хари локвенец Archives - Република https://republika.mk/tema/hari-lokvenec/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Jun 2023 18:37:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хари локвенец Archives - Република https://republika.mk/tema/hari-lokvenec/ 32 32 Локвенец поднесе оставка, Трифуновски нов директор на Железница https://republika.mk/vesti/makedonija/lokvenets-podnese-ostavka-trifunovski-nov-direktor-na-zheleznitsa/ Tue, 06 Jun 2023 19:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=648594

Владата на денешната седница го именува Зоран Трифуновски за нов директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Македонија – Скопје.

Трифуновски доаѓа на местото на Хари Локвенец, кој денеска поднесе оставка. Оставката, како што изјави за МИА, ја поднел од лични причини. Локвенец беше на функцијата директор на ЈП ЖРСМ – Инфраструктура од ноември 2020 година.

– Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Македонија – Скопје, да го разреши Хари Локвенец од должноста директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Македонија – Скопје, на негово барање. За в.д директор е одлучено да биде именуван Зоран Трифуновски, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

The post Локвенец поднесе оставка, Трифуновски нов директор на Железница appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница го именува Зоран Трифуновски за нов директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Македонија – Скопје. Трифуновски доаѓа на местото на Хари Локвенец, кој денеска поднесе оставка. Оставката, како што изјави за МИА, ја поднел од лични причини. Локвенец беше на функцијата директор на ЈП ЖРСМ – Инфраструктура од ноември 2020 година.
– Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Македонија – Скопје, да го разреши Хари Локвенец од должноста директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Македонија – Скопје, на негово барање. За в.д директор е одлучено да биде именуван Зоран Трифуновски, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

The post Локвенец поднесе оставка, Трифуновски нов директор на Железница appeared first on Република.

]]>
Локвенец побара инвестиции во железницата за возовите да не одат со 20 километри на час https://republika.mk/vesti/ekonomija/lokvenets-pobara-investitsii-vo-zheleznitsata-za-vozovite-da-ne-odat-so-20-kilometri-na-chas/ Thu, 06 Apr 2023 06:05:09 +0000 https://republika.mk/?p=627726

Постојните 700 километри пруга треба да се зголемат за 20 проценти со градбата на планираните нови 150 километри на источното и западното крило на Коридорот 8. Сето тоа, како што вели за МИА директорот на ЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец, е безначајно ако не инвестираме во постоечката инфраструктура и не ја доведеме блиску до максимален капацитет и квалитет.

 -На македонските пруги има прагови постари од половина век, а ова не е пример само во македонските железници, туку и во железниците од целиот регион, не само во земјите од Западен Балкан, туку и во земјите кои се членки на ЕУ. Квалитетот на самите пруги треба да биде еден од поголемите приоритети, зашто покрај сигнализацијата директно е поврзан со безбедноста и сигурноста, генерално на патниците, меѓутоа и на товарните возови кои поминуваат низ нашите пруги, вели Локвенец во интервју за МИА.

Свесен е дека фрапантно делува намалувањето на брзината на 20 километри на час на пругата кај Велес, но објаснува дека тоа е резултат на советите на експертите и инженерите кои работат долги години во Македонски железници Инфраструктура.

-Ваквата одлука е поврзана со информациите од машинското мерење на пругата, направени после многу долго време, после 10-годишна пауза, кои се немилосрдни и кои се исклучително точни. Заради важноста на  безбедноста и сигурноста на македонските граѓани и патници решивме да бидеме доволно одговорни, да се соочиме со реалноста, да ги покажеме вистинските податоци до јавноста и заеднички да се обидеме да го решиме овој проблем. Во овој момент можам да ви кажам дека непрекинато со сите човечки ресурси сме излезени на терен да ги подобриме оние места на кои можеме да добиеме побрз ефект на поголема должина како на одредени етапи би се зголемила брзината, меѓутоа во исто време поврзано со онаа информација која претходно ја споделив за староста на праговите, на огромен број прагови на македонските пруги, сметам дека покрај големото инвестирање во нови пруги  треба да инвестираме исто така и во реконструкција и рехабилитација на постоечките, објаснува Локвенец.

Целта со инвестиците во Железницата, како што посочува, е таа да се врати на вистинското место, да може да придонесува за поквалитетен живот на граѓаните и да биде помош на македонската економија и нејзината конкурентност.

-Очекувам дека за многу бргу ќе излезе на европскиот пазар. Конкурентноста подразбира дека една од варијаблите е квалитетен и евтин транспорт што железницата може да им го понуди на своите корисници, потенцира Локвенец.

Апелира на строго почитување на патната и железничката сигнализација од страна на возачите во патниот сообраќај, потенцирајќи притоа дека процедурите на железничкиот сообраќај се премногу строги и се следат.

-Во Македонија постојат 280 патни премини, од кои 80 се автоматизирани со браници и полубраници, а останатите 200 се обидуваме во следниот период преку грант од Инвестициската рамка на Западен Балкан да ги обезбедиме и добар дел од нив да ги опремиме со ваква патна сигнализација. Покрај тоа, Македонски железници сакајќи да го забрзаат преминот преку железничките пруги на вкрстувањата на железничкиот и патниот сообраќај во моментов се во фаза на инсталирање на гумени подлоги на патните премини како би ги изгубиле оние бавни возења на автомобилите и на други превозни средства преку железничките премини заради лошата кондиција на тие премини и на таков начин би добиле побрз премин преку нив, побрз проток на возила, како дел од зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, вели Локвенец.

По повторниот старт на активностите на првите две делници од пругата кон Бугарија, каде вели дека има евидентен прогрес, најавува избор на изведувач и за третата фаза до крајот на годинава.

Во завршна фаза е подготовката на тендерската документација за надзорен инженер и за техничка помош,  како и за градба за последните 24 километри од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.  До крајот на годината очекуваат и заокружување на експропријацијата. Ги послушале, како што вели, сугестииите на граѓаните на Крива Паланка за пристапните патишта кон железничката станица во овој град и предложените 50 куќи за раселување и уривање од страна на проектантот, се намалени на 16.

