имунизација Archives - Република https://republika.mk/tema/imunizacija/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 11:11:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png имунизација Archives - Република https://republika.mk/tema/imunizacija/ 32 32 35 милиони деца во светот воопшто не се или само делумно се вакцинирани против мали сипаници, што е загрижувачко, вели СЗО https://republika.mk/zivot/zdravje/35-milioni-detsa-vo-svetot-voopshto-ne-se-ili-samo-delumno-se-vaktsinirani-protiv-mali-sipanitsi-shto-e-zagrizhuvachko-veli-szo/ Mon, 15 Jul 2024 11:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=796992

Имунизацијата во светот тапка во место од 2023 година, а бројот на невакцинирани деца сега е за дополнителни 2,7 милиони помалку на глобално ниво отколку пред пандемијата на коронавирусот, објавија денеска Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

Според проценките на двете организации врз основа на националните податоци за вакцинација, трендот на имунизација на децата против 14 болести укажува на потребата од забрзување на напорите и зајакнување на здравствените капацитети.

Податоците покажуваат дека бројот на деца кои примиле три дози од вакцината против дифтерија, тетанус и голема кашлица (Дитепер) во 2023 година останал непроменет на 84 проценти. Во исто време, бројот на деца кои не примиле ниту една доза од вакцината се зголеми од 13,9 милиони во 2022 година на 14,5 милиони во 2023 година.

Дополнително, уште 6,5 милиони деца не го завршија целиот циклус на имунизација и не ги примија сите три дози, што е неопходно за успешна превенција на болеста.

Повеќе од половина од невакцинираните деца живеат во 31 земја кои се карактеризираат со кревки и нестабилни средини, оптоварени со вооружени конфликти и каде пристапот до основните потреби, храна и здравствена заштита е тежок.

Знак за тревога е одложувањето на вакцинацијата против потенцијално смртоносните мали сипаници, а во моментов 35 милиони деца во светот воопшто не се или само делумно се вакцинирани против нив.

Лани, 83 проценти ја примиле првата доза од вакцината, а бројот на деца кои ја примиле третата доза незначително се зголемил на 74 отсто, што е многу помалку од 95 отсто неопходни за колективна имунизација и превенција од епидемии.

The post 35 милиони деца во светот воопшто не се или само делумно се вакцинирани против мали сипаници, што е загрижувачко, вели СЗО appeared first on Република.

]]>

Имунизацијата во светот тапка во место од 2023 година, а бројот на невакцинирани деца сега е за дополнителни 2,7 милиони помалку на глобално ниво отколку пред пандемијата на коронавирусот, објавија денеска Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ). Според проценките на двете организации врз основа на националните податоци за вакцинација, трендот на имунизација на децата против 14 болести укажува на потребата од забрзување на напорите и зајакнување на здравствените капацитети. Податоците покажуваат дека бројот на деца кои примиле три дози од вакцината против дифтерија, тетанус и голема кашлица (Дитепер) во 2023 година останал непроменет на 84 проценти. Во исто време, бројот на деца кои не примиле ниту една доза од вакцината се зголеми од 13,9 милиони во 2022 година на 14,5 милиони во 2023 година. Дополнително, уште 6,5 милиони деца не го завршија целиот циклус на имунизација и не ги примија сите три дози, што е неопходно за успешна превенција на болеста. Повеќе од половина од невакцинираните деца живеат во 31 земја кои се карактеризираат со кревки и нестабилни средини, оптоварени со вооружени конфликти и каде пристапот до основните потреби, храна и здравствена заштита е тежок. Знак за тревога е одложувањето на вакцинацијата против потенцијално смртоносните мали сипаници, а во моментов 35 милиони деца во светот воопшто не се или само делумно се вакцинирани против нив. Лани, 83 проценти ја примиле првата доза од вакцината, а бројот на деца кои ја примиле третата доза незначително се зголемил на 74 отсто, што е многу помалку од 95 отсто неопходни за колективна имунизација и превенција од епидемии.  

