Христо Узунов Archives - Република https://republika.mk/tema/hristo-uzunov/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Apr 2024 15:47:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Христо Узунов Archives - Република https://republika.mk/tema/hristo-uzunov/ 32 32 Одбележана годишнината од погибјата на охридскиот војвода Христо Узунов https://republika.mk/zivot/odbelezhana-godishninata-od-pogibjata-na-ohridskiot-vojvoda-hristo-uzunov/ Wed, 24 Apr 2024 10:48:52 +0000 https://republika.mk/?p=770041

Градот Охрид и оваа година традиционално ја одбележа годишнината од херојската смрт на Христо Узунов, македонскиот револуционер и војвода на охридските револуционерни чети.

Во рамки на чествувањата, делегација на Општина Охрид денеска положи цвеќе пред неговата спомен-биста во Градскиот парк, а општинска делегација присуствуваше на панихидата и се поклони на гробот на Узунов во кичевското село Цер.

[caption id="attachment_770043" align="alignnone" width="726"] фото: МИА[/caption]

Со културно-уметничка програма патрониот празник го одбележа и Општинското основно училиште што го носи името на големиот охридски војвода.

Узунов е еден од плејадата големи македонски револуционери, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година. На 24 април 1905 година откако биле опколени од многуброен аскер засилен со артилерија, Христо Узунов заедно со 11 негови соборци извршиле саможртва, за да не паднат живи во рацете на Турците. аб/цр

 

The post Одбележана годишнината од погибјата на охридскиот војвода Христо Узунов appeared first on Република.

]]>

Градот Охрид и оваа година традиционално ја одбележа годишнината од херојската смрт на Христо Узунов, македонскиот револуционер и војвода на охридските револуционерни чети. Во рамки на чествувањата, делегација на Општина Охрид денеска положи цвеќе пред неговата спомен-биста во Градскиот парк, а општинска делегација присуствуваше на панихидата и се поклони на гробот на Узунов во кичевското село Цер. [caption id="attachment_770043" align="alignnone" width="726"] фото: МИА[/caption] Со културно-уметничка програма патрониот празник го одбележа и Општинското основно училиште што го носи името на големиот охридски војвода. Узунов е еден од плејадата големи македонски револуционери, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година. На 24 април 1905 година откако биле опколени од многуброен аскер засилен со артилерија, Христо Узунов заедно со 11 негови соборци извршиле саможртва, за да не паднат живи во рацете на Турците. аб/цр  

The post Одбележана годишнината од погибјата на охридскиот војвода Христо Узунов appeared first on Република.

]]>
На денешен ден во Охрид роден е Христо Узунов https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-deneshen-den-vo-ohrid-roden-e-hristo-uzunov/ Thu, 22 Feb 2024 20:57:26 +0000 https://republika.mk/?p=747192

На денешен ден во 1878 година, роден е големиот охридски и македонски револуционер Христо Узунов.

Христо Узунов (22 февруари 1878 – 24 април 1905 година) го претставува охридското револуционерно движење во времето на самосозревање на македонскиот народ. Татко му бил учител и активно вклучен во револуционерното движење. Неговата мајка била по потекло од Струга од семејството на преродбенскиот деец Ѓорѓи Чакалов.

Христо Узунов по востанието останал во татковината каде настојувал борбите да продолжат. На 24 април 1905 година Христо Узунов со неговата чета влегол во село Цер-кичевско заедно со крушевскиот војвода Ванчо Србаков каде бил обиколен од силни турски сили. Тие не добиле никаква помош. Христо Узунов тогаш пишува писмо упатено до сите чесни револуционери по што тој и неговите соборци се самоубиваат.

Писмото на Христо Узунов до сите чесни револуционери:

Браќа,

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и три четврти раното, а исто така и четникот Јонче од Дворци (Кичееско), кој беше со Пецо.

Мојата архива е распрсната низ целото село. Им ја доверив на три жени, кои не ги познавам. Ванчо исто така ја оставил архивата кај една жена, но не ја знам. Побарајте ја, ќе ја најдете.

Причината зошто не ризикуваме да удриме утринава беше во тоа што од 7 – 8 страни ни отворија оган, па мислејќи дека се мнозина, решивме да се бориме, макар и против поголеми сили, кои што ги очекуваме да дојдат.

Уверен дека не ќе бидеме спасени, за последен пат Ви испраќам братски поздрави на сите другари и пријатели.

Спроти карпата каде што сме сега, го оставив во една дупка на ѕидот моето кесе со четири и пол наполеони, една лира и околу 40 гроша. Тоа се Охридски пари.

Мојот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото сите оние коишто му служат, зашто само искреноста и често срдечноста ја издигнале внатрешната организација и пак тие ќе ја спасат од аномалноста во која е поставена од недобросовесни наши другари. Да гледате колку што е можно побрзо да ги уништите оние досега раководни сили во Организацијата, кои му нанесле штета на делото, како што е Сарафов, а не да се накажуваат само прости работници.

