хаити Archives - Република https://republika.mk/tema/haiti/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 09:27:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хаити Archives - Република https://republika.mk/tema/haiti/ 32 32 Хуманитарната криза на Хаити се влошува, дивеењето на бандите се шири https://republika.mk/vesti/svet/humanitarnata-kriza-na-haiti-se-vloshuva-diveeneto-na-bandite-se-shiri/ Sat, 21 Sep 2024 09:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=818426

Експерт за човекови права на Обединетите нации предупреди дека насилството од бандите на Хаити продолжува да се шири, бидејќи мисијата назначена од светската организација да се бори против криминалците во оваа проблематична карипска земја сè уште е недоволно финансирана и има недостиг на кадар.

Националната полиција на Хаити сè уште нема „логистички и технички капацитет“ да се бори против бандите кои сега дивеат на нови територии, со оружје и муниција што влегуваат на Хаити и покрај меѓународното ембарго. Хуманитарните последици се драматични, инфлацијата галопира, има недостиг од основни потреби и има голем број внатрешно раселени лица, вели Вилијам О'Нил, кој го посети Хаити оваа недела, земја која го дели карипскиот остров Хиспаниола со Доминиканската Република.

О'Нил предупреди дека тоа само ја влошува ранливоста на населението, особено на жените и децата.

Од април до крајот на јуни, според Обединетите нации, најмалку 1.379 луѓе биле убиени или повредени на Хаити, а 428 биле киднапирани.

The post Хуманитарната криза на Хаити се влошува, дивеењето на бандите се шири appeared first on Република.

]]>

Експерт за човекови права на Обединетите нации предупреди дека насилството од бандите на Хаити продолжува да се шири, бидејќи мисијата назначена од светската организација да се бори против криминалците во оваа проблематична карипска земја сè уште е недоволно финансирана и има недостиг на кадар.
Националната полиција на Хаити сè уште нема „логистички и технички капацитет“ да се бори против бандите кои сега дивеат на нови територии, со оружје и муниција што влегуваат на Хаити и покрај меѓународното ембарго. Хуманитарните последици се драматични, инфлацијата галопира, има недостиг од основни потреби и има голем број внатрешно раселени лица, вели Вилијам О'Нил, кој го посети Хаити оваа недела, земја која го дели карипскиот остров Хиспаниола со Доминиканската Република.
О'Нил предупреди дека тоа само ја влошува ранливоста на населението, особено на жените и децата. Од април до крајот на јуни, според Обединетите нации, најмалку 1.379 луѓе биле убиени или повредени на Хаити, а 428 биле киднапирани.

The post Хуманитарната криза на Хаити се влошува, дивеењето на бандите се шири appeared first on Република.

]]>
Франција со специјални летови ќе ги евакуира своите загрозени граѓани од Хаити https://republika.mk/vesti/svet/frantsija-so-spetsijalni-letovi-ke-gi-evakuira-svoite-zagrozeni-gragani-od-haiti/ Sun, 24 Mar 2024 18:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=758281

Франција денеска воспостави специјални летови за да им овозможи на своите „најзагрозени“ граѓани да го напуштат Хаити, чиј главен град е цел на насилство од вооружени банди.

Тие летови, кои ќе ги обезбеди француското Министерство за одбрана, треба да започнат во текот на неделата, соопшти денеска француската дипломатија, додавајќи дека комерцијалните летови со Порт-о-Пренс се во прекин.

„Француската амбасада во Порт-о-Пренс останува отворена и ја продолжува својата активност и покрај влошените услови“, соопшти француското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека амбасадата е мобилизирана за да им даде поддршка на Французите на терен.

Околу 1.100 Французи, вклучително и оние со двојно државјанство, живеат на Хаити.

Хаити, кој веќе има многу сериозна политичка и безбедносна криза, е цел на насилство од почетокот на март, кога неколку вооружени банди ги здружија силите за да нападнат стратешки локации во Порт-о-Пренс во обид да го соборат премиерот Ариел Анри.

Анри се согласи да поднесе оставка на 11 март и оттогаш траат преговорите за формирање преодна влада.

Во меѓувреме, вооружените банди ги засилуваат нападите во главниот град и контролираат околу 80 отсто од Порт-о-Пренс.

The post Франција со специјални летови ќе ги евакуира своите загрозени граѓани од Хаити appeared first on Република.

