хелсиншки комитет Archives - Република https://republika.mk/tema/helsinshki-komitet/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Jun 2023 12:24:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хелсиншки комитет Archives - Република https://republika.mk/tema/helsinshki-komitet/ 32 32 Ако ве тепаат, гласно барајте помош: Хелсиншки комитет ги советува припадниците на ЛГБТ да бидат помалку видливи и тивки за време на протестот на МПЦ-ОА https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-ve-tepaat-glasno-barajte-pomosh-helsinshki-komitet-gi-sovetuva-pripadnitsite-na-lgbt-da-bidat-pomalku-vidlivi-i-tivki-za-vreme-na-protestot-na-mpts-oa/ Wed, 28 Jun 2023 12:24:24 +0000 https://republika.mk/?p=656050

Со големо жалење и за првпат бараме од лицата од ЛГБТИ заедницата и поддржувачите да бидат помалку видливи и тивки во текот на денот на протестот на МПЦ-ОА, но нашата грижа за заедницата овојпат нѐ приморува на тоа, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Остануваме да бидеме гласни и посветени во борбата за еднаквост и демократија, но на крајот на краиштата најважно е да останеме живи и здрави за да можеме да продолжиме да ја остваруваме нашата визија за Македонија како земја на еднакви права и можности за сите граѓанки и граѓани“, се вели во соопштението.

- Да избегнувате да се движите на просторот на којшто се одржува протестот.
- Да избегнувате да носите обележја кои асоцираат на ЛГБТИ заедница во јавен простор.
- Движете се низ осветлени и фрекветни улици и простори.
- Секогаш имајте мобилен телефон при рака, за да во случај на каков било инцидент – веднаш да ја контактирате полицијата.
- Во случаи на вербални напади и провокации, останете смирени и тивки и брзо упатете се кон место каде што има повеќе луѓе.
- Во случаи на вербални напади во такси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Побарајте да слезете на првото погодно место и напуштете го возилото во молк. Веднаш потоа пријатевет го возачот во такси компанијата, а инцидентот до надлежните институции.
- Во случај на напад или закани во автобуси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Излезете без збор на следната станица и пријавете во надлежни институции.

- Во случај на физички напад гласно барајте ПОМОШ. Штом сте на безбедно веднаш пријавете.

Свесни сме дека ЛГБТИ заедницата ретко пријавува случаи на насилство и прекршување на права до институции и затоа ви излегуваме во пресрет. Случаите на напади, закани, агресии и вознемирување можете да го пријавите во Хелсиншкиот комитет за човекови права на следните телефони: Од 09:00 до 15:00 часот, 02/3119073. Од 15:00 натаму 078/734217. Чувајте се и останете во добро здравје“, се вели во соопштението на Хелсиншки комитет.

The post Ако ве тепаат, гласно барајте помош: Хелсиншки комитет ги советува припадниците на ЛГБТ да бидат помалку видливи и тивки за време на протестот на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Со големо жалење и за првпат бараме од лицата од ЛГБТИ заедницата и поддржувачите да бидат помалку видливи и тивки во текот на денот на протестот на МПЦ-ОА, но нашата грижа за заедницата овојпат нѐ приморува на тоа, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Остануваме да бидеме гласни и посветени во борбата за еднаквост и демократија, но на крајот на краиштата најважно е да останеме живи и здрави за да можеме да продолжиме да ја остваруваме нашата визија за Македонија како земја на еднакви права и можности за сите граѓанки и граѓани“, се вели во соопштението.
- Да избегнувате да се движите на просторот на којшто се одржува протестот. - Да избегнувате да носите обележја кои асоцираат на ЛГБТИ заедница во јавен простор. - Движете се низ осветлени и фрекветни улици и простори. - Секогаш имајте мобилен телефон при рака, за да во случај на каков било инцидент – веднаш да ја контактирате полицијата. - Во случаи на вербални напади и провокации, останете смирени и тивки и брзо упатете се кон место каде што има повеќе луѓе. - Во случаи на вербални напади во такси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Побарајте да слезете на првото погодно место и напуштете го возилото во молк. Веднаш потоа пријатевет го возачот во такси компанијата, а инцидентот до надлежните институции. - Во случај на напад или закани во автобуси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Излезете без збор на следната станица и пријавете во надлежни институции. - Во случај на физички напад гласно барајте ПОМОШ. Штом сте на безбедно веднаш пријавете.
Свесни сме дека ЛГБТИ заедницата ретко пријавува случаи на насилство и прекршување на права до институции и затоа ви излегуваме во пресрет. Случаите на напади, закани, агресии и вознемирување можете да го пријавите во Хелсиншкиот комитет за човекови права на следните телефони: Од 09:00 до 15:00 часот, 02/3119073. Од 15:00 натаму 078/734217. Чувајте се и останете во добро здравје“, се вели во соопштението на Хелсиншки комитет.
 
The post Ако ве тепаат, гласно барајте помош: Хелсиншки комитет ги советува припадниците на ЛГБТ да бидат помалку видливи и тивки за време на протестот на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
Против мене се води организирана хајка, вели Жан Митрев во писмото до Хелсиншкиот комитет https://republika.mk/vesti/makedonija/protiv-mene-se-vodi-organizirana-hajka-veli-zhan-mitrev-vo-pismoto-do-helsinshkiot-komitet/ Fri, 24 Feb 2023 10:46:52 +0000 https://republika.mk/?p=612707

Д-р Жан Митрев испрати писмо до претставници на Хелсиншкиот Комитет во Македонија со барање да реагираат на прекршувањето на основното право да ја информира јавноста поврзано со случајот против него и клиниката „Жан Митрев“. Во писмото Митрев ги повикува да го следат случај и во судница и да реагираат, бидејќи, како што потенцира, ова не е само случај за наводно кривично дело, туку е случај на непочитување на човековите права.

Изминатиот период лично јас сум на удар во јавноста, а секако и на низа пишувања посебно на порталот ДоказМ.мк за што имам веќе доставено кривична пријава. Се прекршува моето право на одговор бидејќи секој обид да контактирам со новинар завршува со осудување на истиот во јавност, а со оглед на тоа што мојата битка започна со новинарски текст единствен начин да се „одбранам“ покрај судницата се разбира е и јавноста што се информира од медиумите, пишува во писмото од д-р Митрев.

Во писмото тој се повикува на човековите права кои се загарантирани со Уставот и каде правото на јавно искажан збор е загарантирано.

Јас сум човек што имам дадено Хипократова заклетва и таа ме води во секојдневната работа, чист сум пред себе и пред моите постапки затоа што знам дека вистината е на моја страна. Но, ве молам за постапување по случаите каде се врши притисок врз мене и моите вработени за да може секој од нас да се растерети од бремето на притисок. Ние згрижуваме илјадници пациенти и ништо не смее да ѝ наштети на професијата и на здравјето на граѓаните, потенцира Митрев.

За потребата од вакво обраќање тој во писмото се навраќа и на случајот со сопственикот на порталот „ДоказМ“, кој добивал информации од истражителката за случајот и ги објавувал на неговиот портал.

