сомнение за даночно затајување или друго кривично дело, како што се фалсификување на исправа, симнување или оштетување на службен печат и др.

Во тек на надворешна контрола, ако постои сомнение за даночно казниво работење УЈП поднесува кривична пријава или пак соработува со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи, особено во случаите кога даночниот обврзник избегнува да соработува и да ја обезбеди потребната книговодствена документација за контрола, односно случаи бараат примена на истражни мерки. Но, УЈП мора да има и повратен механизам и собирање на повратни инфромации за исходот на сите овие постапки.

Врз основа на информациите со кои располагам, само за сомнение за кривично дело даночно затајување бројката на поднесени кривични пријави од страна на УЈП изнесува: во 2020 год. 11 кривични пријави притив 12 правни лица и 13 одговорни лица, во 2021 год. 12 кривични пријави против 12 правни лица и 24 одговорни лица, во 2022 год. 12 кривични пријави против 4 правни лица и 11 одговорни лица и во 2023 год. 5 кривични пријави против 7 правни лица и 9 одговорни лица, за затаен данок во вкупен износ од 345 милиони денари (5,6 милиони евра). Отворено прашање е што значат овие бројки, дали е доволен капацитетот на службениците во УЈП за распознавање на сомнителните дејства.

Вие доаѓате внатре од УЈП. Знаете како било пред доаѓањето на Лукаревска и што затековте после нејзиното менаџирање. Се соочувате ли со проблем на партиски и нестручни кадри?

За состојбата што ја затекнав во делот на кадрите, врз основа на податоците кои ги добив од СЧР, можам слободно да кажам дека во УЈП се правени „акробации” за да се обезбеди отворен влез во УЈП на некои конкретни службеници. Прво, прашање кое треба да се препровери е и дали биле годишните планови за вработување биле навремено изготвувани согласно потребите на функциите.

УЈП нема годишен план за вработување за 2024 год. Во однос на „акробациите” кои ги споменав, како пример ќе наведам дека голем број службеници се вработени во УЈП преку мобилност, односно со преземање од други државни и јавни органи и тела. Да, тоа е легитимна, регуларна постапка. Но, ако навлезе подлабоко, ќе може да се види дека службеникот билангажиран во УЈП одреден период по договор на дело или преку АПВ, а потоа е вработен со преземање од некое јавно комунално претпријатие или општина, па се поставува прашање како е возможно и да бил ангажиран во УЈП и во исто време да бил вработен во друг орган? Или, службеник со место на живеење во Скопје е вработен со преземање од општина Кривогаштани. Ева таквите примери покажуваат дека има случаи за кои регрутацијата не била транспарентна, не било овозможено слободно пријавување и учество на разни кандидати и избор меѓу повеќе кандидати кои исполнуваат услови, туку регрутацијата се однесувала на точно определни лица по партиска или друга линија.

Ако се оди понатаму, голем број од овие службеници се распоредени директно на позиции со повисоки звања, или имале брзи унапредувања после вработувањето во УЈП, за разлика од постојните вработени во УЈП кои со години назад стоеле на иста позиција во својот кариерен развој. Ова доведе до еден внатрешен раздор и создавање на токсична работна средина.Што се однесува до прашањето за стручноста на тие службеници, не е спроведено оценувањето на службениците. Но ако ги гледаме резултатите од работењето глобално, на ниво на некои функции и некои регионални дирекции резултатите се многу лоши, по неколку години стојат отворени работни налози, незапочнати постапки, или започнати, а незавршени, оддолжени постапки.

Информациите кои ги имам ги доставив до организационите единици во УЈП надлежни за внатрешна ревизија и внатрешна контрола (професионални стандарди) и ова понатаму ќе се спушти и на ниво на преиспитување на учинокот и резултатите од вработењето, кои се директен одраз на професионалноста и стручноста на конкретни вработени.

Паралелно со овие процеси на ревизија и контрола, мојот план како директор е да имплементираме регуларни институционални механизми за поддршка на професионалниот развој на вработените, УЈП да ја врати препознатливоста на даночните службеници по нивниот професионализам и интегритет. Една од тие мерки ќе биде воведување на постапка за лиценцирање на даночните инспектори.

https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY

The post Петрова: Предизвиците на УЈП се борба со затајувачите на данок и силен човечки капацитет appeared first on Република.

]]>

Борбата против затајувачите на данок ќе биде бескомпромисна. Праксата на објавување на листата на должници ќе продолжи, но ќе ја надополниме со објавување на лица со даночен рејтинг, односно позитивните примери, најавува директорката на УЈП Елена Петрова. Таа во интевјуто за „Република“ говори што затекнала во Управата за јавни приходи и во кој правец треба да се развива во иднина. Повратот на „Мој ДДВ“ е нешто што најмногу ги интересира граѓаните. Дали има некои измени во спроведувањето на оваа мерка, во поглед на начинот на реализација, сумата на поврат?
Најнапред би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот. За прашањето дали ќе има измени во спроведувањето на оваа мерка до сега слушнавме појаснувања и од Премиерот и од Министерката за финансии, и тоа дека оваа мерка ќе остане и ќе се надгради со други исплати кон таргет групи на граѓани. Toa прашање не може да се адресира на УЈП, затоа што исплатата на буџетски средства на граѓаните врз основа на скенирање на фискални сметки преку систем Мој ДДВ по својата суштина е економско-социјална мерка. Што се однесува до даночниот аспект, даночниот карактер на оваа мерка е индиректен, преку очекувано влијание врз мотивацијата и свеста на граѓаните да бараат фискални сметки кога набавуваат разни добра и услуги и да вршат„притисок” врз продавачите да го регистрираат готовинскиот промет со што ја регистрираат и обврската за плаќање на ДДВ во државниот трезор. Во однос на влијанието на оваа мерка од даночен аспект, дали е постигнато зголемено пријавување на готовинскиот промет, јавноста е доволно свесна дека нема дисциплина воиздавањето на фискални сметки. Очигледно е, ноторен факт е дека многу регистрирани трговци иугостители не издаваат фискални сметки, како и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејност. Има и појави на издавање на сметки кои не се фискални и сл. Ова потврдува дека мерката Мој ДДВ од даночен аспект е далеку од најавата дека секој граѓанин ќе биде даночен инспектор и дека оваа мерка ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, а непријавувањето на готовинскиот промет е една, но по обем најголема појавна форма на сивата економија.
Викенд без ДДВ е нешто што СДСМ го спроведе само еден викенд, но наиде на добар одзив кај граѓаните. Дали постои можност повторно да се реализира ваква акција?
Ова е во иста линија со претходното прашање. И мерката „Викенд без ДДВ” се реализираше преку скенирање на фискални сметки. Овие мерки се економско-социјални мерки.УЈП како даночен орган нема надлежност да креира политика за спроведување на вакви мерки.УЈП го хостира апликативниот софтвер за Мој ДДВ и дава услуги на граѓаните поврзани сокористењето на софтверот. Преку овој софтвер во УЈП се собираат податоците за скенираните фискални сметки и УЈП го менаџира процесот за исплата врз основа на собраните податоци.Ако или кога Владата преку надлежните министерства ќе донесе нови мерки кои ќе може да сеспроведуваат преку овој систем, УЈП ќе треба да прави соодветни прилагодувања и надградби на софтверот.При тоа мора да напоменам дека овој софтвер како технологија е напредно решение, смарт апликација. Во УЈП веќе разговараме за можноста за користење на овој софтвер за даночни цели, нови услуги на даночните обврзници.
Веднаш по стапувањето на функција, најавивте засилена борба со затајувачите на данок. Од сегашна ваша процена дали затајувањето на даноци е многу поголемо од она што претходната власт го претставуваше?
Токму така, највив бескомпромисна борба со појавите кои претставуваат неплаќање на данок, даночни затајувања и криминалните даночни измами.Во однос на процена колкаво е затајувањето, колкав е гапот, колку данок не е наплатен, првичните податоци со кои располагам говорат дека треба да затвориме повеќе „дупки” кои овозможуваат даночните приходи да не влезат во државниот трезор. За собирање на даночните приходите во трезорот, во системот на самооданочување прв чекор е секој даночен обврзник да се регистрира, да го пресмета точно својот данок, да поднесе даночна пријава во законски рок и да го плати пресметаниот данок во законскиот рок. Да одиме по овој законски и логичен редослед. Надлежните служби во УЈП ми обезбедија податоци кои покажуваат дека над 2,500 даночни обврзници немаат поднесени даночни пријави за ДДВ за првите петмесеци од годината. Имаме над 800 даночни обврзници со неподнесени даночни биланси за 2023 година. За секој месец од почетокот на годината има над 5,000 работодавачи кои не поднеле месечна пресметка за интегрирана наплата. Тоа значи дека во тие случаи данокот (ДДВ, данок на добивка, данок на личен доход за плата) и придонесите не се пресметани, не се пријавени и не се платени.Друга индикација дека има данок или приходи што се губат и не влегуваат во државниот трезор ни покажува и самата структура на прометите што се прикажани во ДДВ пријавите. Ако ги сумираме податоците од сите ДДВ пријави и ги гледаме како една збирна пријава на ниво на цела држава, повеќе години наназад во таа вкупна пријава речиси секој месец имаме вишок ДДВ за враќање/поврат, наместо ДДВ долг за плаќање. Тоа се нарекува негативен даночен ефект. Да го појасниме ова поедноставно. Во ДДВ пријавите во првиот дел се искажува реализираниот промет и ДДВ што се должи за тој промет, а во вториот дел се искажува влезниот промет, набавките за кои е платенДДВ. Разликата меѓу ДДВ што се должи и платениот ДДВ за влезниот промет на крајот на месецот или кварталот е или разлика за доплата / долг, или повеќе платен ДДВ за поврат. Значи, повеќе години наназад, во сите региони и на ниво на цела држава, збирната даночна пријава покажува дека завршуваме со вишок ДДВ за поврат. Вишок ДДВ за поврат вообичаено имаат компаниите коиизвезуваат, компаниите кои се во инвестиции и сл. Но ако е ваква вкупната состојба на ниво на држава, тоа изгледа како нашата економија, нашето стопанство да не создава додадена вредност заоданочување. Тоа е една сериозна индикација на која треба да се посвети значајно внимание, индикација и прашање дали прометите и данокот во ДДВ пријавите се пријавени точно и целосно, или имаме помалку пресметан, непријавен и неплатен ДДВ и помалку собраниданочни приходи во државниот трезор. Оваа информација особено треба да се земе во контекст на случувањата во блиското минато кога имаше злоупотреби и измами со ДДВ повратот иоштетување на буџетот. Едноставно вкрстување на податоци во даночните биланси покажа дека има една група даночни обврзници кои во минатите години искористиле даночни олеснувања повеќе отколку што е можеле и со тоа платиле помалку данок на добивка. Шеми за неплаќање на даночните обврски се прават и со злоупотреби во регулативата и процесите за регистрирање и дерегистрирање на компании и сл. Очигледно е дека постојат „дупки” каде што се губат даночните приходи заради различни состојби кои претставуваат даночно избегнување и затајување преку непријавување или прикривање на приходи и промет, погрешно и извртено толкување и примена на регулативата,користење на празнини во регулативата и сл. И да се вратам на почеток, затоа најавив силна борба против сите вакви форми на даночно избегнување и даночни измами. УЈП мора да обезбеди рамноправни услови во кои чесните даночни обврзници нема да го носат товарот на полнење на државниот трезор за сметка на другите кои не го плаќаат својот данок. Оваа борба ќе вклучи различни мерки за зајакнување на програмата за даночната контрола, наплатата на заостанатите долгови исанкциите, сѐ до одговорност и казни за секој поединец што презема дејства со кои ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.
Какви други реформи се планираат во УЈП?  
Мојата визија и план за УЈП се однесува за реформа во четири столбови или области: даночни приходи, даночни обврзници, даночни службеници и дигитализација. Сега е период кога треба да сеработи на Стратешки план за следниот тригодишен период 2025 – 2028 и таму ќе дадеме јасен приказ на визијата, реформскиот патоказ и проекти. Може да издвојам неколку проекти кои веќе ги имаме најавено. Веќе формиравме проектен тим и почнавме работа за електронско издавање на уверенија. Со овој проект ќе обезбедиме процесот да обезбеди заштеда на време и трошоци кај даночните обврзници и во УЈП, исти стандарди во постапката во сите регионални дирекции и даночни одделенија, како и бесконтактна услуга. Ќе одиме чекор по чекор, односно едно по едно уверение. Следно, формиравме проектен тим за унапредување на внатрешните процеси за ДДВ повратот. Ова ќе вклучи и автоматизација на чекори во работниот процес и зајакнување на внатрешнитеконтроли при регистрацијата за ДДВ и одобрување на ДДВ повратот, со цел за поголема заштита на даночните приходи од можни злоупотреби и поголема сигурност на даночните обврзници кои точно пријавуваат и побаруваат средства од вишокот влезен ДДВ. Веќе го најавивме и проектот е-фактура. Ова ќе биде нова дигитална услуга која ќе го олесни деловното работење на компаниите, а од аспект на даночниот процес овој систем ќе обезбеди податоците за оданочивите промети да доаѓаат до УЈП во реално време и да имаме точно пресметани даночни обврски.
Дигитализацијата како глобална норма и стандард за модерна даночна администрација е предуслов за успешно работење. Колку УЈП е подготвено да се приклучи на овие современи барања и текови?
Дигитализацијата е голем реформски процес кој бара лидерство, голема посветеност, назначени ресурси и раздвојување на оваа реформа од приоритетите од тековното даночно работење. Воизминатите години УЈП потроши доста време, но не направи вистински исчекор да започне дигитализација согласно современите барања и можности. УЈП имаше и доста консултантска помош од меѓународните организации со цел да ја придвижи оваа реформа, дури и целосно подготвена документација – деловни спецификации, па сепак процесот остана да тапка во место. Но, дигитализацијата во УЈП едноставно мора да почне да се случува, нема простор да се одложува, затоа што и самите даночни обврзници, и други страни со кои УЈП мора да биде поврзана, воведуваат нови дигитални технологии во своето работење. Никој нема да ја чека УЈП. Тука е и притисокот за искористување на финансиски средства од заем од Светска банка со кој се финансираат некои компоненти на новиот интегриран ИТ систем на УЈП. Во УЈП постои Работно тело за имплементација на нов интегриран ИТ систем, кое е поврзано со исто такво Работно тело и Проектна канцеларија во Министерството за финансии. По моето назначување работиме на дневна основа со ова тело за да го „откочиме” процесот и активностите поврзани со реформата за дигитализација да започат да се одвиваат со дневно темпо и рутина.
Се најавува и дека се бара начин како да се оданочи производството во домашни услови, односно оние што произведуваат торти и колачи, изработувачите на накит, како и за лицата што поставуваат кафемати?
За овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н паушално оданочување на дејности од времен карактер.Но,очигледно затаиле некои механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници.Прво ќе се оди кон информирање на даночните обврзници и нивните обврски.Паушалот ќе биде различен, ќе се прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на часови, односно сразмерно на приходите што може да се остварат од вршењето на дејноста-објаснува Петрова за „Република“.
Во таа наскока е и онлајн шопинот и оданочување на сите што продаваат производи преку Фејсбук и Инстаграм.
Сега сивата економија од пазарите и улиците се префрли на интернет и оваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска.Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП-открива Петрова за „Република“.
Дали УЈП има можности да имплементира многу посигурни системи за известување за даночните обврски и е-услуги?
Кога зборуваме за посигурни системи за известување и е-услуги мислиме на нови дигитални солуции, како на пример систем за е-фактура, е-плаќање, е-издавање на документи, кои ќе овозможат поврзаност и комуницирање на УЈП со „природните” системи на даночните обврзници и преземање на трансакции, односно, процесите на оданочување и известување до УЈП ќе се преместат во системите на даночните обврзници како вграден дел од нивното бизнис работење.Пресметувањето на даночните обврски на некој начин ќе биде интегрирано во самото деловно работење, во системите на даночните обврзници кои ќе бидат поврзани со УЈП. Ваквите нови дигитални солуции ќе ги вклучуваат во себе правилата за пресметување на данокот и тоа ќе биде гаранција дека данокот ќе биде пресметан точно, во точен износ, а известувањето до УЈП ќе се случи во реално време, тогаш кога настанува оданочивиот промет, или приход.Вакви нови редизајнирани процеси за пресметување на даночните обврски и пријавување или известување до УЈП треба да бидат придобивка од дигитализацијата на УЈП.
Дали ќе продолжите со праксата за објавување на листите на должници и дали според вас тие листи се зголемуваат или намалуваат, односно дали јавното објавување на даночните должници има некој ефект врз намалување на нивниот број?
Оваа пракса ќе продолжи, но и ќе ја надополниме со објавување на даночен рејтинг, со што ќе ги промовираме и позитивните обрасци (примери) за усогласено даночно однесување.За ефектот од објавата врз намалување на бројот на должници, ако мислите на тоа дали некој должник го „расчистува” долгот по основ на даноци под притисок на јавната објава, сметам дека кај нас сеуште нема таков даночен морал. Бидејќи работев во функцијата наплата на долгови, можам да кажам дека има должници кои навистина навлегле во некои деловни потешкотии и изнаоѓаат модуси за плаќање на даночниот долг за да можат нормално да ја вршат својата стопанска дејност, но има и такви кои попрво се насочени кон тоа деловниот потфат да го продолжат под нова фирма, да ги пренесат своите средства на други лица и сл., отколку да најдат начин за плаќање на заостанатиот даночен долг. Генерално, ефектот од јавната објава доаѓа повеќе како реакција од чесните даночни обврзници кои редовно ги плаќаат своите даночни долгови и, во тој контекс, УЈП мора да покаже дека своите законски овластувања за наплата на заостанатите долгови ги применува неселективно, ажурно и ефективно. Што се однесува до тенденцијата, нагорна или надолна, на бројот на должници, генерално низ годините на листата има намален број на должници. Во текот на една година, односно од месец во месец бројката на должници и износот на долгот зависат од тоа за кој месец станува збор. Имаме месеци кога доспеваат обврски на тримесечни ДДВ обврзници, потоа имаме месец кога доспеваат обврските по годишните даночни биланси, па во тие месеци вообичаено има некое зголемување на бројот на должници и износот на долгот. Можам да наведам и дека оваа листа треба да помине низ едно големо чистење за да ги прикажува оние долгови кои се реално наплативи. На листата сега се објавени починати физички лица, неактивни фирми и сл.
Пред неколку дена имавте средба со сметководителите. Што слушнавте од нив, се научија ли граѓаните и фирмите навремено и точно да плаќаат данок?
За да се научат граѓаните и фирмите, односно даночните обврзници, навремено и точно да плаќаат данок, важна улога имаат повеќе фактори.Еден фактор е даночните обврзници да имаа лесно достапни информации за своите обврски и начинот на исполнување на тие обврски. Тука не мислам само на едноставни информации од типот на рокови, обрасци, начин на уплата и сл., туку и на информации кои ќе обезбедат поголемасигурност на даночните обврзници како треба да се постапува од даночен аспект за одредена деловна трансакција. Комуникацијата меѓу даночните обврзници и УЈП е клучна, за да се намали јазот во нивното знаење и да се обезбеди влијание кое ќе води кон даночна усогласеност (точно пресметување и плаќање на даночната обврска). Од овој аспект, сметководителите се значајна таргет група за УЈП, бидејќи тие имаат советодавна и посредничка улога меѓу УЈП и даночните обврзници. УЈП треба да соработува со сметководителите за да добие уверување дека даночните обврзници добиваат кредибилни совети и услуги од сметководителите. Освен овие информации со кои се гради свеста на данчните обврзници за нивните даночни обврски, има и други фактори кои влијаат на тоа даночните обврзници да научат да ги плаќаат навремено даноците. Таа друга група фактори се нарекува даночен морал. Даночниот морал претставува збир на прифатени норми, вредности и вреднувања кои го создаваат моделот на однесување на даночниот обврзник. Даночниот морал се гради генерално на темел на она што претставува опкружување, разни социо-економски и институционални фактори: степенот на даночно оптоварување, корисноста на јавните расходи, согледувањето на придобивките од плаќањето даноци, перцепцијата за однесувањето на другите обврзници – дали ги плаќаат или ги избегнуваат даночнитеобврски, нивото на сивата економија, перцепција за ризикот за откривање на незаконско однесување, постоењето или недостатокот на санкции за затајувачите, нивото на корупцијата и др. Во врска со сите овие фактори сите сме свесни дека се потребни трансформативни промени во нашетоопштество кои, меѓудругото ќе водат и кон повисок даночен морал.
Што се случува со аферата која го откри ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци а во кој наводно беше вмешаната и поранешната директорка Лукаревска за поврат на 22 милиони евра поврат на ДДВ?
Ги очекувам информациите за сите постапки иницирани од УЈП пред истражните органи и надлежните јавни обвинителства.УЈП има обврска до надлежното јавно обвинителство да поднесе кривична пријава во случаи во кои, врз основа на информации до кои ќе дојде, ќе има сомнение за даночно затајување или друго кривично дело, како што се фалсификување на исправа, симнување или оштетување на службен печат и др. Во тек на надворешна контрола, ако постои сомнение за даночно казниво работење УЈП поднесува кривична пријава или пак соработува со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи, особено во случаите кога даночниот обврзник избегнува да соработува и да ја обезбеди потребната книговодствена документација за контрола, односно случаи бараат примена на истражни мерки. Но, УЈП мора да има и повратен механизам и собирање на повратни инфромации за исходот на сите овие постапки. Врз основа на информациите со кои располагам, само за сомнение за кривично дело даночно затајување бројката на поднесени кривични пријави од страна на УЈП изнесува: во 2020 год. 11 кривични пријави притив 12 правни лица и 13 одговорни лица, во 2021 год. 12 кривични пријави против 12 правни лица и 24 одговорни лица, во 2022 год. 12 кривични пријави против 4 правни лица и 11 одговорни лица и во 2023 год. 5 кривични пријави против 7 правни лица и 9 одговорни лица, за затаен данок во вкупен износ од 345 милиони денари (5,6 милиони евра). Отворено прашање е што значат овие бројки, дали е доволен капацитетот на службениците во УЈП за распознавање на сомнителните дејства.
Вие доаѓате внатре од УЈП. Знаете како било пред доаѓањето на Лукаревска и што затековте после нејзиното менаџирање. Се соочувате ли со проблем на партиски и нестручни кадри?
За состојбата што ја затекнав во делот на кадрите, врз основа на податоците кои ги добив од СЧР, можам слободно да кажам дека во УЈП се правени „акробации” за да се обезбеди отворен влез во УЈП на некои конкретни службеници. Прво, прашање кое треба да се препровери е и дали биле годишните планови за вработување биле навремено изготвувани согласно потребите на функциите. УЈП нема годишен план за вработување за 2024 год. Во однос на „акробациите” кои ги споменав, како пример ќе наведам дека голем број службеници се вработени во УЈП преку мобилност, односно со преземање од други државни и јавни органи и тела. Да, тоа е легитимна, регуларна постапка. Но, ако навлезе подлабоко, ќе може да се види дека службеникот билангажиран во УЈП одреден период по договор на дело или преку АПВ, а потоа е вработен со преземање од некое јавно комунално претпријатие или општина, па се поставува прашање како е возможно и да бил ангажиран во УЈП и во исто време да бил вработен во друг орган? Или, службеник со место на живеење во Скопје е вработен со преземање од општина Кривогаштани. Ева таквите примери покажуваат дека има случаи за кои регрутацијата не била транспарентна, не било овозможено слободно пријавување и учество на разни кандидати и избор меѓу повеќе кандидати кои исполнуваат услови, туку регрутацијата се однесувала на точно определни лица по партиска или друга линија. Ако се оди понатаму, голем број од овие службеници се распоредени директно на позиции со повисоки звања, или имале брзи унапредувања после вработувањето во УЈП, за разлика од постојните вработени во УЈП кои со години назад стоеле на иста позиција во својот кариерен развој. Ова доведе до еден внатрешен раздор и создавање на токсична работна средина.Што се однесува до прашањето за стручноста на тие службеници, не е спроведено оценувањето на службениците. Но ако ги гледаме резултатите од работењето глобално, на ниво на некои функции и некои регионални дирекции резултатите се многу лоши, по неколку години стојат отворени работни налози, незапочнати постапки, или започнати, а незавршени, оддолжени постапки. Информациите кои ги имам ги доставив до организационите единици во УЈП надлежни за внатрешна ревизија и внатрешна контрола (професионални стандарди) и ова понатаму ќе се спушти и на ниво на преиспитување на учинокот и резултатите од вработењето, кои се директен одраз на професионалноста и стручноста на конкретни вработени. Паралелно со овие процеси на ревизија и контрола, мојот план како директор е да имплементираме регуларни институционални механизми за поддршка на професионалниот развој на вработените, УЈП да ја врати препознатливоста на даночните службеници по нивниот професионализам и интегритет. Една од тие мерки ќе биде воведување на постапка за лиценцирање на даночните инспектори.
https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY    

The post Петрова: Предизвиците на УЈП се борба со затајувачите на данок и силен човечки капацитет appeared first on Република.

]]>
Митески: Ќe конкурираме за голем број проекти со парите наменети за општините од заемот од Унгарија https://republika.mk/vesti/skopje/miteski-ke-konkurirame-za-golem-broj-proekti-so-parite-nameneti-za-opshtinite-od-zaemot-od-ungarija/ Sun, 28 Jul 2024 07:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=800819

Во општина Аеродром дојдовме со амбициозна програма, која почна да ја реализира уште претходниот градоначалник. Проектите се делумно завршени, а дел се во тек. Се однесуваат на повеќе области - образование, детски градинки, паркови и зеленило, игралишта, вели новиот в.д. градоначалник Дејан Митески.

Тој уверува дека сите деца кои поднелe барање за упис, ќе бидат запишани во основните училишта во Општина Аеродром и оти е горд што во неговата општина има зголемен број деца.

Капацитетите на училиштата се исполнети максимално и работите да обезбедиме нови. Аеродром е една од ретките општини во која сите деца се згрижени во целодневна настава, односно во дневен престој. Капацитетите се доволни во овој момент, вели Митески во интервјуто за „Република“.

Првиот човек на општината најавува и реконструкција на училиштата.

Издвоивме околу пет милиони денари за санација на училиштата, што опфаќа молерисување, замена на врати, прозорци, плочки, подови.Со МОН работиме и проект за реконтрукција на тоалетите и од септември децата ќе имаат подобри услови.

Долгогодишен проблем во Општина Аеродром недостатокот на места во градинките и листите на чекање.

Досега успеавме да завршиме една нова детска градинка, а во август ќе започнеме со изградба на втора, со што ќе го удвоиме капацитетот и за следната година планираме да започнеме со изградба на уште една или две. Со тоа листата на чекање да биде минато.

Депонијата „Вардариште“ градоначалникот ја посочува како голем проблем иако не се наоѓа на територијата на Општина Аеродром.

Се чуствува миризба и чад од палење во депонијата, која е во целосна надлежност на градот. Со градоначалникот на Гази Баба направивме увид и побаравме соработка од МВР бидејќи градот не постапува. Добивме поддршка од МВР. Заедно со инспекцијата од општина Гази Баба ќе вршат интензивни контроли за да се спречи палење во депонијата. Иако не е наш проблем, се обидуваме да го решиме бидејќи најмногу влијае на нашите жители, вели Митески во интервјуто за „Република“.

Митески признава дека нечистотијата е голем проблем во Општина, но оти работат на тоа.

Најголемите депонии што се создаваат е просторот околу контејнерите. Контејнерите во Град Скопје се надлежност на Комунална хигена и општинаа нема соодветна механизација да го собира и да го носи во депонијата Дрисла. Поради таа причина почнуваме нов проект за собирање кабаст отпад со сопствена механизација. Ќе поставиме контејнери на повеќе локации. Почнуваме од понеделник и акцијата ќе трае во август и септември. На овој начин, се надеваме, ќе ги намалиме овие мини депонии.

 Градоначалникот не сака да верува дека Комунална хигена намерно не ги чисти контејнерите низ општина Аеродром.

Општината како да е заборавена од Комунална хигена и нивните работници скоро и не можеме да ги видиме низ општината. Контејнерите не се празнат согласно динамиката. Се чисти еднаш на две недели и поради тоа се создава онаа неубава слика. Апелирам тоа да го прават почесто.

Митевски признава дека има проблеми низ општината со фонтаните, чешмичките за пиење вода, искршени плочки, запуштени езерца, полни шахти.

Фонтаните за пиење вода ги ставаме во функција. Склучивме договор за реконтрукција на корпите за отпадоци. Посветуваме сериозно внимание на овој дел. Иако се мали работи, пречат во секојдневното функционирање и ние сме свесни за тоа.

Кучињата скитници, исто така, голем проблем.

Кучињата скитинци се надлежност на „Лајка“. Општината има проблем со нив, но немаме законска надлежност ниту пак начин и стручни служби кои може да ги третираат овие кучиња. „Лајка“, јавно претпријатие под надлежност на Градот, недоволно ја извршува работата и третманот на кучињата скитници. Постојано се појавуваат нови кучиња. Капацитетите на „Лајка“ се, претпоставувам, недоволни за нивни третман.

Од проектот што го издовојува е отварање на Управа за водење на матични книги.

