Игор Стефановски Иџе Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-stefanovski-idze/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 09:58:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Игор Стефановски Иџе Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-stefanovski-idze/ 32 32 Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници https://republika.mk/vesti/makedonija/pandev-lazarov-i-idhe-poveke-nema-da-reklamiraat-kazina-ili-oblozhuvalnitsi/ Wed, 09 Oct 2024 09:58:46 +0000 https://republika.mk/?p=824495

Врвните македонски спортисти кои досега рекламираа казина или обложувалници ставаат крај на ваквата соработка.

Ова на денешната прес-конференција го откри министерот за спорт Борко Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.

Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити. Нашата замерка е во таа насока, вели Ристовски.

Министерот откри дека веќе имале разговори со сите спортитсти кои ги рекламираат овие компании.

Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности, нагласи Ристовски.

Министерот за спорт на денешната прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена и ги најави проектите на кои ќе работат во наредниот период.

The post Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници appeared first on Република.

]]>

Врвните македонски спортисти кои досега рекламираа казина или обложувалници ставаат крај на ваквата соработка. Ова на денешната прес-конференција го откри министерот за спорт Борко Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.
Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити. Нашата замерка е во таа насока, вели Ристовски.
Министерот откри дека веќе имале разговори со сите спортитсти кои ги рекламираат овие компании.
Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности, нагласи Ристовски.
Министерот за спорт на денешната прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена и ги најави проектите на кои ќе работат во наредниот период.

The post Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници appeared first on Република.

]]>
Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/noviot-avtomobil-na-idhe-pristigna-vo-skopje/ Sat, 02 Dec 2023 19:25:02 +0000 https://republika.mk/?p=718774

Веднаш по освојување на титулата во европското првенство на ридски патеки, Игор Стефановски се раздели од победничкото Хјундаи со кое настапуваше минативе години, а тоа беше јасен предуслов дека ќе вози нов „ѕвер“ во сезоната која претстои.

Хјундаито беше негов адут за кружните трки бидејќи беше возен најпрво во ТЦР Европа, во 2018 година, а откако по трет пат стана шампион на ридските патеки, автомобилот замина во рацете на Василије Јакшиќ кој во 2022 година го освои шампионскиот трофеј во истиот шампионат.

Претходно, македонскиот автомобилист се раздели и од возилото Сеон Леон со кое настапуваше во ЕТСС во 2017 година, а потоа и во ТЦР Италија. Сето ова укажуваше дека наскоро ќе мора да биде донесена одлука за иднината и за набавка на возило за новата сезона.

Товарното возило кое го врши превозот за Стефановски денеска се врати во Скопје, а „Дерби“ дознава дека со него е довезено и новото возило кое тимот не сака јавно да го открие, односно планира јавна промоција кон средина на месецот.

The post Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје appeared first on Република.

]]>

Веднаш по освојување на титулата во европското првенство на ридски патеки, Игор Стефановски се раздели од победничкото Хјундаи со кое настапуваше минативе години, а тоа беше јасен предуслов дека ќе вози нов „ѕвер“ во сезоната која претстои. Хјундаито беше негов адут за кружните трки бидејќи беше возен најпрво во ТЦР Европа, во 2018 година, а откако по трет пат стана шампион на ридските патеки, автомобилот замина во рацете на Василије Јакшиќ кој во 2022 година го освои шампионскиот трофеј во истиот шампионат. Претходно, македонскиот автомобилист се раздели и од возилото Сеон Леон со кое настапуваше во ЕТСС во 2017 година, а потоа и во ТЦР Италија. Сето ова укажуваше дека наскоро ќе мора да биде донесена одлука за иднината и за набавка на возило за новата сезона. Товарното возило кое го врши превозот за Стефановски денеска се врати во Скопје, а „Дерби“ дознава дека со него е довезено и новото возило кое тимот не сака јавно да го открие, односно планира јавна промоција кон средина на месецот.

The post Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје appeared first on Република.

]]>
„Иџе мајсторе!“: Со факели и знамиња пречекан македонскиот и европски шампион https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/idhe-majstore-so-fakeli-i-znamina-prechekan-makedonskiot-i-evropski-shampion/ Tue, 19 Sep 2023 09:50:03 +0000 https://republika.mk/?p=683100

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.

Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.

Последните две трки се возеа во хрватскиот град Бузет, а Иџе успеа да ја круниса успешната сезона со нов трофеј. Во Хрватска, македонскиот возач допатува со солидна залиха пред Николас Вервер, а истата успеа да ја одбрани и да дојде до нов успех.

Иџе во оваа густо набиена сезона, победи на седум од десет трки.

За Стефановски ова е трета титула во оваа конкуренција. Претходно Македонецот беше шампион во првата етапа од кариерата кога се натпреваруваше, во 2014 и 2015 година. Осум години подоцна, Иџе успеа да го повтори успехот и пак е европски првак.

