хути Archives - Република https://republika.mk/tema/huti/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 18:31:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хути Archives - Република https://republika.mk/tema/huti/ 32 32 Г7: Иран да престане да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите https://republika.mk/vesti/svet/g7-iran-da-prestane-da-gi-poddrzhuva-hamas-hezbolah-i-hutite/ Sat, 19 Oct 2024 18:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=828918

Министрите за одбрана на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) денеска упатија апел до Иран да престане да ја поддржува палестинската група Хамас, но и нејзините сојузници – Хезболах во Либан и Хутите во Јемен, кои се ангажирани на фронтовите против Израел.

Г7 апелира Иран да се воздржи од давање поддршка на Хамас, Хезболах, Хутите и другите недржавни актери, како и од преземање какви било дополнителни мерки кои би можеле да го дестабилизираат регионот и да иницираат процес на „неконтролирана“ ескалација, се наведува во заедничката изјава по состанокот во Неапол.

Министрите повикаа и на „значително и одржливо зголемување“ на хуманитарната помош за Појасот Газа.

Земјите од Г7 се обединети во нивната поддршка за потребата од итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, значително и одржливо зголемување на протокот на хуманитарна помош низ Појасот Газа и пат кон решение со две држави, се наведува во заедничка изјава.

Министрите ја потврдија својата „непоколеблива“ поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка.

Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за слободата, суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, сè додека е потребно. Ја нагласуваме нашата намера да продолжиме да обезбедуваме помош за Украина, вклучително и воена, на краток и долг рок, се додава во заедничката изјава.

Земји-членки на Г7 се САД, Франција, Германија, Италија, Канада, Велика Британија и Јапонија.

The post Г7: Иран да престане да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите appeared first on Република.

]]>

Министрите за одбрана на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) денеска упатија апел до Иран да престане да ја поддржува палестинската група Хамас, но и нејзините сојузници – Хезболах во Либан и Хутите во Јемен, кои се ангажирани на фронтовите против Израел. Г7 апелира Иран да се воздржи од давање поддршка на Хамас, Хезболах, Хутите и другите недржавни актери, како и од преземање какви било дополнителни мерки кои би можеле да го дестабилизираат регионот и да иницираат процес на „неконтролирана“ ескалација, се наведува во заедничката изјава по состанокот во Неапол. Министрите повикаа и на „значително и одржливо зголемување“ на хуманитарната помош за Појасот Газа. Земјите од Г7 се обединети во нивната поддршка за потребата од итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, значително и одржливо зголемување на протокот на хуманитарна помош низ Појасот Газа и пат кон решение со две држави, се наведува во заедничка изјава. Министрите ја потврдија својата „непоколеблива“ поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка. Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за слободата, суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, сè додека е потребно. Ја нагласуваме нашата намера да продолжиме да обезбедуваме помош за Украина, вклучително и воена, на краток и долг рок, се додава во заедничката изјава. Земји-членки на Г7 се САД, Франција, Германија, Италија, Канада, Велика Британија и Јапонија.

The post Г7: Иран да престане да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите appeared first on Република.

]]>
Хутите нападнаа бродови во Црвено Море и во Индиски Океан https://republika.mk/vesti/svet/hutite-napadnaa-brodovi-vo-tsrveno-more-i-vo-indiski-okean/ Fri, 11 Oct 2024 07:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=825396

Јеменското движење Хути синоќа соопшти дека нападнале два брода. Едниот брод е нападнат во Црвено Море, а другиот во Индиски Океан.

Хутите од почетокот на војната во Појасот Газа ги напаѓаат израелските, американските и бродовите на други држави во Црвено Море, со цел да се стави крај на израелските напади врз енклавата.

Поради континуираните напади на Хутите, големите бродски компании сè повеќе ја избегнуваат најкратката поморска рута меѓу Азија и Европа. Неколку западни земји, вклучително и САД и Велика Британија, почнаа операции за заштита на бродовите во регионот како одговор на нападите на Хутите. Европска Унија, исто така, почна воена операција за обезбедување на трговските бродови во Црвено Море.

The post Хутите нападнаа бродови во Црвено Море и во Индиски Океан appeared first on Република.

]]>

Јеменското движење Хути синоќа соопшти дека нападнале два брода. Едниот брод е нападнат во Црвено Море, а другиот во Индиски Океан. Хутите од почетокот на војната во Појасот Газа ги напаѓаат израелските, американските и бродовите на други држави во Црвено Море, со цел да се стави крај на израелските напади врз енклавата. Поради континуираните напади на Хутите, големите бродски компании сè повеќе ја избегнуваат најкратката поморска рута меѓу Азија и Европа. Неколку западни земји, вклучително и САД и Велика Британија, почнаа операции за заштита на бродовите во регионот како одговор на нападите на Хутите. Европска Унија, исто така, почна воена операција за обезбедување на трговските бродови во Црвено Море.

The post Хутите нападнаа бродови во Црвено Море и во Индиски Океан appeared first on Република.

]]>
САД и Велика Британија нападнаа објекти на Хутите во Јемен https://republika.mk/vesti/svet/sad-i-velika-britanija-napadnaa-objekti-na-hutite-vo-jemen/ Fri, 04 Oct 2024 19:55:15 +0000 https://republika.mk/?p=822880

Американски и британски сили денеска извршија повеќе од десетина напади врз објекти на Хутите во Јемен.

Воени авиони и бродови гаѓаа упоришта на Хутите на пет места, соопштија американски официјални лица.

Медиумите во Јемен објавија дека аеродромот во Ходеида, водечкиот пристанишен град, и областа Катеиб, каде што воената база е под контрола на движењето Хути, биле погодени седум пати, а четири напади биле во областа Сеијана во главниот град на Јемен, Сана и две во провинцијата Дамар.

Канцеларијата за медиуми на движењето Хути објави дека биле издадени три предупредувања за напади во провинцијата Бајда, југоисточно од Сана.

Пред неколку дена Хутите се заканија дека ќе го нападнат Израел како одговор на неговата инвазија на Газа и Либан. Хутите деновиве соборија американско воено беспилотно летало над Јемен, а минатата недела групата ја презеде одговорноста за нападот врз американските воени бродови.

The post САД и Велика Британија нападнаа објекти на Хутите во Јемен appeared first on Република.

