инспекции Archives - Република https://republika.mk/tema/inspekcii/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jul 2024 12:56:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инспекции Archives - Република https://republika.mk/tema/inspekcii/ 32 32 По укинување на факултетот на Мерко, можно е затворање и на други https://republika.mk/vesti/makedonija/po-ukinuvane-na-fakultetot-na-merko-mozhno-e-zatvorane-i-na-drugi/ Sat, 27 Jul 2024 12:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=800779

По укинување на приватниот факултет за здравствени науки во Струга, можно е затворање и на други. Инспектори проверуваат како работат државните и приватни факултети низ државата по пристигнати претставки за нерегуларности. МОН ќе прави увид и на издадени акредитации.

Според објавените конкурси за упис, актуелни и натаму се медицинскиот факултет, ФИНКИ, ФЕИТ, правен и економски. Од следната година МОН ќе ги дефинира квотите за упис согласно потребата на пазарот на труд.

На економскиот факултет последниве години анализата ја прават во согласност со бизнис заедницата и речиси двојно ги намалиле квотите.

Објавен е и конкурсот за легла во студентиските домови, оваа година два се реновираат па место повеќе ќе се обезбедува во ученичките домови.

The post По укинување на факултетот на Мерко, можно е затворање и на други appeared first on Република.

]]>

По укинување на приватниот факултет за здравствени науки во Струга, можно е затворање и на други. Инспектори проверуваат како работат државните и приватни факултети низ државата по пристигнати претставки за нерегуларности. МОН ќе прави увид и на издадени акредитации. Според објавените конкурси за упис, актуелни и натаму се медицинскиот факултет, ФИНКИ, ФЕИТ, правен и економски. Од следната година МОН ќе ги дефинира квотите за упис согласно потребата на пазарот на труд. На економскиот факултет последниве години анализата ја прават во согласност со бизнис заедницата и речиси двојно ги намалиле квотите. Објавен е и конкурсот за легла во студентиските домови, оваа година два се реновираат па место повеќе ќе се обезбедува во ученичките домови.  

The post По укинување на факултетот на Мерко, можно е затворање и на други appeared first on Република.

]]>
Трајковски: Ќе има и одземање стока од нерегистрирани трговци на мало https://republika.mk/vesti/makedonija/trajkovski-ke-ima-i-odzemane-stoka-od-neregistrirani-trgovtsi-na-malo/ Tue, 25 Apr 2023 08:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=633806

Ќе има и одземање роба од нерегистрирани трговци на мало, изјави за МИА, директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски, истакнувајќи дека никој не е над законот.

Од утрово екипи на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) вршат инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на ДПИ во координација со тимови на Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.

Секој што ќе ги прекршува законите, ќе одговара без селекција. Сите акции ќе продолжат интензивно и нема да застанат на цела територија. Утврдено е дека на кванташкиот пазар, а и низ цело Скопје и на цела територија, се лоцирани нерегистрирани трговци на мало. Сите што вршат нерегистрирана дејност, ќе одговараат по законите за кои е надлежен ДПИ. Постапуваме по законот за трговија. Денеска одиме по друг принцип, ќе има и одземање на роба, по законите за кои сме надлежни, нагласи тој за МИА.

Тој нагласи дека системот мора да профункционира, во интерес на сите.

Никој не може да манипулира со населението. Системот ќе функционира по сите закони. Она што е увидено при деновите на контрола, дека се појавуваат покрај увозниците и нерегистрирани трговци кои вршат дејност, по законот за трговија, ќе им биде одземена робата, додаде Трајковски.

Тој изјави дека има трговци кои се обидуваат да ги манипулираат законите и граѓаните.

The post Трајковски: Ќе има и одземање стока од нерегистрирани трговци на мало appeared first on Република.

]]>

Ќе има и одземање роба од нерегистрирани трговци на мало, изјави за МИА, директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски, истакнувајќи дека никој не е над законот. Од утрово екипи на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) вршат инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на ДПИ во координација со тимови на Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.
Секој што ќе ги прекршува законите, ќе одговара без селекција. Сите акции ќе продолжат интензивно и нема да застанат на цела територија. Утврдено е дека на кванташкиот пазар, а и низ цело Скопје и на цела територија, се лоцирани нерегистрирани трговци на мало. Сите што вршат нерегистрирана дејност, ќе одговараат по законите за кои е надлежен ДПИ. Постапуваме по законот за трговија. Денеска одиме по друг принцип, ќе има и одземање на роба, по законите за кои сме надлежни, нагласи тој за МИА.
Тој нагласи дека системот мора да профункционира, во интерес на сите.
Никој не може да манипулира со населението. Системот ќе функционира по сите закони. Она што е увидено при деновите на контрола, дека се појавуваат покрај увозниците и нерегистрирани трговци кои вршат дејност, по законот за трговија, ќе им биде одземена робата, додаде Трајковски.
Тој изјави дека има трговци кои се обидуваат да ги манипулираат законите и граѓаните.

