хамас. палестина Archives - Република https://republika.mk/tema/hamas-palestina/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Dec 2023 07:13:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хамас. палестина Archives - Република https://republika.mk/tema/hamas-palestina/ 32 32 По кратката пауза продолжи војната меѓу Израел и Хамас https://republika.mk/vesti/svet/po-kratkata-pauza-prodolzhi-vojnata-megu-izrael-i-hamas/ Fri, 01 Dec 2023 07:22:35 +0000 https://republika.mk/?p=718177

Израелската војска соопшти дека денеска ја продолжи борбата против Хамас во Газа, откако ја обвини палестинската милитантна група дека го прекршила седумдневното привремено примирје со пукање врз израелска територија.

-Сирени за предупредување за ракети се слушнаа утрово во израелските заедници во близина на границата со Газа. Ова е првпат да се огласат сирени од почетокот на прекинот на огнот на 24 ноември, јавуваат израелските медиуми.

 

Во меѓувреме, израелската војска потврди дека нејзиниот одбранбен систем „Железна купола“ пресретнал ракета истрелана од Газа рано утрово. Засега нема коментар од Хамас.

Четврто лице го загуби животот по вчерашното пукање во Ерусалим, според извештаи на израелските медиуми. Четвртата жртва е „вооружен цивил“ кој се обиде да ги фати двајцата напаѓачи, но израелските сили по грешка го сметале за непријател и тешко го раниле. Тој доцна синоќа починал од здобиените повреди. Двајца од напаѓачите, Мурад Мухамед Нимр и Ибрахим Мухамед Нимр, исто така беа убиени кога израелските сили одговорија на нападот.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху нареди уривање на нивните куќи во источен Ерусалим како казна и одвраќање од идни такви акции

The post По кратката пауза продолжи војната меѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>

Израелската војска соопшти дека денеска ја продолжи борбата против Хамас во Газа, откако ја обвини палестинската милитантна група дека го прекршила седумдневното привремено примирје со пукање врз израелска територија. -Сирени за предупредување за ракети се слушнаа утрово во израелските заедници во близина на границата со Газа. Ова е првпат да се огласат сирени од почетокот на прекинот на огнот на 24 ноември, јавуваат израелските медиуми.   Во меѓувреме, израелската војска потврди дека нејзиниот одбранбен систем „Железна купола“ пресретнал ракета истрелана од Газа рано утрово. Засега нема коментар од Хамас. Четврто лице го загуби животот по вчерашното пукање во Ерусалим, според извештаи на израелските медиуми. Четвртата жртва е „вооружен цивил“ кој се обиде да ги фати двајцата напаѓачи, но израелските сили по грешка го сметале за непријател и тешко го раниле. Тој доцна синоќа починал од здобиените повреди. Двајца од напаѓачите, Мурад Мухамед Нимр и Ибрахим Мухамед Нимр, исто така беа убиени кога израелските сили одговорија на нападот. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху нареди уривање на нивните куќи во источен Ерусалим како казна и одвраќање од идни такви акции

The post По кратката пауза продолжи војната меѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Светот да се обедини за да го победи Хамас https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-svetot-da-se-obedini-za-da-go-pobedi-hamas/ Mon, 16 Oct 2023 17:55:22 +0000 https://republika.mk/?p=691796

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека светот мора да се обедини за да го победи Хамас, како што претходно се обединил за да ги победи терористите на Исламската држава (ИД) или нацистите.

Во своето обраќање во Кнесетот, Нетанјаху истакна дека израелскиот народ е обединет во својата цел да победи.

Нетанјаху кажа ека ќе има истрага за разузнавачките и безбедносните неуспеси што им дозволија на палестинските милитанти на Хамас да извршат таков разорен напад на 7 октомври, при што беа убиени повеќе од 1.300 лица и ранети речиси 4.000, додека се уште се киднапирани околу 200 заложници.

Во говорот во израелскиот Кнесет Нетанјаху нагласи дека сега многумина ширум светот разбираат со што се соочува Израел.

Тие разбираат дека Хамас претставува нова верзија на нацизмот. Како што светот се обедини за да ги победи нацистите и Исламската држава, така мора да се обедини за да го порази Хамас, кажа израелскиот премиер.

Нетанјаху оцени дека израелската војна против Хамас во Појасот Газа е егзистенцијална битка против силите на темнината.

Хамас е дел од оската на злото на Иран и Хезболах. Тие имаат за цел да го втурнат Блискиот Исток во бездната на хаосот, нагласи Нетанјаху.

Тој во говорот ги предупреди и Иран и Хезболах да не ја тестираат трпеливиста на неговата земја со напади на северот.

И по 75 години војната за независност не е завршена. Ќе победиме, бидејќи нашето постоење овде се доведува во прашање, рече израелскиот премиер во обраќањето на отворањето на зимската сесија на израелскиот Кнесет.

The post Нетанјаху: Светот да се обедини за да го победи Хамас appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека светот мора да се обедини за да го победи Хамас, како што претходно се обединил за да ги победи терористите на Исламската држава (ИД) или нацистите. Во своето обраќање во Кнесетот, Нетанјаху истакна дека израелскиот народ е обединет во својата цел да победи. Нетанјаху кажа ека ќе има истрага за разузнавачките и безбедносните неуспеси што им дозволија на палестинските милитанти на Хамас да извршат таков разорен напад на 7 октомври, при што беа убиени повеќе од 1.300 лица и ранети речиси 4.000, додека се уште се киднапирани околу 200 заложници. Во говорот во израелскиот Кнесет Нетанјаху нагласи дека сега многумина ширум светот разбираат со што се соочува Израел.
Тие разбираат дека Хамас претставува нова верзија на нацизмот. Како што светот се обедини за да ги победи нацистите и Исламската држава, така мора да се обедини за да го порази Хамас, кажа израелскиот премиер.
Нетанјаху оцени дека израелската војна против Хамас во Појасот Газа е егзистенцијална битка против силите на темнината.
Хамас е дел од оската на злото на Иран и Хезболах. Тие имаат за цел да го втурнат Блискиот Исток во бездната на хаосот, нагласи Нетанјаху.
Тој во говорот ги предупреди и Иран и Хезболах да не ја тестираат трпеливиста на неговата земја со напади на северот.
И по 75 години војната за независност не е завршена. Ќе победиме, бидејќи нашето постоење овде се доведува во прашање, рече израелскиот премиер во обраќањето на отворањето на зимската сесија на израелскиот Кнесет.

The post Нетанјаху: Светот да се обедини за да го победи Хамас appeared first on Република.

]]>