Бевме сведоци дека истражителка заедно со Марјан Стаменковски од „ДоказМ“, воделе организирана хајка против мене каде допрва ќе се види кој се бил вклучен. Организираниот напад и заканите не треба да бидат дел од нашето секојдневие. Вие како Хелсиншки комитет самите го знаете тоа. Затоа ве повикувам да реагирате и да го следите мојот случај и во судница, бидејќи ова не е само случај за наводно кривично дело, туку е случај на непочитување на човековите права, го завршува писмото Митрев.

The post Против мене се води организирана хајка, вели Жан Митрев во писмото до Хелсиншкиот комитет appeared first on Република.

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик https://republika.mk/vesti/crna-hronika/helsinshki-komitet-instituciite-mora-da-gi-zashtitat-osudenicite-vo-visok-rizik/ Fri, 21 Oct 2022 17:57:00 +0000 https://republika.mk/?p=564163

Хелсиншкиот комитет за човекови права обајви соопштение во врска со нападот врз осуденото лице Бојан Јовановски во КПУ Идризово.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост.

Хелсиншкиот комитет за човекови права континуирано алармира за меѓу-осуденичкото насилство, кое често се случува во казнено поправните установи, што многу често се должи на немањето доволно затворски персонал, но и на недоволно обучениот затворски персонал. Иако Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем 2021 – 2025 предвидува вработување на затворски персонал и негова обука, што секако може да придонесе во борбата против насилството во овие установи, сепак Европскиот комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување во својот последен извештај од 2021 година нотира дека Стратегијата не предвидува распоредување на осудениците во други сместувачки капацитети врз основа на проценка на нивниот ризик и нивните потреби, не го зема предвид третманот на ранливите категории на осуденици, евидентирањето на повредите, но и гонењето на осудените лица кои вршат насилство во казнено поправните установи.

Насилството меѓу осудениците е честа пракса во казнено поправните установи, која не може целосно да се елиминира, но може да се преземат мерки за превенција. Неопходно е надлежните институции да вработат дополнителен обучен кадар во установите, да спроведуваат редовни надзори во установите, навремено да постапуваат по молбите на осудени лица кои се жалат на закани од други осудени лица и бараат преместување во друга казнено поправна установа поради безбедносни причини, но и да преземат мерки да се отстранат сите остри предмети кои може да бидат употребени при физички напад. Во август оваа година, осудено лице во Идризово беше прободено со остар предмет. Истото осудено лице имаше поднесено молба да биде преместено поради закани од други осудени лица, но Управата не го преместила веднаш бидејќи во молбата не биле именувани лицата кои што се заканувале.

Исто така, напоменуваме дека јавните личности со голем публицитет кои издржуваат казна затвор се секогаш поголема ‘мета’ од другите осудени лица, односно се под сериозна закана да бидат нападнати. Денешниот физички напад на осуденото лице Бојан Јовановски говори за тоа колкава е потребата надлежните институции да бидат особено претпазливи кога станува збор за јавни личности кои се соочуваат со закани по нивната безбедност, особено имајќи го предвид фактот што изминатиот период во јавноста се ширеше говор на омраза против ова осудено лице.

Оттука, бараме од Управата за извршување на санкциите и КПД Идризово сериозно да испитаат дали Јовановски имал претходни вербални расправии со други осудени лица, дали побарал преместување во други сместувачки капацитети поради безбедносни причини, дали во овој случај можеби има инволвираност и на припадници на затворската полиција, како и по спроведена дисциплинска постапка, соодветно да ги санкционира напаѓачите.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/detali-za-dramata-vo-idrizovo-boki-13-go-pretepale-tri-lica-ima-vidlivi-povredi-otoci-i-grebanici-vo-predelot-na-glavata-i-racete/

The post Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик appeared first on Република.

]]>

Хелсиншкиот комитет за човекови права обајви соопштение во врска со нападот врз осуденото лице Бојан Јовановски во КПУ Идризово. Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост.
Хелсиншкиот комитет за човекови права континуирано алармира за меѓу-осуденичкото насилство, кое често се случува во казнено поправните установи, што многу често се должи на немањето доволно затворски персонал, но и на недоволно обучениот затворски персонал. Иако Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем 2021 – 2025 предвидува вработување на затворски персонал и негова обука, што секако може да придонесе во борбата против насилството во овие установи, сепак Европскиот комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување во својот последен извештај од 2021 година нотира дека Стратегијата не предвидува распоредување на осудениците во други сместувачки капацитети врз основа на проценка на нивниот ризик и нивните потреби, не го зема предвид третманот на ранливите категории на осуденици, евидентирањето на повредите, но и гонењето на осудените лица кои вршат насилство во казнено поправните установи.   Насилството меѓу осудениците е честа пракса во казнено поправните установи, која не може целосно да се елиминира, но може да се преземат мерки за превенција. Неопходно е надлежните институции да вработат дополнителен обучен кадар во установите, да спроведуваат редовни надзори во установите, навремено да постапуваат по молбите на осудени лица кои се жалат на закани од други осудени лица и бараат преместување во друга казнено поправна установа поради безбедносни причини, но и да преземат мерки да се отстранат сите остри предмети кои може да бидат употребени при физички напад. Во август оваа година, осудено лице во Идризово беше прободено со остар предмет. Истото осудено лице имаше поднесено молба да биде преместено поради закани од други осудени лица, но Управата не го преместила веднаш бидејќи во молбата не биле именувани лицата кои што се заканувале.   Исто така, напоменуваме дека јавните личности со голем публицитет кои издржуваат казна затвор се секогаш поголема ‘мета’ од другите осудени лица, односно се под сериозна закана да бидат нападнати. Денешниот физички напад на осуденото лице Бојан Јовановски говори за тоа колкава е потребата надлежните институции да бидат особено претпазливи кога станува збор за јавни личности кои се соочуваат со закани по нивната безбедност, особено имајќи го предвид фактот што изминатиот период во јавноста се ширеше говор на омраза против ова осудено лице.   Оттука, бараме од Управата за извршување на санкциите и КПД Идризово сериозно да испитаат дали Јовановски имал претходни вербални расправии со други осудени лица, дали побарал преместување во други сместувачки капацитети поради безбедносни причини, дали во овој случај можеби има инволвираност и на припадници на затворската полиција, како и по спроведена дисциплинска постапка, соодветно да ги санкционира напаѓачите.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/detali-za-dramata-vo-idrizovo-boki-13-go-pretepale-tri-lica-ima-vidlivi-povredi-otoci-i-grebanici-vo-predelot-na-glavata-i-racete/

The post Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик appeared first on Република.

]]>
Хелсиншки ги кара македонските навивачи, со исвиркувањето ги продлабочувале поделбите https://republika.mk/sport/fudbal/helsinshki-gi-kara-makedonskite-navivachi-so-isvirkuvanjeto-gi-prodlabochuvale-podelbite/ Thu, 29 Sep 2022 14:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=555715

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска преку соопштение го осудувија, како што го велат тие „говорот на омраза“ искажан на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија. Според нив, тој има дополнителна тежина во контекст на актуелните политички односи.