The post Трајковски: Ќе има и одземање стока од нерегистрирани трговци на мало appeared first on Република.

]]>
Утрово инспектори на Кванташки https://republika.mk/vesti/makedonija/utrovo-inspektori-na-kvantashki/ Tue, 25 Apr 2023 07:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=633768

На Кванташки пазар Скопје во тек се инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во координација со тимови Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.

Со акцијата се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, влезено е и на Кванташки пазар, а се вршат надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови. Кај увозниците на овошје и зеленчук се контролира почитување на одлуката на Владата за дистрибуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата што ги испорачувале во јануари и февруари. Се вршат контроли и кај сите други субјекти на Каванташки за регистрирана и нерегистрирана дејност, изјави за МИА директорот на ДПИ Горан Трајковски.

Акцијата, како што најави, ќе трае во тек на целиот ден со што ДПИ ќе излезе со информација за исходот.

Согласно Законот за трговија, казните за увозниците, зависно од нивната големина, доколку се утврди непочитување на владините одлуки, се движат 800 до 10.000 евра, додека за нерегистрирана дејност покрај паричната казна е предвидено и одземање на стоката.

The post Утрово инспектори на Кванташки appeared first on Република.

]]>

На Кванташки пазар Скопје во тек се инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во координација со тимови Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.
Со акцијата се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, влезено е и на Кванташки пазар, а се вршат надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови. Кај увозниците на овошје и зеленчук се контролира почитување на одлуката на Владата за дистрибуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата што ги испорачувале во јануари и февруари. Се вршат контроли и кај сите други субјекти на Каванташки за регистрирана и нерегистрирана дејност, изјави за МИА директорот на ДПИ Горан Трајковски.
Акцијата, како што најави, ќе трае во тек на целиот ден со што ДПИ ќе излезе со информација за исходот. Согласно Законот за трговија, казните за увозниците, зависно од нивната големина, доколку се утврди непочитување на владините одлуки, се движат 800 до 10.000 евра, додека за нерегистрирана дејност покрај паричната казна е предвидено и одземање на стоката.

The post Утрово инспектори на Кванташки appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат, инвеститорите да градат според одобренијата https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-zachestenite-kontroli-na-gradilishtata-prodolzhuvaat-investitorite-da-gradat-spored-odobrenijata/ Wed, 12 Apr 2023 11:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=630159

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера беше на терен со општинските служби на градилишта во населбата Маџир Маало, информираат од локалната самоуправа.

Од општината нагласуваат дека теренските зачестени инспекторски контроли ги придружува и Герасимовски со цел да направи директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.

Веќе некој период спроведуваме зачестени инспекторски контроли на градилишта со цел да ја видиме фактичката состојба на терен. Токму поради начинот како се одвиваат градежните работи, на моја лична иницијатива, неодамна формиравме и комисија со која ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумано градење со почитување на законските прописи, вели Герасимовски.

Тој вели дека општината понекогаш се соочува со проблеми од несовесни градители, односно до локалната самоуправа да стигне барање со документација за градба и по одредени забелешки од службите по истото да биде постапено по што се добива правосилно одобрение за градба. Но, на терен да се случи да не се гради според доставената документација за која всушност е добиено одобрението.

Поради ова Герасимовски најавува зачестени инспекторски контроли и во наредниот период се со цел придржување до одобренијата за градба и безбедност при изведување на градежните работи.

