Агенција за катастар на недвижности е уште еден доказ дека граѓаните ќе го надоместуваат недомаќинското работење на функционерите на владата. Енормно поскапување на цените на услугите и до 500 отсто, поскапувањата кои се на товар на граѓаните и бизнисот во услови на економска криза се донесени поради спас на катастарот од банкрот.

Но, каква е другата страна од приказната. Додека власта дава согласност, а директорот на Агенцијата за Катастар, Борис Тунџев носи одлуки за зголемување на катастарските услуги, неговата сопруга добива бизниси од државата. Но, не станува збор за она што досега го објавивме во јавноста, а се однесува за нејзината фирма КБ Енерго Соларис ДООЕЛ Скопје каде сопругата на Тунџев добива лиценца за производство на струја од РКЕ на 34 години. Само за потсетување, Тунџева преку КБ Енерго Соларис ДООЕЛ Скопје ја гради ФЕЦ Соларис во општина Радовиш во 2019/2020 година на вкупна површина од 2979м2.

Но, каква е состојбата денес.

Ова е договор за геодетски услуги помеѓу ЈП Железници Инфраструктура, каде директор е Хари Локвенец кадар од СДС и од другата страна е Геопроект Инжинеринг ДООЕЛ Скопје сопственост на Светлана Тунџева, сопруга на директорот на Катастар Борис Тунџев, исто така кадар на СДС.

Овој договор, оваа рамковна спогодба е во висина од 2.360.000 денари. Истиот е склучен на 26.05.2022 година. Договорот е во вредност од  40.000 евра во време кога платите за работниците во железници се несигурни, а железничкиот транспорт во Македонија никогаш не бил позапоставен.

Потписници на овој договор се Хари Локвенец како директор на ЈП Железници Инфраструктура и сопругата на Борис Тунџев, директор на Агенцијата за Катастар. Или, еден директор во владата на Ковачевски дава тендер на сопругата на друг директор во владата на Ковачевски.

Тунџева покрај тоа што е сопруга на директорот на Агенцијата за Катастар, и самата е во структурите на СДС, па истата е предложена и за заменик член на Избирачки одбор за Избирачко место 2650 во Карпош од партијата СДС. За тоа има доказ објавен во службен гласник на општината. Додека нејзиниот сопруг директорува со Агенцијата за Катастар и ги зголемува цените за услугите на оваа институција и за 5 пати, неговата сопруга, преку нејзината фирми склучува државни тендери во вредност од десетици илјади евра.

Почитувани, ова се договори кои власта ги склучува за сопствени бизнис интереси, додека енормно ги поскапува услугите кои им се неопходни на граѓаните. Оваа власт мора да замине.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.