The post „Иџе мајсторе!“: Со факели и знамиња пречекан македонскиот и европски шампион appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.
Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.
Последните две трки се возеа во хрватскиот град Бузет, а Иџе успеа да ја круниса успешната сезона со нов трофеј. Во Хрватска, македонскиот возач допатува со солидна залиха пред Николас Вервер, а истата успеа да ја одбрани и да дојде до нов успех. Иџе во оваа густо набиена сезона, победи на седум од десет трки. За Стефановски ова е трета титула во оваа конкуренција. Претходно Македонецот беше шампион во првата етапа од кариерата кога се натпреваруваше, во 2014 и 2015 година. Осум години подоцна, Иџе успеа да го повтори успехот и пак е европски првак.

The post „Иџе мајсторе!“: Со факели и знамиња пречекан македонскиот и европски шампион appeared first on Република.

]]>
Иџе по третпат европски првак: За мојата Македонија, испишавме историја! https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/idhe-po-tretpat-evropski-prvak-za-mojata-makedonija-ispishavme-istorija/ Sun, 17 Sep 2023 16:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=682658

Македонскиот автомобилист и првак Игор Стефановски - Иџе по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки.

Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе.

Последните две трки се возеа во хрватскиот град Бузет, а Иџе успеа да ја круниса успешната сезона со нов трофеј. Во Хрватска, македонскиот возач допатува со солидна залиха пред Николас Вервер, а истата успеа да ја одбрани и да дојде до нов успех.

За Стефановски ова е трета титула во оваа конкуренција. Претходно Македонецот беше шампион во првата етапа од кариерата кога се натпреваруваше, во 2014 и 2015 година. Осум години подоцна, Иџе успеа да го повтори успехот и пак е европски првак.

The post Иџе по третпат европски првак: За мојата Македонија, испишавме историја! appeared first on Република.

]]>

Македонскиот автомобилист и првак Игор Стефановски - Иџе по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки.
Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе.
Последните две трки се возеа во хрватскиот град Бузет, а Иџе успеа да ја круниса успешната сезона со нов трофеј. Во Хрватска, македонскиот возач допатува со солидна залиха пред Николас Вервер, а истата успеа да ја одбрани и да дојде до нов успех. За Стефановски ова е трета титула во оваа конкуренција. Претходно Македонецот беше шампион во првата етапа од кариерата кога се натпреваруваше, во 2014 и 2015 година. Осум години подоцна, Иџе успеа да го повтори успехот и пак е европски првак.

The post Иџе по третпат европски првак: За мојата Македонија, испишавме историја! appeared first on Република.

]]>
Иџе триумфираше во Швајцарија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/idhe-triumfirashe-vo-shvajtsarija/ Sun, 20 Aug 2023 16:55:31 +0000 https://republika.mk/?p=673941

Македонскиoт автомобилист Игор Стефановски – Иџе оствари две победи на трките во Сент Урсан во Швајцарија.

Иџе за извонредниот резултат објави на својот фејсбук-профил. Тој постираше фотографија со развиорено македонско знаме качен на својот автомобил.

На две трки до крајот на Европскиот шампионат на ридски патеки македонскиот автомобилист е лидер во Генералниот пласман.

The post Иџе триумфираше во Швајцарија appeared first on Република.

]]>

Македонскиoт автомобилист Игор Стефановски – Иџе оствари две победи на трките во Сент Урсан во Швајцарија. Иџе за извонредниот резултат објави на својот фејсбук-профил. Тој постираше фотографија со развиорено македонско знаме качен на својот автомобил. На две трки до крајот на Европскиот шампионат на ридски патеки македонскиот автомобилист е лидер во Генералниот пласман.

The post Иџе триумфираше во Швајцарија appeared first on Република.

]]>
Одличен старт за Стефановски и победа во Франција https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/odlichen-start-za-stefanovski-i-pobeda-vo-frantsija/ Mon, 17 Apr 2023 07:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=631344

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе викендот забележа победа на почетокот на новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки.

Голема победа на голем празник! Само еден може да биде број 1, напиша Стефановски на својот профил на Фејсбук.

Стефановски со своето Хјундаи во Франција го освои првото место во првата трка со време од 2:46:838.

Во Генералниот поредок Македонецот е трет по лидерот Николас Вервер од Франција и Италијанецот Лука Гаетани, двајцата со возила на Порше.

The post Одличен старт за Стефановски и победа во Франција appeared first on Република.

]]>

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе викендот забележа победа на почетокот на новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки.
Голема победа на голем празник! Само еден може да биде број 1, напиша Стефановски на својот профил на Фејсбук.
Стефановски со своето Хјундаи во Франција го освои првото место во првата трка со време од 2:46:838. Во Генералниот поредок Македонецот е трет по лидерот Николас Вервер од Франција и Италијанецот Лука Гаетани, двајцата со возила на Порше.  

