градоначалници Archives - Република https://republika.mk/tema/gradonachalnici/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 12:57:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градоначалници Archives - Република https://republika.mk/tema/gradonachalnici/ 32 32 Нема вонредни избори во Аеродром, Сарај и Гостивар: Изгласани измените во Законот за локална самоуправа https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-vonredni-izbori-vo-aerodrom-saraj-i-vo-gostivar-izglasani-izmenite-vo-zakonot-za-lokalna-samouprava/ Tue, 24 Sep 2024 12:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=819309

Пратениците во македонскиот парламент денеска ги изгласаа измените во Законот за локална самоуправа со што нема да има вонредни избори за градоначалниците во општините Аеродром, Сарај и во Гостивар. Измените се изгласани со гласовите на пратениците од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, „Вреди“ и ДУИ, а со што градоначалничката функција ќе може да продолжат да ја извршуваат в.д градоначалници. За законот гласаа 83 пратеници и 24 од помалите етнички заедници при што на владината коалиција и требаше т.н голем „Бадентер“ којшто ѝ го обезбеди ДУИ. Пратениците од СДСМ гласаа против.

Блерим Беџети истакна дека ДУИ повторно ќе гласа за закон на власта само заради како што рече да не ги ставале граѓаните во трошок за нови избори.

Со овие измени се овозможува поставување на нови градоначалници во случај кога актуелните се именувани на други функции. Промените се предложени за да се избегне одржување на предвремени избори и да се обезбеди континуитет во управувањето на општините.

Неколку општини останаа без градоначалници по парламентарните избори. Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, сега е министер за надворешни работи, додека Арбен Таравари од Гостивар стана министер за здравство, а Блерим Беџети од Сарај премина во парламентот како пратеник. Во овие општини се назначени вршители на должноста градоначалници, но со предложените измени на Законот за локална самоуправа, ќе се овозможи назначување нови градоначалници без потреба од предвремени избори.

Членот 4 предвидува привремено решение за спроведување постапка за избор на нов градоначалник, кое ќе важи до одржување на редовните избори за членовите на советите на општините и Советот на Град Скопје. Ова решение ќе важи и за избор на градоначалник на општина и на Град Скопје, откако законот ќе стапи на сила.

The post Нема вонредни избори во Аеродром, Сарај и Гостивар: Изгласани измените во Законот за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>

Пратениците во македонскиот парламент денеска ги изгласаа измените во Законот за локална самоуправа со што нема да има вонредни избори за градоначалниците во општините Аеродром, Сарај и во Гостивар. Измените се изгласани со гласовите на пратениците од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, „Вреди“ и ДУИ, а со што градоначалничката функција ќе може да продолжат да ја извршуваат в.д градоначалници. За законот гласаа 83 пратеници и 24 од помалите етнички заедници при што на владината коалиција и требаше т.н голем „Бадентер“ којшто ѝ го обезбеди ДУИ. Пратениците од СДСМ гласаа против. Блерим Беџети истакна дека ДУИ повторно ќе гласа за закон на власта само заради како што рече да не ги ставале граѓаните во трошок за нови избори. Со овие измени се овозможува поставување на нови градоначалници во случај кога актуелните се именувани на други функции. Промените се предложени за да се избегне одржување на предвремени избори и да се обезбеди континуитет во управувањето на општините. Неколку општини останаа без градоначалници по парламентарните избори. Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, сега е министер за надворешни работи, додека Арбен Таравари од Гостивар стана министер за здравство, а Блерим Беџети од Сарај премина во парламентот како пратеник. Во овие општини се назначени вршители на должноста градоначалници, но со предложените измени на Законот за локална самоуправа, ќе се овозможи назначување нови градоначалници без потреба од предвремени избори. Членот 4 предвидува привремено решение за спроведување постапка за избор на нов градоначалник, кое ќе важи до одржување на редовните избори за членовите на советите на општините и Советот на Град Скопје. Ова решение ќе важи и за избор на градоначалник на општина и на Град Скопје, откако законот ќе стапи на сила.

The post Нема вонредни избори во Аеродром, Сарај и Гостивар: Изгласани измените во Законот за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>
ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-predlaga-otpovikuvane-na-gradonachalnitsi-i-shiroka-rasprava-po-odnos-na-zakonot-za-lokalna-samouprava/ Wed, 11 Sep 2024 09:54:10 +0000 https://republika.mk/?p=815266

Измени на Законот за локална самоуправа, со цел обезбедување законска можност граѓаните по пат на референдум да можат да ги отповикаат градоначалниците кои ги пустошат општините е единственото можно решение кое го предлага Либерално-демократската партија, откако денес по скратена постапка пред Собранието е доставен закон со кој се очекува до локалните избори во октомври следната година да нема нови избори во Гостивар, Аеродром и Сарај.

-Станува збор за закон за кој е потребно 2/3 мнозинство што бара широка дебата, а не скратена постапка. Воедно Предлогот за продолжување на мандатот на в.д. градоначалник под изговор намалување на трошоците за избори откако актуелните градоначалници би добиле пратенички или министерски места го нарушува правото на избор на граѓаните, како и демократските принципи кои ја изрзуваат нивната волја и е спротивен на член 114 од Уставот, појаснуваат од партијата.

Според ЛДП недемократски е граѓаните толку долг период до локалните избори, да бидат зависни од в.д. градноачалник кој не бил избран на непосредни избори, а избран од советниците.

- Наместо предлози кои ја уназадуваат работата на локално ниво имаме предлог кој е од интерес на граѓаните. Водени од фактот што често се соочуваме со градоначалници кои не ги исполнуваат своите основни надлежности, предлагаме амандман со кој ќе се обезбеди законски механизам за отповикување на градоначалниците пред истекот на нивниот мандат. Потребите на граѓаните и подобрување на животот во нивната општина не смеат да бидат ставени на милост и немилост поради политичките апетити на одредени функционери, велат од ЛДП.

Од партијата очекуваат поддршка од сите политички субјекти бидејќи ваква можност содржел Законот за локална самоуправа од 1996 година кога имало механизам за отповикување на градоначалниците. За жал оваа круцијална одредба во Законот за локалната самоуправа од 2002 година е избришана и од тогаш па до денес, граѓаните се лишени од законска можност да покренат постапка за отповикување на градоначалниците.

ЛДП е за легално избрани градоначалници на избори, а не политички комесари избрани во совет, и образложението дека изборите се скапи е ефтин трик со цел да дојди до безболна смена на погоренаведените градоначалници.

The post ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>

Измени на Законот за локална самоуправа, со цел обезбедување законска можност граѓаните по пат на референдум да можат да ги отповикаат градоначалниците кои ги пустошат општините е единственото можно решение кое го предлага Либерално-демократската партија, откако денес по скратена постапка пред Собранието е доставен закон со кој се очекува до локалните избори во октомври следната година да нема нови избори во Гостивар, Аеродром и Сарај. -Станува збор за закон за кој е потребно 2/3 мнозинство што бара широка дебата, а не скратена постапка. Воедно Предлогот за продолжување на мандатот на в.д. градоначалник под изговор намалување на трошоците за избори откако актуелните градоначалници би добиле пратенички или министерски места го нарушува правото на избор на граѓаните, како и демократските принципи кои ја изрзуваат нивната волја и е спротивен на член 114 од Уставот, појаснуваат од партијата. Според ЛДП недемократски е граѓаните толку долг период до локалните избори, да бидат зависни од в.д. градноачалник кој не бил избран на непосредни избори, а избран од советниците. - Наместо предлози кои ја уназадуваат работата на локално ниво имаме предлог кој е од интерес на граѓаните. Водени од фактот што често се соочуваме со градоначалници кои не ги исполнуваат своите основни надлежности, предлагаме амандман со кој ќе се обезбеди законски механизам за отповикување на градоначалниците пред истекот на нивниот мандат. Потребите на граѓаните и подобрување на животот во нивната општина не смеат да бидат ставени на милост и немилост поради политичките апетити на одредени функционери, велат од ЛДП. Од партијата очекуваат поддршка од сите политички субјекти бидејќи ваква можност содржел Законот за локална самоуправа од 1996 година кога имало механизам за отповикување на градоначалниците. За жал оваа круцијална одредба во Законот за локалната самоуправа од 2002 година е избришана и од тогаш па до денес, граѓаните се лишени од законска можност да покренат постапка за отповикување на градоначалниците. ЛДП е за легално избрани градоначалници на избори, а не политички комесари избрани во совет, и образложението дека изборите се скапи е ефтин трик со цел да дојди до безболна смена на погоренаведените градоначалници.

