Или-или Archives - Република https://republika.mk/tema/ili-ili/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 07:21:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Или-или Archives - Република https://republika.mk/tema/ili-ili/ 32 32 „Или-Или“ ја објави „Граница“ од Капка Касабова https://republika.mk/vesti/kultura/ili-ili-ja-objavi-granitsa-od-kapka-kasabova/ Mon, 09 Sep 2024 07:21:47 +0000 https://republika.mk/?p=814531

По одличниот прием на „Кон езерото“, овој пат од англиски на македонски јазик, во превод на Бранислав Мирчевски, „Или-Или“ ја објави книгата „Граница“, од Капка Касабова, соопштија од издавачката куќа.

Капка Касабова е повеќежанровска писателка. Нејзини најпознати прозни книги се: „Улица без име“ (2008), „Дванаесет минути љубов“ (2013) и книгите од балканската трилогија „Граница“ (2017) „Кон езерото“ (2020) и „Еликсир“ (2023). Таа е родена во Софија во 1973 година, а на 18-годишна возраст емигрирала со семејството во Нов Зеланд, каде што студирала и ги објавила првите поетски книги на aнглиски јазик. Од 2005 година живее во Шкотска.

За книгата, авторката вели:

Оваа книга ја раскажува приказната за луѓето од последната граница во Европа. Онаму каде што Бугарија, Грција и Турција се доближуваат и оддалечуваат, а границите се токму тоа што се. Тоа е местото каде што Европа почнува, а нешто друго што не е сосем Азија завршува.
Така е географски, но картата ќе те одведе само до одредена точка, a ќе се најдеш во гора од оставината што врие од сенки и живее надвор од времето. Таму завршив и јас. Веројатно сите погранични земји вибрираат со фреквенциите на несвесното; конечно, границите се место каде што материјата се лити. Сепак, оваа погранична област вибрира со еден особенo привлечен тон и е посебна од три причини. Прво, поради незавршените работи од Студената војна; второ, бидејќи оваа област е една од големите дивини на Европа; трето, бидејќи овде се спојуваат континентите уште откако постојат континенти.

[caption id="attachment_814534" align="alignnone" width="476"] Капка Касабова[/caption]

Мојата генерација во Источна Европа созреа со падот на Берлинскиот ѕид. Во сенката на оваа граница поминаа моите детски години во Бугарија, во времето на последната фаза на „социјализмот со човечки лик“, како што гласеше несреќниот слоган од тоа време. Така, беше природно патувањето околу границата целосно да ме обземе. Кога си близу до некаква граница, невозможно е да не бидеш обезмен, да не посакаш да ја преминеш или пречекориш. Со самото тоа што си таму, ја добиваш поканата. Ајде, шепне таа, премини преку линијата. Ако се осмелиш. Преминувањето на линијата, дење или под закрилата на ноќта, е страв и надеж истовремено. Некаде те очекува чамџија чие лице не можеш да го видиш. Луѓе умираат преминувајќи граници, а понекогаш и само кога се на чекор до нив. Оние среќните, пак, одново се раѓаат на другата страна“.

Книгата на Касабова е добитник на многу меѓународни награди и досега преведена на преку 20 јазици. За неа рекоа:

„Оваа книга е извонредно лично истражување на граничната област помеѓу Грција, Бугарија и Турција. Писателката со бугарско потекло разговара со ловци на богатство, ботаничари, бегалци, шверцери - за да објави необични, живописни, трогателни човечки приказни. Таа доаѓа до тоа со поетски сензибилитет и новинарска љубопитност. Прекрасна, блескава комбинација“. New Internationalist

„Ова е прекрасна, лична приказна за граничната зона меѓу Бугарија, Турција и Грција, од времето на Османлиите до заканата од Студената војна и пошироко“. Марк Мазовер

„Касабова е одлична писателка која, ослободена од дискурсивните норми, лесно ги преплетува документарното и лирското, доживеаното и замисленото. Таа отворено и без предрасуди им се препушта на зборовите, средбите, приказните и на сопствените емоции, приемчива за секое искуство. Навистина, одамна немам прочитано книга која толку впечатливо ја опфаќа поетиката на еден простор и толку непретенциозно а животно прикажува една исклучително сложена тема, како што е темата на границата“. Катерина Лукетиќ, Критика

„Ова е тажна приказна раскажана на три јазици, а за да не се повтори, луѓето треба да зборуваат - за минатото, сегашноста и иднината“. БНР

Објавувањето е поддржано од Фондот за централна и источна Европа во Амстердам и Министерството на култура на Македонија.

The post „Или-Или“ ја објави „Граница“ од Капка Касабова appeared first on Република.

]]>

По одличниот прием на „Кон езерото“, овој пат од англиски на македонски јазик, во превод на Бранислав Мирчевски, „Или-Или“ ја објави книгата „Граница“, од Капка Касабова, соопштија од издавачката куќа. Капка Касабова е повеќежанровска писателка. Нејзини најпознати прозни книги се: „Улица без име“ (2008), „Дванаесет минути љубов“ (2013) и книгите од балканската трилогија „Граница“ (2017) „Кон езерото“ (2020) и „Еликсир“ (2023). Таа е родена во Софија во 1973 година, а на 18-годишна возраст емигрирала со семејството во Нов Зеланд, каде што студирала и ги објавила првите поетски книги на aнглиски јазик. Од 2005 година живее во Шкотска. За книгата, авторката вели:
Оваа книга ја раскажува приказната за луѓето од последната граница во Европа. Онаму каде што Бугарија, Грција и Турција се доближуваат и оддалечуваат, а границите се токму тоа што се. Тоа е местото каде што Европа почнува, а нешто друго што не е сосем Азија завршува. Така е географски, но картата ќе те одведе само до одредена точка, a ќе се најдеш во гора од оставината што врие од сенки и живее надвор од времето. Таму завршив и јас. Веројатно сите погранични земји вибрираат со фреквенциите на несвесното; конечно, границите се место каде што материјата се лити. Сепак, оваа погранична област вибрира со еден особенo привлечен тон и е посебна од три причини. Прво, поради незавршените работи од Студената војна; второ, бидејќи оваа област е една од големите дивини на Европа; трето, бидејќи овде се спојуваат континентите уште откако постојат континенти. [caption id="attachment_814534" align="alignnone" width="476"] Капка Касабова[/caption] Мојата генерација во Источна Европа созреа со падот на Берлинскиот ѕид. Во сенката на оваа граница поминаа моите детски години во Бугарија, во времето на последната фаза на „социјализмот со човечки лик“, како што гласеше несреќниот слоган од тоа време. Така, беше природно патувањето околу границата целосно да ме обземе. Кога си близу до некаква граница, невозможно е да не бидеш обезмен, да не посакаш да ја преминеш или пречекориш. Со самото тоа што си таму, ја добиваш поканата. Ајде, шепне таа, премини преку линијата. Ако се осмелиш. Преминувањето на линијата, дење или под закрилата на ноќта, е страв и надеж истовремено. Некаде те очекува чамџија чие лице не можеш да го видиш. Луѓе умираат преминувајќи граници, а понекогаш и само кога се на чекор до нив. Оние среќните, пак, одново се раѓаат на другата страна“.
Книгата на Касабова е добитник на многу меѓународни награди и досега преведена на преку 20 јазици. За неа рекоа: „Оваа книга е извонредно лично истражување на граничната област помеѓу Грција, Бугарија и Турција. Писателката со бугарско потекло разговара со ловци на богатство, ботаничари, бегалци, шверцери - за да објави необични, живописни, трогателни човечки приказни. Таа доаѓа до тоа со поетски сензибилитет и новинарска љубопитност. Прекрасна, блескава комбинација“. New Internationalist „Ова е прекрасна, лична приказна за граничната зона меѓу Бугарија, Турција и Грција, од времето на Османлиите до заканата од Студената војна и пошироко“. Марк Мазовер „Касабова е одлична писателка која, ослободена од дискурсивните норми, лесно ги преплетува документарното и лирското, доживеаното и замисленото. Таа отворено и без предрасуди им се препушта на зборовите, средбите, приказните и на сопствените емоции, приемчива за секое искуство. Навистина, одамна немам прочитано книга која толку впечатливо ја опфаќа поетиката на еден простор и толку непретенциозно а животно прикажува една исклучително сложена тема, како што е темата на границата“. Катерина Лукетиќ, Критика „Ова е тажна приказна раскажана на три јазици, а за да не се повтори, луѓето треба да зборуваат - за минатото, сегашноста и иднината“. БНР Објавувањето е поддржано од Фондот за централна и источна Европа во Амстердам и Министерството на култура на Македонија.