Иако социјалните мрежи во последниве години станаа примарна арена на говорот на омраза во нашето општество, и понатаму не изостанува злоупотребата на спортските трибини за пласирање понижувачки и навредливи пораки мотивирaни од омраза. За жал, говорот на омраза заснован на етничка и национална припадност традиционално се излева на спортските натпревари, а единствено што се менува е субјектот на омраза на конкретен настан, во зависност од учесниците, велат од Хелсиншкиот комитет.

Со оглед на популарноста на спортските настани, според здружението, „загрижувачки е што таму изнесените пораки полни со омраза добиваат поголема видливост, вклучително и на традиционалните медиуми, а со тоа се зголемуваат и негативните ефекти од ваквиот говор“.

Токму такви последици, тврдат од Хелсиншки, имаат извиците и пораките од навивачите.

Разорните ефекти од јавно манифестираната омраза значат понатамошно продлабочување на поделбите и намалување на просторот за рационален и толерантен дијалог во рамки на општеството и во меѓусоседските релации, посочуваат во соопштение.

Хелсиншкиот комитет апелира до сите политички, спортски и други општествени чинители да се придружат во осудата на овој говор, и тоа да го сторат не само заради политичкиот момент, туку и за да се испрати јасна порака дека е неприфатливо ширењето омраза на јавни места и настани.

The post Хелсиншки ги кара македонските навивачи, со исвиркувањето ги продлабочувале поделбите appeared first on Република.

]]>

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска преку соопштение го осудувија, како што го велат тие „говорот на омраза“ искажан на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија. Според нив, тој има дополнителна тежина во контекст на актуелните политички односи.
Иако социјалните мрежи во последниве години станаа примарна арена на говорот на омраза во нашето општество, и понатаму не изостанува злоупотребата на спортските трибини за пласирање понижувачки и навредливи пораки мотивирaни од омраза. За жал, говорот на омраза заснован на етничка и национална припадност традиционално се излева на спортските натпревари, а единствено што се менува е субјектот на омраза на конкретен настан, во зависност од учесниците, велат од Хелсиншкиот комитет.
Со оглед на популарноста на спортските настани, според здружението, „загрижувачки е што таму изнесените пораки полни со омраза добиваат поголема видливост, вклучително и на традиционалните медиуми, а со тоа се зголемуваат и негативните ефекти од ваквиот говор“. Токму такви последици, тврдат од Хелсиншки, имаат извиците и пораките од навивачите.
Разорните ефекти од јавно манифестираната омраза значат понатамошно продлабочување на поделбите и намалување на просторот за рационален и толерантен дијалог во рамки на општеството и во меѓусоседските релации, посочуваат во соопштение.
Хелсиншкиот комитет апелира до сите политички, спортски и други општествени чинители да се придружат во осудата на овој говор, и тоа да го сторат не само заради политичкиот момент, туку и за да се испрати јасна порака дека е неприфатливо ширењето омраза на јавни места и настани.

The post Хелсиншки ги кара македонските навивачи, со исвиркувањето ги продлабочувале поделбите appeared first on Република.

]]>
Учениците да не потклекнуваат на заканите од наставниците, а институциите да постапат против насилниците https://republika.mk/vesti/skopje/uchenicite-da-ne-potkleknuvaat-na-zakanite-od-nastavnicite-a-instituciite-da-postapat-protiv-nasilnicite/ Wed, 10 Aug 2022 07:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=538555

Кога училиштето станува небезбедна средина во која децата се подложени на малтретирање, омаловажувања и притисоци, тоа не значи само кршење на Конвенцијата за правата на детето, туку остава долгорочни последици врз нивното здравје и понатамошниот животен развој, посочуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот образовен форум и Сојузот на средношколци на РСМ во заедничка реакција откако медиуми објавија сведоштво на средношколка за случувањата во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“.

Во соопштението тие наведуваат дека ова го реактуелизира долгогодишниот проблем со непедагошки, непрофесионално и насилничко однесување на наставниците кон учениците и дека досегашната пракса покажала оти институциите несоодветно или воопшто не постапуваат по пријави за деградирачко, дискриминаторно и несовесно однесување на наставници кон ученици.

– Ние од Хелсиншкиот комитет за човекови права и младинските организации – Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот образовен форум и Сојузот на средношколци имаме заедничка намера да не дозволиме и овој случај да се заборави откако ќе згасне медиумскиот интерес, туку кон прашањето да се пристапи системски. Ги охрабруваме сите ученици да пријават вакви искуства и заедно да извршиме притисок за институционално справување со овој проблем. Поради бројните проблеми со кои со соочува образовниот систем, кадарот кој ги крши основните педагошки начела и закони во својата работа несомнено придонесува за очигледната дисфункционалност на образованието, слабите резултати и трауми кај учениците. Училиштата мора да бидат безбедна средина за нивните ученици – истакнуваат во заедничкото соопштение.

Хелсиншкиот комитет информира дека веќе постапува по пријавите кои пристигнаа веднаш по објавата за музичкото училиште.

– По добиени сознанија дека професорите вршат притисоци за повлекување на сведоштвата по излегувањето на приказната во јавност, ги охрабруваме учениците да ги пријават и ваквите случувања. НМСМ, МОФ или ССРСМ ќе им помогнат на учениците да стапат во контакт со тимот за бесплатна правна помош на Хелсиншкиот комитет. Доколку сте имале слично искуство, обратете се на правниот тим во канцеларијата на улица Наум Наумовски Борче 83 во Скопје или на [email protected], +389 (0)2 3119 073 и +389 (0)72 278 436 – се наведува во соопштението.

The post Учениците да не потклекнуваат на заканите од наставниците, а институциите да постапат против насилниците appeared first on Република.

]]>

Кога училиштето станува небезбедна средина во која децата се подложени на малтретирање, омаловажувања и притисоци, тоа не значи само кршење на Конвенцијата за правата на детето, туку остава долгорочни последици врз нивното здравје и понатамошниот животен развој, посочуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот образовен форум и Сојузот на средношколци на РСМ во заедничка реакција откако медиуми објавија сведоштво на средношколка за случувањата во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“. Во соопштението тие наведуваат дека ова го реактуелизира долгогодишниот проблем со непедагошки, непрофесионално и насилничко однесување на наставниците кон учениците и дека досегашната пракса покажала оти институциите несоодветно или воопшто не постапуваат по пријави за деградирачко, дискриминаторно и несовесно однесување на наставници кон ученици.
– Ние од Хелсиншкиот комитет за човекови права и младинските организации – Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот образовен форум и Сојузот на средношколци имаме заедничка намера да не дозволиме и овој случај да се заборави откако ќе згасне медиумскиот интерес, туку кон прашањето да се пристапи системски. Ги охрабруваме сите ученици да пријават вакви искуства и заедно да извршиме притисок за институционално справување со овој проблем. Поради бројните проблеми со кои со соочува образовниот систем, кадарот кој ги крши основните педагошки начела и закони во својата работа несомнено придонесува за очигледната дисфункционалност на образованието, слабите резултати и трауми кај учениците. Училиштата мора да бидат безбедна средина за нивните ученици – истакнуваат во заедничкото соопштение.
Хелсиншкиот комитет информира дека веќе постапува по пријавите кои пристигнаа веднаш по објавата за музичкото училиште.
– По добиени сознанија дека професорите вршат притисоци за повлекување на сведоштвата по излегувањето на приказната во јавност, ги охрабруваме учениците да ги пријават и ваквите случувања. НМСМ, МОФ или ССРСМ ќе им помогнат на учениците да стапат во контакт со тимот за бесплатна правна помош на Хелсиншкиот комитет. Доколку сте имале слично искуство, обратете се на правниот тим во канцеларијата на улица Наум Наумовски Борче 83 во Скопје или на [email protected], +389 (0)2 3119 073 и +389 (0)72 278 436 – се наведува во соопштението.

