илир мета Archives - Република https://republika.mk/tema/ilir-meta/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 08:28:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png илир мета Archives - Република https://republika.mk/tema/ilir-meta/ 32 32 Мета од затвор: Нема сила во светот да го запре ураганот на слободата https://republika.mk/vesti/svet/meta-od-zatvor-nema-sila-vo-svetot-da-go-zapre-uraganot-na-slobodata/ Wed, 30 Oct 2024 08:28:59 +0000 https://republika.mk/?p=832295

Поранешниот албански претседател и лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, реагираше од притворската ќелија од затворот „313“ во Тирана, во врска со синоќешниот протест на опозицијата, со блокада на 6 главни национални патни правци.

Во објава на Фејсбук, на која има и фотографии со моменти од протестот, Мета им се заблагодари на учесниците на митингот наведувајќи дека „Албанците храбро застанале да ја земат судбината на Албанија во свои раце“.

-Срдечна благодарност и признание до стотиците илјади патриотски Албанци ширум земјата кои застанаа со храброст и силно патриотско и национално чувство, во неотповиклива пресметка со нарко-државата, да ја земат судбината на Албанија во свои раце. Нема сила во светот да го запре ураганот на слободата!“, пишува Мета.

Доцна синоќа благодарност упати и Фљамур Нока, генерален секретар на Демократската партија.

-Ги преплашивме! Денеска беше црн ден за нарко режимот! Внесоа нарко полиција за да ја заплашат опозицијата. Граѓанската непослушност почна да вродува со плод. Граѓанската непослушност ќе им даде решенија на Албанија и Албанците, наведува тој.

Според него „техничката влада е единственото решение за Албанија и Албанците“.

-Граѓанската непослушност ќе продолжи. Нема враќање назад, издржливоста и отпорот ќе ги дадат своите плодови, порача Нока.

Опозицијата од 17 до 20 часот ги блокираа патиштата, на неколку места имаше судир меѓу полицијата и учесниците, беа запалени гуми и контејнери за отпад

The post Мета од затвор: Нема сила во светот да го запре ураганот на слободата appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател и лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, реагираше од притворската ќелија од затворот „313“ во Тирана, во врска со синоќешниот протест на опозицијата, со блокада на 6 главни национални патни правци. Во објава на Фејсбук, на која има и фотографии со моменти од протестот, Мета им се заблагодари на учесниците на митингот наведувајќи дека „Албанците храбро застанале да ја земат судбината на Албанија во свои раце“. -Срдечна благодарност и признание до стотиците илјади патриотски Албанци ширум земјата кои застанаа со храброст и силно патриотско и национално чувство, во неотповиклива пресметка со нарко-државата, да ја земат судбината на Албанија во свои раце. Нема сила во светот да го запре ураганот на слободата!“, пишува Мета. Доцна синоќа благодарност упати и Фљамур Нока, генерален секретар на Демократската партија. -Ги преплашивме! Денеска беше црн ден за нарко режимот! Внесоа нарко полиција за да ја заплашат опозицијата. Граѓанската непослушност почна да вродува со плод. Граѓанската непослушност ќе им даде решенија на Албанија и Албанците, наведува тој. Според него „техничката влада е единственото решение за Албанија и Албанците“. -Граѓанската непослушност ќе продолжи. Нема враќање назад, издржливоста и отпорот ќе ги дадат своите плодови, порача Нока. Опозицијата од 17 до 20 часот ги блокираа патиштата, на неколку места имаше судир меѓу полицијата и учесниците, беа запалени гуми и контејнери за отпад

The post Мета од затвор: Нема сила во светот да го запре ураганот на слободата appeared first on Република.

]]>
Народниот правобранител на Албанија поведе истрага за апсењето на Илир Мета https://republika.mk/vesti/balkan/narodniot-pravobranitel-na-albanija-povede-istraga-za-apseneto-na-ilir-meta/ Mon, 28 Oct 2024 16:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=831783

Народниот правобранител на Албанија поведе административна истрага за случајот со апсењето на Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата.

Оваа управна истрага се однесува на постапувањето на Државната полиција за тоа како е извршен налогот на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција. Истрагата ја започнаа главно инспекторите на Народниот правобранител без да чекаат да добијат официјална жалба од Илир Мета или неговите адвокати, објави „Ора њуз“.

Случајот го истражуваат тројца инспектори на правобранителството кои го презеле видеото на кое се гледа моментот на апсењето на Мета од страна на оперативците и припадниците на специјалната единица „РЕНЕА“.

Мета беше уапсен на 21 месецов на влезот во Тирана, на враќање од Косово, под обвинение за корупција, перење пари и прикривање имот. На обвинувањата од опозицијата за „употреба на прекумерна сила при апсењето“ Министерството за внатрешни работи објави дека припадниците на полицијата му рекле да излезе од автомобилот, но тој одбил, агресивно се однесувал и упатувал навреди кон службениците лица.

Специјалниот суд за корупција и организиран криминал два дена подоцна одлучи да ја остави непроменета безбедносната мерка „затворски притвор“ за Мета, кој мерката ја издржува во затворот „313“, кој се смета за затвор со висока безбедност.
Неговиот адвокат Генц Ѓокутај најави дека деновиве ќе поднесе кривична пријава против сите полицајци кои учествуваа во акцијата за апсење, по што се очекува да се надоврзат и Агенцијата за полициски надзор и Обвинителството во Тирана.

The post Народниот правобранител на Албанија поведе истрага за апсењето на Илир Мета appeared first on Република.

]]>

Народниот правобранител на Албанија поведе административна истрага за случајот со апсењето на Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата.
Оваа управна истрага се однесува на постапувањето на Државната полиција за тоа како е извршен налогот на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција. Истрагата ја започнаа главно инспекторите на Народниот правобранител без да чекаат да добијат официјална жалба од Илир Мета или неговите адвокати, објави „Ора њуз“.
Случајот го истражуваат тројца инспектори на правобранителството кои го презеле видеото на кое се гледа моментот на апсењето на Мета од страна на оперативците и припадниците на специјалната единица „РЕНЕА“. Мета беше уапсен на 21 месецов на влезот во Тирана, на враќање од Косово, под обвинение за корупција, перење пари и прикривање имот. На обвинувањата од опозицијата за „употреба на прекумерна сила при апсењето“ Министерството за внатрешни работи објави дека припадниците на полицијата му рекле да излезе од автомобилот, но тој одбил, агресивно се однесувал и упатувал навреди кон службениците лица. Специјалниот суд за корупција и организиран криминал два дена подоцна одлучи да ја остави непроменета безбедносната мерка „затворски притвор“ за Мета, кој мерката ја издржува во затворот „313“, кој се смета за затвор со висока безбедност. Неговиот адвокат Генц Ѓокутај најави дека деновиве ќе поднесе кривична пријава против сите полицајци кои учествуваа во акцијата за апсење, по што се очекува да се надоврзат и Агенцијата за полициски надзор и Обвинителството во Тирана.

The post Народниот правобранител на Албанија поведе истрага за апсењето на Илир Мета appeared first on Република.

]]>
Илир Мета по апсењето: Се чувствувам горд што бев насилно киднапиран од антиалбанци https://republika.mk/vesti/balkan/ilir-meta-po-apseneto-se-chuvstvuvam-gord-shto-bev-nasilno-kidnapiran-od-antialbantsi/ Tue, 22 Oct 2024 06:33:14 +0000 https://republika.mk/?p=829593

Поранешниот албански претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, во првата реакција по апсењето, од затворски притвор, порача дека е" посилен од кога и да било".

„Најискрено им благодарам на сите членови на Партијата на слободата за извонредната поддршка што ми ја дадоа досега. Исто така, од денес нашата борба започнува нова страница во соочувањето со брутално инсталираната нарко-држава без никаков компромис“, напиша на социјалните мрежи.

Убеден сум додаде тој, во победата на нашите национални и демократски каузи! На
непријателите на нашата нација и демократијата ќе им замрзне насмевката на усните.