-Делот на експропријација во самата Крива Паланка, плански го одложивме за неколку месеци, очекуваме дека во следните неколку месеци ќе бидеме готови во целост со документацијата потребна за овој тип на активности и оти  до крајот на годината или до почетокот со градба на овој инфраструктурен проект во целост ќе ја завршиме експропријацијата на целата трета делница во должина од 24 километри, најавува Локвенец.

The post Локвенец побара инвестиции во железницата за возовите да не одат со 20 километри на час appeared first on Република.

]]>

Постојните 700 километри пруга треба да се зголемат за 20 проценти со градбата на планираните нови 150 километри на источното и западното крило на Коридорот 8. Сето тоа, како што вели за МИА директорот на ЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец, е безначајно ако не инвестираме во постоечката инфраструктура и не ја доведеме блиску до максимален капацитет и квалитет.
 -На македонските пруги има прагови постари од половина век, а ова не е пример само во македонските железници, туку и во железниците од целиот регион, не само во земјите од Западен Балкан, туку и во земјите кои се членки на ЕУ. Квалитетот на самите пруги треба да биде еден од поголемите приоритети, зашто покрај сигнализацијата директно е поврзан со безбедноста и сигурноста, генерално на патниците, меѓутоа и на товарните возови кои поминуваат низ нашите пруги, вели Локвенец во интервју за МИА.
Свесен е дека фрапантно делува намалувањето на брзината на 20 километри на час на пругата кај Велес, но објаснува дека тоа е резултат на советите на експертите и инженерите кои работат долги години во Македонски железници Инфраструктура. -Ваквата одлука е поврзана со информациите од машинското мерење на пругата, направени после многу долго време, после 10-годишна пауза, кои се немилосрдни и кои се исклучително точни. Заради важноста на  безбедноста и сигурноста на македонските граѓани и патници решивме да бидеме доволно одговорни, да се соочиме со реалноста, да ги покажеме вистинските податоци до јавноста и заеднички да се обидеме да го решиме овој проблем. Во овој момент можам да ви кажам дека непрекинато со сите човечки ресурси сме излезени на терен да ги подобриме оние места на кои можеме да добиеме побрз ефект на поголема должина како на одредени етапи би се зголемила брзината, меѓутоа во исто време поврзано со онаа информација која претходно ја споделив за староста на праговите, на огромен број прагови на македонските пруги, сметам дека покрај големото инвестирање во нови пруги  треба да инвестираме исто така и во реконструкција и рехабилитација на постоечките, објаснува Локвенец. Целта со инвестиците во Железницата, како што посочува, е таа да се врати на вистинското место, да може да придонесува за поквалитетен живот на граѓаните и да биде помош на македонската економија и нејзината конкурентност.
-Очекувам дека за многу бргу ќе излезе на европскиот пазар. Конкурентноста подразбира дека една од варијаблите е квалитетен и евтин транспорт што железницата може да им го понуди на своите корисници, потенцира Локвенец.
Апелира на строго почитување на патната и железничката сигнализација од страна на возачите во патниот сообраќај, потенцирајќи притоа дека процедурите на железничкиот сообраќај се премногу строги и се следат. -Во Македонија постојат 280 патни премини, од кои 80 се автоматизирани со браници и полубраници, а останатите 200 се обидуваме во следниот период преку грант од Инвестициската рамка на Западен Балкан да ги обезбедиме и добар дел од нив да ги опремиме со ваква патна сигнализација. Покрај тоа, Македонски железници сакајќи да го забрзаат преминот преку железничките пруги на вкрстувањата на железничкиот и патниот сообраќај во моментов се во фаза на инсталирање на гумени подлоги на патните премини како би ги изгубиле оние бавни возења на автомобилите и на други превозни средства преку железничките премини заради лошата кондиција на тие премини и на таков начин би добиле побрз премин преку нив, побрз проток на возила, како дел од зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, вели Локвенец. По повторниот старт на активностите на првите две делници од пругата кон Бугарија, каде вели дека има евидентен прогрес, најавува избор на изведувач и за третата фаза до крајот на годинава. Во завршна фаза е подготовката на тендерската документација за надзорен инженер и за техничка помош,  како и за градба за последните 24 километри од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.  До крајот на годината очекуваат и заокружување на експропријацијата. Ги послушале, како што вели, сугестииите на граѓаните на Крива Паланка за пристапните патишта кон железничката станица во овој град и предложените 50 куќи за раселување и уривање од страна на проектантот, се намалени на 16.
-Делот на експропријација во самата Крива Паланка, плански го одложивме за неколку месеци, очекуваме дека во следните неколку месеци ќе бидеме готови во целост со документацијата потребна за овој тип на активности и оти  до крајот на годината или до почетокот со градба на овој инфраструктурен проект во целост ќе ја завршиме експропријацијата на целата трета делница во должина од 24 километри, најавува Локвенец.

The post Локвенец побара инвестиции во железницата за возовите да не одат со 20 километри на час appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Комплетна реконструкција на пругата Ногаевци – Неготино https://republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-kompletna-rekonstruktsija-na-prugata-nogaevtsi-negotino/ Fri, 10 Feb 2023 14:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=607434

Инвестираме преку 1 милијарда евра во подобрување на транспортната инфраструктура, пред се во изградба на нови патни и железнички траси, со што обезбедуваме ефикасна и одржлива мрежа која ни ја олеснува регионалната интеграција и поврзување со соседите, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со директорот на ЈП Железница Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид во рехабилитација на пругата од Ногаевци до Неготино.

Тој потенцираше дека Владата засилено ги реализира најголемите проекти во модернизација на целокупната инфраструктура, што е видливо насекаде на терен.

Рехабилитацијата на оваа пруга на Коридорот 10 е во вредност од 4,8 милиони евра и е дел од големиот инвестициски циклус во изградба и модернизација на железничкиот систем во државата.

Денеска заедно со директорот Локвенец извршивме увид во рехабилитација на пругата од Ногаевци до Неготино, со вкупна должина од 31 километар. Инвестираме преку 4 милиони евра за овој проект кој е од големо значење за нас бидејќи преку овој железнички коридор се поврзува Централна Европа со Солунското пристаниште и претставува транзит рута за целиот железнички сообраќај. Заеднички работиме активно со цел да ги обезбедиме сите неопходни услови за брза реконструкција на овој дел од пругата, изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.

