хепатит Archives - Република https://republika.mk/tema/hepatit/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Aug 2022 13:16:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хепатит Archives - Република https://republika.mk/tema/hepatit/ 32 32 Бројот на заразени со хепатитис се зголемува: Во Охрид организирани бесплатни тестирања за хепатитис Б, Ц и ХИВ https://republika.mk/zivot/zdravje/brojot-na-zarazeni-so-hepatitis-c-se-zgolemuva-vo-ohrid-organizirani-besplatni-testiranja-za-hepatitis-b-c-i-hiv/ Fri, 05 Aug 2022 13:15:31 +0000 https://republika.mk/?p=537154

Под мотото „Јас не можам да чекам, ние не можеме да чекаме, хепатитот не може да чека“, на Градскиот плоштад во Охрид преку едукација за болести на црниот дроб и бесплатни тестови за хепатит Б, Ц и ХИВ, Хепар центарот од Битола во соработка со организацијата за ретки болеси „Ретко е да си редок” од Охрид го одбележаа Светскиот ден за борба против хепатит.

 

Милан Мишковиќ од Хепар центар - Битола информира дека оваа недела се вршат активни тестирања и оти бројот на заразени со хепатитис Ц, благо се зголемува.

Над 50-60.000 граѓани во Македонија можно е да се заразени со хепатитис Б и Ц. Ова е уште една можност за државата да поработи во иднина повеќе на скрининг програмите. Но и да апелираме терапиите, кои не се достапни во нашата земја, посебно за хроничен хепатитис Б да бидат на позитивната листа. Барем оваа група пациенти да добие навреме терапија да не прогресира болеста до карцином - посочи Мишковиќ.

Според него, првпат во државата се отвора Црнодробен центар, кој ќе биде во ЈЗУ Универзитетската клиника за  Гастроентерохепатологија.

Центарот ќе биде со мултидисциплинарен пристап составен од повеќе медицински експерти од различни области, кои ќе се борат да го анулираат црнодробниот карцином, а пред се хепатитисот Б и Ц, кои се едни од најголемите причинители. За жал, последните податоци ни покажуваат дека за 25 до 30 отсто во Европа се зголемува овој проблем, а не сме исклучок и ние како земја поради начинот на живот и храната што ја консумираме - вели Мишковиќ.

Тој нагласува дека е време да се обрне повеќе внимание на црнодробните заболувања, посебно на хепатитите, изразувајќи надеж дека ќе бидеме пример како мала држава која ги следи стапките на развиените земји и придонесува за намалување на бројот на карциноми.

Најновите статистики од Светската здравствена организација покажуваат дека секојдневно умираат околи 3.000 луѓе од хепатитис Б и Ц, а на секои 30 секунди еден човек го губи животот од хепатитис Б и Ц. Навременото тестирање и лекување може да спаси животи.

The post Бројот на заразени со хепатитис се зголемува: Во Охрид организирани бесплатни тестирања за хепатитис Б, Ц и ХИВ appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Јас не можам да чекам, ние не можеме да чекаме, хепатитот не може да чека“, на Градскиот плоштад во Охрид преку едукација за болести на црниот дроб и бесплатни тестови за хепатит Б, Ц и ХИВ, Хепар центарот од Битола во соработка со организацијата за ретки болеси „Ретко е да си редок” од Охрид го одбележаа Светскиот ден за борба против хепатит.   Милан Мишковиќ од Хепар центар - Битола информира дека оваа недела се вршат активни тестирања и оти бројот на заразени со хепатитис Ц, благо се зголемува.
Над 50-60.000 граѓани во Македонија можно е да се заразени со хепатитис Б и Ц. Ова е уште една можност за државата да поработи во иднина повеќе на скрининг програмите. Но и да апелираме терапиите, кои не се достапни во нашата земја, посебно за хроничен хепатитис Б да бидат на позитивната листа. Барем оваа група пациенти да добие навреме терапија да не прогресира болеста до карцином - посочи Мишковиќ.
Според него, првпат во државата се отвора Црнодробен центар, кој ќе биде во ЈЗУ Универзитетската клиника за  Гастроентерохепатологија.
Центарот ќе биде со мултидисциплинарен пристап составен од повеќе медицински експерти од различни области, кои ќе се борат да го анулираат црнодробниот карцином, а пред се хепатитисот Б и Ц, кои се едни од најголемите причинители. За жал, последните податоци ни покажуваат дека за 25 до 30 отсто во Европа се зголемува овој проблем, а не сме исклучок и ние како земја поради начинот на живот и храната што ја консумираме - вели Мишковиќ.
Тој нагласува дека е време да се обрне повеќе внимание на црнодробните заболувања, посебно на хепатитите, изразувајќи надеж дека ќе бидеме пример како мала држава која ги следи стапките на развиените земји и придонесува за намалување на бројот на карциноми. Најновите статистики од Светската здравствена организација покажуваат дека секојдневно умираат околи 3.000 луѓе од хепатитис Б и Ц, а на секои 30 секунди еден човек го губи животот од хепатитис Б и Ц. Навременото тестирање и лекување може да спаси животи.