The post 35 милиони деца во светот воопшто не се или само делумно се вакцинирани против мали сипаници, што е загрижувачко, вели СЗО appeared first on Република.

]]>
Над 3.600 деца се имунизирани дома или им се закажани термини за вакцинација во кампањата „Од врата до врата“ https://republika.mk/zivot/zdravje/nad-3-600-detsa-se-imunizirani-doma-ili-im-se-zakazhani-termini-za-vaktsinatsija-vo-kampanata-od-vrata-do-vrata/ Sun, 17 Dec 2023 15:14:41 +0000 https://republika.mk/?p=723992

Над 3,600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација и се поделени над 7.500 информативни материјали, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата“, соопштија од Министерството за здравство.

Исто така, во рамки на оваа кампања се вакцинирани и 2.630 граѓани над 65 годишна возраст во нивните домови со вакцина против сезонски грип, кои не можеле да пристапат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина за Ковид-19.

Во кампањата беа вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови. Вкупно беа посетени 221 рурално место и 79 урбани населени места, односно вкупно 3.867 домови низ државата.

The post Над 3.600 деца се имунизирани дома или им се закажани термини за вакцинација во кампањата „Од врата до врата“ appeared first on Република.

]]>

Над 3,600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација и се поделени над 7.500 информативни материјали, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата“, соопштија од Министерството за здравство. Исто така, во рамки на оваа кампања се вакцинирани и 2.630 граѓани над 65 годишна возраст во нивните домови со вакцина против сезонски грип, кои не можеле да пристапат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина за Ковид-19. Во кампањата беа вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови. Вкупно беа посетени 221 рурално место и 79 урбани населени места, односно вкупно 3.867 домови низ државата.

The post Над 3.600 деца се имунизирани дома или им се закажани термини за вакцинација во кампањата „Од врата до врата“ appeared first on Република.

]]>
Што се вакцините и како функционираат, што треба да знае секој родител за придобивките од имунизација https://republika.mk/zivot/zdravje/shto-se-vaktsinite-i-kako-funktsioniraat-shto-treba-da-znae-sekoj-roditel-za-pridobivkite-od-imunizatsija/ Fri, 28 Apr 2023 07:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=634826

Во Свети Николе вечерa се одржа едукативна трибина за подигнување на свесноста за редовна имунизација, како и за значењето на редовната вакцинација. Настанот е во рамки на одбележувањето на Европска недела на имунизација, a е во организација на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и ОК Свети Николе. Со овој настан, велат од ВМРО-ДПМНЕ се дава придонес за подигнување на опфатот со имунизација, со оглед дека Македонија е на дното по опфат на имунизација со прва доза.️

-По повод неделата на имунизација централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и ОК Свети Николе одржуваме трибина на која се споделуваат информации за важноста на оваа процедура и на фактот дека треба да ги заштитиме нашите деца и напите блиски. Вакциналниот опфат во Македонија е во пад, ова е мал продонес за подигнување на јавната свест и здравствената култура - рече д-р Игор Николов.

Доктор Соња Васиќ се осврна на клучните прашања во своето обраќање на тема „Вакцината спасува живот“
❓️Што се вакцините и како функционираат
❓️Што треба да знае секој родител за придобивките од имунизација, клучен е календарот за имунизација

Спец по семејна и патронажна грижа, Анита Димовска во едукативно предавање на тема „Го заштитувам моето дете” укажа дека родителите се најголеми зашитници на своето дете.

❗️️Родителите се најголеми заштитници на своето дете, но понекогаш заради недостиг на соодветни информации или заради неточни информации на кои наидуваат, одбиваат да го имунизираат своето дете, несвесни за ризиците на кои го изложуваат.
❗️Целта на овие едукативни предавања е од стручен аспект и со факти да се разјаснат дилемите кои ги имаат родителите за важноста и значењето на имунизацијата

The post Што се вакцините и како функционираат, што треба да знае секој родител за придобивките од имунизација appeared first on Република.