The post ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>
Доста е со финансирање на балкански пејачки и градоначалници кои се сликаат со нив! https://republika.mk/vesti/dosta-e-so-finansirane-na-balkanski-pejachki-i-gradonachalnitsi-koi-se-slikaat-so-niv/ Fri, 30 Aug 2024 13:20:09 +0000 https://republika.mk/?p=811603

Сакаме да изразиме револт и големо разочарување од страна на македонските општини и градоначалници кои упорно ангажираат странски изведувачи за настаните кои ги прават низ годината, а посебно во летните периоди.

Изминатиов период се информиравме и се трудиме на правен начин да ја регулираме оваа непожелна ситуација со која се одлеваат народни пари надвор од државата и реагиравме кај неколку градоначалници директно, но одговорот беше дека голем дел од средствата ги даваат спонзори.

Дури и да е така, иако знаеме дека општините си ги организираат тие настани и нивни се желбите за викање на балкански пејачи, прво зошто да се одлеваат парите на наши фирми надвор, а второ, небулоза е да се викаат Северина, Пејовиќ, Реља, Розга итн… да пеат на наши национални настани поврзани со македонска традиција-тврди Горјан Стојановски, прв човек на Комората на музичката индустрија во Македонија.

Во отворена реакција, Стојановски реагира дека регионалните музичари не доаѓаат на хуманитарни концерти, добиваат десетпати повисоки хонорари од нашите изведувачи, и обвинува дека градоначалници се фотографираат со странски пејачки, прикажувајќи го тоа како голем успех, наместо да ја поддржат нашата естрада.

Тие не доаѓаат кога се прават хуманитарни настани, ниту ја презентираат нашата музика и држава кога е потребно, што значи дека нашата држава спонзорира, финансира и вреднува странски музичари многу повеќе од наши.

Поразувачки и понижувачки е кога од општина ќе побараат македонски изведувач за одреден настан и по кажаната сума за ангажман ќе им речат дека немаме толуку пари, за по некое време да видите реклама како ангажирале некој балкански пејач за десет пати поголема сума.

Проблемот дополнително се шири и на други полиња. Тука се приватните локали кои работат со таков тип на балкански забави и на кои им е оправдано да си викаат какви сакаат пејачи, бидејќи се приватни фирми. Ако се размисли подобро, небулоза е исто така дека тие фирми плаќаат данок од кој се финансирани општините, за потоа градоначалникот да си прави настан со тие пари за собирање на политички поени и сето тоа да е гратис” за народот.

Во денешно време, ај што не постои нешто што е гратис без да се има некаква корист, туку дополнително се прави проблем на луѓето кои те финансираат.
Потоа покрај приватните локали тука се и менаџерските куќи кои работат со концерти низ годината на кои дополнително им се отежнува работата за да наплатат карта кога овие со државните пари прават „гратис општонародно весеље“.

Страшно, субвенционирање на балкански пејачи, искомлексирани градоначалничиња што сакаат да се сликаат со пејачки за да се фалат како да постигнале некаков успех… мизерија!

Комората е постојано во барање начин за подобро функционирање и за овие неполни две години постоење организиравме настани и направивме средби од кои се надеваме дека за брзо време ќе ги имаме очекуваните резултати во корист на естрадата, наведува Стојановски во отворената реакција.

Инаку, Комората на музичката индустрија во Македонија е формирана пред околу две години по иницијатива на шесте музички здруженија од различни региони во кои членуваа повеќе од 2.000 музичари, а основана е со педесетина правни субјекти според Законот за формирање стопански комори.

Во неа членуваат голем дел од познати музички имиња како Елена Ристевска, која е потпретседател на Комората, Дани Димитровска, Пепи Ренџов, Тамара Тодеска, Каан Мазхар, Елена Велевска, Ламбе Алабаковски, Горила Продукција, Урбан Рекордс и други.

 

The post Доста е со финансирање на балкански пејачки и градоначалници кои се сликаат со нив! appeared first on Република.

]]>

Сакаме да изразиме револт и големо разочарување од страна на македонските општини и градоначалници кои упорно ангажираат странски изведувачи за настаните кои ги прават низ годината, а посебно во летните периоди. Изминатиов период се информиравме и се трудиме на правен начин да ја регулираме оваа непожелна ситуација со која се одлеваат народни пари надвор од државата и реагиравме кај неколку градоначалници директно, но одговорот беше дека голем дел од средствата ги даваат спонзори.
Дури и да е така, иако знаеме дека општините си ги организираат тие настани и нивни се желбите за викање на балкански пејачи, прво зошто да се одлеваат парите на наши фирми надвор, а второ, небулоза е да се викаат Северина, Пејовиќ, Реља, Розга итн… да пеат на наши национални настани поврзани со македонска традиција-тврди Горјан Стојановски, прв човек на Комората на музичката индустрија во Македонија.
Во отворена реакција, Стојановски реагира дека регионалните музичари не доаѓаат на хуманитарни концерти, добиваат десетпати повисоки хонорари од нашите изведувачи, и обвинува дека градоначалници се фотографираат со странски пејачки, прикажувајќи го тоа како голем успех, наместо да ја поддржат нашата естрада.
Тие не доаѓаат кога се прават хуманитарни настани, ниту ја презентираат нашата музика и држава кога е потребно, што значи дека нашата држава спонзорира, финансира и вреднува странски музичари многу повеќе од наши. Поразувачки и понижувачки е кога од општина ќе побараат македонски изведувач за одреден настан и по кажаната сума за ангажман ќе им речат дека немаме толуку пари, за по некое време да видите реклама како ангажирале некој балкански пејач за десет пати поголема сума.
Проблемот дополнително се шири и на други полиња. Тука се приватните локали кои работат со таков тип на балкански забави и на кои им е оправдано да си викаат какви сакаат пејачи, бидејќи се приватни фирми. Ако се размисли подобро, небулоза е исто така дека тие фирми плаќаат данок од кој се финансирани општините, за потоа градоначалникот да си прави настан со тие пари за собирање на политички поени и сето тоа да е гратис” за народот. Во денешно време, ај што не постои нешто што е гратис без да се има некаква корист, туку дополнително се прави проблем на луѓето кои те финансираат. Потоа покрај приватните локали тука се и менаџерските куќи кои работат со концерти низ годината на кои дополнително им се отежнува работата за да наплатат карта кога овие со државните пари прават „гратис општонародно весеље“. Страшно, субвенционирање на балкански пејачи, искомлексирани градоначалничиња што сакаат да се сликаат со пејачки за да се фалат како да постигнале некаков успех… мизерија! Комората е постојано во барање начин за подобро функционирање и за овие неполни две години постоење организиравме настани и направивме средби од кои се надеваме дека за брзо време ќе ги имаме очекуваните резултати во корист на естрадата, наведува Стојановски во отворената реакција. Инаку, Комората на музичката индустрија во Македонија е формирана пред околу две години по иницијатива на шесте музички здруженија од различни региони во кои членуваа повеќе од 2.000 музичари, а основана е со педесетина правни субјекти според Законот за формирање стопански комори. Во неа членуваат голем дел од познати музички имиња како Елена Ристевска, која е потпретседател на Комората, Дани Димитровска, Пепи Ренџов, Тамара Тодеска, Каан Мазхар, Елена Велевска, Ламбе Алабаковски, Горила Продукција, Урбан Рекордс и други.  

The post Доста е со финансирање на балкански пејачки и градоначалници кои се сликаат со нив! appeared first on Република.

]]>
Министерот Перински со градоначалниците од Полошкиот плански регион: Многу приоритетни прашања во општините чекаат на финансиската поддршка од Владата, потребите на граѓаните се најважни https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-perinski-so-gradonachalnitsite-od-poloshkiot-planski-region-mnogu-prioritetni-prashana-vo-opshtinite-chekaat-na-finansiskata-poddrshka-od-vladata-potrebite-na-graganite-se-najvazhni/ Wed, 24 Jul 2024 14:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=799897

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со градоначалниците од Полошкиот плански регион.

На состанокот беше констатирано дека општините имаат потреба од финансиска поддршка од Владата за реализација на поголеми капитални проекти. И покрај вонредните напори од страна на локалните власти, со дополнителните средства од Владата многу важни прашања за граѓаните ќе бидат решени многу побрзо.

Министерот за локална самоуправа Перински ги информираше градоначалниците дека првите сто милиони евра ќе можат да се реализираат веќе од септември, но важно е што финансиската поддршка ќе биде уште поголема и континуирана во наредните години. „Потребно е да се посветите на изработка на проекти и проектна документација за да се осигура брза и квалитетна изведба на инфраструктурните проекти“, рече министерот Перински. Перински истакна дека постапката на проверка на проектите и на проектната документација ќе ја спроведе Министерството за локална самоуправа, но во следната фаза ќе се врши и редовен надзор над реализацијата на средствата и на квалитетот на изведување на проектите од страна на општините.

