грчки медиуми Archives - Република https://republika.mk/tema/grchki-mediumi/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Sep 2024 15:57:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грчки медиуми Archives - Република https://republika.mk/tema/grchki-mediumi/ 32 32 Бугарски и грчки медиуми во оркестриран напад врз Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarski-i-grchki-mediumi-vo-orkestriran-napad-vrz-mitskoski/ Sun, 15 Sep 2024 15:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=816546

Премиерот Христијан Мицкоски е под диригиран напад од грчки и бугарски медиуми. Медиумите од јужниот и источниот сосед во речиси идентични текстови го напаѓаат македонскиот премиер за неговиот став дека својата земја ќе ја нарекува „Македонија“ оти тоа е негово човеково право но и дека е свесен за Договорот од Преспа и за обврските што произлегуваат од него. Во нападот од Грција предничи весникот „Етнос“.

Со наслов „Продолжуваат провокациите од Премиерот на Cеверна Македонија, Христијан Мицкоски, кој повтори дека ќе ја нарекува својата земја „Македонија“, повикувајќи се на неговото „човеково право“.

Ова го претставува моето право на (слободно) изразување. Јас го кажав ова. Онаму каде што е потребно да се почитуваат Уставот и законите морам да ги почитувам. Дали ми се допаѓа или не е друга работа. Дали ми се допаѓа или не, можам да кажам на друго место. Додека ја вршам оваа функција, каде што Уставот и законот мора да се почитуваат .Вака стојат работите. Но, моето право на слободно изразување, правото на (слободен) говор е неотуѓиво право. И, да, го користам терминот „Македонија“ и ќе го користам терминот „Македонија“, бидејќи тоа е мое човеково право и никој не може да ми го одземе“, рече Мицкоски во интервју за подкаст во Скопје. „Јас бев еден од оние политичари кои пред пет години кажаа дека Дооворот од Преспа е реалност, но дека е лошо, штетно, да, пак ќе кажам-ја цитира „Етнос“ изјавата на Мицкоски“.

Ништо понежен кон Мицкоски не е ниту весникот „Прототема“ со насловот „Мицкоски повторно предизвикува: Го користам и ќе го користам терминот Македонија, тоа е мое право“.

Со истите зборови Мицкоски го напаѓаат и телевизите „Скај“ и „Мега“

Што се однесува до Бугарија, најмногу ги погоди најавата на Мицкоски дека овој месец ќе оди во Брисел да го презентира предлогот за уставни измени со одложено дејство.Македонскиот премиер има дециден став дека Македонија не може да го исполни барањето без да има гаранции дека тоа е последно барање и дека потоа нема да има нови и нови услови од Софија.

Повикан за ова се најде поранешниот амбасадот во Македонија Ангел Димитров и актуелен претсадател на бугарската комисија за историја .

Тој смета дека т.н француски предлог не е бугарски туку европски став.

Тоа е, во одредена смисла, став и на самата држава Република  Македонија, со оглед на тоа што беше усвоен во парламентот. Односно, постои едно политичко однесување на новата влада кое ги доведува во прашање не само билатералните односи и сите договори потпишани меѓу нашите две земји, туку и она што го очекува ЕУ кон која тие се стремат.

The post Бугарски и грчки медиуми во оркестриран напад врз Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски е под диригиран напад од грчки и бугарски медиуми. Медиумите од јужниот и источниот сосед во речиси идентични текстови го напаѓаат македонскиот премиер за неговиот став дека својата земја ќе ја нарекува „Македонија“ оти тоа е негово човеково право но и дека е свесен за Договорот од Преспа и за обврските што произлегуваат од него. Во нападот од Грција предничи весникот „Етнос“. Со наслов „Продолжуваат провокациите од Премиерот на Cеверна Македонија, Христијан Мицкоски, кој повтори дека ќе ја нарекува својата земја „Македонија“, повикувајќи се на неговото „човеково право“.
Ова го претставува моето право на (слободно) изразување. Јас го кажав ова. Онаму каде што е потребно да се почитуваат Уставот и законите морам да ги почитувам. Дали ми се допаѓа или не е друга работа. Дали ми се допаѓа или не, можам да кажам на друго место. Додека ја вршам оваа функција, каде што Уставот и законот мора да се почитуваат .Вака стојат работите. Но, моето право на слободно изразување, правото на (слободен) говор е неотуѓиво право. И, да, го користам терминот „Македонија“ и ќе го користам терминот „Македонија“, бидејќи тоа е мое човеково право и никој не може да ми го одземе“, рече Мицкоски во интервју за подкаст во Скопје. „Јас бев еден од оние политичари кои пред пет години кажаа дека Дооворот од Преспа е реалност, но дека е лошо, штетно, да, пак ќе кажам-ја цитира „Етнос“ изјавата на Мицкоски“.
Ништо понежен кон Мицкоски не е ниту весникот „Прототема“ со насловот „Мицкоски повторно предизвикува: Го користам и ќе го користам терминот Македонија, тоа е мое право“. Со истите зборови Мицкоски го напаѓаат и телевизите „Скај“ и „Мега“ Што се однесува до Бугарија, најмногу ги погоди најавата на Мицкоски дека овој месец ќе оди во Брисел да го презентира предлогот за уставни измени со одложено дејство.Македонскиот премиер има дециден став дека Македонија не може да го исполни барањето без да има гаранции дека тоа е последно барање и дека потоа нема да има нови и нови услови од Софија. Повикан за ова се најде поранешниот амбасадот во Македонија Ангел Димитров и актуелен претсадател на бугарската комисија за историја . Тој смета дека т.н француски предлог не е бугарски туку европски став.
Тоа е, во одредена смисла, став и на самата држава Република  Македонија, со оглед на тоа што беше усвоен во парламентот. Односно, постои едно политичко однесување на новата влада кое ги доведува во прашање не само билатералните односи и сите договори потпишани меѓу нашите две земји, туку и она што го очекува ЕУ кон која тие се стремат.
     