„Моето денешно киднапирање на најнасилнички начин ја покажува паниката на диктаторскиот режим од соочување со вистините. Ве уверувам дека откако дознав за одлуката за моето апсење, се чувствувам посилно од било кога и уште повеќе  верувам во мојата целосна невиност. Се чувствувам горд што бев насилно киднапиран од антиалбанци и оние кои говорат албански само поради мојот патриотизам и заштита на националните интереси“, напиша Мета.

Медиумите пренесоа дека во затворот во Тирана Мета го посетил неговиот син Бесар Мета и адвокатот Генц Ѓокутај, кој е адвокат и на Сали Бериша

The post Илир Мета по апсењето: Се чувствувам горд што бев насилно киднапиран од антиалбанци appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, во првата реакција по апсењето, од затворски притвор, порача дека е" посилен од кога и да било".
„Најискрено им благодарам на сите членови на Партијата на слободата за извонредната поддршка што ми ја дадоа досега. Исто така, од денес нашата борба започнува нова страница во соочувањето со брутално инсталираната нарко-држава без никаков компромис“, напиша на социјалните мрежи.
Убеден сум додаде тој, во победата на нашите национални и демократски каузи! На непријателите на нашата нација и демократијата ќе им замрзне насмевката на усните. „Моето денешно киднапирање на најнасилнички начин ја покажува паниката на диктаторскиот режим од соочување со вистините. Ве уверувам дека откако дознав за одлуката за моето апсење, се чувствувам посилно од било кога и уште повеќе  верувам во мојата целосна невиност. Се чувствувам горд што бев насилно киднапиран од антиалбанци и оние кои говорат албански само поради мојот патриотизам и заштита на националните интереси“, напиша Мета. Медиумите пренесоа дека во затворот во Тирана Мета го посетил неговиот син Бесар Мета и адвокатот Генц Ѓокутај, кој е адвокат и на Сали Бериша

The post Илир Мета по апсењето: Се чувствувам горд што бев насилно киднапиран од антиалбанци appeared first on Република.

]]>
Албанската полицијата го појасни апсењето на Мета: Го замоливме да излезе од автомобилот, но тој арогантно и со навреди одби, па насилно беше спроведен https://republika.mk/vesti/balkan/albanskata-politsijata-go-pojasni-apseneto-na-meta-go-zamolivme-da-izleze-od-avtomobilot-no-toj-arogantno-i-so-navredi-odbi-pa-nasilno-beshe-sproveden/ Mon, 21 Oct 2024 18:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=829560

По острите реакции на опозициските парии и дел од јавноста дека е прекршено секакво право при апсењето на поранешниот претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, доцна попладнево полицијата излезе со соопштение во однос на начинот на апсењето.

-Со обврска кон јавното мислење во однос на начинот на апсењето на граѓанинот И.М., појаснуваме дека државната полиција го изврши решението на Специјалниот суд против организиран криминал и корупција (ЃККО). Тоа по барање на Специјалното обвинителство за приведување на И.М. (55), со преземање оперативни мерки, согласно предвидените законски процедури, стои во соопштението.

Околу 13:15 часот, Државната полиција добила информација, а потоа утврдила дека на местото викано „Кривината кај Камза“, во населбата Лапрака, со возило во правец кон Тирана се движел И.М. Во овој момент возилото било сопрено, а водачот на оперативната група му ја соопштил на И.М судската одлука за безбедносна мерка „затворски притвор“ и од него било побарано да излезе од возилото.

-Граѓанинот И.М. одбиваше да го стори тоа и упати навредливи зборови кон претставниците на полицијата и правдата. Врз основа на процедурата предвидена со Уредбата, тој бил изваден од возилото и присилно приведен. Нагласуваме дека употребата на сила при апсењето била наметната со неговото насилно противење на спроведувањето на судската одлука, што му била соопштена од вработени во полицијата, се наведува во полициското соопштение.

Според дел од медиумите, од маскирани припадници на специјалната полициска единица и агенти од Националното биро за истраги, возилото во кое бил Мета, било следено од граничниот премин Морина, на албанско - косовската граница, веднаш по влезот на албанска територија од Косово, каде што од вчера престојувал тој. Возилата биле со граѓански регистарски таблички и се движеле долж целата должина едното пред а другото зад возилото на Мета а го сопреле во близина на трговскиот центар „Каса Италија“ во Тирана при што насилно бил внесен во полициското возило.

The post Албанската полицијата го појасни апсењето на Мета: Го замоливме да излезе од автомобилот, но тој арогантно и со навреди одби, па насилно беше спроведен appeared first on Република.

]]>

По острите реакции на опозициските парии и дел од јавноста дека е прекршено секакво право при апсењето на поранешниот претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, доцна попладнево полицијата излезе со соопштение во однос на начинот на апсењето. -Со обврска кон јавното мислење во однос на начинот на апсењето на граѓанинот И.М., појаснуваме дека државната полиција го изврши решението на Специјалниот суд против организиран криминал и корупција (ЃККО). Тоа по барање на Специјалното обвинителство за приведување на И.М. (55), со преземање оперативни мерки, согласно предвидените законски процедури, стои во соопштението. Околу 13:15 часот, Државната полиција добила информација, а потоа утврдила дека на местото викано „Кривината кај Камза“, во населбата Лапрака, со возило во правец кон Тирана се движел И.М. Во овој момент возилото било сопрено, а водачот на оперативната група му ја соопштил на И.М судската одлука за безбедносна мерка „затворски притвор“ и од него било побарано да излезе од возилото. -Граѓанинот И.М. одбиваше да го стори тоа и упати навредливи зборови кон претставниците на полицијата и правдата. Врз основа на процедурата предвидена со Уредбата, тој бил изваден од возилото и присилно приведен. Нагласуваме дека употребата на сила при апсењето била наметната со неговото насилно противење на спроведувањето на судската одлука, што му била соопштена од вработени во полицијата, се наведува во полициското соопштение. Според дел од медиумите, од маскирани припадници на специјалната полициска единица и агенти од Националното биро за истраги, возилото во кое бил Мета, било следено од граничниот премин Морина, на албанско - косовската граница, веднаш по влезот на албанска територија од Косово, каде што од вчера престојувал тој. Возилата биле со граѓански регистарски таблички и се движеле долж целата должина едното пред а другото зад возилото на Мета а го сопреле во близина на трговскиот центар „Каса Италија“ во Тирана при што насилно бил внесен во полициското возило.

The post Албанската полицијата го појасни апсењето на Мета: Го замоливме да излезе од автомобилот, но тој арогантно и со навреди одби, па насилно беше спроведен appeared first on Република.

]]>
Поранешен шеф на државата, премиер, претседател на Собрание, кој е Илир Мета, уапсен по налог на СПАК? https://republika.mk/vesti/svet/poraneshen-shef-na-drzhavata-premier-pretsedatel-na-sobranie-koj-e-ilir-meta-uapsen-po-nalog-na-spak/ Mon, 21 Oct 2024 17:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=829541

Илир Мета, поранешен претседател, премиер и претседател на Собранието на Албанија денеска беше уапсен по наредба на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК.

Тој ги извршуваше највисоките државни функции додека по завршување на петгодишниот претседателски мандат, од крајот на јули 2022 година, се врати во неговата партија, Движење за социјалистичка интеграција и ја преименува во Партија на слободата.

Илир Реџеп Мета, роден на 24 март 1969 година во Скрапар, Албанија, е еден од најпопуларните политичари во земјата. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот во Тирана, каде успешно ги завршил и постдипломските студии. Неговата политичка активност започнува во 1990 година, по падот на комунизмот, каде што станува активен учесник во студентските движења за политички плурализам.

Мета, како член на Социјалистичката партија, првпат беше избран за пратеник во 1992 година, по што беше на многу важни функции. Премиер на Албанија беше од 28 октомври 1999 година до 29 јануари 2002 година. По парламентарните избори во 2001 година, тој беше реизбран за премиер, но поднесе оставка на 29 јануари 2002 година поради тензиите партијата. Во 2004 година, тој го основа Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), партија која имаше за цел да ја интегрира Албанија во Европската унија.

Мета ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Албанија од 10 септември 2013 година до 28 април 2017 година. По завршувањето на мандатот како претседател на Собранието, тој беше избран за претседател на Република Албанија на 28 април 2017 година.