]]>

Франција денеска воспостави специјални летови за да им овозможи на своите „најзагрозени“ граѓани да го напуштат Хаити, чиј главен град е цел на насилство од вооружени банди. Тие летови, кои ќе ги обезбеди француското Министерство за одбрана, треба да започнат во текот на неделата, соопшти денеска француската дипломатија, додавајќи дека комерцијалните летови со Порт-о-Пренс се во прекин.
„Француската амбасада во Порт-о-Пренс останува отворена и ја продолжува својата активност и покрај влошените услови“, соопшти француското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека амбасадата е мобилизирана за да им даде поддршка на Французите на терен.
Околу 1.100 Французи, вклучително и оние со двојно државјанство, живеат на Хаити. Хаити, кој веќе има многу сериозна политичка и безбедносна криза, е цел на насилство од почетокот на март, кога неколку вооружени банди ги здружија силите за да нападнат стратешки локации во Порт-о-Пренс во обид да го соборат премиерот Ариел Анри. Анри се согласи да поднесе оставка на 11 март и оттогаш траат преговорите за формирање преодна влада. Во меѓувреме, вооружените банди ги засилуваат нападите во главниот град и контролираат околу 80 отсто од Порт-о-Пренс.

The post Франција со специјални летови ќе ги евакуира своите загрозени граѓани од Хаити appeared first on Република.

]]>
Американската армија го евакуира персоналот од Амбасадата на САД во Хаити https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-armija-go-evakuira-personalot-od-ambasadata-na-sad-vo-haiti/ Sun, 10 Mar 2024 15:18:37 +0000 https://republika.mk/?p=753359

Американската армија денеска соопшти дека по воздушен пат спровела евакуација на персоналот од Амбасадата на САД од главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, со цел да ја засили безбедноста на Амбасадата додека во земјата трае вонредната состојба.

Во соопштението на Американската јужна команда се наведува дека САД остануваат посветени на поддршката за полицијата на Хаити, на плановите за распоредување на мисија на Обединетите нации, како и мирна транзиција на власта преку слободни и фер избори.

На Хаити минатата недела е прогласена вонредна состојба по ескалацијата на насилството помеѓу вооружените банди кои бараат оставка од премиерот Аријел Анри.

Претходно, портпаролот на Американската јужна команда, Мејсон Енглхарт истакна дека САД размислуваат и за испраќање на маринци на Хаити.

Распоредувањето на тимот „ФАСТ“ (FAST) е една од опциите што ги има Министерството за одбрана доколку Стејт департментот побара безбедносна поддршка од Американската амбасада во Порт-о-Пренс, наведе Енглхарт.

The post Американската армија го евакуира персоналот од Амбасадата на САД во Хаити appeared first on Република.

]]>

Американската армија денеска соопшти дека по воздушен пат спровела евакуација на персоналот од Амбасадата на САД од главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, со цел да ја засили безбедноста на Амбасадата додека во земјата трае вонредната состојба. Во соопштението на Американската јужна команда се наведува дека САД остануваат посветени на поддршката за полицијата на Хаити, на плановите за распоредување на мисија на Обединетите нации, како и мирна транзиција на власта преку слободни и фер избори. На Хаити минатата недела е прогласена вонредна состојба по ескалацијата на насилството помеѓу вооружените банди кои бараат оставка од премиерот Аријел Анри. Претходно, портпаролот на Американската јужна команда, Мејсон Енглхарт истакна дека САД размислуваат и за испраќање на маринци на Хаити. Распоредувањето на тимот „ФАСТ“ (FAST) е една од опциите што ги има Министерството за одбрана доколку Стејт департментот побара безбедносна поддршка од Американската амбасада во Порт-о-Пренс, наведе Енглхарт.

The post Американската армија го евакуира персоналот од Амбасадата на САД во Хаити appeared first on Република.

]]>
САД размислуваат да испратат маринци на Хаити https://republika.mk/vesti/svet/sad-razmisluvaat-da-ispratat-marintsi-na-haiti/ Sat, 09 Mar 2024 17:02:47 +0000 https://republika.mk/?p=753074

Соединетите држави размислуваат да испратат маринци на Хаити, поради влошената безбедносна ситуација во земјата, изјави портпаролот на Јужните поморски сили Мејсон Енглхарт.

Распоредувањето на тимот ФАСТ (FAST) е една од опциите што ги има Министерството за одбрана доколку Стејт департментот побара безбедносна поддршка од американската амбасада во Порт-о-Пренс, рече тој.

Антитерористичките безбедносни тимови на Маринскиот корпус, познати како ФАСТ, се распоредени ширум светот во ограничен временски период за заштита или враќање на американските средства.

Во средата американската амбасада на Хаити ги повика Американците што поскоро да ја напуштат земјата.

Банди на Хаити извршија големи вооружени напади во текот на ноќта врз неколку владини згради, вклучувајќи ја и претседателската палата во Порт-о-Пренс, соопштија безбедносни извори.