The post Бугарски и грчки медиуми во оркестриран напад врз Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Грчки медиуми: Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ https://republika.mk/vesti/balkan/grchki-mediumi-mitskoski-tripati-ja-nareche-negovata-zemja-makedonija/ Sat, 22 Jun 2024 12:46:00 +0000 https://republika.mk/?p=789760

На употребата на името Македонија и тоа како што пишуваат „трипати“, грчките медиуми го ставаат акцентот во текстовите за говорот во Собранието на мандатарот за нова Влада Христијан Мицкоски, а дел од информативните портали коментираат дека станува збор за „нова провокација“, јави дописничката на МИА од Атина.

Онлајн изданијата на медиумите, во главно ја пренесуваат веста од грчката новинска агенција АНА-МПА што е под наслов „Македонија: Христијан Мицкоски ја нарече земјата „Македонија“ во експозето како мандатар за неговата Влада“, а во текстот е објаснето дека во Собранието започна дводневната седница за избор на Владата „која ќе ја води десничарското ВМРО-ДПМНЕ со премиер, лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски“.

-Идниот премиер Христијан Мицкоски при експозето за програмата на Владата што ќе ја предводи, земјата, и тоа трипати ја нарече „Македонија“, без да го користи уставното име на државата, пишува АНА-МПА, а се осврнува и на делот за надворешната политика, пренесувајќи дека Мицкоски „ја повтори поддршката на неговата земја за Украина, а спомена дека неговата влада ќе негува односи на соработка со соседните земји“.

Грчката новинска агенција потсетува на неодамнешната изјава на Мицкоски дека „на инаугурацијата на неговата влада ќе го користи уставното име на државата“.

Конкретниот текст го презедоа останатите медиуми во Грција, кој го пренесуваат под различни наслови: „Нова провокација од Мицкоски: Повторно говореше за Македонија“; „Нова провокација: Премиерот Мицкоски трипати ја нарече „Македонија“ неговата земја“; „Одново провоцира Мицкоски: Повторно земјата ја нарекува „Македонија“; „Мицкоски: Три пати ја нарече неговата земја „Македонија“ за време на говорот во Собранието“. 

The post Грчки медиуми: Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

На употребата на името Македонија и тоа како што пишуваат „трипати“, грчките медиуми го ставаат акцентот во текстовите за говорот во Собранието на мандатарот за нова Влада Христијан Мицкоски, а дел од информативните портали коментираат дека станува збор за „нова провокација“, јави дописничката на МИА од Атина. Онлајн изданијата на медиумите, во главно ја пренесуваат веста од грчката новинска агенција АНА-МПА што е под наслов „Македонија: Христијан Мицкоски ја нарече земјата „Македонија“ во експозето како мандатар за неговата Влада“, а во текстот е објаснето дека во Собранието започна дводневната седница за избор на Владата „која ќе ја води десничарското ВМРО-ДПМНЕ со премиер, лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски“.
-Идниот премиер Христијан Мицкоски при експозето за програмата на Владата што ќе ја предводи, земјата, и тоа трипати ја нарече „Македонија“, без да го користи уставното име на државата, пишува АНА-МПА, а се осврнува и на делот за надворешната политика, пренесувајќи дека Мицкоски „ја повтори поддршката на неговата земја за Украина, а спомена дека неговата влада ќе негува односи на соработка со соседните земји“.
Грчката новинска агенција потсетува на неодамнешната изјава на Мицкоски дека „на инаугурацијата на неговата влада ќе го користи уставното име на државата“. Конкретниот текст го презедоа останатите медиуми во Грција, кој го пренесуваат под различни наслови: „Нова провокација од Мицкоски: Повторно говореше за Македонија“; „Нова провокација: Премиерот Мицкоски трипати ја нарече „Македонија“ неговата земја“; „Одново провоцира Мицкоски: Повторно земјата ја нарекува „Македонија“; „Мицкоски: Три пати ја нарече неговата земја „Македонија“ за време на говорот во Собранието“. 

The post Грчки медиуми: Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Mицкоски и Силјановска се уште главна тема во медиумите во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/mitskoski-i-siljanovska-se-ushte-glavna-tema-vo-mediumite-vo-grtsija/ Thu, 23 May 2024 12:06:35 +0000 https://republika.mk/?p=781194

Две седмици по победата на ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори и десет дена по инаугурацијата на Гордана Сиљановска Давкова, медиумите во Грција секојдневно следат сè што се случува кај нас, а е поврзано со Грција, но ги пренесуваат и пораките од домашните политичари изразени во интервјуа и говори, кои во изминатиот период ги има во изобилство со оглед на тоа дека земјата е во предизборен период во пресрет на евроизборите на 9 јуни, јави дописникот на МИА од Атина.

„Продолжуваат провокациите од Македонија“ е најчестиот коментар во медиумите во изминатиот период.