На 28 април 2017 година Илир Мета беше избран за претседател на Република Албанија со 87 гласови од 140 пратеници во парламентот. За време на неговиот мандат како претседател, тој се соочи со бројни политички и општествени предизвици, вклучително и длабока политичка криза што доведе до процес на импичмент во 2021 година. Сепак, Уставниот суд го прогласи за невин и ја поништи одлуката на парламентот.

Оженет е со Моника Круемади (50) со која има три возрасни деца, две ќерки и син, кои се школуваат во Лондон. Неодамна Мета објави дека започнале бракоразводна постапка.

Мета во јуни годинава а пред тоа уште двапати, беше повикан во СПАК, кога, како што рече, дал објаснувања за „имотната истрага што се води против него и Моника Круемади“.

-Залудно ме испрашуваа три часа, за работи кои немаат врска со мене, кои имаат врска со постапките на другите. Сето ова е политички мотивирано од лидерот (премиерот Еди Рама) на оваа нарко - држава и нарко - режим што го одржува Думани (првиот човек на СПАК) во живот. Сите тие криминални дела ги прави врз опозицијата за да го спаси Еди Рама, изјави тогаш Мета.

Тој денеска беше приведен, кога полициски возила го пресретнале возилото во кое се наоѓал, а со кое се движел кон седиштето на партијата, каде имаше најавено да одржи прес-конференција.

The post Поранешен шеф на државата, премиер, претседател на Собрание, кој е Илир Мета, уапсен по налог на СПАК? appeared first on Република.

]]>

Илир Мета, поранешен претседател, премиер и претседател на Собранието на Албанија денеска беше уапсен по наредба на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК. Тој ги извршуваше највисоките државни функции додека по завршување на петгодишниот претседателски мандат, од крајот на јули 2022 година, се врати во неговата партија, Движење за социјалистичка интеграција и ја преименува во Партија на слободата. Илир Реџеп Мета, роден на 24 март 1969 година во Скрапар, Албанија, е еден од најпопуларните политичари во земјата. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот во Тирана, каде успешно ги завршил и постдипломските студии. Неговата политичка активност започнува во 1990 година, по падот на комунизмот, каде што станува активен учесник во студентските движења за политички плурализам. Мета, како член на Социјалистичката партија, првпат беше избран за пратеник во 1992 година, по што беше на многу важни функции. Премиер на Албанија беше од 28 октомври 1999 година до 29 јануари 2002 година. По парламентарните избори во 2001 година, тој беше реизбран за премиер, но поднесе оставка на 29 јануари 2002 година поради тензиите партијата. Во 2004 година, тој го основа Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), партија која имаше за цел да ја интегрира Албанија во Европската унија. Мета ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Албанија од 10 септември 2013 година до 28 април 2017 година. По завршувањето на мандатот како претседател на Собранието, тој беше избран за претседател на Република Албанија на 28 април 2017 година. На 28 април 2017 година Илир Мета беше избран за претседател на Република Албанија со 87 гласови од 140 пратеници во парламентот. За време на неговиот мандат како претседател, тој се соочи со бројни политички и општествени предизвици, вклучително и длабока политичка криза што доведе до процес на импичмент во 2021 година. Сепак, Уставниот суд го прогласи за невин и ја поништи одлуката на парламентот. Оженет е со Моника Круемади (50) со која има три возрасни деца, две ќерки и син, кои се школуваат во Лондон. Неодамна Мета објави дека започнале бракоразводна постапка. Мета во јуни годинава а пред тоа уште двапати, беше повикан во СПАК, кога, како што рече, дал објаснувања за „имотната истрага што се води против него и Моника Круемади“. -Залудно ме испрашуваа три часа, за работи кои немаат врска со мене, кои имаат врска со постапките на другите. Сето ова е политички мотивирано од лидерот (премиерот Еди Рама) на оваа нарко - држава и нарко - режим што го одржува Думани (првиот човек на СПАК) во живот. Сите тие криминални дела ги прави врз опозицијата за да го спаси Еди Рама, изјави тогаш Мета. Тој денеска беше приведен, кога полициски возила го пресретнале возилото во кое се наоѓал, а со кое се движел кон седиштето на партијата, каде имаше најавено да одржи прес-конференција.

The post Поранешен шеф на државата, премиер, претседател на Собрание, кој е Илир Мета, уапсен по налог на СПАК? appeared first on Република.

]]>
Наместо на прес конференција, замина во затвор: Снимка од апсењето на поранешниот претседател на Албанија https://republika.mk/vesti/svet/namesto-na-pres-konferentsija-zamina-vo-zatvor-snimka-od-apseneto-na-poraneshniot-pretsedatel-na-albanija/ Mon, 21 Oct 2024 17:06:53 +0000 https://republika.mk/?p=829543

Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, беше уапсен во Тирана по налог на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) на таа земја.

Уапсен е на влезот во Тирана додека се возел до местото каде требало да одржи прес-конференција, а според последните информации, најверојатно е уапсен поради случајот со кој се поврзувал за корупција и одбивање да пријави имот, пренесува „Јуроњуз Албанија“.

Оваа вест ја потврди и поранешниот премиер Сали Бериша, кој рече дека станува збор за политичко апсење.

Политичкиот прогон на Илир Мета е политички, политички и само политички. Тие не објавија никакви факти, никакви документи, но ги извршија наредбите на албанскиот премиер Еди Рама, кој со сите средства политички, а можеби и физички се обиде да го елиминира Илир Мета. Еди Рама, како што во минатото осудував, е вмешан во исчезнување на лица на незаконски, противуставен начин – рече Бериша, пренесува медиумот.

Илир Мета претходно неколкупати беше повикан во Обвинителството од СПАК, поради случајот ЧЕЗ ДИА, кој се однесува на имотна истрага и лобирање.

Мета најави дека денеска попладне ќе одржи прес-конференција, но пред тоа е уапсен, пишува „Албанијан пост“.

Претходно, австрискиот весник „Кронен цајтунг“ објави дека Илир Мета и ЛСИ (сега Партија на слободата) платиле 700.000 долари за лобирање во Соединетите Американски Држави.

The post Наместо на прес конференција, замина во затвор: Снимка од апсењето на поранешниот претседател на Албанија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, беше уапсен во Тирана по налог на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) на таа земја. Уапсен е на влезот во Тирана додека се возел до местото каде требало да одржи прес-конференција, а според последните информации, најверојатно е уапсен поради случајот со кој се поврзувал за корупција и одбивање да пријави имот, пренесува „Јуроњуз Албанија“. Оваа вест ја потврди и поранешниот премиер Сали Бериша, кој рече дека станува збор за политичко апсење. Политичкиот прогон на Илир Мета е политички, политички и само политички. Тие не објавија никакви факти, никакви документи, но ги извршија наредбите на албанскиот премиер Еди Рама, кој со сите средства политички, а можеби и физички се обиде да го елиминира Илир Мета. Еди Рама, како што во минатото осудував, е вмешан во исчезнување на лица на незаконски, противуставен начин – рече Бериша, пренесува медиумот. Илир Мета претходно неколкупати беше повикан во Обвинителството од СПАК, поради случајот ЧЕЗ ДИА, кој се однесува на имотна истрага и лобирање. Мета најави дека денеска попладне ќе одржи прес-конференција, но пред тоа е уапсен, пишува „Албанијан пост“. Претходно, австрискиот весник „Кронен цајтунг“ објави дека Илир Мета и ЛСИ (сега Партија на слободата) платиле 700.000 долари за лобирање во Соединетите Американски Држави.

The post Наместо на прес конференција, замина во затвор: Снимка од апсењето на поранешниот претседател на Албанија appeared first on Република.

]]>
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата https://republika.mk/vesti/balkan/uapsen-ilir-meta-poraneshen-pretsedatel-na-albanija-i-lider-na-partijata-na-slobodata/ Mon, 21 Oct 2024 12:08:22 +0000 https://republika.mk/?p=829450

По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, попладнево уапсен е Илир Мета, поранешен албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата.

Според албанските медиуми Мета се наоѓал во близина на трговскиот центар „Каса Италија“ во Тирана во моментот на извршување на наредбата на СПАК.