[caption id="attachment_607437" align="alignnone" width="640"] (фото: Министерство за транспорт и врски)[/caption]

Министерот исто така истакна дека Министерството за транспорт и врски, заедно со ЈП Железници работи посветено во модернизација на железничките пруги што најдобро се гледа преку проектите кои се реализираат, како изградбата на делницата Битола – Кременица која комплетно е завршена и веќе пуштена во употреба и преку најголемата инвестиција во железницата, изградбата на пругата кон Република Бугарија, која се одвива со предвидената динамка.

Заедно со министерот Бочварски денеска сме на увид на градежните активности на секцијата Ногаевци – Неготино и изразувам задоволство од прогресот на работите на терен и квалитетот со кој тие се извршуваат. Денеска оттука ги потврдуваме нашите заложби за квалитетни и безбедни железнички коридори, а сакам да истакнам дека денеска ни е и првата активност на терен оваа година во која одбележуваме 150 години од постоење на Македонски железници. Тука, преку оваа пруга поминал првиот воз во Македонија во далечната 1873 година, а еве денеска оваа секција комплетно ја реконструираме. Продолжуваме понатаму со сите активности, во реконструција и изградба на модерни пруги на Коридорите 8 и 10, изјави Хари Локвенец.

Директорот Локвенец додаде дека јавното претпријатие се екипира со млад инженерски кадар заради реализација на најкрупните проекти во железничката инфраструктура.

The post Бочварски: Комплетна реконструкција на пругата Ногаевци – Неготино appeared first on Република.

]]>

Инвестираме преку 1 милијарда евра во подобрување на транспортната инфраструктура, пред се во изградба на нови патни и железнички траси, со што обезбедуваме ефикасна и одржлива мрежа која ни ја олеснува регионалната интеграција и поврзување со соседите, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со директорот на ЈП Железница Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид во рехабилитација на пругата од Ногаевци до Неготино. Тој потенцираше дека Владата засилено ги реализира најголемите проекти во модернизација на целокупната инфраструктура, што е видливо насекаде на терен. Рехабилитацијата на оваа пруга на Коридорот 10 е во вредност од 4,8 милиони евра и е дел од големиот инвестициски циклус во изградба и модернизација на железничкиот систем во државата.
Денеска заедно со директорот Локвенец извршивме увид во рехабилитација на пругата од Ногаевци до Неготино, со вкупна должина од 31 километар. Инвестираме преку 4 милиони евра за овој проект кој е од големо значење за нас бидејќи преку овој железнички коридор се поврзува Централна Европа со Солунското пристаниште и претставува транзит рута за целиот железнички сообраќај. Заеднички работиме активно со цел да ги обезбедиме сите неопходни услови за брза реконструкција на овој дел од пругата, изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.
[caption id="attachment_607437" align="alignnone" width="640"] (фото: Министерство за транспорт и врски)[/caption] Министерот исто така истакна дека Министерството за транспорт и врски, заедно со ЈП Железници работи посветено во модернизација на железничките пруги што најдобро се гледа преку проектите кои се реализираат, како изградбата на делницата Битола – Кременица која комплетно е завршена и веќе пуштена во употреба и преку најголемата инвестиција во железницата, изградбата на пругата кон Република Бугарија, која се одвива со предвидената динамка.
Заедно со министерот Бочварски денеска сме на увид на градежните активности на секцијата Ногаевци – Неготино и изразувам задоволство од прогресот на работите на терен и квалитетот со кој тие се извршуваат. Денеска оттука ги потврдуваме нашите заложби за квалитетни и безбедни железнички коридори, а сакам да истакнам дека денеска ни е и првата активност на терен оваа година во која одбележуваме 150 години од постоење на Македонски железници. Тука, преку оваа пруга поминал првиот воз во Македонија во далечната 1873 година, а еве денеска оваа секција комплетно ја реконструираме. Продолжуваме понатаму со сите активности, во реконструција и изградба на модерни пруги на Коридорите 8 и 10, изјави Хари Локвенец.
Директорот Локвенец додаде дека јавното претпријатие се екипира со млад инженерски кадар заради реализација на најкрупните проекти во железничката инфраструктура.

The post Бочварски: Комплетна реконструкција на пругата Ногаевци – Неготино appeared first on Република.

]]>
Парите да останат во СДСМ: Локвенец ѝ дал тендер на сопругата на Тунџев од Катастар https://republika.mk/vesti/makedonija/parite-da-ostanat-vo-sdsm-lokvenec-dal-tender-na-soprugata-na-tundzev-od-katastar/ Mon, 28 Nov 2022 12:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=579145

Агенција за катастар на недвижности е уште еден доказ дека граѓаните ќе го надоместуваат недомаќинското работење на функционерите на владата. Енормно поскапување на цените на услугите и до 500 отсто, поскапувањата кои се на товар на граѓаните и бизнисот во услови на економска криза се донесени поради спас на катастарот од банкрот.

Но, каква е другата страна од приказната. Додека власта дава согласност, а директорот на Агенцијата за Катастар, Борис Тунџев носи одлуки за зголемување на катастарските услуги, неговата сопруга добива бизниси од државата. Но, не станува збор за она што досега го објавивме во јавноста, а се однесува за нејзината фирма КБ Енерго Соларис ДООЕЛ Скопје каде сопругата на Тунџев добива лиценца за производство на струја од РКЕ на 34 години. Само за потсетување, Тунџева преку КБ Енерго Соларис ДООЕЛ Скопје ја гради ФЕЦ Соларис во општина Радовиш во 2019/2020 година на вкупна површина од 2979м2.

Но, каква е состојбата денес.

Ова е договор за геодетски услуги помеѓу ЈП Железници Инфраструктура, каде директор е Хари Локвенец кадар од СДС и од другата страна е Геопроект Инжинеринг ДООЕЛ Скопје сопственост на Светлана Тунџева, сопруга на директорот на Катастар Борис Тунџев, исто така кадар на СДС.

Овој договор, оваа рамковна спогодба е во висина од 2.360.000 денари. Истиот е склучен на 26.05.2022 година. Договорот е во вредност од  40.000 евра во време кога платите за работниците во железници се несигурни, а железничкиот транспорт во Македонија никогаш не бил позапоставен.