Главниот град на Хаити со денови е зафатен од бран на добро координирани напади врз органите на редот и државните институции, чија цел е да се собори владата на премиерот Ариел Хенри.

Пукањето во центарот на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс и во областа на меѓународниот аеродром во градот започна на 29 февруари, додека премиерот Ариел Хенри беше во официјална посета на Кенија, обидувајќи се да ги финализира деталите за распоредувањето на странски вооружен контингент до Хаити за борба против бандите.

Во 2023 година, повеќе од 8.400 луѓе на Хаити беа убиени, повредени или киднапирани, што е двојно повеќе од бројот во 2022 година. ОН проценуваат дека на речиси половина од 11-те милиони Хаити им е потребна хуманитарна помош.

The post САД размислуваат да испратат маринци на Хаити appeared first on Република.

]]>

Соединетите држави размислуваат да испратат маринци на Хаити, поради влошената безбедносна ситуација во земјата, изјави портпаролот на Јужните поморски сили Мејсон Енглхарт.
Распоредувањето на тимот ФАСТ (FAST) е една од опциите што ги има Министерството за одбрана доколку Стејт департментот побара безбедносна поддршка од американската амбасада во Порт-о-Пренс, рече тој.
Антитерористичките безбедносни тимови на Маринскиот корпус, познати како ФАСТ, се распоредени ширум светот во ограничен временски период за заштита или враќање на американските средства. Во средата американската амбасада на Хаити ги повика Американците што поскоро да ја напуштат земјата. Банди на Хаити извршија големи вооружени напади во текот на ноќта врз неколку владини згради, вклучувајќи ја и претседателската палата во Порт-о-Пренс, соопштија безбедносни извори. Главниот град на Хаити со денови е зафатен од бран на добро координирани напади врз органите на редот и државните институции, чија цел е да се собори владата на премиерот Ариел Хенри. Пукањето во центарот на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс и во областа на меѓународниот аеродром во градот започна на 29 февруари, додека премиерот Ариел Хенри беше во официјална посета на Кенија, обидувајќи се да ги финализира деталите за распоредувањето на странски вооружен контингент до Хаити за борба против бандите. Во 2023 година, повеќе од 8.400 луѓе на Хаити беа убиени, повредени или киднапирани, што е двојно повеќе од бројот во 2022 година. ОН проценуваат дека на речиси половина од 11-те милиони Хаити им е потребна хуманитарна помош.

The post САД размислуваат да испратат маринци на Хаити appeared first on Република.

]]>
СБ на ОН загрижен поради ситуацијата во Хаити https://republika.mk/vesti/svet/sb-na-on-zagrizhen-poradi-situatsijata-vo-haiti/ Thu, 07 Mar 2024 07:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=752096

Советот за безбедност на Обединети нации изрази загриженост поради влошувањето на ситуацијата на Хаити.

Вооружените банди кои контролираат делови од земјата минатата недела почнаа координирани напори за соборување на отсутниот премиер Ариел Хенри, напаѓајќи го аеродромот, затворите и полициските станици и заканувајќи се со целосна граѓанска војна.

САД го повикаа премиерот Хенри да одржи слободни избори, но не побараа негова оставка, клучното барање на лидерот на моќната банда Џими Черисие. Тој е на власт од атентатот на претседателот Џовенел Моис во 2021 година, а Хенри требаше да ја напушти функцијата во февруари, но наместо тоа, се согласи на договор за поделба на власта со опозицијата до одржување на нови избори.

Черисие пред два дена предупреди дека влошувањето на ситуацијата ќе доведе до граѓанска војна и масовно крвопролевање доколку Хенри не се повлече од функцијата.

Најмалку 15.000 луѓе побегнаа од најтешко погодените делови на Порт-о-Пренс, а загинаа 1.193 лица. Шефот за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк вчера ја опиша ситуацијата како „неодржлива“.

Во екот на најновите немири, Хенри не можеше да се врати дома. Тој беше во Кенија за да изврши притисок за распоредување на мултинационална безбедносна мисија поддржана од ОН за да помогне да се стабилизира неговата земја кога започна обидот за негово соборување.

The post СБ на ОН загрижен поради ситуацијата во Хаити appeared first on Република.

