гранати Archives - Република https://republika.mk/tema/granati/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 15:47:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гранати Archives - Република https://republika.mk/tema/granati/ 32 32 Украина добива јужнокорејски гранати во шема за трансфер преку САД https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-dobiva-juzhnokorejski-granati-vo-shema-za-transfer-preku-sad/ Fri, 15 Mar 2024 20:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=754938

Украина добива јужнокорејска муниција од калибар 155 мм, со тоа што гранатите од Јужна Кореја се „препоакуваат“ во САД и потоа се испраќаат во Украина.

Тоа се прав на тој начин што фабриката за воена муниција Мекалестер во Оклахома ги „обновува“ јужнокорејските гранати од 155 мм со нови ознаки и осигурувачи, кои потоа се испраќаат во Украина.

Ваквата шема се прави затоа што Јужна Кореја не смее директно да испорачува муниција на Украина бидејќи политиката на земјата тоа го забранува. Затоа, Корејците „официјално“ ги испорачуваат на САД, коишто потоа самите одлулчуваат да ги препратат за Украина.

Во 2023 година, 500.000 гранати од 155 мм од залихите на Јужна Кореја беа испратени во САД за да ги заменат американските резерви испратени во Украина.

The post Украина добива јужнокорејски гранати во шема за трансфер преку САД appeared first on Република.

]]>

Украина добива јужнокорејска муниција од калибар 155 мм, со тоа што гранатите од Јужна Кореја се „препоакуваат“ во САД и потоа се испраќаат во Украина. Тоа се прав на тој начин што фабриката за воена муниција Мекалестер во Оклахома ги „обновува“ јужнокорејските гранати од 155 мм со нови ознаки и осигурувачи, кои потоа се испраќаат во Украина. Ваквата шема се прави затоа што Јужна Кореја не смее директно да испорачува муниција на Украина бидејќи политиката на земјата тоа го забранува. Затоа, Корејците „официјално“ ги испорачуваат на САД, коишто потоа самите одлулчуваат да ги препратат за Украина. Во 2023 година, 500.000 гранати од 155 мм од залихите на Јужна Кореја беа испратени во САД за да ги заменат американските резерви испратени во Украина.

The post Украина добива јужнокорејски гранати во шема за трансфер преку САД appeared first on Република.

]]>
Земјите од ЕУ ќе го поддржат чешкиот предлог за набавка на 800.000 гранати за Украина https://republika.mk/vesti/svet/zemjite-od-eu-ke-go-poddrzhat-cheshkiot-predlog-za-nabavka-na-800-000-granati-za-ukraina/ Wed, 06 Mar 2024 09:33:01 +0000 https://republika.mk/?p=751787

Голем број земји од ЕУ ќе го поддржат чешкиот предлог за набавка на 800.000 гранати за потребите на вооружените сили на Украина.

Францускиот претседател Макрон, кој на 5 март замина на преговори во Прага, би можел да ја соопшти оваа одлука до крајот на неделата, пишува „Блумберг“, повикувајќи се на извори.

Според еден од соговорниците на агенцијата, набавката на муниција нема да се финансира со помош на ЕУ фондови - како што е Европскиот фонд за мир - туку преку билатерални придонеси од земјите учеснички. Самата Чешка ќе го преземе процесот на набавка.

Чешката иницијатива е поддржана од Германија, Холандија, Данска и Франција. Конкретно, Холандија веќе вети дека ќе обезбеди 100 милиони евра за овие цели.

The post Земјите од ЕУ ќе го поддржат чешкиот предлог за набавка на 800.000 гранати за Украина appeared first on Република.

]]>

Голем број земји од ЕУ ќе го поддржат чешкиот предлог за набавка на 800.000 гранати за потребите на вооружените сили на Украина. Францускиот претседател Макрон, кој на 5 март замина на преговори во Прага, би можел да ја соопшти оваа одлука до крајот на неделата, пишува „Блумберг“, повикувајќи се на извори. Според еден од соговорниците на агенцијата, набавката на муниција нема да се финансира со помош на ЕУ фондови - како што е Европскиот фонд за мир - туку преку билатерални придонеси од земјите учеснички. Самата Чешка ќе го преземе процесот на набавка. Чешката иницијатива е поддржана од Германија, Холандија, Данска и Франција. Конкретно, Холандија веќе вети дека ќе обезбеди 100 милиони евра за овие цели.