На состанокот беше истакнато дека јавниот повик ќе биде отворен за сите општини, сите имаат еднакви шанси, се ќе зависи од квалитетот на проектите со кои што општините ќе аплицираат. „Ќе бидеме најзадоволни доколку има многу и издржани проекти кои ќе ги апсорбираат сите расположливи средства и кои што ќе гарантираат брза реализација и брзо решавање на потребите на граѓаните“, рече министерот Перински.

Општините најавија дека ќе учествуваат на повикот со апликации за различни капитални инвестиции, како што се изградба на основно и средно училиште во Општина Тетово, реконструкција на булеварот Браќа Ѓиновски и реконструкција на шеталиште во Гостивар и бројни други проекти во другите општини. Овие проекти по завршувањето на повикот ќе бидат евалуирани од страна на комисија и одобрените ќе почнат да се финансираат.

 

The post Министерот Перински со градоначалниците од Полошкиот плански регион: Многу приоритетни прашања во општините чекаат на финансиската поддршка од Владата, потребите на граѓаните се најважни appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со градоначалниците од Полошкиот плански регион. На состанокот беше констатирано дека општините имаат потреба од финансиска поддршка од Владата за реализација на поголеми капитални проекти. И покрај вонредните напори од страна на локалните власти, со дополнителните средства од Владата многу важни прашања за граѓаните ќе бидат решени многу побрзо. Министерот за локална самоуправа Перински ги информираше градоначалниците дека првите сто милиони евра ќе можат да се реализираат веќе од септември, но важно е што финансиската поддршка ќе биде уште поголема и континуирана во наредните години. „Потребно е да се посветите на изработка на проекти и проектна документација за да се осигура брза и квалитетна изведба на инфраструктурните проекти“, рече министерот Перински. Перински истакна дека постапката на проверка на проектите и на проектната документација ќе ја спроведе Министерството за локална самоуправа, но во следната фаза ќе се врши и редовен надзор над реализацијата на средствата и на квалитетот на изведување на проектите од страна на општините. На состанокот беше истакнато дека јавниот повик ќе биде отворен за сите општини, сите имаат еднакви шанси, се ќе зависи од квалитетот на проектите со кои што општините ќе аплицираат. „Ќе бидеме најзадоволни доколку има многу и издржани проекти кои ќе ги апсорбираат сите расположливи средства и кои што ќе гарантираат брза реализација и брзо решавање на потребите на граѓаните“, рече министерот Перински. Општините најавија дека ќе учествуваат на повикот со апликации за различни капитални инвестиции, како што се изградба на основно и средно училиште во Општина Тетово, реконструкција на булеварот Браќа Ѓиновски и реконструкција на шеталиште во Гостивар и бројни други проекти во другите општини. Овие проекти по завршувањето на повикот ќе бидат евалуирани од страна на комисија и одобрените ќе почнат да се финансираат.  

The post Министерот Перински со градоначалниците од Полошкиот плански регион: Многу приоритетни прашања во општините чекаат на финансиската поддршка од Владата, потребите на граѓаните се најважни appeared first on Република.

]]>
Перински со градоначалниците од Пелагониски плански регион: Со зголемена динамика на работење и соодветна финансиска поддршка можеме да направиме видливи промени во развојот на општините и на регионот https://republika.mk/vesti/makedonija/perinski-so-gradonachalnitsite-od-pelagoniski-planski-region-so-zgolemena-dinamika-na-rabotene-i-soodvetna-finansiska-poddrshka-mozheme-da-napravime-vidlivi-promeni-vo-razvojot-na-opshtinite-i-na-regi/ Wed, 17 Jul 2024 15:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=797736

Во серијата состаноци со градоначалниците, денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински имаше работен состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион.

До крајот на месецот ќе остварам средби со сите градоначалници, директните разговори се најдобриот начин да се запознаам со состојбите во општините, со проектите што се реализираат но и со отворените прашања на чие што решавање интензивно ќе работиме заедно, рече министерот Перински.

Министерот Перински истакна дека општините и планскиот регион треба да ја интензивираат работата за поефикасно финализирање на започнатите проекти и брзо да ја комплетираат проектната документација за нови проекти кои што ќе бидат финансирани од Владата во наредниот период. Средства ќе бидат обезбедени, потребни се добри проекти и подготвеност од страна на општините за нивна ефикасна и квалитетна реализација, рече Перински.

Министерството за локална самоуправа ќе обезбеди поддршка во текот на целиот процес, но исто така ќе врши и комплетен надзор над изведбата и на трошењето на наменските средства, рече министерот Перински.

На состанокот беше истакнато дека соработката меѓу двете нивоа на власт ќе биде интензивирана заради решавање на сите отворени прашања за подобро функционирање на општините.

Услугите за граѓаните се на прво место и секој предлог или забелешка од локалните власти, но од сега и од граѓаните кои ќе можат директно да комуницираат со Министерството, ќе бидат сериозно разгледувани и во соработка со другите надлежни министерства ќе ги решаваме на најефикасен можен начин, рече министерот за локална самоуправа Златко Перински на состанокот со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион.

Градоначалниците од овој регион истакнаа дека се подготвуваат со проекти да конкурираат за поддршка. Од инфраструктурните проекти беа посочени изградба на нова улица и мост во Прилеп, пат во село Јакреново во Крушево, доизградба на доводен цевковод за водоснабдување во општина Могила, изградба и реконструкција на канализациона мрежа од 6км, и водоводна мрежа од 10км во Битола и други.

The post Перински со градоначалниците од Пелагониски плански регион: Со зголемена динамика на работење и соодветна финансиска поддршка можеме да направиме видливи промени во развојот на општините и на регионот appeared first on Република.

]]>

Во серијата состаноци со градоначалниците, денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински имаше работен состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион. До крајот на месецот ќе остварам средби со сите градоначалници, директните разговори се најдобриот начин да се запознаам со состојбите во општините, со проектите што се реализираат но и со отворените прашања на чие што решавање интензивно ќе работиме заедно, рече министерот Перински. Министерот Перински истакна дека општините и планскиот регион треба да ја интензивираат работата за поефикасно финализирање на започнатите проекти и брзо да ја комплетираат проектната документација за нови проекти кои што ќе бидат финансирани од Владата во наредниот период. Средства ќе бидат обезбедени, потребни се добри проекти и подготвеност од страна на општините за нивна ефикасна и квалитетна реализација, рече Перински. Министерството за локална самоуправа ќе обезбеди поддршка во текот на целиот процес, но исто така ќе врши и комплетен надзор над изведбата и на трошењето на наменските средства, рече министерот Перински. На состанокот беше истакнато дека соработката меѓу двете нивоа на власт ќе биде интензивирана заради решавање на сите отворени прашања за подобро функционирање на општините. Услугите за граѓаните се на прво место и секој предлог или забелешка од локалните власти, но од сега и од граѓаните кои ќе можат директно да комуницираат со Министерството, ќе бидат сериозно разгледувани и во соработка со другите надлежни министерства ќе ги решаваме на најефикасен можен начин, рече министерот за локална самоуправа Златко Перински на состанокот со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион. Градоначалниците од овој регион истакнаа дека се подготвуваат со проекти да конкурираат за поддршка. Од инфраструктурните проекти беа посочени изградба на нова улица и мост во Прилеп, пат во село Јакреново во Крушево, доизградба на доводен цевковод за водоснабдување во општина Могила, изградба и реконструкција на канализациона мрежа од 6км, и водоводна мрежа од 10км во Битола и други.

The post Перински со градоначалниците од Пелагониски плански регион: Со зголемена динамика на работење и соодветна финансиска поддршка можеме да направиме видливи промени во развојот на општините и на регионот appeared first on Република.

]]>
Перински на средба со сите градоначалници од Источниот плански регион: За да се намали иселувањето и секој да има услови за квалитетен живот дома https://republika.mk/vesti/makedonija/perinski-na-sredba-so-site-gradonachalnitsi-od-istochniot-planski-region-za-da-se-namali-iseluvaneto-i-sekoj-da-ima-uslovi-za-kvaliteten-zhivot-doma/ Mon, 15 Jul 2024 13:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=797099

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска имаше средба со сите градоначалници од Источниот плански регион.

„Сакам да ве слушнам сите, изворно да се информирам за потребите на општините и што може јас како министер и Владата да помогнеме за да се подобрат условите за живеење и воопшто, за развој на општините“, рече министерот за локална самоуправа Перински.

По разговорот со градоначалниците министерот Перински рече дека го радува тоа што општините покажуваат подготвеност за реализација на многу добри и издржани проекти, а со поддршка од Владата, заедно можеме да направиме многу повеќе за граѓаните и за развојот на секое населено место и општина.