]]>

Советот за безбедност на Обединети нации изрази загриженост поради влошувањето на ситуацијата на Хаити. Вооружените банди кои контролираат делови од земјата минатата недела почнаа координирани напори за соборување на отсутниот премиер Ариел Хенри, напаѓајќи го аеродромот, затворите и полициските станици и заканувајќи се со целосна граѓанска војна. САД го повикаа премиерот Хенри да одржи слободни избори, но не побараа негова оставка, клучното барање на лидерот на моќната банда Џими Черисие. Тој е на власт од атентатот на претседателот Џовенел Моис во 2021 година, а Хенри требаше да ја напушти функцијата во февруари, но наместо тоа, се согласи на договор за поделба на власта со опозицијата до одржување на нови избори. Черисие пред два дена предупреди дека влошувањето на ситуацијата ќе доведе до граѓанска војна и масовно крвопролевање доколку Хенри не се повлече од функцијата. Најмалку 15.000 луѓе побегнаа од најтешко погодените делови на Порт-о-Пренс, а загинаа 1.193 лица. Шефот за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк вчера ја опиша ситуацијата како „неодржлива“. Во екот на најновите немири, Хенри не можеше да се врати дома. Тој беше во Кенија за да изврши притисок за распоредување на мултинационална безбедносна мисија поддржана од ОН за да помогне да се стабилизира неговата земја кога започна обидот за негово соборување.

The post СБ на ОН загрижен поради ситуацијата во Хаити appeared first on Република.

]]>
Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници https://republika.mk/vesti/svet/vonredna-sostojba-na-haiti-bandi-upadnaa-vo-zatvor-oslobodija-4-000-zatvorenitsi/ Mon, 04 Mar 2024 07:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=750912

Хаити прогласи 72-часовна вонредна состојба и воведе полициски час, а владата најави дека ќе започне потрага по убијци, киднапери и други насилни криминалци за кои верува дека избегале од затвор откако бандите ги ослободиле речиси сите машки затвореници, јави утрово Би-Би-Си.

Вооружени банди упаднаа во затвор во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс и ослободија голем број затвореници. Повеќето од околу 4.000 мажи затворени во главниот град побегнаа, изјави локален новинар за Би-Би-Си Њуз. Меѓу затворениците имало и членови на бандата обвинета за убиство на претседателот Жовенел Мојзе во 2021 година.

„На полицијата и е наредено да ги искористи сите средства што ѝ се на располагање за да го спроведе полицискиот час и да ги уапси сите прекршители“, рече министерот за финансии Патрик Бовавер, кој ја извршува функцијата премиер.

Насилството во Хаити, најсиромашната земја во Америка, ескалираше во последниве години, а, бандите кои се обидуваат да го соборат привремениот претседател Ариел Анри, контролираат 80 отсто од Порт-о-Пренс.

Последниот бран на насилство започна во четвртокот, кога претседателот отпатува за Најроби за да разговара за доаѓањето на меѓународните безбедносни сили предводени од Кенија.

Водачот на бандата, Џими Шеризије, изјави дека ќе води координиран напад за соборување на Анри, додавајќи дека целта на нападот била да се фати шефот на полицијата и министрите на Хаити и да се спречи враќањето на Анри.

„Сите ние, вооружените групи во провинциските градови и вооружените групи во главниот град, сме обединети“, изјави поранешен полицаец за кој се верува дека стои зад неколку масакри во главниот град, пренесе Би-би-си.

Во бранот вооружени напади загинаа четворица полицајци, а петмина се ранети. Француската амбасада на Хаити советуваше да не се патува во главниот град и неговата околина. Полицискиот синдикат на Хаити побара помош од војската за обезбедување на затворот, но нивниот штаб беше нападнат доцна навечер во саботата. Арнел Реми, адвокат за човекови права чија непрофитна организација работи во затворот, на Икс објави дека помалку од 100 од скоро 4.000 затвореници останале зад решетки.

Од атентатот на претседателот Мојзе во 2021 година, насилството е во пораст на Хаити. Негов наследник се уште не е избран, а избори не се одржани од 2016 година. Според политичкиот договор, требаше да се одржат избори и Анри требаше да се повлече до 7 февруари, но тоа не се случи. Во јануари, ОН објавија дека повеќе од 8.400 луѓе биле жртви на насилство на банди на Хаити минатата година, вклучувајќи убиства, повреди и киднапирања, што е двојно повеќе од бројот регистриран во 2022 година.

The post Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници appeared first on Република.