The post Земјите од ЕУ ќе го поддржат чешкиот предлог за набавка на 800.000 гранати за Украина appeared first on Република.

]]>
„Шпигел“: Германија очајнички бара муниција за украинските вооружени сили ширум светот https://republika.mk/vesti/svet/shpigel-germanija-ochajnichki-bara-munitsija-za-ukrainskite-vooruzheni-sili-shirum-svetot/ Tue, 27 Feb 2024 16:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=748704

Германското Министерство за одбрана е принудено да смисли нови начини за набавка на гранати за потребите на украинската војска, пишува магазинот „Шпигел“. Според шефот на специјалниот штаб за Украина, генералот Кристијан Фројдинг, артилерија и противвоздушна муниција „не се во изобилство на полиците на продавниците“.

Се обидуваме да добиеме муниција од целиот свет“, вели тој.

Шпигел“ забележува дека резервите на Украина ќе се потрошат „најдоцна до јуни“, но можеби и порано. Артилериската муниција е исто така дефицитарна и во Европа - земјите веќе купуваат околу 70% од својата воена опрема од САД и оваа зависност расте. Според пишувањето на „Шпигел“, останува малку време - летото е нешто повеќе од три месеци.

Според германскиот весник, една од опциите што ги разгледува германската влада е да набави гранати од Индија. Во текстот се вели дека Германија и Индија тајно разговараат за набавка на гранати за украинските вооружени сили.

Изданието пишува дека Индија има „неколку стотици илјади“ артилериски гранати, а Германија преговара со неа да ги купи за потребите на Украина преку посредници.

Преговорите се водат во тајност, бидејќи Њу Делхи не сака да ги расипе односите со Москва и категорично негира какви било испораки во Украина, се вели во текстот.

Во истиот напис се наведува дека слични преговори се водат и со други земји.

The post „Шпигел“: Германија очајнички бара муниција за украинските вооружени сили ширум светот appeared first on Република.

]]>

Германското Министерство за одбрана е принудено да смисли нови начини за набавка на гранати за потребите на украинската војска, пишува магазинот „Шпигел“. Според шефот на специјалниот штаб за Украина, генералот Кристијан Фројдинг, артилерија и противвоздушна муниција „не се во изобилство на полиците на продавниците“.
Се обидуваме да добиеме муниција од целиот свет“, вели тој.
Шпигел“ забележува дека резервите на Украина ќе се потрошат „најдоцна до јуни“, но можеби и порано. Артилериската муниција е исто така дефицитарна и во Европа - земјите веќе купуваат околу 70% од својата воена опрема од САД и оваа зависност расте. Според пишувањето на „Шпигел“, останува малку време - летото е нешто повеќе од три месеци. Според германскиот весник, една од опциите што ги разгледува германската влада е да набави гранати од Индија. Во текстот се вели дека Германија и Индија тајно разговараат за набавка на гранати за украинските вооружени сили. Изданието пишува дека Индија има „неколку стотици илјади“ артилериски гранати, а Германија преговара со неа да ги купи за потребите на Украина преку посредници.
Преговорите се водат во тајност, бидејќи Њу Делхи не сака да ги расипе односите со Москва и категорично негира какви било испораки во Украина, се вели во текстот.
Во истиот напис се наведува дека слични преговори се водат и со други земји.

The post „Шпигел“: Германија очајнички бара муниција за украинските вооружени сили ширум светот appeared first on Република.

]]>
Директорот на „Рајнметал“: Залихите на муниција се празни, на Европа и требаат 10 години да се подготви за судир со Русија https://republika.mk/vesti/svet/direktorot-na-rajnmetal-zalihite-na-munitsija-se-prazni-na-evropa-i-trebaat-10-godini-da-se-podgotvi-za-sudir-so-rusija/ Tue, 20 Feb 2024 21:27:54 +0000 https://republika.mk/?p=746307

Директорот на „Рајнметал“, најголемата германска компанија која произведува оружје, Армин Папергер, истакна дека на Европа ќе и биде потребно многу време да се подготви за да се соочи со „агресорот кој сака да се судри со НАТО“.