Мета е обвинет за перење пари, корупција и непријавување имот. Тој неколкупати се појавуваше во СПАК на распит за случајот ЧЕЗ-ДИА. Станува збор за сериозен корупциски скандал во кој е вмешан еден од неговите блиски соработници и измама за наплата на долгот на ЧЕЗ, чешка енергетска компанија која работела во Албанија за време на владата на Сали Бериша а ја приватизира албанската Електродистрибуција, договор кој потоа беше раскинат. И во 2022 година, Мета беше пријавен во СПАК од страна на поранешниот пратеник Халит Валтери.

Мета и неговата сопруга Моника Круемади, кои се во фаза на развод, исто така се под финансиска истрага, како и во врска со прашањето за лобирање во САД.

Мета (55) беше шеф на албанската држава во периодот од 24 јули 2017 – 24 јули 2022 година.

The post Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата appeared first on Република.

]]>

По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, попладнево уапсен е Илир Мета, поранешен албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата. Според албанските медиуми Мета се наоѓал во близина на трговскиот центар „Каса Италија“ во Тирана во моментот на извршување на наредбата на СПАК. Мета е обвинет за перење пари, корупција и непријавување имот. Тој неколкупати се појавуваше во СПАК на распит за случајот ЧЕЗ-ДИА. Станува збор за сериозен корупциски скандал во кој е вмешан еден од неговите блиски соработници и измама за наплата на долгот на ЧЕЗ, чешка енергетска компанија која работела во Албанија за време на владата на Сали Бериша а ја приватизира албанската Електродистрибуција, договор кој потоа беше раскинат. И во 2022 година, Мета беше пријавен во СПАК од страна на поранешниот пратеник Халит Валтери. Мета и неговата сопруга Моника Круемади, кои се во фаза на развод, исто така се под финансиска истрага, како и во врска со прашањето за лобирање во САД. Мета (55) беше шеф на албанската држава во периодот од 24 јули 2017 – 24 јули 2022 година.

The post Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата appeared first on Република.

]]>
Мета се сретнал со Мицкоски во Охрид https://republika.mk/vesti/makedonija/meta-se-sretnal-so-mitskoski-vo-ohrid/ Sun, 18 Aug 2024 17:05:38 +0000 https://republika.mk/?p=807719

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, денеска во Охрид се сретнал со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

-Меѓу прекрасните пријатели денес во Охрид! Среќен сум непосредно да им ја честитам победата на премиерот и лидер на ВМРО,  Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, објави Мета на Фејсбук.

Никогаш, додава, не сум се сомневал во победата на овој прекрасен тим, со карактер и многу визија.

-Ги преживеаја најсуровите прогони, но никогаш не се откажаа и ПОБЕДИЈА! Разговаравме и за важноста на изградбата на Коридорот 8 и со задоволство ги слушам новитетите од нивната економска програма, пишува Мета.

Убеден сум, посочува,  дека ВМРО под водство на Христијан Мицкоски ќе биде "најдобар пример како една партија му служи на својот народ и како ги цени, почитува и засилува граѓаните".

Мета во посебна објава пренесува моменти и од неговиот престој во Свети Наум.

The post Мета се сретнал со Мицкоски во Охрид appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, денеска во Охрид се сретнал со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
-Меѓу прекрасните пријатели денес во Охрид! Среќен сум непосредно да им ја честитам победата на премиерот и лидер на ВМРО,  Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, објави Мета на Фејсбук.
Никогаш, додава, не сум се сомневал во победата на овој прекрасен тим, со карактер и многу визија.
-Ги преживеаја најсуровите прогони, но никогаш не се откажаа и ПОБЕДИЈА! Разговаравме и за важноста на изградбата на Коридорот 8 и со задоволство ги слушам новитетите од нивната економска програма, пишува Мета.
Убеден сум, посочува,  дека ВМРО под водство на Христијан Мицкоски ќе биде "најдобар пример како една партија му служи на својот народ и како ги цени, почитува и засилува граѓаните". Мета во посебна објава пренесува моменти и од неговиот престој во Свети Наум.

The post Мета се сретнал со Мицкоски во Охрид appeared first on Република.

]]>
Илир Мета му честиташе на Мицкоски: Целосно сум убеден дека ќе бидете пример за инспирација https://republika.mk/vesti/balkan/ilir-meta-mu-chestitashe-na-mitskoski-tselosno-sum-ubeden-deka-ke-bidete-primer-za-inspiratsija/ Mon, 24 Jun 2024 14:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=790348

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, му честиташе на Христијан Мицкоски за функцијата премиер и изборот на владата искажувајќи целосна убеденост дека ќе „биде пример за инспирација“.

Во објава на „Фејсбук“, Мета напиша дека верува дека со својата програма оваа влада ќе биде инспиративен пример за привлекување странски инвестиции и зголемување на извозот, во интерес на сите граѓани и економскиот развој на Македонија.

Многу успеси за Владата на премиерот Христијан Мицкоски изгласана синоќа од Собранието на Македонија! Целосна убеденост дека со својата одлична економска програма ќе биде инспиративен пример за привлекување странски инвестиции и зголемување на извозот, во интерес на сите граѓани и економскиот развој на Македонија, напиша Мета.

Посебни честитки, стои понатаму, до шесте албански претставници во Владата кои „верувам дека ќе дадат се од себе за достоинствено претставување на Албанците и остварување на нивните права низ духот на соработката“.

Мета и претходно искажа поддршка за ВМРО ДПМНЕ и лидерот Мицкоски, му ја честиташе победата на изборите порачувајќи дека е „оптимист за иднината на Македонија, која ја чекаат многу подобри денови“.

The post Илир Мета му честиташе на Мицкоски: Целосно сум убеден дека ќе бидете пример за инспирација appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, му честиташе на Христијан Мицкоски за функцијата премиер и изборот на владата искажувајќи целосна убеденост дека ќе „биде пример за инспирација“. Во објава на „Фејсбук“, Мета напиша дека верува дека со својата програма оваа влада ќе биде инспиративен пример за привлекување странски инвестиции и зголемување на извозот, во интерес на сите граѓани и економскиот развој на Македонија.
Многу успеси за Владата на премиерот Христијан Мицкоски изгласана синоќа од Собранието на Македонија! Целосна убеденост дека со својата одлична економска програма ќе биде инспиративен пример за привлекување странски инвестиции и зголемување на извозот, во интерес на сите граѓани и економскиот развој на Македонија, напиша Мета.
Посебни честитки, стои понатаму, до шесте албански претставници во Владата кои „верувам дека ќе дадат се од себе за достоинствено претставување на Албанците и остварување на нивните права низ духот на соработката“. Мета и претходно искажа поддршка за ВМРО ДПМНЕ и лидерот Мицкоски, му ја честиташе победата на изборите порачувајќи дека е „оптимист за иднината на Македонија, која ја чекаат многу подобри денови“.  

The post Илир Мета му честиташе на Мицкоски: Целосно сум убеден дека ќе бидете пример за инспирација appeared first on Република.

]]>
Мета на распит во СПАК, обвини дека првиот човек на оваа институција работи по наредба на Рама https://republika.mk/vesti/svet/meta-na-raspit-vo-spak-obvini-deka-prviot-chovek-na-ovaa-institutsija-raboti-po-naredba-na-rama/ Thu, 13 Jun 2024 11:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=787196

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, денеска е на распит во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК.

Пред да влезе во зградата, Мета одбра да не открие за кој случај е повикан, но продолжи со нападите кон Алтин Думани. Првиот човек на оваа правосудна институција го нарече „Дум Думани“, кој добива наредби од премиерот Еди Рама.

Одам да се сретнам со Дум Думани. Дали го познавате Дум Думани? Тој е оној што не се осмелува да го отвори случајот Мекгонигал, кој е од глава до петици со Еди Рама, кој не се осмелува да го употреби името на Еди Рама, ниту во случајот со Бериша... Одам кај Дум Думани, рече тој.

Мета (55), кој беше претседател на Албанија до 24 јули 2022 година, во СПАК беше и во февруари минатата година, за да даде исказ по повеќето поднесени пријави против него, меѓу кои за перење пари и прикривање на сопственоста на зградата на партијата Движење за социјалистичка интеграција, сега Партија на слободата.