Министерот за локална самоуправа ги информираше градоначалниците за можностите и за постапката за финансирање на проекти веднаш по ребалансот на буџетот на државата. Перински ги охрабри локалните власти да подготвуваат квалитетни проекти, кои што ќе произлегуваат од потребите на граѓаните. Тој истакна дека е неопходно општините да располагаат со добра проектна идеја, со целосна проектна документација и секогаш да ги имаат предвид приоритетните потреби на граѓаните зошто најважно е тие да се задоволни од сработеното. „Потребен ни е развој на општините за да се создадат нови, подобри, можности за граѓаните, за да се намали иселувањето и секој да има услови за квалитетен живот дома“, рече министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Исто така беа споменати неколку проекти, кои се готови и за кои ќе се аплицира, како што се: изградба на нова обиколница во Штип, нов локален пат Делчево - С. Бигор, во должина од осум километри и регулација на две речни корита во Виница.

The post Перински на средба со сите градоначалници од Источниот плански регион: За да се намали иселувањето и секој да има услови за квалитетен живот дома appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска имаше средба со сите градоначалници од Источниот плански регион. „Сакам да ве слушнам сите, изворно да се информирам за потребите на општините и што може јас како министер и Владата да помогнеме за да се подобрат условите за живеење и воопшто, за развој на општините“, рече министерот за локална самоуправа Перински. По разговорот со градоначалниците министерот Перински рече дека го радува тоа што општините покажуваат подготвеност за реализација на многу добри и издржани проекти, а со поддршка од Владата, заедно можеме да направиме многу повеќе за граѓаните и за развојот на секое населено место и општина. Министерот за локална самоуправа ги информираше градоначалниците за можностите и за постапката за финансирање на проекти веднаш по ребалансот на буџетот на државата. Перински ги охрабри локалните власти да подготвуваат квалитетни проекти, кои што ќе произлегуваат од потребите на граѓаните. Тој истакна дека е неопходно општините да располагаат со добра проектна идеја, со целосна проектна документација и секогаш да ги имаат предвид приоритетните потреби на граѓаните зошто најважно е тие да се задоволни од сработеното. „Потребен ни е развој на општините за да се создадат нови, подобри, можности за граѓаните, за да се намали иселувањето и секој да има услови за квалитетен живот дома“, рече министерот за локална самоуправа Златко Перински. Исто така беа споменати неколку проекти, кои се готови и за кои ќе се аплицира, како што се: изградба на нова обиколница во Штип, нов локален пат Делчево - С. Бигор, во должина од осум километри и регулација на две речни корита во Виница.

The post Перински на средба со сите градоначалници од Источниот плански регион: За да се намали иселувањето и секој да има услови за квалитетен живот дома appeared first on Република.

]]>
Министерот Перински се сретна со градоначалниците од Скопскиот плански регион https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-perinski-se-sretna-so-gradonachalnitsite-od-skopskiot-planski-region/ Mon, 08 Jul 2024 14:56:23 +0000 https://republika.mk/?p=794640

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска имаше состанок со градоначалниците од Скопскиот плански регион. На состанокот се разговараше за приоритетите на општините и за нивната подготвеност да реализираат проекти, кои што ќе бидат финансирани со средства од јавниот повик кој што веќе го подготвува Министерството за локална самоуправа.

Јавниот повик ќе биде објавен веднаш по ребалансот на Буџетот и на општините ќе им бидат достапни првите 100 милиони евра за реализација на готови проекти. Убеден сум дека општините ќе аплицираат со квалитетни и корисни проекти кои што ќе одговорат на потребите на граѓаните“, рече министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Перински истакна дека Владата во континуитет ќе ги поддржува општините и затоа фокусот треба да биде ставен на подготовка на добри проекти и на проектна документација.

Потребна е целосна посветеност на граѓаните и на нивните потреби. Владата и Министерството за локална самоуправа се подготвени и ќе инвестираат во квалитетни инфраструктурни објекти кои што ќе направат разлика и ќе го подобрат квалитетот на живеење во општините. Така ќе го поттикнеме развојот и на локално и на ниво на плански региони. Рамномерниот развој бара сериозни вложувања, нашите ветувања ги реализираме веднаш затоа што имаме за цел секоја општина да ги искористи сопствените потенцијали и да биде атрактивно место за живеење и за вложување во развојот“, рече Перински.

The post Министерот Перински се сретна со градоначалниците од Скопскиот плански регион appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска имаше состанок со градоначалниците од Скопскиот плански регион. На состанокот се разговараше за приоритетите на општините и за нивната подготвеност да реализираат проекти, кои што ќе бидат финансирани со средства од јавниот повик кој што веќе го подготвува Министерството за локална самоуправа.
Јавниот повик ќе биде објавен веднаш по ребалансот на Буџетот и на општините ќе им бидат достапни првите 100 милиони евра за реализација на готови проекти. Убеден сум дека општините ќе аплицираат со квалитетни и корисни проекти кои што ќе одговорат на потребите на граѓаните“, рече министерот за локална самоуправа, Златко Перински.
Перински истакна дека Владата во континуитет ќе ги поддржува општините и затоа фокусот треба да биде ставен на подготовка на добри проекти и на проектна документација.
Потребна е целосна посветеност на граѓаните и на нивните потреби. Владата и Министерството за локална самоуправа се подготвени и ќе инвестираат во квалитетни инфраструктурни објекти кои што ќе направат разлика и ќе го подобрат квалитетот на живеење во општините. Така ќе го поттикнеме развојот и на локално и на ниво на плански региони. Рамномерниот развој бара сериозни вложувања, нашите ветувања ги реализираме веднаш затоа што имаме за цел секоја општина да ги искористи сопствените потенцијали и да биде атрактивно место за живеење и за вложување во развојот“, рече Перински.

The post Министерот Перински се сретна со градоначалниците од Скопскиот плански регион appeared first on Република.

]]>
Аеродром, Гостивар и Сарај да добијат нови градоначалници без избори, Таравари откри детали за законот https://republika.mk/vesti/makedonija/aerodrom-gostivar-i-saraj-da-dobijat-novi-gradonachalnitsi-bez-izbori-taravari-otkri-detali-za-zakonot/ Tue, 11 Jun 2024 20:58:00 +0000 https://republika.mk/?p=786751

Арбен Таравари вечерва и официјално потврди дека е подготвен законот со кој се очекува до локалните избори во октомври следната година да нема нови избори во Гостивар, Аеродром и Сарај.

-Замислете кампања да направи некој кандидат за градоначалник само за десет месеци и да излезат да речеме 30, 50, 701 илјади граѓани да гласаат за да изберат градоначалник кој ќе биде за само десет месеци. Ако сакаме да ги редуцираме трошоците, истиот в.д. градоначалник практично би имал два пати по шест месеци мандат. Тоа е решението што го предлагаме како Алијанса за Албанците. Се надевам да биде поддржана и од другите партии, рече Таравари панел-дискусијата „Ни ‘ваши’, ни ‘наши’ – Реформа  за поддршка на стручните лекари“.

Коалицијата Вреди деновиве се очекува да поднесе предлог за да не се организираат избори ако до редовниот термин има помалку од две години, што е половина од мандатот. Законите се очекува да одат по скратена постапка и треба да се донесат до изборот на новата влада.

Во  Општина Сарај веќе е назначен Иљас Весели на местото на пратеникот Блерим Беџети.

Повеќе информации, како што објави ТВ Телма, ќе донесе утрешната координација кај спикерот Африм Гаши, каде ќе се договори динамиката за работа на Собранието и дали до крајот на оваа недела ќе има нова седница за избор на потпретседатели.

Според Телма, ако се изберат, обврските на Гаши нема да го попречат менувањето на законите и изборот на Влада, како што се планира, кон средината на наредната недела.

The post Аеродром, Гостивар и Сарај да добијат нови градоначалници без избори, Таравари откри детали за законот appeared first on Република.

]]>

Арбен Таравари вечерва и официјално потврди дека е подготвен законот со кој се очекува до локалните избори во октомври следната година да нема нови избори во Гостивар, Аеродром и Сарај. -Замислете кампања да направи некој кандидат за градоначалник само за десет месеци и да излезат да речеме 30, 50, 701 илјади граѓани да гласаат за да изберат градоначалник кој ќе биде за само десет месеци. Ако сакаме да ги редуцираме трошоците, истиот в.д. градоначалник практично би имал два пати по шест месеци мандат. Тоа е решението што го предлагаме како Алијанса за Албанците. Се надевам да биде поддржана и од другите партии, рече Таравари панел-дискусијата „Ни ‘ваши’, ни ‘наши’ – Реформа  за поддршка на стручните лекари“. Коалицијата Вреди деновиве се очекува да поднесе предлог за да не се организираат избори ако до редовниот термин има помалку од две години, што е половина од мандатот. Законите се очекува да одат по скратена постапка и треба да се донесат до изборот на новата влада. Во  Општина Сарај веќе е назначен Иљас Весели на местото на пратеникот Блерим Беџети. Повеќе информации, како што објави ТВ Телма, ќе донесе утрешната координација кај спикерот Африм Гаши, каде ќе се договори динамиката за работа на Собранието и дали до крајот на оваа недела ќе има нова седница за избор на потпретседатели. Според Телма, ако се изберат, обврските на Гаши нема да го попречат менувањето на законите и изборот на Влада, како што се планира, кон средината на наредната недела.

