игор стефановски Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-stefanovski/ За подобро да се разбереме Sun, 01 Sep 2024 16:58:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png игор стефановски Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-stefanovski/ 32 32 Иџе ограбен во Словенија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/idhe-ograben-vo-slovenija/ Sun, 01 Sep 2024 17:22:57 +0000 https://republika.mk/?p=812086

Игор Стефановски со големи амбиции се упати кон Словенија на трката во Илирска Бистрица, но после доброто издание на првата сесија, Македонецот самиот објави дека е неизвесен за втората трка.

Популарниот Иџе се избори за уште еден подиум на Европскиот шампионат на ридски патеки, меѓутоа освоеното трето место сепак не му носи доволно голема сатисфакција. Причина за тоа е кражбата која ја претрпел неговиот тим во Словенија, поради што неговите механичари сега се оневозможени да ги променат гумите за влажна патека.

– Прва трка, 3 то освоено место , но за жал поради кражбата која ни ја направија утрово на алатот за промена на гумите и дождот кој почна да врне на стаза, можеби нема да бидеме во можност да возиме на втората трка. Не можеме да промениме гуми за дожд на автомобилот, порача Стефановски.

The post Иџе ограбен во Словенија appeared first on Република.

]]>

Игор Стефановски со големи амбиции се упати кон Словенија на трката во Илирска Бистрица, но после доброто издание на првата сесија, Македонецот самиот објави дека е неизвесен за втората трка. Популарниот Иџе се избори за уште еден подиум на Европскиот шампионат на ридски патеки, меѓутоа освоеното трето место сепак не му носи доволно голема сатисфакција. Причина за тоа е кражбата која ја претрпел неговиот тим во Словенија, поради што неговите механичари сега се оневозможени да ги променат гумите за влажна патека.
– Прва трка, 3 то освоено место , но за жал поради кражбата која ни ја направија утрово на алатот за промена на гумите и дождот кој почна да врне на стаза, можеби нема да бидеме во можност да возиме на втората трка. Не можеме да промениме гуми за дожд на автомобилот, порача Стефановски.

The post Иџе ограбен во Словенија appeared first on Република.

]]>
Немаме двајца, еден е Ристо Стефановски, рече актерката на МНТ Весна Петрушевска на комеморацијата за театрологот https://republika.mk/vesti/kultura/nemame-dvajca-eden-e-risto-stefanovski-reche-akterkata-na-mnt-vesna-petrushevska-na-komemoracijata-za-teatrologot/ Thu, 12 May 2022 13:55:58 +0000 https://republika.mk/?p=501532

Немаме двајца, еден е Ристо Стефановски. Ја направивме оваа комеморација затоа што тој беше најпристојниот, најтоплиот, најемотивниот, највнимателниот театарџија што јас сум го сретнала во мојот живот. Тоа беше Ристе. И дури беше толку внимателен, љубезен, достоинствен и толку нежен. Нема друг. Затоа и го направивме ова. И затоа што е ред. А редот го почитуваше Ристе Стефановски, рече Весна Петрушевска, актерка на Македонскиот народен театар (МНТ) на денешната комеморација за театарологот Ристо Стефановски, кој почина на 22 март годинава, на 94 години.

Ристо Стефановски беше театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар и директор на Драмски театар Скопје цели 26 години, од 1957-1983.

Роден во Скопје, Стефановски студирал глума на Театарската академија во Белград, а од 1951 до 1960 бил актер во скопскиот Народниот театар. Од пролетта 1957 раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Го обмислува, реализира и уредува театарското списание „Театарски гласник“ од 1977. Во меѓувреме, дипломирал на Факултетот за драмска уметност во Белград, отсек организација. Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија.

Стефановски беше испратен со долг аплауз од колегите од МНТ, Драмски, Турски театар, режисери, драматурзи, актери од повеќе театари. Додека колегите се збогувааа со бардот на македонскиот театар, во позадина одеше музиката на неговиот внук, светски познатиот гитарист Влатко Стефановски. „Бистра вода“, „Учи ме мајко карај ме“, „Јовано, Јованке...“ за последното збогум од колегите театарџии.