Овој проект првпат ќе се спроведува во општината. Досега општина со 100.000 жители немаше управа каде што жителите ќе може да добиваат услуги од оваа област. Управата ќе биде отворена во август. На еден шалтер граѓаните ќе може да добиваат податоци од УЈП, Фондот за пензиско, од Агенцијата за вработување, Катастарот кои се вмрежени во една точка за услуги. Неодамна направивме увид на градежните работи на новата полициска станица во Ново Лисиче, изградба што ја финансира МВР, која треба да биде готова до средината на следната година. Предвидено е таму да има фотографирање и издавање на лични документи, вели Митески за „Република“.

Митевски разјаснува и кој е бенефитот од потпишаниот договор со Меѓународниот балкански универзитет.

На овој универзитет фукционира Катедра за архитектура. Заедно со ректорот на универзитетот договоривме соработка општината да добие донација проект за израдба на детска градинка. Една од оние што ги најавивме ќе биде проект изработен од нив. Општината ќе има голема придобивка.

Првиот човек на Аеродром најавува дека ќе учествуваат со проекти за општината наменети со заемот од Унгарија.

Интензивно работиме на изработка на проекти со кои ќе можеме да аплицираме. Во зависност од населеното место има различни проекти: за Долно Лисиче работиме на проект за изградба на училишна сала, проширувањ на мост во Горно Лисиче, атмосферска канализација, замена на плочници во урбана заедница Јане Сандански, реконструкција на улици во Мичурин и Стар Аеродром, како и две детски градинки - набројува градоначалникот во интервјуто.

https://www.youtube.com/watch?v=ZtHpdctdgUk

The post Митески: Ќe конкурираме за голем број проекти со парите наменети за општините од заемот од Унгарија appeared first on Република.

Перински: Подобрувањето на животот на граѓаните и капацитетите на локалните самоуправи е во директна корелација со спречувањето на иселувањето од државата https://republika.mk/vesti/makedonija/perinski-podobruvaneto-na-zhivotot-na-graganite-i-kapatsitetite-na-lokalnite-samoupravi-e-vo-direktna-korelatsija-so-sprechuvaneto-na-iseluvaneto-od-drzhavata/ Tue, 23 Jul 2024 07:12:10 +0000 https://republika.mk/?p=799354

Неполн месец по преземањето на функцијата министер за локална самоуправа, сумиравте ли впечатоци, што добивте во наследство, ги детектиравте ли аномалиите, трасиравте ли во која насока ќе продолжи да делува Министерството?

Перински: Функцијата министер за локална самоуправа ја прифатив како голем предизвик, затоа што локалната самоуправа е еден од најважните столбови во политичкиот систем на државата. Условите во кои што функционираат општините директно влијаат на нивната ефикасност и обезбедувањето на услугите кон граѓаните. Министерството за локална самоуправа е првата институција, која што има одговорност да ги согледа сите проблеми со кои што се соочува локалната самоуправа и да ѝ предложи на Владата квалитетни и одржливи решенија, на кои што ќе работиме заедно со сите министерства кои што имаат влијание на локалниот развој и на извршувањето на локалните надлежности.Затоа од првиот ден започнав со директни средби со градоначалниците и според утвдената динамика до крајот на месецот ќе се сретнам со сите и изворно се запознавам со нивните потреби и заедно ќе ги бараме најдобрите решенија.И покрај тоа што Министерството за локална самоуправа е одговорно за спроведување на политиката за рамномерен развој, факт е дека во континуитет не биле издвојувани доволно средства за да се реализираат поголеми проекти во општините и во планските региони, кои што ќе имаат поголемо влијание на развојот и ќе ги подобруваат условите за живеење. Сѐ уште во најголемиот број општини, граѓаните се соочуваат со нерешени основни прашања, како што е патна инфраструктура, квалитетно водоснабдување, канализација, современи училишта, не се доволно опремени противпожарните служби, со што за жал се соочивме и деновиве. Долга е листата на нерешени прашања што за Владата се приоритет и на што ќе работиме со полн капацитет. Тоа е и мој приоритет како министер за локална самоуправа, најважно е граѓаните да се задоволни. Ќе ги искористам сите средства кои што ги имам на располагање, кои што произлегуваат од надлежностите на министерството. Владата знае што им треба на граѓаните и затоа веднаш презедовме големи одговорности и позитивните промени ќе бидат направени многу брзо и граѓаните ќе ја видат разликата. Граѓаните се најреалните оценувачи на состојбите, на изборите тие јасно и недвосмислено го кажаа својот став за работењето на претходната Влада, а ние ги слушаме нивните барања и од првиот ден нудиме решенија и веќе ги реализираме.

Конкретно, што ќе преземете, имате ли програма, средства?

Перински: Владата од првиот ден настапи многу отворено. Најавата за обезбедување на средства за реализација на капитални проекти во општините се потврди и со ребалансот на буџетот. Нашите намери се искрени и тоа што го ветивме ќе го направиме. До крајот на годината на општините ќе им бидат трансферирани првите сто милиони евра за реализација на проектите што им се приоритетни.
Министерството за локална самоуправа ќе ја реализира целата постапка за праведна распределба на средства, врз основа на проекти, кои што ќе ги достават општините. Интензивно се подготвуваме многу брзо да го објавиме јавниот повик и да спроведеме постапка на избор, која што ќе гарантира сигурна и брза реализација на најдобрите проекти. Сакаме да бидеме сигурни дека буџетските средства ќе бидат реализирани во целост, одговорно и транспарентно од страна на локалните власти. Затоа сме фокусирани и на обезбедување на механизми на надзор. Убеден сум дека локалните власти се подготвени и оваа можност што ја создаде Владата ќе ја искористат на најдобар можен начин. Поддршката ќе биде континуирана и дефинитивно работите ќе се менуваат од година во година. Целта е толку многу благородна што е огромен мотив и за мене како министер за локална самоуправа и за градоначалниците. Во граѓаните гледаме наши партнери и заедно ќе работиме затоа што сите сакаме брзи промени. Огромната доверба што ја добивме на изборите е голема одговорност и така настапуваме во реализацијата на секое наше ветување што е дел и од Програмата на Владата од што нема да отстапиме.

Кои општини ќе можат да аплицираат за финансиската помош?

Перински: Во разговорите со градоначалниците стекнав впечаток дека сите општини имаат потреба од финансиска поддршка од Владата. Нивните приходи се ограничени и самостојно тешко можат да реализираат поголеми капитални проекти, а само со такви проекти може да се направат суштински промени и да се подобрат условите за живеење. Ако тоа е предизвик и за поголемите општини, тогаш разбирливо е со што сѐ се соочуваат помалите и руралните општини. Затоа јавниот повик ќе биде отворен за сите единици на локалната самоуправа. Тргнуваме од реалните потреби на граѓаните. За Владата е важно да создадеме услови за да се направи поголем исчекор во решавањето на приоритетните прашања и да се создаде основа за побрз развој, кој што ќе го менува ликот на нашите општини, на секое населено место. Секој дел од државата, секоја општина има потенцијал, тој потенцијал треба да се стави во функција на развојот и затоа Владата им дава шанса на општините за сериозен рестарт, можност, која што тие ја чекаат со години. Ќе се менуваат условите за живеење, но ќе се создаваат и нови можности за локален развој, за нови мали бизниси и преку соработка на Владата со локалните власти ќе ги движиме работите напред, ќе создаваме нови можности за секој граѓанин. Секој граѓанин ни е важен, граѓаните ни се потребни овде во државата и заедно ги правиме промените, затоа што ние ги слушаме граѓаните.

Всушност, вие сега ќе ја коригирате работата на градоначалниците?.

Перински: ВГрадоначалниците имаат многу сериозни одговорности и со оглед на условите во кои што работат, најголемиот број од нив прават максимални напори за да обезбедат функционалност на јавните служби и да ги сервисираат граѓаните. За тоа се потребни посветеност и вложување на целиот свој потенцијал, време и енергија. За жал секогаш има и ќе има исклучоци. Огромен е притисокот кога граѓаните јавно и секојдневно го изразуваат своето незадоволство од однесувањето на некој градоначалник. Граѓаните очекуваат решение, но за жал со нашиот систем на локална самоуправа, градоначалниците се најзаштитени носители на функции. И тоа го гледаме сите, секојдневно се соочуваме со неодговорно однесување и последиците ги трпиме сите. На овој план мора да се менуваат работите. Граѓаните не смее да бидат ничии заложници. Потребно е да се обезбеди законско решение, кое што нема да ја загрози независноста на локалната самоуправа во однос на извршната власт, но и ќе им даде механизам на граѓаните, со кој што тие ќе можат да го санкционираат (не)работењето на градоначалникот. Владата и јас како министер за локална самоуправа само ги слушаме граѓаните, нивните реакции за нас се најрелевантниот патоказ за тоа што треба да се направи за да се подобри функционалноста на локалната самоуправа. Има многу ситуации, кои што јасно укажуваат дека некои актуелни законски решенија и не се најдобри и дека е време да се преиспитаат. Не станува збор за тенденција, туку за систем, кој што на граѓаните во целост ќе им го обезбеди уставното право на локална самоуправа и нивно влијание во донесувањето на одлуките за работи од нивен интерес. Тоа е смислата на локалната самоуправа.

Во меѓувреме, одлучивте директно да комуницирате и со граѓаните, зошто? Вие како министер немате ингеренции за директно решавање на нивните локални проблеми.

Перински: Се согласувам, но, истовремено сум свесен и ве уверувам дека со изворно информирање за одреден проблем, можеме да бидеме институционални медијатори како би излегле во пресрет на секој граѓанин и преку изнесување на прашањата пред Владата можеме да иницираме акција на сите надлежни институции за поефикасно решавање на некои прашања што се приоритетни за граѓаните. Пред сѐ станува збор за прашања од локална надлежност, а на чие решавање можат да имаат влијание и ресорните министерства. Овој проект го водам јас и секое пристигнато барање, сугестија или забелешка од граѓаните ќе бидат разгледани темелно и ќе бидат преиспитани сите можности за ефикасно решавање на прашањето. Граѓаните со право очекуваат да видат дека ефикасно ги решаваме работите, смачено им е да се борат со системот и во таа борба главно тие да бидат губитници. На оваа воспоставена пракса ѝ ставаме крај, граѓаните се најважни и институциите постојат за нив, ќе покажеме дека институциите работат за граѓаните, тоа е работа на јавниот сектор, брзо, ефикасно, транспарентно и одговорно во интерес на секој граѓанин .

На кој начин можат граѓаните да стапат во контакт со Министерството за локална самоуправа?

Перински: Комуникацијата ќе се одвива преку [email protected]. На оваа електронска адреса секој граѓанин ќе може да го сподели својот проблем, прашање, да даде предлог, да ни укаже на некој пропуст, да нѐ искритикува, а наша одговорност е секоја порака од граѓаните да добие соодветен одговор и ефикасно решение од страна на надлежните институци. Граѓаните се нашите партнери и само преку партнерство со нив можеме да донесуваме исправни одлуки, кои што на прво место ќе го ставаат јавниот интерес и интересот на граѓанинот. Целта е да бидеме ефикасни во решавањето на работите и тоа да го направиме на праведен и институционален начин со што ќе се врати довербата на граѓаните во институциите. Ова воопшто не е лесна работа ако се има предвид фактот дека граѓаните се целосно разочарани и без очекувања, но нема прогрес ако институциите и граѓаните не се на иста страна. Со конкретно однесување и постапки ќе ја менуваме перцепцијата за доброто на државата и на сите граѓани.

Освен што сте сконцентрирани на овие два проекти, што друго е дел од вашата секојдневна министерска агенда?

Перински: Министерството за локална самоуправа своите надлежности ги остварува во партнерство со локалните власти и со ЗЕЛС и затоа секојдневно сум во комуникација со локалните власти. Во овој корпус ги ставам и Центрите за развој на осумте плански региони, нивната поддршка е многу важна за развојот на општините и на планските региони. Но, сакам да нагласам дека Министерството за локална самоуправа спроведува политики, кои што се комплексни, за што е важна и соработката со другите надлежни министерства, но и со меѓународните организации, кои што делуваат во областа на локалната самоуправа. Деновиве остварив средби со првите луѓе на овие организации, но и со амбасадорите на земјите, кои што континуирано ги поддржуваат и министерството и општините. Имав конструктивни средби на кои што добив поддршка и стекнав убедување дека ја имаме поддршката и како Министерство и како Влада, затоа што имаме јасна визија за развојот на локалната самоуправа и на државата и сме подготвени и отворени за ефикасна соработка во реализацијата на приоритетите на Владата, за кои што го добивме мандатот од граѓаните и на што работиме со целосна посветеност.

The post Перински: Подобрувањето на животот на граѓаните и капацитетите на локалните самоуправи е во директна корелација со спречувањето на иселувањето од државата appeared first on Република.

]]>

Неполн месец по преземањето на функцијата министер за локална самоуправа, сумиравте ли впечатоци, што добивте во наследство, ги детектиравте ли аномалиите, трасиравте ли во која насока ќе продолжи да делува Министерството? Перински: Функцијата министер за локална самоуправа ја прифатив како голем предизвик, затоа што локалната самоуправа е еден од најважните столбови во политичкиот систем на државата. Условите во кои што функционираат општините директно влијаат на нивната ефикасност и обезбедувањето на услугите кон граѓаните. Министерството за локална самоуправа е првата институција, која што има одговорност да ги согледа сите проблеми со кои што се соочува локалната самоуправа и да ѝ предложи на Владата квалитетни и одржливи решенија, на кои што ќе работиме заедно со сите министерства кои што имаат влијание на локалниот развој и на извршувањето на локалните надлежности.Затоа од првиот ден започнав со директни средби со градоначалниците и според утвдената динамика до крајот на месецот ќе се сретнам со сите и изворно се запознавам со нивните потреби и заедно ќе ги бараме најдобрите решенија.И покрај тоа што Министерството за локална самоуправа е одговорно за спроведување на политиката за рамномерен развој, факт е дека во континуитет не биле издвојувани доволно средства за да се реализираат поголеми проекти во општините и во планските региони, кои што ќе имаат поголемо влијание на развојот и ќе ги подобруваат условите за живеење. Сѐ уште во најголемиот број општини, граѓаните се соочуваат со нерешени основни прашања, како што е патна инфраструктура, квалитетно водоснабдување, канализација, современи училишта, не се доволно опремени противпожарните служби, со што за жал се соочивме и деновиве. Долга е листата на нерешени прашања што за Владата се приоритет и на што ќе работиме со полн капацитет. Тоа е и мој приоритет како министер за локална самоуправа, најважно е граѓаните да се задоволни. Ќе ги искористам сите средства кои што ги имам на располагање, кои што произлегуваат од надлежностите на министерството. Владата знае што им треба на граѓаните и затоа веднаш презедовме големи одговорности и позитивните промени ќе бидат направени многу брзо и граѓаните ќе ја видат разликата. Граѓаните се најреалните оценувачи на состојбите, на изборите тие јасно и недвосмислено го кажаа својот став за работењето на претходната Влада, а ние ги слушаме нивните барања и од првиот ден нудиме решенија и веќе ги реализираме. Конкретно, што ќе преземете, имате ли програма, средства? Перински: Владата од првиот ден настапи многу отворено. Најавата за обезбедување на средства за реализација на капитални проекти во општините се потврди и со ребалансот на буџетот. Нашите намери се искрени и тоа што го ветивме ќе го направиме. До крајот на годината на општините ќе им бидат трансферирани првите сто милиони евра за реализација на проектите што им се приоритетни. Министерството за локална самоуправа ќе ја реализира целата постапка за праведна распределба на средства, врз основа на проекти, кои што ќе ги достават општините. Интензивно се подготвуваме многу брзо да го објавиме јавниот повик и да спроведеме постапка на избор, која што ќе гарантира сигурна и брза реализација на најдобрите проекти. Сакаме да бидеме сигурни дека буџетските средства ќе бидат реализирани во целост, одговорно и транспарентно од страна на локалните власти. Затоа сме фокусирани и на обезбедување на механизми на надзор. Убеден сум дека локалните власти се подготвени и оваа можност што ја создаде Владата ќе ја искористат на најдобар можен начин. Поддршката ќе биде континуирана и дефинитивно работите ќе се менуваат од година во година. Целта е толку многу благородна што е огромен мотив и за мене како министер за локална самоуправа и за градоначалниците. Во граѓаните гледаме наши партнери и заедно ќе работиме затоа што сите сакаме брзи промени. Огромната доверба што ја добивме на изборите е голема одговорност и така настапуваме во реализацијата на секое наше ветување што е дел и од Програмата на Владата од што нема да отстапиме. Кои општини ќе можат да аплицираат за финансиската помош? Перински: Во разговорите со градоначалниците стекнав впечаток дека сите општини имаат потреба од финансиска поддршка од Владата. Нивните приходи се ограничени и самостојно тешко можат да реализираат поголеми капитални проекти, а само со такви проекти може да се направат суштински промени и да се подобрат условите за живеење. Ако тоа е предизвик и за поголемите општини, тогаш разбирливо е со што сѐ се соочуваат помалите и руралните општини. Затоа јавниот повик ќе биде отворен за сите единици на локалната самоуправа. Тргнуваме од реалните потреби на граѓаните. За Владата е важно да создадеме услови за да се направи поголем исчекор во решавањето на приоритетните прашања и да се создаде основа за побрз развој, кој што ќе го менува ликот на нашите општини, на секое населено место. Секој дел од државата, секоја општина има потенцијал, тој потенцијал треба да се стави во функција на развојот и затоа Владата им дава шанса на општините за сериозен рестарт, можност, која што тие ја чекаат со години. Ќе се менуваат условите за живеење, но ќе се создаваат и нови можности за локален развој, за нови мали бизниси и преку соработка на Владата со локалните власти ќе ги движиме работите напред, ќе создаваме нови можности за секој граѓанин. Секој граѓанин ни е важен, граѓаните ни се потребни овде во државата и заедно ги правиме промените, затоа што ние ги слушаме граѓаните. Всушност, вие сега ќе ја коригирате работата на градоначалниците?. Перински: ВГрадоначалниците имаат многу сериозни одговорности и со оглед на условите во кои што работат, најголемиот број од нив прават максимални напори за да обезбедат функционалност на јавните служби и да ги сервисираат граѓаните. За тоа се потребни посветеност и вложување на целиот свој потенцијал, време и енергија. За жал секогаш има и ќе има исклучоци. Огромен е притисокот кога граѓаните јавно и секојдневно го изразуваат своето незадоволство од однесувањето на некој градоначалник. Граѓаните очекуваат решение, но за жал со нашиот систем на локална самоуправа, градоначалниците се најзаштитени носители на функции. И тоа го гледаме сите, секојдневно се соочуваме со неодговорно однесување и последиците ги трпиме сите. На овој план мора да се менуваат работите. Граѓаните не смее да бидат ничии заложници. Потребно е да се обезбеди законско решение, кое што нема да ја загрози независноста на локалната самоуправа во однос на извршната власт, но и ќе им даде механизам на граѓаните, со кој што тие ќе можат да го санкционираат (не)работењето на градоначалникот. Владата и јас како министер за локална самоуправа само ги слушаме граѓаните, нивните реакции за нас се најрелевантниот патоказ за тоа што треба да се направи за да се подобри функционалноста на локалната самоуправа. Има многу ситуации, кои што јасно укажуваат дека некои актуелни законски решенија и не се најдобри и дека е време да се преиспитаат. Не станува збор за тенденција, туку за систем, кој што на граѓаните во целост ќе им го обезбеди уставното право на локална самоуправа и нивно влијание во донесувањето на одлуките за работи од нивен интерес. Тоа е смислата на локалната самоуправа. Во меѓувреме, одлучивте директно да комуницирате и со граѓаните, зошто? Вие како министер немате ингеренции за директно решавање на нивните локални проблеми. Перински: Се согласувам, но, истовремено сум свесен и ве уверувам дека со изворно информирање за одреден проблем, можеме да бидеме институционални медијатори како би излегле во пресрет на секој граѓанин и преку изнесување на прашањата пред Владата можеме да иницираме акција на сите надлежни институции за поефикасно решавање на некои прашања што се приоритетни за граѓаните. Пред сѐ станува збор за прашања од локална надлежност, а на чие решавање можат да имаат влијание и ресорните министерства. Овој проект го водам јас и секое пристигнато барање, сугестија или забелешка од граѓаните ќе бидат разгледани темелно и ќе бидат преиспитани сите можности за ефикасно решавање на прашањето. Граѓаните со право очекуваат да видат дека ефикасно ги решаваме работите, смачено им е да се борат со системот и во таа борба главно тие да бидат губитници. На оваа воспоставена пракса ѝ ставаме крај, граѓаните се најважни и институциите постојат за нив, ќе покажеме дека институциите работат за граѓаните, тоа е работа на јавниот сектор, брзо, ефикасно, транспарентно и одговорно во интерес на секој граѓанин . На кој начин можат граѓаните да стапат во контакт со Министерството за локална самоуправа? Перински: Комуникацијата ќе се одвива преку [email protected]. На оваа електронска адреса секој граѓанин ќе може да го сподели својот проблем, прашање, да даде предлог, да ни укаже на некој пропуст, да нѐ искритикува, а наша одговорност е секоја порака од граѓаните да добие соодветен одговор и ефикасно решение од страна на надлежните институци. Граѓаните се нашите партнери и само преку партнерство со нив можеме да донесуваме исправни одлуки, кои што на прво место ќе го ставаат јавниот интерес и интересот на граѓанинот. Целта е да бидеме ефикасни во решавањето на работите и тоа да го направиме на праведен и институционален начин со што ќе се врати довербата на граѓаните во институциите. Ова воопшто не е лесна работа ако се има предвид фактот дека граѓаните се целосно разочарани и без очекувања, но нема прогрес ако институциите и граѓаните не се на иста страна. Со конкретно однесување и постапки ќе ја менуваме перцепцијата за доброто на државата и на сите граѓани. Освен што сте сконцентрирани на овие два проекти, што друго е дел од вашата секојдневна министерска агенда? Перински: Министерството за локална самоуправа своите надлежности ги остварува во партнерство со локалните власти и со ЗЕЛС и затоа секојдневно сум во комуникација со локалните власти. Во овој корпус ги ставам и Центрите за развој на осумте плански региони, нивната поддршка е многу важна за развојот на општините и на планските региони. Но, сакам да нагласам дека Министерството за локална самоуправа спроведува политики, кои што се комплексни, за што е важна и соработката со другите надлежни министерства, но и со меѓународните организации, кои што делуваат во областа на локалната самоуправа. Деновиве остварив средби со првите луѓе на овие организации, но и со амбасадорите на земјите, кои што континуирано ги поддржуваат и министерството и општините. Имав конструктивни средби на кои што добив поддршка и стекнав убедување дека ја имаме поддршката и како Министерство и како Влада, затоа што имаме јасна визија за развојот на локалната самоуправа и на државата и сме подготвени и отворени за ефикасна соработка во реализацијата на приоритетите на Владата, за кои што го добивме мандатот од граѓаните и на што работиме со целосна посветеност.

The post Перински: Подобрувањето на животот на граѓаните и капацитетите на локалните самоуправи е во директна корелација со спречувањето на иселувањето од државата appeared first on Република.

]]>
Луѓето се навикнати да ме гледаат со футролата за виолина на грб каде и да патувам, а искрено не би можела да си го замислам животот без неа https://republika.mk/vesti/kultura/lugeto-se-naviknati-da-me-gledaat-so-futrolata-za-violina-na-grb-kade-i-da-patuvam-a-iskreno-ne-bi-mozhela-da-si-go-zamislam-zhivotot-bez-nea/ Mon, 22 Jul 2024 09:41:04 +0000 https://republika.mk/?p=799113

Фантастичната виолинистка Ирина Мурешану, повторно гостува во Скопје! Вечерва со почеток во 20.30 часот, во прекрасниот амбиент на Сули Ан, во рамките на „Скопско лето“, љубителите на класичната музика ќе имат можност да уживаат во уште еден концерт на ФАМЕ’С Институт Оркестарот, кој овој пат ќе биде предводен од американскиот диригент Скот Флавин, кој заедно со солистката Ирина Мурешану, ќе изведат популарни дела од американски композитори обединети во „Американска приказна“. Мурешану во разговор за „Република“ вели дека со нетрпение го очекува вечерашниот настап.

На концертот, кој всушност е заокружување на летната сесија на оркестарските курсеви во рамките на Фејмс Институтот, ќе може да се слушне популарната „West Side Story“ од Бернштајн во верзија за виолина и оркестар, како и „Appalachian Spring“ од Копланд, популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манчини итн.

Виолинистката со романско потекло Ирина Мурешану настапува во САД, Канада, Карибите, Европа, Азија и Јужна Африка. Етаблирана е вешт уметник за снимање на музика, а нејзините авантуристички програми и тематски концепти ја дефинираат како солист и камерен музичар.

Лауреат и добитник на врвни награди на неколку престижни меѓународни натпревари за виолина, вклучувајќи ги натпреварите во Монтреал и Вашингон, Кралица Елизабета, УНИСА и натпреварот за гудачи Шадт. Наградите на Мурешану ја вклучуваат и музичката награда Пресер, наградата Артур Фут од Музичката асоцијација Харвард, Pro Musicis International Award и грантот на New Music USA.

Сезоната 2023-2024 на г-ѓа Мурешану покрај настапите во Франција, Србија, Кајманските Острови, Република Молдавија, голем број на фестивали во Соединетите Држави, ја вклучува и Македонија и тоа со неколку концерти.

Како добитник на „Грантот Енеску“ од Романскиот културен институт, оваа година таа има тримесечна позиција како уметник во резиденција во Cité Internationale des Arts во Париз.

Мурешану неодамна ја доби престижната награда Фулбрајт (Fulbright) и наградата за независни стипендии, истражување и креативност од Универзитетот во Мериленд за нејзиниот проект „Infinite Strings“: создавање платформа дизајнирана да промовира музика за виолина од романски композитори. Таа е, исто така, добитник на тригодишниот грант „Големите предизвици“ од Националната научна фондација од Универзитетот во Мериленд за истражувањето „Музичко образование за сите преку вештачка интелигенција и дигитални хуманистички науки“.

Ирина е активен камерен музичар и солист и е член на Бостонското трио. Настапува на фестивали како што се Баргемјузик во Њујорк, фестивалот Рокпорт во Масачусетс, серијата концерти на Беј Чемберс во Мејн и Фестивалот Боудин, Колорадо Стрингс на музичкиот фестивал Планините и Сан Хуан, фестивалот на камерна музика во Мауи на Хаваи, музичкиот фестивал Реизенд во Холандија, белгискиот фестивал ван де Леи и фестивалот Rencontres des Musiciennes во Франција и островот Гвадалупе.

Таа е страствен изведувач на нова музика, со бројни дела напишани и посветени на неа. Нејзините најнови изданија вклучуваат „Ирина Мурешану ја свири Виолета Динеску“, и „Hybrd, Hints and Hooks“. Покрај тоа таа ги снимала  и Концертот за виолина на Томас Обое Ли (исто така посветен на неа), композиции од Елена Руер за ЦД-то на Avie Records „Lift“, вклучено на 13-те најдобри снимки за класична музика на Кит Пауерс за 2016 година итн.

Ирина Мурешану е вонреден професор на Факултетот за музика и придружниот факултет на Институтот за напредни компјутерски студии на Универзитетот во Мериленд, факултетите на Бостонскиот конзерваториум во Беркли и на музичките катедри на Харвард и МИТ. Таа има престижна диплома за уметник и доктор по музички науки од Конзерваториумот Њу Ингланд, каде студирала со легендарната француска виолинистка Мишел Оклер.

Мурешану свири на виолина на Џузепе Рока од 1849 година и на гудало на Етиен Пајеот и во пресрет на вечершниот концерт разговаравме токму и за виолините на кои свирела, за предизвиците, мултумедијалната програма на која работи, за тоа дека не може да го замисли животот без футролата за виолина на грбот...

Со Оркестарот на Институтот „ FAMES“ ќе настапите во преубав амбиент, во Сули-ан. Дали го посетивте Сули-ан? Какви се Вашите впечатоци?

Негувам огромна љубов кон градот Скопје и неговиот спој на култури. Бидејќи сум родена во Букурешт, Романија, овде се чувствувам како дома, благодарение на гостопримството од прекрасниот народ на Македонија! Иако сè уште немам настапувано во Сули Ан, со нетрпение очекувам да настапам на ова историско место, на нашиот концерт кој е дел од Фестивалот Скопско лето!

Минатата година со Оркестарот на Институтот „ Fames“ настапивте во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Дали ваквите амбиенти како Сули-ан и „Света Софија“ можеби дополнително Ве инспирираат, ви даваат енергија? Како ги доживувате ваквите настапи?

Мојата мисија беше да ја променам идејата дека класичната музика (или која било музика во таа смисла) треба да се изведува само во традиционална концертна сала. Местата како Сули Ан ја отвораат можноста да ја споделиме нашата страст со нова публика. Многу луѓе мислат дека треба да знаете многу за класичната музика за да уживате во неа - но воопшто не е така!! Во мојот живот сум свирела на многу концерти на нестандарни концертни локации како на пр. болници, пензионерски домови, училишта за деца со попреченост и можам да ви кажам дека музиката допира до секого, без разлика на неговото образование, потекло или возраст. На некој начин тоа беше мојата најдобра публика бидејќи комунициравме преку музиката, со срцето!

Ова е Ваше второ гостување во Скопје. Македонската публика веќе имаше можност да Ве чуе на концертниот спектакл под наслов „Фузија“, во Македонската филхармонија, каде се споија два врвни камерни оркестри од Македонија и Србија . Како тече подготовката на Вашиот втор настап во Скопје?