The post „Или-Или“ ја објави „Граница“ од Капка Касабова appeared first on Република.

]]>
Летен попуст на книги во „Или-Или“ https://republika.mk/vesti/kultura/leten-popust-na-knigi-vo-ili-ili/ Mon, 01 Jul 2024 07:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=792285

Издавачката куќа „Или-Или“ од денеска до 20 јули организира летен попуст на книги кој ќе се движи од од 20 до 70 отсто. Изборот е голем и на дела од македонски автори и на книги од стански писатели.

Веќе го живееме долгото и топло лето, како што гласеше насловот на популарната серија од 80-тите години на ТВ Скопје. Од 1 до 20 јули ви нудиме супер летни попусти на сите наши изданија. Ве каниме да наминете во дуќан и да ги изберете вашите фаворити за ова лето, или, ако ве примрзи да се движите, да ги нарачате онлајн од нашата страница – велат од „Или-Или“.

The post Летен попуст на книги во „Или-Или“ appeared first on Република.

Почнува новогодишниот попуст на книги во „Или-Или“ https://republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-novogodishniot-popust-na-knigi-vo-ili-ili/ Mon, 25 Dec 2023 08:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=726366

Од денеска, 25 декември до 13 јануари почнува новогодишниот попуст во книжарницата „Или-Или“ во Скопје.

Имате можност да ја збогатите својата домашна библиотека со прекрасни наслови кои се на попуст од 10 до 70 проценти. Годинава издадовме 16 книги во различни едиции и реиздадовме 4 романи кои беа исцрпени. Знаеме дека 20 наслови не се многу, сме имале и подобри години, но ИЛИ-ИЛИ секогаш се гордее со квалитетот, а не со квантитетот на објавени наслови, велат од издавачката куќа „Или-Или“.

The post Почнува новогодишниот попуст на книги во „Или-Или“ appeared first on Република.

„Или-Или“ го издаде капиталното дело „Латински цитати, изрази и фрази“ https://republika.mk/vesti/kultura/ili-ili-go-izdade-kapitalnoto-delo-latinski-tsitati-izrazi-i-frazi/ Tue, 24 Oct 2023 07:39:32 +0000 https://republika.mk/?p=694373

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Латински цитати, изреки и фрази“, како четврта книга во едицијата АРГО.

Предговорот, изборот, преводот од латински и коментарите се на Светлана Кочовска Стевовиќ.

Збирките со латински цитати во националните култури имаат посебен статус и повеќевековна традиција. Нивната бројност во светот е одраз на свеста на креаторите на културните политики за тоа дека збирките со латински цитати, поговорки и фразеолошки изрази се од капитално значење во националната култура на една земја, пред сѐ, поради фактот што многу од одредниците од коишто се состојат овие збирки, и покрај тоа што се создадени пред многу векови, и ден-денес се присутни во многу сфери од современата стварност, соопштуваат од издавачката куќа.

„Латински цитати, изреки и фрази“ е збирка од нешто помалку од 5 000 латински цитати, изреки, фрази, правни максими, девизи на поединци или групи, здравствени препораки, хералдички гесла и други куси латински изрази од различна провениенција. Најбројни се цитатите од римската книжевност, од латинскиот превод на Библијата (Vulgata) и од некои подоцнежни дела. Поради широкиот опсег на употреба многу од овие цитати стекнале статус на поговорки. Одраз на нивната огромна популарност низ вековите е влијанието што го извршиле врз фразеолошкиот фонд и врз паремиската граѓа на современите јазици. Многу од овие цитати, изрази и фрази и денес се присутни во книжевноста, журналистиката, јавниот дискурс и популарната култура.
Единиците што се поместени во збирката „Латински цитати, изреки и фрази“ се подредени по абецеден редослед, а наместа по преводот следи кус коментар со појаснувања на значењето, потеклото и(ли) на контекстот во кој изразот бил употребен.

Светлана Кочовска-Стевовиќ е класичарка, книжевна преведувачка и професорка по латински јазик на Филозофскиот факултет во Скопје. Авторка е на една монографија за писмата на Кикерон (Епистоларниот дискурс на Марк Тулиј Кикерон, Профундум, 2014) и на повеќе преводи од латински и(ли) старогрчки јазик на дела од Кикерон (За должностите, Магор, 2005; Избрани писма, Три, 2014; Втора филипика, Или-или, 2022), Хигин (Митови, Три, 2016), Јустин (Филипова историја, Полица, 2020), Лукијан од Самосата (Вистинска приказна, Или-или, 2020) и Сенека (Медеја, Или-или, 2021).

The post „Или-Или“ го издаде капиталното дело „Латински цитати, изрази и фрази“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Латински цитати, изреки и фрази“, како четврта книга во едицијата АРГО. Предговорот, изборот, преводот од латински и коментарите се на Светлана Кочовска Стевовиќ.
Збирките со латински цитати во националните култури имаат посебен статус и повеќевековна традиција. Нивната бројност во светот е одраз на свеста на креаторите на културните политики за тоа дека збирките со латински цитати, поговорки и фразеолошки изрази се од капитално значење во националната култура на една земја, пред сѐ, поради фактот што многу од одредниците од коишто се состојат овие збирки, и покрај тоа што се создадени пред многу векови, и ден-денес се присутни во многу сфери од современата стварност, соопштуваат од издавачката куќа.
„Латински цитати, изреки и фрази“ е збирка од нешто помалку од 5 000 латински цитати, изреки, фрази, правни максими, девизи на поединци или групи, здравствени препораки, хералдички гесла и други куси латински изрази од различна провениенција. Најбројни се цитатите од римската книжевност, од латинскиот превод на Библијата (Vulgata) и од некои подоцнежни дела. Поради широкиот опсег на употреба многу од овие цитати стекнале статус на поговорки. Одраз на нивната огромна популарност низ вековите е влијанието што го извршиле врз фразеолошкиот фонд и врз паремиската граѓа на современите јазици. Многу од овие цитати, изрази и фрази и денес се присутни во книжевноста, журналистиката, јавниот дискурс и популарната култура. Единиците што се поместени во збирката „Латински цитати, изреки и фрази“ се подредени по абецеден редослед, а наместа по преводот следи кус коментар со појаснувања на значењето, потеклото и(ли) на контекстот во кој изразот бил употребен. Светлана Кочовска-Стевовиќ е класичарка, книжевна преведувачка и професорка по латински јазик на Филозофскиот факултет во Скопје. Авторка е на една монографија за писмата на Кикерон (Епистоларниот дискурс на Марк Тулиј Кикерон, Профундум, 2014) и на повеќе преводи од латински и(ли) старогрчки јазик на дела од Кикерон (За должностите, Магор, 2005; Избрани писма, Три, 2014; Втора филипика, Или-или, 2022), Хигин (Митови, Три, 2016), Јустин (Филипова историја, Полица, 2020), Лукијан од Самосата (Вистинска приказна, Или-или, 2020) и Сенека (Медеја, Или-или, 2021).