Последното што го пренесуваат медиумите е средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со амбасадорот на Австрија, но не поради суштината на средбата и темите за кои разговарале, туку поради тоа што на објавата на Фејсбук е употребено името Македонија.

- Лидерот на екстремно десничарската ВМРО-ДПМНЕ и мандатарот за премиер на Македонија се чини дека е подготвен да продолжи со провокациите. Инсистирајќи дека има право да ја нарекува својата земја како што сака, Христијан Мицкоски продолжува со провокациите, инсистирајќи на официјална средба со странски функционер да се нарекува „Македонија“, пишува информативниот портал „Ин“.

-По провокациите на новата претседателка на Македонија, и мандатарот за премиер Христијан Мицкоски инсистира на името „Македонија“, со што уште еднаш го прекршува Договорот од Преспа, пишува информативниот портал „Ајефимерида“.

Дополнително, медиумите го пренесуваат и интервјуто на Мицкоски за „Ора24“, поконкретно делот каде што го користи името Македонија.

Во изминатите денови во Грција актуелен беше и новиот сајт на претседателката, со оглед на тоа што, како што пишуваат медиумите, изземено е уставното име.

Државната телевизија „ЕРТ“ во текстот објавен во вторникот вечерта пишува дека „официјалната веб-страница на претседателката Гордана Сиљановска не го содржи името Република Македонија“.

-Уставното име на земјата, „Република Македонија“ се појавува во описот на земјата во категоријата „МК“, каде што се наведени географски, демографски и други податоци. Во категоријата „Претседател“ се споменува едноставно „Претседател“ без да се наведе земјата на потекло. Дополнително, во информациите за нејзините средби со амбасадори на странски држави, се споменува само дека претседателката Сиљановска-Давкова имаше средби, објави „ЕРТ“.

Телевизијата „Мега“ во денешниот прилог коментира дека претседателката „играјќи со името на земјата на обновената интернет станица избегнува да го користи името Македонија“.

-На сајтот не постои името на земјата, а до името на госпоѓата Сиљановска постои само титулата претседателка, објави ТВ „Мега“,

За, како што коментира, „игрите на претседателката на Македонија“ пишува и „Си-ен-ен Грција“, но не само за официјалниот сајт, туку и за профилот на Сиљановска Давкова на платформата Икс, каде што според грчкиот информативен портал се „претставува како претседателка на Македонија“.

Дополнително, медиумите во Грција ги пренесуваат позициите и на грчката Влада, но и реакциите од опозициските партии, а акцентот го ставаат на пораката од Атина до Скопје дека за европската перспектива предуслов е почитување на Договорот од Преспа.

Грција е нешто повеќе од две седмици пред европските избори, а лидерите на партиите одржуваат митинзи, средби со граѓани и даваат интервјуа за медиумите, а освен на актуелните внатрешно теми, се осврнуваат и на македонско-грчките односи.

The post Mицкоски и Силјановска се уште главна тема во медиумите во Грција appeared first on Република.

]]>

Две седмици по победата на ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори и десет дена по инаугурацијата на Гордана Сиљановска Давкова, медиумите во Грција секојдневно следат сè што се случува кај нас, а е поврзано со Грција, но ги пренесуваат и пораките од домашните политичари изразени во интервјуа и говори, кои во изминатиот период ги има во изобилство со оглед на тоа дека земјата е во предизборен период во пресрет на евроизборите на 9 јуни, јави дописникот на МИА од Атина. „Продолжуваат провокациите од Македонија“ е најчестиот коментар во медиумите во изминатиот период. Последното што го пренесуваат медиумите е средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со амбасадорот на Австрија, но не поради суштината на средбата и темите за кои разговарале, туку поради тоа што на објавата на Фејсбук е употребено името Македонија. - Лидерот на екстремно десничарската ВМРО-ДПМНЕ и мандатарот за премиер на Македонија се чини дека е подготвен да продолжи со провокациите. Инсистирајќи дека има право да ја нарекува својата земја како што сака, Христијан Мицкоски продолжува со провокациите, инсистирајќи на официјална средба со странски функционер да се нарекува „Македонија“, пишува информативниот портал „Ин“. -По провокациите на новата претседателка на Македонија, и мандатарот за премиер Христијан Мицкоски инсистира на името „Македонија“, со што уште еднаш го прекршува Договорот од Преспа, пишува информативниот портал „Ајефимерида“. Дополнително, медиумите го пренесуваат и интервјуто на Мицкоски за „Ора24“, поконкретно делот каде што го користи името Македонија. Во изминатите денови во Грција актуелен беше и новиот сајт на претседателката, со оглед на тоа што, како што пишуваат медиумите, изземено е уставното име. Државната телевизија „ЕРТ“ во текстот објавен во вторникот вечерта пишува дека „официјалната веб-страница на претседателката Гордана Сиљановска не го содржи името Република Македонија“. -Уставното име на земјата, „Република Македонија“ се појавува во описот на земјата во категоријата „МК“, каде што се наведени географски, демографски и други податоци. Во категоријата „Претседател“ се споменува едноставно „Претседател“ без да се наведе земјата на потекло. Дополнително, во информациите за нејзините средби со амбасадори на странски држави, се споменува само дека претседателката Сиљановска-Давкова имаше средби, објави „ЕРТ“. Телевизијата „Мега“ во денешниот прилог коментира дека претседателката „играјќи со името на земјата на обновената интернет станица избегнува да го користи името Македонија“. -На сајтот не постои името на земјата, а до името на госпоѓата Сиљановска постои само титулата претседателка, објави ТВ „Мега“, За, како што коментира, „игрите на претседателката на Македонија“ пишува и „Си-ен-ен Грција“, но не само за официјалниот сајт, туку и за профилот на Сиљановска Давкова на платформата Икс, каде што според грчкиот информативен портал се „претставува како претседателка на Македонија“. Дополнително, медиумите во Грција ги пренесуваат позициите и на грчката Влада, но и реакциите од опозициските партии, а акцентот го ставаат на пораката од Атина до Скопје дека за европската перспектива предуслов е почитување на Договорот од Преспа. Грција е нешто повеќе од две седмици пред европските избори, а лидерите на партиите одржуваат митинзи, средби со граѓани и даваат интервјуа за медиумите, а освен на актуелните внатрешно теми, се осврнуваат и на македонско-грчките односи.