]]>

Американски и британски сили денеска извршија повеќе од десетина напади врз објекти на Хутите во Јемен.
Воени авиони и бродови гаѓаа упоришта на Хутите на пет места, соопштија американски официјални лица.
Медиумите во Јемен објавија дека аеродромот во Ходеида, водечкиот пристанишен град, и областа Катеиб, каде што воената база е под контрола на движењето Хути, биле погодени седум пати, а четири напади биле во областа Сеијана во главниот град на Јемен, Сана и две во провинцијата Дамар. Канцеларијата за медиуми на движењето Хути објави дека биле издадени три предупредувања за напади во провинцијата Бајда, југоисточно од Сана. Пред неколку дена Хутите се заканија дека ќе го нападнат Израел како одговор на неговата инвазија на Газа и Либан. Хутите деновиве соборија американско воено беспилотно летало над Јемен, а минатата недела групата ја презеде одговорноста за нападот врз американските воени бродови.

The post САД и Велика Британија нападнаа објекти на Хутите во Јемен appeared first on Република.

]]>
Хутите тврдат дека погодиле важна цел во Израел https://republika.mk/vesti/svet/hutite-tvrdat-deka-pogodile-vazhna-tsel-vo-izrael/ Thu, 03 Oct 2024 08:41:11 +0000 https://republika.mk/?p=822094

Јеменските Хути во текот на ноќта извршија напад над централниот дел на Израел, а армијата пресретна неколку цели. Според военото соопштение, било наведено дека пресретнале сомнителна воздушна цел во близина на брегот на Гуш Дан, густо населен дел на Тел Авив.

-Не долго потоа, над морето беа идентификувани уште два дрона, од кои едниот беше соборен, а другиот слета на отворен простор. Не е причинета материјална штета и нема повредени, соопшти штабот на ИДФ.

Многу брзо по нападот, јеменските Хути објавија дека ја преземаат одговорноста за нападите со беспилотни летала врз централен Израел во текот на ноќта.

Иако Израелците рекоа дека беспилотните летала не предизвикале штета, Хутите рекоа дека успешно погодиле клучна цел во Тел Авив со неколку беспилотни летала.

-Воздухопловните сили извршија операција во окупирана Палестина и ги постигнаа своите цели. Израелските окупациски сили не го пресретнаа нашиот авион. Нападот доаѓа како дел од петтата фаза од операцијата за поддршка на Палестина и Либан, соопштија Хутите.

The post Хутите тврдат дека погодиле важна цел во Израел appeared first on Република.

]]>

Јеменските Хути во текот на ноќта извршија напад над централниот дел на Израел, а армијата пресретна неколку цели. Според военото соопштение, било наведено дека пресретнале сомнителна воздушна цел во близина на брегот на Гуш Дан, густо населен дел на Тел Авив. -Не долго потоа, над морето беа идентификувани уште два дрона, од кои едниот беше соборен, а другиот слета на отворен простор. Не е причинета материјална штета и нема повредени, соопшти штабот на ИДФ. Многу брзо по нападот, јеменските Хути објавија дека ја преземаат одговорноста за нападите со беспилотни летала врз централен Израел во текот на ноќта. Иако Израелците рекоа дека беспилотните летала не предизвикале штета, Хутите рекоа дека успешно погодиле клучна цел во Тел Авив со неколку беспилотни летала. -Воздухопловните сили извршија операција во окупирана Палестина и ги постигнаа своите цели. Израелските окупациски сили не го пресретнаа нашиот авион. Нападот доаѓа како дел од петтата фаза од операцијата за поддршка на Палестина и Либан, соопштија Хутите.

The post Хутите тврдат дека погодиле важна цел во Израел appeared first on Република.

]]>
Израел го нападна и Јемен https://republika.mk/vesti/svet/izrael-go-napadna-i-jemen/ Sun, 29 Sep 2024 17:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=820806

Министерството за здравство на Хутите во Јемен објави дека четири лица се загинати, а 29 се повредени по денешните израелски напади. Израел потврди дека започнал воздушни напади врз Хутите во Јемен, погодувајќи го пристаништето Рас Иса во четвртиот по големина град во Јемен, Ал Худајда.

Армијата соопшти дека неколку десетици авиони на израелското воздухопловство, вклучително и шпионски авиони и авиони за полнење гориво, учествувале во нападите врз позициите на милитантите лоцирани на околу 1.800 километри од Израел.

Во текот на изминатата година, Хутите дејствуваа под раководство и финансирање од Иран и во соработка со ирачките милиции со цел да ја нападнат државата Израел, да ја поткопаат регионалната стабилност и да ја нарушат глобалната слобода на движење, се вели во соопштението.

Нападите беа насочени кон локациите што ги користат Хутите за воени цели во Ал Худајда и блиското пристаниште Рас Иса во западен Јемен.

Снимките на социјалните мрежи, објавени од израелските медиуми, покажуваат како чад се издига од областа.

https://youtu.be/xP_CJ_NlhjQ?si=OoWeeaZSXPYtU7av

Жителите изјавија дека нападите предизвикале прекин на електричната енергија во повеќето делови на пристанишниот град Ходеида.

The post Израел го нападна и Јемен appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство на Хутите во Јемен објави дека четири лица се загинати, а 29 се повредени по денешните израелски напади. Израел потврди дека започнал воздушни напади врз Хутите во Јемен, погодувајќи го пристаништето Рас Иса во четвртиот по големина град во Јемен, Ал Худајда. Армијата соопшти дека неколку десетици авиони на израелското воздухопловство, вклучително и шпионски авиони и авиони за полнење гориво, учествувале во нападите врз позициите на милитантите лоцирани на околу 1.800 километри од Израел.
Во текот на изминатата година, Хутите дејствуваа под раководство и финансирање од Иран и во соработка со ирачките милиции со цел да ја нападнат државата Израел, да ја поткопаат регионалната стабилност и да ја нарушат глобалната слобода на движење, се вели во соопштението.
Нападите беа насочени кон локациите што ги користат Хутите за воени цели во Ал Худајда и блиското пристаниште Рас Иса во западен Јемен. Снимките на социјалните мрежи, објавени од израелските медиуми, покажуваат како чад се издига од областа. https://youtu.be/xP_CJ_NlhjQ?si=OoWeeaZSXPYtU7av Жителите изјавија дека нападите предизвикале прекин на електричната енергија во повеќето делови на пристанишниот град Ходеида.

The post Израел го нападна и Јемен appeared first on Република.

]]>
Хутите ја презедоа одговорноста за нападот на аеродромот во Тел Авив https://republika.mk/vesti/svet/hutite-ja-prezedoa-odgovornosta-za-napadot-na-aerodromot-vo-tel-aviv/ Sun, 29 Sep 2024 07:45:08 +0000 https://republika.mk/?p=820659

Владејачкото шиитско движење во северен Јемен, Ансар Алах (Хути), соопшти дека користело ракета „Палестина 2“ за да го нападне аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив. Нападот е извршен во време кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се враќал во Израел од САД.