The post Бројот на заразени со хепатитис се зголемува: Во Охрид организирани бесплатни тестирања за хепатитис Б, Ц и ХИВ appeared first on Република.

]]>
Мистериозниот вирус се прошири во уште 20 земји, лекарите се исплашени, научниците не ги знаат деталите https://republika.mk/zivot/zdravje/misteriozniot-virus-se-proshiri-vo-ushte-20-zemji-lekarite-se-isplasheni-nauchnicite-ne-gi-znaat-detalite/ Thu, 05 May 2022 20:26:59 +0000 https://republika.mk/?p=498314

Панамериканската здравствена организација (PAHO) објави одговори на прашања во врска со „мистериозниот вирус“ кој е пријавен кај децата. Нивниот експерт детално објасни што точно знаат за овој вирус и како родителите треба да се однесуваат кон своите деца за да не го добијат.

На 15 април 2022 година, Светската здравствена организација (СЗО) издаде предупредување за тешки случаи на акутен хепатитис од непознато потекло кај деца во Обединетото Кралство. Оттогаш, многу други земји почнаа да ги пријавуваат истите случаи, а истрагата продолжува.

Што е акутен хепатитис?

Хепатитис е воспаление на црниот дроб. Постојат различни етиологии – или причини – кои можат да доведат до ова воспаление, како што се инфекција или интоксикација со лекови или супстанции. Најчести инфективни агенси се вирусите одговорни за хепатитис А, Б, Ц, Д и Е.

Кога воспалението се јавува брзо и ненадејно, зборуваме за акутен хепатитис. Во некои случаи, како што се хепатитис Б, Ц и Д, инфекцијата може да стане хронична. Во оваа ситуација, лекарите се уште не се сигурни за причината.

Пријавените случаи се однесуваат на деца со тежок акутен хепатитис кај кои хепатитис А, Б, Ц, Д или Е не е идентификуван. До 3 мај 2022 година, беа пријавени над 200 случаи од 20 земји. Огромното мнозинство на случаи се во Обединетото Кралство. Таа беше првата земја што пријави случаи во СЗО.

Во Соединетите Американски Држави, случаи се пријавени во САД, а на земјите од регионот им се советува да ја следат ситуацијата.

Според Панамериканската здравствена организација (PAHO), сè уште има малку податоци за да се дефинира дали има епидемија, а засега глобалниот ризик се смета за мал. Бидејќи сè уште нема сигурност за потеклото на болеста, можно е да станеме свесни за ситуација која постоела претходно, но поминала незабележана бидејќи имало малку случаи.

Нема поврзаност со вакцинацијата против Ковид 19, бидејќи сите деца кои пријавиле симптоми биле невакцинирани. Сепак, присуството на вирусот SARS-CoV-2 е откриено во неколку случаи, а ова е една од линиите на истражување заедно со друг како што е аденовирус.

Кои се симптомите и дали се лекува?