Си заминаа и Иван, Мирко, Круме, Миле. Си заминаа и други, енцикопледии. Ти последен. Се прашувам: Што правиме ние сега? Во една од моите најомилени книги, 'Господарот на прстените', кога се говори за смртта на Гандалф, добриот сив волшебник, се вели: кога паѓаат големите, помалите мора да водат. Се прашувам каде ќе нè води оваа наша генерација која сакале-нејќеле мора да води. Знам дека тоа ќе го направиме со гордоста и со смелоста на која ти не научи. Секогаш ќе бидам благодарен што сум дел од твојата фамилија, фамилијата на твоите браќа и нивните потомци, рече Игор Стефановски, син на драматургот Горан Стефановски, кој се јави со видеоповик.

За драматугот Братислав Димитров Стефановски е театарски воин за сите времиња.

Тоа што е Марадона во фудбалот, Мајлс Дејвис во музиката, Ристо Стефановски е во театарот. Се работи за човек кој е феномен во светски размери. Како никој пред и како никој после него, тој успевал да создава одличен театар во три сосема различни општестевени системи и во три различни театари. Во услови на материјална, но често и во морална беда, кога и најупорните се откажуваа, заменувајќи го стресниот театар со удобна фотелја и топли влечки, нашиот Ристе влегувал во сурови битки и пронаоѓал решенија доследни и за најголемите магионичари и алхемичари, рече Димитров на комеморацијата.

Актерот на МНТ, Ѓорѓи Јолевски, во емотовниот говор рече дека Ристо Стефановски е татко на современиот македонски театар.

Како татко ги создаваше институциите, театарите, фестивалите, големите режисерски, авторски и актерски имиња. Твоите театаролошки записи, кои секојдневно, со голема љубов ги преточуваше во книги, вечно ќе останат да не потсетуваат на историјата, важноста, значењето и моќта на театарот. Драг Ристо, никогаш не сум ти кажал дека беше мојата инспирација, рече Јолевски.

Актерот на Драмски театар Јовица Михајловски се потсети на последните две средби со Ристо Стефановски, кој бил директор кога тој се вработил во театарот.

Горан Стефановски работата на Ристо ја спореди со работата на врвен енолог. За да имате врвно вино, треба внимателно да го одберете грозјето, да биде од една сорта, па да се собере на време, да одлежи, да ферментира, флашира и да биде спремно за конзумација. Иста таква методологија Ристе ја применувал во градењето, нормално под контрола на уметничкиот совет. Истиот таков процес го применувал во одбирот при создавање на ансамблот. Во Драмски не можеше да се случи директно од Академија да играте главна улога, се присети Михајловски.

Една од внуките на Ристо Стефановски, Елена, со присутните на отворената комеморација сподели малку познати детали од долгиот и богат живот на театарологот, кому театарот му бил  и му значел исто како и семејството.

До тој степен Ристо е посветен на театарот, што кога му се раѓа првата внука од помалата ќерка Тања заминува на гостување со театарот и праќа телеграма во болница. Вака гласи: Тато е поносен, ве сакам двете. Во тоа време веројатно актерите беа негови деца и внуци, раскажа Елена.

Од 1983 година беше генерален директор на Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје. Автор е на 12 тома од книгите „Театарот во Македонија“, и меѓудругите на „Летопис на македонската драма и театар“,„Монографија – 30 години Драмски театар“, „Мојот театар – Театарски вистини, записи, сведоштва, сеќавања“ и други.

Стефановски создаде сценски простор ослободен од креативен догматизам каде што актерите можеа да го покажат својот талент. Без Ристо и неговата подготвеност да преземе ризици и да се бори за своите избори, да биде прав дури и кога греши, немаше да постојат ни Љубиша Георгиевски, ни Слободан Унковски, Горан Стефановски, ни многу други кои продефилираа низ Драмски оставјќи траги на неговата сцена. Тоа се негови деца. Затоа Ристо е незаменлива алка кое светлото минато на македонскиот театар го поврзува со неговата иднина, рече д-р Наум Пановски, чија порака од Вашингтон ја прочита актерката Драгана Костадиновска.

Стефановски е добитник на бројни високи државни награди: „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, Стериина награда за животно дело на Фестивалот Стериино позорје, Нови Сад, Награда на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за животно дело, Ордените за труд со бронзен, сребрен венец и златен венец, „13 Ноември“, Одликување на Француската влада „Академска палма“ и други.

The post Немаме двајца, еден е Ристо Стефановски, рече актерката на МНТ Весна Петрушевска на комеморацијата за театрологот appeared first on Република.