„Јеменските воздухопловни сили го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив користејќи хиперсонична балистичка ракета „Палестина 2“ за време на пристигнувањето на премиерот на непријателскиот ентитет Бенјамин Нетанјаху“, изјави синоќа портпаролот на армијата на Хутите, Јахја Сари.

Претходно вчера, лидерот на Ансар Алах, Саид Абдул-Малик ал-Хути рече дека надежите на Евреите не се оправдани по убиството на политичкиот водач на Хамас, Исмаил Ханије, и рече дека нивните надежи биле залудни и по смртта на Хасан Нусрала.

„Фронтовите на поддршка ќе продолжат и ќе растат и покрај напорите на израелскиот непријател и нема да ги изневериме нашите два драги народи во Либан и Палестина“, рече лидерот на групата Хути.

Сирени вчера се огласија низ централен Израел, а израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека една ракета била истрелана од Јемен, а околу 90 биле истрелани од Либан во правец на Израел.

Во Тел Авив и околните градови е активирана воздушна тревога, пишува „Тајмс оф Израел“. Повеќето од нападите на либанската група Хезболах беа насочени кон северен Израел, но и неколку ракети со долг дострел беа истрелани во правец на Тел Авив и на Западниот Брег, се вели во соопштението.

Јеменското движење Хути вчера изрази жалење поради смртта на водачот на либанската група Хезболах, Саид Хасан Насрала и рече дека ќе продолжи да ја поддржува групата.

The post Хутите ја презедоа одговорноста за нападот на аеродромот во Тел Авив appeared first on Република.

]]>

Владејачкото шиитско движење во северен Јемен, Ансар Алах (Хути), соопшти дека користело ракета „Палестина 2“ за да го нападне аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив. Нападот е извршен во време кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се враќал во Израел од САД. „Јеменските воздухопловни сили го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив користејќи хиперсонична балистичка ракета „Палестина 2“ за време на пристигнувањето на премиерот на непријателскиот ентитет Бенјамин Нетанјаху“, изјави синоќа портпаролот на армијата на Хутите, Јахја Сари. Претходно вчера, лидерот на Ансар Алах, Саид Абдул-Малик ал-Хути рече дека надежите на Евреите не се оправдани по убиството на политичкиот водач на Хамас, Исмаил Ханије, и рече дека нивните надежи биле залудни и по смртта на Хасан Нусрала. „Фронтовите на поддршка ќе продолжат и ќе растат и покрај напорите на израелскиот непријател и нема да ги изневериме нашите два драги народи во Либан и Палестина“, рече лидерот на групата Хути. Сирени вчера се огласија низ централен Израел, а израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека една ракета била истрелана од Јемен, а околу 90 биле истрелани од Либан во правец на Израел. Во Тел Авив и околните градови е активирана воздушна тревога, пишува „Тајмс оф Израел“. Повеќето од нападите на либанската група Хезболах беа насочени кон северен Израел, но и неколку ракети со долг дострел беа истрелани во правец на Тел Авив и на Западниот Брег, се вели во соопштението. Јеменското движење Хути вчера изрази жалење поради смртта на водачот на либанската група Хезболах, Саид Хасан Насрала и рече дека ќе продолжи да ја поддржува групата.

The post Хутите ја презедоа одговорноста за нападот на аеродромот во Тел Авив appeared first on Република.

]]>
Израелската армија соопшти дека соборила ракета лансирана од Хутите од Јемен https://republika.mk/vesti/svet/izraelskata-armija-soopshti-deka-soborila-raketa-lansirana-od-hutite-od-jemen/ Sun, 21 Jul 2024 08:48:31 +0000 https://republika.mk/?p=798869

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека изутринава успешно пресретнала и соборила балистичка ракета лансирана кон Израел од јеменските бунтовници Хути.

Во соопштението се наведува дека израелската армија го користела системот за противвоздушна одбрана со долг дострел „Стрела 3“ за пресретнување и уништување на ракетата, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Според порталот, израелските системи за противвоздушна одбрана „Стрела 3“ ја пресретнале ракетата надвор од израелскиот воздушен простор.

Поради можноста делови од уништената ракета да паднат на израелска територија, предупредувачките сирени се огласија во јужниот град Еилат, кој е честа мета на ракети и беспилотни летала лансирани од Хутите.

Ова е прв напад на Хутите откако Израел вчера изврши масовни напади врз пристаништето Ходеида, контролирано од јеменските бунтовници, како одмазда за завчерашниот смртоносен напад со беспилотно летало врз Тел Авив

The post Израелската армија соопшти дека соборила ракета лансирана од Хутите од Јемен appeared first on Република.

]]>

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека изутринава успешно пресретнала и соборила балистичка ракета лансирана кон Израел од јеменските бунтовници Хути. Во соопштението се наведува дека израелската армија го користела системот за противвоздушна одбрана со долг дострел „Стрела 3“ за пресретнување и уништување на ракетата, пренесува „Тајмс оф Израел“. Според порталот, израелските системи за противвоздушна одбрана „Стрела 3“ ја пресретнале ракетата надвор од израелскиот воздушен простор. Поради можноста делови од уништената ракета да паднат на израелска територија, предупредувачките сирени се огласија во јужниот град Еилат, кој е честа мета на ракети и беспилотни летала лансирани од Хутите. Ова е прв напад на Хутите откако Израел вчера изврши масовни напади врз пристаништето Ходеида, контролирано од јеменските бунтовници, како одмазда за завчерашниот смртоносен напад со беспилотно летало врз Тел Авив

The post Израелската армија соопшти дека соборила ракета лансирана од Хутите од Јемен appeared first on Република.

]]>
Уште еден западен воен брод се повлекува од Црвеното Море https://republika.mk/vesti/svet/ushte-eden-zapaden-voen-brod-se-povlekuva-od-tsrvenoto-more/ Tue, 23 Apr 2024 14:13:49 +0000 https://republika.mk/?p=769476

Уште еден воен брод на западната коалиција која има за цел да ја одржува безбедноста на морскиот транспорт низ Црвеното Море го напушта регионот.

Овој пат германската фрегата „Хесен“ се повлекува од европската операција „Ауспис“ чија цел е да ја обезбеди безбедноста во услови на напнатост поради активностите на Хутите во Јемен и нивното противење на израелските напади во Газа. Како што соопштија од германската морнарица, бродот се повлекува затоа што наишол на технички проблеми.

Редоследот на бродовите во близина на брегот на Јемен значително се разреди. Прво, фрегатата „Ивер Хуитфелд“ се врати во Данска, бидејќи нејзините системи за противвоздушна одбрана не функционираа, а потоа и францускиот „Алзас“ го напушти Црвеното Море.

https://republika.mk/vesti/svet/frantsuski-voen-brod-izbega-od-tsrvenoto-more-ne-ochekuvale-tolku-razorni-napadi-od-hutite/

Исто така, неодамна се дозна дека Белгијците го откажале распоредувањето на фрегатата „Луиз Мари“ поради откриени проблеми со фрлачите Мк48 за РИМ-7 „Морско врапче“. Германците, пак, ветија дека ќе ја испратат фрегатата „Хамбург“ како замена, но не пред август.

