граници Archives - Република https://republika.mk/tema/granici/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 09:35:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png граници Archives - Република https://republika.mk/tema/granici/ 32 32 На границите се воведува систем за препознавање на регистарските таблички https://republika.mk/vesti/ekonomija/na-granitsite-se-voveduva-sistem-za-prepoznavane-na-registarskite-tablichki/ Wed, 02 Oct 2024 09:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=821695

Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот Бобан Николовски при работната посета на граничниот премин Ќафасан.

Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Во моментов на Ќафасан во тек се градежни активности за реконструкција и надградба на преминот, а како дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка.

The post На границите се воведува систем за препознавање на регистарските таблички appeared first on Република.

]]>

Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот Бобан Николовски при работната посета на граничниот премин Ќафасан. Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани. Во моментов на Ќафасан во тек се градежни активности за реконструкција и надградба на преминот, а како дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка.

The post На границите се воведува систем за препознавање на регистарските таблички appeared first on Република.

]]>
Германија воведува радикални правила за влез во земјата: Врши проверки на сите гранични премини https://republika.mk/vesti/svet/germanija-voveduva-radikalni-pravila-za-vlez-vo-zemjata-vrshi-proverki-na-site-granichni-premini/ Mon, 16 Sep 2024 07:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=816677

Германија од денеска ги прошири граничните контроли на сите свои граници во обид да ја спречи илегалната миграција, за што критичарите велат дека ги загрозува правилата на Шенген зоната за слобода на движење.

Германската полиција воведе контроли на премините со Луксембург, Белгија, Холандија и Данска, покрај претходните контроли на премините кон Полска, Чешка, Австрија, Швајцарија и Франција.

Секретарот за внатрешни работи Ненси Фезер, која ги нареди проверките, вети дека оние што патуваат на работа преку границата не треба да очекуваат големи нарушувања во сообраќајот.

Фезер пред една недела официјално ги регистрираше новите контроли во Европската комисија, тврдејќи дека тие се неопходни поради големиот број мигранти кои пристигнуваат во Германија.

Тие треба да траат шест месеци, но може да бидат продолжени.

Проверките на границата со Австрија се воведени од 2015 година.

Додека 29-те потписнички на Шенгенскиот договор, вклучително и мнозинството членки на Европската унија и Норвешка, Швајцарија, Исланд и Лихтенштајн, генерално дозволуваат слободно движење преку границите, воведени се контроли на некои премини поради ситуацијата со мигрантите и заканата од исламистички тероризам .

Граничните контроли им дозволуваат на властите да ги вратат мигрантите, што е многу полесен процес од депортацијата по влезот.

Од октомври 2023 година, Германија вратила околу 30.000 мигранти без законско право да влезат во земјата.

Прашањето за миграцијата се врати на врвот на политичката агенда кога Сириец, наводно, уби три лица во напад со нож во западниот град Солинген минатиот месец.

The post Германија воведува радикални правила за влез во земјата: Врши проверки на сите гранични премини appeared first on Република.

]]>

Германија од денеска ги прошири граничните контроли на сите свои граници во обид да ја спречи илегалната миграција, за што критичарите велат дека ги загрозува правилата на Шенген зоната за слобода на движење. Германската полиција воведе контроли на премините со Луксембург, Белгија, Холандија и Данска, покрај претходните контроли на премините кон Полска, Чешка, Австрија, Швајцарија и Франција. Секретарот за внатрешни работи Ненси Фезер, која ги нареди проверките, вети дека оние што патуваат на работа преку границата не треба да очекуваат големи нарушувања во сообраќајот. Фезер пред една недела официјално ги регистрираше новите контроли во Европската комисија, тврдејќи дека тие се неопходни поради големиот број мигранти кои пристигнуваат во Германија. Тие треба да траат шест месеци, но може да бидат продолжени. Проверките на границата со Австрија се воведени од 2015 година. Додека 29-те потписнички на Шенгенскиот договор, вклучително и мнозинството членки на Европската унија и Норвешка, Швајцарија, Исланд и Лихтенштајн, генерално дозволуваат слободно движење преку границите, воведени се контроли на некои премини поради ситуацијата со мигрантите и заканата од исламистички тероризам . Граничните контроли им дозволуваат на властите да ги вратат мигрантите, што е многу полесен процес од депортацијата по влезот. Од октомври 2023 година, Германија вратила околу 30.000 мигранти без законско право да влезат во земјата. Прашањето за миграцијата се врати на врвот на политичката агенда кога Сириец, наводно, уби три лица во напад со нож во западниот град Солинген минатиот месец.

The post Германија воведува радикални правила за влез во земјата: Врши проверки на сите гранични премини appeared first on Република.