]]>

Хаити прогласи 72-часовна вонредна состојба и воведе полициски час, а владата најави дека ќе започне потрага по убијци, киднапери и други насилни криминалци за кои верува дека избегале од затвор откако бандите ги ослободиле речиси сите машки затвореници, јави утрово Би-Би-Си. Вооружени банди упаднаа во затвор во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс и ослободија голем број затвореници. Повеќето од околу 4.000 мажи затворени во главниот град побегнаа, изјави локален новинар за Би-Би-Си Њуз. Меѓу затворениците имало и членови на бандата обвинета за убиство на претседателот Жовенел Мојзе во 2021 година. „На полицијата и е наредено да ги искористи сите средства што ѝ се на располагање за да го спроведе полицискиот час и да ги уапси сите прекршители“, рече министерот за финансии Патрик Бовавер, кој ја извршува функцијата премиер. Насилството во Хаити, најсиромашната земја во Америка, ескалираше во последниве години, а, бандите кои се обидуваат да го соборат привремениот претседател Ариел Анри, контролираат 80 отсто од Порт-о-Пренс. Последниот бран на насилство започна во четвртокот, кога претседателот отпатува за Најроби за да разговара за доаѓањето на меѓународните безбедносни сили предводени од Кенија. Водачот на бандата, Џими Шеризије, изјави дека ќе води координиран напад за соборување на Анри, додавајќи дека целта на нападот била да се фати шефот на полицијата и министрите на Хаити и да се спречи враќањето на Анри. „Сите ние, вооружените групи во провинциските градови и вооружените групи во главниот град, сме обединети“, изјави поранешен полицаец за кој се верува дека стои зад неколку масакри во главниот град, пренесе Би-би-си. Во бранот вооружени напади загинаа четворица полицајци, а петмина се ранети. Француската амбасада на Хаити советуваше да не се патува во главниот град и неговата околина. Полицискиот синдикат на Хаити побара помош од војската за обезбедување на затворот, но нивниот штаб беше нападнат доцна навечер во саботата. Арнел Реми, адвокат за човекови права чија непрофитна организација работи во затворот, на Икс објави дека помалку од 100 од скоро 4.000 затвореници останале зад решетки. Од атентатот на претседателот Мојзе во 2021 година, насилството е во пораст на Хаити. Негов наследник се уште не е избран, а избори не се одржани од 2016 година. Според политичкиот договор, требаше да се одржат избори и Анри требаше да се повлече до 7 февруари, но тоа не се случи. Во јануари, ОН објавија дека повеќе од 8.400 луѓе биле жртви на насилство на банди на Хаити минатата година, вклучувајќи убиства, повреди и киднапирања, што е двојно повеќе од бројот регистриран во 2022 година.

The post Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници appeared first on Република.

]]>
Хаити и Португалија обезбедија дебитантски настапи на женското фудбалско Светско првенство https://republika.mk/sport/fudbal/haiti-i-portugalija-obezbedija-debitantski-nastapi-na-zhenskotot-fudbalsko-svetsko-prvenstvo/ Wed, 22 Feb 2023 15:32:20 +0000 https://republika.mk/?p=612001

Репрезентациите на Португалија и Хаити пополнија две од преостанатите три места за настап на Светското фудбалско првенство во женска конкуренција кое ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд од 20 јули до 20 август.

Својот дебитантски настап на мундијалскиот турнир, фудбалерките на Португалија го обезбедија во плејофот против Камерун, со триумф од 2-1 по продолжение. Натпреварот се одигра во новозеландскиот град Хамилтон.

Португалија на Мундијалот ќе игра во групата Е против САД, Виетнам и Холандија.

Претходно, свое прво Светско првенство обезбеди и Хаити триумфирајќи против Чиле со 2-1, во дуел што играше во Оукленд. Хаити на завршниот турнир ќе биде во групата Д со Англија, Данска и Кина.

Последниот учесник на претстојното Светско првенство ќе биде познат по одигрување на плејоф-мечот меѓу репрезентациите на Панама и Парагвај, а победникот ќе игра во групата Ф со Бразил, Јамајка и Франција.

The post Хаити и Португалија обезбедија дебитантски настапи на женското фудбалско Светско првенство appeared first on Република.

]]>

Репрезентациите на Португалија и Хаити пополнија две од преостанатите три места за настап на Светското фудбалско првенство во женска конкуренција кое ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд од 20 јули до 20 август. Својот дебитантски настап на мундијалскиот турнир, фудбалерките на Португалија го обезбедија во плејофот против Камерун, со триумф од 2-1 по продолжение. Натпреварот се одигра во новозеландскиот град Хамилтон. Португалија на Мундијалот ќе игра во групата Е против САД, Виетнам и Холандија. Претходно, свое прво Светско првенство обезбеди и Хаити триумфирајќи против Чиле со 2-1, во дуел што играше во Оукленд. Хаити на завршниот турнир ќе биде во групата Д со Англија, Данска и Кина. Последниот учесник на претстојното Светско првенство ќе биде познат по одигрување на плејоф-мечот меѓу репрезентациите на Панама и Парагвај, а победникот ќе игра во групата Ф со Бразил, Јамајка и Франција.