Како што истакна Папергер, неговата оценка е дека за три-четири години ситуацијата во оваа работа ќе биде добра, но за да биде навистина добро ќе бидат потребни подготвки кои ќе траат една деценија.

Папергер додаде дека магацините за муниција во Европа во моментов се празни.

Треба да произведеме 1,5 милиони парчиња муниција во Европа. Огромна количина европска муниција е испратена во Украина и малку е останато во европските магацини“, истакна директорот на „Рајнметал“.

The post Директорот на „Рајнметал“: Залихите на муниција се празни, на Европа и требаат 10 години да се подготви за судир со Русија appeared first on Република.

]]>

Директорот на „Рајнметал“, најголемата германска компанија која произведува оружје, Армин Папергер, истакна дека на Европа ќе и биде потребно многу време да се подготви за да се соочи со „агресорот кој сака да се судри со НАТО“. Како што истакна Папергер, неговата оценка е дека за три-четири години ситуацијата во оваа работа ќе биде добра, но за да биде навистина добро ќе бидат потребни подготвки кои ќе траат една деценија. Папергер додаде дека магацините за муниција во Европа во моментов се празни.
Треба да произведеме 1,5 милиони парчиња муниција во Европа. Огромна количина европска муниција е испратена во Украина и малку е останато во европските магацини“, истакна директорот на „Рајнметал“.

The post Директорот на „Рајнметал“: Залихите на муниција се празни, на Европа и требаат 10 години да се подготви за судир со Русија appeared first on Република.

]]>
Данска ќе и ја даде на Украина сета своја артилерија, муниција и противвоздушна одбрана https://republika.mk/vesti/svet/danska-ke-i-ja-dade-na-ukraina-seta-svoja-artilerija-munitsija-i-protivvozdushna-odbrana/ Sun, 18 Feb 2024 11:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=745327

Данскиот премиер Мате Фредериксен порача дека неговата земја е подготвена да ја пренесе целата своја муниција и системи за противвоздушна одбрана во Украина, бидејќи и се потребни во моментов.

Фредериксен ја повика Европа да го следи овој пример.

Ние, Данска, одлучивме да ја пренесеме целата наша артилерија во Украина. Па, извинете пријатели, има воена опрема во Европа, ова не е само прашање на производство. Имаме оружје, муниција, системи за противвоздушна одбрана кои сè уште не ги користиме. Тие треба да бидат префрлени во Украина“, изјави Фредериксен.

The post Данска ќе и ја даде на Украина сета своја артилерија, муниција и противвоздушна одбрана appeared first on Република.

]]>

Данскиот премиер Мате Фредериксен порача дека неговата земја е подготвена да ја пренесе целата своја муниција и системи за противвоздушна одбрана во Украина, бидејќи и се потребни во моментов. Фредериксен ја повика Европа да го следи овој пример.
Ние, Данска, одлучивме да ја пренесеме целата наша артилерија во Украина. Па, извинете пријатели, има воена опрема во Европа, ова не е само прашање на производство. Имаме оружје, муниција, системи за противвоздушна одбрана кои сè уште не ги користиме. Тие треба да бидат префрлени во Украина“, изјави Фредериксен.

The post Данска ќе и ја даде на Украина сета своја артилерија, муниција и противвоздушна одбрана appeared first on Република.

]]>
Блокирана иницијативата ЕУ да купува гранати од странство за потребите на Украина https://republika.mk/vesti/svet/blokirana-initsijativata-eu-da-kupuva-granati-od-stranstvo-za-potrebite-na-ukraina/ Sat, 17 Feb 2024 21:01:58 +0000 https://republika.mk/?p=745224

Франција, Грција и Кипар ја блокираа одлуката за набавка на муниција за Украина надвор од ЕУ.

Како што пишува „Политио“, одбивањето се објаснува со потребата да им се нареди на европските производители на оружје да го зголемат сопственото производство.