Нашата идеја ќе биде постигната, ете зошто ќе умрам спокоен, со чиста совест пред законите на нашата св. Организација.
Досега намерно со ништо не сум му напакостил на Делото, а ако сте забележале во мене некои грешки, бидете уверени дека тие станале против мојата волја. Молам извинување.

Молам особено да ја поздравите мојата љубезна мајка, којашто никогаш не сум ја заборавил, бидејќи таа ме направи ваков. Нека ме извини и таа дека со ништо не се зарадувала од мене. Особено го поздравувам брат ми Ангеле. Го добив неговото последно писмо и останав задоволен. Да оди во истиот пат што ми го соопшти во писмото. Го советувам да не се одделува од мајка ми. Поздравете ги и роднините.

За последен пат ќе ви повторам. Бидете искрени и пазете основните закони на Орган.Устав.

Останувам со братски бакнежи.
Христо Узунов

The post На денешен ден во Охрид роден е Христо Узунов appeared first on Република.

]]>

На денешен ден во 1878 година, роден е големиот охридски и македонски револуционер Христо Узунов. Христо Узунов (22 февруари 1878 – 24 април 1905 година) го претставува охридското револуционерно движење во времето на самосозревање на македонскиот народ. Татко му бил учител и активно вклучен во револуционерното движење. Неговата мајка била по потекло од Струга од семејството на преродбенскиот деец Ѓорѓи Чакалов. Христо Узунов по востанието останал во татковината каде настојувал борбите да продолжат. На 24 април 1905 година Христо Узунов со неговата чета влегол во село Цер-кичевско заедно со крушевскиот војвода Ванчо Србаков каде бил обиколен од силни турски сили. Тие не добиле никаква помош. Христо Узунов тогаш пишува писмо упатено до сите чесни револуционери по што тој и неговите соборци се самоубиваат. Писмото на Христо Узунов до сите чесни револуционери: Браќа, Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и три четврти раното, а исто така и четникот Јонче од Дворци (Кичееско), кој беше со Пецо. Мојата архива е распрсната низ целото село. Им ја доверив на три жени, кои не ги познавам. Ванчо исто така ја оставил архивата кај една жена, но не ја знам. Побарајте ја, ќе ја најдете. Причината зошто не ризикуваме да удриме утринава беше во тоа што од 7 – 8 страни ни отворија оган, па мислејќи дека се мнозина, решивме да се бориме, макар и против поголеми сили, кои што ги очекуваме да дојдат. Уверен дека не ќе бидеме спасени, за последен пат Ви испраќам братски поздрави на сите другари и пријатели. Спроти карпата каде што сме сега, го оставив во една дупка на ѕидот моето кесе со четири и пол наполеони, една лира и околу 40 гроша. Тоа се Охридски пари. Мојот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото сите оние коишто му служат, зашто само искреноста и често срдечноста ја издигнале внатрешната организација и пак тие ќе ја спасат од аномалноста во која е поставена од недобросовесни наши другари. Да гледате колку што е можно побрзо да ги уништите оние досега раководни сили во Организацијата, кои му нанесле штета на делото, како што е Сарафов, а не да се накажуваат само прости работници. Нашата идеја ќе биде постигната, ете зошто ќе умрам спокоен, со чиста совест пред законите на нашата св. Организација. Досега намерно со ништо не сум му напакостил на Делото, а ако сте забележале во мене некои грешки, бидете уверени дека тие станале против мојата волја. Молам извинување. Молам особено да ја поздравите мојата љубезна мајка, којашто никогаш не сум ја заборавил, бидејќи таа ме направи ваков. Нека ме извини и таа дека со ништо не се зарадувала од мене. Особено го поздравувам брат ми Ангеле. Го добив неговото последно писмо и останав задоволен. Да оди во истиот пат што ми го соопшти во писмото. Го советувам да не се одделува од мајка ми. Поздравете ги и роднините. За последен пат ќе ви повторам. Бидете искрени и пазете основните закони на Орган.Устав. Останувам со братски бакнежи. Христо Узунов

The post На денешен ден во Охрид роден е Христо Узунов appeared first on Република.

]]>
В недела се одбележуваат 117 години од смртта на Христо Узунов и неговите соборци во селото Цер https://republika.mk/vesti/makedonija/v-nedela-se-odbelezuvaat-117-godini-od-smrtta-na-hristo-uzunov-i-negovite-soborci-vo-seloto-cer/ Mon, 18 Apr 2022 18:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=490223

В недела, на 24 април се одбележуваат 117 години од смртта на Христо Узунов и неговите соборци.

Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас - без ни најмалку да те навредувам - се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила” , напишал војводата Христо Узунов во писмото до својата мајка.

По повод 117 години од херојската смрт на Христо Узунов и неговите соборци, ве поканувам на 24.04 (недела) во 13 часот да дојдете во с.Цер кичевско да се поклониме на овие македонски великани.

The post В недела се одбележуваат 117 години од смртта на Христо Узунов и неговите соборци во селото Цер appeared first on Република.