]]>
На ГП Табановце зголемена фреквенција на возила https://republika.mk/zivot/servisi/na-gp-tabanovtse-zgolemena-frekventsija-na-vozila/ Sat, 17 Aug 2024 07:43:42 +0000 https://republika.mk/?p=807406

На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини езголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се
однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post На ГП Табановце зголемена фреквенција на возила appeared first on Република.

]]>

На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини езголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post На ГП Табановце зголемена фреквенција на возила appeared first on Република.

]]>
Пожар предизвика застој на патот од Солун до Евзони, возилата се пренасочуваа кон Дојран https://republika.mk/vesti/makedonija/pozhar-predizvika-zastoj-na-patot-od-solun-do-evzoni-vozilata-se-prenasochuvaa-kon-dojran/ Mon, 05 Aug 2024 12:10:08 +0000 https://republika.mk/?p=803522

Патот од Солун кон Евзони е отворен пред 20ина минути, а во спротивен правец е се уште затворен за сообраќај поради пожар, соопшти грчката полиција.

Пожарот, според локалните грчки медиуми е локализиран. Претпладнето се запалило возило на автопатот, и пожарот се проширил на сува трева, па затоа полицијата го затвори сообраќајот и во двата правца пред околу три часа.


Тоа предизвика застој на граничниот премин Евзони-Богородица, а грчката полиција ги пренасочуваше возилата кон преминот Дојран каде што се формира долга колона возила.

Според инфо камерите на ЈП за државни патишта, влезот во Грција преку ГП Богородица попладнево се одвива тековно во три или четири колони.

The post Пожар предизвика застој на патот од Солун до Евзони, возилата се пренасочуваа кон Дојран appeared first on Република.

]]>

Патот од Солун кон Евзони е отворен пред 20ина минути, а во спротивен правец е се уште затворен за сообраќај поради пожар, соопшти грчката полиција. Пожарот, според локалните грчки медиуми е локализиран. Претпладнето се запалило возило на автопатот, и пожарот се проширил на сува трева, па затоа полицијата го затвори сообраќајот и во двата правца пред околу три часа.
Тоа предизвика застој на граничниот премин Евзони-Богородица, а грчката полиција ги пренасочуваше возилата кон преминот Дојран каде што се формира долга колона возила. Според инфо камерите на ЈП за државни патишта, влезот во Грција преку ГП Богородица попладнево се одвива тековно во три или четири колони.

The post Пожар предизвика застој на патот од Солун до Евзони, возилата се пренасочуваа кон Дојран appeared first on Република.

]]>
Кога е најдобро време да се премине „Богородица“, а кога „Табановце“ https://republika.mk/zivot/patuvanja/koga-e-najdobro-vreme-da-se-premine-bogoroditsa-a-koga-tabanovtse/ Mon, 29 Jul 2024 18:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=801401

Администраторите на популарната групација „Никана.гр“, сумирајќи ги нивните и искуствата на патниците кои летуваат преку нив, ги споделија периодите кога македонските граници може да се поминат најбрзо и кога има најмалку гужва.

Кога станува збор за влезот во Грција преку граничните премини „Богородица“ и грчки „Евзони“, најголемата гужва е од 6 до 12 часот, додека по 20 часот е многу порастеретено. Најдобро време за влегување во Македонија од Грција, пак, кога станува збор за Евзони, е после 20 часот.

Доколку, пак, сакате да патувате за Србија на омилениот еднодневен шопинг во Врање, најдобро време за влез во Србија од Македонија е меѓу 23 и 5 часот наутро. Додека од Србија кон Македонија преку „Табановце“ најбрзо се поминува после 21 часот. Гужвите на тој граничен премин почнуваат веќе во 3 часот по полноќ.

Секако повеќе гужви има за викендите, но не само во петок и сабота, туку и во недела и понеделник, предупредуваат тие.

Но, овие сатници не се правило, затоа што брзо и лесно се создаваат гужви.

The post Кога е најдобро време да се премине „Богородица“, а кога „Табановце“ appeared first on Република.

]]>

Администраторите на популарната групација „Никана.гр“, сумирајќи ги нивните и искуствата на патниците кои летуваат преку нив, ги споделија периодите кога македонските граници може да се поминат најбрзо и кога има најмалку гужва. Кога станува збор за влезот во Грција преку граничните премини „Богородица“ и грчки „Евзони“, најголемата гужва е од 6 до 12 часот, додека по 20 часот е многу порастеретено. Најдобро време за влегување во Македонија од Грција, пак, кога станува збор за Евзони, е после 20 часот. Доколку, пак, сакате да патувате за Србија на омилениот еднодневен шопинг во Врање, најдобро време за влез во Србија од Македонија е меѓу 23 и 5 часот наутро. Додека од Србија кон Македонија преку „Табановце“ најбрзо се поминува после 21 часот. Гужвите на тој граничен премин почнуваат веќе во 3 часот по полноќ. Секако повеќе гужви има за викендите, но не само во петок и сабота, туку и во недела и понеделник, предупредуваат тие. Но, овие сатници не се правило, затоа што брзо и лесно се создаваат гужви.