Потписници на овој договор се Хари Локвенец како директор на ЈП Железници Инфраструктура и сопругата на Борис Тунџев, директор на Агенцијата за Катастар. Или, еден директор во владата на Ковачевски дава тендер на сопругата на друг директор во владата на Ковачевски.

Тунџева покрај тоа што е сопруга на директорот на Агенцијата за Катастар, и самата е во структурите на СДС, па истата е предложена и за заменик член на Избирачки одбор за Избирачко место 2650 во Карпош од партијата СДС. За тоа има доказ објавен во службен гласник на општината. Додека нејзиниот сопруг директорува со Агенцијата за Катастар и ги зголемува цените за услугите на оваа институција и за 5 пати, неговата сопруга, преку нејзината фирми склучува државни тендери во вредност од десетици илјади евра.

Почитувани, ова се договори кои власта ги склучува за сопствени бизнис интереси, додека енормно ги поскапува услугите кои им се неопходни на граѓаните. Оваа власт мора да замине.

https://www.youtube.com/watch?v=mFFZc9sDDx4&feature=emb_title

The post Парите да останат во СДСМ: Локвенец ѝ дал тендер на сопругата на Тунџев од Катастар appeared first on Република.

]]>

Агенција за катастар на недвижности е уште еден доказ дека граѓаните ќе го надоместуваат недомаќинското работење на функционерите на владата. Енормно поскапување на цените на услугите и до 500 отсто, поскапувањата кои се на товар на граѓаните и бизнисот во услови на економска криза се донесени поради спас на катастарот од банкрот. Но, каква е другата страна од приказната. Додека власта дава согласност, а директорот на Агенцијата за Катастар, Борис Тунџев носи одлуки за зголемување на катастарските услуги, неговата сопруга добива бизниси од државата. Но, не станува збор за она што досега го објавивме во јавноста, а се однесува за нејзината фирма КБ Енерго Соларис ДООЕЛ Скопје каде сопругата на Тунџев добива лиценца за производство на струја од РКЕ на 34 години. Само за потсетување, Тунџева преку КБ Енерго Соларис ДООЕЛ Скопје ја гради ФЕЦ Соларис во општина Радовиш во 2019/2020 година на вкупна површина од 2979м2. Но, каква е состојбата денес. Ова е договор за геодетски услуги помеѓу ЈП Железници Инфраструктура, каде директор е Хари Локвенец кадар од СДС и од другата страна е Геопроект Инжинеринг ДООЕЛ Скопје сопственост на Светлана Тунџева, сопруга на директорот на Катастар Борис Тунџев, исто така кадар на СДС. Овој договор, оваа рамковна спогодба е во висина од 2.360.000 денари. Истиот е склучен на 26.05.2022 година. Договорот е во вредност од  40.000 евра во време кога платите за работниците во железници се несигурни, а железничкиот транспорт во Македонија никогаш не бил позапоставен. Потписници на овој договор се Хари Локвенец како директор на ЈП Железници Инфраструктура и сопругата на Борис Тунџев, директор на Агенцијата за Катастар. Или, еден директор во владата на Ковачевски дава тендер на сопругата на друг директор во владата на Ковачевски. Тунџева покрај тоа што е сопруга на директорот на Агенцијата за Катастар, и самата е во структурите на СДС, па истата е предложена и за заменик член на Избирачки одбор за Избирачко место 2650 во Карпош од партијата СДС. За тоа има доказ објавен во службен гласник на општината. Додека нејзиниот сопруг директорува со Агенцијата за Катастар и ги зголемува цените за услугите на оваа институција и за 5 пати, неговата сопруга, преку нејзината фирми склучува државни тендери во вредност од десетици илјади евра. Почитувани, ова се договори кои власта ги склучува за сопствени бизнис интереси, додека енормно ги поскапува услугите кои им се неопходни на граѓаните. Оваа власт мора да замине. https://www.youtube.com/watch?v=mFFZc9sDDx4&feature=emb_title

The post Парите да останат во СДСМ: Локвенец ѝ дал тендер на сопругата на Тунџев од Катастар appeared first on Република.

]]>
Локвенец: До крајот на 2027 би имале готова пруга кон Бугарија https://republika.mk/vesti/ekonomija/lokvenec-do-krajot-na-2027-bi-imale-gotova-pruga-kon-bugarija/ Fri, 07 Oct 2022 19:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=558564

Драго ми е што можам да кажам дека до 18-ти месецов, определените фирми за градба на проектот ќе почнат со работата, а официјалниот настан за почеток на градбата како држава би го означиле на 29-ти октомври. Со тоа почнува градбата на првите две делници: од Куманово до Бељаковце, со должина од 31 километар и ќе ја гради конзорциумот „Штрабак”, сочинет од компании од повеќе држави. Проекното време е 24 месеци, меѓутоа од самата компанија имаме најава дека би завршиле со работа за 18 месеци. Вториот дел ќе го работи турската компанија „Ѓулермак” и проектното време за изведба на овој проект е предвидено да биде во рок од 36 месеци. Тоа значи дека до крајот на 2025 година би имале завршено двете фази од пругата кон Република Бугарија, информира денеска директорот на „ЖРСМ Инфраструктура”, Хари Локвенец.

Што се однесува до третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија, директорот информира дека во завршна фаза е подготовката на тендерската документација, која би требало да се објави најдоцна до почетокот на 2023 година и изборот да биде завршен до крајот на следната година, кога би требало да биде означен и почетокот на изградбата.

-Заради условите на ЕУ и заради потребата да го покажеме својот капацитет, својата подготвеност да го сработиме тоа, ние мораме да ја почнеме изведбата на овој дел од пругата кон Бугарија до крајот на 2023 година. Земајќи предвид дека предвиденото време за градба на тој дел е четири години, значи дека до крајот на 2027 година ние би имале готова пруга кон Бугарија, истакна Локвенец.

The post Локвенец: До крајот на 2027 би имале готова пруга кон Бугарија appeared first on Република.