The post Хаити и Португалија обезбедија дебитантски настапи на женското фудбалско Светско првенство appeared first on Република.

]]>
Гутереш: ОН под итно треба да распореди меѓународни специјализирани воени сили на Хаити https://republika.mk/vesti/svet/guteresh-on-pod-itno-treba-da-rasporedi-megjunarodni-specijalizirani-voeni-sili-na-haiti/ Mon, 10 Oct 2022 06:26:16 +0000 https://republika.mk/?p=559208

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара од Советот за безбедност на ОН итно да го разгледа барањето на Хаити за распоредување на меѓународни специјализирани воени сили за да помогнат во решавањето на хуманитарната криза во земјата, изјави вчера портпаролот на ОН.

-Генералниот секретар е многу загрижен за ситуацијата на Хаити, која се соочува со епидемија на колера во услови на драматично влошување на безбедноста, што ја парализираше земјата, рече Стефан Дужариќ.

Животот на Хаити од минатиот месец е речиси замрен откако повеќе банди го блокираа терминалот за гориво во Варо. Недостигот на гориво го оневозможува транспортот и ги принуди бизнисите, како и болниците, да престанат со работа.

Тоа доведе и до недостиг од вода во шишиња, токму во моментот кога земјата ја потврди новата епидемија на колера, чие ширење најдобро се контролира со хигиена и чиста вода.

Владата на Хаити во петокот го овласти премиерот Ариел Анри да побара „специјализирана воена сила“ од меѓународната заедница за да помогне во решавање на кризата предизвикана од блокадата на клучните пристаништа за гориво.

-Гутереш вчера испрати писмо до Советот за безбедност со опции за засилена безбедносна поддршка, додаде Дужариќ.

Група хаитски интелектуалци и активисти кои жестоко го критикуваат премиерот Анри, го опишаа неговиот чин како предавство и додаде дека странските сили само ќе ги влошат работите во земјата.

The post Гутереш: ОН под итно треба да распореди меѓународни специјализирани воени сили на Хаити appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара од Советот за безбедност на ОН итно да го разгледа барањето на Хаити за распоредување на меѓународни специјализирани воени сили за да помогнат во решавањето на хуманитарната криза во земјата, изјави вчера портпаролот на ОН.
-Генералниот секретар е многу загрижен за ситуацијата на Хаити, која се соочува со епидемија на колера во услови на драматично влошување на безбедноста, што ја парализираше земјата, рече Стефан Дужариќ.
Животот на Хаити од минатиот месец е речиси замрен откако повеќе банди го блокираа терминалот за гориво во Варо. Недостигот на гориво го оневозможува транспортот и ги принуди бизнисите, како и болниците, да престанат со работа. Тоа доведе и до недостиг од вода во шишиња, токму во моментот кога земјата ја потврди новата епидемија на колера, чие ширење најдобро се контролира со хигиена и чиста вода. Владата на Хаити во петокот го овласти премиерот Ариел Анри да побара „специјализирана воена сила“ од меѓународната заедница за да помогне во решавање на кризата предизвикана од блокадата на клучните пристаништа за гориво.
-Гутереш вчера испрати писмо до Советот за безбедност со опции за засилена безбедносна поддршка, додаде Дужариќ.
Група хаитски интелектуалци и активисти кои жестоко го критикуваат премиерот Анри, го опишаа неговиот чин како предавство и додаде дека странските сили само ќе ги влошат работите во земјата.

The post Гутереш: ОН под итно треба да распореди меѓународни специјализирани воени сили на Хаити appeared first on Република.

]]>
Хаити бара распоредување меѓународни сили за да се справи со бандите и демонстрантите во земјата https://republika.mk/vesti/haiti-bara-rasporeduvanje-megjunarodni-sili-za-da-se-spravi-so-bandite-i-demonstrantite-vo-zemjata/ Sat, 08 Oct 2022 07:36:31 +0000 https://republika.mk/?p=558661

Владата на Хаити одлучи да побара помош од меѓународни трупи откако банди и демонстранти ја парализираа државата.

Премиерот на Хаити, Ариел Анри апелираше до меѓународните партнери „веднаш да распоредат специјализирани вооружени сили, во доволен број“, за да се запре кризата ширум земјата, делумно предизвикана од „криминалните дејствија на вооружените банди“.

Во документот што го објави Владата, а кој го потпишаа премиерот и 18 функционери, се посочува дека ситуацијата е критична и дека на Хаити му се заканува „хуманитарна криза“, која може да ги загрози животите на илјадници луѓе бидејќи се намалуваат залихите на вода, гориво и основни производи.