The post „Или-Или“ го издаде капиталното дело „Латински цитати, изрази и фрази“ appeared first on Република.

]]>
Пет години од првото издание на наградуваниот роман „Маџун“ од Влада Урошевиќ, „Или-Или“ го објави во едицијата „ПРОаЗА“ https://republika.mk/vesti/kultura/pet-godini-od-prvoto-izdanie-na-nagraduvaniot-roman-madhun-od-vlada-uroshevik-ili-ili-go-objavi-vo-editsijata-proaza/ Thu, 15 Jun 2023 08:52:06 +0000 https://republika.mk/?p=651618

Издавачката куќа „Или-Или“ пет години од првото издание наградуваниот и преведуван роман „Маџун“ од академик Влада Урошевиќ го објави во едицијата ПРОаЗА. Претходно, „или-Или“ ја објави збирката раскази „Вонземјанки“ на Урошевиќ во оваа едиција. Лектурата е на Сузана В. Спасовска а дизајнот на корицата на Марија Смилевска.

По првото издание (Магор 2018) романот „Маџун“ од Влада Урошевиќ ја добива наградата „Стале Попов“ на ДПМ, номиниран е за македонски кандидат за наградата Балканика а преводи се објавени во Бугарија, БиХ, Србија и Хрватска.

Романот „Маџун' не е само роман за детството, туку е и роман на атмосфера, и роман со исклучително урбан сензибилитет, и роман сложувалка во духот на постмодернистичката парадигма, и роман загатка…, вели професорката на Филолошкиот факултет Лидија Капушевска Дракулевска.

За писателката Оливера Ќорвезироска „Маџун“ е роман за детството, но не вообичаен билдунгс-роман за созревањето, туку роман за меморијата на детството, на вообразбата, на сеќавањето, на спомените и промените; роман за меморијата на знаењето и на наобразбата; роман за меморијата на преобразбата,.. на мирисите, боите и вкусовите, на зборовите, рецептите и летoците, на вујковците и тетките... на дворовите и крововите, на осамата и штамата, на драмата во најдлабоките и највисоките претстави за нас самите.

Романот „Маџун“, секако, може да се чита по аналогија и во компаративни односи со значајни дела од европската проза, почнувајќи, на пример, од првата книга на Лав Николаевич Толстој, во дадениот контекст со парадигматскиот наслов Детство, а потоа преку Ламаринениот барабан на Гинтер Грас до, на пример, Ужасот на празнината на нобеловецот Петер Хандке, и сосема природно, како по начинот на раскажување, така и по севкупната уметничка вредност, влегува во корпусот на дела на истата тема што ги претставуваше , во поголема или помала мера, прозата на одредени значајни јужнословенски автори, како и литературите на кои тие припаѓале, пишува Михајло Пантиќ.

Влада Урошевиќ (1934), поет, прозен писател, есеист, патописец. Препејувач на француската поезија (Бодлер, Рембо, Аполинер, Елијар, Бретон, Мишо...), автор на повеќе антологии. Роден во Скопје, во Дебар-маало, каде што го поминал раниот период од своето детство. Како и „Маџун“, и некои други негови романи („Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“, „Дива лига“, „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“) за сцена на своето дејство го имаат Скопје во разни периоди од неговата историја. Своите мемоарско-есеистички текстови за родниот град ги објавил во книгите „Алдебаран“ и „Астролаб“. Повеќе негови раскази, од седумте објавени збирки, се одигруваат , исто така, во Скопје. Во 2023 година, по наградите “Роман на годината“ и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, прогласен од Македонската асоцијација на издавачи за „Автор на годината“.

The post Пет години од првото издание на наградуваниот роман „Маџун“ од Влада Урошевиќ, „Или-Или“ го објави во едицијата „ПРОаЗА“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Или-Или“ пет години од првото издание наградуваниот и преведуван роман „Маџун“ од академик Влада Урошевиќ го објави во едицијата ПРОаЗА. Претходно, „или-Или“ ја објави збирката раскази „Вонземјанки“ на Урошевиќ во оваа едиција. Лектурата е на Сузана В. Спасовска а дизајнот на корицата на Марија Смилевска. По првото издание (Магор 2018) романот „Маџун“ од Влада Урошевиќ ја добива наградата „Стале Попов“ на ДПМ, номиниран е за македонски кандидат за наградата Балканика а преводи се објавени во Бугарија, БиХ, Србија и Хрватска.
Романот „Маџун' не е само роман за детството, туку е и роман на атмосфера, и роман со исклучително урбан сензибилитет, и роман сложувалка во духот на постмодернистичката парадигма, и роман загатка…, вели професорката на Филолошкиот факултет Лидија Капушевска Дракулевска.
За писателката Оливера Ќорвезироска „Маџун“ е роман за детството, но не вообичаен билдунгс-роман за созревањето, туку роман за меморијата на детството, на вообразбата, на сеќавањето, на спомените и промените; роман за меморијата на знаењето и на наобразбата; роман за меморијата на преобразбата,.. на мирисите, боите и вкусовите, на зборовите, рецептите и летoците, на вујковците и тетките... на дворовите и крововите, на осамата и штамата, на драмата во најдлабоките и највисоките претстави за нас самите.
Романот „Маџун“, секако, може да се чита по аналогија и во компаративни односи со значајни дела од европската проза, почнувајќи, на пример, од првата книга на Лав Николаевич Толстој, во дадениот контекст со парадигматскиот наслов Детство, а потоа преку Ламаринениот барабан на Гинтер Грас до, на пример, Ужасот на празнината на нобеловецот Петер Хандке, и сосема природно, како по начинот на раскажување, така и по севкупната уметничка вредност, влегува во корпусот на дела на истата тема што ги претставуваше , во поголема или помала мера, прозата на одредени значајни јужнословенски автори, како и литературите на кои тие припаѓале, пишува Михајло Пантиќ.
Влада Урошевиќ (1934), поет, прозен писател, есеист, патописец. Препејувач на француската поезија (Бодлер, Рембо, Аполинер, Елијар, Бретон, Мишо...), автор на повеќе антологии. Роден во Скопје, во Дебар-маало, каде што го поминал раниот период од своето детство. Како и „Маџун“, и некои други негови романи („Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“, „Дива лига“, „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“) за сцена на своето дејство го имаат Скопје во разни периоди од неговата историја. Своите мемоарско-есеистички текстови за родниот град ги објавил во книгите „Алдебаран“ и „Астролаб“. Повеќе негови раскази, од седумте објавени збирки, се одигруваат , исто така, во Скопје. Во 2023 година, по наградите “Роман на годината“ и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, прогласен од Македонската асоцијација на издавачи за „Автор на годината“.

The post Пет години од првото издание на наградуваниот роман „Маџун“ од Влада Урошевиќ, „Или-Или“ го објави во едицијата „ПРОаЗА“ appeared first on Република.

]]>
Објавена збирката раскази „Грбот на мажот“ од Аријан Лека https://republika.mk/vesti/kultura/objavena-zbirkata-raskazi-grbot-na-mazhot-od-arijan-leka/ Tue, 02 May 2023 07:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=635892

Од печат излезе збирката раскази „Грбот на мажот“ од Аријан Лека, издание на „Или-Или“. Ова е прв превод од албански на македонски јазик во едицијата „ПРОаЗА“. Преводот е на Крешник Ајдини, а излегувањето на книгата финансиски е помогнато од фондацијата „Традуки“.

Ова е одлична збирка која содржи дваесет и четири раскази за животот во сенката на „големиот“ Енвер, созревањето во посткомунистичката транзиција, за тегобноста на егзилот, но и надежите во „новиот“ живот, раскази исполнети со сентимент, шарм и духовитост.