]]>

Драго ми е што можам да кажам дека до 18-ти месецов, определените фирми за градба на проектот ќе почнат со работата, а официјалниот настан за почеток на градбата како држава би го означиле на 29-ти октомври. Со тоа почнува градбата на првите две делници: од Куманово до Бељаковце, со должина од 31 километар и ќе ја гради конзорциумот „Штрабак”, сочинет од компании од повеќе држави. Проекното време е 24 месеци, меѓутоа од самата компанија имаме најава дека би завршиле со работа за 18 месеци. Вториот дел ќе го работи турската компанија „Ѓулермак” и проектното време за изведба на овој проект е предвидено да биде во рок од 36 месеци. Тоа значи дека до крајот на 2025 година би имале завршено двете фази од пругата кон Република Бугарија, информира денеска директорот на „ЖРСМ Инфраструктура”, Хари Локвенец. Што се однесува до третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија, директорот информира дека во завршна фаза е подготовката на тендерската документација, која би требало да се објави најдоцна до почетокот на 2023 година и изборот да биде завршен до крајот на следната година, кога би требало да биде означен и почетокот на изградбата. -Заради условите на ЕУ и заради потребата да го покажеме својот капацитет, својата подготвеност да го сработиме тоа, ние мораме да ја почнеме изведбата на овој дел од пругата кон Бугарија до крајот на 2023 година. Земајќи предвид дека предвиденото време за градба на тој дел е четири години, значи дека до крајот на 2027 година ние би имале готова пруга кон Бугарија, истакна Локвенец.

The post Локвенец: До крајот на 2027 би имале готова пруга кон Бугарија appeared first on Република.

]]>
Локвенец најави дека на 29 октомври почнува градбата на првите две делници од пругата кон Бугарија https://republika.mk/vesti/ekonomija/lokvenec-najavi-deka-na-29-oktomvri-pochnuva-gradbata-na-prvite-dve-delnici-od-prugata-kon-bugarija/ Fri, 07 Oct 2022 12:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=558399

Директорот на „ЖРСМ Инфраструктура“, Хари Локвенец, најави дека на 29 октомври оваа година официјално ќе биде означен почетокот на изградбата на првите две делници од пругата на Коридорот 8 – од Куманово до Бељаковце и од Бељковце до Крива Паланка, а работите треба да се финализираат до крајот на 2025 година, за што се обезбедени сите потребни средства и е завршена експропријацијата на земјиштето.

Како што информира Локвенец, делницата од Куманово до Бељаковце, во должина од 31 километар, ќе ја гради конзорциумот „Штрабак“, сочинет од компании од повеќе држави. Проектното време за оваа делница е определено на 24 месеци, меѓутоа, посочува тој, од самата компанија има најава дека би завршиле со работа во рок од 18 месеци. Вториот дел ќе го работи турската компанија „Ѓулермак“ и проектното време за изведба на овој проект е предвидено да биде во рок од 36 месеци. Двете компании работите на терен ќе ги започнат на 18 октомври.

Тоа значи дека до крајот на 2025 година ние би ги имале завршено двете фази од пругата до Република Бугарија, до Крива Паланка - изјави Локвенец, при што дополни дека 54 проценти од првата делница е веќе изградена.

Што се однесува до третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија, директорот информира дека во завршна фаза е подготовката на тендерската документација, која би требало да се објави најдоцна до почетокот на 2023 година и изборот да биде завршен до крајот на следната година, кога би требало да биде означен и почетокот на изградбата.

Проектното време за завршување на овој дел од пругата е четири години и ве уверувам дека овде не е прашање дали можеме. Заради условите на ЕУ и заради потребата да го покажеме својот капацитет, својата подготвеност да го сработиме тоа, ние мораме да ја почнеме изведбата на овој дел од пругата кон Бугарија до крајот на 2023 година. Земајќи предвид дека предвиденото време за градба на тој дел е четири години, значи дека до крајот на 2027 година ние би имале готова пруга кон Бугарија. За да стигне возот до Софија или од Софија до Скопје потребно е и нашите колеги од бугарска страна да ја завршат својата работа. Имаме ветување со нивните проекции дека својата работа тие ќе ја завршат до 2027 година. Тоа значи дека буквално сме комплементарни во својата работа и се надополнуваме во реализацијата на овој важен инфраструктурен проект - нагласи Локвенец.

Тој уверува дека роковите ќе бидат испочитувани, со оглед дека се исполнети сите три предуслови – обезбедени се средствата, со огромна помош од ЕУ и грант средствата кои ги имаме добиено од Унијата, како и од ЕБРД со поддршка на канцеларијата на оваа банка во Скопје. Второ, според Локвенец, во однос на културното наследство или археологијата, од релевантни државни институции е потврдено дека на самата траса на пругата нема големи археолошки наоѓалишта и некрополи кои би ја спречиле или би ја забавиле градбата на овој проект.

За третата и многу важна работа – експропријацијата. Првпат можам да ја информирам македонската јавност дека пред почеток на самата градба „Македонски железници – Инфраструктура“ стопроцентно ја има завршено експропријацијата и таа нема да претставува закана во понатамошниот тек на реализација на овој проект. Четвртата работа можеме слободно да ја спомнеме, тоа е квалитетот и посветеноста на фирмите изведувачи за која се надевам дека сме ги избрале вистинските и дека станува збор за капацитативни компании со желба и да се докажат пред европскиот пазар дека се подготвени да реализираат ваков проект и со сите овие предуслови од наша страна убеден сум дека и тие ќе одговорат на предизвикот на време на реализација на овој проект - вели Локвенец, кој додава дека за првите две делници од пругата Куманово до Крива Паланка се решени 1500 предмети за експропријација.

Тој најави дека на 11 октомври првпат како претставници на земја не членка на ЕУ, што случајно се совпаѓа со нашиот државен празник – Денот на народното востание на македонскиот народ, во Брисел „ЖРСМ – Инфраструктура“ ќе бидат во можност пред европратениците да ги промовираат македонските инфраструктурни проекти во железницата

Од една страна да го промовираме досега сработеното и во исто време да зборуваме и за сите идни планови кои се во насока на исполнување на европската стратегија поврзана со железничката инфраструктура - нагласи Локвенец.

Што се однесува до западното крило од Коридорот 8 кон Република Албанија, во должина од 63 километри, односно делницата од Кичево до Лин, Локвенец појасни дека поради забелешките од УНЕСКО, ќе се изврши промена на трасата во делот кон Лин, поради потенцијални ризици по Охридското Езеро од градбата на логистичката инфраструктура на пругата. Поради нејзината стратешка важност, очекувањата се оваа делница, да биде завршена до 2030 година и од потребните 530 милиони евра 50 проценти да се обезбедат во форма на грант од ЕУ.