Претходно, Чешката Република понуди да купи гранати за режимот во Киев надвор од Унијата.

The post Блокирана иницијативата ЕУ да купува гранати од странство за потребите на Украина appeared first on Република.

]]>

Франција, Грција и Кипар ја блокираа одлуката за набавка на муниција за Украина надвор од ЕУ. Како што пишува „Политио“, одбивањето се објаснува со потребата да им се нареди на европските производители на оружје да го зголемат сопственото производство. Претходно, Чешката Република понуди да купи гранати за режимот во Киев надвор од Унијата.

The post Блокирана иницијативата ЕУ да купува гранати од странство за потребите на Украина appeared first on Република.

]]>
Скандинавска компанија за муниција воведува деноноќно прозиводство на гранати за Украина https://republika.mk/vesti/svet/skandinavska-kompanija-za-munitsija-voveduva-denonokno-prozivodstvo-na-granati-za-ukraina/ Thu, 15 Feb 2024 19:39:52 +0000 https://republika.mk/?p=743554

Норвешко-финската компанија за производство на муниција „Намо“ соопшти дека планира да воведе деноноќен распоред на производство, седум дена во неделата.

Одлуката ќе иовозможи на компанијата во своите производствени капацитети без престан да трае производството на гранати од 155 милиметри за потребите на украинската војска.

Во исто време, претставниците на компанијата велат дека нивниот капацитет, сепак, не е доволен за покривање на потребите на украинската војска и истовремено за надополнување на исцрпените воени резерви на европските земји.

The post Скандинавска компанија за муниција воведува деноноќно прозиводство на гранати за Украина appeared first on Република.

]]>

Норвешко-финската компанија за производство на муниција „Намо“ соопшти дека планира да воведе деноноќен распоред на производство, седум дена во неделата. Одлуката ќе иовозможи на компанијата во своите производствени капацитети без престан да трае производството на гранати од 155 милиметри за потребите на украинската војска. Во исто време, претставниците на компанијата велат дека нивниот капацитет, сепак, не е доволен за покривање на потребите на украинската војска и истовремено за надополнување на исцрпените воени резерви на европските земји.

The post Скандинавска компанија за муниција воведува деноноќно прозиводство на гранати за Украина appeared first on Република.

]]>
Хрватска компанија за оружје земала милиони од Украина за гранати, а си купила затворена воена фабрика во Босна https://republika.mk/vesti/svet/hrvatska-kompanija-za-oruzhje-zemala-milioni-od-ukraina-za-granati-a-si-kupila-zatvorena-voena-fabrika-vo-bosna/ Fri, 26 Jan 2024 20:02:50 +0000 https://republika.mk/?p=737263

Средствата што украинското Министерство за одбрана ги одвоило за набавка на минофрлачки гранати за вооружените сили на Украина биле искористени за купување на напуштена воена фабрика во Босна.

Компанијата ВДГ во сопственост на хрватскиот трговец со оружје Звонко Зубак и неговиот син Матијас, потрошила над 5 милиони евра за да ја купи напуштената фабрика „Витезит“.

Оваа набавка е направена со користење на средства првично наменети за купување минофрлачки гранати од украинското Министерство за одбрана во декември 2022 година.

И покрај договорот што ВДГ го имала со „Лвов Арсенал“ за набавка 100.000 минофрлачки гранати за 37 милиони евра, до денес во Украина не се пристигнати гранати од овој договор.

The post Хрватска компанија за оружје земала милиони од Украина за гранати, а си купила затворена воена фабрика во Босна appeared first on Република.

]]>

Средствата што украинското Министерство за одбрана ги одвоило за набавка на минофрлачки гранати за вооружените сили на Украина биле искористени за купување на напуштена воена фабрика во Босна. Компанијата ВДГ во сопственост на хрватскиот трговец со оружје Звонко Зубак и неговиот син Матијас, потрошила над 5 милиони евра за да ја купи напуштената фабрика „Витезит“. Оваа набавка е направена со користење на средства првично наменети за купување минофрлачки гранати од украинското Министерство за одбрана во декември 2022 година. И покрај договорот што ВДГ го имала со „Лвов Арсенал“ за набавка 100.000 минофрлачки гранати за 37 милиони евра, до денес во Украина не се пристигнати гранати од овој договор.