СПАК против него почна кривична постапка за лобирање во САД со 670 илјади американски долари непријавени пари на Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади, потоа за извршени естетски услуги, од страна на двајцата, во клиника во Сан Марино и Австрија, со непријавени пари.

Круемади, која е пратеничка од Партијата на слободата вчера пет часа беше на распит во СПАК во рамки на истрагата што се води за имотната истрага за неа и нејзината мајка и брат.

По напуштањето на СПАК, Круемади рече дека била прашана за проверките што се вршат за некои кривични дела како непријавување имот, прикривање или перење пари, врз основа на „лажната тужба што ја поднесе Ерион Велиај (градоначалник на Тирана)“

The post Мета на распит во СПАК, обвини дека првиот човек на оваа институција работи по наредба на Рама appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, денеска е на распит во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК. Пред да влезе во зградата, Мета одбра да не открие за кој случај е повикан, но продолжи со нападите кон Алтин Думани. Првиот човек на оваа правосудна институција го нарече „Дум Думани“, кој добива наредби од премиерот Еди Рама. Одам да се сретнам со Дум Думани. Дали го познавате Дум Думани? Тој е оној што не се осмелува да го отвори случајот Мекгонигал, кој е од глава до петици со Еди Рама, кој не се осмелува да го употреби името на Еди Рама, ниту во случајот со Бериша... Одам кај Дум Думани, рече тој. Мета (55), кој беше претседател на Албанија до 24 јули 2022 година, во СПАК беше и во февруари минатата година, за да даде исказ по повеќето поднесени пријави против него, меѓу кои за перење пари и прикривање на сопственоста на зградата на партијата Движење за социјалистичка интеграција, сега Партија на слободата. СПАК против него почна кривична постапка за лобирање во САД со 670 илјади американски долари непријавени пари на Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади, потоа за извршени естетски услуги, од страна на двајцата, во клиника во Сан Марино и Австрија, со непријавени пари. Круемади, која е пратеничка од Партијата на слободата вчера пет часа беше на распит во СПАК во рамки на истрагата што се води за имотната истрага за неа и нејзината мајка и брат. По напуштањето на СПАК, Круемади рече дека била прашана за проверките што се вршат за некои кривични дела како непријавување имот, прикривање или перење пари, врз основа на „лажната тужба што ја поднесе Ерион Велиај (градоначалник на Тирана)“

The post Мета на распит во СПАК, обвини дека првиот човек на оваа институција работи по наредба на Рама appeared first on Република.

]]>
Судот во Тирана одлучи дека партискиот печат и логото му припаѓаат на крилото на Бериша https://republika.mk/vesti/balkan/sudot-vo-tirana-odluchi-deka-partiskiot-pechat-i-logoto-mu-pripagaat-na-kriloto-na-berisha/ Tue, 11 Jun 2024 15:46:14 +0000 https://republika.mk/?p=786628

Печатот и логото на најголемата опозициска сила, Демократската партија, му припаѓаат на крилото на Сали Бериша „Иницијатива за обнова на ДП“, одлучи Апелацискиот суд во Тирана, по ова прашање кое повеќе од две години ја мачи партијата, која ја преживува најдлабоката криза до сега.

Во судскиот регистар како лидер на партијата фигурира Љуљзим Баша, кој со партиското лого и печат учествуваше на последните локални избори во мај минатата година.

Крилото на Бериша, кое е побројно, на изборите учествуваше со свои кандидати, но под логото на Партијата на слободата, на Илир Мета. Во парламентот пак, партијата има 56 пратеници, но дури 47 се приврзаници на Бериша.

Во седиштето на партијата, кое го користат приврзаниците на Бериша, наголемо се слави, порачувајќи дека „ураганот на слободата не запира“.

Привремениот лидер на крилото Фламур Нока, во првата изјава по соопштување на одлуката, за која рече дека е конечна, оцени дека „ова е одлука која радува, ден на вистината“ и повика на обединување на демократите.

Реагираше и Бериша, кој е осомничен за корпција и е во домашен притвор од декември минатата година, на социјалните мрежи напиша „денеска не победи Бериша, туку демократијата. Губитник е Рама“.

На одлуката на судот реагираше и Мета, кој на социјалните мрежи напиша „Бериша самиот е печат, браво за демократите и опозицијата“.

Засега нема рекација од Баша, освен, како што пренесуваат медиумите свикал седница на раководството на партијата.

The post Судот во Тирана одлучи дека партискиот печат и логото му припаѓаат на крилото на Бериша appeared first on Република.

]]>

Печатот и логото на најголемата опозициска сила, Демократската партија, му припаѓаат на крилото на Сали Бериша „Иницијатива за обнова на ДП“, одлучи Апелацискиот суд во Тирана, по ова прашање кое повеќе од две години ја мачи партијата, која ја преживува најдлабоката криза до сега. Во судскиот регистар како лидер на партијата фигурира Љуљзим Баша, кој со партиското лого и печат учествуваше на последните локални избори во мај минатата година. Крилото на Бериша, кое е побројно, на изборите учествуваше со свои кандидати, но под логото на Партијата на слободата, на Илир Мета. Во парламентот пак, партијата има 56 пратеници, но дури 47 се приврзаници на Бериша. Во седиштето на партијата, кое го користат приврзаниците на Бериша, наголемо се слави, порачувајќи дека „ураганот на слободата не запира“. Привремениот лидер на крилото Фламур Нока, во првата изјава по соопштување на одлуката, за која рече дека е конечна, оцени дека „ова е одлука која радува, ден на вистината“ и повика на обединување на демократите. Реагираше и Бериша, кој е осомничен за корпција и е во домашен притвор од декември минатата година, на социјалните мрежи напиша „денеска не победи Бериша, туку демократијата. Губитник е Рама“. На одлуката на судот реагираше и Мета, кој на социјалните мрежи напиша „Бериша самиот е печат, браво за демократите и опозицијата“. Засега нема рекација од Баша, освен, како што пренесуваат медиумите свикал седница на раководството на партијата.

The post Судот во Тирана одлучи дека партискиот печат и логото му припаѓаат на крилото на Бериша appeared first on Република.

]]>
Мета со честитка до Силјановска Давкова за победата https://republika.mk/vesti/makedonija/meta-so-chestitka-do-siljanovska-davkova-za-pobedata/ Thu, 09 May 2024 19:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=776534

Најсрдечни честитки и искрени желби за успешно исполнување на високата задача, на првата избрана жена за претседател на Македонија Гордана Силјановска Давкова, упатува во честитката поранешниот албански претседател Илир Мета.

Искрено верувам, додава Мета во честитката објавена на социјалните мрежи, дека таа ќе одигра многу важна улога во натамошното зајакнување на „одличните меѓусоседски односи меѓу нашите две земји и народи, како и во подобрувањето на меѓуетничкиот соживот во Македонија".

-Убеден сум дека претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе даде нов поттик на билатералните односи во поглед на перспективата на заедничка интеграција и што поскоро во Европската Унија, напиша Мета на Фејсбук.

Истовремено, Мета се заблагодарува на претседателот Стево Пендаровски за одличната соработка во периодот додека бил претседател на Албанија.

-Му благодарам на претседателот Пендаровски за одличната соработка што ја имавме за време на извршувањето на мојата должност како претседател на Република Албанија, за неговата посветеност на почитување на правата на Албанците, државотворен фактор во Македонија, за отворените, фер и принципиелни ставови против „Отворен Балкан“, како и за цврстата поддршка на „Берлинскиот процес“, посочува Мета.

Мета на функцијата претседател на Република Албанија беше од  24 јули 2017 до 24 јули 2022. Тој сега е лидер на Партијата на слободата, која се смета за трета партија по членство во земјата.

The post Мета со честитка до Силјановска Давкова за победата appeared first on Република.

