хакирање Archives - Република https://republika.mk/tema/hakiranje/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Feb 2024 17:54:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хакирање Archives - Република https://republika.mk/tema/hakiranje/ 32 32 Принцот Хари доби судски процес и отштета против таблоидот „Мирор“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/printsot-hari-dobi-sudski-protses-i-otshteta-protiv-tabloidot-miror/ Fri, 09 Feb 2024 17:54:22 +0000 https://republika.mk/?p=742302

Принцот Хари ја доби долготрајната правна постапка против весниците на „Мирор груп“ МГН (Mirror Group Newspapers – МГН), речиси два месеци откако судија во Велика Британија пресуди дека тој бил жртва на хакирање телефони од страна на нивните таблоиди.

Војводата од Сасекс ја тужеше МГН, која ги објавува „Мирор“, „Сандеј Мирор“ и „Сандеј Пипл“, тврдејќи дека нејзините новинари применувале измамнички и незаконски методи, вклучително и хакирање телефони. Судија на Високиот суд пресуди во корист на војводата во декември, откако најде докази за слични практики поврзани со 15 од 33-те написи што Хари ги поднесе како докази во случајот.

Судијата Тимоти Фанкур изјави дека личниот телефон на Хари бил хакиран помеѓу 2003 и 2009 година и дека 15-те написи биле „производ на хакирање телефон … или производ на друго незаконско собирање информации“. Тој заклучи дека хакирањето телефони било „раширено и вообичаено“ во насловите на МГН кон крајот на 1990-тите, но дека телефонот на војводата бил прислушуван само во „мал степен“.

Судијата досуди отштета за принцот Хари од 177.000 долари. Правното барање на Хари вклучуваше дополнителни 115 написи и тие би можеле да станат предмет на понатамошни судски спорови.

По сослушувањето на Високиот суд, неговиот адвокат Дејвид Шерборн потврди дека е постигнат договор меѓу војводата и МГН да се откажат од нерешените делови од неговото барање.

The post Принцот Хари доби судски процес и отштета против таблоидот „Мирор“ appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари ја доби долготрајната правна постапка против весниците на „Мирор груп“ МГН (Mirror Group Newspapers – МГН), речиси два месеци откако судија во Велика Британија пресуди дека тој бил жртва на хакирање телефони од страна на нивните таблоиди. Војводата од Сасекс ја тужеше МГН, која ги објавува „Мирор“, „Сандеј Мирор“ и „Сандеј Пипл“, тврдејќи дека нејзините новинари применувале измамнички и незаконски методи, вклучително и хакирање телефони. Судија на Високиот суд пресуди во корист на војводата во декември, откако најде докази за слични практики поврзани со 15 од 33-те написи што Хари ги поднесе како докази во случајот. Судијата Тимоти Фанкур изјави дека личниот телефон на Хари бил хакиран помеѓу 2003 и 2009 година и дека 15-те написи биле „производ на хакирање телефон … или производ на друго незаконско собирање информации“. Тој заклучи дека хакирањето телефони било „раширено и вообичаено“ во насловите на МГН кон крајот на 1990-тите, но дека телефонот на војводата бил прислушуван само во „мал степен“. Судијата досуди отштета за принцот Хари од 177.000 долари. Правното барање на Хари вклучуваше дополнителни 115 написи и тие би можеле да станат предмет на понатамошни судски спорови. По сослушувањето на Високиот суд, неговиот адвокат Дејвид Шерборн потврди дека е постигнат договор меѓу војводата и МГН да се откажат од нерешените делови од неговото барање.

The post Принцот Хари доби судски процес и отштета против таблоидот „Мирор“ appeared first on Република.

]]>
Косовскиот Телеком остана без интернет поради кибер-напади https://republika.mk/vesti/balkan/kosovskiot-telekom-ostana-bez-internet-poradi-kiber-napadi/ Tue, 13 Sep 2022 15:59:36 +0000 https://republika.mk/?p=550462

Косовскиот Телеком денеска беше цел на кибер-напади, поради што паднаа неговите интернет услуги, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата во изјава за медиумите ја потврди портпаролот на Телекомот, Фадиљ Лепаја, кој информира дека нападите започнале во осум часот наутро.