The post Аеродром, Гостивар и Сарај да добијат нови градоначалници без избори, Таравари откри детали за законот appeared first on Република.

]]>
Пропадна иницијатива за разрешување на градоначалниците во северно Косово https://republika.mk/vesti/balkan/propadna-initsijativa-za-razreshuvane-na-gradonachalnitsite-vo-severno-kosovo/ Sun, 21 Apr 2024 19:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=769054

Централната изборна комисија на Косово официјално соопшти дека не успеа иницијативата за разрешување на градоначалниците во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, откако на денешното гласање излегоа исклучително мал број граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес конференција по затворањето на гласачките места во Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Северна Митровица, претседателот на ЦИК, Крешник Радониќи ги изнесе бројки на гласови во секоја општина, при што објави дека во Звечан не гласало ниту едно лице, додека во останатите три општини вкупно гласале 253 лица.

Бројот на граѓани со право на глас во процесот на гласање за или против смена на градоначалници од функциите во четирите општини е 46.556 гласачи.

-Сите 23 избирачки места беа затворени во 19 часот. Според податоците што ги добивме во овие четири општини, бројот на граѓани кои гласале во процесот на гласање за или против смена на градоначалниците од нивните функции е следниот: Лепосавиќ 124 гласачи, Зубин Поток 18 гласачи, Звечан не гласал ниту еден гласач, Северна Митровица 111 гласачи. Мнозинството запишани гласачи не гласаа, така што не беа постигнати потребните 50 отсто плус еден, поради што констатираме дека граѓанската иницијатива за смена на градоначалниците пропадна, изјави Радониќи.

Надлежните косовски инситуции, набљудувачите и медиумите објавија дека денешниот изборен процес помина без инциденти.

Во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, денеска се одржа гласање за разрешување на градоначалниците, како услов за распишување нови локални избори во тие општини, откако минатогодишните избори косовските Срби ги бојкотираа.

За да биде успешно гласањето, требаше да гласаат најмалку 50 отсто плус еден граѓанин. Доколку се исполнеше овој услов, тогаш вонредните избори ќе се одржеа во законските рокови. Во случај на учество на помалку од 50 отсто, гласањето се смета за неуспешно и не може да се преземе друга иницијатива пред да поминат 12 месеци.

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, но и други субјекти од оваа заедница, објавија дека нема да учествуваат на ова гласање и истото го побараа од српските граѓани од таа област.

Поранешните српски градоначалници на општините поднесоа оставки во ноември 2022 година по одлуката на Владата во Приштина за промена на српските со косовски регистарски таблички. По неколку месеци, на 23 април 2023 година, се одржаа нови избори на север, но истите беа бојкотирани од Српска листа и од српските граѓани. Тоа влијаеше на слабиот одѕив на граѓаните во гласањето и резулира со победа на кандидатите на партиите на косовските Албанци. Подоцна, по протестите на тамошните Срби поради влегувањето на новите градоначалници во општинските згради со асистенција на полицијата, на барање на меѓународната заедница, Министерството за локална самоуправа изготви административно упатство во кое се предвидуваат процедурите како да се оди на избори преку петиција. По успешната петиција се одреди датумот за гласање, меѓутоа српските политички субјекти од областа, непосредно пред него, објавија дека истото ќе го бојкотираат.

The post Пропадна иницијатива за разрешување на градоначалниците во северно Косово appeared first on Република.

]]>

Централната изборна комисија на Косово официјално соопшти дека не успеа иницијативата за разрешување на градоначалниците во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, откако на денешното гласање излегоа исклучително мал број граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина. На прес конференција по затворањето на гласачките места во Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Северна Митровица, претседателот на ЦИК, Крешник Радониќи ги изнесе бројки на гласови во секоја општина, при што објави дека во Звечан не гласало ниту едно лице, додека во останатите три општини вкупно гласале 253 лица. Бројот на граѓани со право на глас во процесот на гласање за или против смена на градоначалници од функциите во четирите општини е 46.556 гласачи. -Сите 23 избирачки места беа затворени во 19 часот. Според податоците што ги добивме во овие четири општини, бројот на граѓани кои гласале во процесот на гласање за или против смена на градоначалниците од нивните функции е следниот: Лепосавиќ 124 гласачи, Зубин Поток 18 гласачи, Звечан не гласал ниту еден гласач, Северна Митровица 111 гласачи. Мнозинството запишани гласачи не гласаа, така што не беа постигнати потребните 50 отсто плус еден, поради што констатираме дека граѓанската иницијатива за смена на градоначалниците пропадна, изјави Радониќи. Надлежните косовски инситуции, набљудувачите и медиумите објавија дека денешниот изборен процес помина без инциденти. Во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, денеска се одржа гласање за разрешување на градоначалниците, како услов за распишување нови локални избори во тие општини, откако минатогодишните избори косовските Срби ги бојкотираа. За да биде успешно гласањето, требаше да гласаат најмалку 50 отсто плус еден граѓанин. Доколку се исполнеше овој услов, тогаш вонредните избори ќе се одржеа во законските рокови. Во случај на учество на помалку од 50 отсто, гласањето се смета за неуспешно и не може да се преземе друга иницијатива пред да поминат 12 месеци. Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, но и други субјекти од оваа заедница, објавија дека нема да учествуваат на ова гласање и истото го побараа од српските граѓани од таа област. Поранешните српски градоначалници на општините поднесоа оставки во ноември 2022 година по одлуката на Владата во Приштина за промена на српските со косовски регистарски таблички. По неколку месеци, на 23 април 2023 година, се одржаа нови избори на север, но истите беа бојкотирани од Српска листа и од српските граѓани. Тоа влијаеше на слабиот одѕив на граѓаните во гласањето и резулира со победа на кандидатите на партиите на косовските Албанци. Подоцна, по протестите на тамошните Срби поради влегувањето на новите градоначалници во општинските згради со асистенција на полицијата, на барање на меѓународната заедница, Министерството за локална самоуправа изготви административно упатство во кое се предвидуваат процедурите како да се оди на избори преку петиција. По успешната петиција се одреди датумот за гласање, меѓутоа српските политички субјекти од областа, непосредно пред него, објавија дека истото ќе го бојкотираат.

The post Пропадна иницијатива за разрешување на градоначалниците во северно Косово appeared first on Република.

]]>
Атина и Солун ќе добијат нови градоначалници https://republika.mk/vesti/balkan/atina-i-solun-ke-dobijat-novi-gradonachalnitsi/ Sun, 15 Oct 2023 17:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=691475

Актуелните градоначалници на Атина и Солун, и двајцата поддржани од владејачката Нова демократија загубија во вториот круг од локалните избори во Грција, според официјалните податоци од Министерството за внатрешни работа, со пребројани 78 отсто од гласовите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во општина Атина, досегашниот градоначалник Костас Бакојанис освои 44 отсто од гласовите наспроти Харис Дукас, поддржан од СИРИЗА и ПАСОК, кој доби над 11 проценти повеќе, односно 55,99 отсто.

Излезноста во Атина и овој пат беше мала, односно гласаа само 26,5 проценти.

Во  Солун, актуелниот градоначалник од Нова демократија Костас Зервас доби двојно помалку гласови од независниот кандидат Стилианос Ангелудис.

Во цела Грција излезноста беше 38,89 отсто.

Атина и Солун ќе добијат нови градоначалници

The post Атина и Солун ќе добијат нови градоначалници appeared first on Република.

]]>

Актуелните градоначалници на Атина и Солун, и двајцата поддржани од владејачката Нова демократија загубија во вториот круг од локалните избори во Грција, според официјалните податоци од Министерството за внатрешни работа, со пребројани 78 отсто од гласовите, јави дописничката на МИА од Атина. Во општина Атина, досегашниот градоначалник Костас Бакојанис освои 44 отсто од гласовите наспроти Харис Дукас, поддржан од СИРИЗА и ПАСОК, кој доби над 11 проценти повеќе, односно 55,99 отсто. Излезноста во Атина и овој пат беше мала, односно гласаа само 26,5 проценти. Во  Солун, актуелниот градоначалник од Нова демократија Костас Зервас доби двојно помалку гласови од независниот кандидат Стилианос Ангелудис. Во цела Грција излезноста беше 38,89 отсто. Атина и Солун ќе добијат нови градоначалници

The post Атина и Солун ќе добијат нови градоначалници appeared first on Република.

