грчки земјоделци Archives - Република https://republika.mk/tema/grchki-zemjodeltsi/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 18:45:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грчки земјоделци Archives - Република https://republika.mk/tema/grchki-zemjodeltsi/ 32 32 Грчките земјоделци најавија нова блокада на граничниот премин Евзони кон Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/grchkite-zemjodeltsi-najavija-nova-blokada-na-granichniot-premin-evzoni-kon-severna-makedonija/ Thu, 22 Feb 2024 18:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=747138

Нова блокада на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Македонија од 20 до 22 часот по локално, односно од 19 до 21 часот по македонско време, најавија грчките земјоделци од северниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот граничен премин и вчера и завчера периодично беше затворен во вечерните часови, а според информациите од Грција, земјоделците со нивните активности и блокади ќе продолжат до понеделник 26 февруари.

The post Грчките земјоделци најавија нова блокада на граничниот премин Евзони кон Македонија appeared first on Република.

]]>

Нова блокада на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Македонија од 20 до 22 часот по локално, односно од 19 до 21 часот по македонско време, најавија грчките земјоделци од северниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот граничен премин и вчера и завчера периодично беше затворен во вечерните часови, а според информациите од Грција, земјоделците со нивните активности и блокади ќе продолжат до понеделник 26 февруари.

The post Грчките земјоделци најавија нова блокада на граничниот премин Евзони кон Македонија appeared first on Република.

]]>
Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Богородица кон Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/grchkite-zemjodeltsi-povtorno-go-blokiraa-granichniot-premin-bogoroditsa-kon-makedonija/ Wed, 21 Feb 2024 19:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=746727

Грчките земјоделци од северниот дел на земјата и вечерва периодично го затворија граничниот премин Богородица кон Македонија за сообраќај на сите возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокадата започнала во 19 часот по локално, односно 18 часот по македонско време, а според информациите, земјоделците исто како и вчера затворале околу 20 минути, а потоа дозволувале да поминуваат возила за да не се создадат редици и доцнења.

Според истите информации, блокадата траела околу час и половина.

Грчките земјоделци по одржаниот масовен протест синоќа во Атина, најавија дека дополнително ќе одлучат кои ќе бидат нивните следни чекори, а не е исклучена можноста да продолжат со досегашните активности што вклучуваат затворања на автопати и гранични премини.

 

The post Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Богородица кон Македонија appeared first on Република.

]]>

Грчките земјоделци од северниот дел на земјата и вечерва периодично го затворија граничниот премин Богородица кон Македонија за сообраќај на сите возила, јави дописничката на МИА од Атина. Блокадата започнала во 19 часот по локално, односно 18 часот по македонско време, а според информациите, земјоделците исто како и вчера затворале околу 20 минути, а потоа дозволувале да поминуваат возила за да не се создадат редици и доцнења. Според истите информации, блокадата траела околу час и половина. Грчките земјоделци по одржаниот масовен протест синоќа во Атина, најавија дека дополнително ќе одлучат кои ќе бидат нивните следни чекори, а не е исклучена можноста да продолжат со досегашните активности што вклучуваат затворања на автопати и гранични премини.  

The post Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Богородица кон Македонија appeared first on Република.

]]>
Грчките земјоделци го завршија протестот во Атина, велат дека испратиле јасна порака до Владата https://republika.mk/vesti/balkan/grchkite-zemjodeltsi-go-zavrshija-protestot-vo-atina-velat-deka-ispratile-jasna-poraka-do-vladata/ Wed, 21 Feb 2024 11:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=746512

Си заминуваме од Атина, но нашите активности не завршуваат тука, испративме јасна порака до Владата, велат за МИА дел од грчките земјоделци кои со над 150 трактори вчера пристигнаа во грчкта метропола, во текот на ноќта останаа пред Парламентот, а си заминаа денеска.

Тракторите претпладнево, исто како и што дојдоа во Атина, така и си заминаа, организирано, со свирење низ улиците во центарот на градот, со поздравување на граѓаните што во тие моменти беа присутни, но и со полициска придружба.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина коментираат дека заминуваат со надеж дека вчерашниот масовен протест за нив ќе донесе резултати и позитивен одговор од Владата и не го кријат задоволството од поддршката што ја добија од граѓаните.

-Навистина е прекрасно чувството што сите нè поддржаа, сите нè поздравуваа додека патувавме кон Атина, знаеме дека граѓаните се со нас. Веруваме дека Владата ќе ја прими пораката, истакнува еден од земјоделците.

Објаснуваат дека нивните барања остануваат непроменети односно од Владата бараат намалување на трошоците за производство, пред сè со намалување на цената на струјата, но и ослободување од данок за земјоделската нафта.