The post Одличен старт за Стефановски и победа во Франција appeared first on Република.

]]>
„Нема трка, нема свадба“: Иџе на денот на свадбата прво возел и победил на трка, па тргнал по невестата https://republika.mk/scena/estrada/nema-trka-nema-svadba-idhe-na-denot-na-svadbata-prvo-vozel-i-pobedil-na-trka-pa-trgnal-po-nevestata/ Wed, 01 Feb 2023 18:58:08 +0000 https://republika.mk/?p=603519

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе се тркал и на денот на неговата свадба. Како што открива во последната „Еден на Еден“, оставил на неговото и семејството на неговата сопруга да ги договараат деталите за свадбената веселба. Но, кога му кажале дека единствен слободен термин бил на 5 мај, тој рекол дека баш тој датум има важна трка.

Не само што утрото возел, тој победил, па потоа тргнал по невестата:

https://youtube.com/watch?v=RvFBXGnBLhg&feature=shares

The post „Нема трка, нема свадба“: Иџе на денот на свадбата прво возел и победил на трка, па тргнал по невестата appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе се тркал и на денот на неговата свадба. Како што открива во последната „Еден на Еден“, оставил на неговото и семејството на неговата сопруга да ги договараат деталите за свадбената веселба. Но, кога му кажале дека единствен слободен термин бил на 5 мај, тој рекол дека баш тој датум има важна трка. Не само што утрото возел, тој победил, па потоа тргнал по невестата: https://youtube.com/watch?v=RvFBXGnBLhg&feature=shares

The post „Нема трка, нема свадба“: Иџе на денот на свадбата прво возел и победил на трка, па тргнал по невестата appeared first on Република.

]]>
Иџе со триумф во Хрватска и освоено вицешампионско место https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/idze-so-triumf-vo-hrvatska-i-osvoeno-viceshampionsko-mesto/ Sun, 18 Sep 2022 19:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=552054

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе уште еднаш потврди дека е сериозен квалитет во класата каде што се натпреварува. Во Европскиот ридско планински шампионат тој сезонава и официјално го освои вицешампионското место, а истото е потврдено со денешната победа во Хрватска на патеката во Бузет.

Со вкупно време од двете трки од 5:13,189 часа, Стефановски ја остави конкуренцијата зад себе, а посебно Антонино Миљуоло кој е победник во севкупниот пласман.

Сепак, ова и е огромен успех за нашиот автомобилист, кој со 166 бода единаесет помалку од Миљуоло го завршува актуелниот шампионат.

The post Иџе со триумф во Хрватска и освоено вицешампионско место appeared first on Република.

]]>

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе уште еднаш потврди дека е сериозен квалитет во класата каде што се натпреварува. Во Европскиот ридско планински шампионат тој сезонава и официјално го освои вицешампионското место, а истото е потврдено со денешната победа во Хрватска на патеката во Бузет. Со вкупно време од двете трки од 5:13,189 часа, Стефановски ја остави конкуренцијата зад себе, а посебно Антонино Миљуоло кој е победник во севкупниот пласман. Сепак, ова и е огромен успех за нашиот автомобилист, кој со 166 бода единаесет помалку од Миљуоло го завршува актуелниот шампионат.

The post Иџе со триумф во Хрватска и освоено вицешампионско место appeared first on Република.

]]>
Иџе со огромна победа во Чешка https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/idze-so-ogromna-pobeda-vo-cheshka/ Sun, 29 May 2022 16:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=508376

Игор Стефановски Иџе стигна до втората победа во овогодинешниот шампионат на ФИА на ридско брзински трки, откако уверливото возење од Португалија го потврди и денеска во Чешка.

Популарниот Иџе беше недопирлив и имаше убедливо најдобро време по двете мерења на патеката Штернберк во Чешка, со што на најдобар можен начин го заокружи маратонот кој го имаше во изминатите неколку дена.

Стефановски имаше проблеми со искршениот автомобил и цел негов тим имаше тешка задача да го подготви за трка по силниот судар во Шпанија, но и самиот Иџе откри дека имал маратон со поминати 2,5 илјади километри во ден и половина, односно пат од Македонија до Италија и од Италија до Чешка.

The post Иџе со огромна победа во Чешка appeared first on Република.