]]>
Слепото насилство и крвта немаат место на нашите стадиони, порачаа градоначалниците на Атина и Загреб https://republika.mk/sport/fudbal/slepoto-nasilstvo-i-krvta-nemaat-mesto-na-nashite-stadioni-porachaa-gradonachalnitsite-na-atina-i-zagreb/ Wed, 09 Aug 2023 09:07:30 +0000 https://republika.mk/?p=670262

Слепото насилство и крвта немаат место на нашите стадиони, во нашите градови, во нашето општество, порачуваат во заедничката изјава градоначалниците на Атина и Загреб Костас Бакојанис и Томислав Томашевиќ во која испраќаат порака против насилството по бруталното убиство на 29-годишниот навивач на АЕК, јави дописничката на МИА од Атина.

Двајцата градоначалници го осудуваат „бруталното злосторство кое доведе до губење на животот на еден млад човек и тажната епизода на хулиганство што ги загрози животите на невините граѓани и деца“.

Насилството нема националност. Неговата единствена татковина е омразата. Се надеваме дека сторителите што поскоро ќе бидат пронајдени и казнети како пример за никогаш повеќе да не бидеме сведоци на вакви трагични настани. Во овие моменти не постојат вистински зборови, пишуваат Бакојанис и Томашевиќ и упатуваат искрено сочувство до семејството на жртвата.

Паралелно истакнуваат дека Атина и Загреб имаат пријателски односи на кои тие како градоначалници се посветени дополнително да ги зајакнат и додаваат дека „соработката нема да биде нарушена од насилството на поединци“.

Градоначалникот на Загреб преку неговиот Фејсбук профил соопшти дека вчера испратил писмо со сочувство до Бакојанис, истакнал дека е шокиран од случувањата и во име на градот изразил сочувство до сите граѓани на Атина.

Малку подоцна, Томашевиќ и телефонски разговарал со Бакојанис.

The post Слепото насилство и крвта немаат место на нашите стадиони, порачаа градоначалниците на Атина и Загреб appeared first on Република.

]]>

Слепото насилство и крвта немаат место на нашите стадиони, во нашите градови, во нашето општество, порачуваат во заедничката изјава градоначалниците на Атина и Загреб Костас Бакојанис и Томислав Томашевиќ во која испраќаат порака против насилството по бруталното убиство на 29-годишниот навивач на АЕК, јави дописничката на МИА од Атина. Двајцата градоначалници го осудуваат „бруталното злосторство кое доведе до губење на животот на еден млад човек и тажната епизода на хулиганство што ги загрози животите на невините граѓани и деца“.
Насилството нема националност. Неговата единствена татковина е омразата. Се надеваме дека сторителите што поскоро ќе бидат пронајдени и казнети како пример за никогаш повеќе да не бидеме сведоци на вакви трагични настани. Во овие моменти не постојат вистински зборови, пишуваат Бакојанис и Томашевиќ и упатуваат искрено сочувство до семејството на жртвата.
Паралелно истакнуваат дека Атина и Загреб имаат пријателски односи на кои тие како градоначалници се посветени дополнително да ги зајакнат и додаваат дека „соработката нема да биде нарушена од насилството на поединци“. Градоначалникот на Загреб преку неговиот Фејсбук профил соопшти дека вчера испратил писмо со сочувство до Бакојанис, истакнал дека е шокиран од случувањата и во име на градот изразил сочувство до сите граѓани на Атина. Малку подоцна, Томашевиќ и телефонски разговарал со Бакојанис.

The post Слепото насилство и крвта немаат место на нашите стадиони, порачаа градоначалниците на Атина и Загреб appeared first on Република.

]]>
12 градоначалници здружно со конкретни барања за решение за ѓубрето, на средбата не се појавија Арсовска, Јакимовски, Ганиу… https://republika.mk/vesti/skopje/12-gradonachalnitsi-zdruzhno-so-konkretni-barana-za-reshenie-za-gubreto-na-sredbata-ne-se-pojavija-arsovska-jakimovski-ganiu/ Mon, 10 Jul 2023 09:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=659620

Скопскиот плански регион бара итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот со комуналната хигиена.

На денешната итна седница во врска со комуналната хигиена во рамките на Град Скопје, Советот на Скопскиот плански регион одлучи да побара извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена, како и препорака со која се бара Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена.

На седницата беше донесен и заклучок со кој Скопскиот плански регион бара од страна на Владата, доколку проблемот не може да се реши на ниво на Градот, да се вклучи во негово решавање.

Овие предлози беа изгласани од 12-те градоначалници кои беа присутни на седницата која се одржа во просториите на Општина Аеродром.

На итната седницата на Скопскиот плански регион не присуствува градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалниците Стевчо Јакимовски - Општина Карпош, Коста Маневски - Општина Зелениково, Сашко Комненовиќ - Општина Чучер Сандево, Блерим Беџети - Општина Сарај и Висар Ганиу - Општина Чаир. 

Состанокот на Скопскиот плански регион следува по состојбата со која главниот град е затрупан во смет поради протест на вработените во Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, кои бараат повисока плата и враќање на отпуштените работници

The post 12 градоначалници здружно со конкретни барања за решение за ѓубрето, на средбата не се појавија Арсовска, Јакимовски, Ганиу… appeared first on Република.

]]>

Скопскиот плански регион бара итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот со комуналната хигиена. На денешната итна седница во врска со комуналната хигиена во рамките на Град Скопје, Советот на Скопскиот плански регион одлучи да побара извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена, како и препорака со која се бара Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена. На седницата беше донесен и заклучок со кој Скопскиот плански регион бара од страна на Владата, доколку проблемот не може да се реши на ниво на Градот, да се вклучи во негово решавање. Овие предлози беа изгласани од 12-те градоначалници кои беа присутни на седницата која се одржа во просториите на Општина Аеродром. На итната седницата на Скопскиот плански регион не присуствува градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалниците Стевчо Јакимовски - Општина Карпош, Коста Маневски - Општина Зелениково, Сашко Комненовиќ - Општина Чучер Сандево, Блерим Беџети - Општина Сарај и Висар Ганиу - Општина Чаир.  Состанокот на Скопскиот плански регион следува по состојбата со која главниот град е затрупан во смет поради протест на вработените во Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, кои бараат повисока плата и враќање на отпуштените работници

The post 12 градоначалници здружно со конкретни барања за решение за ѓубрето, на средбата не се појавија Арсовска, Јакимовски, Ганиу… appeared first on Република.

]]>
Откако и утрово тонеме во ѓубре, градоначалниците ќе разговараат за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена” https://republika.mk/vesti/skopje/otkako-i-utrovo-toneme-vo-gubre-gradonachalnitsite-ke-razgovaraat-za-odzemane-na-ingerentsiite-na-jp-komunalna-higiena/ Mon, 10 Jul 2023 06:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=659515

Иако синоќа дел од камионите на „Комунална хигиена“ со полициска асистенција излегоа да чистат, а дел од скопските градоначалници се самоорганизираа и со помош на други градови собраа дел од насобраното ѓубре, сепак неколкудневното таложење и насобирање на отпадот не беше лесна мисија за да се собере за неколку часа, па утринава скопјани повторно се разбудија претрупани во ѓубре и смрдеа.

За денеска е најавен состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион на кој ќе расправаат за состојбата со хигиената во Скопје

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски утринава за „Телма“, рече дека во координација со другите градоначалници ќе се разговара за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена”.

 

The post Откако и утрово тонеме во ѓубре, градоначалниците ќе разговараат за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена” appeared first on Република.

]]>

Иако синоќа дел од камионите на „Комунална хигиена“ со полициска асистенција излегоа да чистат, а дел од скопските градоначалници се самоорганизираа и со помош на други градови собраа дел од насобраното ѓубре, сепак неколкудневното таложење и насобирање на отпадот не беше лесна мисија за да се собере за неколку часа, па утринава скопјани повторно се разбудија претрупани во ѓубре и смрдеа. За денеска е најавен состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион на кој ќе расправаат за состојбата со хигиената во Скопје Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски утринава за „Телма“, рече дека во координација со другите градоначалници ќе се разговара за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена”.  

The post Откако и утрово тонеме во ѓубре, градоначалниците ќе разговараат за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена” appeared first on Република.

]]>
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се самоорганизираат: „Ќе се чистат улиците полни ѓубре заради неспособноста на Арсовска и градските власти“ https://republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnitsite-od-vmro-dpmne-vo-skopje-se-samoorganiziraat-ke-se-chistat-ulitsite-polni-gubre-zaradi-nesposobnosta-na-arsovska-i-gradskite-vlasti/ Sun, 09 Jul 2023 18:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=659453

Неажурноста и неспособноста на градските власти и Данела Арсовска резултираа со купишта ѓубре по улиците низ Скопје. Главниот град со денови тоне во смет, а градската власта само се расправа со вработените, додека ѓубрето шири неподнослива миризба низ урбаните средини, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се оставени на пеколни температури да ја трпат миризбата, и да бидат изложени на потенцијални зарази, затоа што градските власти не можат да го соберат ѓубрето од улиците. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на општините во состав на град Скопје, гледајќи ја неспособноста на градските власти и Арсовска вечерва се самоорганизираат и градоначалниците Тимчо Муцунски на Аеродром, Орце Ѓорѓиевски на Кисела Вода, Бобан Стефковски на Гази Баба, Александар Стојкоски на Ѓорче Петров и Дарко Костовски на Бутел ќе бидат на терен со општинските служби во чистење на Скопје од ѓубрето во кое тоне градот заради Арсовска и неспосбните градски власти. Со цел брзо и ефикасно чистење побарана е помош од повеќе општини од внатрешноста на државата, управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе испратат возила за собирање на ѓубре, велат од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи скопјани да трпат заради нечија неспособност“ – велат од партијата.