Имам прекрасни спомени од тој концерт во Филхармонија! Нашиот претстоен концерт ќе биде кулминација на интензивната недела на работа со оркестарот на Институтот Fame. Овие семинари се неверојатна можност за младите музичари да го искусат интензивниот и брз живот на професионалните музичари. Нашите студенти доаѓаат од многу земји на ЕУ, а повеќето од нив не се познаваа пред да пристигнат. Секој ден вежбавме по седум часа, ја снимавме оваа програма во професионалното студио за снимање во FAME's и ова е ново искуство за многумина од нив. Во овие последни пет дена поминати заедно, видовме огромен раст во нивната самодоверба, во кохезијата на звукот на ансамблот, како и во нивното разбирање за американската музика, што е тема на нашата програма.

На своите настапи свирите на виолина на Џузепе Рока од 1849 година, вредна 450.000 евра и на гудало на Етиен Пајеот. Каква е приказната за овој инструмент со кој настапувате? Како ја набавивте, како ја откривте?

Ние, музичарите зависиме од нашите „алати“, од инструментите. Имав многу среќа во текот на мојата кариера што имав можност да свирам на неверојатни инструменти, како што се Страдивариус и Гварнери, а уште повеќе имав среќа да ги имам прекрасната виолина Рока и гудалото Пајеот како мои постојани придружници. Луѓето се навикнати да ме гледаат со футролата за виолина на грб каде и да патувам и искрено не би можела да си го замислам животот без нив.

Вашата реномирана мултимедијална програма за соло виолина „Четири жици низ светот“ - која ја слави различноста на музичките култури низ целиот свет преку дела на композитори од пет континенти – сеуште предизвикува големо внимание кај публиката и критиката. Кажете ни нешто повеќе за оваа програма?

Проектот „Четири жици низ светот“ се роди од мојата желба да „преминам“ повеќе граници во класичната музика. Сфатив дека повеќето од она што традиционално го учиме во училиштата е репертоар од западноевропската музичка култура, што секако секогаш ќе биде наша главна референца. Но, светот се менува брзо, а глобализацијата создадена од интернет донесе многу повеќе гласови во пејзажот на класичната музика. А ние како изведувачи сега имаме прекрасен репертоар од композитори кои доаѓаат од Блискиот Исток, Азија, Африка, Јужна Америка и жанрови како танго, блуграс и многу други. Значи „Четири жици низ светот“ е токму тоа: музичко патување низ светот со дела од композитори од 5 континенти, обединети низ призмата на соло виолината, инструмент практично сеприсутен во сите култури. Кога се изведува концертно, овој проект има театарска компонента, бидејќи публиката е понесена низ кратки видеа со сугестивни слики и автентична народна музика во спецификите на различни култури. Бев исто така дел од прекрасната соработка со лабораторијата за виртуелна реалност на Универзитетот во Мериленд со цел да се создаде „виртуелен концерт“, каде што мојот холограм беше ставен во различни позадини: парк, неколку катедрали (додека ја свирев Ciaccona на Бах) итн. Значи, идејата е дека музиката припаѓа насекаде! Минатата година, мојот семинар во Институтот Фејмс се базираше на овој концепт - сакам да го споделам моето новостекнато знаење за светската музика со студентите!

Вечерашниот концерт предвидува популарни дела од американски композитори, како популарната „West Side Story“ од Бернштајн во верзија за виолина и оркестар, како и „Appalachian Spring“ од Копланд, популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манчини... итн, обединети во „Американска приказна“. Како настана овој избор на композиции?

Сакав да ја споделам со младите музичари, како и со скопската публика разновидноста на американската музика, која е мошне разгранета, почнувајќи од жанрот блуз, џез и регтајм, кој еволуираше од 1800-тите и го зазеде централното место во 1920 година, до филмот и музиката на Бродвеј (претставена овде со делата на Гершвин, Бернштајн и Манцини) и композиции како што е „Appalachian Spring“ од Копланд, кои укажуваат на пространството на американскиот пејзаж и пионерскиот дух на првите колонисти. Мојот соработник, прекрасниот диригент и виолинист Скот Флавин е експерт за оваа музика - всушност, тој за нашиот ансамбл аранжира прекрасна мелодија насловена „The Days of Wine and Roses“ од Манчини, па ќе имаме и светска премиера во нашиот концерт „Американска приказна“ во понеделник!

Каква музика Вие сакате да слушате? Кој е Ваш омилен автор?

Честотати се насмевнувам кога ќе го слушнам ова прашање. Понекогаш им велам на луѓето дека сакам сè што свирам, дури и ако не ми се допаѓа... Поентата ми е дека улогата на изведувачот е да ги пренесе идеите и страста на композиторот. Колку сме среќни што сме „преведувачи“ на големите умови како Моцарт и Бах?

Потекнувате од Романија, каде сте поминале голем дел од својот живот и сте се стекнале со музичка наобразба. Колку романската традиција и култура има влијание на Вашата работа?

Се разбира, јас сум родена Романка и секогаш ќе бидам Романка. Имаме одлично училиште за виолина и имав среќа да имам неверојатни учители во текот на моите развојни години. Но, како музичар, преку мојата „работа“ чувствувам дека станав и граѓанин на светот, а основата на образованието што го добив во Романија само го подобрува тој аспект.

Предавате на повеќе универзитети. Што е она што најмногу би сакале да им пренесете на своите ученици? Што Вам ви е најважно да сфатат?

Во променливите околности на денешниот свет, нашите студенти треба да имаат многу вештини. Тие мора да го знаат својот занает, но и да имаат визија да создадат пат за себе. За разлика од пред неколку децении, музичарите помалку се „етикетирани“ дека припаѓаат на една категорија (солист, учител, квартет и сл.); во денешно време солистите свират камерна музика, а наставниците имаат оркестарска работа. И сите ние научивме како да се поврземе со нашата публика преку социјалните медиуми, професионалните веб-страници и така натаму. Мојата улога како учител ја гледам како водич за младите музичари во пронаоѓањето на својот глас.

Добитник сте на бројни меѓународни награди и признанија. Што значат за Вас наградите? Како гледате на нив, како поттик за понатамошна работа, потврда за сработеното, или можеби како обврска?

Кога растев натпреварите беа составен дел од животот на еден студент. Се разбира, наградата е признание за нечии вештини и напорна работа, но сфатив дека најважно е тоа што натпреварите ми помогнаа да научам голем репертоар, но исто така запознав луѓе од мојата генерација кои ми станаа пријатели и колеги во мојата понатамошна кариера.

The post Луѓето се навикнати да ме гледаат со футролата за виолина на грб каде и да патувам, а искрено не би можела да си го замислам животот без неа appeared first on Република.

]]>

Фантастичната виолинистка Ирина Мурешану, повторно гостува во Скопје! Вечерва со почеток во 20.30 часот, во прекрасниот амбиент на Сули Ан, во рамките на „Скопско лето“, љубителите на класичната музика ќе имат можност да уживаат во уште еден концерт на ФАМЕ’С Институт Оркестарот, кој овој пат ќе биде предводен од американскиот диригент Скот Флавин, кој заедно со солистката Ирина Мурешану, ќе изведат популарни дела од американски композитори обединети во „Американска приказна“. Мурешану во разговор за „Република“ вели дека со нетрпение го очекува вечерашниот настап. На концертот, кој всушност е заокружување на летната сесија на оркестарските курсеви во рамките на Фејмс Институтот, ќе може да се слушне популарната „West Side Story“ од Бернштајн во верзија за виолина и оркестар, како и „Appalachian Spring“ од Копланд, популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манчини итн. Виолинистката со романско потекло Ирина Мурешану настапува во САД, Канада, Карибите, Европа, Азија и Јужна Африка. Етаблирана е вешт уметник за снимање на музика, а нејзините авантуристички програми и тематски концепти ја дефинираат како солист и камерен музичар. Лауреат и добитник на врвни награди на неколку престижни меѓународни натпревари за виолина, вклучувајќи ги натпреварите во Монтреал и Вашингон, Кралица Елизабета, УНИСА и натпреварот за гудачи Шадт. Наградите на Мурешану ја вклучуваат и музичката награда Пресер, наградата Артур Фут од Музичката асоцијација Харвард, Pro Musicis International Award и грантот на New Music USA. Сезоната 2023-2024 на г-ѓа Мурешану покрај настапите во Франција, Србија, Кајманските Острови, Република Молдавија, голем број на фестивали во Соединетите Држави, ја вклучува и Македонија и тоа со неколку концерти. Како добитник на „Грантот Енеску“ од Романскиот културен институт, оваа година таа има тримесечна позиција како уметник во резиденција во Cité Internationale des Arts во Париз. Мурешану неодамна ја доби престижната награда Фулбрајт (Fulbright) и наградата за независни стипендии, истражување и креативност од Универзитетот во Мериленд за нејзиниот проект „Infinite Strings“: создавање платформа дизајнирана да промовира музика за виолина од романски композитори. Таа е, исто така, добитник на тригодишниот грант „Големите предизвици“ од Националната научна фондација од Универзитетот во Мериленд за истражувањето „Музичко образование за сите преку вештачка интелигенција и дигитални хуманистички науки“. Ирина е активен камерен музичар и солист и е член на Бостонското трио. Настапува на фестивали како што се Баргемјузик во Њујорк, фестивалот Рокпорт во Масачусетс, серијата концерти на Беј Чемберс во Мејн и Фестивалот Боудин, Колорадо Стрингс на музичкиот фестивал Планините и Сан Хуан, фестивалот на камерна музика во Мауи на Хаваи, музичкиот фестивал Реизенд во Холандија, белгискиот фестивал ван де Леи и фестивалот Rencontres des Musiciennes во Франција и островот Гвадалупе. Таа е страствен изведувач на нова музика, со бројни дела напишани и посветени на неа. Нејзините најнови изданија вклучуваат „Ирина Мурешану ја свири Виолета Динеску“, и „Hybrd, Hints and Hooks“. Покрај тоа таа ги снимала  и Концертот за виолина на Томас Обое Ли (исто така посветен на неа), композиции од Елена Руер за ЦД-то на Avie Records „Lift“, вклучено на 13-те најдобри снимки за класична музика на Кит Пауерс за 2016 година итн. Ирина Мурешану е вонреден професор на Факултетот за музика и придружниот факултет на Институтот за напредни компјутерски студии на Универзитетот во Мериленд, факултетите на Бостонскиот конзерваториум во Беркли и на музичките катедри на Харвард и МИТ. Таа има престижна диплома за уметник и доктор по музички науки од Конзерваториумот Њу Ингланд, каде студирала со легендарната француска виолинистка Мишел Оклер. Мурешану свири на виолина на Џузепе Рока од 1849 година и на гудало на Етиен Пајеот и во пресрет на вечершниот концерт разговаравме токму и за виолините на кои свирела, за предизвиците, мултумедијалната програма на која работи, за тоа дека не може да го замисли животот без футролата за виолина на грбот... Со Оркестарот на Институтот „ FAMES“ ќе настапите во преубав амбиент, во Сули-ан. Дали го посетивте Сули-ан? Какви се Вашите впечатоци?
Негувам огромна љубов кон градот Скопје и неговиот спој на култури. Бидејќи сум родена во Букурешт, Романија, овде се чувствувам како дома, благодарение на гостопримството од прекрасниот народ на Македонија! Иако сè уште немам настапувано во Сули Ан, со нетрпение очекувам да настапам на ова историско место, на нашиот концерт кој е дел од Фестивалот Скопско лето!
Минатата година со Оркестарот на Институтот „ Fames“ настапивте во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Дали ваквите амбиенти како Сули-ан и „Света Софија“ можеби дополнително Ве инспирираат, ви даваат енергија? Како ги доживувате ваквите настапи?
Мојата мисија беше да ја променам идејата дека класичната музика (или која било музика во таа смисла) треба да се изведува само во традиционална концертна сала. Местата како Сули Ан ја отвораат можноста да ја споделиме нашата страст со нова публика. Многу луѓе мислат дека треба да знаете многу за класичната музика за да уживате во неа - но воопшто не е така!! Во мојот живот сум свирела на многу концерти на нестандарни концертни локации како на пр. болници, пензионерски домови, училишта за деца со попреченост и можам да ви кажам дека музиката допира до секого, без разлика на неговото образование, потекло или возраст. На некој начин тоа беше мојата најдобра публика бидејќи комунициравме преку музиката, со срцето!
Ова е Ваше второ гостување во Скопје. Македонската публика веќе имаше можност да Ве чуе на концертниот спектакл под наслов „Фузија“, во Македонската филхармонија, каде се споија два врвни камерни оркестри од Македонија и Србија . Како тече подготовката на Вашиот втор настап во Скопје?
Имам прекрасни спомени од тој концерт во Филхармонија! Нашиот претстоен концерт ќе биде кулминација на интензивната недела на работа со оркестарот на Институтот Fame. Овие семинари се неверојатна можност за младите музичари да го искусат интензивниот и брз живот на професионалните музичари. Нашите студенти доаѓаат од многу земји на ЕУ, а повеќето од нив не се познаваа пред да пристигнат. Секој ден вежбавме по седум часа, ја снимавме оваа програма во професионалното студио за снимање во FAME's и ова е ново искуство за многумина од нив. Во овие последни пет дена поминати заедно, видовме огромен раст во нивната самодоверба, во кохезијата на звукот на ансамблот, како и во нивното разбирање за американската музика, што е тема на нашата програма.
На своите настапи свирите на виолина на Џузепе Рока од 1849 година, вредна 450.000 евра и на гудало на Етиен Пајеот. Каква е приказната за овој инструмент со кој настапувате? Како ја набавивте, како ја откривте?
Ние, музичарите зависиме од нашите „алати“, од инструментите. Имав многу среќа во текот на мојата кариера што имав можност да свирам на неверојатни инструменти, како што се Страдивариус и Гварнери, а уште повеќе имав среќа да ги имам прекрасната виолина Рока и гудалото Пајеот како мои постојани придружници. Луѓето се навикнати да ме гледаат со футролата за виолина на грб каде и да патувам и искрено не би можела да си го замислам животот без нив.
Вашата реномирана мултимедијална програма за соло виолина „Четири жици низ светот“ - која ја слави различноста на музичките култури низ целиот свет преку дела на композитори од пет континенти – сеуште предизвикува големо внимание кај публиката и критиката. Кажете ни нешто повеќе за оваа програма?
Проектот „Четири жици низ светот“ се роди од мојата желба да „преминам“ повеќе граници во класичната музика. Сфатив дека повеќето од она што традиционално го учиме во училиштата е репертоар од западноевропската музичка култура, што секако секогаш ќе биде наша главна референца. Но, светот се менува брзо, а глобализацијата создадена од интернет донесе многу повеќе гласови во пејзажот на класичната музика. А ние како изведувачи сега имаме прекрасен репертоар од композитори кои доаѓаат од Блискиот Исток, Азија, Африка, Јужна Америка и жанрови како танго, блуграс и многу други. Значи „Четири жици низ светот“ е токму тоа: музичко патување низ светот со дела од композитори од 5 континенти, обединети низ призмата на соло виолината, инструмент практично сеприсутен во сите култури. Кога се изведува концертно, овој проект има театарска компонента, бидејќи публиката е понесена низ кратки видеа со сугестивни слики и автентична народна музика во спецификите на различни култури. Бев исто така дел од прекрасната соработка со лабораторијата за виртуелна реалност на Универзитетот во Мериленд со цел да се создаде „виртуелен концерт“, каде што мојот холограм беше ставен во различни позадини: парк, неколку катедрали (додека ја свирев Ciaccona на Бах) итн. Значи, идејата е дека музиката припаѓа насекаде! Минатата година, мојот семинар во Институтот Фејмс се базираше на овој концепт - сакам да го споделам моето новостекнато знаење за светската музика со студентите!
Вечерашниот концерт предвидува популарни дела од американски композитори, како популарната „West Side Story“ од Бернштајн во верзија за виолина и оркестар, како и „Appalachian Spring“ од Копланд, популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манчини... итн, обединети во „Американска приказна“. Како настана овој избор на композиции?
Сакав да ја споделам со младите музичари, како и со скопската публика разновидноста на американската музика, која е мошне разгранета, почнувајќи од жанрот блуз, џез и регтајм, кој еволуираше од 1800-тите и го зазеде централното место во 1920 година, до филмот и музиката на Бродвеј (претставена овде со делата на Гершвин, Бернштајн и Манцини) и композиции како што е „Appalachian Spring“ од Копланд, кои укажуваат на пространството на американскиот пејзаж и пионерскиот дух на првите колонисти. Мојот соработник, прекрасниот диригент и виолинист Скот Флавин е експерт за оваа музика - всушност, тој за нашиот ансамбл аранжира прекрасна мелодија насловена „The Days of Wine and Roses“ од Манчини, па ќе имаме и светска премиера во нашиот концерт „Американска приказна“ во понеделник!
Каква музика Вие сакате да слушате? Кој е Ваш омилен автор?
Честотати се насмевнувам кога ќе го слушнам ова прашање. Понекогаш им велам на луѓето дека сакам сè што свирам, дури и ако не ми се допаѓа... Поентата ми е дека улогата на изведувачот е да ги пренесе идеите и страста на композиторот. Колку сме среќни што сме „преведувачи“ на големите умови како Моцарт и Бах?
Потекнувате од Романија, каде сте поминале голем дел од својот живот и сте се стекнале со музичка наобразба. Колку романската традиција и култура има влијание на Вашата работа?
Се разбира, јас сум родена Романка и секогаш ќе бидам Романка. Имаме одлично училиште за виолина и имав среќа да имам неверојатни учители во текот на моите развојни години. Но, како музичар, преку мојата „работа“ чувствувам дека станав и граѓанин на светот, а основата на образованието што го добив во Романија само го подобрува тој аспект.
Предавате на повеќе универзитети. Што е она што најмногу би сакале да им пренесете на своите ученици? Што Вам ви е најважно да сфатат?
Во променливите околности на денешниот свет, нашите студенти треба да имаат многу вештини. Тие мора да го знаат својот занает, но и да имаат визија да создадат пат за себе. За разлика од пред неколку децении, музичарите помалку се „етикетирани“ дека припаѓаат на една категорија (солист, учител, квартет и сл.); во денешно време солистите свират камерна музика, а наставниците имаат оркестарска работа. И сите ние научивме како да се поврземе со нашата публика преку социјалните медиуми, професионалните веб-страници и така натаму. Мојата улога како учител ја гледам како водич за младите музичари во пронаоѓањето на својот глас.
Добитник сте на бројни меѓународни награди и признанија. Што значат за Вас наградите? Како гледате на нив, како поттик за понатамошна работа, потврда за сработеното, или можеби како обврска?
Кога растев натпреварите беа составен дел од животот на еден студент. Се разбира, наградата е признание за нечии вештини и напорна работа, но сфатив дека најважно е тоа што натпреварите ми помогнаа да научам голем репертоар, но исто така запознав луѓе од мојата генерација кои ми станаа пријатели и колеги во мојата понатамошна кариера.

The post Луѓето се навикнати да ме гледаат со футролата за виолина на грб каде и да патувам, а искрено не би можела да си го замислам животот без неа appeared first on Република.

]]>
Стефановски: Добро е што Македонија е членка на НАТО, светот има глобални закани кои бараат глобални решенија https://republika.mk/vesti/makedonija/stefanovski-dobro-e-shto-makedonija-e-chlenka-na-nato-svetot-ima-globalni-zakani-koi-baraat-globalni-reshenija/ Tue, 16 Jul 2024 07:03:13 +0000 https://republika.mk/?p=797152

Самитот на НАТО покажа во кој правец ќе се движи Алијансата во следниот период. Украина и натаму ќе биде главна тема. За Македонија е важно што во ваков период е дел од НАТО светот кој има глобални закани кои бараат глобални решенија и одговори, анализира воено-безбедносниот аналитичар Милан Стефановски во интервјуто за „Република“.

Што донесе самитот на НАТО за светот, регионот и за нашата држава?

Во завршното комунике односно декларацијата преточена во стратешки патокази НАТО ги реафирмираше и дефинираше старо-новите предизвици по интересите на алијансата, во обемниот концепт она што може да се извади како концезни и главани поенти и заклучоци се следниве,Мобилизирање на постојани и контиунирани матријални, организациски и логистички ресурси на оперативно, тактичко и стратешко ниво во контекст на помошта на Украина.
- Формирање на најмалки два командни центри за обука, распределба на донации за вооружување на украинските сили и постајан синѓир на снабдување.
Зголемување на набљудувањето и мобилност на НАТО на Блискиот исток и инди-пацифичкиот регион.За регионот, Западен Балкан и Црноморскиот регион за стратешка зона на интерес на НАТО.А, за нас се клучни поентите за владеењето на правото, реформи, добрососедски односи и постојан инвестициски циклус во АРМ.За поздравување е потпишувањето на документот за воената транспортна мобилност на териториите на Албанија, Македонија и Бугарија. Збирниот заклучок е успешна воено дипломатска мисија на Владата на самитот во Вашингтон.

На самитот на НАТО доминираа темите поврзани со војната во Украина која има глобална рефлексија, а начесто прашање е кога и како ќе заврши?

Очекувано е да доминираат темите, прашањата и одговорите за можеби најголемиот судир на европско тло после втората светска војна. И, како што спомнавте овој судир рефлектира глобални предизвици и секако проблеми на целиот свет. Постпандемијата од Ковид и плус оваа рефлекссите на оваа војна ги погодија синџирите на снабдување, ја нарушија кревката енергетска стабилност, храната станува прескапа, светот станува небезбеден во скоро секој дел. Светот стана глобално село, секој конфликт има сезметичка активност на секаде. Да заклучам, конфликтот ќе трае до истоштување на страната која се очекува да попушти од своите цели, а ќе заврши како и секој конфликт со мировни преговори на преговарачка маса со микс од болни компромиси.

Што треба Македонија да прави овој период, на пример вложување во армијата како еден од гарантот за мир?

Најпрво е добро што Македонија е  членка на НАТО. Постојано велам дека светот има глобални закани кои бараат глобални решенија и одговори. За тоа ви требаат глобални институции организации кои имаат ресурси за спротиставување на гобалните предизвици. Македонија е мала земја со ограничени ресурси.
Најдобарата глобална алијанса е НАТО. Пример е членот 5 на НАТО, еден за сите, сите за еден. Следно, што е најважно, продлабочување на односите со САД, нашиот најлојален сојузник, секако и со Британија, Германија, Франција и Израел.Јакнење на економијата, земјоделието и енергетките капацаитети,дефинирање, инвестирање и опремување на институции кои се борат со невоени закани, пожари, поплави и еколошка безбедност.Мислам дека сите ние граѓаните, партиите, НВО и сл разбраа дека постојаното и зголеменото инвестирање во Армијата со опрема, обука и мотивирана војска со солидни примања е темел за придонес во мирот дома и во светот.

The post Стефановски: Добро е што Македонија е членка на НАТО, светот има глобални закани кои бараат глобални решенија appeared first on Република.

]]>

Самитот на НАТО покажа во кој правец ќе се движи Алијансата во следниот период. Украина и натаму ќе биде главна тема. За Македонија е важно што во ваков период е дел од НАТО светот кој има глобални закани кои бараат глобални решенија и одговори, анализира воено-безбедносниот аналитичар Милан Стефановски во интервјуто за „Република“. Што донесе самитот на НАТО за светот, регионот и за нашата држава?
Во завршното комунике односно декларацијата преточена во стратешки патокази НАТО ги реафирмираше и дефинираше старо-новите предизвици по интересите на алијансата, во обемниот концепт она што може да се извади како концезни и главани поенти и заклучоци се следниве,Мобилизирање на постојани и контиунирани матријални, организациски и логистички ресурси на оперативно, тактичко и стратешко ниво во контекст на помошта на Украина. - Формирање на најмалки два командни центри за обука, распределба на донации за вооружување на украинските сили и постајан синѓир на снабдување. Зголемување на набљудувањето и мобилност на НАТО на Блискиот исток и инди-пацифичкиот регион.За регионот, Западен Балкан и Црноморскиот регион за стратешка зона на интерес на НАТО.А, за нас се клучни поентите за владеењето на правото, реформи, добрососедски односи и постојан инвестициски циклус во АРМ.За поздравување е потпишувањето на документот за воената транспортна мобилност на териториите на Албанија, Македонија и Бугарија. Збирниот заклучок е успешна воено дипломатска мисија на Владата на самитот во Вашингтон.
На самитот на НАТО доминираа темите поврзани со војната во Украина која има глобална рефлексија, а начесто прашање е кога и како ќе заврши?
Очекувано е да доминираат темите, прашањата и одговорите за можеби најголемиот судир на европско тло после втората светска војна. И, како што спомнавте овој судир рефлектира глобални предизвици и секако проблеми на целиот свет. Постпандемијата од Ковид и плус оваа рефлекссите на оваа војна ги погодија синџирите на снабдување, ја нарушија кревката енергетска стабилност, храната станува прескапа, светот станува небезбеден во скоро секој дел. Светот стана глобално село, секој конфликт има сезметичка активност на секаде. Да заклучам, конфликтот ќе трае до истоштување на страната која се очекува да попушти од своите цели, а ќе заврши како и секој конфликт со мировни преговори на преговарачка маса со микс од болни компромиси.
Што треба Македонија да прави овој период, на пример вложување во армијата како еден од гарантот за мир?
Најпрво е добро што Македонија е  членка на НАТО. Постојано велам дека светот има глобални закани кои бараат глобални решенија и одговори. За тоа ви требаат глобални институции организации кои имаат ресурси за спротиставување на гобалните предизвици. Македонија е мала земја со ограничени ресурси. Најдобарата глобална алијанса е НАТО. Пример е членот 5 на НАТО, еден за сите, сите за еден. Следно, што е најважно, продлабочување на односите со САД, нашиот најлојален сојузник, секако и со Британија, Германија, Франција и Израел.Јакнење на економијата, земјоделието и енергетките капацаитети,дефинирање, инвестирање и опремување на институции кои се борат со невоени закани, пожари, поплави и еколошка безбедност.Мислам дека сите ние граѓаните, партиите, НВО и сл разбраа дека постојаното и зголеменото инвестирање во Армијата со опрема, обука и мотивирана војска со солидни примања е темел за придонес во мирот дома и во светот.

The post Стефановски: Добро е што Македонија е членка на НАТО, светот има глобални закани кои бараат глобални решенија appeared first on Република.

]]>
Деспотовски: Верувам дека следниот претседател на СДСМ ќе биде мандатар на некоја идна влада https://republika.mk/vesti/makedonija/despotovski-veruvam-deka-sledniot-pretsedatel-na-sdsm-ke-bide-mandatar-na-nekoja-idna-vlada/ Sat, 15 Jun 2024 07:52:53 +0000 https://republika.mk/?p=787624

Очекувам  и верувам од поддршката што ја добиваме дека одиме кон целосно нов впечаток, увеврен е кандидатот за нов претседател на СДСМ, Јован Деспотовски. Тој во интервјуто за „Република“ говори за изборите на 30 јуни, за одложенот конгрес, како и за тоа дали има фаворизрање на одредени противкандидати.

Во врска за причините за одложувањето на конгресот, Деспотовски вели дека тие најточно се дознаваат ако разговарате со луѓето.

Мислам дека сето акумулирано незадоволство и гнев мислам дека малку го потценивме, мислејќи дека луѓето и натаму ќе дозволуваат да се однесувме кон гласачите како гласачка машина без да ги слушнеме нивната разочараност, гнев, негативна енергија кон сето тоа што се случи. И да, и тие што дојдоа  и тие што не дојдоа испратија многу јасна порака.И со доаѓањето и со недоаѓањето испратија порака дека се незадоволни.

Тој не е сигурен оти партиското раководство имало проценка декка конгресот ќе пропадне.

Треба да се даде можност на луѓето да го изразат својот став.Во историјата на партијата досега не случило да не се одржи конгрес а сме имале ситуации кога сме доживувале тешки порази.Сепак не станува збор за фракции туку за став, негативен кон состојбите во партијата кој посто насекаде подеднакво.

Деспотовски нема информации дали во неделата кога се одржуваше конгресот во еден ресторан близу хотелот Александар Палас се одржувал т.н паралелен конгрес.Во ресторанот биле собрани Оливер Спасовски и Миле Зечевиќ со повеќе делегати.

За тоа дали на СДСМ му се закануваат фракции,Деспотовски вели дека ќе зависи од тоа како ќе биде воден и завршен изборот за претседател.

Тука не станува збор само за исходот од гласањето, туку и самиот процес.Ако во рамки на самиот процес поттикнеме, овозможиме што е можно поголем број на членови да го препознаат својот интерес и да се вклучат преку активната регистрација и да учестуваат во изборите и во јавните дебати кои се надевам ќе ги имаме во тој случај мислам дека сме на добар пат.Доколку се овозможи да имаме фер постапка во која нема да има наметнати решенија и во која секој глас ќе биде препознаен.Многу е важно и резултатот на самиот изборен процес на кој луѓето ќе треба да кажат дали се за континуитет или радикален дискотинуитет.

Деспотовски е свесен дека има фаворизирање на неговиот противкандидат Венко Филипче од страна на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев.

Пропуштаме како партија да имаме добар изборен процес во кој сите поранешни претседатели ќе излезат со јасен став дека трката е отворена и дека секој член има право да го изрази својот став за фер и отворен процес без да фаворизираме никого.Тој елемент можеби недостасува, дека ниту еден од лидерите ниту партиски членови не застанува позади никого. Во политиката впечаток е се.Поддршката или перцепцијата за поддршката за некој од кандидатите создава и позитивна реакција кај луѓето, но и негативна реакција. Овие избори не треба да се претворат во референдум „за“ или „против“ туку да бидат аргументи, начин програма.Мора да имаме позитивен пристап.