Со завршување на западното крило, всушност ние би го завршиле целиот Коридор 8 и тоа е од исклучителна важност за нашата држава зошто на таков начин со целосното градење на Коридорот 8 и поврзувањето на Драч како Јадранско или Средоземноморско пристаниште со пристаништата во Бургас и Варна на Црното Море, со поврзувањето на Средоземноморскиот со Црноморскиот регион, го градиме континенталниот Босфор на Балканот и во Европа. Втора работа, со завршувањето на нашиот дел од Коридорот 8, ние придонесуваме кон креирање на коридор со кој ќе се поврзат три НАТО држави и трета многу важна работа е дека ќе придонесеме преку овој коридор да учествуваме во промовирање на европската Зелена агенда, зошто само преку железници вие можете да пренесете 1500 тони стока во еден здив и со минимум загадување на околината кое во овој момент е исклучително важно - подвлекува Локвенец.

Во овој контекст, додава тој, многу е важно и приклучувањето на Македонија кон иницијативата „Три мориња“.

Пругата е многу важна работа поврзана со европските иницијативи и агенда е дека единствено ние и Република Албанија, недостасуваме во иницијативата „Три мориња“, многу интензивна во овој момент од страна на ЕУ, а тоа е поврзувањето на Балтичкото со Црното и Јадранското Море. На таков начин покажуваме не само дека сме територијално географски дел од ЕУ, туку и со сите овие активности покажуваме капацитативност дека сме рамо до рамо со нашите европски пријатели и можеме да учествуваме во реализација на сите проекти предвидени од страна на ЕУ - изјави Локвенец.

Инаку, Бугарија за Коридорот 8 има добиено 1,8 милијарди евра од ЕУ која целосно ќе ја финансира изградбата на нова траса од Софија кон Ѓуешево.

Според проектната документација, на првата делница од пругата од источното крило на Коридорот 8 треба да бидат изградени железнички станици во Ново Куманово, Шупљи Камен и Бељаковце, како и шест стојалишта, на втората ќе има станици во Крива Паланка и Гиновце и три стојалишта, додека на третата, долж 24 километри се проектирани 25 тунели и 51 мост.

Проектот за пругата кон Бугарија е почнат во 1994 година, а работите првпат беа стопирани во 2004 година. Продолжија една деценија подоцна, во март 2014 година, но не беше испочитуван поставениот рок за завршување на работите до 2016 година, поради, според официјалните образложенија, проблемите од имотно-правен карактер. Активности на терен нема од јуни 2020 година, кога тогашниот изведувач германски „Вибе“ еднострано го раскина Договорот.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) лани во јануари објави тендер за избор на изведувачи на пругата, а постапката беше заокружена минатиот месец, кога беа потпишани договори со „Штрабак“ и „Ѓулермак“. Дел од тендерот е и договорот за реконструкција на пругата од Ногаевци до Неготино на Коридорот 10, во должина од 31 километар, а изведбата на инвестицијата од 4,8 милиони евра ја доби „Штрабак“. Вкупната финансиска конструкција за трите договори изнесува над 200 милиони евра. 

The post Локвенец најави дека на 29 октомври почнува градбата на првите две делници од пругата кон Бугарија appeared first on Република.