Албанскиот поет, романсиер и есеист Аријан Лека е роден во 1966 година. Студирал музика во родниот Драч, а албански јазик и литература во Тирана. Пишува песни, раскази, романи и литература за деца, меѓу другото на албански ги превел италијанските нобеловци Еугенио Монтале и Салваторе Квазимодо. Некои од неговите четиринаесет објавени книги и делови од неговите дела се преведени на италијански, англиски, германски, француски, романски, бугарски, српски и хрватски. Во 2004 година го основа Меѓународниот фестивал за поезија и литература ПОЕТЕКА и оттогаш е главен уредник на истоименото списание.

The post Објавена збирката раскази „Грбот на мажот“ од Аријан Лека appeared first on Република.

]]>

Од печат излезе збирката раскази „Грбот на мажот“ од Аријан Лека, издание на „Или-Или“. Ова е прв превод од албански на македонски јазик во едицијата „ПРОаЗА“. Преводот е на Крешник Ајдини, а излегувањето на книгата финансиски е помогнато од фондацијата „Традуки“. Ова е одлична збирка која содржи дваесет и четири раскази за животот во сенката на „големиот“ Енвер, созревањето во посткомунистичката транзиција, за тегобноста на егзилот, но и надежите во „новиот“ живот, раскази исполнети со сентимент, шарм и духовитост. Албанскиот поет, романсиер и есеист Аријан Лека е роден во 1966 година. Студирал музика во родниот Драч, а албански јазик и литература во Тирана. Пишува песни, раскази, романи и литература за деца, меѓу другото на албански ги превел италијанските нобеловци Еугенио Монтале и Салваторе Квазимодо. Некои од неговите четиринаесет објавени книги и делови од неговите дела се преведени на италијански, англиски, германски, француски, романски, бугарски, српски и хрватски. Во 2004 година го основа Меѓународниот фестивал за поезија и литература ПОЕТЕКА и оттогаш е главен уредник на истоименото списание.

The post Објавена збирката раскази „Грбот на мажот“ од Аријан Лека appeared first on Република.

]]>
„Или-Или“ го објави новиот роман на Горан Војновиќ „Ѓорѓиќ се враќа“ https://republika.mk/vesti/kultura/ili-ili-go-objavi-noviot-roman-na-goran-vojnovik-gorgik-se-vraka/ Thu, 13 Apr 2023 10:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=630503

Денеска од печат излезе преводот на новиот роман на Горан Војновиќ насловен „Ѓорѓиќ се враќа“ во издание на „Или-Или“.

По објавувањето на „Југославија, моја дежела“ и „Смоква“, ова е трето дело на регионалната книжевна ѕвезда кое излегува на македонски јазик. Преводот од словенечки е на Давор Стојановски.

За својата нова книга, Војновиќ во интервјуто за „Букла“ нагласува:

По десет години живот во Босна, Марко Ѓорѓиќ е веројатно уште поизгубен отколку кога беше тинејџер во Фужине. Ако бил чефур во Фужине, во Босна не е само Јанез, туку е и Србин. Откако се преселил од Високо во Бјељина, каде дел од неговото семејство побегнало за време на војната, тој станал имигрант, пребегнат Србин. А потоа се враќа во Фужине и може само да дознае дека е „вонземјанин“. Овде и секаде. Затоа што во овој крајно поделен и разграничен свет не е можно да биде ништо друго. И додека човек не ја потисне желбата да припаѓа, или додека не се помири со својата неприпадност, со својата „туѓост“, тешко ќе го најде својот мир. Марко Ѓорѓиќ дефинитивно се’ уште не се помирил со тоа. Но, можеби некогаш, којзнае“.

The post „Или-Или“ го објави новиот роман на Горан Војновиќ „Ѓорѓиќ се враќа“ appeared first on Република.

]]>

Денеска од печат излезе преводот на новиот роман на Горан Војновиќ насловен „Ѓорѓиќ се враќа“ во издание на „Или-Или“. По објавувањето на „Југославија, моја дежела“ и „Смоква“, ова е трето дело на регионалната книжевна ѕвезда кое излегува на македонски јазик. Преводот од словенечки е на Давор Стојановски. За својата нова книга, Војновиќ во интервјуто за „Букла“ нагласува:
По десет години живот во Босна, Марко Ѓорѓиќ е веројатно уште поизгубен отколку кога беше тинејџер во Фужине. Ако бил чефур во Фужине, во Босна не е само Јанез, туку е и Србин. Откако се преселил од Високо во Бјељина, каде дел од неговото семејство побегнало за време на војната, тој станал имигрант, пребегнат Србин. А потоа се враќа во Фужине и може само да дознае дека е „вонземјанин“. Овде и секаде. Затоа што во овој крајно поделен и разграничен свет не е можно да биде ништо друго. И додека човек не ја потисне желбата да припаѓа, или додека не се помири со својата неприпадност, со својата „туѓост“, тешко ќе го најде својот мир. Марко Ѓорѓиќ дефинитивно се’ уште не се помирил со тоа. Но, можеби некогаш, којзнае“.

The post „Или-Или“ го објави новиот роман на Горан Војновиќ „Ѓорѓиќ се враќа“ appeared first on Република.

]]>
„Или-Или“ го објави петтото издание на „Резервен живот“ од Лидија Димковска https://republika.mk/vesti/kultura/ili-ili-go-objavi-pettoto-izdanie-na-rezerven-zhivot-od-lidija-dimkovska/ Sat, 08 Apr 2023 13:35:56 +0000 https://republika.mk/?p=628724

Од печат излезе петото издание на „Резервен живот“ од Лидија Димковска, еден од најуспешните и најпреведувани романи во македонската книжевност, информираат од издавачката куќа „Или-Или“.

По објавувањето во 2012 година, веќе следната година романот ги добива наградите „Стале Попов“ на ДПМ и Европската награда за литература на ЕУ по што романот е преведен на 11 јазици; англиски, германски, италијански, унгарски, чешки, романски, албански, бугарски, словенечки, хрватски и српски.

Романот, со гостување на авторката, е претставен во повеќе градови во САД како и во Европа и добива одлични рецензии и убав прием од читателите.

Славната хрватска писателка, Дубравка Угрешиќ, ќе напише за романот:

Лидија Димковска го збогатува современиот музеј на книжевни чуда со силни, впечатливи, гротескни, ексцентрични детали и епизоди раскажани во старата добра традиција на романот.

И српскиот писател и книжевен критичар, Ненад Шапоња, по објавувањето на српското издание не ги штеди пофалбите за „Резервен Живот“:

’Резервен живот’ спаѓа во најдобрите романи напишани не само во Македонија туку и на просторите на цела поранешна Југославија во 21 век. Раскажувачкото мајсторство на авторката го остава читателот без здив додека пред нас се нижат години во кои се издигнуваат и се распаѓаат личните животи на јунаците, како и земјата во којашто живееле.“

Лидија Димковска (1971, Скопје) е поетеса, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик. Објавила седум поетски збирки: „Рожби од Исток“ (1992), „Огнот на буквите“ (1994), „Изгризани нокти“ (1998), „Нобел против Нобел“ (2001), „Идеална тежина“ (2008), „pH неутрална за животот и смртта“ (2009), „Црно на бело“ (2016) и „Гранична состојба“ (2021); три романи: „Скриена камера“ (2004), „Резервен живот“ (2012) и „Но-Уи“ (2016); американскиот дневник „Отаде Л“. (2018) и збирката раскази: „Кога заминав од Карл Либкнехт“ (2019), преведени на бројни јазици. Ги добила наградата за дебитантско поетско дело „Студентски збор“, двапати наградата за проза „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“, европската награда за поезија „Петру Крду“, наградата на Европската Унија за литература за романот „Резервен живот“, Специјалното признание „Европско културно наследство“ за најдобар расказ, словенечката „Чаша на бесмртноста“ за десетгодишен поетски опус, албанско-македонската поетска награда „Наим Фрашери“, наградата „Браќа Миладиновци“ и други. Нејзините книги биле номинирани и за американската награда „Најдобра книга во превод“ како за поезија така и за проза, за германската „Берлински мост“, за полската „Европски поет на слободата“ и за меѓународната „Балканика“. Уредила четири антологии. Учествувала на голем број меѓународни книжевни средби, читања и резиденции низ светот.