Тој е разочаран што противкандидати не се јавија на неговиот повик да се потпише заедничка изјава изборот да биде според програма а не според пазарење.

Изјавата е симболичен чекор да ги увери луѓето дека целата таа негативна практика дека луѓе влегуваат во трката за да се афирмираат себеси и да стекнат капитал кој потоа го користат во пазарење.Мислам дека сега не треба да си играме политики бидејќи СДСМ е на едно историски најниско ниво и не претеруваат кога ќе кажат дека ситуацијата ни е „живот или смрт“. Многу зависи од оваа постапка дали ние ќе испливаме од калта во која сме.Мислам дека сега го немаме тој луксуз да ги повторуваме негативните практики од минатото-влегуваат луѓе во трка, стигнуваат до некаде и велат „капиталот што го стекнав ќе го искористам за да станам генерален секретар или заменик претседател“.

Тој не смета дека обединувањето не треба да биде на начин со кој ќе седне со противкандидатите и ќе се договорат.

Тоа е погрешен пристап.Прво треба да видиме за што ќе се договараме, дали имаме програми кои се исти, пристап, имаме иста визија или немаме.Лажна е дилемата ако некој не е функционер не може да даде придонес во партијата.Што станува со тие 80.000 членови?Тоа значи дека сите обичн членови во партијата како мене и трчаат на сите избори и меѓу избори работат, нивниот придонес е недостоен поради тоа што не се функционер, а се брои само придонесот на фунционерите.Јас не сметам дека треба некој да биде фунционер за да даде придонес.Јас со изјавата јавно декларирав дека доколку неуспеам на 30 јуни да ја добијам довербата од членовите јас нема да прифатам ниту една друга фунција во партијата, ќе останам член и ќе продолжам да давам придонес.Истото очекувам дека ќе го направат и другите противкандидати иако исто така пропуштија добра можност при кандидатурата да ја поднесат таа изјава.Taa изјава ќе покажеше дека сите ние сме влезени во трката за да стигнеме до крај.

Деспотовски уверува дека нема да се случи ако било кој од  предложените кандидати биде избран и подоцна се покрене судска постапка тоа да  биде искористено како алиби дека се прави притисок врз лидерот на опозицијата.

Сите граѓани се еднакви пред законот.Ако против било кого има судска постапка и докажана вина немам дилема.Треба да внимавме дека понекогаш и власта, односно институциите знаат да претераат и да се користат тие алатки за наметнување политичка агенда.Во програмата предвидено е формирање на етички совет во партијата со прилично извршни функции.Тоа значи ако во рамки на самата партија ние предвидуваме стрикно почитување на одредени етички норми на однесување јас немам дилема дека тоа ќе се однесува подеднакво за сите функционери без разлика кој на која позиција е во врска со почитување на законите во државата. Лажна е дилемата дека доколку некој се соочи тоа ќе биде протолкувано како политички или не.Македонија е мала држава и работите се знаат. Доколку имаме принципиелен пристап од страна на институциите ќе се потпираме на закони, односно има докази или нема докази.

Деспотовски верува дека СДСМ ќе биде силна опозиција.

Зависи од процесот кој сега го спроведуваме и колку ќе успееме да ги убедиме прво луѓето во партијата а потоа и јавноста дека имаме волја и капацитет да спроведеме чиста постапка.СДСМ беше носител на извршната власта кој даде голем придонес за спроведување на изборен процес за кој може да ни позавидат многу членки на ЕУ. Кога СДСМ е на власт имаме чисти избори.Бидејќи сме придонеле како партија тоа да се случи мислам дека тоа можеме да го направиме и дома во партијата.Исходот од изборите е исто така многу важен.Од исходот на изборите ќе зависи дали членовите ќе се определат за континуитет или ќе има дисконтинуитет.

Како главна причина за поразот на изборите на СДСМ Деспотовски го гледа тоа што ги заборавиле потребите на луѓето.

Има секојдневни проблеми за кои власта е тука да ги решава.Доста работи се направија во делот на економијата меѓутоа потфрливме да ги искомуницираме. Имаше и инстуции тој фокус на ЕУ и на прашањето со Бугарија  го користеа да не прават ништо. Се создаде впечаток дека сме во подредена позиција во сопствената партија,кадровските прашања...има ред прашања на кои потфрливме.Личните карти и пасошите можеби само го зацврст впечатокот дека можеби не сме доволно способни за да владееме.

Деспотовски апелира и се надева дека што е можно поголем број членови на СДСМ  ќе гласаат на партиските избори.

Ни треба што е можно поголем број бидејќи ова е еден од начините  луѓето да ги мобилизираме и враќаме назад.Тоа треба да ни биде примарна цел. Со самиот чин на регистрација настојуваме дополнително да го олесниме овој процес.Разгледуваме мноу можности како тој број што ќе учествува во процесот да го золемиме максимално.Така ќе гарантираме дека изборот на луѓето ќе биде без влијаније бидејќи колку повеќе луѓе се вклучени во процесот влијанието е помало.Тоа е еден од првите чекори што ги правиме за да ги вратиме луѓето назад.Затоа сметам дека е важно да имаме голем број регистрирани луѓе. Верувам дека ќе имаме фер избори-верува Деспотовски.

https://www.youtube.com/watch?v=lm8XKCYAm6U

The post Деспотовски: Верувам дека следниот претседател на СДСМ ќе биде мандатар на некоја идна влада appeared first on Република.

]]>

Очекувам  и верувам од поддршката што ја добиваме дека одиме кон целосно нов впечаток, увеврен е кандидатот за нов претседател на СДСМ, Јован Деспотовски. Тој во интервјуто за „Република“ говори за изборите на 30 јуни, за одложенот конгрес, како и за тоа дали има фаворизрање на одредени противкандидати. Во врска за причините за одложувањето на конгресот, Деспотовски вели дека тие најточно се дознаваат ако разговарате со луѓето.
Мислам дека сето акумулирано незадоволство и гнев мислам дека малку го потценивме, мислејќи дека луѓето и натаму ќе дозволуваат да се однесувме кон гласачите како гласачка машина без да ги слушнеме нивната разочараност, гнев, негативна енергија кон сето тоа што се случи. И да, и тие што дојдоа  и тие што не дојдоа испратија многу јасна порака.И со доаѓањето и со недоаѓањето испратија порака дека се незадоволни.
Тој не е сигурен оти партиското раководство имало проценка декка конгресот ќе пропадне.
Треба да се даде можност на луѓето да го изразат својот став.Во историјата на партијата досега не случило да не се одржи конгрес а сме имале ситуации кога сме доживувале тешки порази.Сепак не станува збор за фракции туку за став, негативен кон состојбите во партијата кој посто насекаде подеднакво.
Деспотовски нема информации дали во неделата кога се одржуваше конгресот во еден ресторан близу хотелот Александар Палас се одржувал т.н паралелен конгрес.Во ресторанот биле собрани Оливер Спасовски и Миле Зечевиќ со повеќе делегати. За тоа дали на СДСМ му се закануваат фракции,Деспотовски вели дека ќе зависи од тоа како ќе биде воден и завршен изборот за претседател.
Тука не станува збор само за исходот од гласањето, туку и самиот процес.Ако во рамки на самиот процес поттикнеме, овозможиме што е можно поголем број на членови да го препознаат својот интерес и да се вклучат преку активната регистрација и да учестуваат во изборите и во јавните дебати кои се надевам ќе ги имаме во тој случај мислам дека сме на добар пат.Доколку се овозможи да имаме фер постапка во која нема да има наметнати решенија и во која секој глас ќе биде препознаен.Многу е важно и резултатот на самиот изборен процес на кој луѓето ќе треба да кажат дали се за континуитет или радикален дискотинуитет.
Деспотовски е свесен дека има фаворизирање на неговиот противкандидат Венко Филипче од страна на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев.
Пропуштаме како партија да имаме добар изборен процес во кој сите поранешни претседатели ќе излезат со јасен став дека трката е отворена и дека секој член има право да го изрази својот став за фер и отворен процес без да фаворизираме никого.Тој елемент можеби недостасува, дека ниту еден од лидерите ниту партиски членови не застанува позади никого. Во политиката впечаток е се.Поддршката или перцепцијата за поддршката за некој од кандидатите создава и позитивна реакција кај луѓето, но и негативна реакција. Овие избори не треба да се претворат во референдум „за“ или „против“ туку да бидат аргументи, начин програма.Мора да имаме позитивен пристап.
Тој е разочаран што противкандидати не се јавија на неговиот повик да се потпише заедничка изјава изборот да биде според програма а не според пазарење.
Изјавата е симболичен чекор да ги увери луѓето дека целата таа негативна практика дека луѓе влегуваат во трката за да се афирмираат себеси и да стекнат капитал кој потоа го користат во пазарење.Мислам дека сега не треба да си играме политики бидејќи СДСМ е на едно историски најниско ниво и не претеруваат кога ќе кажат дека ситуацијата ни е „живот или смрт“. Многу зависи од оваа постапка дали ние ќе испливаме од калта во која сме.Мислам дека сега го немаме тој луксуз да ги повторуваме негативните практики од минатото-влегуваат луѓе во трка, стигнуваат до некаде и велат „капиталот што го стекнав ќе го искористам за да станам генерален секретар или заменик претседател“.
Тој не смета дека обединувањето не треба да биде на начин со кој ќе седне со противкандидатите и ќе се договорат.
Тоа е погрешен пристап.Прво треба да видиме за што ќе се договараме, дали имаме програми кои се исти, пристап, имаме иста визија или немаме.Лажна е дилемата ако некој не е функционер не може да даде придонес во партијата.Што станува со тие 80.000 членови?Тоа значи дека сите обичн членови во партијата како мене и трчаат на сите избори и меѓу избори работат, нивниот придонес е недостоен поради тоа што не се функционер, а се брои само придонесот на фунционерите.Јас не сметам дека треба некој да биде фунционер за да даде придонес.Јас со изјавата јавно декларирав дека доколку неуспеам на 30 јуни да ја добијам довербата од членовите јас нема да прифатам ниту една друга фунција во партијата, ќе останам член и ќе продолжам да давам придонес.Истото очекувам дека ќе го направат и другите противкандидати иако исто така пропуштија добра можност при кандидатурата да ја поднесат таа изјава.Taa изјава ќе покажеше дека сите ние сме влезени во трката за да стигнеме до крај.
Деспотовски уверува дека нема да се случи ако било кој од  предложените кандидати биде избран и подоцна се покрене судска постапка тоа да  биде искористено како алиби дека се прави притисок врз лидерот на опозицијата.
Сите граѓани се еднакви пред законот.Ако против било кого има судска постапка и докажана вина немам дилема.Треба да внимавме дека понекогаш и власта, односно институциите знаат да претераат и да се користат тие алатки за наметнување политичка агенда.Во програмата предвидено е формирање на етички совет во партијата со прилично извршни функции.Тоа значи ако во рамки на самата партија ние предвидуваме стрикно почитување на одредени етички норми на однесување јас немам дилема дека тоа ќе се однесува подеднакво за сите функционери без разлика кој на која позиција е во врска со почитување на законите во државата. Лажна е дилемата дека доколку некој се соочи тоа ќе биде протолкувано како политички или не.Македонија е мала држава и работите се знаат. Доколку имаме принципиелен пристап од страна на институциите ќе се потпираме на закони, односно има докази или нема докази.
Деспотовски верува дека СДСМ ќе биде силна опозиција.
Зависи од процесот кој сега го спроведуваме и колку ќе успееме да ги убедиме прво луѓето во партијата а потоа и јавноста дека имаме волја и капацитет да спроведеме чиста постапка.СДСМ беше носител на извршната власта кој даде голем придонес за спроведување на изборен процес за кој може да ни позавидат многу членки на ЕУ. Кога СДСМ е на власт имаме чисти избори.Бидејќи сме придонеле како партија тоа да се случи мислам дека тоа можеме да го направиме и дома во партијата.Исходот од изборите е исто така многу важен.Од исходот на изборите ќе зависи дали членовите ќе се определат за континуитет или ќе има дисконтинуитет.
Како главна причина за поразот на изборите на СДСМ Деспотовски го гледа тоа што ги заборавиле потребите на луѓето.
Има секојдневни проблеми за кои власта е тука да ги решава.Доста работи се направија во делот на економијата меѓутоа потфрливме да ги искомуницираме. Имаше и инстуции тој фокус на ЕУ и на прашањето со Бугарија  го користеа да не прават ништо. Се создаде впечаток дека сме во подредена позиција во сопствената партија,кадровските прашања...има ред прашања на кои потфрливме.Личните карти и пасошите можеби само го зацврст впечатокот дека можеби не сме доволно способни за да владееме.
Деспотовски апелира и се надева дека што е можно поголем број членови на СДСМ  ќе гласаат на партиските избори.
Ни треба што е можно поголем број бидејќи ова е еден од начините  луѓето да ги мобилизираме и враќаме назад.Тоа треба да ни биде примарна цел. Со самиот чин на регистрација настојуваме дополнително да го олесниме овој процес.Разгледуваме мноу можности како тој број што ќе учествува во процесот да го золемиме максимално.Така ќе гарантираме дека изборот на луѓето ќе биде без влијаније бидејќи колку повеќе луѓе се вклучени во процесот влијанието е помало.Тоа е еден од првите чекори што ги правиме за да ги вратиме луѓето назад.Затоа сметам дека е важно да имаме голем број регистрирани луѓе. Верувам дека ќе имаме фер избори-верува Деспотовски.
https://www.youtube.com/watch?v=lm8XKCYAm6U

The post Деспотовски: Верувам дека следниот претседател на СДСМ ќе биде мандатар на некоја идна влада appeared first on Република.

]]>
Нема стар и нов, има само добар и лош театар https://republika.mk/vesti/kultura/nema-star-i-nov-ima-samo-dobar-i-losh-teatar/ Fri, 14 Jun 2024 08:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=787480

Театарот е најжилава уметност. Имал свои подеми и падови, но секогаш успевал да се издигне, да се избори со лошите услови, со времињата, вакви или онакви, вели во разговор за „Република“ актерката Мими Таневска Србиновска.

Актерите Таневска Србиновска и Јордан Витанов се добитници на наградите за животно дело на 58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодински“ Прилел одлучи Собранието на фестивалот, кој завршува в петок, на 14 јуни.

Таневска Србиновска е реномирана театарска, филмска и телевизиска актерка и професорка по актерска игра на Факултетот за драмски уметности (ФДУ), која со својата посветена работа и професионален ангажман дава огромен придонес во развојот на македонската култура и образование речиси четири децении. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности, Скопје во 1984 година, а магистрирала на Институтот за македонски јазик и литература-културолошки студии во 2010 година.

По дипломирањето од 1985 до 1999 година е редовно вработена во Македонскиот народен театар во Скопје, каде одиграла значајни улоги од светската и од домашната драматургија високо вреднувани од критиката во земјата, како и надвор од неа. Освен во својата матична куќа таа како актерка- гостин играла и во претстави во повеќе театри во Македонија. Со нејзините претстави учествувала на многу театарски фестивали во Македонија како и надвор од државата „Стеријино позорје“ во Нови Сад, МЕСС во Сараево, Меѓународниот фестивал во Елбасан – Албанија, Светскиот театарски фестивал во Богота – Колумбија, „Боршникова сречања“ во Словенија, Меѓународниот театарски фестивал во Корча –Албанија, МТФ „Војдан Чернодрински“– Прилеп, „Охридско лето“ – Охрид итн..

Во 2000 година се вработува на Факултетот за драмски уметности, Скопје и ја започнува својата наставна и педагошка дејност со студентите по актерска игра. Во 2013 е избрана за раководител на Катедрата по актерска игра и сенатор.

Од 2015 до 2019 година е избрана за продекан за настава на УКИМ, Факултет за драмски уметности, Скопје. Од декември 2019 до декември 2022 ја извршува функцијата на декан на Факултет за драмски уметности, Скопје.

Што значат наградите за еден актер, посебно оние што се доделуваат за животно дело? Оваа награда, како што рековте и на отворањето на Фестивалот, за вас е е посебно драга, бидејќи доаѓа од театарџиите?

Таневска: Наградите кога се добиваат, секако дека значат, но тие треба што поскоро да се тргнат на страна, да се ужива во нив неколку денови, а потоа да се изместите од зоната на конфорот и да тргнете понатаму. Оваа награда за животно дело ја примив навистина со огромно задоволство, пред сè, затоа што таа доаѓа од страна на моите колеги, мојата фела, бранша, или како што би рекол Горан Стефановски, од моите театарџии. Особено ми е драго што наградата ја добивам токму на 58. издание на Фестивалот, на кое автор во фокусот е Горан Стефановски, кој зазема еден голем и значаен дел во мојата актерска биографија. Мојата генерација актерски растеше со неговите драми. Тој беше нашиот патоказ. Ние растевме со неговите приказни. Неговите приказни ги препознававме како наши, напишани од нашиот Горан... Тој така едноставно ги кажуваше и најсложените работи, ги сублимираше, влегуваше во самата срж на нештата. На доделувањето имав потреба да и се заблагодарам и на публиката, која сиве овие изминати години беше секогаш со мене и секогаш имав впечаток дека не играв за публиката, туку со публиката, т.е заедно со неа. Од тоа заедништво и размена на емоции се случиле некои прекрасни мигови на сцената за кои секој актер живее и за кои вреди човек да се занимава со оваа професија, која е неделива од животот.

Вие сте и двократна добитничка на наградата „Војдан Чернодински“ за најдобра женска улога.

Таневска: Секогаш се радувам кога ќе дојдам во Прилеп. Ми буди убави спомени на некои убави процеси што сум ги имала, работејки на претставите како гостин во Прилепскиот театар. Особено ми е драго кога ќе дојдам на фестивалот„ Војдан Чернодрински“ на кој многу пати сум настапувала, сум добивала награди, сум била селектор, жири итн. Оваа година сум добитник на наградата за животно дело. Пријатно ми е во Прилеп, иако веќе сме во жолта кон портокалова фаза на жештина. Фестивалот, како и сцената во Прилеп ги доживувам како свои. Всушност, секоја сцена ја доживував како своја. Повторно ќе го цитирам Горан Стефановски, секогаш треба да го цитираме. Тој има кажано дека каде и да оди, во кој било театар низ светот, тој се чувствува како дома. Како свој меѓу своите. Во Македонија сум играла на повеќе сцени, матична куќа ми беше МНТ, како студент започнав во Драмски театар, играв и во самостојни проекти, играв и во Куманово, Прилеп, Битола...и секогаш кога сум на сцена, се чувствувам како да сум дома, како да сум со своја театарска фамилија. Своја меѓу своите.

[caption id="attachment_787488" align="alignnone" width="701"] Мими Таневска Србиновска: Јас би рекла театарот е најжилава уметност[/caption]

Ги имате поминато сите скалила, од детската радио драма, преку аматерскиот театар „Чекори“ , па дипломиравте на Факултетот за драмски уметности, бевте дел од ансамблот на МНТ, па професор по актерска игра, потоа и декан на ФДУ. Ретко кој актер може да се пофали со ваква кариера.

Таневска: Претпоставувам дека многу од актерите го поминале овој пат. Веројатно се раѓаме со љубовта кон актерството и театарот. Детска радио драма, аматерски друштва, драмски секции, некако ме привлекувало сето тоа. Актерството е порив, опсесија, зараза која не поминува. Еднаш штом стапнете на сцена, повеќе нема назад. Јас се запишав на Економски факултет, мислејќи дека ќе ми помине таа зараза, ама не поминуваше, туку траеше, живееше во мене. Тогаш сфатив дека актерството е зараза, но и лек во исто време, па се запишав на ФДУ. Ми се чини дека дури театарот да сака да се откаже од мене, јас никако да се ослободам од него. Тој е тука, секогаш бил и ќе биде тука негде длабоко во моето срце.Тој е во мене. Имав можност да играм и на филм и во телевизиски проекти, но јас дефинитивно сум театарски човек. Она што ме интересира е театарот и сцената и пред се процесот на работа, пробите. Премиерата е нешто сосема друго, но процесот на работа е нешто што мене ми причинува големо задоволство. За тој процес и со тој процес живеам. Актерството како професија е неделиво од животот. Просто е така. Затоа оваа професија е многу комплицирана и многу тешка. Бара цел човек. Во театар не може да бидете или да не бидете. Мора да бидете во вистинската смисла на зборот.Онаа прочуена хамлетовска реплика „Да се биде или не прашање е сега“, за актерите е прашање, но и одговор исто така.

Разговараме токму на денот посветен на Горан Стефановски, кој е автор во фокусот на 58. Издание на „Војдан Чернодрински“. Токму за улогата на Цвета во „Црна дупка“на Стефановски ја добивте „Стеријната награда“. Колку е важен и значаен влогот на Стефановски во македонскиот театар?

Таневска: Огромен и непроценлив и не само со своите генијални драми, туку и со своите размисли, би рекла, на ниво на филозофија. Во тие размислувања, во неговиот поглед на светот, тој беше далеку пред времето во кое живееше. Едноставно умееше со малку зборови да ја долови и да допре до суштината на нештата. Ги сублимираше работите. Влегуваше во сржта на нештата. Уште долго ќе го цитираме Горан Стефановски. Нашите претстави ќе бледеат со текот на времето, но неговите текстови ќе траат засекогаш. Инаку, режисер на претставата „Црна дупка“ беше Паоло Маџели со кого имав исклучителна соработка, а претставата беше во продукција на МНТ и тоа беше сјајна претстава со одлична актерска екипа. Процесот беше фантаситчен и драго ми е што „Стериината награда“ ја добив за улога во претстава работена по текст на Стефановски. Како и во сите негови драми, така и во „Црна дупка“ се беше едноставно кажано, но допрено до самата срж, како што само тој умееше.

Театарот е најживата уметност. Денес што му е потребно на македонскиот театар?

Таневска: Јас би рекла театарот е најжилава уметност. Театарот имал свои подеми и падови. Но, тој секогаш успевал да се издигне, да се избори со лошите услови, со времиња, вакви или онакви. Тој опстојува со векови. Мора да сфатиме дека ние сме минливи во театарот, а театарот е постојан и е над сите нас. Нашето постоење во театарот треба да се потрудиме што повеќе да го искористиме за негово унапредување. Играјќи сериозно, градејќи улоги, добри претстави. Театарот е жилава работа, не се дава. Ништо не може да го уништи и драго ми е поради тоа. Се зборува за некаков нов театар. Јас не знам кој е тој нов театар, Нема стар и нов театар, има само добар и лош театар. Што се однесува до новоста, единствено верувам во новите луѓе што ќе се бават со театар, новите идеи што ќе дојдат. Ние сме ја донеле нашата естетика, сега останува на младите генерации да понудат своја естетика да си ја пронајдат својата смила, да измислат свои правила и да го унапредуваат театарот постојано. А театарот треба да биде отворена врата за сите храбри, авангардни, креативни идеи. Отворена врата за секоја нова генерација на театарски создаватели, кои се должни да го надградуваат .Театарот е континуитет и мора постојано да се движи напред, не смее да има празен од. Театарот треба да биде доследен на својата цел:да ги отвора вистинските прашања, да коментира, да просветлува, да вознемирува, да возбудува, да открива, да го одбира и да оди по патот на вистината, да го покренува духот, да воспоставува систем на вистински вредности, да бранува, да раздвижува, да гради високи естетски критериуми, да провоцира, да го брани својот интегритет, да ги крши конвенциите...

„Промени се, промени се“, е мотото на годинашното издание на „Војдан Чернодрински“. Со оглед на вашата богата кариера и како актер и како професор, дали сметате дека сте го промениле театарот?

Таневска: Според критиката, според колегите, според публиката и наградите што сум ги добила, сметам дека како актерка преку своите улоги сум одела во насока на негово естетско унапредување. Еве, конечно и оваа награда ми говори дека сум одела во добра насока и дека сум била на вистинскиот пат. Како професор сметам дека образовниот процес е двонасочен т.е колку студентите учат од својот професор толку и професорот учи од нив. Учењето беше взаемно. Многу сум задоволна што низ таквиот образовен процес поминале пет генерации мои студенти. Од 2000 година до денес, од моите студенти излегле бројни актери кои успешно го водат репертоарот во македонските театри, играле значајни улоги во филмови од македонската и светската продукција, биле наградувани и високо вреднувани од публиката и критиката. На некои од нив сум многу горда. Покрај актерскиот занает секогаш се трудев да ги научам да имаат крајно професионално однесување во театарот, да имаат една крајна посветеност и одговорност кон својата професија и пред се да бидат добри луѓе, секогаш со добра мисла. Тоа е особено битно денес.

Вие лани се пензиониравте како професорка н ФДУ, но тоа не значи дека сте пензионирана актерка, можете уште да глумите. Колку е сцената во Македонија отворена за возрасните актери?

Таневска: Одамна немам настапувано во театар не заради тоа што не сакав, туку затоа што навистина беше невозможно. Професурата бара цел човек, актерството исто така и не можете да бидете на две места во исто време и двете работи да ги извршувате добро. Јас бев и продекан за настава четири години, а потоа и декан на ФДУ во еден мандат, така што, покрај редовните часови со студентите дополнително ми беа зголемени обврските кон ФДУ, и сето тоа да се организира дополнително со ангажман во театар беше навистина невозможно. Сега сум во пензија, но тоа како што и вие кажавте, не значи дека сум пензионирана актерка. Сметам дека за актерите не постои пензионирање. Актерите се актери до крајот на животот.

Може ли да се живее достоинствен живот во Македонија како актер? Се грижи ли оваа држава за своите великани?

Таневска: Сметам дека оваа држава треба повеќе да се грижи за културата воопшто т.е. за сите нејзини сегменти. Културата е нашиот репрезент и нашата препознатливост и видливост во светот, нашиот идентитет. И пак ќе го цитирам Горан Стефановски: „Идентитетот е приказна за тоа кои сме, зошто сме и што сакаме. За да можеме да преживееме во суровиот свет, оваа приказна мора да е точна....Погрешната приказна може скапо да не чини, да не одведе во заблуда, во ќорсокак, во смрт....Имаме насушна потреба да ја разбереме приказната за себе, да се огледаме, да се препознаеме, да се окуражиме...Но едно е јасно: ниедна култура не може да опсане без точна, снажна и автентична приказна! И не само тоа: Културата Е токму таа точна и снажна и автентична приказна.“

Што би им препорачале на денешните млади генерации, на вашите наследници?

Таневска: Да бидат свои, автентични, да донесат свој свет на сцената. Театарот бара оригиналност, автентичност, храброст. А од институциите очекувам широко да ги отворат вратите за младите и да им дадат шанса да покажат се што знаат и умеат. И да ги поддржат во тоа. Да знаат во животот ( актерската професија е неделива од животот) да се носат како со неуспехот така и со успехот . Особено треба да знаат како да се носат со успехот. Токму денешните млади генерации се тие што треба да донесат нови правила, нова енергија, нова естетика, да најдат нова смисла. Да бидат пред се личности со став и во секоја улога убедливи, поинакви, неповторливи.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

The post Нема стар и нов, има само добар и лош театар appeared first on Република.

