градиште Archives - Република https://republika.mk/tema/gradishte/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jul 2023 08:30:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градиште Archives - Република https://republika.mk/tema/gradishte/ 32 32 Кај „Десарет“, „Градиште“, „Љубаништа“, „Ливадишта“ и од Струга до Радожда не функционира канализациониот систем изграден пред 10 години https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kaj-desaret-gradishte-lubanishta-livadishta-i-od-struga-do-radozhda-ne-funktsionira-kanalizatsioniot-sistem-izgraden-pred-10-godini/ Tue, 18 Jul 2023 08:30:33 +0000 https://republika.mk/?p=662563

Институтот за јавно здравје во својот извештај објавен на 10 јули објави дека Хотел „Десарет”, автокамп „Градиште”, „Љубаништа” и „Ливадишта“, ресторан „Острово” и другите угостителски објекти во „Св. Наум”, како и туристичките населби од Струга до Радожда, се приклучени на канализациониот систем кој е изграден во 2013 година, но истиот не функционира.

Според наодите на институтот, во фазата на третман на отпадни води постои само дробилица за фекалните материи, но не постојат филтри и нема хлорирање на отпадната вода пред испуст во езеро при што претставува директен загадувач на езерото.

Извештајот го елаборира квалитетот и здравствената безбедност на површинските води за капење и проценка на здравствениот ризик пред почетокот на летната сезона.

Единствено на овој потег приклучен на колекторскиот систем е хотелот „Макпетрол”, хотел „Бисер“, наведено е во извештајот.

Согласно постојните информации за извршениот санитарно-хигиенски увид од Центарот за јавно здравје – Охрид, перзистираат објектите од последните години наназад кои не се вклучени во колекторскиот систем, а претставуваат потенцијални загадувачи. Тоа се хотелско-угостителските објекти, како и туристичките населби кои се сместени по должината на охридското крајбрежје, од хотел „Десарет“ до Св. Наум, потоа, хотелско-угостителските објекти и туристичките населби од Струга до Радожда.

Во него пишува дека потенцијални загадувачи се и приватните куќи сместени на брегот од охридското езеро од плажата Сараиште до црквата Св. Софија до приобалниот дел на населба Канео.

Потенцијални загадувачи се и шанкови поставени на самиот брег на езерото на самите плажи, како и испустни цевки за собирање на атмосферски води кои се влеваат езерото, со можност за (намерно или ненамерно) приклучени отпадни фекални води од колективните станбени згради и приватни куќи“, пишува во извештајот.

 

The post Кај „Десарет“, „Градиште“, „Љубаништа“, „Ливадишта“ и од Струга до Радожда не функционира канализациониот систем изграден пред 10 години appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје во својот извештај објавен на 10 јули објави дека Хотел „Десарет”, автокамп „Градиште”, „Љубаништа” и „Ливадишта“, ресторан „Острово” и другите угостителски објекти во „Св. Наум”, како и туристичките населби од Струга до Радожда, се приклучени на канализациониот систем кој е изграден во 2013 година, но истиот не функционира. Според наодите на институтот, во фазата на третман на отпадни води постои само дробилица за фекалните материи, но не постојат филтри и нема хлорирање на отпадната вода пред испуст во езеро при што претставува директен загадувач на езерото. Извештајот го елаборира квалитетот и здравствената безбедност на површинските води за капење и проценка на здравствениот ризик пред почетокот на летната сезона. Единствено на овој потег приклучен на колекторскиот систем е хотелот „Макпетрол”, хотел „Бисер“, наведено е во извештајот.
Согласно постојните информации за извршениот санитарно-хигиенски увид од Центарот за јавно здравје – Охрид, перзистираат објектите од последните години наназад кои не се вклучени во колекторскиот систем, а претставуваат потенцијални загадувачи. Тоа се хотелско-угостителските објекти, како и туристичките населби кои се сместени по должината на охридското крајбрежје, од хотел „Десарет“ до Св. Наум, потоа, хотелско-угостителските објекти и туристичките населби од Струга до Радожда.
Во него пишува дека потенцијални загадувачи се и приватните куќи сместени на брегот од охридското езеро од плажата Сараиште до црквата Св. Софија до приобалниот дел на населба Канео.
Потенцијални загадувачи се и шанкови поставени на самиот брег на езерото на самите плажи, како и испустни цевки за собирање на атмосферски води кои се влеваат езерото, со можност за (намерно или ненамерно) приклучени отпадни фекални води од колективните станбени згради и приватни куќи“, пишува во извештајот.
 