]]>

Игор Стефановски Иџе стигна до втората победа во овогодинешниот шампионат на ФИА на ридско брзински трки, откако уверливото возење од Португалија го потврди и денеска во Чешка. Популарниот Иџе беше недопирлив и имаше убедливо најдобро време по двете мерења на патеката Штернберк во Чешка, со што на најдобар можен начин го заокружи маратонот кој го имаше во изминатите неколку дена. Стефановски имаше проблеми со искршениот автомобил и цел негов тим имаше тешка задача да го подготви за трка по силниот судар во Шпанија, но и самиот Иџе откри дека имал маратон со поминати 2,5 илјади километри во ден и половина, односно пат од Македонија до Италија и од Италија до Чешка.

The post Иџе со огромна победа во Чешка appeared first on Република.

]]>
„Летечкиот Македонец“ прво место во Португалија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/letechkiot-makedonec-prvo-mesto-vo-portugalija/ Sun, 08 May 2022 18:28:41 +0000 https://republika.mk/?p=499617

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе победи на првата трка во Португалија, на патеката “Рампа дал Фапера“ во Брага. Иџе со својот „Хјундаи И30 ТЦР“ беше првопласиран (1 категорија) со време 2:16.121. Трката е во рамките на Европскиот шампионат на ридски патеки.

Ова е втора трка сезонава, а потсетување дека на стартот во Франција во април Стефановски беше второпласиран во Сен Жан ди Гар.

The post „Летечкиот Македонец“ прво место во Португалија appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе победи на првата трка во Португалија, на патеката “Рампа дал Фапера“ во Брага. Иџе со својот „Хјундаи И30 ТЦР“ беше првопласиран (1 категорија) со време 2:16.121. Трката е во рамките на Европскиот шампионат на ридски патеки. Ова е втора трка сезонава, а потсетување дека на стартот во Франција во април Стефановски беше второпласиран во Сен Жан ди Гар.

The post „Летечкиот Македонец“ прво место во Португалија appeared first on Република.

]]>
Иџе се враќа зад воланот https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/idze-se-vrakja-zad-volanot/ Thu, 07 Apr 2022 06:57:22 +0000 https://republika.mk/?p=484491

Најдобриот македонски автомобилист,  Игор Стефановски Иџе се враќа на теренот кој го издигна до шампионски височини. По пауза од седум години, сезонава повторно ќе вози во Европскиот шампионат на ридски патеки, под капата на ФИА. Тој ги освои пехарите во 2014 и во 2015 година во ова натпреварување, па сега како искусен ќе ја предизвика новата конкуренција, на старите патеки.

Новата сезона почнува претстојниов викенд (8-10 април) во Франција, во Сен Жан ди Гар или на патот до врвот Сен Пјер, местото каде што Иџе ја оствари својата прва победа. Вели дека влегува со желби и амбиции за што повисок успех, но истовремено со почит за конкуренцијата и за самото натпреварување. Во овие седум години, Европскиот ридски шампионат претрпе промена во системот на натпреварување, односно во класификацијата на возилата, па затоа тој со своето Хјундаи И30 ќе се трка во класа со помоќни автомобили.

– Отсекогаш сум имал високи амбиции и сум целел на највисок пласман. Така ќе биде и сега, но прво ќе видиме како ќе биде со промените во Европскиот ридски шампионат. Воведен е тој ’Перформанс фактор‘, тој е новина за мене и ќе видиме како ќе се однесува и мојот автомобил и на кое ниво ќе бидат конкурентите во мојата категорија. Ова е сепак прва трка, а по неа ќе ги направиме потребните приспособувања на автомобилот, бидејќи тој е истиот со кој се натпреварував на кружните трки. Ова е сепак, друг тип на предизвик. Според мене ридските трки се една од најтешките дисциплини, која бара висок фокус во секој момент од трката, изјави Иџе.

По пехарите во Европскиот ридски шампионат, тој мина седум години во неколку елитни натпреварувања во кружни патеки, како ЕТЦЦ, ТЦР-Европа, ТЦР-Италија и ТЦР-Источна Европа, во кои оствари повеќе подиуми и победи.

The post Иџе се враќа зад воланот appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски автомобилист,  Игор Стефановски Иџе се враќа на теренот кој го издигна до шампионски височини. По пауза од седум години, сезонава повторно ќе вози во Европскиот шампионат на ридски патеки, под капата на ФИА. Тој ги освои пехарите во 2014 и во 2015 година во ова натпреварување, па сега како искусен ќе ја предизвика новата конкуренција, на старите патеки. Новата сезона почнува претстојниов викенд (8-10 април) во Франција, во Сен Жан ди Гар или на патот до врвот Сен Пјер, местото каде што Иџе ја оствари својата прва победа. Вели дека влегува со желби и амбиции за што повисок успех, но истовремено со почит за конкуренцијата и за самото натпреварување. Во овие седум години, Европскиот ридски шампионат претрпе промена во системот на натпреварување, односно во класификацијата на возилата, па затоа тој со своето Хјундаи И30 ќе се трка во класа со помоќни автомобили.