Акутниот хепатитис има различни симптоми: гастроинтестинални, како што се дијареа или повраќање, треска и болки во мускулите, но најкарактеристична е жолтицата – каде што кожата и белките пожолтуваат. Тековниот третман настојува  да ги ублажи симптомите и да го управува и стабилизира пациентот доколку случајот е тежок. Препораките за третман може да се наведат откако ќе се утврди потеклото на инфекцијата.

Најважно е да се внимава на симптомите, како дијареа или повраќање, и на бојата: доколку има знаци на жолтица – каде кожата и белките на очите пожолтуваат – веднаш треба да побарате лекарска помош.

Се препорачуваат основни хигиенски мерки како миење раце и покривање на устата при кашлање или кивање за да се спречат инфекции, кои исто така можат да заштитат од пренос на аденовирус.

The post Мистериозниот вирус се прошири во уште 20 земји, лекарите се исплашени, научниците не ги знаат деталите appeared first on Република.

]]>

Панамериканската здравствена организација (PAHO) објави одговори на прашања во врска со „мистериозниот вирус“ кој е пријавен кај децата. Нивниот експерт детално објасни што точно знаат за овој вирус и како родителите треба да се однесуваат кон своите деца за да не го добијат. На 15 април 2022 година, Светската здравствена организација (СЗО) издаде предупредување за тешки случаи на акутен хепатитис од непознато потекло кај деца во Обединетото Кралство. Оттогаш, многу други земји почнаа да ги пријавуваат истите случаи, а истрагата продолжува. Што е акутен хепатитис? Хепатитис е воспаление на црниот дроб. Постојат различни етиологии – или причини – кои можат да доведат до ова воспаление, како што се инфекција или интоксикација со лекови или супстанции. Најчести инфективни агенси се вирусите одговорни за хепатитис А, Б, Ц, Д и Е. Кога воспалението се јавува брзо и ненадејно, зборуваме за акутен хепатитис. Во некои случаи, како што се хепатитис Б, Ц и Д, инфекцијата може да стане хронична. Во оваа ситуација, лекарите се уште не се сигурни за причината. Пријавените случаи се однесуваат на деца со тежок акутен хепатитис кај кои хепатитис А, Б, Ц, Д или Е не е идентификуван. До 3 мај 2022 година, беа пријавени над 200 случаи од 20 земји. Огромното мнозинство на случаи се во Обединетото Кралство. Таа беше првата земја што пријави случаи во СЗО. Во Соединетите Американски Држави, случаи се пријавени во САД, а на земјите од регионот им се советува да ја следат ситуацијата. Според Панамериканската здравствена организација (PAHO), сè уште има малку податоци за да се дефинира дали има епидемија, а засега глобалниот ризик се смета за мал. Бидејќи сè уште нема сигурност за потеклото на болеста, можно е да станеме свесни за ситуација која постоела претходно, но поминала незабележана бидејќи имало малку случаи. Нема поврзаност со вакцинацијата против Ковид 19, бидејќи сите деца кои пријавиле симптоми биле невакцинирани. Сепак, присуството на вирусот SARS-CoV-2 е откриено во неколку случаи, а ова е една од линиите на истражување заедно со друг како што е аденовирус. Кои се симптомите и дали се лекува? Акутниот хепатитис има различни симптоми: гастроинтестинални, како што се дијареа или повраќање, треска и болки во мускулите, но најкарактеристична е жолтицата – каде што кожата и белките пожолтуваат. Тековниот третман настојува  да ги ублажи симптомите и да го управува и стабилизира пациентот доколку случајот е тежок. Препораките за третман може да се наведат откако ќе се утврди потеклото на инфекцијата. Најважно е да се внимава на симптомите, како дијареа или повраќање, и на бојата: доколку има знаци на жолтица – каде кожата и белките на очите пожолтуваат – веднаш треба да побарате лекарска помош. Се препорачуваат основни хигиенски мерки како миење раце и покривање на устата при кашлање или кивање за да се спречат инфекции, кои исто така можат да заштитат од пренос на аденовирус.