]]>

Во Свети Николе вечерa се одржа едукативна трибина за подигнување на свесноста за редовна имунизација, како и за значењето на редовната вакцинација. Настанот е во рамки на одбележувањето на Европска недела на имунизација, a е во организација на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и ОК Свети Николе. Со овој настан, велат од ВМРО-ДПМНЕ се дава придонес за подигнување на опфатот со имунизација, со оглед дека Македонија е на дното по опфат на имунизација со прва доза.️
-По повод неделата на имунизација централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и ОК Свети Николе одржуваме трибина на која се споделуваат информации за важноста на оваа процедура и на фактот дека треба да ги заштитиме нашите деца и напите блиски. Вакциналниот опфат во Македонија е во пад, ова е мал продонес за подигнување на јавната свест и здравствената култура - рече д-р Игор Николов.
Доктор Соња Васиќ се осврна на клучните прашања во своето обраќање на тема „Вакцината спасува живот“ ❓️Што се вакцините и како функционираат ❓️Што треба да знае секој родител за придобивките од имунизација, клучен е календарот за имунизација Спец по семејна и патронажна грижа, Анита Димовска во едукативно предавање на тема „Го заштитувам моето дете” укажа дека родителите се најголеми зашитници на своето дете. ❗️️Родителите се најголеми заштитници на своето дете, но понекогаш заради недостиг на соодветни информации или заради неточни информации на кои наидуваат, одбиваат да го имунизираат своето дете, несвесни за ризиците на кои го изложуваат. ❗️Целта на овие едукативни предавања е од стручен аспект и со факти да се разјаснат дилемите кои ги имаат родителите за важноста и значењето на имунизацијата

The post Што се вакцините и како функционираат, што треба да знае секој родител за придобивките од имунизација appeared first on Република.

]]>
Сали бара да не се нарушува долгогодишната традиција на успешна имунизација поради напливот од дезинформации https://republika.mk/vesti/makedonija/sali-bara-da-ne-se-narushuva-dolgogodishnata-tradicija-na-uspeshna-imunizacija-poradi-naplivot-od-dezinformacii/ Mon, 12 Dec 2022 20:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=584914

Во ерата на дигитализација и исклучително брзиот пренос на вести и информации, глобален предизвик е справувањето со постојниот наплив на непотврдени информации и дезинформации. Точните и навремени информации се клучни за заштита на здравјето на децата како и на целокупната популација. Изминатиот период поради ковид-19 здравствениот систем се соочи со бројни предизвици, меѓу кои и одржување на високиот опфат со редовни вакцини согласно календарот за имунизација, паралелно со тоа постигнување што е можно поголем опфат за вакцинација против Ковид-19,

Ова го истакна министерот за здравство Беким Сали на денешната конференција посветена на стратешко управување со погрешни информации и квалитетно медиумско известување, до поголема доверба во вакцините. Конференцијата е осврт на досегашните активност и на Македонскиот институт за медиуми, во партнерство со УНИЦЕФ и со здравствените власти, а со поддршка на УСАИД, за поставување систем за управување со погрешни информации и поддршка за квалитетно медиумско известување за вакцинацијата против Ковид-19 и редовната вакцинација на децата.

Нашата тенденција е да не дозволиме да се наруши долгогодишната традиција на успешна имунизација, имајќи предвид дека навремената заштита е клучна особено за новороденчињата и децата од предучилишна возраст, порача министерот Сали.

На настанот свое обраќање имаше и заменик-претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов кој посочи дека речиси 30 проценти од родителите во земјава ги сметаат информациите за вакцините како контрадикторни и збунувачки.

Пред три години уживавме во високите стапки за вакцинација што беа до 95 проценти, а сега се враќаме назад за повторно да го постигнеме тој прогрес. Оттаму, ние мора да најдеме начин да ги слушнеме и грижите на родителите и соодветно да одговориме на нивните дилеми, вели Ајвазов.