The post Учениците да не потклекнуваат на заканите од наставниците, а институциите да постапат против насилниците appeared first on Република.

]]>
Хелсиншки комитет со апел за мирни протести https://republika.mk/vesti/makedonija/helsinshki-komitet-so-apel-za-mirni-protesti/ Wed, 06 Jul 2022 13:08:28 +0000 https://republika.mk/?p=524803

Хелсиншкиот комитет изразува загриженост за настаните од вчерашниот протест против францускиот предлог, кој, како што велат, ескалирал со насилство и употреба на говор на омраза. „Го осудуваме секој чин на насилство и секој говор на омраза, како и поттикнувањето и повикувањето на насилство, како крајно штетни и спротивни на вредностите на едно демократско општество. Комитетот секогаш го поддржува правото на секој граѓанин кој сака да го изрази својот став преку мирен протест, како уставно загарантирано право. Оттука, повикуваме на мирни и достоинствени јавни собири на граѓаните што протестираат. Ги повикуваме полициските службеници со должно внимание да ги обезбедуваат протестите, без пречекорување на нивните надлежности, со употреба на пропорционална сила само доколку е потребно“, се вели во денешното соопштение од Хелсиншкиот комитет.

Оттаму апелираат сите политичари и јавни личности да внимаваат каков говор употребуваат во своите обраќања до јавноста и транспарентно да ги информираат граѓаните, без притоа да разгоруваат омраза и нетрпеливост. Дополнително, апелираат медиумите да внимаваат како ги пренесуваат моменталните случувања, водејќи се од начелата на објективност и непристрасност при известувањето.

Хелсиншкиот комитет нагласува дека ги следи протестите и настаните и ќе реагира соодветно на секој чин на насилство од која било страна. Доколку во кој било момент Комитетот увиди примена на прекумерна сила од страна на полицијата, ќе покрене постапки пред надлежните институции.

The post Хелсиншки комитет со апел за мирни протести appeared first on Република.

]]>

Хелсиншкиот комитет изразува загриженост за настаните од вчерашниот протест против францускиот предлог, кој, како што велат, ескалирал со насилство и употреба на говор на омраза. „Го осудуваме секој чин на насилство и секој говор на омраза, како и поттикнувањето и повикувањето на насилство, како крајно штетни и спротивни на вредностите на едно демократско општество. Комитетот секогаш го поддржува правото на секој граѓанин кој сака да го изрази својот став преку мирен протест, како уставно загарантирано право. Оттука, повикуваме на мирни и достоинствени јавни собири на граѓаните што протестираат. Ги повикуваме полициските службеници со должно внимание да ги обезбедуваат протестите, без пречекорување на нивните надлежности, со употреба на пропорционална сила само доколку е потребно“, се вели во денешното соопштение од Хелсиншкиот комитет.
Оттаму апелираат сите политичари и јавни личности да внимаваат каков говор употребуваат во своите обраќања до јавноста и транспарентно да ги информираат граѓаните, без притоа да разгоруваат омраза и нетрпеливост. Дополнително, апелираат медиумите да внимаваат како ги пренесуваат моменталните случувања, водејќи се од начелата на објективност и непристрасност при известувањето. Хелсиншкиот комитет нагласува дека ги следи протестите и настаните и ќе реагира соодветно на секој чин на насилство од која било страна. Доколку во кој било момент Комитетот увиди примена на прекумерна сила од страна на полицијата, ќе покрене постапки пред надлежните институции.

The post Хелсиншки комитет со апел за мирни протести appeared first on Република.

]]>
Хелсиншки: Обвинителството на скандалозен начин ја спречи правдата за Тамара https://republika.mk/vesti/makedonija/helsinshki-obvinitelstvoto-na-skandalozen-nachin-ja-sprechi-pravdata-za-tamara/ Tue, 19 Apr 2022 13:08:28 +0000 https://republika.mk/?p=490527

Преквалификацијата, која ја направи основниот јавен обвинител на завршните зборови во случајот Тамара, во кривично дело за кое настапи апсолутна застареност за кривично гонење, ги сруши сите шанси за понесување одговорност за смртта на девојчето, кое почина чекајќи одлука од надлежните институции за лекување во странство, реагираат од Хелсиншки комитет за човекови права.

На денешната јавна расправа, при давање завршни зборови, основниот јавен обвинител Анел Фидовски, направи правна преквалификација, односно промена на обвинителениот предлог, а за тројца обвинети се откажа од кривично гонење. Имено, јавниот обвинител се откажа од кривично гонење за директорите на Фондот за здравствено осигурување и претседателката на управниот одбор на Фондот, затоа што смета дека тие немаат кривична одговорност како службени и одговорни лица во правното лице. За останатите обвинети, членови на првостепена и второстепена комисија, обвинителството направи правна преквалификација и наместо член 353 в од Кривичниот закон „Несовесно работење во службата’’, кривичното дело го преквалификува во член 86-б од Законот за здравствено осигурување.

Во овој член предвидено е дека лекар и член на првостепената, односно второстепената комисија на Фондот, кои ќе оневозможат осигуреник да оствари право од здравствено осигурување по основ на болест или неспособност за работа, што според закон или друг пропис му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор од шест месеци до три години. Со ваквата преквалификација произлегува дека е настапена апсолутна застареност на кривичното гонење во октомври 2020 година, со изминување на 6 години од денот кога е сторено кривичното дело. Согласно ова, обвинителството побара судот да донесе одбивателна пресуда, согласно член 402 од Кривичниот законик.

Хелсиншкиот комитет за човекови права во изминативе години во повеќе наврати реагираше на постапувањето на обвинителството, но и за честото одложување на рочиштата. Од кривичната пријава која ја поднесе Хелсиншкиот комитет поминати се седум години, а судската постапка започна во 2018 година. Со оглед дека обвинителството одлучи да го преквалификува делото дури во завршната фаза од судењето, а не претходно, легитимен е сомнежот дека постоела намера делото едноставно да застари и никој од обвинетите кривично да не одговара за смртта на малата Тамара. Комитетот оценува дека ваквата одлука на обвинителството е крајно поразителна и значи дополнително зголемување на недовербата во правосудниот систем, кој не испорачува правда за жртвите.

Хелсиншкиот комитет и понатаму ќе се бори за правда во овој случај и ќе поднесе апликација пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, стои во нивното соопштение.