Претседателот на Федерацијата на земјоделски здруженија од Лариса Ризос Маврудас кој беше дел од 15-члениот Комитет на земјоделците на минатонеделниот состанокот со грчкиот премиер, во разговор со дописничката на МИА од Атина посочи дека по синоќешниот масовен собир „порано или подоцна, Владата ќе мора да ги исполни нашите барања“.

-Се враќаме кај нашите блокови, ќе одржиме состаноци, ќе ги информираме нашите колеги за масовниот протест со кој сметаме дека испративме јасна порака до Владата и очкуваме мерки за поддршка и исполнување на нашите барања. Ние ќе продолжиме да се бориме на сите начини и во сите облици, порача Маврудас.

Поголемиот дел од земјоделците, оние кои пристигнаа со автобуси и автомобили,  од Атина си заминаа синоќа, веднаш по протестот, додека пак тракторите останаа паркирани во текот на ноќта.

Вчерашниот протест во Атина заврши мирно и масовно, земјоделците добија поддршка од синдикатите, од разни здруженија, како и од студентите, а според процените на полицијата учествуваа околу 10.000 демонстранти.

По протестот, над 150 трактори со транспаренти со слоганите „Без земјоделци, нема храна“, „Денеска е погребот на сточарството“; „Земјоделци, борете се, ви ја пијат крвта“, но и црни и грчки знамиња, останаа 20 часа паркирани пред грчкиот Парламент.

The post Грчките земјоделци го завршија протестот во Атина, велат дека испратиле јасна порака до Владата appeared first on Република.

]]>

Си заминуваме од Атина, но нашите активности не завршуваат тука, испративме јасна порака до Владата, велат за МИА дел од грчките земјоделци кои со над 150 трактори вчера пристигнаа во грчкта метропола, во текот на ноќта останаа пред Парламентот, а си заминаа денеска. Тракторите претпладнево, исто како и што дојдоа во Атина, така и си заминаа, организирано, со свирење низ улиците во центарот на градот, со поздравување на граѓаните што во тие моменти беа присутни, но и со полициска придружба. Во разговор со дописничката на МИА од Атина коментираат дека заминуваат со надеж дека вчерашниот масовен протест за нив ќе донесе резултати и позитивен одговор од Владата и не го кријат задоволството од поддршката што ја добија од граѓаните.
-Навистина е прекрасно чувството што сите нè поддржаа, сите нè поздравуваа додека патувавме кон Атина, знаеме дека граѓаните се со нас. Веруваме дека Владата ќе ја прими пораката, истакнува еден од земјоделците.
Објаснуваат дека нивните барања остануваат непроменети односно од Владата бараат намалување на трошоците за производство, пред сè со намалување на цената на струјата, но и ослободување од данок за земјоделската нафта. Претседателот на Федерацијата на земјоделски здруженија од Лариса Ризос Маврудас кој беше дел од 15-члениот Комитет на земјоделците на минатонеделниот состанокот со грчкиот премиер, во разговор со дописничката на МИА од Атина посочи дека по синоќешниот масовен собир „порано или подоцна, Владата ќе мора да ги исполни нашите барања“.
-Се враќаме кај нашите блокови, ќе одржиме состаноци, ќе ги информираме нашите колеги за масовниот протест со кој сметаме дека испративме јасна порака до Владата и очкуваме мерки за поддршка и исполнување на нашите барања. Ние ќе продолжиме да се бориме на сите начини и во сите облици, порача Маврудас.
Поголемиот дел од земјоделците, оние кои пристигнаа со автобуси и автомобили,  од Атина си заминаа синоќа, веднаш по протестот, додека пак тракторите останаа паркирани во текот на ноќта. Вчерашниот протест во Атина заврши мирно и масовно, земјоделците добија поддршка од синдикатите, од разни здруженија, како и од студентите, а според процените на полицијата учествуваа околу 10.000 демонстранти. По протестот, над 150 трактори со транспаренти со слоганите „Без земјоделци, нема храна“, „Денеска е погребот на сточарството“; „Земјоделци, борете се, ви ја пијат крвта“, но и црни и грчки знамиња, останаа 20 часа паркирани пред грчкиот Парламент.

The post Грчките земјоделци го завршија протестот во Атина, велат дека испратиле јасна порака до Владата appeared first on Република.

]]>
Грчките земјоделци денеска ќе протестираат со трактори во Атина https://republika.mk/vesti/balkan/grchkite-zemjodeltsi-deneska-ke-protestiraat-so-traktori-vo-atina/ Tue, 20 Feb 2024 08:41:13 +0000 https://republika.mk/?p=745962

Со околу 100-150 трактори, грчките земјоделци попладнево ќе одржат протест во центарот на Атина пред Парламентот, за уште еднаш да ги повторат и истакнат нивните барања, иако премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис повторно посочи дека Владата нема што повеќе да им даде, јави дописничката на МИА од Атина.