The post Кога е најдобро време да се премине „Богородица“, а кога „Табановце“ appeared first on Република.

]]>
Гужви на „Богородица“, уште повеќе на „Табановце“ https://republika.mk/zivot/servisi/guzhvi-na-bogoroditsa-ushte-poveke-na-tabanovtse/ Fri, 26 Jul 2024 06:08:28 +0000 https://republika.mk/?p=800344

На граничниот премин Табановце утринава за влез во земјава се чека околу еден час, а на граничниот премин Богородица времето на чекање за излез од земјава е од 30 до 40 минути, информира Авто Мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Фреквенцијата на возила надвор од градските средини е зголемена.

The post Гужви на „Богородица“, уште повеќе на „Табановце“ appeared first on Република.

]]>

На граничниот премин Табановце утринава за влез во земјава се чека околу еден час, а на граничниот премин Богородица времето на чекање за излез од земјава е од 30 до 40 минути, информира Авто Мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Фреквенцијата на возила надвор од градските средини е зголемена.

The post Гужви на „Богородица“, уште повеќе на „Табановце“ appeared first on Република.

]]>
Реформи и реорганизација на границите за побрз проток, вети Тошковски https://republika.mk/vesti/makedonija/reformi-i-reorganizatsija-na-granitsite-za-pobrz-protok-veti-toshkovski/ Thu, 25 Jul 2024 12:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=800199

Реформи и реорганизација за побрз проток на патниците на граничните премини ќе има, истакна денеска на граничниот премин „Табановце, Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој заедно со својот српски колега Ивица Дачиќ одговараа на новинарско прашање за тоа кога ќе профункционираат едношалтерските системи на граничните премини, и дали ќе има инвестиции во насока на подобрување на технологијата за побрз проток на патници.

Еден од основните приоритети на новата Влада особено во рамки на МВР е интегриран систем на гранично управување во рамки на коишто освен граничен надзор влегува и граничен премин, така што реформа, реорганизација, дигитализација во овој дел секако дека ќе претставува еден од приоритетите на МВР. Апсолутно е дека ќе сториме се’ кое што е во наша надлежност и во наша моќ да можеме да ги осовремениме граничните премини и да го убрзаме протокот на возила помеѓу нашите две пријателски земји, вели Тошковски.

Посочи дека ова не се однесува само за граничниот премин „Табановце“, туку и на сите останати гранични премини, што ги имаме на територијата.

Така што, секако дека е една од точките што ќе бидат разговарани со почитуваниот колега, така што ќе дадеме сè од себе. Верувајте ми дека и ние не сакаме секако да има волку големи колони, коишто создаваат нервози итн. И ние сакаме максимално брзо да се транзитира. Убеден сум дека и министерот, Дачиќ и сите останати членки во рамки и на нашата Влада и на Владата на Србија ќе дадат максимум од себеси за поедноставување на целокупниот проток, изјави Тошковски.

На новинарско прашање дали тоа би профункционирало оваа сезона, Тошковски со одговор дека се надева во најбрз можен рок.

Ако ви речам да, тогаш би ве излажал, а знаете дека не лажам, така што се надевам дека би имале најбрзо што може поедноставување на протокот на возилата, рече Тошковски.

Неговиот колега Дачиќ дополни дека оваа тема е актуелна низ годините и тоа уште во периодот кога тој претходно бил министер од 2008 до 2014 година.

Тогаш од ваша страна беше министерка и јас стопати барав и инсистирав да се поминува само со лична карта, да се поедностави, да се прави една застанување. Но, секогаш се биле некои административни проблеми е секогаш кога ќе ја започнете оваа приказна и еве сега додека и ние стоиме тука има некој којшто најверојатно ќе рече дека неможе баш тоа така. Но, еве да најдеме начин како може и да може ова максимално да се поедностави, а од друга страна мора да водиме сметка за контролата, која мора да биде одредена врста на контрола, пред се заради илегалната миграција, шверцот и се останато, вели Дачиќ.

Посочи дека и двајцата ќе бараат решенија за поедноставување и побрз проток на патници и стока. На новинарско прашање дека на границата функционара „one stop shop“, но не на посакуваното ниво, министерот за внатрешни работи, Дачиќ вели дека овој систем е направен да има само едно застанување.

Затоа треба да согледаме за се што вие зборувате за граничните премини, да видиме тоа на кој начин функционира и да ги најдеме најдобрите практични решенија. Значи во полицијата нема политика. Тука еве сега е конкретно, како да соработуваме на овој план, изјави Дачиќ.

Што се однесува за граничниот премин Миратовец – Лојане, кој е обзебедуван од страна на војската 24/7, Тошковски вели дека секоја една тема којашто е од значење на македонските граѓани, како и за граѓаните на Република Србија заслужува во најмала рака да биде разговарано. Инаку Тошковски од денеска ќе биде во работна посета на Република Србија, а ќе оствари средба со премиерот на Република Србија.