The post Хрватска компанија за оружје земала милиони од Украина за гранати, а си купила затворена воена фабрика во Босна appeared first on Република.

]]>
Украина бара од хрватска компанија да врати 3,2 милиони евра за неиспорачана муниција https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-bara-od-hrvatska-kompanija-da-vrati-3-2-milioni-evra-za-neisporachana-munitsija/ Thu, 05 Oct 2023 18:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=687870

Министерството за одбрана на Украина бара од хрватска компанија да врати 3,2 милиони евра за неиспорачани гранати.

Во соопштението се вели дека украинскиот воен оддел доверил набавка на гранати за 36,6 милиони долари. „Лавов Арсенал“, кој потпиша договори со „ВДГ Промет“ ((WDG Promet) и словачката компанија „Севотек“ (Sevotek).

„Лавов Арсенал“ во декември минатата година им платиЛ на компаниите аванс од 3,2 милиони евра, но муницијата никогаш не е испорачана.

The post Украина бара од хрватска компанија да врати 3,2 милиони евра за неиспорачана муниција appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Украина бара од хрватска компанија да врати 3,2 милиони евра за неиспорачани гранати. Во соопштението се вели дека украинскиот воен оддел доверил набавка на гранати за 36,6 милиони долари. „Лавов Арсенал“, кој потпиша договори со „ВДГ Промет“ ((WDG Promet) и словачката компанија „Севотек“ (Sevotek). „Лавов Арсенал“ во декември минатата година им платиЛ на компаниите аванс од 3,2 милиони евра, но муницијата никогаш не е испорачана.

The post Украина бара од хрватска компанија да врати 3,2 милиони евра за неиспорачана муниција appeared first on Република.

]]>
Канада испорачува во Украина убоити долгометни гранати и хаубици https://republika.mk/vesti/svet/kanada-isporachuva-vo-ukraina-uboiti-dolgometni-granati-i-haubici/ Sat, 23 Apr 2022 12:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=492699

Канада ја интензивира испораката на оружје и воена техника за Украина.

Заедно со хаубиците М777, канадската армија испорачува и непознато количество гранати „М982 Екскалибур“ со калибар 155 милиметри, кои можат со исклучително висока прецизност да погодат цели на растојание до 60 километри.

Ваквата муниција може значително да ги зголеми загубите на руската армија, особено ако се знае дека разузнавачките и извидувачките системи на НАТО се максимално ангажирани на терен во Украина.

The post Канада испорачува во Украина убоити долгометни гранати и хаубици appeared first on Република.

]]>

Канада ја интензивира испораката на оружје и воена техника за Украина. Заедно со хаубиците М777, канадската армија испорачува и непознато количество гранати „М982 Екскалибур“ со калибар 155 милиметри, кои можат со исклучително висока прецизност да погодат цели на растојание до 60 километри. Ваквата муниција може значително да ги зголеми загубите на руската армија, особено ако се знае дека разузнавачките и извидувачките системи на НАТО се максимално ангажирани на терен во Украина.

The post Канада испорачува во Украина убоити долгометни гранати и хаубици appeared first on Република.

]]>
Пронајдени четири гранати во Охридското Езеро https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeni-chetiri-granati-vo-ohridskoto-ezero/ Fri, 18 Feb 2022 12:01:23 +0000 https://republika.mk/?p=460406

Четири гранати се пронајдени во Охридското Езеро кај Пештани. Случајот бил пријавен на 15 февруари 2022 година во СВР Охрид.

Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри по што се безбедно подигнати за натамошна постапка, соопшти СВР Охрид.

The post Пронајдени четири гранати во Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>

Четири гранати се пронајдени во Охридското Езеро кај Пештани. Случајот бил пријавен на 15 февруари 2022 година во СВР Охрид.
Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри по што се безбедно подигнати за натамошна постапка, соопшти СВР Охрид.

The post Пронајдени четири гранати во Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>