грло Archives - Република https://republika.mk/tema/grlo/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Jan 2023 11:02:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грло Archives - Република https://republika.mk/tema/grlo/ 32 32 Легендарната тенисерка Навратилова боледува од рак на дојка и на грло https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/legendarnata-teniserka-navratilova-boleduva-od-rak-na-dojka-i-na-grlo/ Tue, 03 Jan 2023 11:02:32 +0000 https://republika.mk/?p=593116

Легендарната тенисерка Мартина Навратилова денеска откри дека боледува од два вида на рак, пренесува „Гардијан“. Навратилова боледува од рак на дојка и na грло, а болеста била дијагностицирана во ноември минатата година.

Британските медиуми потсетуваат дека тенисерката го победи ракот на дојката во 2010 година.

Навратилова тврди дека во ноември минатата година отишла на лекарски преглед за време на финалето на ВТА во Форт Ворт, кога ѝ било кажано дека има два вида на рак.

Ова е двоен удар, а ситуацијата е навистина сериозна. Ситуацијата секогаш може да се подобри и се надевам на позитивен исход. Ќе ми биде тешко некое време, но што и да правам, ќе се борам сѐ додека имам сила – рече Навратилова.

Претставниците на познатата тенисерка најавија дека Навратилова ќе започне со лекување во јануари и дека прогнозите се добри. Навратилова (66) во кариерата освои 18 Грен слем трофеи во поединечна конкуренција, а 41 титула во конкуренција на двојки.

 

The post Легендарната тенисерка Навратилова боледува од рак на дојка и на грло appeared first on Република.

]]>

Легендарната тенисерка Мартина Навратилова денеска откри дека боледува од два вида на рак, пренесува „Гардијан“. Навратилова боледува од рак на дојка и na грло, а болеста била дијагностицирана во ноември минатата година. Британските медиуми потсетуваат дека тенисерката го победи ракот на дојката во 2010 година. Навратилова тврди дека во ноември минатата година отишла на лекарски преглед за време на финалето на ВТА во Форт Ворт, кога ѝ било кажано дека има два вида на рак.
Ова е двоен удар, а ситуацијата е навистина сериозна. Ситуацијата секогаш може да се подобри и се надевам на позитивен исход. Ќе ми биде тешко некое време, но што и да правам, ќе се борам сѐ додека имам сила – рече Навратилова.
Претставниците на познатата тенисерка најавија дека Навратилова ќе започне со лекување во јануари и дека прогнозите се добри. Навратилова (66) во кариерата освои 18 Грен слем трофеи во поединечна конкуренција, а 41 титула во конкуренција на двојки.  

The post Легендарната тенисерка Навратилова боледува од рак на дојка и на грло appeared first on Република.

]]>
Пијте чај и плакнете го грлото со солена вода: Совети во Северна Кореја за справување со ковид-19 https://republika.mk/vesti/svet/pijte-chaj-i-plaknete-go-grloto-so-solena-voda-soveti-vo-severna-koreja-za-spravuvanje-so-kovid-19/ Wed, 18 May 2022 10:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=503786

Граѓаните на Северна Кореја добија насоки како да се заштитат од ковид-19 кои би го зачудиле секој стручњак. Им се советува да пијат чај и да го исплакнат грлото со солена вода.

Северна Кореја се бори со жаришта на корона вирусот, а лидерот Ким Џонг Ун ја нарече ситуацијата катастрофа. Во оваа затворена земја нема вакцини, а случаите на инфекција во моментов се нарекуваат „мистериозна треска“. Вакви случаи има повеќе од 1,7 милиони, а досега е објавено дека борбата за животот ја загубиле 62 лица.

Вистинска епидемија на заразата се случува во оваа земја, која официјално не пријави ниту еден случај на инфекција за време на пандемијата. Но на државната телевизија се емитуваат совети граѓаните да пијат чај и да го исплакнат грлото со солена вода.

„Ројтерс“ наведува дека на севернокорејците им се предлага да пијат чај од врба, кој традиционално се користи за намалување на високите температури, како и за плакнење на грлото со сол и вода за да се справат со симптомите.