The post Уште еден западен воен брод се повлекува од Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Уште еден воен брод на западната коалиција која има за цел да ја одржува безбедноста на морскиот транспорт низ Црвеното Море го напушта регионот. Овој пат германската фрегата „Хесен“ се повлекува од европската операција „Ауспис“ чија цел е да ја обезбеди безбедноста во услови на напнатост поради активностите на Хутите во Јемен и нивното противење на израелските напади во Газа. Како што соопштија од германската морнарица, бродот се повлекува затоа што наишол на технички проблеми. Редоследот на бродовите во близина на брегот на Јемен значително се разреди. Прво, фрегатата „Ивер Хуитфелд“ се врати во Данска, бидејќи нејзините системи за противвоздушна одбрана не функционираа, а потоа и францускиот „Алзас“ го напушти Црвеното Море. https://republika.mk/vesti/svet/frantsuski-voen-brod-izbega-od-tsrvenoto-more-ne-ochekuvale-tolku-razorni-napadi-od-hutite/ Исто така, неодамна се дозна дека Белгијците го откажале распоредувањето на фрегатата „Луиз Мари“ поради откриени проблеми со фрлачите Мк48 за РИМ-7 „Морско врапче“. Германците, пак, ветија дека ќе ја испратат фрегатата „Хамбург“ како замена, но не пред август.

The post Уште еден западен воен брод се повлекува од Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Француски воен брод избега од Црвеното Море – не очекувале толку разорни напади од Хутите https://republika.mk/vesti/svet/frantsuski-voen-brod-izbega-od-tsrvenoto-more-ne-ochekuvale-tolku-razorni-napadi-od-hutite/ Tue, 16 Apr 2024 15:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=765121

Фрегатата „Алзас“ на француската армија се повлекла од водите на Црвеното Море во близина на Јемен кон Суецкиот канал, по првата пресметка со ракетите и беспилотните летала на јеменските вооружени сили.

Командантот на фрегатата, во интервју за францускиот весник „Фигаро“ зборува за причините за одлуката за повлекување на бродот.

Повлекувањето на нашиот воен брод се должи на високото ниво на закана од Хутите (движењето Ансар Алах). Долго време не сме се занимавале со вакво ниво на војна и не очекувавме да се соочиме со вакво ниво на закани и неограничено насилство во Црвеното Море и Аденскиот Залив“, вели тој.

Францускиот командант, додава дека „Хутите се исклучително вешти и одлучни во нивната употреба на беспилотни летала и балистички ракети“.

Тие се вешти во својата техника и колку повеќе пукаат, толку се попрецизни“, додава францускиот командант.

Тој, исто така, нагласува дека француската фрегата ја користела сета своја воена опрема - од ракети „Астер“ вредни два милиони долари до митралези за време на пресметката со нападите на Хутитте.

По одлуката на Европската Унија да распореди воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив во февруари 2023 година, француската морнарица испрати два воени брода - „Алзас“ и „Лангедок“ во водите во близина на Јемен. Фрегатата „Алзас“ е опремена со систем за противвоздушна одбрана, а „Лангедок“ е противподморничка фрегата.

Француската војска тврди дека во овој период фрегатата „Лангедок“ соборила две беспилотни летала камикази, а воениот брод „Алзас“ уништил три балистички ракети на движењето Ансар Алах при две операции во Црвеното Море.

Воениот брод „Алзас“ е вториот европски воен брод што го напушти Црвеното Море и се повлече, по данскиот воен брод - фрегатата „Ивер Хуитфелд“.

The post Француски воен брод избега од Црвеното Море – не очекувале толку разорни напади од Хутите appeared first on Република.

]]>

Фрегатата „Алзас“ на француската армија се повлекла од водите на Црвеното Море во близина на Јемен кон Суецкиот канал, по првата пресметка со ракетите и беспилотните летала на јеменските вооружени сили. Командантот на фрегатата, во интервју за францускиот весник „Фигаро“ зборува за причините за одлуката за повлекување на бродот.
Повлекувањето на нашиот воен брод се должи на високото ниво на закана од Хутите (движењето Ансар Алах). Долго време не сме се занимавале со вакво ниво на војна и не очекувавме да се соочиме со вакво ниво на закани и неограничено насилство во Црвеното Море и Аденскиот Залив“, вели тој.
Францускиот командант, додава дека „Хутите се исклучително вешти и одлучни во нивната употреба на беспилотни летала и балистички ракети“.
Тие се вешти во својата техника и колку повеќе пукаат, толку се попрецизни“, додава францускиот командант.
Тој, исто така, нагласува дека француската фрегата ја користела сета своја воена опрема - од ракети „Астер“ вредни два милиони долари до митралези за време на пресметката со нападите на Хутитте. По одлуката на Европската Унија да распореди воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив во февруари 2023 година, француската морнарица испрати два воени брода - „Алзас“ и „Лангедок“ во водите во близина на Јемен. Фрегатата „Алзас“ е опремена со систем за противвоздушна одбрана, а „Лангедок“ е противподморничка фрегата. Француската војска тврди дека во овој период фрегатата „Лангедок“ соборила две беспилотни летала камикази, а воениот брод „Алзас“ уништил три балистички ракети на движењето Ансар Алах при две операции во Црвеното Море. Воениот брод „Алзас“ е вториот европски воен брод што го напушти Црвеното Море и се повлече, по данскиот воен брод - фрегатата „Ивер Хуитфелд“.

The post Француски воен брод избега од Црвеното Море – не очекувале толку разорни напади од Хутите appeared first on Република.

]]>
Американската морнарица во Црвеното Море соборила 15 дронови истрелани од Хутите https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-mornaritsa-vo-tsrvenoto-more-soborila-15-dronovi-istrelani-od-hutite/ Sat, 09 Mar 2024 10:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=752916

Американската морнарица утрово соборила 15 беспилотни летала лансирани од јеменските Хути во Црвеното Море.

Американската војска одговори на нападот од големи размери на Хутите поддржани од Иран што се случи во Црвено Море и Аденски Залив помеѓу четири и шест часот и 30 минути по локално време, се наведува во соопштението на Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ).

Според ЦЕНТКОМ, соборените беспилотни летала претставувале „непосредна закана за трговски брод, американските поморски сили и бродовите на американските сојузници во регионот“.

The post Американската морнарица во Црвеното Море соборила 15 дронови истрелани од Хутите appeared first on Република.