]]>

Најсрдечни честитки и искрени желби за успешно исполнување на високата задача, на првата избрана жена за претседател на Македонија Гордана Силјановска Давкова, упатува во честитката поранешниот албански претседател Илир Мета. Искрено верувам, додава Мета во честитката објавена на социјалните мрежи, дека таа ќе одигра многу важна улога во натамошното зајакнување на „одличните меѓусоседски односи меѓу нашите две земји и народи, како и во подобрувањето на меѓуетничкиот соживот во Македонија".
-Убеден сум дека претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе даде нов поттик на билатералните односи во поглед на перспективата на заедничка интеграција и што поскоро во Европската Унија, напиша Мета на Фејсбук.
Истовремено, Мета се заблагодарува на претседателот Стево Пендаровски за одличната соработка во периодот додека бил претседател на Албанија.
-Му благодарам на претседателот Пендаровски за одличната соработка што ја имавме за време на извршувањето на мојата должност како претседател на Република Албанија, за неговата посветеност на почитување на правата на Албанците, државотворен фактор во Македонија, за отворените, фер и принципиелни ставови против „Отворен Балкан“, како и за цврстата поддршка на „Берлинскиот процес“, посочува Мета.
Мета на функцијата претседател на Република Албанија беше од  24 јули 2017 до 24 јули 2022. Тој сега е лидер на Партијата на слободата, која се смета за трета партија по членство во земјата.

The post Мета со честитка до Силјановска Давкова за победата appeared first on Република.

]]>
Илир Мета: Дека „Интернационалата“ на родител 1 и родител 2 (СДСМ/ДУИ) ќе изгуби се знаеше, но, во овие димензии?! https://republika.mk/vesti/makedonija/ilir-meta-deka-internatsionalata-na-roditel-1-i-roditel-2-sdsm-dui-ke-izgubi-se-znaeshe-no-vo-ovie-dimenzii/ Thu, 09 May 2024 12:28:27 +0000 https://republika.mk/?p=776365

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета го поздрави изборниот резултат во Македонија, наведувајќи дека „отсекогаш бил симпатизер на ВМРО ДПМНЕ“.

Честитки Мицкоски. Се знаеше дека ВМРО ќе победи! Но, не толку убедливо! Се знаеше дека и ВЛЕН вредеше! Ама дека вредело толку?! Дека „Интернационалата“ на родител 1 и родител 2(СДСМ/ДУИ) ќе изгуби и тоа се знаеше! Но, во овие димензии?! Благодарност до поранешниот градоначалник на Тирана (се мисли на Еди Рама). Без вашиот придонес, овој фантастичен резултат би било тешко да се постигне, напиша Мета на објава на Фејсбук.

Според него, со Владата што ќе ја предводи Христијан Мицкоски, земјата ќе биде втора во Европа по бизнис климата и привлекувањето странски инвестиции.

Со вас, Македонија нема да биде петта во Европа по бизнис клима и привлекување странски инвестиции, туку втора во Европа, оценува Мета во честитката по победа на вчерашните двојни избори.

Тој реагираше и по првиот изборен круг за претседател наведувајќи дека е „воодушевен од изборниот резултат на ВМРО ДПМНЕ“ со порака дека „победата на професорката Гордана Силјановска-Давкова, ќе биде уште поубедлива во вториот круг на 8 мај“.

Мета, кој шеф на државата беше од 2017 до 2022 година во реакцијата на 14 април изрази директна поддршка за ВМРО ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата на изборите.

The post Илир Мета: Дека „Интернационалата“ на родител 1 и родител 2 (СДСМ/ДУИ) ќе изгуби се знаеше, но, во овие димензии?! appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета го поздрави изборниот резултат во Македонија, наведувајќи дека „отсекогаш бил симпатизер на ВМРО ДПМНЕ“.
Честитки Мицкоски. Се знаеше дека ВМРО ќе победи! Но, не толку убедливо! Се знаеше дека и ВЛЕН вредеше! Ама дека вредело толку?! Дека „Интернационалата“ на родител 1 и родител 2(СДСМ/ДУИ) ќе изгуби и тоа се знаеше! Но, во овие димензии?! Благодарност до поранешниот градоначалник на Тирана (се мисли на Еди Рама). Без вашиот придонес, овој фантастичен резултат би било тешко да се постигне, напиша Мета на објава на Фејсбук.
Според него, со Владата што ќе ја предводи Христијан Мицкоски, земјата ќе биде втора во Европа по бизнис климата и привлекувањето странски инвестиции.
Со вас, Македонија нема да биде петта во Европа по бизнис клима и привлекување странски инвестиции, туку втора во Европа, оценува Мета во честитката по победа на вчерашните двојни избори.
Тој реагираше и по првиот изборен круг за претседател наведувајќи дека е „воодушевен од изборниот резултат на ВМРО ДПМНЕ“ со порака дека „победата на професорката Гордана Силјановска-Давкова, ќе биде уште поубедлива во вториот круг на 8 мај“. Мета, кој шеф на државата беше од 2017 до 2022 година во реакцијата на 14 април изрази директна поддршка за ВМРО ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата на изборите.

The post Илир Мета: Дека „Интернационалата“ на родител 1 и родител 2 (СДСМ/ДУИ) ќе изгуби се знаеше, но, во овие димензии?! appeared first on Република.

]]>
Илир Мета: Воодушевен сум од изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ, победата на Силјановска Давкова ќе биде уште поголема на 8 мај https://republika.mk/vesti/makedonija/ilir-meta-voodusheven-sum-od-izborniot-rezultat-na-vmro-dpmne-pobedata-na-siljanovska-davkova-ke-bide-ushte-pogolema-na-8-maj/ Fri, 26 Apr 2024 06:28:27 +0000 https://republika.mk/?p=771158

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата Илир Мета, е, како што вели, воодушевен од изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчерашниот резултат во Македонија јасно покажа дека нивното враќање ќе му даде друга уште повисока димензија, на тој модел, кој и ние треба да го следиме прилагодувајќи го на нашите услови, оценил Мета, јави албанската АБЦ њуз.

Мета изразува убедување дека победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова, ќе биде уште поголема во вториот круг на 8 мај.

Според телевизијата, по примерот на случувањата во соседната држава, Илир Мета, кој подготвува реформирање на неговата партија, вели дека треба да се организира и Демократската партија на Албанија за возобновување, и да биде алтернатива на изборите во 2025 година.

Промените ќе бидат многу брзи, промената ќе биде многу силна. Промената што се случи вчера во Македонија и која ќе биде уште поконкретна по наредните две недели, е јасна порака од народите од нашиот регион дека не прифаќаат депопулација и дефакторизација за мафијашки цели на кој било во светот, додал тој.

Ова не е првпат Мета за изборите отворено да ја каже поддршката за ВМРО-ДПМНЕ.

Преку објава на социјалните мрежи на 14 месецов изрази директна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата на изборите.

Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој на Македонија во иднина од која бенефит ќе имаат сите нејзини граѓани. Земјата ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучната гаранција за тоа, напиша меѓу другото во тогашната објава, постирајќи фотографија од средба со Христијан Мицкоски.

Мета шеф на државата беше од 2017 до 2022 година.

The post Илир Мета: Воодушевен сум од изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ, победата на Силјановска Давкова ќе биде уште поголема на 8 мај appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата Илир Мета, е, како што вели, воодушевен од изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ.
Вчерашниот резултат во Македонија јасно покажа дека нивното враќање ќе му даде друга уште повисока димензија, на тој модел, кој и ние треба да го следиме прилагодувајќи го на нашите услови, оценил Мета, јави албанската АБЦ њуз.
Мета изразува убедување дека победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова, ќе биде уште поголема во вториот круг на 8 мај. Според телевизијата, по примерот на случувањата во соседната држава, Илир Мета, кој подготвува реформирање на неговата партија, вели дека треба да се организира и Демократската партија на Албанија за возобновување, и да биде алтернатива на изборите во 2025 година.
Промените ќе бидат многу брзи, промената ќе биде многу силна. Промената што се случи вчера во Македонија и која ќе биде уште поконкретна по наредните две недели, е јасна порака од народите од нашиот регион дека не прифаќаат депопулација и дефакторизација за мафијашки цели на кој било во светот, додал тој.
Ова не е првпат Мета за изборите отворено да ја каже поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Преку објава на социјалните мрежи на 14 месецов изрази директна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата на изборите.
Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој на Македонија во иднина од која бенефит ќе имаат сите нејзини граѓани. Земјата ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучната гаранција за тоа, напиша меѓу другото во тогашната објава, постирајќи фотографија од средба со Христијан Мицкоски.
Мета шеф на државата беше од 2017 до 2022 година.