The post Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат, инвеститорите да градат според одобренијата appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера беше на терен со општинските служби на градилишта во населбата Маџир Маало, информираат од локалната самоуправа. Од општината нагласуваат дека теренските зачестени инспекторски контроли ги придружува и Герасимовски со цел да направи директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.
Веќе некој период спроведуваме зачестени инспекторски контроли на градилишта со цел да ја видиме фактичката состојба на терен. Токму поради начинот како се одвиваат градежните работи, на моја лична иницијатива, неодамна формиравме и комисија со која ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумано градење со почитување на законските прописи, вели Герасимовски.
Тој вели дека општината понекогаш се соочува со проблеми од несовесни градители, односно до локалната самоуправа да стигне барање со документација за градба и по одредени забелешки од службите по истото да биде постапено по што се добива правосилно одобрение за градба. Но, на терен да се случи да не се гради според доставената документација за која всушност е добиено одобрението. Поради ова Герасимовски најавува зачестени инспекторски контроли и во наредниот период се со цел придржување до одобренијата за градба и безбедност при изведување на градежните работи.

The post Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат, инвеститорите да градат според одобренијата appeared first on Република.

]]>
Повеќе градилишта низ Центар не ги почитуваат законските прописи, увиде градоначалникот https://republika.mk/vesti/skopje/poveke-gradilishta-niz-tsentar-ne-gi-pochituvaat-zakonskite-propisi-uvide-gradonachalnikot/ Fri, 07 Apr 2023 12:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=628343

Придружуван од општинските служби, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи обиколка на неколку градилишта во општината. Општина Центар спроведува зачестени инспекциски контроли, со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.

Иако имаат уредна документација за градба, по зачестените контроли на терен увидовме дека не се почиутваат законските прописи на повеќе градилишта. Поради тие причини, на моја лична иницијатива, формиравме и нова комисија и тројно ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија ќе врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби. Тие ќе бидат одговорни да следат точно што се случува на терен, од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумана урбанизација со почитување на законите. Неуморно работам да го одржам ветувањето пред граѓаните, вели Герасимовски.

Како што е наведено во соопштението од Општина Центар, покрај контролите за дивоградби и за одвивање на градежните зафати кај легалните објекти со одобренија за градба, комуналните инспектори од Општина Центар изминатите неколку недели спроведуваа контроли согласно Законот за јавна чистота.

- На терен изведувачите се информираат за насоката градежните објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена и да не се пали и уништува смет. Инспекцијата апелира и граѓаните да се воздржат од палеље на огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат чисти и измиени тркала и да се покриени со церади, поради контрола на прашината, се наведува во соопштението.

Според извештаите од комуналната инспекција, како што посочуваат од Општина Центар, известени и контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала. Извршени се повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени три глоби на правни лица и одговорни лица, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.

The post Повеќе градилишта низ Центар не ги почитуваат законските прописи, увиде градоначалникот appeared first on Република.

]]>

Придружуван од општинските служби, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи обиколка на неколку градилишта во општината. Општина Центар спроведува зачестени инспекциски контроли, со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.
Иако имаат уредна документација за градба, по зачестените контроли на терен увидовме дека не се почиутваат законските прописи на повеќе градилишта. Поради тие причини, на моја лична иницијатива, формиравме и нова комисија и тројно ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија ќе врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби. Тие ќе бидат одговорни да следат точно што се случува на терен, од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумана урбанизација со почитување на законите. Неуморно работам да го одржам ветувањето пред граѓаните, вели Герасимовски.
Како што е наведено во соопштението од Општина Центар, покрај контролите за дивоградби и за одвивање на градежните зафати кај легалните објекти со одобренија за градба, комуналните инспектори од Општина Центар изминатите неколку недели спроведуваа контроли согласно Законот за јавна чистота. - На терен изведувачите се информираат за насоката градежните објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена и да не се пали и уништува смет. Инспекцијата апелира и граѓаните да се воздржат од палеље на огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат чисти и измиени тркала и да се покриени со церади, поради контрола на прашината, се наведува во соопштението. Според извештаите од комуналната инспекција, како што посочуваат од Општина Центар, известени и контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала. Извршени се повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени три глоби на правни лица и одговорни лица, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.

The post Повеќе градилишта низ Центар не ги почитуваат законските прописи, увиде градоначалникот appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Трикратно зголемени градежните инспекциски контроли https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-trikratno-zgolemeni-gradezhnite-inspektsiski-kontroli/ Wed, 22 Mar 2023 14:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=622461

Градежните инспекторски служби и градоначалникот Горан Герасимовски денеска во обиколка на градилиштата информираат од Општина Центар, од каде додаваат дека во изминатиот период спроведуваат зачестени инспекторски контроли, а според извештајот на градежниот инспекторат за изминатиот месец и половина изречени се 37 записници за инспекторски надзори, 10 решенија за отстранување, 10 заклучоци за дозвола за извршување како и 1 присилно административно извршување на донесено решение за отстранување.