The post Хелсиншки: Обвинителството на скандалозен начин ја спречи правдата за Тамара appeared first on Република.

]]>

Преквалификацијата, која ја направи основниот јавен обвинител на завршните зборови во случајот Тамара, во кривично дело за кое настапи апсолутна застареност за кривично гонење, ги сруши сите шанси за понесување одговорност за смртта на девојчето, кое почина чекајќи одлука од надлежните институции за лекување во странство, реагираат од Хелсиншки комитет за човекови права. На денешната јавна расправа, при давање завршни зборови, основниот јавен обвинител Анел Фидовски, направи правна преквалификација, односно промена на обвинителениот предлог, а за тројца обвинети се откажа од кривично гонење. Имено, јавниот обвинител се откажа од кривично гонење за директорите на Фондот за здравствено осигурување и претседателката на управниот одбор на Фондот, затоа што смета дека тие немаат кривична одговорност како службени и одговорни лица во правното лице. За останатите обвинети, членови на првостепена и второстепена комисија, обвинителството направи правна преквалификација и наместо член 353 в од Кривичниот закон „Несовесно работење во службата’’, кривичното дело го преквалификува во член 86-б од Законот за здравствено осигурување. Во овој член предвидено е дека лекар и член на првостепената, односно второстепената комисија на Фондот, кои ќе оневозможат осигуреник да оствари право од здравствено осигурување по основ на болест или неспособност за работа, што според закон или друг пропис му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор од шест месеци до три години. Со ваквата преквалификација произлегува дека е настапена апсолутна застареност на кривичното гонење во октомври 2020 година, со изминување на 6 години од денот кога е сторено кривичното дело. Согласно ова, обвинителството побара судот да донесе одбивателна пресуда, согласно член 402 од Кривичниот законик. Хелсиншкиот комитет за човекови права во изминативе години во повеќе наврати реагираше на постапувањето на обвинителството, но и за честото одложување на рочиштата. Од кривичната пријава која ја поднесе Хелсиншкиот комитет поминати се седум години, а судската постапка започна во 2018 година. Со оглед дека обвинителството одлучи да го преквалификува делото дури во завршната фаза од судењето, а не претходно, легитимен е сомнежот дека постоела намера делото едноставно да застари и никој од обвинетите кривично да не одговара за смртта на малата Тамара. Комитетот оценува дека ваквата одлука на обвинителството е крајно поразителна и значи дополнително зголемување на недовербата во правосудниот систем, кој не испорачува правда за жртвите. Хелсиншкиот комитет и понатаму ќе се бори за правда во овој случај и ќе поднесе апликација пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, стои во нивното соопштение.

The post Хелсиншки: Обвинителството на скандалозен начин ја спречи правдата за Тамара appeared first on Република.

]]>
Хелсиншки: Итно да се истражи и санкционира полициската бруталност врз навивач на „Чкембари“ https://republika.mk/vesti/makedonija/helsinshki-itno-da-se-istrazi-i-sankcionira-policiskata-brutalnost-vrz-navivach-na-chkembari/ Fri, 01 Apr 2022 21:04:37 +0000 https://republika.mk/?p=482139

Видеоснимката на полициска бруталност врз припадник на навивачката група „Чкембари”, која пред неколку дена се прошири на социјалните мрежи и медиумите, покажува дека употребата на прекумерна физичка сила и средба за присилба продолжува да биде честа практика на полицијата.

Покрај бројните залагања на државата да ја елиминира тортурата и нехуманото постапување спрема граѓаните од страна на лицата со полициски овластувања, граѓаните сѐ уште и честопати се жртви на полициска бруталност, која се манифестира со претепување.

Имено, на видео снимката се гледа како на 29.3.2022 (вторник), по завршување на ракометниот натпревар помеѓу ракометните клубовите Вардар и Пелистер, припадник на навивачката група Пелистер лежи на земја, додека припадници на полицијата демонстрираат прекумерна физичка сила и средства за присилба врз него, поради што лицето се здобило со телесни повреди. За целото време додека лицето лежи на земја, тоа не дава никаков активен отпор, што значи дека дејствијата на полицијата не се ниту сразмерни, ниту законски, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Ваквото постапување на полициските службеници дополнително ја продлабочува недовербата која граѓаните ја имаат во полицијата, а Македонија континуирано добива и забелешки од страна на меѓународната заедница, како што е Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување кој и во својот последен извештај за нашата држава објавен во мај 2021 година нотира пречекорување на полициските овластувања и употреба на прекумерна сила од страна на полициските службеници за време на приведување, во полициска станица, но и подоцна од страна на затворската полиција.

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници бараат од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи овој случај и доколку се потврдат наодите, инволвираните полициски службеници да бидат соодветно дисциплински казнети. Дополнително, го повикуваме Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција по допрен глас да оформи предмет со цел водење на кривична постапка против инволвираните полициски службеници и утврдување на нивна кривична одговорност за настанот. Апелираме за овој случај, органите ефективно да ја водат постапката, што е од суштинска важност за навремено да се приберат докази, а особено поради делотворноста на лекарските прегледи и извештаи, веродостојноста на исказите на сведоците и оштетениот итн.

Единствено експедитивното и ефикасното водење на постапки од ваков вид можат да ја вратат довербата на граѓаните во правосудните органи, но и другите заштитни механизми од тортура и нечовечко постапување од страна на полициски службеници.

The post Хелсиншки: Итно да се истражи и санкционира полициската бруталност врз навивач на „Чкембари“ appeared first on Република.

]]>

Видеоснимката на полициска бруталност врз припадник на навивачката група „Чкембари”, која пред неколку дена се прошири на социјалните мрежи и медиумите, покажува дека употребата на прекумерна физичка сила и средба за присилба продолжува да биде честа практика на полицијата. Покрај бројните залагања на државата да ја елиминира тортурата и нехуманото постапување спрема граѓаните од страна на лицата со полициски овластувања, граѓаните сѐ уште и честопати се жртви на полициска бруталност, која се манифестира со претепување.
Имено, на видео снимката се гледа како на 29.3.2022 (вторник), по завршување на ракометниот натпревар помеѓу ракометните клубовите Вардар и Пелистер, припадник на навивачката група Пелистер лежи на земја, додека припадници на полицијата демонстрираат прекумерна физичка сила и средства за присилба врз него, поради што лицето се здобило со телесни повреди. За целото време додека лицето лежи на земја, тоа не дава никаков активен отпор, што значи дека дејствијата на полицијата не се ниту сразмерни, ниту законски, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Ваквото постапување на полициските службеници дополнително ја продлабочува недовербата која граѓаните ја имаат во полицијата, а Македонија континуирано добива и забелешки од страна на меѓународната заедница, како што е Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување кој и во својот последен извештај за нашата држава објавен во мај 2021 година нотира пречекорување на полициските овластувања и употреба на прекумерна сила од страна на полициските службеници за време на приведување, во полициска станица, но и подоцна од страна на затворската полиција. Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници бараат од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи овој случај и доколку се потврдат наодите, инволвираните полициски службеници да бидат соодветно дисциплински казнети. Дополнително, го повикуваме Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција по допрен глас да оформи предмет со цел водење на кривична постапка против инволвираните полициски службеници и утврдување на нивна кривична одговорност за настанот. Апелираме за овој случај, органите ефективно да ја водат постапката, што е од суштинска важност за навремено да се приберат докази, а особено поради делотворноста на лекарските прегледи и извештаи, веродостојноста на исказите на сведоците и оштетениот итн. Единствено експедитивното и ефикасното водење на постапки од ваков вид можат да ја вратат довербата на граѓаните во правосудните органи, но и другите заштитни механизми од тортура и нечовечко постапување од страна на полициски службеници.

