грешка во преводот Archives - Република https://republika.mk/tema/greshka-vo-prevodot/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Dec 2023 17:33:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грешка во преводот Archives - Република https://republika.mk/tema/greshka-vo-prevodot/ 32 32 Битиќи се брани: Имаше грешка во преводот на изјавата на Мухамер Зеќири https://republika.mk/vesti/makedonija/bitiki-se-brani-imashe-greshka-vo-prevodot-na-izjavata-na-muhamer-zekiri/ Sat, 02 Dec 2023 17:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=718761

Погрешно е протолкувана изјавата на поранешниот генералниот секретар на влада Мухамед Зеќири дека наводно спроведувал постапка во 4 очи договорена со мене, изјави денеска премиерот Фатмир Битиќи.

Битиќи вели немало такво нешто и повторно вели дека имало грешка во преводот на изјавата на Зеќири.

Не би сакал да ја коментирам неговата изјава, затоа што беше дадена на два јазици, на македонски и на албански. На албански јазик не беше кажано така, беше кажано предлог – изјави Битиќи.

На Мухамед Зеќери вчера му беше изречена казна затвор од 2 години и 6 месеци за злоупотреба на службена положба и овластувања за договор за консултантски услуги направен без јавна набавка. Зеќири треба да плати и 1,1 милион евра.

Откако Зеќири вчера ја слушна пресудата на судот за склучување на договор со фирмата „Интерхолдинг“ за консултантски услуги за потенцијална приватизација на А.Д. Пошти и Железници транспорт, изјави дека ќе ја обжали.

Во целиот процес никаде и во ниту еден момент не беше докажана моја умисла во склучувањето на договорите. Јас само сум спровел умисла на други, односно на владата кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи – рече Зеќири.

The post Битиќи се брани: Имаше грешка во преводот на изјавата на Мухамер Зеќири appeared first on Република.

]]>

Погрешно е протолкувана изјавата на поранешниот генералниот секретар на влада Мухамед Зеќири дека наводно спроведувал постапка во 4 очи договорена со мене, изјави денеска премиерот Фатмир Битиќи. Битиќи вели немало такво нешто и повторно вели дека имало грешка во преводот на изјавата на Зеќири.
Не би сакал да ја коментирам неговата изјава, затоа што беше дадена на два јазици, на македонски и на албански. На албански јазик не беше кажано така, беше кажано предлог – изјави Битиќи.
На Мухамед Зеќери вчера му беше изречена казна затвор од 2 години и 6 месеци за злоупотреба на службена положба и овластувања за договор за консултантски услуги направен без јавна набавка. Зеќири треба да плати и 1,1 милион евра. Откако Зеќири вчера ја слушна пресудата на судот за склучување на договор со фирмата „Интерхолдинг“ за консултантски услуги за потенцијална приватизација на А.Д. Пошти и Железници транспорт, изјави дека ќе ја обжали.