Уште во предизборниот период ветив засилени инспекторски контроли со цел брза реакција за нелегалните и небезбедни градежни активности на градилиштата. Мојата цел е хуманото градење со почитување на законските прописи вклучувајќи ја и безбедноста на граѓаните. Токму затоа денеска излегов заедно со градежните инспектори и видам како се одвиваат градежните зафати на градилиштата. Општина Центар ќе продолжи со засилени контроли затоа апелирам до сите инвеститори да ги почитуваат законските процедури при изведување градежни работи во градилиштата но и надвор од нив, рече Герасимовски.

Покрај инспекциските контроли на градежните инспектори, на градилиштата контрола спроведе и комуналната инспекција. Согласно Законот за јавна чистота, со кои се информираат изведувачите на градежни објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена, да не се пали и уништува смет, да не се палат огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади, заради контрола на прашината.

По однос на овие одредби, комуналните инспектори спроведоа контрола на јавни површини на целата територија на Општината, по што контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала.

Општина Центар изврши и повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени 3 глоби на правни лица и одговорни лица во правните, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.

The post Герасимовски: Трикратно зголемени градежните инспекциски контроли appeared first on Република.

]]>

Градежните инспекторски служби и градоначалникот Горан Герасимовски денеска во обиколка на градилиштата информираат од Општина Центар, од каде додаваат дека во изминатиот период спроведуваат зачестени инспекторски контроли, а според извештајот на градежниот инспекторат за изминатиот месец и половина изречени се 37 записници за инспекторски надзори, 10 решенија за отстранување, 10 заклучоци за дозвола за извршување како и 1 присилно административно извршување на донесено решение за отстранување.
Уште во предизборниот период ветив засилени инспекторски контроли со цел брза реакција за нелегалните и небезбедни градежни активности на градилиштата. Мојата цел е хуманото градење со почитување на законските прописи вклучувајќи ја и безбедноста на граѓаните. Токму затоа денеска излегов заедно со градежните инспектори и видам како се одвиваат градежните зафати на градилиштата. Општина Центар ќе продолжи со засилени контроли затоа апелирам до сите инвеститори да ги почитуваат законските процедури при изведување градежни работи во градилиштата но и надвор од нив, рече Герасимовски.
Покрај инспекциските контроли на градежните инспектори, на градилиштата контрола спроведе и комуналната инспекција. Согласно Законот за јавна чистота, со кои се информираат изведувачите на градежни објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена, да не се пали и уништува смет, да не се палат огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади, заради контрола на прашината. По однос на овие одредби, комуналните инспектори спроведоа контрола на јавни површини на целата територија на Општината, по што контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала. Општина Центар изврши и повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени 3 глоби на правни лица и одговорни лица во правните, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.

The post Герасимовски: Трикратно зголемени градежните инспекциски контроли appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Ќе се преземаат сите активности за расчистување на скандалот „Нечиста крв“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-kje-se-prezemaat-site-aktivnosti-za-raschistuvanje-na-skandalot-nechista-krv/ Thu, 28 Jul 2022 11:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=534259

Премиерот Ковачевски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека владата ги презема сите потребни активности за расчистување на скандалот „Нечиста крв“, кој го обелодени Истражувачката репортерска лабораторија.

На пратеничкото прашање, зошто не е преземена поробусна операција, Ковачевски истакна дека сите државни капацитети чија задача е да преземаат мерки за конкретниот случај се ставени во функција.

Формирани се сите стручни комисии кои што ќе треба да го испитаат случајот во детали. Сите инспекторати преземаат мерки во согласност со законските надлежности. Министерот за здравство, во согласност со сите податоци кои што ќе ги добие ќе треба да ја информира владата. Доколку, врз основа на наодите на комисиите, инспекциските надзори и на податоците од другите вклучени институции се дојде до сознанија кои што алудираат на одредени неправилности, тогаш нормално е дека тие ќе бидат процесиурани соодветно на законската регулатива во државата – рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Ќе се преземаат сите активности за расчистување на скандалот „Нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Ковачевски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека владата ги презема сите потребни активности за расчистување на скандалот „Нечиста крв“, кој го обелодени Истражувачката репортерска лабораторија. На пратеничкото прашање, зошто не е преземена поробусна операција, Ковачевски истакна дека сите државни капацитети чија задача е да преземаат мерки за конкретниот случај се ставени во функција.