The post Mицкоски и Силјановска се уште главна тема во медиумите во Грција appeared first on Република.

]]>
Заев за грчките медиуми: Одговорноста не е само политичка, туку и правна https://republika.mk/vesti/balkan/zaev-za-grchkite-mediumi-odgovornosta-ne-e-samo-politichka-tuku-i-pravna/ Wed, 15 May 2024 09:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=778216

Ставовите од ЕУ и НАТО, но и внатрешните реакции во Грција, односно позициите на опозициските партии и секако на Владата во однос на Договорот од Преспа и понатаму се во фокусот на грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Весникот „Катимерини“ во текстот под наслов „Атина ја очекува новата Влада во Скопје“ го пренесува ставот на актуелната грчка Влада дека државата има континуитет и дека покрај нивното несогласување пред да се изгласа Договорот од Преспа, сега го почитуваат.

Истакнува дека следниот чекор што се очекува е формирањето на Владата кај нас на крајот на мај, кога ќе биде претставена програмата „што ќе покаже каде одат соседите“.

Грчката телевизија „Опен“ во прилогот од Скопје, пренесува ставови на граѓани кои ја истакнуваат важноста на европската перспектива на земјата, но и изјава на поранешниот премиер Зоран Заев, кој го коментира ставот на новата претседателка.

-Неусогласувањето носи одговорности и сериозни последици за државата што веднаш ќе се почувствуваат од граѓаните. Одговорноста не е само политичка, туку и правна. Па така, како носители на највисоките државни функции, ќе треба да ги почитуваат Уставот, меѓународниот Договор од Преспа и законите, вели Заев за телевизијата „Опен“.

Употребата на името „Македонија“ од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, предизвика и внатрешно-политички конфронтации во Грција меѓу Владата и опозициските партии, заедно со останатите актуелни грчки теми, со оглед на тоа дека земјата веќе е во предизборен период во пресрет на евроизборите на 9 јуни.

Трите меморандуми за соработка што сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент се во фокусот на меѓусебните препукувања на релација Нова демократија – СИРИЗА.

Грчката Влада вели дека ставот на Сиљановска Давкова ја оправдува нивната позиција за доцнење на ратификацијата, додека пак од СИРИЗА доцнењето сметаа дека не ѝ оди во прилог на Грција и најавуваат законска иницијатива за носење на меморандумите пред пратениците.

The post Заев за грчките медиуми: Одговорноста не е само политичка, туку и правна appeared first on Република.

]]>

Ставовите од ЕУ и НАТО, но и внатрешните реакции во Грција, односно позициите на опозициските партии и секако на Владата во однос на Договорот од Преспа и понатаму се во фокусот на грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот „Катимерини“ во текстот под наслов „Атина ја очекува новата Влада во Скопје“ го пренесува ставот на актуелната грчка Влада дека државата има континуитет и дека покрај нивното несогласување пред да се изгласа Договорот од Преспа, сега го почитуваат. Истакнува дека следниот чекор што се очекува е формирањето на Владата кај нас на крајот на мај, кога ќе биде претставена програмата „што ќе покаже каде одат соседите“. Грчката телевизија „Опен“ во прилогот од Скопје, пренесува ставови на граѓани кои ја истакнуваат важноста на европската перспектива на земјата, но и изјава на поранешниот премиер Зоран Заев, кој го коментира ставот на новата претседателка.
-Неусогласувањето носи одговорности и сериозни последици за државата што веднаш ќе се почувствуваат од граѓаните. Одговорноста не е само политичка, туку и правна. Па така, како носители на највисоките државни функции, ќе треба да ги почитуваат Уставот, меѓународниот Договор од Преспа и законите, вели Заев за телевизијата „Опен“.
Употребата на името „Македонија“ од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, предизвика и внатрешно-политички конфронтации во Грција меѓу Владата и опозициските партии, заедно со останатите актуелни грчки теми, со оглед на тоа дека земјата веќе е во предизборен период во пресрет на евроизборите на 9 јуни. Трите меморандуми за соработка што сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент се во фокусот на меѓусебните препукувања на релација Нова демократија – СИРИЗА. Грчката Влада вели дека ставот на Сиљановска Давкова ја оправдува нивната позиција за доцнење на ратификацијата, додека пак од СИРИЗА доцнењето сметаа дека не ѝ оди во прилог на Грција и најавуваат законска иницијатива за носење на меморандумите пред пратениците.