The post „Или-Или“ го објави петтото издание на „Резервен живот“ од Лидија Димковска appeared first on Република.

]]>

Од печат излезе петото издание на „Резервен живот“ од Лидија Димковска, еден од најуспешните и најпреведувани романи во македонската книжевност, информираат од издавачката куќа „Или-Или“. По објавувањето во 2012 година, веќе следната година романот ги добива наградите „Стале Попов“ на ДПМ и Европската награда за литература на ЕУ по што романот е преведен на 11 јазици; англиски, германски, италијански, унгарски, чешки, романски, албански, бугарски, словенечки, хрватски и српски. Романот, со гостување на авторката, е претставен во повеќе градови во САД како и во Европа и добива одлични рецензии и убав прием од читателите. Славната хрватска писателка, Дубравка Угрешиќ, ќе напише за романот:
Лидија Димковска го збогатува современиот музеј на книжевни чуда со силни, впечатливи, гротескни, ексцентрични детали и епизоди раскажани во старата добра традиција на романот.
И српскиот писател и книжевен критичар, Ненад Шапоња, по објавувањето на српското издание не ги штеди пофалбите за „Резервен Живот“:
’Резервен живот’ спаѓа во најдобрите романи напишани не само во Македонија туку и на просторите на цела поранешна Југославија во 21 век. Раскажувачкото мајсторство на авторката го остава читателот без здив додека пред нас се нижат години во кои се издигнуваат и се распаѓаат личните животи на јунаците, како и земјата во којашто живееле.“
Лидија Димковска (1971, Скопје) е поетеса, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик. Објавила седум поетски збирки: „Рожби од Исток“ (1992), „Огнот на буквите“ (1994), „Изгризани нокти“ (1998), „Нобел против Нобел“ (2001), „Идеална тежина“ (2008), „pH неутрална за животот и смртта“ (2009), „Црно на бело“ (2016) и „Гранична состојба“ (2021); три романи: „Скриена камера“ (2004), „Резервен живот“ (2012) и „Но-Уи“ (2016); американскиот дневник „Отаде Л“. (2018) и збирката раскази: „Кога заминав од Карл Либкнехт“ (2019), преведени на бројни јазици. Ги добила наградата за дебитантско поетско дело „Студентски збор“, двапати наградата за проза „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“, европската награда за поезија „Петру Крду“, наградата на Европската Унија за литература за романот „Резервен живот“, Специјалното признание „Европско културно наследство“ за најдобар расказ, словенечката „Чаша на бесмртноста“ за десетгодишен поетски опус, албанско-македонската поетска награда „Наим Фрашери“, наградата „Браќа Миладиновци“ и други. Нејзините книги биле номинирани и за американската награда „Најдобра книга во превод“ како за поезија така и за проза, за германската „Берлински мост“, за полската „Европски поет на слободата“ и за меѓународната „Балканика“. Уредила четири антологии. Учествувала на голем број меѓународни книжевни средби, читања и резиденции низ светот.  

The post „Или-Или“ го објави петтото издание на „Резервен живот“ од Лидија Димковска appeared first on Република.

]]>
Краткиот роман „Зашеметен“ од Лукас Берфус објавен на македонски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/kratkiot-roman-zashemeten-od-lukas-berfus-objaven-na-makedonski-jazik/ Mon, 30 Jan 2023 10:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=602549

Во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“ објавен е краткиот роман „Зашеметен“ од познатиот швајцарски писател Лукас Берфус. Преводот од германски е на Ксенија Чочкова и истиот е поддржан од преведувачката мрежа Традуки, соопштија од издавачката куќа.

По објавувањето на овој роман авторот Лукас Берфус во 2019 г. ја добил најпрестижната книжевна награда „Георг Бихнер“ за писатели од германското јазично подрачје.

Лукас Берфус е роден 1971 година во Тун, Швајцарија. Пишува драми, романи, есеи. Неговите драми се играат насекаде низ светот, а неговите романи се преведени на повеќе од дваесет јазици. За своите дела е награден со повеќе награди меѓу кои: Литературната награда на Берлин (во 2013 год.), Швајцарската награда за најдобар роман (за „Коала во 2014 год.), наградата Николас Борн (во 2015 год.) и наградата Георг Бихнер (2019 год.). Со романот „Зашеметен“ беше финалист за Наградата за најдобар роман на Лајпцишкиот саем на книгата.

[caption id="attachment_602551" align="alignnone" width="200"] Лукас Берфус[/caption]

„Зашеметен“ е мајсторско дело што не ја крие Ахиловата пета: Тоа е естетско суверен, но и ранлив портрет на човекот на прагот од епохата, напиша за романот Мајк Фесман од „Зидојче цајтунг“.

Еден маж стои во толпата пред влезот на една стоковна куќа и одеднаш одлучува, без особена причина за тоа, да следи една жена. Не ја познава, ја гледа само одзади, но како во игра си вели: „Ако тргне по тој пат, нема веќе да ја следам; ако оди во оваа насока ќе ја продолжам играта уште малку.“ Целата таа игра не значи ништо, никој не е оштетен, а растојанието во толпата е толку големо што жената не може да го забележи.
За еден час Филип и онака има важен состанок. Но веќе се прашува дали би можел да го одложи. Она што го мотивира не е јасно. Дали ја следи жената зашто му е здодевно? Дали е луд? Дали е криминалец? Изгледа како и самиот да бега од нешто.
Во воздухот се насетува закана. Во сите сетилни набљудувања има нешто вознемирувачки надреално. Сите прашања за нашата животна реалност во 21 век добиваат неодминлива острина.

The post Краткиот роман „Зашеметен“ од Лукас Берфус објавен на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“ објавен е краткиот роман „Зашеметен“ од познатиот швајцарски писател Лукас Берфус. Преводот од германски е на Ксенија Чочкова и истиот е поддржан од преведувачката мрежа Традуки, соопштија од издавачката куќа. По објавувањето на овој роман авторот Лукас Берфус во 2019 г. ја добил најпрестижната книжевна награда „Георг Бихнер“ за писатели од германското јазично подрачје. Лукас Берфус е роден 1971 година во Тун, Швајцарија. Пишува драми, романи, есеи. Неговите драми се играат насекаде низ светот, а неговите романи се преведени на повеќе од дваесет јазици. За своите дела е награден со повеќе награди меѓу кои: Литературната награда на Берлин (во 2013 год.), Швајцарската награда за најдобар роман (за „Коала во 2014 год.), наградата Николас Борн (во 2015 год.) и наградата Георг Бихнер (2019 год.). Со романот „Зашеметен“ беше финалист за Наградата за најдобар роман на Лајпцишкиот саем на книгата. [caption id="attachment_602551" align="alignnone" width="200"] Лукас Берфус[/caption]
„Зашеметен“ е мајсторско дело што не ја крие Ахиловата пета: Тоа е естетско суверен, но и ранлив портрет на човекот на прагот од епохата, напиша за романот Мајк Фесман од „Зидојче цајтунг“.
Еден маж стои во толпата пред влезот на една стоковна куќа и одеднаш одлучува, без особена причина за тоа, да следи една жена. Не ја познава, ја гледа само одзади, но како во игра си вели: „Ако тргне по тој пат, нема веќе да ја следам; ако оди во оваа насока ќе ја продолжам играта уште малку.“ Целата таа игра не значи ништо, никој не е оштетен, а растојанието во толпата е толку големо што жената не може да го забележи. За еден час Филип и онака има важен состанок. Но веќе се прашува дали би можел да го одложи. Она што го мотивира не е јасно. Дали ја следи жената зашто му е здодевно? Дали е луд? Дали е криминалец? Изгледа како и самиот да бега од нешто. Во воздухот се насетува закана. Во сите сетилни набљудувања има нешто вознемирувачки надреално. Сите прашања за нашата животна реалност во 21 век добиваат неодминлива острина.  