]]>

Театарот е најжилава уметност. Имал свои подеми и падови, но секогаш успевал да се издигне, да се избори со лошите услови, со времињата, вакви или онакви, вели во разговор за „Република“ актерката Мими Таневска Србиновска. Актерите Таневска Србиновска и Јордан Витанов се добитници на наградите за животно дело на 58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодински“ Прилел одлучи Собранието на фестивалот, кој завршува в петок, на 14 јуни. Таневска Србиновска е реномирана театарска, филмска и телевизиска актерка и професорка по актерска игра на Факултетот за драмски уметности (ФДУ), која со својата посветена работа и професионален ангажман дава огромен придонес во развојот на македонската култура и образование речиси четири децении. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности, Скопје во 1984 година, а магистрирала на Институтот за македонски јазик и литература-културолошки студии во 2010 година. По дипломирањето од 1985 до 1999 година е редовно вработена во Македонскиот народен театар во Скопје, каде одиграла значајни улоги од светската и од домашната драматургија високо вреднувани од критиката во земјата, како и надвор од неа. Освен во својата матична куќа таа како актерка- гостин играла и во претстави во повеќе театри во Македонија. Со нејзините претстави учествувала на многу театарски фестивали во Македонија како и надвор од државата „Стеријино позорје“ во Нови Сад, МЕСС во Сараево, Меѓународниот фестивал во Елбасан – Албанија, Светскиот театарски фестивал во Богота – Колумбија, „Боршникова сречања“ во Словенија, Меѓународниот театарски фестивал во Корча –Албанија, МТФ „Војдан Чернодрински“– Прилеп, „Охридско лето“ – Охрид итн.. Во 2000 година се вработува на Факултетот за драмски уметности, Скопје и ја започнува својата наставна и педагошка дејност со студентите по актерска игра. Во 2013 е избрана за раководител на Катедрата по актерска игра и сенатор. Од 2015 до 2019 година е избрана за продекан за настава на УКИМ, Факултет за драмски уметности, Скопје. Од декември 2019 до декември 2022 ја извршува функцијата на декан на Факултет за драмски уметности, Скопје. Што значат наградите за еден актер, посебно оние што се доделуваат за животно дело? Оваа награда, како што рековте и на отворањето на Фестивалот, за вас е е посебно драга, бидејќи доаѓа од театарџиите? Таневска: Наградите кога се добиваат, секако дека значат, но тие треба што поскоро да се тргнат на страна, да се ужива во нив неколку денови, а потоа да се изместите од зоната на конфорот и да тргнете понатаму. Оваа награда за животно дело ја примив навистина со огромно задоволство, пред сè, затоа што таа доаѓа од страна на моите колеги, мојата фела, бранша, или како што би рекол Горан Стефановски, од моите театарџии. Особено ми е драго што наградата ја добивам токму на 58. издание на Фестивалот, на кое автор во фокусот е Горан Стефановски, кој зазема еден голем и значаен дел во мојата актерска биографија. Мојата генерација актерски растеше со неговите драми. Тој беше нашиот патоказ. Ние растевме со неговите приказни. Неговите приказни ги препознававме како наши, напишани од нашиот Горан... Тој така едноставно ги кажуваше и најсложените работи, ги сублимираше, влегуваше во самата срж на нештата. На доделувањето имав потреба да и се заблагодарам и на публиката, која сиве овие изминати години беше секогаш со мене и секогаш имав впечаток дека не играв за публиката, туку со публиката, т.е заедно со неа. Од тоа заедништво и размена на емоции се случиле некои прекрасни мигови на сцената за кои секој актер живее и за кои вреди човек да се занимава со оваа професија, која е неделива од животот. Вие сте и двократна добитничка на наградата „Војдан Чернодински“ за најдобра женска улога. Таневска: Секогаш се радувам кога ќе дојдам во Прилеп. Ми буди убави спомени на некои убави процеси што сум ги имала, работејки на претставите како гостин во Прилепскиот театар. Особено ми е драго кога ќе дојдам на фестивалот„ Војдан Чернодрински“ на кој многу пати сум настапувала, сум добивала награди, сум била селектор, жири итн. Оваа година сум добитник на наградата за животно дело. Пријатно ми е во Прилеп, иако веќе сме во жолта кон портокалова фаза на жештина. Фестивалот, како и сцената во Прилеп ги доживувам како свои. Всушност, секоја сцена ја доживував како своја. Повторно ќе го цитирам Горан Стефановски, секогаш треба да го цитираме. Тој има кажано дека каде и да оди, во кој било театар низ светот, тој се чувствува како дома. Како свој меѓу своите. Во Македонија сум играла на повеќе сцени, матична куќа ми беше МНТ, како студент започнав во Драмски театар, играв и во самостојни проекти, играв и во Куманово, Прилеп, Битола...и секогаш кога сум на сцена, се чувствувам како да сум дома, како да сум со своја театарска фамилија. Своја меѓу своите. [caption id="attachment_787488" align="alignnone" width="701"] Мими Таневска Србиновска: Јас би рекла театарот е најжилава уметност[/caption] Ги имате поминато сите скалила, од детската радио драма, преку аматерскиот театар „Чекори“ , па дипломиравте на Факултетот за драмски уметности, бевте дел од ансамблот на МНТ, па професор по актерска игра, потоа и декан на ФДУ. Ретко кој актер може да се пофали со ваква кариера. Таневска: Претпоставувам дека многу од актерите го поминале овој пат. Веројатно се раѓаме со љубовта кон актерството и театарот. Детска радио драма, аматерски друштва, драмски секции, некако ме привлекувало сето тоа. Актерството е порив, опсесија, зараза која не поминува. Еднаш штом стапнете на сцена, повеќе нема назад. Јас се запишав на Економски факултет, мислејќи дека ќе ми помине таа зараза, ама не поминуваше, туку траеше, живееше во мене. Тогаш сфатив дека актерството е зараза, но и лек во исто време, па се запишав на ФДУ. Ми се чини дека дури театарот да сака да се откаже од мене, јас никако да се ослободам од него. Тој е тука, секогаш бил и ќе биде тука негде длабоко во моето срце.Тој е во мене. Имав можност да играм и на филм и во телевизиски проекти, но јас дефинитивно сум театарски човек. Она што ме интересира е театарот и сцената и пред се процесот на работа, пробите. Премиерата е нешто сосема друго, но процесот на работа е нешто што мене ми причинува големо задоволство. За тој процес и со тој процес живеам. Актерството како професија е неделиво од животот. Просто е така. Затоа оваа професија е многу комплицирана и многу тешка. Бара цел човек. Во театар не може да бидете или да не бидете. Мора да бидете во вистинската смисла на зборот.Онаа прочуена хамлетовска реплика „Да се биде или не прашање е сега“, за актерите е прашање, но и одговор исто така. Разговараме токму на денот посветен на Горан Стефановски, кој е автор во фокусот на 58. Издание на „Војдан Чернодрински“. Токму за улогата на Цвета во „Црна дупка“на Стефановски ја добивте „Стеријната награда“. Колку е важен и значаен влогот на Стефановски во македонскиот театар? Таневска: Огромен и непроценлив и не само со своите генијални драми, туку и со своите размисли, би рекла, на ниво на филозофија. Во тие размислувања, во неговиот поглед на светот, тој беше далеку пред времето во кое живееше. Едноставно умееше со малку зборови да ја долови и да допре до суштината на нештата. Ги сублимираше работите. Влегуваше во сржта на нештата. Уште долго ќе го цитираме Горан Стефановски. Нашите претстави ќе бледеат со текот на времето, но неговите текстови ќе траат засекогаш. Инаку, режисер на претставата „Црна дупка“ беше Паоло Маџели со кого имав исклучителна соработка, а претставата беше во продукција на МНТ и тоа беше сјајна претстава со одлична актерска екипа. Процесот беше фантаситчен и драго ми е што „Стериината награда“ ја добив за улога во претстава работена по текст на Стефановски. Како и во сите негови драми, така и во „Црна дупка“ се беше едноставно кажано, но допрено до самата срж, како што само тој умееше. Театарот е најживата уметност. Денес што му е потребно на македонскиот театар? Таневска: Јас би рекла театарот е најжилава уметност. Театарот имал свои подеми и падови. Но, тој секогаш успевал да се издигне, да се избори со лошите услови, со времиња, вакви или онакви. Тој опстојува со векови. Мора да сфатиме дека ние сме минливи во театарот, а театарот е постојан и е над сите нас. Нашето постоење во театарот треба да се потрудиме што повеќе да го искористиме за негово унапредување. Играјќи сериозно, градејќи улоги, добри претстави. Театарот е жилава работа, не се дава. Ништо не може да го уништи и драго ми е поради тоа. Се зборува за некаков нов театар. Јас не знам кој е тој нов театар, Нема стар и нов театар, има само добар и лош театар. Што се однесува до новоста, единствено верувам во новите луѓе што ќе се бават со театар, новите идеи што ќе дојдат. Ние сме ја донеле нашата естетика, сега останува на младите генерации да понудат своја естетика да си ја пронајдат својата смила, да измислат свои правила и да го унапредуваат театарот постојано. А театарот треба да биде отворена врата за сите храбри, авангардни, креативни идеи. Отворена врата за секоја нова генерација на театарски создаватели, кои се должни да го надградуваат .Театарот е континуитет и мора постојано да се движи напред, не смее да има празен од. Театарот треба да биде доследен на својата цел:да ги отвора вистинските прашања, да коментира, да просветлува, да вознемирува, да возбудува, да открива, да го одбира и да оди по патот на вистината, да го покренува духот, да воспоставува систем на вистински вредности, да бранува, да раздвижува, да гради високи естетски критериуми, да провоцира, да го брани својот интегритет, да ги крши конвенциите... „Промени се, промени се“, е мотото на годинашното издание на „Војдан Чернодрински“. Со оглед на вашата богата кариера и како актер и како професор, дали сметате дека сте го промениле театарот? Таневска: Според критиката, според колегите, според публиката и наградите што сум ги добила, сметам дека како актерка преку своите улоги сум одела во насока на негово естетско унапредување. Еве, конечно и оваа награда ми говори дека сум одела во добра насока и дека сум била на вистинскиот пат. Како професор сметам дека образовниот процес е двонасочен т.е колку студентите учат од својот професор толку и професорот учи од нив. Учењето беше взаемно. Многу сум задоволна што низ таквиот образовен процес поминале пет генерации мои студенти. Од 2000 година до денес, од моите студенти излегле бројни актери кои успешно го водат репертоарот во македонските театри, играле значајни улоги во филмови од македонската и светската продукција, биле наградувани и високо вреднувани од публиката и критиката. На некои од нив сум многу горда. Покрај актерскиот занает секогаш се трудев да ги научам да имаат крајно професионално однесување во театарот, да имаат една крајна посветеност и одговорност кон својата професија и пред се да бидат добри луѓе, секогаш со добра мисла. Тоа е особено битно денес. Вие лани се пензиониравте како професорка н ФДУ, но тоа не значи дека сте пензионирана актерка, можете уште да глумите. Колку е сцената во Македонија отворена за возрасните актери? Таневска: Одамна немам настапувано во театар не заради тоа што не сакав, туку затоа што навистина беше невозможно. Професурата бара цел човек, актерството исто така и не можете да бидете на две места во исто време и двете работи да ги извршувате добро. Јас бев и продекан за настава четири години, а потоа и декан на ФДУ во еден мандат, така што, покрај редовните часови со студентите дополнително ми беа зголемени обврските кон ФДУ, и сето тоа да се организира дополнително со ангажман во театар беше навистина невозможно. Сега сум во пензија, но тоа како што и вие кажавте, не значи дека сум пензионирана актерка. Сметам дека за актерите не постои пензионирање. Актерите се актери до крајот на животот. Може ли да се живее достоинствен живот во Македонија како актер? Се грижи ли оваа држава за своите великани? Таневска: Сметам дека оваа држава треба повеќе да се грижи за културата воопшто т.е. за сите нејзини сегменти. Културата е нашиот репрезент и нашата препознатливост и видливост во светот, нашиот идентитет. И пак ќе го цитирам Горан Стефановски: „Идентитетот е приказна за тоа кои сме, зошто сме и што сакаме. За да можеме да преживееме во суровиот свет, оваа приказна мора да е точна....Погрешната приказна може скапо да не чини, да не одведе во заблуда, во ќорсокак, во смрт....Имаме насушна потреба да ја разбереме приказната за себе, да се огледаме, да се препознаеме, да се окуражиме...Но едно е јасно: ниедна култура не може да опсане без точна, снажна и автентична приказна! И не само тоа: Културата Е токму таа точна и снажна и автентична приказна.“ Што би им препорачале на денешните млади генерации, на вашите наследници? Таневска: Да бидат свои, автентични, да донесат свој свет на сцената. Театарот бара оригиналност, автентичност, храброст. А од институциите очекувам широко да ги отворат вратите за младите и да им дадат шанса да покажат се што знаат и умеат. И да ги поддржат во тоа. Да знаат во животот ( актерската професија е неделива од животот) да се носат како со неуспехот така и со успехот . Особено треба да знаат како да се носат со успехот. Токму денешните млади генерации се тие што треба да донесат нови правила, нова енергија, нова естетика, да најдат нова смисла. Да бидат пред се личности со став и во секоја улога убедливи, поинакви, неповторливи. Разговараше: Александра М. Бундалевска Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

The post Нема стар и нов, има само добар и лош театар appeared first on Република.

]]>
Прашањето во „Бановиќ Страхиња“ што е вистински херој, а што е вистинска љубов, за кои вредности вреди да се живее и да се умре, сè уште останува отворено https://republika.mk/vesti/kultura/prashaneto-vo-banovik-strahina-shto-e-vistinski-heroj-a-shto-e-vistinska-lubov-za-koi-vrednosti-vredi-da-se-zhivee-i-da-se-umre-se-ushte-ostanuva-otvoreno/ Wed, 12 Jun 2024 15:06:35 +0000 https://republika.mk/?p=786978

„Бановиќ Страхиња“ е едно национално дело кое е од витално значење за српската култура, вели во интервју за „Република“ Игор Киров, македонскиот кореограф кој утре, на 13 јуни има премиера на балетот „Бановиќ Страхиња“ со кој свечено ќе биде одбележано завршувањето на прославата на стогодишнината на Балетот во Србија.

„Бановиќ Страхиња“ е една од најубавите српски епски народни песни и говори за легендата за една неверна жена и за еден благороден маж кој и го простува неверството. Што е вистински херој, а што е вистинска љубов, за кои вредности вреди да се живее и да се умре, се дел од прашањата кои ги отвора балетот „Бановиќ Страхиња“.

Киров (48) по завршувањето на балетската школа во Скопје, студирал на Холандската академија во Ротердам, играл во значајни европски танцови компании и театарски куќи и соработувал со врвни кореографи. Со својата трупа „The Kirov dance company”, основана пред повеќе од деценија и пол, постигнува значајни успеси и работи од Италија до Куба, преку Кореја и Германија. Беше и уметнички директор на Хрватско народно казалиште во Сплит, каде што го постави балетот „Дервишот и смртта“.

Музиката во балетот е на композиторот Иван Илиќ, драматург е Ѓорѓе Косиќ, а насловната улога ја игра Лев Семенов.

[caption id="attachment_787465" align="alignnone" width="2210"] фото: Жељко Јовановиќ[/caption]

На 13 јуни на големата сцена на Народно позориште во Белград, Србија, е закажана премиерата на балетската претстава „Бановиќ Страхиња“. Игра комплетниот ансамбл на Балетот, а Вие сте кореограф на претставата. Како дојде до соработката со Београдско народно позориште?

Киров: Минатата година бев поканет од страна на уметничката директорка Ана Павловиќ да бидам дел од почетокот на прославата 100 години од белградскиот балет, па така, заедно со мојата колешка од Хрватска Маша Колар и српскиот кореограф Милош Исаиловиќ, обработивме стари југословенски балети, но овој пат во едно модерно руво, односно како ние, од денешен аспект гледаме на она што било порано. После мојата минатогодишна успешна премиера, на моја голема среќа бев поканет и годинава да направам уште една претстава, но овој пат многу поголема. За мене тоа беше голем предизвик. „Бановиќ Страхиња“ е едно национално дело кое е од витално значење за српската култура.

Медиумите од Србија го најавуваат балетот како поезија во танцувачка форма?

Киров: За време на подготовките за овој балет, пред сè, ми беше возбудливо да барам начин да ја преведам оваа песна, чија голема сила лежи во убавината на јазикот и стихот, во форма целосно лишена од текст - во движење. Предизвикот за преведување на поезијата во танцова форма овозможи зборовите и ритамот да се трансформираат во телесен израз, откривајќи нови димензии на емоции и значење изразени во песната. Процесот беше возбудлив, но и напорен. Потребно беше да се покаже целиот спектар на емоции - незадоволство, тага, љубомора, гнев, но и сила, истрајност и на крајот, простување, што всушност е одраз на најголема сила, а не на слабост. Ова бара нијанси и внимателно следење на развојот на карактерот во текот на изведбата.
Кореографскиот израз е пред сè современ - тоа е модерна техника на движечко изразување заснована на класична естетика. Има интензивна презентација на набојот на емоции и енергија, се разбира, во согласност со она што го бара драматургијата на приказната. Мислам дека скапоценоста на овој стил е што му дава можност на ансамблот да блесне во ново светло и да покаже поинаков квалитет на уметнички израз. Музиката на Иван Илиќ беше наш незаменлив партнер во овој процес. Внимателно изградив кореографија која не само што го следи дејството, туку и го продлабочува емотивното доживување на музиката, следејќи ја секоја нота, во симбиоза на звук и движење. И конечно, иако приказната за балетот е историско-митолошка, мислам дека универзалноста на темите и овозможува на публиката, сепак, да се поврзе со ликовите, без разлика на историската ера. Прашањето што е вистински херој, а што е вистинска љубов, за кои вредности вреди да се живее и да се умре, сè уште останува отворено.

„Бановиќ Страхиња“ се поставува во Београдско народно позориште по пауза од 43 години. Дали тоа беше голем предизвик за Вас?

Киров: Бановиќ Страхиња“ е една од најзначајните епски песни на српската народна литература, чија слоевитост и оригиналност некогаш привлекувале и мислители како Гете. Поради приказот на машкиот јунак, нетипичен за тоа време, кој е пред своето време, како и силен емотивен набој што го носи песната, за мене беше инспирација, но и предизвик за интерпретација преку јазикот на танцот.

[caption id="attachment_787468" align="alignnone" width="2560"] фото: Жељко Јовановиќ[/caption]

„Бановиќ Страхиња“ е една од најубавите српски епски народни песни и говори за легендата за една неверна жена и за еден благороден маж кој и го простува неверството. Каква верзија ќе видат гледачите?

Киров: Инспирација за самото движење добивам кога самиот процес на создавање започнува во студио. Подготовките почнаа неколку месеци пред тоа, каде со целиот уметнички тим ги дефиниравме музички корекции, потоа ја подготвувавме сценографијата, ги правевме костимите, правевме детална анализа на епските песни и работевме на драматургијата. Драматургијата се занимаваше со симболи, метафори и самиот пристап кон поединечни сцени на танцот. Процесот на работа во салите трае околу 7-8 недели.

Каков е Вашиот Бановиќ Страхиња? Што беше најголем предизвик додека ја работевте кореографијата? Што сакавте најмногу да се истакне во неговиот лик?

Киров: Беше возбудливо да се најде начин да се преведе оваа песна, чија голема сила лежи во убавината на јазикот и стихот во форма целосно лишена од текст - во движење. Предизвикот за преведување на поезијата во танцова форма овозможи зборовите и ритамот да се трансформираат во израз на телото, откривајќи нови димензии на емоции и значења изразени во песната.
Поемата нуди простор за интерпретација на психологијата на ликовите на повеќе различни начини и токму тоа го прави толку интересно. Заминувањето на Ангелина со Влах-Алија може да се оправда преку потребата за самоодржување, затоа што таа знае дека, што и да одбере, да тргне со сила и по свој избор, за неа нема повеќе живот, бидејќи Србите остро ќе ја осудат, како што тоа го прави нејзиното семејство на крајот од песната. Затоа и чинот на простување на Страхиња на крајот од песната е толку необичен и возбудлив. Од друга страна, заминувањето на Ангелина може да се смета и како жртва, за да го смири Алија која сака да целосно да го уништи дворот. А можеби тој го освоил срцето на Ангелина? Или пак сите овие причини одеднаш? Во нашата интерпретација на песната се обидовме да ги вклучиме сите овие слоевите за да дојдеме до цел, комплексен карактер.
Покажувањето на емоциите на мажот кој изневерува преку движење е дефинитивно предизвик. Треба да се прикаже целата палета емоции: незадоволство, тага, лутина, но и сила, и на крајот, прошка, што всушност е приказ на сила, а не слабост. Ова бара нијанси и внимателно следење на развојот на ликот во текот на изведбата. Сепак, универзалноста на овие емоции и овозможува на публиката да се поврзе со ликот без разлика на историска епоха.

[caption id="attachment_787470" align="alignnone" width="1434"] фото: Жељко Јовановиќ[/caption]

Со оваа премиера свечено ќе биде одбележано завршувањето на прославата на стогодишнината на Балетот на националниот театар во Србија. Што значи ова за Вас, за Вашето портфолио?

Киров: Пожелно е една национална балетска куќа на својот репертоар да има дела од националниот опус, кои означуваат и раскажуваат важни епохи од нивната историја. Особено земјата каква што е Србија, чија историја е многу богата, разновидна и богами турбулентна, полна со моќни историски настани ликови и теми кои можат да бидат инспирација за различни изрази на уметност. Убаво е кога на тој начин се негува културното наследство.

[caption id="attachment_787472" align="alignnone" width="2560"] фото: Жељко Јовановиќ[/caption]

Кои се Вашите идни ангажмани? Дали ќе работите нешто во блиска иднина во Македонија? Како ќе го поминете летово?

Киров: Па во Македонија, благодарејќи на претходниот состав на министерството за култура и управата на севернонационалната опера и балет, како што самите љубат да се нарекуваат, моите дела беа тргнати од репертоарот, а моето име и презиме беше ставено во фиока со зборовите: Киров е еден обичен ветеринар, зар тој да твори тука? Се почувствував потценет и решив дека нема потреба моите идеи и креации кои за нив не се доволно добри да се најдат на ‘светскиот репертоар’ на СНОБ (Северно национална опера и балет).

Се повлеков од македонската танцова сцена во која што бев вклучен изминатите 25 години. Во Србија може да работам национално дело, но за да направам нешто во татковината, каде што мојата публика ме следи со години и сака да види нешто од мене, не сум доволно добар.
После Белград заминувам во Германија, каде што ќе почне првата фаза од подготовките за мојот нов балет, „Прометеј“ по музика на Бетовен, а во август заминувам за Ерменија, каде што како и минатата година, ќе поставам нова едночинка за која премиерата се планира во почетокот на септември.
Во октомври се враќам во Германија, каде што продолжувам со работата на „Прометеј“, а во ноември сум во Словенија, таму работам претстава во Нова Горица, која е европска престолнина на културата. Така што, само здравје. Секогаш кога работиш со љубов, успесите се вреднуваат насекаде, само не во сопствената земја.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Прашањето во „Бановиќ Страхиња“ што е вистински херој, а што е вистинска љубов, за кои вредности вреди да се живее и да се умре, сè уште останува отворено appeared first on Република.

]]>

„Бановиќ Страхиња“ е едно национално дело кое е од витално значење за српската култура, вели во интервју за „Република“ Игор Киров, македонскиот кореограф кој утре, на 13 јуни има премиера на балетот „Бановиќ Страхиња“ со кој свечено ќе биде одбележано завршувањето на прославата на стогодишнината на Балетот во Србија. „Бановиќ Страхиња“ е една од најубавите српски епски народни песни и говори за легендата за една неверна жена и за еден благороден маж кој и го простува неверството. Што е вистински херој, а што е вистинска љубов, за кои вредности вреди да се живее и да се умре, се дел од прашањата кои ги отвора балетот „Бановиќ Страхиња“. Киров (48) по завршувањето на балетската школа во Скопје, студирал на Холандската академија во Ротердам, играл во значајни европски танцови компании и театарски куќи и соработувал со врвни кореографи. Со својата трупа „The Kirov dance company”, основана пред повеќе од деценија и пол, постигнува значајни успеси и работи од Италија до Куба, преку Кореја и Германија. Беше и уметнички директор на Хрватско народно казалиште во Сплит, каде што го постави балетот „Дервишот и смртта“. Музиката во балетот е на композиторот Иван Илиќ, драматург е Ѓорѓе Косиќ, а насловната улога ја игра Лев Семенов. [caption id="attachment_787465" align="alignnone" width="2210"] фото: Жељко Јовановиќ[/caption] На 13 јуни на големата сцена на Народно позориште во Белград, Србија, е закажана премиерата на балетската претстава „Бановиќ Страхиња“. Игра комплетниот ансамбл на Балетот, а Вие сте кореограф на претставата. Како дојде до соработката со Београдско народно позориште? Киров: Минатата година бев поканет од страна на уметничката директорка Ана Павловиќ да бидам дел од почетокот на прославата 100 години од белградскиот балет, па така, заедно со мојата колешка од Хрватска Маша Колар и српскиот кореограф Милош Исаиловиќ, обработивме стари југословенски балети, но овој пат во едно модерно руво, односно како ние, од денешен аспект гледаме на она што било порано. После мојата минатогодишна успешна премиера, на моја голема среќа бев поканет и годинава да направам уште една претстава, но овој пат многу поголема. За мене тоа беше голем предизвик. „Бановиќ Страхиња“ е едно национално дело кое е од витално значење за српската култура. Медиумите од Србија го најавуваат балетот како поезија во танцувачка форма? Киров: За време на подготовките за овој балет, пред сè, ми беше возбудливо да барам начин да ја преведам оваа песна, чија голема сила лежи во убавината на јазикот и стихот, во форма целосно лишена од текст - во движење. Предизвикот за преведување на поезијата во танцова форма овозможи зборовите и ритамот да се трансформираат во телесен израз, откривајќи нови димензии на емоции и значење изразени во песната. Процесот беше возбудлив, но и напорен. Потребно беше да се покаже целиот спектар на емоции - незадоволство, тага, љубомора, гнев, но и сила, истрајност и на крајот, простување, што всушност е одраз на најголема сила, а не на слабост. Ова бара нијанси и внимателно следење на развојот на карактерот во текот на изведбата. Кореографскиот израз е пред сè современ - тоа е модерна техника на движечко изразување заснована на класична естетика. Има интензивна презентација на набојот на емоции и енергија, се разбира, во согласност со она што го бара драматургијата на приказната. Мислам дека скапоценоста на овој стил е што му дава можност на ансамблот да блесне во ново светло и да покаже поинаков квалитет на уметнички израз. Музиката на Иван Илиќ беше наш незаменлив партнер во овој процес. Внимателно изградив кореографија која не само што го следи дејството, туку и го продлабочува емотивното доживување на музиката, следејќи ја секоја нота, во симбиоза на звук и движење. И конечно, иако приказната за балетот е историско-митолошка, мислам дека универзалноста на темите и овозможува на публиката, сепак, да се поврзе со ликовите, без разлика на историската ера. Прашањето што е вистински херој, а што е вистинска љубов, за кои вредности вреди да се живее и да се умре, сè уште останува отворено. „Бановиќ Страхиња“ се поставува во Београдско народно позориште по пауза од 43 години. Дали тоа беше голем предизвик за Вас? Киров: Бановиќ Страхиња“ е една од најзначајните епски песни на српската народна литература, чија слоевитост и оригиналност некогаш привлекувале и мислители како Гете. Поради приказот на машкиот јунак, нетипичен за тоа време, кој е пред своето време, како и силен емотивен набој што го носи песната, за мене беше инспирација, но и предизвик за интерпретација преку јазикот на танцот. [caption id="attachment_787468" align="alignnone" width="2560"] фото: Жељко Јовановиќ[/caption] „Бановиќ Страхиња“ е една од најубавите српски епски народни песни и говори за легендата за една неверна жена и за еден благороден маж кој и го простува неверството. Каква верзија ќе видат гледачите? Киров: Инспирација за самото движење добивам кога самиот процес на создавање започнува во студио. Подготовките почнаа неколку месеци пред тоа, каде со целиот уметнички тим ги дефиниравме музички корекции, потоа ја подготвувавме сценографијата, ги правевме костимите, правевме детална анализа на епските песни и работевме на драматургијата. Драматургијата се занимаваше со симболи, метафори и самиот пристап кон поединечни сцени на танцот. Процесот на работа во салите трае околу 7-8 недели. Каков е Вашиот Бановиќ Страхиња? Што беше најголем предизвик додека ја работевте кореографијата? Што сакавте најмногу да се истакне во неговиот лик? Киров: Беше возбудливо да се најде начин да се преведе оваа песна, чија голема сила лежи во убавината на јазикот и стихот во форма целосно лишена од текст - во движење. Предизвикот за преведување на поезијата во танцова форма овозможи зборовите и ритамот да се трансформираат во израз на телото, откривајќи нови димензии на емоции и значења изразени во песната. Поемата нуди простор за интерпретација на психологијата на ликовите на повеќе различни начини и токму тоа го прави толку интересно. Заминувањето на Ангелина со Влах-Алија може да се оправда преку потребата за самоодржување, затоа што таа знае дека, што и да одбере, да тргне со сила и по свој избор, за неа нема повеќе живот, бидејќи Србите остро ќе ја осудат, како што тоа го прави нејзиното семејство на крајот од песната. Затоа и чинот на простување на Страхиња на крајот од песната е толку необичен и возбудлив. Од друга страна, заминувањето на Ангелина може да се смета и како жртва, за да го смири Алија која сака да целосно да го уништи дворот. А можеби тој го освоил срцето на Ангелина? Или пак сите овие причини одеднаш? Во нашата интерпретација на песната се обидовме да ги вклучиме сите овие слоевите за да дојдеме до цел, комплексен карактер. Покажувањето на емоциите на мажот кој изневерува преку движење е дефинитивно предизвик. Треба да се прикаже целата палета емоции: незадоволство, тага, лутина, но и сила, и на крајот, прошка, што всушност е приказ на сила, а не слабост. Ова бара нијанси и внимателно следење на развојот на ликот во текот на изведбата. Сепак, универзалноста на овие емоции и овозможува на публиката да се поврзе со ликот без разлика на историска епоха. [caption id="attachment_787470" align="alignnone" width="1434"] фото: Жељко Јовановиќ[/caption] Со оваа премиера свечено ќе биде одбележано завршувањето на прославата на стогодишнината на Балетот на националниот театар во Србија. Што значи ова за Вас, за Вашето портфолио? Киров: Пожелно е една национална балетска куќа на својот репертоар да има дела од националниот опус, кои означуваат и раскажуваат важни епохи од нивната историја. Особено земјата каква што е Србија, чија историја е многу богата, разновидна и богами турбулентна, полна со моќни историски настани ликови и теми кои можат да бидат инспирација за различни изрази на уметност. Убаво е кога на тој начин се негува културното наследство. [caption id="attachment_787472" align="alignnone" width="2560"] фото: Жељко Јовановиќ[/caption] Кои се Вашите идни ангажмани? Дали ќе работите нешто во блиска иднина во Македонија? Како ќе го поминете летово? Киров: Па во Македонија, благодарејќи на претходниот состав на министерството за култура и управата на севернонационалната опера и балет, како што самите љубат да се нарекуваат, моите дела беа тргнати од репертоарот, а моето име и презиме беше ставено во фиока со зборовите: Киров е еден обичен ветеринар, зар тој да твори тука? Се почувствував потценет и решив дека нема потреба моите идеи и креации кои за нив не се доволно добри да се најдат на ‘светскиот репертоар’ на СНОБ (Северно национална опера и балет). Се повлеков од македонската танцова сцена во која што бев вклучен изминатите 25 години. Во Србија може да работам национално дело, но за да направам нешто во татковината, каде што мојата публика ме следи со години и сака да види нешто од мене, не сум доволно добар. После Белград заминувам во Германија, каде што ќе почне првата фаза од подготовките за мојот нов балет, „Прометеј“ по музика на Бетовен, а во август заминувам за Ерменија, каде што како и минатата година, ќе поставам нова едночинка за која премиерата се планира во почетокот на септември. Во октомври се враќам во Германија, каде што продолжувам со работата на „Прометеј“, а во ноември сум во Словенија, таму работам претстава во Нова Горица, која е европска престолнина на културата. Така што, само здравје. Секогаш кога работиш со љубов, успесите се вреднуваат насекаде, само не во сопствената земја. Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Прашањето во „Бановиќ Страхиња“ што е вистински херој, а што е вистинска љубов, за кои вредности вреди да се живее и да се умре, сè уште останува отворено appeared first on Република.