Беа емитувани и интервјуа со неколку жени кои ги споделија своите „позитивни“ искуства со традиционалните лекови, иако веќе две години е познато дека лековите се користат за лекување на корона, сериозно системско заболување кое однесе повеќе од шест милиони животи ширум светот. Меѓутоа, Северна Кореја, освен вакцини, нема маски, лекови …

“Чајот од ѓумбир помага против оваа болест, на почетокот мислев дека е нешто страшно, но потоа сфатив дека не е. Го послушав советот на докторот”, рекла една постара госпоѓа од Северна Кореја.

Во таа земја опциите за тестирање за Ковид 19 се ограничени, поради што Би-Би-Си проценува дека бројот на случаи е многу поголем од моментално пријавените 1,7 милиони. Поради избивањето на инфекцијата, Ким Џонг Ун за прв пат е фотографиран со заштитна маска на лицето.

 

The post Пијте чај и плакнете го грлото со солена вода: Совети во Северна Кореја за справување со ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Северна Кореја добија насоки како да се заштитат од ковид-19 кои би го зачудиле секој стручњак. Им се советува да пијат чај и да го исплакнат грлото со солена вода. Северна Кореја се бори со жаришта на корона вирусот, а лидерот Ким Џонг Ун ја нарече ситуацијата катастрофа. Во оваа затворена земја нема вакцини, а случаите на инфекција во моментов се нарекуваат „мистериозна треска“. Вакви случаи има повеќе од 1,7 милиони, а досега е објавено дека борбата за животот ја загубиле 62 лица. Вистинска епидемија на заразата се случува во оваа земја, која официјално не пријави ниту еден случај на инфекција за време на пандемијата. Но на државната телевизија се емитуваат совети граѓаните да пијат чај и да го исплакнат грлото со солена вода. „Ројтерс“ наведува дека на севернокорејците им се предлага да пијат чај од врба, кој традиционално се користи за намалување на високите температури, како и за плакнење на грлото со сол и вода за да се справат со симптомите. Беа емитувани и интервјуа со неколку жени кои ги споделија своите „позитивни“ искуства со традиционалните лекови, иако веќе две години е познато дека лековите се користат за лекување на корона, сериозно системско заболување кое однесе повеќе од шест милиони животи ширум светот. Меѓутоа, Северна Кореја, освен вакцини, нема маски, лекови … “Чајот од ѓумбир помага против оваа болест, на почетокот мислев дека е нешто страшно, но потоа сфатив дека не е. Го послушав советот на докторот”, рекла една постара госпоѓа од Северна Кореја. Во таа земја опциите за тестирање за Ковид 19 се ограничени, поради што Би-Би-Си проценува дека бројот на случаи е многу поголем од моментално пријавените 1,7 милиони. Поради избивањето на инфекцијата, Ким Џонг Ун за прв пат е фотографиран со заштитна маска на лицето.  

The post Пијте чај и плакнете го грлото со солена вода: Совети во Северна Кореја за справување со ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Ракот на грлото на матката е еден од видовите карцином, кој што може да биде превениран, затоа е потребна имунизација и едукација https://republika.mk/zivot/zdravje/rakot-na-grloto-na-matkata-e-eden-od-vidovite-karcinom-koj-shto-moze-da-bide-preveniran-zatoa-e-potrebna-imunizacija-i-edukacija/ Mon, 28 Feb 2022 22:12:10 +0000 https://republika.mk/?p=465520

Мораме да работиме на промоција на изнаоѓање на стратегија и нејзина брза имплементација за масовен скрининг на женската популација за што е можно поголемо намалување на бројот на новите случаи на цервикален карцином а особено на смртните исходи. Она што е многу важно најголем процент од смртните исходи се детектираат во неразвиените земји, но и во руралните средини на развиените земји, значи меѓу жените кои што имаат понизок социоекономски статус, пониско ниво на едукација и за жал жените кои што се уште имаат многу ограничен пристап до програмите за превентивна здравствена заштита, вели Асс д-р Весна Чибишева Чалоска на денешната трибина „Постои ли стратегија за борба против ракот на грлото на матка“ во организација на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје.

На трибината говореше и доцент доктор Игор Алулоски кој истакна дека стратегијата која е и на светско ниво, а која се користи и во земјава е 90-70-90 објаснуваќи дека тоа значи 90 проценти опфатност со вакцинација за ХПВ, 70 проценти минимум опфатност со скрининг, како и 90 проценти од детектираните преканцерозни бидат санирани и третирани, односно 90 проценти третман на пациентки со докажан инвазивен цервикален карцином.