The post Реформи и реорганизација на границите за побрз проток, вети Тошковски appeared first on Република.

]]>

Реформи и реорганизација за побрз проток на патниците на граничните премини ќе има, истакна денеска на граничниот премин „Табановце, Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој заедно со својот српски колега Ивица Дачиќ одговараа на новинарско прашање за тоа кога ќе профункционираат едношалтерските системи на граничните премини, и дали ќе има инвестиции во насока на подобрување на технологијата за побрз проток на патници.
Еден од основните приоритети на новата Влада особено во рамки на МВР е интегриран систем на гранично управување во рамки на коишто освен граничен надзор влегува и граничен премин, така што реформа, реорганизација, дигитализација во овој дел секако дека ќе претставува еден од приоритетите на МВР. Апсолутно е дека ќе сториме се’ кое што е во наша надлежност и во наша моќ да можеме да ги осовремениме граничните премини и да го убрзаме протокот на возила помеѓу нашите две пријателски земји, вели Тошковски.
Посочи дека ова не се однесува само за граничниот премин „Табановце“, туку и на сите останати гранични премини, што ги имаме на територијата.
Така што, секако дека е една од точките што ќе бидат разговарани со почитуваниот колега, така што ќе дадеме сè од себе. Верувајте ми дека и ние не сакаме секако да има волку големи колони, коишто создаваат нервози итн. И ние сакаме максимално брзо да се транзитира. Убеден сум дека и министерот, Дачиќ и сите останати членки во рамки и на нашата Влада и на Владата на Србија ќе дадат максимум од себеси за поедноставување на целокупниот проток, изјави Тошковски.
На новинарско прашање дали тоа би профункционирало оваа сезона, Тошковски со одговор дека се надева во најбрз можен рок.
Ако ви речам да, тогаш би ве излажал, а знаете дека не лажам, така што се надевам дека би имале најбрзо што може поедноставување на протокот на возилата, рече Тошковски.
Неговиот колега Дачиќ дополни дека оваа тема е актуелна низ годините и тоа уште во периодот кога тој претходно бил министер од 2008 до 2014 година.
Тогаш од ваша страна беше министерка и јас стопати барав и инсистирав да се поминува само со лична карта, да се поедностави, да се прави една застанување. Но, секогаш се биле некои административни проблеми е секогаш кога ќе ја започнете оваа приказна и еве сега додека и ние стоиме тука има некој којшто најверојатно ќе рече дека неможе баш тоа така. Но, еве да најдеме начин како може и да може ова максимално да се поедностави, а од друга страна мора да водиме сметка за контролата, која мора да биде одредена врста на контрола, пред се заради илегалната миграција, шверцот и се останато, вели Дачиќ.
Посочи дека и двајцата ќе бараат решенија за поедноставување и побрз проток на патници и стока. На новинарско прашање дека на границата функционара „one stop shop“, но не на посакуваното ниво, министерот за внатрешни работи, Дачиќ вели дека овој систем е направен да има само едно застанување.
Затоа треба да согледаме за се што вие зборувате за граничните премини, да видиме тоа на кој начин функционира и да ги најдеме најдобрите практични решенија. Значи во полицијата нема политика. Тука еве сега е конкретно, како да соработуваме на овој план, изјави Дачиќ.
Што се однесува за граничниот премин Миратовец – Лојане, кој е обзебедуван од страна на војската 24/7, Тошковски вели дека секоја една тема којашто е од значење на македонските граѓани, како и за граѓаните на Република Србија заслужува во најмала рака да биде разговарано. Инаку Тошковски од денеска ќе биде во работна посета на Република Србија, а ќе оствари средба со премиерот на Република Србија.

The post Реформи и реорганизација на границите за побрз проток, вети Тошковски appeared first on Република.

]]>
На „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути https://republika.mk/zivot/servisi/na-tabanovtse-i-bogoroditsa-za-vlez-i-izlez-od-zemjava-se-cheka-po-okolu-40-minuti/ Fri, 05 Jul 2024 06:10:06 +0000 https://republika.mk/?p=793588

На граничните премини Табановце и Богородица утрово за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути, информираат за МИА од АМСМ. Викендов се очекува зголемен интензитет на сообраќајот поради летните одмори.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава воведен е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post На „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути appeared first on Република.

]]>

На граничните премини Табановце и Богородица утрово за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути, информираат за МИА од АМСМ. Викендов се очекува зголемен интензитет на сообраќајот поради летните одмори. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава воведен е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот. Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post На „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути appeared first on Република.

]]>
Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути https://republika.mk/zivot/servisi/na-tabanovtse-i-bogoroditsa-za-izlez-od-zemjava-se-cheka-30-minuti/ Thu, 04 Jul 2024 05:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=793221

Нa граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од земјава. Времето на чекање е околу 30 минути, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од АМСМ потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури и тоа во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 09 до 18 часот и во недела 09 до 22 часот.