]]>

Американската морнарица утрово соборила 15 беспилотни летала лансирани од јеменските Хути во Црвеното Море.
Американската војска одговори на нападот од големи размери на Хутите поддржани од Иран што се случи во Црвено Море и Аденски Залив помеѓу четири и шест часот и 30 минути по локално време, се наведува во соопштението на Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ).
Според ЦЕНТКОМ, соборените беспилотни летала претставувале „непосредна закана за трговски брод, американските поморски сили и бродовите на американските сојузници во регионот“.

The post Американската морнарица во Црвеното Море соборила 15 дронови истрелани од Хутите appeared first on Република.

]]>
Хутите соопштија дека погодиле два американски разурнувачи во Црвеното Море https://republika.mk/vesti/svet/hutite-soopshtija-deka-pogodile-dva-amerikanski-razurnuvachi-vo-tsrvenoto-more/ Wed, 06 Mar 2024 08:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=751752

Јеменските Хути објавија дека извршиле напади врз два американски разурнувачиво Црвеното Море користејќи противбродски ракети и беспилотни летала.

Јеменската морнарица, воздухопловните сили и ракетните сили изведоа уникатна воена операција во која беа нападнати два американски разурнувачи во Црвеното Море. Операцијата беше изведена со помош на неколку противбродски проектили и беспилотни летала“, во објава на социјалната мрежа Х соопшти Јахја Шарија, воениот портпарол на Хутите.

Тој додаде дека Хутите би можеле да ги прошират операциите против цели што ги сметаат за непријателски, нагласувајќи дека воените дејствија на Хутите ќе продолжат се додека „агресијата (против Палестинците) не биде запрена и опсадата на Палестинците во Појасот Газа не заврши“.

Хутите, кои контролираат голем дел од јеменскиот брег на Црвеното Море, претходно предупредија дека ќе ги напаѓаат сите бродови поврзани со Израел, повикувајќи ги другите земји да не се приближуваат до територијата. Поради тоа, некои од светските бродски компании решија да го запрат транспортот преку Црвеното Море.

Хутите истакнуваат дека нивните акции во Црвеното Море имаат за цел да им помогнат на Палестинците во Појасот Газа и тврдат дека тие не се мешаат во слободата на пловидба во регионот. Арапските и муслиманските земји често ги предупредуваат САД дека безусловната поддршка за акциите на Израел во Појасот Газа ќе доведе до ширење на конфликтот во целиот регион.

САД и Велика Британија вршат напади врз цели на Хутите од средината на јануари, нарекувајќи го „одговор на заканите за слободата на пловидба во Црвеното Море“.

The post Хутите соопштија дека погодиле два американски разурнувачи во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Јеменските Хути објавија дека извршиле напади врз два американски разурнувачиво Црвеното Море користејќи противбродски ракети и беспилотни летала.
Јеменската морнарица, воздухопловните сили и ракетните сили изведоа уникатна воена операција во која беа нападнати два американски разурнувачи во Црвеното Море. Операцијата беше изведена со помош на неколку противбродски проектили и беспилотни летала“, во објава на социјалната мрежа Х соопшти Јахја Шарија, воениот портпарол на Хутите.
Тој додаде дека Хутите би можеле да ги прошират операциите против цели што ги сметаат за непријателски, нагласувајќи дека воените дејствија на Хутите ќе продолжат се додека „агресијата (против Палестинците) не биде запрена и опсадата на Палестинците во Појасот Газа не заврши“. Хутите, кои контролираат голем дел од јеменскиот брег на Црвеното Море, претходно предупредија дека ќе ги напаѓаат сите бродови поврзани со Израел, повикувајќи ги другите земји да не се приближуваат до територијата. Поради тоа, некои од светските бродски компании решија да го запрат транспортот преку Црвеното Море. Хутите истакнуваат дека нивните акции во Црвеното Море имаат за цел да им помогнат на Палестинците во Појасот Газа и тврдат дека тие не се мешаат во слободата на пловидба во регионот. Арапските и муслиманските земји често ги предупредуваат САД дека безусловната поддршка за акциите на Израел во Појасот Газа ќе доведе до ширење на конфликтот во целиот регион. САД и Велика Британија вршат напади врз цели на Хутите од средината на јануари, нарекувајќи го „одговор на заканите за слободата на пловидба во Црвеното Море“.

The post Хутите соопштија дека погодиле два американски разурнувачи во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Потона британски брод погоден од Хутите: Ни се заканува еколошка катастрофа https://republika.mk/vesti/svet/potona-britanski-brod-pogoden-od-hutite-ni-se-zakanuva-ekoloshka-katastrofa/ Sun, 03 Mar 2024 08:00:58 +0000 https://republika.mk/?p=750657

Британскиот Рубимар, кој минатиот месец беше нападнат од милитанти, потона во Црвеното Море, соопшти во саботата меѓународно признатата влада на Јемен, предупредувајќи на „еколошка катастрофа“ поради ѓубривото што го превезуваше товарниот брод.

Доколку се потврди, тоа ќе биде првиот изгубен брод откако Хутите почнаа да напаѓаат комерцијални бродови во ноември, принудувајќи ги компаниите да ги пренасочуваат своите бродови на подолги и поскапи рути околу јужна Африка. Хутите поддржани од Иран, кои го контролираат северен Јемен и други големи области, велат дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

Нивните напади поттикнаа серија напади од страна на американската, британската и други морнарици, кои исто така испратија бродови во регионот за да ја заштитат клучната трговска рута. Ахмед Авад бин Мубарак, министер за надворешни работи на меѓународно признатата влада на Јемен во Аден, напиша на Икс: „Потонувањето на Рубимар е еколошка катастрофа каква што Јемен и регионот досега не доживеале“.

„Тоа е нова трагедија за нашата земја и народ“, додаде тој. Во понеделникот, јеменската влада го истражуваше Рубимар, товарен брод кој пловел под знамето на Белизе, и рече дека е делумно потопен.

Во соопштението на владата во саботата се вели дека бродот потонал во јужниот дел на Црвеното Море во текот на ноќта во петокот. Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) во саботата извести дека бродот тоне, но не соопшти за кој брод станува збор.

Американската војска претходно соопшти дека нападот значително го оштетил товарниот брод и дека предизвикал нафтена дамка долга 29 километри. Бродот носел повеќе од 41.000 метрички тони ѓубриво кога Хутите го нападнале, соопшти американската војска.

The post Потона британски брод погоден од Хутите: Ни се заканува еколошка катастрофа appeared first on Република.