– 90-70-90 што значат овие бројки, тоа меѓу другото значи и за нашата држава. Првата 90ка значи 90 проценти опфатност со вакцинација за ХПВ, тоа е првата борбена линија, значи додека сме во ек на вакцинација за една друга болест, ова апсолутно важи конкретно и за вакцинација н а ХПВ вакцина. Тоа 70 подразбира 70 проценти минимум опфатност со скрининг. Значи втора борбена линија скрининг на пациентите она што претходно кажа и доктор Чибишева заостанува, меѓу другото скринингот на цервикалниот карцином е една од тие превентивните цели кои што меѓу другото се спроведува и кај нас со тие превентивни програми. Но за жал меѓу другото посебно постои каскање односно заостанување во овие две години на светско ниво во опфатноста намалување на процентот на опфатени пациентки со скрининг програмите генерално за сите типови на карциноми, вклучително карцином на дојка. Онаа последната 90 која што се спомнува се однесува на третманот односно да 90 проценти од детектираните преканцерозни бидат санирани и третирани, односно 90 проценти третман на пациентки со докажан инвазивен цервикален карцином. Оваа стратегија предложена од СЗО е всушност стратегија насочена кон сите и тенденција е и нашата држава да се приклучи кон постигнување на тие цели, изјави Алулоски.

Претседателката на здружението Борка за секој нов ден, Биба Додева укажа дека ракот на грлото на матка за разлика од секој друг вид на карцином може да биде превениран, укажувајќи дека ова е еден од ретките карциноми кои што можат да се откријат во ран стадиум.

– Јас пред се сакам да се заблагодарам на поканата и иницијативата. Ова е навистина многу важно и ваквите едукации се многу важни за подигање на јавната свест и за информирање на жените, односно не дека некоја жена не знае дека треба да оди на гинеколошки преглед, туку ние како нација сме некако и како мајки се друго да ни биде средено отколку да отидеме и да закажеме некој преглед. Разликата кај овој вид карцином за разлика од сите видови карциноми бидејќи знаете дека здружението Борка за секој нов ден се бави со сите видови карциноми, како што и се кажа овој рак може да биде превениран еден од ретките ракови кои што не само што може да се открие во ран стадиум туку може да се превенира во пред ракова состојба, додаде Додова, укажувајќи дека единствен основ за борба против овој вид на карцином е имунизација на девојчињата и момчињата.

– Во основа во борбата против овој вид на карцином е вакцинирање, односно имунизација на девојчиња и момчињата од 12 годишна возраст па понатаму, рече Додова.

Воедно, и доктор Жаклина Шопова, советник и претседател на комисијата за здравство во Советот на Град Скопје смета дека ковид 19 влијае на карциномот на матката, но и на останатите акутни и хронични болести, посочувајќи дека во секоја болест многу важно болеста на времено да се дијагностицирање, превенирање и лекува.

– Ковидот и те како влијае не само на карциномот на матката, туку и на оние акутни и оние други хронични болести. Значи секогаш кога постои актуелизација на одредена болест а во конкретниот случај е ковид 19 изминатите две години не само во нашата држава, него генерално во светот е болест број еден, неминовно е онаму каде што рековте дека државите кои што имаат недобро организиран здравствен систем останатите пациенти за сметка на ковид пациентите секогаш страдаат. Што значи тоа? Тоа значи дека за жал сегашната власт со самиот почеток на ковид кризата не успеа добро да се справи заради тоа што иницијално на самиот почеток не беа достапни до народот бесплатни тестови за дијагноза. Секогаш во инфективните болести и кај сите останати болести многу битен фактор е рано дијагностицирање, превенирање и лекување, потенцираше Шопова.

The post Ракот на грлото на матката е еден од видовите карцином, кој што може да биде превениран, затоа е потребна имунизација и едукација appeared first on Република.