The post Хелсиншки: Итно да се истражи и санкционира полициската бруталност врз навивач на „Чкембари“ appeared first on Република.

]]>
Реакција на Хелсиншки комитет за осудата на Савески и Куновски: Правото мора да ѝ служи на правдата https://republika.mk/vesti/makedonija/reakcija-na-helsinshki-komitet-za-osudata-na-saveski-i-kunovski-pravoto-mora-da-sluzi-na-pravdata/ Fri, 18 Mar 2022 23:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=475251

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува незадоволство и разочарување од пресудата на Апелациониот суд Скопје, со која е изречена условна осуда од 6 месеци затвор за обвинетите Здравко Савески и Владимир Куновски, кои воедно се задолжени солидарно да платат износ од половина милион денари за материјалната штета предизвикана од кршењето на претседателската канцеларија за време на протестите на Шарената револуција.

Се работи за настан од 12 април 2016 година, кога тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов објави општа аболиција на 56 лица, со која најмногу беа опфатени политичари од тогашната власт засегнати од истрагите на СЈО и неколкумина политичари од тогашната опозиција. Оваа одлука на претседателот беше дочекана со жестока реакција од граѓаните, кои истиот ден спонтано го изразија својот револт, собирајќи се пред неговата канцеларија во центарот на градот. Репресивниот полициски апарат на тогашната власт веднаш ја покажа својата жестокост, но и селективност во справувањето со демонстрантите. Од целата толпа – шест лица беа приведени и ставени во куќен притвор, а обвинителството брзо спреми обвинителни акти за водење судски кривичен прогон.

Од една страна, казнувањето и справувањето со високиот криминал на функционерите оди бавно, доведувајќи до застареност на кривичното гонење за дела кои вклучуваат милионски суми проневерени буџетски средства, политичка репресија или незаконито следење на граѓаните. Од друга страна, за граѓани што се одважија и се спротиставија на криминалната аболиција, судските постапки траат шест години и се изрекуваат драконски казни за нивниот активизам.

Со оваа пресуда судовите фактички испраќаат порака до граѓаните да останат безгласни и пасивни пред корупцијата, криминалот и неправдата, затоа што во спротивно ќе се соочат со кривичен прогон во кој повисоката цел – демократијата и владеењето на правото, треба да отстапи пред политичката репресија и формализмот на правната држава. Сметаме дека е поразително тоа што судовите целосно го игнорираат контекстот во кој се случило делото, односно дека ги занемаруваат причините за граѓанскиот револт во критичниот ден – срамната аболиција која беше кулминација на режимското владеење, заробувањето на институциите и погазувањето на правната држава. Правото мора да ѝ служи на правдата.

The post Реакција на Хелсиншки комитет за осудата на Савески и Куновски: Правото мора да ѝ служи на правдата appeared first on Република.

Повеќе скопски хотели одбиле да ги сместат припадниците на еврејската група, тие се пожалија дека полицијата повеќе им одмогнала од помогнала https://republika.mk/vesti/makedonija/povekje-skopski-hoteli-odbile-da-gi-smestat-pripadnicite-na-evrejskata-grupa-tie-se-pozalija-deka-policijata-povekje-im-odmognala-od-pomognala/ Wed, 16 Feb 2022 14:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=459440

Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека низата инциденти и зголемениот говор на омраза насочени против припадници на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои привремено престојуваат во нашата држава, го покажуваат ниското ниво на толеранција кон различните и високиот степен на ксенофобија во општеството.

Според Хелсиншкиот комитет, и покрај тоа што Министерството за внатрешни работи, односно Агенцијата за национална безбедност, веднаш излезе со информации дека оваа група има привремен и регулиран престој во земјава и дека таа не претставува никаква опасност по безбедноста на граѓаните, тоа не ги спречи изливите на омраза кон нив и нападите со камења и јајца со кои им беше загрозена нивната сигурност.

Како што посочуваат од Хелсиншки комитет, притисокот со кој се соочиле овие лица во Куманово, продолжил и во Скопје, каде на 15 февруари 2022 година повеќе хотели одбиле да ја сместат групата, а нејзин член јавно се пожали дека полицијата повеќе им одмагала, отколку што помогнала.

Хелсиншкиот комитет за човекови права оценува дека е загрижувачки што омразата кон луѓе од други култури и религиозни групи веќе одамна не е инцидентна појава во нашето општество.

За време на бегалската криза 2016-2018 година, говорот на омраза кон мигрантите и бегалците, од политички причини беше постојано засилуван со лажни вести и дезинформации, кои дополнително влијаеа за раст на ксенофобијата кај населението. Таквата реторика остава долгорочни предрасуди и последици врз ставовите на луѓето и ја руши сликата за гостопримлива и толерантна земја, како што сакаме да се нарекуваме. Тоа е причината што ваквите сентименти се повторуваат во различни прилики, како говорот на омраза кон авганистанските бегалци кои летоска беа привремено сместени во земјава, или во спорадични инциденти, како што беше нападот на расна основа врз група Корејци на почетокот на пандемијата на Ковид-19 во 2020 година, оценуваат во соопштение.

Од Хелсиншкиот комитет констатираат дека во овој, но и во останатите споменати случаи, своја улога имаат и дел од медиумите, кои со своето неодговорно и тенденциозно известување придонесуваат за јакнење на ксенофобичните чувства кај граѓаните, а кои понатаму водат и до извршување на дела од омраза.

Апелираме надлежните институции внимателно да го следат овој случај и да обезбедат навремена заштита согласно меѓународните стандарди. Истовремено, апелираме и внимателно да се следи говорот на омраза на социјалните медиуми, кој може да предизвика понатамошни непосакувани инциденти, се наведува во сооптението на Хелсиншкиот комитет.

The post Повеќе скопски хотели одбиле да ги сместат припадниците на еврејската група, тие се пожалија дека полицијата повеќе им одмогнала од помогнала appeared first on Република.