]]>
1.984 евра oштета што ќе ги земам од ЗНМ и ССНМ ќе ги донирам во хуманитарни цели https://republika.mk/vesti/makedonija/1-984-evra-oshteta-shto-ke-gi-zemam-od-znm-i-ssnm-ke-gi-doniram-vo-humanitarni-tseli/ Wed, 12 Jun 2024 07:45:00 +0000 https://republika.mk/?p=786713

Навистина не ми е јасно како едно поставено прашање „добро зошто“ може да биде поттикнување на говор на омраза и закани кои може да доведат до насилство, прашува водителот Богдан Илиевски за случајот кој против него го покренаа ЗНМ и ССНМ за наводен говор на омраза против новинарката Лепа Џундева.

Напишав „добро зошто“, сум искажал став на кој имам апсолутно право без разлика дали сум новинар или самостоен сточарски работник или народски кажано овчар. Имам право да поставам прашање. И секој обид да се осуети поставување на прашање мислам дека ни во времето на сталинизмот немало ваков критериум на оцена на говор што е подобен или неподобен за властите - објаснува Илиевски во интервјуто за „Република“.

Илиевски најавува дека со ЗНМ и ССНМ ќе се соочат на суд.

Јас прво ги пријавив до Советот за етика, во судот на честа. Си ја запазив процедурата и секаде каде што можеше реагирав за она што јас ценам дека е клевета, бидејќи ја сум наклеветен дека сум поттикнувал омраза, а ги пријавив и до Комисијата за заштита од дискриминација бидејќи во нивното соопштение, можеби во обид да ја девалоризираат мојата работа сум означен како тв водител на вечерна емисија. Јас не сум член ни за ЗНМ и ССНМ, но јас сум вработен во Алфа ТВ како новинар и како што има Џундева некакви права имам и јас. Ако таа има право да ја нарекува да ја нарекува државата како сака и јас не и се мешам во нејзиното право да ја нарекува „Македонија“ или „Северна“ и да ми го ускрати правото да прашам едно обично прашање „добро зошто“. Не смее никој едно прашање да го карактеризира како омраза бидејќи нашата работа е да поставуваме прашања.Наше уставно загарантирано право е да имаме став и слободно мислење. Секој обид да се ускрати нечие право ме потсетува на романот на Џорџ Орвел „1984“ каде има дело зломисла каде не смееш ни да помислиш нешто што не е дефинирано во параметрите како подобни од системот. Затоа откако не добив извинување ќе поведам постапка пред институциите и ќе побарам симболична оштета од 1984 евра и тие пари ќе ги донирам и нема да задржам ниту еден цент. Во постапката тие ќе треба да докажат дека не ме клеветеле дека сум потикнал омраза а имајќи предвид дека моето дејство е „добро зошто“ ќе треба да докажат дека тоа прашање поттикнало омраза.

Илиевски смета дека апсурд образложението на ЗНМ дека со неговото прашање потикнал коментари и навреди кон новинарката Џундева.

Јас не можам на тој начин да поттикнам омраза. Што ако на пример Зоран Заев објави нешто за преспанскиот договор и некој во коментар го навреди или му се закани дали тогаш Заев ќе биде обвинет за поттикнување на омраза кон самиот себе? прашува Илиевски.

Новинарот смета сево ова наликува на времето на Шарената револуција кога се ловеа политички неистомисленици.

Сега не е СДСМ да ме гони туку е ЗНМ и ССНМ. Но, ако на луѓето многу им наликува тој однос може да согледаме многу интересни работи за јавноста. Наликува, потсетува на период кога кон неистомислениците се употребуваа разноразни методи.Индикативно е зошто изминативе седум години немаше вакви реакции. Да обвиниш новинар за прашање „добро зошто“ и да кажеш дека потикнал омраза е вон сите вери. Постапката ќе ја терам до крај затоа што се работи за слобода на говор која што тие како здружение би требало да ја бранат до крај.

https://www.youtube.com/watch?v=yedXUhXgW7o

The post 1.984 евра oштета што ќе ги земам од ЗНМ и ССНМ ќе ги донирам во хуманитарни цели appeared first on Република.

Промената е излез од конфорната зона, откривање на сопствените способности и инспирација за понатаму https://republika.mk/vesti/kultura/promenata-e-izlez-od-konfornata-zona-otkrivane-na-sopstvenite-sposobnosti-i-inspiratsija-za-ponatamu/ Fri, 07 Jun 2024 08:48:38 +0000 https://republika.mk/?p=785424

58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп почнува вечерва, под мотото „Промени се, промени сè“.
Изложбата „Горан Стефановски и книгите“ што ќе биде отворена во 19 часот во Градската библиотека „Борка Талески“, ќе биде првата содржина на отворањето на фестивалот. Изложбата се реализира во соработка со прилепската библиотека. Половина час подоцна ќе следува изведбата на „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а продукција на Драмскиот театар од Скопје.
На изведбата на актерите од Драмскиот театар ќе претходи врачувањето на наградите за животно дело, за актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов. Оваа година наградата за животно дело е изработена од автентичен прилепски мермер од страна на „Крин производство“.

Сакам да имаме фестивал кој ќе се менува, но и ќе го менува театарскиот контекст, кој ќе иницира промени кај секој што избрал да се занимава со театар. И видливо е тоа, посебно деновиве во Прилеп дека успеваме на некој начин да ја почнеме промената. Тргнавме од начинот на организација, да ги поедноставиме и осовремениме сите активности во самиот процес, да ја креираме поинаквата естетика, па дури и да почнеме со онлајн продажбата на билетите за прв пат оваа година. Фестивалот сакам да го поставиме на мапата на сериозни театарски фестивали и да го задржи статусот на најстариот и најважниот театарски фестивал во Македонија – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.

Со Стојаноска разговаравме во пресрет на Фестивалот за програмата, предизвиците, селекцијата, промените...

Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“- Прилеп ќе се одржи од 7 до 14 јуни под мотото „Промени се, промени се“. Какви промени најавувате?

Промени на сите нивоа на организирање на фестивалот, но и во начинот на третирањето на театарската практика и естетика денес. Сметам дека од нас, најстариот и најзначајниот театарски фестивал во Македонија треба да почне идејата за промена. Затоа решив да го смениме и начинот на креирање и начинот на организирање на фестивалот. И се е тоа инспирирано или иницирано од нашиот годинешен автор во фокус Горан Стефановски. За мене промената е излез од конфорната зона, откривање на сопствените способности, а истовремено и инспирација за понатаму.

Вашата програма како уметнички директор е именувана „Ново читање“. Концептот „Ново читање“ ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус - Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Кажете ни нешто повеќе за селекцијата?

Како и секој сериозен театарски фестивал, МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп е позициониран во посветување на внимание кон нашето театарско наследство, но и отворање можности за нови читања, актуелни театарски трендови. Затоа оваа селекција е направена според концептот „Ново читање“. Од една страна ново читање на драмите на Горан Стефановски, од друга, ново читање на класиците на театарот. Сакав на фестивалот да донесам актуелни претстави што покажуваат како театрите го третираат актуелниот театарски контекст. Внимавав да има сериозни режисерски концепти, отстапување од вообичаената практика, да има поместување од досегашниот начин на третманот на драмскиот текст, да има актерски остварувања кои ќе останат маркирани во театарската историја.

Покрај Центарот за култура, најавивте и уште неколку други фестивалски зони. Што е предвидено да се случува овие денови во Прилеп?

Ќе се случува театар низ цел град. Од утринските часови, детската зона која е во центарот на градот под Саат кулата, потоа уличните театарски перформанси, откривање на нови театарски простори и покажување дека театар може да се случува секаде. Да, театарските претстави во конкуренција за награди се случуваат во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и Театарот „Војдан Чернодрински“, но работилниците, поткастите, промоциите, филмот, детските зони, разговорите за театарот си бараат свои нови простори кои ги имаме и благодарение на градот Прилеп, но и благодарение на пријателите на фестивалот. Тоа е исто така еден новитет што го променивме од минатото издание.

Автор во фокус годинава е Горан Стефановски- какви активности ќе се реализираат во негова чест?

Четири претстави во официјална селекција се на негови драми, недела е ден на Горан Стефановски, од утринската презентација на едукативните работилници кои работеа цела година, преку промоција на книги за и од Горан Стефановски, потоа презентација на Фондацијата „Горан Стефановски“ на Факултетот за драмски уметности – Скопје и на наградата „Горан Стефановски“ на Драмски театар – Скопје, следуваат и аудиодрамите на Горан што ги продуцираше и реализираше „Самоглас“, потоа филм за Горан Стефановски исто изработен од Факултетот за драмски уметности – Скопје и две претстави. Скоро сите активности на работилниците во текот на фестивалот се инцирани и инспирирани од неговата дејност. Сметам дека на тој начин како фестивал покажуваме како треба да ги чуваме големите автори и како треба да им оддадеме почит и внимание. Би сакала да дојдете во Прилеп и да уживате овие осум дена.

The post Промената е излез од конфорната зона, откривање на сопствените способности и инспирација за понатаму appeared first on Република.

]]>

58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп почнува вечерва, под мотото „Промени се, промени сè“. Изложбата „Горан Стефановски и книгите“ што ќе биде отворена во 19 часот во Градската библиотека „Борка Талески“, ќе биде првата содржина на отворањето на фестивалот. Изложбата се реализира во соработка со прилепската библиотека. Половина час подоцна ќе следува изведбата на „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а продукција на Драмскиот театар од Скопје. На изведбата на актерите од Драмскиот театар ќе претходи врачувањето на наградите за животно дело, за актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов. Оваа година наградата за животно дело е изработена од автентичен прилепски мермер од страна на „Крин производство“.
Сакам да имаме фестивал кој ќе се менува, но и ќе го менува театарскиот контекст, кој ќе иницира промени кај секој што избрал да се занимава со театар. И видливо е тоа, посебно деновиве во Прилеп дека успеваме на некој начин да ја почнеме промената. Тргнавме од начинот на организација, да ги поедноставиме и осовремениме сите активности во самиот процес, да ја креираме поинаквата естетика, па дури и да почнеме со онлајн продажбата на билетите за прв пат оваа година. Фестивалот сакам да го поставиме на мапата на сериозни театарски фестивали и да го задржи статусот на најстариот и најважниот театарски фестивал во Македонија – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.
Со Стојаноска разговаравме во пресрет на Фестивалот за програмата, предизвиците, селекцијата, промените... Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“- Прилеп ќе се одржи од 7 до 14 јуни под мотото „Промени се, промени се“. Какви промени најавувате?
Промени на сите нивоа на организирање на фестивалот, но и во начинот на третирањето на театарската практика и естетика денес. Сметам дека од нас, најстариот и најзначајниот театарски фестивал во Македонија треба да почне идејата за промена. Затоа решив да го смениме и начинот на креирање и начинот на организирање на фестивалот. И се е тоа инспирирано или иницирано од нашиот годинешен автор во фокус Горан Стефановски. За мене промената е излез од конфорната зона, откривање на сопствените способности, а истовремено и инспирација за понатаму.
Вашата програма како уметнички директор е именувана „Ново читање“. Концептот „Ново читање“ ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус - Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Кажете ни нешто повеќе за селекцијата?
Како и секој сериозен театарски фестивал, МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп е позициониран во посветување на внимание кон нашето театарско наследство, но и отворање можности за нови читања, актуелни театарски трендови. Затоа оваа селекција е направена според концептот „Ново читање“. Од една страна ново читање на драмите на Горан Стефановски, од друга, ново читање на класиците на театарот. Сакав на фестивалот да донесам актуелни претстави што покажуваат како театрите го третираат актуелниот театарски контекст. Внимавав да има сериозни режисерски концепти, отстапување од вообичаената практика, да има поместување од досегашниот начин на третманот на драмскиот текст, да има актерски остварувања кои ќе останат маркирани во театарската историја.
Покрај Центарот за култура, најавивте и уште неколку други фестивалски зони. Што е предвидено да се случува овие денови во Прилеп?
Ќе се случува театар низ цел град. Од утринските часови, детската зона која е во центарот на градот под Саат кулата, потоа уличните театарски перформанси, откривање на нови театарски простори и покажување дека театар може да се случува секаде. Да, театарските претстави во конкуренција за награди се случуваат во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и Театарот „Војдан Чернодрински“, но работилниците, поткастите, промоциите, филмот, детските зони, разговорите за театарот си бараат свои нови простори кои ги имаме и благодарение на градот Прилеп, но и благодарение на пријателите на фестивалот. Тоа е исто така еден новитет што го променивме од минатото издание.
Автор во фокус годинава е Горан Стефановски- какви активности ќе се реализираат во негова чест?
Четири претстави во официјална селекција се на негови драми, недела е ден на Горан Стефановски, од утринската презентација на едукативните работилници кои работеа цела година, преку промоција на книги за и од Горан Стефановски, потоа презентација на Фондацијата „Горан Стефановски“ на Факултетот за драмски уметности – Скопје и на наградата „Горан Стефановски“ на Драмски театар – Скопје, следуваат и аудиодрамите на Горан што ги продуцираше и реализираше „Самоглас“, потоа филм за Горан Стефановски исто изработен од Факултетот за драмски уметности – Скопје и две претстави. Скоро сите активности на работилниците во текот на фестивалот се инцирани и инспирирани од неговата дејност. Сметам дека на тој начин како фестивал покажуваме како треба да ги чуваме големите автори и како треба да им оддадеме почит и внимание. Би сакала да дојдете во Прилеп и да уживате овие осум дена.

The post Промената е излез од конфорната зона, откривање на сопствените способности и инспирација за понатаму appeared first on Република.

]]>
Договорот од Преспа е нелегален договор и неважно е кој не го почитува https://republika.mk/vesti/makedonija/dogovorot-od-prespa-e-nelegalen-dogovor-i-nevazhno-e-koj-ne-go-pochituva/ Sat, 01 Jun 2024 08:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=783782

Според последниот член, Договорот од Преспа не може да се преговара ниту, пак, може да се направи нов договор. Тоа е една крајна одредница со која нашиот идентитет е трајно изменет. Кога имаме еден таков еден договор со кој се кршат највисоките норми на меѓународното право, со кој една нација се оспорува и се крши принципот на самопределување и само идентификација.

Сиве овие работи се гарантирани со членот 1 од Повелбата на Обединетите нации и се влезени во сите документи со кој се гарантираат основните човекови права, објаснува професорот Игор Јанев, еден од најдобрите познавачи на меѓународното право во интервуто за „Република“

Кога се работи за кршење на основните колективни човекови права, никој на никого не може да му оспори идентитет, или одземе или наметне, ниту пак да се врши национална асимилација, ниту пак да се негира идентитет на некој што има претстава за својот идентитет-објаснува професорот по меѓународно право од Белград

Јанев објаснува дека со Договорот не смени само името на државата туку и други работи.

Се менува и самиот идентитет.Со промена на идентитетот пак не навлезе во свера на културен геноцид и затоа тој договор мора да се раскине.

Тој е убеден дека овој договор може да се раскине или поништи.

Договорот е раскинлив ако е тој геноциден, културоциде, етноциден итн..Сите тие геноцидни договори се раскинливи.Меѓутоа Грците не го гледаат како геноциден договор туку како нормална спогодба која нема ништо неправно кон нив.Затоа говорат дека договорот е нерасккинлив.Тој договор хлагрантно го крши принципот на културен суверинитет и затоа еднострано може да се раскине од наша страна со еднострано праќање на писмо до другата страна.

Професорот е убеден дека Грција нема намера да оди повторно на суд откако ја изгубија тужбата од Македонија во судот во Хаг пред дестина години.

Ова само обид да се исплаши нашата страна.Договор што е раскинат по член 53 и 64 тогаш судот нема никаква јурисдикција и не може ништо да направи.Едноставно со една дипломатска нота повикувајќи се на овие членови од Виенската конвенција на договорното право можеме да го раскинеме договорот кој според наше видување е нелегален бидејќи е геноциден и се оспорува правото на културен идентитет.Тоа право кога е оспорено можеме да вршиме постапки за рушење на договорот-oценува професорот од Белград.

За професорот Јанев е неважно кој не го почитува Договорот од Преспа, Македонија или Грција.

За всушност е небитно кој не почитува еден нелегален договор. Кога се работи за нелегален договор сосема е нерелевантно кој не го почитува иако Грција е таа која не го почитува со нератификацијата на протоколите.Доколку договорот е нелегален со кој се крши правото на колективното право на национален идентитет за мене е небитно дали го крши Македонија или Грција.Кршење на нелегален договор не произведува никакви последици.

Јанев потсетува дека Грција се однесува исто како со Времената спогодба од 1995 година.

И тогаш ние мораше сѐ да ратифиуваме а тие не ја ратификуваа Времената спогодба.Сега нема ни ова да ги ратификуваат протоколите. Со овој договор сѐ што е македонско е всушност грчко.Ние имаме правно ограничување и не сме Македонци бидејќи ако сме Македонци зошто би имале модификатор на идентитетот.Модификаторот на идентитетот покажува дека ние ниту сме биле ниту дека сега сме Македонци. Тоа е нелегално бидејќи никој не смее на друг да му го модифицира идентитетот. Сите идентитетски договори се нелегални.Идентитетскиот договор со Бугарија како и идентитетскиот договор со Грција се нелегални. Сите тие договори се нелегално и затоа е неважно дали Македонија го испочитувала или не. Со ставање на „Северна“ пред идентитетот за да кажеш дека овие се Македонци.Ако е тоа така имаме работа со договор кој мора да се раскине.Ако не може да се поништи по нормален пат тогаш се раскинува со дипломатска нота-објаснува Јанев за „Република“.

Професорот има разбирање за постапката на претседателката Силјановска да не го употребува зборот „Северна“.

Таа знае дека тоа е индивидуално право.Тоа не e индивидуално право на претседател, министер или на премиер, тоа е индивидуално право кое се однесува на целиот народ, да се наречеме како што сакаме .Taa има свое лично право да се нарече Македонка и да својата држава ја нарече Македонија. Претседателката ова свесно го направи знаејќи дека тоа потпаѓа од индивидуални човекови права и поради тоа индивидуално право го поседува.

Споредувајќи ги двата договор, со Грција и со Бугарија, Јанев смета дека поштетен е преспанскиот.

Преспанскиот договор бара порадикални чекори за раскинување. За бугарскиот договор отказниот рок е една година и тој престанува да важи.Згора на тоа, секоја страна може да го повлече доколку смета дека е штетен.Меѓутоа и едниот и другиот договор делуваат во ист правец.Едниот го ништи идентитетот го калеми својот идентитет како наш, го преставува бугарскиот идентитет како македонски, всушност ги асимилира Македонците.Едниот е анихилаторски договор со кој се врши национална анихилација-тоа е преспанскиот, а другиот да го поништат идентитетот и да вградат свој а всушност се врши асимилација.Тоа е тој процес на бугаризација. Ако се раскине договорот со Бугарија ќе се спасиме и од Преговарачката рамка бидејќи основата на таа рамка е бугарскиот договор.Ако се раскине ќе треба да се менува и таа рамка.

Коментирајќи го гласањето за Резолуцијата за геноцид во Сребреница во Обеднетите нации каде одлука беше донесена иако бројот на гласови „за“ отколку „против“ и „воздржани“, професорот објаснува дека таков е принципот на носење одлуки во Генералното собрание.

Тоа е така бидејќи кога се гласа за општи  и политички работи правилото во Генералното собрание е гласање од присутните во салата.Доколку ние на пример го раскинеме преспанскиот договор ќе се отвори прашање во Обединетите нации да се врати БЈРМ. Ако тоа се стави на гласање дали ние можеме да го продолжиме членството во ОН исто ќе се гласа со просто мнозинство од присутните во салата кои гласаат.Значи тие што не се присутни веднаш се елиминираат.Оние што се присутни се делат на тие што се воздржани и на тие што гласале „за“ и „против“. Ако ние имаме 80 членки присутни во салата нас ќе ни треба 41 членка а 39 на страна на Грците да бидат против за да го продолжиме членството-објаснува Јанев.

https://www.youtube.com/watch?v=SWYakfo8CLQ

The post Договорот од Преспа е нелегален договор и неважно е кој не го почитува appeared first on Република.

]]>

Според последниот член, Договорот од Преспа не може да се преговара ниту, пак, може да се направи нов договор. Тоа е една крајна одредница со која нашиот идентитет е трајно изменет. Кога имаме еден таков еден договор со кој се кршат највисоките норми на меѓународното право, со кој една нација се оспорува и се крши принципот на самопределување и само идентификација. Сиве овие работи се гарантирани со членот 1 од Повелбата на Обединетите нации и се влезени во сите документи со кој се гарантираат основните човекови права, објаснува професорот Игор Јанев, еден од најдобрите познавачи на меѓународното право во интервуто за „Република“
Кога се работи за кршење на основните колективни човекови права, никој на никого не може да му оспори идентитет, или одземе или наметне, ниту пак да се врши национална асимилација, ниту пак да се негира идентитет на некој што има претстава за својот идентитет-објаснува професорот по меѓународно право од Белград
Јанев објаснува дека со Договорот не смени само името на државата туку и други работи.
Се менува и самиот идентитет.Со промена на идентитетот пак не навлезе во свера на културен геноцид и затоа тој договор мора да се раскине.
Тој е убеден дека овој договор може да се раскине или поништи.
Договорот е раскинлив ако е тој геноциден, културоциде, етноциден итн..Сите тие геноцидни договори се раскинливи.Меѓутоа Грците не го гледаат како геноциден договор туку како нормална спогодба која нема ништо неправно кон нив.Затоа говорат дека договорот е нерасккинлив.Тој договор хлагрантно го крши принципот на културен суверинитет и затоа еднострано може да се раскине од наша страна со еднострано праќање на писмо до другата страна.
Професорот е убеден дека Грција нема намера да оди повторно на суд откако ја изгубија тужбата од Македонија во судот во Хаг пред дестина години.
Ова само обид да се исплаши нашата страна.Договор што е раскинат по член 53 и 64 тогаш судот нема никаква јурисдикција и не може ништо да направи.Едноставно со една дипломатска нота повикувајќи се на овие членови од Виенската конвенција на договорното право можеме да го раскинеме договорот кој според наше видување е нелегален бидејќи е геноциден и се оспорува правото на културен идентитет.Тоа право кога е оспорено можеме да вршиме постапки за рушење на договорот-oценува професорот од Белград.
За професорот Јанев е неважно кој не го почитува Договорот од Преспа, Македонија или Грција.
За всушност е небитно кој не почитува еден нелегален договор. Кога се работи за нелегален договор сосема е нерелевантно кој не го почитува иако Грција е таа која не го почитува со нератификацијата на протоколите.Доколку договорот е нелегален со кој се крши правото на колективното право на национален идентитет за мене е небитно дали го крши Македонија или Грција.Кршење на нелегален договор не произведува никакви последици.
Јанев потсетува дека Грција се однесува исто како со Времената спогодба од 1995 година.
И тогаш ние мораше сѐ да ратифиуваме а тие не ја ратификуваа Времената спогодба.Сега нема ни ова да ги ратификуваат протоколите. Со овој договор сѐ што е македонско е всушност грчко.Ние имаме правно ограничување и не сме Македонци бидејќи ако сме Македонци зошто би имале модификатор на идентитетот.Модификаторот на идентитетот покажува дека ние ниту сме биле ниту дека сега сме Македонци. Тоа е нелегално бидејќи никој не смее на друг да му го модифицира идентитетот. Сите идентитетски договори се нелегални.Идентитетскиот договор со Бугарија како и идентитетскиот договор со Грција се нелегални. Сите тие договори се нелегално и затоа е неважно дали Македонија го испочитувала или не. Со ставање на „Северна“ пред идентитетот за да кажеш дека овие се Македонци.Ако е тоа така имаме работа со договор кој мора да се раскине.Ако не може да се поништи по нормален пат тогаш се раскинува со дипломатска нота-објаснува Јанев за „Република“.
Професорот има разбирање за постапката на претседателката Силјановска да не го употребува зборот „Северна“.
Таа знае дека тоа е индивидуално право.Тоа не e индивидуално право на претседател, министер или на премиер, тоа е индивидуално право кое се однесува на целиот народ, да се наречеме како што сакаме .Taa има свое лично право да се нарече Македонка и да својата држава ја нарече Македонија. Претседателката ова свесно го направи знаејќи дека тоа потпаѓа од индивидуални човекови права и поради тоа индивидуално право го поседува.
Споредувајќи ги двата договор, со Грција и со Бугарија, Јанев смета дека поштетен е преспанскиот.
Преспанскиот договор бара порадикални чекори за раскинување. За бугарскиот договор отказниот рок е една година и тој престанува да важи.Згора на тоа, секоја страна може да го повлече доколку смета дека е штетен.Меѓутоа и едниот и другиот договор делуваат во ист правец.Едниот го ништи идентитетот го калеми својот идентитет како наш, го преставува бугарскиот идентитет како македонски, всушност ги асимилира Македонците.Едниот е анихилаторски договор со кој се врши национална анихилација-тоа е преспанскиот, а другиот да го поништат идентитетот и да вградат свој а всушност се врши асимилација.Тоа е тој процес на бугаризација. Ако се раскине договорот со Бугарија ќе се спасиме и од Преговарачката рамка бидејќи основата на таа рамка е бугарскиот договор.Ако се раскине ќе треба да се менува и таа рамка.
Коментирајќи го гласањето за Резолуцијата за геноцид во Сребреница во Обеднетите нации каде одлука беше донесена иако бројот на гласови „за“ отколку „против“ и „воздржани“, професорот објаснува дека таков е принципот на носење одлуки во Генералното собрание.
Тоа е така бидејќи кога се гласа за општи  и политички работи правилото во Генералното собрание е гласање од присутните во салата.Доколку ние на пример го раскинеме преспанскиот договор ќе се отвори прашање во Обединетите нации да се врати БЈРМ. Ако тоа се стави на гласање дали ние можеме да го продолжиме членството во ОН исто ќе се гласа со просто мнозинство од присутните во салата кои гласаат.Значи тие што не се присутни веднаш се елиминираат.Оние што се присутни се делат на тие што се воздржани и на тие што гласале „за“ и „против“. Ако ние имаме 80 членки присутни во салата нас ќе ни треба 41 членка а 39 на страна на Грците да бидат против за да го продолжиме членството-објаснува Јанев.
https://www.youtube.com/watch?v=SWYakfo8CLQ  

The post Договорот од Преспа е нелегален договор и неважно е кој не го почитува appeared first on Република.

]]>
Уметноста веќе го менува светот https://republika.mk/scena/muzika/umetnosta-veke-go-menuva-svetot/ Wed, 15 May 2024 17:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=778441

Еден од најдобрите џез вокали на сите времиња, двократниот добитник на Греми награда, Курт Елинг, вечерва настапува со Националниот џез оркестар во Скопје.
За него „Њујорк Тимес“ ќе напише дека токму тој е „извонредниот машки џез-вокал на нашето време“, а според „Вашингтон Пост,“ „oд средината на 1990-тите, ниту еден џез-пејач не бил толку смел, динамичен или интересен како Курт Елинг”, додека ББС Артс оценува дека тој „… ја турка напред уметноста на џез пеењето, повеќе од било кој друг машки изведувач од неговата генерација“.
Елинг има вкупно десет номинации за Греми награди, од кои има освоено две за најдобар вокален џез албум за изданијата Dedicated to you (2009) и Secrets are the best story (2021).
Во текот на својата кариера соработува и снима со Вејн Шортер, Данило Перез, Дејвид Амрам, Ренди Бахман, Боб Белден, Џоан Бракин, Оскар Браун Џуниор, Џоди Кристијан, Били Корган, Орберт Дејвис, Џорџ Фримен, Бади Гај, Јон Хендрикс, Чарли Хантер, Боб Минцер, Бред Мелдау, Ли Ритенур, Џон Пицарели и Боб Шепард. Покрај неговиот бенд со кој најчесто настапува, Курт Елинг бил и член на Квартетот на Бранфорд Марсалис.
Доколку на првите албуми композициите повеќе наликуваат на класичните џез стандарди, звукот на Елинг во последните години добива димензија плус, внесувајќи екстраваганција во музичкиот израз и експериментирајќи со класичните џез музички форми.
Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин.

Курт Елинг е првенствено познат како истакнат џез вокал и композитор кој има издадено неколку албуми, привлекувајќи признание од критиката и добивајќи престижни награди меѓу кои Греми. Академското образование на Елинг е подеднакво импресивно. Тој има дипломи по музика и историја и завршени магистерски студии по филозофија на Универзитетот во Чикаго, кои несомнено влијаеле на неговиот пристап кон уметноста и животот.