На магистралниот пат Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали - петок од 15 до 22 часот, сабота од 07 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 07 до 22 часот.

The post Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути appeared first on Република.

]]>

Нa граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од земјава. Времето на чекање е околу 30 минути, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Од АМСМ потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури и тоа во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 09 до 18 часот и во недела 09 до 22 часот. На магистралниот пат Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали - петок од 15 до 22 часот, сабота од 07 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 07 до 22 часот.

The post Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути appeared first on Република.

]]>
Денеска полабаво од вчера: Засега се чека по 30 минути на македонските граници https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-polabavo-od-vchera-zasega-se-cheka-po-30-minuti-na-makedonskite-granitsi/ Mon, 01 Jul 2024 06:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=792267

По половина час се чека на граничните премини „Табановце“ за влез во земјава и на „Богородица“ за излез кон соседна Грција, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини, според информациите на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Поради летните одмори, гужви на овие гранични премини имаше и вчера.

https://republika.mk/zivot/servisi/na-tabanovtse-za-vlez-vo-makedonija-se-cheka-dva-chasa-na-drugite-granichni-premini-po-eden-chas/

The post Денеска полабаво од вчера: Засега се чека по 30 минути на македонските граници appeared first on Република.

]]>

По половина час се чека на граничните премини „Табановце“ за влез во земјава и на „Богородица“ за излез кон соседна Грција, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини, според информациите на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Поради летните одмори, гужви на овие гранични премини имаше и вчера. https://republika.mk/zivot/servisi/na-tabanovtse-za-vlez-vo-makedonija-se-cheka-dva-chasa-na-drugite-granichni-premini-po-eden-chas/

The post Денеска полабаво од вчера: Засега се чека по 30 минути на македонските граници appeared first on Република.

]]>
И денеска гужва на границите, само на македонска страна се чека 40 минути https://republika.mk/zivot/servisi/i-deneska-guzhva-na-granitsite-samo-na-makedonska-strana-se-cheka-40-minuti/ Sun, 23 Jun 2024 07:12:41 +0000 https://republika.mk/?p=789861

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ е зголемена фреквенцијата и се чека околу 40 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post И денеска гужва на границите, само на македонска страна се чека 40 минути appeared first on Република.

]]>

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ е зголемена фреквенцијата и се чека околу 40 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post И денеска гужва на границите, само на македонска страна се чека 40 минути appeared first on Република.

]]>
Норвешка ги затвора границите за руски туристи https://republika.mk/vesti/svet/norveshka-gi-zatvora-granitsite-za-ruski-turisti/ Thu, 23 May 2024 10:29:59 +0000 https://republika.mk/?p=781114

Норвешките власти денеска соооштија дека од идната недела ќе ги затворат своите граници за руските туристи, не дозволувајќи им директен пристап до Шенген зоната.

Иако не е членка, Норвешка го следи примерот на ЕУ, која презеде слична мерка по руската инвазија врз Украина. Таа скандинавска земја дели 198 километри копнена граница на Арктикот со Русија.

-Одлуката за заострување на правилата за влез е во согласност со пристапот на Норвешка да застане на страна на своите сојузници и партнери како одговор на илегалната агресија на Русија против Украина, изјави министерката за правда Емили Енгер Мехл.

Норвешка, членка на НАТО, речиси престана да издава туристички визи за руските граѓани од пролетта 2022 година. Само имателите на долгорочни визи издадени пред тој датум или имаат виза издадена од друга шенгенска земја може да ја преминат границата.

Од 29 мај ќе им биде забранет влез во Норвешка.

Предвидени се исклучоци, соопшти Министерството, особено за руските граѓани кои посетуваат членови на блиско семејство кои живеат во Норвешка и оние кои работат или студираат во таа земја или други земји од Шенген зоната.

Иако не е членка на ЕУ, Норвешка е тесно поврзана со неа и ги усвои речиси сите санкции што Брисел ги воведе против Русија.зш/

 

The post Норвешка ги затвора границите за руски туристи appeared first on Република.

]]>

Норвешките власти денеска соооштија дека од идната недела ќе ги затворат своите граници за руските туристи, не дозволувајќи им директен пристап до Шенген зоната. Иако не е членка, Норвешка го следи примерот на ЕУ, која презеде слична мерка по руската инвазија врз Украина. Таа скандинавска земја дели 198 километри копнена граница на Арктикот со Русија. -Одлуката за заострување на правилата за влез е во согласност со пристапот на Норвешка да застане на страна на своите сојузници и партнери како одговор на илегалната агресија на Русија против Украина, изјави министерката за правда Емили Енгер Мехл. Норвешка, членка на НАТО, речиси престана да издава туристички визи за руските граѓани од пролетта 2022 година. Само имателите на долгорочни визи издадени пред тој датум или имаат виза издадена од друга шенгенска земја може да ја преминат границата. Од 29 мај ќе им биде забранет влез во Норвешка. Предвидени се исклучоци, соопшти Министерството, особено за руските граѓани кои посетуваат членови на блиско семејство кои живеат во Норвешка и оние кои работат или студираат во таа земја или други земји од Шенген зоната. Иако не е членка на ЕУ, Норвешка е тесно поврзана со неа и ги усвои речиси сите санкции што Брисел ги воведе против Русија.зш/  

The post Норвешка ги затвора границите за руски туристи appeared first on Република.