]]>

Британскиот Рубимар, кој минатиот месец беше нападнат од милитанти, потона во Црвеното Море, соопшти во саботата меѓународно признатата влада на Јемен, предупредувајќи на „еколошка катастрофа“ поради ѓубривото што го превезуваше товарниот брод. Доколку се потврди, тоа ќе биде првиот изгубен брод откако Хутите почнаа да напаѓаат комерцијални бродови во ноември, принудувајќи ги компаниите да ги пренасочуваат своите бродови на подолги и поскапи рути околу јужна Африка. Хутите поддржани од Иран, кои го контролираат северен Јемен и други големи области, велат дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во Газа. Нивните напади поттикнаа серија напади од страна на американската, британската и други морнарици, кои исто така испратија бродови во регионот за да ја заштитат клучната трговска рута. Ахмед Авад бин Мубарак, министер за надворешни работи на меѓународно признатата влада на Јемен во Аден, напиша на Икс: „Потонувањето на Рубимар е еколошка катастрофа каква што Јемен и регионот досега не доживеале“. „Тоа е нова трагедија за нашата земја и народ“, додаде тој. Во понеделникот, јеменската влада го истражуваше Рубимар, товарен брод кој пловел под знамето на Белизе, и рече дека е делумно потопен. Во соопштението на владата во саботата се вели дека бродот потонал во јужниот дел на Црвеното Море во текот на ноќта во петокот. Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) во саботата извести дека бродот тоне, но не соопшти за кој брод станува збор. Американската војска претходно соопшти дека нападот значително го оштетил товарниот брод и дека предизвикал нафтена дамка долга 29 километри. Бродот носел повеќе од 41.000 метрички тони ѓубриво кога Хутите го нападнале, соопшти американската војска.

The post Потона британски брод погоден од Хутите: Ни се заканува еколошка катастрофа appeared first on Република.

]]>
Хутите најавија воени „изненадувања“ во Црвеното Море https://republika.mk/vesti/svet/hutite-najavija-voeni-iznenaduvana-vo-tsrvenoto-more/ Thu, 29 Feb 2024 16:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=749743

Јеменските Хути денеска се заканија дека ќе воведат воени „изненадувања“ во нивните операции на Црвеното Море, јави Скај њуз.

Водачот на групата поддржана од Иран, Абдул Малик ал Хути рече дека групата има планови кои „нашите непријатели воопшто нема да ги очекуваат“.

Милитантите Хути постојано лансираат беспилотни летала и проектили против меѓународни комерцијални бродови од средината на ноември, велејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

The post Хутите најавија воени „изненадувања“ во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Јеменските Хути денеска се заканија дека ќе воведат воени „изненадувања“ во нивните операции на Црвеното Море, јави Скај њуз. Водачот на групата поддржана од Иран, Абдул Малик ал Хути рече дека групата има планови кои „нашите непријатели воопшто нема да ги очекуваат“. Милитантите Хути постојано лансираат беспилотни летала и проектили против меѓународни комерцијални бродови од средината на ноември, велејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

The post Хутите најавија воени „изненадувања“ во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Тајани: Не се плашиме од заканите на Хутите, никого не напаѓаме https://republika.mk/vesti/svet/tajani-ne-se-plashime-od-zakanite-na-hutite-nikogo-ne-napagame/ Mon, 05 Feb 2024 14:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=740581

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денеска дека Италија не е исплашена од заканите на Хутите дека ќе го нападнат Рим доколку Италија учествува во воздушните напади врз позициите на милитантите во Јемен.

„Не се плашиме од заканите на Хутите, кои се терористичка организација“, изјави Тајани на Италијанската Република, пренесува АНСА.

Тој нагласи дека Италија нема да нападне никого како дел од мисијата на Европската унија во Црвеното Море, за која нагласува дека е исклучиво од одбранбен карактер.

„Не се плашиме од заканите на Хутите. Ние го браниме бродскиот сообраќај. Не напаѓаме никого и не сакаме некој да не нападне“, рече Тајани.

Тој нагласи дека мора да има слободен поморски сообраќај, додавајќи дека Италија ќе одговори на евентуалните напади на нејзините трговски бродови. Повтори дека Хутите се „терористичка организација“.

Шефот на Врховниот револуционерен комитет на Хутите, Мохамед Али ал-Хути, претходно денеска изјави дека Италија ќе стане цел доколку учествува во нападите врз Јемен.

The post Тајани: Не се плашиме од заканите на Хутите, никого не напаѓаме appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денеска дека Италија не е исплашена од заканите на Хутите дека ќе го нападнат Рим доколку Италија учествува во воздушните напади врз позициите на милитантите во Јемен. „Не се плашиме од заканите на Хутите, кои се терористичка организација“, изјави Тајани на Италијанската Република, пренесува АНСА. Тој нагласи дека Италија нема да нападне никого како дел од мисијата на Европската унија во Црвеното Море, за која нагласува дека е исклучиво од одбранбен карактер. „Не се плашиме од заканите на Хутите. Ние го браниме бродскиот сообраќај. Не напаѓаме никого и не сакаме некој да не нападне“, рече Тајани. Тој нагласи дека мора да има слободен поморски сообраќај, додавајќи дека Италија ќе одговори на евентуалните напади на нејзините трговски бродови. Повтори дека Хутите се „терористичка организација“. Шефот на Врховниот револуционерен комитет на Хутите, Мохамед Али ал-Хути, претходно денеска изјави дека Италија ќе стане цел доколку учествува во нападите врз Јемен.

The post Тајани: Не се плашиме од заканите на Хутите, никого не напаѓаме appeared first on Република.

]]>
Нови американски напади врз Хутите во Јемен https://republika.mk/vesti/svet/novi-amerikanski-napadi-vrz-hutite-vo-jemen/ Mon, 05 Feb 2024 07:42:48 +0000 https://republika.mk/?p=740384

Американската армија синоќа изврши нов напад врз Хутите во Јемен, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).

ЦЕНТКОМ соопшти дека американските сили целеле и погодиле противбродски балистички ракети, вклучително и четири противбродски ракети кои „биле подготвени да гаѓаат бродови во Црвеното Море“.

Последната акција доаѓа еден ден по заедничките американско-британски напади врз цели на Хутите. Тоа е реакција на континуираните напади на Хутите поддржани од Иран врз воени и трговски бродови во Црвено Море.

Нападите на Хуту ги принудија големите бродски компании да избегнуваат пловење по тој пат, што има влијание врз меѓународната трговија.

The post Нови американски напади врз Хутите во Јемен appeared first on Република.

]]>

Американската армија синоќа изврши нов напад врз Хутите во Јемен, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ). ЦЕНТКОМ соопшти дека американските сили целеле и погодиле противбродски балистички ракети, вклучително и четири противбродски ракети кои „биле подготвени да гаѓаат бродови во Црвеното Море“. Последната акција доаѓа еден ден по заедничките американско-британски напади врз цели на Хутите. Тоа е реакција на континуираните напади на Хутите поддржани од Иран врз воени и трговски бродови во Црвено Море. Нападите на Хуту ги принудија големите бродски компании да избегнуваат пловење по тој пат, што има влијание врз меѓународната трговија.