The post Краткиот роман „Зашеметен“ од Лукас Берфус објавен на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
На први декември во МКЦ промоција на романот „Засолниште во времето“ од Георги Господинов https://republika.mk/vesti/kultura/na-prvi-dekemvri-vo-mkc-promocija-na-romanot-zasolnishte-vo-vremeto-od-georgi-gospodinov/ Thu, 24 Nov 2022 14:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=577897

На први декември, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во 21 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Засолниште во времето“ на бугарскиот писател Георги Господинов, во издание на „Или-Или“.

По фантастичниот интернационален успех со романот „Засолниште во времето“, по многуте гостувања и промоции ширум Европа, Георги Господинов, на радост на бројните читатели доаѓа во Скопје, најавува организаторот.

Модератор ќе биде Дарин Ангеловски, а промоторки Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска.

Објавувањето на книгата како и гостувањето на авторот е кофинансирано од Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Моќен и брилијантен роман: јасен, претчувствителен, енигматичен. Роман во кој иднината попушта како скапана греда, а минатото надоаѓа како поплава, вели за најновиот роман на Господинов Сандро Веронези, автор на „Колибри“ и „Тивок хаос“, двоен добитник на Premio Strega.

„Ле Фигаро“ за книгата ќе напише:

Бугарскиот романсиер напишал екстравагантен роман, сочинет од варијации на темите на минатото, сеќавањето и заборавот. Маестрално.

The post На први декември во МКЦ промоција на романот „Засолниште во времето“ од Георги Господинов appeared first on Република.

]]>

На први декември, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во 21 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Засолниште во времето“ на бугарскиот писател Георги Господинов, во издание на „Или-Или“.
По фантастичниот интернационален успех со романот „Засолниште во времето“, по многуте гостувања и промоции ширум Европа, Георги Господинов, на радост на бројните читатели доаѓа во Скопје, најавува организаторот.
Модератор ќе биде Дарин Ангеловски, а промоторки Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска. Објавувањето на книгата како и гостувањето на авторот е кофинансирано од Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.
Моќен и брилијантен роман: јасен, претчувствителен, енигматичен. Роман во кој иднината попушта како скапана греда, а минатото надоаѓа како поплава, вели за најновиот роман на Господинов Сандро Веронези, автор на „Колибри“ и „Тивок хаос“, двоен добитник на Premio Strega.
„Ле Фигаро“ за книгата ќе напише:
Бугарскиот романсиер напишал екстравагантен роман, сочинет од варијации на темите на минатото, сеќавањето и заборавот. Маестрално.
 
The post На први декември во МКЦ промоција на романот „Засолниште во времето“ од Георги Господинов appeared first on Република.

]]>
Објавен романот „Фауна“ на канадската писателка Кристијан Вадне https://republika.mk/vesti/kultura/objaven-romanot-fauna-na-kanadskata-pisatelka-kristijan-vadne/ Thu, 01 Sep 2022 10:47:36 +0000 https://republika.mk/?p=546409

Деновиве од печат излезе романот „Фауна“ од канадската писателка Кристијан Вадне, како 211 книга во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. Преводот од француски на македонски јазик е на Валентина Новачева, а дизајнот на корицата на Марија Смилевска.

„Фауна“ е романот кој ја доби наградата за креативно пишување на градот Квебек и Саемот на книга „Интернационален Квебек“ во 2019 година, а беше финалист за „Наградата за имагинарни хоризонти“ како и за наградата „Аурора Бореалис“.

Сместен некаде на студениот Север, овој елегантен и изненадувачки роман сочинет од поврзани приказни ги следи ликовите околу изолираното, чудовишно село на студените, Шиверинг Хајтс, каде што комуницираат чудни и футуристички биолошки форми на живот. Меѓу најчудните од овие форми на живот се луѓето, иако читателите ќе откријат и други. Писмото на Вадне е сурово, еротично и наликува на сон. Или, доколку ги сакате Кроненберг, Кафка и Велс, тогаш Фауна е роман за вас, бидејќи го прикажува хипнотичкиот дарвинов кошмар до кој ќе не доведат нашата негрижа и негирање во годините што претстојат.

Оваа фантастична еко-фикција ги воодушеви и читателите и критичарите, кои не штедеа пофални зборови за романот.

Кристијан Вадне е канадска франкофонска писателка, родена 1986 година во Квебек. Пред објавувањето на романот „Фауна“, со години работела во книжевната заедница како програмерка на настани и менаџерка на проекти. Дејствието во „Фауна“, роман сочинет од поврзани приказни, се случува во иднината по климатските промени кога луѓето се борат со мистериозната епидемија додека другите видови се прилагодуваат и размножуваат. Успехот и многуте награди со дебитантскиот роман на Кристијан Вадне широко ѝ ги отворија вратите во книжевниот свет.

The post Објавен романот „Фауна“ на канадската писателка Кристијан Вадне appeared first on Република.

]]>

Деновиве од печат излезе романот „Фауна“ од канадската писателка Кристијан Вадне, како 211 книга во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. Преводот од француски на македонски јазик е на Валентина Новачева, а дизајнот на корицата на Марија Смилевска. „Фауна“ е романот кој ја доби наградата за креативно пишување на градот Квебек и Саемот на книга „Интернационален Квебек“ во 2019 година, а беше финалист за „Наградата за имагинарни хоризонти“ како и за наградата „Аурора Бореалис“. Сместен некаде на студениот Север, овој елегантен и изненадувачки роман сочинет од поврзани приказни ги следи ликовите околу изолираното, чудовишно село на студените, Шиверинг Хајтс, каде што комуницираат чудни и футуристички биолошки форми на живот. Меѓу најчудните од овие форми на живот се луѓето, иако читателите ќе откријат и други. Писмото на Вадне е сурово, еротично и наликува на сон. Или, доколку ги сакате Кроненберг, Кафка и Велс, тогаш Фауна е роман за вас, бидејќи го прикажува хипнотичкиот дарвинов кошмар до кој ќе не доведат нашата негрижа и негирање во годините што претстојат. Оваа фантастична еко-фикција ги воодушеви и читателите и критичарите, кои не штедеа пофални зборови за романот. Кристијан Вадне е канадска франкофонска писателка, родена 1986 година во Квебек. Пред објавувањето на романот „Фауна“, со години работела во книжевната заедница како програмерка на настани и менаџерка на проекти. Дејствието во „Фауна“, роман сочинет од поврзани приказни, се случува во иднината по климатските промени кога луѓето се борат со мистериозната епидемија додека другите видови се прилагодуваат и размножуваат. Успехот и многуте награди со дебитантскиот роман на Кристијан Вадне широко ѝ ги отворија вратите во книжевниот свет.

The post Објавен романот „Фауна“ на канадската писателка Кристијан Вадне appeared first on Република.

]]>
„Или-или“ го објави дебитанскиот роман „Пештера“ од Максим Ристески https://republika.mk/vesti/kultura/ili-ili-go-objavi-debitanskiot-roman-peshtera-od-maksim-risteski/ Wed, 31 Aug 2022 06:57:04 +0000 https://republika.mk/?p=545920

Неодамна од печат излезе деби романот „Пештера“ од Максим Ристески како 208 издание во едицијата „ПРОаЗА“, со што на најдобар можен начин продолжува традицијата на поддршка на нови домашни автори на издавачката куќа „Или-Или“.