The post Илир Мета: Воодушевен сум од изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ, победата на Силјановска Давкова ќе биде уште поголема на 8 мај appeared first on Република.

]]>
Поддршка од Илир Мета: Победата на професорката Силјановска Давкова ќе биде уште поубедлива https://republika.mk/vesti/balkan/poddrshka-od-ilir-meta-pobedata-na-profesorkata-siljanovska-davkova-ke-bide-ushte-poubedliva/ Thu, 25 Apr 2024 16:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=771074

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, „воодушевен е од изборниот резултат на ВМРО ДПМНЕ“.

Изборниот резултат во Македонија јасно покажа дека нивното враќање ќе му даде друга уште повисока димензија,  на тој модел, кој и ние треба да го следиме прилагодувајќи го на нашите услови, оценил Мета, јави албанската АБЦ њуз.

Мета изразува убедување дека победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова, ќе биде уште поголема во вториот круг на 8 мај.

Според телевизијата, по примерот на случувањата во соседната држава, Илир Мета, кој подготвува реформирање на неговата партија, вели дека треба да се организира и Демократската партија на Албанија за возобновување, и да биде алтернатива на изборите во 2025 година.

Промените ќе бидат многу брзи, промената ќе биде многу силна. Промената што се случи вчера во Македонија и која ќе биде уште поконкретна по наредните две недели, е јасна порака од народите од нашиот регион дека не прифаќаат депопулација и дефакторизација за мафијашки цели на кој било во светот, додал тој.

Ова не е првпат Мета за изборите отворено да ја каже поддршката за ВМРО - ДПМНЕ.

Преку објава на социјалните мрежи на 14 месецов изрази директна поддршка за ВМРО - ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата на изборите.

Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој на Македонија во иднина од која бенефит ќе имаат сите нејзини граѓани. Земјата ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучната гаранција за тоа, напиша меѓу другото во тогашната објава, постирајќи фотографија од средба со Христијан Мицкоски.

Мета шеф на државата беше од 2017 до 2022 година.

The post Поддршка од Илир Мета: Победата на професорката Силјановска Давкова ќе биде уште поубедлива appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, „воодушевен е од изборниот резултат на ВМРО ДПМНЕ“.
Изборниот резултат во Македонија јасно покажа дека нивното враќање ќе му даде друга уште повисока димензија,  на тој модел, кој и ние треба да го следиме прилагодувајќи го на нашите услови, оценил Мета, јави албанската АБЦ њуз.
Мета изразува убедување дека победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова, ќе биде уште поголема во вториот круг на 8 мај. Според телевизијата, по примерот на случувањата во соседната држава, Илир Мета, кој подготвува реформирање на неговата партија, вели дека треба да се организира и Демократската партија на Албанија за возобновување, и да биде алтернатива на изборите во 2025 година.
Промените ќе бидат многу брзи, промената ќе биде многу силна. Промената што се случи вчера во Македонија и која ќе биде уште поконкретна по наредните две недели, е јасна порака од народите од нашиот регион дека не прифаќаат депопулација и дефакторизација за мафијашки цели на кој било во светот, додал тој.
Ова не е првпат Мета за изборите отворено да ја каже поддршката за ВМРО - ДПМНЕ. Преку објава на социјалните мрежи на 14 месецов изрази директна поддршка за ВМРО - ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата на изборите.
Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој на Македонија во иднина од која бенефит ќе имаат сите нејзини граѓани. Земјата ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучната гаранција за тоа, напиша меѓу другото во тогашната објава, постирајќи фотографија од средба со Христијан Мицкоски.
Мета шеф на државата беше од 2017 до 2022 година.

The post Поддршка од Илир Мета: Победата на професорката Силјановска Давкова ќе биде уште поубедлива appeared first on Република.

]]>
Илир Мета со директна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ: Од очекуваната победа бенефит ќе имаат сите граѓани https://republika.mk/vesti/makedonija/ilir-meta-so-direktna-poddrshka-za-vmro-dpmne-od-ochekuvanata-pobeda-benefit-ke-imaat-site-gragani/ Sun, 14 Apr 2024 14:53:32 +0000 https://republika.mk/?p=765961

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, преку објава на социјалните мрежи изрази поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата, на претстојните избори. Тој оценува дека со победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите Македонија ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучна гаранција за тоа.

Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој на Македонија во иднина, од која бенефит ќе имаат сите нејзини граѓани, напиша тој на Фејсбук.

Мета порача да не заборавиме дека визијата на партијата и политиките во владеењето ја трансформираа Македонија во 10-та земја во светот и 5-та во Европа по бизнис клима и странски инвестиции. Според него, благодарение на визијата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија направи бум во растот на земјоделството и сточарството, почнувајќи со 10 милиони евра годишна финансиска поддршка и зголемувајќи ги на 200 милиони евра.

Новиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, верувам, доволно научи од грешките направени во минатото и последиците од непотизмот, кој ги засени извонредните економски и општествени достигнувања. Македонија ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучната гаранција за тоа, пишува Мета.

Тој сподели фотографии од средби со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, професорката Весна Јаневска и други членови од Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Илир Мета со директна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ: Од очекуваната победа бенефит ќе имаат сите граѓани appeared first on Република.

Мета: Не гледам никаква загриженост за европската иднина на Cеверна Македонија, Албанците се гаранција за тоа https://republika.mk/vesti/balkan/meta-ne-gledam-nikakva-zagrizhenost-za-evropskata-idnina-na-ceverna-makedonija-albantsite-se-garantsija-za-toa/ Tue, 27 Feb 2024 17:37:01 +0000 https://republika.mk/?p=749012

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, во однос на изборниот процес во Македонија, вели дека „тоа треба да бидат што е можно подемократски процеси".

- Во секој случај, неспорно е дека албанскиот фактор ќе продолжи да биде гаранција за европска Македонија, за евроатлантска Македонија, каков и да е исходот од тамошните избори, дали меѓу македонските партии или меѓу албанските партии и коалиции, додава Мета.

На прашањето дали евентуалната победа на ВМРО-ДПМНЕ би влијаела и би го променила европскиот курс на Македонија, тој со одговор дека не верува, бидејќи „главните одлуки во Cеверна Македонија се веќе донесени, како што е Договорот од Преспа".

- Се случија многу важни промени. Колку што забележав, ВМРО-ДПМНЕ имаше многу јасен став во однос на Берлинскиот процес и исполнувањето на обврските околу интеграцијата во Европската Унија. Уште еднаш потенцирам дека не гледам никаква грижа за европската и евроатлантската иднина на Cеверна Македонија, одговорил Мета во телевизиско интервју од кое пренесува делови на Фејсбук.

Мета и како шеф на државата и сега често ги посетува Македонците во Мала Преспа, а е познат по изјавата „прекрасна македонска заедница" што редовно ја користи за Македонците во Албанија.

Во однос на Косово, пак, тој вели дека „државата Косово е многу пофункционална од Албанија".

- Државата Косово е и многу подемократска од Албанија, спроведува избори неспоредливи со фарсите на Албанија, држава која во сите меѓународни индекси во однос на транспарентноста или доброто владеење е земја-модел во нашиот регион, со оглед на тоа што сепак има скромно искуство од само 16 години, изјавил Мета.