Министерот Сали вели дека за жал потврдуваат дека дезинформациите и погрешните перцепции имаат потенцијал да ја намалат довербата во однос на имунизација како и воопшто во здравствениот систем.

Иако на глобално ниво се преземаат мерки за адресирање на дезинформациите на околу вакцинацијата, сепак станува збор за феномен што не се решава во краток рок, заклучи Сали.

The post Сали бара да не се нарушува долгогодишната традиција на успешна имунизација поради напливот од дезинформации appeared first on Република.

Сали: Може да сметаме дека сме имунизирана нација https://republika.mk/zivot/zdravje/sali-moze-da-smetame-deka-sme-imunizirana-nacija/ Thu, 14 Apr 2022 21:25:17 +0000 https://republika.mk/?p=488640

Министерот за здравство Беким Сали, во емисијата Клик Плус на ТВ21 зборуваше и за процесот на вакцинација во државата, при што истакна дека неодамнешната кампања со мобилните екипи била позитивна, но незадоволителна.

Последна активност за вакцините ни беше мобилните екипи кој што се движеа во 14 локации. До тој момент имавме 1500 до 2000 нововакцинирани неделно, односно со таа кампања достигнавме до 3500 неделно. Сметам дека кампања ја заврши својата работа, имаше позитивен одзив од граѓаните, незадоволителен, меѓутоа позитивен. За жал ние како држава сме снабдени врз основа на нашите проекции за таа бројка од 70 отсто вакцинирани која ни беше цел за заштита на нашите граѓани. Официјално се вакцинирани 46 отсто од населението. Серолошката анализа која што ја направивме испадна дека нашите граѓани се 75 отсто имунизирани по природен пат со прележување, што ни дава комфор дека може да се сметаме за имунизирана нација - рече министерот Сали.

The post Сали: Може да сметаме дека сме имунизирана нација appeared first on Република.

Ќе се прави серолошка ковид анализа на целата територија на државата https://republika.mk/zivot/zdravje/kje-se-pravi-seroloshka-kovid-analiza-na-celata-teritorija-na-drzavata/ Fri, 11 Feb 2022 22:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=457417

Ќе имаме слика и ќе излеземе пред јавноста да речеме дека, според нашите бројки, 41 процент се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби, сме 60 проценти имунизирани на природен начин, вели Беким Сали во гостување во „360 степени“ на ТВ Алсат

Министерот за здравство, Беким Сали, зборувајќи за ниското ниво на вакцинација во земјава, рече дека во претстојниот период фокусот ќе биде на лицата постари од 50 години и на оние што имаат една од петте дијагнози што се сметаат за најризичен коморбидитет при разболување со ковид-19.

Една работна група е формирана од Комисијата за заразни болести за да се фокусира на овие пациенти. Ние преку матичните лекари ќе пристапиме до секој од нив со одредување време и место каде ќе се имунизираат, рече Сали.

За подобра слика, најави и серолошка анализа на целата територија на државата.

Оваа анализа ќе ни покаже реално колку сме имунизирани. Имаме евиденција колку сме вакцинирани, колку се со една, две, три вакцини, со какви вакцини… Но, знаејќи дека особено сојот омикрон поминува со полесна клиничка форма, голем број од нашето население не отишле за ПЦР-тест или сами го поминале омикронот во домашни услови. И сакаме да имаме јасна слика колку од нашето население го поминале ковидот и врз основа на овие резултати, ќе имаме една слика и мислам ќе излеземе пред јавноста да речеме дека според нашите бројки, евиденцијата која ја имаме, 41 процент се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби, сме 60 проценти имунизирани на природен начин, изјави министерот за здравство.

The post Ќе се прави серолошка ковид анализа на целата територија на државата appeared first on Република.