]]>

Директорот на „ЖРСМ Инфраструктура“, Хари Локвенец, најави дека на 29 октомври оваа година официјално ќе биде означен почетокот на изградбата на првите две делници од пругата на Коридорот 8 – од Куманово до Бељаковце и од Бељковце до Крива Паланка, а работите треба да се финализираат до крајот на 2025 година, за што се обезбедени сите потребни средства и е завршена експропријацијата на земјиштето. Како што информира Локвенец, делницата од Куманово до Бељаковце, во должина од 31 километар, ќе ја гради конзорциумот „Штрабак“, сочинет од компании од повеќе држави. Проектното време за оваа делница е определено на 24 месеци, меѓутоа, посочува тој, од самата компанија има најава дека би завршиле со работа во рок од 18 месеци. Вториот дел ќе го работи турската компанија „Ѓулермак“ и проектното време за изведба на овој проект е предвидено да биде во рок од 36 месеци. Двете компании работите на терен ќе ги започнат на 18 октомври.
Тоа значи дека до крајот на 2025 година ние би ги имале завршено двете фази од пругата до Република Бугарија, до Крива Паланка - изјави Локвенец, при што дополни дека 54 проценти од првата делница е веќе изградена.
Што се однесува до третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија, директорот информира дека во завршна фаза е подготовката на тендерската документација, која би требало да се објави најдоцна до почетокот на 2023 година и изборот да биде завршен до крајот на следната година, кога би требало да биде означен и почетокот на изградбата.
Проектното време за завршување на овој дел од пругата е четири години и ве уверувам дека овде не е прашање дали можеме. Заради условите на ЕУ и заради потребата да го покажеме својот капацитет, својата подготвеност да го сработиме тоа, ние мораме да ја почнеме изведбата на овој дел од пругата кон Бугарија до крајот на 2023 година. Земајќи предвид дека предвиденото време за градба на тој дел е четири години, значи дека до крајот на 2027 година ние би имале готова пруга кон Бугарија. За да стигне возот до Софија или од Софија до Скопје потребно е и нашите колеги од бугарска страна да ја завршат својата работа. Имаме ветување со нивните проекции дека својата работа тие ќе ја завршат до 2027 година. Тоа значи дека буквално сме комплементарни во својата работа и се надополнуваме во реализацијата на овој важен инфраструктурен проект - нагласи Локвенец.
Тој уверува дека роковите ќе бидат испочитувани, со оглед дека се исполнети сите три предуслови – обезбедени се средствата, со огромна помош од ЕУ и грант средствата кои ги имаме добиено од Унијата, како и од ЕБРД со поддршка на канцеларијата на оваа банка во Скопје. Второ, според Локвенец, во однос на културното наследство или археологијата, од релевантни државни институции е потврдено дека на самата траса на пругата нема големи археолошки наоѓалишта и некрополи кои би ја спречиле или би ја забавиле градбата на овој проект.
За третата и многу важна работа – експропријацијата. Првпат можам да ја информирам македонската јавност дека пред почеток на самата градба „Македонски железници – Инфраструктура“ стопроцентно ја има завршено експропријацијата и таа нема да претставува закана во понатамошниот тек на реализација на овој проект. Четвртата работа можеме слободно да ја спомнеме, тоа е квалитетот и посветеноста на фирмите изведувачи за која се надевам дека сме ги избрале вистинските и дека станува збор за капацитативни компании со желба и да се докажат пред европскиот пазар дека се подготвени да реализираат ваков проект и со сите овие предуслови од наша страна убеден сум дека и тие ќе одговорат на предизвикот на време на реализација на овој проект - вели Локвенец, кој додава дека за првите две делници од пругата Куманово до Крива Паланка се решени 1500 предмети за експропријација.
Тој најави дека на 11 октомври првпат како претставници на земја не членка на ЕУ, што случајно се совпаѓа со нашиот државен празник – Денот на народното востание на македонскиот народ, во Брисел „ЖРСМ – Инфраструктура“ ќе бидат во можност пред европратениците да ги промовираат македонските инфраструктурни проекти во железницата
Од една страна да го промовираме досега сработеното и во исто време да зборуваме и за сите идни планови кои се во насока на исполнување на европската стратегија поврзана со железничката инфраструктура - нагласи Локвенец.
Што се однесува до западното крило од Коридорот 8 кон Република Албанија, во должина од 63 километри, односно делницата од Кичево до Лин, Локвенец појасни дека поради забелешките од УНЕСКО, ќе се изврши промена на трасата во делот кон Лин, поради потенцијални ризици по Охридското Езеро од градбата на логистичката инфраструктура на пругата. Поради нејзината стратешка важност, очекувањата се оваа делница, да биде завршена до 2030 година и од потребните 530 милиони евра 50 проценти да се обезбедат во форма на грант од ЕУ.
Со завршување на западното крило, всушност ние би го завршиле целиот Коридор 8 и тоа е од исклучителна важност за нашата држава зошто на таков начин со целосното градење на Коридорот 8 и поврзувањето на Драч како Јадранско или Средоземноморско пристаниште со пристаништата во Бургас и Варна на Црното Море, со поврзувањето на Средоземноморскиот со Црноморскиот регион, го градиме континенталниот Босфор на Балканот и во Европа. Втора работа, со завршувањето на нашиот дел од Коридорот 8, ние придонесуваме кон креирање на коридор со кој ќе се поврзат три НАТО држави и трета многу важна работа е дека ќе придонесеме преку овој коридор да учествуваме во промовирање на европската Зелена агенда, зошто само преку железници вие можете да пренесете 1500 тони стока во еден здив и со минимум загадување на околината кое во овој момент е исклучително важно - подвлекува Локвенец.
Во овој контекст, додава тој, многу е важно и приклучувањето на Македонија кон иницијативата „Три мориња“.
Пругата е многу важна работа поврзана со европските иницијативи и агенда е дека единствено ние и Република Албанија, недостасуваме во иницијативата „Три мориња“, многу интензивна во овој момент од страна на ЕУ, а тоа е поврзувањето на Балтичкото со Црното и Јадранското Море. На таков начин покажуваме не само дека сме територијално географски дел од ЕУ, туку и со сите овие активности покажуваме капацитативност дека сме рамо до рамо со нашите европски пријатели и можеме да учествуваме во реализација на сите проекти предвидени од страна на ЕУ - изјави Локвенец.
Инаку, Бугарија за Коридорот 8 има добиено 1,8 милијарди евра од ЕУ која целосно ќе ја финансира изградбата на нова траса од Софија кон Ѓуешево. Според проектната документација, на првата делница од пругата од источното крило на Коридорот 8 треба да бидат изградени железнички станици во Ново Куманово, Шупљи Камен и Бељаковце, како и шест стојалишта, на втората ќе има станици во Крива Паланка и Гиновце и три стојалишта, додека на третата, долж 24 километри се проектирани 25 тунели и 51 мост. Проектот за пругата кон Бугарија е почнат во 1994 година, а работите првпат беа стопирани во 2004 година. Продолжија една деценија подоцна, во март 2014 година, но не беше испочитуван поставениот рок за завршување на работите до 2016 година, поради, според официјалните образложенија, проблемите од имотно-правен карактер. Активности на терен нема од јуни 2020 година, кога тогашниот изведувач германски „Вибе“ еднострано го раскина Договорот. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) лани во јануари објави тендер за избор на изведувачи на пругата, а постапката беше заокружена минатиот месец, кога беа потпишани договори со „Штрабак“ и „Ѓулермак“. Дел од тендерот е и договорот за реконструкција на пругата од Ногаевци до Неготино на Коридорот 10, во должина од 31 километар, а изведбата на инвестицијата од 4,8 милиони евра ја доби „Штрабак“. Вкупната финансиска конструкција за трите договори изнесува над 200 милиони евра. 

The post Локвенец најави дека на 29 октомври почнува градбата на првите две делници од пругата кон Бугарија appeared first on Република.

]]>
Власта пак ќе ја гради пругата кон Бугарија https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-pak-kje-ja-gradi-prugata-kon-bugarija/ Wed, 20 Jul 2022 10:53:41 +0000 https://republika.mk/?p=531389

Со инвестиција од 200 милиони евра ќе продолжи изградбата на пругата на Коридорот 8 и ќе се реконструира дел од пругата на Коридорот 10. Трите договори за изградба на пруга, прва и втора фаза на Коридор 8 на релацијата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка и за реконструкција на пругата од Ногаевци до Неготино на Коридорот 10, денеска ги потпиша директорот на ЈП „Железници на Република Македонија“, Хари Локвенец со компаниите „Штрабак“ и „Ѓулермак“.

Првиот договор во вредност од 4,8 милиони евра, потпишан со фирмата „Штрабак“, предвидува реконструкција на делот од пругата на Коридорот 10 од Ногаевци до Неготино во должина од 31 километри со рок на градба од шест месеци.