The post Кај „Десарет“, „Градиште“, „Љубаништа“, „Ливадишта“ и од Струга до Радожда не функционира канализациониот систем изграден пред 10 години appeared first on Република.

]]>
Архитектура на градби скоро иста со богатите куќи од Олинт и Пела: Уникатни археолошки откритија на локалитетот Градиште, Младо Нагоричане https://republika.mk/vesti/kultura/arhitektura-na-gradbi-skoro-ista-so-bogatite-kuki-od-olint-i-pela-unikatni-arheoloshki-otkritija-na-lokalitetot-gradishte-mlado-nagorichane/ Sun, 02 Jul 2023 09:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=657362

Наодите од археолошкиот локалитет Градиште (Младо Нагоричане) укажуваат дека и далеку на север постоела палата од 4-3 пр.н.е од време на кралството Античка Македонија. Археолозите од кумановскиот музеј ќе го истражуваат локалитетот и во иднина. Дел од наодите се наоѓаат и во постојаната поставка на кумановскиот музеј и се достапни за јавноста.

Значајни археолошки откритија на локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане, пронајде тимот археолози од Националната установа Музеј Куманово. На локалитетот кој е истражуван последниве неколку години, пронајдени се уникатни археолошки содржини, некои првпат откриени во државава, карактеристични за античкото кралство Македонија. Наодите укажуваат на тесна поврзаност на кумановскиот регион со медитеранските цивилизациски центри и укажуваат дека на овој рид пред околу 2.300 години постоел значаен антички град со непознато име, кој имал свои владетели блиски и поврзани со македонското кралство на југ.

Во 2023 ископувањата беа насочени на највисокиот дел на ридот, со што продолжи откривањето на градбата од 2014-та година.

Значењето на овој локалитет за музејската збирка на Музеј Куманово е огромно, затоа што претставува единствен истражуван локалитет од периодот непосредно по смртта на Александар Македонски (323 г. пр.н.е). Наодите од овој локалитет скоро стопроцентно ја сочинуваат хеленистичката збирка на музејот, која претходно беше составена од само неколку предмети. Што е уште поважно, дел од наодите претставуваат уникати, и засега, се единствени по музејските збирки во државава, што е изненадување, знаејќи ја местоположбата на кумановските регион и оддалеченоста од македонските центри – Вергина, Пела и Олинт, вели археолог, Дејан Ѓорѓиевски, раководител на истражувањето.

Локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане, се ископува од 2014 година. Првите ископувања беа иницирани од Управата за заштита на културното наследство и финансирани како капитален владин проект, благодарејќи на големото откритие на депо од пајонски монети (13 сребрени монети на кралот Аудолеон – две тетрадрахми, една дидрахма, десет драхми). Во периодот од 2014 до 2017 ископувањата беа изведувани во партнерство со Филозофскиот Факултет Скопје, под раководство на професор Марјан Јованов. Во тој период е работено на највисокиот дел од локалитетот, каде што е пронајдена поголема градба со бројни движни наоди.

Од 2018 година, археолозите од Куманово, самостојно ги ископуваат локалитетот, но работено е на други сектори на локалитетот – Средна и Долна тераса. Таму се пронајдени внатрешни одбранбени ѕидови, како и интервенции во карпа кои веројатно зборуваат за постоење на светилиште во кое се изведувани ритуали. Паралелно со ископувањата, Музеј Куманово е и пионер во реализирање на геофизички истражувања на локацијата, каде што, во соработка со Археолошки музеј, се скенирани најважните површини кои следните години ќе бидат од интерес за ископување.