]]>

Мораме да работиме на промоција на изнаоѓање на стратегија и нејзина брза имплементација за масовен скрининг на женската популација за што е можно поголемо намалување на бројот на новите случаи на цервикален карцином а особено на смртните исходи. Она што е многу важно најголем процент од смртните исходи се детектираат во неразвиените земји, но и во руралните средини на развиените земји, значи меѓу жените кои што имаат понизок социоекономски статус, пониско ниво на едукација и за жал жените кои што се уште имаат многу ограничен пристап до програмите за превентивна здравствена заштита, вели Асс д-р Весна Чибишева Чалоска на денешната трибина „Постои ли стратегија за борба против ракот на грлото на матка“ во организација на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје. На трибината говореше и доцент доктор Игор Алулоски кој истакна дека стратегијата која е и на светско ниво, а која се користи и во земјава е 90-70-90 објаснуваќи дека тоа значи 90 проценти опфатност со вакцинација за ХПВ, 70 проценти минимум опфатност со скрининг, како и 90 проценти од детектираните преканцерозни бидат санирани и третирани, односно 90 проценти третман на пациентки со докажан инвазивен цервикален карцином. – 90-70-90 што значат овие бројки, тоа меѓу другото значи и за нашата држава. Првата 90ка значи 90 проценти опфатност со вакцинација за ХПВ, тоа е првата борбена линија, значи додека сме во ек на вакцинација за една друга болест, ова апсолутно важи конкретно и за вакцинација н а ХПВ вакцина. Тоа 70 подразбира 70 проценти минимум опфатност со скрининг. Значи втора борбена линија скрининг на пациентите она што претходно кажа и доктор Чибишева заостанува, меѓу другото скринингот на цервикалниот карцином е една од тие превентивните цели кои што меѓу другото се спроведува и кај нас со тие превентивни програми. Но за жал меѓу другото посебно постои каскање односно заостанување во овие две години на светско ниво во опфатноста намалување на процентот на опфатени пациентки со скрининг програмите генерално за сите типови на карциноми, вклучително карцином на дојка. Онаа последната 90 која што се спомнува се однесува на третманот односно да 90 проценти од детектираните преканцерозни бидат санирани и третирани, односно 90 проценти третман на пациентки со докажан инвазивен цервикален карцином. Оваа стратегија предложена од СЗО е всушност стратегија насочена кон сите и тенденција е и нашата држава да се приклучи кон постигнување на тие цели, изјави Алулоски. Претседателката на здружението Борка за секој нов ден, Биба Додева укажа дека ракот на грлото на матка за разлика од секој друг вид на карцином може да биде превениран, укажувајќи дека ова е еден од ретките карциноми кои што можат да се откријат во ран стадиум. – Јас пред се сакам да се заблагодарам на поканата и иницијативата. Ова е навистина многу важно и ваквите едукации се многу важни за подигање на јавната свест и за информирање на жените, односно не дека некоја жена не знае дека треба да оди на гинеколошки преглед, туку ние како нација сме некако и како мајки се друго да ни биде средено отколку да отидеме и да закажеме некој преглед. Разликата кај овој вид карцином за разлика од сите видови карциноми бидејќи знаете дека здружението Борка за секој нов ден се бави со сите видови карциноми, како што и се кажа овој рак може да биде превениран еден од ретките ракови кои што не само што може да се открие во ран стадиум туку може да се превенира во пред ракова состојба, додаде Додова, укажувајќи дека единствен основ за борба против овој вид на карцином е имунизација на девојчињата и момчињата. – Во основа во борбата против овој вид на карцином е вакцинирање, односно имунизација на девојчиња и момчињата од 12 годишна возраст па понатаму, рече Додова. Воедно, и доктор Жаклина Шопова, советник и претседател на комисијата за здравство во Советот на Град Скопје смета дека ковид 19 влијае на карциномот на матката, но и на останатите акутни и хронични болести, посочувајќи дека во секоја болест многу важно болеста на времено да се дијагностицирање, превенирање и лекува. – Ковидот и те како влијае не само на карциномот на матката, туку и на оние акутни и оние други хронични болести. Значи секогаш кога постои актуелизација на одредена болест а во конкретниот случај е ковид 19 изминатите две години не само во нашата држава, него генерално во светот е болест број еден, неминовно е онаму каде што рековте дека државите кои што имаат недобро организиран здравствен систем останатите пациенти за сметка на ковид пациентите секогаш страдаат. Што значи тоа? Тоа значи дека за жал сегашната власт со самиот почеток на ковид кризата не успеа добро да се справи заради тоа што иницијално на самиот почеток не беа достапни до народот бесплатни тестови за дијагноза. Секогаш во инфективните болести и кај сите останати болести многу битен фактор е рано дијагностицирање, превенирање и лекување, потенцираше Шопова.

The post Ракот на грлото на матката е еден од видовите карцином, кој што може да биде превениран, затоа е потребна имунизација и едукација appeared first on Република.

]]>