Десетици трактори од различни делови на Грција вчера пристигнаа во месноста Кастро на околу 90 километри од Атина, од каде што утрово, сите заедно во конвој со полициска придружба ќе се упатат кон грчката метропола, а околу 5.000 земјоделци, според најавите се очекува да пристигнат со автомобили, автобуси и камиони.

Дел од земјоделците, особено оние од северниот дел на земјата, кои нема да бидат во Атина, не е исклучена можноста да постават блокади на граничните премини.

Протестот пред грчкиот Парламент е закажан за попладневните часови, а земјоделците ќе добијат поддршка од синдикатите, од разни здруженија, но и од студентите.

Паралелно грчката полиција соопшти дека во центарот на Атина, тракторите ќе се движат по однапред одредена рута за да стигнат до плоштадот Синтагма.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата Стар синоќа објасни дека формално, според законот, тракторите не треба да сообраќаат, ниту по националните автопати, ниту во центрите на градовите, но изрази разбирање за земјоделците, за кои рече дека исто како и во другите европски метрополи, сакаат да одржат симболичен протест во центарот на Атина.

Дополнително, коментираше дека самиот протест може да биде и еден вид средство за притисок врз Европската Унија за земјоделската политика.

За мерките за земјоделците објасни дека Владата одговори позитивно на многу од барањата на земјоделците, „признавајќи дека се оправдани“, но повтори дека нема простор за дополнителни мерки.

- Немаме да им дадеме нешто повеќе. И мислам дека тоа го препознаваат и земјоделците и многу добро знаат дека Владата веќе веројатно ги надмина границите на нивните очекувања, особено во однос на струјата. Според тоа, мислам дека тоа ќе биде протест што, би рекол, ќе биде ескалација на активностите и верувам дека потоа работите ќе се вратат во својот ритам. Покрај тоа, започнува и сезоната на сеидба. Сакаме земјоделците да се вратат на нивите, сточарите да бидат со своите животни, истакна Мицотакис.

Земјоделци минатиот вторник се сретнаа со грчкиот премиер, кој им соопшти дополнителни мерки за поддршка, меѓутоа по средбата коментираа дека не биле исполнети сите нивни барања и донесоа одлука да одржат протест во Атина, а оние кои ќе останат на поставените блокади, ќе ги затворат граничните премини и пристаништата.

Земјоделци веќе речиси еден месец протестираат со поставени над 55 блокови низ целата земја, повремено блокираат патишта, автопати и гранични премини, како што е случај со премините Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Македонија.

The post Грчките земјоделци денеска ќе протестираат со трактори во Атина appeared first on Република.

]]>

Со околу 100-150 трактори, грчките земјоделци попладнево ќе одржат протест во центарот на Атина пред Парламентот, за уште еднаш да ги повторат и истакнат нивните барања, иако премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис повторно посочи дека Владата нема што повеќе да им даде, јави дописничката на МИА од Атина. Десетици трактори од различни делови на Грција вчера пристигнаа во месноста Кастро на околу 90 километри од Атина, од каде што утрово, сите заедно во конвој со полициска придружба ќе се упатат кон грчката метропола, а околу 5.000 земјоделци, според најавите се очекува да пристигнат со автомобили, автобуси и камиони. Дел од земјоделците, особено оние од северниот дел на земјата, кои нема да бидат во Атина, не е исклучена можноста да постават блокади на граничните премини. Протестот пред грчкиот Парламент е закажан за попладневните часови, а земјоделците ќе добијат поддршка од синдикатите, од разни здруженија, но и од студентите. Паралелно грчката полиција соопшти дека во центарот на Атина, тракторите ќе се движат по однапред одредена рута за да стигнат до плоштадот Синтагма. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата Стар синоќа објасни дека формално, според законот, тракторите не треба да сообраќаат, ниту по националните автопати, ниту во центрите на градовите, но изрази разбирање за земјоделците, за кои рече дека исто како и во другите европски метрополи, сакаат да одржат симболичен протест во центарот на Атина. Дополнително, коментираше дека самиот протест може да биде и еден вид средство за притисок врз Европската Унија за земјоделската политика. За мерките за земјоделците објасни дека Владата одговори позитивно на многу од барањата на земјоделците, „признавајќи дека се оправдани“, но повтори дека нема простор за дополнителни мерки.
- Немаме да им дадеме нешто повеќе. И мислам дека тоа го препознаваат и земјоделците и многу добро знаат дека Владата веќе веројатно ги надмина границите на нивните очекувања, особено во однос на струјата. Според тоа, мислам дека тоа ќе биде протест што, би рекол, ќе биде ескалација на активностите и верувам дека потоа работите ќе се вратат во својот ритам. Покрај тоа, започнува и сезоната на сеидба. Сакаме земјоделците да се вратат на нивите, сточарите да бидат со своите животни, истакна Мицотакис.
Земјоделци минатиот вторник се сретнаа со грчкиот премиер, кој им соопшти дополнителни мерки за поддршка, меѓутоа по средбата коментираа дека не биле исполнети сите нивни барања и донесоа одлука да одржат протест во Атина, а оние кои ќе останат на поставените блокади, ќе ги затворат граничните премини и пристаништата. Земјоделци веќе речиси еден месец протестираат со поставени над 55 блокови низ целата земја, повремено блокираат патишта, автопати и гранични премини, како што е случај со премините Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Македонија.