Во освртот кон романот, Владимир Мартиновски потенцира:

Иако напати добива одлика на жанровска (трилер и детективска) фабула, благодарение на сугестивните ликови и увидот во нивниот внатрешен свет, романот напати добива и одлики на психолошки роман, а особен белег на нарацијата ѝ даваат многубројните дијалози меѓу ликовите, кои најчесто расправаат и дебатираат за улогата религијата, филозофијата и уметноста во денешниот свет, така што романот со својата флуидност и разновидност вешто им се отима на сите обиди за строго разграничување во жанровска смисла. Во романот е особено маркантен интертекстуалниот елемент, во кој во преден план се ставени судбините на протагонистите исправени пред крупни одлуки, а меѓу многубројните интертекстуални назнаки и алузии доминираат библиските. Оттука, би можеле да констатираме дека романот на Ристески во многу елементи е нестандарден и оригинален роман во современата македонска литература.

Максим Ристески (Скопје, 1973) со пишување се занимава повеќе од 30 години, како новинар, копирајтер, текстописец, сценарист … Бил музичар, а продолжува да се занимава и со ликовна уметност. „Пештера“ му е прв роман, чиј зародок долго се формирал, но кога дошло вистинското време, го напишал во еден здив.

The post „Или-или“ го објави дебитанскиот роман „Пештера“ од Максим Ристески appeared first on Република.

]]>

Неодамна од печат излезе деби романот „Пештера“ од Максим Ристески како 208 издание во едицијата „ПРОаЗА“, со што на најдобар можен начин продолжува традицијата на поддршка на нови домашни автори на издавачката куќа „Или-Или“. Во освртот кон романот, Владимир Мартиновски потенцира:
Иако напати добива одлика на жанровска (трилер и детективска) фабула, благодарение на сугестивните ликови и увидот во нивниот внатрешен свет, романот напати добива и одлики на психолошки роман, а особен белег на нарацијата ѝ даваат многубројните дијалози меѓу ликовите, кои најчесто расправаат и дебатираат за улогата религијата, филозофијата и уметноста во денешниот свет, така што романот со својата флуидност и разновидност вешто им се отима на сите обиди за строго разграничување во жанровска смисла. Во романот е особено маркантен интертекстуалниот елемент, во кој во преден план се ставени судбините на протагонистите исправени пред крупни одлуки, а меѓу многубројните интертекстуални назнаки и алузии доминираат библиските. Оттука, би можеле да констатираме дека романот на Ристески во многу елементи е нестандарден и оригинален роман во современата македонска литература.
Максим Ристески (Скопје, 1973) со пишување се занимава повеќе од 30 години, како новинар, копирајтер, текстописец, сценарист … Бил музичар, а продолжува да се занимава и со ликовна уметност. „Пештера“ му е прв роман, чиј зародок долго се формирал, но кога дошло вистинското време, го напишал во еден здив.

The post „Или-или“ го објави дебитанскиот роман „Пештера“ од Максим Ристески appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков вечерва во „Буква“ https://republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-romanot-najosamenoto-mesto-od-simeon-jankov-vecherva-vo-bukva/ Wed, 27 Apr 2022 07:52:48 +0000 https://republika.mk/?p=494137

Со почеток во 20 часот во среда (27 април) во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков во издание на „Или-Или“.

Промоторка на романот е Фросина Пармаковска. Taa вели дека ова е роман за вртоглавите патувања низ најмрачните сокаци во човековата психа, за најосаменото место каде животот го вперува своето огледало во смртта, а смртта испушта еликсир што ја опива душата со љубовта кон „мртвата сакана“.

Главниот лик е плетач на приказни, сонувач на минати времиња, гледач на неми филмови, собирач на трепки и на мртви љубови и конечно, цртач на извонредно тенки линии помеѓу она што вистински е и она што само така изгледа. Одлично изграден лик, по малку чудак, по малку мрачен, по малку фантазер, но исклучително несекојдневен и интригантен лик кој во комбинација со занимливата приказна и прекрасниот начин на нејзино раскажување од самиот лик (роман во 1во лице) го произвеле „најосаменото место“ како уникатна must-see дестинација што топло ја препорачувам. Симеон Јанков, е веќе потврден раскажувачки водич кој има, и тоа како, што да каже, што да покаже и извонредно креативни начини како да го поведе читателот во неповторлива книжевна авантура!“, објаснува Пармаковска.

Инаку, Јанков дипломирал Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Тој е автор на романот „Црна шума“, објавен во 2019 година.

The post Промоција на романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков вечерва во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Со почеток во 20 часот во среда (27 април) во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков во издание на „Или-Или“. Промоторка на романот е Фросина Пармаковска. Taa вели дека ова е роман за вртоглавите патувања низ најмрачните сокаци во човековата психа, за најосаменото место каде животот го вперува своето огледало во смртта, а смртта испушта еликсир што ја опива душата со љубовта кон „мртвата сакана“.
Главниот лик е плетач на приказни, сонувач на минати времиња, гледач на неми филмови, собирач на трепки и на мртви љубови и конечно, цртач на извонредно тенки линии помеѓу она што вистински е и она што само така изгледа. Одлично изграден лик, по малку чудак, по малку мрачен, по малку фантазер, но исклучително несекојдневен и интригантен лик кој во комбинација со занимливата приказна и прекрасниот начин на нејзино раскажување од самиот лик (роман во 1во лице) го произвеле „најосаменото место“ како уникатна must-see дестинација што топло ја препорачувам. Симеон Јанков, е веќе потврден раскажувачки водич кој има, и тоа како, што да каже, што да покаже и извонредно креативни начини како да го поведе читателот во неповторлива книжевна авантура!“, објаснува Пармаковска.
Инаку, Јанков дипломирал Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Тој е автор на романот „Црна шума“, објавен во 2019 година.

The post Промоција на романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков вечерва во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Книгата „Тупаници“ од Пјетро Гроси објавена на македонски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/knigata-tupanici-od-pjetro-grosi-objavena-na-makedonski-jazik/ Mon, 07 Mar 2022 12:00:05 +0000 https://republika.mk/?p=468936

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Тупаници“ од Пјетро Гроси како дел од популарната едиција „ПРОаЗА“. Преводот од италијански на македонски јазик е на Катерина Сотирова, а излегувањето на книгата е поддржано од „Креативна Европа“ на ЕУ и Министерството за култура.

Раскажани со штеделив и моќен глас што потсетува на Хемингвеј, Селинџер и Остер, трите приказни на Гроси го истражуваат обредот на премин од детски во возрасни години со кој секој од нас се соочил - и што значи да се биде човек во овие модерни времиња. „Тупаници“, „Коњи“ и „Мајмун“ се три моќни приказни за полнолетството на момчињата кои се соочуваат со реалноста и се борат да останат живи во машкиот свет. Во „Тупаници“, тинејџ боксер-аматер за прв пат влегува во рингот и се наоѓа во судир со Животот во сета негова мускулеста сила; во „Коњи“, двајцата браќа на прагот од зрелоста учат да ја играат машката игра на својствен, болен начин; а во „Мајмунот“, еден млад човек сфаќа дека за да останеме здрави и да преживееме на овој свет, треба да ги жртвуваме нашите детски соништа.

Пјетро Гроси, писател и преведувач, е роден 1978 година во Фиренца, a моментно живее и работи во Тоскана. Во 2006 година ja објави книгата „Тупаници“, која стигна до финалето на многу книжевни награди, вклучувајќи ги и престижните „Viareggio“ и „Strega“. Книгата ги освои наградите „ Cocito Montà D'alba“, „Chiara“, „Fiesole Narrative “ за автори под 40 години, како и наградата „Pistoia del Ceppo“. Во 2010 година, англиската верзија на книгата насловена „Fists“, објавена од „Pushkin press“, беше финалист за наградата за странска литература која ја доделува „Independent“. Истата година авторот ја освои и „Campiello Europe Prize“.