Настапувал во интимни џез клубови до големи концертни сали и престижни фестивали, Елинг остава неизбришлива трага на глобалната музичка сцена со настапи во живо кои пленат со својата наелектризирана енергија и емоционална длабочина. Има реализирано повеќе турнеи низ Европа, во градовите познати по своите богати џез традиции како Париз, Лондон, Берлин и Копенхаген; концерти низ Азија, меѓу кои концертите во Токио, Сеул и Шангај, настапи на главните џез фестивали во Австралија, Јужна Америка, концерти во Средниот Исток – Обединетите Емирати и Израел, и секако безброј концерти низ САД.

Во текот на неговата кариера, Елинг соработува со бројни истакнати музичари, опфаќајќи различни жанрови. Неговата разновидност и подготвеност да истражува нови музички територии доведуваат до некои револуционерни соработки меѓу кои соработките со познатиот саксофонист Бранфорд Марсалис на албумот „Upward Spiral“ (2016) награден со Греми; соработката со џез гитаристот Чарли Хантер на албумот „The Messenger“ (1997), соработката со пијанистот Фред Херш и албумот „Leaves of Grass“ (2009), инспириран од поезијата на Волт Витман; соработката со Дејв Холанд Биг бенд на албумот „What Goes Around“ (2002); соработката со саксофонистот и кларинетист, добитник на Греми, Пакито Д'Ривера, и секако, соработката со пијанистот Лоренс Хобгуд, долгогодишен соработник на Курт Елинг, негов музички директор и главен придружник долги години. Нивното партнерство донесе неколку познати албуми, вклучувајќи ги „The Messenger“ (1997) и „Man in the Air“ (2003).

Покрај музиката, Курт Елинг е и ликовен уметник, поет, еко-активист, и едукатор. Тој денеска помеѓу тонската проба со Националниот џез оркестар и вечерашниот концерт издвои време и се согласи на ексклузивен разговор.

Прв пат сте во Скопје и ќе настапите со Националниот џез оркестар. Сте настапувале во интимни џез клубови до големи концертни сали и престижни фестивали. Какви се Вашите впечатоци од пробата? Од салата? Музичарите? Како дојде до оваа соработка?

Мислам дека ова е прв пат да соработувам со Националниот џез оркестар. Имав прилика да запознам дел од музичарите претходно во Загреб во салата „Лисински“. Среќен сум што се сретнувам повторно со старите пријатели, но секогаш сум среќен и кога создавам нови пријателства. Многу сум задоволен од пробата, одлично се подготвени, како оркестар одговорија на секое барање, веднаш реагирааш, бргу ги разбираат идеите, едноставно ја направија мојата работа многу, многу лесна и убеден сум дека вечерва ќе имаме одличен концерт.

Имате вкупно десет номинации за Греми награди, од кои сте освоиле две награди за најдобар вокален џез албум за изданијата Dedicated to you (2009) и Secrets are the best story (2021). Што претставуваат за Вас овие признанија ? Дали ги доживувате како обврска, поголема одговорност?

Наградите едноставно мислам дека укажуваат на тоа дека луѓето go слушаат oнa што го работам. Секогаш сум среќен кога публиката е полна со енергија и исполнета од она што им го презентирам. Моја задача е нивните надежи или очекувања да ги исполнам и да се обидам да пејам се подобро секоја вечер.

Љубовта кон музиката сте ја стекнале преку Вашиот татко. Како изгледаше тоа вљубување со оглед на фактот дека како мал сте сакале да бидете полицаец и да јавате коњ во Чикаго, подоцна студирате Философија, а имате диплома по Историја. Како музиката изби во прв план?

Едноставно мислам дека не бев добар во ништо друго. Музичарите од чикашката сцена додека учев ме охрабруваа и ме тераа да работам понапорно, Јас пак, се трудев да бидам подобар за да ги натерам повторно да ме викнат да настапувам со нив. Ова е мојата вокација и многу сум среќен што ја најдов мојата цел, го најдов она што вистински ме исполнува, а Универзумот некако ме пресретна на половина пат. И тоа е голем подарок за мене.

Ќе речете дека преку ден сте ги читале Кант и Шлајермахер, обидувајќи се да се справите со тоа, а ноќе сте седеле во клубови и, се разбира, не можете да ги направите и двете и да бидете ефективни. На крајот саботата навечер ја победи Недела наутро. Дали студиите по филозофија на Универзитетот во Чикаго имаа влијание на Вашиот пристап кон уметноста и животот?

Всушност е сосема обратно. Имав големи прашања исправени пред мене и ми требаше и сакав да продолжам да ги истражувам и да стигнам до вистинските одговори. Понекогаш нема одговори, има само прашања. Во поголемиот дел од времето, за најважните прашања во животот најчесто е така. Ја добив дипломата, го завршив образованието затоа што сакав да се здобијам со информации и тоа беше со мене цело време.

Во „Тајните се најдобрите приказни“ носите политички и социјални пораки. Дали мислите дека уметноста може да го промени светот? Дали уметниците треба да преземат општествена одговорност?

Уметноста веќе го менува светот. Така е уште од самите почетоци и знам дека колку и да постојат луѓе во светот кои ќе изберат да дојдат на концерт, сакам да им кажам и да пејам за нив... да им ја пренесам најважната можна порака која можам да ја дадам. Исто како што сакам да пејам најдобро што можам за нив, исто како што сакам било кое друго искуство да биде најдоброто што може. Но, јас сум исто така човечко битие кое живее во овој свет, а трагедиите и хорорите се исто толку реални колку што се инспирациите и убавите аспекти, како пријателство, љубов... Затоа сметам дека би било многу погрешно да се игнорира она што другите луѓе го преживуваат. Исто како што би било погрешно да се игнорира неверојатно инспиративниот аспект да се биде жив. Сето тоа е дел од животот. Ако можам да бидам на страната на луѓето кои биле повредени и ако можам да сторам било што за да им помогнам, ако можам да бидам на страната на губитниците, со се што можам да направам, а мојата дарба е да пејам и да пишувам стихови - сето тоа морам да го користам многу одговорно

Одржувате и мастер класови. Што е она што најмногу би сакале да им порачате, да им пренесете на своите помлади колеги?

Сметам дека најважно нешто во животот е да го пронајдете она во што сте вљубени. Ако сте вљубени во музиката, тогаш дајте се од себе, целото свое време и посветете го целиот свој живот за да имате колку што е можно повеќе време за музика. Жртвувајте се за неа, бидете дисциплинирани, почуствувајте ја, експериментирајте со неа за да дознаете се за неа. И што и да е она во вашиот живот, што го има овој аспект,  тоа е она за кое треба да се определите. Ако е музиката-тоа е одлично, ако е нешто друго, тогаш тоа најверојатно ќе ве пронајде и ќе ве насочи. Ако имате доволно среќа да имате нешто што толку многу сте вљубени во него тогаш тоа треба да го следите.  Музиката бара многу време, не е лесно и заслужува целосно посветување и личен прогрес, без оглед дали говориме стриктно за музиката или како за човечко битие. Секој од нас мора да биде подобар човек, или да свирите подобро, треба да бидете подобар музичар, ако сте историчар треба повеќе да истражувате, да учите, да бидете смирени и така преку вашата професија да го живеете животот. Се она што вреди најмногу за вас во вашиот живот ќе го бара сето ова од вас.

Разговараше: Невена Поповска

The post Уметноста веќе го менува светот appeared first on Република.

]]>

Еден од најдобрите џез вокали на сите времиња, двократниот добитник на Греми награда, Курт Елинг, вечерва настапува со Националниот џез оркестар во Скопје. За него „Њујорк Тимес“ ќе напише дека токму тој е „извонредниот машки џез-вокал на нашето време“, а според „Вашингтон Пост,“ „oд средината на 1990-тите, ниту еден џез-пејач не бил толку смел, динамичен или интересен како Курт Елинг”, додека ББС Артс оценува дека тој „… ја турка напред уметноста на џез пеењето, повеќе од било кој друг машки изведувач од неговата генерација“. Елинг има вкупно десет номинации за Греми награди, од кои има освоено две за најдобар вокален џез албум за изданијата Dedicated to you (2009) и Secrets are the best story (2021). Во текот на својата кариера соработува и снима со Вејн Шортер, Данило Перез, Дејвид Амрам, Ренди Бахман, Боб Белден, Џоан Бракин, Оскар Браун Џуниор, Џоди Кристијан, Били Корган, Орберт Дејвис, Џорџ Фримен, Бади Гај, Јон Хендрикс, Чарли Хантер, Боб Минцер, Бред Мелдау, Ли Ритенур, Џон Пицарели и Боб Шепард. Покрај неговиот бенд со кој најчесто настапува, Курт Елинг бил и член на Квартетот на Бранфорд Марсалис. Доколку на првите албуми композициите повеќе наликуваат на класичните џез стандарди, звукот на Елинг во последните години добива димензија плус, внесувајќи екстраваганција во музичкиот израз и експериментирајќи со класичните џез музички форми. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин. Курт Елинг е првенствено познат како истакнат џез вокал и композитор кој има издадено неколку албуми, привлекувајќи признание од критиката и добивајќи престижни награди меѓу кои Греми. Академското образование на Елинг е подеднакво импресивно. Тој има дипломи по музика и историја и завршени магистерски студии по филозофија на Универзитетот во Чикаго, кои несомнено влијаеле на неговиот пристап кон уметноста и животот. Настапувал во интимни џез клубови до големи концертни сали и престижни фестивали, Елинг остава неизбришлива трага на глобалната музичка сцена со настапи во живо кои пленат со својата наелектризирана енергија и емоционална длабочина. Има реализирано повеќе турнеи низ Европа, во градовите познати по своите богати џез традиции како Париз, Лондон, Берлин и Копенхаген; концерти низ Азија, меѓу кои концертите во Токио, Сеул и Шангај, настапи на главните џез фестивали во Австралија, Јужна Америка, концерти во Средниот Исток – Обединетите Емирати и Израел, и секако безброј концерти низ САД. Во текот на неговата кариера, Елинг соработува со бројни истакнати музичари, опфаќајќи различни жанрови. Неговата разновидност и подготвеност да истражува нови музички територии доведуваат до некои револуционерни соработки меѓу кои соработките со познатиот саксофонист Бранфорд Марсалис на албумот „Upward Spiral“ (2016) награден со Греми; соработката со џез гитаристот Чарли Хантер на албумот „The Messenger“ (1997), соработката со пијанистот Фред Херш и албумот „Leaves of Grass“ (2009), инспириран од поезијата на Волт Витман; соработката со Дејв Холанд Биг бенд на албумот „What Goes Around“ (2002); соработката со саксофонистот и кларинетист, добитник на Греми, Пакито Д'Ривера, и секако, соработката со пијанистот Лоренс Хобгуд, долгогодишен соработник на Курт Елинг, негов музички директор и главен придружник долги години. Нивното партнерство донесе неколку познати албуми, вклучувајќи ги „The Messenger“ (1997) и „Man in the Air“ (2003). Покрај музиката, Курт Елинг е и ликовен уметник, поет, еко-активист, и едукатор. Тој денеска помеѓу тонската проба со Националниот џез оркестар и вечерашниот концерт издвои време и се согласи на ексклузивен разговор. Прв пат сте во Скопје и ќе настапите со Националниот џез оркестар. Сте настапувале во интимни џез клубови до големи концертни сали и престижни фестивали. Какви се Вашите впечатоци од пробата? Од салата? Музичарите? Како дојде до оваа соработка?
Мислам дека ова е прв пат да соработувам со Националниот џез оркестар. Имав прилика да запознам дел од музичарите претходно во Загреб во салата „Лисински“. Среќен сум што се сретнувам повторно со старите пријатели, но секогаш сум среќен и кога создавам нови пријателства. Многу сум задоволен од пробата, одлично се подготвени, како оркестар одговорија на секое барање, веднаш реагирааш, бргу ги разбираат идеите, едноставно ја направија мојата работа многу, многу лесна и убеден сум дека вечерва ќе имаме одличен концерт.
Имате вкупно десет номинации за Греми награди, од кои сте освоиле две награди за најдобар вокален џез албум за изданијата Dedicated to you (2009) и Secrets are the best story (2021). Што претставуваат за Вас овие признанија ? Дали ги доживувате како обврска, поголема одговорност?
Наградите едноставно мислам дека укажуваат на тоа дека луѓето go слушаат oнa што го работам. Секогаш сум среќен кога публиката е полна со енергија и исполнета од она што им го презентирам. Моја задача е нивните надежи или очекувања да ги исполнам и да се обидам да пејам се подобро секоја вечер.
Љубовта кон музиката сте ја стекнале преку Вашиот татко. Како изгледаше тоа вљубување со оглед на фактот дека како мал сте сакале да бидете полицаец и да јавате коњ во Чикаго, подоцна студирате Философија, а имате диплома по Историја. Како музиката изби во прв план?
Едноставно мислам дека не бев добар во ништо друго. Музичарите од чикашката сцена додека учев ме охрабруваа и ме тераа да работам понапорно, Јас пак, се трудев да бидам подобар за да ги натерам повторно да ме викнат да настапувам со нив. Ова е мојата вокација и многу сум среќен што ја најдов мојата цел, го најдов она што вистински ме исполнува, а Универзумот некако ме пресретна на половина пат. И тоа е голем подарок за мене.
Ќе речете дека преку ден сте ги читале Кант и Шлајермахер, обидувајќи се да се справите со тоа, а ноќе сте седеле во клубови и, се разбира, не можете да ги направите и двете и да бидете ефективни. На крајот саботата навечер ја победи Недела наутро. Дали студиите по филозофија на Универзитетот во Чикаго имаа влијание на Вашиот пристап кон уметноста и животот?
Всушност е сосема обратно. Имав големи прашања исправени пред мене и ми требаше и сакав да продолжам да ги истражувам и да стигнам до вистинските одговори. Понекогаш нема одговори, има само прашања. Во поголемиот дел од времето, за најважните прашања во животот најчесто е така. Ја добив дипломата, го завршив образованието затоа што сакав да се здобијам со информации и тоа беше со мене цело време.
Во „Тајните се најдобрите приказни“ носите политички и социјални пораки. Дали мислите дека уметноста може да го промени светот? Дали уметниците треба да преземат општествена одговорност?
Уметноста веќе го менува светот. Така е уште од самите почетоци и знам дека колку и да постојат луѓе во светот кои ќе изберат да дојдат на концерт, сакам да им кажам и да пејам за нив... да им ја пренесам најважната можна порака која можам да ја дадам. Исто како што сакам да пејам најдобро што можам за нив, исто како што сакам било кое друго искуство да биде најдоброто што може. Но, јас сум исто така човечко битие кое живее во овој свет, а трагедиите и хорорите се исто толку реални колку што се инспирациите и убавите аспекти, како пријателство, љубов... Затоа сметам дека би било многу погрешно да се игнорира она што другите луѓе го преживуваат. Исто како што би било погрешно да се игнорира неверојатно инспиративниот аспект да се биде жив. Сето тоа е дел од животот. Ако можам да бидам на страната на луѓето кои биле повредени и ако можам да сторам било што за да им помогнам, ако можам да бидам на страната на губитниците, со се што можам да направам, а мојата дарба е да пејам и да пишувам стихови - сето тоа морам да го користам многу одговорно
Одржувате и мастер класови. Што е она што најмногу би сакале да им порачате, да им пренесете на своите помлади колеги?
Сметам дека најважно нешто во животот е да го пронајдете она во што сте вљубени. Ако сте вљубени во музиката, тогаш дајте се од себе, целото свое време и посветете го целиот свој живот за да имате колку што е можно повеќе време за музика. Жртвувајте се за неа, бидете дисциплинирани, почуствувајте ја, експериментирајте со неа за да дознаете се за неа. И што и да е она во вашиот живот, што го има овој аспект,  тоа е она за кое треба да се определите. Ако е музиката-тоа е одлично, ако е нешто друго, тогаш тоа најверојатно ќе ве пронајде и ќе ве насочи. Ако имате доволно среќа да имате нешто што толку многу сте вљубени во него тогаш тоа треба да го следите.  Музиката бара многу време, не е лесно и заслужува целосно посветување и личен прогрес, без оглед дали говориме стриктно за музиката или како за човечко битие. Секој од нас мора да биде подобар човек, или да свирите подобро, треба да бидете подобар музичар, ако сте историчар треба повеќе да истражувате, да учите, да бидете смирени и така преку вашата професија да го живеете животот. Се она што вреди најмногу за вас во вашиот живот ќе го бара сето ова од вас.
Разговараше: Невена Поповска

The post Уметноста веќе го менува светот appeared first on Република.

]]>
„Литера“ на Скопје му носи културна свежина, препознатливост и пред сè квалитет https://republika.mk/vesti/kultura/litera-na-skopje-mu-nosi-kulturna-svezhina-prepoznatlivost-i-pred-se-kvalitet/ Wed, 15 May 2024 09:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=778181

„Литера“ е на сите, на публиката, на уметниците, на издавачите и на секој кој има што да покаже и каже во областа, вели Софија Семенпеева - Трајановска, основач и директор на фестивалот за литература и илустрација за деца и млади „Литера“, кој почнува денеска и ќе трае до 18 мај во Скопје. Настаните ќе се одржуваат во Младинскиот културен центар (МКЦ), а Турција е земја во фокусот.

Од „Литера“ најавуваат изложби на гостите илустратори Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и разговор со авторката Зејнеп Севде Паксу. Ќе се организира и изложба во чест на претходниот добитник на наградата „Литера“, на која ќе биде претставен илустраторскиот опус на Наташа Андонова, која е авторка на плакатот на годинашното издание на „Литера“. Првпат ќе се одржи и Саем на сликовници и литература за деца и млади...

„Литера“ станува сериозен бренд на градот Скопје. Со тоа и обврските се сè поголеми и организациски и финасиски, вели во интервју за „Република“ Семенпеева- Трајановска, која е графички дизајнер со долгогодишно професионално искуство во делот на маркетингот и визулените комуникации.

Има работено на голем број корпоративни проекти, како и на проекти од областа на културата и општествената одговорност. Особено значајни за изградба на нејзиното професионално искуство и портфолио е ангажманот на проекти како ИФФК „Браќа Манаки“, фестивалот МакеДокс и креирањето маркетинг кампањи за познати домашни компании. Како основач и сопственик на Центарот за визулени комуникации Ефектива, таа е идеен творец и двигател на повеќе проекти како „Литера“, Skopje Street Music Festival, серијата настани „Остави го таблетот, симни се пред зграда“ и други.

Пред нас е шестото издание на Меѓународниот фестивал за Литература и илустрација за деца „Литера“ Кога ќе погледнете назад, дали сте задоволни од она што досега го сработивте?

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Кога нешто создавате од почеток со секој следен чекор се учи, така и ние. „Литера“ е фестивал кој од година во година станува сè подобар и поуспешен. Станува сериозен бренд на градот Скопје. Со тоа и обврските се сè поголеми и организациски и финасиски. Се бориме да создадеме сериозен фестивал. Тимот на „Литера“ го става „срцето на терен“ сите имаме ентузијазам и се трудиме да го покажеме во најдобро светло и најважно делата погласно зборуваат од нас. Тоа е суштината. Задоволна сум и презадоволна, секогаш може подобро, ама со оглед на тоа што го имаме, ентузијазмот и посветеноста не доведоа до шестото издание на „Литера“. Се додека имаме љубов во себе за да создаваме големи работи кои обединуваат култура, уметност, ќе креираме оригинални концепти и содржини на можеби единствениот од ваков тип фестивал кај нас и во регионот. Имаме визија, имаме сериозна мисија и чекориме. Некогаш по стрмни угорнини, некогаш по лесни патеки, но тоа е процесот на создавањето.

Секое издание на „Литера“ е богато со промоции, работилиници, изложби. За оваа година најавувате Саем на литература за деца на кој македонските издавачи ќе ги претстават своите изданија. Колку време ви беше потребно да го реализирате Саемот? 

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Самот на сликовница е од самиот почеток ни ставен во концептот. Немавме искуство и некако се плашевме низ годините да се впуштиме во оваа приказна. Годинава храбро зачекоривме, можеби скромно, но со тенденција да расте и да се развива. На фестивалот му се потребни издавачите, сакаме да сме сите на едно место во одерено време во годината. „Литера“ е на сите, на публиката, на уметниците, на издавачите и на секој кој има што да покаже и каже во областа.

Штом има Саем, значи има и издавачи на литература за деца. Какво е вашето мислење за литературата за деца која се издава во Македонија?

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Имаме сериозни дела. Годинава не случајно одиме со слоганот „Летаме заедно“, сметам дека ни фали заедништво, ни фали поголема меѓусебна соработка. Некако натпреварувањето не нè носи до поголеми цели. Многу малку треба за да се обединиме со иста цел. Литературата за деца станува побогата секоја година, се пишува, се твори, на сцена излегуваат постојано нови имиња и сè што можам да кажам е дека Македонија има квалитетни имиња кои заслужуваат да излезат и надвор од границите, да бидат преведувани на светски јазици и конечно авторите и воопшто уметниците да бидат валоризирани како што доликува. Македонија е земја богата историја, традиција, култура која заслужува да биде раскажувана и прераскажувана. Најубавите приказни доаѓаат од малите земји. Верувам дека доаѓаат се подобри времиња кога е во прашање литературата за деца и млади.

Ако литературата за деца кај нас доживува ренесанса, може ли да говориме дека Саемот кој го организирате оваа година може и би требало да стане традиционален? Верувам дека сте го посетиле и оттаму црпите и идеи од Саемот за книги за деца во Болоња.

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Не би рекла дека литературата за деца доживува ренесанса, имало и досега квалитетна литературата во корелација со генерациите и времето во која се објавувала. Сега на овие генрации им се потребни можеби поинакви формати на приказни, меѓутоа суштината е иста, сепак истите вредности остануваат да важат и да едуцираат. Околу визуелниот дел, тој се менува во однос на стиловите кои преовладуваат во определен период. Секое време си носи и свои визуелен печат. Болоња е наша инспирација, тоа е она кон кое што се стремиме. На едно место да донесеме издавачи, автори, илустратори, графичари, преведувачи од целиот регион, па и од Европа е цел која би сакале да ја реализираме во блиска иднина. Фестивалот допрва ќе расте и ќе се развива, имаме огромен потенцијал, штета е да не се искористи тоа.

[caption id="attachment_778190" align="alignnone" width="516"] Литературата за деца станува побогата секоја година, вели Семенппеева - Трајановска[/caption]

Што е она што може да се издвои од македонската литературата за деца во однос на останатите? Тука, секако мислам и на македонските илустратори, што може ние да му понудиме на светот?

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Македонската литературата е навистина автентична, во голем дел се приклонува на културното наследство од кое црпи инспирација и тоа е еден добар правец кон кој треба да се држиме, како што тоа го прави и светот. Секогаш кога остануваш доследен на корените и на она што те формира е сигурен пат до успехот, не можеш да промашиш. Илустрацијата и уметноста може да се носи рамо до рамо со светски имиња од оваа област. Уметноста ни е запишана во гените, ако ги погледнеме материјалните докази од пред неколку векови, од изработка на носии, колорит, дезени, ако ги погледнеме современите книги за деца гледаме дека ни малку не изостануваме пред светот. Оваа земја е лулка на културата, врз која почиваат и многу други.

Често истакнувате дека илустрацијата е клучот за градење на визулената култура. Вложувате многу напор организирајќи ја „Литера“ со цел уметноста да ја доближите до децата кои го посетиле Фестивалот. Макар и едно од нив еден ден да стане писателл или илустратор сте ја постигнале целта. Како Вие ја дожувавате „Литера“?

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Градењето на идна публика, развивање на читателски вештини, развојот на креативноста кај децата од мали е нозе се точки на кои посветуваме големо внимание. Многу труд вложуваме во децата. Важно е со каква визуелна култура ги растеме децата, важно е да има критериуми за квалитетна илустрација. Тоа е првиот допир на детето со визуелното. Илустрацијата како медиум најмногу допира до децата, до младите генерации и токму затоа ја потенцирам нејзината важност, како клучна за градење на визуелната култура. Важноста на визуелната комуникација во денешно време е од огромно значење. Живееме во ера кога визуелните приказни се единствените приказни на кои реагираат младите и нивната генерација. Опкружени сме со голем број визуелни информации и многу е важен квалитетот. Како маркетинг агенција секогаш се стремиме на компаниите да им објаснеме дека клучот е во квалитетна визуелна комуникација. Сите тие слики ја градат големата слика за нашето општество. Сите заедно креираат визуелна култура на нашата држава. Наше брендирање внатре, но и сликата за надвор.

Оваа година земја во фокусот на „Литера“ е Турција, а гости на Фестивалот ќе бидат Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Зејнеп Севде, современи автори и илустратори за деца. За пошироката поублика можеби помалку познати, но за оние кои се бават со оваа уметност, знаат дека Турицја има голем потенцијал и пазар за литература за деца. Што ќе им понудат тие на посетитетите?

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Гизем Ѓозде Учар и Зејнеп Севде доаѓаат како специјални гости од Турција на „Литера“. Тие во склоп на фестивалот ќе одржат мастеркласови, работилници и посетителите ќе имаат можност да поразговараат со нив, да се запознаат со нивната работа и да научат нешто околу илустрацијата. Гизем Ѓозде Учар ќе одржи мастерклас на 16 мај со почеток во 10 часот во МКЦ, каде се одвива целиот фестивал. На мастеркласот таа ќе покаже како се раскажува приказна преку цртежи. Зејнеп Севде истиот ден во 12 часот ќе раскаже за нејзината работа и за книгите кои ги пишува.

Темата годинава е „Летаме заедно“, авторка на плакатот е Наташа Андонова, добитничка на наградата за најдобра илустрација на ланското издание на „Литера“. Колку што можам за забележам во фокусот, освен книгата и е градот Скопје. Дали сметате дека „Литера“ станува бренд на Скопје?

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: „Литера“ на Скопје му носи културна свежина, му носи препознатливост и му носи пред сè квалитет. „Литера“ гради мостови со различни култури, токму затоа е и меѓународен фестивал кој секоја година има различна земја во фокус со цел да се запознае македонската публика со други култури, литература и илустрација. Темата и пораката на годинашниот плакат е навистина суштинска и значајна. Сакаме секој да си ја протолкува на свој начин, но и сите да разбереме дека суштина лежи во заедништвото и меѓусебната почит и поддршка. Да изградиме слика и време кои ќе остават трага на заедништво и почит. Нашите деца да учат од нашите примери за вистински вредности.

Разговараше Александра М. Бундалевска

The post „Литера“ на Скопје му носи културна свежина, препознатливост и пред сè квалитет appeared first on Република.