The post Мета: Не гледам никаква загриженост за европската иднина на Cеверна Македонија, Албанците се гаранција за тоа appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, во однос на изборниот процес во Македонија, вели дека „тоа треба да бидат што е можно подемократски процеси".
- Во секој случај, неспорно е дека албанскиот фактор ќе продолжи да биде гаранција за европска Македонија, за евроатлантска Македонија, каков и да е исходот од тамошните избори, дали меѓу македонските партии или меѓу албанските партии и коалиции, додава Мета.
На прашањето дали евентуалната победа на ВМРО-ДПМНЕ би влијаела и би го променила европскиот курс на Македонија, тој со одговор дека не верува, бидејќи „главните одлуки во Cеверна Македонија се веќе донесени, како што е Договорот од Преспа".
- Се случија многу важни промени. Колку што забележав, ВМРО-ДПМНЕ имаше многу јасен став во однос на Берлинскиот процес и исполнувањето на обврските околу интеграцијата во Европската Унија. Уште еднаш потенцирам дека не гледам никаква грижа за европската и евроатлантската иднина на Cеверна Македонија, одговорил Мета во телевизиско интервју од кое пренесува делови на Фејсбук.
Мета и како шеф на државата и сега често ги посетува Македонците во Мала Преспа, а е познат по изјавата „прекрасна македонска заедница" што редовно ја користи за Македонците во Албанија. Во однос на Косово, пак, тој вели дека „државата Косово е многу пофункционална од Албанија".
- Државата Косово е и многу подемократска од Албанија, спроведува избори неспоредливи со фарсите на Албанија, држава која во сите меѓународни индекси во однос на транспарентноста или доброто владеење е земја-модел во нашиот регион, со оглед на тоа што сепак има скромно искуство од само 16 години, изјавил Мета.

The post Мета: Не гледам никаква загриженост за европската иднина на Cеверна Македонија, Албанците се гаранција за тоа appeared first on Република.

]]>
Мета ги посети Македонците во Мала Преспа https://republika.mk/vesti/balkan/meta-gi-poseti-makedontsite-vo-mala-prespa/ Sun, 04 Feb 2024 20:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=740314

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата Илир Мета денеска престојуваше, како што вели, меѓу прекрасната македонска заедница во Мала Преспа.

-На големо задоволство на македонските граѓани во Пустец, денеска во посета беше поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, кој редовно ја посетуваше Преспа и кога беше шеф на државата, информираше лидерот на огранокот на партијата за Мала Преспа, Панди Јани.

Додава дека на средбата со Македонците во Пустец, изразил поддршка кон културни, економски и општествени интереси на Македонците.

– Го нагласи големото значење на пријателските врски помеѓу соседните нации и значењето на заедничкото градењето на благосостојба и заемно разбирање. Овој собир беше прилика за дискусија и споделување на идеи, како и израз на припадност и заедништво меѓу Македонците во Пустец. Илир Мета ја поздрави, како што секогаш ја нарекува, прекрасната македонска заедница и го изрази своето залагање кон мултиетничката хармонија што се создава во поширокиот регион, посочува Панди Јани.

Оваа посета, оценува тој, е доказ за пријателски врски и се надеваме дека ќе продолжат да се засилуваат во иднина, со цел за подобрување на условите за живеење на нашите граѓани и развојот на регионот.

The post Мета ги посети Македонците во Мала Преспа appeared first on Република.

Мета: Депопулацијата е национална рана, да ставиме крај на оваа драма, не сакаме празна Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/meta-depopulatsijata-e-natsionalna-rana-da-stavime-kraj-na-ovaa-drama-ne-sakame-prazna-albanija/ Tue, 28 Feb 2023 15:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=614325

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, изјави дека „депопулацијата е национална рана" за што како главен виновник го посочи премиерот Еди Рама, кој, според него, прави се за „Албанците, а посебно младите да ја напуштаат земјата".

Депопулацијата е голема рана што ја трпи Албанија денес, како резултат на еден премиер кој прави се за Албанците, а особено младите, да бегаат од земјава. Мора да ставиме крај на оваа драма, не сакаме празна Албанија, рече Мета.

Мета, кому петгодишниот претседателски мандат му заврши на 24 јули минатата година, порача дека „Партијата на слободата има национална мисија и голема обврска да стави крај на драмата на депопулација".

Сакаме и сме решени да ставиме крај на драмата на депопулација. Ова е национална мисија и голема обврска што ја имаме кон идните генерации. Веќе не сакаме Албанија со празни градови и преполни чамци, туку Албанија во која градовите ќе бидат преполни со народ и добро развиени и каде младите ќе ја градат иднината, посочи тој.

Според неодамнешен извештај на Евростат, од 2014 до крајот на 2022 година 934 илјади албански граѓани заминале во некоја земја членка на ЕУ, што е повеќе од 33 отсто од населението.

Доколку се додадат и оние кои заминале во земји кои не се членки на ЕУ, овој процент достигнува најмалку 35 отсто за период од осум години.

The post Мета: Депопулацијата е национална рана, да ставиме крај на оваа драма, не сакаме празна Албанија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, изјави дека „депопулацијата е национална рана" за што како главен виновник го посочи премиерот Еди Рама, кој, според него, прави се за „Албанците, а посебно младите да ја напуштаат земјата". Депопулацијата е голема рана што ја трпи Албанија денес, како резултат на еден премиер кој прави се за Албанците, а особено младите, да бегаат од земјава. Мора да ставиме крај на оваа драма, не сакаме празна Албанија, рече Мета. Мета, кому петгодишниот претседателски мандат му заврши на 24 јули минатата година, порача дека „Партијата на слободата има национална мисија и голема обврска да стави крај на драмата на депопулација". Сакаме и сме решени да ставиме крај на драмата на депопулација. Ова е национална мисија и голема обврска што ја имаме кон идните генерации. Веќе не сакаме Албанија со празни градови и преполни чамци, туку Албанија во која градовите ќе бидат преполни со народ и добро развиени и каде младите ќе ја градат иднината, посочи тој. Според неодамнешен извештај на Евростат, од 2014 до крајот на 2022 година 934 илјади албански граѓани заминале во некоја земја членка на ЕУ, што е повеќе од 33 отсто од населението. Доколку се додадат и оние кои заминале во земји кои не се членки на ЕУ, овој процент достигнува најмалку 35 отсто за период од осум години.

The post Мета: Депопулацијата е национална рана, да ставиме крај на оваа драма, не сакаме празна Албанија appeared first on Република.

]]>
Бериша и Мета договорија заеднички настап на локалните избори во 2023 година https://republika.mk/vesti/balkan/berisha-i-meta-dogovorija-zaednichki-nastap-na-lokalnite-izbori-vo-2023-godina/ Thu, 27 Oct 2022 13:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=566431

Лидерот на побројното крило на Демократската партија, Сали Бериша и претседателот на Партијата на слободата, Илир Мета попладнево потпишаа договор за заеднички настап на локалните избори, кои во Албанија ќе се одржат на 14 мај идната година.

Според договорот, двете опозициски политички сили ќе излезат со заеднички кандидати, откако, како што се наведува, утврдиле дека Албанија е во критичен момент.

-Заеднички настапуваме поради уништувачката корупција, уништување на политичкиот плурализам на локално ниво, масовната и трагична депопулација, економската криза, која води кон колапс на земјата, на власта која е заложник на шверцот, валканите пари и корупцијата, стои во документот.

Се додава дека под овие услови, Демократската партија на Албанија и Партијата на слободата се согласуваат да и понудат на Албанија победничка алтернатива на локалните избори на 14 мај 2023 година, која ги застапува само интересите на граѓаните и највисокиот јавен интерес.

The post Бериша и Мета договорија заеднички настап на локалните избори во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Лидерот на побројното крило на Демократската партија, Сали Бериша и претседателот на Партијата на слободата, Илир Мета попладнево потпишаа договор за заеднички настап на локалните избори, кои во Албанија ќе се одржат на 14 мај идната година. Според договорот, двете опозициски политички сили ќе излезат со заеднички кандидати, откако, како што се наведува, утврдиле дека Албанија е во критичен момент. -Заеднички настапуваме поради уништувачката корупција, уништување на политичкиот плурализам на локално ниво, масовната и трагична депопулација, економската криза, која води кон колапс на земјата, на власта која е заложник на шверцот, валканите пари и корупцијата, стои во документот. Се додава дека под овие услови, Демократската партија на Албанија и Партијата на слободата се согласуваат да и понудат на Албанија победничка алтернатива на локалните избори на 14 мај 2023 година, која ги застапува само интересите на граѓаните и највисокиот јавен интерес.

The post Бериша и Мета договорија заеднички настап на локалните избори во 2023 година appeared first on Република.

]]>