The post Нови американски напади врз Хутите во Јемен appeared first on Република.

]]>
Хути: Ќе одговориме на нападите на САД и Велика Британија, нема да не одвратат https://republika.mk/vesti/svet/huti-ke-odgovorime-na-napadite-na-sad-i-velika-britanija-nema-da-ne-odvratat/ Sun, 04 Feb 2024 09:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=740147

Јеменската бунтовничка група Хути денеска објави дека ќе одговори на американските и британските воздушни напади врз нивните позиции во Јемен и дека овие напади нема да ги „одвратат“.

Портпаролот на Хутите, бригадниот генерал Јахја Саре, изјави дека во изминатите неколку часа американски и британски бомбардери извршиле 48 напади, од кои 14 врз главниот град Сана, девет врз Ходеида и 11 врз Таиз.

Според „Тајмс оф Израел“, тие области се под контрола на таа бунтовничка група, која е поддржана од Техеран.

-Нападите нема да не одвратат од поддршката на палестинскиот народ во Појасот Газа и нема да останат неказнето, предупреди Саре.

Хутите речиси секојдневно вршат ракетни или беспилотни напади врз комерцијални и воени бродови кои минуваат низ Црвеното Море и Аденскиот Залив, како што велат, како поддршка на палестинската милитантна група Хамас во нејзината војна против Израел.

Последните напади врз Хутите уследија по американските воздушни напади во петокот врз цели во Сирија и Ирак како одговор на нападот со беспилотно летало врз американската воена база во Јордан минатата недела, во кој загинаа тројца војници.

Погодените локации, наводно, припаѓале на различни милиции поддржани од Иран, кои САД ги обвинуваат за нападот во Јордан.

Иран, сепак, го отфрла тврдењето на Вашингтон дека Техеран е поврзан со нападот со беспилотни летала.

The post Хути: Ќе одговориме на нападите на САД и Велика Британија, нема да не одвратат appeared first on Република.

]]>

Јеменската бунтовничка група Хути денеска објави дека ќе одговори на американските и британските воздушни напади врз нивните позиции во Јемен и дека овие напади нема да ги „одвратат“. Портпаролот на Хутите, бригадниот генерал Јахја Саре, изјави дека во изминатите неколку часа американски и британски бомбардери извршиле 48 напади, од кои 14 врз главниот град Сана, девет врз Ходеида и 11 врз Таиз. Според „Тајмс оф Израел“, тие области се под контрола на таа бунтовничка група, која е поддржана од Техеран. -Нападите нема да не одвратат од поддршката на палестинскиот народ во Појасот Газа и нема да останат неказнето, предупреди Саре. Хутите речиси секојдневно вршат ракетни или беспилотни напади врз комерцијални и воени бродови кои минуваат низ Црвеното Море и Аденскиот Залив, како што велат, како поддршка на палестинската милитантна група Хамас во нејзината војна против Израел. Последните напади врз Хутите уследија по американските воздушни напади во петокот врз цели во Сирија и Ирак како одговор на нападот со беспилотно летало врз американската воена база во Јордан минатата недела, во кој загинаа тројца војници. Погодените локации, наводно, припаѓале на различни милиции поддржани од Иран, кои САД ги обвинуваат за нападот во Јордан. Иран, сепак, го отфрла тврдењето на Вашингтон дека Техеран е поврзан со нападот со беспилотни летала.

The post Хути: Ќе одговориме на нападите на САД и Велика Британија, нема да не одвратат appeared first on Република.

]]>
Јеменските Хути подготвени за долга војна со Велика Британија и САД во Црвеното Море https://republika.mk/vesti/svet/jemenskite-huti-podgotveni-za-dolga-vojna-so-velika-britanija-i-sad-vo-tsrvenoto-more/ Wed, 31 Jan 2024 08:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=738824

Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, ќе продолжат да ги гаѓаат американските и британските воени бродови во Црвеното Море во самоодбрана, изјави воениот портпарол на групата.

Во изјавата, која ја пренесе јеменската телевизија „Ал Масира“, се додава дека оваа исламистичка организација истрелала проектили врз американскиот воен брод „Ју-Ес-Ес Гравели“.

Централната команда на американската војска синоќа соопшти дека американската војска соборила противбродска крстосувачка ракета истрелана од Јемен кон Црвеното Море, додавајќи дека не е пријавена никаква штета.

Командантот на силите на јеменските Хути, Мохамед ал-Атифи синоќа рече дека исламистичката организација е подготвена за „долгорочна конфронтација“ со САД и Велика Британија.

Тој на вонредната средба со командантите на воените сили изјави дека продолжувањето на американско-британската агресија е јасно нарушување на суверенитетот на Јемен, што ја дестабилизира безбедноста и стабилноста на регионот.

The post Јеменските Хути подготвени за долга војна со Велика Британија и САД во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, ќе продолжат да ги гаѓаат американските и британските воени бродови во Црвеното Море во самоодбрана, изјави воениот портпарол на групата. Во изјавата, која ја пренесе јеменската телевизија „Ал Масира“, се додава дека оваа исламистичка организација истрелала проектили врз американскиот воен брод „Ју-Ес-Ес Гравели“. Централната команда на американската војска синоќа соопшти дека американската војска соборила противбродска крстосувачка ракета истрелана од Јемен кон Црвеното Море, додавајќи дека не е пријавена никаква штета. Командантот на силите на јеменските Хути, Мохамед ал-Атифи синоќа рече дека исламистичката организација е подготвена за „долгорочна конфронтација“ со САД и Велика Британија. Тој на вонредната средба со командантите на воените сили изјави дека продолжувањето на американско-британската агресија е јасно нарушување на суверенитетот на Јемен, што ја дестабилизира безбедноста и стабилноста на регионот.

The post Јеменските Хути подготвени за долга војна со Велика Британија и САД во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Холандија планира да испрати фрегата за новата мисија на ЕУ против Хутите во Црвеното Море https://republika.mk/vesti/svet/holandija-planira-da-isprati-fregata-za-novata-misija-na-eu-protiv-hutite-vo-tsrvenoto-more/ Sun, 28 Jan 2024 08:04:25 +0000 https://republika.mk/?p=737644

Холандија планира да и стави на располагање една своја фрегата на новата мисија на ЕУ во Црвеното Море за заштита на бродовите од напади на Хутите.

Се уште ја разгледуваме идејата, а ќе разговараме и со Парламентот. Меѓутоа, владата многу позитивно гледа на учеството во новата мисија, изјави холандската министерка за одбрана, Кајса Олонгрен, за холандското радио БНР.