]]>

„Литера“ е на сите, на публиката, на уметниците, на издавачите и на секој кој има што да покаже и каже во областа, вели Софија Семенпеева - Трајановска, основач и директор на фестивалот за литература и илустрација за деца и млади „Литера“, кој почнува денеска и ќе трае до 18 мај во Скопје. Настаните ќе се одржуваат во Младинскиот културен центар (МКЦ), а Турција е земја во фокусот. Од „Литера“ најавуваат изложби на гостите илустратори Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и разговор со авторката Зејнеп Севде Паксу. Ќе се организира и изложба во чест на претходниот добитник на наградата „Литера“, на која ќе биде претставен илустраторскиот опус на Наташа Андонова, која е авторка на плакатот на годинашното издание на „Литера“. Првпат ќе се одржи и Саем на сликовници и литература за деца и млади...
„Литера“ станува сериозен бренд на градот Скопје. Со тоа и обврските се сè поголеми и организациски и финасиски, вели во интервју за „Република“ Семенпеева- Трајановска, која е графички дизајнер со долгогодишно професионално искуство во делот на маркетингот и визулените комуникации.
Има работено на голем број корпоративни проекти, како и на проекти од областа на културата и општествената одговорност. Особено значајни за изградба на нејзиното професионално искуство и портфолио е ангажманот на проекти како ИФФК „Браќа Манаки“, фестивалот МакеДокс и креирањето маркетинг кампањи за познати домашни компании. Како основач и сопственик на Центарот за визулени комуникации Ефектива, таа е идеен творец и двигател на повеќе проекти како „Литера“, Skopje Street Music Festival, серијата настани „Остави го таблетот, симни се пред зграда“ и други. Пред нас е шестото издание на Меѓународниот фестивал за Литература и илустрација за деца „Литера“ Кога ќе погледнете назад, дали сте задоволни од она што досега го сработивте? СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Кога нешто создавате од почеток со секој следен чекор се учи, така и ние. „Литера“ е фестивал кој од година во година станува сè подобар и поуспешен. Станува сериозен бренд на градот Скопје. Со тоа и обврските се сè поголеми и организациски и финасиски. Се бориме да создадеме сериозен фестивал. Тимот на „Литера“ го става „срцето на терен“ сите имаме ентузијазам и се трудиме да го покажеме во најдобро светло и најважно делата погласно зборуваат од нас. Тоа е суштината. Задоволна сум и презадоволна, секогаш може подобро, ама со оглед на тоа што го имаме, ентузијазмот и посветеноста не доведоа до шестото издание на „Литера“. Се додека имаме љубов во себе за да создаваме големи работи кои обединуваат култура, уметност, ќе креираме оригинални концепти и содржини на можеби единствениот од ваков тип фестивал кај нас и во регионот. Имаме визија, имаме сериозна мисија и чекориме. Некогаш по стрмни угорнини, некогаш по лесни патеки, но тоа е процесот на создавањето. Секое издание на „Литера“ е богато со промоции, работилиници, изложби. За оваа година најавувате Саем на литература за деца на кој македонските издавачи ќе ги претстават своите изданија. Колку време ви беше потребно да го реализирате Саемот?  СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Самот на сликовница е од самиот почеток ни ставен во концептот. Немавме искуство и некако се плашевме низ годините да се впуштиме во оваа приказна. Годинава храбро зачекоривме, можеби скромно, но со тенденција да расте и да се развива. На фестивалот му се потребни издавачите, сакаме да сме сите на едно место во одерено време во годината. „Литера“ е на сите, на публиката, на уметниците, на издавачите и на секој кој има што да покаже и каже во областа. Штом има Саем, значи има и издавачи на литература за деца. Какво е вашето мислење за литературата за деца која се издава во Македонија? СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Имаме сериозни дела. Годинава не случајно одиме со слоганот „Летаме заедно“, сметам дека ни фали заедништво, ни фали поголема меѓусебна соработка. Некако натпреварувањето не нè носи до поголеми цели. Многу малку треба за да се обединиме со иста цел. Литературата за деца станува побогата секоја година, се пишува, се твори, на сцена излегуваат постојано нови имиња и сè што можам да кажам е дека Македонија има квалитетни имиња кои заслужуваат да излезат и надвор од границите, да бидат преведувани на светски јазици и конечно авторите и воопшто уметниците да бидат валоризирани како што доликува. Македонија е земја богата историја, традиција, култура која заслужува да биде раскажувана и прераскажувана. Најубавите приказни доаѓаат од малите земји. Верувам дека доаѓаат се подобри времиња кога е во прашање литературата за деца и млади. Ако литературата за деца кај нас доживува ренесанса, може ли да говориме дека Саемот кој го организирате оваа година може и би требало да стане традиционален? Верувам дека сте го посетиле и оттаму црпите и идеи од Саемот за книги за деца во Болоња. СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Не би рекла дека литературата за деца доживува ренесанса, имало и досега квалитетна литературата во корелација со генерациите и времето во која се објавувала. Сега на овие генрации им се потребни можеби поинакви формати на приказни, меѓутоа суштината е иста, сепак истите вредности остануваат да важат и да едуцираат. Околу визуелниот дел, тој се менува во однос на стиловите кои преовладуваат во определен период. Секое време си носи и свои визуелен печат. Болоња е наша инспирација, тоа е она кон кое што се стремиме. На едно место да донесеме издавачи, автори, илустратори, графичари, преведувачи од целиот регион, па и од Европа е цел која би сакале да ја реализираме во блиска иднина. Фестивалот допрва ќе расте и ќе се развива, имаме огромен потенцијал, штета е да не се искористи тоа. [caption id="attachment_778190" align="alignnone" width="516"] Литературата за деца станува побогата секоја година, вели Семенппеева - Трајановска[/caption] Што е она што може да се издвои од македонската литературата за деца во однос на останатите? Тука, секако мислам и на македонските илустратори, што може ние да му понудиме на светот? СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Македонската литературата е навистина автентична, во голем дел се приклонува на културното наследство од кое црпи инспирација и тоа е еден добар правец кон кој треба да се држиме, како што тоа го прави и светот. Секогаш кога остануваш доследен на корените и на она што те формира е сигурен пат до успехот, не можеш да промашиш. Илустрацијата и уметноста може да се носи рамо до рамо со светски имиња од оваа област. Уметноста ни е запишана во гените, ако ги погледнеме материјалните докази од пред неколку векови, од изработка на носии, колорит, дезени, ако ги погледнеме современите книги за деца гледаме дека ни малку не изостануваме пред светот. Оваа земја е лулка на културата, врз која почиваат и многу други. Често истакнувате дека илустрацијата е клучот за градење на визулената култура. Вложувате многу напор организирајќи ја „Литера“ со цел уметноста да ја доближите до децата кои го посетиле Фестивалот. Макар и едно од нив еден ден да стане писателл или илустратор сте ја постигнале целта. Како Вие ја дожувавате „Литера“? СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Градењето на идна публика, развивање на читателски вештини, развојот на креативноста кај децата од мали е нозе се точки на кои посветуваме големо внимание. Многу труд вложуваме во децата. Важно е со каква визуелна култура ги растеме децата, важно е да има критериуми за квалитетна илустрација. Тоа е првиот допир на детето со визуелното. Илустрацијата како медиум најмногу допира до децата, до младите генерации и токму затоа ја потенцирам нејзината важност, како клучна за градење на визуелната култура. Важноста на визуелната комуникација во денешно време е од огромно значење. Живееме во ера кога визуелните приказни се единствените приказни на кои реагираат младите и нивната генерација. Опкружени сме со голем број визуелни информации и многу е важен квалитетот. Како маркетинг агенција секогаш се стремиме на компаниите да им објаснеме дека клучот е во квалитетна визуелна комуникација. Сите тие слики ја градат големата слика за нашето општество. Сите заедно креираат визуелна култура на нашата држава. Наше брендирање внатре, но и сликата за надвор. Оваа година земја во фокусот на „Литера“ е Турција, а гости на Фестивалот ќе бидат Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Зејнеп Севде, современи автори и илустратори за деца. За пошироката поублика можеби помалку познати, но за оние кои се бават со оваа уметност, знаат дека Турицја има голем потенцијал и пазар за литература за деца. Што ќе им понудат тие на посетитетите? СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Гизем Ѓозде Учар и Зејнеп Севде доаѓаат како специјални гости од Турција на „Литера“. Тие во склоп на фестивалот ќе одржат мастеркласови, работилници и посетителите ќе имаат можност да поразговараат со нив, да се запознаат со нивната работа и да научат нешто околу илустрацијата. Гизем Ѓозде Учар ќе одржи мастерклас на 16 мај со почеток во 10 часот во МКЦ, каде се одвива целиот фестивал. На мастеркласот таа ќе покаже како се раскажува приказна преку цртежи. Зејнеп Севде истиот ден во 12 часот ќе раскаже за нејзината работа и за книгите кои ги пишува. Темата годинава е „Летаме заедно“, авторка на плакатот е Наташа Андонова, добитничка на наградата за најдобра илустрација на ланското издание на „Литера“. Колку што можам за забележам во фокусот, освен книгата и е градот Скопје. Дали сметате дека „Литера“ станува бренд на Скопје? СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: „Литера“ на Скопје му носи културна свежина, му носи препознатливост и му носи пред сè квалитет. „Литера“ гради мостови со различни култури, токму затоа е и меѓународен фестивал кој секоја година има различна земја во фокус со цел да се запознае македонската публика со други култури, литература и илустрација. Темата и пораката на годинашниот плакат е навистина суштинска и значајна. Сакаме секој да си ја протолкува на свој начин, но и сите да разбереме дека суштина лежи во заедништвото и меѓусебната почит и поддршка. Да изградиме слика и време кои ќе остават трага на заедништво и почит. Нашите деца да учат од нашите примери за вистински вредности. Разговараше Александра М. Бундалевска

The post „Литера“ на Скопје му носи културна свежина, препознатливост и пред сè квалитет appeared first on Република.

]]>
Државата мора да се грижи за своите најзначајни институции, а Филхармонија е на врвот на таа листа https://republika.mk/vesti/kultura/drzhavata-mora-da-se-grizhi-za-svoite-najznachajni-institutsii-a-filharmonija-e-na-vrvot-na-taa-lista/ Mon, 29 Apr 2024 09:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=772124

Ангелина Димоска – Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија. Дипломирала на отсекот по музикологија на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на Сотир Голабовски, а како новинар и музички критичар работела во весниците „Вечер“ и „Време“ како новинарка и музичка рецензентка и во Третата програма на Македонското радио. Од 2006 година работи во ребрендираното издание на првиот македонски дневен весник „Нова Македонија“ како новинарка и музичка рецензентка. На страниците за култура на редакциите на „Вечер“, „Време“ и на „Нова Македонија“ постојано објавува рецензии за концерти од областа на класичната музика, голем број интервјуа со домашни и странски уметници, како и проблемски, есеистички и текстови со социјален контекст врзани за актуелните случувања на домашната и на светската музичка сцена. Објавувала текстови и рецензии во специјализираното музичко списание „Музика“, во „Културен живот“ и во списанието „Театарски гласник“, во кое објавува осврти на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Коавторка е и на електронската книга „Мали портрети на седум големи композитори“ во издание на ЦЕМ, објавена во 2015 година, посветена на автори што ѝ припаѓаат на средната генерација македонски композитори. На третиот конкурс за музиколошки трудови, СОКОМ го откупи нејзиниот труд „Јана Андреевска – првата македонска композиторка“, во коавторство со музикологот Тина Иванова.
Со Димоска, која досега беше ангажирана да работи како советничка за односи со јавноста и маркетинг во Македонската филхармонија, разговаравме за значајниот јубилеј што го слави Филхармонија-80 години постоење, односот на државата кон културата, меѓународни гостувања, концерти за деца, досегашните искуства од позицијата на која неодамна беше назначена...

Неодамна бевте назначена за в.д. директорка на Филхармонија. Станува збор за респектабилна и многу значајна културна институција. Какви предизвици Ви донесе оваа функција, која секако претставува и гордост и обврска?

Во изминатиов период, краток, но исклучително интензивен се соочив со многу предизвици, проблеми и нерешени ситуации кои биле ставени под „тепих“ во изминативе години. Бев назначена за в.д. директорка кога започна предизборниот процес, а со тоа беа закочени и голем дел од активностите на нашата институција. Не можев да потпишувам нови договори, да реализирам низа веќе отпочнати работи. За среќа, имам целосна поддршка од вработените во институцијата, од нашите надворешни соработници кои и во овој „замрзнат“ период работеа со полна пареа за да може да се одвива и непречено да тече работниот процес во нашата институција. Искрено, дoколку ја немав поддршката од вработените, никогаш немаше да ja прифатам оваа функција, зошто во нашата држава овие позиции се строго политички.

Филхармонија е најстара институција во земјата, во ноември ќе одбележи значаен јубилеј – осумдесет години од формирањето. Со каква програма ќе ја одбележите роденденската сезона?

Кога бев назначена за в.д директорка на институцијата, пред неполни три месеци, програмата за 2025 година беше целосно празна. Не беше договорен ниту еден концерт, ниту еден солист и диригент. Филхармониските оркестри во светот во моментов работат на планирање на своите сезони за 2026, 2027 година. Заедно со уметничкиот совет и со нашиот нов шеф диригент, маестро Јерухам Шаровски за овие неполни три месеци успеавме да направиме репрезентативна програма исполнета со настапи на врвни солисти и диригенти, изведби на нови композиции, но и на капитални музички дела кои оддамна не прозвучеле на нашата сцена. Уметничкиот совет е новина во нашата институција, составен е од концерт мајстори, водачи на групи, инструменталисти во оркестарот, продуценти и секако маестро Шаровски, кој несебично, без никаков финансиски надомест ни помогна во дефинирањето на програмскиот концепт и контактите со одредени солисти и диригенти. Секој член на уметничкиот совет има своја заслуга за програмата која ќе биде составен дел од нашата јубилена сезона. Сите посветено работеа на нејзиното креирање, со голем ентузијазам, жар и енергија. Таа ќе биде спој на деликатно избрана програма од т.н. железен симфонски репетоар, премиерни изведби на дела од домашни композитори и ремек-дела на класичната музика презентирани од врвни домашни и странски солисти и диригенти.

Иако имавме рекордно краток временски период да ја сработиме, програмата за сезоната 2024/2025 година интегрално ќе ја објавиме уште во јуни, како сите останати симфониски оркестри во светот. Практика која последниве неколку години беше подзаборавена во нашата институција.

Државата треба да покаже поголем интерес за културата, а во таа насока и за нејзините најзначајни институции, каква што несомнено е Македонската филхармонија. Имате ли доволно финансиски средства за да ја реализирате јубилејната сезона 2024/2025?

Креирањето на програмата е мошне комплесен процес, на нашите концерти, секој четврток доаѓаат странски солисти и диригенти. Голем дел од нив имаат згуснати концертни агенди и се букирани неколку години однапред. Програмата мора да се планира најмалку две години однапред, а тоа е тешко изводливо зошто нејзиното планирање е директно условено од буџетот кој ни го дава секоја година Министерството за култура, а тој од година в година е се помал. Најдобрите солисти и диригенти чинат пари, а со средствата кои ги добиваме едвај покриваме половина од нашата концертна сезона. Буџетот кој го добивме за 2024 година ќе го потрошиме со последниот концерт на отворено во Градскиот парк, а ни останува за реализација најзначајниот дел од годината – почетокот на новата роденденска сезона во октомври. Основоположникот на нашата институција, композиторот Тодор Скаловски, во една прилика, кога бил директор на Македонската филхармонија му го оставил клучот од институцијата на маса на тогашниот претседател Лазар Колишевски бидејќи не сакал да обезбеди средства за ангажирање нови членови во оркестарот. „Нема оркестар, нема музика, нема држава“, му рекол Скаловски на претседателот Колишевски. Со истите проблеми се соочуваме осумдесет години. Институцијата има потреба од нови вработувања, нови инструменти, има потреба од сериозен третман и однос од страна на државата. Државата мора да се грижи за своите најзначајни институции од културата, а Македонската филхармонија е на врвот на таа листа.

Од оваа година Филхармонија има и нов шеф диригент, маестро Јерухам Шаровски од Израел. Колку е важна оваа уметничка позиција за еден симфониски оркестар?

Улогата на шеф диригентот е многу важна за развојот на секој симфониски оркестар. Сите оркестри во светот имаат шеф диригенти кои се менуваат на две, на четири години... Тие интензивно работат со музичарите на подобрување на нивните изведувачки капацитети, сугерираат програма која одговора на сензибилитетот на оркестарот. Маестро Шаровски легитимно беше избран со најголем број гласови на тајно гласање од страна на музичарите, минатата година, кога беше потпишан и договорот. За првпат во историјата на институцијата, музичарите сами избраа шеф диригент, што е голем исчекор, бидејќи нивното искуство од работата со диригентите е клучно за оваа уметничка позиција. Шаровски одлично го познава оркестарот, тој е наш долгогодишен соработник и пријател и има одлични релации во музичарите. Со него ќе ја затвориме концертната сезона на 23 мај со изведба на две генијални дела од Бетовен – увертирата „Егмонт“ и Концертот за пијано и оркестар бр. 3 во це-мол и маестралното дело на Римски-Корсаков, егзотичната симфониска суита „Шехерзада“. Во роденденската сезона 2024/2025 публиката ќе има можност да проследи повеќе концерти со овој врвен диригент, кој има импресивна биографија и долга листа на настапи со најдобрите светски оркестри.

Меѓународните гостувања се многу важни за уметниците. Тие претставуваат нивна промоција, но и проширување на нивните изведувачки перформанси и светогледи. Дали Македонската филхармонија наскоро ќе гостува на некоја сцена во странство?

И ова прашање е директно врзано со државата, односно со нашето ресорно Министерство, бидејќи за да гостува нашиот оркестар во странство потребни се финаниски средства. Како државна институција, нашата агенда комплетно е условена и зависна од одлуките кои ги носи Министерството за култура. Гостувањата се исклучително важни за музичарите, но и за државата, бидејќи не постои подобра промоција од уметничката. Уметниците се нејзини најголеми амбасадори и промотори во светот. Нашиот шеф диригент, маестро Шаровски иницира неколку потенцијални гостувања, ќе видиме што ќе може да се реализира во иднина. Преговараме за концерти во Турција, а добивме покана и од нашиот амбасадор во Израел, г-дин Шпенд Садики да настапиме во Тел Авив на 8 септември 2025 година на концерт кој ќе биде составен дел од активностите кои се планираат по повод 30 -годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Израел. Планови има, желба за нивна реализација постои. Но, за жал, тие не зависат само од нас.

Уште колку концерти останаа до крајот на оваа концертна сезона?

Во официјалниот дел од сезоната останаа уште два концерти – настапот на виолинистот Роман Симовиќ со диригентот Даниел Рајскин на 16 мај и затворањето на сезоната на 23 мај со маестро Јерухам Шаровски и врвниот турски пијанист Фазил Сај. На 11 мај имаме премиера на концертот за деца „Симфонија од дивината“ работен по текст и музика на познатиот бестселер писател Ден Браун, а во јуни се двата концерти со учениците од Државните музички училишта и со студентите од ФМУ. На 20 јуни е традиционалниот концерт на отворено во Градскиот парк на кој ќе биде изведена класична музика употребена како илустрација во кинематографските остварувања на генијалниот Стенли Кјубрик. Не очекува возбудлива завршница, која претставува совршена антиципација на почетокот на новата јубилејна сезона во октомври.

По образование сте музиколог, сте работеле и како новинарка и музички критичар. Долго време ја следите културната сцена во земјата, посебно работата на Македонската филхармонија. Можете ли од дистанца, да ја споделите со нас вашата слика за оваа институција?

Концертите на Македонска филхармонија активно ги следам уште од средно училиште. Како студент почнав да ги пишувам и првите музички критики кои воглавно беа врзани со активностите на Филхармонија, бидејќи во тоа време немаше голема концертна активност на нашата музичка сцена. Триесет години ја следам работата на оваа институција, преку музички критики и проблемски текстови кои ги објавував во весниците во кои работев. Секогаш сум ја доживувала како еден жив организам кој се менува низ годините, старее, се подмладува, расте, паѓа, но никогаш не ја губи желбата и страста за живот. Вработените во оваа институција се големи борци, секогаш се на вистинската страна, тие се храбри и одлучни, не молчат и не трпат неправда. Како ретко кој во оваа држава се грижат за својата институција, се борат за остварување на своите права. Имаат големо срце и уште поголема љубов кон институцијата во која работат. Таа љубов безрезервно ја пренесуваат и на сцената кога свират на нашите концерти. Таа нивна борбеност од секогаш ми била фасцинантна. Ја поврзувам со енергијата и духот кои го следеа формирањето на институцијата пред осумдесесет години. Единаесет дена по ослободувањето, кога над небото во Скопје се уште надлетуваа авиони, а над главите летаа куршуми од пушки, Скаловски заедно со уште неколкумина македонски композитори ја формираа Македонската филхармонија. Тој дух, таа карма и енергија се уште се присутни кај вработените во Филхармонија. Се пренесуваат од генерација на генерација и го одржуваат во живот осумдеседеценискиот идеал за квалитетно симфониско музицирање.

Разговараше: Невена Поповска

фото: Маја Аргакиева

The post Државата мора да се грижи за своите најзначајни институции, а Филхармонија е на врвот на таа листа appeared first on Република.

]]>

Ангелина Димоска – Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија. Дипломирала на отсекот по музикологија на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на Сотир Голабовски, а како новинар и музички критичар работела во весниците „Вечер“ и „Време“ како новинарка и музичка рецензентка и во Третата програма на Македонското радио. Од 2006 година работи во ребрендираното издание на првиот македонски дневен весник „Нова Македонија“ како новинарка и музичка рецензентка. На страниците за култура на редакциите на „Вечер“, „Време“ и на „Нова Македонија“ постојано објавува рецензии за концерти од областа на класичната музика, голем број интервјуа со домашни и странски уметници, како и проблемски, есеистички и текстови со социјален контекст врзани за актуелните случувања на домашната и на светската музичка сцена. Објавувала текстови и рецензии во специјализираното музичко списание „Музика“, во „Културен живот“ и во списанието „Театарски гласник“, во кое објавува осврти на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Коавторка е и на електронската книга „Мали портрети на седум големи композитори“ во издание на ЦЕМ, објавена во 2015 година, посветена на автори што ѝ припаѓаат на средната генерација македонски композитори. На третиот конкурс за музиколошки трудови, СОКОМ го откупи нејзиниот труд „Јана Андреевска – првата македонска композиторка“, во коавторство со музикологот Тина Иванова. Со Димоска, која досега беше ангажирана да работи како советничка за односи со јавноста и маркетинг во Македонската филхармонија, разговаравме за значајниот јубилеј што го слави Филхармонија-80 години постоење, односот на државата кон културата, меѓународни гостувања, концерти за деца, досегашните искуства од позицијата на која неодамна беше назначена... Неодамна бевте назначена за в.д. директорка на Филхармонија. Станува збор за респектабилна и многу значајна културна институција. Какви предизвици Ви донесе оваа функција, која секако претставува и гордост и обврска?
Во изминатиов период, краток, но исклучително интензивен се соочив со многу предизвици, проблеми и нерешени ситуации кои биле ставени под „тепих“ во изминативе години. Бев назначена за в.д. директорка кога започна предизборниот процес, а со тоа беа закочени и голем дел од активностите на нашата институција. Не можев да потпишувам нови договори, да реализирам низа веќе отпочнати работи. За среќа, имам целосна поддршка од вработените во институцијата, од нашите надворешни соработници кои и во овој „замрзнат“ период работеа со полна пареа за да може да се одвива и непречено да тече работниот процес во нашата институција. Искрено, дoколку ја немав поддршката од вработените, никогаш немаше да ja прифатам оваа функција, зошто во нашата држава овие позиции се строго политички.
Филхармонија е најстара институција во земјата, во ноември ќе одбележи значаен јубилеј – осумдесет години од формирањето. Со каква програма ќе ја одбележите роденденската сезона?
Кога бев назначена за в.д директорка на институцијата, пред неполни три месеци, програмата за 2025 година беше целосно празна. Не беше договорен ниту еден концерт, ниту еден солист и диригент. Филхармониските оркестри во светот во моментов работат на планирање на своите сезони за 2026, 2027 година. Заедно со уметничкиот совет и со нашиот нов шеф диригент, маестро Јерухам Шаровски за овие неполни три месеци успеавме да направиме репрезентативна програма исполнета со настапи на врвни солисти и диригенти, изведби на нови композиции, но и на капитални музички дела кои оддамна не прозвучеле на нашата сцена. Уметничкиот совет е новина во нашата институција, составен е од концерт мајстори, водачи на групи, инструменталисти во оркестарот, продуценти и секако маестро Шаровски, кој несебично, без никаков финансиски надомест ни помогна во дефинирањето на програмскиот концепт и контактите со одредени солисти и диригенти. Секој член на уметничкиот совет има своја заслуга за програмата која ќе биде составен дел од нашата јубилена сезона. Сите посветено работеа на нејзиното креирање, со голем ентузијазам, жар и енергија. Таа ќе биде спој на деликатно избрана програма од т.н. железен симфонски репетоар, премиерни изведби на дела од домашни композитори и ремек-дела на класичната музика презентирани од врвни домашни и странски солисти и диригенти. Иако имавме рекордно краток временски период да ја сработиме, програмата за сезоната 2024/2025 година интегрално ќе ја објавиме уште во јуни, како сите останати симфониски оркестри во светот. Практика која последниве неколку години беше подзаборавена во нашата институција.
Државата треба да покаже поголем интерес за културата, а во таа насока и за нејзините најзначајни институции, каква што несомнено е Македонската филхармонија. Имате ли доволно финансиски средства за да ја реализирате јубилејната сезона 2024/2025?
Креирањето на програмата е мошне комплесен процес, на нашите концерти, секој четврток доаѓаат странски солисти и диригенти. Голем дел од нив имаат згуснати концертни агенди и се букирани неколку години однапред. Програмата мора да се планира најмалку две години однапред, а тоа е тешко изводливо зошто нејзиното планирање е директно условено од буџетот кој ни го дава секоја година Министерството за култура, а тој од година в година е се помал. Најдобрите солисти и диригенти чинат пари, а со средствата кои ги добиваме едвај покриваме половина од нашата концертна сезона. Буџетот кој го добивме за 2024 година ќе го потрошиме со последниот концерт на отворено во Градскиот парк, а ни останува за реализација најзначајниот дел од годината – почетокот на новата роденденска сезона во октомври. Основоположникот на нашата институција, композиторот Тодор Скаловски, во една прилика, кога бил директор на Македонската филхармонија му го оставил клучот од институцијата на маса на тогашниот претседател Лазар Колишевски бидејќи не сакал да обезбеди средства за ангажирање нови членови во оркестарот. „Нема оркестар, нема музика, нема држава“, му рекол Скаловски на претседателот Колишевски. Со истите проблеми се соочуваме осумдесет години. Институцијата има потреба од нови вработувања, нови инструменти, има потреба од сериозен третман и однос од страна на државата. Државата мора да се грижи за своите најзначајни институции од културата, а Македонската филхармонија е на врвот на таа листа.
Од оваа година Филхармонија има и нов шеф диригент, маестро Јерухам Шаровски од Израел. Колку е важна оваа уметничка позиција за еден симфониски оркестар?
Улогата на шеф диригентот е многу важна за развојот на секој симфониски оркестар. Сите оркестри во светот имаат шеф диригенти кои се менуваат на две, на четири години... Тие интензивно работат со музичарите на подобрување на нивните изведувачки капацитети, сугерираат програма која одговора на сензибилитетот на оркестарот. Маестро Шаровски легитимно беше избран со најголем број гласови на тајно гласање од страна на музичарите, минатата година, кога беше потпишан и договорот. За првпат во историјата на институцијата, музичарите сами избраа шеф диригент, што е голем исчекор, бидејќи нивното искуство од работата со диригентите е клучно за оваа уметничка позиција. Шаровски одлично го познава оркестарот, тој е наш долгогодишен соработник и пријател и има одлични релации во музичарите. Со него ќе ја затвориме концертната сезона на 23 мај со изведба на две генијални дела од Бетовен – увертирата „Егмонт“ и Концертот за пијано и оркестар бр. 3 во це-мол и маестралното дело на Римски-Корсаков, егзотичната симфониска суита „Шехерзада“. Во роденденската сезона 2024/2025 публиката ќе има можност да проследи повеќе концерти со овој врвен диригент, кој има импресивна биографија и долга листа на настапи со најдобрите светски оркестри.
Меѓународните гостувања се многу важни за уметниците. Тие претставуваат нивна промоција, но и проширување на нивните изведувачки перформанси и светогледи. Дали Македонската филхармонија наскоро ќе гостува на некоја сцена во странство?
И ова прашање е директно врзано со државата, односно со нашето ресорно Министерство, бидејќи за да гостува нашиот оркестар во странство потребни се финаниски средства. Како државна институција, нашата агенда комплетно е условена и зависна од одлуките кои ги носи Министерството за култура. Гостувањата се исклучително важни за музичарите, но и за државата, бидејќи не постои подобра промоција од уметничката. Уметниците се нејзини најголеми амбасадори и промотори во светот. Нашиот шеф диригент, маестро Шаровски иницира неколку потенцијални гостувања, ќе видиме што ќе може да се реализира во иднина. Преговараме за концерти во Турција, а добивме покана и од нашиот амбасадор во Израел, г-дин Шпенд Садики да настапиме во Тел Авив на 8 септември 2025 година на концерт кој ќе биде составен дел од активностите кои се планираат по повод 30 -годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Израел. Планови има, желба за нивна реализација постои. Но, за жал, тие не зависат само од нас.
Уште колку концерти останаа до крајот на оваа концертна сезона?
Во официјалниот дел од сезоната останаа уште два концерти – настапот на виолинистот Роман Симовиќ со диригентот Даниел Рајскин на 16 мај и затворањето на сезоната на 23 мај со маестро Јерухам Шаровски и врвниот турски пијанист Фазил Сај. На 11 мај имаме премиера на концертот за деца „Симфонија од дивината“ работен по текст и музика на познатиот бестселер писател Ден Браун, а во јуни се двата концерти со учениците од Државните музички училишта и со студентите од ФМУ. На 20 јуни е традиционалниот концерт на отворено во Градскиот парк на кој ќе биде изведена класична музика употребена како илустрација во кинематографските остварувања на генијалниот Стенли Кјубрик. Не очекува возбудлива завршница, која претставува совршена антиципација на почетокот на новата јубилејна сезона во октомври.
По образование сте музиколог, сте работеле и како новинарка и музички критичар. Долго време ја следите културната сцена во земјата, посебно работата на Македонската филхармонија. Можете ли од дистанца, да ја споделите со нас вашата слика за оваа институција?
Концертите на Македонска филхармонија активно ги следам уште од средно училиште. Како студент почнав да ги пишувам и првите музички критики кои воглавно беа врзани со активностите на Филхармонија, бидејќи во тоа време немаше голема концертна активност на нашата музичка сцена. Триесет години ја следам работата на оваа институција, преку музички критики и проблемски текстови кои ги објавував во весниците во кои работев. Секогаш сум ја доживувала како еден жив организам кој се менува низ годините, старее, се подмладува, расте, паѓа, но никогаш не ја губи желбата и страста за живот. Вработените во оваа институција се големи борци, секогаш се на вистинската страна, тие се храбри и одлучни, не молчат и не трпат неправда. Како ретко кој во оваа држава се грижат за својата институција, се борат за остварување на своите права. Имаат големо срце и уште поголема љубов кон институцијата во која работат. Таа љубов безрезервно ја пренесуваат и на сцената кога свират на нашите концерти. Таа нивна борбеност од секогаш ми била фасцинантна. Ја поврзувам со енергијата и духот кои го следеа формирањето на институцијата пред осумдесесет години. Единаесет дена по ослободувањето, кога над небото во Скопје се уште надлетуваа авиони, а над главите летаа куршуми од пушки, Скаловски заедно со уште неколкумина македонски композитори ја формираа Македонската филхармонија. Тој дух, таа карма и енергија се уште се присутни кај вработените во Филхармонија. Се пренесуваат од генерација на генерација и го одржуваат во живот осумдеседеценискиот идеал за квалитетно симфониско музицирање.
Разговараше: Невена Поповска фото: Маја Аргакиева

The post Државата мора да се грижи за своите најзначајни институции, а Филхармонија е на врвот на таа листа appeared first on Република.

]]>