Вториот договор во вредност од 40,5 милиони евра, потпишан со фирмата „Штрабак“, е за првата делница на Коридорот 8 кон Бугарија во должина од 31 километар и рок на градба од 24 месеци. На овој дел ќе бидат изградени и три железнички станици во Ново Куманово, Шупљи Камен и Бељаковце, како и шест стојалишта во Лопате, Перо Чичо, Проевце, Клечовце и Довезанце.

Третиот договор е со фирмата „Ѓулермак“ за изградба на втората делница од Коридорот 8 кон Бугарија на делот од Бељковце до Крива Паланка во должина од 34 километри и вредност од 155 милиони евра, а рокот на градба е 36 месеци. И на овој потег ќе бидат изградени две железнички станици во Крива Паланка и Гиновце и три стојалишта во вториот дел на пругата.

Овие проекти се финансирани со кредит од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР, но во вториот лот се користи средства од инструментот на ЕУ – Инвестициски фонд за Западен Балкан (ВБИФ), во висина од 68,5 милиони евра.

Како што истакна директорот на „Железници“, Локвенец на денешната прес-конференција во Владата, и за третата делница на Коридорот 8 од Крива Паланка до Деве Баир од ВБИФ е добиена потврда за доделување инвестициски грант во висина од 155 милиони евра.

Заедно со претходно обезбедените 61 милион евра од ИПА 2 програмата за третата делница е добиен грант во вкупна вредност од 216 милиони евра за проектот чија проектна вредност е 405 милиони евра.

The post Власта пак ќе ја гради пругата кон Бугарија appeared first on Република.

]]>

Со инвестиција од 200 милиони евра ќе продолжи изградбата на пругата на Коридорот 8 и ќе се реконструира дел од пругата на Коридорот 10. Трите договори за изградба на пруга, прва и втора фаза на Коридор 8 на релацијата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка и за реконструкција на пругата од Ногаевци до Неготино на Коридорот 10, денеска ги потпиша директорот на ЈП „Железници на Република Македонија“, Хари Локвенец со компаниите „Штрабак“ и „Ѓулермак“. Првиот договор во вредност од 4,8 милиони евра, потпишан со фирмата „Штрабак“, предвидува реконструкција на делот од пругата на Коридорот 10 од Ногаевци до Неготино во должина од 31 километри со рок на градба од шест месеци. Вториот договор во вредност од 40,5 милиони евра, потпишан со фирмата „Штрабак“, е за првата делница на Коридорот 8 кон Бугарија во должина од 31 километар и рок на градба од 24 месеци. На овој дел ќе бидат изградени и три железнички станици во Ново Куманово, Шупљи Камен и Бељаковце, како и шест стојалишта во Лопате, Перо Чичо, Проевце, Клечовце и Довезанце. Третиот договор е со фирмата „Ѓулермак“ за изградба на втората делница од Коридорот 8 кон Бугарија на делот од Бељковце до Крива Паланка во должина од 34 километри и вредност од 155 милиони евра, а рокот на градба е 36 месеци. И на овој потег ќе бидат изградени две железнички станици во Крива Паланка и Гиновце и три стојалишта во вториот дел на пругата. Овие проекти се финансирани со кредит од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР, но во вториот лот се користи средства од инструментот на ЕУ – Инвестициски фонд за Западен Балкан (ВБИФ), во висина од 68,5 милиони евра. Како што истакна директорот на „Железници“, Локвенец на денешната прес-конференција во Владата, и за третата делница на Коридорот 8 од Крива Паланка до Деве Баир од ВБИФ е добиена потврда за доделување инвестициски грант во висина од 155 милиони евра. Заедно со претходно обезбедените 61 милион евра од ИПА 2 програмата за третата делница е добиен грант во вкупна вредност од 216 милиони евра за проектот чија проектна вредност е 405 милиони евра.

The post Власта пак ќе ја гради пругата кон Бугарија appeared first on Република.

]]>
Локвенец: Во завршна фаза сме на тендерската процедура за првата и втората фаза за пругата кон Бугарија https://republika.mk/vesti/ekonomija/lokvenec-vo-zavrshna-faza-sme-na-tenderskata-procedura-za-prvata-i-vtorata-faza-za-prugata-kon-bugarija/ Mon, 09 May 2022 14:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=500022

Директорот на ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец забележа дека европските средства во проектираниот седумгодишен буџет биле енормно зголемени во однос на изминатиот период, посочувајќи дека најмногу средства годинава во државата се издвоени за железничката инфраструктура.

– Во завршна фаза сме на тендерската процедура за првата и втората фаза од Коридорот 8, источно крило кон Бугарија, нашите очекувања се дека реализацијата ќе почне до крајот на пролетта. Би требало да заврши во проектно планираниот рок, а како аргумент плус е тоа што е можеби еден од малкуте инфраструктурни проекти, кој почнува со 100 отсто решена експропријација. Иако во овој момент најголемите проекти се поврзани со Коридор 8, источно крило, продолжуваме со подобрување на патните премини, вградување елементи од рециклиран гума, а користиме и грант од ЕУ за реновирање и подобрување на 20-тина патни премини во сферата на сигнализација и телекомуникациите. Одржувањето на пругата е континуиран процес, истакна Локвенец.

The post Локвенец: Во завршна фаза сме на тендерската процедура за првата и втората фаза за пругата кон Бугарија appeared first on Република.

Локвенец верува дека до Софија ќе се оди со воз на почетокот на 2027 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/lokvenec-veruva-deka-do-sofija-kje-se-odi-so-voz-na-pochetokot-na-2027-godina/ Tue, 25 Jan 2022 20:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=449417

Директорот на Јавното претпријатие железничка инфраструктура, Железници на Република Македонија, Хари Локвенец вечерва информираше дека на почетокот на 2027 година би требало да имаме воз до Софија.

Третата фаза од пругата е најскапата и најкомплицираната. Проектната документација од 2016 вели дека би требало да чини 405 милиони евра. За тие последни 24 километри, проектантот предвидел 24 тунели и 51 мост, што значи на секој километар ќе има по еден тунел и два моста, што претставува сложен проект. До 2026 година, ќе имаме завршено целосно источно крило до границата, па оттаму очекуваме целата пруга да биде готова до почетокот на 2027 година, истакна Локвенец во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

The post Локвенец верува дека до Софија ќе се оди со воз на почетокот на 2027 година appeared first on Република.