]]>

Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека низата инциденти и зголемениот говор на омраза насочени против припадници на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои привремено престојуваат во нашата држава, го покажуваат ниското ниво на толеранција кон различните и високиот степен на ксенофобија во општеството. Според Хелсиншкиот комитет, и покрај тоа што Министерството за внатрешни работи, односно Агенцијата за национална безбедност, веднаш излезе со информации дека оваа група има привремен и регулиран престој во земјава и дека таа не претставува никаква опасност по безбедноста на граѓаните, тоа не ги спречи изливите на омраза кон нив и нападите со камења и јајца со кои им беше загрозена нивната сигурност. Како што посочуваат од Хелсиншки комитет, притисокот со кој се соочиле овие лица во Куманово, продолжил и во Скопје, каде на 15 февруари 2022 година повеќе хотели одбиле да ја сместат групата, а нејзин член јавно се пожали дека полицијата повеќе им одмагала, отколку што помогнала. Хелсиншкиот комитет за човекови права оценува дека е загрижувачки што омразата кон луѓе од други култури и религиозни групи веќе одамна не е инцидентна појава во нашето општество.
За време на бегалската криза 2016-2018 година, говорот на омраза кон мигрантите и бегалците, од политички причини беше постојано засилуван со лажни вести и дезинформации, кои дополнително влијаеа за раст на ксенофобијата кај населението. Таквата реторика остава долгорочни предрасуди и последици врз ставовите на луѓето и ја руши сликата за гостопримлива и толерантна земја, како што сакаме да се нарекуваме. Тоа е причината што ваквите сентименти се повторуваат во различни прилики, како говорот на омраза кон авганистанските бегалци кои летоска беа привремено сместени во земјава, или во спорадични инциденти, како што беше нападот на расна основа врз група Корејци на почетокот на пандемијата на Ковид-19 во 2020 година, оценуваат во соопштение.
Од Хелсиншкиот комитет констатираат дека во овој, но и во останатите споменати случаи, своја улога имаат и дел од медиумите, кои со своето неодговорно и тенденциозно известување придонесуваат за јакнење на ксенофобичните чувства кај граѓаните, а кои понатаму водат и до извршување на дела од омраза.
Апелираме надлежните институции внимателно да го следат овој случај и да обезбедат навремена заштита согласно меѓународните стандарди. Истовремено, апелираме и внимателно да се следи говорот на омраза на социјалните медиуми, кој може да предизвика понатамошни непосакувани инциденти, се наведува во сооптението на Хелсиншкиот комитет.

The post Повеќе скопски хотели одбиле да ги сместат припадниците на еврејската група, тие се пожалија дека полицијата повеќе им одмогнала од помогнала appeared first on Република.

]]>
Хелсиншки: Пропустите на училиштето да не се прикриваат со повторна дискриминација на Ембла https://republika.mk/vesti/makedonija/helsinshki-propustite-na-uchilishteto-da-ne-se-prikrivaat-so-povtorna-diskriminacija-na-embla/ Tue, 08 Feb 2022 15:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=455809

Хелсиншкиот комитет реагира на изјавата на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, дадена по вчерашниот состанок помеѓу претставници на Општина Гостивар, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и родителите кои поднеле петиција за отстранување на Ембла Адеми од одделението каде учат нивните деца.

Нивната реакција во продолжение ви ја пренесуваме во целост:

„По вчерашниот состанок помеѓу претставници на Општина Гостивар, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и родителите кои поднеле петиција за отстранување на Ембла Адеми од одделението каде учат нивните деца, градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари изјави пред медиумите дека “како институција ќе побараме уште еднаш да се направи категоризација за Ембла, по што ќе се донесе конечен заклучок со препорака дали таа ќе следи настава преку инклузија или во паралелка за деца со посебни потреби”.

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост во однос на оваа изјава од страна на градоначалникот со која наместо да се отстранат и коригираат недостатоците од делувањето на директорот и наставниот кадар, прстот повторно се вперува во ученичката. Имајќи предвид дека секое дете со попреченост поминува процес на проценка на неговата функционалност врз основа на која се утврдува видот на поддршка која му е потребна за вклучување во редовното основно образование, не постои основа за барање на повторна категоризација на ученичката, која само би довела до дополнително стигматизирање на децата со попреченост. Училиштето има законска обврска да обезбеди соодветно приспособување на наставниот процес врз основа на направената проценка и да обезбеди соодветна поддршка, како во случајот обезбедување на образовна асистентка, со што ќе овозможи соодветно вклучување на ученичката во наставата.

Воедно, во меѓувреме со извештајот од спроведениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат во училиштето беа утврдени пропусти при преземањето на соодветни мерки за вклучување на учениците со попреченост во воспитно-образовниот процес, со барање за разрешување на директорот на училиштето Зијадин Нуредини, како и казна за непостапување по овластување. Оттука, Хелсиншкиот комитет апелира до градоначалникот да се воздржи од давање на нестручни и неосновани изјави кои не се во согласност со Законот за основно образование и доведуваат до дополнително дискриминирање на децата со попреченост, туку да ги насочи своите напори на обезбедување на соодветно образование за ученичката. Хелсиншкиот комитет ќе продолжи да го следи случајот, а особено понатамошното постапување во однос на утврдените пропусти и соодветното вклучување на Ембла во образованиот процес, во согласност со Законот“, стои во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.

The post Хелсиншки: Пропустите на училиштето да не се прикриваат со повторна дискриминација на Ембла appeared first on Република.

]]>

Хелсиншкиот комитет реагира на изјавата на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, дадена по вчерашниот состанок помеѓу претставници на Општина Гостивар, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и родителите кои поднеле петиција за отстранување на Ембла Адеми од одделението каде учат нивните деца. Нивната реакција во продолжение ви ја пренесуваме во целост: „По вчерашниот состанок помеѓу претставници на Општина Гостивар, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и родителите кои поднеле петиција за отстранување на Ембла Адеми од одделението каде учат нивните деца, градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари изјави пред медиумите дека “како институција ќе побараме уште еднаш да се направи категоризација за Ембла, по што ќе се донесе конечен заклучок со препорака дали таа ќе следи настава преку инклузија или во паралелка за деца со посебни потреби”. Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост во однос на оваа изјава од страна на градоначалникот со која наместо да се отстранат и коригираат недостатоците од делувањето на директорот и наставниот кадар, прстот повторно се вперува во ученичката. Имајќи предвид дека секое дете со попреченост поминува процес на проценка на неговата функционалност врз основа на која се утврдува видот на поддршка која му е потребна за вклучување во редовното основно образование, не постои основа за барање на повторна категоризација на ученичката, која само би довела до дополнително стигматизирање на децата со попреченост. Училиштето има законска обврска да обезбеди соодветно приспособување на наставниот процес врз основа на направената проценка и да обезбеди соодветна поддршка, како во случајот обезбедување на образовна асистентка, со што ќе овозможи соодветно вклучување на ученичката во наставата. Воедно, во меѓувреме со извештајот од спроведениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат во училиштето беа утврдени пропусти при преземањето на соодветни мерки за вклучување на учениците со попреченост во воспитно-образовниот процес, со барање за разрешување на директорот на училиштето Зијадин Нуредини, како и казна за непостапување по овластување. Оттука, Хелсиншкиот комитет апелира до градоначалникот да се воздржи од давање на нестручни и неосновани изјави кои не се во согласност со Законот за основно образование и доведуваат до дополнително дискриминирање на децата со попреченост, туку да ги насочи своите напори на обезбедување на соодветно образование за ученичката. Хелсиншкиот комитет ќе продолжи да го следи случајот, а особено понатамошното постапување во однос на утврдените пропусти и соодветното вклучување на Ембла во образованиот процес, во согласност со Законот“, стои во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.