Императив е да се рестартираат активностите за да се избегне целосно задушување на националната економија - се наведува во документот.

Амбасадата на САД вчера ги повика своите граѓани да го напуштат Хаити поради здравствената и безбедносната криза на островот.

Хаити се соочува со хронични проблеми со насилство и блокада на пристаништата од криминални банди, економска и политичка криза и граѓански немири низ островот ескалираа откако властите на 11 септември објавија крај на владините субвенции за гориво, што доведе до вртоглаво покачување на цените на бензинот и дизелот.

Минатиот месец, министерот за здравство на Хаити рече дека најмалку седум лица починале од колера, укажувајќи на проблемите со пристапот до чиста вода за пиење во најсиромашната земја во Америка. Oд епидемијата на болеста во 2010 година на островот живот загубија над 10.000 луѓе.

The post Хаити бара распоредување меѓународни сили за да се справи со бандите и демонстрантите во земјата appeared first on Република.

]]>

Владата на Хаити одлучи да побара помош од меѓународни трупи откако банди и демонстранти ја парализираа државата. Премиерот на Хаити, Ариел Анри апелираше до меѓународните партнери „веднаш да распоредат специјализирани вооружени сили, во доволен број“, за да се запре кризата ширум земјата, делумно предизвикана од „криминалните дејствија на вооружените банди“. Во документот што го објави Владата, а кој го потпишаа премиерот и 18 функционери, се посочува дека ситуацијата е критична и дека на Хаити му се заканува „хуманитарна криза“, која може да ги загрози животите на илјадници луѓе бидејќи се намалуваат залихите на вода, гориво и основни производи.
Императив е да се рестартираат активностите за да се избегне целосно задушување на националната економија - се наведува во документот.
Амбасадата на САД вчера ги повика своите граѓани да го напуштат Хаити поради здравствената и безбедносната криза на островот. Хаити се соочува со хронични проблеми со насилство и блокада на пристаништата од криминални банди, економска и политичка криза и граѓански немири низ островот ескалираа откако властите на 11 септември објавија крај на владините субвенции за гориво, што доведе до вртоглаво покачување на цените на бензинот и дизелот. Минатиот месец, министерот за здравство на Хаити рече дека најмалку седум лица починале од колера, укажувајќи на проблемите со пристапот до чиста вода за пиење во најсиромашната земја во Америка. Oд епидемијата на болеста во 2010 година на островот живот загубија над 10.000 луѓе.

The post Хаити бара распоредување меѓународни сили за да се справи со бандите и демонстрантите во земјата appeared first on Република.

]]>
Осум турски државјани киднапирани на Хаити https://republika.mk/vesti/svet/osum-turski-drzavjani-kidnapirani-na-haiti/ Mon, 09 May 2022 08:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=499777

Осум турски државјани, од кои неколку жени, се киднапирани на Хаити, јави медиумската куќа „Хаити24″.

Инцидентот се случил синоќа попладнето на автопатот осум што ги поврзува Доминиканската Република и Хаити. Притоа вооружени лица во областа Кроа де Букет го запреле автобусот со кој патувале турските државјани. Властите биле информирани за нападот, а досега не е побаран откуп за киднапираните.

Минатиот петок локална банда киднапираше доминикански дипломат кој беше ослободен по четири дена минати во заложништво.

Две вооружени банди водат меѓусебни престрелки за контрола на територија во областа Кроа де Букет Во оружените судири меѓу припадници на двете банди изминатите две седмици беа убиени најмалку 75 лица, десетици се ранети, а илјадници раселени.

The post Осум турски државјани киднапирани на Хаити appeared first on Република.

]]>

Осум турски државјани, од кои неколку жени, се киднапирани на Хаити, јави медиумската куќа „Хаити24″. Инцидентот се случил синоќа попладнето на автопатот осум што ги поврзува Доминиканската Република и Хаити. Притоа вооружени лица во областа Кроа де Букет го запреле автобусот со кој патувале турските државјани. Властите биле информирани за нападот, а досега не е побаран откуп за киднапираните. Минатиот петок локална банда киднапираше доминикански дипломат кој беше ослободен по четири дена минати во заложништво. Две вооружени банди водат меѓусебни престрелки за контрола на територија во областа Кроа де Букет Во оружените судири меѓу припадници на двете банди изминатите две седмици беа убиени најмалку 75 лица, десетици се ранети, а илјадници раселени.

The post Осум турски државјани киднапирани на Хаити appeared first on Република.