Со последните истражувања е отворен северниот дел од објектот на акрополата, со цел да се утврди дали е тоа, повеќе објекти или нешто поголемо. Со откривањето на неговите северни граници, можеме да заклучиме дека целиот највисок дел на ридот бил искористен за градење на само еден голем објект, кој според својата форма, бил од резиденцијален тип, односно палата. Градбата ја карактеризираат неколку уникатни содржини. Имено, тука се пронајдени целосно сочувани јонски капители и бази од предримски период, односно од 4-3 в. пр.е., кои, за сега, се единствени од ваков тип во државава. Градбата има и просторија во која била складирана вода, градена со под од малтер, и со тоа асоцира на бања, каква што има на Вардарски Рид (македонски град Гортинија), но и во кралските палати во Вергина и Пела, појаснува Ѓорѓиевски.

Архитектура на градбата е скоро иста со богатите куќи од Олинт и Пела, има атриум со перистил, пропилон како влезен дел и помали простории кои гравитираат кон отворениот двор. Она што ја издвојува градбата од останатите од овој период е постоење на боен малтер на ѕидовите.

На тој начин, заедно со откриените ѕидови во владетелската палата на Кнежје, објектот на Теќе – Отовица и т.н. „стоа“ на Вардарски Рид, новите наоди ги побиваат тезите дека малтерните ѕидови кај нас се јавуваат првпат со доаѓањето на Римјаните. И не само тоа, најблиските аналогии ги наоѓаме во т.н. ѕидарски (masonry) стил во хеленистичкото сликарство, најмногу со богатите куќи од македонската престолнина Пела. Скоро идентичен распоред на бои, техника и стил, кој подоцна ќе го адаптираат Римјаните и ќе биде наречен како „прв помпејански стил“ се јавуваат на ѕидовите од објектот на Нагоричинe. Сличности со Пела се забележуваат и во системот на транспорт и филтрирање на вода. Како најдобар показател за тесната поврзаност на овој објект со македонското кралство на југ се секако овогодишните наоди од аплики за врата. Покрај стандардните, кружни аплики кои се среќаваат на поширока територија, откриени се и неколку со издаден и профилиран врв. Идентични такви наоди има на вратите од гробницата во Агиа Параскеви кај Солун и Лангаза прецизно датирани кон крајот на 4-поч.на 3 век пр. н. е., додава Ѓорѓиевски.

Досегашните показатели водат до заклучок дека целиот дел од врвот на локалитетот е искористен за градење на голем објект. Покрај многуте движни наоди кои укажуваат на поврзаност со античката македонска култура, а кои можат да се протолкуваат како трговски врски, постојат архитектонски елементи кои посочуваат на континуитет во знаењето при градењето на слични вакви објекти во централните македонски градови на југ.

Засега, можеме само да претпоставиме дека општествените услови по смртта на Александар Македонски и големата акумулација на богатство во кралството, овозможиле развој на локални, богати поединци кои биле добро запознаени со античката македонска култура и направиле напор  да ја внесат и развијат и во северните делови на денешна Македонија. Овие наши сознанија во голема мера ги менуваат досегашните официјални истории за изолираност на регионот во културните достигања на хеленистичкиот период, и уште повеќе, преку некои наоди, овој локалитет се издигнува како еден од најзначајните истражувани досега, додава Ѓорѓиевски.

Наодите можат да се видат во музејската поставка во Куманово. Достапни се и на официјалната страница на НУ Музеј Куманово.

Од големо значење за нас и за македонската археологија ќе биде да продолжиме со сондажните ископувања, преку кои имаме единствена можност да го проучуваме процесот на формирање на првите градови во регионот и автохтониот развој на цивилизациските текови, пред овие области да бидат освоени од Римјаните и целосно да бидат вклучени со античката римска култура, вели в.д. Марија Миљуш Божурска.

Кумановскиот музеј веќе ја поднесе нацрт годишната програма за наредната 2024-та година и во програмата е предвидено продолжеток на истражување на овој значаен локалитет. Надлежните и стручните очекуваат поголеми финансиски средства за да се доистражи локалитетот од кој значење има македонската и кумановската археологија.

The post Архитектура на градби скоро иста со богатите куќи од Олинт и Пела: Уникатни археолошки откритија на локалитетот Градиште, Младо Нагоричане appeared first on Република.