The post Заев за грчките медиуми: Одговорноста не е само политичка, туку и правна appeared first on Република.

]]>
Toa што претседателката го користеше зборот „Македонија“ за грчките медиуми е провокација https://republika.mk/vesti/balkan/toa-shto-pretsedatelkata-go-koristeshe-zborot-makedonija-za-grchkite-mediumi-e-provokatsija/ Sun, 12 May 2024 12:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=777275

Провокација од Силјановска“ е коментарот на дел од грчките медиуми во текстовите за инаугурацијата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова поради употребата на терминот „Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција го пренесуваат текстот на државната новинска агенција АНА-МПА под наслов „Македонија: Гордана Силјановска положи заклетва како претседателка на земјата, која ја нарече „Македонија“.

Во текстот пишува дека „Силјановска, за време на заклетвата, државата ја нарече „Македонија“, и покрај тоа што во текстот на заклетвата, кој го читаше претседателот на Собранието во заминување, Јован Митрески, повикувајќи ја Силјановска да повтори, земјата беше спомената како „Македонија“.

-Амбасадорката на Грција во Македонија, Софиа Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за инаугурацијата на Гордана Силјановска, си замина во знак на протест поради фактот што претседателката за време на нејзината заклетва ја нарече земјата „Македонија“, прекршувајќи го Договорот од Преспа, пишува АНА-МПА.

„Македонија: Провокација од новата претседателка-земјата ја нарече Македонија“; „Македонија: Грчката амбасадорка ја напушти инаугурацијата“; „Македонија: Гордана Силјановска ја нарече Македонија“; „Македонија: Го кажа и го стори тоа новата претседателка“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од државната новинска агенција

The post Toa што претседателката го користеше зборот „Македонија“ за грчките медиуми е провокација appeared first on Република.

]]>

Провокација од Силјановска“ е коментарот на дел од грчките медиуми во текстовите за инаугурацијата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова поради употребата на терминот „Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.   Медиумите во Грција го пренесуваат текстот на државната новинска агенција АНА-МПА под наслов „Македонија: Гордана Силјановска положи заклетва како претседателка на земјата, која ја нарече „Македонија“. Во текстот пишува дека „Силјановска, за време на заклетвата, државата ја нарече „Македонија“, и покрај тоа што во текстот на заклетвата, кој го читаше претседателот на Собранието во заминување, Јован Митрески, повикувајќи ја Силјановска да повтори, земјата беше спомената како „Македонија“.
-Амбасадорката на Грција во Македонија, Софиа Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за инаугурацијата на Гордана Силјановска, си замина во знак на протест поради фактот што претседателката за време на нејзината заклетва ја нарече земјата „Македонија“, прекршувајќи го Договорот од Преспа, пишува АНА-МПА.
„Македонија: Провокација од новата претседателка-земјата ја нарече Македонија“; „Македонија: Грчката амбасадорка ја напушти инаугурацијата“; „Македонија: Гордана Силјановска ја нарече Македонија“; „Македонија: Го кажа и го стори тоа новата претседателка“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од државната новинска агенција

The post Toa што претседателката го користеше зборот „Македонија“ за грчките медиуми е провокација appeared first on Република.

]]>
Грчките медиуми загрижени дали новата власт ќе го користи името „Македонија“ без географската одредница https://republika.mk/vesti/balkan/grchkite-mediumi-zagrizheni-dali-novata-vlast-ke-go-koristi-imeto-makedonija-bez-geografskata-odrednitsa/ Fri, 10 May 2024 09:37:03 +0000 https://republika.mk/?p=776685

На употребата на името „Македонија“, без одредницата „Северна“, на почитувањето на Договорот од Преспа, но и на ставот на Грција за конкретното прашање, акцентот го ставаат дел од грчките медиуми во анализите по завчерашните избори кај нас, по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ и промената на политичката сцена, јави дописничката на МИА од Атина.

Весникот „Та неа“ во текстот под наслов „Нивна обврска е строго почитување на Договорот од Преспа“ пишува дека „Атина со зголемен интерес и смиреност ја следи промената на политичката сцена во Скопје“, а грчки дипломатски извори рекле дека изборите се демократски процес „чиј резултат ќе се почитува каков и да е“, а во исто време подвлекле дека „прилично поткопувачките позиции во однос на Договорот од Преспа, кои беа јавно изразени во предизборниот период од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не останаа незабележани и во никој случај не ја задоволуваат Атина“.

-Обврска на Скопје е строго да го почитува Договорот од Преспа, забележуваат дипломатските кругови од Грција, посочувајќи дека Македонија несомнено е важна земја во поширокиот регион со која сакаме да имаме добрососедски односи и која ја поддржуваме во однос на нејзината европска перспектива, пишува „Та неа“.

Весникот пренесува и дипломатски извори од Скопје, „кои ја отфрлаат можноста ВМРО-ДПМНЕ да го стави во опасност почитувањето на она што е вклучено во текстот на Договорот од 2018 година меѓу Грција и Македонија“.

-Кој и да е на власт во земјата, Договорот од Преспа ќе се почитува целосно, оценуваат од Скопје, потенцирајќи дека воопшто не е случајно што во текстот на Договорот од Преспа нема клаузула шо споменува рок на траење. „Тоа значи дека Договорот од Преспа е потпишан и е тука за да остане“, забележуваат истите дипломатски извори, пишува „Та неа“.