The post Грчките земјоделци денеска ќе протестираат со трактори во Атина appeared first on Република.

]]>
Грчките земјоделци го блокираат „Меџитлија“ и не дозволуваат камионите со лигнит да стигаат до РЕК https://republika.mk/vesti/balkan/grchkite-zemjodeltsi-go-blokiraat-medhitlija-i-ne-dozvoluvaat-kamionite-so-lignit-da-stigaat-do-rek/ Tue, 06 Feb 2024 09:06:17 +0000 https://republika.mk/?p=740832

Земјоделците од северозападниот дел на Грција, кои вчера одржаа протест на граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Македонија, каде што стигнаа со тракторите, имаат за цел да започнат со блокади на границата, но само за камиони, додека пак сообраќајот на автомобил ќе се одвива непречено, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, според претседателот на земјоделското здружение на Касториа и член на неформалниот комитет за координација формиран од земјоделците, Томас Мосхос целта е од денеска да го блокираат сообраќајот само на товарните возила кои патуваат од и кон Македонија.

Мосхос, преку социјалните мрежи објасни дека овој пат нема да го затворат сообраќајот за автомобили, туку само за камиони, поконкретно за камионите што извезуваат лигнит во соседната земја.

АНА-МПА пишува дека секојдневно, стотици камиони минуваат преку граничниот премин Ники (Меџитлија) кои пренесуваат лигнит од два приватни рудници во Грција за потребите на трите блока на електраната во Битола.

Земјоделците од цела Грција, денеска напладне ќе одржат состанок за да ги одредат нивните следни чекори, а меѓу предлозите се одржување голем протест во Атина, но и блокадите да се префрлат на автопатите и да го блокираат сообраќајот.

Она што е сигурно е дека земјоделците не се откажуваат и велат дека ќе продолжат сè додека Владата не ги исполни нивните барања.

Од друга страна, владиниот портпарол Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите истакна дека не се разгледуваат дополнителни мерки за поддршка на земјоделците.

The post Грчките земјоделци го блокираат „Меџитлија“ и не дозволуваат камионите со лигнит да стигаат до РЕК appeared first on Република.

]]>

Земјоделците од северозападниот дел на Грција, кои вчера одржаа протест на граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Македонија, каде што стигнаа со тракторите, имаат за цел да започнат со блокади на границата, но само за камиони, додека пак сообраќајот на автомобил ќе се одвива непречено, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, според претседателот на земјоделското здружение на Касториа и член на неформалниот комитет за координација формиран од земјоделците, Томас Мосхос целта е од денеска да го блокираат сообраќајот само на товарните возила кои патуваат од и кон Македонија. Мосхос, преку социјалните мрежи објасни дека овој пат нема да го затворат сообраќајот за автомобили, туку само за камиони, поконкретно за камионите што извезуваат лигнит во соседната земја. АНА-МПА пишува дека секојдневно, стотици камиони минуваат преку граничниот премин Ники (Меџитлија) кои пренесуваат лигнит од два приватни рудници во Грција за потребите на трите блока на електраната во Битола. Земјоделците од цела Грција, денеска напладне ќе одржат состанок за да ги одредат нивните следни чекори, а меѓу предлозите се одржување голем протест во Атина, но и блокадите да се префрлат на автопатите и да го блокираат сообраќајот. Она што е сигурно е дека земјоделците не се откажуваат и велат дека ќе продолжат сè додека Владата не ги исполни нивните барања. Од друга страна, владиниот портпарол Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите истакна дека не се разгледуваат дополнителни мерки за поддршка на земјоделците.

The post Грчките земјоделци го блокираат „Меџитлија“ и не дозволуваат камионите со лигнит да стигаат до РЕК appeared first on Република.

]]>