Хитроу Archives - Република https://republika.mk/tema/hitrou/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Apr 2024 17:01:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хитроу Archives - Република https://republika.mk/tema/hitrou/ 32 32 Два авиона се судрија на пистата на аеродромот „Хитроу“ во Лондон https://republika.mk/vesti/svet/dva-aviona-se-sudrija-na-pistata-na-aerodromot-hitrou-vo-london/ Sat, 06 Apr 2024 17:01:50 +0000 https://republika.mk/?p=763193

На лондонскиот аеродром Хитроу се случил инцидент кога два авиони се судриле на пистата, објавија британските медиуми.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат како авион на „Вирџин Атлантик“ со крилото допира авион на „Бритиш ервејс“. Боингот 787-9 на „Вирџин“ го завршил својот лет и се движел кон паркинг просторот на аеродромот, а во моментот на инцидентот немало патници.

„Вирџин“ почна истрага за причините за инцидентот и авионот е изваден од употреба додека инженерските тимови работат на одржување на леталото. Авионот на „Бритиш ервејс“ бил во мирување во моментот на инцидентот и бил на преглед од инженерски тимови, соопшти авиокомпанијата.

Свесни сме дека еден наш празен авион дојде во контакт со крилото на друг авион додека се влечеше на паркингот на терминалот 3 на Хитроу. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е секогаш наш приоритет, изјави портпаролот на „Вирџин Атлантик“.

Сличен инцидент се случи во четвртокот во Сан Франциско, кога два авиони на „Јунајтед ерлајнс“ се судрија, но немаше повредени.

The post Два авиона се судрија на пистата на аеродромот „Хитроу“ во Лондон appeared first on Република.

]]>

На лондонскиот аеродром Хитроу се случил инцидент кога два авиони се судриле на пистата, објавија британските медиуми. Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат како авион на „Вирџин Атлантик“ со крилото допира авион на „Бритиш ервејс“. Боингот 787-9 на „Вирџин“ го завршил својот лет и се движел кон паркинг просторот на аеродромот, а во моментот на инцидентот немало патници. „Вирџин“ почна истрага за причините за инцидентот и авионот е изваден од употреба додека инженерските тимови работат на одржување на леталото. Авионот на „Бритиш ервејс“ бил во мирување во моментот на инцидентот и бил на преглед од инженерски тимови, соопшти авиокомпанијата.
Свесни сме дека еден наш празен авион дојде во контакт со крилото на друг авион додека се влечеше на паркингот на терминалот 3 на Хитроу. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е секогаш наш приоритет, изјави портпаролот на „Вирџин Атлантик“.
Сличен инцидент се случи во четвртокот во Сан Франциско, кога два авиони на „Јунајтед ерлајнс“ се судрија, но немаше повредени.

The post Два авиона се судрија на пистата на аеродромот „Хитроу“ во Лондон appeared first on Република.

]]>
Експлозија и пожар кај аеродромот „Хитроу“ https://republika.mk/vesti/svet/eksplozija-i-pozar-kaj-aerodromot-hitrou/ Sun, 07 Aug 2022 19:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=537763

Околу лондонскиот аеродром Хитроу се шири голем пожар во околните дворови, по „големата детонација што личеше на бомба или експлозија“, пренесува лондонскиот весник „Мирор“.

Лондонскиот весник додава дека огромен облак од чад се крева на небото и се верува дека доаѓа од авион што слетал на Хитроу, додека пожарникарите предупредија дека пожарот се проширил на  градините на домовите на луѓето од населбата Фелтам.

Пожарот зафатил дрвја, жива ограда, грмушки, трева на бројни домаќинства на патот кај Фелтам.

Многумина кои живеат во близина на инцидентот изјавија дека слушнале силна експлозија, а еден очевидец дури кажа дека слушнал удар како „бомба или некој вид експлозија“.

Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари се на местото на пожарот во Херефорд Роуд, а досега се примени 44 повици за интервенција.

Градската полиција ги советува граѓаните да ја избегнуваат областа. сд/

The post Експлозија и пожар кај аеродромот „Хитроу“ appeared first on Република.

]]>

Околу лондонскиот аеродром Хитроу се шири голем пожар во околните дворови, по „големата детонација што личеше на бомба или експлозија“, пренесува лондонскиот весник „Мирор“. Лондонскиот весник додава дека огромен облак од чад се крева на небото и се верува дека доаѓа од авион што слетал на Хитроу, додека пожарникарите предупредија дека пожарот се проширил на  градините на домовите на луѓето од населбата Фелтам. Пожарот зафатил дрвја, жива ограда, грмушки, трева на бројни домаќинства на патот кај Фелтам. Многумина кои живеат во близина на инцидентот изјавија дека слушнале силна експлозија, а еден очевидец дури кажа дека слушнал удар како „бомба или некој вид експлозија“. Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари се на местото на пожарот во Херефорд Роуд, а досега се примени 44 повици за интервенција. Градската полиција ги советува граѓаните да ја избегнуваат областа. сд/

The post Експлозија и пожар кај аеродромот „Хитроу“ appeared first on Република.

]]> Лондонскиот аеродром „Хитроу“ во последен момент извиси околу 10.000 патници https://republika.mk/vesti/svet/londonskiot-aerodrom-hitrou-vo-posleden-moment-izvisi-okolu-10-000-patnici/ Mon, 11 Jul 2022 21:46:22 +0000 https://republika.mk/?p=527286

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ нареди откажување на десетици летови со кои требало да летаат околу 10.000 патници.

Откажани се 61 лет, бидејќи аеродромот во западен Лондон соопшти дека не е во состојба да прими толку многу патници.

Од авиокомпаниите е побарано да не префрлаат патници на алтернативни летови закажани за понеделник.

Неисправноста на системот за багаж на Терминалот 3 резултирал со тоа што стотици куфери не биле испорачани во текот на викендот.

„Хитроу“ им се извини на „сите оштетени патници“, но додаде дека „повеќето биле добро услужени“.

Оштетените патници немаат право на отштета од авиокомпаниите, бидејќи според официјалната класификација, причините за откажувањето се надвор од нивна контрола.

Бројот на патници кои летале низ „Хитроу“ во првата половина од годинава бил 26 милиони, шест пати повеќе отколку во истиот период во 2021 година.

The post Лондонскиот аеродром „Хитроу“ во последен момент извиси околу 10.000 патници appeared first on Република.

]]>

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ нареди откажување на десетици летови со кои требало да летаат околу 10.000 патници. Откажани се 61 лет, бидејќи аеродромот во западен Лондон соопшти дека не е во состојба да прими толку многу патници. Од авиокомпаниите е побарано да не префрлаат патници на алтернативни летови закажани за понеделник. Неисправноста на системот за багаж на Терминалот 3 резултирал со тоа што стотици куфери не биле испорачани во текот на викендот. „Хитроу“ им се извини на „сите оштетени патници“, но додаде дека „повеќето биле добро услужени“. Оштетените патници немаат право на отштета од авиокомпаниите, бидејќи според официјалната класификација, причините за откажувањето се надвор од нивна контрола. Бројот на патници кои летале низ „Хитроу“ во првата половина од годинава бил 26 милиони, шест пати повеќе отколку во истиот период во 2021 година.

The post Лондонскиот аеродром „Хитроу“ во последен момент извиси околу 10.000 патници appeared first on Република.

]]>