Весникот „Катимерини“ ги пренесува следните чекори по изборите, осврнувајќи се на инаугурацијата на новата претседателка в недела, коментирајќи дека тогаш ќе се види дали односите со Атина „ќе продолжат да се движат во умерена клима или ќе започне нов период на превирања, со Скопје да отвори нов фронт со Грција во моментот кога раздорот со Бугарија ја загрозува европската перспектива на Македонија“.

-Со оглед на тоа што во Македонија, Уставот не предвидува зголемени овластувања на претседателот, во нормални околности неделната инаугурација немаше да биде ништо повеќе од формална и можеби досадна процедура. Но, сега интересно е пред Уставот на која земја Силјановска ќе положи заклетва: на Македонија како уставно запишана со Договорот од Преспа или на непостоечка држава, „Република Македонија“, под кое самата чекореше кон високата функција и нејзината партија кон власт, иако со ниски тонови за време на предизборната кампања?, пишува грчкиот весник.

Исто како и „Та неа“ и „Катимерини“ пренесува грчки дипломатски извори кои неофицијално потенцирале дека новата власт во Скопје „има обврска строго да го почитува Договорот од Преспа кој е меѓународен договор, кој произведува обврски за соседната земја и е предуслов за развој на нејзиниот европски тек“.

Експертот и аналитичар за меѓународни прашања, професорот Константинос Филис, говорејќи за грчката телевизија Антена истакна дека односите меѓу двете земји „почнуваат од нула“.

-Ова е реалноста, бидејќи имаме Влада која е непријател на Договорот од Преспа, која се има закането дека ќе се обиде да го торпедира. Ова не е лесно. Зборуваме за меѓународен договор и ваквите договори се поништуваат само со согласност на двете држави. Грција би можела дури и да ја одведе Македонија пред меѓународниот суд во случај на неисполнување на обврските или заобиколување на делови од Договорот, истакна Филис.

Парламентарните и претседателските избори кај нас од вчера се една од главните теми во медиумите во Грција, кои пренесуваат ставови, изјави и анализираат каков би бил ставот на официјална Атина, додека пак како што вчера објави МИА, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на редовниот брифинг со новинарите и министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во интервју за радио, излегоа со став за промената на политичката сцена.

Маринакис, на прашањето на дописничката на МИА од Атина, посочи дека чекаат прво да ги слушнат позициите на новата Влада во Скопје, а потоа ќе коментираат, додека пак Герапетритис говорејќи за „Скај“ изрази надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да направи промени во надворешната политика, но и дека земјата ќе го продолжи својот европски пат

The post Грчките медиуми загрижени дали новата власт ќе го користи името „Македонија“ без географската одредница appeared first on Република.

]]>

На употребата на името „Македонија“, без одредницата „Северна“, на почитувањето на Договорот од Преспа, но и на ставот на Грција за конкретното прашање, акцентот го ставаат дел од грчките медиуми во анализите по завчерашните избори кај нас, по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ и промената на политичката сцена, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот „Та неа“ во текстот под наслов „Нивна обврска е строго почитување на Договорот од Преспа“ пишува дека „Атина со зголемен интерес и смиреност ја следи промената на политичката сцена во Скопје“, а грчки дипломатски извори рекле дека изборите се демократски процес „чиј резултат ќе се почитува каков и да е“, а во исто време подвлекле дека „прилично поткопувачките позиции во однос на Договорот од Преспа, кои беа јавно изразени во предизборниот период од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не останаа незабележани и во никој случај не ја задоволуваат Атина“.
-Обврска на Скопје е строго да го почитува Договорот од Преспа, забележуваат дипломатските кругови од Грција, посочувајќи дека Македонија несомнено е важна земја во поширокиот регион со која сакаме да имаме добрососедски односи и која ја поддржуваме во однос на нејзината европска перспектива, пишува „Та неа“.
Весникот пренесува и дипломатски извори од Скопје, „кои ја отфрлаат можноста ВМРО-ДПМНЕ да го стави во опасност почитувањето на она што е вклучено во текстот на Договорот од 2018 година меѓу Грција и Македонија“.
-Кој и да е на власт во земјата, Договорот од Преспа ќе се почитува целосно, оценуваат од Скопје, потенцирајќи дека воопшто не е случајно што во текстот на Договорот од Преспа нема клаузула шо споменува рок на траење. „Тоа значи дека Договорот од Преспа е потпишан и е тука за да остане“, забележуваат истите дипломатски извори, пишува „Та неа“.
Весникот „Катимерини“ ги пренесува следните чекори по изборите, осврнувајќи се на инаугурацијата на новата претседателка в недела, коментирајќи дека тогаш ќе се види дали односите со Атина „ќе продолжат да се движат во умерена клима или ќе започне нов период на превирања, со Скопје да отвори нов фронт со Грција во моментот кога раздорот со Бугарија ја загрозува европската перспектива на Македонија“.
-Со оглед на тоа што во Македонија, Уставот не предвидува зголемени овластувања на претседателот, во нормални околности неделната инаугурација немаше да биде ништо повеќе од формална и можеби досадна процедура. Но, сега интересно е пред Уставот на која земја Силјановска ќе положи заклетва: на Македонија како уставно запишана со Договорот од Преспа или на непостоечка држава, „Република Македонија“, под кое самата чекореше кон високата функција и нејзината партија кон власт, иако со ниски тонови за време на предизборната кампања?, пишува грчкиот весник.
Исто како и „Та неа“ и „Катимерини“ пренесува грчки дипломатски извори кои неофицијално потенцирале дека новата власт во Скопје „има обврска строго да го почитува Договорот од Преспа кој е меѓународен договор, кој произведува обврски за соседната земја и е предуслов за развој на нејзиниот европски тек“. Експертот и аналитичар за меѓународни прашања, професорот Константинос Филис, говорејќи за грчката телевизија Антена истакна дека односите меѓу двете земји „почнуваат од нула“.
-Ова е реалноста, бидејќи имаме Влада која е непријател на Договорот од Преспа, која се има закането дека ќе се обиде да го торпедира. Ова не е лесно. Зборуваме за меѓународен договор и ваквите договори се поништуваат само со согласност на двете држави. Грција би можела дури и да ја одведе Македонија пред меѓународниот суд во случај на неисполнување на обврските или заобиколување на делови од Договорот, истакна Филис.
Парламентарните и претседателските избори кај нас од вчера се една од главните теми во медиумите во Грција, кои пренесуваат ставови, изјави и анализираат каков би бил ставот на официјална Атина, додека пак како што вчера објави МИА, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на редовниот брифинг со новинарите и министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во интервју за радио, излегоа со став за промената на политичката сцена. Маринакис, на прашањето на дописничката на МИА од Атина, посочи дека чекаат прво да ги слушнат позициите на новата Влада во Скопје, а потоа ќе коментираат, додека пак Герапетритис говорејќи за „Скај“ изрази надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да направи промени во надворешната политика, но и дека земјата ќе го продолжи својот европски пат