The post Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се самоорганизираат: „Ќе се чистат улиците полни ѓубре заради неспособноста на Арсовска и градските власти“ appeared first on Република.

]]>

Неажурноста и неспособноста на градските власти и Данела Арсовска резултираа со купишта ѓубре по улиците низ Скопје. Главниот град со денови тоне во смет, а градската власта само се расправа со вработените, додека ѓубрето шири неподнослива миризба низ урбаните средини, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните се оставени на пеколни температури да ја трпат миризбата, и да бидат изложени на потенцијални зарази, затоа што градските власти не можат да го соберат ѓубрето од улиците. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на општините во состав на град Скопје, гледајќи ја неспособноста на градските власти и Арсовска вечерва се самоорганизираат и градоначалниците Тимчо Муцунски на Аеродром, Орце Ѓорѓиевски на Кисела Вода, Бобан Стефковски на Гази Баба, Александар Стојкоски на Ѓорче Петров и Дарко Костовски на Бутел ќе бидат на терен со општинските служби во чистење на Скопје од ѓубрето во кое тоне градот заради Арсовска и неспосбните градски власти. Со цел брзо и ефикасно чистење побарана е помош од повеќе општини од внатрешноста на државата, управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе испратат возила за собирање на ѓубре, велат од партијата. „ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи скопјани да трпат заради нечија неспособност“ – велат од партијата.

The post Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се самоорганизираат: „Ќе се чистат улиците полни ѓубре заради неспособноста на Арсовска и градските власти“ appeared first on Република.

]]>
Градоначалниците заедно ќе бараат решение за ѓубрето, ама од утре https://republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnitsite-zaedno-ke-baraat-reshenie-za-gubreto-ama-od-utre/ Sun, 09 Jul 2023 14:25:33 +0000 https://republika.mk/?p=659411

Состојбата со хигиената во главниот град Скопје е единствена точка на дневниот ред на утрешниот состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион.

https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-se-davi-vo-smet-direktorkata-na-komunalna-higena-se-kara-so-vrabotenite/

Состанокот ќе се одржи поради тоа што не се собира сметот од Скопје поради протест на вработените во Комунална хигиена.

Како што се најавува, по состанокот, кој ќе се одржи во просториите на Општина Аеродром, градоначалниците ќе излезат со свој став за настанатата состојба.

Скопскиот плански регион го опфаќа басенот на Скопската котлина и зафаќа вкупна површина од 1812 км2 или 7% од територијата на Република Македонија. Овој регион опфаќа 17 општини од кои десет се дел од градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Градот Скопје е составен од следните општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари.

The post Градоначалниците заедно ќе бараат решение за ѓубрето, ама од утре appeared first on Република.

]]>

Состојбата со хигиената во главниот град Скопје е единствена точка на дневниот ред на утрешниот состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион. https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-se-davi-vo-smet-direktorkata-na-komunalna-higena-se-kara-so-vrabotenite/ Состанокот ќе се одржи поради тоа што не се собира сметот од Скопје поради протест на вработените во Комунална хигиена. Како што се најавува, по состанокот, кој ќе се одржи во просториите на Општина Аеродром, градоначалниците ќе излезат со свој став за настанатата состојба. Скопскиот плански регион го опфаќа басенот на Скопската котлина и зафаќа вкупна површина од 1812 км2 или 7% од територијата на Република Македонија. Овој регион опфаќа 17 општини од кои десет се дел од градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Градот Скопје е составен од следните општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари.

The post Градоначалниците заедно ќе бараат решение за ѓубрето, ама од утре appeared first on Република.

]]>
Градоначалниците на СДС како локални шерифи, оној на Крива Паланка нападнал полицаец, па вршел притисок да не биде пријавен https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnitsite-na-sds-kako-lokalni-sherifi-onoj-na-kriva-palanka-napadnal-politsaets-pa-vrshel-pritisok-da-ne-bide-prijaven/ Wed, 18 Jan 2023 08:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=598125

Очигледно насилството после корупцијата и криминалот е следното нешто кое најдобро го знаат функционерите од СДС. На 14.01.2023 година градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДС нападнал полицаец пред сведоци без никаков повод и без никаква причина. Според сведоштвото на жртвата, градоначалникот од СДС бил во алкохолизирана состојба и со два шамари го нападнал на улица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Да биде уште потрагично, нападнатиот полицаец и неговото семејство сите овие денови биле под притисок да не го пријавуваат нападот и да се повлечат. Градоначалникот Митовски да има грам доблест ќе се извини, ќе си поднесе оставка и ќе ги сноси последиците. Вака Митовски покажува дека е човек кој ем силеџиски тероризира граѓани, ем после тоа кукавички врши притисоци да се забошоти овој скандал, стои во партиското соопштение и се додава:

Самоволието и насилството на градоначалникот на СДС мора да биде казнето. Шерифлукот на функционерите од владејачката партија станува опасност по безбедноста на граѓаните. Очигледно колку повеќе чувствуваат дека им се ближи политичкиот крај, толку понервозни стануваат. Но треба да знаат дека власта на СДС и ДУИ, партизираните судии и обвинители нема вечно да ги штитат за криминалите и прекршувањата на законот кои ги прават. Граѓаните се охрабруваат и ниту им се плашат, ниту им молчат. Доаѓа времето за одговорност и народна казна, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Градоначалниците на СДС како локални шерифи, оној на Крива Паланка нападнал полицаец, па вршел притисок да не биде пријавен appeared first on Република.

]]>

Очигледно насилството после корупцијата и криминалот е следното нешто кое најдобро го знаат функционерите од СДС. На 14.01.2023 година градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДС нападнал полицаец пред сведоци без никаков повод и без никаква причина. Според сведоштвото на жртвата, градоначалникот од СДС бил во алкохолизирана состојба и со два шамари го нападнал на улица, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Да биде уште потрагично, нападнатиот полицаец и неговото семејство сите овие денови биле под притисок да не го пријавуваат нападот и да се повлечат. Градоначалникот Митовски да има грам доблест ќе се извини, ќе си поднесе оставка и ќе ги сноси последиците. Вака Митовски покажува дека е човек кој ем силеџиски тероризира граѓани, ем после тоа кукавички врши притисоци да се забошоти овој скандал, стои во партиското соопштение и се додава: Самоволието и насилството на градоначалникот на СДС мора да биде казнето. Шерифлукот на функционерите од владејачката партија станува опасност по безбедноста на граѓаните. Очигледно колку повеќе чувствуваат дека им се ближи политичкиот крај, толку понервозни стануваат. Но треба да знаат дека власта на СДС и ДУИ, партизираните судии и обвинители нема вечно да ги штитат за криминалите и прекршувањата на законот кои ги прават. Граѓаните се охрабруваат и ниту им се плашат, ниту им молчат. Доаѓа времето за одговорност и народна казна, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Градоначалниците на СДС како локални шерифи, оној на Крива Паланка нападнал полицаец, па вршел притисок да не биде пријавен appeared first on Република.

]]>
„Да.“ е исцрпниот одговор на премиерот на пратеничко прашање за најдобрите општини https://republika.mk/vesti/makedonija/da-e-iscrpniot-odgovor-na-premierot-na-pratenichko-prashanje-za-najdobrite-opshtini/ Thu, 24 Nov 2022 10:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=577712

„Да.“ Ова е одговорот кој премиерот Димитар Ковачевски на писмено му го даде на пратеникот Антонио Милошоски, за прашањето дали е информиран кои македонски општини добија „Европска ознака за извонредно управување” од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА).

https://republika.mk/vesti/makedonija/devet-opshtini-od-makedonija-od-koi-7-so-gradonachalnici-od-vmro-dpmne-dobitnici-na-evropskata-oznaka-za-izvonredno-upravuvanje-na-alda/

Она кога ради „завидлизам" на премиерот му е незгодно да ги наведе општините кои добиле европско признание за добро управување, бидејќи од 9 општини, во 8 се опозиционери: Битола, Виница, Радовиш, Аеродром, Неготино, Новаци и Штип (ВМРО), Берово (СДСМ) и Куманово (независен), пишува Милошоски.