The post Мистериозниот вирус се прошири во уште 20 земји, лекарите се исплашени, научниците не ги знаат деталите appeared first on Република.

]]>
Мистериозен хепатит ги напаѓа децата https://republika.mk/zivot/zdravje/misteriozen-hepatit-gi-napagja-decata/ Thu, 05 May 2022 18:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=498237

Новиот и сериозен вид на хепатитис регистриран кај околу 300 деца во дваесетина земји го вклучи алармот во светот. Научници, инфектолози, педијатри проучуваат зошто овие пациенти имаат тешко воспалување на црниот дроб и им треба болнички третман. Како што пренесуваат светските медиуми, на дел од децата им била неопходна и трансплантација на црн дроб а кај половината заболени бил детектиран аденовирус – честа болест во детската возраст. Во нашата земја низ ординациите не поминале такви болни, но педијатрите внимателно следат што се случува во другите држави.

-Хепатитот ако не се открие навреме може да предизвика тешка клиничка слика. Затоа треба внимателн ода се следи состојбата. Апел до родителите – ако детето има пролив и повраќање да се даваат пробиотици. Доколку детето почне да се жали на силна болка во стомакот, урината е темно кафена и има пожолтување на белката во окото веднаш на лекар, вели д-р Драгана Емел Марковска, педијатар.

Пандемијата насекаде во светот го направи населението поранливо а најчуствителни се децата. Засега нема точна причина за новиот хепатитис за кој прдупреди и СЗО, но опаѓањето на имунитетот како последица на двегодишниот живот со рестриктивни мерки е една од теориите на голем број лекари.

-Укинувањето на задолжителното носење на маски се сретнавме со вирусите, кои постојат. Но ние децата речиси две години ги чувавме во стаклено звоно. Падот на имунитетот е очигледен и сега ќе биде реперкусијата. Не оделе во градинка сега сите ќе одат и ќе има многу работа, вели д-р Марковска.

Личната хигиена, задолжителното и често миење на рацете и повеќе во природа отколку во игротека е апелот на доктор Марковска за овој период на чести вирусни инфекции.

Преземено од Сител

The post Мистериозен хепатит ги напаѓа децата appeared first on Република.

]]>

Новиот и сериозен вид на хепатитис регистриран кај околу 300 деца во дваесетина земји го вклучи алармот во светот. Научници, инфектолози, педијатри проучуваат зошто овие пациенти имаат тешко воспалување на црниот дроб и им треба болнички третман. Како што пренесуваат светските медиуми, на дел од децата им била неопходна и трансплантација на црн дроб а кај половината заболени бил детектиран аденовирус – честа болест во детската возраст. Во нашата земја низ ординациите не поминале такви болни, но педијатрите внимателно следат што се случува во другите држави.
-Хепатитот ако не се открие навреме може да предизвика тешка клиничка слика. Затоа треба внимателн ода се следи состојбата. Апел до родителите – ако детето има пролив и повраќање да се даваат пробиотици. Доколку детето почне да се жали на силна болка во стомакот, урината е темно кафена и има пожолтување на белката во окото веднаш на лекар, вели д-р Драгана Емел Марковска, педијатар.
Пандемијата насекаде во светот го направи населението поранливо а најчуствителни се децата. Засега нема точна причина за новиот хепатитис за кој прдупреди и СЗО, но опаѓањето на имунитетот како последица на двегодишниот живот со рестриктивни мерки е една од теориите на голем број лекари.
-Укинувањето на задолжителното носење на маски се сретнавме со вирусите, кои постојат. Но ние децата речиси две години ги чувавме во стаклено звоно. Падот на имунитетот е очигледен и сега ќе биде реперкусијата. Не оделе во градинка сега сите ќе одат и ќе има многу работа, вели д-р Марковска.
Личната хигиена, задолжителното и често миење на рацете и повеќе во природа отколку во игротека е апелот на доктор Марковска за овој период на чести вирусни инфекции. Преземено од Сител

The post Мистериозен хепатит ги напаѓа децата appeared first on Република.

]]>