]]>

Немаме двајца, еден е Ристо Стефановски. Ја направивме оваа комеморација затоа што тој беше најпристојниот, најтоплиот, најемотивниот, највнимателниот театарџија што јас сум го сретнала во мојот живот. Тоа беше Ристе. И дури беше толку внимателен, љубезен, достоинствен и толку нежен. Нема друг. Затоа и го направивме ова. И затоа што е ред. А редот го почитуваше Ристе Стефановски, рече Весна Петрушевска, актерка на Македонскиот народен театар (МНТ) на денешната комеморација за театарологот Ристо Стефановски, кој почина на 22 март годинава, на 94 години. Ристо Стефановски беше театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар и директор на Драмски театар Скопје цели 26 години, од 1957-1983. Роден во Скопје, Стефановски студирал глума на Театарската академија во Белград, а од 1951 до 1960 бил актер во скопскиот Народниот театар. Од пролетта 1957 раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Го обмислува, реализира и уредува театарското списание „Театарски гласник“ од 1977. Во меѓувреме, дипломирал на Факултетот за драмска уметност во Белград, отсек организација. Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија. Стефановски беше испратен со долг аплауз од колегите од МНТ, Драмски, Турски театар, режисери, драматурзи, актери од повеќе театари. Додека колегите се збогувааа со бардот на македонскиот театар, во позадина одеше музиката на неговиот внук, светски познатиот гитарист Влатко Стефановски. „Бистра вода“, „Учи ме мајко карај ме“, „Јовано, Јованке...“ за последното збогум од колегите театарџии.
Си заминаа и Иван, Мирко, Круме, Миле. Си заминаа и други, енцикопледии. Ти последен. Се прашувам: Што правиме ние сега? Во една од моите најомилени книги, 'Господарот на прстените', кога се говори за смртта на Гандалф, добриот сив волшебник, се вели: кога паѓаат големите, помалите мора да водат. Се прашувам каде ќе нè води оваа наша генерација која сакале-нејќеле мора да води. Знам дека тоа ќе го направиме со гордоста и со смелоста на која ти не научи. Секогаш ќе бидам благодарен што сум дел од твојата фамилија, фамилијата на твоите браќа и нивните потомци, рече Игор Стефановски, син на драматургот Горан Стефановски, кој се јави со видеоповик.
За драматугот Братислав Димитров Стефановски е театарски воин за сите времиња.
Тоа што е Марадона во фудбалот, Мајлс Дејвис во музиката, Ристо Стефановски е во театарот. Се работи за човек кој е феномен во светски размери. Како никој пред и како никој после него, тој успевал да создава одличен театар во три сосема различни општестевени системи и во три различни театари. Во услови на материјална, но често и во морална беда, кога и најупорните се откажуваа, заменувајќи го стресниот театар со удобна фотелја и топли влечки, нашиот Ристе влегувал во сурови битки и пронаоѓал решенија доследни и за најголемите магионичари и алхемичари, рече Димитров на комеморацијата.
Актерот на МНТ, Ѓорѓи Јолевски, во емотовниот говор рече дека Ристо Стефановски е татко на современиот македонски театар.
Како татко ги создаваше институциите, театарите, фестивалите, големите режисерски, авторски и актерски имиња. Твоите театаролошки записи, кои секојдневно, со голема љубов ги преточуваше во книги, вечно ќе останат да не потсетуваат на историјата, важноста, значењето и моќта на театарот. Драг Ристо, никогаш не сум ти кажал дека беше мојата инспирација, рече Јолевски.
Актерот на Драмски театар Јовица Михајловски се потсети на последните две средби со Ристо Стефановски, кој бил директор кога тој се вработил во театарот.
Горан Стефановски работата на Ристо ја спореди со работата на врвен енолог. За да имате врвно вино, треба внимателно да го одберете грозјето, да биде од една сорта, па да се собере на време, да одлежи, да ферментира, флашира и да биде спремно за конзумација. Иста таква методологија Ристе ја применувал во градењето, нормално под контрола на уметничкиот совет. Истиот таков процес го применувал во одбирот при создавање на ансамблот. Во Драмски не можеше да се случи директно од Академија да играте главна улога, се присети Михајловски.
Една од внуките на Ристо Стефановски, Елена, со присутните на отворената комеморација сподели малку познати детали од долгиот и богат живот на театарологот, кому театарот му бил  и му значел исто како и семејството.
До тој степен Ристо е посветен на театарот, што кога му се раѓа првата внука од помалата ќерка Тања заминува на гостување со театарот и праќа телеграма во болница. Вака гласи: Тато е поносен, ве сакам двете. Во тоа време веројатно актерите беа негови деца и внуци, раскажа Елена.
Од 1983 година беше генерален директор на Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје. Автор е на 12 тома од книгите „Театарот во Македонија“, и меѓудругите на „Летопис на македонската драма и театар“,„Монографија – 30 години Драмски театар“, „Мојот театар – Театарски вистини, записи, сведоштва, сеќавања“ и други.
Стефановски создаде сценски простор ослободен од креативен догматизам каде што актерите можеа да го покажат својот талент. Без Ристо и неговата подготвеност да преземе ризици и да се бори за своите избори, да биде прав дури и кога греши, немаше да постојат ни Љубиша Георгиевски, ни Слободан Унковски, Горан Стефановски, ни многу други кои продефилираа низ Драмски оставјќи траги на неговата сцена. Тоа се негови деца. Затоа Ристо е незаменлива алка кое светлото минато на македонскиот театар го поврзува со неговата иднина, рече д-р Наум Пановски, чија порака од Вашингтон ја прочита актерката Драгана Костадиновска.
Стефановски е добитник на бројни високи државни награди: „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, Стериина награда за животно дело на Фестивалот Стериино позорје, Нови Сад, Награда на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за животно дело, Ордените за труд со бронзен, сребрен венец и златен венец, „13 Ноември“, Одликување на Француската влада „Академска палма“ и други.  