]]>

Ќе имаме слика и ќе излеземе пред јавноста да речеме дека, според нашите бројки, 41 процент се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби, сме 60 проценти имунизирани на природен начин, вели Беким Сали во гостување во „360 степени“ на ТВ Алсат Министерот за здравство, Беким Сали, зборувајќи за ниското ниво на вакцинација во земјава, рече дека во претстојниот период фокусот ќе биде на лицата постари од 50 години и на оние што имаат една од петте дијагнози што се сметаат за најризичен коморбидитет при разболување со ковид-19.
Една работна група е формирана од Комисијата за заразни болести за да се фокусира на овие пациенти. Ние преку матичните лекари ќе пристапиме до секој од нив со одредување време и место каде ќе се имунизираат, рече Сали.
За подобра слика, најави и серолошка анализа на целата територија на државата.
Оваа анализа ќе ни покаже реално колку сме имунизирани. Имаме евиденција колку сме вакцинирани, колку се со една, две, три вакцини, со какви вакцини… Но, знаејќи дека особено сојот омикрон поминува со полесна клиничка форма, голем број од нашето население не отишле за ПЦР-тест или сами го поминале омикронот во домашни услови. И сакаме да имаме јасна слика колку од нашето население го поминале ковидот и врз основа на овие резултати, ќе имаме една слика и мислам ќе излеземе пред јавноста да речеме дека според нашите бројки, евиденцијата која ја имаме, 41 процент се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби, сме 60 проценти имунизирани на природен начин, изјави министерот за здравство.

The post Ќе се прави серолошка ковид анализа на целата територија на државата appeared first on Република.

]]>
Донесена Програмата за задолжителна имунизација на населението https://republika.mk/zivot/zdravje/donesena-programata-za-zadolzitelna-imunizacija-na-naselenieto/ Tue, 11 Jan 2022 21:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=443404

Владата денеска ја донесе Програмата за задолжителна имунизација на населението во Македонија за 2022 година која се носи секоја година и која ја опфаќа вакцинацијата на лица на одредена возраст, која се спроведува континуирано, во текот на целата година против: акутен вирусен хепатит Б (Hepatitis B), туберкулоза (Tuberculosis), заболувања предизвикани од хемофилус инфлуенца тип Б (Hib), дифтерија (Diphtheria), тетанус (Tetanus), голема кашлица (Pertussis), детска парализа (Poliomyelitis acuta), мали сипаници (Morbilli), заразни заушки (Parotitis epidemica), црвенка (Rubeоla), инфекции предизвикани од хуман папилома вируси (HPV), инфекции предизвикани од ротавируси и инфекции предизвикани од Streptococcus pneumoniae за сите лица на одредена возраст согласно Календарот за имунизација.

Во Програмата е приложен Календарот за имунизација на деца од 0 до 18 години и Календарот за catch-up имунизација за нередовно вакцинираните деца од 5 до 18 година, како и планот за обезбедување годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации.

The post Донесена Програмата за задолжителна имунизација на населението appeared first on Република.

]]>

Владата денеска ја донесе Програмата за задолжителна имунизација на населението во Македонија за 2022 година која се носи секоја година и која ја опфаќа вакцинацијата на лица на одредена возраст, која се спроведува континуирано, во текот на целата година против: акутен вирусен хепатит Б (Hepatitis B), туберкулоза (Tuberculosis), заболувања предизвикани од хемофилус инфлуенца тип Б (Hib), дифтерија (Diphtheria), тетанус (Tetanus), голема кашлица (Pertussis), детска парализа (Poliomyelitis acuta), мали сипаници (Morbilli), заразни заушки (Parotitis epidemica), црвенка (Rubeоla), инфекции предизвикани од хуман папилома вируси (HPV), инфекции предизвикани од ротавируси и инфекции предизвикани од Streptococcus pneumoniae за сите лица на одредена возраст согласно Календарот за имунизација. Во Програмата е приложен Календарот за имунизација на деца од 0 до 18 години и Календарот за catch-up имунизација за нередовно вакцинираните деца од 5 до 18 година, како и планот за обезбедување годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации.

The post Донесена Програмата за задолжителна имунизација на населението appeared first on Република.

]]>