]]>
На Јамајка уапсен политичар од Хаити, осомничен за убиството на претседателот Моиз https://republika.mk/vesti/svet/na-jamajka-uapsen-politichar-od-haiti-osomnichen-za-ubistvoto-na-pretsedatelot-moiz/ Sat, 15 Jan 2022 21:04:58 +0000 https://republika.mk/?p=445099

Националната полиција на Хаити денеска соопшти дека поранешниот сенатор Џон Џозеф е уапсен на Јамајка за вмешаност во атентатот на претседателот Џовел Моиз.

Портпаролот на полицијата за американските медиуми изјави дека Џозеф се наоѓа во притвор, без да даде други детали за апсењето.

Во меѓувреме, началникот на полицијата на Јамајка, Стефани Линдзи, за американските медиуми изјави дека заедно со Џозеф се уапсени и други лица, за кои властите се обидуваат да утврдат дали се членови на неговото семејство.

Таа додаде дека сите биле уапсени рано утринава и одби да даде детали.

Од повеќе причини, не можеме да дадеме повеќе информации, рече таа.

Џозеф е политичар од Хаити и противник на партијата „Тет Кале“ на убиениот претседател Моиз.

Џозеф е второто осомничено лице, кое е уапсено на Јамајка. Кон крајот на октомври таму беше уапсен и поранешниот колумбиски војник Марио Антонио Паласиос, кој неодамна беше екстрадиран од САД и таму го чека уште едно судско рочиште.

The post На Јамајка уапсен политичар од Хаити, осомничен за убиството на претседателот Моиз appeared first on Република.

]]>

Националната полиција на Хаити денеска соопшти дека поранешниот сенатор Џон Џозеф е уапсен на Јамајка за вмешаност во атентатот на претседателот Џовел Моиз. Портпаролот на полицијата за американските медиуми изјави дека Џозеф се наоѓа во притвор, без да даде други детали за апсењето. Во меѓувреме, началникот на полицијата на Јамајка, Стефани Линдзи, за американските медиуми изјави дека заедно со Џозеф се уапсени и други лица, за кои властите се обидуваат да утврдат дали се членови на неговото семејство. Таа додаде дека сите биле уапсени рано утринава и одби да даде детали.
Од повеќе причини, не можеме да дадеме повеќе информации, рече таа.
Џозеф е политичар од Хаити и противник на партијата „Тет Кале“ на убиениот претседател Моиз. Џозеф е второто осомничено лице, кое е уапсено на Јамајка. Кон крајот на октомври таму беше уапсен и поранешниот колумбиски војник Марио Антонио Паласиос, кој неодамна беше екстрадиран од САД и таму го чека уште едно судско рочиште.

The post На Јамајка уапсен политичар од Хаити, осомничен за убиството на претседателот Моиз appeared first on Република.

]]>
Премиерот на Хаити преживеа атентат за време на прославата на Денот на независноста https://republika.mk/vesti/svet/premierot-na-haiti-prezivea-atentat-za-vreme-na-proslavata-na-denot-na-nezavisnosta/ Sun, 02 Jan 2022 23:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=439793

Премиерот на Хаити, Ариел Анри, преживеал атентат за време на прославата на Денот на независноста на оваа островска држава. Во пукањето што се случило пред катедралата во градот Гонаив загинал најмалку еден човек, а неколкумина се ранети.

Според извештаите на локалните медиуми, вооружена банда, којашто делува на подрачјето каде што се наоѓа катедралата го предупредиле премиерот да не доаѓа.

По обидот за убиство на Анри, властите ги откажале останатите случувања во рамки на одбележувањето денот кога Хаити се ослободи од француската колонијална власт во 1804 година.

Сериозната политичка криза, што на Хаити трае веќе неколку години, кулминираше со убиството на претседателот Жовнел Моиз на 7 јули 2021 година.

The post Премиерот на Хаити преживеа атентат за време на прославата на Денот на независноста appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Хаити, Ариел Анри, преживеал атентат за време на прославата на Денот на независноста на оваа островска држава. Во пукањето што се случило пред катедралата во градот Гонаив загинал најмалку еден човек, а неколкумина се ранети. Според извештаите на локалните медиуми, вооружена банда, којашто делува на подрачјето каде што се наоѓа катедралата го предупредиле премиерот да не доаѓа. По обидот за убиство на Анри, властите ги откажале останатите случувања во рамки на одбележувањето денот кога Хаити се ослободи од француската колонијална власт во 1804 година. Сериозната политичка криза, што на Хаити трае веќе неколку години, кулминираше со убиството на претседателот Жовнел Моиз на 7 јули 2021 година.

The post Премиерот на Хаити преживеа атентат за време на прославата на Денот на независноста appeared first on Република.

]]>