The post Хелсиншки: Пропустите на училиштето да не се прикриваат со повторна дискриминација на Ембла appeared first on Република.

]]>
„Проблемот е во возрасните полни со предрасуди, а не во малата Ембла“ – реагираат од Хелсиншки комитет https://republika.mk/vesti/makedonija/problemot-e-vo-vozrasnite-polni-so-predrasudi-a-ne-vo-malata-embla-reagiraat-od-helsinshki-komitet/ Thu, 03 Feb 2022 12:08:45 +0000 https://republika.mk/?p=453557

Петицијата на родители против дете со Даунов синдром е најновиот пораз на нашето општество кога станува збор за односот кон најранливите меѓу нас.  Вкоренетите предрасуди повторно преовладаа над основните принципи на солидарност и емпатија. Раководството на образовната установа во Гостивар со своите дејствија се приклучило кон дискриминаторите, наместо да се стави во заштита на едно дете, за чија инклузија има не само морална, туку и законска обврска, реагираат од Хелсиншкиот комитет.

Хелсиншкиот комитет подготвува претставки и дописи до повеќе институции со кои бара:

-Општината Гостивар итно да го разреши директорот кој дозволил ваков развој на настаните и крајно дискриминаторски третман кон малата Ембла;

-Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да извршат надзор во училиштето и да ги преземат сите мерки за да ја заштитат ученичката, како и да ги обезбедат сите услови за нејзина инклузија во наставата;

-Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која веќе најави постапување по службена должност, повратно да информира за сите сознанија до кои ќе дојде при работата на овој случај.

Санкциите и институционалниот одговор се неопходни, но не се доволни за да се искоренат дискриминаторските практики кон лицата со попреченост. Токму затоа, сите споменати чинители мора да се вклучат во изнаоѓање решенија кои ќе спречат повторување на вакви случаи, преку континуирани советувања и обуки наменети за родители, наставници и ученици, бидејќи лекциите како „Тимјаник“ очигледно се повторуваат без да се научат. Бидејќи проблемот не е и не може да биде во децата со попреченост. Проблемот е во синдромот на нечовечност кој безобѕирно се манифестира и врз најневините, велат тие.

The post „Проблемот е во возрасните полни со предрасуди, а не во малата Ембла“ – реагираат од Хелсиншки комитет appeared first on Република.

]]>

Петицијата на родители против дете со Даунов синдром е најновиот пораз на нашето општество кога станува збор за односот кон најранливите меѓу нас.  Вкоренетите предрасуди повторно преовладаа над основните принципи на солидарност и емпатија. Раководството на образовната установа во Гостивар со своите дејствија се приклучило кон дискриминаторите, наместо да се стави во заштита на едно дете, за чија инклузија има не само морална, туку и законска обврска, реагираат од Хелсиншкиот комитет. Хелсиншкиот комитет подготвува претставки и дописи до повеќе институции со кои бара:
-Општината Гостивар итно да го разреши директорот кој дозволил ваков развој на настаните и крајно дискриминаторски третман кон малата Ембла; -Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да извршат надзор во училиштето и да ги преземат сите мерки за да ја заштитат ученичката, како и да ги обезбедат сите услови за нејзина инклузија во наставата; -Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која веќе најави постапување по службена должност, повратно да информира за сите сознанија до кои ќе дојде при работата на овој случај.
Санкциите и институционалниот одговор се неопходни, но не се доволни за да се искоренат дискриминаторските практики кон лицата со попреченост. Токму затоа, сите споменати чинители мора да се вклучат во изнаоѓање решенија кои ќе спречат повторување на вакви случаи, преку континуирани советувања и обуки наменети за родители, наставници и ученици, бидејќи лекциите како „Тимјаник“ очигледно се повторуваат без да се научат. Бидејќи проблемот не е и не може да биде во децата со попреченост. Проблемот е во синдромот на нечовечност кој безобѕирно се манифестира и врз најневините, велат тие.

The post „Проблемот е во возрасните полни со предрасуди, а не во малата Ембла“ – реагираат од Хелсиншки комитет appeared first on Република.

]]>
Хелсиншки комитет: Проблемот е во возрасните полни со предрасуди, а не во малата Ембла https://republika.mk/vesti/makedonija/helsinshki-komitet-problemot-e-vo-vozrasnite-polni-so-predrasudi-a-ne-vo-malata-embla/ Thu, 03 Feb 2022 11:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=453509

Петицијата на родители против дете со Даунов синдром е најновиот пораз на нашето општество кога станува збор за односот кон најранливите меѓу нас. Вкоренетите предрасуди повторно преовладаа над основните принципи на солидарност и емпатија. Раководството на образовната установа во Гостивар со своите дејствија се приклучило кон дискриминаторите, наместо да се стави во заштита на едно дете, за чија инклузија има не само морална, туку и законска обврска, реагираат од Хелсиншкиот комитет.

Хелсиншкиот комитет подготвува претставки и дописи до повеќе институции со кои бара:

-Општината Гостивар итно да го разреши директорот кој дозволил ваков развој на настаните и крајно дискриминаторски третман кон малата Ембла;

-Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да извршат надзор во училиштето и да ги преземат сите мерки за да ја заштитат ученичката, како и да ги обезбедат сите услови за нејзина инклузија во наставата;

-Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која веќе најави постапување по службена должност, повратно да информира за сите сознанија до кои ќе дојде при работата на овој случај.

Санкциите и институционалниот одговор се неопходни, но не се доволни за да се искоренат дискриминаторските практики кон лицата со попреченост. Токму затоа, сите споменати чинители мора да се вклучат во изнаоѓање решенија кои ќе спречат повторување на вакви случаи, преку континуирани советувања и обуки наменети за родители, наставници и ученици, бидејќи лекциите како „Тимјаник“ очигледно се повторуваат без да се научат. Бидејќи проблемот не е и не може да биде во децата со попреченост. Проблемот е во синдромот на нечовечност кој безобѕирно се манифестира и врз најневините, велат тие.

The post Хелсиншки комитет: Проблемот е во возрасните полни со предрасуди, а не во малата Ембла appeared first on Република.

]]>

Петицијата на родители против дете со Даунов синдром е најновиот пораз на нашето општество кога станува збор за односот кон најранливите меѓу нас. Вкоренетите предрасуди повторно преовладаа над основните принципи на солидарност и емпатија. Раководството на образовната установа во Гостивар со своите дејствија се приклучило кон дискриминаторите, наместо да се стави во заштита на едно дете, за чија инклузија има не само морална, туку и законска обврска, реагираат од Хелсиншкиот комитет. Хелсиншкиот комитет подготвува претставки и дописи до повеќе институции со кои бара: -Општината Гостивар итно да го разреши директорот кој дозволил ваков развој на настаните и крајно дискриминаторски третман кон малата Ембла; -Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да извршат надзор во училиштето и да ги преземат сите мерки за да ја заштитат ученичката, како и да ги обезбедат сите услови за нејзина инклузија во наставата; -Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која веќе најави постапување по службена должност, повратно да информира за сите сознанија до кои ќе дојде при работата на овој случај.