The post Грчките медиуми загрижени дали новата власт ќе го користи името „Македонија“ без географската одредница appeared first on Република.

]]>
Грчки медиуми: Историско сослужување во Фанар https://republika.mk/vesti/balkan/grchki-mediumi-istorisko-sosluzuvanje-vo-fanar/ Mon, 13 Jun 2022 09:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=514391

„Историско сослужување во Фанар за Педесетница со учество на Охридскиот архиепископ“; „Заедничка литургија на Вселенскиот патријарх со Охридскиот архиепископ“;„Историско сослужување во Фанар со учество на Охридскиот архиепископ по 59 години“; „Вселенскиот патријарх до Охридскиот архиепископ: Вашиот понатамошен тек зависи исклучиво од вашето однесување“; „Покана до Вселенскиот патријарх да го посети Скопје“; „Вселенскиот до Охридскиот: Срдечно доверете ѝ се на вашата Мајка Црква“; „Охридската Архиепископија сослужуваше заедно со Вселенската патријаршија“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната заедничката литургија во Истанбул, јави дописничката на МИА од Атина.

Веста во Грција ја проследија како црковните медиуми, така и информативните портали, а главно го пренесуваат соопштението од Вселенската патријаршија под наслов „Историско сослужување во Фанар за Педесетница со учество на Охридскиот архиепископ“.

Во опширното и детално соопштение од Птријаршијата пренесени се обраќањата како на Вселенскиот патријарх, така и на Охридскиот архиепископ, но и средбата на Вартоломеј со владината делегација од Македонија, по завршувањето на литургијата.

Грчката телевизија „Скај“, преку нејзиниот дописник од Истанбул објави дека вчерашната заедничка литургија траеше пет часа, а присуствуваа, меѓу другото и премиерот Димитар Ковачевски, министри од Владата.

-Во Фанар се случи историски настан, бидејќи по 59 години Охридската архиепископија се враќа во Вселенската патријаршија, објави „Скај“ на нејзиниот официјален сајт.

Порталот „Ортодоксија – новинска агенција за црковни вести“, коментира дека вчерашната заедничка литургија стави крај на 55 годишната шизма.

-Јасна порака до Архиепископот Охридски господин Стефан дека отсега нивниот тек во сеправославниот свет зависи исклучиво од нивното сопствено однесување и нивниот избор испрати Вселенскиот патријарх Вартоломеј при завршувањето на историското сослужување што се одржа во патријаршиската црква Свети Георгиј во Фанар, што во пракса го запечати возобновувањето на литургијата и враќањето во канонско заедништво на црквата која 55 години беше карактеризирана како шизматичка , пишува порталот.

Црковниот портал „Еклисија онлајн“ се осврнува на поканата до Вселенскиот патријарх Вартоломеј да го посети Скопје, упатена како од премиерот, така и од Охридскиот архиепископ“.

-Во некој момент ќе имам радост и благослов да остварам таква посета, одговори Неговата Светост, објаснувајќи ги причините поради кои се уште не ја посетил земјата, пишува порталот.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ пишува дека „Вселенскиот патријарх вчерашниот ден го карактеризираше како ден на почеток во кој Охридската црква официјално го зазема своето место во Светото црковно тело“.

The post Грчки медиуми: Историско сослужување во Фанар appeared first on Република.