]]>

Наодите од археолошкиот локалитет Градиште (Младо Нагоричане) укажуваат дека и далеку на север постоела палата од 4-3 пр.н.е од време на кралството Античка Македонија. Археолозите од кумановскиот музеј ќе го истражуваат локалитетот и во иднина. Дел од наодите се наоѓаат и во постојаната поставка на кумановскиот музеј и се достапни за јавноста. Значајни археолошки откритија на локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане, пронајде тимот археолози од Националната установа Музеј Куманово. На локалитетот кој е истражуван последниве неколку години, пронајдени се уникатни археолошки содржини, некои првпат откриени во државава, карактеристични за античкото кралство Македонија. Наодите укажуваат на тесна поврзаност на кумановскиот регион со медитеранските цивилизациски центри и укажуваат дека на овој рид пред околу 2.300 години постоел значаен антички град со непознато име, кој имал свои владетели блиски и поврзани со македонското кралство на југ. Во 2023 ископувањата беа насочени на највисокиот дел на ридот, со што продолжи откривањето на градбата од 2014-та година.
Значењето на овој локалитет за музејската збирка на Музеј Куманово е огромно, затоа што претставува единствен истражуван локалитет од периодот непосредно по смртта на Александар Македонски (323 г. пр.н.е). Наодите од овој локалитет скоро стопроцентно ја сочинуваат хеленистичката збирка на музејот, која претходно беше составена од само неколку предмети. Што е уште поважно, дел од наодите претставуваат уникати, и засега, се единствени по музејските збирки во државава, што е изненадување, знаејќи ја местоположбата на кумановските регион и оддалеченоста од македонските центри – Вергина, Пела и Олинт, вели археолог, Дејан Ѓорѓиевски, раководител на истражувањето.
Локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане, се ископува од 2014 година. Првите ископувања беа иницирани од Управата за заштита на културното наследство и финансирани како капитален владин проект, благодарејќи на големото откритие на депо од пајонски монети (13 сребрени монети на кралот Аудолеон – две тетрадрахми, една дидрахма, десет драхми). Во периодот од 2014 до 2017 ископувањата беа изведувани во партнерство со Филозофскиот Факултет Скопје, под раководство на професор Марјан Јованов. Во тој период е работено на највисокиот дел од локалитетот, каде што е пронајдена поголема градба со бројни движни наоди. Од 2018 година, археолозите од Куманово, самостојно ги ископуваат локалитетот, но работено е на други сектори на локалитетот – Средна и Долна тераса. Таму се пронајдени внатрешни одбранбени ѕидови, како и интервенции во карпа кои веројатно зборуваат за постоење на светилиште во кое се изведувани ритуали. Паралелно со ископувањата, Музеј Куманово е и пионер во реализирање на геофизички истражувања на локацијата, каде што, во соработка со Археолошки музеј, се скенирани најважните површини кои следните години ќе бидат од интерес за ископување.
Со последните истражувања е отворен северниот дел од објектот на акрополата, со цел да се утврди дали е тоа, повеќе објекти или нешто поголемо. Со откривањето на неговите северни граници, можеме да заклучиме дека целиот највисок дел на ридот бил искористен за градење на само еден голем објект, кој според својата форма, бил од резиденцијален тип, односно палата. Градбата ја карактеризираат неколку уникатни содржини. Имено, тука се пронајдени целосно сочувани јонски капители и бази од предримски период, односно од 4-3 в. пр.е., кои, за сега, се единствени од ваков тип во државава. Градбата има и просторија во која била складирана вода, градена со под од малтер, и со тоа асоцира на бања, каква што има на Вардарски Рид (македонски град Гортинија), но и во кралските палати во Вергина и Пела, појаснува Ѓорѓиевски.
Архитектура на градбата е скоро иста со богатите куќи од Олинт и Пела, има атриум со перистил, пропилон како влезен дел и помали простории кои гравитираат кон отворениот двор. Она што ја издвојува градбата од останатите од овој период е постоење на боен малтер на ѕидовите.
На тој начин, заедно со откриените ѕидови во владетелската палата на Кнежје, објектот на Теќе – Отовица и т.н. „стоа“ на Вардарски Рид, новите наоди ги побиваат тезите дека малтерните ѕидови кај нас се јавуваат првпат со доаѓањето на Римјаните. И не само тоа, најблиските аналогии ги наоѓаме во т.н. ѕидарски (masonry) стил во хеленистичкото сликарство, најмногу со богатите куќи од македонската престолнина Пела. Скоро идентичен распоред на бои, техника и стил, кој подоцна ќе го адаптираат Римјаните и ќе биде наречен како „прв помпејански стил“ се јавуваат на ѕидовите од објектот на Нагоричинe. Сличности со Пела се забележуваат и во системот на транспорт и филтрирање на вода. Како најдобар показател за тесната поврзаност на овој објект со македонското кралство на југ се секако овогодишните наоди од аплики за врата. Покрај стандардните, кружни аплики кои се среќаваат на поширока територија, откриени се и неколку со издаден и профилиран врв. Идентични такви наоди има на вратите од гробницата во Агиа Параскеви кај Солун и Лангаза прецизно датирани кон крајот на 4-поч.на 3 век пр. н. е., додава Ѓорѓиевски.
Досегашните показатели водат до заклучок дека целиот дел од врвот на локалитетот е искористен за градење на голем објект. Покрај многуте движни наоди кои укажуваат на поврзаност со античката македонска култура, а кои можат да се протолкуваат како трговски врски, постојат архитектонски елементи кои посочуваат на континуитет во знаењето при градењето на слични вакви објекти во централните македонски градови на југ.
Засега, можеме само да претпоставиме дека општествените услови по смртта на Александар Македонски и големата акумулација на богатство во кралството, овозможиле развој на локални, богати поединци кои биле добро запознаени со античката македонска култура и направиле напор  да ја внесат и развијат и во северните делови на денешна Македонија. Овие наши сознанија во голема мера ги менуваат досегашните официјални истории за изолираност на регионот во културните достигања на хеленистичкиот период, и уште повеќе, преку некои наоди, овој локалитет се издигнува како еден од најзначајните истражувани досега, додава Ѓорѓиевски.
Наодите можат да се видат во музејската поставка во Куманово. Достапни се и на официјалната страница на НУ Музеј Куманово.
Од големо значење за нас и за македонската археологија ќе биде да продолжиме со сондажните ископувања, преку кои имаме единствена можност да го проучуваме процесот на формирање на првите градови во регионот и автохтониот развој на цивилизациските текови, пред овие области да бидат освоени од Римјаните и целосно да бидат вклучени со античката римска култура, вели в.д. Марија Миљуш Божурска.
Кумановскиот музеј веќе ја поднесе нацрт годишната програма за наредната 2024-та година и во програмата е предвидено продолжеток на истражување на овој значаен локалитет. Надлежните и стручните очекуваат поголеми финансиски средства за да се доистражи локалитетот од кој значење има македонската и кумановската археологија.