Сепак, според неа, пред да ја донесе конечната одлука за испраќање своја фрегата во Црвеното Море, Холандија ќе сака јасно да го види и придонесот на другите земји членки на ЕУ.

Ако сите во исто време отпловат кон Црвеното Море, тоа нема да биде ефикасно. Треба да се најде одржливо решение, бидејќи конфликтот може да трае подолго, додаде Олонгред.

Најавата на Олонгрен следи откако земјите членки на Унијата начелно дадоа првична поддршка на идејата на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за создавање посебна европска мисија за заштита на трговските бродови во Црвеното Море од нападите на јеменските Хути.

Холандија со двајца штабни офицери веќе учествува во мисијата во Црвеното Море „Заштитник на просперитетот“, предводена од САД, која почна минатиот месец, а со еден штабен офицер и во американско-британската мисија за напади врз цели на Хутите во Јемен.

Според најавите, новата европска мисија треба да се базира на операцијата за мониторинг во Персискиот Залив, Ормускиот Теснец и во дел од Арапското Море, наречена „Аженор“, со која раководи Франција, а во која учествуваат и Белгија, Германија, Грција, Данска, Италија, Норвешка, Португалија и Холандија.

The post Холандија планира да испрати фрегата за новата мисија на ЕУ против Хутите во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Холандија планира да и стави на располагање една своја фрегата на новата мисија на ЕУ во Црвеното Море за заштита на бродовите од напади на Хутите.
Се уште ја разгледуваме идејата, а ќе разговараме и со Парламентот. Меѓутоа, владата многу позитивно гледа на учеството во новата мисија, изјави холандската министерка за одбрана, Кајса Олонгрен, за холандското радио БНР.
Сепак, според неа, пред да ја донесе конечната одлука за испраќање своја фрегата во Црвеното Море, Холандија ќе сака јасно да го види и придонесот на другите земји членки на ЕУ.
Ако сите во исто време отпловат кон Црвеното Море, тоа нема да биде ефикасно. Треба да се најде одржливо решение, бидејќи конфликтот може да трае подолго, додаде Олонгред.
Најавата на Олонгрен следи откако земјите членки на Унијата начелно дадоа првична поддршка на идејата на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за создавање посебна европска мисија за заштита на трговските бродови во Црвеното Море од нападите на јеменските Хути. Холандија со двајца штабни офицери веќе учествува во мисијата во Црвеното Море „Заштитник на просперитетот“, предводена од САД, која почна минатиот месец, а со еден штабен офицер и во американско-британската мисија за напади врз цели на Хутите во Јемен. Според најавите, новата европска мисија треба да се базира на операцијата за мониторинг во Персискиот Залив, Ормускиот Теснец и во дел од Арапското Море, наречена „Аженор“, со која раководи Франција, а во која учествуваат и Белгија, Германија, Грција, Данска, Италија, Норвешка, Португалија и Холандија.

The post Холандија планира да испрати фрегата за новата мисија на ЕУ против Хутите во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
САД уништиле противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море https://republika.mk/vesti/svet/sad-unishtile-protivbrodska-raketa-na-hutite-vo-jemen-nasochena-kon-tsrvenoto-more/ Sat, 27 Jan 2024 09:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=737404

Американската војска соопшти дека уништила противбродска ракета на Хутите во Јемен, која била насочена кон Црвеното Море и подготвена за лансирање.

Ракетата претставуваше непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот“, соопшти американската централна команда (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа X.

Уништувањето се случило во 03:45 по локално време (00:45 по Гринич).

The post САД уништиле противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Американската војска соопшти дека уништила противбродска ракета на Хутите во Јемен, која била насочена кон Црвеното Море и подготвена за лансирање.
Ракетата претставуваше непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот“, соопшти американската централна команда (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа X.
Уништувањето се случило во 03:45 по локално време (00:45 по Гринич).

The post САД уништиле противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Поморскиот сообраќај низ Суецкиот канал намален за 39 отсто по нападот на Хутите https://republika.mk/vesti/svet/pomorskiot-soobrakaj-niz-suetskiot-kanal-namalen-za-39-otsto-po-napadot-na-hutite/ Fri, 26 Jan 2024 14:10:24 +0000 https://republika.mk/?p=737173

Поморскиот товарен сообраќај низ Суецкиот канал е намален за 39 отсто во последните два месеца, а обемот на транспортираниот товар за 45 отсто откако транспортот беше пренасочен поради нападите на јеменските бунтовници Хути врз трговските бродови во Црвеното Море.

Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) соопшти дека во неделата од 12 до 19 јануари преку Суецкиот канал бил превезен 82 отсто помалку товар во споредба со почетокот на декември.

УНКТАД, кој ги поддржува земјите во развој во глобалната трговија, предупреди дека товарните бродови на долги релации ризикуваат да ја зголемат инфлацијата, несигурноста на храната и зголемените емисии на стакленички гасови.

Шефот за трговска логистика на УНКТАД, Јан Хофман, во четвртокот рече дека ефектите од повисоките трошоци за транспорт на стоки ќе се видат во цените на продавниците за околу една година.

Хофман истакна дека сега се нарушени три клучни глобални трговски патишта, вклучително и транспортот на жито и нафта поради руската инвазија на Украина, Панамскиот канал поради сушата и инвазијата на Хутите.

The post Поморскиот сообраќај низ Суецкиот канал намален за 39 отсто по нападот на Хутите appeared first on Република.

]]>

Поморскиот товарен сообраќај низ Суецкиот канал е намален за 39 отсто во последните два месеца, а обемот на транспортираниот товар за 45 отсто откако транспортот беше пренасочен поради нападите на јеменските бунтовници Хути врз трговските бродови во Црвеното Море. Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) соопшти дека во неделата од 12 до 19 јануари преку Суецкиот канал бил превезен 82 отсто помалку товар во споредба со почетокот на декември. УНКТАД, кој ги поддржува земјите во развој во глобалната трговија, предупреди дека товарните бродови на долги релации ризикуваат да ја зголемат инфлацијата, несигурноста на храната и зголемените емисии на стакленички гасови. Шефот за трговска логистика на УНКТАД, Јан Хофман, во четвртокот рече дека ефектите од повисоките трошоци за транспорт на стоки ќе се видат во цените на продавниците за околу една година. Хофман истакна дека сега се нарушени три клучни глобални трговски патишта, вклучително и транспортот на жито и нафта поради руската инвазија на Украина, Панамскиот канал поради сушата и инвазијата на Хутите.

The post Поморскиот сообраќај низ Суецкиот канал намален за 39 отсто по нападот на Хутите appeared first on Република.

]]>