– Косовскиот Телеком денеска се соочува со кибернетички напади, кои започнаа во 8 часот наутро. Нашите тимови ги идентификуваа ИП-адресите кои напаѓаат и интензивно се залагаат за конечно прекинување на нападите, изјави Лепаја.

Во Косово во претходните денови беа нападнати палтформата Е-Косова, страницата на Владата, на неколку министерства, на полицијата на Косово и на повеќе онлајн медиуми.

Дел од медиумите во Приштина и денешната ненајавена и ненадејна посета на Албин Курти на Тирана и средбата со албанскиот премиер Еди Рама, ги доведуваат во врска со кибер-нападите врз двете држави.

Неколку земји од регионот во последно време се соочуваат со пораст на кибер-нападите, поради што Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран, затоа што се претпоставува дека таа држава стои зад нападите врз институциите, меѓу кои и против системот на граничните служби.

The post Косовскиот Телеком остана без интернет поради кибер-напади appeared first on Република.

]]>

Косовскиот Телеком денеска беше цел на кибер-напади, поради што паднаа неговите интернет услуги, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата во изјава за медиумите ја потврди портпаролот на Телекомот, Фадиљ Лепаја, кој информира дека нападите започнале во осум часот наутро.
– Косовскиот Телеком денеска се соочува со кибернетички напади, кои започнаа во 8 часот наутро. Нашите тимови ги идентификуваа ИП-адресите кои напаѓаат и интензивно се залагаат за конечно прекинување на нападите, изјави Лепаја.
Во Косово во претходните денови беа нападнати палтформата Е-Косова, страницата на Владата, на неколку министерства, на полицијата на Косово и на повеќе онлајн медиуми. Дел од медиумите во Приштина и денешната ненајавена и ненадејна посета на Албин Курти на Тирана и средбата со албанскиот премиер Еди Рама, ги доведуваат во врска со кибер-нападите врз двете држави. Неколку земји од регионот во последно време се соочуваат со пораст на кибер-нападите, поради што Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран, затоа што се претпоставува дека таа држава стои зад нападите врз институциите, меѓу кои и против системот на граничните служби.

The post Косовскиот Телеком остана без интернет поради кибер-напади appeared first on Република.

]]>
Анонимус ја хакираа Централната банка на Русија, најавија објавување на тајни податоци https://republika.mk/vesti/svet/anonimus-ja-hakiraa-centralnata-banka-na-rusija-najavija-objavuvanje-na-tajni-podatoci/ Thu, 24 Mar 2022 11:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=477663

Хакерската група Анонимус објави дека ја хакирале Централната банка на Русија и дека ќе објават повеќе од 35.000 податоци.

Групата Анонимус на својот Твитер профил објави дека нивната заедница ја хакирала Централната банка на Русија. Тие тврдат дека во следните 48 часа ќе објават повеќе од 35.000 документи, меѓу кои и тајни договори.

Анонимус е најекспонираната хакерска заедница во светот, која објави војна на Русија по руската инвазија на Украина.

Претходно се пофалија дека на 26 февруари ги хакирале државните ТВ канали во Русија и ја објавиле вистината за тоа што се случува во Украина.

The post Анонимус ја хакираа Централната банка на Русија, најавија објавување на тајни податоци appeared first on Република.

]]>

Хакерската група Анонимус објави дека ја хакирале Централната банка на Русија и дека ќе објават повеќе од 35.000 податоци. Групата Анонимус на својот Твитер профил објави дека нивната заедница ја хакирала Централната банка на Русија. Тие тврдат дека во следните 48 часа ќе објават повеќе од 35.000 документи, меѓу кои и тајни договори. Анонимус е најекспонираната хакерска заедница во светот, која објави војна на Русија по руската инвазија на Украина. Претходно се пофалија дека на 26 февруари ги хакирале државните ТВ канали во Русија и ја објавиле вистината за тоа што се случува во Украина.

The post Анонимус ја хакираа Централната банка на Русија, најавија објавување на тајни податоци appeared first on Република.

]]>