The post Архитектура на градби скоро иста со богатите куќи од Олинт и Пела: Уникатни археолошки откритија на локалитетот Градиште, Младо Нагоричане appeared first on Република.

]]>
Марко Пејчиновски го започна вториот подвиг, денеска плива од Радожда до Градиште https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/marko-pejchinovski-go-zapochna-vtoriot-podvig-deneska-pliva-od-radozda-do-gradishte/ Sat, 18 Jun 2022 10:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=516624

Охридската пливачка гордост, хуманист и спортски херој, Марко Пејчиновски, кој ова лето пред себе постави цел 10 пати на разни далечени да го преплива Охридското Езеро, денеска ја препливува втората делница од распоредот од Радожда до Градиште во должина од 18 километри.

Минатата недела Марко ја исплива делницата Радожда – Охрид во должина од 14 километри.

Во јуни Марко ќе плива уште една делница од Радожда до Трпејца (20 км.).

 

 

The post Марко Пејчиновски го започна вториот подвиг, денеска плива од Радожда до Градиште appeared first on Република.

]]>

Охридската пливачка гордост, хуманист и спортски херој, Марко Пејчиновски, кој ова лето пред себе постави цел 10 пати на разни далечени да го преплива Охридското Езеро, денеска ја препливува втората делница од распоредот од Радожда до Градиште во должина од 18 километри. Минатата недела Марко ја исплива делницата Радожда – Охрид во должина од 14 километри. Во јуни Марко ќе плива уште една делница од Радожда до Трпејца (20 км.).    

The post Марко Пејчиновски го започна вториот подвиг, денеска плива од Радожда до Градиште appeared first on Република.

]]>