]]>
Од утрово повторно работат границите со Грција https://republika.mk/vesti/makedonija/od-utrovo-povtorno-rabotat-granitsite-so-grtsija/ Thu, 04 Apr 2024 08:14:08 +0000 https://republika.mk/?p=761999

Утрово во 6 часот заврши дводневниот штрајк на грчките цариници и со тоа влегувањето во Грција преку трите премини Богородица-Евзони, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники се одвива нормално.

Како што информираше началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, сообраќајот и преминувањето на границата со јужниот сосед се одвива тековно.

Вчера и завчера во целосен прекин беше товарниот сообраќај на сите гранични премини, а повремено се пропуштаа патници на Богородица и Дојран.

The post Од утрово повторно работат границите со Грција appeared first on Република.

]]>

Утрово во 6 часот заврши дводневниот штрајк на грчките цариници и со тоа влегувањето во Грција преку трите премини Богородица-Евзони, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники се одвива нормално. Како што информираше началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, сообраќајот и преминувањето на границата со јужниот сосед се одвива тековно. Вчера и завчера во целосен прекин беше товарниот сообраќај на сите гранични премини, а повремено се пропуштаа патници на Богородица и Дојран.

The post Од утрово повторно работат границите со Грција appeared first on Република.

]]>
Утре и задутре затворени границите со Грција поради штрајк на цариниците https://republika.mk/vesti/balkan/utre-i-zadutre-zatvoreni-granitsite-so-grtsija-poradi-shtrajk-na-tsarinitsite/ Mon, 01 Apr 2024 11:03:15 +0000 https://republika.mk/?p=760906

Сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, утре и задутре ќе биде во прекин поради 48-часовниот штрајк на грчките царинските службеници, а извори од Федерацијата на цариниците за МИА од Атина велат дека граѓаните кои во следните два дена планирале да патуваат во Грција, добро ќе биде да го одложат нивното патување.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи, како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Дводневниот штрајк на цариниците ќе започне утре во шест часот наутро, се очекува целосно да биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, а истото ќе важи и за автомобилите.

Извори од Федерацијата на царински службеници на Грција за МИА објаснуваат дека постои конкретен протокол и договор што точно се предвидува во случај на штрајк на цариниците.

За товарните возила постојат исклучоци доколку се пренесуваат пратки коишто поради чувствителноста мора веднаш да бидат пренесени, а за автомобилите доколку станува збор за пациенти кои итно заминуваат на лекување.

Истите извори посочуваат дека добро ќе биде граѓаните да избегнат патувања во Грција додека трае штрајкот.

Единствено дозволено ќе биде пеш да се помине границата, иако не е исклучена можност во случај да се создадат колони автомобили да има повремено пропуштање, меѓутоа чекањето би било со часови.

Од Грчката амбасада во Скопје преку официјалната Фејсбук страница во петокот соопштија дека „Федерацијата на царинските работници на Грција најави 48-часовен штрајк во сите царински испостави во земјата на 2 и 3 април 2024 година“ и ги повикаа сите заинтересирани страни „да се погрижат да бидат навреме информирани за работата на секоја царинска испостава, пред нивното пристигнување на граничниот премин“.

The post Утре и задутре затворени границите со Грција поради штрајк на цариниците appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, утре и задутре ќе биде во прекин поради 48-часовниот штрајк на грчките царинските службеници, а извори од Федерацијата на цариниците за МИА од Атина велат дека граѓаните кои во следните два дена планирале да патуваат во Грција, добро ќе биде да го одложат нивното патување. Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи, како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот. Дводневниот штрајк на цариниците ќе започне утре во шест часот наутро, се очекува целосно да биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, а истото ќе важи и за автомобилите. Извори од Федерацијата на царински службеници на Грција за МИА објаснуваат дека постои конкретен протокол и договор што точно се предвидува во случај на штрајк на цариниците. За товарните возила постојат исклучоци доколку се пренесуваат пратки коишто поради чувствителноста мора веднаш да бидат пренесени, а за автомобилите доколку станува збор за пациенти кои итно заминуваат на лекување. Истите извори посочуваат дека добро ќе биде граѓаните да избегнат патувања во Грција додека трае штрајкот. Единствено дозволено ќе биде пеш да се помине границата, иако не е исклучена можност во случај да се создадат колони автомобили да има повремено пропуштање, меѓутоа чекањето би било со часови. Од Грчката амбасада во Скопје преку официјалната Фејсбук страница во петокот соопштија дека „Федерацијата на царинските работници на Грција најави 48-часовен штрајк во сите царински испостави во земјата на 2 и 3 април 2024 година“ и ги повикаа сите заинтересирани страни „да се погрижат да бидат навреме информирани за работата на секоја царинска испостава, пред нивното пристигнување на граничниот премин“.