The post Немаме двајца, еден е Ристо Стефановски, рече актерката на МНТ Весна Петрушевска на комеморацијата за театрологот appeared first on Република.

]]>
Собирањето што го предложува Драмски е омаловажување на ликот и делото, не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци https://republika.mk/vesti/kultura/sobiranjeto-shto-go-predlozuva-dramski-e-omalovazuvanje-na-likot-i-deloto-ne-samo-na-nashiot-risto-tuku-i-na-glumcite-na-teatarot-koi-pochinaa-vo-izminatite-meseci/ Wed, 27 Apr 2022 19:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=494439

Семејството на Ристо Стефановски одбива да присуствува на утрешниот настан организиран од Драмски театар, нарекувајќи го недостоен не само за неговото, туку и за ликот и делото на а глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци.

Драги пријатели и почитувачи на делото на Ристо Стефановски:

Во името на најблиската фамилија на нашиот татко и дедо Ристо, сакаме да кажеме дека нема да присуствуваме на утрешниот настан што го организира Драмски театар.

Главната причина е поради тоа што сметаме дека комеморација за Ристо Стефановски не само што треба, туку МОРА да има, а друга причина е што веруваме дека собирањето што го предложува Драмски, театарот којшто тој го формираше и со него ги доживеа ѕвездените мигови, не доликува, и е омаловажување, на ликот и делото не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци. Лесна им земја на сите - легенди.

Сепак, би сакале и да ве информираме дека Комеморација за Ристо Стефановски ќе има, наскоро, и дека на неа ќе биде јасно зошто токму тој заслужува такво нешто...бидејќи, да бидеме реални, ќе имаше ли историја на „Македонскиот Театар” без него и дали толку прецизно ќе беше документирана?
За комеморацијата благовремено ќе ве известиме, се вели во соопштението од фамилијата на Ристо Стефановски.

The post Собирањето што го предложува Драмски е омаловажување на ликот и делото, не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци appeared first on Република.

]]>

Семејството на Ристо Стефановски одбива да присуствува на утрешниот настан организиран од Драмски театар, нарекувајќи го недостоен не само за неговото, туку и за ликот и делото на а глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци.
Драги пријатели и почитувачи на делото на Ристо Стефановски: Во името на најблиската фамилија на нашиот татко и дедо Ристо, сакаме да кажеме дека нема да присуствуваме на утрешниот настан што го организира Драмски театар. Главната причина е поради тоа што сметаме дека комеморација за Ристо Стефановски не само што треба, туку МОРА да има, а друга причина е што веруваме дека собирањето што го предложува Драмски, театарот којшто тој го формираше и со него ги доживеа ѕвездените мигови, не доликува, и е омаловажување, на ликот и делото не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци. Лесна им земја на сите - легенди. Сепак, би сакале и да ве информираме дека Комеморација за Ристо Стефановски ќе има, наскоро, и дека на неа ќе биде јасно зошто токму тој заслужува такво нешто...бидејќи, да бидеме реални, ќе имаше ли историја на „Македонскиот Театар” без него и дали толку прецизно ќе беше документирана? За комеморацијата благовремено ќе ве известиме, се вели во соопштението од фамилијата на Ристо Стефановски.