]]>

„Историско сослужување во Фанар за Педесетница со учество на Охридскиот архиепископ“; „Заедничка литургија на Вселенскиот патријарх со Охридскиот архиепископ“;„Историско сослужување во Фанар со учество на Охридскиот архиепископ по 59 години“; „Вселенскиот патријарх до Охридскиот архиепископ: Вашиот понатамошен тек зависи исклучиво од вашето однесување“; „Покана до Вселенскиот патријарх да го посети Скопје“; „Вселенскиот до Охридскиот: Срдечно доверете ѝ се на вашата Мајка Црква“; „Охридската Архиепископија сослужуваше заедно со Вселенската патријаршија“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната заедничката литургија во Истанбул, јави дописничката на МИА од Атина. Веста во Грција ја проследија како црковните медиуми, така и информативните портали, а главно го пренесуваат соопштението од Вселенската патријаршија под наслов „Историско сослужување во Фанар за Педесетница со учество на Охридскиот архиепископ“. Во опширното и детално соопштение од Птријаршијата пренесени се обраќањата како на Вселенскиот патријарх, така и на Охридскиот архиепископ, но и средбата на Вартоломеј со владината делегација од Македонија, по завршувањето на литургијата. Грчката телевизија „Скај“, преку нејзиниот дописник од Истанбул објави дека вчерашната заедничка литургија траеше пет часа, а присуствуваа, меѓу другото и премиерот Димитар Ковачевски, министри од Владата. -Во Фанар се случи историски настан, бидејќи по 59 години Охридската архиепископија се враќа во Вселенската патријаршија, објави „Скај“ на нејзиниот официјален сајт. Порталот „Ортодоксија – новинска агенција за црковни вести“, коментира дека вчерашната заедничка литургија стави крај на 55 годишната шизма. -Јасна порака до Архиепископот Охридски господин Стефан дека отсега нивниот тек во сеправославниот свет зависи исклучиво од нивното сопствено однесување и нивниот избор испрати Вселенскиот патријарх Вартоломеј при завршувањето на историското сослужување што се одржа во патријаршиската црква Свети Георгиј во Фанар, што во пракса го запечати возобновувањето на литургијата и враќањето во канонско заедништво на црквата која 55 години беше карактеризирана како шизматичка , пишува порталот. Црковниот портал „Еклисија онлајн“ се осврнува на поканата до Вселенскиот патријарх Вартоломеј да го посети Скопје, упатена како од премиерот, така и од Охридскиот архиепископ“. -Во некој момент ќе имам радост и благослов да остварам таква посета, одговори Неговата Светост, објаснувајќи ги причините поради кои се уште не ја посетил земјата, пишува порталот. Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ пишува дека „Вселенскиот патријарх вчерашниот ден го карактеризираше како ден на почеток во кој Охридската црква официјално го зазема своето место во Светото црковно тело“.  

The post Грчки медиуми: Историско сослужување во Фанар appeared first on Република.

]]>
Новата македонска влада во грчките медиуми: Фокусот на средбата Ковачевски – Петков https://republika.mk/vesti/makedonija/novata-makedonska-vlada-vo-grchkite-mediumi-fokusot-na-sredbata-kovachevski-petkov/ Mon, 17 Jan 2022 12:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=445846

„Cеверна Македонија: Владата на Ковачевски доби доверба“; „Cеверна Македонија: Со 62 гласа „за“ беше избрана Владата на Ковачевски“; Cеверна Македонија: Владата на Ковачевски доби доверба од Собранието“, се дел од насловите во онлајн изданијата грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА за синоќешното гласање на доверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

АНА-МПА детално го објаснува новиот владин состав, ги пренесува ставовите на новиот премиер за време на расправата во Собранието, како и ставовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Аналитичарите во Скопје го поставуваат прашањето дали Владата на Димитар Ковачевски ќе може да го заврши својот мандат, кој формално е уште две и пол години. Тоа е затоа што најголемата партија во владејачката коалиција, СДСМ, на неодамнешните локални избори во земјата претрпе убедлив пораз, што предизвика сериозни турбуленции во самата партија, додека десничарската ВМРО-ДПМНЕ, која во моментов се појавува како најголема политичка сила во земјата, на високи тонови аргументира дека новата Влада нема легитимитет, бидејќи постои неусогласеност меѓу власта и народната волја, како што таа беше изразена на локалните избори. Сепак, Димитар Ковачевски вели дека неговата Влада ќе го заврши мандатот и ја отфрла можноста за предвремени избори, објави АНА-МПА.

Грчката новинска агенција коментира и дека „една од „жешките“ теми“ за новата Влада се односите со Бугарија, „која над една година го спречува почетокот на пристапните преговори меѓу Македонија и ЕУ поради отворените национални, јазични и историски разлики меѓу двете земји“.

-Новиот премиер на Бугарија Кирил Петков ќе биде првиот странски лидер што ќе се сретне со Димитар Ковачевски. Петков утре, вторник, 18 јануари, ќе го посети Скопје, каде ќе се сретне со новиот премиер на Македонија, а во фокусот ќе се најдат „проблематичните“ односи меѓу двете земји и можноста за нивна делумна нормализација преку формирање мешани комисии за соработка во различни области, пишува АНА-МПА.

The post Новата македонска влада во грчките медиуми: Фокусот на средбата Ковачевски – Петков appeared first on Република.

]]>

„Cеверна Македонија: Владата на Ковачевски доби доверба“; „Cеверна Македонија: Со 62 гласа „за“ беше избрана Владата на Ковачевски“; Cеверна Македонија: Владата на Ковачевски доби доверба од Собранието“, се дел од насловите во онлајн изданијата грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА за синоќешното гласање на доверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина. АНА-МПА детално го објаснува новиот владин состав, ги пренесува ставовите на новиот премиер за време на расправата во Собранието, како и ставовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.