]]>

В недела, на 24 април се одбележуваат 117 години од смртта на Христо Узунов и неговите соборци.
Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас - без ни најмалку да те навредувам - се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила” , напишал војводата Христо Узунов во писмото до својата мајка.
По повод 117 години од херојската смрт на Христо Узунов и неговите соборци, ве поканувам на 24.04 (недела) во 13 часот да дојдете во с.Цер кичевско да се поклониме на овие македонски великани.

The post В недела се одбележуваат 117 години од смртта на Христо Узунов и неговите соборци во селото Цер appeared first on Република.

]]>
Се борел до последен куршум, него го оставил за себе – 144 години од раѓањето на големиот војвода Христо Узунов https://republika.mk/vesti/makedonija/se-borel-do-posleden-kurshum-nego-go-ostavil-za-sebe-144-godini-od-ragjanjeto-na-golemiot-vojvoda-hristo-uzunov/ Tue, 22 Feb 2022 08:39:24 +0000 https://republika.mk/?p=461754

На денешен ден, 22 февруари 1878 година, во Охрид е роден македонскиот војвода и еден од најголемите великани на ВМРО – Христо Узунов.

Христо Димитров Узунов или познат како Арсениј, Арсо, Дуле, Маглата, Ристо, Самуил или Дуле Узунов бил македонски револуционер, учител, војвода и реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ. Се школувал во Солун и учествувал во солунските училишни бунтови (1896). Лежел во битолскиот Централен затвор Катилане (1898 и 1902–1903). Од 1903 година бил поставен за главен војвода на охридските револуционерни чети. Учествувал на Смилевскиот конгрес. Во Илинденското востание бил член на Горското началство (Штабот) за Охридскиот револуционерен реон. Учествувал во спасувањето на збегот од Рашанец на ок. 200 семејства. На Прилепскиот конгрес бил избран за секретар и за окружен ревизор на четите на МРО за Охридско, Струшко и Кичевско. Загинал со четата опколен од турска војска.

Ако некој може да се нарече совест на македонското револуционерно дело, тоа е Узунов. Неговиот огромен идеализам, неговото родољубие е толку големо, што во едно од неговите најпознати писма до неговата мајка, тој отворено и кажува дека повеќе ја сака неговата втора мајка – Македонија, отколку неа, што го родила, притоа истакнувајќи дека не сака да ја навреди родената мајка, но дека сега и е многу попотребен на Македонија, која се наоѓала во многу големи маки и на која и била потребна неговата помош.

https://youtu.be/6_BevcR5mec

Загинал на 24 април 1905 година во кичевското село Цер. За да не им паднат живи в раце на Турците, тој и неговите 13 соборци последните куршуми ги истрелале во себе.

Војводата Христо Узунов ќе остане запишан со големи букви во македонската историја. Неговиот патриотизам, преданост и верност на македонската кауза, остануваат вечен и светол пример за идните поколенија Македонци.

Вечна ти слава Војводо !

The post Се борел до последен куршум, него го оставил за себе – 144 години од раѓањето на големиот војвода Христо Узунов appeared first on Република.

]]>

На денешен ден, 22 февруари 1878 година, во Охрид е роден македонскиот војвода и еден од најголемите великани на ВМРО – Христо Узунов. Христо Димитров Узунов или познат како Арсениј, Арсо, Дуле, Маглата, Ристо, Самуил или Дуле Узунов бил македонски револуционер, учител, војвода и реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ. Се школувал во Солун и учествувал во солунските училишни бунтови (1896). Лежел во битолскиот Централен затвор Катилане (1898 и 1902–1903). Од 1903 година бил поставен за главен војвода на охридските револуционерни чети. Учествувал на Смилевскиот конгрес. Во Илинденското востание бил член на Горското началство (Штабот) за Охридскиот револуционерен реон. Учествувал во спасувањето на збегот од Рашанец на ок. 200 семејства. На Прилепскиот конгрес бил избран за секретар и за окружен ревизор на четите на МРО за Охридско, Струшко и Кичевско. Загинал со четата опколен од турска војска. Ако некој може да се нарече совест на македонското револуционерно дело, тоа е Узунов. Неговиот огромен идеализам, неговото родољубие е толку големо, што во едно од неговите најпознати писма до неговата мајка, тој отворено и кажува дека повеќе ја сака неговата втора мајка – Македонија, отколку неа, што го родила, притоа истакнувајќи дека не сака да ја навреди родената мајка, но дека сега и е многу попотребен на Македонија, која се наоѓала во многу големи маки и на која и била потребна неговата помош. https://youtu.be/6_BevcR5mec Загинал на 24 април 1905 година во кичевското село Цер. За да не им паднат живи в раце на Турците, тој и неговите 13 соборци последните куршуми ги истрелале во себе. Војводата Христо Узунов ќе остане запишан со големи букви во македонската историја. Неговиот патриотизам, преданост и верност на македонската кауза, остануваат вечен и светол пример за идните поколенија Македонци. Вечна ти слава Војводо !

The post Се борел до последен куршум, него го оставил за себе – 144 години од раѓањето на големиот војвода Христо Узунов appeared first on Република.

]]>