Инаку, овие девет општини учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа, при што покажале високо ниво на усогласеност со 12-те начела за добро демократско управување на Советот на Европа.

„Европската ознака за извонредност на управувањето“ е воспоставена од Советот на Европа, а почнувајќи од 2021 година, АЛДА e акредитирана организација да го спроведува проектот во Македонија, Хрватска и Косово.

The post „Да.“ е исцрпниот одговор на премиерот на пратеничко прашање за најдобрите општини appeared first on Република.

]]>

„Да.“ Ова е одговорот кој премиерот Димитар Ковачевски на писмено му го даде на пратеникот Антонио Милошоски, за прашањето дали е информиран кои македонски општини добија „Европска ознака за извонредно управување” од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА). https://republika.mk/vesti/makedonija/devet-opshtini-od-makedonija-od-koi-7-so-gradonachalnici-od-vmro-dpmne-dobitnici-na-evropskata-oznaka-za-izvonredno-upravuvanje-na-alda/
Она кога ради „завидлизам" на премиерот му е незгодно да ги наведе општините кои добиле европско признание за добро управување, бидејќи од 9 општини, во 8 се опозиционери: Битола, Виница, Радовиш, Аеродром, Неготино, Новаци и Штип (ВМРО), Берово (СДСМ) и Куманово (независен), пишува Милошоски.
Инаку, овие девет општини учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа, при што покажале високо ниво на усогласеност со 12-те начела за добро демократско управување на Советот на Европа. „Европската ознака за извонредност на управувањето“ е воспоставена од Советот на Европа, а почнувајќи од 2021 година, АЛДА e акредитирана организација да го спроведува проектот во Македонија, Хрватска и Косово.

The post „Да.“ е исцрпниот одговор на премиерот на пратеничко прашање за најдобрите општини appeared first on Република.

]]>
Стојкоски даде отчет пред ѓорчепетровци: Исчистени депонии, асфалтирани улици, намалени трошоци… https://republika.mk/vesti/makedonija/stojkoski-dade-otchet-pred-gjorchepetrovci-ischisteni-deponii-asfaltirani-ulici-namaleni-troshoci/ Wed, 23 Nov 2022 20:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=577490

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваше на отчетот за сработеното во првата година од мандатот на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Вели, задоволен е од досега сработеното, а со уште посилно темпо за промените што носат иднина!

Уште во првата година се успеа:
➡️ Асфалтирани локални улици со површина од 22000 м2;
➡️ Изградени над 2500 метри атмосферска и фекална канализација;
➡️ Во завршна фаза е решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во с.Кучково;
➡️ Четирикратно се зголеми реализацијата на решавање на предметите за легализација;
➡️ Исчистена најголемата дива депонија во Ново Село;
➡️ Се намалија вкупните обврски на општината за 24 милиони денари и непродуктивните трошоци за 75%;
➡️ Ново комунално возило за зимско одржување;
➡️ Се замени азбестниот кров на училишната сала во ООУ "Страшо Пинџур";
➡️ Започна изградбата на мега паркот "Даме Груев", на површина од 31000 м2 - прв мега парк во Скопје.

The post Стојкоски даде отчет пред ѓорчепетровци: Исчистени депонии, асфалтирани улици, намалени трошоци… appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваше на отчетот за сработеното во првата година од мандатот на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Вели, задоволен е од досега сработеното, а со уште посилно темпо за промените што носат иднина!
Уште во првата година се успеа: ➡️ Асфалтирани локални улици со површина од 22000 м2; ➡️ Изградени над 2500 метри атмосферска и фекална канализација; ➡️ Во завршна фаза е решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во с.Кучково; ➡️ Четирикратно се зголеми реализацијата на решавање на предметите за легализација; ➡️ Исчистена најголемата дива депонија во Ново Село; ➡️ Се намалија вкупните обврски на општината за 24 милиони денари и непродуктивните трошоци за 75%; ➡️ Ново комунално возило за зимско одржување; ➡️ Се замени азбестниот кров на училишната сала во ООУ "Страшо Пинџур"; ➡️ Започна изградбата на мега паркот "Даме Груев", на површина од 31000 м2 - прв мега парк во Скопје.

The post Стојкоски даде отчет пред ѓорчепетровци: Исчистени депонии, асфалтирани улици, намалени трошоци… appeared first on Република.

]]>
Градоначалниците од СДСМ немаат отчет затоа што ништо не сработиле https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnicite-od-sdsm-nemaat-otchet-zatoa-shto-nishto-ne-srabotile/ Wed, 09 Nov 2022 08:24:06 +0000 https://republika.mk/?p=571725

Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што ништо не сработиле, немаат инвестиции, немаат проекти.Градоначалниците на Струмица, Валандово, Дојран, Пробиштип, Делчево, Берово, немаат отчети затоа што не направиле ништо. Една година се на власт, а дел од нив и втор мандат, а општините кои ги водат се застанати во времето, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците од СДС, се исти како и дезертерот Ковачевски и неговата неработлива и неспособна влада.Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ има реализирано проекти од над 120 милиони евра. Тоа е скоро колку што цела влада има направено со многу поголем буџет.Фокусот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е инфраструктурата, образованието, културата и спортот. Општините се претворени во сервис на граѓаните, а градоначалниците се помеѓу народот.Граѓаните јасно ја гледаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС, затоа и победата ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе биде уште поубедлива.

The post Градоначалниците од СДСМ немаат отчет затоа што ништо не сработиле appeared first on Република.

]]>

Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што ништо не сработиле, немаат инвестиции, немаат проекти.Градоначалниците на Струмица, Валандово, Дојран, Пробиштип, Делчево, Берово, немаат отчети затоа што не направиле ништо. Една година се на власт, а дел од нив и втор мандат, а општините кои ги водат се застанати во времето, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалниците од СДС, се исти како и дезертерот Ковачевски и неговата неработлива и неспособна влада.Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ има реализирано проекти од над 120 милиони евра. Тоа е скоро колку што цела влада има направено со многу поголем буџет.Фокусот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е инфраструктурата, образованието, културата и спортот. Општините се претворени во сервис на граѓаните, а градоначалниците се помеѓу народот.Граѓаните јасно ја гледаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС, затоа и победата ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе биде уште поубедлива.

The post Градоначалниците од СДСМ немаат отчет затоа што ништо не сработиле appeared first on Република.

]]>
Градоначалниците во Струмица, Валандово, Дојран, Делчево, Берово, Пробиштип.. не слушнале за отчет https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnicite-vo-strumica-valandovo-dojran-delchevo-berovo-probishtip-ne-slushnache-za-otchet/ Tue, 08 Nov 2022 07:44:18 +0000 https://republika.mk/?p=571197

Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што немаат ништо сработено, затоа ги чека уште поубедлив пораз на парламентарни.Над 120 милиони евра се инвестирани во проекти од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во општините со кои раководат, велат од опозицијата.

Инфраструктура, инвестиции во образованието, спортот и културата се меѓу областите каде најмногу се инвестира.

За разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците од СДС скоро и да немаат ништо сработено.

1 година помина од последните локални избори, а во општините управувани од кадри на СДС имаме само стагнација.

И наместо да се фатат за работа, градоначалниците од СДС, како и нивната партија се служат со лаги, манипулации и криминал.

Нема отчет во Струмица, Валандово, Дојран, Делчево, Берово, Пробиштип. Нема затоа што нема со што да се пофалат, затоа што градоначалниците на СДС работат само за себе, а не за жителите на општините со кои управуваат.

Народот јасно ја гледа разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Затоа и СДС ќе загуби на следните избори

The post Градоначалниците во Струмица, Валандово, Дојран, Делчево, Берово, Пробиштип.. не слушнале за отчет appeared first on Република.

]]>

Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што немаат ништо сработено, затоа ги чека уште поубедлив пораз на парламентарни.Над 120 милиони евра се инвестирани во проекти од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во општините со кои раководат, велат од опозицијата.
Инфраструктура, инвестиции во образованието, спортот и културата се меѓу областите каде најмногу се инвестира. За разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците од СДС скоро и да немаат ништо сработено. 1 година помина од последните локални избори, а во општините управувани од кадри на СДС имаме само стагнација. И наместо да се фатат за работа, градоначалниците од СДС, како и нивната партија се служат со лаги, манипулации и криминал.
Нема отчет во Струмица, Валандово, Дојран, Делчево, Берово, Пробиштип. Нема затоа што нема со што да се пофалат, затоа што градоначалниците на СДС работат само за себе, а не за жителите на општините со кои управуваат. Народот јасно ја гледа разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Затоа и СДС ќе загуби на следните избори

The post Градоначалниците во Струмица, Валандово, Дојран, Делчево, Берово, Пробиштип.. не слушнале за отчет appeared first on Република.

]]>