The post Утре и задутре затворени границите со Грција поради штрајк на цариниците appeared first on Република.

]]>
САД повторно ќе ги отворат граничните премини кон Мексико https://republika.mk/vesti/svet/sad-povtorno-ke-gi-otvorat-granichnite-premini-kon-meksiko/ Wed, 03 Jan 2024 09:41:21 +0000 https://republika.mk/?p=729224

САД утре повторно ќе отворат четири легални гранични премини меѓу САД и Мексико, бидејќи бројот на илегални имигранти се намалува, изјави висок американски претставник.

САД, како што посочи тој, повторно ќе го отворат меѓународниот мост Игл Пас (Eagle Pass) во Тексас, два премина во Аризона и уште еден во близина на Сан Диего, Калифорнија.

Американските погранични власти во декември имаа проблеми со обработката на мигрантите, при што бројот на апсења достигна речиси 11 илјади за само еден ден, што неколку сегашни и поранешни функционери рекоа дека е рекорден или речиси рекорден број.

Мексиканските и американските официјални лица ветија дека ќе соработуваат подобро минатата недела за да се справат со рекордниот број мигранти на нивната заедничка граница, откако највисоките американски претставници го посетија Мексико и се сретнаа со мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Мексиканските власти ги засилија граничните контроли и мерките во последниве недели, вклучително и преместување на мигрантите во јужно Мексико и продолжување на летовите за депортација во Венецуела, изјави друг американски официјален претставник.

Американски функционер во разговор со новинарите предупреди дека бројот на мигранти претходно бил намален во периодот меѓу Божиќ и Нова година.

Законодавците во американскиот Конгрес сè уште разговараат за можноста за договор што ќе ги комбинира зголемените мерки за безбедност на границата со странска помош, вклучително и воено финансирање за Украина, рекоа официјални лица.

 

The post САД повторно ќе ги отворат граничните премини кон Мексико appeared first on Република.

]]>

САД утре повторно ќе отворат четири легални гранични премини меѓу САД и Мексико, бидејќи бројот на илегални имигранти се намалува, изјави висок американски претставник. САД, како што посочи тој, повторно ќе го отворат меѓународниот мост Игл Пас (Eagle Pass) во Тексас, два премина во Аризона и уште еден во близина на Сан Диего, Калифорнија. Американските погранични власти во декември имаа проблеми со обработката на мигрантите, при што бројот на апсења достигна речиси 11 илјади за само еден ден, што неколку сегашни и поранешни функционери рекоа дека е рекорден или речиси рекорден број. Мексиканските и американските официјални лица ветија дека ќе соработуваат подобро минатата недела за да се справат со рекордниот број мигранти на нивната заедничка граница, откако највисоките американски претставници го посетија Мексико и се сретнаа со мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор. Мексиканските власти ги засилија граничните контроли и мерките во последниве недели, вклучително и преместување на мигрантите во јужно Мексико и продолжување на летовите за депортација во Венецуела, изјави друг американски официјален претставник. Американски функционер во разговор со новинарите предупреди дека бројот на мигранти претходно бил намален во периодот меѓу Божиќ и Нова година. Законодавците во американскиот Конгрес сè уште разговараат за можноста за договор што ќе ги комбинира зголемените мерки за безбедност на границата со странска помош, вклучително и воено финансирање за Украина, рекоа официјални лица.  

The post САД повторно ќе ги отворат граничните премини кон Мексико appeared first on Република.

]]>
Владата на Словенија од сабота воведува контроли на границите со Хрватска и Унгарија https://republika.mk/vesti/balkan/vladata-na-slovenija-od-sabota-voveduva-kontroli-na-granitsite-so-hrvatska-i-ungarija/ Thu, 19 Oct 2023 11:55:15 +0000 https://republika.mk/?p=692837

Словенечката Влада денеска одлучи од сабота да воведе контрола на границите со Хрватска и Унгарија.

Контролните мерки ќе траат 10 дена, со можност тој период да се продолжи.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно на владината седница изјави дека станува збор за привремени мерки кои веќе ги воведуваат девет земји-членки на ЕУ.

- Шенгенот не е завршен, но има проблем. Воведувањето гранични контроли не е новина, тоа доаѓа поради миграциските трендови и проценките за зголемените безбедносни закани поради тероризмот“, рече Пленковиќ.