The post Книгата „Тупаници“ од Пјетро Гроси објавена на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Тупаници“ од Пјетро Гроси како дел од популарната едиција „ПРОаЗА“. Преводот од италијански на македонски јазик е на Катерина Сотирова, а излегувањето на книгата е поддржано од „Креативна Европа“ на ЕУ и Министерството за култура. Раскажани со штеделив и моќен глас што потсетува на Хемингвеј, Селинџер и Остер, трите приказни на Гроси го истражуваат обредот на премин од детски во возрасни години со кој секој од нас се соочил - и што значи да се биде човек во овие модерни времиња. „Тупаници“, „Коњи“ и „Мајмун“ се три моќни приказни за полнолетството на момчињата кои се соочуваат со реалноста и се борат да останат живи во машкиот свет. Во „Тупаници“, тинејџ боксер-аматер за прв пат влегува во рингот и се наоѓа во судир со Животот во сета негова мускулеста сила; во „Коњи“, двајцата браќа на прагот од зрелоста учат да ја играат машката игра на својствен, болен начин; а во „Мајмунот“, еден млад човек сфаќа дека за да останеме здрави и да преживееме на овој свет, треба да ги жртвуваме нашите детски соништа. Пјетро Гроси, писател и преведувач, е роден 1978 година во Фиренца, a моментно живее и работи во Тоскана. Во 2006 година ja објави книгата „Тупаници“, која стигна до финалето на многу книжевни награди, вклучувајќи ги и престижните „Viareggio“ и „Strega“. Книгата ги освои наградите „ Cocito Montà D'alba“, „Chiara“, „Fiesole Narrative “ за автори под 40 години, како и наградата „Pistoia del Ceppo“. Во 2010 година, англиската верзија на книгата насловена „Fists“, објавена од „Pushkin press“, беше финалист за наградата за странска литература која ја доделува „Independent“. Истата година авторот ја освои и „Campiello Europe Prize“.

The post Книгата „Тупаници“ од Пјетро Гроси објавена на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
„Или-Или“ го издаде „Колибри“ – најдобриот италијански роман во 2020 година https://republika.mk/vesti/kultura/ili-ili-go-izdade-kolibri-najdobriot-italijanski-roman-vo-2020-godina/ Tue, 01 Feb 2022 10:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=452327

„Или-Или“ го издаде преводот на најдобриот италијански роман во 2020 година, романот „Колибри“ од Сандро Веронези. „Колибри“ е 206 издание во едицијата „ПРОаЗА“.

По издавањето на исто така романот-лауреат „Тивок хаос“ во 2016 година, кој наиде на одличен прием кај македонските читатели, се одлучивме да го издадеме и актуелниот добитник на престижната италијанска книжевна награда „Стрега“, романот „Колибри“ од Сандро Веронези, во превод од италијански јазик на Анастасија Ѓурчинова. Излегувањето на книгата е поддржано од Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија и од Министерството за култура, соопштија од „Или-Или“.

Меѓународната сензација бр.1 од мајсторот на европската литература, Сандро Веронези – добитник на италијанската Premio Strega – е сага за едно фирентинско семејство од 1960-тите до денес. Марко Карера е јунакот во оваа семејна приказна, тој е „колибри“, човек со речиси натприродна способност да остане мирен во хаосот на светот кој постојано се менува. Како прекрасно и привлечно патување низ времето раскажано во голем број наративни стилови, „Колибри“ е приказна за страдањето, среќата, загубата, љубовта и надежта – за човекот кој го отелотворува тивкиот хероизам што го дефинира секојдневниот живот на безброј обични луѓе. Потенцирајќи ја потребата да се гледа во иднината со надеж и да се живее со интензитет до самиот крај, ремек-делото на Сандро Веронези – читливо, богато со знаења и исполнето со интересни пресврти и откритија – е портрет на човековото постоење, перипетиите и каприците кои нè поттикнуваат и на крајот нè дефинираат.

„Колибри“ е мајсторски роман, брилијантно осмислен мозаик на љубов и трагедија“, е една од многуте позитивни книжевни критики за овој роман.

Сандро Веронези (1959) e еден од најреномираните современи италијански прозаисти. Автор е на повеќе романи и збирки раскази и добитник е на некои од најпрестижните книжевни награди во Италија и надвор од неа. Со романот Силата на минатото (2000) ги освои наградите „Кампиело“ и „Вијареџо“, за романот Тивок хаос (2005) ја доби најпознатата италијанска награда „Стрега“ 2006, како и две значајни признанија во Франција: наградата „Фемина“ и „Медитеран – странци“. Овој роман со успех беше пренесен и на филмското платно од страна на режисерот Нани Морети во 2008 година. Со најновиот роман Колибри (2019) Веронези го повтори успехот, освојувајќи ја по вторпат наградата „Стрега“ за 2020 година.

The post „Или-Или“ го издаде „Колибри“ – најдобриот италијански роман во 2020 година appeared first on Република.

]]>

„Или-Или“ го издаде преводот на најдобриот италијански роман во 2020 година, романот „Колибри“ од Сандро Веронези. „Колибри“ е 206 издание во едицијата „ПРОаЗА“.
По издавањето на исто така романот-лауреат „Тивок хаос“ во 2016 година, кој наиде на одличен прием кај македонските читатели, се одлучивме да го издадеме и актуелниот добитник на престижната италијанска книжевна награда „Стрега“, романот „Колибри“ од Сандро Веронези, во превод од италијански јазик на Анастасија Ѓурчинова. Излегувањето на книгата е поддржано од Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија и од Министерството за култура, соопштија од „Или-Или“.
Меѓународната сензација бр.1 од мајсторот на европската литература, Сандро Веронези – добитник на италијанската Premio Strega – е сага за едно фирентинско семејство од 1960-тите до денес. Марко Карера е јунакот во оваа семејна приказна, тој е „колибри“, човек со речиси натприродна способност да остане мирен во хаосот на светот кој постојано се менува. Како прекрасно и привлечно патување низ времето раскажано во голем број наративни стилови, „Колибри“ е приказна за страдањето, среќата, загубата, љубовта и надежта – за човекот кој го отелотворува тивкиот хероизам што го дефинира секојдневниот живот на безброј обични луѓе. Потенцирајќи ја потребата да се гледа во иднината со надеж и да се живее со интензитет до самиот крај, ремек-делото на Сандро Веронези – читливо, богато со знаења и исполнето со интересни пресврти и откритија – е портрет на човековото постоење, перипетиите и каприците кои нè поттикнуваат и на крајот нè дефинираат. „Колибри“ е мајсторски роман, брилијантно осмислен мозаик на љубов и трагедија“, е една од многуте позитивни книжевни критики за овој роман. Сандро Веронези (1959) e еден од најреномираните современи италијански прозаисти. Автор е на повеќе романи и збирки раскази и добитник е на некои од најпрестижните книжевни награди во Италија и надвор од неа. Со романот Силата на минатото (2000) ги освои наградите „Кампиело“ и „Вијареџо“, за романот Тивок хаос (2005) ја доби најпознатата италијанска награда „Стрега“ 2006, како и две значајни признанија во Франција: наградата „Фемина“ и „Медитеран – странци“. Овој роман со успех беше пренесен и на филмското платно од страна на режисерот Нани Морети во 2008 година. Со најновиот роман Колибри (2019) Веронези го повтори успехот, освојувајќи ја по вторпат наградата „Стрега“ за 2020 година.

The post „Или-Или“ го издаде „Колибри“ – најдобриот италијански роман во 2020 година appeared first on Република.

]]>