Претходно Рим ја извести Љубљана дека поради променетата состојба во Европа и Блискиот Исток воведува гранични контроли со Словенија.

-Словенечкото МВР подготвува известување до Европската комисија за воведување гранични контроли, согласно шенгенските правила. Станува збор за предлог за привремена мерка поради зголеменото ниво на проценка на терористичка закана во земјите од ЕУ, изјави словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар.

The post Владата на Словенија од сабота воведува контроли на границите со Хрватска и Унгарија appeared first on Република.

]]>

Словенечката Влада денеска одлучи од сабота да воведе контрола на границите со Хрватска и Унгарија. Контролните мерки ќе траат 10 дена, со можност тој период да се продолжи. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно на владината седница изјави дека станува збор за привремени мерки кои веќе ги воведуваат девет земји-членки на ЕУ. - Шенгенот не е завршен, но има проблем. Воведувањето гранични контроли не е новина, тоа доаѓа поради миграциските трендови и проценките за зголемените безбедносни закани поради тероризмот“, рече Пленковиќ. Претходно Рим ја извести Љубљана дека поради променетата состојба во Европа и Блискиот Исток воведува гранични контроли со Словенија. -Словенечкото МВР подготвува известување до Европската комисија за воведување гранични контроли, согласно шенгенските правила. Станува збор за предлог за привремена мерка поради зголеменото ниво на проценка на терористичка закана во земјите од ЕУ, изјави словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар.

The post Владата на Словенија од сабота воведува контроли на границите со Хрватска и Унгарија appeared first on Република.

]]>
Германија ќе воведе контроли на границата со Полска и со Чешка https://republika.mk/vesti/svet/germanija-ke-vovede-kontroli-na-granitsata-so-polska-i-so-cheshka/ Sat, 23 Sep 2023 12:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=684383

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер најави воведување гранични контроли на границата со Полска и Чешка, објавија германски медиуми.

Мислам дека сега треба да бидеме прагматични и да воведеме стационарни гранични контроли и на границите со Полска и Чешка“, рече германската министерка за внатрешни работи Ненси Фазер во интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Таа рече дека веќе има длабински контроли во пограничните области, кои ќе бидат надополнети со стационарни контроли на самата граница.

Истовремено, Фазер рече дека не треба да се очекува дека воведувањето постојани гранични контроли кон Полска и Чешка ќе го реши проблемот со илегалната миграција.

Ова е само еден од инструментите што треба да придонесат за намалување на бројот на бегалци кои доаѓаат во Германија, изјави германската министерка.

 

The post Германија ќе воведе контроли на границата со Полска и со Чешка appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер најави воведување гранични контроли на границата со Полска и Чешка, објавија германски медиуми.
Мислам дека сега треба да бидеме прагматични и да воведеме стационарни гранични контроли и на границите со Полска и Чешка“, рече германската министерка за внатрешни работи Ненси Фазер во интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“.
Таа рече дека веќе има длабински контроли во пограничните области, кои ќе бидат надополнети со стационарни контроли на самата граница. Истовремено, Фазер рече дека не треба да се очекува дека воведувањето постојани гранични контроли кон Полска и Чешка ќе го реши проблемот со илегалната миграција.
Ова е само еден од инструментите што треба да придонесат за намалување на бројот на бегалци кои доаѓаат во Германија, изјави германската министерка.
 

The post Германија ќе воведе контроли на границата со Полска и со Чешка appeared first on Република.

]]>
Гужвите на границите никако да се намалат https://republika.mk/zivot/servisi/guzhvite-na-granitsite-nikako-da-se-namalat/ Sun, 20 Aug 2023 06:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=673807

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Гужвите на границите никако да се намалат appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Гужвите на границите никако да се намалат appeared first on Република.

]]>
Околу 30 минути чекање од македонска страна на границите https://republika.mk/zivot/servisi/okolu-30-minuti-chekane-od-makedonska-strana-na-granitsite/ Sat, 19 Aug 2023 06:57:40 +0000 https://republika.mk/?p=673610

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, сооштува АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско, уште денеска делницата ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

The post Околу 30 минути чекање од македонска страна на границите appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, сооштува АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско, уште денеска делницата ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

The post Околу 30 минути чекање од македонска страна на границите appeared first on Република.

]]>
По еден час чекање само од македонска страна на „Богородица“ и на „Табановце“ https://republika.mk/zivot/servisi/po-eden-chas-chekane-samo-od-makedonska-strana-na-bogoroditsa-i-na-tabanovtse/ Tue, 08 Aug 2023 06:26:09 +0000 https://republika.mk/?p=669802

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица и ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post По еден час чекање само од македонска страна на „Богородица“ и на „Табановце“ appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица и ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post По еден час чекање само од македонска страна на „Богородица“ и на „Табановце“ appeared first on Република.

]]>